Print Page | Close Window

Деловен објект на местото на старата Народна банка

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173
Printed Date: 18-Oct-2019 at 02:17


Topic: Деловен објект на местото на старата Народна банка
Posted By: pbanks
Subject: Деловен објект на местото на старата Народна банка
Date Posted: 24-Jan-2008 at 21:52
Во Април/Мај почнува да се гради на плоштад на локацијата на Народна банка (карши Офицерски). Фалело уште само сообраќајно решение (Question) за да се добие дозвола се друго било наредено сосе комуналии. Инвеститори се некои анонимус фирми, надворешниот изглед би требало да биде како народна банка а зградата ќе била седиште за осигурителна куќа и банка (Question). Повеќе во утрешен вест



Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2008 at 21:57
Од каде сега ова со Народната банка? Како што памтам имаше „скандал“ со Орце Камчев и Владата, а се планираше... не знам што.... Од кај ти е оваа вест?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jan-2008 at 21:59
Веста би била добра ако не беше ова Македонија... Таму одавна не мириса на добро работата. Дури и да немаше скандали за локацијата, самиот факт за анонимус фирми е доволен да му пројдат на човек морници. Кој знае што ќе се насади таму сега... Ни останува да чекаме и да се молиме. Штета што не е изградена црквата пред Лумикс - ќе можевме таму во близина да се молиме па можеби ќе имаше повеќе ефект Nuts


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Jan-2008 at 23:11
@La Linea

не ме фаќај за збор но скоро имаше муабети дека тој простор сепак му припаѓа на Камчев (Народна банка) и дека веќе е пребацен од фирма на фирма на фирма. Сето тоа помина прилично глатко по медиумите. Се зборуваше дека инвеститор е газдата на Теранова (истиот што го споменуваат во врска со ТИПО). Незнам колку и што од сето ова е вистина. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jan-2008 at 23:22


За локацијата кај стара банка уште од сам почеток се почна со цкандали. Прво беше очигледната корупциска продажба во четири очи кога Агрон Буџаку како надлежен министер му ја продаде на Орце Камчев. После тука некако се заплеткаа и Трифун со ќерка му Nuts. Сега господ знае како сето тоа ќе финишира.

Воопшто не ми фаќа око целата таа работа. Таму од сам почеток не е добро решена маркицата. Мислам дека тоа е една од поголемите слабости на ДУП-от. За ова сме збореле и порано. И сега како капак на лошо зацртаното решение ќе добиеме и објект кој е изроден од матни коруптивни игри Bash


А Камчев би го стрељав по кратка постапка. Тој има ли било што легално и чисто направено во својот живот? Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2008 at 03:58
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146514&idg=8&idb=2281&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146514&idg=8&idb=2281&rubrika=Skopje


ГРАДОТ НАПЛАТИ МИЛИОН ЕВРА ЗА КОМУНАЛИИ
Шесткатница никнува покрај Камени мост
Инвеститорите планираат со градба да почнат во март - април, до кога заедно со Градот и со Општина Центар ќе работат на сообраќајно решение за објектот



На местото на некогашна Народна банка на плоштад Македонија, во близина на Камени Мост, ќе се гради шесткатница, а сопствениците на земјиштето веќе уплатиле милион евра за комуналии. Од секторот за урбанизам во Градот велат дека пред околу еден месец кај нив стигнал предметот за изградба на нов објект на местото на некогашна Народна банка и дека фирмите "Дивелоп" и Латис" веќе го платиле надоместокот за уредување градежно земјиште, кој изнесува околу милион евра. Од Градот објаснуваат дека се уште не дале согласност Општина Центар да издаде градежна дозвола за овој објект, бидејќи инвеститорите треба да подготват сообраќајно решение за влез на возилата и машините до парцелата, која се наоѓа меѓу управната зграда на некогашен "Метропол" и Кејот на Вардар. Кога ќе го достават сообраќајното решение од Градот велат дека нема да има пречка да добијат и одобрение за градење бидејќи објектот го има во важечкиот Детален урбанистички план Мал ринг.

Александар Ивановски, управител на "Дивелоп", вели дека планираат со градба да почнат во март - април, а дотогаш ќе настојуваат да најдат заедничко сообраќајно решение со Градот и со Општина Центар. Тој вели дека во новата зграда на Плоштад ќе се сместат банка и осигурителна компанија.
Објектот кој ќе се гради треба надворешно да има идентичен изглед со некогашната Народна банка бидејќи Советот на Општина Центар во 2006 година донесе одлука објектите кои ќе се градат на местата на Офицерски дом, Народен театар, Народна банка да го задржат стариот изглед.
Иако со години наназад Општина Центар ветуваше дека ќе ја избрише маркичката за изградба на објект на местото на Народна банка за да не се задушува плоштадот со градби, во моментот кога се носеше нов ДУП Мал ринг, маркичката беше само препишана од стариот план. Градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова пред пет години дури бараше средба со претставници од Градот и од Министерството за транспорт да се вклучат во осмислувањето на Малиот ринг и од планот да се избришат не само Народна банка туку и ред други маркички околу Плоштадот. Но таква средба не се случи и сите маркички за градење околу Плоштадот останаа неизбришани. Парцелата на Народна банка од Министерството за транспорт и врски во 2002 година ја купи бизнисменот Орце Камчев, а сега како сопственици се јавуваат фирмите "Дивелоп" и "Латис". (Е.А.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 04:36
Прво не ми е јасно како може да има „идентичен“ изглед, кога маркицата и површината не е иста. Старата банка била на поголема површина (денеска кејот е поширок) и имала две крила. Веројатно ќе биде нешто налик на старатата банка спрема плоштад и Вардар, ама идентична е прејак збор. Ни останува да се молиме дека ова естетски добро ќе го изведат - сепак се работи за локација со огромна важност.

Јас лично сметам дека оваа маркица е едно од најлошите решенија во ДУП Мал Ринг. Не ми се допаѓа соодносот на маркицава ни спрема кејот, ни спрема соседната зграда (Типо или Метропол, што е тоа таму?).

Кога ќе се земе во предвид и каква банда на чело со Камчев стои зад ова и какви скандали ја пратеа локацијава, почнувајќи од самата коруптивна продажба, има причини да сме загрижени што ќе се изроди... Во меѓувреме ни останува само да се надеваме дека нема да има дополнителни непријатни изненадувања.

Веројатно во нормална ситуација би бил и многу покритичен, ама со оглед на се друго што се случува (куполи, лавови, мајка тереза и пред се црквата), ова веќе ми доаѓа како „ситница“ и не ме замара премногу Nuts


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 20:14

Повторно актуелна парцелата на скопскиот плоштад

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=71&VestID=88967 - Предраг Петровиќ  
26.01.2008 19:24
Горан Минчев

 

Градежната парцела на скопскиот плоштад станува повторно актуелна. СДСМ покажа документи кои, според нив, упатуваат дека сопственик е Орце Камчев, и покрај демантот во октомври минатата година.

Според партијата, во имотниот лист за градежната парцела на плоштадот во Скопје како сопственици се јавуваат фирмите „Дивелоп груп“ и „Латис“.

Како управител на втората фирма, „Латис“, е запишан извесен Васко Арсовски, кој се појавува и како сопственик на фирмата „Македонски спорт“, заедно со таткото на Орце Камчев, Илија Камчев.

„Очигледно Орце Камчев и со оваа градежна парцела ја направил истата шема како хотелската „ОКТА“. Ја прашуваме Владата на ВМРО-ДПМНЕ кога Антикорупциската комисија и УЈП ќе го испитаат потеклото на имот на бизнис пријателите на Орце Камчев“, изјави Горан Минчев, потпретседател на СДСМ.

„На чија штета ќе оди сообраќајното решение за пристап до овој објект што треба да никне на плоштадот Македонија?“, запраша Минчев.

СДСМ http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=84879 - пред три месеци го нарече скандалозно менувањето на урбанистичкиот план за Центар, со што оваа парцела стана поголема за речиси 1.200 метри квадратни.

Александар Бичиклиски

 

На објектот му беше зголемена и висината од 22 на 29 метри, со што стана повредна за четири милиони евра. Заслугата за измените му ја препишаа на првиот човек на Советот на општина Центар, Владимир Здравев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 1997 година во општината Центар градоначалник е господинот Мирослав Грчев од СДСМ, во чиј мандат е донесена одлуката за споменатата парцела. Во исто време во Советот на општина Центар мнозинство се советниците на СДСМ, на чело со Јани Макрадули, кој со поддршката на криминалот на Грчев станува негов непосреден соучесник“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред четири години парцелата во четири очи на Орце Камчев му ја продаде тогашниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку за само 25 евра за квадратен метар.



Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88967 - А1


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jan-2008 at 23:17
Во утрешен Вест има објава за ова. Најверојатно дотурот на материјали ќе иде преку Кеј 13 Ноември. Паралелно со изградбата на зградата ќе се градела и подземна улица под целата должина на кејот која понатаму ќе била единствен пристап до зградава. За да биде контрадикторен новинарот и без врска објавата веднаш потоа вели дека таква улица веќе постои QuestionNutsCrazy? Рокот на изградба (т.е. на користење на кејот за дотур на материјали) ќе бил година ипол. Тоа е од прилка резимето, утре целата објава. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 02:26


Баш живо ме интересира за што точно се работи во врска со таа подземна улица (која беше спомната и во неодамнешната измена на ДУП-от). Таа покренува многу интересни теми... За жал, со вакви неписмени новинари тешко дека ќе можеме да добиеме некаква права слика за целата работа...

Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 12:26
Еве ја и објавата Cheers

ЗА ИЗГРАДБА НА ШЕСТКАТНИЦАТА КАЈ МЕТРОПОЛ
По Кеј 13 Ноември ќе фрчат камиони и мешалки за бетон
За да се изгради шесткатницата, Градот меѓу Плоштадот и Кеј 13 Ноември одбра да го жртвува Кејот

За изградба на шесткатницата на Плоштад Македонија, која треба да никне до управната зграда на некогашен "Метропол", градските власти ќе го жртвуваат Кеј 13 Ноември. Пристап за механизацијата до парцелата каде што ќе се гради нова зграда на местото на некогашната Народна банка е можен само преку Плоштад Македонија и преку Кеј 13 Ноември, но од Градот велат дека нема да дозволат да се уништува Плоштадот кој беше обновен само пред неколку години.
"Се уште не сме склучиле договор со инвеститорите за сообраќајното решение, бидејќи сакаме да ги обврземе тоа што ќе биде оштетено или уништено при изградба на објектот да го вратат во првобитна состојба. Правевме пресметки кое од двете можни решенија би било побезболно и механизацијата најверојатно ќе влегува по Кеј 13 Ноември. Во никој случај нема да дозволиме камионите, багерите и мешалките за бетон да се движат преку Плоштадот, за чија реконструкција се вложени огромни средства", велат од секторот за урбанизам на Градот.
Александар Ивановски, управител на "Дивелоп", една од двете фирми која е инвеститор, вели дека се уште немаат договор со Градот дали за пристап да го користат Кејот или Плоштадот. Тој вели дека сообраќајното решение е во тек на изработка, а го работат во координација со градските власти. Ивановски вели дека неговата фирма е подготвена да ги поправи сите евентуални штети што би се направиле на Кејот за време на изградбата на шесткатницата.
Кејот за пристап на механизацијата и камионите, според најавите, треба да се користи само една и пол година, бидејќи во овој рок инвеститорите се обврзани да изградат подземна сообраќајница под Кејот. "Изградбата на зградата и на подземната улица ќе оди паралелно. Вкупната инвестиција е 11 милиони евра", вели Ивановски.
Во планот Мал ринг пристапот до зградата што ќе се гради на местото на некогашната Народна банка, предвиден е само под земја. Има подземна улица под целиот Кеј 13 Ноември, паралелна на некогашната надземна улица на Кејот која беше затворена за да се направи сегашното шеталиште. Кејот 13 Ноември стана шеталиште во 2002 година, а со неговото затворање за сообраќај целта на градските власти беше околу Плоштадот да се оформи поширока пешачка зона. (Е.А.)



Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=146609&idg=8&idb=2283&rubrika=Skopje - Вест


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Jan-2008 at 12:58
Отиде кејот. А од каде планираат да ја копаат улицата, од пред Холидеј ин? Нема друго решение.

Има подземна улица под целиот Кеј 13 Ноември, паралелна на некогашната надземна улица на Кејот која беше затворена за да се направи сегашното шеталиште.


А зошто би копале улица ако веќе постои?
На што е човеков? Crazy Јас сум сигурен дека такво нешто никогаш не постоело, ама ме замисли сега... Можно е?



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2008 at 16:59
Ви реков дека имам слушнато за Теранова како сопственик на овој плац после Камчев. Како и да е ако ова има основа тврдењево на СДСМ.... Ете стопан за уште еден плац. Ако на ова се надодаде и ТИПО... дечкиве фино загазиле Ohno

СДСМ : “Дивелоп Груп“ сопственик и на парцелата спроти “Тренд“ на плоштадот Македонија

СДСМ обзнани уште една парцела на плоштадот Македонија во сопственост на Дивелоп Груп, која го купи и земјиштето во строгиот центар на Скопје, на местото на поранешна Народна Банка.

Сопственик на градежната парцела со површина од 942 квадратни метри, спроти кафулето Тренд на плоштадот Македонија е фирмата Дивелоп Груп ДОО – Скопје. Нејзин управител е Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, продолжена рака на Орце Камчев, беше кажано на денешниот прес на СДСМ.

“Во извадокот од Централниот регистар  за фирмата Дивелоп, ќе забележите дека како сопственици на фирмата се јавуваат фирмата Центроком ЛЛЦ, регистрирана во САД, уште една фирма на Алек Теранова Импрегнал Инжинеринг ДООЕЛ Скопје и фирмата Интернационал Девелопмент Груп, регистрирана во државата Белизе“, рече генералниот секретар на партијата Горан Минчев.

Со Деталниот урбанистички план за Малиот Ринг, изгласан од Советот на Општина Центар  на девети октомври минатата година, и на објектот што треба да се гради на парцелата му биле додадени уште седум метри плус, од предвидените 22 на 29 метри, вели Минчев.

Социјалдемократите прашуваат кога Антикорупциската комисија и Управата за јавни приходи ќе го испита потеклото на имотот на бизнис пријателите на Орце Камчев и кој ќе понесе одговорнот за тоа што фамилијата инсталирана од ВМРО ДПМНЕ  го запоседнала плоштадот Македонија.



Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=22480&kategorija=2 - Нетпрес


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 17:17


Батали другото... ама ова 29 метри се однесува и за карши тренд?!? (од првично предвидените 22)

Мислам дека такво отстапување над другите згради дефинитивно ќе го сјебе плоштадот Bash Bash Bash Bash Bash


Овие копуци се во некоја тотално луда офанзива врз мал ринг, ама за жал со не толку добри намери...

Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 17:23
Што се однесува за тоа дали моментално има или нема улица под кеј, мислам дека на сите ни е јасно дека такво нешто не постои... На какви дроги е новинарот стварно не знам...

Него во ред си е таа улица што е зацртана и што ќе се гради (нормално ако е добро испланирана). Само тоа автоматски значи и дека ќе се раскопа кејот. Тоа некако многу тивко поминува. Не дека имам нешто против, ама многу лесно врват некои работи кога се во прашање приватни интереси на поединци и групи...
Bash

Да чекавме да се изгради таква улица ради поширок јавен интерес, никогаш немаше да дочекаме... Баби ќе го „бранеа“ кејот, кафанџииве исто ќе изрипаа, екологиститите ќе се загрижеа за 10-тина дрва... Ама кога владеечкиве копуци треба нешто да му испорачаат на Камчев, тогаш очигледно нема никакви проблеми...

Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:08
Еве интересни информации и околу ова. Добиваме значи и катна гаража во сред центар. Мислам дека е спретно сместена. Доколку тврдењата на ИН ПУМА дека подземната сервисна улица не се преклопува со LRT коридорот... Јас немам проблем со целиов проект. Останува уште да искочи естетски како што треба. Yes

Како бонус ете и исечок од најновиот ДУП Мал Ринг (ваљда). Се гледаат убаво трасите на подземните коридори.

До шесткатницата на плоштад ќе се гради катна гаража

Во Градот тврдат дека ова е уште еден доказ за самоволието на Општина Центар

Деспина Трајковска

Планираната изградба на шесткатницата на местото на некогашниот објект на Народна банка на плоштадот „Македонија“ е само уште еден пример за урбанистичко планирање на општинарите од Центар без да се прифатат забелешките од Градот. Измените на планот „Мал ринг“ предвидуваат уште и изградба на катна гаража висока 12 метри веднаш зад управната зграда на некогашен „Метропол“. И во овој случај Општината не го испочитувала мислењето на градските власти, односно како што посочуваат од Градот, не е преиспитана оправданоста на маркичките со кои се предвидува градба на нови објекти околу плоштадот, каде што треба да минува подземниот трамвајски коридор. Според Градот, Урбанистичкиот план дозволува изградба на објекти на трасата на подземниот коридор, чијашто ширина што е внесена во ДУП-от, не соодветствува на онаа од Генералниот урбанистички план на Скопје. Но, и во овој случај, Градот, како што велат од таму, е немоќен да се справи во ситуацијата заради законските недоречености.

„Новите објекти под кои треба да минува подземниот коридор нема да и' пречат на новата сообраќајница“, објасни пред три месеци кога се усвоија измените на планот „Мал ринг“, нејзиниот автор Лидија Андреевска, планер во ИН-ПУМА. Тогаш таа посочи дека новите објекти под кои треба да минува подземниот коридор нема да и' пречат на новата сообраќајница, бидејќи се ограничени на минус осум метри под површината, а коридорот е предвидено да се гради на минус 12 метри.


Во ИН-ПУМА објаснуваат дека новите објекти (број 1 шесткатница и број 2 катна гаража) нема да и' пречат на новата сообраќајница

Посочените градежни парцели, односно објектите планирани да се градат на нив не само што се актуелни поради начинот на кој тие се урбанистички решени, туку предизвикаа интерес во јавноста и викендов кога СДСМ (актуализирајќи го истото прашање од пред три месеци) повторно ја разбрануваа јавноста поради наводите дека изградбата на шесткатницата е аминувана на криминален начин од страна на Советот на Општина Центар. Според опозиционерите, спротивно на законската процедура со усвоените измени на планот, парцелата станала поголема за 1.177 квадратни метри, со што висината на објектот од 22 метра ќе може да „порасне“ на 29 метри, а автоматски вредноста на парцелата се зголемила за 4 милиони евра. Од СДСМ дополнително презентираа и документи за парцелата на Градскиот плоштад, кои, според нив, укажуваат дека нејзин сопственик е Орце Камчев, што е доказ за инсталирани пријателски бизнис интереси во партијата на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ се оградија од одговорноста, посочувајќи дека одлуката за продажба на парцелата за само 25 евра квадрат, и тоа со непосредна спогодба, ја донел поранешниот министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44FB2F0DA729AE4CB261A8755D83274A - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:10
Originally posted by pbanks

Еве интересни информации и околу ова. Добиваме значи и катна гаража во сред центар. Мислам дека е спретно сместена. Доколку тврдењата на ИН ПУМА дека подземната сервисна улица не се преклопува со LRT коридорот... Јас немам проблем со целиов проект. Останува уште да искочи естетски како што треба. Yes
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44FB2F0DA729AE4CB261A8755D83274A -


Одлично сумирано. Немам што да додадам Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:15
Ок супер. Значи LRT коридорот сеуште се зема во предвид.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 04:13
Од текстот во утрински:

трасата на подземниот коридор, чијашто ширина што е внесена во ДУП-от, не соодветствува на онаа од Генералниот урбанистички план на Скопје

хмммм....

WTF?




Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2008 at 02:26
Еве што не чека. Да не бидам негативен ќе бидам само воздржан. Сепак се работи за рендери со ужасен квалитет. Но со оглед на тоа за колку сериозна локација се работи... хммммм....

Од напред не ми се свиѓа.  Од страна накај Вардар постои можност да личи добро. Но постои и можност трајно да се измасакрира еден од можеби трите најбитни објекти на плоштадот (заедно со офицерски и ристиќева).

1

2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Feb-2008 at 04:14
Ова е како едно модернистичко решение за народната банка. Сепак суштината ја има. Мене ми се свиѓа, од аспект на тоа што сум голем обожувач на модерната архитектура, секако со почит кон тоа што ни останало од минатото. Воглавном ми се свиќа.

п.с. Ова сликиве се претпоставувам од емисијата КОД на А1.


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Feb-2008 at 16:36
proektov i mi se dopaga i ne mi se dopaga
stariot objekt poubavo bi izgledal da napravat nekoj si mix od staro/nova arhiektura



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Feb-2008 at 18:56
Originally posted by mitatos

proektov i mi se dopaga i ne mi se dopaga
stariot objekt poubavo bi izgledal da napravat nekoj si mix od staro/nova arhiektura



Обично тие мешавини на старо-нова архитектура испаѓаат катастрофално. Мене прокетов не ми изгледа лошо Dunno, барем колку што можам да видам од рендериве од А1.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2008 at 19:09
Ќе се задржам само на „извишувањето“ на зградава во урбанистичкиот план... Сега сваќам дека во суштина не е зголемена висината, ама наместо чисто естетски дел за да му парира на офицерски, очигледно е дозволено инвеститорот да си изгради дополнителен деловен простор најгоре.

Очигледна злоупотреба во корист на инвеститорот а на штета на естетиката на плоштадот.




Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Feb-2008 at 19:15
Originally posted by gotsomekicks

Originally posted by mitatos

proektov i mi se dopaga i ne mi se dopaga
stariot objekt poubavo bi izgledal da napravat nekoj si mix od staro/nova arhiektura



Обично тие мешавини на старо-нова архитектура испаѓаат катастрофално. Мене прокетов не ми изгледа лошо Dunno, барем колку што можам да видам од рендериве од А1.


epa togas ova ne lici na togasnata banka, moze napravile nekoi slicnosti ama ne se raboti za isto nesto tuku nesto sosema treto


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: shyes
Date Posted: 06-Feb-2008 at 13:49
Ќе почекам за подобри рендери , засега ми се свиѓа но не целосно. 


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Feb-2008 at 13:55
Го гледам пак сега...и незнам, како што рече некој друг, ми се свиѓа и не ми се свиѓа. Од страната на Вардарот изгледа убаво, само што може да изгледа малку по убаво или интересно од напред.

А што е тоа позади рендерот во првата слика?? Неможам да го видам добро, на лево, некоја друга предложена зграда? Таа катна гаража? Има некоја антена?


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2008 at 21:16
Originally posted by lslcrew

Ова е како едно модернистичко решение за народната банка. Сепак суштината ја има. Мене ми се свиѓа, од аспект на тоа што сум голем обожувач на модерната архитектура, секако со почит кон тоа што ни останало од минатото. Воглавном ми се свиќа.

п.с. Ова сликиве се претпоставувам од емисијата КОД на А1.


Да lsl од КОД се сликиве.

Се сложувам, дефинитивно е базирана зградава на Народна банка. Но некако ми е недоделкана. Веќе реков тој тањирот горе некако ич не ми прави кејф.  Но да почекаме некој  подобар рендер, одлучувачко нешто за зградава веројатно ќе бидат деталите а нив неможе да ги видиме на сликиве со ваков лош квалитет.


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2008 at 21:49
Ги читнав коментариве за проектот, и ме чуди тоа што има прилично рамнодушни коментари? Зарем не мислите дека проектов е во најмала рака гаден? Дека е некако џиџан и дека е премногу футуристички за ОВОЈ плоѓтад? Знам дека чекате подобри рендери, ама колку може тоа да ја подобри сликата за овој очигледно гаден проект?

Проектов, малце ме потсеќа на Blue center во Гостивар. И воопшто не ми прави мерак.



А како што памтам, новинарите(креибилитет=0) рекоа дека зградата ќе биде идентична со Народната банка?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2008 at 22:51


Ваљда ни е вниманието превише одвлечено на црквата па потешко се приметуваа овие други работи Nuts

Гаден е мислам пресилен збор во моментов без подобри рендери (и со стандардната надеж дека самата реализација ќе биде подобра од тендерот). Со искучок на летечкиот тањир кој е дефинитивно гаден.

Сепак зборот со кој би идел во моментов е... Несоодветен.

За жал тука нема што многу да се направи за разлика од случајот со црквата. Маркицата е таа, условите за градба се тие и ако инвеститорот ги исполнува..... стварно нема што понатака.

Проблемот требал да се реши на време со оглед дека збориме за најбитната локација во Скопје, главниот плоштад. Требало да има меѓународен конкурс за ликот на плоштадот, не само мермерните плочки и канделабрите туку и околните објекти. Па идните инвеститори да се приспособуваат кон тоа што е усвоено.


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:15
eve gi najdov tie podzemni ulici za koi komentiravme :




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:25


Thumbs%20Up



Од каде го ископа ова човече? Штета само што не е пошироко опфатено...


Патем, дали некој случајно има податок колку е висока Ристиќева?


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:32
Originally posted by Cloverstack



Thumbs%20Up



Од каде го ископа ова човече? Штета само што не е пошироко опфатено...



Eden drugar mi go prati on izrabotuva proekt za idejno resenie na 2 spomenici od pitu guli i nikola karev na kameni most , levo i desno izgleda pojma neam


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:37
Никола Карев сакаат да го стават пред собрание (што според мене е сосема во ред, освен дебилната заложба да го качат на коњ Wallbash)


Кај камени сакаат да ги насадат Даме Груев и Гоце Делчев (исто на коњи)...


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:42
hahaha na konj a?  abe toa vreme pomina za tie pari poubavo da si ja izgradat taa ubavata fontana ,poveke ke se isplati i ke ima rekreacija, a ovie spomenicive se promasena investicija, gi gradele vo renesansata ,vo moderno vreme samo kaj nas :( 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Feb-2008 at 22:55
Не само што е промашена инвестиција туку е и нагрден плоштадот.

Знаеш ли каква гужва ќе се направи со 3 коњаника?

BTW... одличен материјал Митатос Thumbs%20Up


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 23:12
Тенкс pbanks , пред собрание некако се јаде ама во плоштад ?? глупа идеја, зарем они сите на своја глава работат? има ли противење во тие нивнните совети сто ги одржуваат?
гласа ли некој за такво нешто или сите на своја глава работат
ја сепак сум за фонтаната Gunz


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Feb-2008 at 00:36

И јас сум за фонтаната. Башка ако не се лажам ПЕнов на времето постави и некаква инфраструктура (цефки, пумпи и сл) под кругот на плоштад. Таму една убава, модерна фонтана со висок млаз кој би се гледал од Стара Железничка или од Кале би дошла преубаво.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Feb-2008 at 16:39
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=22935&kategorija=7 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=22935&kategorija=7

Подземната улица ќе почнува кај "Холидеј ин"

Влезот во подземната улица под кеј 13 Ноември ќе биде од улицата Васил Аџиларски кај хотелот "Холидеј ин" и таа ќе биде 4,5 метри под земја. Оваа подземна улица ќе ја градат фирмите "Дивелоп" и "Латис", кои се инвеститори и на новата зграда која ќе се гради на местото на некогашна Народна банка на плоштад Македонија.
Александар Ивановски, управител на "Дивелоп", вели дека во договорот за надоместокот за добивање одобрение за градба кој му го платиле на Градот, се обврзале дека ќе ја изградат и подземната пристапна улица под Кејот и дека таа ќе биде завршена најдоцна за две години. Улицата ќе биде широка седум метри.
"Планираме во горниот дел од улицата, поточно под шеталиштето да поставивме бетонска подлога. Обврзани сме шест месеци по добивање на градежната дозвола за објектот да почнеме со изградба на подземната пристапна улица, која ќе оди под Кејот од 'Холидеј ин' до нашиот објект. Рокот за завршување на улицата е 1,5 година, така што максимум за две години таа ќе биде завршена. Во моментов се работи главниот проект, кој потоа ќе треба да оди на одобрување во Градот. За да ја изградиме улицата, според некои груби пресметки, ќе ни требаат 2-3 милиони евра", вели Ивановски.
Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот, вели дека согласно деталниот урбанистички план "Мал ринг", пристапната подземна улица под Кејот ќе биде на првото подземно ниво за сообраќајница, а дека под неа Градот треба да ја изгради магистралната подземна улица која ќе понира од завршетокот на булевар Партизански одреди, кај зградата "Тифани", ќе минува под Плоштадот, под Кејот, и ќе излезе кај Комплекс банки.
На инвеститорите на новата зграда на Плоштад им било понудено да изберат дали ќе ја градат пристапната подземна улица под Кејот или онаа што минува под Плоштадот. Ивановски вели дека една од паричните поради која одбрале да ја градат подземната пристапна улица под Кејот е тоа што таму нема подземни инсталации како под Плоштадот.

Има интересни нови податоци во текстов. Меѓудругото високата цена на подземната улица укажува на тоа дека ќе се копа класичен тунел, не dig & cover.



Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Feb-2008 at 16:54
i sto e razlikata pomegu klasicen Tunel i dig&cover ?
mene ova podzemna ulica ne mi e nekako jasna  sto vusnost sakaat da povrzat so ovoj tunel ?



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 19:52
Класичен тунел е кога бушиш под земја и е многу поскап и покомплициран

Dig & Cover е кога копаш ров па го покриваш, ама може да се изведе само ако условите го дозволуваат тоа (на пример да е плитко и да нема нешто на површина што ќе смета).

Инаку улицата ќе биде влез за планираните паркинзи кои инаку се непристапни.


Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Feb-2008 at 21:16
fala za objasnuvanjata jasno mi e sea
kaj nas najverojatno ke ide poeftinava varijanta kako i uvek


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2008 at 21:29
Нема ништо лошо во тоа да се иде на поевтина варијанта ако условите го дозволуваат тоа. Тоа е баш пожелно.

Ама како што реков, судејќи според цената тоа ќе биде скап, класичен тунел... Веројатно ради кејот (кој и не е нешто посебно) и кафанџиите...


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Apr-2008 at 23:33
изгледа рендеров сме го имале веќе 2 години на ССЦ Nuts. Сум го ископал од Порта 3 но сум напишал дека се работи за зграда на BMW за Македонија. Всушност ми текнува на статијата, беше презентација за некое архитектонско студио и во текстот пишуваше како моментално најголем проект им е седиштето на BMW и во тој контекст беше поставена сликава така да претпоставив дека се работи за еден ист комплекс. Но очигледно само левава сликичка е BMW а рендеров десно иако се разликува малку од оние кои веќе ги постиравме во нишкава е очигледно тој за Народна банка.






Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Apr-2008 at 01:11
Originally posted by pbanks

изгледа рендеров сме го имале веќе 2 години на ССЦ Nuts.


LOL

Па зарем од тогаш била планирана изградбата на објектов?!
Мислам дека изгледа одвратно, невкусно, како да сакале да направат нешто да изгледа футуристички а  го добиле ова. Премногу стакла и непотребни детали, а да се збори за вклопување во околината со Камениот мост, Типо, Ристиќева палата, театарот се разбира е надвор од здравиот разум.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2008 at 07:49
Ако е ова реконструкција на народната банка, тогаш Лумикс е реконструкција на црквата Св. Константин и Елена Nuts

Да биде работава уште поинтересна, по веснициве имам сретнато информација дека има одлука на советот на општина центар од 2006 со која изгледот на објектов треба да биде идентичен со старата Народна Банка. Ако е тоа вистина, тогаш не зборуваме само за вкусови и семантика, туку за криминал.


Posted By: shyes
Date Posted: 29-Apr-2008 at 16:39
Mena od strana mi izgleda dobro, no vlezot ne mi se dopaga bas.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 00:03
Originally posted by shyes

Mena od strana mi izgleda dobro, no vlezot ne mi se dopaga bas.


кога мислев дека ова е дел од комплексот на БМВ и дека ќе се гради некаде на периферијата на Скопје објектов ми изгледаше сосема на место... но на централниот плоштад... хммм

инаку се сложувам страната му е многу подобра од предницата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2008 at 00:44

ВЧЕРА ДО СТОКОВНАТА СЕ поставуваа огради

Почна изградбата на хотелот на Кејот

Фирмата „Еван пропертис“ ДООЕЛ ќе гради трговски центар, кој ќе има приземје и два ката, а ХЛЛХ МАЦ ЛЛП- ДОЕЛ има дозвола и почна со подготовки за изградба на хотел од 5 ката и потпокрив


За локацијата зад Стоковната куќа се шпекулираше дека е незаконски продадена од поранешниот министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, на бизнисменот Орце Камчев

Еден трговски центар и еден хотел, ќе се градат зад Стоковната куќа, на градскиот плоштад, потврдија од Општината Центар. Вчера се оградуваше просторот на кој ќе се гради. За оваа локација се шпекулираше дека е незаконски продадена од поранешниот министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, на бизнисменот Орце Камчев. Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општината вели дека фирмата „Еван пропертис“ ДОЕЛ ќе гради трговски центар од приземје и два ката, а ХЛЛХ МАЦ ЛЛП- ДООЕЛ има дозвола и почнала со подготовки за градба на хотел од 5 ката и потпокрив.

- Двете фирми имаат уредна документација, нема ништо спорно. Можам само да им посакам среќа побрзо да го завршат почнатото, ни изјави Пижула. Општината Центар ветуваше дека ќе ја избрише маркичката за изградба на објект на местото на поранешната Народна банка за да не се задушува плоштадот со градби. Но, во новиот детален урбанистички план за Мал ринг повторно беше предвидена маркичката за градба. Парцелата на некогашна Народна банка од Министерството за транспорт и врски во 2002 година ја купи Камчев.
Од Општината потврдуваат дека сопствениците на земјиштето веќе уплатиле еден милион евра за комуналии, по што им е издадена градежна дозвола бидејќи инвеститорите треба да подготват сообраќајно решение за влез на возилата и машините до парцелата, која се наоѓа меѓу управната зграда на некогашен „Метропол“ и Кејот на Вардар.

Пред пет години, Центар бараше еден од условите за градба на објекти во овој реон да биде зачувување на идентичен надворешен изглед со некогашните знаменитости на градот, урнати од земјотресот. Советот на Општината во 2006 за ова донесе и одлука, па објектите што ќе никнат треба да личат на поранешните Офицерски дом, Народен театар и Народна банка. Од Општината Центар не можеа да ни потврдат како ќе изгледаат објектите и дали се' уште е во сила таквата одлука на Советот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=772FA1A706CD27468FBDD4B9B30E0990




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2008 at 01:05


Па нели беше деловен објект и катна гаража??? Плус и фирмите се различни! Ништо ново во врска со овој објект... Уште од самата продажба на земјиштето па на секој чекор понатака се некакви манипулации.
Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Oct-2008 at 14:08
Еве го извадокот од последната верзија на ДУП Мал Ринг со која располагаме.



Убаво си стои паркиралиште освен ако не е новинарско глупирање па не ја пренесуваат убаво информацијата (да речеме можеби зградата на Народна банка ќе биде 50/50 хотел/трговски а паркиралиштето ќе биде паркиралиште).

Ако новинарот пак не греши веројатно на повидок имаме уште еден криминал од типот на кинески ѕид (и потенцијално NLB HQ и Тинекс Парк Центар).

Е сега... имам уште една дилема.... Дали е потребно простор на толку скапа локација да го претвораме во паркиралиште. Можеби паркингот за мал ринг треба да се реши во рамките на голем ринг нема и нас ништо да ни фали ако малку пешачиме. Сепак зборуваме за прилично ексклузивна локација.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2008 at 14:25
Originally posted by pbanks


Е сега... имам уште една дилема.... Дали е потребно простор на толку скапа локација да го претвораме во паркиралиште. Можеби паркингот за мал ринг треба да се реши во рамките на голем ринг нема и нас ништо да ни фали ако малку пешачиме. Сепак зборуваме за прилично ексклузивна локација.


Тоа што го велиш е сосема во ред. Може и со други опции да се решава паркингот во мал ринг, како на пример планираните подземни паркинзи токму на тој простор под и околу плоштад.
Но, тоа е работа на планирање, на некој вид дурбанистичка доктрина... Ако се прави, треба да се прави како принцип, а не како исклучоци за да се задоволат приватните интереси на разноразни паразити, кои со своите матни релации во одредени моменти можат да „избоксуваат“ вакви гомнарии.

Добро викаш - ако е вистина, ќе се рангира таму некаде со кинескиот зид... Премногу срања имаше околу оваа локација. Ваква злоупотреба ептен би ја прелеала чашата! Можда еден ден и ќе заврши како кинески зид.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Oct-2008 at 14:44
Originally posted by Cloverstack


Тоа што го велиш е сосема во ред. Може и со други опции да се решава паркингот во мал ринг, како на пример планираните подземни паркинзи токму на тој простор под и околу плоштад.
Но, тоа е работа на планирање, на некој вид дурбанистичка доктрина... Ако се прави, треба да се прави како принцип, а не како исклучоци за да се задоволат приватните интереси на разноразни паразити, кои со своите матни релации во одредени моменти можат да „избоксуваат“ вакви гомнарии.

Добро викаш - ако е вистина, ќе се рангира таму некаде со кинескиот зид... Премногу срања имаше околу оваа локација. Ваква злоупотреба ептен би ја прелеала чашата! Можда еден ден и ќе заврши како кинески зид.


Да да, се сложувам 100% воопшто не го зборував тоа во прилог на паразитите за кои зборуваш. Чисто беше едно размисување околу тоа дали треба или не треба да има паркинг простор на 20м од главниот плоштад.


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Oct-2008 at 15:01
Чекајте ова се гради одма до излезот од Техно маркет во Сити галери??

Ова е „реконструкција“ на Народна банка??



-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Oct-2008 at 19:01
Реконструкција на народна банка

Фирмата „Еван пропертис“ ДООЕЛ ќе гради трговски центар, кој ќе има приземје и два ката, а ХЛЛХ МАЦ ЛЛП- ДОЕЛ има дозвола и почна со подготовки за изградба на хотел од 5 ката и потпокрив

Резидор

Купувачите на двете локации „Елан пропертис“, дел од англиската групација „Еквест Балкан пропертис ПЛЦ“, која треба да го гради трговскиот центар и ХЛХ МАК ЛЛП, избраниот инвеститор на хотелот, се' уште го немаат потпишано договорот за отуѓување на градежното земјиште.

BTW дали го приметивте овој момент? И двете локации до сега беа вмешани во афера која се поврзуваше со Орце Камчев кој пак се поврзуваше токму за овие фирми. 

Еве со каква информација почнува нишкава во месец Јануари

Парцелата на Народна банка од Министерството за транспорт и врски во 2002 година ја купи бизнисменот Орце Камчев, а сега како сопственици се јавуваат фирмите "Дивелоп" и "Латис".





Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Oct-2008 at 23:04
поарно да не се заебаваат со оваа локација и да ја сфатат озбилно BashGunz


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:29
ЗАРАДИ КАМИОНИТЕ ШТО ЌЕ ЈА ГРАДАТ НЕКОГАШНА НАРОДНА БАНКА НА ПЛОШТАД
Кеј 13 Ноември пак ќе се раскопува
Ќе се раскопа патеката покрај sидот од Кејот на Вардар за да не се оштетеле плочките кои ќе се вратат на место откако ќе заврши изградбата на шесткатницата

Кеј 13 Ноември пак ќе се раскопува. Скопјани ќе мораат уште еднаш да минат низ ужасот низ кој минуваа од 2000 до 2002 година кога тој беше раскопан поради реновирањето. Овој пат плочките ќе се вадат за да може преку шеталиштето да поминуваат камиони и машини кои ќе го градат објектот на местото на некогашната Народна банка. Тој ќе биде на шест ката, а ќе никне на просторот меѓу некогашен "Метропол" и коритото на Вардар.
Инвеститорите, односно скопските фирми "Дивелоп" и Латис", според првичниот договор со градските власти, за да добијат одобрение за градење требаше да изградат подземна сообраќајница на Кејот која ќе служи не само за пристап на градежната механизација, туку и воопшто за влез во новиот објект. Градските власти со месеци на инвеститорите не им даваа одобрение за градба и на скопјани им ветуваа дека нема да се загрози шеталиштето. Сега, без објаснување, преку ноќ ја сменија одлуката и дозволија да се копа Кејот.
"За пристап на механизацијата ќе се раскопа дел од Кејот, односно патеката покрај sидот, каде согласно Деталниот урбанистички план треба да се гради подземната улица. Инвеститорите сега ќе ги извадат плочките за да не се оштетат и по тој дел од Кејот ќе влегува механизацијата. Откако ќе го изградат објектот, Кејот треба да го вратат во првобитна положба и да ја изградат подземната улица под Кејот, преку која ќе се влегува во нивниот објект", вели Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај на Градот.
Александар Ивановски, управител на "Дивелоп", вчера беше презафатен за да каже кога ќе почне да ја гради подземната улица.
"На службен пат сум во Италија, не можам да објаснувам сега за градбата на плоштад", кусо рече Ивановски.
Во петокот, просторот на кој ќе се гради шесткатницата почна да се оградува.
Со проектот е предвидено на првиот кат од новата зграда да има дуќани, а на катовите деловни канцеларии. Надворешно, шестактницата треба да биде идентична на некогашна Народна банка. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157861&idg=8&idb=2491&rubrika=Skopje



Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:39
хах сега пак Дивепол и Латис се вратија во игра Nuts чудо е македонсково новинарство.

туку нема да биде була ако се уништат плочките... таа бескрајна бехатонска површина воопшто не ми се допаѓа, широките тераси на кафаните дури и ја затскриваат таа грдотија. Таква централна локација заслужуваше подобри материјали и троа поголема креативност. незнам дали сте приметиле колку се рандом редени елементите, како без врска има некакви линии и текстури без никаква логика.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2008 at 23:20
Нов текст каде инвеститорите и намената на зградата пак си доаѓаат на место. Читајќи го овој текст (и неколкуте други претходни) почнува да ми делува дека првичната објава од Дневник која ја постираше lslcrew пред неколку дена која и внесе забуна дека се работи за трговски + хотел чии инвеститори се истите како и на улица железничка е всушност хибрид кој ги спојува парцелата на плоштад со Equest и Rezidor Crazy. Мислам дека овој пат се надмашија самите себеси во неодговорното и произволно информирање.

Кејот се раскопува за изградба на деловна зграда

Инвеститорите ќе треба да ја изградат и подземната сообраќајница под кејот

Деспина Трајковска

Градскиот плоштад дефинитивно станува градилиште, иако веќе сезоната на градба е речиси на самиот залез. Од викендов интензивно почна да се раскопува кејот на просторот меѓу некогашен „Метропол“ и коритото на Вардар, каде на површина од 1.100 квадратни метри е предвидена изградба на осумкатен административно деловен објект. Со очекува да почне и трасирањето на патот по кој ќе минува градежна механизација што ќе го гради објектот.

Со дозвола од Градот, камионите ќе поминуваат по кејот, влегувајќи од кај мостот кај „Холидеј ин“. Инвеститори на објектот се скопските фирми „Латис“ и „Дивелоп“ кои одобрението за градба го добиле пред повеќе од половина година. Неофицијално, со градба стартуваат неколку месеци подоцна, бидејќи чекале градските власти да го сменат својот став и конечно да им издадат сообраќајна согласност за проектот.

Според Детаљниот урбанистички план, таму е предвидена изградба на административно-деловен објект со максимална дозволена висина од 29 метри, односно приземје, седум ката и потпокрив.

Александар Ивановски, управител на „Дивелоп“, кој истовремено е и сопственик на фирмата-претставник на италијанските газди што го купија некогашен „Типо“ и ја отворија „Сити галери“, вчера не можеше подетаљно да информира за проектот. Непознато е и кој, всушност, е сопственик на плацот кој пак во 2004 година беше предмет на еден од најголемите скандали со продажбата на државно градежно неизградено земјиште. Само за 25 евра за квадрат тогашниот министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, ја продаде парцелата, наводно на бизнисменот Орце Камчев.

„На службен пат сум, ќе се чуеме деновиве“, накусо ни изјави Ивановски.

Инаку, од Градот потврдуваат дека издале сообраќајна согласност на инвеститорот, но со напомена откако ќе го изгради објектот, кејот да го врати во првобитна положба. Наедно, инвеститорите ќе треба да ја изградат и подземната сообраќајница под кејот која е планирана како единствена врска до објектот.

„Неопходно е за пристапот на механизацијата да се раскопа дел од кејот, односно патеката покрај ѕидот. Таму, согласно со Детаљниот урбанистички план, треба да се гради подземната улица која ќе биде единствената врска со објектот и планираните подземни паркиралишта. Инвеститорот веднаш почна со вадење на плочите за да не се оштетат, а потоа ќе треба да ги врати во првобитна положба“, објаснува Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај на Градот. Тој посочи дека инвеститорот е должен да го огради делот по кој ќе минуваат камионите, односно просторот на кејот до ѕидот, од киоскот кај мостот, па се до предвиденото место за градба.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=63ECD80AC021C742A73E770920E8CF5A


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Oct-2008 at 21:30
Еве поасални рендери од утрешен утрински можеби во електронското издание на полноќ ќе успееме да извлечеме и уште поквалитетни слики. За жал (иако според очекувањата) поквалитетниве рендери не ми го поправија впечатокот за зградава кој го имав од оние понеквалитетните од пред тоа.






Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Oct-2008 at 22:48
Cheers

Новата зграда во Скопје само ќе личи на Народната банка

Деловниот објект со приземје и шест ката се гради на едно од најскапите места во Македонија

Сања Наумовска

Новата деловна зграда што се гради во срцето на Скопје, на аголот на кејот „13 Ноември“ и плоштадот „Македонија“, само ќе заличува на некогашната Народна банка која постоела на просторот меѓу некогашниот „Метропол“ и реката Вардар до земјотресот во 1963 година, но нема да биде нејзина копија. Новата зграда има изменета маркичка со поголем габарит и различна форма од онаа на банката.

Според проектот, фасадите кои ќе гледаат кон Вардар и кон плоштадот „Македонија“ ќе задржат многу елементи со кои ќе потсетуваат на изгледот на поранешната банка. Се задржуваат столбовите и полукругот и некои други детали со кои главната фасада ќе ја задржи мемориската нишка на Народната банка, како одредница на тој простор.

Според авторот на проектот, архитектот Јовица Стефановски, од студиото за архитектура „Јасива“, во проектот нема аспирации за целосна реплика на Народната банка, бидејќи и самата маркичка не го дозволува тоа. Новиот објект е во габарит што го дозволува новиот Детален урбанистички план и одобрението за градба, но со вметнување детали кои ќе потсетуваат на некогашната банка.

„Ова ќе биде современ објект чија ултрамодерност во надворешниот изглед ја занемаруваме заради почитување на таа мемориска нишка на Народната банка. Ќе бидат искористени најубавите делови на предните фасади кои се свртени кон реката и кон плоштадот“, вели Стефановски.

Новиот деловен објект ќе има приземје и шест ката со две галерии на врвот, во кои ќе има и ресторан. На приземјето, дел од деловните простории веројатно ќе ги закупи една од домашните банки, а дел голема компанија. Шесте ката ќе бидат опремени како административен простор кој ќе се приспособува на потребите на потенцијалните клиенти кои ќе изразат заинтересираност во текот на изградбата на објектот.

Инвеститори на административно-деловниот објект се фирмите „Латис“ и „Дивелоп“, кои пред половина година добиле одобрение за градење од Општината Центар. Според Детаљниот план, максималната дозволена висина на објектот е 29 метри, а ќе се гради на површина од 1.100 квадратни метри.



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4048432E7DF51C4B886B49D49DB3C216


Posted By: evolutionary
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:03
Ke bidam kratok: ne ni treba zgradava.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:05
Originally posted by evolutionary

Ke bidam kratok: ne ni treba zgradava.


LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:11
Некако од увек овој објект ми бил некоја симетрија со офицерскиот. Доколку сега овој објетк добе модернистичка копија, тогаш сметам дека и офицерскиот треба да биде во склад па и кај него да се примени доза на модернизам.


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:16
Originally posted by evolutionary

Ke bidam kratok: ne ni treba zgradava.


Се е кажано LOL


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:32
добро доколку е хотел претпоставувам дека ќе остават простор некогаш да се поврзат со подземниот тунел што ќе минува под плоштадвака, па и за деловна зграда некако ми изгледа смешно плус без авто пристап и прилично чудно симетрична предна фасада, но бар нема многу да одскокнува од околината како боја а и висина, уште ложи или екслклузивни апартмани да постават за посматрање на дешавки на плоштад и дефинитивно ќе стане амбасадорско сврталиште за на кафе муабет... Question 


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:50
Самото тоа што ја градат оваа зграда на маркичка со различна форма, па и со комплетно различен изглед на Народната банка е, како што вика кловер, криминал. Советот има донесено одлука да се РЕКОНСТРУИРА народна банка - т.е. да не се забегува со некакви ***УЛТРАМОДЕРНИ*** реинкарнации на стар објект, особено не во најскапиот и најексклузивниот простор во цела Македонија. Барем архитектот можел да направи нешто многу поедноставно и минималистички, така што нема да штрчи во околината на Камени мост(15 век), Ристиќева палата(19 или 20 век), и идниот реконструиран Офицерски дом.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cibi
Date Posted: 09-Oct-2008 at 10:03
потполно те подржувам La Linea мислам дека оваа зграда веќе ако треба да се гради нека се изгради како што била пред пред земјотресот со афтентична градба потполна да наликува на некогашната Народна банка,а некои модернистички градби не ни требаат,баш на ова место.


Posted By: evolutionary
Date Posted: 09-Oct-2008 at 10:40
Originally posted by La Linea

Самото тоа што ја градат оваа зграда на маркичка со различна форма, па и со комплетно различен изглед на Народната банка е, како што вика кловер, криминал. Советот има донесено одлука да се РЕКОНСТРУИРА народна банка - т.е. да не се забегува со некакви ***УЛТРАМОДЕРНИ*** реинкарнации на стар објект, особено не во најскапиот и најексклузивниот простор во цела Македонија. Барем архитектот можел да направи нешто многу поедноставно и минималистички, така што нема да штрчи во околината на Камени мост(15 век), Ристиќева палата(19 или 20 век), и идниот реконструиран Офицерски дом.




Kameni e dovolno unakazen u prethodnata rekonstrukcija da ne lici na sebe, a mozebi i Oficerski ke bide ULTRAMODEREN. Crazy


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Oct-2008 at 13:35

sto ke gradat sega?? narodna banka  ili deloven objekt??DunnoDunno



Posted By: evolutionary
Date Posted: 09-Oct-2008 at 13:58
I za oficerskiot se prasuvam dali ke gradat Dom na ARM ili muzej.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 14:01
EEEEEE сега стварно више у пичку матер!!! Дајте бе луѓе читајте малку што се дешава по форумов!!!!!!!

Изволте!!!!!:::: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91

p.s. Еволушанери и другите извинете за изливот на емоции , ама .........


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Oct-2008 at 20:59
најмногу ме нервира што ако го градат и официрски, зградава нема воопшто да се вклопува на плоштадот, мислам дека ако сакаа да направат старо во ново скопје барем да ги реконструираа како што треба објектите, или обратно да идеа со модернистички решенија за сите објекти, не вака, прават турлитава од веќе искасапениов центар

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Oct-2008 at 21:47
Има интересен текст за овој објект во утрешен Утрински, ама они го ставаат новиот број на полноќ, па ќе го ставам утре, или ако некој го посети во меѓувреме нека го стави.

Инаку ми се допаѓа изгледот на реконструкцијата, а и архитектите го поздравувале ова!

-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Oct-2008 at 23:36
Originally posted by maestro13


Инаку ми се допаѓа изгледот на реконструкцијата, а и архитектите го поздравувале ова!


Mакедонските архитекти и македонските новинари се практично идентични кога станува збор за вршењето на нивната работа.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 09:14


а еве ги и дотичните размисли кои ги најави маестро

Архитектите ја поздравуваат новата градба на плоштадот „Македонија“

Новите објекти треба да бидат белег на новото време, а не реплика на минатото, велат архитектите

Деспина Трајковска

Со изградбата на новата деловна зграда на аголот меѓу кејот „13 Ноември“ и плоштадот „Македонија“, на срцето на Скопје ќе му се дополнат урбанистичките контури и ќе се дообликува физиономијата на плоштадот. Сепак, со дозволената максимална висина од 29 метри, објектот ќе го наруши постојниот урбанистички лик. Генерално, ова се оцените на дел од стручната јавност за тоа како ќе се вклопи новата деловна зграда во сегашниот амбиент на централното градско јадро. Архитектите се речиси согласни дека е непотребно новиот објект да ја задржи автентичноста на некогашната Народна банка, објект кој на истата локација се наоѓал до катастрофалниот земјотрес.

За архитектот Минас Бакалчев репликата дури е и неизводлива, бидејќи во основа новата зграда има изменета маркичка со поголем габарит. Но, пред се', смета Бакалчев, изразот и стилот вграден во деловниот објект не треба да се повикува на Скопје некогаш.

„Секој објект треба да има идентификација на своето време. Пред се', секој од нив има свој автор, така што сметам дека правење копии, реплики или хибриди на некогашни објекти, во случајов на зградата на Народна банка, е неблагодарно“, вели Бакалчев, за кого сеќавањата за некогашната банка е доволно да останат врежани во мислите на тогашните генерации и како разгледници од времето до 1963 години.

Со изградбата на деловниот објект, смета Бакалчев, ќе се дополни физиономијата на плоштадот, кој според архитектот, никогаш, па ни сега не е оформен во целина.

„Добро е што се гради, но, сепак, сметам дека на одредени делови на локацијата има задушување во просторот, а и објектот ќе биде доста повисок од тоа што некогаш беше дозволено, што не ми се допаѓа мене лично“, дополнува Бакалчев.

И неговиот колега Владимир Пота ја поздравува изградбата на овој, но и на другите најавени објекти во околината на плоштадот. Сепак, до надлежните и до инвеститорите предупредува дека е неопходно истовремено со нивната изградба, односно отворање да бидат функционални и сообраќајните решенија во околината.

„Проектот, конкретно за оваа зграда, мора да предвидува јасен, технички остварлив и економски оправдан пристап до објектот. Сметам дека само така објектот ќе заживее. Истовремено, многу е битно партерното уредување на зградата. Таа ќе има придонес во постојниот амбиент доколку биде отворена за широките маси“, смета архитектот Пота, за кого изградба на објект на аголот на кејот и плоштадот е неопходно.

Тој посочува дека не само што ќе се реализира Детаљниот урбанистички план, туку сега деловната зграда ќе даде приоденес за заокружување на маркантната локација на аголот од плоштадот, ќе даде придонес за кејот, Камениот мост, визурите кон Кале, а истовремено зградата ќе ги скрие и грдите фасади кои гледаат кон задната страна на планираниот објект. Инаку, и Пота не се согласува објектите што ќе се градат на локациите на некогашна Народна банка и Офицерскиот дом да бидат нивна реплика или, пак, асоцијација. „На крајот на краиштата, оваа деловна зграда единствено може да личи на Народна банка во високите столбови и длабоки тремови“, дополнува Пота.

Архитектот Мирко Андовски, пак, воопшто не се согласува новата деловна зграда, како и објектот што ќе се гради на местото на некогашниот Офицерски дом да асоцира на урнатите објекти во земјотресот.

„Во случај планирањето на целиот реон да се води по тој терк, да се зачувува автентичноста на целото градско јадро, тогаш сметам дека би имало логика. Меѓутоа, само поединечни објекти да ја имаат некогашната нишка, мислам дека е неоправдано. Во Скопје може и мора да се гради по теркот на современото, што ќе остане како белег на времето кое сега го живееме“, додава Андовски.

Современ објект, но, сепак, со пресликани столбови и полукруг од некогашната банка ќе никне на атрактивната локација на аголот од плоштадот и кејот. Според проектот, чиј автор е Јовица Стефановски, објектот, сепак, нема да има ултрамодерен надворешен изглед поради почитување на мемориската нишка. Деловната зграда ќе има приземје и шест ката со две галерии на врвот. Од скалите на кејот ќе биде оддалечена 11 метри, а ќе се гради на површина од 1.100 квадратни метри.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF4E7C2E369FB246815557EB145B2553


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 09:44
http://62.162.103.242/-wvhttp-01-/GetStillImage?camera_id=1&v=768&p=-9&t=-8&z=200&b=OFF&option=skip_on_error&seq=0.1319197820238771 - http://62.162.103.242/-wvhttp-01-/GetStillImage?camera_id=1&v=768&p=-9&t=-8&z=200&b=OFF&option=skip_on_error&seq=0.1319197820238771

Еве real-time слика од објектот. Џуро можеш ли покрај Магос и оваа зграда да ја пуштиш да се слика. Оваа барем од почеток ќе ја фатиме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 09:46
Ау воопшто не ми текна на ова, браво лсл Cheers

после ќе конфигурирам дома и ова да го собира пошто домашниот компјутер ја брка таа работа Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 15:58


Еве за почеток една слика!

Кога ќе се изградат овој објект и градската куќа, оние жардињерите само ќе сметаат за проток на пешаци.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:24
Да прашам нешто околу онаа подземна улица која се спомнува низ вестите. Дали е тоа посебна уличка од оној булевар кој го знаеме дека треба да се гради? Зашто не би можело да се оствари пристап до катната гаража преку подземниот паркинг во трговски? Каде точно треба да проаѓа оваа уличка? Каде точно ќе се влага во таа уличка?! Кловер ти си поупатен, ај те молам!!!


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:28
Mnogu los proekt na loso mesto pa tamu ke bese poarno da ne se gradi tolkava zgrada tuku nekoja 2 ili 3 katnica taka nogo e grdo so tolkava 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:31
da vi kazm toj objekt ic ne e potreben deka mnogu smeta ... zosto ovaj objekt ne go gradat  kai holiday ili nekade kade malku zgradi imat  tuku bash vo plostad  ::::OhnoWallbashBash ?? ..........


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Oct-2008 at 17:56
Originally posted by lslcrew

Да прашам нешто околу онаа подземна улица која се спомнува низ вестите. Дали е тоа посебна уличка од оној булевар кој го знаеме дека треба да се гради? Зашто не би можело да се оствари пристап до катната гаража преку подземниот паркинг во трговски? Каде точно треба да проаѓа оваа уличка? Каде точно ќе се влага во таа уличка?! Кловер ти си поупатен, ај те молам!!!


Да, таа сервисна улица е посебна. Транзитниот коридор е подлабоко. Во некоја нишка баш имаше подетално за тоа дали евентуално се во конфликт (од ИМПУМА уверуваа дека се е во ред)
Инаку влезот под земја логично треба да е кај Холидеј Ин.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Oct-2008 at 00:39


Еве фатив една слика да видите како се ствара гужва на ќошот. Ај ќе речете сега е заградено па се ствара, ама зградата нема да биде нешто многу поповлечена, пак ќе си стои проблемот со загушена комуникација кеј-плоштад.

Би сакал во контекст на текстот да потсетам дека кога на таа локација фигурираше Народната банка, тогаш кејот не беше како сега повлечен околу камениот мост него беше у линија цел. Може да се примети на сликите од старо Скопје. Така да и не е лоша варијанта доколку тие скалите ги нема и повторно кејот да биде во линија. А исто како опција може и да се намалат скалите и да се повлечат поблиску према мостот. Според мене би било подобро доколку само се намалат, така ќе се запази концептот на плоштадот, ќе си остане комукицаијата до долното шеталиште на кејот.

Еве на втората слика од овие три најдобро се гледа што зборам:



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Oct-2008 at 00:59
Originally posted by lslcrew


Еве фатив една слика да видите како се ствара гужва на ќошот. Ај ќе речете сега е заградено па се ствара, ама зградата нема да биде нешто многу поповлечена, пак ќе си стои проблемот со загушена комуникација кеј-плоштад.


Да, јас одамна имам замерка за ова (и за другата страна кај офицерскиот). Ете жардињерита сигурно ќе ги срушат, ама мислам пак ќе биде тесно грло. Не само од пешачки аспект, туку мислам дека ќе беше убаво плоштадот да има поширока визуелна комуникација со кејот (и обратно), а не вака да се да се отсекуваат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Oct-2008 at 01:02
Можеби некое амфитаетрално решение околу камениот симетрично на она од карпошово востание ќе биде добро решение. Мислам на скалите да бидат во таков облик! Таман ќе се отвори убава комуникација.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Oct-2008 at 01:10
Да, тоа или нешто во таков стил би било добро решение за пешачката комуникација, но за визуелната веќе нема лек Unhappy


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:20
скалите се голем проблем ако веќе решиле све да градат на плоштад, мислам дека и амфитеатрален облик не е некое решение, ако ја имаат истата ширина, мислам дека пак ќе сметаат, најдобро би било да ги скратат во должина на кејот, но тоа пак визуелно би го осакатило кејот и плоштадот
или пак да имаат форма како поранешното ѕидче, ако не грешам тоа ѕидче малку се повлекувало кон плоштадод во V облик, како од странаната на карпошово востание, но и ова не е добро решение, сепак не е убаво било како да се експериментира со овој дел
П.С. малку офтопик отидовме, особено ја


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:26
Мислам дека претерувате со непроодноста на тој дел. Сигурно нема да ја градат зградава веднаш залепена за оградава на градилиштето. Една работа е муабетот колку ќе биде отворен кејот кон плоштадот а друг муабет е дека нема да може да се разминат двајца.

Инаку скалите кон камени ми се допаѓаат и воопшто како е решен цел тој дел и таму не би чепкал ништо.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:32
Originally posted by pbanks

Мислам дека претерувате со непроодноста на тој дел. Сигурно нема да ја градат зградава веднаш залепена за оградава на градилиштето. Една работа е муабетот колку ќе биде отворен кејот кон плоштадот а друг муабет е дека нема да може да се разминат двајца.


Јасно дека зградата нема да биде до каде што е оградата и дека нема да биде случај да не можат двајца да се разминат, ама сепак ќе биде тесно грло. Проблемот е во тоа што за да преминеш од еден широк простор во друг широк простор, ќе мора да поминеш низ вакво драстично стеснување.


Posted By: beTon
Date Posted: 11-Oct-2008 at 23:00

мое мислење е дека треба да се заменат маркиците на Црквата со оваа на деловниов центар, па така и визуелно ќе поминеме добро а и функционално се ќе си дојде на свое место бидејќи далеку помалку метеж ќе има на овој потег во таков случај а и габаритот на Црквата ќе биде далеку по питом и по вклоплив а и за камбанеријата ќе се отвори таман место зад метропол. иако симболика ќе биде тотален аут Црква на место на поранешен трезор но бар ќе има своја естетска и духовна вредност посекако. а што е до деловнава зграда исто така во таков случај добро би се вклопила пред лумикс измеѓу типо и фуфо па и ќе може да се направи некакво надоврзување помеѓу evn, лумикс и новата зграда како визуелен момент - стакло и инокс, а има и други предности предности како локига да до камен мост има камен објект како Црквата, да се растерети преминот од кејот 13 ноември кон плоштад, ќе се овозможи простор и за Џамија спроти Црквата веднаш пред мепсо па така ќе добиеме реална ситуација каде нема да треба да виси во воздух дилемата дали некој останал обесправен а и туристички ќе биде навистина редок момент (исток и запад во едно), иако вмро со дпа се имаа договорено вие ќе добиете нова Џамија во на плоштадот во Тетово а ние нова Црква на плоштадот во Скопје и двете финансирани од буџетот, сепак ова си стои но сега вмро има нови партнери па ништо чудно тие да не се задоволат со дилот помеѓу старата коалиција...  но најверојатно за ова е касно а и да може да се смени нешто тоа би значело според повеќето упад во гупот, каде ќе треба нов дуп, нови кавги и препукувања а и доста време изгубено и таман ќе дојде време за градење вмро ќе го изгуби центар на локалните избори и работата ќе се стопира а и средствата ќе секнат...

а што е до возобновување на банката за тоа може само на макета од неа да се надеваме која сигурно ќе ја изложат во денешна нбм како ротирачка скулптура во нумизматичкиот музеј Yes можеби за некого тажно но логично!



Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 23:03


Иако јас сум генерално против верски објекти на плоштадот полесно би го проголтал твојот предлог отколку она што што го имаме сега.

Работата е што овој објект веќе почнува со изградба а за црквата кучињата лајат а караванот си врви така да и дискусијава е помалку или повеќе сувишна.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2008 at 00:22
@ beton

Понекогаш навистина имам проблем да заклучам дали си сериозен или се шегуваш...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Oct-2008 at 04:42
бетон јас твојот предлог го сметам за крајно неприфатлив. Значи нема што да се работи на некаква си "замена на маркиците". Едноставно каде што сега се планира црквата тамо воопшто не треба да постои маркица.

п.с. Повторно се обидуваш да внесеш доза на политика во секој пост. Па дај бе малку мајкуму стара.....


Posted By: blejdsk
Date Posted: 13-Oct-2008 at 16:34
Luge denes e ogradeno ,,pocnuva da se gradi Oficerskiot dom ,t.e Zgradata na kamcev na plostad..

Neznam dali imate informacija ....


-------------





Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 16:36
Originally posted by blejdsk

Luge denes e ogradeno ,,pocnuva da se gradi Oficerskiot dom ,t.e Zgradata na kamcev na plostad..

Neznam dali imate informacija ....


да не си го помешал Офицерски дом со народна банка

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173


Posted By: blejdsk
Date Posted: 13-Oct-2008 at 16:45
Toa de toa ....se mislev kako bese ,,ama ocigledno go utnav ,,))

-------------





Posted By: beTon
Date Posted: 13-Oct-2008 at 16:57
Originally posted by pbanks

Originally posted by blejdsk

Luge denes e ogradeno ,,pocnuva da se gradi Oficerskiot dom ,t.e Zgradata na kamcev na plostad..

Neznam dali imate informacija ....


да не си го помешал Офицерски дом со народна банка

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173

дефинитивно мал ринг ќе паѓа на суд но најверојатно полуготовите ќе куртулат па затоа и им се брза најверојатно, а доколку бидне како треба се надевам дека  ќе има и timeout  а подоцна  и blackout па ќе се отвори простор за http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173&PID=17830#17830 - хипотетички да се заменат маркиците на Црквата и стариот трезор НБ  (дискусија и анализа) и да се наредат работите пологично кога веќе се оди на исфорсирано редење Yes



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Oct-2008 at 09:02
dali znaete sto se slucuva so narodnata banka ,rabotat ili ne ..so kamera vidov ama ne se gledase bas dobro


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Oct-2008 at 13:53
уште не ни го заградиле, а камо ли да почнат со расчистување, а камоли па со градење



Print Page | Close Window