Print Page | Close Window

Ветерници

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=232
Printed Date: 27-Apr-2024 at 07:14


Topic: Ветерници
Posted By: La Linea
Subject: Ветерници
Date Posted: 10-Jan-2008 at 17:32

Леле колку сум скептичен за ова со зелен пазар...

А еве нешто што би било многу интересно да се оствари

СТРУЈА ОД ШТИПСКИОТ ВЕТЕР

Словенци, Германци и Австријци сакаат да градат ветерници во источна Македонија

пишува: ИВАН БОЈАЏИСКИ

Жител на нашиот главен град прашува штипјанец што има ново во Штип. „Па, дува многу силен ветер“, рекол штипјанецот. „Ама, јас те прашав што е ново“, рекол скопјанецот и продолжил по својот пат.

Тоа дека во Штип има ветер и не е некоја новост. Но, ако во минатото ветерот бил синоним за непријатна клима во градот под Исарот, денес ветерот е тој кој во него привлекува светски бизнисмени кои трагаат по еколошки чиста, обновлива, вечна енергија. Во последните дваесетина дена, ветерот во Штип „додува“ бизнисмени од Словенија, Германија и Австрија. Тие се распрашуваа за тоа дали во градот и во неговата поблиска околина има ветер, дали се вршени мерења на неговата силина и константност, какви се законските можности нивните компании, на определени локации да постават мерни инструменти, а потоа и да добијат концесии за поставување ветерници за производство на струја. Странците беа кај градоначалникот Панде Сарев и кај бизнисменот Ристе Љуботенски, доктор по екологија, човек кој пред десетина години ги изврши првите мерења на енергијата на ветерот, кој тврди дека за најмногу три години ќе ја ја изгради првата вистинска ветерница за производство на струја. Странците не криеја дека поседуваат сателитски слики кои им укажале дека источниот дел на Македонија е едно од најповолните подрачја во Европа во однос на присуството на ветерот, дека неговата енергија е значајна за производство на струја и правење големи пари од тоа.

ИМПРЕСИОНИРАНОСТ Данило Дураковиќ, менаџер на словенечката фирма „Комита“, ни потврди дека неговата компанија е подготвена, во инсталирањето ветерници во ветровитите подрачја во државава да вложи 150 милиони евра. „Татко ми беше офицер во поранешната армија и службуваше во Штип. Јас сум роден во овој град, но подоцна моето семејство се исели од Македонија. Мене во потсвеста ми останаа сеќавањата за ветерот во Штип, а кога ветерот стана интересен за производство на струја се сетив на тој факт и еве ме пак во родниот град. Се надевам дека со својот капитал нашата фирма ќе дојде на овие простори“, ни изјави Дураковиќ. Тој не криеше дека енергијата е клучното прашање на векот што го живееме и дека многу компании би сакале да го вложат слободниот капитал во енергетскиот сектор како мошне исплатлив бизнис. Тил Келпе, менаџер на “Бундесвербанд Винденергие“ од Хамбург, Германија, потврди дека нивен тим наскоро ќе дојде во Штип, зашто регионот, од аспект на ветерот имал голем потенцијал и, како таков, им бил мошне надежен од аспект на нивната заинтересираност за ширење на бизнисот во секторот на обновливата енергија.

Интересот на странците за енергијата на ветерот е производ на две сознајни нешта: прво, дека живееме во век на големата потрага по нови енергетски ресурси, битка која се води на сите делови од Земјината топка и второ, дека источниот дел од државата е можното ново елдорадо за бизнисмените кои гледаат со децении однапред, за оние „ што прават пари“ кои имаа(т) нос да ги насетат новите можности за големи профити, но и за државата да го супституира традиционалното производство на струја кое го имаме сега, чии ресурси не се обновливи, а уште помалу еколошки. На пројавениот интерес на странските бизнисмени (нашите, како и секогаш, доцнат) влијае и фактот дека од идната година Република Македонија ќе може да смета на претпристапните фондови од Европската унија, при што најголем дел од нив ќе бидат наменети за секторот енергетика, со акцент на „зелената“, односно еколошки чиста, обновлива енергија.

ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Кон средината на минатата деценија, во период од три години, д-р Ристе Љуботенски, изврши мерења на присуството, силината и константноста на ветерот на повеќе локации во источна Македонија. Овие мерења му биле неопходни за утврдување на можностите за економската исплатливост на силината на ветерот во производството на електрична енергија. „Тригодишните мерења покажаа дека во источна Македонија постојат сите услови за производство на струја преку искористување на енергијата на ветерот. И пред десет години пресметките покажуваа висока исплатливост на инвестициите. Денес технологијата на производство на централите на ветер е на многу повисоко ниво, бидејќи се употребуваат нови легури во производството на самите ветерници, што значително придонесува за зголемена ефикасност во преобразбата на енергијата на ветерот во електрична енергија. Тоа значи дека денес, од секој аспект, секоја инвестиција во оваа смисла е длабоко оправдана. Ова уште повеќе што светот создаде технологија за значително поефикасно складирање на струјата добиена од ветерот. Всушност, според моите истражувања и анализи, нашава држава има потенцијал со користење на енергијата на ветерот да добие 4.000 мегавати електрична енергија, што е за 6,5 пати повеќе од моќноста на РЕК ’Битола‘“, вели Љуботенски.

Според Љуботенски, Овчеполието, Штипско, потегот Неготино-Радовишко (регионот околу Конче), Ѓуриште кај Свети Николе, Пробиштипско, Виничко, Плачковичкиот терен, Осоговските Планини се најветровитите места во Македонија. Тој тврди дека на овој потег може да се изгради цело море од ветерници кои значително би го подобриле билансот на производство на електрична енергија од домашно потекло. „Пред десет години, кога ги завршив мерењата, со компанија од Данска, најпозната во производството на ветерници за добивање електрична енергија, постигнав договор за инвестирање во овој сектор. Но, тогаш во нашава држава не постоеше законска можност за приватни инвестиции во производството на струја. Ветерниците требаше да се постават во Штипско, но целиот процес се одложи се' до денес. Ќе бидам упорен и по најмногу три години ќе го реализирам овој свој сон“, вели Љуботенски. Тој е цврсто решен во близина на својата винарска визба, која е лоцирана шест километри од Штип на патот кон Радовиш, да инсталира ветерница со јачина од 250 киловат-часови, во што ќе инвестира половина милион евра. Ќе има доволно струја за својот капацитет, но и пазарен вишок. Вели дека инвестициите во ветерници се скапи, дека започуваат да се враќаат по десетина години, но нивното одржување понатаму не бара никакви пари, а овозможува високи профити.

БОРБА ЗА ЛОКАЦИИ Штипскиот градоначалник Панде Сарев вели дека странските бизнисмени кои биле кај него настојувале на секој начин да дојдат до повеќе податоци за ветерот во Македонија. „Тие самите рекоа дека сателитските снимки кои ги анализирале им го покажале патот кон Македонија и Штип како централна дестинација. Тврдеа дека плачковичкиот дел, Овчеполието и Штипско, просторот над рудникот ’Бучим‘ кај Радовиш, Ѓуриште кај Свети Николе имале неверојатно големи предиспозиции за производство на струја од ветерот. Од нас побараа да им дадеме локации на кои би поставиле инструменти за мерење на јачината и брзината на ветерот. Словенецот Дураковиќ рече дека тие би сакале да потрошат две години во мерењето на капацитетот на ветерот. Дека ветерот станува значаен фактор на енергетски план говори и фактот што ЕЛЕМ, пред една година, постави свои мерни инструменти во атарот на потплачковичкото село Шашаварлија“, потенцира Сарев.

Љуботенски, пак, тврди дека нашиот проблем што приватниот бизнис не вложува во овој сегмент лежи во фактот што државата се' уште нема административен капацитет за такво нешто. „Во рамките на ЕЛЕМ треба да има посебен оддел на кој единствена работата ќе му е да ги создава административните, законски предуслови за производство на ваков вид енергија. Тоа што државата треба да изгради стратегија воопшто не значи дека во неа ќе нема место за приватната иницијатива. Македонија има силна пропаганда за привлекување странски инвестиции, но странците главно купуваат готови фабрики или други објекти од разни деловни области. Мудроста е во тоа да се привлечат инвеститори кои би вложиле капитал во нови објекти. Енергетскиот сектор, можностите на земјата во моментално најбараната - еколошки чиста и обновлива енергија - широко ја отвора вратата за домашни и за странски инвеститори“, смета Љуботенски.

И „БУЧИМ“ ЗАИНТЕРЕСИРАН Во рудникот за бакар „Бучим“ сериозно се разгледува можноста за сопствени инвестиции во инсталирање ветерници. На такво нешто ги мотивира фактот што рудникот е во семејството на квалификувани (големи) потрошувачи на струја со што таа за нив станува мошне скапа. „До мај годинава цената на струјата во цената на готовиот производ учествуваше со 19,5 проценти. Откако се донесе уредбата која не' обврза 55 отсто од струјата да ја обезбедуваме од увоз, уделот на електричната енергија во цената на готовиот производ се зголеми на 30 проценти. Од Нова година целата струја ќе мора да ја набавуваме од увоз, по што струјата во цената на готовиот производ ќе учествува со преголеми 35 проценти. Во Германија еден мегават струја компаниите го плаќаат 60, а кај нас тој чини 80 евра. Поради тоа нашите намери сами да си обезбедиме струја која ќе ни ги намали трошоците на производството се мошне сериозни и во таа смисла веќе имавме некои контакти за вложување поголеми средства во ветерници“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор во рудникот.

Германското искуство со ветерниците е најдобро

„Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти. Австрија, Данска, Холандија, Шпанија се отидени многу напред во користењето на енергетските можности на ветерот. Во Германија, последниве години, во самата архитектура на зградите, се инсталираат мали, бесшумни ветерници од десет киловати кои обезбедуваат автономија во снабдувањето со струја. Во Јапонија, во куќите се вградуваат мали централи на ветер со елипси од само 50 сантиметри. Тие се планираат во проектите на зградите. Тоа е голема „мода“ во земјата на изгрејсонцето. Ние имаме одлични предуслови за примена на такви решенија“, смета Љуботенски.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 10-Jan-2008 at 19:36

Ова со ветерот е навистина интересно. Само не ми е јасно, како би бил дефиниран откупот и планирањето на производството, кога нели нема 365 дена по 24 часа ветер на ниту една локација??? Какви се гаранциите дека во секој момент тие ветерници ќе произведуваат струја, посебно што складирањето и акумулирањето на големи количини електрична енергија е многу неефикасно, скапо и речиси невозможно.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jan-2008 at 20:27


Да ова е интересна тема.

Јасно е дека тој дел на Македонија има добар потенцијал за производство на електрична енергија од ветар.

А на глупостите на новинарот от типот за складирање на електрична енергија не би им обрнувал многу внимание. Претпоставувам дека при поголемо учество на ел. енергија добиена од ветар, системот најдобро би се балансирал со зголемување на домашните хидро капацитети, кои се најфлексибилни по некоја моја лаичка ама прилично очигледна логика. Исто така и со отвореност на пазарите на ел. енергија.

Еве уште една глупост:
Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти.

Nuts

Во Германија во 2006 достигнале прилично голема искористеност на потенцијалите и вкупното учество на ветерот во производство на ел. енергија бил блиску до 5%. Тоа е секако фантастичен резултат, ама е далеку од 30% кои не знам како успеале да се најдат во текстов.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jan-2008 at 20:35
@ La Linea

Пак си забораил да ставиш линк LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jan-2008 at 21:16
еве уште една вест

Општината Конче кај Радовиш почна да произведува струја на ветер за уличното осветлување
Струја на ветер. Денеска, за прв пат во Македонија, протекоа првите киловати електрична енергија произведена од мини ветерницата во општина Конче радовишко. Првичното производство е симболично. 50 киловати. За градоначалникот Стојан Лазаров доволно општината да ги избрише трошоците за потрошената струја за улично осветлување:
- На него се монтирани рефлектори и има дополнителен извоз за уште 6 улични светилки, а може да се користи за секаква намена.
 
Во деновите без ветер, енергијата не се губи. Од акумулатори сместени во телото на ветерницата, може да се користи струја четири денови нон стоп. Жителите тврдат, Конче е едно од нај ветровитите места во источна Македонија.
 
Договорот склучен, помеѓу Конче и австриската компанија Нес холдинг и консалтинг, годинава ги обврзува Австријците за старт на проектот Парк на ветерници. На сртот од Конечка планина, компанијата од Виена ќе постави 15 ветерници со значителна поголема производствена моќ, доволно да ги покрие потребите на жителите од радовишко и дел од штипскиот и струмички атар. Главен стожер во профункционирање на системот за производство на струја од ветер е германската асоцијација за технолошки развој ГЕ ТЕ ЗЕ.


Извор: http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28067&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Канал 5


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Jan-2008 at 01:03
Previous БРАВО! Applause

А чекајте малце - „складирање на енергија“? Па зарем не може да се извезува - ако станува збор за вишок на енергија? Зарем е теоретски возможно СКЛАДИРАЊЕ на толкаво количество енергија?!

@Clover ... Bonk

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=51D3CB12BA768F47922E916DB724E2AD


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Feb-2008 at 19:08


Трка да се искористи ветерот во Штип

Претставници од пет европски држави барале одобренија од општината за поставување ветерници

Иван Бојаџиски

Штип - Светски бизнисмени, претставници на компании кои вложуваат во новите енергетски можности, го опседнаа Штип. Во градот под Исарот тие доаѓаат на крилјата од ветерот, поттикнати од неговите големи енергетски можности. При средбите со градското раководство сите странци говорат дека сателитските снимки им покажале дека Штип и околината се европски подрачја во кои вреди да се инвестира во ветерници. Тие само го потврдиле фактот дека на ова подрачје ветерот е константен, што е негова најголема вредност за тој да се стави во функција на производство на електрична енергија.

Градоначалникот на Штип, Панде Сарев, вели дека досега кај нив дошле претставници од пет европски држави. Сите тие барале општината ургентно да им даде одобрение за поставување ветерници.

„Порано од нас се бараше терен за поставување мерни инструменти со кои ќе се констатирало присуството и константноста на ветерот. Сега директно се бара поставување ветерници. Тој факт говори дека тие, од повеќе свои извори, добиле сигурни сигнали дека на штипскиот простор може да се прави профитабилен бизнис преку користење на постојаната енергија на ветерот.

- Кај нас дојдоа компанијата „Комита“ од Словенија, потоа СЕБА и СКК од Германија, компании од Шпанија и од Австрија. Сите се подготвени да инвестираат големи пари и на нашава општина да и' плаќаат надомест од еден процент од цената по која ќе ја продаваат струјата. Некои од нив бараат терени веднаш, зашто имале можности една ветерница да постават само за една недела“, вели Сарев.

Ристе Љуботенски, експерт по екологија, пред 13 години прв почна да ја мери енергијата на ветерот во овие краишта. Според него, овој енергетски извор е светски тренд. Љуботенски тврди дека секоја инвестиција се исплатува под услов инвеститорот да е подготвен извесно време да чека на првите профити.

„Влогот во ветерници не е мал. За производство на еден киловат струја од ветер мора да се вложи 1.000 евра. Во ветерница од 250 киловати потребно е вложување од 250.000 евра, а во ветерница која би произведувала еден мегават - еден милион евра. Инвестицијата се враќа по најмалку седум години, но она што е најважно за овој процес е фактот дека одржувањето на ветерниците е речиси бесплатно. Или за одржување на една ветерница годишно се вложува сто долари“, објаснува Љуботенски. Тој е цврсто решен првата ветерница од 250 киловати да ја изгради во близина на својата винарска визба „Имако вино“ на шестиот километар покрај патот Штип-Радовиш.

Штипско и Овчеполието, Плачковичкиот регион и просторот околу Конче, се подрачја на кои дуваат најповолни ветрови за производство на електрична енергија. Градоначалникот Сарев вели дека посети на Штип најавиле уште три компании од три европски земји. Сите тие биле заинтересирани за новата штипска и македонска енергетска можност -ветерот. Најави за инвестирање во овој бизнис доаѓаат и од домашни фирми, меѓу нив и од самиот Штип, но тие од градоначалникот побарале да не бидат објавувани нивните имиња.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EDF05C07A3770940B7050AD97CA1E592 - Утрински весник .

Супер Banana

Не разбирам. Дали ова значи дека овие компании ќе добијат дозволи да градат ветерници?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:57
ДОМАШНИ ФИРМИ БАРААТ АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Ветерници над Охрид
На Галичица се мери брзината на ветерот за да се утврди дали Охрид може да користи алтернативни извори на енергија

На определени делови на планината Галичица кај Охрид, поставени се мерни инструменти кои треба да покажат дали градот може да се снабдува со струја од алтернативни извори на енергија, односно преку ветерници. Инструментите ги поставиле домашни фирми, а резултатите од нивните испитувања наскоро ќе бидат познати. Стручњаците најмногу ги интересирала брзината на ветерот и континуитетот во движењето на воздушните маси, ни изјави вчера градоначалникот на Охрид Александар Петревски, кој деновиве заедно со уште петнаесет градоначалници од Македонија престојуваше во Австрија. Нашите градоначалници имале можност да се запознаат со австриските искуства во користењето на водата за производство на струја, но и со алтернативните извори на енергија.
"Ние таму, посебно во Долна Австрија, имавме можност да видиме како водата, гасот, ветерот, па и отпадот се користат за производство на струја. Иако се работи за скапи проекти, за нас од Македонија посебно беше интересно искористувањето на отпадот и на ветерот во производството на електрична енергија. Можеби Охрид, поточно неговата околина и не е толку погоден за градба на ветерници, но за просторот на Овчеполието, според кажувањата на стручњаци, тие би покажале добри ефекти", ни изјави градоначалникот Петревски. (Д.Ч.)
http://vest.com.mk/default.asp?id=149829&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija - http://vest.com.mk/default.asp?id=149829&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Apr-2008 at 00:59
Има некои проекти и за мариово, и за овче-поле мислам! Ај кога ќе се среди темава све ќе си дојде на место.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 01:03
Ја го отворив топиков а ти ми го презема а? а што си ти @La Linea , a baska i si mnogu brz..SmileSmile


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Apr-2008 at 01:28

fight fight fight LOL



Posted By: ProMKD
Date Posted: 08-Apr-2008 at 02:01
Ова со ветерници неколку на галичица и може да допринесе за туризмот.. доволно ќе биде да бапнат една слика од галичица со ветерница на туристички флаер и готово - Охрид станува покрај антички град, и модерен и "зелен" град! Со памет може ова само добро да донесе


Posted By: Katz
Date Posted: 09-Apr-2008 at 14:40
Originally posted by Cloverstack



Еве уште една глупост:
Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти.

Nuts

Во Германија во 2006 достигнале прилично голема искористеност на потенцијалите и вкупното учество на ветерот во производство на ел. енергија бил блиску до 5%. Тоа е секако фантастичен резултат, ама е далеку од 30% кои не знам како успеале да се најдат во текстов.
 
Во 2004 година бев во најсеверната област Шлезвиг Холштајн во ветерен парк (2.400 ветерници, инсталирана моќност 1.600 мегавати). Тогаш 22 % од струјата во оваа област беше произведена од ветерници.
Посебно северниот дел на Германија има голем потенцијал и се инсталирани ветерници со моќност од преку 10.000 мегавати).
 
Повеќе за една од германските фирми што се заинтересирани да инвестираат во Македонија може да прочитате на http://www.seeba-online.de/ - www.seeba-online.de/
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Apr-2008 at 19:54
Здраво Катз Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 09-Apr-2008 at 21:36
Добродојде Katz. Дали си истиот Katz од пунгас.ком ? 


Posted By: Katz
Date Posted: 09-Apr-2008 at 22:38
Yup.
 
Фала за добродојдето.


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:16

Велкам Катз Cheers



Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Apr-2008 at 12:50
Одлични бројки! Cheers

Наскоро нови 40 ветроелектрани во Гевгелија

Дамнешната желба на гевгеличани за инсталирање на ветроелектрани станува реалност. Со издавањето на локациските услови од Министерството за животна средина се отвора постапката за инсталирање на 40 ветроелектрани со моќност од 1-3 мегавати и производство на максимум 4.5 милиони киловат часови годишно.

Овој атрактивен проект го реализира австриската компанија „Нова Енергија“ која преку ново отворената фирма „Ветропарк“ наскоро ќе започне со поставувањето на пробни ветроелектрани.
 

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=29009&kategorija=2 - Net press
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 29.04.2008 13:55:40


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 22:35

Се мисли 1-3 мегават по ветроелектрана или за сите 40??????? Question Ако е по 1-3 тогаш ова е стварно добра вест, на пример козјак има 80МВ а еден блок во рек битола 225 МВ така д анов какпацитет од 40-120МВ воопшто не е мала работа особено за наши услови.....


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Apr-2008 at 22:51

Просечно годишно производство на Козјак е 156 GWh, а максимално годишно производство на овие 40 ветерници ќе биде 4.5 GWh. Не е некоја фрапантна бројка, ама е супер почеток.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 23:03
Значи инсталираниот капацитет не значи многу кај ветернициве......


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jul-2008 at 02:17

Во Овчеполието ќе никнат 90 ветерници

Договорот вчера гопотпишаа Дејвид Браун, претседател на компанија ЕИЏ, и градоначалникот на Свети Николе

Иван Бојаџиски

Штип - Деведесет ветерници со вкупен производствен капацитет на 200 мегавати електрична енергија ќе бидат инсталирани во Овчеполието во наредните две години. Вредноста на инвестицијата изнесува 360 милиони евра. Инвеститор е израелско-британската компанија ЕИЏ. Договор за оваа инвестиција во овој земјоделски крај вчера потпишаа Дејвид Браун, претседател на компанија ЕИЏ и Слободан Даневски, градоначалник на Свети Николе.

Овчеполието е еден од најпогодните региони на стариот континент за производство на струја со искористување на енергијата на ветерот, констатирале во компанијата ЕИЏ по подолго анализирање на сателитските полиња на ветер во Европа. „ Ние сме сериозна фирма која располага со голем капитал, а последниве шест години континуирано инвестираме во искористување на алтернативните енергетски извори. Во Полска имаме ветерници со јачина од 600 мегавати, а сега сакаме да инвестираме во Македонија зашто енергетските потенцијали на вашата земја, посебно во Овчеполието и источните краишта, се импозантни“, изјави Браун.

Од ова компанија најавија дека за околу шест месеци на три локации во Овчеполието ќе започнат да ги инсталираат првите ветерници. Во реонот на селото Павлешинци ќе бидат инсталирани 14, во Стањевци десет и на Богословец седум ветерници. Другите ќе бидат инсталирани во рок од две години на неколку други, ветровити локации во овој регион.

Според градоначалникот Даневски, во овие предели ветерот е константна појава со средна јачина од осум метри во секунда, што без проблем може да придвижи ветерница со јачина од два мегавата. Браун и Даневски изјавија дека во целиот процес ќе им работа за многу домашни фирми. Оваа голема инвестиција, според двајцата потписници на договорот, ќе имала значајно внимание на вработувањето и на подобрувањето на вкупната економија на Свети Николе.

Дејвид Браун помппезно најави уште позначаен, дури неверојатен проект. Тој потенцира дека во компанијата најсериозно ја рагледувале можноста во југоисточниот дел на Македонија, од Овче Поле до Богданци, да инсталираат системи за соларна енергија за производство на струја. Во овој проект тие биле подготвени да инвестираат една милијарда евра. Браун не сакаше повеќе да открие за проектот, најавувајќи дека тоа ќе го сторел откако сите дилеми ќе биле расчистени во рамките на компанијата.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00D50D231AC7EE4E8F33BC35F3D9D6DD - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00D50D231AC7EE4E8F33BC35F3D9D6DD
 
Од коментарите на утрински Yes
 
Од: Itar Pejo
Датум: 24.07.2008 00:18:31
Ako samo pisuvavte deka vo ovcepolieto ima pogodni uslovi za veternici ce bese vo red. Ama deka "е еден од најпогодните региони на стариот континент " malku mi e neseriozno. A deka bas vo Makedonija ce investiraat edna milijarda me podsetuva na Tupurko.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 16:04
може мариовецот е во право за милијардата и за потенцијалот, но погорните извадоци а исто и овој го заобиколуваат неговиот песимизам...
http://www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=795 -
http://www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=795 - www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=795 http://www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=795 -

Словенечка фирма врши мерења на ветрот во Штип



Општина Штип и словенечката фирма Комита денеска потпишаа меморандум за соработка за поставуање на мерачи за јачината и постојаноста на ветрот во околината на Штип.

- Ако резултатите од мерењата се добри тогаш за една година сме подготвени да вложиме во изградба на ветерници на неколку локации. Планираме да изградиме енергетски објекти со јачина од 50 до 100 мегават часови, или преку европските фондови да обезбедиме и да вложиме 150 милони евра, истакна Данило Дуракович, претставник на фирмата Комита.

- Очекуваме забрзан економски развој ако успее проектот. Мора да се ориентираме кон користењето на обновливите извори на енергија, додаде Панде Сарев, градоначалник на општина Штип.

Во моментот во Источна Македонија, независно од овој проект се поставени мерачи на ветрот на четири локации како дел од проектот финансиран од норвешката Влада.

2007-11-20


иако е постара објава сепак нека ја има.
исто порталот енергетика има и профи е-зин, добри текстови, екстра фото обработка...
http://www.energetika.com.mk/archive.php  - www.energetika.com.mk/archive.php
http://www.energetika.com.mk/archive.php  -



Posted By: shyes
Date Posted: 17-Sep-2008 at 19:00

An Israeli company will construct the first solar power plant worth 1 billion euros in the vicinity of Sveti Nikole that will solve the chronic problem with lack of electricity in the country. 
Ovce Pole, where there are 319 sunny days in the year will be the first solar valley in Europe where the solar energy will be maximally used. The signing of this agreement between Sveti Nikole Mayor and the leading people of the Israeli multinational company AIG for construction of 90 windmills that took place in June heralded the construction of the solar valley. From within the Israeli company they promised that the windmills will be finished in six months and the power plant in three years.
Sources: Spic; Kanal5

качено од http://www.skopjediem.com/assets/pages/sub_news2.html

ApplauseBanana
RollinEeek

Ова ако дојде реалност ќе биде па супер.

Брз превод, се планира да се гради Соларна станица за енергија и 90 ветерници.

1 милјарда евра за Соларната а преку други вести милам околу 360 м евра за Ветерниците.

АИГ ветува дека ветерниците ќе се доизградат за 6 месеци, а соларната станица за 3 години.

п.с Море остарев 100ти пост Cheers



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:14
ВАШИНГТОН

СРЕДБИ НА ВИЦЕ-ПРЕМИЕРОТ СТАВРЕСКИ И МИНИСТЕРОТ СЛАВЕСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКАТА БАНКА И ММФ
... начелно се договорени околу 30 милиони евра нова поддршка од Светската банка за Македонија во неколку проекти...
... додека останатиот дел од средствата ќе бидат искористени за изградба на најмалку четири ветерници ...

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=55949199AFA86948AFB0CA9F4A31E208 - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=55949199AFA86948AFB0CA9F4A31E208

!!!??? Ова како експеримент или ...


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:45
сигурно мислеле на ветерници како ветерни мелници а не за струја

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2008 at 02:19

Шпанци ќе градат ветерници и фабрика во Штипско

Компанијата „Инвал“ од Шпанија е подготвена да изгради 50 ветерници за производство на електрична енергија

Иван Бојаџиски

ШТИП - Шпанската компанија „Инвал“, која во нашава држава има формирано мешовита шпанско-македонска фирма „Виста групација“, е подготвена да изгради 50 ветерници за производство на електрична енергија во Штипско. За да го инсталираат првото поле на ветерници кај нас, Шпанците се одлучиле по полугодишното, завршно мерење на интензитетот и константноста на ветерот во атарот на Лакавичкиот регион. Својата конечна одлука тие му ја претставија на штипскиот градоначалник Панде Сарев.

„Тие се задоволни од резултатите што ги покажале нивните мерни инструменти во полугодишното мерење на ветерот во Лакавичкиот регион во општината. Притоа, потврдија дека овој дел од Македонија е меѓу најповолните локации за производство на еколошки чиста и обновлива енергија. Шпанците се подготвени да склучат договор со општината веднаш откако Република Македонија ќе ги донесе сите прописи што се однесуваат на алтернативните енергетски извори“, изјави градоначалникот Сарев. Тој додаде дека, според најавите, прописите од оваа област ќе бидат готови до крајот на годинава, а ќе се применуваат од почетокот на идната година.

Стеван Пулејковски, кој е на чело на „Виста групација“ во Македонија, потенцира дека во почетокот на 2009 година, тие во Штипско ќе ги изграделе првите педесет ветерници. Секоја од ветерниците ќе има јачина од три мегавати, со што би се добивала електрична енергија од 150 мегавати. Овој потфат компанијата ќе ја чинел од 150 до 200 милиони евра. „Виста групација“ имала став дваесет проценти акции од вкупната инвестиција да ја понудат на заинтересирани компании и поединци.

Според градоначалникот Сарев, „Инвал“, преку својата мешовита фирма во нашава држава, била со намера во Македонија да инвестира во ветерници чиј капацитет би бил производство од 500 мегавати.

Според искажувањето на претставниците на компанијата, нивните намери биле сите ветерници да ги изградат во источниот дел на Македонија, најмногу во овчеполско-штипскиот дел. Ако од Македонија добијат шанса за такво нешто, тогаш „Инвал“ бил подготвен во нашава држава да изгради и фабрика за ветерници која би работела за потребите на ветровитиот Балкан.

Во намера да ги користат големите ресурси на ветерот, да произведуваат електрична енергија и од тоа да профитираат, во последните осумнаесет месеци во Штип дојдоа претставници на единаесет странски компании од шест европски држави. Меѓу нив и една компанија од Шпанија, но тоа не беше „Инвал“, туку „Хаса“.

Во март годинава на разговорите во Штип интересите на „Хаса“ ги застапуваа менаџерот Хосе Луис Кареско, а за оваа компанија лобираше и светски познатиот ракометар и тренер на скопски Вардар, Веселин Вујовиќ. Никој не можеше да даде податоци дали „Инвал“ е, всушност, „Хаса“, зашто токму „Хаса“ тогаш бараше локации за да инсталира свои мерни инструменти.

И во Свети Николе израелско-британска компанија водеше преговори за инсталирање на 150 ветерници во Овчеполието и на Богословец. Имаше подготвеност од компанијата да инвестира милијарда евра за изградба на сончеви колектори во југоисточниот дел на Македонија. Но, досега за ова нема конкретни резултати ниту во Штип ниту во Овчеполието.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=885451C93BA04141A47F0E031154669B




Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 23:37
ШТИП - Во Локалната самоуправа е потпишан договор со шпанската фирма Инвал за поставување 50 ветерници од по 3 мегавати, меѓу селата Љуботен и Шашаварлија. Шпанците повеќе месеци ги меркаа местата каде треба да бидат поставени ветерниците, особено брзината на ветерот. За поставување ветерници во Штип изразија желба и други странски компании, кои на повеќе места поставија мерни единици. Ефектуирањето на конкретните договори треба да се очекуваат идната година. Ова е првиот договор меѓу локалната самоуправа во Штип и една странска фирма, заинтересирана за користење на ветерниците за создавање на електрична енергија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D194A526FD17714A9C43AEE1A176C9BF



Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Nov-2008 at 12:50
многу најави, сеуште никаква реализација

Ќе се градат ветерници за производство на струја

 

 

Израелската компанија Е.И.Г. Реневблс во следниве неколку години во Македонија сака да вложи над 350 милиони евра во изградба на ветерници за производство на струја.

Ветерниците ќе бидат поставени во околината на Свети Николе. Претседателот на компанијата Дејвид Браун во соработка со Електростопанство на Израел го доставил планот до владата, а освен ветерници сакаат да градат и соларна централа, која според проценките ќе чини двојно повеќе од ветерниците.

„Во период од неколку години вкупната инвестиција ја проценуваме на над 350 милиони евра. Тоа не ја вклучува инвестицијата за соларната енергија, со соларната енергија ќе започнеме веднаш штом ќе добиеме земјиште и други одобренија од владата, најверојатно прво ќе започнеме со инсталација на соларната енергија“, изјави Дејвид Браун, Претседател на Е.И.Г. Реневблс.

Освен во Македонија Е.И.Г. Реневблс вакви алтернативни извори на енергија ќе гради и во Косово, Бугарија и Албанија. Ветерниците и соларните панели за сите овие држави ќе ги изработува прилепски „Металец“, каде вчера беше склучен и договорот.

„Таа инвестиција во Металец моментално според нашите пресметки ќе изнесува над 10 милиони евра. Со овој чекор мислиме дека Прилеп ќе го направиме енергетска долина во регионов“, изјави Јандре Здравески, директор на „Металец“.

Се очекува соларни панели да бидат поставени во неколку делови на Македонија. За таа цел во Прилеп ќе се започне со монтирање на комплетно нова хала за нивно производство. Целата технологија како и човечките ресурси ќе бидат инвестиција на Израелците. Се очекува реализација на проектот идната година.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99796


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2008 at 00:16

Шпанци и Австријци ќе градат ветерници во Штип и во Радовиш

Инвестициите на „Инвал“ и на „Нова енергија“ се вредни 220 милиони евра

Иван Бојаџиски

ШТИП, РАДОВИШ - Шпанци и Австријци се заинтересирани да инвестираат 220 милиони евра за изградба на ветерници во Штип и во Радовиш. Шпанската компанија „Инвал“ најавува 50 ветерници со моќност од 150 мегавати на повеќе локации во Штипско, додека австриската фирма „Нова енергија“ ќе инвестира во 15 ветерници во близина на рудникот „Бучим“.

Интересот штипскиот ветер да се стави во функција на „погонско гориво“ за производство на струја постои веќе две години. Единаесет странски фирми од осум европски држави ја испитуваа(т) можноста за изградба на полиња (фарми) на ветерници. Како што сега стојат работите, „Инвал“ е најблиску да го отвори првото шише шампањско. „Нова енергија“ е втората австриска компанија, која во Радовиш го најавува својот интерес да инвестира во ветерници.

Мигуел Арагонес, прв директор на шпанската компанија „Инвал“ вчера со својот тим дојде во Штип, носејќи во актовка предлог-договор за ветерници. Во придружба на Арагонес беше и Еусебио Квел, прв човек на инвестицискиот фонд „Капитал“, што финансиски застанува зад најголемата инвестиција на зелена енергија последните години во Штипско.

Штипскиот градоначалник Панде Сарев вели дека „Инвал“ половина година испраќал луѓе кои преговарале за ветерници. Според него, ова било највисоко ниво на посета, чија цел била конечно завршување на преговарачката фаза и практична реализација.

„Тие предадоа предлог-договор, а ние определивме рок до крајот на овој месец да го разгледаме. Она што стои во документот е прифатливо. По шестмесечни преговори, веќе сме сосема близу до целта“, вели градоначалникот Сарев.

Според Мигуел Арагонес, „Инвал“ е подготвен од почетокот на идната година да го реализира проектот.

„За големата инвестиција се потребни осумнаесет месеци. Во Штипско ќе реализираме фарма на ветерници која ќе го надгради македонскиот електроенергетски систем со 150 мегавати. Наша цел е во Република Македонија да инсталираме ветерници на повеќе локации. Повеќегодишното истражување потврди дека источниот регион има големи потенцијали за производство на струја со помош на ветер. Ќе продолжиме и понатаму зашто ги испитуваме и можностите за искористување на сончевата енергија“, потенцира Арагонес.

Од инвестицискиот фонд „Капитал“ сметаат дека во време кога светот е во потрага по нови, обновливи извори на енергија, секоја инвестиција е исплатлива.

„Финансиски го поддржуваме проектот и стоиме со сите капацитети. ’Инвал‘ е компанија број еден во изградбата на полиња на ветерници во Европа. Имаат огромно искуство на тоа поле и нашата доверба во нив е исклучително голема. Светот полека ги напушта традиционалните извори на енергија, пред се' термоцентралите како големи загадувачи на животната средина. Примарни се обновливите извори како што се ветерот, сонцето и топлите подземни води“, потенцира Еусебио Квел.

Шпанците рекоа дека се импресионирани од начинот на кој штипската локална власт реагирала на нивната понуда.

„Воодушевени сме од брзината и од квалитетот на преговорите со градоначалникот и другите локални структури. Тоа дава надеж за исполнување на плановите во идната година. Наша идеја е во изградбата на делови за ветерниците да вклучиме и македонски компании“, најави Арагонес.

И радовишкото подрачје станува интересно за ветерници. Во понеделникот, претставници на австриската компанија „Нова енергија“ беа кај градоначалникот Роберт Велков, најавувајќи изградба на ветерници.

„Ова беше прва посета на претставници од австриската компанија во Радовиш. За почеток потпишавме договор за соработка на ова поле. Од „Нова енергија“ се заинтересирани на теренот над рудникот „Бучим“ да изградат петнаесет ветерници во што компанијата ќе инвестира 20 милиони евра. Оваа фирма пред две години отвори канцеларија во Скопје и работи на полето на обновливи енергии. Тие најавија нова посета до крајот на годинава кога очекуваме да имаме напредок во постапката“, изјави градоначалникот Роберт Велков.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BCA4EBEFDC655D42B6B3C46DCFADB8CA



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2008 at 01:21

Штипските ветерници помоќни од сите хидроцентрали

Капацитетот на 50 ветерници е 10 проценти од вкупното домашно производство на струја

Иван Бојаџиски

Штип - Македонија има дефицит во производство на електрична енергија, па од исклучително значење е конечната решеност на шпанската компанија „Инвал“ да гради ветерници за производство на струја во атарот на општина Штип. Во „ЕВН Македонија“ проценуваат дека најавената инвестиција на Шпанците во инсталирањето педесет ветерници со вкупен капацитет од 150 мегавати електрична енергија ќе го подобри домашното производство за десет проценти.

Вкупниот производствен капацитет на електрична енергија на Македонија изнесува 1.500 мегавати. Информациите дека ветерниците што ќе ги инсталира шпанската компанија во Штипско по Нова година се со производствен капацитет од 150 мегавати говорат дека Македонија ќе го зголеми сопственото производство за десет проценти. Во услови на голема увозна зависност, тоа е повеќе од одлична вест“, ни изјави Ленче Карпузовска, портпарол во „ЕВН Македонија“.

Според Карпузовска, најавените педесет штипски ветерници се со четирипати поголем капацитет од сите македонски хидроцентрали заедно, кои по извршените ремонти и реконструкции, имаат вкупен капацитет од четириесет мегавати.

„Треба да се има на ум и тоа дека ТЕЦ ’Неготино‘ е со капацитет од 210 мегавати, само 60 мегавати повеќе од капацитетот што се најавува за ветерниците во Штипско“, вели Карпузовска. Добрата вест во случајот со ветерниците е дека тие работат на ветер, кој е обновлива, вечна и еколошки чиста енергија, додека термоцентралата кај Неготино троши скапа енергија (мазут) за да произведе струја.

Шпанци, Германци, Австријци, Руси, Французи минатата и оваа година доаѓаа во Штип, Свети Николе и во Радовиш, при што со локалните раководства ја разгледуваа можноста за инсталирање ветерници. Некои од нив за лобирање кај градските власти ангажираа и познати личности од Македонија, како што го направи тоа една шпанска фирма со ангажманот на познатиот ракометен тренер Веселин Вујовиќ. Австриската „Нова енергија“ во почетокот на минатата недела во Радовиш бараше локации за изградба на петнаесет ветерници. Од компанијата најавија подготвеност веднаш, откако ќе се потпишел договорот, да започнат со инсталација на ветерниците.

Летоска во Свети Николе престојуваше поголема делегација на англиско-израелската компанија ЕИЏ, која во Полска има изградено повеќе фарми на ветерници од кои полското електростопанство добивало 600 мегавати струја. Дејвид Браун, претседател на компанијата, тогаш даде интересна изјава. „Светот е пред вистинска енергетска револуција. Тој се' повеќе се свртува кон т.н. зелена енергија, како што се ветерот, сонцето, геотермалните води, биогасот. Во компанијата имаме сателитско истражување на ветровитите и сончевите подрачја во Европа. Заклучивме дека Македонија има исклучителни ресурси на ова поле. За почеток би сакале во Овчеполието да стартуваме со 90 ветерници чиј капацитет подоцна ќе го утврдиме. Наша цел е на ова ветровито подрачје да инсталираме повеќе ветерници, по што Македонија сосема ќе ја елиминира својата увозна зависност. Конечната цел не' води кон тоа југоисточниот дел од Македонија да го покриеме со сончеви колектори за производство на електрична енергија. Во тој процес подготвени сме да вложиме една милијарда евра“, рече првиот човек на ЕИЏ, чие седиште е во Лондон.

Шпански „Инвал“ и Општина Штип договорија потпишување на конечниот договор за изградба на првите ветерници до крајот на годинава, а веднаш потоа да се стартува со изградбата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4C5593406DE1294F81C8DD327E8CA5C2




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2008 at 02:01
Уште еден површен па и неточен текст Roll%20eyes

Според Карпузовска, најавените педесет штипски ветерници се со четирипати поголем капацитет од сите македонски хидроцентрали заедно, кои по извршените ремонти и реконструкции, имаат вкупен капацитет од четириесет мегавати.
Само ХЕ Глобочица на пример има 42MW


Инаку во текстов воопшто се форсира некаква теза дека ветернициве се толку супер што безмалку ќе ги решат нашите енергетски проблеми. Се велича нивната моќност, но никаде не се спомнува дека производството е непостојано и непредвидливо. Значи вкупното количество произведена електрична енергија е многу помало отколку што нивната моќност теоретски дозволува, а потоа тоа е потешко вклопливо во енергетскиот систем затоа што не може да се контролира и темпира.
Термоелектраните на пример се проектираат по можност да работат цело време при својот максимален капацитет (каде се и најефикасни) и тие континуирано и сигурно обезбедуваат големи количества електрична енергија. Акумулационите хидроелектраните не произведуваат континуирано (значи како и кај ветерниците, вкупното прооизвоство им е значително помало од тоа што им дозволува инсталираната моќност), но водата може да се складира и кога е потребно да се употреби за „пеглање“ на варијациите во побарувачката. Тоа пеглање може да биде во голем опсег, а сепак прецизно да се изведе. Тоа е многу важно за стабилноста и ефикасноста на системот и е огромен плус за хидроелектраните.
Ветерниците ниту ќе обезбедат толку големи количини ел. енергија на годишно ниво, ниту пак може прецизно да се ускладат со остатокот од системот.

Не дека ветерниците не се добра работа, баш напротив - повеќе од добродојдени се. Претпоставувам при отворени енергетски пазари нивната корисност е и значително поголема него во позатворен мал систем. Ама ме нервира сензационализмот, плиткоста во пристапот и колку лесно кај нас се ствараат митови. Неинформиран човек од текстов најверојатно ќе си заклучи дека ветерниците се идеални за сите потреби и дека тие сами по себе се решението за нашите енергетски дилеми и проблеми. Ете добра тема за маалски и кафански експерти Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2008 at 06:55
Кловер впрочем и не само со ветерниците, него со многу новитети кои се донесени кај нас вака се постапува. Очекуваме чудо. Во светски рамки само 0.8% од произведената обновлива енергија е со потекло од алтернативните извори заедно, додека хидроенергија учествува со 13%, што е 16 пати повеќе од алтернативната. Епа сега ако удриме проста математика доаѓаме до заклучок дека Македонија или ќе има 65 пати ветерници повеќе него светскиот просек или па дека Македонија има 4 пати помалку хидроцентрали од просечното. Нормално и една од двете ситуации не кореспондира со нашата домашна ситуација.

Секако не може воопшто светските просеци да ги порамнуваме на локално ниво, но ова е очигледно голем лапсус. Ова повеќе ми изгледа како новинарска грешка одколку грешка на лице од ЕВН. Ја мислам дека сакаат да кажат дека ветерниците заедно се појаки од една реновирана хидроцентрала. Изгледа на новинарот му киднала фразата "сите заедно", па сега читаме свашта.

http://en.wikipedia.org/wiki/Renewable_energy - http://en.wikipedia.org/wiki/Renewable_energy


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Nov-2008 at 20:20

http://iris.ftpaccess.cc/index.php?option=com_content&view=article&id=110:-3-&catid=39:lokalnivesti&Itemid=83 - ШТИП - Фармата за ветерници ќе биде готова за 3 години - Ирис - 19.11.2008

http://www.mia.mk/default.aspx?vId=59225375&lId=1&pmId= - Австриската фирма „Ри Енерџи“ потпиша спогодба со општина Радовиш за изградба на фарма на ветерници.

Претставникот на фирмата Волфган Шмитнер вели дека на подрачјето на Радовиш има можности да бидат поставени 15 ветерници и оти подрачјето одговора за производство на зелена енергија.

Градоначалникот на општина Радовиш Роберт Велков потенцираше дека по потпишувањето на спогодбата ќе бидат посетени неколку локации за поставување на фармата на ветерници. Од сите локации најпогодна е онаа во близина на рудникот Бучим.

Фирмата „Ри Енерџи“ има искуство во производството на зелена енергија, во Австрија со оваа дејност започнале да се занимаваат пред 25 години и имаат неколку фарми на ветерници.

http://www.mia.mk/default.aspx?vId=59225375&lId=1&pmId= - МИА - 19.11.2008



Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Dec-2008 at 13:07
Ветерниците во Македонија

Деновиве медиумите не затрупаа со изненадувања за практичната реализација на таа идеја, која од понеупатената јавност беше примена со овации: "Алал да им е на тие што го откриле тоа, ќе не спасат од темнината".

Дали другата страна на медалот е исто толку розова?

Ветерната енергија е еден од најстарите видови енергии, користена од памтивек. Во поглед на развојот на користењето на алтернативните видови енергии најмногу успех постигнаа развиените земји, користејќи ја, пред се, привилегијата на капитал и висок технички морал. Познати се огромни ветерни фарми во Калифорнија, Западниот брег на Европа, Јапонија и други земји што поседуваат обали, пред се, западни.

Работите во Македонија и на Балканот во поглед на ветерот не смее да бидат чисто пресликување на светските искуства, затоа што тоа овде е нешто сосема друго.

Уште во 1993-та на советувањето што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК) на темата"Алтернативни енергии" беше претстаставен научниот труд "Ветерот како енергетски потенцијал во Македонија" изработен од проф. А. Арсенов од ЕТФ Скопје и П. Ристевски од РХЗ Скопје. Тој труд беше оценет како еден од подобрите трудови во тематската област "Новите обновливи енергетски извори во МК". Научниот труд се темели врз емпирични сознанија за оправданост со цел да се инсталира ветерница на најветровитото место во Македонија, Три Чешми кај Штип.

Еве ги порелевантните податоци од тој стручен труд: кај Три Чешми се добиени очекувани средночасовни брзини на ветерот во текот на годината од 4,18 до 5,21 м/сек., со среднозадоволителна зачестеност. Брзини на ветер под 5 м/сек. воопшто не се надежни за енергетски цели, а за Македонија тоа ќе бидат реперни номинални појдовни параметри за сите понатамошни пресметки за ветерниците. Од тие брзини на ветер може максимално да се очекува: специфична добиена електрична снага од 25 W/m2 површина на елиса; ел. енергија од 0,5 25 W/m2 дневно, 15 25 W/m2 месечно и 180 25 W/m2 годишно.

И сега да се вратиме на експерименталната ветерница на Водно: "Перките на елисата се долги 80 см, а чини само 3.000 евра, со подготвените проекти за уште 4 поголеми ветерници, кои ќе чинат 18.000 евра, ќе се обезбеди "струја" за осветлување на Милениумскиот крст и на другите поголеми објекти на Водно. Податоците од експерименталната ветерница ќе се користат за изградба на идните ветерни фарми низ цела Македонија и ќе се привлечат странски инвестиции".

Најнадежните резултати што ќе се добијат од експерименталната ветерница би биле: таа има пречник на елисата од 1.6 м, односно површина од 2 м2, ќе овозможи номинална електрична снага од само 50 W, а годишно ќе произведе 360 KWh, која ќе чини 18 евра. Рокот на проста отплата, без сите трошоци за експлоатација и на капиталот ќе биде 3.000:18 =166 години. За објектите на Водно ќе бидат потребни неколку десетици илјади такви модули, кои повторно императивно мораат да имаат и друг резервен енергетски извор.

За да не ги изневериме предците, а да не го разочараме потомството, мораме да се соочиме со реалноста: за градба на ветерници покрај желба, потребно е да има и ветер, ветерот е видоизменета Сончева енергија, кој најинтензивно настанува на границата помеѓу копно и вода, односно таму каде што Сонцето заоѓа зад водена површина. Нашите предци можеби не биле многу упатени, но не биле толку немудри, за да прават ветерници.

Ако се убедиме барем засега да не денгубиме многу со ветерот во Македонија, а реално не загрижуваат енергетската и еколошката состојба во земјава, има многу за "орање" во македонската "енергетска нива", која се повеќе обраснува со коров и идентитески исчезнува. Македонија е огромен енергетски понор, особено при фиксната потрошувачка. Во услови на скоро целосно стопанство под катанец, енергетската потрошувачка си "врви". Греењето на многу лошо термоизолираните простории во зимскиот период е најголемиот енергетски понор - над 50% од вкупните потреби. Електричната енергија, како најблагородна, си ја трошиме за топлински цели, како сите светски протечни хидроцентрали да се во Македонија.Таквата енергетска и друга неефикасност ја подредува Македонија на самиот светски врв по потрошувачка на енергија по единица производ. За да не чекаме друг да ни ги решава проблемите и да не не боли како со телекомот, еве неисцрпен фронт за работа.

Авторот на овие редови воопшто не е ниту против ветерниците ниту против другите алтернативни видови енергија. Напротив, тој е голем поборник за нив и од нив јаде леб, како еден од творците на најголемиот геохидротермален објект во Европа - "Геотерма", во Кочани. Но, е далеку од сопствената заблуда дека тие енергетски извори во блиска иднина ќе имаат сериозен удел во ублажувањето на светскиот енергетски глад. Бенефитот од новите обновливи извори е до толку значаен ако тие овозможат да се добие време додека науката да изнајде соодветна замена за нафтата (фузија, водород и др.)



ЉупЧо Гаштеовски, дипл. маш. инж.,

енергетиЧар-екологист


Преземено од: http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2575&stID=41016 - http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2575&stID=41016

Малку е старо (2006), ама малку поинаков поглед на работите има човекот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:24


Нема врска што е „старо“, заклучоците и поентите на текстот ни малку не застареле за овие 2 години. Се соочуваме со многу сериозни, практично егзистенцијални енергетски предизвици. За справување со тие предизвици треба одговорен пристап и напор на целото општество, а не сензационалстички новинарско-политички конструкции за тоа дека се спремаат огромни инвестиции во ветерници во Македонија и дека тоа ќе ни ги реши сите проблеми.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 10:34
„Ри Енерџи“ ќе гради фарма на ветерници во Радовиш




Австриската фирма „Ри Енерџи“ потпиша спогодба со општината Радовиш за изградба на фарма на ветерници, пренесе МИА. Претставникот на фирмата Волфган Шмитнер вели дека на подрачјето на Радовиш има можности да бидат поставени 15 ветерници и оти подрачјето одговара за производство на зелена енергија. Градоначалникот на општината Радовиш Роберт Велков потенцираше дека по потпишувањето на спогодбата ќе бидат посетени неколку локации за поставување на фармата на ветерници. Од сите локации најпогодна е онаа во близина на рудникот Бучим. Фирмата „Ри Енерџи“ има искуство во производството на зелена енергија, во Австрија со оваа дејност започнале да се занимаваат пред 25 години и имаат неколку фарми на ветерници.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=254&ArticleID=12812


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Dec-2008 at 09:27
Končar s rekordnom dobiti od 112 mil. kuna

... Bago pojašnjava da su vjetroelektrane gotovo u potpunosti hrvatski proizvod. “Za sada ne proizvodimo krilca za vjetroelektrane, ali nikad ne reci nikad. Sve ostalo se proizvodi ili u Končaru ili negdje drugdje u Hrvatskoj”, kazao je prvi čovjek Končara. U planu su elektrane od 1 MW, no u budućnosti se u Končaru namjeravaju okrenuti i snažnijim strojevima, kako već bude zahtijevalo tržište. Od sektora obnovljivih izvora energije u Končaru u idućem razdoblju očekuju najveći rast, posebno u izvozu ...

http://www.poslovni.hr/103786.aspx - http://www.poslovni.hr/103786.aspx

Очигледно од Кончар знаат каде во иднина да инвестира

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 18-Dec-2008 at 17:33
hmm ja mislam deka na makedonija ne i e potrebna belene, dokolku saka da profitira so tie pari neka izgradi na 10 mesta takvi veternici i ete 100 % pokrienost

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2008 at 21:06
Абе треба да се развиваат и обновливите извори, ама реално ветерници не можат да ги задоволат потребите ни со многу поголема инвестиција. Ете баш малце погоре искоментирав еден таков наивен текст каде ветерниците беа претставени како решение за сите проблеми. Не оди така таа работа...


Posted By: mitatos
Date Posted: 18-Dec-2008 at 21:53
da gledame realno , 50 % da pokrijat oni elektricna energija, 50 % ima veke drzavata od drugi izvori , ne vikam deka mora da bide 100 % veternici , baska uste eden kozjak i reshen e problemot.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2008 at 22:01
Нема врска ова што го збориш, 50% е нереална бројка да се достигне со ветерници воопшто, а камо ли со инвестиција аналогна на онаа што би ја направиле во Белене, плус тоа ваљда се подразбира дека ветрот е непостојан и не може цела држава и економија ко некој едрењак да чека да дувне ветар за да се придвижи.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Dec-2008 at 22:18
Некако, ветернициве ги фаќаме ко решение, но секако тоа несе.
Ветерниците мора да ги гледаме само како помошен-додатен извор на напојувањеи и тоа на мали места-села, објекти, фарми, индивидуални куќи, но во секој случај можат да бидат огромно финансиско растоварување за индивидуалците.
Да сме некоја приморска земја или некој планински регион каде ветровите нон стоп дуваат со големи јачини тогаш би можеле да ги рачунаме и во енергетскиот. систем.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jan-2009 at 06:15
Бојан Крижај ќе гради ветерници во Крушево



Македонија
Поранешниот словенечки скијач Бојан Крижај ќе инвестира во изградба на ветерници за производство на струја во Крушево. Ветерниците високи по 150 метри ќе бидат инсталирани во месноста Порта. За потребите на словенечката фирма Мосен, сопственост на Крижај, прилепската фирма „Перкан проект“ работи на студија за изградбата на ветерниците. Градоначалничката на Крушево, Лефкија Гажоска, вели дека Словенците една година со инструменти ги проверувале природните услови за користење на ветерот како алтернативен извор за производство на струја.
Од „Перкан проект“ објаснуваат дека ја проектираат локацијата на околу 30 хектари кај Крушево.

- Предвидуваме инсталација на 53 ветерници, чии столбови ќе бидат високи по 105 метри. Ветерниците, заедно со елисите од по 90 метри, ќе бидат високи околу 150 метри. Една ветерница е проектирана за да има генератор за производство до три мегават-часа струја. Вкупната инвестиција ќе чини околу 180 милиони евра - вели Петар Иваноски, сопственик на „Перкан проект“.

Од локалната самоуправа на Крушево велат дека работат на студија и урбанистички проект.

- На Словенците им помагаме во доменот на нашите надлежности. По завршување на обврските на општината, државата ќе треба да ги издаде другите дозволи. Истражувањата на Словенците покажале дека постојат поволни услови за инсталирање на ветерници во месноста Порта. Многу е важна изградбата на ветерници, како алтернативен извор за производство на струја, не само за Крушево туку и за Македонија - вели градоначалничката Гажоска.

Неодамна прилепската фирма „Металец“, со словенечки и израелски капитал, почна да гради челични столбови за ветерници. Сопственикот на „Металец“, Јандре Здравески, смета дека бизнисот со ветерници е интересен и дека во Македонија може со ветерници да се произведува доволно струја.

Поранешниот словенечки скијач Бојан Крижај е заинтересиран за изградба на ски-центар на 1.800 метри во месноста Мусинци кај Крушево. Тој е сопственик на центарот Вучко на Јахорина, кај Сараево.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=283&ArticleID=15205


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 12:20
Германски компании ќе градат ветерници во општината Новаци



Економија
Два германски конзорциума ќе инвестираат во изградба на ветерници и на соларни панели во општината Новаци, пренесе МИА.

- Конзорциумот „Валенборн“ од градот Кипхаузен е фирма што се занимава со проектирање, инженеринг, изведување станици и капацитети за производство на електрична енергија од ветерници и соларни системи. На средбата со претставници на фирмата се договоривме да направиме измени на деталниот урбанистички план за одредување локации на која групацијата ќе постави мерни инструменти за струењето на ветровите на подрачјето на општината, а потоа ќе бидат поставени 50 ветерници преку кои ќе се произведува електрична енергија - вели градоначалникот на општината Новаци, Лазар Котевски.

Паралелно со оваа инвестиција, на друга локација во општината Новаци во мариовскиот дел меѓу селата Старавина и Зович ќе се стационира уште еден германски конзорциум специјализиран за поставување панели за користење и употреба на сончевата енергија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=285&ArticleID=15389


Posted By: sermen
Date Posted: 29-Mar-2009 at 17:25
Ova  so veternicive  izgleda  ni trgna , ke  se gradat  veternici i vo Gevgelija Applauseke ni treba  struja za vo idnina  LaughLaughLaugh  za kazinata i hotelite  Vetropark veke  gi sredi dokumentite  i se ocekuva  pocetok na  gradbite.  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2009 at 17:27


Кога ќе почнат, очекуваме фотографии   Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:14

Шпански „Инвал“ ќе гради ветерници во Источна Македонија

Виолета Кожинкова http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109793#komentari - Коментари (0)    
09.06.2009 15:56
 

 

Шпанската компанија „Инвал“ ќе гради три фарми на ветерници во Источна Македонија. Првата ќе се гради во Штип. Останатите две во Свети Николе и Крива Паланка. Целиот проект тежи 720 милони евра.

„Во Штип ќе се градат 66 ветерници со моќност од 3 мегавати секоја или вкупно 198 мегавати. Во 90% ќе се користат постоечките патишта“, вели Џорди Молинер од „Инвал-Шпанија“.

Постапката е во тек. Студиите и анализите на терен се готови. По завршувањето на сите адмнинистративни процедури, изградбата во Штип започнува наредното лето.

„По добивањето на дозволата за градба ќе ни бидат потребни 18 месеци да ги поставиме овие ветерници, откако ќе ги завршиме со урбанистичките проекти и слично“, вели Молинер.

Според анализите штипската фарма на ветер ќе произведува 475.000 гигават часови на електрична енергија, што е доволно за 115.000 домаќинства.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109793


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Jun-2009 at 16:09
МИЖИ АСАН, ДА ТИ БААМ!!! 5 години ги слушаме овие проекти и нема ни абер ни глас од било каков инвеститор на теренот. Плус аман со глупостиве и лагиве. 115 000 домаќинства = 500 000 луѓе. Значи ние ќе немаме потреба повеќе за никакви инвестиции во електро-енергетскиот сектор. Мислам дека вакви безсмислици не е вредно да се постираат тука!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 16:14
Андреј нека не те чуди бројката на жители. Македонија не се состои само од домаќинства. Домаќинствата се еден минорен потрошувач. Главните потрошувачи се во индустријата, посебно тешката металургија. Така да аналогијата 500000 луѓе со четвртина државна потрошња не е точна.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Jun-2009 at 16:40
Ама каде ја направив таа аналогија јас? Јас не сметам дека 1/4 милион = 25% од потрошената елекрична енергија. Сакаш да ми кажеш дека сите домаќинства во Скопје би можеле да се снабдуваат со енергија само од еден (овој) проект/извор?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jun-2009 at 17:00
lsl поентата беше дека веста кажува дека демек 4 вакви доста се за цело население, и таман + рек битола и осломеј ќе работат за тешката индустрија, и ние ќе бидиме супер, дури и ќе ни остани струија!

Демек со еден ваков комплекс цело население на Исланд може да се напојува? Не им е точна математиката.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Jun-2009 at 17:13
Не се само тие бројки што звучат нереално, туку и ценава. Ако Чебрен и Галиште заедно тежат ~550 милиони евра, овој проект ќе чини 180 милиони евра повеќе ?!

Шпанската компанија „Инвал“ ќе гради три фарми на ветерници во Источна Македонија. Првата ќе се гради во Штип. Останатите две во Свети Николе и Крива Паланка. Целиот проект тежи 720 милони евра.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jun-2009 at 07:05
Малку подетално...
Шпанци ќе не' осветлуваат со ветерници

Само фармата во Штип ќе произведува околу 475.000 гигават-часови струја, а според европските стандарди толку просечно трошат 115.000 домаќинства, велат во шпански „Инвал“

Шпанската компанија „Инвал“, која во земјава има регистрирано фирма-ќерка, планира со три фарми на ветерници и со инвестиција од 720 милиони евра да ја осветлува речиси половина Македонија. Постапката за добивање документи за изградба на првата фарма кај Штип е веќе почната, а „Инвал“ поднела барање за такви проекти и во Свети Николе и во Крива Паланка.

- Ова досега во Македонија е најконкретен и најголем проект за искористување енергија од ветерот. Фармата кај Штип треба да има 66 ветерници со моќност од по три мегавати или вкупно 198 мегавати. Инвестицијата ќе чини 240 милиони евра - вели Владимир Хаџипетров од „Инвал Македонија“.

Фармата кај Свети Николе треба да има 80 ветерници од по три мегавати или вкупно 240 мегавти, а инвестицијата ќе чини 300 милиони евра. Кај Крива Паланка со инвестиција од 180 милиони евра е планирано да се постават 50 ветерници, исто така, од по три мегавати.

- Се надеваме дека се' ќе биде во ред и дека потребните документи за изградба ќе ги добиеме во разумен рок, по што за 18 месеци ќе ги поставиме 66-те ветерници кај Штип. Таа фарма ќе произведува околу 475.000 гигават-часови струја. Според европските стандарди за тричлено семејство, толку просечно трошат 115.000 домаќинства. Со нашите планирани инвестиции во Свети Николе и во Крива Паланка тој капацитет тројно би се зголемил - изјави Џорди Молинер од централата на „Инвал“.

Прексиноќа во Штип се одржа јавна расправа за оценка на влијанието на фармите на ветер врз животната средина, на која беа презентирани повеќе детални информации за овој проект.

Јавната расправа ја организираше Министерството за животна средина за да ги запознаат граѓаните со проектите предвидени за изградба.

- Студијата за влијанието на фармата на ветерници врз животната средина е направена од експертски тим. Досега тимот нема утврдено негативни влијанија. Добивката од ветерните фарми е многу значајна - се зголемува енергетскиот биланс на земјата, се намалува зависноста од увоз на струја, се обезбедуваат нови работни места - вели Зоран Бошев, раководител на Одделението за оценка на влијанијата врз животната средина во Министерството за животна средина.

„Инвал“ е основан во 1966 година, а во сферата на обновливите извори на енергија има 25-годишно искуство. Во моментов „Инвал“ гради фарми на ветерници во Полска и во Романија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5A5BE2D824834A48A7DD1E4BCCD9F148


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2009 at 04:22

Ранковце ќе се развива со фарма на ветерници

Фарма на ветерници, која ќе биде изградена на планинскиот масив во Ранковце од страна на шпанската компанија „Инвал“, е капитална инвестиција и ќе има огромно значење за економскиот развој на оваа рурална општина, сметаат во Општината. Инвестицијата ќе чини околу 180 милиони евра, а проектот ќе почне да се реализира идната година и треба да биде целосно завршен во рок од една година.

- На потегот од планината Герман, па се' до Бињино кон Крива Паланка каде што ќе биде изградена фармата на ветерници, инвеститорот од почетокот на годинава постави мерни станици кои даваат извонредни резултати, а позитивно мислење е добиено и од Министерството за животна средина. Ова е огромен проект за една мала општина каква што е Ранковце и тоа ќе биде столбот на кој ќе се темели локалната економија и развојот на општината, но и на целиот регион - вели градоначалникот Орце Тодоровски.

Тој истакнува дека од големо значење е и тоа што ветерниците ќе бидат поставени на истиот локалитет на кој локалната самоуправа планира изградба на туристичка населба, што ќе има повеќекратни економски ефекти за заживување на ова планинско подрачје.

- Општината веќе спроведува постапка за урбанизација на делот од селото Пклиште до Герман, каде што е предвидена изградба на викенд-зона. Заедно со ветерниците и со туристичките капацитети, очекуваме голем интерес од туристите, а воедно и задржување на локалното население на овие простори кое може да најде сопствен интерес во селскиот туризам и во другите локални бизниси. Во изградбата на ветерниците ќе бидат вклучени локални фирми, што ќе поттикне нови вработувања - вели Тодоровски.

Со шпанскиот инвеститор било договорено тие да ја финансираат и изградбата на патната инфраструктура во должина од 15 километри. Поради потребите на механизацијата за поставување на ветерниците, патот ќе биде со широчина од 12 метри, а тоа ќе биде уште една голема придобивка за општината.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=26C2FA57841E25498274B869539A2D6C


Posted By: BerndWasser
Date Posted: 06-Aug-2009 at 13:38
Dear Forum,
I'm sorry if I have to post this in English. My Macedonian is quite poor.
As I read in the thread there are several wind energy projects which I did not know of till now.
Since some of the posts are a little older I'd like to know if there are any proceedings in contructing the turbines. Is any project in the phase of construction of even finished yet? When I was there in summer 2008 I've also heard of announcements to invest several millions in Sveti Nikole, Ovche Pole, Stip or Gevgelija, but nothing precise.
I hope to hear some updates.

pozdrav
Bernd


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Aug-2009 at 13:45
We know just as you do! Just projects, statements and as you said
....but nothing precise.
There isn't something in a construction phase nor a finished one!


Posted By: Dragan
Date Posted: 17-Oct-2009 at 00:36

Првите 66 ветерници ќе се инсталираат напролет

Ветерниците ќе бидат над рудникот „Бучим“ со моќ од 200 мегавати

Иван Бојаџиски


Штип - На тромеѓето Штип – Радовиш - Конче на локација над рудникот за бакар „Бучим“ напролет ќе започне инсталирањето на 66 ветерници со вкупна енергетска моќ од 200 мегавати. Инвеститор на овој пионерски потфат во нашава држава ќе биде шпанската фирма „Инвал“, која во претходните две години ги испитуваше условите и можностите за производство на струја преку искористување на енергијата на ветерот во овој дел од Македонија.

Овој шпански инвестициски фонд заедно со скопска „Виста“ кај нас регистрира фирма под име „Инвал Македонија“. Неодамна по иницијатива на штипскиот градоначалник Зоран Алексов, највисоките претставници на шпанскиот инвестициски фонд беа во Штип каде што учествуваа во јавна дебата во однос на стратегиите за ставање на обновливите и еколошки чисти енергии, како што се ветерот и сонцето, во функција на производство на електрична енергија.

„’Инвал‘ отиде најдалеку во оваа материја и по сите разговори со нејзините челни луѓе, сосема сме сигурни дека од идната пролет ќе започне инсталирањето на вкупно 66 ветерници секоја со јачина од по три мегавати. Нивните истражувања укажале дека регионот над рудникот ’Бучим‘ е најдобар во однос на константноста и јачината на ветерот поради што 44 од ветерниците ќе бидат поставени на терен кој припаѓа на општината Штип, а другите на подрачје на општините Радовиш и Конче. Од луѓето на ’Инвал‘ бевме информирани дека од Министерството за екологија имале позитивни оценки за локацијата, позитивен бил и одгласот на јавноста од населбите во чија близина ќе никне првото поле од ветерници, па сега чекале на одобрението кое го дава Министерството за економија“, вели градоначалникот Зоран Алексов.

За разлика од Штип, во Свети Николе, регион за кој се направени процени дека има голем потенцијал во ветерот за производство на струја, годинава нема никакви новини. Градоначалникот Роберт Георгиев ни изјави дека никоја отпорано спомнуваните светски компании не пројавила интерес на оваа тема.

А, токму во Свети Николе, во јули минатата година, Дејвид Браун, претседател на израелско-англиската компанија ЕИЏ, со седиште во Лондон, најави огромен проект од ваков вид. Тогаш Дејвид Браун и тогашниот градоначалник Слободан Даневски потпишаа договор за инсталирање 90 ветерници со моќност од 200 мегавати. Со овој договор ЕИЏ се обврза во оваа и идната година во инсталирање на ветерниците да вложи 360 милиони евра.

„Овој век ќе го одбележи борбата за енергија. По Кјото и климатските промени што ни се случуваат, светот препознава една нова состојба, нова идеја и нова надеж за разрешување на енергетската криза, а тоа е наше свртување кон алтернативните, обновливи и од еколошки аспект сосема безбедни енергетски ресурси. Нашата компанија во Полска веќе има инсталирано полиња на ветерници кои дават 600 мегавати електрична енергија, а очекуваме да бидеме водечки во оваа област и во Македонија, Романија и Бугарија“, рече тогаш Дејвид Браун. Најинтересна, сепак, беше неговата изјава дека на потегот од Овче Поле до Гевгелија. ЕИЏ имале идеја и намера да инвестираат дури една милијарда евра за изградба на капацитети за искористување на сонцето во производството на електрична енергија. Тој прецизира дека повеќе информации за проектот на деценијата ќе дале кога за тоа ќе дојдело вистинското време.

„Ние сме во очекување на ЕИЏ да не' посети и да видиме до каде се тие со најавуваните проекти“, ни изјави светиниколскиот градоначалник Роберт Георгиев.

Изминатите години во Штип, Свети Николе, Радовиш и во Конче доаѓаа претставници на компании од Шпанија, Германија, Англија, Русија, Франција. Некои од нив, како „Инвал“, ангажираа познати јавни личности за промоција на својот интерес. Оваа фирма во Штип го донесе на разговори и ракометниот тренер Веселин Вујовиќ.

„Треба да се знае дека општините во оваа сфера немаат никакви ингеренции зашто земјиштето на кое ќе се лоцираат ветерниците е државно и за него одлучува Владата. Секако дека и општините ќе имаат некои бенефити од целиот тој процес, но колкав ќе биде тој засега не се знае. Значи, целата оваа работа е во рацете на државата, пред се', на Министерството за економија“, појаснува штипскиот градоначалник Алексов.

Ветерниците не се опасни за животната средина. Според експерти од оваа област, во нивна близина луѓето слободно можат да си ги извршуваат сите земјоделски и други работи. Само птиците имаат проблеми од шумот што го прават ветерниците поради што ги напуштаат подрачјата каде што се инсталирани.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9A40F007F4AA4D4BAB7834DB8F16E175



-------------


Posted By: nenad
Date Posted: 21-Feb-2010 at 15:33

Малку доцна се вклучувам во дискусијава,  ги прочитав постоечките постови и само уште еднаш утврдив дека на новинарите воопшто не треба да им се верува, барем на повекето.

Темата енергија од ветер е доста експлоатирана и во стручната и во пошироката јавност и носи доста контраверзи. Ветерниците покрај несомнено позитивниот еколошки аргумент, носат и доста ограничувења. За нив се потребни постојани ветришта со одредена јачина, аповажно од јачината е константноста на ветрот, како на годишно така и на дневно ниво.  Покрај на слаб ветар, тие не работат ни при појак ветер од нивото на кои се проектирани, тогаш тие  користат енергија за да се закочат перките.    Освен тоа диструбитивнат амрежа која ке ја собира струјата е дислоцирана во просторот, затоа не е економично ветерниците поединечно да се расфрлаат по теренот туку да се групираат во т.н. фарми. Јас никогаш не сум бил во Овче Поле и не знам какви ветришта дуват таму, но за Галичица сигурно знам дека нема шанси таму да се гради фарма. 

Освен тоа, струјата добиена од ветерници е скапа, таа секаде се субвенционира. Во Данска ветерниците учествуваат со  35%-40% од целата струја но тие решија да ивестираат со цел да ја развијат технологијата и денес повеке пари заработуваат од извоз на таа технологија.  

Не треба да се каже не на ветерниците во Македонија, но треба внимателно да се избалансира. Треба добро да се преговара со компаниите кои се нудат да градат како фарми на ветар, така и на сонце. претпоставувам дека бараат нивната цена да биде дебело субвенционирана од државата, со тоа тие ке си го заштитат бизнисот, но прашање е дали нас ке ни одговара.

Иначе една ветерница со денешната технлогија има капацитет од 2 Мегавати за тие наменети на копно, и 4 мегавати  во морето, можеби анс би ни одговарале помалите турбини со капацитет од 50К вати за малечки објекти каде би вршеле супституција на ел. енергија од другите извори, а поврзани во мрежа би можеле и да продаваат дел од вишоците. 

Во секој случај ке мора одреден процент од произведената струја да биде од обновливи извори, со тоа нема да го решиме дефицитот на струја, но ке се компензира нешто. Но по мое длабоко убедување, ветерот и сонцето (иако имаме толку сончеви денови) не се компаративни предности на македонија. Тоа е пред се биоенергијата, и треба да се фокусираме на неа.

не знам ако има таква нишка на форумот, па повеке таму би каал за тоа




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Feb-2010 at 15:49
Originally posted by nenad

Тоа е пред се биоенергијата, и треба да се фокусираме на неа.

не знам ако има таква нишка на форумот, па повеке таму би каал за тоа

Засега нема, но ако имаш што да кажеш на таа тема, воопшто не се мисли и отвори таква нишка  Thumbs%20Up



Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Feb-2010 at 18:44
За ова со субвенциите, не знам дали сте прочитале владата на Бугарија реши да воведе ред во таа сфера таму бидејќи имаше ненормално многу понуди за изградба на ветерници од секакви -од мафијаши до робијаши- па имаше по 1000 правни лица на листа за чекање за изградба на ветерници. Читав некаде но не ми текнува каде. Ама ич не ме чуди дека некој ќе си пикне пари в џеб и од ова.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Mar-2010 at 20:13
Да да, сигурно,  јас мислам дека за 2-3 години ќе може да ја изгасиме РЕК Битола, и онака ќе се инсталираат 5000 гигавати електрична енергија од ветерот Roll%20eyes Пуштете тендер па после зборете!



Во Македонија ќе се градат ветерници

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120725#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/suzana-07-03,%20120725%29">  
07.03.2010 15:31
 

 

Од Демир Капија до Гевгелија, по течението на реката Вардар, ветерот повеќе нема да дува напразно туку ќе создава електрична енергија преку ветерници.

Ќе бидат изградени 27 со јачина од еден до два мегавати.Едногодишните испитувања покажале позитивни резултати. Заинтересирани се инвеститори од Англија, Италија и Австрија, а вкупната инвестиција ќе чини околу 30 милиони евра.

„Најбитна работа е што испитувањата се завршени, бидејќи никој нема да поставува ветерници доколку претходно не ги направи воздушните струења, односно дали е присутен ветерот. Позитивни се показателите што ги имаме, државата најверојатно тука ќе распишува тендер“, рече Николче Чурлинов градоначалник на Валандово.

Идејата за изградба на ветерници не е нова за Македонија, но досега многу малку е реализирано, иако експертите одамна посочуваа дека земјава има многу места што можат да се искористат за изградба на ветерници. Неколку европски земји, дури една третина од електричната енергија ја обезбедуваат токму од ветерот.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120725



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: axel
Date Posted: 07-Mar-2010 at 21:52
daa da ke se instaliraat.poslednive dve najavi imase bezbroj najavi za veternici i veterni parkovi ama nisto od toa ne se realizira isto ke bide i so ovie.ako prodolzime vaka rek bitola nema da go izgasime tuku kje ni treba uste edna centrala kako bitola


Posted By: Max
Date Posted: 07-Mar-2010 at 23:12
не сум сигурен точно каде ќе ги насадат ветернициве, но не е лошо инвеститорите однапред да бидат предупредени за проектот вардарска долина, не дека не е изводливо да имаат потопени ветерници, туку ова мора уште сега да се прецизира за покасно не плаќаме пенали! 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Mar-2010 at 23:53
http://www.greenlivingtips.com/articles/65/1/How-wind-turbines-work.html - Животниот век на една турбина е 20-25 години во зависност од надворешните услови , http://www.tauernwind.com/windenergie_e/windenergie_oeko_e.htm - па така вардарска долина не ги тангира овие.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2010 at 02:37
Добро ама тоа е само за турбината, ваљда може после перките, столбот да се искористат наново, темелот е веќе изграден, инсталација, не треба нови студии и административни постапки, него само ќе се заменат турбините.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 00:43

Вардарецот ќе произведува струја

На делот на течението на реката Вардар, меѓу тунелот кај Демир Капија и селото Удово, ќе се постават 27 ветерници за производство на електрична енергија. Според локалната самоуправа на Валандово, која е носител на проектот, ветерниците треба да бидат со капацитет од 1 и 2 мегавати, а според извршените мерења, локацијата за поставување е поволна зашто има силно струење на ветрот Вардарец.

Според градоначалникот на Валандово, Николче Чурлинов, изградбата на ветерници за производство на струја претставува импулс за развој на општината и за отворање нови работни места.

- Овој проект навистина ќе биде добар за општина Валандово и ќе претставува импулс за понатамошниот развој. Од ветерниците очекувам прилив на нови средства по основа на концесии, како и вработување на повеќе луѓе, изјави градоначалникот Чурлинов.

Според пресметките, ветерница со јачина од 1 мегават чини околу еден милиони евра, па дваесет и седумте треба да повлечат инвестиција од околу 30 милиони евра.

Наскоро се очекува да биде објавен јавен повик од страна на Владата, а заинтересирани инвеститори има од Австрија, Италија и Англија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=54AAC82EAF6B364393C6660C7DE02BEA


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2010 at 23:45
Дискусијата за мала ветерница засемејна куќа и соларни панели за иста намена е префрлена во нишката Градење куќа во Македонија - услови и комбинации:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=61728#61728 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=61728#61728


Posted By: axel
Date Posted: 31-Mar-2010 at 15:22

Богданци најпогоден за ветерни електрани

среда, 31 март 2010
 
Територијата на општина Богданци е најпогодна за изградба на парк на ветерни електрани со инсталиран капацитет од приближно 50 мегавати и планирано годишно производство на електрична енергија над 100 гигават/часови
 

 
 
Ова го покажа физибилити студијата за изградба на Ветерен парк изработена во рамки на КАРДС програмата на Европската комисија.

Направените анализи во изминатиот период на четирите локации кај Свети Николе, Штип, Кожув и Богданци покажале дека територијата на Богданци има најголем потенцијал за изградба на ваков парк и оти таа е најинтересна за натамошно истражување.

Според генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, суштински придобивки од реализацијата на овој проект се можноста од дополнителни над 100 гигават/часови електрична енергија добиена од обновливи извори, намалувањето на штетни гасови пред се на јаглеродниот диоксид од 95 до 100 илјади тони на годишно ниво, новите вработувања и развојот на нови технологии.

- Очекуваме конечната верзија на лиценците наскоро да ја добиеме од Регулаторната комисија за енергетика и од Министерството за економија со цел што поскоро да пристапиме кон реализација на овој проект, рече Чинговски на денешната презентација на физибилити студијата.

Проектот Парк на ветерни електрани - Богданци треба да се реализира до 2016 година. Со изградбата на објектот ќе се зголеми уделот во производството на електрична енергија од обновливи извори од АД ЕЛЕМ со што се исполнуваат и обврските на Македонија кон Европската унија за 20 отсто производство од обновливи извори во енергетскиот биланс.

                                                                                                         http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=45295 



Posted By: axel
Date Posted: 31-Mar-2010 at 22:10

ЕЛЕМ НАЈАВУВА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ


Македонија за 4 години ќе ги добие првите ветерници


Македонија за четири години ќе го добие првото количество електрична енергија произведена од ветер, како обновлив извор на енергија. Во реонот на Богданци и Валандово ќе се гради првиот енергетски објект - Парк на ветерни електрани, каде што ќе се користи ветерната енергија за добивање на струја. Паркот се очекува да биде готов најдоцна до 2016 година, а ветерната електрана ќе има годишно производство од 100 гигават часови и инсталирана моќност од 45 мегавати. Инвестицијата е вредна околу 140 милиони евра, а досега Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за изработка на физибилити-студијата вложиле еден милион евра. Според генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, со реализацијата на овој проект ќе се овозможи дополнително производство на електрична енергија, покрај постоечките капацитети од хидроцентралите и термоцентралите.
- Овие 100 гигават часови се 2 проценти од вкупното производство на електрична енергија, што не е така занемарливо - смета Чинговски. Тој објаснува дека РМ има обврска кон Европската Унија за исполнување на целите за 20-процентно производство на струја од обновливи извори на енергија во енергетскиот биланс на земјава.

Проектот ќе биде реализиран во подрачјето на Богданци и Валандово, при што планирано е групирање на ветровите турбини во две групи: А и Б за Богданци и А и Б за Миравци.
Чингоски објасни дека изминативе три години континуирано биле вршени мерењата на повеќе локации низ државава и тоа во реонот на Богословец - Свети Николе, во реонот на Штип, Кожуф и Богданци. Истражувањата покажале дека најповолен е реонот на Богданци и токму затоа ЕЛЕМ во него ќе се инвестира околу 75 милиони евра.

Раководителот на секторот за координација на ЕУ фондовите и останата странска помош, Орхидеја Каљошевска, потенцира дека искористувањето на обновливите извори на енергија е европски тренд, а РМ има огромен потенцијал за да го реализира тоа.
- Како секретаријат за европски прашања и како Влада работиме на нови можности, а еден од нив е инструментот за претпристапна поддршка ИПА, со којашто ЕУ го помага нашето пристапување во членството - нагласи Каљошевска. Таа појасни дека тоа е дел од програмата за регионален развој во делот за животната средина со посебен акцент на искористување на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност од каде што е можно повлекување на инвестиции од европските и глобалните кредитни институции. Според неа Европската инвестициска банка (ЕИБ) веќе вложува во енергетиката.                                                                                                                                            http://www.vecer.com.mk/?ItemID=16C940CF525C6B408C47555A5E785A74  



Posted By: axel
Date Posted: 22-Apr-2010 at 06:56

Ветерот ги однесе ветерниците

Иван Бојаџиски

ШТИП - Ветерот над Штип секојдневно дува ама од одамна најавуваните ветерници во овој крај нема ништо. Еуфоријата за инсталирање полиња на ветерници е стивната речиси цела година. Нема ни трага ни глас од заинтересираните инвеститори од Израел, Белгија, Русија, Австрија, Холандија, Германија, Англија. Само шпанската компанија „Инвал“, која во нашава држава формира фирма под името „Инвал Македонија“, се' уште искажува некакви намери да инвестира во ветерници и тоа во штипско-радовишкото подрачје.

„Освен шпанската фирма ‘Инвал‘, последнава година, никој од друга земја не пројавил интерес за инсталирање ветерници. Шпанската компанија има отидено најдалеку во оваа насока. Имено, постави инструменти и изврши мерење на силината и константноста на ветерот на подрачјето на општините Штип - Радовиш – Конче“, изјави штипскиот градоначалник Зоран Алексов.

Според Алексов, „Инвал“ бил подготвен на спомнатото подрачје, кое било детектирано како мошне поволно за производство на електрична енергија, да инсталира 66 ветерници. Од нив 48 би биле на подрачјето на општината Штип. Секоја од ветерниците ќе била со јачина од три мегавати, што значи дека од ова подрачје македонскиот енергетски биланс ќе биде зајакнат за вкупно 198 мегавати. Се разбира, под услов да се реализира инвестицијата.

Нешто чудно се случува со приказните за ветерот и ветерниците во нашава држава.

Откако во 2008 година оваа проблематика стана топ-тема во јавноста, а кај нас, главно, во источниот дел на државата се изредија голем број заинтересирани странски компании за инвестирање во овој бизнис, последнава година исчезнаа. Едноставно ги нема, макар и оддалеку, да ги кажат конечните намери.

Есента 2008 година австриската „Нова енергија“ во Радовиш бараше погодна локација за инсталирање на 15 ветерници. Локација им беше дадена ама тие повеќе не се појавија во оваа општина. Најинтересен, односно најскокотлив беше настанот на англиско-израелската компанија, која истата година дојде во Свети Николе, најавувајќи инвестиција од една милијарда евра во производството на електрична енергија преку користење на енергијата на ветерот и на сонцето. Израелецот Дејвид Браун, прв човек на компанијата, тогаш изјави дека источниот дел на Македонија е најпогодното место во Европа за производство на таканаречена „зелена“ енергија.

„Светот е пред вистинска енергетска револуција. Се свртува кон таканаречената ‘зелена‘ енергија, каква што е енергијата на сонцето, ветерот, геотермалните води, биогасот. Подготвени сме ургентно да инвестираме во инсталирање на поле од 90 ветерници од по три мегавати, а потоа да го прошириме тој бизнис. Наша генерална цел е југоисточниот дел на Македонија да го покриеме со сончеви колектори за производство на струја. Во тоа сме подготвени да инвестираме една милијарда евра“, порача тогаш Дејвид Браун.

Од таа година, која се сметаше за многу надежна во поглед на заинтересираноста на странски инвеститори да вложат големи пари во ветерници, досега не се направи ништо. На оваа тема се обидовме да поразговараме со одговорните во „Инвал Македонија“, но тие ја спуштија телефонската слушалка и останаа недостапни за разговор.

Се чини дека над Штип и на другите места во источниот дел на државата ветерот ќе продолжи да си дува како и досега, но во исто време постои и реален страв дека некој друг ветер ги „издува“ можните инвеститори од Македонија.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E798D2D9915AC14E9D973A2335B1CEC1



Posted By: axel
Date Posted: 03-May-2010 at 18:21

Јужнокорејците за три месеци стартуваат со изградба на ветерници кај Штип

За три месеци, запишал во роковникот Бу Мун Чуи првиот човек за инвестиции од јужно корејската КОСЕП компанија за производство на струја слично на македонскиот ЕЛЕМ, за старт на градба на првата македонска фарма на ветерници во близина на Штип.

- Заинтересирани сме од вашиот ветер да произведуваме струја. Сметаме дека тоа е профитабилна работа. Во зависност од траењето на процедурите за добивање на дозвола за градба, со поставување на ветерниците би почнале за три месеци, со нашиот партнер Самсунг, изјави Бу Мун.

Инвестицијата тежи 140 милиони евра. Првите зелени мегавати од ветер се очекуваат да протечат кон крајот на 2012-тата.

Првиот квартал од 2011-та е планирана за старт на проектот, откако ќе ги добиеме сите потребни дозволи за отпочнување на инвестицијата. Ова е првата половина од планираните четири фарми, поделени во четири сектори.
Првите два се во штипскиот реон и први стартуваат со градба односно монтажа на ветерниците, објасни, менаџерот во ИНВАЛ- Македонија, Џорди Милер.

Ова се оптимистичките прогнози на шпанските претприемачи ИНВАЛ, компанија која по тригодишна работа во земјава, ги донесе Кореанците и концернот Самсунг, задолжен за градба на турбините.

Годишното производство за почеток е позиционирано на 100 мегавати, од можните 200, со градба на остатокот од планираните Це и Де секција.
Македонско- шпанско- кореанскиот проект е најблиску до реализација во однос на останатите, за производство на струја од ветер во Македонија.
03.05.2010, 13:41

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60106


Posted By: axel
Date Posted: 03-May-2010 at 19:35
tuka e malku poubavo objasneto od tekstot pogore vo koj ima nekoi pogresni informacii

Напредува проектот за изградба на фарми со ветерници во Штип

Штип 3 мај - Изградбата на фарми со ветерници во Штип, Радовиш и Конче, беа тема на денешната средба на штипскиот градоначалник Зоран Алексов со претставници на шпанската фирма „Инавал“ и корејските „Косеп“ и „Самсунг“.
Според Алексов, целта на средбата е проектот за ветерници да продолжи и да се лобира кај државните институции за побрзо добивање на сите документи за изградба на фармите со ветерници.
- Штип во оваа област беше помеѓу лидерите, а шпанската фирма „Инвал“ има најдалеку отидено во поглед на мерењето на ветерот и на обезбедување на целата документација, рече Алексов и додаде дека оти верува дека во Штип ќе бидат изградени првите ветерници.
Џорџе Молинер од шпанската фирма „Инавал“ истакна дека сите дражавни институции во земјава се многу кооперативни во обезбедувањето на потребната документација за изградба на ветерниците.
http://www.porta3.com.mk/images/stories/dnevni_vesti/wind-energy.jpg

Тој потенцираше дека веќе го прават проектот за четири фарми на ветерници, кои ќе произведуваат електрична енергија од по 50 мегавати, а инвестицијата ќе биде околу 150 милиони евра.
Бу Мун Чу, од корејската фирма „Косеп“ истакна дека неговата фирма како најголем произведувач на електрична енергија на ветер во неговата земја е заинтересирана да биде партнер со шпанската фирма „Инавал“.
- Заинтересирани сме да се вклучиме во проект и од она што досега го видовме сме задоволни и продолжуваме да ги разгледуваме сите аспекти околу инвестирањето во проектот, рече Мун Чу.
Претставниците на фирмата „Инавал“ образложија дека согласно законската регулатива три години треба да ја мерат силината и константноста на ветерот, а со мерењето се влезени веќе во третатат година.
По завршувањето на оваа законска обврска „Инавал“ ќе може да ги гради ветерниците, кои што се надеваат дека нивната изградба ќе почне во 2011, а во 2012 година ќе може и да се произведува електрична енергија од ветерот.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2014




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2010 at 19:17

И Корејци заинтересирани за ветерници

Претставници на јужнокорејските компании „Касеп“ и „Самсунг“ вчера го потврдија својот интерес за производство на електрична енергија од ветерници во Македонија. Тие деновиве престојуваат во Штип, во чија околина шпански „Инвал“ планира да гради фарма на ветерници со моќност од 200 мегавати.

Поради законската регулатива кај нас, според која еден инвеститор може да гради ветерници до 50 мегавати, се планира фармата кај Штип да биде поделена на 4 дела, а прво ќе се градат два дела, чија вредност е проценета на околу 150 милиони евра.

Претставниците на „Инвал“ нагласија дека се надеваат оти до крајот на годинава ќе ги завршат законските процедури и ќе почнат со монтажата, која трае од 16 до 18 месеци. „Касеп“ е водечка компанија за производство на електрична енергија во таа земја, а „Самсунг“ ако се постигнел договор, треба да ги испорача турбините и другата опрема за ветерниците. Претставниците на „Инвал“ и на корејските компании најавија дека неделава ќе го посетат и солунското пристаниште, преку кое се планирало да биде донесена опремата. (Љ.Ш.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6B2235E7CBA48746AF278075C6A9DE2A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2010 at 19:50
Се нуди земјиште под закуп за изградба на ветерници

Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за долготраен закуп на 22.800 метри квадратни во Општина Гевгелија. Земјиштето е наменето за изградба на ветерници, а траењето на закупот е 40 години. Деветнаесетте предметни градежни парцели се предвидени со Урбанистички проект за Ветропарк Гевгелија – Југ. Почетната цена изнесува 60 денари за метар квадратен, односно вкупно 1.368.000 денари за целото земјиште. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 31.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 08.06.2010.


http://www.build.com.mk/?p=3293 - http://www.build.com.mk/?p=3293


Posted By: axel
Date Posted: 13-May-2010 at 10:00

Во Гевгелија стартуваа подготовките за изградба на електрана на ветер

13.05.2010 | автор: Сител

Со одобрувањето на урбанистичкиот проект за “Ветропаркот Гевгелија-Југ“ од страна на Министерството за транспорт и врски и објавениот оглас за давање под закуп на државно земјиште за изградба на ветерници на подрачјето на општина Гевгелија се подготвува теренот за изградба на нова електрана на ветер.

 


Со јавниот оглас кој трае до 31 мај, предвидено е по пат на јавно наддавање  на 40 годишен закуп да се отстапат 19 локации државно земјиште, со вкупна површина од 22.800 метри квадратни, во атарите на катастарските општини Негорци, Прдејци и Мрзенци.
 
На нив  според донесениот урбанистички план е предвидено да се изградат 20 ветерници со моќност од 3 мегавати енергија, кои ќе остваруваат годишно производство од близу 5,5 милиони киловат часа електрична енергија.

http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/16183-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80.html


Posted By: Accipiter
Date Posted: 21-Jun-2010 at 17:56
Daj boze da barem edna firma konecno dojdi i pocni da investira. Vo posledni 3 god. bea mnogu najavi deka ke se izgradat vetro parkovi ama do sega nisto konkretno

-------------
http://energetskaefikasnost.co.cc


Posted By: axel
Date Posted: 22-Jun-2010 at 19:23
До крајот на 2012 година 66 ветерници stip-veternici.jpgШтип
-Доколку се обезбедат сите дозволи до крајот на годината, веќе од 2011 во Штип може да се почне со поставување на првите две од предвидените 4 типа на ветерници. Тие заеднички би биле со моќ од 100 мегавати, а вкупната инвестиција би чинела околу 140 милиони евра. Ветерниците би биле ставени во погон до крајот на 2012 година.-рече Џорди Молинер-Маријано претставник на Инвал групацијата, на средбата кај градоначалникот Зоран Алексов на која, покрај претставници на Инвал Македонија, присуствуваа околу 10-тина експерти од областа на обновливата енергија и претставници на странски фирми.
Главна тема на разговор беше проектот фарма на ветерници во Штип, потоа планот за негова поддршка, како и потенцијалот за искористување на работната сила. Џорди Молинер-Маријано изјави дека сите институции во Македонија имаат позитивен пристап и прават се што е во нивните напори за да обезбедат конструкција на поле на ветерници во Штип.
Стеван Пулејковски од „Инвал Македонија“, фирма која е формирана за македонскиот пазар од шпанската компанија „Инвал“ изјави дека се чека на издавањето на последниот документ за да можат конечно да отпочнат со работа на терен.

-Станува збор за динамичка студија што ја изработува Агенцијата за енергетика, по што ќе добиеме овластување за страт на инсталирањето на ветерниците. Оваа студија заеднички со метеролошките мерења е од суштинско значење за практичната работа.Се планираат четири полиња со вкупно 66 ветерници, секоја со моќност од три мегавати. Тоа ќе значи дека секое поле на ветерници, користејќи ја енергијата на ветерот, ќе дава по околу 50 мегават-часови електрична енергија - изјави Пулејковски

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2231&Itemid=125


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 05:06
[tube]C8oFV4YB2G8[/tube]


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 24-Nov-2010 at 09:19
bravo


-------------
.....   .......


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Dec-2010 at 13:32

Корејци ќе градат ветерници во Штип

Од идното лето, компјутерските анимации на ветерниците со кои од ветрот ќе се произведува електрична енергија, а лоцирани во околината на Штип, стануваат реалност. Корејскиот „Самсунг хеви индустри“, вториот по големина корејски енергетски концерн „Косеб“ и нашата „Инвал Македонија“, стартуваат со градба на фарма на ветерници за производство на струја во штипскиот регион.

- Конзорциумот кој го сочинуваат Самсунг Хеви Индустри, Косеб и Инвал Македонија. Македонскиот партнер досега успешно го развива еден од поголемите инвестициони потфати не само во Македонија, но и во регионов. Проектот тежи 150 милиони евра, изјави генералниот маркетинг менаџер на Самсунг хеви индустри, Тајон Чо.

- Планирани се поставувања на 40 ветерни турбини на четири локации околу Штип со поединечна сила од 2,5 мегавати, објасни Чо.

Штипските локални власти задоволни. За градоначалникот на Штип, Зоран Алексов конечно добро познатиот штипски ветер ќе биде корисен за жителите на овој регион.

Во вторник, првите луѓе на Самсунг и Косеб во македонската Влада со домаќинот- вицепремиерот Владо Пешевски ќе ги детализираат финалните елементи од инвестицијата. Се очекува да се формира конзорциум, кој ќе менаџира со градбата и работата на првата македонска фарма на ветерници.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=68713


Posted By: Makedonij
Date Posted: 27-Jan-2011 at 09:15
До крајот на летото Инвал ќе ги има сите документи за да отпочне со конструкција на ветерници во Штип

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес оствари средба со претставници на шпанската фирма Инвал. Како што е познато, шпанската компанија „Инвал грин енерџи“ учествува во проект за фарма на ветерници во непосредна близина на Штип.

Пред извесно време беше потпишан заеднички договор за формирање на конзорциум меѓу најголемиот производител на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата “Самсунг хеви инсустрис“ и Инвал-Македонија. Во содејство со Министерството за транспорт и врски и формираната фирма ќерка „Инвал Македонија“, шпанците почнаа со етапна реализација на проектот кој според нивна проценка тежи 240 милиони евра.

Денешната средба беше со цел да се добијат информации околу текот на проектот како и да се разгледаат можностите за меѓуопштинска соработка со Кореја. Професор од Барцелона Ју кој беше во делегацијата и кој еден вид на посредник помеѓу фирмите кои го сочинуваат конзорциумот изјави дека би било добро да се разменат искуства:

 

-Знаете дека Кореја е високо-технолошки развиена земја. Ние не сме овде само да направиме бизнис, туку и да размениме исксуства, да ги пренесеме во вашата земја, не кое било поле со цел продлабочување на соработката – изјави Ју.

Градоначалникот Алексов изјави дека е задоволен од досегашната соработка со претставниците на Инвал како и можноста за црпење искуства од Кореја:

- Се надевам дека ќе најдеме начин да ја продлабочиме соработката бидејќи ние имаме потреба од размена на искуства. Овој разговор треба да помогне во изнаоѓањето на можни начини на соработка. Што се однесува до проектот ветерници, тој се одвива успешно а формирањето на конзорциумот со подршка на Владата е јасен факт дека наскоро ветерниците ќе се градат во Штип.

Претставникот на Инвал-Македонија, Џорди Молинаро изјави дека проектот за фарма на ветерници оваа година ќе има практичен старт:

- Вчера претставници на Самсунг беа во Скопје а имаа разговори со една силна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за овој проект со ветерници. До крајот на летото,до септември, се надеваме дека ќе ја комплетираме целата документација со што би почнале со практична реализација односно конструкција на полето на ветерници – додаде Молинаро.

Како што е познато, околу Штип на три локации ќе се инсталираат 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати. Годишно ќе произведуваат половина милион гигават-часови, која според пресметките на Шпанците е еднаква на годишна потрошувачка на струја на 115 илјади домаќинства. Овој начин на производство на струја значително штеди во емитување на т.н. „стаклени штетни гасови“ во атмосферата. Годишно во воздухот ќе има помалку 155 тони вакви гасови а според најавите за Штип е предвидено вработување на 50-тина лица.
Во досегашното 20 годишно искуство, Шпанците завршиле над100 вакви проекти низ светот. Во моментов за искористување на силата на ветрот стационирани се на европскиот југоисток.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-5.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-2.jpg
http://www.stip.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 01-Mar-2011 at 20:59
decki ne sakam da zvucam ...kako so vikaat partiski orientiran ama sekogas koga se nablizuvaat izbori imaame iljadnici vakvi najavi i poveke ne veruvam vo vakvi najavi

Канадската дијаспора сака да инвестира 34 милиони евра во ветерници

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Канадската компанија Трилиум Холдинг сака да инвестира 34 милиони евра во изградба на ветерници во Македонија.

    Претставниците на компанијата на чие чело е македонски иселеник преку партнерство со фирма од земјава планираат да изградат 27 ветерници во близината на Богданци.

    Изминатиот период го испитуваат потенцијалот на ветерот во југоисточна Македонија. Регионот веќе важи како еден од најпогодните за производство на електрична енергија од ветер и инвестиции во него веќе најавија и други компании.

    - Нашиот интерес е заради поволностите и поддршката што ги нуди државата, но и барањата на ЕУ секоја земја да произведува обновлива енергија во извесен процент, што ја прави оваа дестинација актрактивна. Инвестиција од 34 милиони евра е значајна како сума, а ќе го подобри енергетскиот капацитет на земјата и ќе вработи македонски стручњаци - вели Васко Пастенаров, претставник на Трилиум Холдинг.

    Трилиум Холдинг направиле првичен контакт со Агенцијата за странски инвестиции и за енергетика, а проектот го презентираат и пред инвеститори кои би вложиле дополнителен капитал.

    Очекуваат потребните дозволи за изградба и вклучување во енергетскиот систем на земјава да ги добијат во текот на 2012-та, по што би влегле во следната фаза на инвестицијата. Покрај ветерниците заинтересирани се и за изградба на мали хидроцентрали.

    Трилиум Пауер во Канада инвестира во најголемиот ветерен парк на слатки води на континтентот на Северна Америка. Ќе гради 800 ветерници на езерото Онтарио кои треба да заменат неколку електрани на јаглен кои се пред затворање.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kanadskata-dijaspora-saka-da-investira-34-milioni-evra-vo-veternici


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 09-Apr-2011 at 19:04

    Македонија ќе гради ветерници

    Македонија наесен со финансиска поддршка на Германската развојна банка KFW ќе почне да го гради првиот Ветерен парк. За проектот вреден вкупно 55 милиони евра, договори денеска потпишаа Министерството за финанси, KFW Банката и АД ELEM.

    - Денеска ја затворивме финансиската конструкција за изградба на Ветерниот парк Богданци. Со договорите што ги потпишавме со KFW Банката обезбедени се 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопстевени средства - рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на договорите.

    Во Ветерниот парк на 29 хектари ќе се постават 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупната производна моќ на Ветерниот парк ќе биде 100 гигават часови, а капацитетот 37 мегавати.

    - Целта е искористување на обновливите извори енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија - истакна директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чинговски.http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=75900BFE2E578A4E9D7A4C55158A7A6E



    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 09-Apr-2011 at 20:24
    А што се случи со долгонајавуваниот проект на Шпанците во Штипско за поставување на ветерници? Дали некој има инфо?
     
    Инаку сега гледав на сајтот на ЕЛЕМ, вкупната моќност на овој парки ќе биде отприлика како и моќноста на хидроцентралата Св. Петка (Матка 2). Не е којзнае што, но не е ни лошо и што е најважно за поздрав е бидејќи е обновливо, без согорување фосилни горива. Се надевам ќе повлечат нога за уште многу вакви проекти.


    Posted By: krale
    Date Posted: 09-Apr-2011 at 21:20
    Одличен проект.

    Дали некој има податок колку струја произведуваме локално, а колку увезуваме во моментов?


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 09-Apr-2011 at 21:35

    Според CIA Factbook, а и официјалниот сајт на ЕЛЕМ е тука некаде (годишното производство и потрошувачка)

    https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/docs/notesanddefs.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu#2038 - Electricity - production :
    https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2038.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu&#mk">Field%20info%20displayed%20for%20all%20countries%20in%20alpha%20order.
    6.819 billion kWh (2010 est.)
    country comparison to the world:  https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2038rank.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu&rank=101#mk - 101
    https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/docs/notesanddefs.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu#2042 - Electricity - consumption :
    https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2042.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu&#mk">Field%20info%20displayed%20for%20all%20countries%20in%20alpha%20order.
    8.189 billion kWh (2010 est.)
    country comparison to the world:  https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2042rank.html?countryName=Macedonia&countryCode=mk&regionCode=eu&rank=94#mk - 94


    Posted By: krale
    Date Posted: 09-Apr-2011 at 22:03
    Кога сме веќе толку големи увозници на енергенси за транспорт, дали постои стратегија како да се надмине прво и основно разликата од тие 1bn kWh да биде од домашно производство, а второ и домашното производство да биде од домашни извори (не со увезен гас, јаглен итн., туку со локални ресурси)?

    Ова мислам дека треба да биде број 1 приоритет, со оглед на се поголемата енергетска криза и луди цени на енергетскиот пазар што се предвидуваат за во иднина.


    Posted By: theMac3donian
    Date Posted: 10-Apr-2011 at 03:44
    Не сум експерт, но секој што бил во Богданци знае дека местото е #1 во ветер.

    ---надополнето---

    http://www.elem.com.mk/images/photo/projects/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D1%85%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98.pdf - За Ветерниците од страницата на ЕЛЕМ

    На страна 1/10 пишува „Последната Физибилити Студија ја проценува локацијата Богданци како
    локација со потенцијал за инсталирање на капацитет од 45 MW“

    „Со Проектот се предвидува
    производство на приближно 105 GWh на електрична енергија годишно“

    „30 ветерни турбини“

    Координати: север: 41o13’45.1“ исток: 22o33’39.4“

    Почеток на Проектот: Крај на 2011
    Завршување на Проектот: До крајот на 2014

    ...

    Мислам дека во самиот документ ги има сите други потребни информации. Едно што не ми беше јасно е ова:


    Без проектната активност, еквивалентната електрична енергија која ќе се
    произведе ќе биде снабдена од термоелектраната Неготино што би
    резултитрало во штетни GHG емисии. Факторот на емисија на
    националната мрежа е проценет на 0.91 tCO2e по произведен MWh.
    Покрај тоа, предложениот проект ќе придонесе за намалувањето на
    Македонската зависност од увозна електрична енергија“

    Дали ЕЛЕМ кажува дека со овие ветерници ќе поништи потребата од употреба на Неготино (мазут)? Зарем толку многу струја ќе произведуваат?

    -------------
    (НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


    Posted By: theMac3donian
    Date Posted: 18-Apr-2011 at 04:45

    Џабе дува ветерот



    Во Свети Николе и во Радовиш велат дека работите се застанати, а во Штип ја чекале есента

    Иван Бојаџиски

    ШТИП - Изминаа шест години од првите најави, а во нашава држава не е изградено ниту едно поле на ветерници. Kако што сега стојат работите, македонскиот ветер џабе ќе си дува и во наредните години, бидејќи освен добро познатите ветувања, на теренот не се работи ништо конкретно. Иста е ситуацијата и со искористувањето на топлината од сонцето. Засега воопшто не се размислува за енергијата од геотермалните води и од биогасот.

    Во Штипско, Радовишко и во Овчеполието локации, за кои странски инвеститори имаа најимпресивни најави за вложување во ветерници, состојбата си е иста како и во почетокот.

    „Утрински весник“ во време и услови кога се случуваат катастрофи на нуклеарки во светот и кога истиот тој свет се свртува кон таканаречената зелена, односно еколошки чиста енергија, истражуваше на тема зошто џабе дува македонскиот ветер, односно зошто и натаму не се користи неговата несомнена енергетска моќ.

    Од сите три општини во кои требаше да се остварува значително производство на електрична енергија добивме одговори што јасно кажуваат дека нема абер од искористување на силата на ветерот. Во Свети Николе и во Радовиш велат дека работите се застанати, нови идеи нема, а во Штип ја чекале есента кога ќе се случело нешто поопипливо.

    Само да се потсетиме. Пред пет-шест години во истите локални самоуправи доаѓаа странски инвеститори, кои се интересираа за можни места каде што би поставиле ветерници. Ги имаше од Австрија, Холандија, Германија, Шпанија, Израел, Белгија, Англија, Русија. Сите до последен беа децидни во своите изјави дека овој дел од Македонија, просто, „плаче“ за ветерници.

    На сите нив ќеиф им правеше сознанието дека кај нас ветриштата биле константни, што е од големо значење за производството на струја на ваков начин.

    Најимпресивната и најнадежна изјава во 2008 година ја даде израелскиот бизнисмен Дејвид Браун, кој како прв човек на израелско-англиска компанија најави инвестиција од дури една милијарда евра. „Светот е пред вистинска и голема енергетска револуција, се свртува кон таканаречената зелена енергија, која се добива од сонцето, ветерот, биогасот и геотермалните води.

    Сето тоа во Македонија го има во големи количини. Подготвени сме веднаш откако ќе добиеме дозвола од македонските власти да инсталираме поле од 90 ветерници од по три мегавати во Овчеполието и во Штипско. Но, наша генерална цел е југоисточниот дел на Македонија да го покриеме со сончеви колектори за производство на струја. Подготвени сме во овие процеси веднаш да инвестираме една милијарда евра“, рече пред три години Браун. Потоа се' да падне во заборав и никој не го постави прашањето зошто пропадна големата идеја.

    „Ништо не се случува по тоа прашање, никој не доаѓа, никој не се јавува, нема никаков интерес. Тоа е се' што можам да кажам во однос на овие на големо најавувани проекти“, вели Роберт Георгиев, градоначалник на Свети Николе.

    Неговиот радовишки колега Роберт Велков очекува работите да се помрднат од мртва точка по изборите. „Есента 2008 година претставници на компанијата ‘Нова енергија‘ од Австрија беа кај нас, барајќи погодни локации за првично инсталирање на 15 ветерници со сила од по три мегавати. Во договор со државната власт обезбедивме локации, ама тие повеќе не се јавија кај нас. Наша процена е дека овој процес ќе се придвижи дури по изборите, бидејќи нема странска компанија што би инвестирала во држава во време на избори“, укажува градоначалникот Велков.

    Претставници на шпанската компанија „Инвал“, која во Македонија формира фирма-ќерка „Инвал Македонија“, во јануари годинава го посетија Штип. Тогаш тие потенцираа дека формирале нова компанија под име „Инвал грин енерџи“. Шпанците се пофалија дека потпишале договор со компанијата „Самсунг хеви индустри“ од Јужна Кореја како најголем производител на електрична енергија во таа држава, и дека отсега, па натаму и во инвестирањето во енергијата на ветерот ќе настапувале заедно.

    „Тие остануваат на својот проект, во инсталирање полиња на ветерници на потегот Штип - Радовиш - Конче да вложат 240 милиони евра. Станува збор за 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати и годишно производство на половина милион гигават-часа електрична енергија.

    Според нив, од овие ветерници ќе се обезбедува енергија доволна за 115.000 семејства, а ќе вработеле педесетина лица. Се договоривме реализацијата да почне од септември годинава. Нам ни останува да се надеваме дека тоа така и ќе биде и дека овој процес повеќе нема да се одолжува“, изјави штипскиот градоначалник Зоран Алексов. (И.Б.)


    http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=9F1D57E1BDA6D747A39B326007ABF015 - ИЗВОР

    -------------
    (НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 18-Apr-2011 at 10:37
    Во 2006  година,  ЕЛЕМ започна да бара локација за ветерен парк во
    Македонија со поддршка од Норвешкото NTE (Nord-Trondelag
    Electricitetsverk).  Беа избрани четири потенцијални локации за Ветерен
    Парк и во Јуни, 2006  година беа инсталирани мерни станици за ветер со
    мерна висина од 30 и 50 метри. Во Октомври 2008 година со проценка на
    локациите беше дефинирана најпогодната локација за ветерен парк од
    сите четири локации, а тоа беше Богданци во јужниот дел на Македонија.
    Последната Физибилити Студија ја проценува локацијата Богданци како
    локација со потенцијал за инсталирање на капацитет од 45 MW. 
    Проектната активност е 45 MW  ветерен парк кој што ќе произведува
    обновлива енергија. Произведената електрична енергија ќе биде пуштена
    во Македонската мрежа и воглавно ќе ја заменува електричната енергија
    произведена од термоелектраните на јаглен. Со Проектот се предвидува
    производство на приближно 105 GWh на електрична енергија годишно.
    Извор: http://elem.com.mk/images/photo/projects/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D1%85%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98.pdf - http://elem.com.mk/images/photo/projects/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B5%D1%85%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98.pdf
     
    Студијата е подолга, го издвоив само делот кој што на нас, од форумски аспект ни е битен. Сакам да потенцирам дека 105 GWh на електрична енергија годишно само од овој парк, воопшто не е занемарлива бројка. При тоа за не заборавиме, се работи за обновлив вид на енергија со минимално влијание врз животната средина.
     


    -------------
    אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


    Posted By: Мартин
    Date Posted: 20-Apr-2011 at 16:46
    ЕЛЕМ започна со активностите за изградба на паркот на ветерни електрани “Богданци“

    http://www.netpress.com.mk/vestiimages/85508/ELEM%281%29.jpg"> АД “Електрани на Македонија“ во соработка со германската консултантска куќа “Фихтнер“ започна со реализација на активности за изградба на проектот Парк на ветерни електрани “Богданци“.

    Активностите ќе се спроведуваат во рок од 20 месеци, а ќе започнат со изработка на  тендер за набавка на опрема, изградба на пристапни патишта,  трафостаница и приклучок на мрежа.

    Компанијата “Фихтнер“ ќе биде партнер консултант  на “ЕЛЕМ“  до целосно завршување на изградбата на паркот на ветерни електрани.  

    Средствата за реализација на овие активности во износ од 1,2 милиони евра се дел од кредитот  обезбеден од германската КфВ Банка,  потпишан на деветти април, годинава.

    За проектот вреден вкупно 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди  32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди “ЕЛЕМ“ од сопствени средства.

    Во ПВЕ “Богданци“, на 29 хектари ќе се постават 15 до 18 ветерници, секоја со инсталирана моќност од 2 до 3 мегавати. Вкупното производство на Паркот на ветерни електрани “Богданци“ќе биде 100 гигават часови годишно, а инсталираната моќност  во првата фаза од реализацијата ќе изнесува 37 МЊ, додека во втората фаза предвидено е да се инсталираат ветерни турбини со кои моќноста на ПВЕ “Боданци“  ќе се зголеми до вкупно 50 мегавати.

    Целта на овој Пилот Проект е истиот да ја промовира енергијата на ветрот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во земјава.


    Автор на веста: Нетпрес
    Објавена на 20.04.2011 2:50:02 PM
    http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85508&kategorija=2


    Posted By: axel
    Date Posted: 04-May-2011 at 20:31
    Македонија има атлас на ветрови стар дури шест години

    Државата сака монопол на ветерниците

    http://www.kapital.com.mk/clientControls/popska@kapital.com.mk - Катерина Попоска
    Државата%20сака%20монопол%20на%20ветерниците

    Иако до 2020 година Македонија мора 12% од произведената енергија да ја добие од ветар, ветерните електрани засега се само проект на хартија. Дека состојбата на терен ќе оди тешко, доказ е непостоењето квалитетна и детална студија - Атлас на ветрови. Последната датира од 2005 година и е само прелиминарна. Но, како пречка се појавуваат и законите и амбицијата на државата да има ексклузивно право во производство на електрична енергија од ветар.

    Според законите, максимално дозволениот инсталиран капацитет за производство на струја од ветар, која ќе се откупува по субвенционирана тарифа, на цела територија на Македонија е 150 мегавати. Оттука, ако се реализира инвестицијата на Електрани на Македонија и на приватната фирма Инвал Македонија за изградба на ветерници, простор за влез на нов инвеститор нема.Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, неодамна во интервју за “Капитал“ изјави дека секоја сериозна држава треба да размисли кој е бенефитот ако бизнисот со ветерници и го препушти на некоја приватна компанија.

    “Инсистирам ЕЛЕМ да гради ветерници. Ако, на пример, во ноќните часови произведуваме струја од ветар, може да затвориме некоја од хидроцентралите, па водата ќе ја чуваме. Поради интензитетот на ветрот, ако не произведуваме струја од некоја хидроцентрала, може да пумпаме вода во неа и да ја чуваме за друг ден. Замислете, ако се работи за приватна фирма, која на најмал ветар ќе ја уклучи ветерницата, ќе го фактурира тоа за 89 евра по мегават-час на МЕПСО, а ние ќе мора да го намалиме производството, и како државна фирма ќе изгубиме 30 евра регулирана цена. Таа енергија државата ќе ја чини 130 евра, бидејќи прво на приватната фирма ќе треба да и платиме 89 евра, а нејзината енергија ќе има приоритет. Одговорна држава мора ова да го има предвид. Државната компанија треба да биде прва во овој проект за да ги видиме сите импликации што ќе се појават на пазарот“, вели Чингоски.

    http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/66341/drzhavata_saka_monopol_na_veternicite.aspx


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 05-May-2011 at 02:22
    Обично сум против вакви тенденции држава да гради се, но Чинговски дава логично објаснување. Треба да се бара модели да се избегнат такви работи и да може капитал приватен да влезе.


    Posted By: Ljubopitko
    Date Posted: 05-May-2011 at 23:05
    Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 05-May-2011 at 23:12
    Originally posted by Ljubopitko

    Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.
    И јас мислам дека е извадена од поширок контекст. Имаше некоја европска регулатива која ги обврзува ЕУ државите за одредени проценти од своето производство на електрична енергија да е од ветер или сонце. Баш ќе побарам подетално за ова деновиве и ќе ги изнесам точните бројки и проценти.

    -------------
    אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


    Posted By: OCB
    Date Posted: 11-May-2011 at 17:45
    Ветерници ќе се произведуваат во Желино



    Според најавите на швајцарскиот инвеститор, се очекува производството да почне кон крајот на оваа година, а доколку се покаже успешен, целосната инвестиција треба да биде во вредност од над 20 милиони евра и минимум 500 работни места.

    Производството на „Енфло“ пред се е наменето за европскиот пазар. Првата хала е од 3.500 метри квадратни, а вкупната површина што е закупена од страна на компанијата е 24.000 метри квадратни (или 2,5 хектари). На ова земјиште се планира да бидат изградени вкупно четири производствени хали.

    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/29140-Veternici-ke-se-proizveduvaat-vo-Zelino


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 10-Jul-2011 at 17:51
    Ветерниците во Македонија ги одвеа ветерот

    Доколку се реализираа ветувањата на компаниите и политичарите, во Македонија досега ќе имаше неколку десетици изградени ветерници на локации во Штип, Свети Николе, Богданци, Водно и на други локации низ земјава кои беа дел од нереализираните проекти за искористување на ветерот како обновлива енергија во нашата држава. Плановите за изградба на ветерници останаа на хартија, со што Македонија остана единствената држава од европските земји – членки и кандидати за членство во ЕУ која нема изградено ниту еден објект за производство на енергија од ветерот.

    Идејата за изградба на ветерници во Македонија датира уште од 1993 година од научниот труд „Ветерот како енергетски потенцијал во Македонија“ изработен од проф. д-р Арсен Арсенов од Електротехничкиот факултет и Пеце Ристевски од РХМЗ. Научниот труд ја разработува оправданоста од инсталирање ветерница на најветровитото место во Македонија, Три чешми кај Штип.

    Во последните неколку години се пројави зголемен интерес од бројни компании да изградат вакви објекти, но досега не е реализиран ниту еден проект. Последната најава за изградба на ветерници дојде во март годинава од канадската компанија „Трилиум Холдинг“, која преку партнер од земјава најави проект за 27 ветерници во вредност од 34 милиони евра во Богданци. Претходно, во ноември минатата година беше потпишан договор за кредит за изградба на ветерен парк во Богданци со 30 ветерни турбини и со вкупна јачина од 45 мегавати. Без објаснување, во април годинава проектот беше намален на 15 до 18 ветерници со моќност од 37 мегавати. Државната компанија „ЕЛЕМ“ пресмета дека кредитот во вредност од 32,9 милиони евра од германската „КфВ“ банка претставува само дел од потребните 55 милиони евра за изградба на ветерниот парк, а останатиот дел од сумата ќе треба да ја обезбеди компанијата од сопствени средства.

    За разлика од скорешните ветувања, плановите од пред неколку години за искористување на ветерот во производство на енергија се целосно заборавени. Во јули 2008 година беше потпишан договор за изградба на деведесет ветерници со вкупен капацитет од 200 мегавати електрична енергија од страна на израелско – британската компанија „ЕИЏ“ и градоначалникот на Свети Николе, Слободан Даневски. Плановите беа инвестицијата од 360 милиони евра да биде завршена до 2010 година, но досега не е ниту отпочнато поставувањето на ветерници низ Овчеполието.

    Во мај 2008 година беше објавена веста дека јужнокорејската компанија за производство на електрична енергија „Косеп“ и компанијата „Самсунг“ се заинтересирани за градат ветерници во Штип, а нивниот шпански партнер „Инвал“ неколку месеци подоцна најави изградба на фарма со ветерници во околината на Штип во вкупна вредност од 200 милиони евра. Проектот предвидуваше изградба на систем од 50 ветерници со вкупна моќност од 150 мегавати, а крајниот рок за поставување беше 18 месеци, односно до крајот на мај 2010 година. Во истиот период беше ветена и друга инвестиција од 20 милиони евра во изградба на 15 ветерници од австриската фирма „Нова енергија“ во близина на рудникот „Бучим“ во Радовиш.

    Времето покажа дека ниту еден од овие проекти не е завршен до денес. Ветерот ги одвеа ветувањата за изградба на ветерници вредни 700 милиони евра, проекти кои ќе доведоа до поставување на стотици ветерници во Богданци, Свети Николе, Штип и Радовиш. За разлика од македонските донкихотски борби со ветерниците, земјите од регионот наголемо работат на искористување на ветерот како обновлив извор на енергија.

    Хрватската компанија „Кончар“ уште во 1988 година го постави првиот ветроагрегат во Уљаник, а денес во оваа земја активно функционираат 50 – тина ветерници како дел од ветроелектраните Вратаруша, Орлице, Тртар – Кртолин, Равне 1 и Велика Попина со вкупна моќност од околу 73 мегавати. Во Хрватска постојат и неколку проекти во подготовка од оваа област.

    Во Србија во април годинава беше инсталирана првата ветерница со моќност од 600 киловати во близина на српскиот град Тутин, додека во Романија само во почетокот на 2011 година се отпочнаа проекти вредни стотици милиони евра од страна на австриската компанија „Вербунд АГ“ и американската компанија „Конкорд Дивелопментс“. Ветроелектраната на австриски „Фербунд“ ќе произведува електрична енергија доволна за 170.000 романски домаќинства.


    Бојан Блажевски
    http://www.build.mk/?p=8532 - http://www.build.mk/?p=8532


    Posted By: Dexter26
    Date Posted: 10-Jul-2011 at 18:16
    Previous
     
    Хаха, баш така, ги одвеа ветерот. LOL
     
    А бе ова ти е гага држава, сакаат се, ама без работа и без да платат за истото.
     
    Луково Поле, Бошков Мост, Чебрене и Галишта, Вардарска Долина, ветерници, на хартија се опишани како веќе да функционираат со полна пареа, додека во пракса не е превземено ама баш ништо околу нивна реализација.
     
    А ги ветуваат како да веќе утре ќе почнат да функционираат, ненормално смешни се, особено со овие економскиве зони, зјаат празни, а овие нашинциве фрлаат лопати како да веќе утре ќе се преплавиме со странски инвеститори.
     
    Не бе, ова ти е пласибо држава, продавање магла, е баш тоа е, продавање магла.


    Posted By: nenad
    Date Posted: 10-Jul-2011 at 19:17
    Стално сум бил скептичен спрема ветерниците, а што повеке влегувам во таа проблематика, станувам нејѕин најголем противник. Прво, голем демант ѕа новинарите ѕа тоа дека само во Македонија нема ветерници. Нема ниту во Србија, во Хрватска имаат поставено некоја шминкерска ветерница, нема ниту во Турција и тн. Не е ни важно.
    Мојата поента е дека струјата од ветерници е НЕПРИФАТЛИВА ѕа Македонија. Кај нас нема доволно ветар ни по јачина, ни по константност ѕа таа да биде исплатлива. Поточно, таа нигде не е исплатлива, секаде ветерницити се подржано со дебели субвенции. Некои пресметки покажуваат дека би била поскапа од таа проиѕведена во Данските ветерници, така да би требало поголеми субвенции, вероајтно 8 до 9 евроценти по киловат.
    Затоа е и наводната ѕаинтересираност на поедини странски компании, тие се тука да ги ѕемат субвенциите, ѕатоа мора внимателно да се игра со нив. Исто така има извесен притисок од европските институции, да прифатиме да субвенционира државата дел од обновлива енергија во енергетскиот микс. НО не ветерот! Хидроцентралите, сонцето и биоенергијата имаат поголема вредност за нас.




    Print Page | Close Window