Print Page | Close Window

Проблем со запрежни коли

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=273
Printed Date: 26-Nov-2020 at 02:36


Topic: Проблем со запрежни коли
Posted By: pbanks
Subject: Проблем со запрежни коли
Date Posted: 25-May-2008 at 19:25

Коњските коли опасност за сообраќајот

Коњските запрежни коли станаа секојдневие на Скопје. Ги има насекаде. На булеварите, крстосниците, по главните градски сообраќајници.

Движењето на овие коли низ центарот на градот, освен што предизвикува метеж, претставува и потенцијална опасност за секој учесник во сообраќајот. Граѓаните се револтирани. Бараат да се забрани движењето на запрежните коли со цел автомобилите слободно да се движат по градските улици.

„Ова сигурно не е убаво. Има многу странци што доаѓаат во Скопје, има многу луѓе од внатрешноста што доаѓаат и кога ќе го видат тоа, сигурно дека не е добро, меѓутоа мислам дека нема решение и се залажуваат сите оние што сметаат дека тоа е така едноставен проблем и дека тој може да се реши со нечија добра волја. За жал сметам дека не е така, луѓето во очај ги користат и мислам дека треба барем да го избегнуваат строгиот центар“.

„Застануваат секаде каде што ќе им текне. Затвораат ленти за сообраќај. Тоа е срамота за градот пред се. Го кочат многу сообраќајот. Тоа е животно, не смееш никако да реагираш, не смееш да му свириш“, велат граѓаните.

Согласно Законот, Министерството за внатрешни работи треба да врши санкционирање и исклучување на овие коли од сообраќајот. Сепак, ретки се случаите кога сообраќајните полицајци вршат контрола и исклучување од сообраќај на овие превозни средства.

Казните се во противвредност од 25 евра. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека од почетокот на годината имаат изречено триесетина вакви казни.

„Ние преземаме соодветни мерки согласно со законските прописи, но наидуваме на проблем каде што не можеме во целост да ги реализираме нашите законски обврски. Често пати запрегите ги управуваат малолетни лица коишто немаат лични карти или лица коишто се полнолетни, но исто така немаат лични карти и доаѓаме до проблем дека не можеме да им изречеме соодветна казна“, изјави Благоја Котев, виш инспектор при СВР Скопје.

„Доколку лицето го повтори прекршокот, ние имаме законска обврска, имаме можност истиот да го приведеме, но наидуваме на проблем што со запрегата“, додаде Котев.

Со оглед на тоа како досега се одвиваа работите, се чини дека коњските коли и понатаму ќе останат дел од скопскиот сообраќаен метеж. И покрај напорите на сообраќајната полиција да го реши овој проблем, засега не постои конкретна иницијатива со која ќе се натераат сопствениците на запрежните коњски коли да ги избегнуваат главните градски сообраќајници.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93330 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93330




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 19:32
pbanks и ја мислев да ја отворам темава, ама викам ај да не биде одма копи пасте.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 19:43
Originally posted by lslcrew

pbanks и ја мислев да ја отворам темава, ама викам ај да не биде одма копи пасте.


Па добро ова е тема што трпи копи пасте. Кај проектине е на пример убаво првиот пост да биде резервиран за некое резиме за проектот кое би го апдејтувале од време на време.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 19:46
на а1 има реал видео ако можеш ископај го видеото некако со некое програмче па ќе го прехостираме на јутјуб.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 19:47
Нема врзано видео со таа статија Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 19:49
има видео вести у реал видео. ги има вестите од 7 попладне. Ке стојат на веб до утре. затоа ако можеш ископај го видеото вечерва.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 19:50
Originally posted by lslcrew

има видео вести у реал видео. ги има вестите од 7 попладне. Ке стојат на веб до утре. затоа ако можеш ископај го видеото вечерва.


ааа тоа ќе видам дали може тие им се streaming мислам. оние посебните видео клипови што им се врзани со статии се wmv тие се баш згодни за превземање.


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-May-2008 at 19:51
Ако се забрани движењето на запрежните коли, а тоа е нешто што мора да се направи, со тоа ќе им се направи многу штета на сите што продавањето на стара хартија им е единствен начин да дојдат до леб. Не треба да заборави на тоа, не треба да се биде безобзирен. Додека не се најде некакво решение за овој слој на луѓе на кои животот и така им е тежок, не треба одма да одиме со некакви радикални решенија.


    EDIT: Овој пример со хартијата го давам затоа што колку што можам да видам, запрежните коли ги користат најмногу за товарење на картони што после ги продаваат во Комуна. Но за овие луѓе запрежните коли се исто што автомобилите се за нас.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-May-2008 at 19:55
Originally posted by La Linea

Ако се забрани движењето на запрежните коли, а тоа е нешто што мора да се направи, со тоа ќе им се направи многу штета на сите што продавањето на стара хартија им е единствен начин да дојдат до леб. Не треба да заборави на тоа, не треба да се биде безобзирен. Додека не се најде некакво решение за овој слој на луѓе на кои животот и така им е тежок, не треба одма да одиме со некакви радикални решенија.


хммм... сум размислувал доста на ова... до некаде си во право но ред мора да има... законот дека е забрането возење вакви коли во град е на сила уште од 80те мислам. Во најмала рака треба да се ограничи нивното движење, ако не ги пуштаат барем во голем ринг би било голем успех. Но ни тоа неможе вечно да трае реално тие претставуваат голем безбедносен проблем во сообраќајот и тоа неможе да се толерира.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-May-2008 at 01:07
Секако дека може да се реши со подобра организација на отпадот и ангажирање на компании за рециклирање. Наместо да се оди со коњи, или импровизирани моторчиња со приколици и чепка по контејнери, собира пластикаата или хартијата а при тоа купишта смет да се расфрлаат насекаде, може како во цивилизираниот свет отпадот да се селектира задолжително од страна на секого и во посебни контејнери да се фрла. Тие контејнери да се празнат од организирана екипа која може да ги вработи 90% од овие со коњите и да им даде соодветни возила. Контејнерите да бидат потешки за празнење без соодветна механизација а казните за вандализам, насилно отварање и расфрлање смет поригорозни и без пардон.


Posted By: Max
Date Posted: 18-Oct-2009 at 02:32

да ја освежиме малку нишкава!

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=190&PID=49395#49395 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=190&PID=49395#49395




Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2009 at 10:13
Зпрежниве коли имаат една административна маана у законот. Пред некое време мој другар беше одрен од запрежно возило (). Коњот залетан со муцка му го искриви ѓепекот на семафор. Е сега проблем е како таа незгода се се реши и како да се обештети возилото. Запрежните возила не се регистрирани и всушност запрежното возило е сопственост на тој што го управува и како податоци за возилото всушност фигурираат податоците за тој што го управува. Па така секоја мала незгода или нешто што редовно би прошло преку осигурање во овој случај треба да идат како приватна тужба против физичко лице и повеќе се исплати сам да си ја направип колата одколку да се мкнеш по судови со години. Така да пазете не идете многу блиску покрај запрежни коли зашто ако шутне коњот ќе фрлите пари за џабе!


Posted By: kire85
Date Posted: 18-Oct-2009 at 14:57
I tvojot drugar da ja udrel zapreznata kola od pozadi, pak ke bide toj so zapreznata kriv, zatoa sto takov tip na prevozni sredstva nemaat nikakva dozvola za koristenje na gradskata patna infrastruktura!


Posted By: Max
Date Posted: 18-Oct-2009 at 16:42

интересно ова е логично и нормално да се гонат каубојциве, особено за тоа каде постои забрана за таков превоз, но ме чуди како би се нашол начи да се заобиколи законот доколку станува збор за туристички пајтон, најверојатно ќе дозволат само доколку кочијата е луксузна и со расни коњи, но во тој случај ќе се јават борците за човекови права, со оглед дека превозно средство си е превозоно средство, неможе теоретски да се издава дозвола само за убаво нашминкани возила, единствено за техничко исправни возила, во случајов кочијата стегната (како онаа погоре на магарето) а животното со гаќи

инаку она погоре се постари фотки, а таа со магарето е од охрид, се надевам дека законот веќе е турбо во функција иако одвреме навреме гледам по некој каубоец надвор од центар

ЌЕ Ги ИЗБРКА ЛИ НОВИОТ ЗАКОН КОЊИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Казни од 50 евра за градските каубои

Проблем се и запрегите, кои најчесто се превозно средство за собирачите на отпад

Запрежните коли со коњи претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот

Казна од 50 евра е предвидена за напасување добиток на јавна површина, според новиот Закон за јавната чистота. Иако и досега со Законот за комуналните дејности се забрануваше чување ситни и крупни животни во урбана средина, одредбата не се почитуваше. Коњи слободно шетаа и во строгиот центар на Скопје, а најчесто се „укотвуваа“ кај Транспортниот центар. Имаше и случаи кога напаѓаа и луѓе.Причината за досега нерешениот проблем, според градските комунални инспектори, е тоа што Законот за комуналните дејности не предвидел казнени одредби за добиток во градски средини. Од надлежноста за разрешување на овој проблем се оградуваа и Градот и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

- Пред четири до пет години презедовме акција за собирање на коњите од јавните површини. Коњите се носеа во Зоолошката градина, но сопствениците веднаш дојдоа по нив, со тоа што платија по 800 денари за престој на коњите и плус трошоците за акцијата што беше спроведена со асистенција на полицијата - истакна Љубе Стојковски, раководител на Одделението за комунална инспекција во Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот Скопје треба да донесе новаа одлука за јавната чистота, која треба да ја усогласи со истоимениот закон, со која ќе го утврди начинот на кој ќе бидат одземани коњите оставени на јавна површина и како тие ќе се носат и ќе се чуваат во посебни боксови. Треба да се определи и колку ќе изнесува казната што треба да ја плати сопственикот доколку сака да си го земе коњот, како и да се реши што ќе се прави со животните што во одреден временски рок нема да бидат земени од сопствениците. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се децидни дека немаат никаква надлежност околу коњите, освен околу отстранувањето на пцовисаните животни.

- Во минатата недела граѓани бараа од нас да тргнеме мрша на мртов коњ. Нашата надлежност е да се собираат мршите од животните во градот, кои потоа се носат во санитарни гробници на Ветеринарската управа. Меѓутоа, имаме проблем кога се работи за коњ, бидејќи е големо животно. Немаме механизација со која би можеле да го кренеме. Се трудиме, иако не е наша обврска, и тоа да го решиме - вели Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“.

Полицијата во вакви случаи се справува на тој начин што против сопственикот на добитокот што слободно шета на јавни површини поднесува прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

- Во овој случај се соочуваме со проблем на утврдување на сопственикот на животното, бидејќи честопати тие се пуштени сами. Ние не сме надлежни за згрижување на добитокот од јавните површини. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа - потенцира Борче Пешевски, портпарол во МВР. Посебен проблем, пак, претставуваат запрежни коли со коњи, што слободно се движат по улиците на градот и претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот. Често се и причина за сообраќајни незгоди, иако движењето на запрежни коли во градското подрачје е забрането со закон.

Од Градот велат дека не се надлежни да санкционираат учесник во сообраќај што не ја почитува поставената сообраќајна сигнализација, туку дека тоа е исклучителна надлежност на полицијата. Единствена надлежност на Градот, според Законот за Градот Скопје, е поставувањето сообраќајни знаци. Градските власти потенцираат дека на влезот во Скопје, како и на повеќе магистрални и собирни улици, се поставени сообраќајни знаци со кои се информираат граѓаните дека движењето со запрежни коли е забрането.

Од МВР велат дека тие ги отстрануваат запрежните возила од сообраќајот и дека казната за нивното учество во сообраќајот и за нивното движење низ градот се движи од 25 до 45 евра, во зависност од тоа каде е затечено запрежното возило (на тротоар, во сообраќај или на други недозволени места).

- Проблем е тоа што во поголем број случаи тие се управувани од малолетни лица, па тешко ги пронаоѓаме нивните родители - објаснува Пешевски. Според портпаролот во „Комунална хигиена“, Поленак, запрегите во Скопје се последица, а не причина на проблемот.

- Проблемот е во непостоење систем на селекција на отпад и на третирање на рециклирање на територијата на цела Македонија. Се' додека не се најде комплетно решение на овој проблем, ќе постојат дивите собирачи на ПЕТ-амбалажата (пластични шишиња) и на друг отпад, а запрежните коњски коли ќе бидат нивно средство за транспорт и начин за обезбедување егзистенција - заклучи Поленак.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=E5691143296B564DA5D514D18685B093&arc=1 - Дневник - Анела Петрова -  25.09.2005

 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Oct-2009 at 17:00
Зоолошка изиграва пајак служба за коњиве! Далеку од тоа дека не постои начин да се забранат запрежните возила низ градов. Всушност она што легално се уредува не е животното туку приколката што ја влече. Колку што знам по закон и за запрежна приколка треба да се има некаков докумнет и не е до толку точак или количка за на пазар па туку така да се влече по коловоз. Но сето тоа е прогледано низ прсти знаејчи какви слоеви граќани ги употребуваат овие коли па и да се казнува тешко дека може да се изврши некаква наплата. Далеку од тоа дека може преку ноќ да се искоренат запрежниве возила, а и не гледам зашто до толку би сметале. Нормално во центар не ни смејат да припарат и на булевари но за по периферни улички не сметаат. поголем проблем е никаквата совест на оние што ги оставаат животните секаде и што тие запрежни коли се потенцијална опасност за секој во нивна близина. А за некаков пајтон сигурно дека нема да биде неатестирана приколка и воопшто не би било проблем да се регистрира низ нормална процедура и да си функционира и по оние пешачки зони низ центар со посебно одобрение од градот. А за запрежниве у последно време сум приметил дека голем дел се заменети со некои лади тристачи и слични чуда.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2010 at 17:44
НА СКОПСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ И ГОДИНАВА ИСТ ПРОБЛЕМ
Сонцето ги извади на улица запрежните коли

Елена Мачевска

Со првите потопли денови по скопските улици повторно се појавија запрежни коли преполни со најразличен отпад, на кои иако не им е место таму, никој досега не успеа да ги тргне од сообраќајниците. Граѓаните веќе се навикнати меѓу автомобилите на скопските булевари да гледаат и запрежни коли како еден вид превозно средство, особено на луѓето на кои тие им служат за пренос на пластични шишиња или на хартија. Во текот на денот, собирачите на ПЕТ-амбалажа прават обиколка низ целиот град, обидувајќи се да соберат што е можно повеќе пластични шишиња или картонски кутии. Навечер, пак, по неколку вакви групи собирачи на амбалажа се собираат на утврдени локации, најчесто под железничката станица и тука ја поминуваат ноќта, за веќе следното утро повторно со запрежните коли да продолжат во обиколка на градот. - Порано со семејството секојдневно патувавме од Шуто Оризари до центарот на градот за да собираме пластични шишиња и потоа да ги продаваме за да заработиме за живот. Но, секојдневното патување ни одзема многу време и наместо да собереме повеќе шишиња и на тој начин повеќе да заработиме, ние поголем дел од времето го поминуваме во патување - вели еден граѓанин од Шуто Оризари, кој одлучил кога ќе бидат повисоки температурите, со семејството да не се враќаат дома, туку да преспијат некаде во градот, најчесто под железничката станица. Сепак запрежните коли не само што претставуваат грда слика во градот туку и предизвикуваат вистински метеж во сообраќајот. Ваквите превозни средства, кои некому се извор на егзистенција, се вистинска опасност по улиците затоа што нивните сопственици го загрозуваат и својот и животите на другите учесници во сообраќајот. Од Град Скопје објаснуваат дека со Законот за безбедност во сообраќајот е забрането движење на запрежни коли по улиците, но, како што велат, тие не го утврдуваат режимот на сообраќај на сообраќајниците, бидејќи сообраќајот и учесниците во сообраќајот ги третира сообраќајната полиција. Од СВР Скопје велат дека запрежните коли кога ќе бидат забележани како се движат низ улиците, веднаш се отстрануваат од коловозот. - Според последните податоци, минатата година за управување со запрежна кола имало изречено 50 прекршочни пријави. За прекршителите следувале парични казни од 25 евра - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1981&ArticleID=137396


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 29-Mar-2010 at 20:07
 
па барем нека возат кочии со тоа коњите, можда ќе може туристички да ги валоризираме Rollin
 
Нели Коце !?    Banana 
 


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2011 at 00:15
Ова е нешто што ме вади од такт максимално. Да иам моќ све тоа би истерал најмалце 50 км од Скопје. Не сум нит расист, нит дискриминирам, ама кои се па тие чергари што си зимаат за право у строг центар со кочии да шетаат? Срамотилаци. Неодамна одев на семинар со многу странци во автобусот и на сред илинденска запрежна кола! Странциве се пукнаа од смеење. И наравно после на семинарот збореа со омаловажување кон целава земја. Па нека земе точак па со тоа да превезува. Не е ова на татко им земја па со коњите да не резилат. Да не набројувам уште на кои се булевари ги гледам. Од такт се вадам. Дури и луѓето околу мене ги напињам кога ќе видам коњ на булевар!!!!! Ама џабе е се, кога упорно пишувам на меилот на администрацијата на град скопје, а они упорно ингеренциите ги префрлаат од едни на други. Само демолирање на "колите" и носење на животните во стационар му е мајката!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 19-Apr-2011 at 00:23
Немам зборови за ова долги години се провлекува истото. До кога? Прво Коце најави градење на стационар за коњи ама ете уште ништо. Втора работа јасно ми е дека полицијата не може да ги казнува ама може да им ги одземе коњите и колите. Исто така мислам дека треба некоја акција да се почне за ромиве. Срамота жива!!!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Apr-2011 at 08:23
За жал провинцијалскиот и паланечки духј на Скопје нема да го поправиме само со новиот аеродром, автобусите или СК2014. Треба од корен некои работи да се сменат.
- Трајно да се тргнат сите просјаци од по семафорите, плоштад, камени мост
- Трајно да се тргнат запрежните коли
- Да се казнува драконски чепркањето и растурањето на конетејнерите
- Да се казнува уште по драконски крадењето капаци од шахти, кабли и сл
- Да се тргнат сите бездомни кучиња кои ги има во глутници низ целиот град
- Да се дислоциртаат сите диви картонско-шаторски населби на Ромите во централното градско подрачје
- Да се чисти многу повеќе ѓубрето кое во голем дел е и создадено од првите 3 точки
 
Мислам дека ова се основни проблеми, кои не прават да личиме на Карачи, Пакистан. Проблемите со дупки по улиците, подзапуштено паркче, неодржувана фасада на зграда се за второ ниво.
 
 


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2011 at 14:19
Овие од второ ниво реално ги има и во поголем дел од главните градови. Но запрежни коли на улиците, особено по булевари и бездомни кучиња немам видено во ниту еден странски град што сум го посетил. Ама и ромите се криви. Прво не е точно дека немаат пари. Поминете под железничка и видете кога бројат пари, иљадарки вртат. Второ, наместо коњ, со тие пари шо ги заработува нека купи точак или мотор, многу подобро изгледа тоа. Трето, па со цел памет ли намерно одат низ центар, па имаат толку приградски населби, маала, каде што има контејнери. Се повеќе ова ми изгледа на некоја граѓанска непослушност од нивна страна. А не знам кај се во вакви ситуации заштитарите на правата на животните, за све се бунат а за експлоатација на коњи не. Јас сум спремен уште од сега да започнам акција за чистење на Скопје, чистење во поглед на диви живеалишта и запрежни коли. Ваква акција треба, само така ќе се разбуди свеста кај народот и градот и со заеднички сили да се ичисти градов од шут и измет а и од грдата слика што ја дава.


Posted By: 4skopje
Date Posted: 19-Apr-2011 at 17:28
Abe treba policija da ne im dava da setaat vamu-tamu.Mene ke mi najdat i se da imam nesto sto ne cini ,a ovie ,,siromaskite,, moze i taka. Podrska !!!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 19-Apr-2011 at 17:34
Originally posted by N23

Овие од второ ниво реално ги има и во поголем дел од главните градови. Но запрежни коли на улиците, особено по булевари и бездомни кучиња немам видено во ниту еден странски град што сум го посетил. Ама и ромите се криви. Прво не е точно дека немаат пари. Поминете под железничка и видете кога бројат пари, иљадарки вртат. Второ, наместо коњ, со тие пари шо ги заработува нека купи точак или мотор, многу подобро изгледа тоа. Трето, па со цел памет ли намерно одат низ центар, па имаат толку приградски населби, маала, каде што има контејнери. Се повеќе ова ми изгледа на некоја граѓанска непослушност од нивна страна. А не знам кај се во вакви ситуации заштитарите на правата на животните, за све се бунат а за експлоатација на коњи не. Јас сум спремен уште од сега да започнам акција за чистење на Скопје, чистење во поглед на диви живеалишта и запрежни коли. Ваква акција треба, само така ќе се разбуди свеста кај народот и градот и со заеднички сили да се ичисти градов од шут и измет а и од грдата слика што ја дава.


Абе батка на тој човек нема што да му правиш. Не е само земи им ги коњите не можеш да ги ограничиш да се двишат. Тие ПАК и ПАК ќе дојдат по улиците и ќе просат. Збориш како да се работи за било кого, тие се такви пак ќе доаѓаат уште од мали просат и живеат на улица што се вели во гени се такви. Тука државата треба да започне некоја сложена кампања што би се видел резултат во наредни години. Зборувам конкретно за шутка и секаде каде што живеат. Такада казни и одземање ќе реши привремено ама пак ќе се вратат во тоа ти гарантирам.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Apr-2011 at 17:51
PreviousSo kaznenje nikako ne se soglasum bidejki tie se vekje kazneti, ovie se poslednicite na negrizata od stranata na vladata.
Kako sto rece, tie pak i pak kje dojdat, kampanji se nepotrebi bidejkji so tie pari moze barem malku da gi ubedlivi ovie lugje da prestanat da se vozat so ferari niz centarot.
Siguren si deka ove lugje imaat televizor za da gi vidat grandioznite kampanji na vladata?Ne, i ako imaat, cel den ne se doma, tuku soberat plastiki niz Skopje.Zalno sto voopsto ovie lugje padnuvaat na vakvo nivo.


-------------


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2011 at 19:28
Ама луѓе збориме како овие луѓе само кај нас да имаат проблеми. Насекаде низ свет оваа група на луѓе живее во исти услови. Поентата е дека не можат да го ругаат градот на сметка што никој не им помогнал. Умре времето кога државата помагаше. Дали тоа значи дека треба и јас да земам коњ и да се праам фраер на булевар видете ме не ми можете ништо, или да се населуваат во строг центар? Не е оправдување нивната ситуација. Казна треба да им е одземање на "превозното средство". Парична никако. Јас сметам дека градот во вакви случаи треба да обезбеди десетина велосипеди со количка и да им го ограничи просторот. Но и тогаш ќе прљаат. Најдобар е начинот на оградување на нивните живеалишта, еден вид на гето, но подобар е изградба на некакви монтажни живеалишта. Но додека тоа не се изгради, не можеме да дозволиме коњи да шетаат. Секоја работа се почнува од основата. Прво запрежните коли, потоа питачите и на крај нивните диви живеалишта. Верувајте лесно се дислоцираат, ми текнува на поише места каде што беа населени и по некоја година целосно ги дислоцираа. Само желба и иницијатива, ова не е нешто што кошта многу пари. Факт е дека градот не може да е заложник на социјалната положба на некои луѓе. Живеат во мизерни услови, но има и илјадници други кои немаат никакви средства па не го ругаат градот. Треба да се почне со акција во стилот СТОП ЗА ЗАПРЕЖНИТЕ КОЛИ или нешто слично, покреативно.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 19-Apr-2011 at 19:37
Јас мислам дека градот нема ниту сила ниту законска регулатива да ги урне овие буквално диви превозни средства. На тоа кога ќе ја ставиме и те како социјалната положба одма секој втор ќе ви рече, чекај како на тој човек ќе му го земеш и тоа што го има? Јасно ми е мене дека добар дел од луѓето така размилсуваат и затоа велам колите не се проблем, проблем е нивниот живот и тоа како функционираат како луѓе или нација како сакате. И затоа се потребни сериозни акции од страна на државата а не на градот цели кампањи за подобрување на нивните маала почнувајќи од шутка и топаана.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2011 at 22:43
Да не видев како живеат во Хрватска, Србија или Унгарија, ќе мислев дека кај нас им е ужасно. Но споредбено Шутка со други нивни населби, тука им е премија. Факт е дека се познати по нехигиената. Зошто е тоа така, не би знаел. Но не може некој да земе запрежна кола и да ја вози низ град. Па каква слика ќе дадеме на и тие малку туристи што доаѓаат. Јас да видам некаде десетици запрежни коли у строг центар, никад не би дошол пак. Лоша слика даваат. Јас не викам да им се уништи се, ама не верувам дека немаат ни 500 ден уместо коњ да стават точак и така да собираат хартии и шишиња. Не за друго барем кај мене у маало многумина со точаче или томос си собираат средства за преживување.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Apr-2011 at 23:30

Се сложувам со Н23, и неретко сум бил во слична ситуација црвенеејќи од срам да им обајснувам на гости од Израел, Америка, Франција, Словенија што бараат коливе и коњскиот измет на булевари како Партизанска, Јане Сандански, Кочо Рацин. Но колку и да звучи чудно, мислам дека нам ни се изместени критериумите. Како прво и основно овие запрежни коли мора да ги снема поради безбедноста во сообраќајот. Овие „рециклатори“ мора да ги снема не поради туристите, туку поради потенцијалните зарази и по нив и по нас кои се предизвикуваат со нивното растурање смет насекаде. Оние деца питачи по семафори мора да ги снема за наша и нивна безбедност во сообраќајот. Колку пати залетан да фатам зелено едвај сум ги избегнал. Одговори од типот градот не е надлежен несакам да слушнам. Не ми е гајле кој е надлежен. Како што и ним не им е гајле дали јас имам сметководител или не, и како тој пресметал дека треба да платам преку 18.000 евра даноци годишно. А додека ние се мислиме кој бил надлежен коњите се множат, шахтите се крајно небезбедни поради украдени капаци, деца од 5-6 години питаат и се фрлаат врз коли, се крадат знаци и информативни табли за кои сите ние плаќаме.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Apr-2011 at 23:34
Се е тоа фино ама да баталевте генерализации малку за да не ги бришам непотребно постовите.

Едно е Шутка каде живеат еден тон луѓе кои нормално работат и живеат, а сосема друго се чергарскиве и просјачки групи кои треба да ги дискутираме тука и кои се дефактно проблем.




Posted By: N23
Date Posted: 20-Apr-2011 at 00:07
Шутка ја земав како пример каде би требало да ги дислоцираат. Мислам дека "Snatch" со Џејсон Статам многу блиску ни го доловува животот на чергарите во Англија и може да се забележи дека нивниот начин на живот е сличен со нашиве, но и сепак толку далечен. Факт е дека градот треба да ги дислоцра, но кога ми вратија за тоа која надлежност чија била сфатив дека на никого за овој град не му е гајле, од административциве наравно. Поради заштита на приватноста на пораката од Град Скопје не би ја постирал тука, но ми се згади тоа што го добив како одговор. Уште пострашно е што денес со колеги од факс се карам и ми викаат дека не им пречи што има запрежни коли сред град и дека гајле им е дали има измет и чергари под Железничка. После такво нешто фино лепо ја баталив темата и нервозата си ја истурив на партија баскет.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Apr-2011 at 08:27
    Originally posted by UrbanFreak:
- Трајно да се тргнат сите просјаци од по семафорите, плоштад, камени мост
- Трајно да се тргнат запрежните коли
- Да се казнува драконски чепркањето и растурањето на конетејнерите
- Да се казнува уште по драконски крадењето капаци од шахти, кабли и сл
- Да се тргнат сите бездомни кучиња кои ги има во глутници низ целиот град
- Да се дислоциртаат сите диви картонско-шаторски населби на Ромите во централното градско подрачје
- Да се чисти многу повеќе ѓубрето кое во голем дел е и создадено од првите 3 точки
 
   Помеѓу горенаведеново и испраќањето човек на Марс до 2030 г., второво ми се чини многу поверојатно.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Apr-2011 at 08:45
Originally posted by phenomenon

    Originally posted by UrbanFreak:
- Трајно да се тргнат сите просјаци од по семафорите, плоштад, камени мост
- Трајно да се тргнат запрежните коли
- Да се казнува драконски чепркањето и растурањето на конетејнерите
- Да се казнува уште по драконски крадењето капаци од шахти, кабли и сл
- Да се тргнат сите бездомни кучиња кои ги има во глутници низ целиот град
- Да се дислоциртаат сите диви картонско-шаторски населби на Ромите во централното градско подрачје
- Да се чисти многу повеќе ѓубрето кое во голем дел е и создадено од првите 3 точки
 
   Помеѓу горенаведеново и испраќањето човек на Марс до 2030 г., второво ми се чини многу поверојатно.
Горенаведеното е далеку од невозможно и тешко остварливо. Доколку недостигаат законски регулативи, нека се донесат. Доколку недостига надлежна институција, нека се создаде.  По тоа се цени колку е една држава/град способна не по тоа дали има повеќе барокни или бруталистички градби. Самиот факт што го спомна и Н23, дека сме незаинтересирани за овој проблем, дека шминката и фејслифтингот на градот ни е поважен од суштината не враќа во реалноста. Па во другите нишки некои од нас стигнаа до правење сопствена нуклеарка, сами ќе сме збогатувале ураниум, сами ќе сме направеле и нуклеарен реактор. Гладна кокошка просо сонува.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Apr-2011 at 09:59

    Како ќе се изведе сето тоа, кога за тргнување на просјаците од улиците и семафорите, не само што не се работи воопшто, туку и:

     Дозволуваме како општество, ДА ГЛЕДАМЕ како малечки деца лежат гладни, парталави и боси на картон врз бетон во среде зима. Само ГЛЕДАМЕ и ништо не преземаме. Кај се борците за човекови права, кај е Уницеф, кај е Меѓаши? Кој е казнет за експлоатирањето и изживувањето на децата? Кој? За ова во САД, веднаш ќе ти го земат детето од Социјалните служби, а ти ќе окапеш во затвор. Во Нов Зеланд не смееш да оставиш дете помало од 14 години без надзор, итн.
    Толку ли не можат да ги фатат оние родители, што ги малтретираат вака децата, и да им удрат таков ќотек, што ќе побараат уште.
    И после ова, како да не изгледа невозможно горенаведеното.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 20-Apr-2011 at 13:10

Toчно, треба проблемот во корен да се реши и да се овозможи нормална иднина на тие деца. Повеќе служби во координација може со релативно малку средства многу да постигнат. Без ова можно е само шминкање на проблемот со мерки како конфискација на колите и дислокација на живеалиштата.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 20-Apr-2011 at 13:18
Тоа е тоа што го зборувам цело време. Не е само "ајде ќе ги тргнеме од улиците" како и сите горенаведени ситуации. Проблемот е многу покомплексен и потребна е помош од државата за една сеопфатна акција.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: N23
Date Posted: 20-Apr-2011 at 15:29
Не знам за вас, ама сабајле индијанци со две запрежни коли, меѓу кои на едната деца до 10 години, во 8 сабајле си искочија на сред булевар а после тоа и на новиот мост према Саем. Епа не знам дали после тоа не треба брутално да постапиме со колите, нормално човечки со животните кои се најмалку виновни за сево ова.


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:57
Originally posted by N23

Не знам за вас, ама сабајле индијанци со две запрежни коли, меѓу кои на едната деца до 10 години, во 8 сабајле си искочија на сред булевар а после тоа и на новиот мост према Саем. Епа не знам дали после тоа не треба брутално да постапиме со колите, нормално човечки со животните кои се најмалку виновни за сево ова.


И јас денес налетав на коњска кола, ама пази, ја возеа деца и тоа едвај да имаа по 7-8 години Bash   и за малку ќе направев  беља, коњот подиве и за малце ќе удрев у чезата..мизерија, па после ќе требаше да одговарам ни крив ни должен


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Apr-2011 at 00:27
запрежните коли не само што даваат грда слика, туку закрчуваат сообраќај, узурпираат простори, нехигиенски се и често опасни
мене, од сета оваа ситуација, не ми е јасно зошто Ромите инсистираат сеуште на користење на запрежна кола, како и да гледаш, товарен трицикл на пример е многу покорисна и полесна работа... единствено не може да излезе на брзи булевари, но и вака и така, никогаш не разбрав што мајка бараат на булевар Bash

како што кажа некој погоре, проблем е менталитетот и начинот на кој функционираат, од тука произлегува просјаштвото, дивите живеалишта, коњите и кучињата, запрежните коли и т.н.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 21-Apr-2011 at 00:42

Каква товарна кола бе? Тие се возат најмногу бидејќи се големи за целиот шут и бидејќи животното ја влече колата а не "возачот" во случајот на точаков.
Пак ќе кажам проблемот лежи на државно ниво не на Град Скопје. Работите се покомплицирани од тоа "казни ги" или "одземи им ја запрегата".

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: N23
Date Posted: 21-Apr-2011 at 15:23
Прееска ги посматрам на тоа запрежната кола ми се смејат и се силат. Мора овој гамад од улиците да се тргне, а што е најтрагично оние од дивине живеалишта у Маџир Маало си го ставиле коњот на 5 метри од НБРМ да пасе. Ми идеше да му го исечам јажето и коњчево фино лепо да избега, да направи мал хаос, па после тоа нека градскиве татковци му ја мислат. Одземи им ја колата е прв начин со кој сигурно полека ќе мораат да бараат друго решение. Ако им го земеш коњот, а притоа контролираш на друго место коњ да не се продава, сакале нејќеле ќе мораат друго превозно средство да земат. После тоа депортирај ги у Шутка, со што автоматски ќе им го лимитираш местото на движење, сигурно нема со точак од Шутка до Центар или Аеродром да иде. Се се може лесно ако се сака. Ако можеа да ги дислоцираат во другите земји, се може и кај нас.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2011 at 15:38
Ееееее алооо. Сите го знаеме проблемот со запрежните возила, има механизми ако се сака да се решат и мислам дека е доволно. За ромите свашта се изнапиша генерализирано. Депортација во Шутка и слични работи веќе задира во други теми. Ова се возила кои не исполнуваат стандари како и многу други возила и така треба да се тертираат, не како етничко не како некое прашање кое е подложно на договор. Од друга страна треба да се бара и решение за тие луѓе како да им се подобрат животните услови.


Posted By: N23
Date Posted: 21-Apr-2011 at 16:11
Не класична депортација, преместување на нивните живеалишта. Мојата слика за овие луѓе е можеби претерано негативна, но секој ден, три години по ред да одите под железничка накај факултет, да гледате како кучиња ве напаѓаат, како смрди, каква нечистотија шират, како се лепат за вас да ви соберат некој денар, како залутани странци ме прашуваат каде залутале и дали е безбедно, како напаѓаат девојчиња што се обиделе да им дадат 5 денари, како силеџиски ви се смеат во фаца, како фрлаат ѓубре насекаде и ред други работи, мислам дека ниту некој друг од вас би зборел поинаку. А за животните услови сами се виновни. Има доста примери како добивале живеалишта па ги руинирале и бегале од нив, но за тоа не би сакал да зборувам, да не навлезе во фазата на дискриминација. Но мојот револт кон тие луѓе ќе остане, затоа што ако тие бараат слобода, ондак и јас барам слобода преку тоа што нема да ми ја уништуваат средината, ќе се грижат за неа и нема да иам потреба со страв да проаѓам покрај нивните кучиња и нивните залутани коњи. А за кражбите и да не зборам. Мое мислење е дека запрежните коли треба да се уништат, исто како и старите автомобили кои не се во возна состојба, но и преселување на ромите од централните места кои ги руинираат. Ваквото мислење сепак не навлага во некои етнички, дискриминирачки и сл теми.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:21
Е N23, и после се чудиш зошто странците не омаловажуваат. Не сме способни како држава да се справиме со едни дрски и безобразни просјачишта. А виде ли во САД, 180 дена поправен дом за дете од шест години! Се сеѓавам на еден случај во албанско основно школо во Куманово (во самиот град), за сличен инцидент со пиштол. Директорот не дозволи на полицијата ниту да влезе.
Уште ве лажат политичарите дека Скопје е метропола. Тоа е најголемото село во Европа. Вистински претставник на субсахарските градови на Балканот.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 21-Apr-2011 at 23:39
Мислам дека проблемов треба што повеќе да се актуелизира и да се зборува повеќе за него. Некој погоре спомна дека е комплексен и тежок за решавање. Се сложувам донекаде дека е комплексен и посложен, но прашањето ми е дали некој и некоја институција се занимава со него и бара начин како да се реши? Дали има надлежен орган кој седнал размислил, направил консултација со други држави, дал предлог закон, одредил буџет, побарал донации и сл? Да се каже проблемот е комплексен, и да се дигне раце е најлесно. Впрочем тоа го гледавме во Македонија со низа навистина крупни проблеми 20 години. Буткањето под тепих нема да доведе до решение.
 
Предлог: Да пишуваме на билд што повеќе за темава, без никаква навреда кон Ромската популација. Сепак и тие во најголемиот дел се вредни и чесни луѓе а каубојциве на коњи и по диви населби се мал процент од целокупното ромско население. Да пишуваме и до сите позначајни медиуми, оваа тема да не се обработува само еднаш во 2 години во некој медиум, туку постојано, да им се труби на политичарите дека ова е навистина пред се небезбедна а после тоа и грда слика за нашиот менталитет и град.
 
Што би направил јас: Прво и основно би ги попишал сите овие лица, бидејќи верувам државата за поголемиот дел од нив нема никва евиденција. После би им го попишал и имотот и бројот на животни. Под итно би донел построги закони со кои би се забранило движењето со запрежни коли насекаде низ градот. Казните би биле драконски, од типот одземање на коњот и колата. Пралалено со тоа, би работел на изнаоѓање решение, што со овие луѓе? Од што ќе ја вадат својата егзистенција и како да се социјализираат. Убеден сум дека не се работи за толку голем број како што ни се чини. Преку сила сите просјаци, сите бришачи на шофершабни, јавачи на кочии нека се 2-3000. Да се побара донација од европските фондови за ромската популација. Да се инвестираат заеднички пари да им се изградат населби, во кои освен што би биле смесетени би им се смислил и начин на едукација на децата а и некаква работа за постарте. Впрчем нека си биде повторно тоа во делот за рециклирање на смет. Нека се набават возила со кои тие би го собирале ваквиот смет (мали моторчиња со приколки или со 3 тркала). Нека им се легализира бизнисот и нека им се откупува но строго дефиниран тип на отпад. Дури и да нема економска оправданост целиот проект, заради доброто на државата треба повеќе да се потрудиме. Сигурен сум и дека може во голема мерка ова да биде финансирно и од ЕУ фондовите, бидејќи и во нивен интерес е еманципацијата на оваа група на луѓе.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: N23
Date Posted: 28-Apr-2011 at 19:18
Индијанци на запрежна кола, секој ден у 15 до 2 проаѓаат на М. Х. Јасмин. Кој поминал у тоа време знае каква гужва е. Ради нив доаѓа до пцовки меѓу шоферите, се избегаваат сообраќајки, а они мртви ладни со коњот и итај напред. Ајде и нека им е коњот, ама у 2, сред центар по една од најпрометните улици, е тоа нема никад да го оправдам. Што не идат од 10-12, па после 5 и тоа по споредни улици? Не они мора шефови да се. Кој поминал под железничка може да види каква зоолошка градина иаме на отворено. Секој ден при крај сум со нервите коа ќе ми дојде просјак со коњот и 5 кучиња околу него онака жустро настреони да ми бара некој денар? Среќа не идам сам па ме воздржуваат од полоша реакција. Или ко што деновиве кажа еден асистент на факс, Скопје е депонија спрема западноевроспките градови. Коњиве се врвот на тој декор.


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Apr-2011 at 22:35
мене не ми е јасно зошто со запрежниве коли излегуваат на булевари? од инает тоа или што? ако ништо друго, барем нека не предизвикуваат метеж и инциденти во сообраќајот


Posted By: krale
Date Posted: 28-Apr-2011 at 22:48
Проблемот со запрежниве коли, навидум се решава многу едноставно - ги казнуваш со ненормални казни, или ако немаат да платат конфискуваш.

Сепак, хуманоста на таквото решавање е страотно брутална. Се работи за еден најдолен и мизерен слој на општеството, од кои најповеќето немаат ни 4 одделение завршено. Сигурно и тие сакаат да поминат со мерцедес по булевар, ама реално се осудени на една мизерија.

Се разбира секаде во светот постои ваков слој, но развиените градови на запад им овозможуваат бројни прилики во работа со јавната хигиена, со што само мал број на бездомници остануваат. Тие се најчесто алкохоличари, наркомани или луѓе со психички проблеми. Тие најчесто стануваат само обични просјаци.

Според мене, додека не се реши социолошкиот проблем, каде ќе одат и што ќе јадат тие луѓе, нема да бидеме спремни да го решиме и сообраќајниот проблем.


Posted By: N23
Date Posted: 28-Apr-2011 at 23:09
Има акција на усаид да делат бесплатни троцикли за собирање хартија и пластични шишиња. Ова е досега најбољи начин да им се одземат запрежните коли и да им се подарат троциклите. Но мислам дека ваквите проекти не се итнересни за градската власт која реално не би добила многу поени меѓу народот. Ние сме заложници повеќе на високата политика отколку на овие сиромаси. Но нема оправдување у 2 попладне да возат на булевар. Хартијата и шишињата и у 5-6 ќе бидат на тоа место. Иначе оваков проблем, но во помали размери има и во Белград и Загреб, барем спрема она што видов по нет, додека дефинитивно во Романија ги има највише. Но тоа не треба да не теши.


Posted By: krale
Date Posted: 29-Apr-2011 at 07:16
Originally posted by N23

Има акција на усаид да делат бесплатни троцикли за собирање хартија и пластични шишиња. Ова е досега најбољи начин да им се одземат запрежните коли и да им се подарат троциклите. Но мислам дека ваквите проекти не се итнересни за градската власт која реално не би добила многу поени меѓу народот. Ние сме заложници повеќе на високата политика отколку на овие сиромаси. Но нема оправдување у 2 попладне да возат на булевар. Хартијата и шишињата и у 5-6 ќе бидат на тоа место. Иначе оваков проблем, но во помали размери има и во Белград и Загреб, барем спрема она што видов по нет, додека дефинитивно во Романија ги има највише. Но тоа не треба да не теши.


Само да не почнат да се продаваат овие трицикли, а се уште да си ги возат старите?


Причината зошто се во 2 саат на булевар, е што постои ОГРОМНА конкуренција и меѓу нив, и мора да работат напорно за да соберат дволно пластика.

Можеби сега откако ќе се постават жичани контејнери за пластика на повеќе места, ќе немаат толку работа, и ќе мора да се преориентираат кон друга работа.


Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 29-Apr-2011 at 09:10
Originally posted by krale


Само да не почнат да се продаваат овие трицикли, а се уште да си ги возат старите?


Причината зошто се во 2 саат на булевар, е што постои ОГРОМНА конкуренција и меѓу нив, и мора да работат напорно за да соберат дволно пластика.

Можеби сега откако ќе се постават жичани контејнери за пластика на повеќе места, ќе немаат толку работа, и ќе мора да се преориентираат кон друга работа.

другар ти луге сигурно и би работеле друго кога некој би им понудил работа или пак кога би знаеле да друго да работат, се плашам дека ако се постават сегде жичани контењери им останува само просење или крадење


Posted By: N23
Date Posted: 29-Apr-2011 at 10:28
Баш напротив. Сега немаат алиби за просење. Ќе се вработат ваквите собирачи на пластика во Комунална Хигиена и ќе ги носат во место задолжено за тоа и наравно пари ќе добиваат за тоа.
А Крале ти држи вода тоа со продавањето, едини начин да се спречи тоа е да им се земат запрежните коли, па се што ќе им остане е тој троцикл.
еве у дневник што пишува за нивното вработување.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4DB902B26A6EAB499B82324D451ADC82


Posted By: N23
Date Posted: 02-May-2011 at 19:56


Коњов си седи секој ден на исто место, на само 1 км од строг центар. Се друго што ќе се каже е непотребно.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 02-May-2011 at 20:29

Не е строг центар се работи за неурбанизиран дел без канализација >Маџир Маало кое за жал нема да се руши никогаш.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: N23
Date Posted: 02-May-2011 at 22:24
А подобро да прочиташе. На 1 км ОД строг центар, не во строг центар. А Маџир Маало можно е за неколку месеци да се руши, овој месец треба да се донесе нов дуп со кој тука се предвидуваат станбени објекти.


Posted By: krale
Date Posted: 02-May-2011 at 22:54
Originally posted by N23

А подобро да прочиташе. На 1 км ОД строг центар, не во строг центар. А Маџир Маало можно е за неколку месеци да се руши, овој месец треба да се донесе нов дуп со кој тука се предвидуваат станбени објекти.


Нема да се руши, не правете филмови.


Posted By: N23
Date Posted: 02-May-2011 at 23:24
Затоа што имаш памет колку сите членои заедно, како ќе го протумачиш ова што ми го напишаа од Општина Центар?
Цитирам: " Деталниот урбанистички план Маџир Маало,неговото изготвување веќе е во процес на планирање,поточно се изработува нацрт планот кој наскоро ќе биде изложен на јавна анкета.Според ГУП-от,намените на површините се заеднички станбени објекти,сервисни дејности и објекти од здравство(последниве две се вградени во Комплексот банки). "


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 03-May-2011 at 00:03
Ако вака се развиваат работите, зошто не би се префрлил муабетов за Маџир Маало во соодветна нишка?! Па да се надеваме дека набрзо ќе коментираме и за таа работа, како секогаш интересна и актуелна.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: krale
Date Posted: 03-May-2011 at 08:34
Originally posted by N23

Затоа што имаш памет колку сите членои заедно, како ќе го протумачиш ова што ми го напишаа од Општина Центар?
Цитирам: " Деталниот урбанистички план Маџир Маало,неговото изготвување веќе е во процес на планирање,поточно се изработува нацрт планот кој наскоро ќе биде изложен на јавна анкета.Според ГУП-от,намените на површините се заеднички станбени објекти,сервисни дејности и објекти од здравство(последниве две се вградени во Комплексот банки). "


Никаде не пишува дека ќе се руши. НИКОЈ ЖИВ не може да го сруши. Тоа што ќе се нацрта во планот, не може никого да го натера да си ја сруши куќата. НЕ бидете смешни, испаѓате стварно наивни.


Posted By: N23
Date Posted: 03-May-2011 at 14:02
А како успеаа куќите да ги срушат кај стара рампа, па да никнат згради, да ги доградуваат у мичурин и сл. Да не ќе ги праша некој дали смеат да им ги рушат, кога најголем дел се дивоградби. Нека бидат среќни ако добијат по 2-3 стана. А и како ондак планираат згради, а нема да се руши? Нормално е дека ќе останат поубавите куќи на кеј што се, ама оние на почеток, нема шанси да останат. Па тоа место кошта милиони евра. Не верувам дека нема да се најде инвеститор кој со добра сум и сила од државата нема да ги избрка.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-May-2011 at 17:37
krale nema potreba da se vozbuduvash tolku, vo ovaa nasha realno siromashtija za pari kje vidish kako kje se srushi se shto treba.


Posted By: krale
Date Posted: 03-May-2011 at 22:02
Originally posted by N23

А како успеаа куќите да ги срушат кај стара рампа, па да никнат згради, да ги доградуваат у мичурин и сл. Да не ќе ги праша некој дали смеат да им ги рушат, кога најголем дел се дивоградби. Нека бидат среќни ако добијат по 2-3 стана. А и како ондак планираат згради, а нема да се руши? Нормално е дека ќе останат поубавите куќи на кеј што се, ама оние на почеток, нема шанси да останат. Па тоа место кошта милиони евра. Не верувам дека нема да се најде инвеститор кој со добра сум и сила од државата нема да ги избрка.


Па ако знаеш нешто ќе знаеш дека на пример на местото кај Холидеј ИН и спроти кај црквата богородица, има диви куќи 100 години што стојат, во кои никој не живее, па не можат да ги срушат, а не маџир маало со 3-4000 жители.

Наивни сте, не знам по колку годинки имате, ај кажете си.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-May-2011 at 22:26
Originally posted by krale


Наивни сте, не знам по колку годинки имате, ај кажете си.


Крале, престани да ги дискредитираш луѓето на ваков начин.

Бараш да се почитуваат твоите ставови, кои многу често немаат допир со елементарна логика а постојано делиш вакви етикети.

Изрази си го твоето мислење, тоа е во ред, но престани со вакви доскочици кои можат да отидат само на лошо.


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 00:03
ОК, може сум згрешил за годините, ама наивноста некако не ме води кон поинаков заклучок. Во градов да се сруши маало со 3-4000 жители, може да се случи само ако влезе ГРДНА пара, а за правење булевари и паркови во никој случај.


Posted By: N23
Date Posted: 04-May-2011 at 00:14
Originally posted by krale

ОК, може сум згрешил за годините, ама наивноста некако не ме води кон поинаков заклучок. Во градов да се сруши маало со 3-4000 жители, може да се случи само ако влезе ГРДНА пара, а за правење булевари и паркови во никој случај.


Неам намера да аргументирам со тебе, прво објави две слики на форумов па после издигни се као респектабилен член, се дотогаш ќе бидеш обичен спаматор кој што нема друга работа освен да мрчи. Таму не пишува булевари и паркови, него станбени објекти и болници, за кои и те како ќе влезат грдни пари само за да добијат место. Апсолутно никој не може да си ја одбрани својата дивоградба, а особено не тие луѓе што живеат таму. Ја не знам ти која возраст си, ама искуството си кажува дека секоја општина си чува по некое место кое во иднина ќе се продава, па така со тек на време стигна тендер за стокатници на паркингот кај холидеј ин, празната ливада у аеродром ја искористија исто за висококатници, сеа на ред е маџир маало, за некое време ќе дојде и тој дел ти што го спомна, се со ред. Така прави секоја власт која сака да се изгради нешто а притоа и големи пари да се слеат. Никој не е будала у исто време да ги продаде двете слободни парцели, за ако добие нареден мандат да нема веќе кај да се гради. Се е ствар на политика, а коа има и пари проблемот е лесен. Затоа и не се тргаат запрежните коли, затоа што се чека пара од надвор за да се помогне.


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 00:31
Originally posted by N23

Originally posted by krale

ОК, може сум згрешил за годините, ама наивноста некако не ме води кон поинаков заклучок. Во градов да се сруши маало со 3-4000 жители, може да се случи само ако влезе ГРДНА пара, а за правење булевари и паркови во никој случај.


Апсолутно никој не може да си ја одбрани својата дивоградба, а особено не тие луѓе што живеат таму


Како да те сфатам сериозно, пбанкс ај ти помогни ми...


Posted By: N23
Date Posted: 04-May-2011 at 00:59
Па тие луѓе во дивоградбите нема кој да ги заштити до сега, како ондак кога ќе дојде време за рушење тие да бидат главни сопирачи. Начело на сила ќе се примени и готова ствар. Тоа е реалниот свет. А да не зборам што таму се чува разен добиток, кој се шета по улици и кој е казнив со закон, па наместо да им пишат 10-тина пријави, они за солидни пари ќе продадат. Take it or leave it.


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 07:31
Originally posted by N23

Па тие луѓе во дивоградбите нема кој да ги заштити до сега, како ондак кога ќе дојде време за рушење тие да бидат главни сопирачи. Начело на сила ќе се примени и готова ствар. Тоа е реалниот свет. А да не зборам што таму се чува разен добиток, кој се шета по улици и кој е казнив со закон, па наместо да им пишат 10-тина пријави, они за солидни пари ќе продадат. Take it or leave it.


Да да сто посто. Во градов едвај ги рушат трафиките, а не па цела населба насила да ја истераат, со казни и со оставање на толкав број на жители на улица? Извини, ама тропаш тешки глупости.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 04-May-2011 at 12:17
Крале легенда си жими се, во нишката за Климент Охридски викаш да се бутаат, згради и куќи за проширување на тротоари, пази на тротоари, а за Маџир Маало имаш сосема друго мислење. Размисли малце, договори се сам и напиши нешто поосновано.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 13:01
Originally posted by StreetStruck

Крале легенда си жими се, во нишката за Климент Охридски викаш да се бутаат, згради и куќи за проширување на тротоари, пази на тротоари, а за Маџир Маало имаш сосема друго мислење. Размисли малце, договори се сам и напиши нешто поосновано.


На Климент Охридски ќе се рушат куќите за да се направат згради. Зошто? Заради огромната зараоботка за сопствениците.

Која ќе биде заработката на маџирмаалци да го срушат своето маало, пошто куќите им се нели нелегални, и со тоа немаат ни право на ништо?

Или ќе падне крв, или маџир маало ќе си остнае како што е, само урбанизирано.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-May-2011 at 14:31
Чекај бе, нели сега ќе им се легализираат со законов?

Ти како маџирмаалец да си, штом го "браниш со крв"


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: krale
Date Posted: 04-May-2011 at 14:49
Originally posted by alexgizh

Чекај бе, нели сега ќе им се легализираат со законов?Ти како маџирмаалец да си, штом го "браниш со крв"


Не може да се легализира ако не влегува во ДУП-от или барем во ГУП-от. А маџир маало не влегува во голем дел.

Инаку не сум маџирмалец.


Posted By: N23
Date Posted: 04-May-2011 at 16:01
Па затоа ќе им дадат по неколку иљади евра, еден стан и завршена работа. Па луѓено од кај стара рампа им ги срушија куќите, живееја под кирија и после тоа добија по два стана. И не се работи за цело маџир маало, се работи највише за оние полураспаднати куќи, другите до кеј се сосема средени и не верувам дека и тие ќе влезат во рушење. Како и да е, ако тоа е добро за урбанизација на градов, одма ќе ги срушат.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 04-May-2011 at 16:45
[quote=krale]На Климент Охридски ќе се рушат куќите за да се направат згради. Зошто? Заради огромната зараоботка за сопствениците.

Која ќе биде заработката на маџирмаалци да го срушат своето маало, пошто куќите им се нели нелегални, и со тоа немаат ни право на ништо?

Или ќе падне крв, или маџир маало ќе си остнае како што е, само урбанизирано[/qoute]

Верувај баш поради тоа што не живеат мал број на луѓе, ќе се има разбирање и обештетување, за да не се десат милион глупости. Си има цивилизирани начини на кои може се да си се реши. Секој инвеститор би се сложил на секое семејство да му даде 1-3 стана (зависи од тоа колкав имот поседувале), бидејќи Маџир Маало како такво има поголем потенцијал од делот покрај Климент Охридски. Зошто?
Па неколку причини: Се наоѓа до железничкиот и автобускиот транспортен центар, се наоѓа на кејот на Вардар, тука е Народна Банка на РМ кој сфати сфати што значи тоа, тука е МАНУ, тука е МТВ, тука се судовите, тука е Универзитетот, тука е саемот и си во самиот Центар што важи и за Климент Охридски, поврзаноста со инфраструктура тука би била супериорна во однос на зградите на Климет Охридски итн.
Значи тука ти е златен рудник, а за станови нека не се секира никој, тие што сега се бунат ќе живеат ко Богови во однос на тоа што сега го имаат и за она што непотребно, неиздржано и страшно напињачки се борат.

И дали ќе може муабетиве да се префрлат во соодветна нишка, се затера муабетот за ова, а башка сега е збунувачки за оние кои не ја ни отвораат нишкава за запрежните коли.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: N23
Date Posted: 04-May-2011 at 17:22
Уште еден момент, две запрежни коли на М.Х.Јасмин и една кај Хавана у 2 и 30 попладне. А у моментот проаѓаше група странски туристи. Не знам само како ќе си ги поврзат овие луѓе спотовине за македонија со реалната слика. За среќа барем во Охрид не сум забележал ваков превоз, иако сигурен сум дека и таму има, но можда низ центарот не се користи.


Posted By: N23
Date Posted: 14-Jun-2011 at 14:04
Вака Скопје цели да стане метропола.

http://imageshack.us/photo/my-images/137/img0039aw.jpg/">


Posted By: Supervisor
Date Posted: 14-Jun-2011 at 14:06
Шуто Оризари има околу 40.000 жители мислиш дека некогаш ќе се замени овој превоз? На тие луѓе и возила да им дадеш пак ќе се вратат на улиците. Јас се надевам дека државата ќе преземе нешто со кампањи и едукација луѓето од Шуто Оризари да се образоваат па ефектите да се видат по неколку децении.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: N23
Date Posted: 14-Jun-2011 at 14:28
Има еден лесен начин, собери ги сите коњи и нивните запрежни коли. Они ондак ќе мора да најдат друг начин на превоз. Ако го сопреш дивиот пазар со коњи, факт е дека они нема да имаат друг начин него да купат точак и да влечат, како што прават најголем дел од нивните колеги. Проблем е што сопствениците на коњите се најчесто стари, тврдокорни и конвервативни роми, кои не сакаат да го сменат својот начин на живот. За Шутка не си во право. Таму дали има десетина запрежни коли. Жителите од таму живеат друг живот. Исто и со жителите на ромската населба кај американската амбасада. Деновиве често ги посетував тие места и они самите ги критикуваат чергарите. А чергарите се оние кои ги употребуваат запрежните коли. И пак едно е прашањето, дали надлежните сакаат да го решат овој проблем? Деновиве делеа бесплатни велосипеди со приколки за собирање пластика, ако сакаа од градов да го решат проблемот со запрежни коли, ќе направеа трампа.


Posted By: OCB
Date Posted: 14-Jun-2011 at 14:52
Уличните коњи ќе се собираат со приколка



Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе биде овластено за собирање и транспорт на коњи и на друг крупен добиток што слободно се шета по скопските улици. Градската власт со предлог-одлука на следната седница на Советот на Град Скопје за оваа намена на „Комунална“ ќе ~ подари приколка за заловување, транспортирање и медицинско третирање на животните-скитници на подрачјето на Град Скопје. Во рамките на депонијата „Вардариште“ ќе функционира и стационар, односно на површина од 400 квадратни метри ќе се уредат и боксови за коњите.

- Причина за набавката е зголеменото движење на крупниот добиток (посебно коњи) на определени јавни површини, што е причина за загрозување на безбедноста во сообраќајот како и на општата безбедност на граѓаните - се вели во образложението на предлог-одлуката.

Коњите, како препознатлив декор на скопските сообраќајници, долги години се забележуваат особено во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Сопствениците ги пуштаат слободно да пасат, како во парковите, така и во детските игралишта. Во потрага по свежа трева се движат и сред улица, доведувајќи ги во опасност и возачите. Долги години никој не беше овластен за нивно заловување, а граѓани постојано апелираа Градот да се погрижи за овој горлив проблем.

Цената на приколката, која Градот ќе ~ ја отуѓи на „Комунална хигиена“, е 5.000 евра. Таа ќе биде од затворен тип, со две врати и со носивост до 800 килограми.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F1749E7177E8124E8D119797128FD914


Posted By: N23
Date Posted: 06-Jul-2011 at 16:53
Држава Скопје.
http://imageshack.us/photo/my-images/543/img0054bh.jpg/">

А не знаете каков убав мирис се ширеше, затоа што беше некои 30 степени, можда и више. Плус среќа што сите меѓуградски и меѓународни автобуси проаѓаат од тука, жално е оваа слика да се пропушти.


Posted By: MGS
Date Posted: 06-Jul-2011 at 22:46


На улиците на македонската метропола може да се види се и сешто, така што на многу работи веќе сме навикнати, па не ги ни забележуваме. Но, овој момент уловен од фотообјективот на ВЕЧЕР, едноставно не може да помине без безобразниот наслов: Да ти се мочам на метрополата! Не за друго, туку затоа што пораката од среде центар ни ги испрати скопски КОЊ-мочко!

ФОТО: Д. МИТРЕСКИ

vecer.com.mk

----------------------
Јас само ќе прашам(реторички):ДО КОГА БРЕ!!!!!!!


Posted By: N23
Date Posted: 07-Jul-2011 at 00:37
Единствено ме радува фактот дека ова доаѓа од Вечер, кој има голем импакт кај владејачката опција. Друго што ме напиња е што тој што се смее старецот, заработува сасвим доволно да купи еден мотор за да собира хартија. Ја не сум против собирањето, мора и тоа некој да го прави, но не со коњ, а и не во Центар. Аеродромец сум, ама Центар е репрезент, Центар е место каде сите од врвот се лупаат у гради да донесат туристи, за што, за да видат измет и мочање на коњ на фамозно реновираните улици. Изгледа ја сум ретка будала у ова општество што смета дека средени тротоари и без запрежни коли низ цел град се првите чекори кон потенцијално станување метропола. А и изгледа едини се напињам за ова. Битно иаме нешто друго, "поприоритетно."


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jul-2011 at 00:44
Како на пример кошни со (исушено) цвеќе по бандерите во Центар


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: axel
Date Posted: 07-Jul-2011 at 08:02

Во метрополата уште возат запрежни коли

Коњските коли го кочат сообраќајот, предизвикуваат несреќи и расфрлаат многу ѓубре на градските улици

Бојан Шашевски



Летниот период и високите температури повторно донесоа едно чудо запрежни коли на градските улици. Граѓаните секојдневно налетуваат на кочии со дрвени или лимени запреги поставени на нефункционални и искршени тркала, кои, главно, се влечени од разјарени и измачувани коњи. Ваквите „градски каубои“ упорно ја закочуваат циркулацијата на автомобили, неретко предизвикуваат сообраќајни несреќи, а многу често по уличниот асфалт пренесуваат, но и безрезервно расфрлаат ѓубре, пластика, хартии, железарија, па и апарати за домаќинство.

Граѓаните се револтирани и бараат целосна забрана за нивно движење на коловозите и на тротоарите. Освен што не ја почитуваат сообраќајната сигнализација и се „паркираат“ на недозволиви локации, многу од граѓаните сметаат дека запрежните коли даваат грда слика за животот во централното градско подрачје.

„За жал, за нас е вообичаено да гледаме добиток и коњски коли во урбаните средини. Но, странците се вџашени кога ќе забележат претепан или осакатен коњ како влече полураспадната запрега натоварена со малолетници и купишта смет на неа. Срамота се таквите белези за една метропола. Секако, не зборувам за функционални кочии што би биле направени од соодветен материјал, со естетски изглед, опрема и коџијаш на кои со мерак ќе можеме да се возиме и да правиме тури низ градот. Наместо тоа, константно гледаме демолирани запреги, кои се опасни за сообраќајот и единствено им се од полза на препродавачите на старо железо и пластични амбалажи“, рече Марија Јордановска од населбата Центар. Од друга страна, пак, Јордановска смета дека градските власти мора што поскоро да изнајдат решение околу ваквите продавачи, кои, иако прават збрки во сообраќајот, всушност, се едни од најкорисните собирачи и транспортери на непотребен и отпаден материјал.

Од МВР велат дека сообраќајната полиција постојано врши надзор и ги казнува управувачите на запрежните коли што создаваат метеж на фреквентните улици и булевари низ централното градско подрачје. Оттаму потенцираат дека согласно со Законот за сообраќај, следуваат казни од 25 евра за постапување спротивно на сообраќајната сигнализација.

„Доколку ги затечеме на самото место, на пример, на некој прометен коловоз, може веднаш да им пишеме казни на управувачите на запрежните коли. Ваквите запреги обично се појавуваат во летните месеци. Но, иако постојано ги опоменуваме и ги казнуваме, тие пак си тераат по свое“, вели Лиза Бендевска, портпаролка во СВР. Бендевска посочува дека не постојат официјални, стриктно определени места каде е дозволено движење на запрежните коли.

„Иако е забрането поминување на ваквите транспортни средства низ урбаните сообраќајници и полицијата ги санкционира доколку пречат во одвивањето на сообраќајот, сепак, нема пишани правила каде точно би требало да се движат тие“, вели Бендевска.

Во многу наврати полицијата наидува и на напуштени запрежни коли и оставени коњи. За ваквите случаи има прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5F2FC7B7054024B967119217A7CB2C9


Posted By: N23
Date Posted: 07-Jul-2011 at 12:46
И дечково изгледа не читал кога ја пишувал статијата.
Абе како може да каже дека следува казна за возење низ Центар. Абе малоумни ли се таму горе бе вакви тешки глупости зборат????? цццццц Каде јас тоа живеам? Абе купете им асални колички за собирање смет, ликвидација на запрегите и одземање на коњите.


Posted By: N23
Date Posted: 03-Jan-2012 at 16:10

"Урбана" метропола.  



Posted By: WNBARCH
Date Posted: 03-Jan-2012 at 16:22
абе нели е ова веќе ИЛЕГАЛНО во Македонија?


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jan-2012 at 17:54
`фијакер стари улицама лута`


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 04-Jan-2012 at 04:24
Originally posted by N23

"Урбана" метропола.  



Да не е Скопје и да не го знаеме такво какво што е некој ќе си помисли дека ова намерно режирана фотографијава за да се претстави одреден контраст.


Posted By: N23
Date Posted: 17-Mar-2012 at 13:51

Село.

ФОТО: БМВ удри во запрежна кола и повреди четворица

Тешка сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата на булеварите Октомвриска револуцијаа и Трета МУББ во Куманово, кога бмве урди во запрежна кола и повреди 4 лица. Во несреќата најтешко е повредни Душко Томиќ, познат арабаџија во Куманово, кој во критична состојба е прнесен во Ургентниот центар во Скопје. Останатите повредни Исмет Далиповски, Јовица Спасовски и Живно Младеновски се задржани на лекување во кумановската болница.

Несреќата се случила околу 13.10 часот кога бемве со кое управувал Л.Љ.(18) со голема брзина налетал на запрегата која стоела на семафорот. На колата што ја влечел коњ се наоѓале 3 лица и пренесувале стар мебел, а на тротоарот Живко Младеновски возел велосипед. Најверојатно поради неприлагодена брзина, возачот не успејал да ја фати кривината и се поткачил на тротоарот, го удрил велосипедистот и ја подбрал запрежната кола и коњот.

Од силината на ударот повредените биле расфрлани на сите страни, а колата и мебелот целосно искршен. Повредените со две возила на Итна помош беа пренесени во кумановската болница. Полицијата изврши увид и ги испирува причините за сообраќајката.
Додека траеше увидот коњот повреден, со скршне нога стоеше врзан за семафорот и чекаше да дојде ветеринар да му помогне.

Текст и фото: С.Н.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=2ECC821629D06240A20939C0D155ADBA



Posted By: Supervisor
Date Posted: 17-Mar-2012 at 14:25
Originally posted by N23



"Урбана" метропола.  










-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: LAV
Date Posted: 17-Mar-2012 at 14:39
old timer


Posted By: LAV
Date Posted: 17-Mar-2012 at 15:03
Ova e mojot prv komentar i ne sakam da bide samo kritika kako mnogu drugi komentari na forumov, zasto imam dosta idei koi sakam da vi gi predlozam kako na primer slednava: Dokolku e mozno grad Skopje da gi otkupi konjite i da kupi pajtoni koj podocna ke se vozat samo po kejot na Vardar kako atrakcija ili dokolku ne se vovede prevoz so pajtoni po kejot mozno e konjite sto ke bidat otkupeni da bidat evidentirani i markirani, a potoa da bidat pusteni so drugite na sloboda po planinite. Dobro bi bilo i da bidat zastiteni so zakon, a so toa ke se zabrani i nivnoto koristenje vo soobrakajot.     


Posted By: LAV
Date Posted: 22-Mar-2012 at 01:30
Edna od pricinite za moeto zaclenuvanje na forumov e deka primetiv kako nekoj vasi idei ili resenija duri i sliki se koristat od strana na nekoj vesnici. Mozebi e slucajnost no eve videte na sto od prilika mislev vo gorniot post, samo sto jas mislev da se iskoristat konjite koj veke se setaat po skopskite ulici odnosno da im gi otkupat konjite na romite i da se iskoristat na toj nacin. Ne mislev da kupuvaat konji so pedigre sto bi bilo neproduktivno trosenje pari za podocna konjite da gi stegne srcev udar po Skopskite ulici ili da gi stavi nekoj kreten pod trkala! Ako ne drugo barem konjive sto sega setaat niz Skopje imaat veke iskustvo taka da nema da im treba dopolnitelna obuka samo sto ke se moderniziraat odnosno namesto zaprezni koli ke vlecat pajtoni.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=86D578FA9D91624689810FA9B72C0D64


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Mar-2012 at 01:39
Епа LAV, значи треба да бидеш многу внимателен какви идеи ќе даваш


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Mar-2012 at 13:19
Originally posted by LAV

Ova e mojot prv komentar i ne sakam da bide samo kritika kako mnogu drugi komentari na forumov, zasto imam dosta idei koi sakam da vi gi predlozam kako na primer slednava: Dokolku e mozno grad Skopje da gi otkupi konjite i da kupi pajtoni koj podocna ke se vozat samo po kejot na Vardar kako atrakcija ili dokolku ne se vovede prevoz so pajtoni po kejot mozno e konjite sto ke bidat otkupeni da bidat evidentirani i markirani, a potoa da bidat pusteni so drugite na sloboda po planinite. Dobro bi bilo i da bidat zastiteni so zakon, a so toa ke se zabrani i nivnoto koristenje vo soobrakajot.     


Јас сум за втората идеја, коњите да бидат евидентирани и пуштени на слобода.

Инаку користењето на коњи во сообраќајот (барем во град Скопје) е со закон забрането уште во далечната 1984 ако не се лажам (или некаде во тој период). Во имплементацијата како и секогаш каскаме а проблемот е само влошен во последниве 10на години.



Posted By: Граѓанин
Date Posted: 22-Mar-2012 at 14:17
Нажалост тие коњи не се во соодветна здравствена состојба и нега (како и физички изглед и психолошка состојба) за да можат да влечат пајтони за разгледување Тоа би морало да се спроведе со нови коњи, или барем полициски, доколку се набавуваат „половни“.


Posted By: Djole88
Date Posted: 22-Mar-2012 at 16:01
Originally posted by Cloverstack

Епа LAV, значи треба да бидеш многу внимателен какви идеи ќе даваш



И идеата на Лав оди во реалност

Коце купува пајтон!


Наскоро по скопските улици ќе каскаат липицанери кои ќе влечат модерна верзија на пајтон-кабриолет со помошна купола за да може да се користи и при дождливо време

Романтичната прошетка со пајтон низ метрополата нема да биде само сеќавање на старите времиња. Како што дознава ВЕЧЕР, наскоро по скопските улици ќе каскаат расни липицанери кои ќе влечат модерна верзија на пајтон-кабриолет со помошна купола за да може да се користи и при дождливо време.

Извори за ВЕЧЕР информираат дека за оваа нарачка Град Скопје ќе потроши околу 32.500 евра, или поточно двата липицанери со педигре ќе чинат 20768 евра, а пајтонот 9794 евра. На оваа сум се додава и задолжителната опрема за коњи која чини 1880 евра. Нарачката чека оваа одлука да се изгласа на Управниот одбор на ЈП "Паркови и зеленило", претпријатие кое ќе стопанисува со возилото, на седницата закажана за денеска.

Ова јавно претпријатие ќе мора да ја смени инвестиционата програма и да ги подмирува месечните, тековни трошоци за храна кои отприлика би чинеле 350 евра, 30 пати годишно да се носат на потковување и двапати годишно да се носат на анализа на крв со ветеринарен инспектор.

Фијакерот и липицанерите ќе ги набавува скопска фирма која се обврзува да ги испорача во рок од 20 дена, по што во липицанерите ќе мора да бидат под карантин 30-45 дена. Коњите ќе бидат машки кастрати стари околу пет години кои со нормално чување и одгледување ќе можат да се користат 20 години.

Оваа информација, за жал не ни беше потврдена од Град Скопје. Од одделението за односи со јавност ни одговорија дека прв пат слушаат за вакво нешто.


Во старо Скопје, од 1918 до 1941 година пајтонот бил најраспространето превозно средство. Според хроничарите, во 1930 година по скопските улици возеле 153 пајтони. Пајтони се увезувале од Виена, но биле правени и во Скопје и Битола. Обично ги влечеле пар коњи, но имало и такви со еден коњ, а биле отворени или затворени во зависност од временските услови. Пајтонџиите работеле во дневна и ноќна смена, а цените на возење биле во зависност од дестинацијата. Со пајтон се возеле скопските боеми кои по бурните вечери дома се враќале со музика.

Во градот функционирало дури и здружение на пајтонџии кое броело околу 500 членови кои вршеле превоз на патници во градот и надвор од него.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9E8558BEE3315748B3CB2C9949DABF9A - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9E8558BEE3315748B3CB2C9949DABF9A

Делот од текстот што е болдиран е ветувачки И да немаат чуено, еве им добра идеа, со разработен бизнис план


Posted By: LAV
Date Posted: 22-Mar-2012 at 22:24
Se razbira deka i za mene vtorata idea e podobra odnosno da bidat evidentirani i pusteni na sloboda. Pred se ideata e da ne gi gledame so zaprezni koli po ulicite, a dokolku kupat pajtoni jas licno mislam deka najdobro resenie e da se otkupat konjite koi veke se po skopskite ulici i siguren sum deka ne treba nekoja posebna vrsta konji, a za izgledot na konjite ne e problem koga ke se zgrizat i ke pominat veterinarski pregled. Ideata za kupuvanje na ,,polovni" policiski konji i nivnata psihicka sostojba mislam deka ne drzi bas voda od edna ednostavna pricina odnosno ako se policiski konjite moze ke sakaat i policajci da gi vozat pa posle pokraj konjite ke treba i policajcite da odat na psiholoski pregled sto voopsto ne bi bilo dobra ideja


Posted By: LAV
Date Posted: 22-Mar-2012 at 22:27
Dokolku navistina ima zakon za zabrana na konji vo soobrakajot togas e uste podobro i treba da se pocituva odnosno da se prezemat merki.


Posted By: N23
Date Posted: 31-Mar-2012 at 20:19

И во Београд оваа аномалија е чест случај. Ohno Денес најмалце 5 вакви "превозни средства" пред зграда ми поминаа.



-------------
23ka.wordpress.com



Print Page | Close Window