build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со запрежни коли
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со запрежни коли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Проблем со запрежни коли
    Posted: 25-May-2008 at 19:25

Коњските коли опасност за сообраќајот

Коњските запрежни коли станаа секојдневие на Скопје. Ги има насекаде. На булеварите, крстосниците, по главните градски сообраќајници.

Движењето на овие коли низ центарот на градот, освен што предизвикува метеж, претставува и потенцијална опасност за секој учесник во сообраќајот. Граѓаните се револтирани. Бараат да се забрани движењето на запрежните коли со цел автомобилите слободно да се движат по градските улици.

„Ова сигурно не е убаво. Има многу странци што доаѓаат во Скопје, има многу луѓе од внатрешноста што доаѓаат и кога ќе го видат тоа, сигурно дека не е добро, меѓутоа мислам дека нема решение и се залажуваат сите оние што сметаат дека тоа е така едноставен проблем и дека тој може да се реши со нечија добра волја. За жал сметам дека не е така, луѓето во очај ги користат и мислам дека треба барем да го избегнуваат строгиот центар“.

„Застануваат секаде каде што ќе им текне. Затвораат ленти за сообраќај. Тоа е срамота за градот пред се. Го кочат многу сообраќајот. Тоа е животно, не смееш никако да реагираш, не смееш да му свириш“, велат граѓаните.

Согласно Законот, Министерството за внатрешни работи треба да врши санкционирање и исклучување на овие коли од сообраќајот. Сепак, ретки се случаите кога сообраќајните полицајци вршат контрола и исклучување од сообраќај на овие превозни средства.

Казните се во противвредност од 25 евра. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека од почетокот на годината имаат изречено триесетина вакви казни.

„Ние преземаме соодветни мерки согласно со законските прописи, но наидуваме на проблем каде што не можеме во целост да ги реализираме нашите законски обврски. Често пати запрегите ги управуваат малолетни лица коишто немаат лични карти или лица коишто се полнолетни, но исто така немаат лични карти и доаѓаме до проблем дека не можеме да им изречеме соодветна казна“, изјави Благоја Котев, виш инспектор при СВР Скопје.

„Доколку лицето го повтори прекршокот, ние имаме законска обврска, имаме можност истиот да го приведеме, но наидуваме на проблем што со запрегата“, додаде Котев.

Со оглед на тоа како досега се одвиваа работите, се чини дека коњските коли и понатаму ќе останат дел од скопскиот сообраќаен метеж. И покрај напорите на сообраќајната полиција да го реши овој проблем, засега не постои конкретна иницијатива со која ќе се натераат сопствениците на запрежните коњски коли да ги избегнуваат главните градски сообраќајници.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93330

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-May-2008 at 19:32
pbanks и ја мислев да ја отворам темава, ама викам ај да не биде одма копи пасте.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-May-2008 at 19:43
Originally posted by lslcrew

pbanks и ја мислев да ја отворам темава, ама викам ај да не биде одма копи пасте.


Па добро ова е тема што трпи копи пасте. Кај проектине е на пример убаво првиот пост да биде резервиран за некое резиме за проектот кое би го апдејтувале од време на време.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-May-2008 at 19:46
на а1 има реал видео ако можеш ископај го видеото некако со некое програмче па ќе го прехостираме на јутјуб.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-May-2008 at 19:47
Нема врзано видео со таа статија Dunno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-May-2008 at 19:49
има видео вести у реал видео. ги има вестите од 7 попладне. Ке стојат на веб до утре. затоа ако можеш ископај го видеото вечерва.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-May-2008 at 19:50
Originally posted by lslcrew

има видео вести у реал видео. ги има вестите од 7 попладне. Ке стојат на веб до утре. затоа ако можеш ископај го видеото вечерва.


ааа тоа ќе видам дали може тие им се streaming мислам. оние посебните видео клипови што им се врзани со статии се wmv тие се баш згодни за превземање.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-May-2008 at 19:51
Ако се забрани движењето на запрежните коли, а тоа е нешто што мора да се направи, со тоа ќе им се направи многу штета на сите што продавањето на стара хартија им е единствен начин да дојдат до леб. Не треба да заборави на тоа, не треба да се биде безобзирен. Додека не се најде некакво решение за овој слој на луѓе на кои животот и така им е тежок, не треба одма да одиме со некакви радикални решенија.


    EDIT: Овој пример со хартијата го давам затоа што колку што можам да видам, запрежните коли ги користат најмногу за товарење на картони што после ги продаваат во Комуна. Но за овие луѓе запрежните коли се исто што автомобилите се за нас.


Edited by La Linea - 25-May-2008 at 19:55
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-May-2008 at 19:55
Originally posted by La Linea

Ако се забрани движењето на запрежните коли, а тоа е нешто што мора да се направи, со тоа ќе им се направи многу штета на сите што продавањето на стара хартија им е единствен начин да дојдат до леб. Не треба да заборави на тоа, не треба да се биде безобзирен. Додека не се најде некакво решение за овој слој на луѓе на кои животот и така им е тежок, не треба одма да одиме со некакви радикални решенија.


хммм... сум размислувал доста на ова... до некаде си во право но ред мора да има... законот дека е забрането возење вакви коли во град е на сила уште од 80те мислам. Во најмала рака треба да се ограничи нивното движење, ако не ги пуштаат барем во голем ринг би било голем успех. Но ни тоа неможе вечно да трае реално тие претставуваат голем безбедносен проблем во сообраќајот и тоа неможе да се толерира.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-May-2008 at 01:07
Секако дека може да се реши со подобра организација на отпадот и ангажирање на компании за рециклирање. Наместо да се оди со коњи, или импровизирани моторчиња со приколици и чепка по контејнери, собира пластикаата или хартијата а при тоа купишта смет да се расфрлаат насекаде, може како во цивилизираниот свет отпадот да се селектира задолжително од страна на секого и во посебни контејнери да се фрла. Тие контејнери да се празнат од организирана екипа која може да ги вработи 90% од овие со коњите и да им даде соодветни возила. Контејнерите да бидат потешки за празнење без соодветна механизација а казните за вандализам, насилно отварање и расфрлање смет поригорозни и без пардон.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Oct-2009 at 02:32

да ја освежиме малку нишкава!

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=190&PID=49395#49395




Edited by Max - 06-Jul-2011 at 22:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Oct-2009 at 10:13
Зпрежниве коли имаат една административна маана у законот. Пред некое време мој другар беше одрен од запрежно возило (). Коњот залетан со муцка му го искриви ѓепекот на семафор. Е сега проблем е како таа незгода се се реши и како да се обештети возилото. Запрежните возила не се регистрирани и всушност запрежното возило е сопственост на тој што го управува и како податоци за возилото всушност фигурираат податоците за тој што го управува. Па така секоја мала незгода или нешто што редовно би прошло преку осигурање во овој случај треба да идат како приватна тужба против физичко лице и повеќе се исплати сам да си ја направип колата одколку да се мкнеш по судови со години. Така да пазете не идете многу блиску покрај запрежни коли зашто ако шутне коњот ќе фрлите пари за џабе!
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Oct-2009 at 14:57
I tvojot drugar da ja udrel zapreznata kola od pozadi, pak ke bide toj so zapreznata kriv, zatoa sto takov tip na prevozni sredstva nemaat nikakva dozvola za koristenje na gradskata patna infrastruktura!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Oct-2009 at 16:42

интересно ова е логично и нормално да се гонат каубојциве, особено за тоа каде постои забрана за таков превоз, но ме чуди како би се нашол начи да се заобиколи законот доколку станува збор за туристички пајтон, најверојатно ќе дозволат само доколку кочијата е луксузна и со расни коњи, но во тој случај ќе се јават борците за човекови права, со оглед дека превозно средство си е превозоно средство, неможе теоретски да се издава дозвола само за убаво нашминкани возила, единствено за техничко исправни возила, во случајов кочијата стегната (како онаа погоре на магарето) а животното со гаќи

инаку она погоре се постари фотки, а таа со магарето е од охрид, се надевам дека законот веќе е турбо во функција иако одвреме навреме гледам по некој каубоец надвор од центар

ЌЕ Ги ИЗБРКА ЛИ НОВИОТ ЗАКОН КОЊИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Казни од 50 евра за градските каубои

Проблем се и запрегите, кои најчесто се превозно средство за собирачите на отпад

Запрежните коли со коњи претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот

Казна од 50 евра е предвидена за напасување добиток на јавна површина, според новиот Закон за јавната чистота. Иако и досега со Законот за комуналните дејности се забрануваше чување ситни и крупни животни во урбана средина, одредбата не се почитуваше. Коњи слободно шетаа и во строгиот центар на Скопје, а најчесто се „укотвуваа“ кај Транспортниот центар. Имаше и случаи кога напаѓаа и луѓе.Причината за досега нерешениот проблем, според градските комунални инспектори, е тоа што Законот за комуналните дејности не предвидел казнени одредби за добиток во градски средини. Од надлежноста за разрешување на овој проблем се оградуваа и Градот и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

- Пред четири до пет години презедовме акција за собирање на коњите од јавните површини. Коњите се носеа во Зоолошката градина, но сопствениците веднаш дојдоа по нив, со тоа што платија по 800 денари за престој на коњите и плус трошоците за акцијата што беше спроведена со асистенција на полицијата - истакна Љубе Стојковски, раководител на Одделението за комунална инспекција во Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот Скопје треба да донесе новаа одлука за јавната чистота, која треба да ја усогласи со истоимениот закон, со која ќе го утврди начинот на кој ќе бидат одземани коњите оставени на јавна површина и како тие ќе се носат и ќе се чуваат во посебни боксови. Треба да се определи и колку ќе изнесува казната што треба да ја плати сопственикот доколку сака да си го земе коњот, како и да се реши што ќе се прави со животните што во одреден временски рок нема да бидат земени од сопствениците. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се децидни дека немаат никаква надлежност околу коњите, освен околу отстранувањето на пцовисаните животни.

- Во минатата недела граѓани бараа од нас да тргнеме мрша на мртов коњ. Нашата надлежност е да се собираат мршите од животните во градот, кои потоа се носат во санитарни гробници на Ветеринарската управа. Меѓутоа, имаме проблем кога се работи за коњ, бидејќи е големо животно. Немаме механизација со која би можеле да го кренеме. Се трудиме, иако не е наша обврска, и тоа да го решиме - вели Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“.

Полицијата во вакви случаи се справува на тој начин што против сопственикот на добитокот што слободно шета на јавни површини поднесува прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

- Во овој случај се соочуваме со проблем на утврдување на сопственикот на животното, бидејќи честопати тие се пуштени сами. Ние не сме надлежни за згрижување на добитокот од јавните површини. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа - потенцира Борче Пешевски, портпарол во МВР. Посебен проблем, пак, претставуваат запрежни коли со коњи, што слободно се движат по улиците на градот и претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот. Често се и причина за сообраќајни незгоди, иако движењето на запрежни коли во градското подрачје е забрането со закон.

Од Градот велат дека не се надлежни да санкционираат учесник во сообраќај што не ја почитува поставената сообраќајна сигнализација, туку дека тоа е исклучителна надлежност на полицијата. Единствена надлежност на Градот, според Законот за Градот Скопје, е поставувањето сообраќајни знаци. Градските власти потенцираат дека на влезот во Скопје, како и на повеќе магистрални и собирни улици, се поставени сообраќајни знаци со кои се информираат граѓаните дека движењето со запрежни коли е забрането.

Од МВР велат дека тие ги отстрануваат запрежните возила од сообраќајот и дека казната за нивното учество во сообраќајот и за нивното движење низ градот се движи од 25 до 45 евра, во зависност од тоа каде е затечено запрежното возило (на тротоар, во сообраќај или на други недозволени места).

- Проблем е тоа што во поголем број случаи тие се управувани од малолетни лица, па тешко ги пронаоѓаме нивните родители - објаснува Пешевски. Според портпаролот во „Комунална хигиена“, Поленак, запрегите во Скопје се последица, а не причина на проблемот.

- Проблемот е во непостоење систем на селекција на отпад и на третирање на рециклирање на територијата на цела Македонија. Се' додека не се најде комплетно решение на овој проблем, ќе постојат дивите собирачи на ПЕТ-амбалажата (пластични шишиња) и на друг отпад, а запрежните коњски коли ќе бидат нивно средство за транспорт и начин за обезбедување егзистенција - заклучи Поленак.

Дневник - Анела Петрова -  25.09.2005

 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Oct-2009 at 17:00
Зоолошка изиграва пајак служба за коњиве! Далеку од тоа дека не постои начин да се забранат запрежните возила низ градов. Всушност она што легално се уредува не е животното туку приколката што ја влече. Колку што знам по закон и за запрежна приколка треба да се има некаков докумнет и не е до толку точак или количка за на пазар па туку така да се влече по коловоз. Но сето тоа е прогледано низ прсти знаејчи какви слоеви граќани ги употребуваат овие коли па и да се казнува тешко дека може да се изврши некаква наплата. Далеку од тоа дека може преку ноќ да се искоренат запрежниве возила, а и не гледам зашто до толку би сметале. Нормално во центар не ни смејат да припарат и на булевари но за по периферни улички не сметаат. поголем проблем е никаквата совест на оние што ги оставаат животните секаде и што тие запрежни коли се потенцијална опасност за секој во нивна близина. А за некаков пајтон сигурно дека нема да биде неатестирана приколка и воопшто не би било проблем да се регистрира низ нормална процедура и да си функционира и по оние пешачки зони низ центар со посебно одобрение од градот. А за запрежниве у последно време сум приметил дека голем дел се заменети со некои лади тристачи и слични чуда.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Mar-2010 at 17:44
НА СКОПСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ И ГОДИНАВА ИСТ ПРОБЛЕМ
Сонцето ги извади на улица запрежните коли

Елена Мачевска

Со првите потопли денови по скопските улици повторно се појавија запрежни коли преполни со најразличен отпад, на кои иако не им е место таму, никој досега не успеа да ги тргне од сообраќајниците. Граѓаните веќе се навикнати меѓу автомобилите на скопските булевари да гледаат и запрежни коли како еден вид превозно средство, особено на луѓето на кои тие им служат за пренос на пластични шишиња или на хартија. Во текот на денот, собирачите на ПЕТ-амбалажа прават обиколка низ целиот град, обидувајќи се да соберат што е можно повеќе пластични шишиња или картонски кутии. Навечер, пак, по неколку вакви групи собирачи на амбалажа се собираат на утврдени локации, најчесто под железничката станица и тука ја поминуваат ноќта, за веќе следното утро повторно со запрежните коли да продолжат во обиколка на градот. - Порано со семејството секојдневно патувавме од Шуто Оризари до центарот на градот за да собираме пластични шишиња и потоа да ги продаваме за да заработиме за живот. Но, секојдневното патување ни одзема многу време и наместо да собереме повеќе шишиња и на тој начин повеќе да заработиме, ние поголем дел од времето го поминуваме во патување - вели еден граѓанин од Шуто Оризари, кој одлучил кога ќе бидат повисоки температурите, со семејството да не се враќаат дома, туку да преспијат некаде во градот, најчесто под железничката станица. Сепак запрежните коли не само што претставуваат грда слика во градот туку и предизвикуваат вистински метеж во сообраќајот. Ваквите превозни средства, кои некому се извор на егзистенција, се вистинска опасност по улиците затоа што нивните сопственици го загрозуваат и својот и животите на другите учесници во сообраќајот. Од Град Скопје објаснуваат дека со Законот за безбедност во сообраќајот е забрането движење на запрежни коли по улиците, но, како што велат, тие не го утврдуваат режимот на сообраќај на сообраќајниците, бидејќи сообраќајот и учесниците во сообраќајот ги третира сообраќајната полиција. Од СВР Скопје велат дека запрежните коли кога ќе бидат забележани како се движат низ улиците, веднаш се отстрануваат од коловозот. - Според последните податоци, минатата година за управување со запрежна кола имало изречено 50 прекршочни пријави. За прекршителите следувале парични казни од 25 евра - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1981&ArticleID=137396
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Mar-2010 at 20:07
 
па барем нека возат кочии со тоа коњите, можда ќе може туристички да ги валоризираме Rollin
 
Нели Коце !?    Banana 
 
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Apr-2011 at 00:15
Ова е нешто што ме вади од такт максимално. Да иам моќ све тоа би истерал најмалце 50 км од Скопје. Не сум нит расист, нит дискриминирам, ама кои се па тие чергари што си зимаат за право у строг центар со кочии да шетаат? Срамотилаци. Неодамна одев на семинар со многу странци во автобусот и на сред илинденска запрежна кола! Странциве се пукнаа од смеење. И наравно после на семинарот збореа со омаловажување кон целава земја. Па нека земе точак па со тоа да превезува. Не е ова на татко им земја па со коњите да не резилат. Да не набројувам уште на кои се булевари ги гледам. Од такт се вадам. Дури и луѓето околу мене ги напињам кога ќе видам коњ на булевар!!!!! Ама џабе е се, кога упорно пишувам на меилот на администрацијата на град скопје, а они упорно ингеренциите ги префрлаат од едни на други. Само демолирање на "колите" и носење на животните во стационар му е мајката!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Apr-2011 at 00:23
Немам зборови за ова долги години се провлекува истото. До кога? Прво Коце најави градење на стационар за коњи ама ете уште ништо. Втора работа јасно ми е дека полицијата не може да ги казнува ама може да им ги одземе коњите и колите. Исто така мислам дека треба некоја акција да се почне за ромиве. Срамота жива!!!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Apr-2011 at 08:23
За жал провинцијалскиот и паланечки духј на Скопје нема да го поправиме само со новиот аеродром, автобусите или СК2014. Треба од корен некои работи да се сменат.
- Трајно да се тргнат сите просјаци од по семафорите, плоштад, камени мост
- Трајно да се тргнат запрежните коли
- Да се казнува драконски чепркањето и растурањето на конетејнерите
- Да се казнува уште по драконски крадењето капаци од шахти, кабли и сл
- Да се тргнат сите бездомни кучиња кои ги има во глутници низ целиот град
- Да се дислоциртаат сите диви картонско-шаторски населби на Ромите во централното градско подрачје
- Да се чисти многу повеќе ѓубрето кое во голем дел е и создадено од првите 3 точки
 
Мислам дека ова се основни проблеми, кои не прават да личиме на Карачи, Пакистан. Проблемите со дупки по улиците, подзапуштено паркче, неодржувана фасада на зграда се за второ ниво.
 
 


Edited by UrbanFreak - 19-Apr-2011 at 08:24
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.