Print Page | Close Window

Nastel business center (Печатница „Гоце Делчев“)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=288
Printed Date: 03-Aug-2020 at 22:16


Topic: Nastel business center (Печатница „Гоце Делчев“)
Posted By: pbanks
Subject: Nastel business center (Печатница „Гоце Делчев“)
Date Posted: 24-Sep-2007 at 19:34
Се кочи изградбата на хотел на местото на печатницата Гоце Делчев
Девет месеци се кочи изградбата на елитен хотел на местото на старата печатница Гоце Делчев, обвинуваат од Настел - фирмата инвеститор. Тврдат дека иако парите се уплатени  имотот се уште не е во нивна сопственост поради спорна хипотека. Првиот човек на Настел. Азманов вели дека стечајната судијка при продавањето на имотот имала обврска да ги избрише сите хипотеки.
 
Стечајниот управник Јордан Марковски пак со спротивен став. Вели дека „Настел“ доколку сака веднаш може да ја преземе сопственоста на објектот.
 
Но Азманов тврди дека мислење за случајот побарал лично од јавниот правобранител. Добил одговор дека купопродажниот договор не е правно исправен. Сега ја тужи државата и бара оштета за милионските суми исплатени камати.
 
Руинирана зграда. Складиште на отпад и импровизиран јавен тоалет . Вака денес изгледа местото на некогашната печатница Гоце Делчев.
 
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=25041&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=25041&mid=1500&tabId=1&tabindex=0



Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 25-Sep-2007 at 04:28
Kade se gradi ovoj hotel?


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Sep-2007 at 18:20
Originally posted by dejan

Kade se gradi ovoj hotel?
 
vo strog centar e lokacijata


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2007 at 18:22
@dejan

Не се гради, уште не е ни урната старата зграда на печатницата (спомнато е и во текстот)

Руината претставува невидено ругло па и опасност. Срамота!

Инаку локацијата е бр 11 на мапава:

http://imageshack.us">



Posted By: dejan
Date Posted: 26-Sep-2007 at 01:13
Fala....znachi ke treba da se gradi kaj taa prazna zgrada so 'pokrivot'?
Ubav e toj del vo centarot.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 26-Sep-2007 at 08:16
Ubav e sega zasto se izgradija 100 novi zgradi tamu... inace najveke me kurcese toj segment- u centar a katastrofa. 


Posted By: dejan
Date Posted: 26-Sep-2007 at 10:06
Pa toa, go renoviraaSmile dobar e


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:51
ИАКО Е ПРОДАДЕНА УШТЕ ПРЕД 15 МЕСЕЦИ
Печатницата се распаѓа поради долгите судски процедури
Бидејќи новиот газда не може да ја преземе, "Комунална хигиена" најавила дека неделава ќе го исчисти ѓубрето од објектот

Некогашната печатница "Гоце Делчев" на улица Максим Горки, и покрај тоа што е продадена уште пред 15 месеци, новиот газда се уште не може да ја преземе во владение, а таа и натаму останува да биде грдотија во центарот на градот. Освен што руините од некогашната печатница со години го нагрдуваат центарот на Скопје, таа е претворена и во дива депонија каде што скопјани фрлаат најразличен смет. Со затоплувањето на времето од печатницата се шири неподнослива реа од насобраното ѓубре, а лани луѓето што заработуваат од собирање пластика ја користеа како времен склад на собраниот пластичен отпад.
Јордан Марковски, стечаен управник на печатницата, вели дека за жал се уште не можат некогашната управна зграда на "Гоце Делчев" да му ја предадат на новиот сопственик, односно на скопската фирма "Настел", бидејќи се уште имаат судски спор со еден од доверителите.
"Не би можел да кажам кога конечно ќе го предадеме објектот на новиот сопственик, бидејќи се уште сме на суд со еден од доверителите, фирмата 'Мепринг'. Додека тоа не се реши, 'Настел' нема да може да го преземе објектот, бидејќи инсистираат имотот да биде расчистен од хипотеки", вели Марковски.
Тој тврди дека ЈП"Комунална хигиена" се понудила да го исчисти ѓубрето што се ноаѓа во печатницата, и дека со акцијата ќе почнат оваа недела.
Љупчо Попјорданов, управител на "Настел", вели дека и покрај тоа што пред 15 месеци уплатиле 3,2 милиони евра за купување на печатницата и покрај тоа што платиле и данок на промет, се уште немаат сопственост на објектот. Тој вели дека поради судскиот спор меѓу доверителите и печатницата "Гоце Делчев" во стечај, нивната фирма трпи штети, бидејќи повеќе од една година не може да почне со изградба на новиот објект за што подигнале кредити.
"Досега требаше да почнеме со изградба на новата зграда, која во еден дел ќе биде катна гаража, а остатокот или деловна зграда или хотел, во зависност од тоа каква градежна дозвола ќе добиеме. Сега ништо не можеме да сториме и мораме да ја чекаме судската разрешница на спорот", вели Попјорданов
http://vest.com.mk/default.asp?id=149863&idg=8&idb=2344&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=149863&idg=8&idb=2344&rubrika=Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Jun-2008 at 10:29
Ohno

Печатницата „Гоце Делчев“ најскапо страшило
Скопје
Хорор-местата во разни градови обично се сместени во периферните делови, но Скопје има едно во најстрогиот центар, старата печатница „Гоце Делчев“ на улицата Максим Горки. Полуразурнатата зграда преполна со ѓубре, од која се шири непријатна миризба и во која постојано се собираат бездомници, изгледа застрашувачки за повеќето скопјани што поминуваат покрај неа. И покрај тоа што е една од најскапите и најатрактивните локации во градот, зградата сега создава страв наместо пари. Печатницата е во сопственост на бизнисменот Зоран Азманов, кој таму сака да гради хотел, но не може да го стори тоа поради спор со заостаната хипотека.

ПОКРАЈ ОБЈЕКТОТ НА ШТРЕК

Граѓаните раскажуваат дека секогаш се посебно внимателни кога се движат покрај запуштената зграда, која им создавала чувство дека во секој момент оттаму ќе излета нешто и ќе ги преплаши. Некои од нив не сакале да застанат ниту неколку секунди до неа.
- Еднаш слегов од автомобилот и застанав до зградата да го почекам сопругот да паркира. Одеднаш слушнав некои гласови од внатрешноста, најверојатно од бездомниците што се собираат во неа. Се преплашив и сопругот одвај ме смири. Оттогаш постојано ја заобиколувам печатницата и се трудам воопшто да не и се доближам ниту дење, а камоли навечер - раскажува една скопјанка.
Повеќето жители од околните згради на улицата Осма ударна бригада и Максим Горки се згрозени од тоа што се дозволува таква руина со децении да стои во строгиот центар на градот.
- Постојано се жалиме до сите надлежни институции, но тие доаѓаат само одвреме-навреме да го расчистат ѓубрето и за ништо друго. Секоја вечер во урнатините преспиваат бездомници, а понекогаш во внатрешноста се собираат и наркозависници. Најмногу ни е страв дека некое од нашите деца ќе залута таму и ќе настрада. Смачено ми е на моите внуци постојано да им укажувам да ја заобиколуваат зградата - вели Мирко Миновски, еден од жителите на околните згради.

НЕСУДЕНИОТ „ШЕРАТОН“

Печатницата „Гоце Делчев“ била изградена уште пред Втората светска војна и тогаш го носела името „Немања“. Откако оваа фирма се затвори, зградата се запушти и воопшто не се одржува. Веќе нема прозорци и врати, само урнатини и ѓубре, кои се покриени со платно, кое исто така е оштетено и постои опасност да падне.
Објектот неколкупати беше продаван, а негов последен сопственик е бизнисменот Зоран Азманов. Тој сакал таму да прави хотел од светски познатиот синџир „Шератон“, но не можел да почне со изградбата поради нерешениот случај со една заостаната хипотека.
- Ниту мене не ми одговара ваквата состојба на објектот. Јас платив за да инвестирам во него, но моите пари засега се залудно потрошени. Кога ја купив зградата, за неа имаше четири хипотеки. Судот поништи три од нив, но не и таа од фирмата „Мепринг“, која изнесува 16 милиони денари. Немам намера да го враќам тој долг, затоа што не сум го направил, а својот дел си го платив. Кога го купував објектот никој не ми кажа за заостанатите хипотеки. Сега ми останува само да чекам да заврши сета оваа збрка и да можам да почнам со работа - објаснува Азманов.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1043&ArticleID=57106 -
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1043&ArticleID=57106


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jun-2008 at 11:16
- Еднаш слегов од автомобилот и застанав до зградата да го почекам сопругот да паркира. Одеднаш слушнав некои гласови од внатрешноста, најверојатно од бездомниците што се собираат во неа. Се преплашив и сопругот одвај ме смири. Оттогаш постојано ја заобиколувам печатницата и се трудам воопшто да не и се доближам ниту дење, а камоли навечер - раскажува една скопјанка.


Nuts LOL

Ако оваа „Скопјанка“ навистина постои, а не е измислена од новинарот/ката (се сомневам), тогаш сигурно има поголеми грижи во животот отколку печатницата...

LOL LOL LOL





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 16:59
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=48EB5F972B144247B3045EC5BC80562E - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=48EB5F972B144247B3045EC5BC80562E


Фото вест

Во услови кога не функционира ниту еден јавен тоалет во градот, напуштената печатница е најчестиот избор на скопјани што се во зорт. Некои досетливи граѓани на зградата закачиле и натпис „јавно веце“, со кој ги информираат и скопјани и градските власти за што се' може да послужи објект што се наоѓа во строг центар на еден главен град, кој се стреми да стане европски.

Фото: Чедомир Ненковиќ




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2008 at 02:04
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DFD27A99C371D9438490A0B5466EC664 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DFD27A99C371D9438490A0B5466EC664

Печатницата „Гоце Делчев“ се' уште е депонија

Поради судски спорови не може да се реализира идејата на ова место да се изгради хотел или деловен објект

Сања Наумовска

И покрај тоа што се продаде за повеќе од 3 милиони евра пред речиси две години, печатницата „Гоце Делчев“ се' уште е најгрдата руина во центарот на градот. Платната што ја покриваа зградата се искинати и ја откриваат внатрешноста на објектот, каде што има се' и сешто. Покрај тоа што руините од некогашната печатница со години го нагрдуваат центарот на Скопје, таа е претворена и во дива депонија каде што скопјани фрлаат најразличен смет. Најчесто тука се собираат бездомници, зависници од дрога, но и собирачи на пластика што ја користат како складиште.

Внатрешноста е преполна со ѓубре, иако во неколку наврати „Комунална хигиена“ организираше акции за чистење. Луѓето од околината се жалат и дека од руинираната некогашна печатница се шири неподнослива смрдеа поради различните отпадоци што се таложат. Наместо да биде еден од најрепрезентативните објекти во центарот, поради заглавеноста во судските лавиринти, се' уште не започнува инвестицијата која руината ќе ја претвори во модерен деловен објект или хотел.

Имено, печатницата е продадена пред близу две години на фирмата „Настел“, која планираше да изгради хотел од синџирот „Шератон“. Сепак, според надлежните во фирмата, изградбата на новиот објект на ова место не може да почне, бидејќи печатницата е заглавена во хипотека. Фирмата „Настел“ нема да го преземе објектот се' додека имотот не биде расчистен од хипотеки, а за тоа треба да се почека завршувањето на судскиот спор со еден од доверителите на некогашната печатница. Тоа значи, велат во фирмата, дека додека не заврши судскиот спор, не може да се реализира замислата на инвеститорот. Од „Настел“ велат дека веднаш по купопродажбата биле уплатени парите за купување на печатницата, како и данокот на промет, но и покрај тоа се' уште не владеат со имотот.

Од друга страна, пак, исто така, се' уште е нејасно дали ќе се менува Деталниот урбанистички план, кој на ова место предвидува деловен објект, а не хотел. Пред извесно време од „Настел“ најавија дека новата зграда во еден дел ќе биде катна гаража, а остатокот или деловна зграда или хотел, во зависност од тоа каква градежна дозвола ќе добијат.


Posted By: maestro
Date Posted: 05-Aug-2008 at 09:25
Лелеее.. ова е ужасно.. стои вака сред центар на град!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:25
Ништо ново чисто да ја евидентирам ситуацијата на 12.08.2008 бидејќи бев во близина.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 17:07
ПЕЧАТНИЦАТА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЧЕКА СУДСКА РАЗРЕШНИЦА
Шератон ќе се гради од 2009
Новиот сопственик на печатницата, скопската фирма "Настел" очекува до крајот на годината да ја преземе печатницата и конечно да почнат со изградба на нов деловен објект со катна гаража

Скопската фирма "Настел", која е нов сопственик на руинирата печатница "Гоце Делчев" на улицата Максим Горки во центарот на Скопје, очекува до крајот на годината да почне со изградба на новиот деловен објект.
Љупчо Попјорданов, управител на "Настел", се надева дека дотогаш ќе заврши судскиот спор меѓу печатницата во стечај и нејзините доверители.
"Осумнаесет месеци по купувањето на објектот се уште не можеме да почнеме да градиме, нити да земеме имотен лист за она што сме го купиле. Сега судовите се на одмор и разрешница на судскиот спор ќе мора да чекаме од септември. Колку што знам, сега случајот е на Апелација. На местото на печатницата ќе градиме деловен објект со катна гаража, односно тоа за што ќе добиеме дозвола согласно деталниот урбанистички план", вели Попјорданов.
Јордан Маркоски, стечаен управник на печатницата, вели дека судскиот спор со доверителите е при крај и дека очекува во септември конечно да ја предадат зградата на "Настел".
До конечната судска одлука руината од некогашната печатница "Гоце Делчев" и понатаму останува грдотија на градот. Таа е претворена во дива депонија и собиралиште на дваесетина бездомници. Жителите од околните згради постојано се жалат дека страшна смрдеа се шири од печатницата, но никој од надлежните не се грижи барем да се исчисти објектот од ѓубре.
Печатницата, која е во стечај, лани во февруари руинираниот објект и го продаде на скопската фирма "Настел" за 3,2 милиони евра. Новиот сопственик тогаш најави дека на местото на печатницата ќе гради хотел од синџирот на светски познатиот бренд "Шератон". (Е.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155827&idg=8&idb=2453&rubrika=Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2009 at 12:23
ГАЗДИТЕ НАЈАВИЈА УРИВАЊЕ НА РУИНАТА ОД АПРИЛ
Старата печатница ќе стане нова Ристиќева палата
На местото на печатницата "Гоце Делчев" ќе се гради целосно нов објект кој ќе има седум ката, во кои ќе се сместат деловни простории, дуќани и хотел на најгорните катови

Скопската фирма "Настел", по две години од купувањето на руината од некогашната печатница "Гоце Делчев" на улицата Максим Горки, конечно ќе го преземе објектот во владение. Најавува дека веќе во април ќе почнат со уредување на оваа атрактивна локација во центарот на градот. Маријан Наков, управител на "Настел", вели дека во тек е впишувањето на печатницата во Катастарот на недвижности како сопственост на "Настел" и оти очекуваат за десетина дена да ги завршат овие формалности. Тој објасни дека веднаш потоа од Општина Центар ќе бараат дозвола за уривање на остатоците од печатницата, за да можат потоа да побараат и градежна дозвола.
"Очекуваме во април или мај да почнеме со уривање на објектот, и тоа уривање ќе трае најмалку два месеца, бидејќи се работи за голем објект во строгиот центар на градот, и тоа ќе мора да се прави под одредени услови", вели Наков.
На местото на печатницата, "Настел" ќе гради нова зграда која, како што вели Наков, ќе се прави во класичен стил, по примерот на Ристиќевата палата, односно слична на старите градби во европските градови.
"Нема да правиме модерна зграда со стакленици туку зграда во класичен стил која ќе потсетува на градбите од старо Скопје", вели Наков.
Новата зграда која, според ДУП, треба да биде деловен простор, ќе биде има седум ката над земја и два под земја. Од "Настел" велат дека се уште не одлучиле каква ќе биде намената, размислуваат покрај деловните простории, да има дуќани, а можно е петтиот кат и потпокривот да се пренаменат во хотел.
Градежните работи за изградба на објектот во "Настел" очекуваат да почнат во есен оваа година, а зградата да биде завршена во рок од три години.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164389&idg=9&idb=2615&rubrika=Skopje


Posted By: kire85
Date Posted: 05-Mar-2009 at 19:54
Previous

ne se razbiram jas mnogu vo gradeznite raboti, ama nekako 2 meseci za urivanje mnogu mi se cini....Dunno


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Mar-2009 at 19:57
фала богу се завршија перипетиите околу ова !!

-------------





Posted By: Cifra
Date Posted: 05-Mar-2009 at 20:14
Originally posted by kire85

Previous

ne se razbiram jas mnogu vo gradeznite raboti, ama nekako 2 meseci za urivanje mnogu mi se cini....Dunno

И мене ме збуни ова.  Поготово што ако ја остават уште некое време самата ќе се сруши LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2009 at 13:37
македонското новинарство во акција. Еве една потполно спротивна вест од онаа претходната од Вест. На кого да му се верува? Dunno Ohno

НЕМА АБЕР ОД ИЗГРАДБА НА НЕКОГАШНАТА ПЕЧАТНИЦА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
Хорор-зграда во центарот на градот

Ниту ексклузивен хотел од синџирот „Шератон“, ниту деловен објект придружен со катна гаража, како што беше најавувано, не е изграден на местото на поранешната печатница „Гоце Делчев“ и по шест години откако таа отиде под стечај. Руинираната карабина се уште стои во строгиот центар на градот, додека во околината на грдотијата функционираат амбасади и се градат нови модерни деловни центри. Од фирмата „Настел“, која на јавна лицитација го откупи земјиштето на кое се наоѓа печатницата, не беа расположени да одговорат кога и дали ќе почнат градежните работи, но, сепак, потврдија дека и по три години од продажбата на објектот сопственоста не им е пренесена на имотен лист. Објектот денес е позапуштен од кога и да било. Околу него е обраснато зеленило, градежен шут од минатите рушења на зградата, а во внатрешноста подовите се преполни со ѓубре. Освен како повремено живеалиште за питачи и за бездомници и попатна станица за наркомани, местото е отворено и како диво јавно веце. Скопјани многу пати реагираа до надлежните нешто да се преземе и да се спречи ширењето зарази кои посебно се опасност во летните месеци. Околу купот ѓубре секогаш се собираат кучиња и мачки, а жителите од околината се жалат дека се чувствува и неподнослива смрдеа. - Едноставно не можам да поверувам дека во строгиот центар на Скопје може да се дозволи со години да стои објект кој, особено во вечерните часови, личи на хорор-филм. Непријатно е, дури и страшно, да се минува покрај него. На сите граѓани им пречи, од него се шири смрдеа, се собираат кучиња, наркомани, навистина е ужасно - вели Илина Поповска, која живее во близина на напуштената печатница. Неколку пати изминативе години, по налог на градски и општински комунални инспектори, јавното комунално претпријатие ја чистеше депонијата од внатрешноста на зградата и при тоа редовно се вадеа по неколку тони ѓубре, но и мрши. Единствена интервенција во зградата, во обид привремено да се покрие грдотијата на објектот, беше платното со кое пред пет години се прекри предната страна на објектот, свртена кон улицата Максим Горки и лимените тараби со кои се огради приземјето на објектот. Привремената камуфлажа не издржа долго, па последниве години искинатите платна при секој посилен ветер се нишаат како потенцијална опасност над главите на скопјани, а таблите се претворија во грди билборди облепени по стотинапати со најразлични реклами.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1650&ArticleID=109770


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2009 at 00:05

Старата печатница „Гоце Делчев “ пролетва ќе биде урната

Швајцарската фирма „Настел“ засега не открива каков објект ќе никне на местото на печатницата

Снежана Калабакова

Старата печатница „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје, најверојатно, пролетва да биде урната. На истата локација ќе никне објект што ќе го гради швајцарската фирма „Настел“, која засега не сака да открие детали околу тоа каков ќе биде објектот, на колку ката и со каква намена. За се' ќе информирале штом комплетно ќе го добијат имотот во владение, откако ќе ги решат проблемите во купопродажбениот договор. Токму оваа постапка, која по се' изгледа веќе се приведува кон крај, засега беше пречка за започнување какви било градежни зафати. Се обидовме да дознаеме што е предвидено да се гради на тоа место според ДУП. Но, нашите обиди да стапиме во контакт со надлежните во Општина Центар, останаа безуспешни и по дводневно упорно настојување.

„Настел“ ја купи старата печатница пред две години. Тогаш проструи информацијата дека на нејзино место ќе гради хотел од синџирот „Шератон“, за потоа да се слушне дека ќе се гради објект сличен на Ристиќева палата. Но, и покрај ваквите шпекулаци, излезе дека каква било градба на таа локација е невозможна, од причина што печатницата била заглавена во хипотеки. Реализацијата на идејата на „Настел“ не можеше да започне се' до расчистување на имотноправните односи, поточно до завршување на судскиот спор со еден од доверителите на печатницата. Тоа што фирмата не владее со имотот се' уште е пречка да започне изградбата на предвидениот објект, и покрај тоа што „Настел“ веднаш по купопродажбата ги имаше уплатено парите за купување на печатницата, како и данокот на промет.

Марјан Наков, управител во „Настел“, вели дека се' уште не смее да соопштува никакви детали за плановите на фирмата. Но, потенцира дека штом ќе бидат расчистени проблемите во купопродажбениот договор веднаш ќе започне изградбата на новиот објект.

Она што остана од старата печатница сега е депонија, собиралиште на кучиња и мачки-скитници. Грдата руина веќе не ја прикриваат ни платната кои се веќе извалкани и искинати. Сликата ужаснува особено затоа што во централното градско подрачје се гледаат кучиња и мачки како буричкаат по ѓубриштето кое, и покрај напорите на „Комунална хигиена“ да го исчисти, се уште постои. Ваквата слика е непожелна за градот, особено затоа што во близина на разурнатата печатница се наоѓаат дури неколку странски амбасади - италијанската, норвешката и шведската амбасада, како и шпанскиот конзулат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6BA5B12EB0515E488C650702F68631B5


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-Apr-2009 at 00:17
„Настел“ ја доби во владение печатницата „Гоце Делчев“

Швајцарската фирма „Настел“ ја доби во владение старата печатница „Гоце Делчев“ и со тоа ги разреши проблемите околу купопродажниот договор. Тоа значи дека штом заврши трансформацијата на земјиштето, ќе започнат градежните зафати за рушење на остатоците од некогашната печатница и изградба на нов деловен објект, за кој од „Настел“ се' уште не сакаат да откријат намената.

„Сега можеме слободно да објавиме дека имотот од старата печатница е пренесен на наше име. Во општината Центар водиме постапка за трансформација на земјиштето кое беше на Република Македонија и сега треба да премине во сопственост на ’Настел‘. Првиот ден по завршувањето на трансформацијата печатницата ќе биде срушена“, вели Марјан Наков, управител во „Настел“, фирмата која пред две години ја купи старата печатница. (Сн.К.)

 
По којзнае кој пат истата вест


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jul-2009 at 09:42


Posted By: Дарко
Date Posted: 05-Aug-2009 at 12:55
„Гоце Делчев“ ќе биде како „Риц“, а не како „Шератон“

При крај е решавањето на административните пречки за да се изгради нов објект на местото на старата печатница, па инвеститорите се надеваат дека ќе може да почнат да работат уште кон крајот на летово


Руинираната печатница „Гоце Делчев“ на улицата Максим Горки во центарот нема да стане хотел од познатиот светски синџир „Шератон“, туку ќе се гради како реплика на славниот париски хотел „Риц“. Од швајцарската фирма „Настел“, која пред две години ја купи старата и запуштена зграда, велат дека идејата да направат идентичен објект како париски „Риц“ ја добиле по неколку престои во него.

Марјан Наков, управителот на „Настел“, вели дека проектот е готов, а за да почне неговата реализација е потребно да завршат процедурите за трансформација на земјиштето во Министерството за финансии, каде што предметот стоел веќе половина година.

- Објектот ќе личи на најпознатиот и најлуксузниот хотел „Риц“ во Париз, значи ќе биде во готски стил, а ќе ги има и истите архитектонски елементи, како полукружните сводови. Објектот ќе има приземје, два ката и поткровје, како и два ката подземни гаражи за околу 260 возила. Зградата е предвидена за деловен објект и за помал хотел, а има најави дека во него ќе биде сместена и банка. Приземјето ќе има висок таван од 5,8 метри, а горните катови се високи по 3,4 метри. Со подигнувањето на нивоата на катовите ризикувавме и загубивме цел еден кат, но сето тоа е за да се постигне саканиот изглед - објасни Наков.

Тој додаде дека приватизацијата на земјиштето на печатницата ја кочел поранешниот министер за финансии Трајко Славески, кој не им давал образложение зошто се одолжува целата процедура. Откако ќе добијат имотниот лист, од „Настел“ ќе поднесат барање до општината Центар за одобрение за градба и за сообраќајно решение. Иако имаше најави дека почетокот на изградбата ќе почне во септември, тие сега се надеваат дека до крајот на летото ќе ги имаат потребните документи за да почнат со изведба на градежните работи.

Рушењето на остатоците од објектот ќе одземе време, бидејќи станува збор за центарот на градот, па тоа ќе може да се одвива по 18 часот, а според процените за да се расчисти целиот терен ќе бидат потребни околу два месеци.

Специфичноста во градбата е тоа што за фасадата ќе се користат квалитетни материјали, чија цена е 20 пати повисока, отколку за правење обична фасада. Според проектот, зградата на аголот ќе има купола, како и два влеза, а ако нема пречки, се планира изградбата да трае една година и осум месеци.

Како што соопштуваат од фирмата „Настел“, за изградбата се обезбедени финансии и кредити од основачот „Еуросвис кредит“ АГ од Швајцарија.

Тоа што сега е останато од старата печатница е депонија и собиралиште на кучиња и на скитници. Остатоците од објектот не ги прикриваат ниту платната што ги постави поранешниот градоначалник Ристо Пенов, кои по долги години веќе се извалкани и искинати. Во непосредното соседство на објектот, пак, се наоѓаат неколку странски амбасади, италијанската, швајцарската, норвешката, шведската, шпанскиот конзулат, како и неколку банки.

Пред една година беше неизвесно дали воопшто нешто ќе може да се изгради на местото на старата печатница, бидејќи таа беше заглавена во хипотеки, а се водеше и судски спор со еден од доверителите.




„Риц“ е еден од симболите на Париз

Парискиот хотел „Риц“, кој им послужил како инспирација на сопствениците на печатницата, бил изграден пред околу 300 години како приватна станбена зграда. Од 1854 година бил финансиска институција, а во 1898 година го купил познатиот швајцарски угостител Цезар Риц, кој го направил луксузен хотел. Неговите 160 соби и апартмани, каде што преспивањето денес чини од 700 евра до 12.000 евра за ноќ, во минатото ги угостиле британскиот крал Едвард 4-ти, Ернест Хемингвеј, Чарли Чаплин, Грета Гарбо, Марлен Дитрих, Жан Пол Сартр, Елтон Џон и многу други славни личности. Коко Шанел живеела во „Риц“ повеќе од 30 години, а принцезата Дајана во него ја поминала последната ноќ од својот живот


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:03
Да видам да не поверувам...  Roll%20eyes

@Дарко ако можеш вметни го и линкот за веста Thumbs%20Upинаку фала за инфото


Posted By: shaun.r
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:33
http://time.mk/story_32e2d9d7cf_article_a1e411d41d.html


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:36


Фала Thumbs%20Up

Еве го и нацртчето што го има во таа статија за објектот




Posted By: vardar
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:42
Незнам за готскиот стил али ќе си личи до негде со палата читкушеви од карши...


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:51
Тука е и италијанската амбасада и уште неколку објекти кои се во тој тон. Се имам повеќе пати изјаснето дека сум против "нови стари" објекти, но на оваа локација дефинитивно нема да штрчи доколку се изгради овој објект. Секако се наметнуваат и многу други прашања. И изградбата на "стари" објекти си има свои правила. На пример она чудо од уставен сум е многу поблиско до оние таџикистанско-киргистански хибриди отколку што може да се мери на пример музејот во Лондон кој наводно бил инспирацијата. Значи многу е битно каква ќе биде изведбата на деталите, пропорциите итн на објектот кога веќе се решиле за ваков.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:56
Не се разбирам многу од стилови и не ме интересираат многу! Може би ќе одговара на околината, но ме иритира тоа што во централно градски подрачје правиме копија и даваме впечаток дека сме wanabe Париз, без разлика на стилот и на намената. Исто како кинезите пред некоја година што направија фалцификат ајфелова кула некаде у Кина.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 14:19
У Вегас е мини-Ајфеловата, а у Кина е мини-Венеција...
И оваа најава би ја игнорирал се додека не видам работници таму, не е ни прва, ни последна, а што се однесува до „стилот“, ова сигурно не може да се карактеризира како некаков стил (истото важи и за архивот и за зградата на МНР), сите еклектични стилови имаат строго одредени правила на проектирање по кои и објектите се класифицираат како такви. Овде точно се работи за некакви хибриди, каде што во основа се иде кон решение кое што е функционално (евентуално се вметнуваат некакви еклектични ентериерни моменти како парадни скали, некакви галерии исл.), а од надвор се работи фасада со декорации, што во mainstream проектирањето се отфрлени како глупост пред 150 години, ама нажалост се широко прифатени од нашата јавност и се дефинирани како „убави“...

Originally posted by pbanks

Тука е и италијанската амбасада и уште неколку објекти кои се во тој тон. Се имам повеќе пати изјаснето дека сум против "нови стари" објекти, но на оваа локација дефинитивно нема да штрчи доколку се изгради овој објект.

Мислам дека не е фер да се подметнуваат вака работите и да се двојат според локацијата, демек МНР и архивот се издвоени - па за нив срамота, а овие може да ги спикаме и ако се ретро. Ако мислиш дека ансамблот во кој што учествува онаа палата (не ми текнува како се вика - Берзата???), на Радовановиќ и пар објекти во сличен фазон во околината создаваат некаков градски амбиент Париз-фазон, мислам дека не е баш така...не знам дали го имаме тој објект овде на форумов, ама можам да ти кажам дека слично е нивото на тој објект со новиот архив...



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: vendetta
Date Posted: 05-Aug-2009 at 14:23
Одлично!

Во едно нешто да се сложиме со pbanks


-------------
------------------------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 18:05
се сложувам со Пбанкс за вклопеноста на објектот, се додека се совпаѓа со Читкушеви и останатите објекти во тој дел од мал ринг е сосема во ред и повеќе би се бунел ако таму сакаат да накалемат некои стакла и бетони, но се сложувам и со лсл, дека дека тоа копирање на нешто што некој го видел таму некаде е смешно, и создава погрешна слика, но сепак се надевам дека ова со Риц е само новинарски булшит

и уште нешто, дали тоа е навистина готски стил? не се разбирам во стиловите, ама ја за готскиот стил имав представа на средновековна католичка катедрала


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-Aug-2009 at 18:51
Ако фасадата е поскапа за 20 пати од досегашните фасади во Скопје,ако има 260 места за паркирање под него,јас не би имал ништо против да се изгради па нека било и копија.

Да се надеваме дека ќе си го одржат ветувањето.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 18:55
http://en.wikipedia.org/wiki/Gothic_architecture - http://en.wikipedia.org/wiki/Gothic_architecture

Ова се главните одлики на готската архитектура...многу лесно се препознава по специфичниот лак, изразитата висина на објектите (претежно катедралите, најмногу барем од нив се зачувани), чипкастото украсување со што е можно поголем број скулптури - претежно човечки т.е светци, ангели, свети борци...свртени  авторитетно спрема луѓето - среден век, инквизиција, dark ages, требало да се утера страв во народот....



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: 46&2
Date Posted: 05-Aug-2009 at 19:44
Нели требаше да има висина од 29 метри. Има во претходните текстови наведено. Сега по најновово нема да биде ни 20 метри висока


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 21:44
Originally posted by Dave Gahan


Мислам дека не е фер да се подметнуваат вака работите и да се двојат според локацијата, демек МНР и архивот се издвоени - па за нив срамота, а овие може да ги спикаме и ако се ретро. Ако мислиш дека ансамблот во кој што учествува онаа палата (не ми текнува како се вика - Берзата???), на Радовановиќ и пар објекти во сличен фазон во околината создаваат некаков градски амбиент Париз-фазон, мислам дека не е баш така...не знам дали го имаме тој објект овде на форумов, ама можам да ти кажам дека слично е нивото на тој објект со новиот архив...


Да се разбереме... Јас сум против ваквите згради и да се прашувам јас не би се градело ништо од Театарот па се до МНР и овој предлог што го дискутираме. Воопшто не ми се блиски ни квази ретро заебанциите од типот на Читкушеви Reloaded или Берза (која BTW ја имаме http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=2894#2894 - тука , да не имаш инфо за која локација е воопшто предвидена зградава?).

Сепак мислам дека базична дисктинкција меѓу објектите може да се направи. Колку и да ги презирам на пример театарот и музејот на ВМРО, сепак мора да признаам дека барем не прават урбанистички хаос (иако и таму се менуваа парцелите). Случајот со Уставен и МНР воопшто не е таков, освен големата доза на кич тоа се урбанистички анахронизми кои комплетно ги реметат целините во кои се наоѓаат. Мене ми делуваат на чирови.

За конкретниов објект. Освен ако не опалат уште една триумфална капија пред него, барем според она што е опишано погоре објектот нема да штрчи. Е сега дека на таа локација може да се направи нешто МНОГУ подобро е факт. Не зборувам за некаков стакларник, постојат еден куп модерни архитектонски изрази кои одлично би ја пополниле таа празнина.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 23:51
http://www.imagebam.com/image/5a014544397284">
За истиот објект зборуваме (плавиот квадрат), по дијагонала на печатницава, само нешто успорено се гради...од другата страна е такозвана Грација (никогаш не ми било јасно што е поентата со тој објект!? Ова што е денес таму е тотално безвезе)....

Поентата ми е - полека, полека го навикнуваме окото на вакви глупости и прифаќаме вакви комбинации. Улицата Максим Горки е една од ретките скопски улици што има амбиент градски (како што повеќето луѓе мислат дека е стварно тоа градски), ама кога убаво ќе се анализира, многу малку објекти учествуваат во неговото креирање, а другите се претежно деградирани и запуштени или одвратно доградувани (жолтите на сликичката се релативно во коректна состојба). Затоа јас не би ставал по секоја цена некој ваков објект само затоа што ќе се надоврзе на другите, главно затоа што таквите не доминираат, т.е се прилично малку (современото обликување да го ставиме настрана, а не би требало)...
Само како пример ќе го земам објектот што граничи со парцелата на печатницата (со црвено означен, дури мислам дека и фасадата има црвени елементи), кој што е спротивен на сите објекти од околината што се во овој фазон (сега прашање е колку е успешен обидот и дали на секого ќе му се допадне, ама тоа е помалку битно)...
И меѓу другото, мислам дека кога и оваа улица би ја напраиле само пешачка би било многу добро, има многу добри услови за тоа, а паркирањето на локалците е решливо...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2009 at 15:30
ПРЕФРЛАЊЕТО НА ЗЕМЈИШТЕТО НА СТАРАТА ПЕЧАТНИЦА УРИВА РЕКОРДИ
Замислениот „Риц“ остана страшило за скопјани

Поранешната печатница „Гоце Делчев“ и натаму е урнатина во центарот на Скопје, која не и пречи на ниедна локална власт. Објектот по којзнае кој пат е претворен во депонија и од околу обраснат со трева. Платната што беа поставени да ја прикриваат грдотијата, сега ги нема, па целосно се гледаат празните катови, без прозорци и полуурнати. Ниту прикривањето со шарени платна, ниту редењето лимени тараби на приземјето не помогнаа за да се избегне грдата слика на која не и е место во строгиот центар на градот. Од фирмата „Настел“, која на јавна лицитација пред повеќе од две години го откупи земјиштето на печатницата, не најавуваат ништо ново. Велат дека не сакаат да коментираат во јавноста што ќе градат на местото на поранешната печатница, ниту кога ќе почнат со работа, се додека не се решат сите бирократски проблеми. - Се додека не добиеме градежна дозвола од Општина Центар нема да даваме никакви изјави. Кога ќе има нешто конкретно, тогаш се ќе кажеме. Во моментот имаме бирократски проблеми, а и трансформацијата на земјиштето од државно во приватно се уште е во тек “ велат во „Настел“. Неофицијално, дознаваме дека на местото на старата печатница фирмата планира да изгради објект сличен на хотелот „Риц“ во Париз. Во него треба да има деловен центар и хотел, и два ката подземни гаражи. Од Министерството за финансии не ни одговорија до каде е постапката за препишување на земјиштето во сопственост на „Настел“. За решавање на овој проблем кој со години се провлекува не се заинтересирани ниту во Општина Центар. Иако во Законот за градење, во член 85, е предвидена можност Општината да го урне објектот, со одобрение за отстранување, што таа го издава, ако тој е оштетен или постои опасност да се урне, општинарите не сакаат да се нафатат на тоа. - Објектот има приватен сопственик. Надлежноста на Општината е во постапката за реализација на детален урбанистички план на доставено барање, со сите прилози по Закон, да го издаде бараниот акт “ одговорија од Центар. Најреволтирани од урнатините во строгиот градски центар се скопјани зашто се наоѓа на многу фреквентно место каде што дневно минуваат илјадници граѓани, но и гости кои престојуваат во градот. - Објектот е како од хорор-филм, срам за градот. Не можам да сфатам како може да се дозволи вакво нешто со години да им „виси“ над глава на граѓаните “ вели Горан, кој живее на улицата Максим Горки. Според него, урнатината е претворена во легло на кучиња-скитници, во него се собираат и бездомници, а се користи и како јавен тоалет. Објектот е небезбеден за минувачите, а просторот до него е претворен во депонија. До кога ќе биде така, никој не знае со сигурност да каже.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1783&ArticleID=119513


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2010 at 17:21
Нужник место "Шератон"

Атрактивната локација во центарот на градот, на која некогаш беше пе­чат­ни­ца­та "Гоце Делчев", а од која сега стои само руина, скопјани веќе не­кол­ку години ја користат за вршење нужда

Прос­то­рот на стотина метри од Плоштадот, на кој се очекува да никне луксузен хотел на свет­ски познатиот хотелиерски бренд "Шератон", е претворен во јавно веце. Ат­рак­тив­на­та локација, на која некогаш беше печатницата "Гоце Делчев", а од која се­га стои само руина, скопјани веќе неколку години ја користат за вр­ше­ње нужда на отворено. Затскривајќи се зад високите грмушки кои од сите стра­ни ја обраснале распаднатата зграда, минувачите во зорт мочаат ту­ка.
Од насобраниот измет се шири неподнослива смрдеа по целата улица во строгиот центар на градот.
"Се­да­м во кафеана, а се чувствувам како да сум во веце. Од смрдеата не можам ниту да јадам ниту да пиам. Властите имаат визија за уредување на центарот со споменици, со хотели, но изгледа го за­бо­ра­ви­ле овој нужник кој, ако не се исчисти, би се нашол веднаш зад споменикот на Чен­то. Срамота!", се жали револтиран скопјанец кој живее во центарот на Скопје.
Печатницата се распаѓа откако замина во стечај пред седум-осум години. Пред да се претвори во јавно веце, таа се користеше и како склад за пластика на луѓето што за­ра­бо­ту­ва­ат од собирање пластичен отпад, како дива депонија, скривалиште за без­дом­ни­ци и што ли уште не.
На­деж дека запуштениот простор ќе се уреди со голем деловен центар и со хотел "Шератон" на неговите последни катови даде скопската фирма "Нас­тел", која пред три години ја купи локацијата, но која до ден - денес не ус­пеа да ја земе во владение.
Пр­во поради судски спор помеѓу печатницата во стечај и нејзините до­ве­ри­те­ли, а ниту сега по судската разрешница.
"Три години не ни дозволуваат да градиме. Државата требаше да го ис­чис­ти просторот од хипотеки, па да добиеме чист имотен лист. Тоа заврши, но ние уште не можеме да ја добиеме градежна дозвола од Општина Центар. Ни велат дека сe е во ред, и во секој момент очекуваме да ја добиеме. Ина­ку, просторот навистина е грдотија, но додека не биде наш, немаме пра­во ниту намера да го чистиме", објаснуваат од фирмата.
Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека не можат да влегуваат на туѓ имот и да чистат, поради што со години таа локација стои запуштена и не­ис­чис­те­на.

http://vest.com.mk/?ItemID=B0A59875F453EF499D0D4B378C3CA43C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2010 at 17:52
ДОДЕКА ДА ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА
Старата печатница со лимени огради Приземјето на поранешната печатница „Гоце Делчев“ и обраснатото зеленило до неа од пред извесно време се заградени со нови лимени огради. Веќе подолг период ги нема ниту долгите платна со кои се прикриваше објектот од страната на улицата Максим Горки, па зградата зјае отворена и разрушена. Од фирмата „Настел“, која го откупи земјиштето за да гради хотел, велат дека по барање на Општина Центар тие ја поставиле оградата. - Имаше реакции од Општината и ни беше сугерирано дека местото не е добро обезбедено, па поради влегување на скитници во зградата и поради хигиената го оградивме - велат од „Настел“. Оттаму неофицијално најавуваат дека при крај е постапката за трансформација на земјиштето со кое треба да добијат имотен лист и дека наскоро на терен ќе почнат градежните работи. Откако го откупи земјиштето, фирмата најавува дека на местото на печатницата ќе гради хотел со деловен центар и со гаражи, но досега ништо од најавеното не се реализираше.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1960&ArticleID=135566


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Sep-2010 at 13:30
konecno nesto od investitorot )

НАЈАВА ОД ФИРМАТА „НАСТЕЛ“
Старата печатница наскоро ќе се урива

Планот за изградба на нов објект на местото на поранешната печатница „Гоце Делчев“, која веќе неколку години е грда урнатина среде центарот на Скопје, е во финална фаза, најавуваат од фирмата „Настел“. Инвеститорот, конечно, добил имотен лист за земјиштето, па сега чека уште дозволи за уривање и за градба од Општина Центар. - Во постапка е добивањето одобрение за градба и одобрение за уривање. Барањето е поднесено во Општината пред три недели. Во изминатиов период требаше да направиме посебен елаборат за тоа како ќе се урива објектот бидејќи се наоѓа во центарот на градот. Зградата на печатницата ќе се урива до темел, а колку време ќе траат работите не можам да кажам - вели Марјан Наков, управител на „Настел“. Откако просторот ќе се расчисти, ќе почне изградбата на новиот објект, кој, според Наков, треба да биде деловно - административен центар со апартманско сместување. Во Општина Центар потврдија дека процедурата за издавање дозволи на инвеститорот е во тек.

Р.П.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2132&ArticleID=149243

-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Nov-2010 at 21:42
ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА ПЕЧАТНИЦАТА "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"

Азманов ќе гради седумкатница



Разурнатиот објект на поранешната печатница "Гоце Делчев", сместена во строгиот центар на Скопје, наскоро ќе стане деловна зграда. Општината Центар, на чија територија се наоѓа зградата, ја потврди информацијата, а како инвеститор ја посочи фирмата "Настел" на Зоран Азманов. Просторот е ограден и се одвиваат подготвителни активности за срамнување на старата зграда со земја.

- Намената на новиот објект, предвиден да се наоѓа на ова место, според урбанистичкиот план е деловна зграда. Издадено е одобрение за подготвителни активности, за расчистување на теренот, а во тек е постапка за издавање одобрение за градба, по што инвеститорот "Настел" се очекува да почне со градежни активности - изјави портпаролот на Центар, Јовица Ацкоски.

Тој не можеше да каже колкава ќе биде катноста, но според досегашните информации, се работи за седумкатница.


http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=838EEF8D2767F14C93792B3DD83D678C - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=838EEF8D2767F14C93792B3DD83D678C

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Nov-2010 at 21:48
Баш ќе ја постирав веста сега.

Ме интересира вашето мислење. Седум ката не се за таму. Би претпочитал нешто како http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140 - Палата Читкушеви што „се гради“ отспротива, за да се вклопи во амбиентот (каков-таков). Ако не, да се руши се, и да се добие мини бизнис област, заедно со Сан Марко, Телеком, Еуростандард и останатите.

Многу се седум во тоа опкружување.


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Nov-2010 at 22:12
I jas se slozuvam da bi bila kolku Palata Citkusevi. Sto e mnogu mnogu e. A za rusenje ne bi rekol zatoa sto tamu ima navistina ubava stara ahitektura.

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: mitatos
Date Posted: 25-Nov-2010 at 23:24
Нели тука требаше да никне хотел ?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2010 at 03:18
Требаше тука да биде хотел Ritz. Е сега којзнае што е со овој последен настан.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 26-Nov-2010 at 03:30
Башка што со ова мутново типче Азманов, не се поврзуваат баш некои чисти работи...Али како и да е, да не оптеретувам со глупости

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2010 at 01:12
ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР ЌЕ НИКНЕ УШТЕ ЕДЕН ОБЈЕКТ


Почна уривањето на печатницата "Гоце Делчев''


Некогашната печатница "Гоце Делчев" лоцирана во строгиот центар на градов набрзо ќе прерасне во деловна зграда. Вчера со булдужер започна нејзиното рушење. Оваа зграда, што до вчера беше вистинско ругло на центарот на градот, преполна со ѓубре, дувло на кучиња-скитници сега ќе има друга димензија. На оваа локација пред неколку години се планираше да се гради елитен хотел, но поради тоа што во Деталниот урбанистички план се предвидува да се гради само деловен објект, постапката е запрена.

Одговорните од Општина Центар велат дека намената на новиот објект, предвиден да се наоѓа на ова место, според урбанистичкиот план е деловна зграда.
- Издадено е одобрение за подготвителни активности, за расчистување на теренот, а во тек е постапка за издавање одобрение за градба, по што инвеститорот Настел" се очекува да почне со градежни активности, изјави портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски.http://vecer.com.mk/?ItemID=575D01F20D199C46B2B5B8F35159A737


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Dec-2010 at 13:10
Konecno pocna so rabota!I ako nisto ne se gradi, vazno taa ruina si zamina!
Drugata tocka e kako kje izgleda noviot objekt?Mislam deka e rano, kje cekam, pa se nadevam deka kje si najdeme renderi, bas neka odi nekoj da slika!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2010 at 15:48
Печатницата „Гоце Делчев“ замина во историјата


     
Печатницата „Гоце Делчев“, ругло што со години наназад го нагрдуваше центарот на градот и служеше како депонија, но и дом за бездомниците и кучињата-скитници, конечно се урива


     
     
На нејзино место инвеститорот „Настел“ ќе гради деловна зграда.

За печатницата со години се водеше судски спор, околу сопственоста на печатницата, поради што првичната идеја за реализација на хотелот не можеше да се реализира. Од општината Центар велат дека со промените на деталниот урбанистички план за Малиот ринг, сега на оваа локација наместо хотел е предвидено да се изгради деловен центар.


Posted By: Djole88
Date Posted: 21-Dec-2010 at 11:00
Уривањето на печатницата напукна згради

Рачното уривање на печатницата „Гоце Делчев“ предизвикало микропукнатини во зградите на „Максим Горки“ и на „8. Ударна бригада“, па граѓаните вчера избезумено барале помош од Општина Центар

Уривањето на старата печатница „Гоце Делчев“ за потребите за изградба на деловен објект вчера ги крена на нозе сите што живеат на улицата Максим Горки и на 8. Ударна бригада во строгиот центар на Скопје. Густа прашина и тресење на почвата го одбележаа вчерашниот ден, но и неколкуте претходни дена. На тоа место е предвидено да се гради деловна зграда, седумкатница.

Станарите што живеат во соседните згради, изградени пред околу еден век, тврдат дека уривањето предизвикало безброј микропукнатини, како надворешни, така и внатрешни, и најавуваат дека ќе бараат обесштетување.

- Се урива брзо и евтино, тоа е нашиот впечаток. Се тресе цела улица, а зградите вибрираат. Овие згради, во двете улици, се изградени во 1931 година, а за време на земјотресот беа делумно оштетени, а потоа санирани. Ако има земјотрес, не сме сигурни дека после сегашните оштетувањата од печатницата повторно би „преживеале“ - вели жителка на Максим Горки.

Велат дека вчерашниот ден избезумено се јавувале по сите надлежни институции, со цел, како што велат, да си ги спасат живеалиштата. Алармирале во сите компетентни инспекции, во Конзерваторскиот центар, во Општина Центар, како и кај Зоран Азманов, управител на фирмата-инвеститор „Настел“. Но не добиле прецизни одговори дали изведувачот на терен работи онака како што му е наложено во одобрението.

- Овие згради не се градени со модерни материјали и нема железо во нив, а сега се напукнати. Дали некому му е гајле за нас во оваа држава -реагираат станарите.

Од Општина Центар тврдат дека изведувачот работи согласно законските прописи, откако Милан Пижула, нивен инспектор, излегол на терен. И од фирмата „Настел“ тврдат дека најмениот изведувач, задолжен за расчистување на теренот од стариот објект, работи согласно одобрението за уривање. И дека е специјализиран за такво нешто.

- Се урива рачно и според начин зацртан во одобрението. Исто така и шутот и ѓубрето го изнесуваме согласно режимот во одобрението - изјавија од „Настел“.

Печатницата „Гоце Делчев“ беше руина во последните 7-8 години. Таа, за време на мандатот на владата на Љубчо Георгиевски, беше купена од партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одредено време се случија неколку штрајкови, незадоволни работници бараа плати од партијата, да им се плати осигурување, материјали за работа, исплата на долгови од вмровски фирми, за кои печателе. Обвинуваа дека партијата, како нивен газда, намерно ја турка фирмата во бездна, со цел да се обезвредни. Објектот за кратко беше искршен од новиот газда, партијата на власт, со цел на место на печатницата да биде изграден хотел. Но, тоа не се случи и стихијно стана депонија, небезбедна околина и место за собирање на зависниците.

Откако Уставниот суд ја поништи одредбата која на партиите им овозможуваше поседување имот, акции и да остваруваат приход, печатницата ~ беше вратена на старата фирма во стечај. Следуваа неколку обиди за продажба, но многу од нив пропаднаа, с` додека не ја купи „Настел“.

%20 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9D5BEE22253072469126DE65D95B14A0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Dec-2010 at 22:24
СЕДУМКАТНИЦА МЕСТО "ШЕРАТОН" ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Срамнета печатницата "Гоце Делчев"

Од фирмата "Настел", која ја купи земјата под руинираната печатница, ве­лат дека зградата се руши на нивно барање оти се подготвувале нас­ко­ро на нејзино место да градат деловниот објект

Вче­ра се урна поранешната печатница "Гоце Делчев" во Центарот на Скоп­је. На местото на зградата, која со години беше претворена во нужник, во март следната година ќе се гради деловна зграда на седум ката.
Од фирмата "Настел", која ја купи земјата под руинираната печатница, ве­лат дека зградата се руши на нивно барање оти се подготвувале наскоро да инвестираат. Оттаму негираат дека ќе се гради хотел од светскиот бернд "Шератон", најавувајќи го единствено деловниот објект.
"Со одобрение на Општина Центар, ние почнавме да ја уриваме на­пуш­те­на­та некогашна печатница за да може во март да почнеме, конечно, да гра­ди­ме. Завршија сите стечајни постапки кои се водеа и, конечно, извадивме доз­во­ла за градба", вели Арсо Јаневски од "Настел".
Со години наназад прос­то­рот на стотина метри од Плоштадот е претворен во јавно веце. Ат­рак­тив­на­та локација, на која некогаш беше печатницата "Го­це Делчев", а од која досега стоеше само руина, скопјани долго време ја користеа за вршење нужда на отворено.
Пред да се претвори во јавно веце, таа се користеше и како склад за плас­ти­ка на луѓето што за­ра­бо­ту­ва­ат од собирање пластичен отпад, како ди­ва депонија, скривалиште за без­дом­ни­ци и што ли уште не.Од Општина Цен­тар потврдија дека печатницата се урива, објаснувајќи дека објектот не е под заштита, и оти е дозволена промена на изгледот.
http://vest.com.mk/?ItemID=1434CCD0302FB045B8B85D0DBB3630C9


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 21-Dec-2010 at 22:28
okolnite objekti kolku katovi se ? 7 mnogu nekako mi se gledat za ovaj


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 22-Dec-2010 at 07:16
sega mora nekoj mnooogu vnimatelno da "cenzurira" sto tuka moze ili ne moze da se gradi.
lokacijava e mnooogu atraktivna i vakva shansa se otvora mnogu retko, vo veke postoecko centralno staro jadro, so zapazena katnost i gore dolu stil na okolnite objekti.
Veke znaeme sto dobivame so dziberski proekt na neproveren finansier, se misli na tifani zgradata, kako i prosecnior proekt na agolnata zgrada kade sto sega e cinam Svedska ambasada. Ova jadro e mozebi edinstven i posleden spas da se napravi ubava gradska urbana sredina vo mal ring. Se nadevam nema da nasadat simplificirana kubna forma so 7 kata....


-------------
.....   .......


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Dec-2010 at 01:12
Парцелава е масивна




Posted By: leonid23
Date Posted: 31-Dec-2010 at 01:53
Sega bi trebalo da se obvrza novata gradba da bide so slicen stil so gradbite na ulicata


Posted By: gorco
Date Posted: 31-Dec-2010 at 08:22
@leonid23 море и со катноста исто до 5 ката е ОК, ама повеќе стварно! незнам што запнале сите со високо катни објекти, ко градов 2 милионски да е 

-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 31-Dec-2010 at 09:49
Објектов ќе реши дали центарот ќе ни биде Top или Flop.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: gorco
Date Posted: 31-Dec-2010 at 10:13
осеќам некој ФАИЛ ќе испадне

-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 31-Dec-2010 at 10:38
Искуството не ни дозволува да очекуваме нешто добро... ама оптимизмот мора да тлее

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 31-Dec-2010 at 10:46
Ако не, да спремаме багер уште од сега.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Zoc
Date Posted: 12-Jan-2011 at 18:31
Еве слика од високо да се види кршот што остана од некогашната печатница    


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2011 at 19:12
Топ фотка Зоц Cheers


Posted By: ebivetre
Date Posted: 13-Jan-2011 at 13:54
Види колку се убави тоа эградичките поэади. Штета эа паркираните автомобили, баш би било убаво целиот овој потег сосе Максим Горки да биде пешачка эона со подэемно паркирање.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 13-Jan-2011 at 14:05
И јас помислив, кога се гледа од оваа позиција...интересно место за мало плоштадче...малку е касно додуша...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: alexgizh
Date Posted: 14-Feb-2011 at 13:43
Од вчера (Недела, 13.02.2011)




-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2011 at 03:16
Овде веќе на големо се копа

1


2


3



Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 09-Mar-2011 at 21:27
Не сум во тек - Што се гради на локацијава сега?


Posted By: axel
Date Posted: 09-Mar-2011 at 22:06
prolistaj ponazad vo niskava i ke najdes...ke se gradi deloven objekt


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 12-Mar-2011 at 02:24
Црква со мало плоштадче, плаче местово за тоа ... наместо таа на плоштад


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Mar-2011 at 02:31
не знам што ви падна на сите таа идеја за плоштади, не значи дека ако некаде сме добиле слободен отворен простор дека мора плоштад да се лупне таму, не одговара просторот на такво нешто ако ги гледаме објектите во околината кои се лепанки и бараат да се доврши празнината на тој простор со објект и да се формира раскрсницата меѓу двете улици


Posted By: stratus
Date Posted: 12-Mar-2011 at 13:14
Мeстото е одлично за зграда, но 5-катница


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Mar-2011 at 14:03

Немаме гледам никаков рендер. Дали можеби има нешто исттакнато на градилиштето? Нели законски беа обврзани изведувачите да истакнат рендер, опис и датум на завршување пред секое градилиште?



Posted By: nouseforname
Date Posted: 12-Mar-2011 at 19:41
ne nema nisto bas pominuvav vcera tamu ama nema nisto istaknato


Posted By: fusion
Date Posted: 02-Aug-2011 at 07:48
Sto se slucuva so projektov?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2011 at 16:13


Posted By: xnx
Date Posted: 13-Jan-2012 at 12:34
Деловна зграда место "Шератон" до Плоштад

Из­град­ба­та на деловна зграда на местото на некогашната печатница "Го­це Делчев" ќе почне напролет. Зградата ќе биде на седум ката, од кои на пр­ви­от ќе има продавници, а останатите ќе бидат искористени за деловни прос­то­рии.

Од фирмата "Настел", која ја купи земјата под руинираната печатница, ве­лат дека добиле одобрение за градба и подготвени се за еден или два месеца да поч­нат да градат. Оттаму велат дека идејата за хотел од светскиот бернд "Ше­ра­тон" пропаднала, но не кажаа зошто туку само најавија дека ќе гра­дат деловен објект.
"За­вр­ши­ја сите стечајни постапки кои се водеа и, конечно, извадивме доз­во­ла за градба", рече Арсо Јаневски од "Настел".

Ми­на­та­та година руинираната печатница, која се наоѓа на стотина метри од Плоштадот, беше срамнета до темел.
Од Општина Цен­тар тогаш потврдија дека печатницата се урива, об­јас­ну­вај­ќи дека објектот не е под заштита, и оти е дозволена промена на из­гле­дот.
Таа со години наназад беше претворена во јавно веце. Пред да се прет­во­ри во јавно веце, таа се користеше и како склад за плас­ти­ка од луѓето што за­ра­бо­ту­ва­ат од собирање пластичен отпад, како ди­ва депонија и скри­ва­лиш­те за без­дом­ни­ци.

http://www.time.mk/read/NONE/f56e1d3377/index.html


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Apr-2012 at 15:08


Posted By: alexgizh
Date Posted: 14-Apr-2012 at 16:50
Која будала ја вцрта таа маркичка за зграда во тоа што требаше да биде внатрешен двор на овој блок згради, незнам...

ЕДИТ: Зборувам за зградата која се гледа на сликата на FoSsiL, не за објектот на местото на печатницата, чија изградба сеуште не е почната.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: makonix
Date Posted: 15-Apr-2012 at 03:49
Originally posted by alexgizh


Која будала ја вцрта таа маркичка за зграда во тоа што требаше да биде внатрешен двор на овој блок згради, незнам...ЕДИТ: Зборувам за зградата која се гледа на сликата на FoSsiL, не за објектот на местото на печатницата, чија изградба сеуште не е почната.


ми изгледа за невидена глупост зградава е скроз залепена до другава зграда


Posted By: FCB
Date Posted: 15-Apr-2012 at 05:06
Сега треба да испроектираат и еден тунел за да има пристап до неа.


Posted By: makonix
Date Posted: 15-Apr-2012 at 05:49
а може и една писта за хеликоптер. Не знам како соседиве ќе видат сонце, а богами и ќе можат и од прозор на прозор на кафе да се идат


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Apr-2012 at 09:40
Леле а каде се станарите да реагираат? Тоа е центар на целата Македонија не знам како можат да си дозволуваат вакво нешто??? Немасто да работат против градежниот хаос, тие уште создаваат хаос. А станарите што имаат балкон таму нема да гледат сонце освен Кино филм 3д од комшијата..


Posted By: Portal
Date Posted: 15-Apr-2012 at 12:14

gledano odkaj ul Nikola Vapcarev (pesackata ulica), ima prolaz vnatre kaj ZU-ZU ili koja bese prodavnica za beli peciva. Vnatre ulicka karsi koja ima eden red dvospratni/ednospratni stari objekti lepenki... tie imaa markici, bi trebalo da se tie sruseni i se gradat. A pristapen pat imase predvideno negde odkaj Italijanskata ambasada ul 8ma Udarna Brigada pokraj noviot objekt...

mestovo na Google Earth e zasecenceno, se gleda edna pomala bela kocka... ako moze nekoj da zakaci na forumov ke mu pratam izstrafirana .jpg



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Apr-2012 at 12:22

Сакате да кажете дека ова не е објектот што треба да се гради на местото на печатницата?

Па добро... што е тогаш и што бара таму?



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Apr-2012 at 12:36

Да бе... па добро, дали се нормални?

Еве извадок од ДУП... за што станува збор, за што се работи... и пасаж ќе имало...



Posted By: makonix
Date Posted: 15-Apr-2012 at 13:20
ова е ... немам коментар


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Apr-2012 at 14:06
Originally posted by alexgizh

Која будала ја вцрта таа маркичка за зграда во тоа што требаше да биде внатрешен двор на овој блок згради, незнам...

ЕДИТ: Зборувам за зградата која се гледа на сликата на FoSsiL, не за објектот на местото на печатницата, чија изградба сеуште не е почната.

Планер потписник:
Борислав Јосифов

Планери:
Силвана Вановска
Благоја Тагасовски
Блажунка Трпковска



Posted By: Portal
Date Posted: 15-Apr-2012 at 15:32
da toa e toa...


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2012 at 20:46

Иако не се работи за објектот за кој е наменета нишката... со оглед на близината на овие два објекта... нека стои тука...

Состојба 14 Април 2012

Состојба 19 Мај 2012



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: N23
Date Posted: 20-May-2012 at 02:03
Објектов поприлично изненадува, инкогнито почна да се гради, а веројатно е еден од најбрзорастечките во Скопје, по она што можев синоќа да видам. Само не го гледам употребен акалот во оваа ситуација од општинските власти, да покрај толку ниви, бавчи и пропаднати маала на територија во Општина Центар, вметнат тука два објкти (едниот природно, другиот чисто апашки). Со тек на време Скопје ќе стане као град од филмовине каде прерипуваат од зграда на зграда.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Cifra
Date Posted: 21-May-2012 at 00:19
Ваууу каква маркичка  Nuts
Се знае ли кој е инвеститор?
(зборам за зградата што се гради која се гледа на сликите, не за печатница Гоце Делчев)

Најчудно ми е како може оние од соседната зграда да седат со скрстени раце. Да не се претжно фирми во тие станови? Ама дури и да е така, пак е чудно да се премолчи толкав скандал.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Sep-2012 at 16:44
Nevidena katastrofa!!! Koj daval dozvola za vakvo ludilo....



Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 15-Sep-2012 at 17:13
Мансардот во никој случај не смее да се испушти. А и севкупно како е вклопена во маркичката и е запазена да соодејствува со околината. На вакво значајно место се гради ваков објект и ваква под подпросечна архитекутра. Без коментар.    

Модерна Дебар маало архитектура ...


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Sep-2012 at 23:45
не е проблемот што е подпросечна архитектурата, туку поради тоа што се гради огромен објект во внатрешноста на блок објекти, нема никакво просторно решение, се наоѓа на два метри од други објекти и нема да прави ништо друго освен проблеми... најрадосно е кога ќе испадне дека е станбен

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2015 at 00:13
Вест од пред десет дена, промакнала.

http://libertas.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d1%83%d1%82%d1%80%d0%b5-%d1%9c%d0%b5-%d0%b3%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4/ - Општина Центар утре ќе го затвори градилиштето на Азманов


21-01-2015 15:30:37
http://r.ping.mk/submit - -

Општина Центар утре ќе го затвори градилиштето на ул. 8-ма Ударна Бригада, каде што фирмата “НАСТЕЛ” на бизнисменот Зоран Азманов, пред неколку години ископа градежна јама со цел да гради хотел.

http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/01/Gradiliste-Nastel-2.jpg">Gradiliste%20-%20Nastel%20%282%29

Улицата 8-ма Ударна Бригада, каде што се наоѓа италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште.

Општина Центар ќе му наложи на инвеститорот НАСТЕЛ да изработи елаборат за обезбедување на градежната јама.

Согласно Законот за градење, фирмата ќе биде казнета со глоба од 2000-4000 евра и 1000-2000 евра за одговорното лице.

http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/01/Gradiliste-Nastel-1.jpg">Gradiliste%20-%20Nastel%20%281%29

„Улицата 8-ма Ударна Бригада беше целосно реконструирана пред нецела година, но веднаш беше забележано дека има опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите, бидејќи веднаш до улицата, Азманов има добиено дозвола за изградба на хотел, за што веќе неколку години стои ископана огромна дупка длабока неколку метри.

За опасноста од свлечиштето, за оголената инсталација и опасноста за возила и пешаци, неколку пати во текот на минатата година надлежните го известуваа бизнисменот Азманов, кој ветуваше дека ќе го реши проблемот“, велат од општина Центар.


http://libertas.mk/%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4/


Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-May-2015 at 13:21
Се гради деловен објект во Центар како хотелот „Риц“ во Париз

28.05.2015 - 11:11:47


    

   
Со потпорни елементи е санирано нестабилното земјиште покрај големиот ископ на местото на поранешната печатница „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје. Инвеститорот Зоран Азманов од „Настел“ вели дека за три-четири месеци ќе почне со изградба на деловен објект во барок-стил и објект за домување, а од намерата таму да гради хотел се откажал. Kупена е и жолтата куќа покрај градилиштето, која ќе биде урната.



Општината Центар на крајот на јануари го затвори градилиштето на компанијата „Настел“ поради нестабилноста на земјиштето и загрозување на околните објекти од ископот оформен пред четири години, а инвеститорот беше казнет.

Во моментов се изготвува проектот за уривање на куќата, на чие место ќе се гради нова зграда со четири стана од 130 квадратни метри, со деловен простор во приземјето.

Деловниот центар на местото на печатницата ќе биде модерен, во согласност со барањата на Општината Центар, и Kонзерваторскиот центар ќе биде во барок-стил, а однадвор ќе изгледа како хотелот „Риц“ во Париз. Делот кон улицата Максим Горки ќе биде со три ката плус потпокрив, а кон италијанската амбасада со четири ката и потпокрив. Ќе има подземен паркинг за 160 возила.

Од Општина Центар велат дека според одобрението за градба, кое е правосилно од октомври 2012 година, едниот објект треба да биде висок 22 метра, а другиот 16,5.

Паралелно ќе се градат двата објекта и треба да бидат готови за две години. Во изградбата на објектите ќе бидат вложени 12 милиони евра.

Фирмата „Настел“ ја купи градежната парцела на поранешната печатница на јавна лицитација во декември 2006 година за три милиони евра. Уривањето на печатницата се случи во 2010 година.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1546313364/se-gradi-deloven-objekt-vo-centar-kako-hotelot-ric-vo-pariz


Posted By: registered
Date Posted: 07-Nov-2016 at 01:23
https://postimg.org/image/wcr748qi7/"> https://postimage.org/ - photo uploading websites


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Dec-2016 at 21:09
Овде се работи со полна пареа. Пред некој ден поминав, еден дел од конструкцијата со плочата беше стигнат до ниво на улицата Максим Горки. Не можев да сликам, за жал.

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window