Print Page | Close Window

Голем Ринг

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357
Printed Date: 01-Mar-2021 at 19:37


Topic: Голем Ринг
Posted By: Cloverstack
Subject: Голем Ринг
Date Posted: 10-Mar-2008 at 08:00
Оваа нишка е наменета за сите поединечни дупови од Големиот Ринг



Replies:
Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Mar-2008 at 00:10

Усвоен Нацрт - планот за Голем ринг


Скопје доби свој Менхетен


Идејата на идејниот творец Кензо Танге, центарот на Скопје да добие стокатница и повеќенаменски резиденцијален комплекс се реализира. Вчера Советот на Општина Центар го усвои Нацрт-планот за Голем ринг, со што се овозможи на површината од околу 9 хектари кој го опфаќа паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" и околните куќи, да се пренамени за изградба на лускузен комплекс со објекти за комерцијална и јавна намена, како и за сервисни функции.
Со планот се овозможува изградба на три облакодери на призмје и 98 ката, со висина до 300 метри. Се предвидува и изградба на интернат, апартмани, а овозможена е и изградба на училишта, кина, деловни простории, како и подземен паркинг на три нивоа.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C70056EDA9AFF24BA8195C9444559D5B




Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Mar-2008 at 01:33

УСВОЕН ДЕТАЉНИОТ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД ГОЛЕМ РИНГ

Стокатниците влегоа во урбанистичкиот план

Облакодерите ќе бидат високи до 300 метри, ќе имаат приземје и 98 ката, а ќе служат за колективно домување, привремено сместување, јавни институции и за комерцијални и деловни намени

Советниците од Општина Центар вчера го усвоија предлог-детаљниот урбанистички план за дел од Голем ринг, кој предвидува да се градат три стокатници на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“. Со тоа Владата може да почне да бара инвеститори што би се нафатиле да ја реализираат идејата за изградба на Менхетн во Скопје.  Со овој план, кој опфаќа површина од девет хектари, предвидени се само две градежни парцели, од кои на првата е маркичката за трите згради. Нивната максимална височина е предвидена на 300 метри, односно објектите ќе имаат приземје и 98 ката. Намената на облакодерите е колективно домување, привремено сместување, јавни институции и за комерцијални и деловни намени. Трите кули ќе бидат заемно поврзани со блокови, кои каскадно ќе се спуштаат кон кејот на реката Вардар. Планот пред советниците го образложи Лидија Андреевска од „Инпума“, која нагласи дека во согласност со Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање во една градежна парцела има една површина за градење, на која може да се гради само една градба. Стокатниците се комплексни градби, составени од повеќе површини за градење во една голема градежна парцела, па затоа за нив ќе треба да се прави и посебен урбанистички проект.

- Овој план не може веднаш да се реализира, туку претходно мора да биде изработен урбанистички проект, односно идејни архитектонски решенија за објектите и за потребната инфраструктура. Врз основа на овој проект, самиот инвеститор ќе одлучи дали сите три згради ќе имаат 98 ката или само една или две од нив - вели Андреевска. Паркирањето е решено со подземен паркинг на три нивоа, кој ќе се опслужува со еден крак од подземната сообраќајница што треба да минува низ центарот, а која не е изградена. Предвидени се неколку пристапи кон паркингот, два од булеварот Кочо Рацин, два од улицата Мирче Ацев и еден од улицата Васил Аџиларски. За да се обезбеди непречено функционирање на сообраќајот во оваа парцела, ќе треба да се изгради и сервисна улица што ќе се движи прстенесто и ќе ги тангира постојните сообраќајници.  Во втората градежна парцела предвидено е партерно зеленило, во кое меѓу другото влегува и Кејот на реката Вардар. Советниците од опозицијата гласаа против планот, оти не веруваат во него.

- Како ќе се реализира овој план кога инфраструктурата не е изградена, а сообраќајното решение не задоволува? Станува збор за премногу скап план за наши услови. Згора на тоа, овде е сеизмичко подрачје, па се поставува прашањето за стабилноста на стокатниците. Се плашам и не верувам дека планот ќе се реализира. Мислам дека ќе остане само на хартија - вели советничката Нада Зрмановска од СДСМ. Од друга страна, претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев рече дека е редно на младите генерации да им се остави модерно Скопје, а не да се исцртуваат само куќарки и септички јами.Инаку, на јавната анкета организирана во врска со предлогот за стокатниците се јавиле само тројца граѓани. Иако претходно жителите на Ново Маало беа категорично против стокатниците, сега во сите три анкетни листа граѓаните искажале поддршка за планот и побарале да бидат соодветно обесштетени за своите имоти кога ќе се случи реализацијата на амбициозното урбанистичко решение. На седницата беше кажано дека комплекс со три висококатници на овој простор бил предвиден уште во детаљниот план на архитектот Кензо Танге, донесен во 1969 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B369B4F22E1214CB4B66487D7F19706



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2008 at 02:01
А за изградба сега кој треба да распише тендер?! Владата или градот или па општина центар?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2008 at 13:12
Знае некој каде точно е оваа урбана заедница „Роберт Гајдиќ“?

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=838C11358BC96B4CB4D6940128A91680 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=838C11358BC96B4CB4D6940128A91680

Јавна анкета за ДУП „Голем ринг“

Предлог-детаљниот урбанистички план за дел од „Голем ринг“ е изложен на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, која се наоѓа кај Зеленото пазарче. Граѓаните и правните лица можат да пополнат анкетни листови и да го изнесат своето мислење за планот до недела.Решението за јавна презентација и јавна анкета на овој план Општина Центар го донесе на крајот на минатиот месец. Како што информираат од Општина Центар, Предлог-детаљниот урбанистички план ќе биде изложен секој работен ден од 10 до 18 часот.Овој план го опфаќа просторот: на север улицата Мирче Ацев, на северозапад булеварот Даме Груев и улицата Војвода Васил Аџиларски, на југоисток границата е по булеварот Кочо Рацин, на југозапад по булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и на запад по улицата Македонија.




Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:46


Ќе се обидам после да отидам таму па ако ја најдам ќе ти кажам. Во меѓувреме...

Зелено пазарче ќе се премести кај Цветен пазар

Од „Скопски пазар“, кој е сопственик на земјиштето, засега нема коментар за намерата да се направи парк на таа локација


Жителите од околните згради наместо низ пазар, ќе шетаат во парк

Зелено пазарче во центарот на градот ќе се премести кај сегашниот Цветен пазар кај Старата железничка станица. На местото од пазарчето ќе се направи парк. Ова се предвидува со најновите измени на Детаљниот урбанистички план за дел од „Голем ринг“ во централното градско подрачје.Со измените на ДУП ќе се дозволи на сите стари згради околу пазарчето што имаат рамни покриви да се изградат потпокриви со коси покриви. Со измените се предвидува да се пробијат неколку нови сервисни улици. На тој начин ќе се олесни пристапот на жителите од околните згради до паркинзите.

Зелено пазарче е во сопственост на „Скопски пазар“. Компанијата пред неколку години го откупи земјиштето под пазарчето со површина од 2.300 квадратни метри по цена од 10 евра за квадрат. Од „Скопски пазар“ вчера не добивме одговор за нивниот став околу дислокацијата на Зелено пазарче, со образложение дека надлежните се на годишен одмор.Измените на ДУП се изложени на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Граѓаните ќе можат да дадат забелешки на планот до недела. Покрај пазарчето, ќе се преместат и сите објекти и магацини на локацијата. Ќе се дислоцира и бараката зад зградата на дирекцијата на „Макпетрол“- вели Катерина Додевска, технички секретар на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Според подготвувачот на измените и дополнувањата на планот, архитект Лидија Андреевска од Институтот за просторно планирање, урбанизам и сообраќај (ИНПУМА), со Генералниот урбанистички план за Град Скопје на локацијата на Зелено пазарче се предвидува парковско зеленило и детаљниот план мораше да се усогласи со него.Со измените на овој план се предвидува изградба на две катни гаражи. Едната пред Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, а другата на паркингот кај „Автомакедонија“. Катната гаража пред Работничкиот универзитет ќе биде со висина од 15 метри и ќе биде со капацитет за 630 возила. Таа ќе има приземје, четири ката и потпокрив. Површината на оваа локација е 2.702 квадратни метра, а површината на градба 2.372 квадрати. Парцелата на која ќе се гради втората катна гаража ќе биде со површина од 1.227 квадратни метри и со исто толкава површина на градба. Ќе биде висока 5,5 метри. Таа ќе има приземје и еден кат.

- Овие нови објекти се преземени од ДУП од 1999 година. Со тој урбанистички план беа предвидени токму овие две катни гаражи - вели Андреевска.Во паркот на третиот дел од улицата Македонија кон Музејот на град Скопје е предвидено поставување на три спомен-обележја, како и фонтана спроти кафулето „Плеј“.Овој ДУП опфаќа површина од околу 17 хектари на просторот ограничен со улицата Мирче Ацев, булеварот Даме Груев, улицата Војвода Васил Аџиларски, булеварите Кочо Рацин и Мито Хаџивасилев Јасмин и улицата Македонија.


http://%20www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E2B23C45BF84D498F26133375C651E9 -
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E2B23C45BF84D498F26133375C651E9


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 00:16
Еве и дополнително инфо за Голем Ринг

Дозна некој кај е збутана таа урбана заедница „Роберт Гајдиќ“? Понеделник е последен ден да се отиде!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE1632600FB6994EB8B269B55027640F - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE1632600FB6994EB8B269B55027640F

Со ДУП се предвидува изградба на парк на местото на Зелено пазарче

Дел од граѓаните прашуваат како ќе се гради парк на земјиште во сопственост на „Скопски пазар“!?

Снежана Калабакова

Јавната презентација и анкета на Деталниот урбанистички план за „Голем ринг“ во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ деновиве предизвикува голем интерес кај жителите во околината на Зеленото пазарче. Новината за дислокацијата на пазарот и изградба на парк ја поздравуваат најголем дел од граѓаните, а дел од нив се зачудени како е можно да се гради парк кога се знае дека „Скопски пазар“ е сопственик на земјиштето. Лидија Неделковска, одговорна за информирање во Општина Центар, тврди дека кога се правел ДУП-от, биле земени предвид катастарските парцели и ДУП бил пресликан врз основа на Генералниот урбанистички план и тука нема ништо спорно. Од „Скопски пазар“, поради годишните одмори на раководството, немаше кој да потврди дали земјиштето на кое Центар планира да гради парк е во негова сопственост. Засега никој не зборува каде ќе се пресели пазарот.

ДУП-от предвидува и две катни гаражи, сервисни улички, можност за покривање дел од пониските згради и рушење на малата зграда спроти „Максигнал“, со што се согласиле станарите. Тие ќе се вселат во новоизградениот анекс кај сегашна Тутунска банка. Планот предвидува првата катна гаража со висина П+1 да биде во висина на мезанинот на кулите и ќе се изгради на просторот на постојниот паркинг на салонот на „Авто Македонија“. Предвидената парцела е со површина од 1.227 квадратни метри и ќе располага со 160 паркинг-места. И сегашниот плочник зад блокот во кој сега се наоѓа продавницата на „Краш“ е предвиден за паркирање, како и пред сите други блокови. Втората катна гаража ќе биде лоцирана на простор од 2.702 квадратни метри спроти ГТЦ, односно хотелот „Холидеј ин“. Ќе биде висока 15 метри и ќе располага со 500 паркинг-места.

„Помеѓу Собранието и Заводот за статистика ќе има новопроектирана улица, која всушност ќе претставува сервисна уличка за граѓаните од блок 1 и 3. Таа ќе се спојува од улицата ’Даме Груев‘ и со постојната ’Пушкинова‘. Нова уличка ќе има и помеѓу објектот на ’Макпетрол‘ и т.н. хармоника-зграда. На сите стари пониски згради околу пазарот и на онаа во која се просториите на СОЖМ на булеварот ’11 Октомври‘ новиот ДУП им дава можност за изградба на потпокриви. Тука, се разбира, не влегуваат кулите од Градски ѕид. ДУП-от предвидува и рушење на сите објекти на ’Скопски пазар‘ и сите мали дуќанчиња на двата влеза од булеварот ’Кочо Рацин‘“, објаснува Катерина Додевска, технички секретар во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“.

Границите на опфат на ДУП-от на север се простираат на улицата „Мирче Ацев“, а на северозапад по линија на улицата „Даме Груев“ и „Војвода Васил Аџиларски“. На југоисток границата оди по должината на булеварот „Кочо Рацин“, а на југозапад по булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Опфатот на планот на запад се движи по линија на улица „Македонија“.

Планот ќе биде изложен на разгледување од граѓаните до 12 август секој работен ден од 10 до 18 часот.



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:16


Јас ќе гледам да отидам утре сигурно. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 16:44
Еве податоци за урбаната заедница од сајтот на општината. За жал адресата е без број, но барем како орјентир дека е на Кочо Рацин


Ул. „Кочо Рацин“ бб тел: 070/ 535-532, 070/ 747-810
Претседател: Душан Јосифовски
Технички секретар: Катерина Додевска



Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Aug-2008 at 15:05


едниот телефон е недостапен а другиот изглеа префрла на фиксна централа на некој локал и таму нормално никој не се јавува. Ај ќе се измкнам до пазарче па ваљда ќе го најдам ова чудо.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2008 at 15:25
Џуро, обавезно сликај, ја не можам да отидам... Wallbash

И прашај дали и утре ќе биде на увид (можеби е заклучно со 12-ти)


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Aug-2008 at 15:58
Originally posted by Cloverstack

Џуро, обавезно сликај, ја не можам да отидам... Wallbash

И прашај дали и утре ќе биде на увид (можеби е заклучно со 12-ти)


Отидов јас наоружан со апарат ама за жал Робер Гајдиќ е изгледа во некоја друга димензија Wallbash

Свртев на телефоните уште неколку пати, на крај конечно добив одговор на вториот број на кое некое нељубезно говедо место ало, добарден или нешто слично ми кажа 'Кој си ти' нормално со многу дрска интонација. Не ни кажав два збора во обид да објаснам дека бројот ми е од општина центар и овој ми спушти слушалка. Повторно не ми дигна.

Ги претресов сите блокови на потегот од Кочо Рацин кај зелено пазарче ни трага ни глас од Роберт Гајдиќ. Ги претресов и блоковите во внатрешноста како и приземните објекти.

Прашав во едно 5-6 дуќана кои ми изгледаа староседелски на сите страни на зелено пазарче и никој не знаеше да ми помогне.

Сума сумарум општина центар продолжува со транспарентноста Roll%20eyes Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:24
Што да се каже... Ohno

Реков ја, у општина центар има доста материјал за стрељање...  Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:26
BTW, како ви звучи идејата сите да вртиме на тие телефони и да снимаме. Би бил интересен запис да се достави до медиумите. Тоа е класична злоупотреба на службен телефон и тотално неодговорно вршење на функција. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:36
070/638 043
овој број е даден на страната на општина центар за инфо во врска со овој дуп.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:33


овој телефон беше во ред лсл. За разлика од вчера, денеска ми се јави некоја жена тука, љубезно ми објасни каде е урбаната заедница, а и кога отидов таму беше услужна. Сепак би било фино подобро да ја обележат, денеска приметив дека на вратата има залепено еден А4 лист на кој е испечатено УЗ Роберт Гајдиќ. Инаку вчера повеќе пати поминав покрај објектот во кој е сместена. Да не должам еве ви ги урбанистичките планови во висока резолуција без никакво едитирање. За жал сликите каде ја зумирав легендата не излегле од некоја причина Ohno

Стариот план

http://www.build.com.mk/docs/IMG_8101.jpg">

Новиот план

http://www.build.com.mk/docs/IMG_8099.jpg">


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 15:45
Планов внесува значакни промени во овој дел од центарот, и добро е што тој пазар ќе го снема од строгото градско подрачје. Добро е што нема натрупано "нови маркици по нарачка од претпоставен", сватиле дека овој простор е веќе изграден и нема што да се гради нови објекти. Само изгледа дека ќе треба доста пари да се спроведе овој урбанистички план.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Aug-2008 at 16:01
Originally posted by lslcrew

Само изгледа дека ќе треба доста пари да се спроведе овој урбанистички план.


Зошто многу пари кога речиси ништо не се менува освен дислокацијата на пазарот? Или можеби пропуштам нешто големо???


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 16:58
Според мене нема којзнае какви промени во планов и не мислам дека ќе требаат којзнае колкави средства да се реализира.

Инаку покрај рокадата со зеленилото и пазарчето, најголема промена се двете катни гаражи, кои сега за сега фигурираат само како катни гаражи, без деловен простор или слично.
Единствена друга маркица е она докомплетирање на еден од блоковите од градскиот ѕид, а за нејзина реализација треба да се сруши едно старо објектче. Но тоа очигледно нема да биде класично дооформување на блокот, туку некој приватен инвеститор ќе гради нешто што само по габаритот ќе може да се квалификува така... Останува на вкусот и свеста на инвеститорот како ќе го изведе сето тоа и како ќе го вклопи со градски ѕид.

Сите оние други старудии од згради остануваат и им е дозволено да надградат „поткровје“. Какви карикатури ќе се изнагледаме во строгиот центар на градот и со излез на главните булевари, останува да почекаме и да видиме...

Другото се се нови улички и паркинг простори, така да по мое мислење сепак промените во планот не се премногу големи.

Највеќе ме буни она со зелениот пазар и како законот го има регулирано тоа прашање и дали навистина толку лесно ќе го дислоцираат (со оглед на тоа дека има приватен газда, кој без разлика на аферите и замерките, денес легално го поседува тој простор). Останува да видиме... Инаку на пазар од таков тип дефинитивно не му е местото таму, но и рокадата со зеленилото што ја направиле не ми се допаѓа баш многу (а прашање е и дали долгорочно сериозно се предвидува таму да има поголем парк, или е тоа само мачкање очи за да се смират граѓаните за одземање на друго зеленило).

Генерално имам поделени мислења за планов. Има добри тенденции, но има и лоши, пред се уништувањето на многу дрва и големи зелени површини. Мислам дека подземни паркинг простори требало да се користат поекстензивно, со цел да се сочува што повеќе од површинското зеленило.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:08
Кога реков средства, мислев на многуте нови улички кои се предвидуваат.

Зеленилото не го жалам многу.

Во врска со комплетирањето на градски ѕид, тука мислам дека би требало ЈПССДП да го одработи ова исто како и реонски центар и други социјални станови. Сепак имаме искуство со приватните инвеститори. И нејќам уште поткровја низ сред центар.

Во планов има уште некои маркици за кои оддамна сметам дека треба да бидат избришани и да се иде со трева на овие локации. Поточно на овие локации има некои зградички од пред земјотресот збутани тамо внатре. Меќутоа очигледно станови се прескапи за да ги замениме со парк.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:08
Во врска со зелен пазар и правниот модус најлесно ќе биде доколу Скопски Пазар и општината, (градот, државата, незнам кој треба да го откупи земјиштето) потпишат договор за екпропријација и нормално на СП му се исплатат реални средства според тарифник. секако ова е најлогичната опција. Но доколку СП не се согласи на такво тогаш има една метода која се применува во МаџирМаало, а тоа е , било какова санација, дури и лепење плочки во вц, се казнува со рушење под изговор дека тоа не е предвидено со ДУП. Оваа метода широко ја оправдувам се додека од неа не сум засегнат, и се додека методава носи напредок поготово со нашиот менталитет. (Го знаете моето мислење по повод екпропријација). Но сепак мислам дека однапред е разговарано со СП и дека веќе има решение за ова.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:20

Додека ја правев сликава и сакац да ви кажам дека објектите бележани со црвено сметаат, видов дека сум се збунил и дека едниот објект е веќе избришан од планот. Мене ме збуни довршувањето на градски ѕид, нема везе нешто се изпобунив. Само незнам зашто тоа другото е оставено. Тоа мислам дека не е од градски ѕид. А за објектот со зелено, добро што ќе го снема пошто ионака беа некои стари искршени продавници.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:25


Исто така и ова би го искорегирал.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:30
Драго ми е што предлогов кој го имам дадено делумно се совпаѓа со новиов план. Сликава е воедно и прва моја слика постирана на www.build.com.mk само сега неможев да најдам каде сум ја постирал.

http://i245.photobucket.com/albums/gg72/lslcrew/predlog.jpg - http://i245.photobucket.com/albums/gg72/lslcrew/predlog.jpg


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:36


Thumbs%20Up ни мене не ми текнува кај го дискутиравме ова а ми текнува на скицава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:43
Тука кога еве општината го решила пристапот од МХВ-Ј до позади собрание, веќе кај беко е многу полесно за изведба, така да скицава не е за у канта, само што ќе бара подвозник на делот кај што моментално завршува улица Македонија (напраениот дел). Но да не ја терам сега дискусијава повторно неколку месеци назад, се сеќавам кловер имаше добар предлог со улица врз улица, но како поевтина варијана може да се најде и оваа иако не опфаќа премин преку МХВ-Ј.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:46


Да ама сепак е ова цик цак сервисна уличка за паркинзиве која ги спојува Даме Груев и Кочо Рацин. Неможе да биде сериозна замена за делчето од ул. Македонија кое е моментално спојка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:50
Originally posted by pbanks



Да ама сепак е ова цик цак сервисна уличка за паркинзиве која ги спојува Даме Груев и Кочо Рацин. Неможе да биде сериозна замена за делчето од ул. Македонија кое е моментално спојка.


Да да се сложувам, но би трпел повеќе у сообраќај што се однесува на овие улички, само Македонија обединета да ја видам.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:55


LOL абе во перспектива дефинитивно нешто треба да направат. Јас од секогаш сум бил за ширење на пешачката зона во центарот така да во одреден момент не би ми сметало и воопшто да ја нема таа комуникација помеѓу МХЈ и ДГ. Кој сака нека кружи од кај Нова Македонија.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:59
LOL класика

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА НОВИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
„Големиот ринг“ голема неправда Воздухот ќе ни го загадуваат возилата од катната гаража што планираат да ни ја изградат под прозорите, а децата ќе го загубат просторот за играње ако зад нашите згради се направат паркиралишта, реагираат жители од станбените блокови од Градски ѕид и кулите во близина на Зелениот пазар. За новите содржини предвидени со деталниот урбанистички план „Голем ринг - Јужен дел - Исток“ велат дека не се соодветни на потребите на станарите и дека зголемениот број на паркинзи не е наменет за нив, туку за оние граѓани кои доаѓаат во центарот по работа. - Објектот за гаража со висина од пет и пол метри, кој треба да се гради до салонот на „Авто-Македонија“, ќе ни го попречи струењето на воздухот. Во времето кога го купував станот во Градски ѕид никој не ми кажа дека овде ќе се гради катна гаража. Да знаев, немаше тука да се доселам - вели Боро Еленковиќ, жител на урбаната заедница Роберт Гајдиќ. За станарите е нелогично да се градат неколку нови паркинзи кога спроти „Авто-Македонија“ има паркиралиште, кое најчесто е празно бидејќи услугата се наплатува. Стравуваат и дека за да се реализира деталниот урбанистички план ќе се исечат дел од дрвјата во парковите и оние на улицата Даме Груев, која е планирана да се прошири во булевар. - Ние немаме недостиг на простор, затоа што доволни ни се паркинзите што се предвидени со станбените блокови. Но проблемот е во тоа што на нашите места возилата ги оставаат луѓе кои не живеат овде. Плочниците кои општината предвидува да ги наполни со автомобили ние сега ги користиме како места каде се собираме за муабет или ги пуштаме децата да си играат - вели жителка од зградите. Дел станари се сомневаат и дека новите паркиралишта се предвидени за потребите на Собранието, кое ќе се доградува. Сепак, најмногу се револтирани поради тоа што Општината Центар ја спроведува јавната анкета за планот во лето, кога најголем број од граѓаните се на годишен одмор. Велат дека за анкетата, која денеска завршува, дознале од некои од медиумите. Во врска со делот од ДУП „Голем ринг“ кој се однесува на дислокацијата на Зелениот пазар, некои од граѓаните кои живеат во неговата околина велат дека веќе се навикнале на метежот што се создава од пазарот, но немаат ништо против тука да се изгради парк. Единствено не им е јасно како тоа ќе го изведе Општината доколку земјиштето е приватно и откупено од „Скопски Пазар“.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1474&ArticleID=96399


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:03
Originally posted by pbanks



LOL абе во перспектива дефинитивно нешто треба да направат. Јас од секогаш сум бил за ширење на пешачката зона во центарот така да во одреден момент не би ми сметало и воопшто да ја нема таа комуникација помеѓу МХЈ и ДГ. Кој сака нека кружи од кај Нова Македонија.


Ееее да, имаш право и кружење околу не е некоја којзнае колку макотрпна работа, ама ќе мора да бараме начин како да ја комплетираме улица Македонија опфаќајќи и МХЈ на подвозник, подвозник за улицата позади собрание и рекорд нормално ќе биде пешачка зона кога ќе се направи она под плоштад. Проблем се сите приоди кон овие улици кои и не се баш така ретки.

Е тогаш може да ја реконструираме и стара железничка со сала за венчавање, а ќе имаме и шеталиште во крст кое исто така ќе држи некоја симболика. Аххххх идеи!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:08
МХЈ е премногу битен. Мислам дека не е страшно ако ул. Македонија завршива со него а некогаш кога ќе бидеме многу богат град и земја може да го денивелираме во тој дел.

Рекорд колку што знам не е планирано да биде пешачка зона независно од артеријата под плоштад но дефинитивно се залагам за тоа.

Даме Груев би го денивелирал каде што се сече со ул. Македонија посебно ако навистина се проширува.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:10
Абе луѓево сакаат да жиеат у центар и децата у маало да им играат бе. Нека се вратат у село па нека си играат на сред село. Повторно група граѓани си игра држава у сред центар на метропола.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:14
Рекорд треба да биде пешачка зона од стоилко до палома бјанка одкога ќе се заврши тунелот под плоштад со сите краци. Тогаш автобусите ќе сообраќаат одоздоле и комплетно ќе се пренасочи сообраќајот и ќе го добие својот правилен и планиран тек. Нема да има никакви аномалии нити па некои дестинации ќе се усложнат. Токму како што треба. Ја да ти кажам право ако владава издвои средства за тунелот под плоштад не би се мислел многу за она другото што сакаат да го напраат врз тунелот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:16
Originally posted by lslcrew

Рекорд треба да биде пешачка зона од стоилко до палома бјанка одкога ќе се заврши тунелот под плоштад со сите краци. Тогаш автобусите ќе сообраќаат одоздоле и комплетно ќе се пренасочи сообраќајот и ќе го добие својот правилен и планиран тек. Нема да има никакви аномалии нити па некои дестинации ќе се усложнат. Токму како што треба. Ја да ти кажам право ако владава издвои средства за тунелот под плоштад не би се мислел многу за она другото што сакаат да го напраат врз тунелот.


Јас искрено се надевам дека во целава трка со проекти за чаламење владата ќе издвои пари и за еден корисен скап инфраструктурен проект во Скопје. Дали тунелот, дали јужен булевар но крајно е време работата да мрдне од мртва точка, реално не сме имале капитален проект барем 20на години.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:23
Па проблемите се решаваат од суштината, од центарот. Така и сообраќајниот хаос ќе се реши во голем процент со еден ваков проект како тунелот, зашто главната гужва од рекорд ќе ја снема. Пази, тунелот треба да биде 3 со 3 ленти на сите правци што практично ќе ја преслика партизанска под земја.



Но запамти, ако немаме градоначалник од иста политичка опција со владата заборави државно инвестирање. Како инаку после на митинг. Ова не го пишав да рекламирам некого, таман работа не дај боже, него само да преодачам еден голем проблем со кој се соочува нашево општество. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:30
Originally posted by lslcrew

Па проблемите се решаваат од суштината, од центарот. Така и сообраќајниот хаос ќе се реши во голем процент со еден ваков проект како тунелот, зашто главната гужва од рекорд ќе ја снема. Пази, тунелот треба да биде 3 со 3 ленти на сите правци што практично ќе ја преслика партизанска под земја.

Но запамти, ако немаме градоначалник од иста политичка опција со владата заборави државно инвестирање. Како инаку после на митинг. Ова не го пишав да рекламирам некого, таман работа не дај боже, него само да преодачам еден голем проблем со кој се соочува нашево општество. 


па мислам дека е повеќе од веројатно дека ќе биде идниот градоначелник од иста провиненција како стојат работите.

Но за жал со сите најавени проекти тоа воопшто не ме радува инаку генерално воопшто не би ми сметало.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:42
Originally posted by lslcrew

Кога реков средства, мислев на многуте нови улички кои се предвидуваат.
У крајна линија, реално гледано тоа е сепак ситна боранија.

Originally posted by lslcrew

било какова санација, дури и лепење плочки во вц, се казнува со рушење под изговор дека тоа не е предвидено со ДУП. Оваа метода широко ја оправдувам се додека од неа не сум засегнат
Колку принципиелно од твоја страна LOL


Originally posted by lslcrew


Зеленилото не го жалам многу.
Па ова не е неартикулирано зеленило. Во најголема мерка се работи за замена на зеленилото помеѓу блоковите на градски ѕид со површински паркинзи. Истото е случај и со еден многу пожелен дрворед. Лично мене оваа тенденција воопшто не ми се допаѓа. Во случајов и би се сложил со изјавите на некои граѓани дека неоправдано им се одзема зеленилото и местото каде што играат децата. Тоа за внатрешноста од градски ѕид е дефинитивно вистина. И покрај тоа што е строг центар, градски ѕид си е испланиран и изграден според некоја посеопфатна урбанистичка филозофија и погрешно е сега да се разбива неговиот концепт со импровизаторски пристап за решавање на проблемот со паркирањето.


Originally posted by lslcrew


Во врска со комплетирањето на градски ѕид, тука мислам дека би требало ЈПССДП да го одработи ова исто како и реонски центар и други социјални станови.
Се работи само за една мала ламела, гледам си ја приметил која е во понатамошните постови. Во секој случај на социјални станови не им е местото во строг центар. А за тоа што ќе насади инвеститорот и јас се плашам, како што реков останува само да чекаме и да видиме.


Originally posted by pbanks


Thumbs%20Up ни мене не ми текнува кај го дискутиравме ова а ми текнува на скицава.
Еве овде е дискутирано:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:47


хмм за кое зеленило велиш дека ќе им се уништи? Освен дрворедот на Даме Груев кој би отишол на сметка на проширувањето (што мене не ми се допаѓа) не гледам каде толку губат зеленило. Напротив мислам дека ќе профитираат со оној мал парк кај зелен пазар.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:55


Човече, 80% од зеленилото внатре помеѓу објектите од градски ѕид се уништува за правење паркинзи, а тоа зеленило можеби не е идеално одржувано, но сепак е во солидна состојба за наши услови, добро е испланирано, има и содржини како детски игралишта, а со некои интервенции и подобра грижа, може и треба да стане многу и многу поубава глетка.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 23:02


Кај зелен пазар се уништува зеленило колку што гледам позади блокот Краш. Но на сметка на тоа се добива не толку мало зеленило кај зелен пазар.

Кај ССМ се уништува неповратно зеленилото во внатрешноста и тоа не ми се допаѓа.

Сепак... 80% не е малку претерано? Мислам дека повеќе се работи за реорганизација отколку за уништување на зеленило.

Спрема мене планов е прилично неинвентивен и неинспиративен за централно градско подрачје. Но ако го земам како таков не гледам некоја криза со зеленилото.

Инаку јас би го урбанизирал поголемиот дел од просторот кај зелен пазар но и блоковите кои излегуваат на Кочо Рацин и 11 Октомври (од страната на зелен пазар). Градски ѕид не би го чепкал но мислам дека на овој дел кој го споменувам му треба сериозна реорганизација. Дел од тие објекти ми се симпатични, на пример станбените кои излегуваат на Кочо Рацин иако се доста стари. Но сепак мислам дека местото не им е тука и дека со најновиот развој што не очекува кај и околу стара железничка станица ќе биде паметно да се редефинира и овој дел.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 23:05
BTW, да ја расчистам конфузијата што е посеана ради одредени новинарски написи, Голем Ринг не е еден ДУП, туку низа на ДУП-ови кои имаат предзнак „Голем Ринг“, но и попрецизна географска одредница.
Затоа тука ги префрлив и постовите што се однесуваа на делот карши Холидеј Ин.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 00:42
Originally posted by pbanks


Сепак... 80% не е малку претерано? Мислам дека повеќе се работи за реорганизација отколку за уништување на зеленило.
Џуро, изгледа не се разбираме баш, јас зборам конкретно за она зеленило што е по средината на градски ѕид, измеѓу зградите (повеќето е сместено во еден вид жардињери)



Тоа зеленило, па и начинот на кој е изграден целиот тој простор е доста добар, а ако не друго барем треба да го земеме во обзир фактот дека концептуално е дел од градски ѕид и во никој случај не треба да се уништува ради површински паркинзи.
Па дури и да не требаше да се уништува зеленило, мислам дека претворање на тие површини во паркинзи е грешка и само по себе.

Филозофски гледано и јас не сум голем обожавател на класични станбени четврти (со сите погодности што би биле пологични за попериферни локации) во строг центар на град, но градски ѕид е веќе изграден и треба планирањето да го прилагодиме на тоа, а не со вакви акробации да го упропастиме и концептот на градски ѕид.

Во врска со „реорганизацијата“ на зеленилото, квантитативно си во право, но квалитетот не е воопшто исто. Паркот кај зелено пазарче не може воопшто да го замени она концептуално зеленило непосредно до зградите, а уште повеќе што на негово место измеѓу зградите ќе дојдат паркинзи.
Па дури и квантитетот можеме да го ставиме под знак прашање, затоа што прашање е дали тој парк воопшто некогаш ќе види бел ден, а и ако види, сепак него ќе биде многу полесно некој да го избрише... Во врска со ова,  ај еве да ја кажам „информацијава“ што прееска избегнав да ја кажам затоа што можно е да е само рекла-казала... Имено од двајца граѓани што пополнуваа анкетни листови, а делуваа поинформирани, ми беше посочено дека од кругови на Аларова процурило дека тој парк не е озбилна работа и дека е само мачкање очи за да се смири ситуација... И уште ми беше посочено дека кај доградбата на ламелата што недостасува кај градски ѕид имало коруптивни елементи кои наскоро ќе се актуелизирале... Ај да почекаме па ќе видиме...

А за граѓаните што се бунат имам разбирање и апсолутно ги подржувам (конкретно за зеленилото во овој дел што коментирав), затоа што очигледно им се одзема нешто кое било предвидено да си биде и остане зеленило и простор за релаксација. Овде не е случај како на други места, каде што некои се бунат против логични решенија што си биле зацртани уште пред они да се вселат. Овде револтот во најголема мерка е оправдан.




Спрема мене планов е прилично неинвентивен и неинспиративен за централно градско подрачје. Но ако го земам како таков не гледам некоја криза со зеленилото.
Тука се слагаме, неинвентивен и неинспиративен е добар опис за планот.



Дел од тие објекти ми се симпатични, на пример станбените кои излегуваат на Кочо Рацин иако се доста стари. Но сепак мислам дека местото не им е тука и дека со најновиот развој што не очекува кај и околу стара железничка станица ќе биде паметно да се редефинира и овој дел.
После доградбата на „поткровја“ која им е дозволена со овој ДУП, претпоставувам дека и делот со симпатиите ќе ти исчезне, па ми останува само да се сложам дека на нивно место треба да почне да се осмислуваат нови објекти....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 04:26
Добро бе кај најдоа ќоше од зграда да го искорумпираат. Па што може да се корумпира тука бе, кај отиде светов....!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 10:54
Originally posted by Cloverstack

Џуро, изгледа не се разбираме баш, јас зборам конкретно за она зеленило што е по средината на градски ѕид, измеѓу зградите (повеќето е сместено во еден вид жардињери)


да не се разбиравме изгледа за ова уствари се сложувам... тие жардинерии се дефинитивно дел од градски ѕид и не треба да се чепкаат (но под итно мора да се средат)


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 12:18
"Роберт Гајдиќ"  се наоѓа веднаш до влезот на пазарот од бул."Кочо Рацин", во една нова зградичка со жолтеникава боја, ама увидот траеше до 10 август. Ако сакате фотографии, само кажете.


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 12:31
Од целиот план најдобра е само идејата за дислокацијата на пазарот без разлика која е веројатноста тоа да се случи, меѓутоа прашајте еден жител околу пазарот дали би бил среќен да се тргне пазарот...
Живеам долги години со поглед на пазарот, и е ужасно... од 4 часот наутро почнуваат да се влечат гајби, да трескаат тезги, да викаат пазарџии по цел ден... вечерта да останат најхрабрите и да се пијанчат до доцна вечерта... и најлошо од се што ја чуваат робата во комбиња кои седат на паркинг со денови и фаќаат паркинг места наменети за станарите, а ако не се чува во комбе тогаш се чува во подземните гаражи каде ужасно смрди поради скапаните патлиџани и пиперки... Верувајте ужасно е да се живее покрај пазаров!! Некој ми спомна дека зелениот пазар имал традиција и требал да остане таму? Која црна традиција? и дали воопшто е зелен пазар, или пазар за се, за долна облека, за банани, за супер лепак, за папучи, за сирење....

за останатите работи од планот не коментирам.. само морам да ја пофалам идејата за дислокација.


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 12:40
Не го уништуваат зеленилото околу Градски Ѕид, туку на сите плочници околу градски ѕид прават паркинзи.... Зеленилото меѓу плочниците и улиците не го чепкаат.


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 12:42
Горната слика не е стар план, туку постојна состојба, а втората е  ДУП.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 13:28
Добредојде shopgirl!!! Фала за инфото околу паркинзите, очи ќе си истеравме околу жардињериве. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:21
shopgirl добредојде
Не сум сигурен дека те разбирам баш најдобро во врска со зеленилото внатре во градскиот ѕид.

Колку што може да се види во планот, а и со оглед на дискусиите што се тераа во “Роберт Гајдиќ, ако ДУП-ов помине, најголем дел од тоа зеленило би било уништено за паркинзи.


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Aug-2008 at 16:08
Originally posted by Cloverstack


Колку што може да се види во планот, а и со оглед на дискусиите што се тераа во “Роберт Гајдиќ, ако ДУП-ов помине, најголем дел од тоа зеленило би било уништено за паркинзи.


не мора да значи дрворедите ќе бидат како маркери за паркинг полињата, но и така лека пополека ќе се сардисаат дрвата што од премногу издувни гасови што од весели шофери, а има и друга побезболна варијанта да се нацртаат дрва по фасадите на зградите и грмушки по тротоарите Thumbs%20Up сепак повеќе е психолошки момент тоа со дрвата одколку што им го прочистуваат некако воздухот на станарите, колку што знам повеќето луѓе таму а скоро и во цел центар седат под затворен режим и еркондишн нон стоп онлајн, и можеби евентуално вечер пред спиење проветруваат а може и се лажам но има една небулоза што е поприоритет паркинг или дрва, не дека сум против дрва, па на скопје му фали толку многу зеленило што мислам дека попрво мечки ке донесеме по градов отколку што ќе го решиме проблемот со воздухот. инаку на запад строго се знае ГОЛЕМ РИНГ е бизнис и шопинг зона а станови за домување користат исклучиво млади и деловни луѓе, види кловер да почнат да стегаат редовни казни за непрописно паркирање самите станари ќе ги исечат дрвата или доколку неможат веднаш ќе бегаат негде понастрана иако реално никаде нема простор за паркирање, и аеродром и карпош, за капиштец муабет да не правиме, па остај друго кај нас буџованите со по десет коли не живеат на периферија како што е на запад туку баш во и околу центар, абе урнебес! 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2008 at 16:21
Точно бетон, голем ринг треба да биде бизнис центар, а таков ќе стане ако се дозволи преиначување од станбен во деловен простор и над 2 кат (сега може само до втори).

Ова би било и донекаде стимул во странските инвестиции, зашто ќе падне цената на деловниот простор во центарот на Скопје што сметам дека позитивно би влијаело.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 16:36
@ beton

Дрвата и зеленилото имаат мал милион позитивни влијанија - климатско, прочистување, па и пошироки еколошки влијанија, естетска димензија, заштита од бучава, место за релаксација, т.н. „хумана димензија“....
Дефинитивно не смееме толку лесно да се откажуваме од веќе постоечко добро испланирано зеленило, особено не ако е дел од поширокиот концепт како што е во случајов.

Инаку за начинот на домување во центар се сложувам (веќе образложив), но градски ѕид и неговиот концепт (вклучувајќи го и зеленилото) е реалност и треба да се земе во предвид. Вакво агресивно уништување на концептот и на квалитетот на живеење таму не смее да се дозволи.

Што се однесува до паркинг просторите (поради кои во најголема мерка би се уништило зеленилово за кое зборуваме), тие дефинитивно се потребни, само што требало да најдат други решенија за нив. Едно од нив веќе спомнав - повеќе подземни паркинзи. Кога веќе се присатни и испланирани прилично големи површини со подземни паркинг простори, не гледам зошто не би се испланирале уште повеќе, со цел да не се прават онакви груби импровизации на површината.



@ lsl

Градски ѕид на пример да се пренамени во деловен простор?!?!?

А и не мислам баш дека цената на деловниот простор е баш некоја пречка за странски инвестиции...
Плус тоа со сите празни локации во центарот на Скопје, дури и повисока цена на постоечкиот деловен простор стимулира изградба на нови деловни објекти.
Ако веќе имаме недостаток на деловен простор и слободни парцели за изградба, да охрабруваме импровизирана пренамена на станбен простор во деловен според мене е чиста глупост.


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 16:47
Позади секој блок од Градски Ѕид има плочник, на тие плочници е предвиден паркинг, а зеленилото моментално се наоѓа меѓу плочниците и улиците... Освен на еден блок кадешто е земено и зеленилото за паркинг.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 16:54
Хммм... Според она што можам да го видам од веќе приложеното, ме буни ова што го кажуваш.

Спомна дека имаш некои фотографии... Ај ако се со подобар квалитет од приложените постирај ги тука па да може да ја продолжиме дискусијава попрецизно и подобро да се разбереме.


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Aug-2008 at 17:21
кловер се сложувам со тебе дека заради естетскиот дел мора да се трудиме да задржиме што повеќе зеленило но мислам поголем ефект ќе се добие доколку се спроведе регулатива пред секој локал и на секој два метра по троарите да има и мали и големи жардињери со цвеќе и дрва, но за еколошкиот момент дефинитивно треба исклучиво еко 4 или 5 стандард да се воведе за скопје, задолжителни еко филтри, екстра давачки за секој втор приватен автомобил, рушење на антиквитетот матка 1 како би се вратило струењето во градов како и дислоцирање на усје од кисела вода...

ако мислиш дека скопје е пропорционално раззеленет во сооднос со бројот на население тогаш најверојатно мислиш на површините проектирани за после ’63 кога се планирало и проектирало за за скопје со 200.000 жители а не за скопје со 700.000 а за тоа дека од парковите нема ни П и муабет да не правиме...

туку за подземните гаражи и паркинзи си во право но не заборавај мора прво еден куп кеш да оди на сондажи, на елаборати и согласности, па сетне на изведувачи, нештошто само е возможно за крупни зафати како тунелот под плоштад или некаде каде што ќе се проектира за поголема површина вака меѓу сокаци многу тешко ушт потешко што никаде не постои катастар на инсталации, т.е. она што постои е далеку запоставено и застарено па се случува во аеродром да имат застој со месеци а не па во центар мислам дека е тотално неизводливо, попрво би се нашло чаре за трамвај или за метро отколку за подземни паркинзи...

но не е проблем паркирањето колку што е проблем менталитетот на народов на работа секој да оди со своја кола или да зафаќа паркинг за тројца, а има и случаи каде цел јавен паркинг е околчен со столбови...
тешко на оние станари што си ги имаат продадено гаражите а мислам дека повеќето го имаат сторено тоа, па дури и да ги резервираат новите паркинзи за себе пак нема да куртулат...


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 18:42
Се гледа и од приложените... она што е зелено е зеленило...
Нема потреба од понатамошна дискусија околу зеленилото...
Дали некој ја забележа катната гаража до Аутомакедонија, наспроти Музеј на град Скопје, која не е баш катна.. П+1 Roll%20eyes

И паркингот пред двете кули од Градски ѕид, позади Аутомакедонија, кој одеднаш со планот станува помал... од 70 паркинг места на 32!!! LOL

Нема да има крај на лудориите во ДУП-овите...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 20:18
Бетон, се слагам со повеќето што го кажуваш, со исклучок на овие две работи:

Originally posted by beTon

рушење на антиквитетот матка 1 како би се вратило струењето во градов
Оваа твоја заложба не е воопшто така едноставна од многу аспекти... Но да ги оставам тие други аспекти, само да те прашам на што е втемелено убедувањето дека тоа фамозно „струење“ на воздухот низ градот било „прекинато“ со изградбата на Матка. Тоа со струењето на воздухот е веќе максимално истрошен материјал. Кој како ќе стигне го применува на се живо во градов... Де ова ни го нарушило струењето, де она ни го нарушило струењето. А никогаш не сум сретнал вистинска студија дали, колку и зошто е нарушено...


Originally posted by beTon


ако мислиш дека скопје е пропорционално раззеленет во сооднос со бројот на население тогаш најверојатно мислиш на површините проектирани за после ’63 кога се планирало и проектирало за за скопје со 200.000 жители а не за скопје со 700.000
Мислам дека е очигледно дека ставовите во најголем дел ми се максимално про-зеленило, ама не можам да се сложам дека Скопје во моментов баш толку лошо стои на ова поле. Не навлегувам во тоа колку зеленило било проектирано за колку жители, но компатративно со најголемиот број европски градовио, воопшто не стоиме лошо. Само да не дозволиме тоа веќе постоечкото да го изгубиме поради урбана мафија, лоши ДУП-ови и којзнае што друго.


Originally posted by Shopgirl

Се гледа и од приложените... она што е зелено е зеленило...
Сега погледнав повнимателно и мислам дека ситуацијата е ваква:
- Жардињерите кај блокот што е до Зелено Пазарче целосно се уништуваат.
- Жардињерите кај блокот што е кај Аутомакедонија остануваат, но и самиот факт што постојните пешачки плочници околу нив се претвораат во паркинзи воопшто не ми се допаѓа, а со самото тоа опаѓа и „вредноста“ на тоа зеленило што останува како островчиња на сред паркинг простор.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Aug-2008 at 20:31
Офтопик но морам да го постирам ова во контекст на струењето на воздухот.

Го обожавам делот со стручното мислење на "старите скопјани". Да се биде "стар скопјанец" се издигна веќе на ниво на професија, тоа се неприкосновени експерти на чие знаење неможе да му пркоси ниту еден факултетлија, магистер или доктор на науки Nuts

АРХИТЕКТИТЕ И ЕКОЛОГИСТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Неконтролираниот развој го задуши Скопје

Новите градби во скопските населби, кои се градат со се поинтензивно темпо, го прекинаа нормалното струење на воздухот што порано можеше да се почувствува во градот дури и во најжешките денови. Старите скопјани забележуваат дека воздухот во градот веќе воопшто не циркулира и повеќе не може да се почувствува свежото ветре, карактеристично за главниот град. Сместен во котлина, Скопје неповратно се задушува поради преобразениот изглед на ниските куќи и згради, надградени во висококатници. Згора на тоа урбанистичките планови предвидуваат цели нови населби - гратчиња во мало, деловни и трговски центри или катни гаражи на секој чекор, а некаде се отиде и понатаму, па во плановите се зацртаа стокатници до небото. Еколошките здруженија сметаат дека проблемот со загадувањето е само последица на неограничениот развој на градот, кој треба да се постави во определени рамки. - Се што се предвидува да се гради, како на пример поголем паркинг-простор кој се обезбедува со катните гаражи, е последица на нешто друго. Во овој случај тоа е зголемениот број автомобили, што, пак, е последица на зголемен број жители. Но вистинскиот проблем е неограничениот пораст на градовите. Веќе јасно се гледа дека Скопје се изградило од едниот до другиот крај на котлината. Потребно е да постојат некакви граници - вели Петар Бошевски од граѓанското здружение „Екомисија“. За протекот на воздухот низ центарот на градот проблематична беше изградбата на населбата Капиштец. Многумина тогаш тврдеа дека со блокот високи згради се запира струењето од Водно, кое треба да ги претставува белите дробови на Скопје. Архитектите посочуваат дека генералниот урбанистички план е оној кој го содржи одржливиот развој на градот и каде се внимава да не се предвидуваат премногу високи градби. - Во посебна студија се вметнати сите аспекти, социјални и економски и во неа јасно се кажува дека не е пожелен стихијен и неконтролиран развој на градот. ГУП е документот каде се води сметка за тоа да се зачува улогата на шумите во прочистувањето на воздухот. Така, и новите градби во подножјето на Водно не се повисоки од 21 метар. Што значи, тој план говори дека не може да се апсорбира повеќе од предвиденото, ниту како број на население, ниту како вработувања. Но требаше да се направи просторен план за Скопје со кој ќе се каже до каде можат да одат неговите граници. Генерално, препораките од ГУП се запазуваат, но само врз тоа што е во опфатот на овој план. Скопје има проблем со она што е надвор од планот, а такви се на пример Припор, Сопиште, Батинци, Студеничани кои немаат атрибути на градска населба - вели архитектот Никола Велковски. Градските власти потврдија дека законот пропишува дека Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежно да изработи просторен план. Последниот план датира од дамнешната 1985 година, кога градот изгледал многу поинаку отколку денес.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1475&ArticleID=96522




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 20:47
Nuts

Покрај култното „струење“,  интересен е фактот што истовремено се противат и на ширење на градот и на одење во висина. Претпоставувам дека решение за „вишокот“ луѓе гледаат во емигрицаија... Roll%20eyes


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 23:22
Законот за градби до 21м. не е само во подножјето на Водно, туку низ цело Скопје. Немаме современа опрема на противпожарните станици кои можат да изгасат пожар над 21м. Зар не е апсурдно една техничко-технолошка пречка да ни ја ограничува архитектурата во Скопје?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 23:38
Originally posted by Shopgirl

Законот за градби до 21м. не е само во подножјето на Водно, туку низ цело Скопје. Немаме современа опрема на противпожарните станици кои можат да изгасат пожар над 21м. Зар не е апсурдно една техничко-технолошка пречка да ни ја ограничува архитектурата во Скопје?


Сериозно тоа е „причината“ за таквото ограничување во висина??? Од каде овој податок?
(мада не е насекаде 21m, туку повеќе пати сум сретнал и 29m, како во мал ринг на пример)

Па се прашувам како ли се опремени пожарникарите во Дубаи на пример Nuts



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 01:25
Originally posted by Cloverstack

Бетон, се слагам со повеќето што го кажуваш, со исклучок на овие две работи:

Originally posted by beTon

рушење на антиквитетот матка 1 како би се вратило струењето во градов
Оваа твоја заложба не е воопшто така едноставна од многу аспекти... Но да ги оставам тие други аспекти, само да те прашам на што е втемелено убедувањето дека тоа фамозно „струење“ на воздухот низ градот било „прекинато“ со изградбата на Матка. Тоа со струењето на воздухот е веќе максимално истрошен материјал. Кој како ќе стигне го применува на се живо во градов... Де ова ни го нарушило струењето, де она ни го нарушило струењето. А никогаш не сум сретнал вистинска студија дали, колку и зошто е нарушено...


Originally posted by beTon


ако мислиш дека скопје е пропорционално раззеленет во сооднос со бројот на население тогаш најверојатно мислиш на површините проектирани за после ’63 кога се планирало и проектирало за за скопје со 200.000 жители а не за скопје со 700.000
Мислам дека е очигледно дека ставовите во најголем дел ми се максимално про-зеленило, ама не можам да се сложам дека Скопје во моментов баш толку лошо стои на ова поле. Не навлегувам во тоа колку зеленило било проектирано за колку жители, но компатративно со најголемиот број европски градовио, воопшто не стоиме лошо. Само да не дозволиме тоа веќе постоечкото да го изгубиме поради урбана мафија, лоши ДУП-ови и којзнае што друго.


кловер ако мислиш дека поисплатливо е идното репарирање и зајакнување на браната одколку градење нова тогаш грујо треба да обезбеди SF аранжман од ммф Nuts...
додека она мое тврдење за матка е чисто логика и тоа далеку пореална од истрошените теории за стопирано струење од блоковите, но сепак како што кажа вистинска студија ќе го реши проблемот, иако за НЕАП и ЛеапСК се правени некои анализи колку што се сеќавам сепак изостанува да викнеме на некоја издржана студија како она со преспанско,  иако пак ќе кажам дека според мене далеку побитен фактор за стопираното струење во СК е матка1 бидејќи е кањон па ако од некаде би доаѓале јаки струења тоа ќе биде од кањонот а не од ѓорче петров, но можебигрешам времето ќе каже ионака браната е во катастрофална состојба и http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=23&PN=1 - да не се повторувам ...

додека околу зеленилото само за инфо околу комшилук а камо ли за европските градови а некогаш сме биле прогласени и за град на цвеќето со по две садници по жител годишно! http://www.beograd.org.yu/cms/view.php?id=1343 - Beograd 65 javnih parkova ukupne površine 36,2 hektara
http://www.dzs.hr/Hrv/Publication/2005/6-1-13_1h2005.htm - http://www.dzs.hr/Hrv/Publication/2005/6-1-13_1h2005.htm - Zagreb 42 javnih parkova ukupne povrsine 84 hektara, park sume 16 uk.povr. 41 ha
http://www.zrinjevac.hr/Default.aspx?tabid=79 - Zagreb 163 km drvoreda, 83 km gradske živice http://www.zrinjevac.hr/Default.aspx?tabid=79 -

http://www.eko.net.mk/news/newsDetail.asp?kategorija=undefined&mesec=undefined&godina=undefined&idType=1&vestId=3029 - Врз основа на состојбите во градот во врска со парковите и зеленилото (Скопје поседува окулу 8-10 м2 по жител а норма во европските градови се 20-30 м2 по жител) - www.eko.net.mk

се што имавме не го задржавме, ниту пак она што остана го одржуваме а за новини ни збор а ни простор, па така освен регулаторна гилотина за одговорните за зеленилото не гледам друг излез, мора да се воведат и зафати како градежни регулативи за обемно оплеменување на парцелите каде се гради (со унифицирани жардињери за дрва и цвеќе), јаки механизми на контрола и репресија кон уништувачите на јавни зелени површини и паркови... како и ангажирање во општекорисна работа на условно осудените престапници т.е. замена на условната казна со општокорисна работа (со што ќе се создаде континуирана армија на потецијални хоби цвеќари и екологисти)!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Aug-2008 at 02:45


Во врска со Матка, иако е тотално офтопик морам да ти одговорам. Покрај тоа што никако не можам да прифатам таква сосема паушална проценка дека Матка го запрела струењето на воздухот низ Скопје, сега уште повеќе ме збуни со тоа што спомна нова брана... Па како би се извела таа хипотетичка нова брана, а да го нема истиот наводен ефект врз тоа „струење“???
Инаку немам ништо против да се направи студија ниту за струењето, ниту за споредба на економската логика на постоечката спрема некоја нова брана.




Во врска со зеленилото, повторно нагласувам дека се залагам повеќе и поквалиттно зеленило во градов, но факт е дека не стоиме лошо во споредба со повеќето европски градови. Не правев споредба со конкретни градови, ниту по бројот на паркови, туку тоа е еден општ впечаток што се добива ако човек кисне малце подолго на GoogleEarth. Со помош на истата апликација, исто така лесно може да се воочат некои од главните проблеми на нашето зеленило... На пример дека големи површини се запуштени диви треви, или дека во летен период 90% од тревата е исушена. Очигледно дека со овие работи треба веќе посериозно да се позанимаваме.

Немам ништо против онаа норма што ја спомнуваш (20-30m2 по жител), ама баш ме интересира колку и кои градови всушност ја исполнуваат.

А конкретно што спомнуваш за цвеќињата (кои освен естетска немаат друга вредност) мислам дека кога збориме за зеленило тие се некаде на дното на листата на приоритети и во моментот енергијата треба да ја насочиме во сосема други концепти на зеленило.

Значи да заклучам, за да нема забуна каков ми е ставот: зеленило ни треба повеќе и што во наши услови е веројатно поважно - поквалитетно. Треба добро да се планира неговата намена и добро да се одржува.
Но нагласувам дека и „квалитетот“ игра голема улога, не само квантитетот. Дури и ако имаме големи површини под неартикулирано и лошо одржано зеленило, тоа ќе нема којзнае каков позитивен ефект, а што е уште полошо практично ќе значи рурализација на градот, наместо негово облагородување.
И токму затоа толку ми смета што се прави ваков упад со овој ДУП. Мислам дека голем дел од тоа зеленило што потенцијално ќе се уништи е добро испланирано и со малку труд можеме да го претвориме во навистина квалитетно... Наместо тоа некои сакаат да го претворат во асфалт...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Aug-2008 at 02:55
Сега и ја ќе избегам малце офтопик,

Слушнав некои податоци груевски збореше дека двапати годишно ќе се организирале акции за пошумување како онаа што беше лани, само што сега место 2 милион ќе се идело со по 6 милиони садници, значи годишно 12 и така незнам колку години унапред ќе се зголемува  до некоја конечна бројка која треба да опстои и понатака. Па сметам дека сега е право време да реагираме до владата со писмо или незнам како, да се изнајде начин голем дел од овие садници да се насадат на овие градски змијарници, а многу ги има. Така и акцијата би имала поголем одѕив од граѓани, а и покирисни ќе бидат садниците. Но има еден проблем тука, а тоа е дека полесно ќе се крадат садниците за по дворови што сепак и не е некој голем проблем кога дрво кај и да го ставиш пак ќе расне, пак за сите воздух ќе прави, а би можело и голем дела садници така да се поделат по луќето за кој сака дома па да немаме пустошење на градското зеленило.


п.с. Имаше една тема за пошумување, коректно би било тамо да го тераме муабетов, но овде пишав пошто сакав да се надоврзам.
п.п.с. Инаку се планира акција во октомври мислам.




Posted By: Shopgirl
Date Posted: 14-Aug-2008 at 11:53
Јас овој податок го знам одамна како таков, мислам дека стоеше во еден правилник... 


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2008 at 12:00
Originally posted by Shopgirl

Јас овој податок го знам одамна како таков, мислам дека стоеше во еден правилник... 


Можеби податокот стои како таков но сигурно не е тој вистинската причина за таквите ограничувања. Што правиме со луѓето кои работат во МТВ или живеат во кулите на градска ѕид? Сме се откажале од нив во случај на пожар? Што е со некои пониски згради но сепак над 21м кои се имаат изградено во последниве 20 години?

Што е со фамозните стокатници кои ги зацртаа сега во ДУПовите (независно што од тоа ништо нема да биде). Имаат маркици и од по 500м LOL Nuts


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 14:19
за матка кловер преудицирав дека е во лоша состојба и дека посекако ќе ја бутнат а и посекако некој нов мускетар ќе ја крене пак небаре без неа ќе изгинеме а уствари е обратно, е само во тој меѓу период ќе можеме да направиме анализа дали и како тој кањон ќе влијае на СК и дали без браната ќе куртулиме или не...

за зеленилото мислам дека во СК во моментов немаме никаков еколошки аир туку попрво естетски А И ТОЈ Е ВО АУТ, па така чарето ќе ни биде поставување големи и унифицирани жардињери за-со дрва по тротоарите како и терасите и крововите пр. трговски центар... а ќе помогнат можеби и акциите за контиунирано пошумување и оплеменување на зелените површини но се плашам дека http://www.eko.net.mk/news/newsDetail.asp?vestId=2888 - уште долго ќе си ги носиме како колатерала последиците од 300 тони ослободениот незаситен ураниум на косово  кој дефинитивно и нас на големо не има контаминирано па многу тешко дека едно дрво плус или минус во центарот нешто ќе смени попрво домашните цвеќиња ќе завршат повеќе работа бидејќи се изолирани ( http://www.mycity-military.com/Avijacija-i-PVO/Posledice-upotrebe-municije-sa-osiromasenim-uranijumom-u-SCG.html - инаку во бункер е инфото за состојбите кај нас )... можеби ќе го решиме проблемот доколку отвориме простор за импровизирана фрактална архитектура која ќе биде во постојана симбиоза со природата давајќи простор за масовно виреење на дрва по улиците, фасадите, внатре во зградите, баш како на рекламата за тетрапак LOL
[TUBE]yD03ZcZFFbk[/TUBE]

а она со регулативите и смерниците за градење на стамбени објекти за домување до 21м дефинитивно било есапено за против пожарна ефективност бидејќи таа регулатива опстанала од ’65 наваму за повеќето објекти кои доколку сте приметиле или сеуште немаат хидранти или многу покасно биле инсталирани, а за висококатниците уште од самиот почеток биле проектирани со хидрант противпожарен систем кој денес е вон функција па така имавме ситуации како несреќата на семејството Бошевски во карпош и ред други, тешко дека облакодерите ќе куртулат само со ваков хидрант систем но додека да ги изградат сигурно ќе се појават на пазарот и летачки пожарникари LOL




Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Aug-2008 at 14:41
За ова висинска квота според пожарникари не држи вода ни малце. Па ја ако сум некој бизнисмен и ако сакам да градам 100 ката, па ќе им подарам на пожарна едно 3 возила за до таа висина. Апсурдно е архитектурата да се ограничува според пожарна или нешто слично.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Aug-2008 at 15:28
Originally posted by lslcrew

За ова висинска квота според пожарникари не држи вода ни малце. Па ја ако сум некој бизнисмен и ако сакам да градам 100 ката, па ќе им подарам на пожарна едно 3 возила за до таа висина. Апсурдно е архитектурата да се ограничува според пожарна или нешто слично.


Абе кај има возила за интервенција на такви висини??? Поентава на муабетов цело време е дека противпожарна заштита на високи згради се планира на сосема други начини со сосема други средства.
Али ботом лајн, да се ограничува висината со такво „оправдување“ е дебилно дури и за наши услови. Стварно не ми е јасно како може да ни се дешаваат вакви работи...
Wallbash


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 15:56
Originally posted by Cloverstack


Абе кај има возила за интервенција на такви висини???


има бе кловер - добро познатите канадери само што немаат скали LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Aug-2008 at 16:00
abe 100 kat beshe iskarikirano. Ovoj Klover znachi, bukvalista!!!! Mislev deka ako nekoj sho planira da gradi neshto nad taa visina, ima pari i da obezbedi protivpozarna oprema.


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 15-Aug-2008 at 01:26
До сите:
Jaс напоменав дека е апсурдно ваков факт да ни ја ограничува архитектурата, како и некој од вас..

Заради застареноста на противпожарните системи и возила затоа е донесен овој закон... колку што сум јас информирана..
Кулите на Градски Ѕид имаат хидрант на секој спрат како што и би се предвидело за стокатниците... Би требало да се инсталираат и спринклер системи, а во побогатите земји гасење на пожари во облакодери со хеликоптери.

А lslcrew, ако си ти бизнисмен и ако направиш 100катница во Скопје не само што нема да и подариш на противпожарната станица нови 3 возила, туку и би ја оставил 100катницата без ппз, само да извадиш плус пари, а притоа би уштедил и на нешто друго, како на пример:помалку арматура или ќе продаваш станови на 5 семејства и сличн криминали....
Тоа би направил бизнисмен во Скопје, нема да подари ништо од љубов.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Aug-2008 at 03:10
Originally posted by Shopgirl


Тоа би направил бизнисмен во Скопје, нема да подари ништо од љубов.


Па верувам дека ваквите работи што ни ги донесе транзицијата ќе изчезнат кога ќе се задлабочиме малку повеќе во капитализмот. Нормално и ни фали малку поголема свест за околината која се надевам ќе ја стекнеме во скоро време.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 23:13

Општина Центар ќе одговори на сите забелешки за ДУП за „Голем ринг“

Надлежните тврдат дека сите решенија во планот се во согласност со ГУП на Скопје

Општина Центар ќе им одговори на сите граѓани кои дале свои забелешки на Детаљниот урбанистички план за „Голем ринг“. По завршувањето на јавната анкета, која траеше 10 работни дена, планот заедно со анкетните ливчиња од месната заедница „Роберт Гајдиќ“ е однесен во општинските бараки. Таму, Комисија ќе ги разгледа, а потоа и ќе одлучува кои забелешки ќе се прифатат, а кои не. Како што информираат во општината, на сите ќе им биде стручно и аргументирано одговорено.

Сите решенија во предлогот на планот се во согласност со Генералниот урбанистички план на Скопје. „Во спротивно не би можеле ни да очекуваме дека планот ќе ги помине сите потребни инстанции, меѓу кои и добивањето согласност во Министерството за транспорт и врски“, велат од Општина Центар и додаваат дека на најавите од граѓаните дека општината и изработувачите на планот ќе добијат тужби, ќе се бранат со аргументи, особено со решенијата предвидени во ГУП.

Во месната заедница велат дека има доста забелешки на планот, но колку се негативни толку се и позитивни. На некои им се допаѓаат решенијата во ДУП-от, на некои не, а сите мислења се упатени во општината, нагласуваат оттаму.

Најголемите забелешки на граѓаните, жители на блоковите во Градскиот ѕид, се однесуваат на проширувањето на улицата „Даме Груев“ во булевар. Со тоа, сметаат тие, улицата ќе треба да се прошири на сметка на постојните паркинг- простори, кои пак ќе треба да се преместат во зелениот појас. Жителите се револтирани што ќе останат и без тоа малку зеленило кое го има во центарот на градот. Граѓаните се и против затворањето на Зелениот пазар, од кој со свежи продукти се снабдуваат огромен број скопјани. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=25F3B459A3B83A419C88EF63C4A24DB7




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 23:24
Општина Центар ќе одговори на сите забелешки за ДУП за „Голем ринг“
Не се сомневам дека ќе одговори, како што ми одговори мене на забелешката за Мал Ринг - Забелешката не се прифаќа, бла бла бла генерички бирократски одговор...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Aug-2008 at 23:56

Жителите РЕАгираат НА ИЗМЕНИТЕ НА ДЕТАЉНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

Наместо парк, ќе никнат згради кај Зелено пазарче

Ова е класичен метод на урбаната мафија за да се грабне центарот, ќе изградат објекти,а по неколку год ини, кога ќе прави повторна ревизија на планот, ќе ги внесат во него, вели архитект Петар Трајков

Преместувањето на Зеленото пазарче и неговото претворање во парк нема да се случи ниту по 100 години. Ова е само класичен метод на урбаната мафија да се грабне атрактивната локација за станбени згради, кога по неколку години кога ќе се прави ревизија на урбанистичкиот план. Ова го велат жителите од месната заедница „Роберт Гајдиќ“, кои се спротивставуваат на измените на детаљниот урбанистички план за „Голем ринг“. Тие се противат и на предвидената изградба на паркинг-простори во околината на Зеленото пазарче. Ова е класичен метод на урбаната мафија кој е осмислена за да се грабне центарот. Ова е само да ни ги замижат очите. Ќе изградат објекти, а по четири-пет години, кога ќе се прави повторна ревизија на планот, ќе ги внесат во него - вели градежниот инженер-архитект Петар Трајков, жител на Месната заедница.Жителите од месната заедница „Роберт Гајдиќ“ во писмото испратено до Општина Центар пишуваат дека се подготвени, ако треба, да ја бранат населбата со жив ѕид. Веќе се оди од стан до стан и се собираат потписи, кои со придружно писмо ќе бидат доставени до градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова. Тие најавуваат тужба против Општината и проектантот на планот, Институтот за просторно планирање и урбанизам (ИНПУМА) со барање да се изрече привремена мерка за запирање на сите активности до правосилната пресуда. За измените на ДУП тие ќе ги известат антикорупциската комисија и Јавниот правобранител.

Градоначалничката на Центар, Аларова, вели дека сите забелешки на измените на ДУП „Голем ринг“ поединечно ќе се разгледуваат до септември. Според неа, поголем дел од нив се однесувале на генералниот урбанистички план (ГУП) за Скопје, од каде што е преземено сообраќајното решение.Жителите се обраќаат на погрешна адреса. Сообраќајното решение е преземено од ГУП. Ние со жителите сме во постојана комуникација и контакт и им објаснуваме, но очигледно дека тие или не ги познаваат работите или погрешно се насочуваат. Нема ништо незаконско во планот, бидејќи за него согласност дадоа Министерството за транспорт и врски и Градот - вели Аларова.Според жителите, со претворањето на сите површини во паркинзи се одземаат сите детски игралишта, клупите за одмор, шеталиштата и се сечат четириесет години стари дрвја.Во паркинг-простор се претвораат и плочниците над подземните гаражи кои се нивни покриви од армирано-бетонски плочи. Тие се во приватна сопственост. Сопствениците имаат имотни листови. Армирано-бетонските плочи се димензионирани за пешаци, а не за возила. Вградените плочки воопшто не можат да поднесат автомобилски сообраќај - вели Трајков.

Жителите потенцираат дека на овој простор веќе има изградени паркинзи многу повеќе од потребите на населбата. Тие велат дека во претпладневните часови тука се паркираат автомобили од периферијата на градот, но и од градовите од внатрешноста на земјава. Возилата на жителите од овој крај не зафаќаат ниту 30 отсто од паркинг-просторите - вели Трајков.Посебна приказна за нив е проширувањето на улицата Даме Груев, која, според нив, наместо да се затвори, се претвора во булевар со сообраќај во двете насоки. Искуствата од другите градови во светот се дека строгиот центар треба да биде претворен во пешачка зона, а не како што предвидува планот, во паркиралиште - велат жителите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F86F7ED03D3FCE479AF8297399D59B74


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 00:09
Посебна приказна за нив е проширувањето на улицата Даме Груев, која, според нив, наместо да се затвори, се претвора во булевар со сообраќај во двете насоки


Ајде! Да се затворела Даме Груев... Многу јака логика нема што Roll%20eyes

Проширувањето е во ред, само неприфатливо ми е што карши собрание покрај проширување сакаат да збутаат и паркинг и тотално да го сотрат цело зеленило. Колку што можам да видам (за жал немаме квалитетни фото репродукции на ДУП-от) за во иднина не е планиран ниту дрворед таму...


За некои од другите забелешки на граѓаните се слагам, како што имам објаснето во досегашните постови.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Oct-2008 at 11:24
ПРЕЗЕНТИРАН ПЛАНОТ „ГОЛЕМ РИНГ-ЈУЖЕН ДЕЛ-ЗАПАД“
На секој чекор ќе се градат катни гаражи

Роза Петкова

Уште две катни гаражи ќе никнат во центарот на градот, едната зад хотелот „Бристол“, а другата зад зградите спроти соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Овие измени се предвидени со предлог-планот „Голем ринг- јужен дел - запад“, кој од вчера е отворен за јавна анкета на граѓаните. Тој се презентираше во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, иако овој план го опфаќа потегот од ТЦ „Рамстор“ до Владата, каде што се наоѓаат месните заедници „Шовељ“ и „Мирче Ацев“. Така, наместо засегнатите граѓани, присутни беа жителите од околината на „Зелено пазарче“, каде што се наоѓа оваа урбана заедница. Од Општина Центар велат дека јавната презентација ја организирале во „Роберт Гајдиќ“ бидејќи другите заедници немале соодветни просторни услови. Според планот, катна гаража ќе се гради на постојното паркиралиште кај зградите спроти Музејот на град Скопје, ќе биде висока 5,5 метри, со две нивоа и секое од нив ќе собира по 40 возила. Предвидено е да се прошири и парцелата на театар „Центар“. На местото каде што сега е сместено театарското бифе ќе се пробива улица која ќе се поврзе со уличката што излегува кај аптеката „8 Септември“ и се приклучува на булеварот Св. Климент Охридски. Проширена е и парцелата на гимназијата „Јосип Броз Тито“ со можност на доградба на уште еден кат, а поголем дел од игралиштето зад училишната зграда е прецртано како простор за зеленило, според намената која била предвидена во ГУП. Училиштето „Гоце Делчев“ добива површина за изградба на спортска сала. За градинката до полициската станица „Беко“ е предвидено поткровје, по барање на детската установа бидејќи сегашниот покрив прокиснува. Другата катна гаража, зад зградите спроти соборниот храм, ќе биде со иста висина и со приземје и еден кат. Под неа, во големина на целата парцела, е вцртан подземен паркинг, со можност да се изгради на две нивоа, а секое од нив ќе собира по 35 возила. Подземна гаража ќе има и под детското игралиште спроти кафулето „Мистер Џек“, наменета за 90 возила. Измени има и во делот околу соборниот храм. Зголемена е парцелата на која се наоѓа зградата на архиепископијата и предвидена е можност да се изгради уште еден кат, а зад храмот е вцртана маркица за нов објект на МПЦ со приземје и еден кат. - Првпат новите детални урбанистички планови даваат можност постојните објекти да имаат своја парцела, бидејќи со планот се врши парцелизација на просторот и секој ќе може во рамките на својата парцела да си го уреди просторот - вели презентерот Лидија Андреевска од фирмата „Инпума“, која посочи дека при планирањето на катните гаражи се внимавало тие да не ја надминуваат висината на меѓупросторот. Таа потврди дека во овој план намерно биле изоставени решенијата врз плочниците пред зградите од Градскиот ѕид да се исцртуваат паркинзи и посочи дека истите ќе бидат избришани и од претходниот план. Граѓаните од УЗ „Роберт Гајдиќ“, во отсуство на жителите за кои се однесуваше изложениот детален план, уште еднаш ја искористија можноста жестоко да реагираа на предлозите на Општина Центар пред нивните згради да се дигнат катни гаражи и нови паркиралишта, велејќи дека со тоа ќе им се загрози животната средина и просторот на кој нивните деца играа досега.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1536&ArticleID=101078

Кај беше тоа Роберт Гајдиќ?!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2008 at 18:34
Originally posted by lslcrew

Кај беше тоа Роберт Гајдиќ?!


41°59'26.69"N 21°26'3.35"E

Најдобро би било да отиде линеа, со неговата опрема (и ако има мирна рака) ќе извади најдобра фотка, зашто за вакви работи оштрината на сликата е многу битна.
Па ЛЛ, имаш ли време да завршиш работа? Big%20smile

Инаку за коментар по ДУП-от - некои работи ми бодат очи, но ќе почекам прво да го видам.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Oct-2008 at 21:08
Previous
Previous
Мммм....во ред, ќе гледам утре да ја завршам оваа работа. Само зависи дали е отворено и дали ќе ми дозволат да сликам.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2008 at 21:31
Па не мораш ба утре, ова сигурно ќе трае некое време (како што си е по пропис), али веројатно за да бидеш сигурен до крајот на неделата помини ако можеш. Инаку немај гајле, отворено е цело време и пристапот до просторијата е слободен (на први кат е), а жената што работи таму е љубезна и не верувам дека би имал било каков проблем. Па дури и некој да ти прави проблем, тоа е јавна анкета во јавни простории и не гледам со кое овластување некој може да ти забрани да сликаш.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2008 at 13:40
Еве уште еден текст околу новиот ДУП за Јужен дел - Запад со интересен детал.

1. 25 катница или било што висококано е супер идеја на таа локација. Но каква е таа 25 катница со намена култура и образование Crazy. Да не мати тука нешто Бојо Roll%20eyes
2. Зошто е потребна нова маркица за МПЦ за зградиче високо само 7 метри наместо на старото да му додадат уште еден кат (т.е. два ката бидејќи еден веќе додале)
3. Каква е таа надградба на ЈБТ?? Како му се става кат на објект кој е единствено логичен во овие димензии?
4. Пак глупави паркинг решенија. Ако под катна гаража мислат подземно и приземно ниво тоа е прифатливо. Но ако дигаат само еден кат во висина тоа е тешка глупост и грдотија.


СО НОВИОТ ДУП "ГОЛЕМ РИНГ-ЈУЖЕН ДЕЛ-ЗАПАД"
Театар "Центар" ќе стане 25 - катница
Уште по еден кат добија гимназијата "Јосип Броз Тито" и Македонската архиепископија

Бараките во кои сега е сместен Македонскиот народен театар, познат кај скопјани како театар "Центар", ќе се уриваат и на нивно место ќе се гради 90 метри висока зграда, која ќе има и приземје и 25 ката. Ова е предвидено со новиот детален урбанистички план "Голем ринг-Јужен дел-Запад", за кој во тек е јавна анкета во месната заедница Роберт Гајдиќ во Општина Центар. Маркичката на театар "Центар" со новиот план е проширена на сметка на дел од зеленилото и сегашното бифе на МНТ. Согласно планот, намената на новата зграда на местото на театарот е образование и култура. Како што најавија од Министерството за култура, во новата зграда ќе има простор и за театарот.
Гимназијата "Јосип Броз Тито" со новиот план добива уште еден кат, а основното училиште "Гоце Делчев" ќе се прошири за да се изгради фискултурна сала. Уште еден кат е доцртан и на маркичката на Македонската архиепископија, која се наоѓа веднаш до Соборниот храм. Архиепископијата сега ќе има приземје и два ката, односно ќе биде висока 12 метри, а зголемен е и габаритот и ќе има вкупна површина од 3.450 квадратни метри. Во дворот на храмот "Св. Климент Охридски" од задната страна, за потребите на Македонската православна црква, вцртана е маркичка за нова зграда која ќе биде висока 7 метри, односно ќе има приземје и еден кат, со вкупна површина од 706 квадратни метри.
Планот предвидува изградба и на подземен паркинг зад Домот на градежниците, како и две катни гаражи со приземје и кат, односно едната спроти ТЦ"Рамстор", а другата меѓу зградите на булевар Партизански одреди спроти Соборниот храм.
Со овој план урбанистички се уредува просторот меѓу реката Вардар на север, булеварите ВМРО и Даме Груев на североисток, булевар Мито Хаџивасилев - Јасмин на северозапад и булевар Свети Климент Охридски на запад. Изготвувач на ДУП-от е проектантската куќа"ИН-ПУМА".


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158867&idg=8&idb=2510&rubrika=Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2008 at 15:08
За скоро време ќе ги аплодувам сликите од ГУП-от, ги сликав денес...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:02
1.


2.


3.


4.


5. Легендата



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:12
Thumbs%20Up

Само дај стваи thumbs  до поголема резолуција


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Oct-2008 at 23:51
ете им го облакодерот во центар LOL, го ставија на правото место (за наши услови е облакодер)
одлична локација и претпоставувам совпаѓање со околината на пр. НИП
само не го сфаќам додатокот на ЈБТ и мислам дека нема никаква потреба од него
п.с. ова ќе биде највисоката зграда во скопје ако ја изградат Cheers



Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Dec-2008 at 15:02
ДУП Голем ринг (јужен дел - запад) во поголема резолуција


1. http://dc101.4shared.com/download/77397390/5b4f9894/DSC03857.JPG?tsid=20081224-085834-221e9a9b - http://dc101.4shared.com/download/77397390/5b4f9894/DSC03857.JPG?tsid=20081224-085834-221e9a9b

2. http://dc101.4shared.com/download/77397393/c246c92e/DSC03858.JPG?tsid=20081224-090458-2fc02214 - http://dc101.4shared.com/download/77397393/c246c92e/DSC03858.JPG?tsid=20081224-090458-2fc02214

3. http://dc101.4shared.com/download/77397949/9aaadbab/DSC03859.JPG?tsid=20081224-090426-9946f436 - http://dc101.4shared.com/download/77397949/9aaadbab/DSC03859.JPG?tsid=20081224-090426-9946f436

4. Легенда 1
http://dc101.4shared.com/download/77397956/130ef77b/DSC03860.JPG?tsid=20081224-090347-5c0ab5d9 - http://dc101.4shared.com/download/77397956/130ef77b/DSC03860.JPG?tsid=20081224-090347-5c0ab5d9

5. Легенда 2
http://dc101.4shared.com/download/77397955/8a07a6c1/DSC03861.JPG?tsid=20081224-090308-afbee9fa - http://dc101.4shared.com/download/77397955/8a07a6c1/DSC03861.JPG?tsid=20081224-090308-afbee9fa


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jan-2009 at 17:48


Иако со задоцнување сепак да искоментирам, барем некои работи на кои се немаме осврнато.


1. Најпрвин ако знае некој да разјасни што е тоа „градителско наследство - објекти со втор степен на заштита“.
Се обидов да се информирам на нет, но по се и сешто што прочитав останав скоро исто збунет. Прашањето е битно бидејќи низ ДУП-ов се расфрлани бројни такви објекти, а особено бодат очи оние два на Бул. Климент Охридски без чие рушење ќе останеме со исцепкан тротоар, небеезбедно решение и лоша слика за булеварот.
Ако се суди според овој напис ( http://www.vest.com.mk/default.asp?id=892&idg=1&idb=173&rubrika=Revija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=892&idg=1&idb=173&rubrika=Revija ), тогаш ваквите објекти можат да се урнат. Но тогаш зошто во Маџир Маало се проблематизираат огромни проекти заради неколку објекти од втора па и трета категорија. Мотивите се очигледно други, но сепак останува прашањето што точно значат овие категории на заштита и колку доследно се спроведуваат... и нормално какви последици ќе има тоа врз овој дел од Голем Ринг.


2. Друга голема нејаснотија ми е шинската траса која е вцртана по Бул. Партизански Одреди. Дали тоа треба да значи дека во тунелот шинскиот коридор се планира да биде централно поставен (што е логично, но е во спротивност со тоа како импровизираат со моменталните планови за трамвајот) и како тоа вкрстување планираат да го изведат на терен Question
А и самиот коридор... Онаа кривина која е вцртана поради Тифани е премногу неспретна. Ваљда ќе се бара начин тоа поелегантно да се реши...


3. Даме Груев е планирана како булевар со профил 2х2 (ширина на лента 3,25m) и тротоари 2х4m.
Но во делот пред вкрстувањето со Улица Македонија нема доволно простор. Оваа зграда ( 41°59'32.23"N  21°25'46.65"E ) е предвидено да се руши и има нова маркица за зграда која добро ќе се вклопува во просторот, но проблемот малку позападно кај Југобанка останува. Таму нема простор за булеварско решение без силно редуцирани димензии и на лентите и на тротоарите, што секако е лошо решение.
Поради тоа, а и поради интегрирање на третиот дел од Улица Македонија во пешачката зона, да го спомнам уште еднаш муабетот за подземна траса на Даме Груев во тој краток дел и подземна врска со М.Х.Јасмин, под Улица Македонија. Занчи резимирано, решение и за Даме Груев и за компактна пешачка зона се до старата железничка станица би било:
Кратки подземни сегменти на Даме Груев и М.Х.Јасмин и нивно порзување со подземна врска под пешачката зона. Сето ова може да се изведе релативно ефтино во dig & cover тунели.


4. За онаа стара станбена грдосија позади Гема (8.7) е предвидена доградба/надградба, а објектите што потенцијално би ја затскриле се стопирани. Сметам дека за 8.6 (која и сама по себе е грда) треба да се одобри маркичка со иста висина како Гема, со што би се мотивирал инвеститор под итно да се изгради нешто ново таму, а со тоа не само да се тргне постојната грдосија туку да се покрие и станбената грдосија што ја спомнав. Истото важи и за нискиот дел од Трготекстил зградата (8.8), која е понова и би можела добро да помине и со шминка, но сепак и таму останува проблемот со висината. Можеби пречка за оформување на убаво лице према М.Х.Јасмин е токму залепеноста на станбената старудија со овие две згради и терасите од таа страна, но за тоа мора да се најде решение. Во тој дел се оформува модерен деловен кварт и онакви флекосани згради немаат место, а уште помалце па да имаат поглед на главните улици! Па дури и да стане не знам каква убавица со предвидената доградба/надградба (во што апсолутно не се надевам), останува проблемот со лошата висинска и воопшто просторна ускладеност на целината.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Jan-2009 at 18:47
@ cloverstack Thumbs%20Up
dali mozete vie  ili drugite da nacertate vo edna mapa sekade kade e nesto planirano
vo edna slika ce imame se, vaka samo so zborovi ne mozes bas se da razberish
dobra idea neli?Big%20smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Feb-2009 at 12:51

Планот за Зеленото пазарче пред советниците од Центар
Скопје
Деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток, кој го опфаќа просторот околу Зеленото пазарче и околу зградата на Сојузот на синдикатите може да биде усвоен в понеделник, на седницата на советот на општината Центар. Со овој план, кој предизвика голем број реакции кај локалните жители, се предвидува Зеленото пазарче да стане парк, да се изградат нови катни гаражи, како и неколку помали паркчиња да се претворат во паркиралишта или во сервисни улици.

Жителите на овој дел од центарот најавија дека ќе присуствуваат на седницата, бидејќи сметаат дека планот што ќе се најде пред советниците е изменет и не е истиот што бил изложен на јавната анкета што се одржа во месната заедница „Роберт Гајдиќ“. Од општината, пак, се воздржуваат од коментари бидејќи планот се уште не е усвоен.

- Велат дека сме поднеле само десет анкетни листа, а имаше над илјада. Ни ги уважија забелешките да не се прават паркинзи врз плочниците, и ништо друго. Како и да е, ако има и најмали промени, треба да има нова јавна анкета - велат граѓаните.

Како и за Малиот ринг, и за овој план има негативно мислење од градскиот сектор за урбанизам. Градските власти забележуваат дека иако во основа се почитуваат намените од генералниот урбанистички план, сепак имало неколку пропусти. Така, на место предвидено за сервисни дејности е предвидена катна гаража, а на локација за објекти од културата и науката се впишани деловни простории. Оттаму не се согласуваат и со сообраќајните решенија.

Граѓаните, пак, најмногу реагираат на тоа што ќе се пробиваат нови улици меѓу зградите, со кои треба да се спојат сообраќајниците Мито Хаџивасилев Јасмин кај Цветниот пазар и Даме Груев зад Собранието. Според нив, новите коловози ќе станат премногу прометни и со тоа ќе се загрози нивната безбедност.
Освен за овој план, в понеделник советот на Центар ќе расправа и за деталните планови Дебар Маало 2 и Тасино Чешмиче.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=311&ArticleID=17586 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=311&ArticleID=17586
 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Feb-2009 at 13:13
Жителите на овој дел од центарот најавија дека ќе присуствуваат на седницата, бидејќи сметаат дека планот што ќе се најде пред советниците е изменет и не е истиот што бил изложен на јавната анкета
Од општина центар ништо не би ме изненадило. Доколку е вистина тоа е чист криминал и некои би требало да одговараат! Макар и измените да се однесуваат само на добронамерно прифаќање на конструктивни забелешки од граѓаните (во што воопшто не верувам), новиот план мора да се стави на увид. На крајот на краиштата од каде ќе знаеме што е изменето доколку се турка на ваков начин???


Велат дека сме поднеле само десет анкетни листа, а имаше над илјада.
Не знам баш за над 1000, ама и 10 ми звучи подеднакво изместено. За некои 20-30 минути додека јас бев на местото каде што беше изложен планот се пополнија 2 анкетни листа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2009 at 14:59
Овие луѓево од центар уште не ми се јасни. Еве сега се бунеле тревниците да не станат паркинзи, а од друга страна па се бунат кога немаат паркинг место.  Стварно се понашаат како разгалени деца. Во централно градско јадро сакаат да живеат во резерват кој што ќе биде исклучиво нивен простор. Од една страна заслужуваат ова што им го прави центар, а од друга страна па центар воопшто не е во ред што го прави со нетранпарентноста!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 19:22
И ПОКРАЈ ПРОТИВЕЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ
Усвоен планот за дислокација на Зелен пазар
Жителите најавија дека ќе го обжалат планот на Уставен суд и нема да дозволат да се изгради нова сообраќајна зона кај Градски sид

Жителите од Градски sид вчера не успеаја да ги убедат советниците од Центар да го симнат од дневен ред деталниот урбанистички план "Голем ринг- јужен дел - исток". Тие збунети и револтирани ја напуштија вчерашната седница на Советот каде што планерите од проектантската куќа ИНПУМА се обидоа да им објаснат кои се измените со новиот план. Жителите на овој дел од Центар бараа да се одложи донесувањето на планот за да можат да ја разгледаат неговата финална верзија, бидејќи сметаат дека со изградба на сервисни улички меѓу блоковите на Градски sид и маркичката за анекс на блокот 8 од Градски sид ќе ќе уништи нормалното живеење. Тие се плашат дека со сервисните улици, со кои треба да се поврзат улиците Даме Груев и Мито Хаџи Василев - Јасмин низ Градски sид ќе се создаде нова сообраќајна зона, од која тие ќе бидат директно загрозени.
"Ако го усвојат планот, ќе го обжалиме на Уставен суд, а ако треба и со жив sид ќе ги спречиме да направат градилиште од Градски sид", рече Трајко Димитров, жител на Градски sид.
Планерката Силвана Ванева од ИНПУМА објасни дека сервисните улици и анексот на блокот осум, кој треба да биде висок 18 метри, е преземен од стариот план од 2001 година и оти со сервисните улички меѓу зградите ќе им овозможи на жителите полесно да излегуваат и да влегуваат со нивните возила. Таа објасни дека на барање на граѓаните, избришана е катната гаража кај "Автомакедонија" и оти место гаража, предвиден е паркинг за 45 возила. На барање на граѓаните на јавната анкета, избришани се и предвидените паркинзи пред зградите. Советот на Центар, и покрај забелешките од жителите, вчера доцна попладне го усвои новиот ДУП "Голем ринг - јужен дел - исток" кој, меѓу другото, предвидува дислокација на Зелен пазар, спротивно на забелешките на жителите. Според планот, просторот на денешниот пазар треба да стане парк. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163327&idg=9&idb=2595&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163327&idg=9&idb=2595&rubrika=Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Feb-2009 at 19:57
Wallbash
сервисни улички се бе не се булевари, а и плус им објасниле дека ќе им користат, зошто се бунеле?
и зошто наместо катна гаража да има паркинг?
значи стварно народов е...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 20:17

aah kostovski ce go brisime uste malce,  a na alarova sto da im prajme?'

zosto parking a ne katna garaza?? katna garaza e so katovi a parkingot  nema katovi
ne znam sto pravaat
mislat samo gluposti


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 20:35
Збогум, Зелено пазарче
Скопје
По долга и бурна расправа во која беа вклучени и дваесетина жители на центарот, мнозинството советници во општината Центар го усвоија деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток, кој го опфаќа појасот од улицата Македонија спроти хотелот „Бристол“, преку Зеленото пазарче и Градската болница, до зградата на Сојузот на синдикатите.

Со оваа одлука пазарчето престана да постои на хартија. Тоа треба во иднина да се претвори во парк, а сегашните слепи улички во неговата поширока околина да се поврзат меѓусебно и да се овозможи директна врска меѓу еднонасочните сообраќајници Даме Груев зад Собранието и Мито Хаџивасилев Јасмин покрај Старата железничка станица. Треба да се урне една зграда и, наместо неа, да се догради анекс на Градскиот ѕид, во кој ќе се сместат нејзините жители. Предвидена е и една катна гаража, пред зградата на синдикатите.

Жителите на овој дел од центарот уште од минатото лето реагираат на решенијата во планот, пред сè на поврзувањето на сообраќајниците, сметајќи дека тоа ќе придонесе за огромен метеж и загадување во нивното маало, бидејќи требало да се исечат и голем број педесетгодишни липи. На вчерашната седница присуствуваа дваесетина граѓани, меѓу кои претседателот на ССМ Ванчо Муратовски, пратеникот од НСДП Горан Мисовски, универзитетски професори, архитекти и други јавни личности.

- Ние што живееме таму, околу 1.500 до 2.000 луѓе, ќе треба да се иселиме за да се задоволат нечии потреби со кои ќе ни се уништат нашите нормални услови за живот. Со новите улици некои згради ќе станат сообраќајни острови, а безбедноста на станарите ќе се загрози. Веројатно и со овој план некој сака да ќари, како да му беа малку осум години. За жал, во Македонија силата не моли Бога, па и ова ќе помине. Но ние нема да застанеме. Ќе се обратиме до Уставниот суд, а како инструмент секогаш ни останува и живиот ѕид, за да спречиме нешто таму да се гради - рече Муратовски пред седницата.

Неговиот сосед, архитектот Трајко Димитров, додаде дека испратиле забелешки за планот во сите институции, почнувајќи од претседателот и од Владата, до антикорупциската комисија. Тој реагираше на начинот на кој се спровела јавната анкета, бидејќи, како што објасни, се собрале многу повеќе потписи отколку што биле пријавени.

- Законодавецот направил атомизација на граѓаните со тоа што овозможува на јавната анкета секој да поднесе забелешка поединечно. Не е овозможена групна реакција, за навистина да се види волјата на народот - истакна тој.

На седницата, пак, жителите реагираа дека планот што е ставен на усвојување не е истиот што бил на јавната анкета, односно имало измени. Затоа побараа да не се гласа за него.

- Јас не сум стручен и тука сум како граѓанин, а не како пратеник. Но решенијата се глупави. Ќе добиеме трипати поголем сообраќаен метеж со овој план - рече пратеникот Горан Мисовски.

Неговата дискусија постојано ја прекинуваше Владимир Здравев, претседателот на советот, кој му порача да не прави политички маркетинг.

Соња Шумкова, раководителката на општинскиот сектор за урбанизам, рече дека планот има мали измени во однос на тој што бил на јавната анкета, но тоа било бидејќи се прифатиле забелешките на граѓаните, пред сè плочниците над гаражите да не се претворат во надземни паркинзи, туку да останат пешачки површини.

Граѓаните постојано се јавуваа за збор, забележувајќи дека ќе се намали количеството на кислород и ќе се загади околината, а пренесоа изрека и од Индијанците од Америка: „Кога ќе го исечете последното дрво и ќе ја загадите последната река, ќе видите дека не може да се живее од мочуриштата“.

- Граѓаните се очигледно изманипулирани за некој да освои десетина гласа на претстојните избори. Наместо конкретни забелешки, зборуваат за загадување, Индијанци, племиња... Јас триесет години живеев таму и сметам дека со овој план ќе се подобрат условите. Сообраќајните решенија значат подобра комуникација. Полесен влез на противпожарните или на амбулантните возила, ако има потреба. А Градскиот ѕид е усвоен на светски јавен конкурс, па затоа треба да се спроведе. Што се однесува до планот, тој е ист со важечкиот што бил усвоен во 2001 година. Некои советници тука тогаш гласале „за“, а сега реагираат, за да соберат поени - рече претседателот Здравев.

По неговата дискусија планот се усвои со 13 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.





„Леле синко, ќе ми направат булевар до влезот“

И советникот Владимир Бахчовановски, директор на „Македонски шуми“, смета дека граѓаните што реагираат се изманипулирани во политички цели.

- Кога траеше анкетата ми се јави мајка ми и ми рече: „Леле синко, булевар ќе ми изградат до зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе немаат каде да живеат“. Но произлезе дека тоа воопшто не е така и дека со планот се подобруваат условите за живот. Ова беше само маркетинг - рече тој.

Според него, рак-рана на овој простор е токму Зеленото пазарче, а со деталниот план се решава овој голем проблем.

- До 1990-тите проблемот не беше толку голем, бидејќи на пазарчето не се продаваше сè и сешто. А сега секое утро од четири до шест часот таму има кванташки пазар. Доаѓаат камиони што испуштаат штетни издувни гасови, а од кои се продава стоката за на тезгињата. Преку целиот ден, пак, хаосот е огромен, бидејќи на пазарот има од игла до локомотива. Затоа е вистински потег таму да се направи зелена површина. Што се однесува до зеленилото што треба да се сече, пак, сите треба да знаат дека сè си има свој рок, па и тоа треба да се замени, за да не стане опасно - смета Бахчовановски.

Г.Т.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=313&ArticleID=17746 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=313&ArticleID=17746


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2009 at 21:46
„Леле синко, булевар ќе ми изградат до зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе немаат каде да живеат“
Добро бе луќево што мислат дека уште е турско ропство, дека е уште римска империја, дека е 45-та. Како може уште никој да не сваќа дека земање имот и обештетување имот не е исто. Како така ќе немаат кај да живеат. Што тресе и таа кокошка?!!!! Булеварот и треба да и биде под пророз, пошто сака да живее госпожата у центар, епа живеењето у центар снони и булевар под прозор! Неможе веќе да павиме резервати со мирна селска идила во сред центар! Веќе граќаниве кај мене ја изгубиле поддршката оддамна. А на пат се да ја изгубат и кај други сограќани!


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 10-Feb-2009 at 22:17
Originally posted by lslcrew

„Леле синко, булевар ќе ми изградат до зградата, нема да можам да си влезам дома. А соседите ќе ги урнат, ќе немаат каде да живеат“
Добро бе луќево што мислат дека уште е турско ропство, дека е уште римска империја, дека е 45-та. Како може уште никој да не сваќа дека земање имот и обештетување имот не е исто. Како така ќе немаат кај да живеат. Што тресе и таа кокошка?!!!! Булеварот и треба да и биде под пророз, пошто сака да живее госпожата у центар, епа живеењето у центар снони и булевар под прозор! Неможе веќе да павиме резервати со мирна селска идила во сред центар! Веќе граќаниве кај мене ја изгубиле поддршката оддамна. А на пат се да ја изгубат и кај други сограќани!


Нејќам да бидам вулгарен и навредлив и, но мислам дека општиот став на “граѓаните“ дека строгиот центар на градот треба да има широки пасишта и тараби, го открива потеклото на граѓаните на нашиот град. Стварно не ми е намерата да ширам омраза, и да заговарам против некого, но за мене овој генерален став е на навистина индикативен. Особено ме интересира (вашето мислење) дали општо прифатеното “ќе одам  во град“ е резултат на потеклото на населението, или можеби е тоа резултат на иманентно градските својства кои ги открива центарот на градот (малиот ринг). Веројатно е претерано да го мислам второто, но верувам дека тоа помага во интензивното користење на таа фраза....



Print Page | Close Window