build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Голем Ринг
    Posted: 10-Mar-2008 at 08:00
Оваа нишка е наменета за сите поединечни дупови од Големиот Ринг


Edited by Cloverstack - 12-Aug-2008 at 23:01
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Mar-2008 at 00:10

Усвоен Нацрт - планот за Голем ринг


Скопје доби свој Менхетен


Идејата на идејниот творец Кензо Танге, центарот на Скопје да добие стокатница и повеќенаменски резиденцијален комплекс се реализира. Вчера Советот на Општина Центар го усвои Нацрт-планот за Голем ринг, со што се овозможи на површината од околу 9 хектари кој го опфаќа паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" и околните куќи, да се пренамени за изградба на лускузен комплекс со објекти за комерцијална и јавна намена, како и за сервисни функции.
Со планот се овозможува изградба на три облакодери на призмје и 98 ката, со висина до 300 метри. Се предвидува и изградба на интернат, апартмани, а овозможена е и изградба на училишта, кина, деловни простории, како и подземен паркинг на три нивоа.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C70056EDA9AFF24BA8195C9444559D5B


Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Mar-2008 at 01:33

УСВОЕН ДЕТАЉНИОТ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД ГОЛЕМ РИНГ

Стокатниците влегоа во урбанистичкиот план

Облакодерите ќе бидат високи до 300 метри, ќе имаат приземје и 98 ката, а ќе служат за колективно домување, привремено сместување, јавни институции и за комерцијални и деловни намени

Советниците од Општина Центар вчера го усвоија предлог-детаљниот урбанистички план за дел од Голем ринг, кој предвидува да се градат три стокатници на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“. Со тоа Владата може да почне да бара инвеститори што би се нафатиле да ја реализираат идејата за изградба на Менхетн во Скопје.  Со овој план, кој опфаќа површина од девет хектари, предвидени се само две градежни парцели, од кои на првата е маркичката за трите згради. Нивната максимална височина е предвидена на 300 метри, односно објектите ќе имаат приземје и 98 ката. Намената на облакодерите е колективно домување, привремено сместување, јавни институции и за комерцијални и деловни намени. Трите кули ќе бидат заемно поврзани со блокови, кои каскадно ќе се спуштаат кон кејот на реката Вардар. Планот пред советниците го образложи Лидија Андреевска од „Инпума“, која нагласи дека во согласност со Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање во една градежна парцела има една површина за градење, на која може да се гради само една градба. Стокатниците се комплексни градби, составени од повеќе површини за градење во една голема градежна парцела, па затоа за нив ќе треба да се прави и посебен урбанистички проект.

- Овој план не може веднаш да се реализира, туку претходно мора да биде изработен урбанистички проект, односно идејни архитектонски решенија за објектите и за потребната инфраструктура. Врз основа на овој проект, самиот инвеститор ќе одлучи дали сите три згради ќе имаат 98 ката или само една или две од нив - вели Андреевска. Паркирањето е решено со подземен паркинг на три нивоа, кој ќе се опслужува со еден крак од подземната сообраќајница што треба да минува низ центарот, а која не е изградена. Предвидени се неколку пристапи кон паркингот, два од булеварот Кочо Рацин, два од улицата Мирче Ацев и еден од улицата Васил Аџиларски. За да се обезбеди непречено функционирање на сообраќајот во оваа парцела, ќе треба да се изгради и сервисна улица што ќе се движи прстенесто и ќе ги тангира постојните сообраќајници.  Во втората градежна парцела предвидено е партерно зеленило, во кое меѓу другото влегува и Кејот на реката Вардар. Советниците од опозицијата гласаа против планот, оти не веруваат во него.

- Како ќе се реализира овој план кога инфраструктурата не е изградена, а сообраќајното решение не задоволува? Станува збор за премногу скап план за наши услови. Згора на тоа, овде е сеизмичко подрачје, па се поставува прашањето за стабилноста на стокатниците. Се плашам и не верувам дека планот ќе се реализира. Мислам дека ќе остане само на хартија - вели советничката Нада Зрмановска од СДСМ. Од друга страна, претседателот на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев рече дека е редно на младите генерации да им се остави модерно Скопје, а не да се исцртуваат само куќарки и септички јами.Инаку, на јавната анкета организирана во врска со предлогот за стокатниците се јавиле само тројца граѓани. Иако претходно жителите на Ново Маало беа категорично против стокатниците, сега во сите три анкетни листа граѓаните искажале поддршка за планот и побарале да бидат соодветно обесштетени за своите имоти кога ќе се случи реализацијата на амбициозното урбанистичко решение. На седницата беше кажано дека комплекс со три висококатници на овој простор бил предвиден уште во детаљниот план на архитектот Кензо Танге, донесен во 1969 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5B369B4F22E1214CB4B66487D7F19706

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Mar-2008 at 02:01
А за изградба сега кој треба да распише тендер?! Владата или градот или па општина центар?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Aug-2008 at 13:12
Знае некој каде точно е оваа урбана заедница „Роберт Гајдиќ“?

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=838C11358BC96B4CB4D6940128A91680

Јавна анкета за ДУП „Голем ринг“

Предлог-детаљниот урбанистички план за дел од „Голем ринг“ е изложен на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, која се наоѓа кај Зеленото пазарче. Граѓаните и правните лица можат да пополнат анкетни листови и да го изнесат своето мислење за планот до недела.Решението за јавна презентација и јавна анкета на овој план Општина Центар го донесе на крајот на минатиот месец. Како што информираат од Општина Центар, Предлог-детаљниот урбанистички план ќе биде изложен секој работен ден од 10 до 18 часот.Овој план го опфаќа просторот: на север улицата Мирче Ацев, на северозапад булеварот Даме Груев и улицата Војвода Васил Аџиларски, на југоисток границата е по булеварот Кочо Рацин, на југозапад по булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и на запад по улицата Македонија.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Aug-2008 at 09:46


Ќе се обидам после да отидам таму па ако ја најдам ќе ти кажам. Во меѓувреме...

Зелено пазарче ќе се премести кај Цветен пазар

Од „Скопски пазар“, кој е сопственик на земјиштето, засега нема коментар за намерата да се направи парк на таа локација


Жителите од околните згради наместо низ пазар, ќе шетаат во парк

Зелено пазарче во центарот на градот ќе се премести кај сегашниот Цветен пазар кај Старата железничка станица. На местото од пазарчето ќе се направи парк. Ова се предвидува со најновите измени на Детаљниот урбанистички план за дел од „Голем ринг“ во централното градско подрачје.Со измените на ДУП ќе се дозволи на сите стари згради околу пазарчето што имаат рамни покриви да се изградат потпокриви со коси покриви. Со измените се предвидува да се пробијат неколку нови сервисни улици. На тој начин ќе се олесни пристапот на жителите од околните згради до паркинзите.

Зелено пазарче е во сопственост на „Скопски пазар“. Компанијата пред неколку години го откупи земјиштето под пазарчето со површина од 2.300 квадратни метри по цена од 10 евра за квадрат. Од „Скопски пазар“ вчера не добивме одговор за нивниот став околу дислокацијата на Зелено пазарче, со образложение дека надлежните се на годишен одмор.Измените на ДУП се изложени на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Граѓаните ќе можат да дадат забелешки на планот до недела. Покрај пазарчето, ќе се преместат и сите објекти и магацини на локацијата. Ќе се дислоцира и бараката зад зградата на дирекцијата на „Макпетрол“- вели Катерина Додевска, технички секретар на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Според подготвувачот на измените и дополнувањата на планот, архитект Лидија Андреевска од Институтот за просторно планирање, урбанизам и сообраќај (ИНПУМА), со Генералниот урбанистички план за Град Скопје на локацијата на Зелено пазарче се предвидува парковско зеленило и детаљниот план мораше да се усогласи со него.Со измените на овој план се предвидува изградба на две катни гаражи. Едната пред Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, а другата на паркингот кај „Автомакедонија“. Катната гаража пред Работничкиот универзитет ќе биде со висина од 15 метри и ќе биде со капацитет за 630 возила. Таа ќе има приземје, четири ката и потпокрив. Површината на оваа локација е 2.702 квадратни метра, а површината на градба 2.372 квадрати. Парцелата на која ќе се гради втората катна гаража ќе биде со површина од 1.227 квадратни метри и со исто толкава површина на градба. Ќе биде висока 5,5 метри. Таа ќе има приземје и еден кат.

- Овие нови објекти се преземени од ДУП од 1999 година. Со тој урбанистички план беа предвидени токму овие две катни гаражи - вели Андреевска.Во паркот на третиот дел од улицата Македонија кон Музејот на град Скопје е предвидено поставување на три спомен-обележја, како и фонтана спроти кафулето „Плеј“.Овој ДУП опфаќа површина од околу 17 хектари на просторот ограничен со улицата Мирче Ацев, булеварот Даме Груев, улицата Војвода Васил Аџиларски, булеварите Кочо Рацин и Мито Хаџивасилев Јасмин и улицата Македонија.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E2B23C45BF84D498F26133375C651E9

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Aug-2008 at 00:16
Еве и дополнително инфо за Голем Ринг

Дозна некој кај е збутана таа урбана заедница „Роберт Гајдиќ“? Понеделник е последен ден да се отиде!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE1632600FB6994EB8B269B55027640F

Со ДУП се предвидува изградба на парк на местото на Зелено пазарче

Дел од граѓаните прашуваат како ќе се гради парк на земјиште во сопственост на „Скопски пазар“!?

Снежана Калабакова

Јавната презентација и анкета на Деталниот урбанистички план за „Голем ринг“ во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ деновиве предизвикува голем интерес кај жителите во околината на Зеленото пазарче. Новината за дислокацијата на пазарот и изградба на парк ја поздравуваат најголем дел од граѓаните, а дел од нив се зачудени како е можно да се гради парк кога се знае дека „Скопски пазар“ е сопственик на земјиштето. Лидија Неделковска, одговорна за информирање во Општина Центар, тврди дека кога се правел ДУП-от, биле земени предвид катастарските парцели и ДУП бил пресликан врз основа на Генералниот урбанистички план и тука нема ништо спорно. Од „Скопски пазар“, поради годишните одмори на раководството, немаше кој да потврди дали земјиштето на кое Центар планира да гради парк е во негова сопственост. Засега никој не зборува каде ќе се пресели пазарот.

ДУП-от предвидува и две катни гаражи, сервисни улички, можност за покривање дел од пониските згради и рушење на малата зграда спроти „Максигнал“, со што се согласиле станарите. Тие ќе се вселат во новоизградениот анекс кај сегашна Тутунска банка. Планот предвидува првата катна гаража со висина П+1 да биде во висина на мезанинот на кулите и ќе се изгради на просторот на постојниот паркинг на салонот на „Авто Македонија“. Предвидената парцела е со површина од 1.227 квадратни метри и ќе располага со 160 паркинг-места. И сегашниот плочник зад блокот во кој сега се наоѓа продавницата на „Краш“ е предвиден за паркирање, како и пред сите други блокови. Втората катна гаража ќе биде лоцирана на простор од 2.702 квадратни метри спроти ГТЦ, односно хотелот „Холидеј ин“. Ќе биде висока 15 метри и ќе располага со 500 паркинг-места.

„Помеѓу Собранието и Заводот за статистика ќе има новопроектирана улица, која всушност ќе претставува сервисна уличка за граѓаните од блок 1 и 3. Таа ќе се спојува од улицата ’Даме Груев‘ и со постојната ’Пушкинова‘. Нова уличка ќе има и помеѓу објектот на ’Макпетрол‘ и т.н. хармоника-зграда. На сите стари пониски згради околу пазарот и на онаа во која се просториите на СОЖМ на булеварот ’11 Октомври‘ новиот ДУП им дава можност за изградба на потпокриви. Тука, се разбира, не влегуваат кулите од Градски ѕид. ДУП-от предвидува и рушење на сите објекти на ’Скопски пазар‘ и сите мали дуќанчиња на двата влеза од булеварот ’Кочо Рацин‘“, објаснува Катерина Додевска, технички секретар во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“.

Границите на опфат на ДУП-от на север се простираат на улицата „Мирче Ацев“, а на северозапад по линија на улицата „Даме Груев“ и „Војвода Васил Аџиларски“. На југоисток границата оди по должината на булеварот „Кочо Рацин“, а на југозапад по булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Опфатот на планот на запад се движи по линија на улица „Македонија“.

Планот ќе биде изложен на разгледување од граѓаните до 12 август секој работен ден од 10 до 18 часот.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Aug-2008 at 12:16


Јас ќе гледам да отидам утре сигурно. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Aug-2008 at 16:44
Еве податоци за урбаната заедница од сајтот на општината. За жал адресата е без број, но барем како орјентир дека е на Кочо Рацин


Ул. „Кочо Рацин“ бб тел: 070/ 535-532, 070/ 747-810
Претседател: Душан Јосифовски
Технички секретар: Катерина Додевска

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 11-Aug-2008 at 15:05


едниот телефон е недостапен а другиот изглеа префрла на фиксна централа на некој локал и таму нормално никој не се јавува. Ај ќе се измкнам до пазарче па ваљда ќе го најдам ова чудо.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Aug-2008 at 15:25
Џуро, обавезно сликај, ја не можам да отидам... Wallbash

И прашај дали и утре ќе биде на увид (можеби е заклучно со 12-ти)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Aug-2008 at 15:58
Originally posted by Cloverstack

Џуро, обавезно сликај, ја не можам да отидам... Wallbash

И прашај дали и утре ќе биде на увид (можеби е заклучно со 12-ти)


Отидов јас наоружан со апарат ама за жал Робер Гајдиќ е изгледа во некоја друга димензија Wallbash

Свртев на телефоните уште неколку пати, на крај конечно добив одговор на вториот број на кое некое нељубезно говедо место ало, добарден или нешто слично ми кажа 'Кој си ти' нормално со многу дрска интонација. Не ни кажав два збора во обид да објаснам дека бројот ми е од општина центар и овој ми спушти слушалка. Повторно не ми дигна.

Ги претресов сите блокови на потегот од Кочо Рацин кај зелено пазарче ни трага ни глас од Роберт Гајдиќ. Ги претресов и блоковите во внатрешноста како и приземните објекти.

Прашав во едно 5-6 дуќана кои ми изгледаа староседелски на сите страни на зелено пазарче и никој не знаеше да ми помогне.

Сума сумарум општина центар продолжува со транспарентноста Roll%20eyes Wallbash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Aug-2008 at 16:24
Што да се каже... Ohno

Реков ја, у општина центар има доста материјал за стрељање...  Bash Bash Bash Bash Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Aug-2008 at 16:26
BTW, како ви звучи идејата сите да вртиме на тие телефони и да снимаме. Би бил интересен запис да се достави до медиумите. Тоа е класична злоупотреба на службен телефон и тотално неодговорно вршење на функција. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Aug-2008 at 16:36
070/638 043
овој број е даден на страната на општина центар за инфо во врска со овој дуп.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9022
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Aug-2008 at 15:33


овој телефон беше во ред лсл. За разлика од вчера, денеска ми се јави некоја жена тука, љубезно ми објасни каде е урбаната заедница, а и кога отидов таму беше услужна. Сепак би било фино подобро да ја обележат, денеска приметив дека на вратата има залепено еден А4 лист на кој е испечатено УЗ Роберт Гајдиќ. Инаку вчера повеќе пати поминав покрај објектот во кој е сместена. Да не должам еве ви ги урбанистичките планови во висока резолуција без никакво едитирање. За жал сликите каде ја зумирав легендата не излегле од некоја причина Ohno

Стариот план



Новиот план


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Aug-2008 at 15:45
Планов внесува значакни промени во овој дел од центарот, и добро е што тој пазар ќе го снема од строгото градско подрачје. Добро е што нема натрупано "нови маркици по нарачка од претпоставен", сватиле дека овој простор е веќе изграден и нема што да се гради нови објекти. Само изгледа дека ќе треба доста пари да се спроведе овој урбанистички план.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Aug-2008 at 16:01
Originally posted by lslcrew

Само изгледа дека ќе треба доста пари да се спроведе овој урбанистички план.


Зошто многу пари кога речиси ништо не се менува освен дислокацијата на пазарот? Или можеби пропуштам нешто големо???
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Aug-2008 at 16:58
Според мене нема којзнае какви промени во планов и не мислам дека ќе требаат којзнае колкави средства да се реализира.

Инаку покрај рокадата со зеленилото и пазарчето, најголема промена се двете катни гаражи, кои сега за сега фигурираат само како катни гаражи, без деловен простор или слично.
Единствена друга маркица е она докомплетирање на еден од блоковите од градскиот ѕид, а за нејзина реализација треба да се сруши едно старо објектче. Но тоа очигледно нема да биде класично дооформување на блокот, туку некој приватен инвеститор ќе гради нешто што само по габаритот ќе може да се квалификува така... Останува на вкусот и свеста на инвеститорот како ќе го изведе сето тоа и како ќе го вклопи со градски ѕид.

Сите оние други старудии од згради остануваат и им е дозволено да надградат „поткровје“. Какви карикатури ќе се изнагледаме во строгиот центар на градот и со излез на главните булевари, останува да почекаме и да видиме...

Другото се се нови улички и паркинг простори, така да по мое мислење сепак промените во планот не се премногу големи.

Највеќе ме буни она со зелениот пазар и како законот го има регулирано тоа прашање и дали навистина толку лесно ќе го дислоцираат (со оглед на тоа дека има приватен газда, кој без разлика на аферите и замерките, денес легално го поседува тој простор). Останува да видиме... Инаку на пазар од таков тип дефинитивно не му е местото таму, но и рокадата со зеленилото што ја направиле не ми се допаѓа баш многу (а прашање е и дали долгорочно сериозно се предвидува таму да има поголем парк, или е тоа само мачкање очи за да се смират граѓаните за одземање на друго зеленило).

Генерално имам поделени мислења за планов. Има добри тенденции, но има и лоши, пред се уништувањето на многу дрва и големи зелени површини. Мислам дека подземни паркинг простори требало да се користат поекстензивно, со цел да се сочува што повеќе од површинското зеленило.


Edited by Cloverstack - 09-Jun-2009 at 17:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 12-Aug-2008 at 20:08
Кога реков средства, мислев на многуте нови улички кои се предвидуваат.

Зеленилото не го жалам многу.

Во врска со комплетирањето на градски ѕид, тука мислам дека би требало ЈПССДП да го одработи ова исто како и реонски центар и други социјални станови. Сепак имаме искуство со приватните инвеститори. И нејќам уште поткровја низ сред центар.

Во планов има уште некои маркици за кои оддамна сметам дека треба да бидат избришани и да се иде со трева на овие локации. Поточно на овие локации има некои зградички од пред земјотресот збутани тамо внатре. Меќутоа очигледно станови се прескапи за да ги замениме со парк.


Edited by lslcrew - 08-Jun-2009 at 19:21
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.