Геотекстил
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3581
Printed Date: 18-Jul-2025 at 14:52
Topic: Геотекстил
Posted By: Влатко
Subject: Геотекстил
Date Posted: 31-Jan-2019 at 11:43
Дечки, разгледував низ форумов и не наидов на тема за геотекстил. Би сакал овде малку да поелаборираме за овој едноставен, ефтин но многу корисен материјал.
За почеток основни својства на геотекстилот:
- Геотекстилите се материјали кои можат да бидат ткаени и неткаени и се користат за геотехнички работи за одводнување поради заштита или подобрување на својствата на приментите материјали. Изработени се од синтетички влакна и тоа: полиестер, полипропилен, полиамид, полиетилен и др.
- Барани својства на геотекстилот се јакост на кинење при затегнување - од механички аспект и трајност на геотекстилот - од физичко - хемиски аспект.
- Горенаведените својства се добиваат во зависност од грамажата на метар квадратен. На пример 200гр./м2, 300гр./м2 итн.
- Геотекстилот најчесто се употребува при конструкција на сообраќајници при што се постила на планумот со цел да раздвои два различни слоја на пример земја и тампон. Го спречува мешањето на двата слоја а сепак функционира како филтрат кој ја пропушта водата. Исто така примена може да најде кај потпорни ѕидови во задниот дел каде што исто така функционира како дренажа. Одлична примена секако има кај бекатонските паркинзи и стази со две функции од кои првата е повторно разделување на два слоја (земја и тампон) и втората е спречување на вегетација да продре нагоре кон бекатонот. Со првата функција исто така се спречува и понатамошно деформирање на бекатонските површини.
За почеток, мислам дека тоа се основните функции на овој материјал, слободно додавајте примена и бенефит од истиот.
|
Replies:
Posted By: dareoh
Date Posted: 19-Apr-2019 at 21:05
Многу корисно нешто ако е некој заинтересиран имам многу м² неткаен фор сале 😁
|
Posted By: Влатко
Date Posted: 22-Apr-2019 at 07:31
колку грамски е и која му е цената?
|
|