Print Page | Close Window

Скверови (редизајн на површини) - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3728
Printed Date: 28-Apr-2024 at 00:38


Topic: Скверови (редизајн на површини) - Скопје
Posted By: stef4o
Subject: Скверови (редизајн на површини) - Скопје
Date Posted: 09-Jun-2020 at 13:26
Издвоив една посебна нишка за новонајавените скверови низ Скопје

.......

ЧЕТИРИ НОВИ СКВЕРОВИ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови.

Проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот се реализира изминативе 2 години од Градот Скопје и Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб). Главна цел на проектот е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема.

Во рамки на овој проект беше спроведено големо истражување - анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова. Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради 4 нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:


1.Помеѓу бул. Илинден и ул. Никола Тесла во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри.


2.Пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри.


3.Помеѓу бул. Јане Сандански и улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри.


4.На бул. Јане Сандански пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.

Ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jun-2020 at 16:11
Ви го преставуваме решението за редизајн на локацијата 📍 Мартиновски - Кале, изработено во склоп на нашата прва иницијатива за редизајн на јавен простор #РедизајнСкопје 1.0.









https://www.facebook.com/skopjelab/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 09-Jun-2020 at 20:26
Од 18 коментари на твитер, 13 се бунеж за „сквер“. Кој збор да го употребуваме? „ http://www.makedonski.info/show/%D1%81%D0%BA%D0%B2%D0%B5%D1%80/%D0%BC - Сквер “ е прифатен термин и означува „мал јавен парк, најчесто среде плоштад - во големи градови“. Би ги сковал „плошпарк“, „плоштадче“ и „гратстор“ (градски простор).

Идеја одлична, реализација ќе видиме. Некој на форумов веќе ја начна темата за видовите растенија, пред сѐ дрвја, кои се садат низ Скопје. Обраќа некој пажња за видот и нивниот пол (машките немаат плод, женските немаат полен, треба и на овие работи да се мисли).

Има уште локации. Што стана со останативе?
Originally posted by stef4o

Изработени 6 предлог концепти за редизајн на зелени јавни површини во Скопје
Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во изминатиот период работеше на иницијативата за редизајнирање на зелени јавни површини/паркови преку која градот Скопје ќе уреди 6 зелени површни кои досега не беа доволно искористени, а за да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.

1. ПРОСТОР СПРОТИ РАМСТОР/СТОПАНСКА БАНКА НА БУЛ.“ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ДО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА

2. ЗЕЛЕН ПРОСТОР КАЈ МАРТИНОВСКИ ПОД КАЛЕ

3. ПАРК ПРЕД ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА ДО ВЕРО МАРКЕТ

4. ПАРК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ДО ГРАДСКА КАФАНА ФУРНА

5. ПОТЕГОТ ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ –ПИТУ“, ОД НБРМ ДО МОСТ НА РЕКА ВАРДАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

6. ПАРК НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

https://www.skopjelab.mk/izraboteni-7-predlog-kontsepti-za-redizajn-na-zeleni-javni-povrshini-vo-skopje/?fbclid=IwAR3mfsspxGxnc_ByGGSCyqP9oQdcPqZkrCkgFdoLweTMrzsdEH89WHxRhXA


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jun-2020 at 16:01
Сквер е термин што го склопија медиумите кога политиката почна да ни ја сервира секоја поплочена површина како плоштад, и секое партерно зеленило како парк... не знам, немаме соодветен термин

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2020 at 15:59
Концептот за редизајн на локацијата Палма - Аеродром ќе се реализира!









https://www.facebook.com/skopjelab/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Jun-2020 at 15:20
Решение за редизајн на ул.Коле Неделковски-Скопје

Ова решение е предлог дизајн изработено во рамки на Иницијативата Редизајн на јавни површини 2.0.
Опис на постојна состојба: Највоочлив е проблемот со паркираните автомобили, како и низ целата населба. Улицата е станбена, на која најмногу се движат граѓаните кои живеат тука. И поркај тоа што во непосредна близина е Градскиот парк, улицата не е привлечна за случајни минувачи. Најголем дел од минувачите не се задржуваат на улицата, бидејќи нема никаква урбана опрема.
Сумирани резултати од теренското истражување: Дел од станарите се чувствуваат небезбедно на овој јавен простор, но не и минувачите кои поминуваат овде. Главен проблем на улицата што паркингот (кој не е доволен) пречи во функцијата. Живеат повеќе генерации и сите би сакале да можат да поминуваат поголем дел од времето на улицата, како еден заеднички простор.

Атмосфера на постојната состојба: Еден збор кој ја опишува улицат е: ‘натрупано’. Хаос од автомобили кои нерегуларно се паркираат по тротоарите, нерегулирани движења на сите субјекти и отсутност на антропоморфноста, препорачана за овој тип на улици.







повеќе за овој концепт

https://skopjelab.mk/redizajnskopje/proekt/kole-nedelkovski-b/?fbclid=IwAR23Mh6sjXkmgTqxFHtNj2xBvnmo7tPVrlytfSdY-uuBaYqcQ8tomsgu-jo


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jun-2020 at 17:31

не сфаќам, ова е делницата помеѓу Илинденска и Орце?
зошто толкав дел на улицата се блокира со жардиниери и како планираат комплетно да се отфрлат возилата од улицата, кога на објектите има гаражи?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jul-2020 at 16:14
Меѓу бул.Илинден и ул.Никола Тесла





...

Зад Млин Балкан





https://www.facebook.com/globalinzeneringint/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2020 at 15:18
Денес го споделуваме концептот за редизајн на јавната површина на Бул. Кузман Јосифовски - Питу, изработен во склоп на иницијативата #РедизајнСкопје.







локација



....
Она што треба да обезбеди оваа површина

Сегашната патека која води покрај кејот позади комплексот на банките отсекоаш била улица покриена со калдрма. Со тек на време е покриена со бетон, асфалт па и со бекатон плочки. Во делот кој поминува низ локацијата која се обработува, улицата која поминува во патека е обработена со бекатон плочки. Бидејќи подлогата за бекатон одговара и за калдрмата, бекатонот ќе се тргне, а на негово место ќе се постави калдрма за да се врати еден мал одблесок на минатото на Скопје.Делот на патеките кои се движат помеѓу издигнатите зелени површини а кои ги опслужуваат клупите ќе бидат покриени со крупни дрвени деланки, импрегнирани и обоени во интезивни бои.Предвидено е поставување на една јавна чешма со која минувачите ќе може да се освежат. Истата е превидена и за миленичиња на кои им е потребна вода. Чешмата ќе се постави на ивица на тротоарот кон крстосницата.
Ќе се постават модуларни лачни клупи без наслон, клупи опремени со приклучок за напојување на мобилни телефони, сет на клупи со масичка на која ќе може да се практикуваат мали игри (шах, домино и слично). Клупите со наслон ќе биде покриен со настрешници – перголи изработени од дрвени конструктивни елементи. Со тоа клупите ќе бидат заштитени од атмосферски влијанија – дожд, како и од сончевото зрачење во летно време. Просторот ќе биде покриен со безжичен интернет и со корпи за отпадоци.Целиот простор е осветлен со јавно осветлување со канделабри поставени долж тротоарите. Потребно е додадно осветлување на просторот каде се групирани местата за седење.
За делумна изолација на корисниците на скверот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај на околните сообраќајници се предвидува оформување на зелена површина, засадена со трева. Кон булеварот и крстосницата на парковската површина ќе се засади шпалир на украсни растенија.Издигнатите зелени површини над котата на тротоарот на улицата представуваат бариера за хаотичното движење на луѓето на овој простор. Со издигањето движењето се усмерува во одредени насоки и просторот кој секогаш бил прегазен веќе тоа нема да го доживува. Ѕидовите оформуваат корита кои ќе се наполнат со земја на која ќе се посади зеленило.
За одржување на зелените површини предвиден систем за наводнување кој ќе биде автоматизиран со прскалки поставени по ивица на тротоарите, патеката која оди низ средишниот дел на локацијата и во средишните места на зеленилото. Истиот ќе се поврзе со веќе постоечкиот систем за наводнување на зелените површини – систем „капка по капка“. Истиот функционира кај комплексот на банките, така да приклучувањето не е комплицирано. Поставувањето на мрежата на прскалките и разводната инсталација е предмет на институција во чива надлежност е одржување на зелените површини на градот.

https://www.facebook.com/skopjelab/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2020 at 15:43
Опис на постојна состојба: Парк ФОРУМ се наоѓа во централното градско подрачје на град Скопје, во општина Центар. Типо-морфолошки, паркот ФОРУМ преставува правоаголен парк дефиниран како внатрешен двор, тип атриум, ограничен со низа општествени, административни и станбени згради. Паркот е лесно достапен и високо фреквентен поради тоа што е добро поврзан со четири пасажи – пристапи, а дополнително се интензивира посетеноста поради тоа што на исток граничи со улица Македонија и е во непосредна близина на плоштадот во Скопје. Локацијата е добро поврзана со јавниот транспорт бидејќи граничи со постојката Рекорд каде застануваат скоро сите автобуски линии. Паркот ФОРУМ исто така преставува значајна урбана точка во градот бидејќи со децении гравитира урбана култура и место за дружење, особено во периодот пред новиот век и во раните почетоци на 2000-те.
ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ – ПАРКИРАЈ СТОЛЧЕ
Нашата интервенција се состои од две промени: поделба на една од зелените површини и додавање на метална конструкција со дифузни места за седење.
Првиот дел од нашата интервенција: сакаме да го скршиме бетонот и да ја поделиме првата зелена површина гледано од пасажот кај Котур. Ова го правиме со цел да отвориме патека која ќе го направи просторот попристапен и ќе го обедини истиот. Оваа патека ќе биде поврзана со веќе постоечката патека кај следната зелена површина.
Првичната замисла беше оваа патека да продолжи низ сите зелени површини, со цел да направи полесен пристап од пасажот кај Котур до другиот од улица Македонија. Сепак, оваа идеја ја сведовме на создавање само една поделба кај првата зелена површина, како пробна интервенција која ќе сугерира дека патеката може да се продолжи во иднина.
Вториот дел од нашата интервенција: метална конструкција создадена од модули, која ќе биде поставена на работ од зелената површина. Металната конструкција се состои од 10 модули во два реда, односно 5 доле и 5 горе. Во секој модул ќе има по три метални столчиња на расклопување, кои ќе бидат склопени и закачени. Посетителите на паркот ќе можат да ги земат столчињата и самите да го формираат својот простор за седење. Исто така, низ асфалтот на целиот парк ќе има нацртано “паркинг за столчиња”.
Седиштата на овие столчиња ги замисливме како платна за уметност. Дел од столчињата ќе бидат нацртани, со цел да им сугерираме на граѓаните дека и тие можат да го направат истото на останатите. Кога ќе стојат закачени на металната конструкција, столчињата ќе формираат едно импровизирано уметничко дело кое ќе биде интересно за гледање и ќе му даде карактер и живот на просторот.

Мапа од сценарија: На мапата се претставени различните конфигурации за можни просторни сценарија во врска со „паркирање“ на столчињата. Иако идејата е просторот да биде слободно интерпретиран и исто така користен, како група која сака да го оптимизира просторот, предложивме неколку типови на групно седење. Овие распореди се врзани директно со морфологијата на теренот, односно просторот помеѓу тревниците кои и самите преставуваат место за седење и се надополнети со ново поставените столчиња. Во низата од можни сценарија може да приметиме полукружни модели како оние од римскиот форум, кино формат – отворен аудиториум, аголни Г форми, линиски и двојно линиски итн. Идејата преку оваа апсолутна мобилност на индивидуална и група игра, е да ги таргетираме сите можни варијанти на користење, како просторни конфигурации така и како таргет групи: деца, тинејџери, млади возрасни, луѓе во трета доба итн.
Типологии и можности за седење: Овој прилог служи за подетално да ги претстави можните концепти на групно или индивидуално седење, а воедно и да ги престави типологиите на конфигурации кои ќе бидат обележани на партерната тврда површина во паркот форум (бетон или асфалт). Може да се забележат четири карактеристични типови на организација, кино фронт, двојно полукружен форум, аголна змија и дволиниски групации. Како што напоменавме претходно, овој простор е целосно слободен и отворен кон субјективна интерпретација. Столчињата се исто така графитно насликани.

НЕДОСТАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОПРАВАТ ИЛИ ЗАМЕНАТ
Темни запоставени агли околу станбените згради кои акумулираат ѓубре, влага и се неосветлени
Фрагментирани, нерамни површини кои акумулираат голема количина на вода од врнежи – поради непорозноста на материјалите (бетон и асфалт) водата останува со денови
Пасажите кои водат кон паркот не се осветлени навечер
Квадратните празнини низ тревниците преставуваат хазард за посетителите на паркот бидејќи истите не се добро заштитени
Забележани се низа на автомобили кои нелегално го користат просторот како место за паркирање на своите автомобили.









https://www.facebook.com/skopjelab/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Aug-2020 at 09:35
Опис на постојна состојба: Улицата е тесна за користење и за возачите и за пешаците. Пешаците не се во можност да го користат пешачкиот тротоар поради заменетото место на пешаците и автомобилите. Анкетираните минувачи секојдневно минуваат низ улицата (случајни минувачи кои само за минуваат: мајки со деца, сопственици со своите миленици, велосипедисти,) за да стигнат до саканата дестинација, како што е Градскиот парк. Локалните жители, кои со своите автомобили се враќаа од работа или пазарење, не се задржуваат на својата улица поради недостатокот од урбана опрема за седење, корпи за отпадоци или инсталации од култерен карактер.
Постоењето на само една импровизирана рампа не ја задоволува потребата на велосипедистите и лицата со посебни потреби за да се совлада денивелацијата од улицата „Крсто Баиќ” до булевар „Илинден”. Заеднички миленик на жителите на улицата е дружељубиво куче, а на единственото дрво наминува јато на врапчиња.

Проблеми и недостатоци на улицата се: користење на улицата како паркинг простор за (камиони) испорака на суровини, загрозена безбедност поради слабо осветлување и неможност на жителите да се социјализираат.

Атмосфера на постојната состојба: Тивко, мирно, мртво, делумно осончано, слабо осветлено, тесно, со маалски шмек. Уличниот фронт од двете страни е постојан – постари згради со реновирани фасади и прозорци, при што балконите не гледаат на улицата; високи метални порти од ист тип кои водат кон затскриените дворови, ограничени со жива или мрежеста ограда. Улицата е од отворен тип, но истовремено и тешко пристапна и тешко забележлива. Движењето на пешаците и велосипедите се одвива по средиштето на улицата. Биодиверзитетот е присутен во приватните дворови, додека на самата улица речиси и не постои.

Концепт
Предвиденото решение ја замислува улицата како урбано пацио на отворено, со капацитет за социјализација и одморање на жителите, минувачите и нивните миленици. Соживување со атмосферата на ова ново културно катче преку различни елементи и зелени зони со урбана опрема и паркинг за велосипеди, при што се очекува намалување на бројот на паркирани автомобили на улицата.
Денивелацијата се совладува со рампа и вградување на велосипедска патека паралелно по должината на едниот пешачки тротоар. Преку жолта боја се поврзува со соседните улици и тоа во вид на инка
Нов свеж амбиент на улицата, решавање на проблемот со паркирањето на автомобилите (истите да бидат паркирани на официјално назначените паркинзи во блиска околина), добива карактеристики на јавно катче за социјализација и одмор.
Опис на елементи: Се предвидува поставување на метални конструкции на полното ѕидно платно на станбената зграда, со прикачени саксии со декоративни треви и цвеќиња. Понатаму, во средиштето на улицата паркинг за велосипеди со подземно прицврстување, како и урбана опрема за седење – инсталација на нова клупа вградена во ѕидното платно под првиот спрат на станбената зграда и замена на старата клупа на излезот на булевар „Илинден“.

Очекувани примарни резултати: Локалните жители го одржуваат овој ново-вграден простор (полевање на растенијата, чување на урбаната опрема од несовесните граѓани); одржување на приватни собири помеѓу соседите и мини-манифестации отворени за граѓаните од целиот град. На овој начин се зацврстува социјализацијата помеѓу граѓаните кои живеат тука и останататите граѓани кои минуваат. Јакне локалната малска заедница и се создава идетификација со местото.













https://skopjelab.mk/redizajnskopje/proekt/krsto-baikj


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Sep-2020 at 11:29
ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО КАРПОШ 2
На булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување. Просторот ќе биде облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници
Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански - кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

Станува збор за иницијатива на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“, како резултат на долгогодишната соработка со УНДП, во чии рамки ќе редизајнираме постојни зелени површини согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и за дружење. На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.











https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Sep-2020 at 12:20
ЗЕЛЕН СКВЕР КАЈ СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ НА МЕСТОТО КАДЕ ТРЕБАШЕ ДА НИКНЕ КАТНА ГАРАЖА

Празниот простор на булеварот Илинден во Скопје, до гимназијата „Орце Николов“, ќе се уреди во зелен сквер. На овој простор кој е државно земјиште било предвидено да се гради катна гаража, но Општина Карпош и Град Скопје одлучија просторот да го уредат во зелено катче, со реквизити за деца, клупи, маси, чешма за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.

„На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец, овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Уредувањето на овој простор е дел од проектот на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“ за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје. Покрај на оваа локација, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански кај слаткарницата „Палма“ на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zelen-skver-kaj-skopskata-gimnazija-ortse-nikolov-na-mestoto-kade-trebashe-da-nikne-katna-garazha/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Sep-2020 at 14:37
Вака изгледа просторот околу амбулантата „Млин Балкан“ во Центар пред почетокот на неговото уредување. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на овој запуштен простор, а резултатот ќе го видиме по еден месец.









https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2020 at 13:02
На јавната парковска површина која е лоцирана пред и зад амбулантата „Млин Балкан“, Град Скопје од денеска уредува нов зелен сквер. Целосната површина на предниот и задниот парк ќе се преработи со тоа што само високото зеленило ќе се остави и вклопи во новата концепција на уредување на просторот.
Делот на паркот кој е лоциран пред амбулантата ќе се уреди максимално да се искористи како место за одмор, комуникација и контакти, а задниот парк ќе биде детско игралиште со опрема која може да ја користат сите деца над три години.                                               
Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански - кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и на булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, каде што веќе течат активностите на терен.
- Денеска започнуваме со уредување на овој простор, втор по ред од   вкупно 4 локации во општините кои се резултат од анализите коишто ги направивме преку Скопје Лаб. Овде пред Млин Балкан во следните дваесетина дена на површина од околу 600 квадратни метри целосно ќе биде преуреден овој простор и потоа предаден на општина Центар. Знаете дека минатата недела започнавме активности за уредување на паркот во општина Карпош, и ни остануваат уште две локации во општина Аеродром. Очекувам дека по уредувањето овој простор ќе ги задоволува сите потребите на граѓаните од соседството бидејќи беа анкетирани луѓето коишто живеат на оваа микро локација, беа анализирани нивните барања и во согласност со нив беа изработени проектите – изјави Шилегов.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: ehrlich
Date Posted: 10-Sep-2020 at 21:27
Ова е навистина добро, не викам не, ама можело сигурно и да се консултираат со Министерството за здравство, па да прашаат дали истите планираат некогаш да го средат здравствениот дом Идадија, кој е во очајна состојба.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Sep-2020 at 10:46
Вака изгледа просторот на крстосницата меѓу булевар Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Аеродром пред почетокот на неговото уредување. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на овој запуштен простор, а резултатот ќе го видиме по еден месец.











https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Sep-2020 at 12:18
ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

На постојната зелена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром, денеска започна редизајнот на третата од вкупно 4 локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови.
- Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во различни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите коишто се направени со локалното население коешто гравитира кон овие површини. Анализирани беа нивните навики и потреби за да го направиме овој простор во Аеродром едно пријатно катче каде што тие ќе го поминуваат слободното време – кажа Шилегов.
Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува околу 3,7 милиони денари, а реализацијата на истиот се очекува да заврши за 30 дена.
Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година. Во овој процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.
Дополнително се работи на мапирање на дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст









https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2020 at 14:09
BISER & KAPITOL

Трудот награден со прва награда за конкурсно решение за партерно уредување на плоштадите позади Т.Ц. Бисер и Т.Ц. Капитол









https://www.facebook.com/ИНКОМ-ИНЖЕНЕРИНГ


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Nov-2020 at 19:13

if it ain't broken, don't fix it... на просторот му треба само една добра реновација, нов плочник, дрвени даски на бетонските клупи, и можеби по некое цвеќе во тревниците... фонтаните на Кирца може и да ги покријат пак со земја, не ни требаат толку

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 12:38
Градската власт го зацементира паркот меѓу Илинденска и Орце Николов











https://www.facebook.com/MinisterstvoZaBezzhivotnaSredina


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 04-Nov-2020 at 13:12
Вакво нешто сакаа да направат карши Сити Мол колку што се сеќавам, односно од зелена површина да стане плоштад/сквер. Јас сум некако против ова бекатонирање* на сите зелени површини. Да, убаво е да има по некој клупа ама само со трева е поосвежувачки за очите, човек се чуствува поблиску до природата.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Nov-2020 at 13:35
Е не разбирам зошто кога веќе го прават парков да не направат и парк за кучиња, како што е во Карпош 3 покрај Вардар и во Ново Лисиче.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 04-Nov-2020 at 19:03
Плус зашто мора тој глуп бекатон како во сите села од Западна Македонија, кога може поквалитетен чакал фрлен на патеките, а претходно да се набие земјата под нив.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 05-Nov-2020 at 06:15
Пусти да останат тендерите и кои ги измисли


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Nov-2020 at 13:12
ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ
Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата на Центарот за иновации Скопје Лаб, со чија помош Градот Скопје директно ги вклучува граѓаните во редизајнирањето на постојните зелени површини согласно со нивните потреби за одмор, релаксација, дружење и сл.
- Станува збор за редизајн на постојна зелена површина од околу 1000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром. Вредноста на проектот изнесува околу 3,7, милиони денари и очекувам во наредните 30 дена целосно да биде редизајниран овој јавен простор, на начин на кој го правевме на неколку различни локации во нашиот град - изјави Шилегов.
Тој додаде дека во процесот беа вклучени различни возрасни групи на граѓани преку користење на квалитативни и квантитативни методи, односно анкетирани се граѓаните за утврдување на нивните навики и потреби и всушност дизајнот на овој јавен простор е направен според тие нивни барања.
- На почеток сме на есенската сезона на садење, така што во претстојниот период преку ЈП „Паркови и зеленило“ со нови садници ќе бидат збогатени повеќе зелени површини во градот во повеќе скопски општини – рече Шилегов.
Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.





https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Nov-2020 at 18:17
Град Скопје започна со уредување на просторот меѓу бул.„Јане Сандански" и ул.„Владимир Комаров“

[tube]rnFXOdH6rgc&feature[/tube]

https://kanal5.com.mk/grad-skopje-zapochna-so-ureduvanje-na-prostorot-megju-bul-jane-sandanski-i-ul-vladimir-komarov/a446667


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Nov-2020 at 20:40
До кога со овие глупости? Изгледа треба здружение тревобрани да се формира.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Nov-2020 at 22:30
Сите проекти за скверови се од Скопје Лаб здружение за иновации и редизајн на просторот а очигледно за сите до сега изведувачи се МГИ Инвест Лтд. Би можело само да се направи систем за автоматско наводнување и по некоја клупа ништо повеќе,бекатонот нема поента но така решиле така тераат...


Posted By: FT
Date Posted: 07-Nov-2020 at 00:49
Мене ептен ми се допаѓа идејата за оживување на зелените површини и ми се свиѓаат повеќето од дизајните објавени тука. Неколку интересни клупи и елементи, една патека и плус зеленило не штети никому.
АМА кај нас по навика се претерува со тендери и бекатон.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 07-Nov-2020 at 05:03
Добро бе до кога кај нас градежни и слични работници ќе изгледаат како социјални случаи? Можеле бар униформи да им дадат ако не друго...



Posted By: Portal
Date Posted: 16-Dec-2020 at 14:14
a ova sKverovi da go pisete ubavo plostadcinja


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2020 at 14:28

Имаше дискусија од лингвисти на фејсбук, и крајниот заклучок беше дека не било исто.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 16-Dec-2020 at 17:42
Originally posted by Portal

a ova sKverovi da go pisete ubavo plostadcinja


http://drmj.eu/search/%D1%81%D0%BA%D0%B2%D0%B5%D1%80

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Dec-2020 at 11:39
На крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров



Денес минував оттука па направив неколку фотки










Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Dec-2020 at 13:31
„КензО“ – нов зелен јавен простор во градот со одржлив и биоклиматски концепт

Едно од потенцијалните решнија како да се подобри квалитетот на животот во градот е создавање на зелени и јавни простори кои би ја подобриле севкупната атмосфера во градот. Скопје, како град во кој секојдневно сме сведоци на изградба на нови објекти на сметка на зеленилото и нови паркинзи на сметка на јавниот простор има огромна потреба од брзи, лесни и ефикасни предлози.
Идејниот проект „КензО“, изработен од тимот архитекти: д-р Радмила Томовска (професор на Универзитетот Мајка Тереза - Скопје), д-р Ива Петрунова и Хекуран Мусли, е лоциран во центарот на Скопје. Локацијата е помеѓу Маџир Маало и Транспортниот Центар. Локацијата моментално е сива, бездушна, загадена, со голема фрекфенција на возила преку ден. Површината пред Поштата е сосема запуштена и неискорестена, преку ден се користи како паркинг, додека навечер е сосема празна. Во околината недостига зеленило и јавен простор, додека паркинзи и зонско паркирање има под транспортниот центар како и од другата страна на Поштата.
Идејата на овој проект е да се врати природата во градот и кај луѓето што гравитираат на овие простори, особено во овој дел познат како Транспортен центар на град Скопје. Се акцентира архитектонското културно наследство, се создава нов социјален и културен простор. Воедно, се истражува мислењето на граѓаните и историското архитектонско наследство. Овој дел од градот е тотално дехуманизиран и загаден. Сообраќајот во оваа област е многу густ, со неискористени паркинзи. Трансформацијата, преку мултифункционална инсталација во јавен простор и зелена површина ќе биде од голема важност за луѓето што живеат или работат во близина. Идејата за овој проект е да се трансформира овој простор во повеќе човечко, антропоморфно и природно живеалиште за луѓето кои гравитираат на овие простори во различни периоди од денот. Овој пристап треба да им овозможи да уживаат во времето поминато на отворено, да овозможи подобра социјализација и ќе го збогати просторот со различни функции што можат да привлечат повеќе граѓани да ја посетат оваа локација. Исто така, намерата на проектот беше да се смени првиот впечаток за туристите кои влегуваат во овој град од Транспортниот центар, кој е многу близу до избраната локација и да ја акцентира важноста на архитектурата на Модерната во Скопје, преку акцентирање на Транспортниот центар од архитектот Кензо Танге. На овој начин од запуштен простор во централното градско подрачје, добиваме нов, зелен простор наменет за културни, социјални и рекреативни содржини, како и простор со поголема безбедност, сигурност и демократски вредности, а притоа е одржлив со биоклиматски карактеристики.
КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
Идејата на овој проект е граѓаните да го посетат овој јавен простор лоциран пред една од најпознатите структури дизајнирана од Кензо Танге во Скопје, изградена по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Водената површина позиционирана веднаш во близина на оваа конструкција има улога на огледало, со што се рефлектира и потенцира важноста на овој архитектонски споменик.
МОДУЛАРНОСТ
Главниот елемент во избраниот јавен простор е модуларен цилиндричен елемент со дијаметар од 8 m. Должината на цилиндарот е 2, 3 или 5 м. Модуларноста е во врска со нумеричкиот редослед на Леонардо Фибоначи: 2 - 3 - 5; 3 - 2 - 5 или 5 - 2 - 3. Челичните профили во форма на прстен се поврзани со челични жици и формираат цилиндричен тунел. Конструктивниот систем е многу економичен и издржлив, што ја прави структурата идеална за јавни простори.
ФУНКЦИИ
Цилиндричниот елемент има многу отвори во форма на прозорци или врати кои им овозможуваат на посетителите да влезат внатре и да уживаат во овој зелен тунел. Внатре во овој зелен тунел, посетителите можат да прават различни работи: да седат, да јадат на пауза за ручек, да лежат и да читаат книга, децата да играат и да се лулаат, постарите луѓе да зборуваат и да играат шах, а во отворениот амфитеатар посетителите да уживаат во театарска или музичка изведба. На просторот е предвиден и паркинг за велосипеди.
БИОКЛИМАТСКИ ПРИСТАП
Цилиндричниот елемент е покриен со локална природна вегетација – бршлен, што го прави внатрешниот простор е засенет и зелен. Бршленот се смета за издржлива билка која е истовремено многу ефикасна во прочистувањето на воздухот. Отворите им овозможуваат на сончевите зраци да влезат во тунелот од исток или запад, што е во директна врска со сончевата инсолација и воздушна циркулацијата на избраната локација анализирана во текот на целата година. Асфалтната површина е главно покриена со трева. Страната на локацијата што се граничи со зградата на Поштата и Железничката станица е во форма на рамна водена површина која исто така влијае во регулација на температурниот и просторниот комфор. Мешавината на избраните зимзелени дрвја и костени што се карактеристични за овој регион се смета за совршена формула за прочистување на загадениот воздух во овој дел од градот во текот на целата година. Просторот во ноќниот период е осветлен со помош на енергетски ефикасно осветлување: соларни канделабри, флуросцентни бои кои ја рефлектираат светлината и „паметни„ артифицијални светлечки уреди.























видео од проектот

[tube]MLYWTEPazc4&feature[/tube]

https://www.facebook.com/Здружение-Градот-Убав



Posted By: skopskodete
Date Posted: 22-Dec-2020 at 13:48
А паркинг? Или на тротоар автомобилите?


Posted By: user8642
Date Posted: 22-Dec-2020 at 14:47
Не ми се јасни овие овакви "инвестиции". Премногу скапи непотребно, за некој простор тотално неатрактивен, а прават проекти што после тоа захтеваат големо оперативно оддржување. А Скопје нема служба за фонтани него нешто инцидентно преку водовод се прави, садат растенија што се плетат на конструкција и треба пазење. Едноставно глупости кои нема да се оддрќуваат а после ќе вадиме теории дека не е бива за оддрќвање а создаваме одвишок работа кајшто нема потреба. Абре само изметете го паркингот, доволно е!


Posted By: FT
Date Posted: 22-Dec-2020 at 15:39
Прекрасно ама ова е за некое утописко Скопје, не за денешното.

Originally posted by skopskodete

А паркинг? Или на тротоар автомобилите?


Нема огромен паркинг под Транспортен на 2 минути од тука? Или мора се' да ни е до газот?


Posted By: user8642
Date Posted: 22-Dec-2020 at 15:53
Па кога има паркинг, извини ама кора да ни е до гзот! Едноставно така ни е ќејф, кога има зашто да го изгубиме. Заради некој испрдок ваков што не личи на ништо и ќе стане за една сезона жабокрек место фонтана и старо железо место зелен тунел. Епа нема потреба!


Posted By: skopskodete
Date Posted: 22-Dec-2020 at 16:19
Originally posted by FT

Прекрасно ама ова е за некое утописко Скопје, не за денешното.

Originally posted by skopskodete

А паркинг? Или на тротоар автомобилите?


Нема огромен паркинг под Транспортен на 2 минути од тука? Или мора се' да ни е до газот?

Е па ќе видиш дека ќе паркираат на тротоар и пајак-служба нема да ги крева, а ако ги крева ќе застануваат на улица и на крај на ништо нема да личи (ако уопште се направи проектот).


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Dec-2020 at 16:35
Градот треба да ги следи навиките на луѓето поточно каде тие имаат потреба од места за дружење и собирање а они за жал тераат по свое,одат контра потребите па затоа им се случи Велоштад кој стои празен,стеснуваат улици без потреба за велопатеки кои ни 10% не се искористени(ул.Никола Карев),скоро сите скверови низ Аеродром ќе им бидат промашај и непотребно бекатонизирање на зелени површини.
Конкретно за проектов ќе создаде проблем поради узурпација на паркинзите а народот сака да паркира што поблизу до местото каде работи или каде треба да заврши работа...не дека нема во близина паркинзи кои стојат празни со години ама тоа е менталитет против кој тешко е да се оди.Инаку да просторот кај Пошта е тотално несреден,полн со ситни отпадоци и искршени плочки и сосем е доволно да се сменат плочките и да се чисти редовно,може и да се преасфалтираат паркинзите бидејќи се доста оштетени...се друго ќе биде преголем и прескап зафат за одржување.


Posted By: FT
Date Posted: 22-Dec-2020 at 17:09
Originally posted by stef4o

Градот треба да ги следи навиките на луѓето поточно каде тие имаат потреба од места за дружење и собирање а они за жал тераат по свое,одат контра потребите па затоа им се случи Велоштад кој стои празен,стеснуваат улици без потреба за велопатеки кои ни 10% не се искористени(ул.Никола Карев),скоро сите скверови низ Аеродром ќе им бидат промашај и непотребно бекатонизирање на зелени површини.


Велоштад е океј идеја, јас лично таму би чекал меѓуградски автобус одколку на мизерната станица.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Dec-2020 at 22:17
проблемот се состои во тоа што не се гледа на целосната слика, туку се бира рандом простор и се шлапа нешто на него, колку да импресионира на кратко... затоа после све пропаѓа или не се користи... ова ни се случува можеби 50 години наназад
како што вика стефчо, градот и проектантите треба да ги следат движењата и навиките на граѓаните на соодветен простор за да се одлучи што да се прави со него

додека не се среди транспортен центар и околината како целосен проект и функционално и естетски, ништо не правиме

мене ова зеленилово единтвено ќе ми користеше кога идев пешки од железничка до ПМФ во жешки летни денови

околу паркингот, да, има паркинг, кој е тотална депонија, несоодветно осветлен и обезбеден, далеку од било какво движење на луѓе и веднаш до него се создаваат диви живеалишта кои на секои пет месеци ги расчистуваат


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Dec-2020 at 23:58
За тој паркинг веројатно има посебна клаузула во каско-договорите и не е опфатена штетата


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 23-Dec-2020 at 08:39
Мене ми се допаѓаат овие мали зелени површини. Точно дека можеби нема многу да се користат ама барем луѓето од новата зграда од карши ќе имаат каде да излезат барем после горештините во лето, и секако подоборо „некористена“ зелена површина отколку сивилото на „Транспортен Центар“.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2020 at 12:15
НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАРПОШ 2
На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл.
Целиот простор е облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници. Во едниот дел од скверот е оформено детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел се формирани патеки, поставени се клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.
Покрај редизајнот на зелената површина на оваа локација годинава во тек е редизајн на уште 3 од овие локации, една кај поликлиниката „Идадија“ во општина Центар и две на булеварот Јане Сандански во Аеродром.
- Денеска сме на првата од 7-те локации коишто ги реализиравме заедно со УНДП за уредување на микро средини, процес којшто е инклузивен, процес во кој што се вклучени сите структури на граѓани што гравитираат кон јавниот простор што го уредивме. Овде имавме релативно запуштен тревник, а сега можете да видите дека е адаптиран и е едно пристојно место каде што имаме повеќе од 36 нови садници од 6 различни видови. Во процесот на уредување беа вклучени и локалните жители, станува збор за население со претежно мали дечиња, меѓутоа беа вклучени сите возрасни групи во анкетите и овој простор е всушност адаптиран преку Скопје Лаб и УНДП на потребите и желбите на граѓаните - рече Шилегов.
Инклузивноста во овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно. Вклучени беа различни возрасни групи на граѓани во процесот преку користење квалитативни и квантитативни методи - онлајн прашалници, теренски интервјуа, опсервација, фотодокументација. Се идентификуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ нив.
Дополнително се мапираа дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.
Како резултат од процесот Скопје Лаб изработи 7 концепт дизајни за 7 различни локации, подоцна разработени во елаборати за изведба, кои се водилка за нивното понатамошно уредување од Градот Скопје и од општините.
На промоцијата на новиот зелен сквер во Карпош 2 присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.









https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jan-2021 at 12:13
Близу Палма во Аеродром





https://www.facebook.com/MinisterstvoZaBezzhivotnaSredina


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Jan-2021 at 13:48
Што е конструкцијава?


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jan-2021 at 13:36
Хортикултурно се уредува новиот зелен простор со содржини за сите генерации, лоциран меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“.





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2021 at 16:22
Новиот парк во Аеродром нефункционален и недостапен за многу граѓани



- Ја разбирам идејата на паркот, но дрвената платформа/ патека е НЕСООДВЕТНА за движење на луѓе со намалена мобилност (движење со инвалидска количка), родител со количка за дете, постари жители со помагала за движење, минувач со велосипед итн. Парковите и јавните површини треба да се пристапни за сите категории на луѓе.

- Што ви е со дрвените патеки?!?! Ќе се потепаат деца на нив, ќе скапат за три години... Зашто правите глупости бе ???? Зашто???

- Парк од кал. Од кал не се оди. Стамота е ова! Измијте ги патеките од кал, ова е како да сме во некое село.

Ова се само дел од коментарите по промовирањето на новиот парк во општината Аеродром. Речиси и да нема позитивен коментар за ова ново дело на локалната самоуправа. Граѓаните се револтирани и за начинот на изведба и за материјалите кои се употребени, кои пак го прават овој парк неупотреблив за многу категории граѓани.

Претходно градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, се пофали дека хортикултурно се уредува новиот зелен простор со содржини за сите генерации, лоциран меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“.

- Заедно со Град Скопје продолжуваме да ги уредуваме запоставените површини. Наскоро ќе подигнеме уште два нови парка: на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“. За убав и зелен Аеродром. - објави Марин на социјалните мрежи по што следуваше лавина кометари за овој парк.

https://skopjeinfo.mk/noviot-park-vo-aerodrom-nefunkcionalen-i-nedostapen-za-mnogu-gragjani?


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2021 at 12:39
Од твитер-близу Палма во Аеродром





Posted By: kiriOK
Date Posted: 12-Jan-2021 at 13:20
Дали има потреба секое преостанато зелено острово да се унаказува со разно разни ''содржини'' кои во најголем дел не ги користи никој, шампиони меѓу кои се памп-трак стазите?

Разбирам тендер треба да се лапа, ама ова нема милост...


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Jan-2021 at 14:01
Se sekjavate li kolku bea plukani Ivica Konevski i Stevcho Jakimovski koga gi pravea prvite Squerovi? Gi plukaa poso sonuvaa tie da gi lapaat tenderite a ne zatoa sto im smetase poplocuvanjeto na trevnatite zeleni povrshini. Kvantni Skokovi na site strani!


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2021 at 14:34
Проект: „КензО“ – предлог за нов јавен градски простор во центарот на Скопје







Автори: д-р Радмила Томовска; д-р Ива Петрунова, Хекуран Мусли

Локација: Просторот пред поштата кај главниот Транспортен центар, Скопје

oПроектот КензО е резултат на продлабочени анализи и истражувања на одржливите и биоклиматски стратегии кои се во корелација со подобрувањето на квалитетот на воздухот, намалувањето на температурите во летниот период, како и јакнењето на социјалната кохезија на жителите кои гравитираат кон овој дел од градот. Поточно, ова истражување дискутира за можните начини на примена на биоклиматски урбанистички стратегии за постигнување одржливи урбани решенија и проектирање на јавен простор пред железничката станица во центарот на Скопје. Новиот јавен зелен простор пред проектот на Кензо Танге од 1965 година представува контекстуализирана и еколошки третирана целина. Овој проект е обмислен да биде ново „збирно место„ – точка за средби, со силен модерен став во неговите форми, кој воедно го почитува природниот, историскиот, социјалниот и културниот контекст во кој е сместен.

Градовите, објектите и јавните простории мора внимателно да бидат планирани и да соодветствуваат и за граѓаните и севкупната околина. Тоа кај овој проект се постигнува преку аналитичките и проектанските методи применети на локацијата во центарот на градот Скопје. Анализираната локација во моментов е непривлечен, дехуманизиран асфалтен паркинг пред Транспортниот центар. Освен овој паркинг, околу железничката станица и под неа има многу паркинзи и зонско паркирање. Се отвара прашањето: како постојната локација да ја претвориме во зелен, компактен, прооден (без бариери), здрав, социјално енергичен и кохерентен простор што ќе им овозможи висок квалитет на секојдневен живот на граѓаните кои гравитираат во овој дел од градот. Идејата и целта на овој проект наведува дека оваа локација треба да биде проектирана како јавен и впечатлив простор во градот – нов архитектонски симбол на градот, кој во истовреме ќе го велича културното наследство пред кое е сместен. Името на проектот „КензО„ е во чест на архитектот Кензо Танге, кој се смета за еден од основоположниците на новото Скопје во пост земјотресниот период од историјата на овој град.

Концепт

Главниот елемент представува модуларен цилиндар (челична конструкција) со дијаметар од 8m. Модуларноста го следи нумеричкиот редослед на Фибоначи. Челичните профили во форма на прстени се поврзани со челични жици и формираат цилиндричен тунел покриен со локална природна вегетација – бршлен. Бршленот се смета за издржлива билка која е истовремено многу ефикасна во прочистувањето на воздухот. Оваа јака челична конструкција е издржлива на временските услови, а воедно е и економски прифатлива што ја прави идеална за јавни простори. Урбаната опрема е изработена од челик, дрво, јажиња и гумирани површини. Внатрешниот простор е засенчен и зелен. Отворите што се одземаат од зелениот тунел се во корелација со сончевата инсолација и воздушната циркулација. Во исто време, тие овозможуваат подобра циркулација на пешаците низ локацијата и функционираат како отвори (врати и прозорци). Трансформацијата во антропоморфна и природна средина се смета за совршено решение за подобрување на социјалната кохезија и збогатување на просторот со различни функции што можат да привлечат повеќе граѓани да ја посетат оваа локација во различни периоди од денот. Просторот во ноќниот период е осветлен со помош на енергетски ефикасно осветлување: соларни канделабри, флуросцентни бои кои ја рефлектираат светлината и „паметни„ артифицијални светлечки уреди. На просторот е предвиден и паркинг за велосипеди.
Поради големата густина на население во Скопје и загадувањето, можноста за планирање просперитетен и жив град со намалена емисија на јаглерод диоксид, е итна. Градот мора да го зголеми процентот на зелени површини и овој проблем да го смета за свој главен приоритет. Без развој и примена на урбанистички стратегии ориентирани кон одржливо и биоклиматско планирање, овој густ и загаден асфалтен град нема да го достигне својот целосен потенцијал.

Цел

Целта на проектот е: дизајнирање јавен простор пред објект што претставува културно наследство и е од големо значење за градот, кој истовремено е и зелен, еколошки и биоклиматски простор. Овој простор представува континуум – тунел кој го поврзува животот на минатите, сегашни и идни генерации на овој град. Проектот се обидува да ја спои живоста и антропоморфноста на старите скопски маала како на пример Маџир Маало и фрункционалноста на Транспортниот центар, преку зелен и одржлив јавен простор. Мултифункционалната структура ќе овозможи ревитализација на локацијата преку редизајн на постојниот паркинг и додавање на голем број нови урбанистички содржини. Ревитализација на локациите во градот кои го изгубиле својот сјај со текот на времето со помош на додавање на нови урбани содржини кои го потенцираат контекстот на природата и социјалната кохезија претставува еден од главните принципи на одржлив урбанизам.
Густината во центарот на градот расте секој ден со додавање на нов објект на секоја локација што е празна или зелена. Идејата на овој проект е да се врати природата во градот. Биоклиматските принципи, насочени кон прочистување на воздухот и намалување на летните температури со едноставни, ефтини, но внимателно одбрани методи, имаа централна улога во процесот на развивањето и проектирањето на ова решение. Околу 85% од локацијата се трансформира во зелена и водена површина. Водената површина позиционирана во непосредна близина на објектот на поштата делува како огледало што ја потенцира важноста на овој архитектонски споменик, а воедно ја намалува и температурата на воздухот, бучавата и создава пријатна атмосфера.

Резултат

Спроведените анализи помогнаа во откривање на реалните проблеми присутни на овој конкретен случај. Врз основа на сите анализи, биоклиматските принципи и стратегии се покажаа како најсоодветни за имплементирање на избраната локација. Инкорпорираните биоклиматски и одржливи стратегии можат да го подобрат квалитетот на воздухот, да ги намалат летните температури, да ја ревитализираат избраната локација, да ја подобрат социјалната кохезија и да учествуваат во процесот на редефинирање на градските вредности.

Градовите треба да функционираат во хармонија со природата, а не да ја отфрлаат од себе. Градовите се потенцијално еколошки, бидејќи имаат капацитет да станат самоодржливи и да произведуваат енергија наместо само да ја конзумираат и трошат. За да го реализираме овој потенцијал, мора да го развиеме концептот на враќање на природата во градот. Треба да создадеме свест кај младите архитекти, урбанисти и граѓани да размислуваат за намалување на ресурсите и да ги мотивираме да го променат своето однесување. Одржливата урбана ревитализација треба да се сфати како мултидисциплинарен пристап: анализа на сите можни аспекти важни за одредена локација со цел да се постигнат квалитетни решенија кои ќе им служат добро на сегашните и идните генерации што ќе им овозможи да живеат во здрави, еколошки, одржливи и социјално енергични средини.

https://marh.mk/proekt-kenzo-nov-javen-gradski-prostor/




Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2021 at 14:23
Денешни














Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2021 at 15:22
Дијагонално од скверов што го сликав вчера

Од твитер





Posted By: <Fresno>
Date Posted: 04-Feb-2021 at 16:41
Треба кривично да одговара Марин за уништување на зеленило.


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Feb-2021 at 14:36
Originally posted by stef4o

Проект: „КензО“ – предлог за нов јавен градски простор во центарот на Скопје







https://marh.mk/proekt-kenzo-nov-javen-gradski-prostor/



Проектот „КензО“ нуди зелена оаза во центарот на Скопје, реализацијата неизвесна

[tube]MDDfNL9Ei44&feature[/tube]

Тим од архитекти составен од д-р Радмила Томовска, д-р Ива Петрунова и Хекуран Мусли, изработија идеен проект „КензО“, за локацијата помеѓу Маџир Маало и Транспортниот Центар. Идејата, според архитектката Ива Петрунова е да се создаде нов зелен социјален и културен простор, но и да се разубави просторот кој веќе триесетина година е едноличен и безживотен.
Идејата за идејниот проект „КензО“ дојде за време на долгите карантински денови кога имавме време да направиме нешто убаво за нашиот град, а е поврзано со нашата струка. Го избравме овој простор бидејќи ни изгледаше многу дехуманизиран и запуштен. Мотивирани од тоа што се случува во европските градови, одлучивме да направиме еден зелен проект кој би бил одржлив геоклиматски и би ја подобрил целокупната состојба на локацијата, вели Петрунова.
Реализацијата на проектот зависи од надлежните кои треба да го имаат последниот збор за тоа дали и кога би се реализирал проектот „КензО“. Иако станува збор за концепт кој ја акцентира одржливата ревитализација на јавен простор пред архитектонско културно наследство, при тоа создавајќи нов зелен социјален и културен простор, постои опасност никогаш да не се изреализира ако не се случи меѓуинституционална соработка.
Моментално течат разговорите со неколку општини, но потребна е поголема институционална синхронизација. Проектот наидува на многу позитивни реакции, но патот од идеја до реализација е многу долг. И да не се претвори во реалност нашиот план, би сакала во таа насока да се прават идните планови, со повеќе зелени простори и места за дружење. Очекувањата се дека со поставување на зелениот појас ќе се намалат високите температури на воздухот кои се карактеристични токму за овој дел од градот, вели Петрунова.

Реализацијата на овој проект нема да чини многу бидејќи е правен според новите принципи на тактички урбанизам. Средства се потребни само за средување на партерот и за изработка на челичната конструкција која се обвиткува во зеленило, а проектот би бил готов за само неколку месеци.

https://www.slobodenpecat.mk/video-proektot-kenzo-nudi-zelena-oaza-vo-czentarot-na-skopje-realizaczijata-neizvesna/





Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Mar-2021 at 16:46
Скопјани добија уште еден нов зелен сквер во населбата Аеродром











https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Mar-2021 at 02:23

ако бранев и ја вакви проектчиња порано, конечно можам да кажам дека ова е фрлање пари во вода и занимавање со нешто тотално небитно
ова се партерни зеленила/пешачки патеки измеѓу блокови и се што им треба е редовно да се одржуваат и да се обнови опремата, со патека плус, ваму или таму, кај што гледаш дека кратат луѓе низ земја, па нека е и од бекатон
што ќе правиме со даскиве и за што ни се, не ми е јасно...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2021 at 18:36
СЕ УРЕДУВА НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ТАФТАЛИЏЕ





На јавната површина пред Веро во Тафталиџе, Град Скопје деновиве почна со уредување нов зелен сквер. Оваа локација во општина Карпош е петтата од вкупно 7-те локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови, а граѓаните добиваат нови квалитетени јавни простори за одмор, релаксација и маалски дружења

Запуштениот простор во Тафталиџе наскоро ќе стане нова зелена површина со 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување. Ќе бидат поставени и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби.

https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: ehrlich
Date Posted: 12-Mar-2021 at 19:12
Нов зелен сквер = арматури и местење бекатони


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Mar-2021 at 19:47
Ама има зелено во насловот.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Apr-2021 at 14:00




https://www.facebook.com/groups/883203825068334


Posted By: kiriOK
Date Posted: 03-Apr-2021 at 18:10
Лоша координација од градските служби, некој на Шилеговача му кажал дека сквер праат а они паркинг фураат,реално потреба во тој дел...а можда и никој не му ни кажал.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 03-Apr-2021 at 18:57
ПР грешка, асфалтот ќе биде зелен...

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 03-Apr-2021 at 20:22
toa koa si mu drugar na gradoncalanikot ke lupnes zgrada kaj so ne i e mestoto pa i toa so ostanalo zelenilo ke go asvaltiraat za da ima free parking zgradata i polesno da idat stanovite... Beda...


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 17:02
Скверот во Карпош,кај Веро-Тафталиџе







https://www.facebook.com/Skopje.Skopska


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Apr-2021 at 20:26
Што има СКВЕРОВ заедничко воопшто со СКВЕР?! Освен што е во коцкаста форма, од англиски SQUARE, друго заедничко нема.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 10-Apr-2021 at 20:43
А што е проблемот? Па треба некаде да паркираат станарите од новата зграда.


Posted By: Phiko
Date Posted: 12-Apr-2021 at 13:28
Сепак не е паркинг, денешни активности:



Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Apr-2021 at 14:19
Auuu mora odma ograda da stavat okolu igralisteto. Na vakov prometen bulevar decko igraliste bez zastita e tragedija vo najava. Da ne zboruvame za blizinata do izduvnite gasovi na decinjata koi ke si igraat. Od sprotiva ima prekrasni parkovi vo koi moze na pogolema distanca da se postavaat rekviziti. Ne znaci deka ako vrskadzija ja gradel zgradava desno tuka treba da mu se ogodi so ovie rekviziti. Mozele ubavo zeleno parkce da napravat...


Posted By: antigona
Date Posted: 12-Apr-2021 at 14:37
Кој идиотизам само за да се свртат (и украдат) пари на место каде не смее и нема потреба од детско игралиште. Едно е што е на сам прометен булевар одма до автобуска станица и раскрсница (загадување и опасно за деца), туку во радиус од стотина метри веќе има неколку добри детски игралишта (едното е позади, веднаш до големиот паркинг на Веро), а неколку други преку булеварот во паркот. Тука требаше само да се дополни и обнови постоечкото зеленило и толку!


Posted By: Phiko
Date Posted: 13-Apr-2021 at 10:36
До сега не сум го видел тука, мислам 2019-2020 беше поставен, спроти новата полициска станица во Ѓорче:



Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Apr-2021 at 13:46
Град Скопје работи на нов зелен сквер пред Веро во Тафталиџе. Оваа локација во Карпош е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година.
Со нови 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување, како и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби, овој простор ќе биде ново место за одмор, релаксација и дружење на граѓаните во оваа скопска населба









https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: ehrlich
Date Posted: 19-Apr-2021 at 18:07
Ова на саксииве на последната слика се дрвата


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Apr-2021 at 18:50

Мислам дека некои од нив ќе одат во дупките кои се оставени (освен ако дупките не се за реквизитите).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 12:05
Во Стар Аеродром,делот помеѓу новите згради на ул.Пандил Шишков конечно ќе се уреди





Posted By: user8642
Date Posted: 22-Apr-2021 at 15:55
Едно уредување што удриле!! пичку матер.   Нива со бекатон, поефтино неможе. Еднолично, дрва едвај, грозно!


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 16:12
Го викаат Урбан Парк...исто и малку подолу вдолж улица Методија Шарло тоа што беше неуредена тревна површина сега е бекатон.
Единствено ќе биде подобро отколку див паркинг и кал,ништо повеќе,нула креација.



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 16:24
Новиот парк од бекатон во Аеродром.
Покрај бекатонот, веднаш под терасите ќе се поставува кош (заокруженото).
Да се немало осет...



https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2021 at 08:35
Уште еден од низата урбани паркови во Аеродром





https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom


Posted By: kiriOK
Date Posted: 23-Apr-2021 at 09:47
Тендерите со асфалт и бекатон поише даваат него оние со трева...


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-May-2021 at 10:03
покрај бул. „Јане Сандански-Аеродром







https://www.facebook.com/marinzlatko


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-May-2021 at 12:00
СКОПЈЕ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН УРЕДЕН ЗЕЛЕН СКВЕР – КАЈ „МЛИН БАЛКАН“







Скопјани од денеска можат да се релаксираат и да се дружат на отворено на уште еден уреден зелен сквер, кај поликлиниката „Идадија“, во центарот на Градот. На локацијата кај „Млин Балкан“ целосно се преуредени површините на предниот и на задниот парк. Делот на паркот кој е лоциран пред амбулантата е уреден за максимално да се искористи како место за одмор, релаксација и контакти, а задниот парк е детско игралиште кое може да го користат сите деца над три години.
-Овој проект го водевме според интересите на граѓаните и анкетите што ги спроведовме, какви простори тие сакаат во нивната микро средина со цел просторот да го прилагодиме на нивните потреби. Како што може да видите, она што беше сериозно руинирано место сега е едно пријатно катче кое очекувам граѓаните да го користат според нивните потреби зашто е направено на нивно барање – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на официјалното отворање на овој зелен сквер.
Станува збор за редизајн на постојна зелена површина од 585 квадратни метри околу Поликлиниката „Идадија“. Инвестицијата на Град Скопје за овој проект изнесува околу 2,6 милиони денари, а локацијата е избрана од страна на граѓаните во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП која започна во 2018 година. Во процесот беа вклучени различни возрасни групи граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи. Се идентификуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ нив. Дополнително, се мапираа дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст. Оваа новоуредена јавна површина е трета од вкупно 5 локации што се преуредуваат како дел од оваа иницијатива.
-Денеска ја најавуваме и големата реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов што ќе следи, на потегот од раскрсницата со булеварот Климент Охридски до кружниот тек кај Католичката црква. Постапката е веќе започната и очекувам летово да почнеме со работа, според оние стандарди што веќе ги внесовме, со велосипедски патеки, со ново зеленило, обнова на тротоарите и обнова на коловозот, така што во текот на ова лето овој простор во срцето на нашиот град ќе добие сосема нов изглед – најави Шилегов.
Тој упати благодарност до граѓаните за нивното активно учество во процесот на осмислување на новиот зелен простор, а се заблагодари и на Општината Центар за добрата соработка.
На официјалното отворање на новиот зелен сквер кај поликлиниката „Идадија“ присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2021 at 17:25






https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-May-2021 at 02:05
која е поентата на даскиве? треба да има лоза на нив или вишок даски имале?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kiriOK
Date Posted: 14-May-2021 at 14:16
Награда за највеќе клупи на м2


Posted By: skopskodete
Date Posted: 14-May-2021 at 14:28
Мене, искрено, ми се допаѓа. Единствено, осветлувањето треба да е малку послабо.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 14-May-2021 at 16:11
Ubavo izgleda. E sega se nadevam deka drvenava konstrukcija ke bide poveke odrzuvana od drvenite klupi koi sekade po edna godina skapuvaat...


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-May-2021 at 12:51
ГРАД СКОПЈЕ УРЕДИ НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ТАФТАЛИЏЕ

Запуштената и неуредена површина пред објектот на противпожарната бригада во населбата Тафталиџе, сега е нов зелен сквер.
Станува збор за локација на која од запуштен тревник направивме едно инклузивно игралиште со справи приспособени и безбедни за децата со посебни потреби со цел сите сограѓани и наши дечиња да може да уживаат на овој простор.
На овој простор се засадени над 30 видови различни растенија, а поставена е и нова урбана опрема, ново осветлување и фонтана со вода за пиење.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jun-2021 at 14:17
Во Стар Аеродром







https://www.facebook.com/EDENEcoProtect


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 02-Jun-2021 at 12:08
Ова исто како они слики по интернет што ги гледаме, од супер маркети каде продаваат излупен портокоал „заштитен“ со пластка. Нема од кај да се краде па ајде „паркови“ ќе плавеле.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jun-2021 at 17:30
НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР „ОСТРОВО“ ВО АЕРОДРОМ

Скопје од денеска е побогат за уште еден зелен сквер, на крстосницата меѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Аеродром, кај „Палма“. На барање на локалните жители, на оваа претходно запуштена јавна површина е поставен модерен летниковец, вметнат меѓу постојното високо зеленило, кружни клупи, патеки и нова фонтана за вода. На летниковецот е поставено иновативно осветлување, а целиот простор е дополнително облагороден со зеленило. На официјалното отворање на новиот зелен сквер „Острово“ денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП во нашата земја и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
- Ова е последната од петте локации што оваа година ги промовиравме, а коишто ги работевме заедно со Скопје Лаб и со УНДП, како една акција за уредување микро средини во која инклузивно беа вклучени и граѓаните. Тие микро средини беа уредувани во согласност со потребите на граѓаните, по основ на анкетите кои ги направивме со луѓето коишто гравитираат и живеат овде. Одбиравме сериозно девастирани површини кои можат да бидат ставени во употреба, но граѓаните не ги употребуваа токму поради тоа што беа запуштени и долги години неодржувани. Оваа парцела е на околу 1.000 квадратни метри, на раскрсницата меѓу улицата Владимир Комаров и булеварот Јане Сандански и е направена врз основа на потребите на луѓето коишто живеат од двете страни на булеварот. Со гордост можам да кажам дека сега кога и официјално го отвораме овој сквер за граѓаните тој е веќе препознатливо место каде што луѓето од општината Аеродром доаѓаат да ги поминуваат своите слободни часови – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој потсети дека Градот Скопје во изминативе три години сериозно инвестира во зазеленување на слободните површини во нашиот град, но и во облагородување на запуштените површини.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: kiriOK
Date Posted: 05-Jun-2021 at 21:52
Најжалното е што единствената придобивка од бетонизацијата и урбанто дивеење во градот а тоа се приходите од комуналии кои ги добива градот и општините се трошат на разни скверчиња,колчиња,грмушки,дино паркови...кои се со слаб квалитет а коштаат многу


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2021 at 14:22
Почнува реконструкцијата на скверот зад ТЦ „Бисер“

Почнуваат подготовките за реализација на основниот проект за хортикултурно и партерно уредување на скверот зад ТЦ „Бисер“.
Проектот опфаќа поплочување на постојната површина со сосема нов и модерен дизајн, модерна урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, ново осветлување, а ќе бидат поставени и висечки жардинјери. Старата и нефункционална фонтана ќе се преуреди и ќе биде пренаменета во жардинјера со зеленило и други содржини.
При изведбата на градежните активности ќе се води сметка за нормалното движење и комуникација на граѓаните со околните места.
„Конечно, по долго време, со оваа ревитализација плочникот зад ТЦ „Бисер“ ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобри неговата функција и квалитет, а тоа ќе придонесе за привлекување на што повеќе посетители и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на граѓаните на Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Исто така, хортикултурно и партерно ќе биде уреден и скверот зад ТЦ „Капитол“, кој ќе понуди нови содржини.





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Aug-2021 at 11:39
Се надевам ќе се овозможи реализација на некоја ваква идеја за да живне просторов кој за неколку месеци ќе биде главен коридор за сите оние кои пеш или со велосипед ќе сакаат да го посетат новиот мол...

-------------------------------------------------------

ТРЕМ / Томовска, Петрунова, Мусли

Проект „ТРЕМ“

Цел: Идејниот проект „ТРЕМ“ претставува продолжение на проектот „КензО“ со цел да се опфати поголема целина, која од сив, запуштен, небезбеден и неугледен дел во центарот на градот би се претворила во безбедно, корисно, инклузивно и социјално градско катче.

Автори: Идејниот проект „ТРЕМ “ е изработен од тимот архитекти: д-р Радмила Томовска (професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ –Скопје), д-р Ива Петрунова и Хекуран Мусли.

Моментална состојба: Проектот го опфаќа северниот дел под Транспортниот центар: од Поштата до реката Вардар, отворен простор, покриен со бетонска плоча која е надвисната над шума од бетонски столбови. Материјализацијата од бетон, бехатон и асфалт е сива, и го прави просторот безживотен, неатрактивен и најчесто одбегнуван.







Просторот е поделен на две зони – првата е паркинг за зонско паркирање на автомобили и се протега од Поштата до сообраќајницата која минува низ овој дел, додека втората зона е паркинг за зонско паркирање на автобуси и се протега од сообаќајницата до реката Вардар. Анализите покажаа дека втората зона претставува неискористен простор, кој кај граѓаните создава чувство на небезбедност и криминоген впечаток и претставува место за диво живеење на лица од социјално загрозени и маргинирализирани категории, кои би требало да бидат соодветно згрижени и социјализирани во општеството.

Опис на проектот: Идејниот проект “ТРЕМ” го збогатува просторот со нови намени и функции (означени со јаки бои) кои ќе го реанимираат и ќе ги привлечат минувачите. Преку интервенции според приниципите на тактички урбанизам како: (1) светлосни инсталации, (2) поставување на креативна урбана опрема и (3) асфалтна уметност, овој простор би можел да се ревитализира и претвори во позитивен општествен контекст.

Новиот изглед на оваа локација би го ацентирал погледот кон реката Вардар и би го врамил природниот пејсаж во една хумана целина која пулсира со живот.
Во првата зона паркингот за зонско паркирање на автомобили останува, бидејќи е забележано дека тој се користи и овој проект не би сакал да го загрози тоа. Овој простор е ладен и темен, нехуман и не многу осончан. Со цел тоа да се промени – просторот се чисти и подот се третира со жолта боја, која асоцира на сонце и го осветлува овој дел од локацијата. Во постоечките пет бетонски кубуси се вметнуваат сервисни содржини како: трафика, кафетерија, тоалети, пицерија и пекара, кои би поттикнале посетеност. Тие имаат светлечки натписи кои привлекуваат внимание и дополнително го осветлуваат просторот во текот на ноќта. Овие кубуси се обвитквани со клупа која овозможува повеќе активности, како: седење, потпирање, користење како пулт за конзумирање на храна и пијалоци, итн.

Втората зона, наменета за зонско паркирање на автобуси е сосема неискористена и најчесто во текот на денот и неделата е празна. Овој простор е пријатен и осончан, а близината на реката се чувствува и гледа. Просторот се чисти и подот се бои со сина боја која асоцира на вода. Околу столбовите се поставуваат обрачи кои имаат функција на клупи за седење и пултови за потпирање, кои нудат различни можности за социјална интеракција на посетителите. Овој осончан простор, проветрен и отворен кон реката Вардар, би бил идеален за зајакнување на социјалната кохезија и би претставувал еден вид на ново јавно место за дружење. Дополнително, на оградата кон мостот се поставува бршлен – природна зелена бариера, која позитивно би влијаела во намалувањето на бучавата и емисијата на штетни гасови од автомобилите.





Oвој простор нуди повеќе намени, во различни периоди од денот или неделата:

1. Пазар за свежо овошје и зеленчук кој би функционирал еден или два дена во неделата, во прецизиран временски интервал. На овој начин граѓаните од непосредна околина би добиле пазар за купување на свежо овошје и зеленчук, додека призводителите би добиле ново место за продавање производи. Просторот нуди пријатна атмосфера и термален комфор: летно време повардарецот освежува и игра улога во пасивното ладење. Локацијата е покриена и во лето нуди сенка, а во зима нуди заштита од атмосферски влијанија, како дожд и снег. Градежната експанзија во непосредна околина алармира на потребата за нов пазар за граѓаните кои гравитираат околу овој градски фрагмент.

2. Овој простор се наоѓа во близина на Скопскиот Саем, на чие место се гради нов трговски, станбен и деловен центар. „ТРЕМ“ претставува нов активен простор за одржување на разни манифестации и саеми на отворено. Овој простор, посебно во топлите скопски ноќи би бил одличен концертен и изложбен простор, кој што повеќе нема да ги плаши граѓаните, туку ќе ги мами да го посетат.

3. Простор за социјализација – Претворање на крајниот дел од локацијата, ориентиран кон реката Вардар, во јавен простор за дружба и уживање во прекрасните визури преку поставување на клупи за седење и пултови за потпирање. Просторот би бил активен во текот на целата недела во текот на целиот ден и ноќ и погоден за сите старосни групи на граѓани.



4. Светлосна инсталација која би се протегала по целата должина на бетонската плоча. Поставување на светлосна и звучна инсталација, каде со помош на светлосни и звучни уреди би се проектирале различни визуелни текстури, слики и звуци (небо, универзум, шума, вода, уметнички слики од познати македонски автори) на горниот дел од просторот. Ваквата инсталација има двојна функција: го прави просторот привлечен и безбеден, како и интересен и едукативен за посетителите и во текот на вечерните и ноќните часови. На синиот дел од локација би можело да се одржуваат изложби, светлосни проекции и инсталции, забави на отворено и сл., додека, жолтиот дел од локацијата останува за паркирање и користење на сервисните содржини. Светлосната инсталација би била видлива и доминантна во текот на ноќта и се планира за секој ден во неделата со променливи светлосни теми.



Изборот на форми и бои е многу едноставен. Во темната зона се користи жолта боја која асоцира на сонце и светлина, додека во осветлената зона се користи сината боја која укажува на континуитет со небото и реката Вардар. Форма која се повторува е круг – поставување на кружни обрачи околу кружните столбови е метафора за концентричните кругови кои се формираат во вода и се шират понатаму. На овој начин се оддава чест на исконското и природните елементи: сонце, вода, воздух….. и на симболичен, метафоричен и математички начин се покажува дека: едно место прилагодено на човековите потреби и мерки може да предизвика позитивна енергија, размена на идеи, пласман на домашни производи, јакнење на културната сцена, со што го зацврстува општеството и неговите граѓански вредности. Целта на овој идеен проект е едно “не-место“, кое во моментот се доживува крајно негативно од граѓаните, да се претвори во место на случувања и настани кои граѓаните ќе го засакаат и посетуваат.

ТРЕМ“ ги следи новите концепти на одржливи градови и градови кои создаваат поврзување помеѓу граѓаните и природата – концепти посебно актуелни во периодот на пандемија и периодот на пост-пандемија. Во конкретниот случај, станува збор за повеќенаменско место кое отвара нова визура кон реката Вардар и го потенцира природниот пејсаж – GENIUS LOCI, а истовремено оживува архитектонско културно наследство од периодот на Модерната – Транспортниот центар. Додавање на содржини и услуги за граѓаните од непосредната локација би овозможило подобрување на квалитетот на секојдневниот живот преку дополнителни достапни функции и програми (како пазарење, рекреација, социјализација и можност за културен настан) на неколку минутно пешачко растојание. Ваквиот пристап кон третирање на слободните јавни површини, во градот Скопје не е многу применуван, иако нуди многу можности. Овој идеен проект со минимални – економични интервенции, нуди максимално менување на градската слика и атмосфера во овој дел од градот и создавање на позитивни просторни и општествени вредности.







%20 - https://marh.mk/trem-tomovska-petrunova-musli/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2021 at 15:25
од твитер,просторов е ептен запуштен,патем знае ли некој од каде се овие бетонски парчиња кои долг период се расфрлани по паркингов



Posted By: user8642
Date Posted: 24-Aug-2021 at 17:19
Од Берлинскиот ѕид.



Print Page | Close Window