build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скверови(редизајн на површини)-Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скверови(редизајн на површини)-Скопје
    Posted: 09-Jun-2020 at 13:26
Издвоив една посебна нишка за новонајавените скверови низ Скопје

.......

ЧЕТИРИ НОВИ СКВЕРОВИ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови.

Проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот се реализира изминативе 2 години од Градот Скопје и Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб). Главна цел на проектот е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема.

Во рамки на овој проект беше спроведено големо истражување - анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова. Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради 4 нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:


1.Помеѓу бул. Илинден и ул. Никола Тесла во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри.


2.Пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри.


3.Помеѓу бул. Јане Сандански и улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров), пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри.


4.На бул. Јане Сандански пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.

Ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jun-2020 at 16:11
Ви го преставуваме решението за редизајн на локацијата 📍 Мартиновски - Кале, изработено во склоп на нашата прва иницијатива за редизајн на јавен простор #РедизајнСкопје 1.0.









https://www.facebook.com/skopjelab/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Jun-2020 at 20:26
Од 18 коментари на твитер, 13 се бунеж за „сквер“. Кој збор да го употребуваме? „Сквер“ е прифатен термин и означува „мал јавен парк, најчесто среде плоштад - во големи градови“. Би ги сковал „плошпарк“, „плоштадче“ и „гратстор“ (градски простор).

Идеја одлична, реализација ќе видиме. Некој на форумов веќе ја начна темата за видовите растенија, пред сѐ дрвја, кои се садат низ Скопје. Обраќа некој пажња за видот и нивниот пол (машките немаат плод, женските немаат полен, треба и на овие работи да се мисли).

Има уште локации. Што стана со останативе?
Originally posted by stef4o

Изработени 6 предлог концепти за редизајн на зелени јавни површини во Скопје
Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во изминатиот период работеше на иницијативата за редизајнирање на зелени јавни површини/паркови преку која градот Скопје ќе уреди 6 зелени површни кои досега не беа доволно искористени, а за да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.

1. ПРОСТОР СПРОТИ РАМСТОР/СТОПАНСКА БАНКА НА БУЛ.“ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ДО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА

2. ЗЕЛЕН ПРОСТОР КАЈ МАРТИНОВСКИ ПОД КАЛЕ

3. ПАРК ПРЕД ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА ДО ВЕРО МАРКЕТ

4. ПАРК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ДО ГРАДСКА КАФАНА ФУРНА

5. ПОТЕГОТ ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ –ПИТУ“, ОД НБРМ ДО МОСТ НА РЕКА ВАРДАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

6. ПАРК НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

https://www.skopjelab.mk/izraboteni-7-predlog-kontsepti-za-redizajn-na-zeleni-javni-povrshini-vo-skopje/?fbclid=IwAR3mfsspxGxnc_ByGGSCyqP9oQdcPqZkrCkgFdoLweTMrzsdEH89WHxRhXA
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Jun-2020 at 16:01
Сквер е термин што го склопија медиумите кога политиката почна да ни ја сервира секоја поплочена површина како плоштад, и секое партерно зеленило како парк... не знам, немаме соодветен термин
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Jun-2020 at 15:59
Концептот за редизајн на локацијата Палма - Аеродром ќе се реализира!









https://www.facebook.com/skopjelab/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Jun-2020 at 15:20
Решение за редизајн на ул.Коле Неделковски-Скопје

Ова решение е предлог дизајн изработено во рамки на Иницијативата Редизајн на јавни површини 2.0.
Опис на постојна состојба: Највоочлив е проблемот со паркираните автомобили, како и низ целата населба. Улицата е станбена, на која најмногу се движат граѓаните кои живеат тука. И поркај тоа што во непосредна близина е Градскиот парк, улицата не е привлечна за случајни минувачи. Најголем дел од минувачите не се задржуваат на улицата, бидејќи нема никаква урбана опрема.
Сумирани резултати од теренското истражување: Дел од станарите се чувствуваат небезбедно на овој јавен простор, но не и минувачите кои поминуваат овде. Главен проблем на улицата што паркингот (кој не е доволен) пречи во функцијата. Живеат повеќе генерации и сите би сакале да можат да поминуваат поголем дел од времето на улицата, како еден заеднички простор.

Атмосфера на постојната состојба: Еден збор кој ја опишува улицат е: ‘натрупано’. Хаос од автомобили кои нерегуларно се паркираат по тротоарите, нерегулирани движења на сите субјекти и отсутност на антропоморфноста, препорачана за овој тип на улици.







повеќе за овој концепт

https://skopjelab.mk/redizajnskopje/proekt/kole-nedelkovski-b/?fbclid=IwAR23Mh6sjXkmgTqxFHtNj2xBvnmo7tPVrlytfSdY-uuBaYqcQ8tomsgu-jo
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Jun-2020 at 17:31

не сфаќам, ова е делницата помеѓу Илинденска и Орце?
зошто толкав дел на улицата се блокира со жардиниери и како планираат комплетно да се отфрлат возилата од улицата, кога на објектите има гаражи?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jul-2020 at 16:14
Меѓу бул.Илинден и ул.Никола Тесла





...

Зад Млин Балкан





https://www.facebook.com/globalinzeneringint/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Jul-2020 at 15:18
Денес го споделуваме концептот за редизајн на јавната површина на Бул. Кузман Јосифовски - Питу, изработен во склоп на иницијативата #РедизајнСкопје.







локација



....
Она што треба да обезбеди оваа површина

Сегашната патека која води покрај кејот позади комплексот на банките отсекоаш била улица покриена со калдрма. Со тек на време е покриена со бетон, асфалт па и со бекатон плочки. Во делот кој поминува низ локацијата која се обработува, улицата која поминува во патека е обработена со бекатон плочки. Бидејќи подлогата за бекатон одговара и за калдрмата, бекатонот ќе се тргне, а на негово место ќе се постави калдрма за да се врати еден мал одблесок на минатото на Скопје.Делот на патеките кои се движат помеѓу издигнатите зелени површини а кои ги опслужуваат клупите ќе бидат покриени со крупни дрвени деланки, импрегнирани и обоени во интезивни бои.Предвидено е поставување на една јавна чешма со која минувачите ќе може да се освежат. Истата е превидена и за миленичиња на кои им е потребна вода. Чешмата ќе се постави на ивица на тротоарот кон крстосницата.
Ќе се постават модуларни лачни клупи без наслон, клупи опремени со приклучок за напојување на мобилни телефони, сет на клупи со масичка на која ќе може да се практикуваат мали игри (шах, домино и слично). Клупите со наслон ќе биде покриен со настрешници – перголи изработени од дрвени конструктивни елементи. Со тоа клупите ќе бидат заштитени од атмосферски влијанија – дожд, како и од сончевото зрачење во летно време. Просторот ќе биде покриен со безжичен интернет и со корпи за отпадоци.Целиот простор е осветлен со јавно осветлување со канделабри поставени долж тротоарите. Потребно е додадно осветлување на просторот каде се групирани местата за седење.
За делумна изолација на корисниците на скверот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај на околните сообраќајници се предвидува оформување на зелена површина, засадена со трева. Кон булеварот и крстосницата на парковската површина ќе се засади шпалир на украсни растенија.Издигнатите зелени површини над котата на тротоарот на улицата представуваат бариера за хаотичното движење на луѓето на овој простор. Со издигањето движењето се усмерува во одредени насоки и просторот кој секогаш бил прегазен веќе тоа нема да го доживува. Ѕидовите оформуваат корита кои ќе се наполнат со земја на која ќе се посади зеленило.
За одржување на зелените површини предвиден систем за наводнување кој ќе биде автоматизиран со прскалки поставени по ивица на тротоарите, патеката која оди низ средишниот дел на локацијата и во средишните места на зеленилото. Истиот ќе се поврзе со веќе постоечкиот систем за наводнување на зелените површини – систем „капка по капка“. Истиот функционира кај комплексот на банките, така да приклучувањето не е комплицирано. Поставувањето на мрежата на прскалките и разводната инсталација е предмет на институција во чива надлежност е одржување на зелените површини на градот.

https://www.facebook.com/skopjelab/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Jul-2020 at 15:43
Опис на постојна состојба: Парк ФОРУМ се наоѓа во централното градско подрачје на град Скопје, во општина Центар. Типо-морфолошки, паркот ФОРУМ преставува правоаголен парк дефиниран како внатрешен двор, тип атриум, ограничен со низа општествени, административни и станбени згради. Паркот е лесно достапен и високо фреквентен поради тоа што е добро поврзан со четири пасажи – пристапи, а дополнително се интензивира посетеноста поради тоа што на исток граничи со улица Македонија и е во непосредна близина на плоштадот во Скопје. Локацијата е добро поврзана со јавниот транспорт бидејќи граничи со постојката Рекорд каде застануваат скоро сите автобуски линии. Паркот ФОРУМ исто така преставува значајна урбана точка во градот бидејќи со децении гравитира урбана култура и место за дружење, особено во периодот пред новиот век и во раните почетоци на 2000-те.
ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ – ПАРКИРАЈ СТОЛЧЕ
Нашата интервенција се состои од две промени: поделба на една од зелените површини и додавање на метална конструкција со дифузни места за седење.
Првиот дел од нашата интервенција: сакаме да го скршиме бетонот и да ја поделиме првата зелена површина гледано од пасажот кај Котур. Ова го правиме со цел да отвориме патека која ќе го направи просторот попристапен и ќе го обедини истиот. Оваа патека ќе биде поврзана со веќе постоечката патека кај следната зелена површина.
Првичната замисла беше оваа патека да продолжи низ сите зелени површини, со цел да направи полесен пристап од пасажот кај Котур до другиот од улица Македонија. Сепак, оваа идеја ја сведовме на создавање само една поделба кај првата зелена површина, како пробна интервенција која ќе сугерира дека патеката може да се продолжи во иднина.
Вториот дел од нашата интервенција: метална конструкција создадена од модули, која ќе биде поставена на работ од зелената површина. Металната конструкција се состои од 10 модули во два реда, односно 5 доле и 5 горе. Во секој модул ќе има по три метални столчиња на расклопување, кои ќе бидат склопени и закачени. Посетителите на паркот ќе можат да ги земат столчињата и самите да го формираат својот простор за седење. Исто така, низ асфалтот на целиот парк ќе има нацртано “паркинг за столчиња”.
Седиштата на овие столчиња ги замисливме како платна за уметност. Дел од столчињата ќе бидат нацртани, со цел да им сугерираме на граѓаните дека и тие можат да го направат истото на останатите. Кога ќе стојат закачени на металната конструкција, столчињата ќе формираат едно импровизирано уметничко дело кое ќе биде интересно за гледање и ќе му даде карактер и живот на просторот.

Мапа од сценарија: На мапата се претставени различните конфигурации за можни просторни сценарија во врска со „паркирање“ на столчињата. Иако идејата е просторот да биде слободно интерпретиран и исто така користен, како група која сака да го оптимизира просторот, предложивме неколку типови на групно седење. Овие распореди се врзани директно со морфологијата на теренот, односно просторот помеѓу тревниците кои и самите преставуваат место за седење и се надополнети со ново поставените столчиња. Во низата од можни сценарија може да приметиме полукружни модели како оние од римскиот форум, кино формат – отворен аудиториум, аголни Г форми, линиски и двојно линиски итн. Идејата преку оваа апсолутна мобилност на индивидуална и група игра, е да ги таргетираме сите можни варијанти на користење, како просторни конфигурации така и како таргет групи: деца, тинејџери, млади возрасни, луѓе во трета доба итн.
Типологии и можности за седење: Овој прилог служи за подетално да ги претстави можните концепти на групно или индивидуално седење, а воедно и да ги престави типологиите на конфигурации кои ќе бидат обележани на партерната тврда површина во паркот форум (бетон или асфалт). Може да се забележат четири карактеристични типови на организација, кино фронт, двојно полукружен форум, аголна змија и дволиниски групации. Како што напоменавме претходно, овој простор е целосно слободен и отворен кон субјективна интерпретација. Столчињата се исто така графитно насликани.

НЕДОСТАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОПРАВАТ ИЛИ ЗАМЕНАТ
Темни запоставени агли околу станбените згради кои акумулираат ѓубре, влага и се неосветлени
Фрагментирани, нерамни површини кои акумулираат голема количина на вода од врнежи – поради непорозноста на материјалите (бетон и асфалт) водата останува со денови
Пасажите кои водат кон паркот не се осветлени навечер
Квадратните празнини низ тревниците преставуваат хазард за посетителите на паркот бидејќи истите не се добро заштитени
Забележани се низа на автомобили кои нелегално го користат просторот како место за паркирање на своите автомобили.









https://www.facebook.com/skopjelab/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Aug-2020 at 09:35
Опис на постојна состојба: Улицата е тесна за користење и за возачите и за пешаците. Пешаците не се во можност да го користат пешачкиот тротоар поради заменетото место на пешаците и автомобилите. Анкетираните минувачи секојдневно минуваат низ улицата (случајни минувачи кои само за минуваат: мајки со деца, сопственици со своите миленици, велосипедисти,) за да стигнат до саканата дестинација, како што е Градскиот парк. Локалните жители, кои со своите автомобили се враќаа од работа или пазарење, не се задржуваат на својата улица поради недостатокот од урбана опрема за седење, корпи за отпадоци или инсталации од култерен карактер.
Постоењето на само една импровизирана рампа не ја задоволува потребата на велосипедистите и лицата со посебни потреби за да се совлада денивелацијата од улицата „Крсто Баиќ” до булевар „Илинден”. Заеднички миленик на жителите на улицата е дружељубиво куче, а на единственото дрво наминува јато на врапчиња.

Проблеми и недостатоци на улицата се: користење на улицата како паркинг простор за (камиони) испорака на суровини, загрозена безбедност поради слабо осветлување и неможност на жителите да се социјализираат.

Атмосфера на постојната состојба: Тивко, мирно, мртво, делумно осончано, слабо осветлено, тесно, со маалски шмек. Уличниот фронт од двете страни е постојан – постари згради со реновирани фасади и прозорци, при што балконите не гледаат на улицата; високи метални порти од ист тип кои водат кон затскриените дворови, ограничени со жива или мрежеста ограда. Улицата е од отворен тип, но истовремено и тешко пристапна и тешко забележлива. Движењето на пешаците и велосипедите се одвива по средиштето на улицата. Биодиверзитетот е присутен во приватните дворови, додека на самата улица речиси и не постои.

Концепт
Предвиденото решение ја замислува улицата како урбано пацио на отворено, со капацитет за социјализација и одморање на жителите, минувачите и нивните миленици. Соживување со атмосферата на ова ново културно катче преку различни елементи и зелени зони со урбана опрема и паркинг за велосипеди, при што се очекува намалување на бројот на паркирани автомобили на улицата.
Денивелацијата се совладува со рампа и вградување на велосипедска патека паралелно по должината на едниот пешачки тротоар. Преку жолта боја се поврзува со соседните улици и тоа во вид на инка
Нов свеж амбиент на улицата, решавање на проблемот со паркирањето на автомобилите (истите да бидат паркирани на официјално назначените паркинзи во блиска околина), добива карактеристики на јавно катче за социјализација и одмор.
Опис на елементи: Се предвидува поставување на метални конструкции на полното ѕидно платно на станбената зграда, со прикачени саксии со декоративни треви и цвеќиња. Понатаму, во средиштето на улицата паркинг за велосипеди со подземно прицврстување, како и урбана опрема за седење – инсталација на нова клупа вградена во ѕидното платно под првиот спрат на станбената зграда и замена на старата клупа на излезот на булевар „Илинден“.

Очекувани примарни резултати: Локалните жители го одржуваат овој ново-вграден простор (полевање на растенијата, чување на урбаната опрема од несовесните граѓани); одржување на приватни собири помеѓу соседите и мини-манифестации отворени за граѓаните од целиот град. На овој начин се зацврстува социјализацијата помеѓу граѓаните кои живеат тука и останататите граѓани кои минуваат. Јакне локалната малска заедница и се создава идетификација со местото.













https://skopjelab.mk/redizajnskopje/proekt/krsto-baikj
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Sep-2020 at 11:29
ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО КАРПОШ 2
На булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување. Просторот ќе биде облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници
Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански - кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

Станува збор за иницијатива на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“, како резултат на долгогодишната соработка со УНДП, во чии рамки ќе редизајнираме постојни зелени површини согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и за дружење. На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Sep-2020 at 12:20
ЗЕЛЕН СКВЕР КАЈ СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ НА МЕСТОТО КАДЕ ТРЕБАШЕ ДА НИКНЕ КАТНА ГАРАЖА

Празниот простор на булеварот Илинден во Скопје, до гимназијата „Орце Николов“, ќе се уреди во зелен сквер. На овој простор кој е државно земјиште било предвидено да се гради катна гаража, но Општина Карпош и Град Скопје одлучија просторот да го уредат во зелено катче, со реквизити за деца, клупи, маси, чешма за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.

„На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец, овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Уредувањето на овој простор е дел од проектот на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“ за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје. Покрај на оваа локација, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански кај слаткарницата „Палма“ на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zelen-skver-kaj-skopskata-gimnazija-ortse-nikolov-na-mestoto-kade-trebashe-da-nikne-katna-garazha/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Sep-2020 at 14:37
Вака изгледа просторот околу амбулантата „Млин Балкан“ во Центар пред почетокот на неговото уредување. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на овој запуштен простор, а резултатот ќе го видиме по еден месец.









https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Sep-2020 at 13:02
На јавната парковска површина која е лоцирана пред и зад амбулантата „Млин Балкан“, Град Скопје од денеска уредува нов зелен сквер. Целосната површина на предниот и задниот парк ќе се преработи со тоа што само високото зеленило ќе се остави и вклопи во новата концепција на уредување на просторот.
Делот на паркот кој е лоциран пред амбулантата ќе се уреди максимално да се искористи како место за одмор, комуникација и контакти, а задниот парк ќе биде детско игралиште со опрема која може да ја користат сите деца над три години.                                               
Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански - кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и на булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, каде што веќе течат активностите на терен.
- Денеска започнуваме со уредување на овој простор, втор по ред од   вкупно 4 локации во општините кои се резултат од анализите коишто ги направивме преку Скопје Лаб. Овде пред Млин Балкан во следните дваесетина дена на површина од околу 600 квадратни метри целосно ќе биде преуреден овој простор и потоа предаден на општина Центар. Знаете дека минатата недела започнавме активности за уредување на паркот во општина Карпош, и ни остануваат уште две локации во општина Аеродром. Очекувам дека по уредувањето овој простор ќе ги задоволува сите потребите на граѓаните од соседството бидејќи беа анкетирани луѓето коишто живеат на оваа микро локација, беа анализирани нивните барања и во согласност со нив беа изработени проектите – изјави Шилегов.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Sep-2020 at 21:27
Ова е навистина добро, не викам не, ама можело сигурно и да се консултираат со Министерството за здравство, па да прашаат дали истите планираат некогаш да го средат здравствениот дом Идадија, кој е во очајна состојба.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Sep-2020 at 10:46
Вака изгледа просторот на крстосницата меѓу булевар Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Аеродром пред почетокот на неговото уредување. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на овој запуштен простор, а резултатот ќе го видиме по еден месец.











https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Sep-2020 at 12:18
ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

На постојната зелена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром, денеска започна редизајнот на третата од вкупно 4 локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови.
- Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во различни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите коишто се направени со локалното население коешто гравитира кон овие површини. Анализирани беа нивните навики и потреби за да го направиме овој простор во Аеродром едно пријатно катче каде што тие ќе го поминуваат слободното време – кажа Шилегов.
Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува околу 3,7 милиони денари, а реализацијата на истиот се очекува да заврши за 30 дена.
Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година. Во овој процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.
Дополнително се работи на мапирање на дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.