Print Page | Close Window

Предлог Клучки во Скопско Поле

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3730
Printed Date: 08-May-2025 at 16:34


Topic: Предлог Клучки во Скопско Поле
Posted By: user8642
Subject: Предлог Клучки во Скопско Поле
Date Posted: 11-Jun-2020 at 01:32
Ми дојде една идеја гледајќи ги гужвите што се случуваат низ локалните/регионални патишта низ населените места низ Скопско поле во општините ГазиБаба, Илиднден и Петровец. Да се отворат 6 нови клучки со реискористување на постоечки надвозници и модифицирање нивно до ниво на клучки и автопатот да се стави во функција на граѓаните и индустријата на овие места. Придобивките се огромни, намалување гужви и зголемување безбедност. Нешто како што се отвори клучка Смилковци на скопската обиколница и како што се отвори клучка Брвеница на Тетово-Гостивар. Ова се идни градски булевари на Скопје, мора да се направат овие модификации додека има шанса да се завршат врз земјоделско зејиште. Понатаму ќе биде се поскапо, а од ова нема бегање на долг рок. Било какви грижи за евентуално зголемување на гужвата на автопатите мислам дека е непотребно, сообраќајот секако ќе расте, а секогаш е опција да се ограничи брзината на овие два крака од Клучка Хиподром до Е-75 на 80-90 kmh. Trade-off што се добива, а што се губи, големата слика е во корист на отварање се повеќе клучки.

Во прилог подолу мапа:
Со Бело се новите предложени клучки.
Со Сино, постоечки клучки кои вкрстуваат автопати.
Со Црвено наменски клучки за посебни намени, Аеродром Петровец и ТИРЗ Бунарџик.
Со Жолто се клучки постоечки према локална патна мрежа кон населените места.

https://ibb.co/ZMm3x9g">

https://ibb.co/3rsgczK">

https://ibb.co/yy32bCX">

https://ibb.co/2WD7xt1">

https://ibb.co/rMHWR8g">

https://ibb.co/pw7P2sk">

https://ibb.co/74L8QKf">

https://ibb.co/kQN913m">



Replies:
Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 11-Jun-2020 at 08:49
Според мене искрено, џабе ова кога повеќето гужви на тие патишта се за жал од камиони.
Да, има доста возачи на кои што им е преку глава од плаќање патарини, па каде можат си кратат.
Петровец е чист пример. Тргнете ја патарината кај Петровец, и таа после Петровец, ќе видите како камионџиите ќе се вратат на автопатот.
Едино решение за ова ќе биде да се намали бројот на патарини, да се направи затворен / отворен систем како Словенија, Хрватска, и Србија што ќе значи дека оние што ке транзитираат нема да мора да плаќаат многу патарини, само тие што излегуваат од град / село. Или пак целосно укинување на патарините и воведување на вињетен систем (како кај Бугарите).
Со ова доста ќе се решат гужвите на локалните патишта, оти 70% од сообраќајот на овие регионални патишта околу Скопје е оној што ги избегнува патарините.



Print Page | Close Window