Print Page | Close Window

Hot-Hot City

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=436
Printed Date: 04-Jun-2024 at 20:53


Topic: Hot-Hot City
Posted By: pbanks
Subject: Hot-Hot City
Date Posted: 31-Oct-2008 at 01:17
лсл ти се фалеше дека често идеш накај Радишани PokeНе заборавај апарат со себе

Елитна населба со американски стил ќе никне во општината Бутел

Близу месноста Љуботенски Пат, на 16.000 квадрати ќе се изградат вкупно 34 двокатни куќи

Снежана Калабакова

Нова елитна населба од затворен тип, со американски стил на живеење, со видеонадзор на 34 елитни куќи ќе никне во општината Бутел, близу месноста Љуботенски Пат. Инвестицијата е тешка над три милиони евра, а инвеститор е приватното градежно претпријатие „Хот и Хот“. Вчера беа поставени темелите на оградата на оваа прва населба од ваков тип што ќе се протега на 16.000 квадратни метри.

Куќите со големина од 150 до 250 квадратни метри ќе бидат изградени со еколошки материјали, а овој тип населби имаат стопроцентна безбедност и приватност на сите објекти. Нивната цена ќе изнесува меѓу 600 и 700 евра за квадрат. Објектите нема да бидат оградени еден од друг. Секој што ќе биде заинтересиран за купување куќа ќе мора да потпише купопродажен договор со „Хот и Хот“, но истовремено за влез во населбата ќе мора да потпише и кодекс на однесување. Инвеститорите велат дека ова е во согласност со идејата на идните станари да им се обезбедат приватност и ексклузивност на целиот простор. За куќите веќе имало заинтересирани звучни имиња.

„Објектите ќе бидат на две нивоа, со гаража за најмалку две возила и паркинг однапред, исто така за две возила. Секоја куќа ќе има и базен. Ќе имаат комбинирано греење, односно каминско загревање и греење на соларна енергија, а во екстремно студени денови со електрична енергија. На почетокот на населбата ќе има објект со заеднички содржини за нејзините жители, маркет ’Хедис‘, градинка со игротека, фитнес, сауна со џакузи, теретана... Услугите што ќе се нудат нема да имаат комерцијален карактер, туку ќе бидат исклучиво за потребите на населбата. Проектот ќе се реализира за две години, а првите куќи ќе бидат вселиви во јуни или јули идната година“, рече вчера Роберт Хот, претставник на фирмата-инвеститор.

„Ова покажува дека создадовме услови општината Бутел да биде пристојно и атрактивно место за живеење. Оваа инвестиција е особено важна, бидејќи е од станбената сфера. Во непосредна близина на населбата има решена инфраструктура. Особено е важно што на територијата на Бутел никнува една нова еконаселба“, рече вчера градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски.

Вакви куќи, покрај во Америка, во последните дваесет години биле градени и во Западна Европа, во Германија и во Австрија. За нив се вели дека се добро изолирани и трошат малку енергија за загревање и ладење. Брзината на градба е фантастична и за една куќа е помеѓу 30 и 60 дена во зависност од квадратурата.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9384C951A3401B44B33BEA6EA3ABB57E



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:03
На 8.09.2008г започнува со градба  прва населба од затворен тип на овие простори. Населбата се наоѓа во општина Бутел, на 700м од обиколницата.Истата е директно поврзана со асвалтен пат за обиколницата.Населбата се простира на 16000м2 приватно земјиште.

    Во населбата ќе има 34 локации (секоја локација со сопствен имотен лист) локациите се движат помеѓу 400-500м2, секоја локација ќе има маркица за градба помеѓу 160-250м2.

 

                     - КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСЕЛБАТА -

 
        - Затворен тип на населба;
        - Безбендност;
        - Економични, еколошки и ниско енергетски куќи;
        - Комфор, ексклузивност, приватност;
        - Кодекс на однесување.

 
                        - ЗАТВОРЕН ТИП НА НАСЕЛБА -


      -Целата населба ќе биде оградена со бетонски ѕид (120cm) и ограда од ковано железо (100cm). Населбата ќе има еден главен влез, со рампа и објект за обезбедување. Овој тип на населби обезбедува 100% заштита и приватност.


                                - БЕЗБЕДНОСТ-

       -За безбедноста на населбата ќе се грижи посебна чуварска служба. Целата површина на јавните улици ќе биде покриена со камери и мониторинг систем сместен во објектот за обезбедување.

       - Секoј жител на населбата ќе добие чипувана картица за влез во населбата додека сите посетители (гости) ќе бидат пуштени со претходно одобрување од  домаќините.

            -ЕКОНОМИЧНИ,ЕКОЛОШКИ И НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ-
 
      -Објектите ќе бидат градени со еколошки материјали и термо изолација каја ќе обезбеди огромна заштеда на енергија за греење и ладење на објетот. По желба на купувачот ќе може да се вградат соларни системи.

                    -КОМФОР,ЕКСКЛУЗИВНОСТ И ПРИВАТНОСТ-

 
     -Урбанистичкиот и архитектонскиот изглед на населбата и објектите содејствува со Американскиот стил на домување.
      . На предната страна на куќите (влезот) не постојат огради;
      . Оградите се во зедниот дел на објектот;
      . Секој објект ќе има гаража за 1-2 автомобили и простор пред гаражата за паркирање на исто толку автомобили;
      . Во задниот двор секој објект ќе има сопствен базен и скара;    
      . До секој објект ќе има довод на кабловска  ТV, интернет и телефонија;
      . До секој обвект ќе има довод за техничка вода за поливање која ќе биде поврзана со бунар (за секоја улица по 1 бунар);
      . На почетокот на населбата ќе има објект со содржина за потребите на населбата и тоа:
        а) Супер маркет HEDI’S;
        б) Грaдинка со игротека;
        в) Фитнес центар со теретана и сауна;
        г) Приватен клуб со билјард;

                                -КОДЕКС НА ОДЕСУВАЊЕ-

        Секој купувач пред да потпише договор за купопродажба ќе мора на нотар да завери изјава за правила и начин на однесување во населбата. Изјавата ќе ги содржи следниве правила:
      - Забрането нарушување на архитектонскиот изглед на објектите и оградите;
      -Забрането доградување, надградување и проширување на објектите со кој би се нарушил изгледот на населбата;
      - Забрането доградување и нарушување на архитектонскиот изглед на веќе поставените огради како главната ограда така и интерните огради помеѓу обjектите;
      - Забрането поставување на огради во предниот дел на објектите каде што се влезовите на истите;
      -  Забрането чување на живина и добиток во населбата;
      - Дозволено чување на домашни миленичиња во задниот затворен дел на дворот;
      - Забрането садење на листопадни дрвја со големи крошни (заради отпадните листа кои би ги оштетиле базентите);
      - Забрането паркирање на возила на улиците и тротоарите и др.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:06
1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Материјалите се превземени од http://www.hot-hot.com.mk/ - http://www.hot-hot.com.mk/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:11

- Забрането нарушување на архитектонскиот изглед на објектите и оградите;
- Забрането доградување, надградување и проширување на објектите со кој би се нарушил изгледот на населбата;
- Забрането доградување и нарушување на архитектонскиот изглед на веќе поставените огради како главната ограда така и интерните огради помеѓу обjектите;


Кога ќе дочекаме нешто слично и за колективните станбени објекти Wallbash


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:31
Одлично е ова за Македонија и треба вакви населби да има низ целата држава


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:32

http://www.hot-hot.com.mk/f_kuk.htm -

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=101349&EditionID=1539 - Американска населба среде Скопје

...Првите жители, според најавите, треба да се вселат во јули идната година. Роберт Хот, директор на фирмата „Хот-хот“, која е инвеститор на проектот, вели дека со купувањето куќа, идните жители добиваат и двор со базен, гаража за две возила и простор за паркирање на уште толку. - Населбата е проектирана по примерот на приватните населби кои се тренд во целиот свет. Целта е на жителите да им се понуди стопроцентна безбедност и сигурност. На влезот ќе има служба за набљудување која ќе го евидентира секое влегување во населбата. Жителите ќе имаат картички со кои ќе се регистрираат. Секој гостин треба да се пријави и откако обезбедувањето ќе добие одобрение од домаќинот, дури тогаш ќе биде пуштен да влезе. Ова ќе го чини секое семејство од 30 до 50 евра месечно - објасни Хот. Тој истакна дека најважно е тоа што секој купувач ќе добие имотен лист, но претходно треба да потпише изјава кај нотар со што ќе се обврзе дека ќе го почитува кодексот на однесување во таа населба. Идните жители не смеат да одгледуваат живина, да садат листопадни дрвја, да паркираат на улица, да доградуваат или да го менуваат изгледот на куќата. И, секако, треба да ги почитуваат законите за ред и мир. - Кодексот на однесување се дополнува постојано за да се обезбеди убав и мирен начин на живот - рече Роберт Хот. Во комплексот куќи ќе има и маркет, сала за фитнес со сауна и со џакузи и детска градинка, кои ќе ги користат само жителите на населбата и каде што цените ќе бидат исто како во другите места. Поради големиот интерес на граѓаните, во тек е подготовката на втората населба од ваков тип, која треба да почне да се гради наскоро.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=101349&EditionID=1539 - Време - Емилија Стефанова - 31.10.2008



Posted By: vardar
Date Posted: 04-Jul-2009 at 10:11

Колку што видов на сајтот нема инфо до каде се ама еве неколку рендерчиња што ги немаме...

 


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Jul-2009 at 10:22

1

 
 
 
2
 
 
 
3
 
 
4
 
 
 
 
5
 
 
 
 


Posted By: se_manda
Date Posted: 04-Jul-2009 at 12:48
prvata kuka nema kujna... Big%20smile 


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Jul-2009 at 13:24
 
.... ај види поубаво Cool


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jul-2009 at 17:08
Добри материјали си ископал   Cheers

Инаку се си мислев дека ова чудо ќе биде поголемо (мада и во првата вест е спомнато дека се работи за 34 куќи, ваљда сум посакувал нешто покрупно, па потсвесно сум заборавил LOL)


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 04-Jul-2009 at 20:21
cela avstralija e vaka izgradena. a za naselba kako 'hot hot city' eden drugar moj od Pert, sakase vo ohrid da pravit ista takva mini naselba po avstraliski/amerikanski stil ama ne mu ja davaa zemjata mu baraa poveke mito nego kolku sto kostat investicijata.

-------------


Posted By: se_manda
Date Posted: 05-Jul-2009 at 01:51
au imala... my bad...mi zalici na spalna toa kaj skalite


Posted By: MKballer
Date Posted: 05-Jul-2009 at 09:04
..."Hot-Hot City"...

Rollin


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jul-2009 at 10:10
На прв поглед симпатични проектчиња, чиста копија од америчките со вградена гаража во просторот, систем на градба - „барака“, но кај нас !!??

Но, ако се разгледат подетално секој посебно барем 50-тина почетнички грешки ќе се најдат во проектирањето за едно удобно домување.

Мене ми делува дека проектите се собрани готови од негде без да се проверат и прилагодат и на крај направен еден лош 3D рендер.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jul-2009 at 11:51
Originally posted by Vladimir P

Но, ако се разгледат подетално секој посебно барем 50-тина почетнички грешки ќе се најдат во проектирањето за едно удобно домување.

Што ти боде очи?


Posted By: kire85
Date Posted: 05-Jul-2009 at 13:55
mene imeto me potsekja malce na americka serija....nesto kako "sex and the city"Smile

sala na strana proektot e pristoen....Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jul-2009 at 21:27
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Vladimir P

Но, ако се разгледат подетално секој посебно барем 50-тина почетнички грешки ќе се најдат во проектирањето за едно удобно домување.

Што ти боде очи?

На ниеден објект нема орјентација, која е основа на секое проектирање

Еве на брзина за првите два

Во Проект 1
- WC-то: звучно и хидро со дневната (зид 14см) и тешко за вентилација
- Скалишениот простор можел да се замени со WC-то и да се добие централно влегување на спратот
- Скалишениот простор ако веќе е таму зашто нема природно светло во ходникот и скалите

Во проектот 2
- Кујната: масата за јадење две столици се тотално нефункционални (зошто округла маса?)
- Работната: зошто нема помошен лежај-тросед и библиотека.

* Катот не е о приземјето

Ова се покрупни детали, а уште многу ситници кој се ???
Затоа мислам дека ова не се проектирани неко copy-paste


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jul-2009 at 21:24
Еве фотки од терен

Засега е подигната само една куќа и поставена е бетонска основа колку што можев да видам за само уште три.

1


2


3



Posted By: MKballer
Date Posted: 30-Jul-2009 at 01:56
ubava mi izgleda kucava...kombinacija na amerikanskite i makedonskite formi.

-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jul-2009 at 18:08
Originally posted by MKballer

ubava mi izgleda kucava...kombinacija na amerikanskite i makedonskite formi.
уствари колку што знам ова е фул американски - предградие стил


Posted By: MKballer
Date Posted: 31-Jul-2009 at 01:58
vakvi kuci mozes da najdes vo juzna amerika (florida, juzna california, texas, arizona) zosto e blisku do mexico, a ne vo severna amerika.  zatoa vikam kombinacija od amerikanskite i makedonskite formi...makedonskiot stil ima nekakvo slicnost so meksikanskiot.




i don't know nekako isto mi sedi...




-------------


Posted By: krale
Date Posted: 04-Mar-2010 at 15:08
Што бидна со ова? Се изгради ли населбата?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2010 at 18:50
Ужасно бавен напредок...
Не е целосно готов ниту првиот ред, вториот едвај е почнат, а за останатото којзнае... 

1


2


3


4


5



Posted By: alexgizh
Date Posted: 10-May-2010 at 18:59
Тууу бе кловер, многу си песимист! Big%20smile Јас мислев воопшто не се ни почнати...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-May-2010 at 19:01
И јас не сфатив зошто толку песимизам, мене ми се чини ни најголемиот оптимист не можеше да предвиди толку напредок!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2010 at 19:20
Де бре луѓе, „темелите“ на населбата беа бомбатично поставени во 2008, ако ова не е бавно тогаш не знам што е
Дополнително, се работи метод на изградба кој е побрз од класичниот метод кој се користи кај нас, па очекував сосема спротивна ситуација, односно експресно подигање на објектите. Веројатно имаат проблеми со финансии, побарувачка или нешто слично ги кочи... Во секој случај разочарувачки.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-May-2010 at 20:14
Така е Кло. Јас ова по цела промоција во минатиот период го доживав малтене склопување лего коцки..
 
Куќиве ми се чинат некако мали а и доста збиени делуваат.. имав поинаква престава..Confused


Posted By: Djole88
Date Posted: 03-Jan-2011 at 12:46
Еве најава дека оди проектов, до Септември викаат ќе бил готов

„Беверли Хилс“ од Бутел

Жители на населбата ќе бидат ракометарот Кире Лазаров, пејачката Сузана Турунџиева, а куќа планира да купи и пејачот Миле Кузмановски

Мирниот живот и луксузните куќи веќе не се само американски сон. Тие стануваат реалност и во македонската метропола. Таков е примерот со американската населба што се гради близу месноста Љуботенски Пат во општината Бутел. На површина од 17 илјади квадратни метри приватната фирма „Хот и Хот“ гради 34 луксузни двокатни куќи, со големина од по 200-260 квадратни метри. Населбата од централното градско подрачје е оддалечена повеќе од десетина километри. До неа води тесен асфалтиран пат, кој истовремено е и врска со обиколницата.

За овој мал македонски „Беверли Хилс“ веќе се вртат имињата на бизнисмени и познати личности кои биле сериозно заинтересирани да живеат тука. Во чаршиските разговори се зборува дека композиторот Глигор Копров и народњакот Миле Кузмановски се потенцијални идни жители на населбата, а сигурно е дека веќе купиле куќи пејачката и водителка Сузана Турунџиева и ракометарот Кире Лазаров.

Дел од куќите во новата американска населба се готови, а останатите се во изградба и треба да бидат комплетни во септември. Секоја од нив ќе има и сопствен базен во големите дворови. Идните жители имаат обврска при потпишувањето на купопродажниот договор за куќата да потпишат и нотарски акт, со кој ќе потврдат дека го прифаќаат кодексот на однесување во населбата. Со него, секој од сопствениците на куќите ќе се обврзе дека ќе ги почитува правилата на однесување, нема да го нарушува јавниот ред и мир, па дури и тоа дека нема да го менува ликот не само на куќата, туку и на оградата.

Новата населба ќе има мониторинг и 24-часовно обезбедување и ќе биде изолирана од останатите куќи во близина. Жителите ќе имаат сопствена градинка и игротека за најмладите, супермаркет, фитнес-центар со сауни, приватен билијард клуб. За сите жители на населбата обезбедувањето е задолжително, а по нивна желба ќе можат да ги ангажираат службите за чистење на домовите и на базените, или за уредување на градините.

„Со Роберт Хот ме врзува пријателство и токму затоа бев на камен-темелникот на населбата што ја гради неговата фирма. Но, немам купено куќа во таа населба, иако лично сметам дека куќите се многу убави и се наоѓаат на мирно и тивко место“, вели композиторот Глигор Копров.

Ракометарот Кире Лазаров, кој моментално има ангажмани во Шпанија, ни потврди дека веќе купил куќа во американската населба, иако се' уште не планира да живее во Македонија, бидејќи е активен спортист. Но, смета дека направил добра инвестиција. Вели дека како мал израснал во куќа, иако живеел и во станови. Сепак, одбира да живее во куќа, особено во една ваква, просторна со сопствен базен. Му се допаѓаат ваков тип населби во какви што веќе живеел надвор од земјава.

„Ќе имам мир, сопствено обезбедување, билјард клуб за дружење со останатите станари за кои ќе знам кои се и што се. Населбата е далеку од градската врева и метеж, што исто така ми се допаѓа и се надевам дека во иднина ќе добие подобро инфраструктурно поврзување со централното градско подрачје“, објасни Лазаров.

Негов сосед планира да биде и пејачот на народни песни, Миле Кузмановски. Тој веќе бил во преговори за купување куќа во новата населба. Ни појасни дека му се допаѓа ваков тип на населби, каде има организирано живеење од затворен тип, какви што видел во Австралија и во некои од градовите на европскиот контенитент. Му се допаѓа и градбата на куќите, а е согласен и да има кодекс на однесување, што ќе придонесе да постои некаков ред и мир.

Куќите се на два ката. На првиот кат се наоѓаат дневната соба, кујната и тоалетот со купатило за гостите. Затоплувањето на дневниот престој е решено со голем камин, а сопственикот може да си направи и сопствена режија за греење на струја или парно. На вториот кат се родителската спална соба со купатило, детската соба со засебно купатило за најмладите, работна соба и соба-гардеробер.

Симо Гошевски, дипломиран градежен инженер од приватното претпријатие „Хот и хот“ тврди дека куќите се сеизмолошки тестирани и можат да издражат земјотрес карактеристичен за скопското трустно подрачје. Се градат од дрво, што е топол материјал, но имаат и добра надворешна изолација и пластична обработка на фасадите. Дрвото е заштитено од инсекти и запалување. Една ваква куќа од 200 квадратни метри, со двор од 350 до 400 квадрати, чини 120 илјади евра. Дел од куќите имаат и подрумски простории, но секоја куќа располага со две гаражи.

Населбата е луксузна, но не и просторот околу неа и инфраструктурата, на која многу повеќе треба да поработи Општина Бутел. Веројатно од неа тоа и ќе го побараат новите жители.

„Наша задача беше да обезбедиме инфраструктура за новата населба и ние тоа го направивме. Го изградивме локалниот пат Бутел - Љуботен, веќе има локален водовод и изградивме фекална канализација. Земјиштето на кое се градат куќите е приватно, па нашата обврска завршува дотука“, вели Снежана Клинчарова, портпарол во општината Бутел.

Наредната година ќе биде комплетно изградена инфраструктурата во населбата. Улицата помеѓу куќите ќе биде асфалтирана, хортикултурно ќе бидат уредени парковските површини пред семејните живеалишта и ќе биде поставена ограда и урбана опрема

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D2FD4466249DE84380E4CCA457BC26FE


-------------


Posted By: dule
Date Posted: 26-Mar-2011 at 14:10
Ме интересира дали има некој информација до каде е изградбава на населбава,порано повеќе ја рекламираа и фаворизираа и рокот од една година измина за изградба.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2011 at 14:26
Еве гураат некако, многу бавно, ама напредува населбава. Сателитскава снимка е од јануари годинава и се гледа дека пополниле со 16 објекти (во разни фази на изградба):






Posted By: alexgizh
Date Posted: 28-Mar-2011 at 15:39
Навистина ми пречи што куќиве не воведуваат нови урбанистички линии, туку ги следат селските принципи на "прво куќа, па после улица". Дури не се ни во склад со останатите постојни куќи (од западната страна).

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2011 at 16:06
Originally posted by alexgizh

Навистина ми пречи што куќиве не воведуваат нови урбанистички линии, туку ги следат селските принципи на "прво куќа, па после улица". Дури не се ни во склад со останатите постојни куќи (од западната страна).


И јас сакав истото да го искоментирам.

Ваков тип населби треба да воведуваат нова култура на живеење, а не да го следат досегашниот тип на „збиено село“. Куќите се преблиску една до друга (веројатно за добивање повеќе парцели и поголем профит). Немањето соодветна инфраструктура (не само сообраќајна) да ја следи оваа мини населба, дополнително вади од такт.

Причината за сето ова е јасна, очигледно куќиве се градат „on demand“ а инвеститори се всушност индивидуалните купувачи.




Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Apr-2011 at 23:41
     Од сликиве што ги постирал Cloverstalk,  се гледа катастрофалниот концепт на изградба на оваа "елитна " населба.
     За џабе им ги зеле парите на инвеститорите (купувачите)
     До кога нашиве плиткоумни градежници, прво ќе изградат куќа, па потоа ќе проектираат пристапен пат. Па потоа ќе го раскопаат за да спроведат водовод и канализација. Откако ќе го асфалтираат, повторно ќе го раскопаат за да воведат гасовод во домовите.
     Овој Hot-Hot City е мизерија. Ми личи на заостанато село.Поубави куќи (и со подобар план) ќе најдам во Сопиште.
     Најкомично е што сметаат дека населбата е 100% безбедна. На таква безбедност може да позавиди и Забела!


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Tuvok
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:36
Нели е подобро ако да речеме од задниот дел секоја куќа имаше некои мало дворче или па ако имаше повеќе простор меќи куќите некако од страна и поазди. Вака многу се блиску една до друга а и не ми личи дека има простор за двор од позади или напред со оглед на тоа дека треба улички да поминуваат.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:39
    Волку блиску една до друга, се градат куќите во фавели и слемови.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:11
Па убаво би било некој што живее блиску до Радишани  или  Бутел да ги сликне куќите бидејки незнаеме какви се сега,а и сликите  претходни се стари.


Posted By: antiuser
Date Posted: 26-Aug-2011 at 01:38
До каде е изградбата ? Слики нешто /


Posted By: shyes
Date Posted: 26-Aug-2011 at 02:04
Навистина испаѓа глупо. Неорганизирано градат. Според сликите горе тој што ги гради куќиве-населбата, ми изгледа како да е довлно само тие да ги довршат куќите и само да соберат пари од продажбата, а па после тој што ќе живее тамо да гледа да се брка со останатите работи.

Мора да има некои правила - стандарди за градба барем на нови населби кои мора да се почитуваат, да ли бил приватен или државен инвеститор и да бидаат надгледувани од надлежни институции од општините низ нивните граници. Каде би пошол некој да зе жали за вакви работи, мислам има некаде или џабе.


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jul-2014 at 18:43














hot-hot.com.mk

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window