Print Page | Close Window

Тренинг комплекс на ФФМ и „Куќа на фудбалот“

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=626
Printed Date: 15-Nov-2018 at 03:16


Topic: Тренинг комплекс на ФФМ и „Куќа на фудбалот“
Posted By: pbanks
Subject: Тренинг комплекс на ФФМ и „Куќа на фудбалот“
Date Posted: 06-Mar-2009 at 13:52
Ќе се гради тренинг-центар со терени, хотел, базени, сауни...

Фудбал
Изградбата на тренинг-комплексот за сите репрезентации на Македонија ќе биде првата и главна цел на актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најголемата добивка од завчерашната посета на Мишел Платини, првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА). За оваа капитална фудбалска инвестиција, централа во Нион ќе издвои три милиони евра, а со помош од Владата на Македонија целиот проект ќе треба да се реализира во блиска иднина.

Посетата на Македонија, трета за Платини, а прва како претседател на европската централа, тој ја искористи и за средба со премиерот Никола Груевски, со кого разговарале токму за оваа тема, околу развојот на фудбалот во земјава.

Харизматичниот Французин на состаноците на луѓето од ФФМ им го предочил проектот на Србија вреден шест милиони евра за изградба на таков центар, кој особено му се допаднал, а тој лично во него се увери во вторничната презентација во Белград. За изградба на ваков тренинг-центар, ФФМ и не треба да прави посебни идејни проекти, затоа што УЕФА веќе има такви готови, како тој во Молдавија, потоа како тој во Луксембург, истакнуваат во Србија, во Црна Гора...

Новата фудбалска куќа на фудбалот за почеток е оставена во рацете на Владата и Министерството за транспорт и врски, кое ќе треба да одбере локација на која ќе се гради целиот комплекс. Од поодамна, но и сè уште актуелни се локациите зад хотелот „Александар палас“ и новата мултифункционална сала „Борис Трајковски“, потоа локација во населбата Аеродром во Воената академија, потоа военото игралиште во Градскиот парк, зад западната трибина на Градскиот стадион, како и уште неколку други. По средбата на Платини со Груевски, Владата се заложила да го даде земјиштето бесплатно, а ФФМ да учествува со свои пари во буџетот за проектот.

- УЕФА ни дава три милиони евра, но завчера Платини при посетата постојано го истакна тренинг-комплексот што ќе го гради соседна Србија, кој чини шест милиони евра. Договорено е Владата преку Министерството за транспорт и врски да обезбеди земјиште, а ФФМ да учествува со дополнителни пари во изградбата на целиот проект - вели портпаролот на ФФМ, Зоран Николовски.

Покривањето на другиот дел од буџетот во случај да се избере српскиот комплекс би бил од продажбата на трите ката од зградата во која сега е сместена македонската централа, на локација во строгиот центар на градот, како и издвојување дополнително пари.

Главната цел на посетата на Белград за Платини беше да се увери во проектот за тренинг-комплекс, кој нашиот северен сосед ќе го гради во Стара Пазова, околу 30 километри од центарот на Белград. Комплексот ќе се протега на 11,3 хектари, и ќе се состои од хотелска зграда на два ката со 60 соби, ресторан, економат, соблекувални, сауни, фитнес-центар, плус медицински центар како дополнителен објект. Администрацијата на ФСС ќе биде и во центарот на Белград, но и во новиот комплекс.

Тој центар ќе има четири терени со природна трева, од кој еден со минитрибини и атлетска патека со четири патеки, потоа два терена на вештачка трева, но еден покриен и затворен, базен, тениски терени, како и терен со песок наменет за фудбал на плажа.

Поради вишокот пари УЕФА реши преку својата развојна програма во следните четири години на сите 53 членки на континенталната федерација да им ги подели истите пари, кои главно земјите ќе ги искористат за капитални инвестиции, особено како во Македонија, каде што центарот треба да претставува камен-темелник за иднината на фудбалот во земјава.


Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=2&EditionID=334&top=1&ArticleID=19667 - Нова Македонија



Replies:
Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Mar-2009 at 16:41
Е зошто запнале да се гради во центарот? Комплекс со 4 фудбалски терени во центарот на градот, е многу голема глупост (освен ако не е фудбалски стадион). Еве и Србите го градат тоа на 30 km од Белград, и тоа не 30 km од центарот, туку 30 km од Белград, што би значело дека има многу повеќе до центарот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 23-Apr-2009 at 18:57
Скопје ќе добие фудбалски тренинг центар
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/5915/uefa-logo.jpg">
Европската фудбалска централа, УЕФА го прифати проектот на Фудбалската федерација на Македонија за изградба на тренинг центар на просторот кај хотелот Александар Палас, а кој ќе почне да се гради следната есен и според плановите треба да биде завршен за период од една година.
Тренинг центарот ќе биде составен од 5 фудбалски терени и инфраструктура потребна за фудбалските репрезентации, а во неговите рамки ќе биде сместена националната фудбалска куќа. Четири од петте фудбалски игралишта се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, а на едно од нив ќе биде изградена и трибина со капацитет од 5.000 седишта.
Исто така, УЕФА одобрила и средства за доопремување на Градскиот стадион во Скопје.


Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Apr-2009 at 20:01
ВЛАДАТА ВЛОЖУВА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФУДБАЛОТ
За ФФМ четири игралишта гратис

Владата на Македонија ќе вложи 53.600.000 денари за изградба на четири игралишта во спортскиот центар на ФФМ, кој ќе се гради на просторот зад хотелот „Александар палас“. Освен 10 хектари земјиште што е во сопственост на државата, федерацијата ќе добие како подарок и четири игралишта, од кои секое вреди по околу 13.400.000 денари. ФФМ на сопствен трошок ќе треба да изградба уште едно игралиште, административната зграда и преостанатите простории, како што се објекти за сместување и сала за вежбање. Владата и ФФМ ќе вложат приближно иста сума средства во изградбата на овој фудбалски центар. - Од УЕФА побараа учество на Владата во изградба на спортскиот центар. Затоа на ФФМ и е бесплатно доделено земјиште за изградба на центарот, а Владата на свој трошок ќе направи и четири фудбалски игралишта. Тие ќе бидат со вообичаени димензии, со комплетна дренажа, а секое ќе биде осветлено со рефлектори и ќе има монтажни трибини за неколку стотици гледачи. ФФМ со сопствени пари и средства од Програмата „Хет-трик“ ќе изгради административна зграда и едно осветлено игралиште, кое ќе собира 3.000 гледачи “ изјави Драган Ѓурчевски, директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој соопшти дека овие четири игралишта се во рамките на проектот на Владата за изградба на 50 фудбалски терени, инвестиција тешка 670 милиони денари. Тренинг-кампот ќе биде на име на ФФМ, а изградбата треба да почне оваа година. - Треба да се завршат преговорите со Општина Карпош. Пред изборите водевме разговори со в. д градоначалникот Саша Димиќ, кој вети ослободување од комуналиите, со што и општината би дала свој придонес. Со оглед на тоа што Димиќ повеќе не е на таа функција, неделава на истата тема ќе разговарам со градоначалникот Стевче Јакимовски и со Советот на Општина Карпош. Во тек е менувањето на Деталниот урбанистички план на општината, во кој ќе биде вметнат спортскиот центар. Да бидам искрен, не очекувам никакви пречки и штом ќе се завршат сите административни работи ќе се почне со градежните работи - додаде Ѓурчевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112340




Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Apr-2009 at 22:38
Зза ова имам замерка што се гнете во ред град. Ова слободно може да се смести надвор од град, а во Македонија каде и да си надвор од град, пак си во близина на некој град. Толку природа има каде што може да се изгради ова и пак да биде со супер сообраќајни конекции.

Локацијата сега за сега ми единствено замерка, инаку браво за проект, очекувам да го крене малку нашиов фудбал на некое доследно ниво.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Apr-2009 at 22:16
УЕФА одобри 2,8 милиони евра за тренинг-центар на ФФМ
Фудбал
Повеќенаменскиот тренинг-центар на македонскиот фудбал ќе стане реалност идната година и ќе значи нов почеток за „убавата игра“ кај нас, откако УЕФА вчера и официјално одобри 2,8 милиони евра донација, која ја најави претседателот на УЕФА, Мишел Платини, при мартовската посета на Скопје. Владата го отстапи просторот зад хотелот „Александар палас“ и преку Агенцијата за млади и за спорт ќе помогне во изградбата на модерниот тренинг-камп.

ФФМ си постави цел за една година од почетокот на градбата на комплексот, тренинг-центарот да биде готов. Сè зависи од времето кога ќе се почне со градба, а во моментов треба да се поминат предградежните работи, договарања, подготвување елаборат, наоѓање градежна фирма преку тендер... Прва цел е сега да се внесе проектот во деталниот урбанистички план, а од ФФМ најавија дека ќе побараат од Министерството за финансии, парите на УЕФА, кои се странска инвестиција, да не бидат оданочени.

- Ова е најдобрата вест за македонскиот фудбал и за Фудбалската федерација на Македонија. Одобрен е проектот од Нион и тоа значи голема соработка со УЕФА, нивна поддршка. Сето ова Платини го кажа и на состанокот со премиерот Никола Груевски, а Владата експресно изреагира и ни го додели земјиштето. Сето ова е една голема инвестиција во фудбалот - информира вчера генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов.

Тренинг-комплексот, во кој ќе биде вклучена и административна зграда на ФФМ, ќе се протега на десет хектари во населбата Карпош 3, зад хотелот „Александар палас“. Целиот тој потег таму ќе биде исклучителен спортски дел, бидејќи веќе кај хотелот се наоѓа и базенот „Младост“, како и новата спортска сала „Борис Трајковски“. Во центарот ќе има пет фудбалски терени, од кои еден со вештачка трева, а еден и со трибини за 5.000 гледачи.

- Четири терени ќе изгради АМС, од кои еден со вештачка трева, од нивниот проект 50 фудбалски игралишта, а другото ќе се покрие со парите на УЕФА. Сето тоа е доволно за да се заврши, со оглед дека Владата ни ја обезбеди локацијата без пари, а нè ослободи и од комуналиите за неа. Сè ќе биде насочено кон развој на фудбалот и ќе се добијат најоптималните услови. Тоа значи дека имаме еден нов почеток, но и една голема обврска, која ќе нè мотивира и охрабри во натамошната работа, но и која ќе даде нов импулс во соработката со УЕФА и со Владата - додаде Костов.

Тренинг-комплексот нема да биде наменет само за националните селекции, туку и за екипите што ќе имаат потреба да го користат. Во рамките на центарот, каде што ќе биде сместено сè што е фудбалско заедно со економатот и едукативниот центар, кои сега се одвоени од централата, ќе бидат вклучени и други елементи, како фитнес-центар и сала за загревање, кои ќе бидат во рамките на теренот со трибини, а ФФМ очекува да изгради и минихотел и ресторан, кој ќе го користат сите селекции освен А-селекцијата. Кампот ќе нуди можности и за едукација, семинари...

Сето тоа би било инвестиција, која многу ќе им скрати некои тековни трошоци во моментов, па парите што сега се трошат би можеле да се искористат и за други цели.

- Ние сме оптимисти дека до крајот на годинава би почнале градежните работи, а за една година сето тоа би било завршено и во 2010-та би го добиле тренинг-центарот, кој од поодамна беше цел, која сега се остварува. Сè ќе оди според стандардите на УЕФА - рече Костов.

За таа цел веќе следниот викенд Костов и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески ќе заминат во Унгарија, каде што ќе се отвора сличен тренинг-центар, а УЕФА им ги посочила центрите во Луксембург, Црна Гора, Молдавија и во Романија како примери од кои треба да го подготват елаборатот.




Сегашното седиште на ФФМ ќе и биде понудено на Владата

Актуелното седиште на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) што се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе и биде понудено на Владата откако ќе се изгради тренинг-комплексот и ќе биде преселена куќата на фудбалот. Тоа вчера го најави Никола Костов, генералниот секретар на ФФМ.





Еден милион и за стадионот „Филип Втори“

Генсекот на ФФМ, Никола Костов, обелодени дека дополнителни еден милион строго наменски пари ќе бидат добиени од УЕФА, кои ќе се искористат за реновирање на арената „Филип Втори“, каде што во моментов се гради северната трибина.

- Еден милион евра ќе бидат донирани за Градскиот стадион, сега „Арена Филип Втори“. Тие пари се за подобрување на условите. Идниот месец ќе дојде висок претставник на УЕФА во посета и ќе го види стадионот, а на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор останува да направи елаборат за што им е потребно реновирање, дали е тоа теренот што е во очајна состојба, дали се тоа новинарските услови, или се тоа санитарните јазли... Ние со ЈПССДП треба да ги покажеме условите за тоа - рече Костов.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=2&EditionID=377&top=1&ArticleID=23230 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=2&EditionID=377&top=1&ArticleID=23230

 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Apr-2009 at 05:38
Одлични вести! Cheers

Но малку вон тема, гледајќи ја скицата не можам да се изначудам колку безвезно е организиран просторот. Да почнеш со бришан простор (пред изградбата на Александар Палас таму постоеше само базенот) и да завршиш со онаков хаос, тоа е достигнување на некој начин...

Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Apr-2009 at 07:07
Па според сликата и не се гледа баш нешто посебно детално. Единствено што се преметува дека не е уоптребена строга коцкаста мрежа на улици. Тоа и воопшто не изгледа колку којзнае колкав хаос. "Неправилниот" распоредно воопшто не пречи во случајов, единствено што остава измеќу некои празни мини триаголници кои накнадно може и да завршат работа за некои дополнителни содржини. Само што сега, благодарение на транспарентноста на нашите институции, нашава дискусија е излишна додека не го видиме урбанистичкиот план , па тогаш ќе може да го продикутираме секое ќоше. Инаку не дека не можело да се внесе строга коцкаста мрежа, можело. Но и мене искрено не ми е баш јасно зашто се одело на вакво решение, но сигурно кога веќе вака е одлучено тогаш мора да има причина. Одма на памет ми дојдоа неколку идеи како може да се сместат овие 4-ве игралишта со друг распоред (не за друго, него израснав со тетрис ).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Apr-2009 at 12:00
lsl, не е проблемот ниту во тоа како се сместени игралиштата, ниту во празните триаголници, ниту тоа дека нема ригидна сообраќајна мрежа. Забелешката се однесува на тоа дека објектите се расфрлани тотално без концепт, како по случаен избор (а пази иронија,на сите им бапнале правоаголни маркици и меѓусебно паралелни). Има барем две конкретни лоши сообраќајни решенија. Салата ќе биде збутана и практично опколена со објекти, а нејзината челна страна ќе биде видлива само од паркингот помеѓу нејзе и планираниот иден трговски центар. Овие се работите што ми бодат очи, особено што како што реков, се работеше за празен простор каде имале практично одврзани раце до добар резултат да дојдат на најразлични начини. Инаку во право си, треба да го чекаме новиот ДУП за конечни коментари, но на просторот веќе се направени сериозни грешки кои не можат да се поправат туку само да се ублажат, а од досегашнава пракса не знам дали и за толку може да бидеме оптимисти.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-May-2009 at 11:35
Мочуриштето зад „Александар палас“ потона во имотно-правен лавиринт
Скопје
Мочуриштето зад хотелот „Александар палас“ и салата „Борис Трајковски“, создадено од ископ за детско игралиште, и по една година е преполно со подземни води и ѓубре, а претставува земен рај и живеалиште за најразновидни инсекти и жаби.

По обилните дождови што паднаа деновиве во Скопско, мочуриштето заличе на депонија и потенцијално жариште за различни зарази. Општината уште лани требаше да го санира местото и да го покрие но засега нема ништо од тоа.

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општината Карпош, истакна дека за овој дел се прави нов детален урбанистички план, но неговата реализација била отежната поради процесот за денационализација.

- Имаме направено нов детален урбанистички план за овој дел. Фудбалскиот Сојуз на Македонија (ФСМ) е заинтересиран во овој дел да направи фудбалски комплекс, но можноста за реализација на проектот е отежната бидејќи со извршената денационализација, 60 отсто од земјиштето е во приватна сопственост - изјави Јакимовски.

Пред една година, ексградоначалникот Андреј Петров, за овој дел донесе детален урбанистички план во кој се предвидуваше откако ќе се затрупа дупката од мочуриштето на местото требаше да се изградат детско игралиште, одморалишта со клупи, канти, канделабри и друга урбана опрема. Тогаш се започна и со засилена реализација на проектот за затрупување на мочуриштето кое од септември минатата година требаше да исчезне, но денешната ситуација е многу поинаква од предвидената.

Голем интерес има и меѓу граѓаните што секојдневно се рекреираат на кејот на Вардар за тоа што ќе има на местото на сегашното мочуриште.

- Не е пријатно да се рекреирам покрај бара среде урбана средина, која, меѓу другото се користи и како депонија. Тука доаѓаат и родители со мали деца кои постојано се жалат на инсектите и на крекањето на жабите. Глетката е одвратна, жаби, инсекти, огромни вирови, лоша миризба и што уште не. Заинтересирани сме да знаеме што ќе се гради во овој дел, односно како ќе се урбанизира. Имаме слушнато многу приказни, но не знаеме која е вистинската, ако навистина е фудбалски комплекс би било одлично. Добро би ни дошло едно ново освежување на кејот во овој дел каде се и едни од најголемите спортски објекти - изјави скопјанецот Александар Стојановски.

Според ФСМ местото каде лежи мочуриштето е идеален за изградба на современ спортски комплекс
Зоран Николовски, портпаролот ФСМ истакна дека парите за реализација на проектот биле донација од УЕФА вредна над три милиони евра.

- Знаеме дека дел од земјиштето е во приватна сопственост, но и Владата и општината се расположени за реализација на проектот бидејќи на нашите спортисти им е потребен, но и со него ќе заштедиме доволно пари. Тренинг кампот е вреден над три милиони евра, финансиите се одобрени и ќе се гради како донација од УЕФА за нас. Тој ќе содржи три терени со природна и еден со вештачка трева, зграда за ФФМ, мини стадион со минимум 5 илјади седишта и осветлување, економат, како и мини пансион каде ќе се сместуваат нашите спортисти пред натпреварите. Тренинг кампот треба да биде завршен до 2010 година и се надеваме дека ќе се изнајдат сите услови за да се овозможи изградба на овој комплекс - изјави Николовски.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=406&ArticleID=25695 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=406&ArticleID=25695
 
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-May-2009 at 15:21
дури сега го приметувам проектов и доколку некогаш се реализира би било убаво, иако зафаќа простор во градот што би можел и на друг начин да се искористи
значи ли ова дека има можност барем еден од терените околку стадионот да се претвори во паркинг, особено по изградбата на стадионот Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2009 at 15:54
По изградбата на стадионот би било логично да останат два помошни терени, по еден од секоја страна. Јас нив во никој случај не би ги жртвувал за голем паркинг во функција на стадионот ако ништо друго барем поради фактот што нема адекватна сообраќајна поврзаност. Решението за паркирање е од другата страна на Вардар каде за оваа цел е планирана катна гаража, а и нов пешачки мост од нејзе накај северна трибина. Да бевме богати можда ќе можевме да размислуваме и за катна гаража на место на кинескиот ѕид со нова директна сообраќајна врска преку вардар, но бидејќи не сме, ќе мора да се остави малку и на пешачење Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 00:43
Џунглата и мочуриштето го имаме, а кај е Тарзан во Скопје?


Градоначалникот на Карпош, Стефчо Јакимовски е запознат со проблемот, но не е спремен да се справи со него. Причина за неагилноста на општината, според него, се неразрешените имотноправни проблеми


Потенцијално жариште на заразно преносливи болести, но и грдосијата од гигантското мочуриште, е сликата која се уште ја краси метрополата, а се наоѓа и постои во општината Карпош, кај новата Спортска сала "Борис Трајковски". Ако сте расположени за уметнички фотографии, но и непосреден контакт со инсектите во нашата урбана дивина и тоа може да се доживее, доколку решите да се прошетате на кејот на Вардар кај Хотелот Палас во Скопје. Огромно диво настаното мочуриште полно со жаби, змии и инсекти кое постои повеќе од деценија, ден-денес ги вознемирува и тревожи минувачите, но најмногу жителите на населбата Карпош 3. Комуналните служби, но и Општината засега немаат решение за овој проблем кој се развлекува години наназад на штета на здравјето на граѓаните од Карпош.

Градноначалникот на Карпош, Стефчо Јакимовски, е запознат со проблемот, но не е спремен да се справи со него. Причина, според него, за неагилноста на општината се не разрешени имотноправни проблеми.
- Сопствениците на тамошното земјиште со државата, која неодамна таму сакаше да изгради Спортско рекреативен центар со повеќе фудбалски игралишта е во застој. Не можам да знам до каде е предметот по судовите, за да преземам каква било иницијатива за да го решам ова. Општината засега има дадено дозвола таму да се истовара градежен шут со цел да го пресуши или да го пополни мочуриштето кое ни задава проблеми, вели Јакимовски, тврдејќи дека Владата докрај ќе го истурка планот на Фудбалската федерација за изградба на овој комплекс со кој мочуриштето ќе пресуши.

Жителите на оваа скопска населба се гневни на надлежните.
- Сега, во пролет, особно кога има поројни дождови, навечер не можеме да заспиеме ни од комарците ни од крекањето на жабите. За преку ден да не правам муабет. Уште змии и диносауруси да излезат и комплетна ќе биде сликата за ова прометно место, вели скопјанец, кој живее во непосредна близина на мочуриштето.

Инаку, гигантското мочуриште деновиве по поројните дождови се направи во мало езерце. Неговата величина, според тамошните, е околу еден хектар. Огромна величина која преку лето е извор на заразни болести за цело Скопје, а не само за населбата Карпош 3.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C71C59E49CE0C64B9D818C53729ACB1C


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Jun-2009 at 10:22
Originally posted by lslcrew

Џунглата и мочуриштето го имаме, а кај е Тарзан во Скопје?http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C71C59E49CE0C64B9D818C53729ACB1C


Тарзан беше претходниот градоначалник на Карпош, а ова е политичка вест. Кога немаат сител и вечер работа, плукаат по малкуте градоначалници-неистомисленици...баш би сакал да го напраат комплексов, тука одам на трчање скоро секој ден...еден од најградските делови на Скопје т.е има голем потенцијал да биде таков, се надевам дека парите од УЕФА нема да завршат како до сега, по џебови и сметки на разни зинговци, ламбевци, хариевци...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: vardar
Date Posted: 24-Aug-2009 at 10:50
Се сели комплексот....
 
 
ПОКРАЈ КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАСКОРО ГОЛЕМ СПОРТСКИ ЦЕНТАР
 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со в.д. генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Игор Климпер, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, денеска, 21.8.2009 година (петок), во просториите на Општината одржаа заедничка прес-конференција, на која го промовираа проектот за изградба на нов тренинг центар покрај кејот на реката Вардар во општина Аеродром.

Станува збор за скорешен почеток на изградба на голем спортски центар покрај кејот на реката Вардар, во кој се вклучени 5 фудбалски игралишта со трибини, од кои 4 фудбалски игралишта со по една трибина и еден мини стадион со две трибини со капацитет од 3.000 гледачи, за што Општина Аеродром интензивно работи на донесување на неопходните детални урбанистички планови.

„Проектот за спортско-рекреативен центар што денес го презентираме претставува продолжение на комплексот спортски објекти почнувајќи од спортската сала „Јане Сандански, со чија изградба граѓаните не само што ќе имаат можност да ги следат големите спортски настани, туку ќе имаат можност самите да спортуваат и да се рекреираат во нив во слободното време“, изјави градоначалникот Коневски.

Освен што проектот овозможува да се зголеми спортската активност и да се зачува и подобри здравјето на жителите на Аеродром, како општина со млада популација, која ќе може непречено да спортува на терените, директорот на АМС, Ѓурчевски изрази уверување дека оттука ќе излезат врвни спортисти и фудбалери.

„Отсекогаш сме стоеле и ќе стоиме зад вакви големи проекти кои ќе придонесат за развој на спортот, во овој случај на фудбалот во Република Македонија. Игралиштата се со професионални димензии 120 на 80 метри, монтажни трибини и комплетни услови за тренинг и натпревари. Тука ќе биде и куќата на фудбалот и уште едно поголемо фудбалско игралиште“, изјави Ѓурчевски.

„Реализацијата на проектот за изградба на тренинг центар и управна зграда на ФФМ ќе придонесе за развој на фудбалот, како во Република Македонија, така и на територијата на Скопје и секако во Општината Аеродром“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер, додавајќи дека Федерацијата ќе биде задоволна доколку овие игралишта бидат искористени 365 дена во годината, како за кампови на сите национални тимови на Македонија во сите категории така и за граѓаните на Општина Аеродром, особено младата популација.

На крајот на прес-конференцијата тој им подари дресови на своите соговорници, по што сите заедно со новинарските екипи го посетија теренот на кој ќе се гради големиот спортски тренинг центар, а кој во моментов е нефункционален.

 
 
 
 
http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1463 -
21.8.2009
Општина Аеродром


Posted By: vardar
Date Posted: 24-Aug-2009 at 11:00
Иначе во спорт пишува дека ако се донесат урбанистчките планови треба да почне да се гради во октомври а би бил готов до крајот на 2010.


Posted By: madox
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:36
Trening centarot na FFM ke se gradi vo Aerodrom a ne vo Karposh kaj Aleksandar Palace!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:44
Да де, спомна Vardar дека се работи за преселба Smile

Еве и подетално од нишката за урбанистички планови:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=45579#45579 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=45579#45579


Posted By: Sale SK
Date Posted: 02-Sep-2009 at 21:08
Originally posted by гитардемон

Е зошто запнале да се гради во центарот? Комплекс со 4 фудбалски терени во центарот на градот, е многу голема глупост (освен ако не е фудбалски стадион). Еве и Србите го градат тоа на 30 km од Белград, и тоа не 30 km од центарот, туку 30 km од Белград, што би значело дека има многу повеќе до центарот.


Србите моментално го користат комплексот на ФК Партизан,кој е во Земун,а нов комплекс за репрезентација воопшто не прават зошто не им ни треба,зашто и овој им е еден од најдобрите во Европа(без претерување).Користат еден дел надвор од Белград-Ковилово,но тој е во приватна сопственост.
А што се однесува до нашиот...И Аеродром не е најсреќно избрано решение.Можеби Сарај ќе беше најдобра локација...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Sep-2009 at 21:37


Според веста на која реагираше гитардемон, Србите сепак ќе градат нов комплекс:

Главната цел на посетата на Белград за Платини беше да се увери во проектот за тренинг-комплекс, кој нашиот северен сосед ќе го гради во Стара Пазова, околу 30 километри од центарот на Белград. Комплексот ќе се протега на 11,3 хектари, и ќе се состои од хотелска зграда на два ката со 60 соби, ресторан, економат, соблекувални, сауни, фитнес-центар, плус медицински центар како дополнителен објект. Администрацијата на ФСС ќе биде и во центарот на Белград, но и во новиот комплекс.

Тој центар ќе има четири терени со природна трева, од кој еден со минитрибини и атлетска патека со четири патеки, потоа два терена на вештачка трева, но еден покриен и затворен, базен, тениски терени, како и терен со песок наменет за фудбал на плажа.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 02-Sep-2009 at 22:10
Па знаеш како Clover,од идеја до реализација патот е огромен.Можеби им е во план,ама дека нешто работат на тоа поле-не работат.И кај нив зборуваат за рецесија и за тоа дека не треба да се фрлаат пари за нешто што веќе го имаат.ФК Партизан во СЦ Телеоптик Земун располага со многу подобри услови од гореопишаните,така да стварно мислам дека ќе се откажат од тој проект.Ама тоа си е нивна работа...
А нас тој СЦ ни треба ко лебец насушен зошто е вистинска брука во какви услови се спремаат нашите репрезентативци.Ние ако добро размислиме,во Македонија немаме ниту еден нормален помошен терен.Да не спомнувам терени со вештачка подлога или осветлување на истите.Сега добија пари од UEFA,редно е паметно да ги искористат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Sep-2009 at 22:55


И во српскиот центар со финансии учествува УЕФА. Всушност тие се доста понапред од нас со проектот. Од тоа што прочепкав по нет, договорите се веќе потпишани, а еве и денешна вест околу почетокот на припремните работи:

http://www.rts.rs/page/sport/sr/story/36/Fudbal/132251/%C4%8Celinici+FSS+i+Ministarstva+sporta+posetili+Staru+Pazovu.html

Најавуваат дека центарот ќе биде во функција до наредната есен. Дали ќе ги испочитуваат роковите не знам, но неоспорно е дека работат на проектот.


Јас повеќе би сакал да ти реплицирам на вториот дел од постот, за ситуацијата кај нас, но за жал тука нема што да се додаде. Можам само да ја споделам надежта со тебе.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 02-Sep-2009 at 23:38
Сега прочитав...Ова е скроз тазе информација,денешна.Ама приметив дека им фалат 4 мил.,а колку што знам тој проект вреди околу 6 милиона.Значи,самарот го имаат,уште да соберат пари за коњ.Big%20smile.Ама добро,чим почнуваат,значи и дека ќе го завршат.
ПС Не знам колку си запознат,ама на стариот стадион на Партизан треба да се гради нов.Проектот е готов од 2004,финансиската страна е обезбедена(околу 200 мил),ама уште не се гради поради тоа што нема амин од градот.Формално нема никакви проблеми,ама практично тапкаат во место.Муабетот ми беше дека јас тие нивни најави,планови,проекти не ги сфаќам баш сериозно од причина што и кај нив е ситуацијата како кај нас.Кога Германец ќе претстави некој проект,знаеш дека е работата завршена.Кај нас тука постојат милион други фактори...
ПС Гледаш и Украициве,за кои гаранции даде нивната влада,не успеваат со години да направат асални стадиони за ЕП во фудбал.Прво требаше 4,па им намалија на 2 стадиони и сега веќе најавуваат дека по се изгледа место нив ќе влета Германија(+Полска)..Поздрав


Posted By: Djole88
Date Posted: 19-Feb-2010 at 13:16
мислам дека имаше друга тема за овој комплекс, каде што следевме и расчистување на терен. Ако некој ја најде таа тема нека ги премести сликите тука, па да очекуваме дека ова ќе се оствари

Камен-темелникот за новиот комплекс на 2 март

Камен-темелникот за новиот комплекс на ФФМ во општината Аеродром ќе се постави на 2 март. Првата лопата ќе ја фрли премиерот Никола Груевски, а најавено е присуство и на сите македонски фудбалски репрезентативци, кои тогаш ќе бидат во Скопје на подготовки за контролката со Црна ГораНа комплексот ќе има четири помошни терени кои ќе ги гради Агенцијата за млади и спорт, а бесплатно ќе ги користи ФФМ во наредните 99 години. Стадион со вештачка трева и капацитет од 5.000 навивачи и управна зграда ќе гради ФФМ, со донација од УЕФА вредна 2,8 милиони евра.

Според најавите, сега ќе се удри камен-темелник само на четирите терени, а најдоцна за еден месец, откако ФФМ ќе добие чисти документи за преостанатиот дел од комплексот треба да почне работата и со преостанатиот дел. Дури тогаш УЕФА треба да ги префрли парите.

http://www.time.mk/read/e648090f8a/0a193d0f59/index.html



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Mar-2010 at 17:41

Општините ги уриваат импровизираните куќарки

Јоргани, даски, импровизирани кревети изутринава останаа израмнети со земја. На неколку ромски семејства во скопската населба Лисиче општинските власти им ги срамнија шаторите и импровизираните бараки.

Тука се подготвува изградба на спортски терени. Станарите свесни, знаеле дека тука не смееле да се населат, но немало каде.

Последното живеалиште им бил домот во Љубанци, но домот бил многу далеку, немале услови за живот.

„Да ни кажеа порано дека ќе не урнат, сами ќе се иселевме, вака останвме без даски“, раскажуваат жителите.

Љубанци беше привремено сместување за овие луѓе, додека не се најде друго решение. Министерот за труд и социјала се согласува дека во Љубанци не можеле да живеат.

Министерството имало стратегија за ваквите слуачи, но немало пари во буџетската каса за правење на објекти за живеење за ваквите социјални случаи.

Пред 6 месеци неколку семејства беа сместени во одморалиштето во Љубанци, откако претходно заминаа од чичино село, поради проблеми со тамошното население, спас побараа во дворот на центарот за социјални грижи во Скопје.

Министерството за труд и социјала реши гостите до дворот привремено треба да бидат сместени во Љубанци. За сега нема датум до кога овие луѓе ќе живеат во Љубанци.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=58148


Posted By: Djole88
Date Posted: 01-Mar-2010 at 18:20
колку што знам, на локацијата кај што утре ќе се удри камен темелник на тренинг комплексот на ФФМ нема куќарки, туку беше база на АД Маврово. Тој дел е скроз исчистен и мислам дека горе во постот има забуна за локацијата. Јас студирам на ФОН, така да во среда очекувајте слики од терен, да видиме дали ќе има почеток на работите. Штета што утре не сум на факс да одев да сликнев, а ептен ми е далеку за специјално да излегувам за тоа. Ако на некој му е блиску нека напраи утре неколку фотки

Утре во 11.30ч поставување на камен темелник



ФФМ и општина Аеродром ги покануваат сите редакции на утрешното свечено започнување на изградбата на новиот Тренинг центар и зграда на ФФМ на просторот кај реката Вардар. Градбата ќе ја официјализира Премиерот Никола Груевски во 11.30ч


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Mar-2010 at 19:31
Originally posted by Djole88

колку што знам, на локацијата кај што утре ќе се удри камен темелник на тренинг комплексот на ФФМ нема куќарки, туку беше база на АД Маврово. Тој дел е скроз исчистен и мислам дека горе во постот има забуна за локацијата


Тоа кај базата на АДГ Маврово е друг проект:
http://www.build.com.mk/?p=856 - http://www.build.com.mk/?p=856

а комплексов на ФФМ ќе се гради на просторот помеѓу Ново Лисиче и Вардар
41°59'16.99"N  21°28'50.00"E


Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Mar-2010 at 11:29
ок моја грешка.ненамерна

И КОНЕЧНО!!!!

     

Нов фудбалски тренинг центар во Аеродром

Премиерот на Македонија Никола Груевски денес заедно со градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и претседателот на ФфМ Харалампие Хаџи Ристески, присуствуваa на свеченото поставување камен-темелник за изградба на четири фудбалски игралишта во општина Аеродром

Игралиштата, како што рече премиерот Груевски, се дел од капиталниот проект „Куќа на фудбалот“ и тие се дел од 50-те фудбалски игралишта што ги гради Владата преку Агенцијата за млади и спорт. Во рамки на проектот планирана е и изградба на управна зграда на ФФМ и дополнителен стадион за повеќе од 3.000 гледачи со вештачка трева.
- Четирите фудбалски терени, во кои Владата ќе инвестира 780 илјади евра се очекува да бидат завршени за седум месеци. По нивното завршување ќе бидат дадени на користење на Фудбалската федерација на Македонија, рече Груевски.

Петте фудбалски терени, како што истакна премиерот, по функционалност и грандиозност ќе бидат главен Тренинг центар и фудбалски дом, каде ќе можат да тренираат сите репрезентативци.

Груевски додаде дека досега се почнати со градба десетици фудбалски игралишта во државата и изградена е северната трибина на градскиот стадион „Филип Втори“.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски рече дека за почнување на проектот ги донеле неопходните детални урбанистички планови и ги решиле имотно-правните препреки.

Претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи Ристески рече дека за Тренинг центарот бесплатно земјиште обезбедиле општина Аеродром и Министерството за транспорт и врски и додаде дека покрај 2, 8 милиони евра за изградба на овој проект од програмата на УЕФА, покрај земјиштето обезбедено од Владата и ФФМ ќе инвестира во проектот

На поставувањето камен-темелник присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Илиев и фудбалерот Горан Пандев.



Игралиштата ќе се градат во населбата Ново Лисиче покрај кејот на реката Вардар.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Mar-2010 at 21:33


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2010 at 14:42
1


2



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2010 at 02:18
Еве ДУП за овој простор
(тоа синото нема врска, тоа е постоечки објект на МЕПСО)




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2010 at 09:26
1


2


3


4



Posted By: Djole88
Date Posted: 14-Jul-2010 at 15:41
Ќе се навикнеме на вакви слики во градов, со кратењето на буџетот, ова ќе ни стане секојдневие. Јас тука проаѓав неколку пати летово и нема мрднато од точка до која се стигна пред почеток на летово


Posted By: Makedonij
Date Posted: 14-Jul-2010 at 20:41
Previous
Не бива малку ги има досега по цела земја, циганарија.....


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Nov-2010 at 15:34
1


2



Posted By: Dragan
Date Posted: 29-Nov-2010 at 18:34
изградбава иде со брзина на полжав Big%20smileBig%20smile

-------------


Posted By: Sale SK
Date Posted: 24-Feb-2011 at 01:03
Не мрда.Се си стои како што си беше.Затоа слабо ни игра репрезентацијава изгледа.


Posted By: axel
Date Posted: 02-Mar-2011 at 14:25

ФИФА: Половина милион долари за развој на фудбалот во Македонија

ЦИРИХ / 2.03.11 / 12:59

Првиот човек на ФИФА, г-динот Сеп Блатер со писмо ја информираше Фудбалската Федерација на Македонија дека е една од членките на која Бирото за Гол Проект во светската фудбалска организација одлучи да и ја додели втората транша за инфраструктурни проекти во износ од 500 илјади долари.

Ова се средства кои ФФМ ќе може да ги искористи за подобрување на инфраструктурата во рамките на развојот на фудбалот во Македонија. Од ФИФА очекуваат ФФМ да продолжи со успешната реализација на нови проекти и наменското искористување на средствата од Гол проектот.

Според првиот човек на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески ова е уште едно признание за нашата федерација и важна донација која ќе овозможи заокружување на финансиската конструкција за целосно реализирање и изградба на новиот Тренинг центар .

„Сигурно дека сум почестен со оваа информација од ФИФА испратена лично од претседателот Блатер во која се вели дека ние сме една од земјите на кои веќе им се доделува и втората транша од Гол проектот што сигурно е потврда за нашата успешна активност на планот на подобрување на условите за тренинг и воопшто на унапредувањето на фудбалската игра како основен сегмент за масовност и популаризација што сигурно во иднина ќе го зголеми и квалитетот на македонскиот фудбал“, изјави Хаџи-Ристески

Тој вели дека се веќе во процедура административните активности за старт на изградбата на Тренинг кампот во населбата Ново Лисиче.

Хаџи-Ристески објаснува дека со новите средства во износ од половина милион долари се заокружува финансиската конструкција за комплетна изградба и модернизација на првиот камп од ваков вид кај нас.

„Наша обврска е да работиме транспарентно и отчетно пред органите на ФИФА и правилно ги искористиме овие средства со што ќе отвориме можност за користење на нови донации. Токму ваквиот чекор на Бирото за Гол проект на ФИФА е признание дека ФФМ како федерација е една од најагилните во светски рамки и токму затоа е една од првите што ја доби втората транша од Фондот за солидарност во светската фудбалска фамилија“, вели Хаџи-Ристески./крај/ (еР) тт

http://daily.mk/cluster3/b34cf5684d526c0dfc3e15dc5cf00d23/620963



Posted By: Djole88
Date Posted: 21-Mar-2011 at 18:24
Изгледа тренинг комплексот конечно почнува да се гради. Денес имаше раздвиженост на градилиштето, мислам дека се поставуваше некоја заштитна жичана ограда, најверојатно околу идните терени


Posted By: dule
Date Posted: 25-Mar-2011 at 20:26
Последниве неколку дена има голема раздвиженост околу изградбата на Тренинг комплексот на ФФМ.


Posted By: dule
Date Posted: 26-Mar-2011 at 08:23


Posted By: dule
Date Posted: 26-Mar-2011 at 08:28


Posted By: N23
Date Posted: 26-Mar-2011 at 10:31
Одма се глеа као 2 работници се одмараат. Иначе не ми е јасно, не треба прво да се направат терени и сл па после да се оградуваат?!?!?!?!?


Posted By: Djole88
Date Posted: 27-Mar-2011 at 15:20
Епа нема што да се градат терените. Дренажа е поставена уште од почетокот, сега треба само мало багерче да го израмни теренот и да се засади трева. Тие куќарките(соблекувални веројатно), се исто изѕидани, треба да само да се стават врати прозори и внатре да се средат.

Сакам да кажам, инфраструктурата би требало да е готова, останува уште шминкањето


Posted By: toasumjas
Date Posted: 27-Mar-2011 at 19:39
E јака е ифраструктурава друже . И ја ќе направам ваков комплекс


Posted By: N23
Date Posted: 27-Mar-2011 at 22:35
Ова се вика СЕЛСКИ тренинг комплекс. Има у Србија да видат што е тренинг камп. Ем е блиску, ем можат лесно да се разберат за да сфатат како се прави тренинг комплекс!


Posted By: dule
Date Posted: 31-Mar-2011 at 15:03
Еве уште неколку слики од тренинг кампот на ФФМ
















Posted By: alexgizh
Date Posted: 31-Mar-2011 at 15:16
Мала шега: и ваков да остане теренот на тренинг кампот, ќе биде поарен од натпреварот со Камерун LOL

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 19:52
Таман рековме дека навистина ке почне некое си раздвижување околи изградбата тоа повторно запре работата на тренинг комлексот.Дали се проблем финансиите или нешто друго ке си покаже времето.


Posted By: dule
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:07
Мал напредок на комплексот

1.

2.

3.

4.

Со уредување на ова запуштено место кое беше порано во населбата Ново Лисиче,покрај тоа што ќе преставуваат терени за  играње на фудбал за нас младите туку и урбанизирање и уредување на овој простор кој е на одлична локација покрај кејот на Вардар.

Само што градбата многу споро се одвива почетокот беше во 2009 година а сега сме 2011 а сеуште е далеку од конечна реализација.Според програмата крајот на комплексот се предвидува до декември 2011 па ке видиме.


Posted By: zokidac
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:30
kompleks e tezok zbor za barakive i ostanatite cincarii


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Oct-2011 at 22:27

The Football Federation of Macedonia (FFM) will hold a cornerstone laying ceremony on Tuesday for a project titled "kukjata na fudbalot."

The project translates to "house of football" in English.  The cornerstone laying ceremony will be held on Tuesday, 11 October at 13:00 CET, several hours before the start of the Slovakia game to conclude the EURO 2012 qualifications.

The FFM building will be built near the new training center at the Novo Lisice settlement in Skopje.  The hope is that the new training center and FFM building will lead to better results for all Macedonian national teams. 

All the national teams can only train at the Phillip II Arena because there are no other quality options but once the new training center is opened along with the FFM building, that will lead to more flexibility and hopefully improve the performance and results of all the national teams.

[tube]vCiERlQ5Zs8[/tube]

Извор: http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3572%3Acornerstone-for-ffm-building-on-tuesday&catid=3%3Anewsflash&Itemid=223 - http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3572%3Acornerstone-for-ffm-building-on-tuesday&catid=3%3Anewsflash&Itemid=223



-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Oct-2011 at 09:14
Предпоставувам ова зграда да се гради некаде кај стадионот наместо во општина аеродром...


Posted By: axel
Date Posted: 11-Oct-2011 at 15:39

Поставен камен темелникот на Куќата на фудбалот

Денеска свечено беше поставен камен темелникот на новата Куќа на Фудбалот.
Категорија: Македонија | 11/10/2011 16:14 | Прочитано: 270 пати

Во присуство на голем број фудбалски работници, гости, новинари, претставници на Владата на РМ, градоначалниците на град Скопје и о.Аеродром, комплетната А-фудбалска репрезентација на Македонија на чело со селекторот Џон Тошак, денеска во атарот на Ново Лисиче беше свечено поставен камен –темелникот на новата административна зграда на ФФМ која ќе биде со површина од 4000 метри квадратни а заедно со четирите терени и мини стадионот со капацитет од 3000 места ќе го сочинуваат фудбалскиот комплекс на овој простор.

Камен темелникот го поставија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазе Поповски, потоа градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на о.Аеродром Ивица Коневски и претседателот на ФФМ , Хари Хаџи-Ристески.

Сите тие во своите говори го поздравија овој проект и го истакнаа неговото значење не само за развојот на фудбалот во Македонија , туку и за градот Скопје и општината Аеродром.

"Македонија изобилува со фудбалски таленти, но недостасува инфраструктура и терени за да ги научат правилно тајните на големиот фудбал".

"Се надевам дека изградбата на овој Тренинг центар ќе биде поттик за клубовите и другите градови во Македонија да започнат изградба на вакви центри кои понатаму ќе прераснат во фудбалски академии со што ќе го подигнеме квалитетот на фудбалот во Македонија на посакуваното ниво" - истакна претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески кој им се заблагодари на УЕФА, градот Скопје, о.Аеродром и пред се Владата на РМ и премиерот Никола Груевски за огромната помош во изградбата на овој проект.

Четирите терени се веќе во завршна фаза , а се очекува Куќата на фудбалот да биде завршена за 12-15 месеци. Целиот проект заедно со мини-стадионот ќе чини 4 милиони евра.

http://daily.mk/cluster3/fb22692b57409171ffed1dfe1d917fe6/941207


Posted By: dule
Date Posted: 11-Oct-2011 at 17:00
Слики од почетокот на градба на куќата на фудбалот.

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Со урбанизација на овој дел ќе се разубави населбата Ново Лисиче и кејот на вардар, кој долги години преставуваше грда слика на општината.


Posted By: build.mk
Date Posted: 11-Oct-2011 at 22:40
1


2


3


4


5


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 18-Nov-2011 at 18:44

Новата административна зграда на ФФМ која започна да се гради во населбата Аеродром е извонредно архитектонско решение, оценија соодветните служби на град Скопје.

diploma-kuka-500

Поради тоа на идејните творци на овој проект, Предраг Андонов, Невенка Манчева, Бујар Муча како и на нивните соработници, Ивана Миронска и Александар Анастасовски, градоначалникот на Скопје , Коце Трајановски им врачи Диплома за Посебен придонес во архитектурата на територијата на град Скопје.



Posted By: Djole88
Date Posted: 20-Dec-2011 at 11:43
конечно може да се види напредок тука. поставени се рефлекторите на помошните игралишта, среден е теренот на истите(неможев да приметам дали е поставена/засадена тревата) а и на административната зграда се работи

сликиве се од автобус во движење, така да толку за тие пари








Posted By: OCB
Date Posted: 03-Jan-2012 at 20:14


http://www.aerodrom.gov.mk/gallery.html


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2012 at 12:54
1


2



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Nov-2012 at 01:40

СОПРЕНА ИЗГРАДБАТА НА KОМПЛЕKСОТ ВО НОВО ЛИСИЧЕ

ФФМ снема пари за Kуќата на фудбалот

Инвестицијата ја финансира УЕФА, па македонското раководство не може да го доврши проектот ако европските челници не одобрат дополнителни средства

Нема средства за да се доврши Kуќата на фудбалот што лани почна да се гради во Ново Лисиче покрај реката Вардар. Финансиер на проектот е Европската фудбалска федерација (УЕФА), која лани донирала одредена сума пари, но сепак недоволно, тврдат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Реализацијата е запрена по 13 месеци, стасано е до карабина, а кога ќе продолжат работите, зависи од УЕФА, велат македонските фудбалски раководители. 

Kомплексот Kуќа на фудбалот е замислен како иден тренинг-центар на македонската репрезентација, на површина од 4.000 квадратни метри. Планирано е во негови рамки да се изведе административна зграда на ФФМ, четири фудбалски терени и мини-стадион за 3.000 гледачи. Kамен-темелникот беше удрен лани во октомври, со рок за завршување на градежните работи од една и пол година.

Димитар Зисовски, новиот генерален секретар на ФФМ, изјави дека во моментов бараат дополнителни средства од челниците на европската организација. Во јули годинава се смени раководството на ФФМ, па, според секретарот, неблагодарно е да ги коментира ветувањата и информациите за проектот од старите функционери. 

- За новата административна зграда е поставена бетонската структура, пред монтажа на стаклената фасада. Сега има сосема нова состојба од онаа што лани. Ние изработивме анекси со новите моменти и на средба со претставници од УЕФА побаравме одобрување на нови средства -информира Зисовски. 

Не даде информации за досега добиените средства, а ни за тоа колку вкупно се потребни за целосна реализација. Според информациите од минатото раководство, целокупната инвестиција требаше да чини од 3,2 до 4 милиони евра. Од нив 2,8 милиона евра како донација од УЕФА, од хет-трик програма, а 400.000 од програмата „Гол-проект“.

Александар Арсовски


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3480A68DD9F0FD41A08A04F72A9944CD


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 07-Feb-2013 at 22:32
Платини во март во Скопје
Објавено: 22:27, 07/02/2013

Во март свеченото ќе биде отворен новиот дом на ФФМ во скопската населба Аеродром, а претседателот на УЕФА, Мишел Платини ќе биде дел од ова случување.

Првиот човек на европскиот фудбал веројатно ќе присуствува и на квалификацискиот натпревар меѓу нашата селекција и Белгија на 22. март на Националната Арена “Филип Втори“, најавуваат од ФФМ.

Мишел Платини беше во Македонија да му ја врачи “Златната копачка“ на Дарко Панчев, а потоа беше на гости и на јубилејот од 100 години македонски фудбал, а ова ќе биде негово трето гостување.

извор A1on
____________________________________________

Има некаква информација до каде е изградбата на комплексов?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2013 at 16:38


Еве свежи фотки Влатко.

Не ми е јасно што ќе отвора Платини... Објектот тешко дека ќе биде до март, типот изгледа ќе ги отвора игралиштата.

1


2


3


4


5


6



Posted By: daci92
Date Posted: 08-Feb-2013 at 16:55
Се наоѓа на неполн километар од мене и не сум го видел со месеци ,не сум ни знаел дека се почнати работите за паркинзи и пристап до објектот и игралиштата ,иначе како што гледам за до Март ова да го завршат ќе треба со Варп брзина да работат....
Иначе Кловер дали имаат оставено простор за проширување на бул.АСНОМ од потегот од мостот близнаци кај што е со 6 ленти до последна петка ?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2013 at 16:57


Има сосема доволно простор  Thumbs%20Up


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Feb-2013 at 16:58
сепак планирани се 4 (+ мислам дека е со средишно зеленило)... доволни се...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: daci92
Date Posted: 08-Feb-2013 at 17:04
Епа добро тогаш ,некој ден ќе треба да поминам натаму да разгледам
Иначе Фосил според НовоЛисичеУЕГ има средишно зеленило планирано но незнам дали се по 2 или по 3 ленти.


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 09-Feb-2013 at 01:09
Фала за фотките

Објектов како што гледам си ја добива формата - можеби ќе успеат да го зтворат до 22-ти март (тоа е нешто повеќе од 40 дена). Многу е веројатно дека Платини ќе дојде за натпреварот со Белгија, а овој објект ќе го посети само (да види кај отишле парите ). Инаку не е исклучено ФФМ да ја искористи приликата за да го “опипа пулсот“ како европската куќа на фудбалот е расположена Суперкупот на УЕФА 2016 да се игра на Филип II во Скопје.

ПС Името на теренчето од сликата е страшно


Posted By: daci92
Date Posted: 16-Feb-2013 at 18:16
Пред неполн половина час се вратив од таму и можам да речам дека многу активно се работи и ако се продолжи вака можно е да биде завршено до денот на отварање кој е предвиден.
Едната зграда надворешно е целосно завршена а другата е при крај можеби има само 1-2 % останато од работата.За внатрешно незнам но видов дека има гипс картон плочи пред зградата така да најверојатно едната зграда внатрешно веќе се уредува а другата или е почната или ќе започне за некој ден.

Само една работа не јас сваќам , двојните излези од паркингот од пред куќата на футбалот односно има двоен излез но проблемот е што една уличка (која изгледа како сервисна и нема повеќе од 4м ширина) се наоѓа баш на местото каде што треба да биде булевар АСНОМ.

пс: се извинувам што немам фотогафии но немав апарат со мене да сликам ,сосема случајно се погоди да одам таму.


Posted By: daci92
Date Posted: 07-Mar-2013 at 21:10
Надополнување:

Фасадата и прозорите на целиот комплекс се комплетно завршени и според мене изгледа одлично комплексот ,ми се допаѓа модерниот дизајн.
Кога се враќав околу 7 часот сеуште се работеше внатре во едната зграда (имаше уклучени светла и можеше да се види дека работниците работат) ,а преку ден се работеше на хортикултурното уредување надвор од бар 10 луѓе, така да можно е да биде завршен на време.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 12:08

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, сигурно доаѓа во Скопје на 22. март и ќе присуствува на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Белгија, на „Филип Втори“ арена.



Со него, во нашиот главен град ќе пристигне и мини- делегација од 4 луѓе од УЕФА, меѓу кои е и потпретседателот на европската куќа на фудбалот. Гостите од УЕФА, следниот ден на 23. март ќе присустваат и на отворањето на новиот дом на ФФМследниот ден на 23. март ќе присустваат и на отворањето на новиот дом на ФФМ, во населбата Аеродром.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=15642 


Искрено мислам дека би завршиле многу голема работа кога екипа од БИЛД би присуствувала на отварањето. 




Posted By: daci92
Date Posted: 13-Mar-2013 at 12:14
Ако се вратам во МК до тогаш може и јас ќе присуствувам освен ако не биде во 7 часот изутрина.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Mar-2013 at 12:18

Originally posted by daci92

Ако се вратам во МК до тогаш може и јас ќе присуствувам освен ако не биде во 7 часот изутрина.

Даци мислам дека ти последен извести околу овој објект. Сеуште ли стоиш на тоа дека е можно отварање на 23 март или сепак ќе биде недовршен објектот?



Posted By: daci92
Date Posted: 13-Mar-2013 at 12:28
Јас стојам на тоа дека може да се отвори, не сум влегол внатре во објектот но надворешно е целосно завршен, а на внатрешноста се работеше уште кога се работеше на надворешноста на вториот објект што значи дека сега би требал да се при крај и со внатрешноста, притоа на внатрешноста се работеше и навечер ,а кога ќе видиме дека има уште 10 дена и се работи во две смени мислам дека нема никаков проблем да ја завршат. Можеби ќе останат некој детали да се довршат во внатрешноста и да се опреми со инвентар но и без тоа ќе го отворат објектов.


Posted By: N23
Date Posted: 20-Mar-2013 at 01:43
Македонија доби прв модерен фудбалски комплекс: Куќата на фудбалот подготвена за Платини! (ФОТО)
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=15815 - http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=15815

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: daci92
Date Posted: 21-Mar-2013 at 15:23
Јас само да се извинам и да кажам дека нема да можам да присуствувам на отварањето утре и ако може некој да појде и да слика би било супер.
За мене е невозможно бидејќи сум сеуште на пат и не верувам дека ќе се вратам до крајот на неделава.


Posted By: damjan4o
Date Posted: 22-Mar-2013 at 13:09
Утре, 22.3.2013 година, со почеток во 14:00 часот кај последната автобуска станица на автобусите „5“ и „15“ во Ново Лисиче, официјално ќе биде пуштена во употреба новата Куќа на фудбалот.
На свеченото отворање на новиот дом на Фудбалската федерација на Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, претседателот на УЕФА, Мишел Платини, градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.


Posted By: Dragan
Date Posted: 22-Mar-2013 at 14:53
Одличноо издание стварно премногу солидно за фудбалската федерација на Македонија. Ваков сличен стил подобро би одговарал за Управната зграда на Водовот и Канализација и Градска куќа...


-------------


Posted By: stratus
Date Posted: 22-Mar-2013 at 17:22
Не мислам дека е премногу солидно туку баш како што треба согласно со потребата и локацијата. А тоа што сме веќе навикнати на "неправилни" облици на објекти согласно со намената е друга работа. За пофалба е тоа што објектот навистина соодветствува со рендерот.


Posted By: build.mk
Date Posted: 23-Mar-2013 at 14:17
Отворена Куќата на фудбалот

Новата административна зграда и тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија лоцирани покрај реката Вардар кај населбата Ново Лисиче во Скопје [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D1%84%D1%84%D0%BC%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80 - »мапа ], денеска беа свечено отворени во присуство на претседателот на УЕФА, Мишел Платини. На свеченоста присуствуваа и премиерот Никола Груевски, како и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Комплексот наречен „Куќа на фудбалот“ започна да се реализира во март 2010, кога беше поставен камен темелник за четирите фудбалски терени, а изградбата на административниот објект кој ќе биде новото седиште на ФФМ започна во октомври 2011.

Зградата има вкупна корисна површина од 4.000 метри квадратни и во нејзе беа вложени околу четири милиони евра, средства во најголем дел обезбедени преку „Хет Трик“ програмата на УЕФА. Изведувач на градежните работи беше „Масон Инженеринг“, а надзорот го вршеше „Балкан консалтинг“. „Ова што го гледам тука е прекрасна зграда, прекрасен центар на фудбалот, а кога ги гледам овие деца што играат тука, најсреќен сум од сите. Наша задача е да им помагаме на националните фудбалски асоцијации да ги привлекуваат младите фудбалери, а со изградбата на овој објект еден голем таков услов е исполнет“ истакна во своето обраќање Мишел Платини.

Државата преку Агенцијата за млади и спорт учествуваше во проектот со изградбата на четирите фудбалски игралишта во склоп на комплексот, во кои вложи 780 илјади евра. Два од терените се со природна трева, а два со вештачка трева. Планирана е изградба и на еден мал стадион за одигрување натпревари со капацитет за 3.000 гледачи, но засега нема конкретни најави за негова реализација. Проектот најпрвин беше предвиден во Општина Карпош, на простор во близина на салата „Борис Трајковски“, но поради имотно – правни проблеми е префрлен на сегашната локација.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200801.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200802.jpg">   # http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200803.jpg">   #

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200804.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200805.jpg">   # http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200806.jpg">   #

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200807.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200808.jpg">   # http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200809.jpg">   #

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200810.jpg"># http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200811.jpg">   # http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Sportski/Trening%20centar%20FFM/Trening%20centar%20FFM%200812.jpg">   #



http://www.build.mk/?p=23849 - #
Објавено на 22.03.2013 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%b0%d0%bb%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Балкан консалтинг , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80 - Конструктор , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%83%d1%9c%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d1%83%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%be%d1%82 - Куќа на фудбалот , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82 - Македонија инвест , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%bd-%d0%b8%d0%bd%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Масон-Инженеринг , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8 - Спортски , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8 - Стадиони , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d1%84%d0%bc - Тренинг центар на ФФМ


http://www.build.mk/?p=23849 - http://www.build.mk/?p=23849


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 23-Mar-2013 at 18:58
Одлично изгледа, висока оценка во аспекти, браво.


Posted By: OCB
Date Posted: 31-Mar-2013 at 23:10


http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/konechno-dobar-znak-nad-skopje-dve-vinozhita#13


Posted By: DIMITAR
Date Posted: 05-Apr-2013 at 13:42
По медиумите никако не можам да најдам слики од внатрешноста на објектот. Ги превртев сите вести од отворањето и нема ништо. Изгледа не бил завршен до моментот кога сечеле лента, ај ако има некој што живее или поминува во близина нека потврди дали уште работат внатре.


Posted By: pfc
Date Posted: 06-Apr-2013 at 20:44
Еве Димитар овде ако можеш да доловиш нешто,
http://www.spe.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=694:oy-&catid=52:2013-02-14-14-52-06&Itemid=91


Posted By: daci92
Date Posted: 10-Apr-2013 at 20:33
Поминав денес преку ден пред објекот и можев да забележам дека има возила на вработените пред самиот објект, а не видов ниедно возило од некоја компанија која би вршела некои градежни, молеро-фарбарски и др. такви услуги што значи дека објектот е комплетиран.
Се решив да појдам да го сликам во текот на денот кога ќе завршам со обврските но веќе ме фати ноќ па направив само една слика при фото сесијата што ја правев (ми се испразни апаратот и откако ја направив сликата се изгаси) , се извинувам за лошиот квалитет бидејќи сепак се работи за притисни и сликај апарат.




Posted By: oTeget
Date Posted: 11-May-2013 at 23:41
Денеска поминав кај зградава и сфатив колку била голема во живо. Зарем не е многу поголема од потребите на ФФМ? Колкава бирократија има ФФМ за да има потреба олкава зграда? Или објектов се користи и за нешто друго?


Posted By: daci92
Date Posted: 12-May-2013 at 00:29
Колку што знам нема ниедна друга институција тука сместено ,а за потребите на ФФМ мислам дека е доволна, има прилично голема бирократија ,а и сепак секој треба да има голема канцеларија плус конференциски сали и такви работи .


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-May-2013 at 17:09


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Sep-2013 at 18:58
Денес случајно поминував, па не можев да одолеам да не сликам



-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Sep-2013 at 21:19
[tube]blOKYGlgpZk[/tube]

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2015 at 17:40


-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 27-Jun-2015 at 17:55
Веќе некој период се гради дополнителна зграда/трибина на едниот терен , но немам време да поминам да сликам и да видам што точно е ..


Posted By: jyvation
Date Posted: 27-Jun-2015 at 20:44
Сигурно е трибина и соблекувални бидејќи некои од терениве ФФМ ги изнајмува на прволигашиве и они ги користат.



Print Page | Close Window