Print Page | Close Window

Атмосферска канализација

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=644
Printed Date: 27-Apr-2024 at 20:28


Topic: Атмосферска канализација
Posted By: lslcrew
Subject: Атмосферска канализација
Date Posted: 02-Sep-2008 at 22:18

ПРОШИРУВАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Атмосферска поставена, финишот за 3 месеци


Градежните работи за проширување на булеварот "Гоце Делчев", кои започнаа минатиот месец, продолжуваат со поставување на атмосферска канализација, а според надлежните проектот треба целосно да биде завршен за помалку од 3 месеци.
- Проширувањето се врши од двете страин на булеварот, односно на потегот од зградата на Македонската радиотелевизија, и од универзитетот "Свети Кирил и Методиј", се до спојот со улицата "Беласица". Од страната на Универзитетот поставена е нова атмосферска канализација со профил ФИ 1.000, а во моментов се работи на отстранување на старите цевки и подготвување на теренот за тампонирање и асфалтирање, објаснуваат во Градот.

Оттаму додаваат дека на делот кај зградата на МТВ се врши ископ, по што ќе се постави армиранобетонска заштита на атмосферската канализација и ќе се премине кон тампонирање на просторот.
Инаку, со проектот, булеварот "Гоце Делчев" ќе добие уште по една лента од двете страни, со широчина од 3,5 метри, и должина од 520 метри.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D8F4A11B5DB47E46968F49DD180DC4E9



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:45

Поплавена улицата покрај „Усје“

Од Градот ветуваат дека проблемот ќе биде решен до пролет

Делот од булеварот „Србија“ кој води кон кулите „Расадник“ во Кисела Вода, деновиве е постојано поплавен. Новата улица, покрај цементраницата „Усје“, која беше изградена минатата година, нема атмосферска канализација, па во деновите кога врне дожд е целосно нефункционална. Се случува да има толку многу вода која нема каде да истече, што возилата воопшто не можат да поминат, се жалат жителите на населбата.

„Се создаваат мешаници, особено наутро, кога мора да се враќаме назад и да ги користиме обиколните улици, со што практично не се постигнува целта на изградбата на оваа улица. Инаку, кога е проодна, на голем дел од жителите на населбава им заштедува многу време“, вели жител на Кисела Вода.

Проблемот со канализацијата ќе биде решен до пролет, ветуваат во Градот. Досега не била направена, бидејќи немало проект, а во план било проширување на улицата со уште две ленти. Сепак, атмосферската канализација ќе се гради пред проширувањето. Во Градот велат дека коловозот нема повторно да се копа, бидејќи цевките ќе се постават покрај улицата. Доколку некогаш се реализира планираното проширување со уште две ленти, сливниците од атмосферската канализација ќе бидат централно поставени, што нема, според градските власти, воопшто да пречи во одвивањето на сообраќајот.

„Во буџетот за годинава има предвидени средства за изградба на атмосферска канализација. Во моментов во тек е тендер за избор на изведувач. Планираме целиот проект да биде готов до мај“, вели Мичо Поповски од Секторот за урбанизам.


Тој објаснува дека засега не се планира и проширување на улицата со уште две ленти. Според него, улицата со сегашниот капацитет ги задоволува потребите. Проширувањето би било дополнително компликувано и поради тоа што поголемиот дел од земјата е приватна и би се јавиле многу имотноправно спорови.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=248EEF8A997F5C48ACADA4DA733BDE7A


Со последнава реченица баш ми дадоа цврст аргумент зашто не се реализира проектот. Ова ми звучи онака апатично "Кој сега да се занимава со проблеми...дај батали ајде!" А булверов како амбициозно тргнаа да го прават, па архиепископот, трифун, џорџе.....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 04:25

Почна изградбата на атмосферска канализација на дел од булевар „Србија“

Градот Скопје започна со изградба на атмосферска канализација на булеварот „Србија“, на потегот од цементарницата „Усје“ до Кисела Вода. Изградбата на колекторскиот систем за собирање на атмосферските води ќе го реши проблемот со поплавувањето на новата сообраќајница. Во текот на следниот месец ќе се постават армирани бетонски цевки за атмосферска канализација во должина од 560 метри. По завршувањето на канализацијата, се отвора можност за доизградба на преостанатите две ленти од булеварот „Србија“.

Овој потег, со должина од еден километар, Градот Скопје го изгради минатата година заради поврзување на општините Кисела Вода и Аеродром. Граѓаните со години ја користеа неасфалтираната улица покрај цементарницата „Усје“ за да избегнат кружење по околните сообраќајници.

„Изградбата на атмосферската канализација е во функција на олеснување на сообраќајот и комуникацијата меѓу двете населби. Граѓаните при секој дожд се соочуваат со поплава на улицата што не може да се помине со автомобил. Проблемот со овие води ќе биде решен во најскоро време, по што може да продолжи проширувањето на улицата, како и реализацијата на остатокот од булеварот ’Србија’“, истакна вчера градоначалникот Трифун Костовски, кој информира дека Градот Скопје за изградбата на атмосферската канализација од буџетот ќе издвои 7,2 милиона денари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ED2385B3D575DF47AF802F8EFA087FFE


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2009 at 00:02

Како улиците да не се езера по дождовите

Атмосферска канализација имаат само 30 проценти
од улиците

Снежана Калабакова

По секој пороен дожд улиците се полнат со вода, што е резултат на отсуството на атмосферска канализација. На повеќе локации се создаваат цели езера кои го кочат сообраќајот, бидејќи во атмосферската вода заглавуваат и автомобилите и градските автобуси. Критични точки се подвозникот кај стоковната куќа „Спридер“, потоа на улицатата „Железничка“ во правец на населбата Црниче, подвозникот во Бутел кај поранешната фабрика „Наше дете“ и други делови низ скопските населби. По секое невреме или пообилни врнежи од дожд по сообраќајниците се создаваат колони од возила кои не можат да излезат од насобраната вода.

Скопје се' уште е покриено со едвај 30-ина отсто атмосферска и 80 отсто фекална канализација. На местата каде што не е изградена атмосферската, фекалната ги презема атмосферските води. Сериозен проблем се решетките на атмосферските канализации, кои често се крадат, а имаат улога да го задржуваат ѓубрето на површината, кое инаку се слева внатре и ги затнува отворите. За жал, има и такви несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре во отворите на атмосферската канализација.

Во Градот се свесни оти само третина од улиците има атмосферска канализација, која на одредени делови е стара и според профилите не ги задоволува потребите. Малку поинаква е ситуацијата на новите улици, каде што има изградено нова мрежа со капацитет да прифати поголемо количество дождовна вода. Сепак, додаваат дека Градот не може да стаса да ја изгради мрежата во која со децении ништо не било вложено. Од Одделението за односи со јавноста објаснуваат дека проблемот со прибирањето на атмосферските води произлегува од незадоволителната мрежа атмосферски канализации на магистралните сообраќајници. Градот во буџетот за 2009 година предвидел околу 60 милиони денари за изградба на мрежа за отпадни води, од кои 40 милиони се само за општината Аеродром. Дел од средствата ќе се искористат за изградба на атмосферски канализации. Во принцип, проширувањето на мрежата се врши со проширување на магистралните улици, како што е примерот со булеварот „Видое Смилевски-Бато“ или, пак, со мрежата која започна да се гради на пробиениот дел од булеварот „Србија“.

Од Градот информираат дека градоначалникот Коце Трајановски побарал од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ редовно да се чистат сливниците, мрежата и препумпните системи во подвозниците за да не доаѓа до чести затнувања и создавање езерца по сообраќајниците.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=81724ABE9CA5A1478A72F64E458223F1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-May-2009 at 22:25

Големо невреме во Македонија

Мирјана Мирчевска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109177#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/nevreme-a2-27-05.wmv,%20109177%29">  
27.05.2009 18:45
 

 

Силно невреме со поројни дождови во Скопје. Несреќно за оние што навреме не стигнале на сигурно. По силните дождови - формирани цели езера.

Кај Скопскиот саем во Автокоманда пловеа автомобили, а сопствениците на возилата беа како да преживеале морска бура.

„Бевме скоро пола час, до горе е колата со вода. За 15-тина минути не поплави, толку беше, буткавме. На ново направено вакво нешто да се случи, езеро право, до коленици вода“, рекоа граѓаните.

Многумина си помагаа, ги бараа шахтите ама безуспешно. За среќа, додека А2 беше таму, немаше повредени.

 

 

Највисоката точка каде можете да застанете, а да не го удавите телото во оваа гнасна вода е тротоарот.

Но, доколку помине автобус, и тоа нема да ве спаси.

Новите возила останаа да пловат во скопското езеро кај Скопски саем.

Невремето траеше неколку часа проследено со обилни врнежи, град, грмотевици и ветар со силина и до 100 километри на час.

Најсилен интензитетот, според Хидрометеоролошки завод, бил во скопскиот и полошкиот регион.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109177


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-May-2009 at 22:31


Скопје има покриеност со атмосферска канализација од ~30% (прашање е во која кондиција е и како се одржува и тоа што го имаме). За другите градови исто можам да замислам. За овој проблем постојано слушаме, но сеуште ништо не сме слушнале што се превзема за да почне да се решава. Во меѓувреме, додека инфраструктурата ни е на афричко ниво, ние фрламе вртоглави суми пари во непродуктивни работи. После кој ни е крив?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-May-2009 at 23:17
Особено иритира што ваква поплава може да се случи кај штотуку завршен проект - клучката континентал. Не е ни прв пат:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=23632#23632 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=23632#23632

...но веќе станува сомнително објаснувањето дека се работи едноставно за затнати шахти. Во секој случај, ако е до затнати шахти, нека одговараат тие што треба да ги чистат и одржуваат. Ако е до лоша изведба, нека одговара изведувачот и надзорот. Ако е до лош проект, нека одговара проектантот и оној што го прифатил проектот. Клучниот збор е одговорност. Без одговорност нема да мрднеме напред и вакви случувања ќе ни се хронични!

А богами треба и да бидат обештетени овие луѓе чии возила се уништени. Не се работи за елементарна непогода то ест вистинска поплава. Не е нивна вина што при нормален дожд тргнале да возат по главни градски сообраќајници, а заглавиле во Амазон.

[tube]Aypoo0K9u1k[/tube]


Posted By: beTon
Date Posted: 27-May-2009 at 23:34
уште ова го немав видено, а добро тоа подземниот премин куртулил? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-May-2009 at 23:54
Originally posted by beTon

уште ова го немав видено, а добро тоа подземниот премин куртулил? 


Како може да куртули? Имун ли е на гравитација?

И на снимките се гледа дека во тој правец водата е подлабока. За среќа не е преминот толку „подземен“, туку и од горе сообраќајницата е издигната на насип, па не е пречесто олку критично.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-May-2009 at 00:06
па затоа и прашувам, доколку беше поплавен сигурно ќе го дадеа во репортажата, а и доколку истиот беше зафатен во ниво со оваа вода, логично е да е преплавен, што очигледно не се случило!? 


Posted By: Supervisor
Date Posted: 28-May-2009 at 00:52
hahahah добро нели имаше тука атмосферска изградено? Што значи ова дека е тесно изградена?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: beTon
Date Posted: 28-May-2009 at 01:20
не очекувале дека треба нова и поголема, сега низ подвозникот доаѓа доста вода од брдото од газибаба каде нема атмосферска канализација, па со пробивањето на подвозникот јурна вода а сливиците немаат капацитет да ја приберат сета, па затоа ваков башибозук, некој штедел на мозок наместо на грешки, треба да се интервенира со нова и поголема атмосферска канализација! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2009 at 01:32
Originally posted by beTon

не очекувале дека треба нова и поголема, сега низ подвозникот доаѓа доста вода од брдото од газибаба каде нема атмосферска канализација, па со пробивањето на подвозникот јурна вода а сливиците немаат капацитет да ја приберат сета, па затоа ваков башибозук, некој штедел на мозок наместо на грешки, треба да се интервенира со нова и поголема атмосферска канализација! 

Добро бетон, што те кошта напред да ставиш едно „можеби“ или „веројатно“ или некој друг збор во сличен контекст, за да не звучи ова што го кажуваш како информација до која си дошол, туку како тоа што е - твоја претпоставка.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-May-2009 at 01:43
не е претпоставка, прво е логика, со оглед дека проблемот се јави по отворањето на подвозникот, а сетне потврдено е и од градот и од водовод...

...
Градските власти објаснуваат дека на овој потег на булеварот има атмосферска канализација и оти затоа со проектот за изградба на клучката кај "Континентал" не била предвидена изградба на атмосферска мрежа.
...
проблемот е во тоа што тука се слева сета атмосферска вода од населбата Гази Баба каде што нема атмосферска мрежа. Практично, сливниците од атмосферската мрежа на булеварот немаат доволно капацитет да ја соберат сета вода која од Гази Баба се слева наваму, и затоа тука постојано има големи количини вода на коловозот

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=EBB4BBF17774DD40A605D07F019051E7 - www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=EBB4BBF17774DD40A605D07F019051E7



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2009 at 01:52
Одлично! Но тогаш што те кошташе да ја вклучиш оваа вест во твојот пост?
(особено што, колку што ми е познато, воопшто ја немаме регистрирано на форумов)
Па да нема забуни околу твојот коментар... а и да се регистрира инфото за понатака.


Еве нека стои веста во целост:

аТМОСФЕРСКАТА ВОДА ОД ГАЗИ БАБА ГО ПОПЛАВУВА БУЛЕВАРОТ КОН БИТ-ПАЗАР

Чамци за по Александар Македонски

Од "Водовод" велат дека на булеварот имаат црна точка, па кога врне, и покрај канализацијата, тие мораат да излезат на терен за да спречат рачно да се формираат езера

Булевар Александар Македонски, под пешачкиот премин кон Бит-пазар, при секој дожд е поплавен. Скопјани велат дека по овој дел од булеварот, во правец од Маџари кон Бит-пазар, непосредно по новата клучка кај хотелот "Континентал", кога врне дожд може да се мине само со чамец, бидејќи со колите редовно заглавуваат во огромниот вир кој се создава.
"Градот, кога веќе ја правеше клучката, зошто не го реши и проблемот со атмосферски води на овој дел од булеварот, односно зошто не постави атмосферска канализација. Кога врне, се чини дека булеварот е пресечен со огромно езеро, па џабе модерната клучка, кога стотина метри подолу не можеш да поминеш", велат скопјани.
Градските власти објаснуваат дека на овој потег на булеварот има атмосферска канализација и оти затоа со проектот за изградба на клучката кај "Континентал" не била предвидена изградба на атмосферска мрежа. Тие објаснуваат дека проблемот со задржување на атмосферските води на овој дел од Александар Македонски е во одржувањето на канализациската мрежа, за што е надлежно ЈП"Водовод и канализација".
"Таа делница од булеварот кај нас се води како една од црните точки во Скопје, на која наши екипи редовно интервенираат. Тука има атмосферска канализација, но проблемот е во тоа што тука се слева сета атмосферска вода од населбата Гази Баба каде што нема атмосферска мрежа. Практично, сливниците од атмосферската мрежа на булеварот немаат доволно капацитет да ја соберат сета вода која од Гази Баба се слева наваму, и затоа тука постојано има големи количини вода на коловозот, кои веднаш ги отстрануваме", вели Никола Ѓорески, технички директор на ЈП "Водовод и канализација".
(Е.А.)
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=EBB4BBF17774DD40A605D07F019051E7


Posted By: beTon
Date Posted: 28-May-2009 at 02:10
заради провокација, да чуеме и нечија претпоставка или нечиј контра аргумент! но како и обично никој не се одважува ни да претпостави, а камо ли и да констатира, макар имало и непознати или бил грешка!
само низ дебата од trial and error се развива дискусија од која остануваат впечатливи поенти или квалитетен материјал за анализа ако ништо друго!
понекогаш е добро и да се пушти намерно чивија како некоја работа би се разглобила и детално, без за тоа некој да се најде навреден, а појавата сепак квалитетно да се разјасни!
но посреди мораат да се надминат егото и инаетот, што морам да признаам во Македонија е тешко изводливо како е онаа поговорката сам свој ага сам свој паша LOL 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2009 at 02:36
[offtopic]

Да, за квалитетна дискусија најдобро е да има повеќе учесници и различни гледишта. Но за квалитетна дискусија е исто така неопходно да се разграничи:
- што е факт, a што претпоставка или мислење
- што е издржаа анализа, а што шпекулација
- што е вест, а што информација од прва, втора, трета рака...

Мислам дека вториот услов воопшто не го исклучува првиот  Smile

[/offtopic]


Posted By: beTon
Date Posted: 28-May-2009 at 03:05
се сложувам, но битен е заклучокот, а не кој што и како ќе се изрази!
и цврсто да стоиш зад нешто и претпоставки да фрлаш, верувај дека оние што читаат или дискутираат не се одвеани од виорот, па сами ќе си изведат заклучок од понудените информации и раскрчмената дискусија... јасно потребно е да има во екипата дискутанти и упатени и неупатени, битно е на крај дека сите добиваат

интересно е колку дури и службите пример си ја префрлаат топката помеѓу себе, па и од таквата дебата нешто човек ќе разбере, градот вели дека бељата е во нередовното одржување на мрежата, а водовод вели дека урбанистите направиле превид и не ги зеле во предвид сите можни фактори! е веќе ова е опасно да се тера опуштено и со претпоставки, но и таму додека се одважи некој да признае каде е навистина бељата возот заминал, асфалтот се аби, а одговорните си тераат инает!
но што им е гајле кога посреди се народни пари! имаше еден инжињер во хрватска мислам утнал трасата за далновод човекот се самоубил од грижа на совест, овие не мора да се убиваат но нека си дадат оставка бар, и нека чекаат повторно да бидат рехабилитирани и повторно ангажирани. можеби е решение да се воведе тимарење на лиценците на архитектите и инжињерите како што е случајот и со докторите, само така ќе се подигне нивото на квалитет и максимално ќе се намали можноста за импровизација и грешки.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2009 at 14:13
Два месеци  Question

Добро ајде чекаме  Smile

Колекторски систем ќе ја спасува клучката кај Континентал


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109216#komentari - Коментари (1)    
28.05.2009 14:13
 

 

Градските власти најавија изградба на колекторски систем од Вардар до клучката кај Континентал, како и до касарната Илинден со цел да се спречи понатамошно поплавување на овој дел на градот при поројни дождови.

Ова денеска го најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој рече дека целиот зафат би требало да заврши за околу два месеци.

Според Трајановски, пропустот бил направен во време кога се градела клучката и кога не бил обезбеден систем кој ќе ги одведува атмосферските води.

Скопскиот градоначалник додаде дека низ Скопје има неколку црни точки кои со програмата на градот е предвидено да се санираат.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109216


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2009 at 10:20
01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-May-2009 at 17:18
Најчудното е што никаде нема Полиција или Пожарна екипа да им помогне на луѓето во незгода и да проба да одводни/отпуши дел од канализацијата. Зашто плаќаме даноци??? И еден офтопик:
Дали Македонија има нешто кое е услов за влез во ЕУ:
1) Интервентна единица за спасување која се вика ЦИВИЛНА ЗАШТИТА и интегрира спасувачки екипи на нелолку нивои (пожарна, горска, планинска, водна, сообраќајна итн служби за интервенции во нужда)?
2) Дали некогаш планираме да го воведеме компјутеризираниот интегриран телефонски центар на сите служби за спасување-112 / (911 за САД)??


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-May-2009 at 17:36
тераме офтопик ама ај, а што ги сменија броевите за итните служби пеесет пати Bash


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-May-2009 at 17:36

Уште една пародија на македонското новинарство, овој па испомешани се клучка континентал со скопската обиколница. ПА малку да размислуваат новинариве кога пишуваат нешто. Еве ја и веста

Клучката кај Континентал виновна за поплавите
Мирјана Мирчевска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109285#komentari -  
29.05.2009 17:05
 

 

Откако Ѓорѓеивски од скопско Стајковци се изначудил како можело толку вода да се собере на едно место кај клучката кај Континентал - за два дена истата судбина го погодила и него.

Ноќеска илјадници литри вода исфрлил подрумот.

До 4 часот изутринава тој спасувал она што можело да се извлече од поплавениот подрум.

„Се поплави. Еве струјава кајшто беше, среќа ја исклучив струјата. И тука беше подигната струјава, а водава до тука влезе“, изјави Марјан Ѓорѓеивски, жител на Стајковци.

Вели дека ова е втора поплава, откако била направена обиколницата. Цела ноќ од новиот пат преку нивите течела вода во подрумите во првите куќи покрај патот.

 

 

Барале помош, но дошле само приватни цистерни од селото и ја извадиле водата. По неговата приказна заминавме кај неговиот сосед Митковски. Тој го чистеше новиот автомобил од кал и вода. Во гаражата се гледаше границата помеѓу сувото и поплавеното.

„За едно 15 минути дојде огромна вода, која ја поплави во подрумот колата, се што имаше. Ова се случи откако се направи обиколницата. Пред тоа немавме проблем“, вели Митко Петровски, жител на Стајковци.

Инвеститорот на обиколницата агенцијата за државни патишта објаснуваат дека иако се уште не е довршена обиколницата во овој дел, одводна мрежа имало направено и дека причините за поплавените куќи не била обиколницата. Жителите на Стајковци сами се екипираат и се подготвуваат за новите врнежи.

Дамјан Варошлија - web новинар



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109285


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2009 at 17:53
Урбан не е грешка добра е веста! На тој дел обиколницата на делови е како на насип, па тие насипи ја спречуваат водата да се одлева од селото. Имало направени канали, ама ваљда се затнати. Гледај го видеото од веста ќе видиш и снимки од обиколница и од Стајковци!

едит: Вероватно мислеше на онаа воведната реченица во насловот!?


Posted By: beTon
Date Posted: 29-May-2009 at 18:05
за насловот вели урбан, истиот може поминал а може не низ рацете на уредникот, но посекако или тој или уредникот направил превид. ова е само уште едне доказ дека законската обврска од лектор во медиумите не се почитува, а и кажува колку професионалност има во медимумите.  добро во случајов фактор може да е и брзањето во пласирање информации, но и екипата за веб хостирање!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-May-2009 at 22:36
Не само насловот, целата вест е конфузна. Еднаш е крива клучката Континентал, вториот пат обиколницата, а знаеме каде е Стајковци (10 км од клучката)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2009 at 15:36
Originally posted by lslcrew

Урбан не е грешка добра е веста! На тој дел обиколницата на делови е како на насип, па тие насипи ја спречуваат водата да се одлева од селото. Имало направени канали, ама ваљда се затнати. Гледај го видеото од веста ќе видиш и снимки од обиколница и од Стајковци!

едит: Вероватно мислеше на онаа воведната реченица во насловот!?


Хммм, на тој сегмент не памтам насип, баш напротив има еден подолг засек и останатото е „на ниво“. Но се разбира тоа не значи дека обиколницата не е причина за поплавувањето на куќите доколку одводот не е добро испланиран или изведен или доколку сливниците и каналите се затнати. Особено што и самиот пат е млце издигнат дури и кога оди по рамница како тепсија.

Инаку еве да споделам импресии по ова прашање од деловите на обиколницата по кои сум возел за време на обилни врнежи.
На крајниот западен дел, помеѓу Орман и Кондово, памтам дека лани забележав значајни проблеми. Сега скоро не сум поминал при такви временски услови. Се надевам дека било до одржувањето, а не некаков поголем недостаток кој тешко ќе може да се корегира.
А за делот помеѓу Бутел и Стенковец (кој официјално не е пуштен во употреба, но сепак многумина го веќе го користат) можам да дадам само најпофални зборови, веројатно тој дел беше најсувиот дел под отворено во градот и околината за време на неодамнешните невремиња. Бев заглавен во Радишани, а морав брзо да стигнам до центар. Надолу буквално течеше река, а од шахтите избиваа вистински водоскоци. Двата подвозници помеѓу Ск Север и Бутел се разбира потопени... Па рашив да си ја пробам среќата преку обиколница и после по М-3 во град. Новиот подвозник под обиколницата помеѓу Бутел и Радишани беше идеално исцеден, а и на самата обиколница не се задржуваше воопшто вода иако небото се имаше отворено. 5-ка за овој сегмент Thumbs%20Up


Posted By: beTon
Date Posted: 31-May-2009 at 03:10
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=8487 - http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=8487


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 00:37

Шахти затнати со малтер и шут

Атмосферската канализација не може да ја прими водата што тече низ улиците по обилните дождови затоа што несовесни граѓани редовно фрлаат градежни материјали и секакво ѓубре во одводниот систем


Затнатите шахти им се редовна мака на вработените на „Водовод“

Илјадници литри вода го поплавуваат Скопје при секој пороен дожд, затоа што шахтите од атмосферската канализација се полни со разновидно ѓубре, па системот ја губи моќта на пропусливост. Атмосферската мрежа е буквално преполнета со она што во неа го фрлаат несовесните граѓани - градежен шут, стара туршија, отпадни води, пцовисан добиток и други гнасотии.

- Скопјани се грижат само за она што се случува во нивниот двор, а во канализацијата фрлаат се' и сешто, од комунално ѓубре, до малтер и шут - коментираат вработени во „Водовод“, задолжени за чистење на сливниците. Но рачното чистење на сливниците е мала работа во споредба со онаа што мора да ја завршат цистерните под притисок и поголемата механизација. Затоа што, како што велат работниците, не може толку да постигнат да одзатнат колку што скопјани знаат да фрлат во атмосферската канализација.

ШАХТИТЕ ЗАЦЕМЕНТИРАНИ

Градежните материјали, велат од „Водовод и канализација“, знаат да направат големи проблеми во канализациската мрежа. Имајќи ја предвид градежната офанзива што се случува во Скопје во изминатите 15 години, може да се заклучи дека шутот и малтерот се една од главните причини за затнувањето на атмосферската одводна мрежа.

- Секојдневно гледам како работниците на градилиштето во соседството ги мијат количките, лопатите и мешалките за малтер во шахтата, која треба да служи за одлевање на атмосферските води. А потоа сите ни се криви и се чудиме зошто шахтите не ја собираат дождовницата. Веројатно затоа што никако да сфатиме дека треба сите да се грижиме за средината во која живееме ако сакаме да ни е убаво и да немаме проблеми - вели Мери К. од Дебар Маало.

Од „Водовод“ велат дека кога атмосферската мрежа ќе се наполни со ѓубре, нивните вработени мора да влегуваат во големите профили и да чистат. Системот најчесто се чисти со специјални цистерни под вакуум и цистерни под притисок. Точно е тоа дека инвеститорите на индивидуални, колективни станбени и индустриски објекти при градењето фрлаат шут, малтер и друг отпаден материјал во шахтите, а исто така ги плакнат мешалки и миксерите за бетон директно во канализацискиот систем. Шутот, малтерот и цементот со стврднувањето предизвикуваат големи штети, кои потоа тешко се поправаат, а ја намалуваат и пропусната моќ на системот - вели Борис Начков, помошник-директор за технички прашања во „Водовод“.

НЕДОИЗГРАДЕНАТА МРЕЖА НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ

Од „Водовод“ признаваат дека, освен несовесноста на скопјани, главна причина за големите поплави од дождови е тоа што во Скопје се' уште не е доизградена атмосферската канализација на целата територија. Скопје со ваква мрежа е покриено околу 27 отсто.  Скопскиот атмосферски канализациски систем е димензиониран да прими 80 литри во секунда на еден хектар површина. Тоа е за дожд во времетраење од 20 минути. Значи, при секој поголем дожд од овој ќе треба да помине време на истекување, за да се повлече водата од улиците - вели Начков.Од „Водовод“ велат дека поплави се јавуваат и во богатите западноевропски градови, кои имаат 100 отсто изградеа атмосферска канализација. Тие се јавуваат поради економичноста во димензионирањето на атмосферските системи, за кои постои утврдена методологија, во зависност од интензитетот на дождовите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=825D73F81AC5E247BAB0C78763B74B2A


Posted By: josif888
Date Posted: 07-Jun-2009 at 06:55
Sega pak ke go kopaat asfaltot taman go napraija. Makedonska smotana rabota

-------------
--*Josif*--


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jun-2009 at 13:29
Пишува демек немало асфалтот да се копа, само тротоарите. Демек така се е во ред Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 13:14

Водоводџии од целиот град работат на клучката кај „Континентал“


За што побрзо да се заврши проширувањето на канализацијата, „Водовод и канализација“ ангажира работници од повеќе пунктови, а граѓани што барале интервенции велат дека биле одбивани, освен ако нивните случаи не биле итни

%20
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по налог на градската управа изминатите денови мобилизира работници од повеќе пунктови низ градот за побрзо да се постават новите цевки за атмосферска канализација на клучката кај хотелот „Континентал“. Иако новоформираната стручна комисија сé уште не се изјаснила со предлог како да се надминат евентуалните недостатоци на клучката, од градот интервенциите ги објаснуваат како превенција за да не се повтори големото невреме од пред две недели, кое го поплави подвозникот со вода длабока метар и половина.

Граѓани што пријавувале проблеми со водоводната или со канализациската мрежа во претпријатието велат дека биле одбивани со образложение дека многу работници се ангажирани на клучката, па се прифаќале само итни интервенции.

- Тоа што се случуваше на клучката кај „Континентал“ се случуваше и во мојот двор, како и кај моите соседи. Долго време имаме проблем со канализацијата. Таа секогаш се излева когја има поројни дождови. Тогаш дежурните служби од „Водовод“ интервенираат и од цевките вадат секакво ѓубре што ги затнува. Но пред неколку дена, кога веќе престанаа дождовите, се јавив кај луѓето од претпријатието и ги замолив да го решат нашиот проблем додека е суво, за да нема потреба од интервенции ако повторно заврне. Ми рекоа дека ако имам итна потреба, односно ако повторно почне да се излева канализацијата, веднаш ќе дошле, но за предвремена интервенција ќе требало да почекам додека ја завршат работата кај „Континентал“ - вели Велко Стојановски, жител на населбата Козле.

Вчера кај клучката имаше дваесетина работници, од реоните Гази Баба и Карпош. Тие поставуваа нови цевки за атмосферска канализација покрај булеварот Александар Македонски, во правец од надвозникот кај Бит - па­зар кон кружниот тек пред „Континентал“. Со овие цевки, како што најавуваа градските власти, ќе може да се собере сета дождовница ако се повтори невремето.

- Дојдовме од Карпош за да им помогнеме на колегите за побрзо да го завршиме поставувањето на атмосферската канализација во овој дел од клучката. Ова е приоритет, бидејќи е во корист на граѓаните и на целиот град. Интервенираме на итни повици за случаи што не можат да се одложат. Граѓаните понекогаш и не знаат каков проблем имаат, дали тоа е поврзано со водоводот или со канализацијата. Овој период повеќе се ангажирани работниците од секторот за канализација - истакна раководителот на работите за поставување канализацијата на клучката.

Тој додаде дека иако се ангажирани поголем број работници, сепак се обидуваат да ги покријат и другите интервенции на канализациите низ градот.

Од градската управа велат дека овој период се работи на привремено решение, кое ќе останело и како трајно, и со кое се зголемува капацитетот на мрежата. Се поставува нова цевка со широчина од 60 сантиметри, која ќе работи истовремено со постојната, која е широка 40 сантиметри.

- На потегот од клучката „Детелинка“ кон клучката кај „Континентал“ се прошируваат сливниците, а се работи и на зголемување на нивниот број. Тие се понов тип и зафаќаат дел од тротоарот и дел од асфалтот на коловозот. Со тоа ќе се овозможи нивна поголема пропусна моќ и нема да се повтори случајот со поплавата - велат до градот.

Оттаму додаваат дека за десетина дена ќе заврши тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на колектор од реката Вардар преку улицата Беласица до клучката, како и до другите помали приклучоци.

Според најавите, помалите зафати ќе завршат за еден месец, а за изградбата на колекторот ќе бидат потребни околу два месеци.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=612941824554&id=14&prilog=0&setIzdanie=21710



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 10:20
СО ГОДИНИ СЕ НАЈАВУВА, НО РЕШЕНИЕ НЕМА НА ПОВИДОК
По секој дожд, Скопје се дави во вода

Елена Мачевска

По секој дожд, повеќето скопски улици се поплавени со вода до тротоарите, а низ подвозниците едвај се поминува. Неодамнешното невреме пак покажа дека не автомобили, туку чамци се потребни за да се помине новата клучка кај „Континентал“ и подвозникот кај Бит-пазар.
Речиси нема општина во Скопје каде што граѓаните не се пожалиле дека при малку пообилни врнежи не можат да излезат од дома поради водата, која немајќи каде да истекува, создава езера по улиците. Вчера водата се излеваше од шахтите на улица Томе Арсовски во Кисела Вода, а проблеми имаа и жителите во Карпош и во Капиштец. Слична беше состојбата и во другите населби.
- Улицата ни се поплавува и при најмал дожд, а при пообилни дождови често пати се случува водата да прелие преку тротоарите и да навлезе во подрумите, па од таму ја исфрламе со кофи – тврди Тамара од Драчево.
Проблемот со недостигот од атмосферската канализација, со која е покриена една третина од градот, е многугодишен, но досега се покажа нерешлив. Од Град Скопје уверуваат дека ќе почне да се реализира капитален проект со кој ќе се покрие целата територија во градот со атмосферска канализација.
- Отстранувањето на проблемите на критичните места ќе се врши етапно, за што Градот во наредните години ќе издвои средства во буџетот – велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Оттаму објаснуваат дека најпрвин ќе се реализираат проектите за решавање на проблемот со атмосферската канализација според предвиденото во предизборната програма на градоначалникот. Според нив, наскоро ќе почне изградбата на канализација за атмосферски води по улицата Бутелска, на потегот од улицата Цетинска, па се до Призренска. Реализација на овој проект треба да заврши до 2013 година. Сепак, останува нејасно за каков капитален проект се работи и колку време и пари ќе требаат за негово спроведување, кога за да се поставува атмосферска канализација на една улица се дава рок од еден мандат.
По неодамнешното невреме во Скопје, кога просторот кај новата клучка се наполни со вода висока еден метар, градоначалникот Коце Трајановски најави дека проблемот ќе го реши за два месеци со изградба на колектор.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1740&ArticleID=116450


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jul-2009 at 00:22

Колектор за спас на клучката „Континентал“ од поплави

Градот Скопје ќе гради магистрален колектор преку Ќерамидница до коритото на Вардар

Градот Скопје ќе го реши проблемот со поплавувањето на клучката „Континентал“ со изградба на магистрален атмосферски колектор од клучката преку населбата Ќерамидница до коритото на реката Вардар. Градот планира да започне проектот да го реализира кон крајот на оваа година или кон почетокот на идната.

Со тоа, сметаат градските власти, целосно, трајно и квалитетно ќе се реши проблемот на сливањето на атмосферските води на овој потег и ќе се избегне во иднина поплавување на сообраќајницата. Проблемот настанува особено при поројни дождови кога постојната атмосферска канализација нема доволен капацитет да ги одведе надојдените води.

Според заклучоците на Комисијата за увид на состојбата, која ја формираше градоначалникот Коце Трајановски по последната поплава пред два месеца, постојната примарна и секундарна канализација во околината на клучката задоволува само при послаби дождови. Поради тоа, при последните поројни дождови, новата сообраќајница, чија изградба чинеше околу 3 милиони евра, по неколку часа беше целосно нефункционална.

За решавање на проблемот, заклучиле во Градот, неопходно е довршување на колекторот за одвод на атмосферските води до Вардар, на што во иднина ќе работи „Водовод и канализација“. До крајот на годината, по налог на Комисијата, јавното претпријатие треба да ја провери функционалноста и пропусноста на мрежата во самата клучка, како и да ја утврди вистинската состојба на трасата на која треба да се гради новиот колектор, со цел при изведувањето на градежните работи да не се јавуваат непредвидени проблеми. За конкретниот потег е подготвена и потребната техничка документација, според која ќе се изведуваат градежните активности.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=419BDEE815D02749A3B9AB495A7D0DA4


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jul-2009 at 04:20
Затворање на отворените канали за да нема поплавувања

Градот Скопје ќе одвои три милиони денари за чистење на отворените одводни канали на подрачјето на главниот град, одлучија градските советници. Дел од нив на последната седница на Советот истакнаа дека каналите во кои се одведуваат атмосферски и други отпадни води, во иднина треба да се затворат во покриен систем, за да се избегне честото преполнување и поплавување. Во некои канали е констатирано и испуштање фекални отпадни води од блиските домаќинства. Заради решавање на овие проблеми, советниците побараа градската администрација до крајот на годината да подготви информација врз чија основа би требало да се изготви студија за затворање на каналите.

Два отворени канала има во општината Центар, тоа се Водњанските канали, во Карпош има шест отворени одводи, а во Кисела Вода се наоѓаат Усјанскиот и Пржинскиот канал. Во Гази Баба отворени канали се Финскиот и во Инџиково, а во Бутел се наоѓа каналот Серава.

Според програмата на Градот, каналите годинава ќе се чистат по потреба, без прецизно утврдена програма. Најчесто, јавното претпријатие „Улици и патишта“, кое е задолжено за одржување на отворените одводи, ќе интервенира каде што ќе има поголеми затнувања, нарасната вегетација, комунален и градежен шут и друг отпад. Предвидено е рачно сечење на ниската вегетација во каналите, но и машински ископ на песок, тиња, гранки, комунален отпад, градежен шут и друг отпад. Поради затрупувањето на каналите, нивната пропусна моќ се намалува, што во услови на поројни дождови доведува до поплавување.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A45FFA08055E2148BEAF8E59F9513247


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jul-2009 at 11:01
Започна изградбата на атмосферската канализација на булеварот Илинден

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/59293/GRAD_SKOPJE.jpg">

Градот Скопје, денес ја започна изградбата на атмосферската канализација на дел од булеварот Илинден, а ќе се одвива во летните месеци кога интензитетот на сообраќај е најмал.

Атмосферската канализација ќе се поставува по десната страна на булеварот Илинден, од крстосницата со булеварот Климент Охридски до раскрсницата со улицата Наум Наумовски Борче, во вкупна должина од 375 метри.

Изведувач на работите на атмосферската канализација е фирмата „Енергомонт“. Ако послужат временските услови, изградбата се очекува да се заврши до крајот на август.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=59293&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2010 at 13:14
Само 27 отсто од градот покриен со атмосферска канализација
По секое невреме проследено со дожд или снег, жителите на главниот град изминативе 20 години се соочуваат со истиот проблем како што се, затнати одводи по улиците, поплавени коловози и што уште не. Скопјани велат дека по секој пороен дожд или пообилен снег, движењето по улиците им е отежнато, бидејќи водата не се повлекува во канализацијата
%20
- Вирови со вода има насекаде. По коловозите се преполнуваат ударните дупки, а крај тротоарите се создаваат вистински езерца поради тоа што шахтите не можат да ја примат големата количина вода. Па на вакво време-невреме тешко се оди покрај тротоарите, оти и возачите многу не внимаваат како возат - велат скопјани.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, пак, објаснуваат дека сливниците редовно се чистат за да ја апсорбираат водата, но проблемот е тоа што многу мал дел од главниот град има атмосферска канализација.

- Чистењето на сливниците е секојдневна обврска на секторот за канализација без разлика дали врне или не. Последната контрола на сливниците е направена во вторникот на 9 март, при што е констатирано дека само на две локации треба да се интервенира. Основен проблем е тоа што покриеноста на градот со атмосферска канализација е само 27 отсто - информираат од „Водовод и канализација“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=311101051549&id=14&prilog=0&setIzdanie=21931


Posted By: Supervisor
Date Posted: 12-Mar-2010 at 14:02
Искрено мислам дека околу 35% од градот е покриен со атмосферска канализација. Таа бројка од 27% е премногу мала.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jun-2010 at 13:35

Реки среде центар

Иако водата која се излева, практично ја има зафатено улицата Луј Пастер и дел од Даме Груев речиси по целата должина, никој од надлежните не дошол ниту да види што се случува Трета недела по ред, две улици во строгиот центар на градот се поплавени од расипани шахти. Иако водата која се излева, практично ја има зафатено улицата Луј Пастер и дел од Даме Груев речиси по целата должина, никој од надлежните не дошол ниту да види што се случува. Водата и натаму грга со цела сила.
Од огромната количина вода, делот од улицата зад ресторанот "Дивино" е буквално распаднат. Асфалтот е подигнат, а тротоарот искршен и раслоен.
Од водата која се слева по улиците и која од ден на ден сè повеќе заличува на река, единствена корист имаат кучињата скитници и гулабите кои во неа ја гасат жедта.
Станарите од околните згради се жалат на неажурноста на дежурните служби за одржување на канализацијата во Скопје.
"Две недели водата како река извира од шахтата пред мојата зграда. За тие две недели никој не дојде да види што е проблемот, а камоли да ја поправи. Не можам чист да влезам или излезам од дома бидејќи не можам да ја прелетам реката. Во лето ќе молиме за вода, а сега се растураме со неа. И што е најтрагично, сами ќе си ја платиме", вели еден од станарите во зградата спроти Лотарија на Македонија.
Од ЈП "Водовод и канализација"- Скопје, кои се надлежни за одржувањето на шахтите, во текот на вчерашниот ден беа презафатени со други состаноци и не можеа да одговорат зошто е дојдено до оваа состојба на шахтите и кога планираат да ја санираат хаваријата.
Додека надлежните да најдат чаре да ги исчистат шахтите, граѓаните ќе продолжат улиците во строгиот центар да ги минуваат скокајќи преку огромните реки и редејќи камења преку нив за да не се намократ.

http://vest.com.mk/?ItemID=125AE3E1EF21024BABF9CEB5ADC4C7E2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2010 at 14:22
ПОКАНА

Град Скопје Ве поканува на почетокот на изградбата на атмосферска канализација на улицата Христијан Тодоровски Карпош што е закажан /06.09.2010 година, понеделник/ во 11 часот, на раскрсницата на улиците Христијан Тодоровски Карпош и Цветан Димов. Почетокот на изградбата на атмосферската канализација ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3626&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Sep-2010 at 18:13
Булеварот “Христијан Тодоров“ со нов колектор


Напишано: 06/09/2010 - 14:09
• Денес на ден 06.09.2010 на свечен начин започнаа работите за изградба на колектор за собирање на атмосферските води во булеварот “Христијан Тодоров“ во Чаир. Иницијатива за ова многу важна изграба ја превзема Општина Чаир изнаоѓајќи поддршка од Градот Скопје, а работите ги изврши ЈП „Водовод и Канализација“.

Со овој колектор ќе се опфатат сите атмосферски води и ќе се отстрануваат преливите од атмосферските врнежи каде често пати последиците ги сносат граѓаните од Чаир. На крај на манифестацијата, градоначалникот на Градот Скопје, г-дин Коце Трајановски, претставникот од Општина Чаир, г-дин Шефќет Зеколи, градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Петре Латиновски и директорот на ЈП “Водовод и Канализација“, г-дин Сашо Лазаровски, дадоа изјави пред медиумите.
 
 
http://cair.gov.mk/mk/index.php?id=128 - http://cair.gov.mk/mk/index.php?id=128
 


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2010 at 01:06

ВРНЕЖИТЕ ШТО ГО ЗАФАТИЈА СКОПЈЕ


Ги претворија улиците во реки


Според Управата за хидрометеоролошки работи локално се очекува да наврнат повеќе од 40 л/м2 . Денес во текот на денот врнежите ќе престануваат, а кон крајот на денот и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот ќе има значителен пад на утринските температури


Поројните дождови што го зафатија Скопје вчера и кои ќе траат до петок предизвикаа поплави во повеќе населби и по улиците. Автомобилите тешко се движеа по улиците кои немаат атмосферска канализација, па на секој чекор имаше колони од возила и нервозни шофери кои пцуеја. Катастрофа беше по сите скопски населби, но и по многу главни градски сообраќајници. Скопските улици беа под вода и потсетуваа на реки, низ некои тешко беше движењето и на граѓаните и на автомобилите. Секој дожд претставува проблем за Скопје, бидејќи улиците се реконструирани, а атмосферска канализација нема, а и таму каде што има, веќе е застарена и нема капацитет за големи количества вода наеднаш. Повеќето канализациски одводи не можеа да ја соберат водата, бидејќи атмосферската мрежа најчесто е поврзана со фекалната, а со мал капацитетот на одводот отпадните води се излеваат на улица.

Секој поголем дожд и граѓаните на Скопје кои пешачат редовно си одат дома истуширани, а возачите со постари автомобили имаат дефекти.
- Нема населба во Скопје во која дождовите не предизвикаа проблеми. Не можеме да се движиме по улиците, бидејќи пливаат во вода. Како да газиме во река, а не на улица. Не можеш да поминеш, а да не бидеш испрскан од кола. Воопшто не внимаваат оние што возат. Улицата ни плива од вода, за да влеземе дома, ни треба чамец, вели една скопјанка.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија денес на места се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
- Локално се очекува да наврнат повеќе од 40 л/м2 . Денес во текот на денот врнежите ќе престануваат, а кон крајот на денот и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот ќе има значителен пад на утринските температури, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D3A930FF2CDF794B828D82DC806F5DC6


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Oct-2010 at 00:26
Ки­се­ла Во­да поп­ла­ве­на

По се­кој дожд ре­ки­те што се слева­ат по ули­ци­те ги поп­ла­ву­ва­ат и пе­ша­ци­те и ко­ли­те, а надлеж­ни­те до­се­га не ја сре­ди­ја ка­на­ли­за­ци­ја­та на ни­ту ед­на ули­ца

Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да де­но­ви­ве бук­вал­но е под во­да. По се­кој дожд има ог­ром­ни ви­ро­ви на ре­чи­си се­ко­ја вто­ра ули­ца, па Оп­шти­на­та це­лос­но се бло­ки­ра.
Ре­ки­те што се сле­ва­ат од ули­ца­та Ма­ри­ов­ска кон ули­ци­те Ди­мо Ха­џи Ди­мов и На­род­ни хе­рои и езер­ца­та од кал по ули­ци­те Ге­ор­ги Ди­мит­ров и Са­ва Ко­ва­че­виќ ги поп­ла­ви­ја и пе­ша­ци­те и ко­ли­те.
Ав­то­мо­би­ли­те се ре­дат еден по друг заш­то ед­вај се про­би­ва­ат во ви­ро­ви­те, а ми­ну­ва­чи­те се кри­јат ка­де што ќе стиг­нат за да не се на­мок­рат до уши.
"Се уда­вив­ме на ули­ца. Не мо­же­ме да из­ле­зе­ме по леб заш­то до­ма се вра­ќа­ме го­ла во­да. По се­кој дожд Оп­шти­на­та е поп­ла­ве­на, а до­се­га ни­ту ед­на ули­ца не бе­ше поп­ра­ве­на и из­гра­де­на ка­ко што тре­ба. Сра­мо­та!", се жа­ли М.В. од окол­ни­те згра­ди бли­зу До­мот за сле­пи.
Проб­ле­мот со поп­ла­ви­те во Оп­шти­на­та ги ма­чи жи­те­ли­те со го­ди­ни, би­деј­ќи по­го­ле­ми­от дел од ули­ци­те не­ма­ат ат­мос­фер­ска и фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја.
"Во вак­ви слу­чаи, ние ба­ра­ме од ЈП 'Во­до­вод и ка­на­ли­за­ци­ја' да ис­пра­ти лу­ѓе да ги ис­чис­тат од­вод­ни­те ат­мос­фер­ски мре­жи, заш­то мно­гу мал­ку ули­ци има­ат ат­мос­фер­ска ка­на­ли­за­ци­ја", ве­лат од Ки­се­ла Во­да.

(М.Ѓ.)


http://vest.com.mk/?ItemID=E931B31C863D8246A92DFCAB45C1FDBB - http://vest.com.mk/?ItemID=E931B31C863D8246A92DFCAB45C1FDBB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2010 at 23:54
ОТВОРЕНИОТ КАНАЛ НА УЛИЦАТА "САЛВАДОРЕ АЉЕНДЕ" НАСКОРО


Ќе се претвори во шеталиште


Од општината велат дека развојот на градот и потребите од нова инфраструктура го условуваат барањето за покривање на каналот и уредување на просторот. Проектот се реализира како заедничка инвестиција на Општината Центар и Градот Скопје, носител на работите е Општина Центар. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7,5 милиони денари


Страшниот и отворен канал кој се наоѓа на улицата "Салвадоре Аљенде" спроти основното учлиште "Кочо Рацин" веќе нема да преставува опасност за граѓаните. Во тек е реализација на негово затворање. Жителите од оваа улица велат дека конечно ќе го дочекаат затворањето на овој канал, бидејќи представува страв за нив и нивните деца.
- Секој ден е иста песна, мораме да ги носиме и да ги чекаме своите деца од училиште зошто стравуваме да не им се случи нешто. Деца како деца, ќе се занесат одејќи дома и може да паднат. Неколку пати се има случено да пропадне кола во внатре, пијани да завршат трагично. Сега барем ќе имаме еден вид шеталиште, ќе се движиме безбедно, велат жителите од улицата.

Од Општина Центар велат дека атмосферските води на дел од планината Водно кои гравитираат кон улицата "Салвадор Аљенде" беа прифаќани и канализирани во отворен канал на делница од улицата "Белградска" до подножјето на Водно.
- Новиот проект, чија реализација е во тек, предвидува покривање на отворениот дел од каналот за атмосферски води на потег од раскрсницата на улицата "Салвадор Аљенде" до раскрсницата со улиците "Тасино чешмиче" и "Белградска" во должина од 300 метри на која површина се формира шеталиште со ширина од седум метри, велат одговорните од општината.

Тие додаваат дека развојот на градот и потребите од нова инфраструктура го условува барањето за покривање на каналот и уредување на просторот, површината во прва фаза е наменета е за пешачка комуникација, а во некоја наредна фаза во зависност од потребите можно е проширување на сообраќајницата за уште една лента.

Проектот се реализира како заедничка инвестиција на Општината Центар и Градот Скопје, носител на работите е Општина Центар. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7,5 милиони денари.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7F1F06E13E2E5646891FADAC9D6C64F2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2010 at 20:50
СЕ ПОКРИВА СО БЕКАТОН ПЛОЧКИ ВОДЊАНСКИ КАНАЛ    

  

Деновиве интензивно се работи на реализација на заедничкиот проектот  на Град Скопје и општина Центар за покривање на Водњанскиот канал, којшто е поделен на два дела, и е со должина од 400 метри.

Покривањето на каналот на улицата „Салвадор Алјенте“ ќе се врши во две фази.

Според веќе утврдената динамика на работа  во тек е првата фаза од реализацијата на проектот,  односно се поставуваат цевки за атмосферска канализација со профил од 1000 милиметри. Откако ќе се заврши изведбата на канализацијата,  коритото на каналот ќе се покрие, односно ќе се поплочи со бекатон. Вкупната површина што ќе се покрие со бекатон плочки е околу 2 500 квадратни метри.

Првата фаза на проектот го опфаќа покривањето на каналот на потегот на улицата Салвадор Алјенте, наспроти ОУ „Кочо Рацин“.

За целосна реализација на проектот Градот Скопје и Општина Центар ќе издвојат вкупно околу седум милиони денари, односно Градот ќе учествува со 50 насто, а 50 насто се средства на Општина Центар.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3805&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Nov-2010 at 14:11
Eve edna idea kako bi se ureduvale ulici nis skopje pa i niz makedonija!
Toa sto prajme nie so ulicite e nisto!Ko kje vrne, dozdot se izleva po ulicite!Za dzabe kje ima kanal koga nisto ne vleguva od ulicite!
Eve ovde pred 10 min vrnese a vidite kolku suva e ulicata!
Eve eden dobar predlog od CH!
http://img408.imageshack.us/i/p2311101539.jpg/">




-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 26-Nov-2010 at 14:34
Моментално на Дрезденска во Тафталиџе се постави атмосферска во должина од околу 700 метри на цела улица се поплочија нови тротоари и деновиве се гребе асфалт пред поставување на нов слој. Истото беше сработено и на Варшавска во Тафталиџе 1.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 26-Nov-2010 at 14:58
my Macedonia, на пример на партизанска си е убаво испланирано се и со собирни шахти и се, плус што нема шахти на улицата, како сите ново проектирани улици, но кога не се одржува,порамнува асфалтот, чисти и слично нормално дека ќе се собираат вирови огромни. Се сложувам дека треба вака да биде дефинитивно.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: axel
Date Posted: 29-Mar-2011 at 13:02

Ќе се гради атмосферски колектор во Ќерамидница

Нов колектор за прибирање на атмосферските води ќе се гради во населбата Ќерамидница, информираат од Градот. Со овој зафат ќе се реши прибирањето на отпадните води во овој дел од Скопје.

Веќе е склучен договор за изведба со фирмата „Жикол“ и набрзо ќе почнат градежните работи. Висината на сумата во договорот е 7,1 милиони денари. Како што се вели во објавата за договорот, ова се дополнителни градежни работи на кракот број 3, во близина на клучката кај „Континентал“.

- Атмосферскиот вод кој се изведува во населбата Ќерамидница е сосема нов проект со кој се регулира прибирањето на атмосферските води од оваа стара скопска населба кон реката Вардар. Се работи за колектор со зафатнина од 1.500 милиметри, кој се поставува на длабочина од пет метри. Должината на оваа делница е повеќе од 510 метри - информираа градските власти.

Поради тесната улица, водот ќе се изведува со армирано-бетонски колови-бунари, а потребата од такво нешто се појавила со цел да не се уриваат постојните куќи што се наоѓаат веднаш до коловозот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=44DED1DEB5F11B4E9B13D24A8A34CF82


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Jul-2011 at 19:09
После целосна обнова на улица Виенска од страна на општина Карпош, некој свати дека буквално сите атмосверски шахти се за неколку сантиметри повисоки од самата улица.

Искочки соломонско решение до вдлабнатините во кој се собираше вода (читај езера) да се ископат нови - помошни шахти.





И така нашиот „надзор“ и нашите „претпријатија“ си го решива проблемот, а граѓаните .... стално пократки.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Sep-2011 at 00:25
Атмосферска мрежа во должина од 5 километри за населбата “11-ти Октомври”

21.09.2011


Капиталните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во општината Кисела Вода продолжуваат со несмален интензитет и во овој период. Имено, по започнувањето на изградбата на атмосферската канализациона мрежа за улиците “Мариовска” и “Народни Херои”, деновиве започнаа градежните активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа и за населбата “11-ти Октомври”. Со изградбата на оваа атмосферска мрежа конечно ќе се реши горливиот проблем на жителите од оваа населба, кои со децении се соочуваа со поплави, после секој пороен дожд.

Согласно техничкото решение, атмосферската мрежа ќе се состои од цевки со различни дијаметри (од Ф 300 до Ф 800 мм), во вкупна должина од околу пет километри, а по целата должина на цевководот ќе се постават 100 сливници и 116 ревизиони шахти.

Фирмата “Вардар Градба”, која е изведувач на проектот, по налог на Општина Кисела Вода ги започна градежните активности на улицата “Лазар Димитров”, а со атмосферската мрежа ќе бидат опфатени вкупно 27 улици во оваа населба.
Оваа атмосферска мрежа за зафаќање и одведување на атмосферските води од населбата “11-ти Октомври” ќе се поврзе на веќе изградениот атмосферски колектор на булеварот “Србија”.

Градежните работи се очекува да завршат во период од седум месеци, а општината Кисела Вода за реализација на овој капитален проект кредитно се задолжи во Светската банка во висина од околу 600.000 евра, преку Проектот за подобрување на општинските услови во Република Македонија.




http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=1103

За овде можам да потврдам дека ова е неизбежен проект, оваа насалба е некако во како во базен меѓу Првомајска и насипот за пругата. Мали дождови прават поплави, а познавам повеќе луѓе што живеат тука и знам како е пристапот кога врне. Толку години ветувана, конечно мора да се биде направена еднаш.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2011 at 15:20
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА БАЈРАМ ШАБАНИ




Градот Скопје денеска /24.11.2011 година/ ја почна изградбата на кракот 2 од атмосферската канализација во месната заедница Бајрам Шабани, во општина Чаир. Стартот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.


- Граѓаните од месната заедница Бајрам Шабани во општината Чаир со години наназад се соочуваат со големи проблеми со атмосферската канализација. Како резултат на добрата соработка со општината Чаир наскоро и овој проблем на граѓаните ќе биде решен. Во текот на градежните работи на атмосферската канализација во оваа месна заедница во должина од 810 метри ќе се постават полиетиленски коругирани цевки со дијаметар од 300 до 800 милиметри, со ревизиони шахти и сливници. Кракот 2 од новата атмосферска канализација ќе се поврзе на постојниот колектор Ф 1900 мм на улицата Цветан Димов. Заради непречено одвивање на сообраќајот на улицата Цветан Димов во текот на изградбата на атмосферската канализација ќе се применува технологијата на хоризонтално дупчење под патот со поставување заштитни челични цевки Ф 1100 мм. За таа цел е изведена градежна јама со димензии 4 на 8 метри и длабочина од 5,2 метри неопходна за изведба на хоризонталното дупчење. За изградба на кракот 2 од атмосферската канализација во месната заедница Бајрам Шабани Градот Скопје ќе одвои околу 8,4 милиони денари без ДДВ. На терен ќе работат градежниците од „Пелагонија – Гостивар“. Градежните работи на кракот 2 од оваа атмосферска канализација се очекува да завршат за околу 4 месеци. Изградбата на кракот 2 е прва фаза од обемниот проект за изградба на атмосферска канализација во месната заедница Бајрам Шабани што комплетно ќе ги прифаќа и одведува атмосферските води од населбата - крак 1 до крак 4, којашто ќе биде со вкупна должина од 2.784 метри. Изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се одвива во фази, а на наредната фаза Градот Скопје ќе продолжи да работи следната година – рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Меџити изрази задоволство што мрежата за атмосферска канализација во општината Чаир се шири од главните улици кон населбите и што се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4675&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Nov-2011 at 03:08
За малку комшиска тепачка, заради новата канализација


Жителите од ул. "Лазар Димитров" во населбата 11 Октомври први добија нова атмосферска канализација, но тоа не им го реши проблемот со поплавите


Новата атмосферска канализација на улицата "Лазар Димитров" во општината Кисела Вода ги скара граѓаните. Изминатиот викенд за малку е избегнат инцидент меѓу двајца соседи кога едниот од нив со црево го прскал дворот, а од водата се поплавил дворот на неговиот комшија. И ова би било обично соседско недоразбирање ако пред десетина дена жителите од оваа улица која се наоѓа во населбата 11 Октомври не добија потполно нова асфалтирана улица и атмосферска канализација заради поефикасно собирање на водата, а со што требаше да се реши деценискиот проблем со поплавите кои во оваа населба ги имаше премногу и при најситен дожд. Според раскажувањата на граѓаните, по асфалтирањето на улицата атмосферската вода наместо да се собира во колекторскиот систем, таа дури повеќе од порано се задржувала на улицата и не истекувала во новите сливници. Тоа за прв пат го увиделе откако пред повеќе од една недела заврна дожд, па разочарувањето кај жителите било очигледно. Изведувач на проектот е фирмата "Вардар градба" и е најмен од општината Кисела Вода.
-Кога заврна дожд сите граѓани од улицата беа излезени и вознемирени поради тоа што го видоа. Наместо да добиеме улица по која ќе може да се движиме и кога врне, добивме уште поголем проблем, водата само стоеше и не истекуваше во решетките. А ова беше само мал дожд, што ќе се случи кога ќе има поројни дождови. Се надевам дека надлежните ќе реагираат навреме и ќе ја поправат улицата бидејќи бадијала е вака направена улица - вели Светлана Арсиќ, жител од улицата.

Градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев само најави дека инспектори ќе ја испитаат целата ситуација на терен, по што ќе се утврди дали одново ќе треба да се поправа улицата. Од фирмата изведувач "Вардар градба", пак велат дека тие постапувале исклучиво според проектот што им е даден од општината.
- Ние постапуваме според проект што ни беше даден од општината Кисела Вода, а за кој таа има најмено проектант. Решетките за истекување на водата се поставени како што е наведено во проектот на 25 метри, а шахтите на 50 метри. Според проектот на оваа улица е наведено да се стават само три решетки што и според мене е малку, но така стои во проектот. Доколку од општината побараат погусто да се постават решетки тоа не е проблем - вели Живоин Јаницки, градежен инженер во "Вардар градба".

Поставувањето на атмосферска канализација на улицата "Лазар Димитров" е првата етапа од проектот на општината за подобрување на комуналната инфраструктура во населбата 11 Октомври, а кој опфаќа вкупно 27 паралелни улици. Во наредниот период треба да се постави пет километри долга атмосферска канализација, а по должината на цевководот да се постават 100 сливници и 116 шахти. Градежните работи се очекува да завршат за седум месеци, а општината за овој проект се има задолжено кај Светска банка во износ од 600 илјади евра.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F965E7F1925E7D4EB7A02CD99AAD3762


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jul-2013 at 19:45
Денес, во Ѓорче Петров, Скопје

[tube]cmgKGQNur3U[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 19-Jan-2014 at 16:36
Partizanska


http://www.telegraf.mk/aktuelno/93144-poplaven-centarot-na-skopje-puknaa-dve-cevki-foto - http://www.telegraf.mk/aktuelno/93144-poplaven-centarot-na-skopje-puknaa-dve-cevki-foto


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2014 at 07:54
Подвозникот на бул."Киро Глигоров" прв се санира од поплави



При поплавите лоцирани се десетина најкритични места во градот каде што поради проблеми со атмосферскат канализација на овие локации имаше вода и до еден метар. Булеварот „Киро Глигоров" кај подвозникот во Општина Гази Баба е едно од критичните места.

- Завршуваат градежните работи на овој потег, во должина од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор, со кој проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. На постојниот атмосферски колектор имаше две прекршувања по 90 степени, а на овој начин ќе се исправи колектори и сметаме дека ќе се зголеми проточноста, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој ја посети локацијата.



На оваа локација и на улицата „Павел Шатев", прдвидена е и замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување. На сите критични локации ќе бидат поставени попречни решетки, ќе се зголемат сливниците и ќе има продлабочување.

Колектор веќе е направен и на улица „Финска", но главното решение ќе биде со изградбата на улица „Маџари", каде покрај патната инфраструктура ќе се направи и атмосферски колектор од „Антон Попов", па се до булеварот „Александар Македонски". Тендерот за изградба на улица „Маџари" ќе биде објавен најдоцна до 15 октомври.



-Заедно со ЈП „Водовод и канализација" и со Секторот за урбанизам на Град Скопје направен е веќе акционен план за сите десет критични локации, каде и што треба да правиме во текот на овие два до три месеци. Сметаме дека до крајот на годината или ќе завршат или ќе бидат почнати градежните активности за останатите локации, додаде Трајановски.

Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра.

Трајановски упати и апел до сите градоначалници од Скопје, да почнат со лоцирање на критичните точки на локалните улици на кои има проблеми, за да почнат да се прават атмосферските канализации, кои пак треба да се приклучат во главните колектори.

http://vecer.mk/skopska/podvoznikot-na-bulkiro-gligorov-prv-se-sanira-od-poplavi - http://vecer.mk/skopska/podvoznikot-na-bulkiro-gligorov-prv-se-sanira-od-poplavi

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 07-Oct-2014 at 13:24
ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИTE АКТИВНОСТИ НА АТМОСФЕРСКИОТ КОЛЕКТОР НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ

И овој викенд продолжуваат градежните работи на атмосферската канализација и колектор која започнаа минатиот викенд на булеварот “Киро Глигоров”. На оваа локација изминатиов период повеќе пати се создаваше поплава по големите врнежи на дожд.

Оваа локација на булеварот “Киро Глигоров” е посочена како една од десетте црни точки каде Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација”, врз основа на однапред изработениот акционен план, во наредниов период ќе интервенира.

На булеварот “Киро Глигоров” во моментов се интервенира на потег од околу 100 метри, каде се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, а се интервенира на повеќе места каде имаше прекршувања на атмосферскиот колектор под агол од 90 степени за да дојде до негово исправување. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави.

Со овие зафати на булеварот “Киро Глигоров” ќе се зголеми проточноста на атмосферските води за двојно, со што проблемите со поплавите ќе бидат минато.

Градежните работи на атмосферскиот колектор на булеварот “Киро Глигоров” се во завршна фаза и истата треба да заврши деновиве.








skopje.gov.mk


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Oct-2014 at 13:46


Ова треба да се направи кај сите подвозници, и треба да е приоритет, а не панорамски тркала и слични глупости!

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 11-Oct-2014 at 12:18
Нема повеќе да „пливаме„ под стоковна кука „Мост„

Утре во 12 часот ќе отпочнат градежните работи за подобрување на атмосферската мрежа под стоковната куќа „Мост", на дел од булеварот Гоце Делчев.



Почетокот на градежните работи на атмосферската мрежа под стоковната куќа „Мост" ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација", Бојан Василевски.
Подобрувањето на атмосферката канализација на овој потег е дел од поголемиот дел на активности што ги презема Градот во делот на проблемите кои се јавија со атмосферската канализација при обилните врнежи од дожд.
Засега се работи на атмосферската канализација на подвозникот во Маџари на булеварот Киро Глигоров, а се отстранија и бетонските цевки во Ченто поради кои се поплави населбата. десет критични точки се утврдени за поплави во градот. Подвозникот под стоковната куќа „Мост„ е една од нив.

http://vecer.mk/skopska/nema-povekje-da-plivame-pod-stokovna-kuka-most - http://vecer.mk/skopska/nema-povekje-da-plivame-pod-stokovna-kuka-most


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Oct-2014 at 22:39








http://www.plusinfo.mk/vest/154055/GALERIJA-Se-gradi-atmosferskata-kanalizacija-pod-stokovnata-kukja-Most - http://www.plusinfo.mk/vest/154055/GALERIJA-Se-gradi-atmosferskata-kanalizacija-pod-stokovnata-kukja-Most

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Mk_01
Date Posted: 12-Oct-2014 at 19:31
Минатата недела секојдневно минував кај подвозникот кај Бриколаж каде што се работеше на санација на атм. канализација. Решението изгледа добро и едноставно со попречни сливници на коловозот пред и по најголемиот пад. Цефките што се ставаа беа доста широки, дијаметар 70-90 цм по слободна проценка. Сигурно истото ќе се прави и под стоковна мост но пообемно. Значи сепак можело да нема поплави иако се касни доста со овие решенија.


Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Oct-2014 at 19:33
РЕКОНСТРУИРАНА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот Киро Глигоров со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.

На терен најпрво беше извршена реконструкција на постојниот атмосферски колектор кај објектот „Бриколаж“, при што беа вградени полипропиленски цевки, со профил Ф 800 милиметри, во должина од 57 метри. Со овој зафат беше извршено исправање на атмосферскиот колектор којшто претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени.

Потоа, на јужната страна на булеварот Киро Глигоров, кон подвозникот, се поставени решетки од монолитен бетон. Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензија RD 300 милиметри, во должина од 7,3 метри во правец од Аеродром кон Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина од 5,3 метри. Истите се приклучени во шахтите на постојниот атмосферски колектор Ф 1.200 милиметри, а коловозот е асфалтиран.

За одведување на атмосферските води од северната страна на булеварот Киро Глигоров, исто така, се поставени решетки од монолитен бетон. Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензија RD 300 милиметри, во должина од 5,25 метри на потегот од Аеродром кон Автокоманда на крајната десна лента пред семафорите кај „Фершпед“, а во правец од Автокоманда кон Аеродром на крајната десна лента во должина од 3,25 метри. Решетките се приклучени во постојниот колектор, а коловозот е асфалтиран.

Функцијата на моноблоковите е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

На терен работеа екипите на ЈП „Водовод и канализација“.








skopje.gov.mk


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-Oct-2014 at 23:31
Ова може да е привремено решение но никако решение на подолг рок.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Oct-2014 at 00:16
Originally posted by kultuzin

Ова може да е привремено решение но никако решение на подолг рок.
збориш за начинот на кој е прикрпен асфалтот, или има и подобри начини да се изведе атмосферска канализација?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kultuzin
Date Posted: 16-Oct-2014 at 10:26
Originally posted by zabegan


Originally posted by kultuzin

Ова може да е привремено решение но никако решение на подолг рок.
збориш за начинот на кој е прикрпен асфалтот, или има и подобри начини да се изведе атмосферска канализација?


Не сум експерт но со оглед дека атмосферската канализација претставува на мрежа од меѓусебно поврзани и зависни системи претпоставувам дека локално дејствување неможе да го реши проблемот долгорочно. Туку треба да се направи поопсежно планирање на севкупната мрежа. Тоа е исто со патната мрежа која не се решава со 500 метра проширување на некоја критична точка. Затоа што можеби тоа место ќе се растерети но после 500 метри повторно ќе се создаде тесно грло.

Уште еднаш ќе напоменам дека зборам од чиста логика а не нешто дека сум експерт по оваа област ниту пак ги занам деталите околу конкретниот зафат. А за асфалтот мислам дека може слободно да почека дури и таков крпен е многу подобар од други многу поважни булевари и улици во Скопје.



Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Oct-2014 at 13:02
СЕ ПОДОБРУВА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА НА УЛИЦАТА ПАВЕЛ ШАТЕВ

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ги почнаа градежните работи за подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата Павел Шатев, со поставување решетки од монолитен бетон.

Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот, на раскрсницата, на двете коловозни ленти е извршен ископ и е поставена бетонска подлога. Градежните работи продолжуваат со поставување три попречни решетки од монолитен бетон со димензија RD 300 милиметри, во должина од 7,35 метри и еден сливник. Тие ќе бидат приклучени во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 900 милиметри, по што ќе се асфалтира коловозот.

На истиот потег, кај црквата „Света Петка“, ќе се постават две попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца. Решетките се со должина од 3,35 метри. Тие ќе се приклучат во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 600 милиметри, по што коловозот ќе се асфалтира.

На раскрсницата дополнително ќе се постават три сливници - два сливника ќе се постават еден до друг, попречно, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата Павел Шатев кон улицата Огњан Прица, а еден сливник ќе се постави на влезот од улицата Огњан Прица кон булеварот Павел Шатев.







http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6877&mid=482&tabId=1 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6877&mid=482&tabId=1


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Oct-2014 at 14:10
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan


Originally posted by kultuzin

Ова може да е привремено решение но никако решение на подолг рок.
збориш за начинот на кој е прикрпен асфалтот, или има и подобри начини да се изведе атмосферска канализација?


Не сум експерт но со оглед дека атмосферската канализација претставува на мрежа од меѓусебно поврзани и зависни системи претпоставувам дека локално дејствување неможе да го реши проблемот долгорочно. Туку треба да се направи поопсежно планирање на севкупната мрежа. Тоа е исто со патната мрежа која не се решава со 500 метра проширување на некоја критична точка. Затоа што можеби тоа место ќе се растерети но после 500 метри повторно ќе се создаде тесно грло.

Уште еднаш ќе напоменам дека зборам од чиста логика а не нешто дека сум експерт по оваа област ниту пак ги занам деталите околу конкретниот зафат. А за асфалтот мислам дека може слободно да почека дури и таков крпен е многу подобар од други многу поважни булевари и улици во Скопје.

генерален план на инфраструктурата во градот, во поглед на водовод, канализација, струја и телекомуникации, улици, јавен превоз и т.н. е секако потребен, само кај нас уште не слушнале за такво нешто Ohno
инаку тој предел од булеварот ума претерано ужасен асфалт... едно време дури и бетон имаше истурен на улицата и требаше долго време на некој да му текне да го среди тоа... се работи за еден од главните влезови во градот, не е тоа некоја селска улица човече Wallbash


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 17-Oct-2014 at 09:00
Originally posted by kultuzin


Не сум експерт но со оглед дека атмосферската канализација претставува на мрежа од меѓусебно поврзани и зависни системи претпоставувам дека локално дејствување неможе да го реши проблемот долгорочно. Туку треба да се направи поопсежно планирање на севкупната мрежа. Тоа е исто со патната мрежа која не се решава со 500 метра проширување на некоја критична точка. Затоа што можеби тоа место ќе се растерети но после 500 метри повторно ќе се создаде тесно грло.

Ако на 500м од критичната точка има цевка која има доволен капацитет, тогаш треба да се делува локално. Проблемите со подвозниците не настануваат поради преоптовареност на главните цевководи, туку поради слабиот капацитет на пумпите да се справат со надојдената вода.


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Nov-2014 at 19:24
РЕКОНСТРУИРАНА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА НА УЛИЦАТА ПАВЕЛ ШАТЕВ

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на улицата Павел Шатев, во близина на подвозникот, со што се зголеми проточноста на атмосферските води.

Оваа локација на улицата Павел Шатев беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи што паѓаа изминатото лето.

Имено, во правецот од населбата Пржино кон подвозникот, пред самата крстосница, на двете коловозни ленти се поставени три попречни решетки од монолитен бетон со димензија RD 300 милиметри, во вкупна должина од 7,35 метри и еден сливник. Тие се приклучени во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор со профил Ф 900 милиметри.

На самата раскрсница дополнително се поставени три сливници. Два сливника се попречно поставени, еден до друг, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата Павел Шатев кон улицата Антон Попов, а еден сливник е поставен на влезот од улицата Антон Попов кон улицата Павел Шатев.

Функцијата на решетките и на сливниците е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

На терен работеа екипите на ЈП „Водовод и канализација“.






skopje.gov.mk


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 26-Nov-2014 at 14:52
Џабе ќе се овие сливници ако не се чистат најмалку еднаш годишно.


Posted By: Тркало
Date Posted: 01-Feb-2015 at 15:32
Еднаш годишно или уште подобро редовни проверки...Далеко е Америка...

© ohridnews.com / ohrid1.com / lihnid.com


Posted By: picard
Date Posted: 08-Aug-2016 at 13:25
Во СКопје атмосферската канализација не може да се носи со интензивен дожд дури ни во траење од 5 минути ова се покажало 1000 пати до сега. За зафчерашниот дожд не ни правам муабет.

Ама зошто така се случува и на нови проекти?! На пример кога се прошируваше булевар Србија цело време Коце Трајановски и разни други функционери ни кажуваа дека правеле коклектор што засекогаш ќе го решел проблемот на многу пошироко подрачје. Кај е колекторот сега, што е проблемот со него.

Кај континентал клучката ја правеше бившиот градоначалник Трифун Костовски и тој цело време се фалеше дека таму направиле одлична атмосферска канализација. Колку беше добра канализацијата се покажа при првиот дожд. После на власт дојде Коце и се пофали дека ќе ја оправеле неадекватната канализација на претходникот. Се фрлија многу пари за таа намена. Глумеа дека копаат нешто, мислам кошташе скоро колку самата клучка. Еве сега таму редовно е поплава дури и при помал дожд.

Ваква симптоматична ситуација ни се повторува кај новите проекти после секој дожд. Како да се надеваме дека ќе се поправи ситуацијата со атмосферската канализација во градов кога дури и кај новите проекти не функционира како што треба, јас би рекол кај нив шансите се дека баш полошо е изведена. Не знам како ова е можно ама од ситуација на терен така ми личи.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 26-May-2017 at 11:52
Nesto ne gledam nasite "nezavisni" mediumi da se potresuvaat so toa sto se sluci vo Strumica. Srekja sto e vo Strumica a ne vo drug grad inaku nemase da se simnat od mediumite "nezavisnite" gragjanski aktivisti so zalenje i kukanje kako ne cinela atmosfesrkata kanalizacija. Vaka neli u Strumica e si molcat mudro.

http://republika.mk/781447 - http://republika.mk/781447


Posted By: Navigator
Date Posted: 26-May-2017 at 12:06
Веројатно ги истражуваат пропустите на локалната самоуправа во справувањето со непогодата. Очекувам набрзо да излезат со истражувачките стории, по примерот на документарецот на Телма за Стајковци.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 26-May-2017 at 12:27
Originally posted by Navigator

Веројатно ги истражуваат пропустите на локалната самоуправа во справувањето со непогодата. Очекувам набрзо да излезат со истражувачките стории, по примерот на документарецот на Телма за Стајковци.


Сигурен сум дека тоа спремаат. Еве го спремаат веќе 12 години тој документарец. Затоа што во Струмица жаргонски кажано жаба да се измоча поплави има на сите страни. Да не зборам за ѓубрето што го носат водите. Тешко на општина струмица сега Телма, Вести24 и сите невладини организации кои во врат им дишат на другите градоначалници кога ќе им искочат со критики. Исто едвај чекам Амина Мунди да искочи со критика за кучињата скитници во Струмица кои ги има насекаде.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Sep-2019 at 12:00




Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2020 at 10:24
Ах тие шахти: Нов асфалт среде Скопје, ама и нови вирови при прв дожд



Врнежите кои вчера паднаа врз градот брзо покажаа како обновената крстосница кај Црвен крст во центарот на градот има фалинка. А таа е во тоа што на неа како да нема предвидени одводни шахти. Па, така, на најголем дел од пешачките премини се собира големо количество вода кое им прави проблеми на граѓаните. Тие мора да ги заобиколуваат, да ги прескокнуваат небаре се атлетичари или да газат по нив…

https://skopskoeho.mk/ah-tie-shahti-nov-asfalt-srede-skopje-ama-i-novi-virovi-pri-prv-dozhd/


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Dec-2020 at 12:05


Фотографијата е совршена илустрација за непрактичноста на велопатеките на работ од улиците, посебно при најмали врнежи од дожд.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2020 at 14:34
Ова е влезот на училиштето 11 Октомври у Центар..(твитер)



Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jan-2021 at 16:25
На ул.Фрањо Клуз-Стар Аеродром







Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jul-2021 at 14:59
Ова е проект за изградба на атмосферска канализација во Шуто Оризари, во вредност од 1,2 милиони евра. Сигурни сме дека ќе ја подобри локалната инфраструктура на оваа општина. Атмосферската канализација во Шуто Оризари е само прв од вкупно 99-те социјални проекти за кои издвојуваме 35 милиони евра во период од три години. Дополнителни 14,7 милиони евра, од вкупниот износ од 49,7 милиони евра коишто се пренаменети, ќе бидат вложени за инвестиции во двата македонски аеродрома. Навистина веруваме дека ресурсите за овие 99 општински проекти ќе создадат дополнителна општествена вредност за целата држава. Градежните работи коишто ги гледате овде денеска, не се само економски корисна активност, туку и значајна активност за локалната заедница. Како ТАВ, ние сме општествено одговорна компанија и среќни сме што создаваме поголема вредност за луѓето.”, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија, по повод почетокот на градежните работи за поставување атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, проект финансиран од ТАВ Македонија, со дел од вкупната сума од 49,7 милиони евра пренаменети средства, претходно планирани за изградба на карго аеродром



https://www.facebook.com/SkopjeAirport


Posted By: ehrlich
Date Posted: 26-Jul-2021 at 16:32
Сериозно овие од ТАВ одат и се сликаат за проективе!!! Мислам тие пари тие требаше да ги дадат во вид на карго-аеродром во Штип, па така не дека е ова донација нивна, боже господе.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2021 at 11:37
Во Кисела Вода







https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2021 at 14:48
Уште по некоја фотка од Кисела Вода,очигледно градот е добар само кога е суво првиот малку посилен дожд прави тотален хаос,улиците се со тотално промашен нагиб некои се и без шахти а некои целосно со дупки и деформирани што дополнително создава вакви езера.

Втората фотка е од ул.Георги Димитров која ако не се лажам ја прекопуваа токму заради канализација и некои други инсталации но ситуацијата не е ништо подобра.





https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Aug-2021 at 10:40
Нови улици во Кисела Вода градени без атмосферска канализација

Несоодветната атмосферска канализација претставува долгорочен проблем на Кисела Вода. Секој пороен дожд во изминативе 30 години, впрочем како оној во петокот, предизвикува преоптоварување на атмосферската канализација на одредени делови на Кисела Вода. Причина за овој проблем е несоодветно изведена или непостоечка атмосферска канализација.

– ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ГОДИНИ ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ИЗГРАДБА НА ОКОЛУ 15 КИЛОМЕТРИ АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВИ КАДЕ ШТО ИМАШЕ ТЕХНИЧКА МОЖНОСТ КАДЕ ДА СЕ ОДВЕДАТ ПОРОЈНИТЕ АТМОСФЕРСКИ ВОДИ. ИСТИОТ ПРИСТАП СЕ СЛЕДИ И НА ДОГРАДБАТА НА БУЛЕВАРОТ КОН ДРАЧЕВО КАДЕ ШТО ПРВО СЕ ИЗВЕДУВААТ ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ ЗА АТМОСФЕРСКА ВОДА – ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ФИЛИП ТЕМЕЛКОВСКИ.

Тој ја поздрави ангажираноста на службите на општина Кисела Вода кои во петокот по поројниот дожд веднаш излегоа на терен и цело време ги чистеа одводните шахти за да се зголеми протокот на вода и кои сè уште се активни за да го исчистат насобраниот смет.

– Многу улици од поново време се направени без соодветна атмосферска канализација. Ваквите грешки од минатото претставуваат огромен и скап проблем за Општината. Парите се потрошени, изведбата е лоша, одводот не функционира, тротоарите пропаѓаат. За да ги поправиме овие грешки треба многу повеќе пари и време, повторно прекопување и асфалтирање на истите улици. Решавање на подземната инфраструктура е нашиот приоритет до сега и од сега натаму! Само со соодветно изведени одводни канали и канализациона мрежа ќе спречиме вакви слики и проблеми – потенцира Темелковски.

https://www.vecer.press/нови-улици-во-кисела-вода-градени-без-а/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2021 at 17:01
Во Мичурин на ул.Венијамин Мачуковски кон Трета Македонска Бригада(од твитер)



Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Oct-2021 at 17:03
Иста ситуација,скоро цел Мичурин се поплавува при дождови од 10-15 литри на м2,жално е што и новите краци и улици немаат соодветен нагиб и шахтите се на повисоки точки или се тотално затнати.
Ова е од твитер




Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Oct-2021 at 11:32
ул.Козара-Капиштец(твитер)





Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Oct-2021 at 11:34
Улица АФЖ во Радишани, реновирана завчера(твитер)





Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Oct-2021 at 16:44
Зад НБРМ во Маџир маало(од твитер)





Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Oct-2021 at 10:38
Во Сарај(од твитер)



Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Oct-2021 at 17:17
Згоден пејзаж со незгоден карактер



Паднати лисја постојано ја затрупуваат атмосферската канализација

Есента пристигна во нашиот крај и ги распосла своите жолти теписи насекаде… не, ова не е детски расказ за на училиште, ова е реалната и фактичка состојба во Скопје. Кога ќе кажеме дека распослала теписи, тоа е буквална метафора, бидејќи во многу населени места, од паднатите лисја, не може да се видат ниту тротоари, ниту, пак, улици. Насекаде има купчиња насобрани лисја што граѓаните ги исчистиле од пред своите домови, за да можат слободно да се движат. И колку и да изгледа убава есента во сите нејзини бои и нијанси, сепак знае да биде доста проблематична, особено за атмосферската канализација. Надлежните и да сакаат не можат во еден ден да ги соберат сите лисја за да ги решат маките, бидејќи лисјата паѓаат етапно и со месеци…

ПРОБЛЕМАТИЧНА Е СЕКОЈА ЕСЕН

И природата понекогаш знае добро да си поигра со јавните претпријатија и институциите, особено во годишните периоди кога има водни наноси или, пак, лисја од дрвјата, како што е есенскиот период од годината.
Најголемата жртва што есента ја зема секоја година е токму атмосферската канализација, дури во некои населени места едвај може и да се забележи дека ја има поради големите купчиња лисја насобрани над неа.
Многу од граѓаните велат дека секогаш внимаваат кога ги метат лисјата од пред своите дворови, да не завршат во атмосферската канализација, но сепак велат дека колку и да внимаваат, сепак, природата го прави своето и за неполн час, улиците, а со тоа и шахтите се повторно полни со лисја.
– Редовно се чистат улиците, не можеме да се пожалиме, меѓутоа против природата никој не може. Не можеме да очекуваме некој 24-7 да седи и да дежура, сите си имаат план за работа, па така не можеме вината да ја бараме во никого. Исто како во зимскиот период кога ќе падне многу снег, за кој никој не е виновен, така и сега, природата си го минува својот природен циклус, кој, секако, за некој месец ќе заврши – вели Мила Маневска.
Сепак, тврдат дека имаат соседи што намерно ги отвораат шахтите и со црево ги мијат улиците пред нивните дворови, носејќи ги и лисјата со водните наноси во канализацијата.
– Соседот е доста безобразен човек, бидејќи секој втор ден свесно го отвора капакот од атмосферската канализација и со црево си ја чисти улицата пред неговиот дом, туркајќи ги не само лисјата туку и сето насобрано ѓубре во канализацијата. Во неколку наврати му нагласив дека тоа што го прави може да ни предизвика штета на сите, но воопшто не се ни обиде да размисли и да ме послуша. Секој втор ден истото го прави. Лисјата му пречеле, му правеле ѓубре и ова му било идеално решение. Кога ќе дојдат врнежливите денови и кога атмосферската канализација ќе се затне, целиот двор ќе му биде поплавен и повторно тогаш виновни ќе му бидеме сите, вклучувајќи ги и надлежните – вели Тони Стојановски, жител на Бутел.

ЈП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА

Дека есента е доста проблематична, потврдуваат и од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Оттаму велат дека постојано ја следат состојбата и реагираат секојдневно и постојано.
– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано ја следи состојбата со временските промени и екипите на Секторот канализација соодветно, врз основа на однапред утврден план за работа, пристапуваат кон реализација на активностите. Имено, во однос на расчистување на лисјата што паѓаат во есенскиот период, екипите постојано излегуваат на терен за расчистување на сливниците и шахтите, со цел нормална функционалност на атмосферската канализација. Ваквата состојба може да предизвика затнување на дел од сливниците, но се дејствува интервентно на сите улици на територијата на градот Скопје. Соработката со екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“ е континуирана, со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните на градот Скопје – информираат од водоводното претпријатие.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/згоден-пејзаж-со-незгоден-карактер/ - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/згоден-пејзаж-со-незгоден-карактер/


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Jul-2022 at 16:44
СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Автомобил заглави во поплавен подвозник/ФОТО





https://www.vecer.press/силно-невреме-во-скопје-автомобил-заг/ - https://www.vecer.press/силно-невреме-во-скопје-автомобил-заг/

-------------
Carpe diem


Posted By: FiLo
Date Posted: 03-Jul-2022 at 12:14
А се на се 5 минути само врнеше. Недај боже 30 или повеќе минути со таков интезивен дожд.


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Aug-2022 at 17:31
Точно дека беше многу вода за кратко време,ама шахтите се толку лошо поставени на највисоките точки од улиците,промашени нагиби и нивелации.(фоткте се од твитер и фб)

Кај плоштад Скендер Бег





бул.Кочо Рацин



Партизанска



Мичурин/Железничка



Автокоманда кон Пожарна





-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Aug-2022 at 18:00
Што знам, Стефчо, олкава количина вода ниедна канализација не може да ја издржи. Не дека го оправдувам фушерајот кај нас, ама стварно олку вода да наврне за толку кратко време е голем проблем.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Aug-2022 at 21:04
Па да ова беше прилично големо невреме но и при помали дождови многу често има огромни вирови среде улици и булевари како резултат на бројни фушерации.
Не знам дали има некое решение за подвозниците кои се најкритични точки при секој пообилен дожд особено летниот период.
Нешто реновираа пред неколку години кај Континентал и на други места но повторно е поплавено.
Голем проблем е и прљавштината низ градот,многу земја,песок,ситен отпад кој веднаш ги затнува шахтите и создава проблеми.


-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2022 at 10:56
АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ЧИНИ, ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ КАЖАМ КАКО ЌЕ ГО РЕШИМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ АРСОВСКА ПО ПОПЛАВИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

Градоначалничката Данела Арсовска вечерва на прес-конференција кажа дека екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Пожарната бригада соодветно реагирале по денешното невреме. Кризниот штаб бил свикан на терен, а главниот проблем за тоа што цело Скопје беше поплавено е атмосферската канализација која нејзините претходници не ја решиле соодветно.

„Најголемиот предизвик беше поради атмосферската канализација која е несоодветна за она што во моментов го имаме во Скопје. Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин ќе ги решиме овие предизвици. Има повеќе примери, дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација“, рече Арсовска.

Таа кажа дека при денешното невреме Пожарната спасила 20 лица од кои дел биле заглавени во возилата во подвозникот под плоштадот „Скендербег“, а врз дел паднале дрвја.

„Кризниот штаб на Град Скопје беше свикан теренски, работиме се` уште на терен и ќе работиме до доцните часови се` додека не бидат отстранети сите они предизвици кои ги имаме и сите штети на градските улици“, додаде Арсовска.

Колку вкупно пријави за штети имало Арсовска не знаеше точно да каже, рече дополнително ќе побара одговор од институциите кои ги следат тие пријави.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/atmosferskata-kanalizatsija-ne-chini-vo-narednite-denovi-ke-kazham-kako-ke-go-reshime-ovoj-problem-reche-arsovska-po-poplavite-od-nevremeto-vo-skopje/ - https://sdk.mk/index.php/naslovna/atmosferskata-kanalizatsija-ne-chini-vo-narednite-denovi-ke-kazham-kako-ke-go-reshime-ovoj-problem-reche-arsovska-po-poplavite-od-nevremeto-vo-skopje/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2022 at 17:26
Ме зачуди зошто се поплави овој потег кај Палма/Тобако 2 во Аеродром.И при други пообилни дождови колку што знам немало ваква ситуација.(од фб)



-------------
Carpe diem


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 31-Aug-2022 at 18:44
Немало ваков дожд одамна. Ова беше нешто под невремето кога се случи Стајковци.



Print Page | Close Window