Print Page | Close Window

Св. Климентов Универзитет на Плаошник

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=720
Printed Date: 16-Oct-2019 at 10:25


Topic: Св. Климентов Универзитет на Плаошник
Posted By: La Linea
Subject: Св. Климентов Универзитет на Плаошник
Date Posted: 19-Feb-2009 at 00:11


Обновен конкурсот за идејно решение на Универзитетот на Плаошник

За претседател на жири-комисијата е именуван академик Крум Томовски

Управата за заштита на културното наследство вчера во јавноста, по втор пат го објави меѓународниот конкурс за изработка на идејно-архитектонско решение за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид.

Откако поради предвидениот кус рок во траење од 60 дена, на првиот конкурс минатата година не се пријави никој, тој е обновен со назнака дека крајниот рок на доставување на плановите или проектите, годинава е 20 април.

Конкурсот е јавен и анонимен и е дел од постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги, а на него може да земат учество домашни и странки правни лица регистрирани за соодветната дејност и домашни и странски физички лица, дипломирани инженери и архитекти. Предвидено е заинтересираните да можат да учествуваат со по еден труд, а најдобрите идејни решенија ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда во износ од 600, 400 и 200 илјади денари. Со сума од 50. 000 денари ќе бидат откупени и пет поднесени идејни решенија

За претседател на жири комисијата е именуван академик Крум Томовски, а за членови проф. д-р Вера Битракова - Грозданова, д-р Лазар Шуманов, митрополитот Тимотеј, проф. д-р Митко Хаџи - Пуља, проф. д-р Благоја Колев и израелскиот архитект, Гиора Солар.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на почетокот на годинава, посочи дека четирите предвидени комплекси на идниот возобновен Светиклиментов Универзитет, би требало да бидат завршени во септември 2010 година, до кога на овој локалитет во Охрид треба да продолжат во 2007 година, започнатите археолошки истражувања, конзервација и реставрација на откриениот материјал. (К.Б.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B591ADDF899A0B49B04EB700B2F74E66


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2009 at 11:57
Трета среќа за универзитетскиот комплекс Св. Климент на Плаошник

http://netpress.com.mk/vestiimages/56672/pasko%20kuzman.jpg">

Пропадна и вториот конкурс за избор на идејно решение за универзитетскиот комплекс Св. Климент на Плаошник. Жири комисијата по втор пат не прифати ниту еден од десетте понудени трудови, пристигнати на меѓународниот конкурс, меѓу кои само еден труд е од странство, Португалија, а останатите се автори од Скопје и Охрид. Рокот за понуда на идејно решение се продолжува за уште еден месец.

“Имаше повеќе интересенти, отколку што пристигнаа трудови. Повторно го продолжуваме рокот за сите автори да можат да си ја довршат работата. За овој комплекс потребно е кохезија на суперновото и на суперстарото, но идејните проектанти не успеале, затоа што за тоа треба да се влезе во душата на Свети Климентовата работа“, забележа на денешната прес конференција директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Инаку на конкурсот, жирито одлучило втората награда да му припадне на португалскиот автор Хозе Мариа Фереира Диас. Најблиску до идејата за тоа како треба да изгледа универзитетот на Плаошник, при вториот обид и скопските автори Јулијана Богоеска, Катерина Карага и Милена Шундовска чиј проект е треторагниран. Доделени се и пет откупни награди, а авторите на останатите три труда добиваат финансиско обесштетување.

Вака одлучи комисијата во состав: Благоја Калев, Вера Битракова, Митко Хаџипуља, Лазар Шуманов, Христина Станоева и митрополит Тимотеј.

Динамиката на работата на овој комплекс, признава Паско Кузман, веќе е пробиена. По третиот обид не се исклучува можноста од два или повеќе труда да се земат оние карактеристики што би одговарале за идејно решение. По изборот на идејното решение се оставаат 4-6 месеци време за да се направи основниот проект, а потоа ќе треба да се објави тендер за реализација.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56672&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 14:56
Све­тик­ли­мен­то­ви­от уни­вер­зи­тет на Пла­ош­ник мо­же да се гра­ди

  

"По два­та не­ус­пеш­ни тен­де­ра, на тре­ти­от тен­дер се до­де­ле­ни три­те наг­ра­ди, а пр­во­наг­ра­де­но­то идеј­но ре­ше­ние ќе се ре­а­ли­зи­ра и град­ба­та ќе поч­не на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на", ве­ли Па­ско Куз­ман Про­ек­тант­ско­то би­ро "Иде­ја плус" ДО­ЕЛ, Скоп­је и На­ци­о­нал­на­та ус­та­но­ва За­вод и Му­зеј од Ох­рид по­бе­ди­ја на тен­де­рот за идеј­но­то ре­ше­ние за из­град­ба на во­зоб­но­ве­ни­от Све­тик­ли­мен­тов уни­вер­зи­тет на Пла­ош­ник. Ка­ко што ни из­ја­ви ди­рек­то­рот на Уп­ра­ва­та за заш­ти­та на кул­тур­но­то нас­лед­ство Па­ско Куз­ман, по нив­но­то идеј­но ре­ше­ние ќе се гра­ди ком­плек­сот на Пла­ош­ник.
Ре­ше­ни­е­то е до­би­е­но по спро­ве­ду­ва­ње на тре­ти­от тен­дер, от­ка­ко по­ми­наа два­та не­ус­пеш­ни, ко­га не бе­ше при­фа­тен ни­ту еден про­ект оти не ги за­до­во­лу­ваа ба­ра­ња­та од про­ек­тна­та прог­ра­ма. Пр­во­наг­ра­де­но­то ре­ше­ние би­ло со шиф­ра "Клон", вто­ра­та наг­ра­да ја до­би­ва ре­ше­ни­е­то со шиф­ра "њњњ ЕР", а тоа е гру­па­та ар­хи­тек­ти: Ју­ли­ја­на Бо­го­е­ва, Ка­та­ри­на Ка­ра­га, Ми­ле­на Шун­дов­ска. Тре­та наг­ра­да би­ла до­де­ле­на на иде­ја­та под шиф­ра "Ас­тра", а тоа се ар­хи­тек­ти­те Кли­мент За­ров, Ма­ри­ја За­ро­ва - Сил­ја­нов­ска, со со­ра­бот­ни­ци­те Еле­на Нас­то­ска и Бо­рис Нас­то­ски.
Оваа од­лу­ка ја до­не­ло жи­ри­то, во сос­тав: ака­де­мик Крум То­мов­ски, прет­се­да­тел, Ве­ра Бит­ра­ко­ва - Гроз­да­но­ва, Ла­зар Шу­ма­нов, мит­ро­по­ли­тот Ти­мо­теј, Мит­ко Ха­џи - Пу­ља, Ма­ру­ла Ни­ко­лов­ска и Ал­ка­ви­дес Пре­пис, член од Гр­ци­ја.
Сле­ду­ва под­гот­ву­ва­ње­то на глав­ни­от про­ект што, спо­ред Куз­ман, ќе трае око­лу 5 ме­се­ци, и тој се на­де­ва оти на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на ќе поч­не из­град­ба­та на ком­плек­сот.
Куз­ман ве­ли де­ка про­ек­тот кој по­бе­дил нав­ле­гол во ду­ша­та на Пла­ош­ник и ги за­до­во­лу­ва ба­ра­ња­та на про­ек­тна­та прог­ра­ма за из­град­ба на сло­же­ни­от ком­плекс. Све­тик­ли­мен­то­ви­от уни­вер­зи­тет ќе има: ар­хе­о­лош­ки му­зеј, му­зеј на сло­вен­ска­та пис­ме­ност, му­зеј на пре­род­бе­ни­ци­те, Га­ле­ри­ја­та на ико­ни ќе би­де пре­не­се­на на ова мес­то, Све­тик­ли­мен­то­ва биб­ли­о­те­ка ко­ја, спо­ред нај­а­ви­те, ќе би­де нај­бо­га­та на Бал­ка­нот со над 100.000 при­ме­ро­ци на кни­ги, ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за ху­ма­нис­тич­ки на­у­ки. "Пред­ви­де­но е Бо­гос­лов­ски­от фа­кул­тет од Скоп­је да би­де пре­фр­лен во овој ком­плекс, ќе би­дат из­гра­де­ни ма­нас­тир­ски ко­на­ци и афи­ли­ја­ди на свет­ски уни­вер­зи­те­ти. На овој на­чин го спо­ју­ва­ме ду­хов­но­то со све­тов­но­то, го спо­ју­ва­ме Све­тик­ли­мен­то­во­то вре­ме со 21 век", ни ре­че Куз­ман.

http://vest.com.mk/?ItemID=391E4833E1CC3744ABBE7FFA156D89EB


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Sep-2009 at 15:25
Добро до кога мислат вакви работи да праат?
Ако стварно е избран објект како што гледам горе на фасадата, немам толку погрдни зборови за ова што се прави.
Баш да ми покаже некој гравура, скица, дел од фреска или било што по кое се гради ова чудо па да поверувам дека личи на него. Ако го подигнале на некои остатоци од зграда до 1,20м и мислат дека ваква била зградата - тоа во секаде во светот се вика ЛАГА. Не можат ли да изберат современ објект во кој ќе се потенцира дека изложуваат артефакти, остатоци и нема да се лажат луѓето дека универзитетот бил баш таков?
Истата приказна е и со Плаошник. Ќе се обесам (да не кажам на што) ако црквата што е сега таму личела на таа од времето на Климент. Само ме чуди како УНЕСКО им дозволи да го изградат објектот на база на некакви претпоставки, што е докажано дека никогаш не можат да бидат точни...
Странците ќе се чудат, а ние ќе си бидеме полни со себе....само нас не бива за вакви глупости! Браво и за састав на комисија!Applause


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 04-Sep-2009 at 15:42
Gahan ме претрка, башка и онака коментариве за конкурсиве ми се исти... Срамота, како можеле, квази-ретро срања blah blah blah

Ја користам приликава срдечно да и честитам на комисијата за професионално извршената работа.
Applause


Posted By: theone
Date Posted: 05-Sep-2009 at 01:30
Не разбирам.

Не сум архитект, но ја сакам убавата архитектура. Но сакам и кога некој сака да направи нешто и да го збогати просторот.  Сакам и кога некој кај нас ќе се сети дека може нешто да направи и тоа да натера некого да ни ја види државава. Сакам и добра критика.

Е сега. Се сеќавате ли што имаше на Плаошник пред 10 тина години.
Затворена за јавноста полуразрушена џамија зад чиишто затворени порти се наѕираа темелите на постара црква и нечив гроб во неа и нешто погоре еден мозаик и ранохристијанска базилика потрупани со песок.
Знаете колку туристи моќевте да сретнете таму? Ниеден !

Зимово и пролетта десетина пати го имав посетено Плаошник (ме интересираше до каде стигнале со копањето и што се "ново" изникнало таму)  и секојпат налетував на нова група туристи организирана со водич , Германци , Азијати , Бугари, Срби и уште колку ли ти други .  Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.

Така да доста пљукате по се. Позитивна критика секогаш е добра , но ако имаш знаење и идеја оди на конкурсот и ако имаш подобар проект и ако не те изберат имаш право да се љутиш.

 


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 05-Sep-2009 at 08:28
Нема да завлегувам во тоа што е “убава архитектура“ бидејќи тоа е ептен непродуктивна дискусија и нигде нема да стигнеме.

Но, интересно е како тендерите проаѓаат и пропаѓаат, и интересно се критериумите на комисијата. Интересно е што никој не ги објавува пропаднатите конкурси, и никој не објаснува зошто тие пропадале и зошто воопшто доделуваат награди ако тие се до толку неостварливи . Не учствував на конкурсот, но знам дека имаше доста млади луѓе што учествуваа. Знам дека имаше добри идеи и каква таква модерна естетика. Интересна е и комисијата, не можеш да кажеш дека не е симптоматично што речиси истите луѓе “судат“ за сите поголеми проекти на државава. Симптоматична е и естетската преференца, но тоа веќе не е битно.

Originally posted by theone

Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.


Не си единствен што не го интересира и тоа е проблемот. Сите работи што никнуваат во последно време се форсираат на таа логика. Историската оставина е само оправдување на таа локација да се гради. Ако градежните зафати се правдаат со историскиот момент тогаш логично е да се бара автентичност , во спротивно тоа е обичен градежен зафат.

Најтрагично е што градењето (кое не е автентично) гордо се поткрепува со туристичкиот аспект. Ако не нека напраат еден референдум низ европа и светот да видат дали можда туристите сакаат Плаошник вака да изгледа, или можда сакаат мекдоналдс или шознам. Јас не сум турист во оваа држава, и не треба потребите на граѓаните да се шлепаат покрај оние туристичките. Ако мене не ми е гајле за моето, и ако на форумов не мрчиме, тогаш на туристите сигурно нема да им биде. Мене не ми се живее у дизниленд.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Sep-2009 at 14:12
Se soglasuvam so tvojata izjava (The one)!

Kam nekoji pogolemi sliki, probav da idam na taa strana na društvoto od skopje  koje bilo izbrano no mi pokažuva crv!

Bi sakal da vidam od poblizu kako izgleda 


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Sep-2009 at 14:22
Eve ovaa ja najdeh na net

http://img181.imageshack.us/i/plaosnik.jpg/">

Vaka izgledala crkvata pred obnovuvanjeto
http://img412.imageshack.us/i/3308.jpg/">



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Sep-2009 at 17:21
во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

туризмот е постојан изговор во последно време да се прават разни глупости што се однесува до архитектурата и историјата, а плаошник е постојан изговор (како успешен туристички елемент) за тоа како сите прво го плукале, па сега го сакале, и дека сето друго демек било иста приказна, на пример, такви коментари испаѓаа за црквата во Скопје Nuts





Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 06-Sep-2009 at 12:27
Прво, во принцип не се пристапува кон реконструкција доколку нема доволно прецизни податоци за тоа како изгледал објектот во минатото. Во таков случај, наодот само се конзервира и се презентира пред јавноста (вклучувајќи ги и туристите) како урнатина....и во тоа нема ништо страшно, во Грција одат реки туристи за да гледаат урнатини. Многу повеќе би ценел доколку тие пари се инвестираат во современа музејска зграда со сите нишани во која би било презентирано целото културно и историско богатство на Охрид отколку ваква гломазна и неиздржана интервенција која само ќе го докусури и онака во голема мерка уништеното старо градско јадро на Охрид. Само ќе потсетам дека во стариот дел на Дубровник не се дозволени никакви интервенции освен поправки на постојните објекти.

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Sep-2009 at 13:48
Originally posted by zabegan

во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислењеDunno Или можеби од некој друга нишка?


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Sep-2009 at 13:50
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by zabegan

во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислењеDunno Или можеби од некој друга нишка?
се сложувам со твојот пост, сето друго е мое мислење без разлика на твојот пост


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2009 at 14:05


Забеган, ти стварно забега... УрбанФрик нема напишано никаков пост на оваа тема


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Sep-2009 at 14:30
Originally posted by pbanks



Забеган, ти стварно забега... УрбанФрик нема напишано никаков пост на оваа тема
мислев на Architechtone и стварно некогаш мешам членови Doh


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 24-Sep-2009 at 16:58
Originally posted by Дневник

Климентов универзитет, но каков?

Дилемата за избор на архитектура за Климентовата школа само е привидна. Нема никаква трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир. Архитектурата од 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да бидат постарите конаци од светогорските манастири, но и тие временски не допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат модерни хотели

Чувствувам обврска да ја довршам мојата реакција за предлозите во буџетот за култура. Идејата за организирање и за изградба на таква институција е добредојдена и за секоја пофалба. Со таква интервенција ќе се збогати и сега импресивниот културно-историски комплекс на охридскиот Плаошник. Се согласувам со изјавата на директорот на Управата за заштита на спомениците на културата, дека насловот е премногу претенциозен и треба да се формулира поскромна варијанта (Климентова академија или како нашите слависти го употребуваат вистинскиот израз: Климентова школа).

Заедно со пофалбата ќе си дозволам да изразам едно предупредување. Пред неколку години се изгради реконструкцијата на Климентовиот храм врз археолошките остатоци на оригиналот од 9 век со претпоставена архитектура на доградбите од 13 и 14 век, при што реконструкцијата на камбанаријата е сосема произволна без никаква аналогија на сличен мотив од истото време. Дел од оригиналните остатоци е зачуван, а голем дел т.н. втора Климентова црква од 9 век, каде што беше гробот на св. Климент, е поништен со претпоставената доградба од 13 век. И сега, наместо вистинска гробница, која со високи почести

можела да се создаде во 13 век (пример, гробницата на св. Наум) имаме неугледен гроб затскриен зад еден столб. Во амбиентот на раскошна археологија од 4-5 век реконструираниот храм изгледа раскошно за просечно информираните посетители, но научно неиздржано. Морам да потсетам дека во дискусиите пред реконструкцијата имаше и спротивни мислења засновани врз светски прифатеното правило дека уметничкото дело му припаѓа единствено на авторот и не може да се реставрира од други. Според тоа, интервенцијата на Плаошник можеше, со истиот монументален ефект да се реализира со зачувување на постојните археолошки остатоци од 9 век и дел од исламската надградба, но со проект за еден храм со архитектура од нашето време.

При изградбата на Соборниот храм во Скопје, владиците од МПЦ се покажаа крајно конзервативни. Имаше архитектонски конкурс на кој едвај помина еден проект со модерна асоцијација на традицијата. Имаше конкурс и за внатрешно сликање, за кое македонските сликари прикажаа величествени предлози за современа презентација на канонската тематика од Библијата (Димитар Кондовски). Но, владиците не прифатија ништо ново и се одлучија за безвредни копии на средновековните фрески. Пропуштена е голема шанса на светот да му се пофалиме со современа македонска уметност како што се фалат Французите со Париската опера: во една архитектура од 18 век, при секое влегување на странец ќе му обрнат внимание на плафонот од гледалиштето новонасликан од Марк Шагал.

Се плашам тоа да не се повтори и со реизградбата на Климентовата школа. На погоре споменатиот конкурс за Плаошник во програмата стоење и барање на проект за манастирски конак. Имаше неколку предлози за овој проект и се одбра еден медиокритет - имитација на македонската (Охридска) куќа од 19 век. Дилемата за избор на архитектура за Климентовата школа, само е привидна. Нема никаква трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир. Архитектурата од нашиот 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да бидат постарите конаци од Светогорските манастири, но и тие временски не допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат модерни хотели. Што ни останува како избор во нашиот проект на Климентовата школа? Содржината може да биде и Теолошки факултет со галерија на црквен мобилијар, со сликарски и конзерваторски работилници, библиотека и сали за научни симпозиуми, гаражи за автомобили наместо стаи за коњи и конечно со современи инсталации за електрично светло наместо свеќи и централно греење наместо огништа и мангали. Но, архитектурата мора да биде современа колку што може да создаде (а може) најмладата генерација на македонските архитекти. Под услов и конкурсната комисија да биде на соодветно ниво, без фосилизирани историчари на архитектурата и без владици.

Овој проект, треба најпосле да покаже дека и македонската архитектура може да се натпреварува со светот, а пред туристите има нешто за себепофалување; сеедно што го немаме еден Марк Шагал.

Борис Чипан (Авторот е архитект  и универзитетски професор во пензија)


http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=A086A0767286E24E809FA28E0420A311&arc=1


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Dec-2009 at 17:57

АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И КОНЗЕРВАТОРСКИТЕ РАБОТИ ПРОДОЛЖУВААТ


Плаошник се подготвува за Светиклиментовиот универзитет

Скопско-охридската проектантска група во текот на идните пет месеци треба да го подготви и основниот проект за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Се очекува и реализацијата на проектот да почне во првата половина на 2010 година


Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник треба да започне на пролет, до кога ќе биде подготвен и основниот проект од страна на Скопско-охридската проектантска група. Според надлежните во Министерството за култура во текот на оваа година се работеше на конзервирање и реставрирање на откриените архитектонски остатоци од сите периоди.
-На Плаошник континуирано без прекин се работи на архитектонските остатоци од објекти на старите цивилизации, од македонско хеленистичкиот период, римскиот, преку доцно античкиот, па се до отоманскиот период. Сепак, најмногу е работено на истражувања и конзервирање на остатоците од Св. Климентовиот манастир. Работите ќе продолжат се до пролет кога треба да биде завршен проектот и тендерите за градежните работи, објаснува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според Паско Кузман во проектот ќе се води сметка и за остатоците од градбите кои ќе бидат вклопени во ентериерот и екстериерот на комплексот, а потоа и презентирани на јавноста.
- Целта на овој капитален зафат е да се откријат сите културни слоеви на локалитетот и остатоците од манастирските конаци на комплексот Свети Климент и Свети Пантелејмон" во кои се одвивала Светиклиментовата културна, духовна и просветителска дејност, велат во Министерството за култура. За возобновување на Светиклиментовиот универзитет од страна на Владата беа предвидени шест милиони евра.

Инаку, Светиклиментовиот универзитет кој е прв на Балканот и еден од најстарите во светот, бил просветно светилиште во 9 и 10 век. Во него се описмениле над 3.500 ученици.

Комплекс со конаци, факултет, галерија...
Проектната програма за возобновување на Светиклиментовиот универзитет предвидува повеќе комплекси. Во рамките на првиот се предвидени манастирски конаци и објект во кој ќе биде сместен теолошки факултет. Вториот предвидува Музеј на Плаошник и Галерија на икони, а во третиот комплекс ќе бидат сместени Светиклиментовата библиотека со почетен книжен фонд од 100.000 публикации од областа на хуманистичките науки, Македонски институт за хуманистички науки и Конференциски центар. Клоновите на светските универзитетски центри, се планирани во рамките на четвртиот комплекс.

(Д.Т.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7BACF0A26EAB884890E9BD3DEAD802C8



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: axel
Date Posted: 02-Apr-2010 at 15:53

Светиклиментовиот универзитет на Плаошник готов до 2012. година

Охрид, 2. април (ИНПРЕС)

Заврши меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за изгледот на Плаошник односно на Свети климентовиот универзитет.

Меѓународната комисија составена од експерти од оваа област ја одбра проектанската група „Идеа плус“ која до крајот на април треба да го изработи главниот проект а веднаш потоа ќе распише тендер за негова реализација, кој, според очекувањата ќе почне да се реализра на почетокот од јули.

- Теолошкиот факултет е влезен во идјеното решение на Светиклиментовиот комплекс и договрено е во согласнот со МПЦ , архиепископот Стефан, се знае дека тој ќе биде во Охрид, се разбира откако ќе завршат сите активности.Се преговара и со филијалите на повеќе светски универзитети.Не се брзаме бидејќи навистина имаме време, вели директорот на Управата за заштита на културното и историското наследство Паско Кузман.

Покрај Универзитетите во Колубија и Болоња, Кузман најави дека се преговара и со светски признатиот Универзитет во Русија, Ломоносов. Токму тие ќе треба да отворат свои филијали овде.Кузман најави дека поради пролонгирање на одредени активности, најверојатно до крајот на 2010 година целиот простор ќе добие својот виситнски лик.

- Работите не зависат само од луѓето, зависат од околностите.На пример никој не знае дека ако удри еден дожд и земјата најмалку 15 дена држи влага ние сме блокирани.500 луѓе тогаш мора да прекинат со работа, додава Кузман.

Работите на Плаошник на Светиклиментовиот универзитет воопшто не се завршени. Во моментов се работи на рестварација и конезравија на сите пронајдени предмети вели директорот на Управата за културно и исотриско наследство Паско Кузман, при тоа негирајќи ги информациите дека на Плаошник веќе неколку месеци има застој во работите. (Крај)                                                                                                                                                  http://www.time.mk/read/NONE/35cc4b1c26/index.html 



Posted By: Makedonij
Date Posted: 25-Jun-2010 at 21:07

Мислам дека овоа сме го испуштиле


Сто милиони денари за Светиклиментовиот универзитет


Вкупната сума потребна за изградба на
објектот, кој треба да биде готов за две години, и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година не се знае - рече Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Министерството за култура за изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид кој ќе почне да се гради во јуни годинава додели 100.000 000 денари. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, објектот требе да биде готов за две години. Вкупната  сума потребна за изградба на универзитетот и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година, тој рече дека се уште не се знае.

Откако ќе завршат проектните документации и работата со конзервација на археолошките пронајдоци, во јуни би требало да почне возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет и со интензивно работење за две години би бил готов - рече Кузман.
Доколку годинешната издвоена сума од 100.000.000 за универзитетот на Плаошник не биде потрошена, Кузман нагласи дека ќе биде пренаменета за Музејот на вода каде што треба да се изградат уште 16 куќи.

03.03.2010
http://www.spic.com.mk







-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2010 at 12:15
ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ НА НАУЧНО-НАСТАВНАТА И КУЛТУРОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ НА СВЕТИКЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПЛАОШНИК ВО ОХРИД
21.08.2010

Со промоција на книгата „Охрид Суб Специе Аетернитатис“, авторско дело на Елизабета Димитрова и Паско Кузман, вечерва на свечен начин беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамки на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник во Охрид.

Обраќајќи се пред присутните гости, премиерот Никола Груевски истакна дека одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет, е поттикната од намерата да се оддаде должно признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски просветитиели и епископи.

- Иницијативата значи заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои заедно се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата тврдина, рече премиерот Груевски.

Промовирајќи го делото „Охрид Суб Специе Аетернитатис“, инаку издание на издавачките куќи „Данте“, „Мацедониа Прима“ и „Ѓурѓа“, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека книгата претставува возбудливо и поетично пативање низ историјата, културата, уметничките одстрели и креативните модели на Охрид, како водечки културен центар во Македонија и на Балканот.

- Користејќи ги хронолошко-методолошкиот пристап и научната конзистентност во тематското вообличување на содржината на ова монографија, авторите создаваат слика на Охрид, како културен центар од митските дамнини, се до поновите времиња на неговото континуирано цивилизациско егзистирање. На тој начин, тие ни презентираат една раскошна визија за значењето на охридскиот култирно-историски и уметнички трезор низ времињата, рече Канческа-Милевска.„Охрид Суб Специе Аетернитатис“

Коавторот на книгата, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, појасни дека во рамки на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе бидат сместени повеќе културни и научни институции, со галерија на икони, библиотека, како и дел од старите ракописи со кои располага охридскиот Завод и музеј.

- Археолошко-истражувачките, како и конзерваторско-реставраторските работи на локалитетот Плаошник се во сосема завршна фаза. Завршен е потесниот избор на фирмите што ќе бидат задолжени за градежните активности на Светиклиментовниот универзитетски комплекс, така што очекуваме некаде во првата половина на идниот месец да биде поставен камен-темелникот на објектот, истакна Кузман.

Во врска со суштинскиот, функционалниот односно содржинскиот дел на проектот, Кузман рече дека во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација.

- Ќе направиме една космополитска симбиоза, нагласи археологот Кузман.

Планирано е 14-те објекти во рамките на Универзитетот да бидат изградени во 2012, најдоцна до 2013 година, а вкупната инвестиција за нивна изградба да изнесува околу 18 милиони евра.

http://vmro.mk/mk/zapis.asp?id=6620


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Aug-2010 at 22:00
Обновени темелите на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

Со пригодна свеченост, синоќа, беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамки на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник.

Обраќајќи се пред присутните, премиерот Никола Груевски истакна дека кога се зборува за Свети Климентовиот универзитет, тоа значи дека се зборува за најсветото нешто без кое нема напредок. – Тоа значи да се зборува за нашата духовна и световна историја од крајот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога на овие простори функционирала просветна и културна институција која е позната како најстар универзитет во Европа и пошироко. Првиот словенски универзитет , предводен од Свети Климент Охридски, просветител- чии ученици низ сите словенски земји ја ширеле словенската писменост и наука, истакна Груевски. 

Одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет, е поттикната од желбата да се оддаде должно признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски просветитиели и епископи, додаде премиерот.

Иницијативата значи заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои заедно се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата тврдина, рече премиерот Груевски.

За 20 дена на просторот кај Плаошник, ќе отпочне да се гради комплексот- Климентов универзитет, осмислен како мултимедијален, високообразовен наставно научен центар во кој ќе бидат сместени Св. Климентовата книжевна академија и македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на цивилизациите, културите и религиите кои постоеле на овие простори во минатото.

Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, Свети Климентова библиотека, галерија на икони, музеј на Плаошник, Св. Климентова конзерваторска школа, академија и 7 депанданси на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научно просветен процес кој ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и регионалниот образовно научен живот.

http://ohridnews.com






-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Aug-2010 at 22:07
Ovoa go zaslediv na net pa mi se čine deka bi moželo da stoji tuka?

ГОРНА БЕЛИЦА Е СЕДИШТЕ НА КЛИМЕНТ, А НЕ ПЛАОШНИК


Стружани инсистираат да се каже вистината за свети Климент Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја раководел епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират христијанството: Плаошник во Охрид

Непобитно е дека свети Климент Охридски најмногу материјални траги оставил во Струга и во Струшко

пишува: Виктор Цветаноски

Главното седиште на свети Климент Охридски и неговиот универзитет не бил на Плаошник во Охрид, туку во манастирот во Горна Белица и други места на Струшко. Ваквите тврдења беа изнесени уште во 1966 година од струшкиот хроничар Петар Чакар по повод 1.050-годишнината од упокојувањето на светецот, а неодамна одново се актуализирани во книгата „Белички светости“ на д-р Стојан Ристески. Тезите на Чакар дека светецот оставил многу повеќе траги во Струшко отколку во Охридско, изнесени во фељтонот „Горнобеличкиот прв Климентов манастир“, објавен во весникот „Нова Македонија“, ги надградува Ристески со нови факти кои, според него, ги уриваат повеќевековните заблуди околу дејноста на светецот и просветителот. 


ЕНТУЗИЈАСТИ Горнобелички ентузијасти настојуваат да и' го вратат стариот сјај на црквата на Светиклиментовиот манастир: Јоне Кленко, Паско Настоски, Иљо Дуноски и д-р Стојан Ристески со камбаната на црквата

ТРАГИ „Тоа дека свети Климент Охридски најмногу оставил материјални траги во Струга и во Струшко преку стари храмови и бројни топоними е непобитно. Така, прво е манастирот ’Свети Климент‘ на Беличка Планина. Седум-осум километри подолу од него, во селото Вишни, има стара црква ’Свети Климент‘. Во Струга маалото околу црквата ’Свети Ѓорѓија‘ се вика Светиклиментова Маала. Откај исток на Црн Дрим до селото Калишта тој простор се вика Светиклиментово (или само Климентово) Блато. На тој простор, на околу 2 километра од Мостот на поезијата кон Калишта, лево од патот бил потопен манастирот ’Света Богородица‘ во кој, според народното предание, се вели дека престојувал свети Климент и во него имал дел од неговиот универзитет. Реката што се протегаше откај ’Цареј кладенци‘, минуваше низ Светиклиментовото Блато, врвеше низ Струга, се вика Климетица“, ја образложува својата теза Ристески.

Истовремено посочува дека во струшкото село Мислешево има стара црква која, исто така, го носи името на големиот христијански просветител, во Волино има месност што се вика Манастирот Свети Климент, а североисточно на десната страна од реката Сатеска се наоѓа селото Климештани. И делницата на патот Виа Игнација, кој минувал крај манастирот во Горна Белица, поради светецот била наречена Света Долина.

„Вакви стари траги нема во Охрид и во неговата околина. Со слично нешто не може да се пофали и ниедно друго место што се врзува со месноста Кутмичевица и со епископијата на свети Климент, која некои без малку ја врзуваат од Родопите до Јадранското Море. Овој траен историски спомен сам по себе зборува дека главната дејност на свети Климент Охридски се одвивала на струшкото подрачје, а што тоа останало во сенка на Охрид е поради неговата улога на државен и архиепископски план. Ако свети Климент Охридски не бил на струшкиот терен, од каде се неговите неизбришливи, длабоки траги? Тие се непобитен доказ каде да се бара првото доаѓање на свети Климент Охридски во Кутмичевица и местото на неговата епископија“, заклучува д-р Ристески, пензиониран професор од Охрид и истражувач на македонското минато.

ЕПИСКОП Тој вели дека за првиот Климентов манастир во Горна Белица пишувал и епископот Николај во книгата „Охридски пролог“, но дека преку неговите укажувања и укажувањата на Петар Чакар се минало премолчено тогаш и оттогаш до денес. Петар Чакар во 1966 година, по повод 1.050-годишнината од упокојувањето на свети Климент, ќе побара: „Се' додека не се спроведат темелни проучувања, па и археолошки ископувања од се' уште зачуваниот Климентов манастир во Горна Белица, кој всушност може да се смета за прв Климентов манастир во Македонија, би било избрзано да се изведуваат заклучоци како што е оној: дека во црквата на манастирот ’Свети Пантелејмон‘ е откриен гробот на св. Климент, кој заедно со црквата си го изградил сам. Дотолку повеќе што не е откриен само еден, како што се пренесувало во преданието, туку се откриени два-три гроба. Можеби тој единствен гроб, Климентовиот, е токму во горнобеличкиот Климентов манастир, основан од него“, пишува Чакар во фељтонот во „Нова Македонија“.


Црквата на Горнобеличкиот манастир е со нов покрив, а фотографијата е направена минатата година

Како дошол свети Климент во Струшко и зошто токму во Горна Белица го изградил својот прв манастир? Според Ристески, патот на просветителот не е докрај расветлен поради тоа што не било зачувано првото житие за него. Житијата на Теофилакт и на Хоматијан што се користеле како главен извор за неговиот живот и дејност биле пишувани два-три века по неговата смрт и биле скратен и изменет препис на словенското житие. И во двете житија немало конкретни податоци како во житијата на неговите учители Кирил и Методиј. И токму поради тоа во науката имало контрадикторности за животот на светецот и големиот христијански просветител. „Не се знае точно кога и каде бил роден свети Климент. Се претпоставува дека бил роден во Солунската тема (меѓу Солун – Охрид – Струга). За неговите родители се вели дека биле благородни и богати. Единствени се научниците дека свети Климент Охридски им бил ученик на солунските рамноапостоли. Со свети Кирил бил во Хазарската мисија (ок. 860)“, вели д-р Ристевски.


Фотографија на партизани со петокраки на капите снимена ведаш по војната пред
црквата на Светиклиментовиот манастир во Горна Белица

ЦАР Притоа, тој објаснува дека светото име го добил по римскиот епископ Климент, кој од царот Трајан бил протеран во Украина. Поради тоа што и таму го ширел христијанството, во 101 година бил осуден на смрт и фрлен во Црно Море. Моштите ги пронашол свети Кирил во денешното пристаниште Одеса и ги извадил од морето. Ги носел со себе за време на Моравската мисија, а потоа му ги предал на папата во Рим. Во чест на наоѓањето на моштите на римскиот епископ Климент, најдобриот ученик на солунските браќа, нивни придружник и соработник од мали нозе, го добил неговото име.

По смртта на Методиј во Рим, Климент пристигнал во тогашната бугарска престолнина. Оттаму во 886 година од цар Борис бил испратен во Кутмичевица, област што зафаќа поширок простор околу Охридско Езеро. Најпрво пристигнал во тогаш најголемиот град Мегалополис (Голем град), кој подоцна од Словените бил прекрстен во Главеница. Градот се наоѓал на местото на денешното струшко село Враништа и имал повеќе од 10.000 жители. Свети Климент не случајно го избрал токму овој град. Според преданијата, во него апостол Павле ја изградил првата црква на Балканот.

„Не може да се замисли дека свети Климент не знаел за тоа што го сторил апостол Павле во Мегалополис (Голем град) во крајот во кој се испраќа за свештеник и учител на христијанството. Напротив, добро бил информиран за тоа, живеел со тој култ, со култот за првата христијанска црква на Балканот и по истиот пат на апостол Павле – Виа Игнација дошол во Главеница. За монасите е планината – манастирот, а не градот. Затоа по кусо задржување и молење во Светипавлевата црква ’Света Богородица‘, се повлекол во Беличка Планина. Таму во близина на Светипавлевата црква, близу патот Виа Игнација, го подигнал првиот христијански манастир во Македонија, кој го посветил на некој светител, но на кој не се знае, па до денес е познат исклучиво под неговото име. Оттаму ја ширел духовно-просветната дејност во бројни објекти во струшкото подрачје“, смета д-р Ристески.

МИТРОПОЛИТ Според житието на Теофилакт, свети Климент по осумгодишна работа, од царот Симеон бил поставен за епископ на Драгвиста или Велица. За тоа каде се наоѓала таа епархија има бројни спротивставени мислења. Се смета дека најблиску до вистината се тврдењата дека седиште на епархијата била Главеница, каде што свети Павле ја изградил првата црква на Балканот. Во прилог на ваквото мислење оди и едно искажување на бугарскиот митрополит Софрониј, кој за време на една прослава истакнал дека Климент бил ракоположен за епископ на Дремвица (Дебрица) и Белица, во северозападна Македонија. Ако се земе предвид тогашна етногеографска Македонија, ќе се види дека Белица се наоѓа токму во нејзиниот северозападен дел.

Д-р Ристески во поткрепа на тоа дека седиштето на светецот било во манастирот во Горна Белица посочува дека Светиклиментовиот манастир се издржувал од имот на селата: Вевчани, Октиси, Долна Белица, Враништа, Ложани, Мислешево, Мороишта, Орман, Кулин, Чифлик, Далјанот и Беличка Планина. „Нели сите тие месности се во близина на Беличкиот манастир, а не на ’Свети Пантелејмон‘ во Охрид“, заклучува тој.

Стружани инсистираат да се каже вистината за свети Климент Охридски, за тоа каде најмногу престојувал, од каде ја раководел епархијата и каде ги подготвувал своите ученици за да го шират христијанството. Јован Негриески, пензиониран новинар, кој прочитал многу работи за големиот христијански просветител, вели дека вистината може да се дознае само тогаш ако се извршат поопстојни ископувања и истражувања. Тој верува дека со тоа ќе се отстранат многувековните заблуди околу светецот за неговото дејствување во Охридско-струшкиот регион.

Првични истражувања во Кралска Југославија

Ватикан ја крие големата тајна

Големата тајна за свети Климент ја крие Ватикан, пишува Петар Чакар, тврдејќи дека Горнобеличкиот е прв Климентов манастир во Македонија. Во 1936 година во Струга пристигнале тројца научници од Ватикан, еден археолог и двајца историчари на уметноста. Дошле по препорака на загрепскиот бискуп и биле гости на тогашниот управник на царинарницата во Струга, Драгутин Немец, инаку Хрват. Нивна цел била да истражат каде се наоѓала првата црква на Балканот што ја изградил апостол Павле. Според материјалите што ги имале со нив, црквата се викала Црква на кралевите и била изградена во античкиот град Мегалополис, кој се наоѓал на Охридското Езеро, и во кој многу векови подоцна било седиштето на епископскиот стол на Климент Охридски. Италијанците со себе имале и карта на која биле обележани локациите каде што требало да истражуваат. Меѓутоа, само што почнале со работа, биле спречени од власта на Кралска Југославија, зашто немале дозвола за ископувања.

Пред да си заминат, Италијанците на својот домаќин Немец му дале некои основни податоци за локациите од времето на свети Климент. Предизвикан од тврдењата на неговите гости, заедно со тогашниот градоначалник на Струга, Боже Шаин, решил да провери колку има вистина во она што им го раскажувале. Ангажирале работници и ископувале на три локации во месноста Климетица кај Струга. На нивно големо изненадување, на сите три места нашле цели или делови од плочи и големи камења со разни орнаментски шари, фризеви и крстови. Плочите и камењата биле пронајдени на дното во самото калиште.

„Наодите не само што значат потврда на легендите, според кои токму тука се наоѓал оној голем универзитетски град од кој излегле 3.500 завршени ученици на Климентовиот универзитет, како што е наречено неговото училиште, туку тие значат и факт дека во ватиканската библиотека постои таква литература, како што е Римскиот асиманов кодекс од 9 век, каталогот на Ѓуканжа и други, каде што несомнено има драгоцени податоци за животот и дејноста на Климент“, подвлекува струшкиот хроничар.

Желбата на горнобеличкиот монах

Пеш до Ерусалим и назад

Во манастирот „Свети Климент“ во Горна Белица имало и монашки живот се' до 1961 година. Горнобеличани се сеќаваат на последните двајца монаси Гаврил и Саво од семејството Ѓоргоновци. Постариот, Гаврил, кој бил роден во 1848 година имал голема желба да го посети гробот на Исус Христос и откако собрал малку пари, тргнал пеш за Ерусалим. Поминало многу време, а него го немало, па соселаните помислиле дека некаде по пат дал душа. На нивна голема радост, се појавил еден ден исцрпен, но среќен што го посетил Божјиот гроб. Објаснувал дека на пат се задржал толку многу поради тоа што до Ерусалим патувал пеш од каде што, исто така, морал да се врати пеш, поради тоа што немал пари за превоз. Починал во 1936 година на 88-годишна возраст. Неговиот гроб е на јужната страна на манастирската црква.

http://www.globusmagazin.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2010 at 23:55
Конкурсни трудови, учесници на БИМАС 2010:

1


2


3



Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-Aug-2010 at 08:32
Applause
Mene samo prviot mi se sviga, no i taj e kako kopija na Berovskiot Hotel Manastir!


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: ebivetre
Date Posted: 23-Aug-2010 at 08:50
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/promoviran-pochetokot-na-dejnosta-na-sveti-klimentoviot-univerzitet

Промовиран почетокот на дејноста на Свети Климентовиот универзитет

22.08.2010 - 20:33 | Македонија
Да се зборува за Свети Климентовиот универзитет значи да се зборува за најсветото нешто за нашата световна и духовна историја од крајот на 9 и почетокот на 10 век кога на овие простори функционирала просветна и културна институција која во историската наука е позната како најстар универзитет во Европа и воопшто прв Словенски универзитет, истакна премиерот Никола Груевски на свесвеченоста на промовирањето на почетокот на научно наставната и културолошка дејност во рамките на комплексот на Свети Климентовиот универзитет.на Плаошник.




За 20 тина дена тука треба да отпочне да се гради комплексот Свети Климентовиот универзитет каде е предвидено да бидат изградени 14 објекти за конаци,богословскиот факултет ,Свети Климентовата библиотека ,галеријата на икони ,музеј на Плаошник ,Свети Климентовата конзерваторска школа ,академија како и 7 депанданси на светски универзитети.

Оваа иницијатива на владата на Р.М. значи едно заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина кои се од капитално значење на македонскиот народ.

Инаку вчера вечер во катедралната црква во Света Софија во Охрид се одржа и поетски портрет на годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2010 година лауреатот Љубомир Левчев.


Posted By: axel
Date Posted: 23-Aug-2010 at 10:14
ВО СЕПТЕМВРИ, НА ПЛАОШНИК, ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ

Климентовиот универзитет ќе никне за две години

На овој простор е предвидено да биде сместена Свети Климентовата книжевна академија, галерија на икони, теолошки центар, а ќе се основа и Македонски институт за хуманистички науки каде ќе се проучуваат цивилизациите кои постоеле тука во минатото


За дваесетина дена ќе отпочне да се гради комплексот "Свети Климентов Универзитет" на Плаошник, во кој ќе бидат сместени повеќе културни и научни центри. Проектот ќе се реализира до 2012 година, најави премиерот Никола Груески на завчерашната свеченост по повод возобновувањето на првиот словенски универзитет.
- Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на Светиклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, рече Груевски.
На овој простор е предвидено да биде сместена Свети Климентовата книжевна академија, галерија на икони, теолошки центар, а ќе се основа и Македонски институт за хуманистички науки каде ќе се проучуваат цивилизациите, општествата, културите, уметностите и религиите кои постоеле тука во минатото. Со тоа, како што рече Груевски, овој комплекс ќе биде реконструкција на Светиклиментовото дело, но и ќе преставува центар на еден современ наставно-научен процес.
За изградбата на конаците, Богословскиот факултет, Светиклиментовата библиотека, галеријата и многу други содржини ќе бидат потрошени уште 9 милиони евра, со што целата инвестиција би чинела 18 милиони евра.
Свеченоста беше надополнета и со промоција на книгата "Охрид Суб Специе Аетернитатис" авторско дело на Елизабета Димитрова и Паско Кузман.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска рече дека книгата е вистински предизвик за секој што сака да се запознае со градот, кој претставува лулка на европската цивилизација, но и еден значаен чекор во презентирањето на богатата културна ризница пред домашната и странската јавност.

Сузана Вренцовска

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=120961839C418A45AEFBC07B2EF23044


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2010 at 03:25
Градот Охрид ја поддржа изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

Охрид, 3 септември 2010 (МИА) - Охридските советници на посебна седница денеска изгласаа согласност за отстапување на корисничото право врз земјиште на локација во стариот дел на градот, отстапувајќи го правото за стопанисување со земјиштето кај Плаошник на Министерството за култура, со цел што поскоро да отпочне изградбата на Светилиментовниот универзитет.

Во писмо што Државниот правобранител на Република Македонија и Заводот за заштита на културните споменици и Завод и музеј - Охрид го испратиле до Советот на општина Охрид било побарано од градските власти по итна постапка да ги регулираат имотно-правните односи за локацијата Плаошник, со цел идната седмица да биде поставен камен-темелникот на новиот Светиклиментов универзитет.

Иако сопственик на земјиштето на Плаошник е Република Македонија, правото да стопанисува со земјиштето беше кај општинското Јавно претпријатие „Охридски комуналец“, кое правото на користење со одлуката на Советот го отстапува на Министерството за култура, така што се регулираат имотно-правните односи неопходни за старт на изградбата на најавениот Светиклиментов универзитет.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, независно забелешките за неприоритетно трошење на државните пари, истакна дека локалната власт не само што ќе ја поддржи секоја инвестиција во градот, во случајот универзитетот на Плаошник, туку и активно ќе помогне за нивна реализација. аб/рп/18:40

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76663886&lId=1


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Sep-2010 at 20:17
3тиот предлог ми е најблиску до добар. 


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 05-Sep-2010 at 23:58
Мене не ми е јасно која е потребата тој комплекс да се напика баш таму. Па сите предлози закачени погоре изгледаат како да ќе ја изедат црквата! ОК ќе беше да се уфрлеше нешто малечко и дискретно, што програмски ќе го збогати тој простор, без да ја засени црквата и без да го нагрди пејзажот, ама ова?!

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2010 at 13:43

Почнува градба за возобновување на Светиклиментовиот универзитет

Денот на независноста на Македонија е одбран за поставување камен-темелник на комплексот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид. Осветувањето, утре во 11 ч., ќе го изврши неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, со митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел. На почетокот на градбата на комплексот ќе говори и премиерот Никола Груевски.
Комплексот се најавува како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар, во кој ќе бидат сместени Светиклиментовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на цивилизациите, културите и на религиите кои постоеле на овие простори во минатото. Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, библиотека каде што за почеток ќе има 100.000 книги, галерија на икони, музеј каде што ќе бидат презентирани сите пронајдени артефакти, конзерваторска школа, академија и седум депанданси на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научнопросветен процес кој ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и на регионалниот образовно научен живот.
Археолошките и реставраторските работи на Плаошник се при крај, со тоа градбата на комплексот може да почне, најавува Паско Кузман, раководител на проектот и директор на Управата за заштита на културното наследство.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CC978FE113A6614A804C21D81675CB0B


Posted By: fichot
Date Posted: 07-Sep-2010 at 23:25

Originally posted by Mr.Edmund

Мене не ми е јасно која е потребата тој комплекс да се напика баш таму. Па сите предлози закачени погоре изгледаат како да ќе ја изедат црквата! ОК ќе беше да се уфрлеше нешто малечко и дискретно, што програмски ќе го збогати тој простор, без да ја засени црквата и без да го нагрди пејзажот, ама ова?!


Се сложувам со забелешката.

Иако не е совршен, и прилично контрастно изгледа во однос на околинава, сепак мислам дека 3тото решение ќе беше најдобро. Можеби за спрат понизок и со комбинација дрво-стакло, или така нешто. Имам гледано објекти градени на запад кои иако со современи материјали сепак не ја нагрдуваат околината (не мислам на бунгалови и слично ). 

Ова што ќе го градат ко цел град ми изгледа.. дефинитивно ќе го нагрди Охрид, а којзнае, можеби и Унеско ќе се повлече после тоа. 





Posted By: ebivetre
Date Posted: 08-Sep-2010 at 09:23
Ima li konecno nekoj asalen render kako kje izgleda seto ova?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 12:59
Нем рендер сеуште, има некоја макета. Малку личи како деца по ОТП да ја правеле, ама ќе заврши работа да видиме ориентационо како планираат да изгледа. Неколку работи не ми се јасни, барем додека не излезе некој асален рендер. Што е со куполите на објектот. Дале ќе бидат стаклени? Веројатно не планираат да направат куполи со ќерамиди, ако оваа бојата кафеава треба да биде некоја претстава за ќерамиди во макетава. Оваа портата дали е некоја археолошка ископина што треба да се рестварира? Што е со споменикот на Свети Климент? Ставиле макета за споменик непропорционална со останиот дел од комплексот. Можно е да е некое постаро фигуриче па им се нашло тука да го залепат само. Не пазат воопшто на едноставни работи, а сега само проблем ќе си направат кај стрвни медиуми што едвај чекаат да почнат да шират приказни за стометарски споменик.


МИА фото


Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-Sep-2010 at 13:02
Па, од таа фигура за споменикот може да се претпостави дека и другите макети не се сразмерни ) Се зезам, најверојатно се. Меѓутоа со куполиве, повеќе ми личи на амам отколку на конак. Како и да е, се засенува црквата комплетно.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 13:56

На Плаошник започна нова ера на духовното

Охрид, 8. септември 2010 (ИНПРЕС)

На просторот каде Св. Климент Охридски го создал ремек делото на средновековната охридска книжевност и пофалното слово за светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј ќе бидат лоцирани бројните објекти кое се дел од комплексот на возобновениот Св. Климентов универзитет.

Токму денес на денот на одбележувањето на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, во Охрид се удрија темелите на универзитетот, а целосниот проект се очекува да биде заокужен во 2014 година.

Како што рече на свечениот чин  премиерот Никола Груевски, со возобновувањето на овој универзитет  Охрид станува центар и на древното и на модерното.

- Време е да го возобновиме Св. Климентовиот универзитет и Охрид да го има и она древното и новото. И модерното и она што датира од пред многу векови, она што го нарекуваме прв универзитет во Европа, она со што сите ние ќе се гордееме, не само Охрид, туку цела Македонија. Овој простор ќе може да го посети секој научен работник, да престојува тука секој турист, секоја граѓанин на Република Македонија. Тоа е наша заложба која ја почнуваме денеска, на денот на независноста, 8-ми Септември, истакна премиерот Груевски.

Возобновувањето на комплексот Св.Климентовиот манастир на Плаошник докажува дека делото на светителот и патрон на градот Св.Климент непрекинато ќе претставува непресушен вруток  на цивилизациски пораки и вредности. Овој комплекс е дело на македонскиот народ и македонската држава, рече на свеченоста Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

- Овој комплекс ќе значи еден расадник на научната мисла, на културата, на духовниот и световниот живот. Со ова правиме еден многу позитивен чекор и е за сите во Македонија, рече Кузман.

Со чинот на поставувањето на камен-темелникот на Св.Климентовиот манастир на Плаошник, се пренесува енергијата на старите градители и ктитори. Охрид, жариштето на историјата и културата со овој комплекс добива нов културолошки сјај. Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канчевска - Милевска посочи дека станува збор за капитален проект на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, како резултат на многуте истражувања и процесот на реставрација на целокупниот лоокалитет.

- Овде на просторот на првиот славјански универзитет во светот, првото академско лечилиште за телото и душата на луѓето од Велика и Кутмичевица, археолошкиот локалитет Плаошник започнува нова ера на духовното егзистирање на Охрид и на Република Македонија. Ова е нова страница од житието на славјанската култура, подвлече Канчевска - Милевска.

На површина од околу 7.800 метри квадратни ќе се изградат вкупно 23 објекти, во кои влегуваат манастирскиот конак, Св. Климентовата библиотека со конференциска сала, административна единица на Богословскиот факултет "Св. Кирил и Методиј" Охрид, споменик на Св.Климент, резиденцијален објект на Македонската православна црква и други објекти во четири комплекси.

На реализацијата на археолошките истражувања досега работеа археолози, архитекти, уметници, конзерватори, реставратори, националата установа завод и Музеј Охрид и сите други институции од областа на културата на Македонија.

Проектот е на проектантскиот тим на „Идеја Плус" Скопје и раководителот Тања Нацевска. Пред осветувањето на камен-темелникот за изградба на универзитетот на Плаошник, утринава во 9 часот се служеше света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитите дебарско-кичевски и брегалнички, Тимотеј и Агатангел.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=57EC2C586985DB469B927E500B71BD73


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 08-Sep-2010 at 17:20
Што да кажам, агресија врз културното наследство, иницирана од оние кои треба истото да го штитат  Bash

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Sep-2010 at 18:46
Previous
http://www.ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/09/08/14-13-00_3745/08092010522.jpg


http://www.ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 19:02
Два рендера, од некој друг конкурсен труд.






Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Sep-2010 at 21:37
[tube]tAozdlUhehg[/tube]
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=27365

Има неколку нови рендери и агли од макетата. Што треба да се тие страничните делови на рендерот што се гледаат на 0:05. Дали се тоа некои стаклени делови?

Во однос на ова со комуналиите, сметам дека треба комплексот да биде ослободен од комуналии. Всушност треба да може и централната власт да носи одлуки за ослободување од комуналии кои ќе бидат обврзни за понискит еинстанци на власт кога се во прашање објекти од државно значење. Треба воопшто да се уреди дополнително законски ова прашање, а не секој поедини случај да биде импровизација на општинските власт со одлуки за ослободување, или па за политичка борба за префрлање средства од еден во друг државен џеб да се создаваат временски гапови, вакви правни вакуум простори и адреналински ситуации. Особено не е во ред што од Општина Охрид доаѓаат вакви работи во ситуација кога Охрид е во фокус на државната грижа и треба да биде среќна општината што добива ваков комплекс. Поедноставно кажано треба да го пречека на црвен килим наместо да му наплаќа влезница. Мислам дека и градоначалникот е свесен дека нема туку така да му легнат милион евра на сметка, ова е можно да е само воспоставување некоја "почетна преговарачка позиција" за издавање градежна дозвола. Така иде тоа кај нас во ситуација кога општините имаат отворени карти да си изиграваат полиси.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Sep-2010 at 22:03
вечен оган? навистина не можам да разберам ниеден филм во кој се влезени луѓево Crazy



Posted By: pavche
Date Posted: 08-Sep-2010 at 22:19
Originally posted by lslcrew







Ohno Ohno Ohno 



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Sep-2010 at 00:18
Незнам... Навистина ми е смачено да изигравам лошиот кој само плука по се (заедно со уште неколку членови), но што да се каже за ова што се случува? Груб, крајно безобразен однос кон нашето наследство, тотално помешани приоритети, криминални суми, кич и деструкција! Полесно ќе преминам преку имбецилните лавови и статуи, но да се налива бетон и гради АјТи центар, кој личи на кич транзициски хотел, среде нашата најзначајна (но и за целиот православен свет значајна) црква, е навистина КРИМИНАЛНО! Премногу прашања, ниеден одговор,но треба да се започне со зошто?

Навистина сум разочаран, веќе немам ни желаба да учествувам на форумов (не дека тој е крив), но секој нов ден, се поголема глупост и деструкција ме очекува! Блазе на оние кои ја гледаат душата и традицијата во вакво грубо и безвкусно силување!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 09-Sep-2010 at 09:28
Andrej_LJ , iako vo glavno me iritirash so tvoite negativni stavovi, vo vakvi slucai ti go rzbiram stravot i razocaruvanjeto, pogotovo koga se raboti za vaka sveto mesto so tolkava tezina.Eve kako jas gledam....na prv moment se stresov, grandiozno, nekompatibilno, shuma ubava borova se sece /za mene sekogash ke e povredno m2 ubav park otkolku 10m2 ubav beton/.
Od druga strana involvirani se kompetenti lugje, so cel da se zazivee duhovno prostorot so aktuelni funkcii. Valjda Pasko-ta nema da dozvoli da se gradi vrz neistrazeno, i da se natakne funkcija koja ne mu prilega, baska i od Ohrida grada e. Morame ponekogash da veruvame i na sudovite na lugje od felata, ne mozeme za se da sudime krajno samite, a treba da kritikuvame, toa pravo nikoj ne moze da go zeme. Mene licno vaka zatvoren kompleksot ke mi dobie na tezina. Mi smeta secenjeto na shumata i del od vizuri kon ezeroto koi sto ke se zatvorat. Transparantnite objekti koi gi vidov na nekoi renderi ne mozat da goi nadopolnat toa, no moze da se igra so takvi formi. Setete se na staklenata piramida vo Luvr ili na grdosijata od celi sred barokniot Paris. I poeklatantni primeri ima niz svetot koi sto si go grabnale duhot i zaziveale vo polno svetlo. Vazno tuka sme da im gi davame crvenite linii. Toa ni e rabota, koga veke nekoi raboti pominuvaat po brza postapka.


-------------
.....   .......


Posted By: lupo
Date Posted: 09-Sep-2010 at 11:08
Edno prasanje samo, ova vaka izgledalo vo sredniot vek ili onaka si gradat sega kako sto ke im tekne?

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Addvert
Date Posted: 09-Sep-2010 at 11:47
Prasanje na mesto lupo... 


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 09-Sep-2010 at 12:13
ovaa gradezna grandioznost nikogash ja nemalo, na ova mesto grandioznosta bila duhovna...so vekovi i vekovi. Najverojatno se saka materijalno da se istakne znacenjeto na ovoj prostor, bidejki, budimo realni, denes vo cel svet duhovnosta i moralnosta se tocki koi se odbegnuvaat. Daj boze barem funkcija da si imaat objektive:  manastir, bogoslovija, univerzitet za slovenska pismenost.
Inaku na ova mesto imalo polikonhalna gradba, crkva, so krstilnica, a i tuka pocnalo pomasovno da se opismenuvaat monasi za da preveduvaat knigi  na staroslovenski, sto oznacuvala i prv univerzitet vo Evropa, nekoja stotka postar od Bolonjskiot, taka nesto mi ostanalo od ona sto sme go ucele. Se na se, jaaaako mesto koe dolgi godini bese zaboraveno vo poveke aspekti.


-------------
.....   .......


Posted By: lupo
Date Posted: 09-Sep-2010 at 12:39
Lugje ako se pravi universitetot togas da se napravi avtenticen! A ako ne go zadovoluva denesnite potrebi, togas postojat i drugi resenija, od tipot na dogradba na drugi objekti od stranite, futuristicki ili so avtenticna arhitektura. Prvo ne lici tie ogromni objekti da se gradat so sosema razlicni profili vrz iskopini. Steta za mozaicite sto ke se pokrijat i ke ostanat vo podrumite. Mislam deka ke bese odlicna idea da se napravat prostorii so isti profili vrz iskopinite so mozaici, kade sto podot na samata prostorija ke bide staklen a odozdola ke se gleda mozaikot.

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 10-Sep-2010 at 17:50
Тој простор според мене не треба да се чепка. Се ќе се уништи. Што случајно да не престануваат мозаиците и археолошките предмети токму каде што ќе пресече ѕидот на објектите? Гледам еден од трудовите стои како на платформа со минимален контакт врз земјиштето под него. Ако веќе го правеа тоа, нека го прават така.

Како и да е си останувам на моето дека со ова ќе изгубиме премногу.
Добра замисла, лошо место.
Да се надеваме дека нема ништо каде ќе се гради ова. (што е малку веројатно)

Можеби времето ќе покаже дека грешам. Но да даде Бог да грешам.

Поздрав.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: theone
Date Posted: 10-Sep-2010 at 21:00
i


Posted By: lupo
Date Posted: 10-Sep-2010 at 21:35
Veruvam deka toj centar bil pogolem odkolku sto se zamisluva

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Swimmer
Date Posted: 11-Sep-2010 at 12:37

На Плаошник ќе никне чудо до 2014

 

По тригодишни археолошки ископувања, следува изградбата на вкупно 23 објекти што ќе се простираат на површина од 7.800 квадратни метри

Мики Трајковски

ОХРИД - По веќе познатиот мегаломански проект „Скопје 2014“ и неодамна обнародениот „Струмица 2014“ на локалниот разгранок на ВМРО ДПМНЕ, Охрид е третата станица во која градовите почнаа да го добиваат магичниот предзнак „2014“. Овој пат не станува збор за мајтапчиското препукување на Интернет, туку за амбициозното возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, кој според најавите треба да биде изграден до крајот на 2014 година, што беше доволно кај пошироката јавност да го добие името „Охрид 2014“. Пред три дена беа удрени темелите овој голем зафат со што беше означен почетокот на неговата изградба. Потребните средства ќе бидат обезбедени во рамките на капиталните проекти на Владата, финансирани директно од буџетот, а целиот проект изнесува 9 милиони евра.

По тригодишни археолошки ископувања, следува изградбата на вкупно 23 објекти што ќе се простираат на површина од 7.800 квадратни метри. Во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиште на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина, како место за одмор и креативна инспирација.

Директорот на Управата за културно и историско наследство, Паско Кузман, вели за „Утрински весник“ оти вкупната површина на целиот комплекс, кој ќе биде отворен за туристички посети, изнесува 32.000 квадратни метри, додека објектите ќе бидат изградени на површина од 7.800 м2.

„Видикот кон езерото и градот нема да се нарушат како што се шпекулира во јавноста. Целиот простор е добро осмислен. Објектите кои овде ќе никнат ќе бидат со височина од приземје и најмногу два ката што доволно зборува дека водевме сметка за целокупниот изглед“, вели Кузман.

Тој негира дека голем дел од шумата на Плаошник ќе биде исечена на сметка на градежните активности таму. „Ќе бидат исечени само неколку дрва. Тоа ќе биде неопходно за да го направиме она што е зацртано со проектот, но станува збор само за неколку дрва кои воопшто нема да го нарушат природниот амбиент во тој дел на Охрид. И она што ќе се сече е со посебна дозвола од Министерството за екологија“, вели Кузман, додавајќи дека сите објекти ќе бидат сместени во четири одвоени комплекси кои меѓусебно ќе бидат поврзани со посебни патеки. Единствено ќе биде одделен делот каде што ќе бидат лоцирани филијалите на неколку светски универзитети.

Се' што беше досега пронајдено од археолошки пронајдоци ќе биде конзервирано и презентирано во самиот комплекс. Помеѓу сите објекти со проектот е предвидено да има специјални патеки по кои гостите би поминувале, а истовремено би се запознавале со сето она што беше пронајдено, а со тоа и со цивилизациите што живееле на овој простор, објаснува Кузман. „Од ископините единствено ќе бидат достапни остатоците од некогашните конаци на манастирот ’Свети Климент‘ кои ќе можат да се видат со голо око, а овде ќе биде стационирана и Светиклиментовата градина за одмор“, вели Кузман.

Иако станува збор за државно земјиште, корисничкото право за поголем дел од просторот на Плаошник го имаше општина Охрид, односно ЈП „Охридски комуналец“.

„За да се забрзаат постапките за изведување на градежните работи, на последната седница на Советот на Општина Охрид беше донесена одлука истиот овој простор повторно да го вратиме во владение на државата“, вели Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид. Тој вели дека изградбата на овој комплекс била предвидена и со локалната планска документација, која била донесена за овој дел на Охрид. Според него, новите објекти што ќе никнат таму воопшто нема да влијаат, односно нема да ја нарушат статиката и изгледот на старото градско јадро. „Напротив, ќе се води сметка сите објекти што ќе никнат да бидат вклопени во амбиентот што владее таму. Целиот локалитет и во иднина целосно ќе биде отворен кон езерото, објектите кои ќе бидат изградени ќе бидат на поголемо растојание еден од друг, што значи дека нема да има какво и да е нарушување на досегашниот изглед“, вели Арнаудов.

Еден од главните архитекти е младиот архитект од Охрид Горан Патчев, додека целиот надзор и главен носител на сите активности ќе биде Охридскиот завод и музеј.

Премиерот Груевски, на свеченоста пред неколку дена во својот говор, на шега рече: „Еве, случајно или намерно, но повторно имаме уште еден проект што треба да се заврши до крајот на 2014 година“. Министерката за култура, Елизабета Канчевска - Милевска, посочи дека станува збор за капитален проект на Владата и на Министерството за култура, како резултат на многуте истражувања и процесот на реставрација на целокупниот локалитет. „Овде на просторот на првиот славјански универзитет во светот, првото академско лечилиште за телото и душата на луѓето од Велика и Кутмичевица, археолошкиот локалитет Плаошник започнува нова ера на духовното егзистирање на Охрид и на Република Македонија. Ова е нова страница од житието на славјанската култура“, рече министерската за култура, Елизабета Канчевска - Милевска.

Што ќе содржи комплексот

1. Конзерваторска школа
2. Музеј
3. Светиклиментова библиотека
4. Седиште на Галеријата со икони
5. Македонски институт за хуманистички науки
6. Посебен монашки простор
7. Афилијации на светски универзитети
8. Светиклиментова градина...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=538F5A4F81E078499DEEDC24C2C85980 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=538F5A4F81E078499DEEDC24C2C85980


-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Nov-2010 at 01:36
Неколку слики од таблата пред Плаошник







еве ја и макетета,според мене ќе биде огромна грешка сето ова,црквата ќ се изгуби помеѓу овие "монструми"





За среќа сеуште нема знаци дека ќе почне да се гради








Не знам дали јас не сум бил одамна на Плаошник но на местово ги рашириле истражувачкиве работи





и две слики гратис од црквата





-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Nov-2010 at 02:13
спомен куќата на мајка тереза, само во 100 пати поголеми размери, тоа е најпристојно нешто што можам да го кажам за проектов
безмилосно однесување кон туристички и културен локалитет!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2010 at 15:31
Од сликите на ovaj_s уште повеќе ми се зацврсти убедувањето дека комплексов е прегломазен за тоа опкружување. За останатото не би коментирал подетално бидејќи макетите и другите визуелизации не се баш на ниво па тешко е прецизно да се прочита нешто друго освен габаритот. Но генерално не гледам некаков простор за оптимизам.

Единствена светла точка веројатно ќе биде тоа што комплексов гледан од далеку (бааѓи далеку) ќе делува импресивно и ќе исцрта уште повпечатлива панорама на Охрид. Но според мене тоа е слаба утеха во однос на минусите што можат да му се препишат.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 17-Nov-2010 at 09:34
Originally posted by Cloverstack


Од сликите на ovaj_s уште повеќе ми се зацврсти убедувањето дека комплексов е прегломазен за тоа опкружување.


Го имам истиот впечаток, со тоа што не знам дали ќе изгледа импресивно. Ќе ја смени контурата на стар Охрид - точно, ама зошто? И има ли воопшто потреба од толкава програма да се набута на врвот на ридот, покрај толкаво поле, па уште во толку богат археолошки простор.
Проектов не го поддржувам воопшто и мислењето го имам напишано погоре, а го има и текстот на професорот Чипан (кој за тие што не знаат е конзерватор на најзначајните споменици на културата во Македонија). Ќе имав помеко мислење, ако се прифатеше некаква архитектура што немаше да праи забуна што е старо, а што е ново, ама тоа е? Лажен барок во Скопје, па што да нема лажги и во Охрид...многу едноставно...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2011 at 16:40

Општина Охрид ќе ја стопира изградбата на Плаошник

Државата ја гради најголемата дивоградба во земјава, обвинува првиот човек на Охрид. За капиталниот проект Плаошник на кој камен темелник беше поставен во септември лани се уште не се платени комуналии и нема дозвола за градба.

Доколку министерството за култура не ги уплати парите, од локалната се заканија дека ќе ја стопираат изградбата на комплексот Светиклиментов универзитет.

-Ова е мој последен повик после тоа следува градежните инспектори да излезат на лице место да го затворат објектот, како дивоградба и да поднесат кривични и прекршочни пријави против лицата што градат таму. Пријави ќе има и против фирмата која е избрана да гради и против Министерството за култура, се закани градоначалникот Петрески.

Директорот на Управата за заштита на културно - историското наследство Паско Кузман признава дека се уште не биле платени комуналиите. Според него општината требало да ја намали баснословната сума од 1 милион евра, бидејќи проектот е од исклучително значење за македонската историја и култура.

Кузман вели не може никој да ги стопира градежните работи бидејќи изградбата се уште не започнала, во моментов се работело на конзервација и реставрација. Овој проблем според него ќе се решава на средба со охридскиот градоначалник надвор од политиката.

Инаку според проектот до 2014 година на Плаошник треба да никне Светиклиментовиот меморијален научен културен центар, во кој ќе бидат инкорпорирани околу дваесетина објекти.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=72466


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Mar-2011 at 19:09
Navistina ne veruvam deka objektite ke bidat tolku glomazni kako na maketite... Koga veke se dolucile na taa lokacija da go gradat univerzitetot togas barem da gi uskladat dimenziite so plaosnik, vaka ovoj prekrasen verski objekt ke se izgubi megu arhitektonskite grdotiji koi se pretstaveni na maketata.
Inaku koga jas bi se prasuval najdobro e na ovoj lokalitet nisto da ne se gradi ili veke ako se gradi toa da bide navistina simbolicno a univerzitetot da go izgradat na drugo mesto .. Neznam zosto tolku se forsira se da bide na edno mesto....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2011 at 01:30
Интензивно се реализира Светиклиментовиот универзитет


Се очекува карабинската изведба на целиот комплекс со четиринаесетте предвидени објекти да заврши до 2014 година


Се вршат последните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник и тоа на најстарите културни слоеви, а истовремено интензивно започнува реализацијата на проектот на Светиклиментовиот универзитет. Според директорот на Управата за културно наследство, археологот Паско Кузман, избрана е и фирмата што ќе го спроведува проектот.
- Избраниот проект го изработи мешана охридско-скопска фирма. Тој е избран од пет понудени идејни решенија, бидејќи во него се сублимирани архитектонските вредности од Климентовото време, од охридската староградска архитектура, од сакралната архитектура од регионот. Сето тоа е вклопено во успешна симбиоза на дамнешните времиња со современието, истакнува меѓу другото Паско Кузман, објаснувајќи го текот на реализацијата на Светиклиментовиот универзитет.

Во рамките на комплексот е предвидена изградба на манастирски конаци и објект во кој ќе биде сместен Теолошки факултет, Музеј на Плаошник и Галерија на икони, како и Светиклиментовата библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и Конференциски центар.
Кузман истакна дека неговиот стручен тим ја дал идејната програма, го осмислил проектот, а од изгледот на идниот универзитетски комплекс, вели дека е лично задоволен. Според него неиздржани се забелешките дека со идните градби ќе се задуши просторот на Плаошник, како и Светипантелејмоновиот храм.
- Проектот многу студиозно избиран и во соработка со експерти. Јас сум презадоволен што се е сработено во согласност со проектната програма. Се очекува карабинската изведба на целиот комплекс со четиринаесетте предвидени објекти да заврши до 2014 година. http://vecer.com.mk/?ItemID=D8948A7DD124084AA0F56209AEFCF7D6


Posted By: krale
Date Posted: 30-May-2011 at 08:48
Најстрашното нешто на макетиве е споменикот, кој е замислете ПОВИСОК од камбанаријата на црквата. Ако биде вакво нешто изградено, ќе биде ужасно!



Posted By: xnx
Date Posted: 30-May-2011 at 11:10
horor neviden, ponekogas se prasuvam kako moze covek da misli deka ova e patriotizam


Posted By: spaceman091
Date Posted: 30-May-2011 at 13:22
ova nema vrska so patriotizam xnx, kade gledas ti tuka patriotizam ?
ovoj cel projekt samo na maloumen covek moze da mu se dopaga, odvratno nesto!!!


Posted By: xnx
Date Posted: 30-May-2011 at 15:39
koj rece deka gledam patriotizam vo ova? procitaj ubavo sto sum napisal uste ednas


Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-May-2011 at 20:25
Проектите кои ги имаме овдека како идејни решениа се апсолутно несоодветни и прегломазни за околината. Верувам и се надевам дека не се овие решениа избрани како конечни. Во тоа всушност не уверува и Паско кој вели дека многу се внимавало на димензиите и архитектурата на објектите. Што значи тоа останува да видиме. Како и да е и покрај големиот отпор факт е дека проектот и натаму ќе се бутка и конечно реализира. Она што според мене е позитивно е фактот дека нема да се брза со објектите затоа што рокот е до 2014 да биде готива само карабината фаза.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-May-2011 at 20:43
Crkvata e mnogu ubava, sigurno najubavata niz cela MakedonijaCheers
E sega, ovaj proekt e nikako za poddrzuvanje! Kako mozat da gradat niz arhioloski lokaliteti??? Jas mislam deka definitivno kje si otide toj duhovniot vkus od crkva i arhologija ako se gradi toa sto e planirano. Strasno i steta za okolinata na ovaa preubava crkva


Posted By: mitatos
Date Posted: 30-May-2011 at 22:46
Што се чудиш ни таа црква не беше таму ,сега брзо ја изградија ,мислејќи дека ја изградиле како што си била али нема врска, плаошник е брзо изграден врз темели на претходна црква,и ја сум против уништување на тие локалитети ,сигурно ќе се освестат бидејќи има доста слободен простор во таа околина доколку сакат да градат нека градат на друго место ,тоа нека си остане успомен.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 31-May-2011 at 08:48

За црквата не е баш изградена врз 100% урнатини.
И да е така има стари слики кој што мислам дека ги има некаде на форумот (ако нема ќе најдам во архивата некаде).

Црквата е доста слична на тоа што било некогаш.

Што се однесува на проектот и јас сум против. Нема смисла и лично не ми изгледа како што треба. Сигурно има други подобри локации за тој универзитет.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-May-2011 at 13:08
Не е изградена врз 100 % урнатини ,но јас како што памтам беше руина,и не се ни гледаше формата и стариот изглед, другото што е изградено е сосема друга градба,сакав да казам дека не е автентичниот изглед.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: spaceman091
Date Posted: 31-May-2011 at 13:10
kako ne se gleda starata forma od crkvata? bas nad taa stara crkva e izgradena ova i bas toa e zacuvano i se poznava mnogu ubavo ke pobaram sliki da najdam da postavam a mislam deka tuka ima


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-May-2011 at 13:17
Ај побарај и јас би сакал да го видам стариот изглед па да ги споредиме =) 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-May-2011 at 13:34
Доколку сте биле на Плаошник, јасно се разделени стариот од новиот (реконструиран слој) со слој од олово. Тамо јасно се гледа дека целата контура на црквата била зачувана, а висината на одредени места била еднав 10тина сантима над земја додека на други оди и над метар. Според оваа основа, а претпоставувам и другите материјалеи кои биле пронајдени црквата беше реконструирана пред 10тина години. Иако возобнвена, се наоѓа на темелите на старта црква и мислам дека е дословно реконстуирана каква што била првично.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-May-2011 at 14:31
Јас го истражив целиот интернет од старата градба, но не најдов ништо освен овие фотки од стариот изглед :





А вака изгледа новиот изглед:


Што буквално не сакам да го преаночам разговорот во друга тема, али тука имавме одлично сочивани зидови од Џамијата Имарет, која е комплетно срушена и врз неа е изградена таа црква.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 31-May-2011 at 15:26

Се извинувам, сликата ми е помешена со една друга црква.
Во право си.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: krale
Date Posted: 31-May-2011 at 15:35
Дали забележуваш едни поинакви контури на камената „ограда“ што е пред џамијата?

Епа тоа се темелите од црквата. Ако одиш на Плаошник можеш точно да ги видиш темелите кои си останаа, и само врз нив е изградена црквата.



Posted By: lupo
Date Posted: 31-May-2011 at 15:39
Originally posted by mitatos

Јас го истражив целиот интернет од старата градба, но не најдов ништо освен овие фотки од стариот изглед :





А вака изгледа новиот изглед:


Што буквално не сакам да го преаночам разговорот во друга тема, али тука имавме одлично сочивани зидови од Џамијата Имарет, која е комплетно срушена и врз неа е изградена таа црква.
Ми пречи кога споредуваш вака. Што треба да значи ова? Треба да споредуваме цело време кое е постаро? Па под таа џамија имало темели на црква. И сега цело време ке споредуваме кое е постаро? Јајцето - кокошката? Колку што гледам и џамијата била цела растурена. И не сакам да правиме вакви сопредби. Не треба да броиме и колку џамии биле направени врз разурнети цркви, зошто ова нема крај. И ве молам да се водздржувате од нагони предизвикани од верата.


-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: lupo
Date Posted: 31-May-2011 at 15:41
Originally posted by lupo

[QUOTE=mitatos]Јас го истражив целиот интернет од старата градба, но не најдов ништо освен овие фотки од стариот изглед :





А вака изгледа новиот изглед:


Што буквално не сакам да го преаночам разговорот во друга тема, али тука имавме одлично сочивани зидови од Џамијата Имарет, која е комплетно срушена и врз неа е изградена таа црква.
Џамијава нема ни купола ниту пак минаре.
Ми пречи кога споредуваш вака. Што треба да значи ова? Треба да споредуваме цело време кое е постаро? Па под таа џамија имало темели на црква. И сега цело време ке споредуваме кое е постаро? Јајцето - кокошката? Колку што гледам и џамијата била цела растурена. И не сакам да правиме вакви сопредби. Не треба да броиме и колку џамии биле направени врз разурнети цркви, зошто ова нема крај. И ве молам да се водздржувате од нагони предизвикани од верата.


-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-May-2011 at 15:44
Па јас тоа се обидувам да кажам дека плаошник не е црква што била руинирана па после реконструирана, тука срушена била џамијата потоа изградена црквата, за ова нема да коментирам пошто веќе сме коментирале во претходни постови ,па да не излеземе надвор од темата, значи сакав да кажам дека е унишетно дел од културно наследство и како што прочитав во еден весник тоа претставува еден вид на дивоградба.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lupo
Date Posted: 31-May-2011 at 15:51
Митат, колку џамијата била праведно изградена од османлиите што ја разурнале прдходната црква од Охридската школа? Не можеш така да гледаш. Биди објективен.
Се вознемирив сега....Laugh

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-May-2011 at 15:56
Реков дека нема да коментирам погоре, ова се десило пред 10-20 години во едно демократско општество,тоа било друга држава сега е друга држава ,поентата ми е дека не треба тоа што останало да го рушиме за да изградиме нешто што не постои и ако постоел ,сум го кажал и во другите постови , без разлика дали е џамија или црква, не сакам да имаме недоразбирање ,пошто секој пат темата бега воо религиозен конфликт помегу корисниците на форумот.Да го гледаме форумот еднаков за сите, и само да го дадеме мислењето без да се навреди чуството на едните и другите.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: krale
Date Posted: 31-May-2011 at 15:59
Originally posted by mitatos

Реков дека нема да коментирам погоре, ова се десило пред 10-20 години во едно демократско општество,тоа било друга држава сега е друга држава ,поентата ми е дека не треба тоа што останало да го рушиме за да изградиме нешто што не постои и ако постоел ,сум го кажал и во другите постови , без разлика дали е џамија или црква, не сакам да имаме недоразбирање ,пошто секој пат темата бега воо религиозен конфликт помегу корисниците на форумот.Да го гледаме форумот еднаков за сите, и само да го дадеме мислењето без да се навреди чуството на едните и другите.


Срушена црква и срушена џамија. Постара била срушената црква, затоа таа е обновена.

А башка била и далеку позначајна во светски рамки, отколку џамијата.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-May-2011 at 16:04
A sega nauciv nesto. Znaci prvo imalo crkva potoa dzamija a dzamijata bese urnato i nad nea bilo ova crkva izgradeno.
Jas mislev deka crkavata ja ima uste od nekolku vekovi, pa me cudese sto preziveaal do sega..Znaci ovaj izgled na crkvata e nov, ne e od starata crkva...


Posted By: OCB
Date Posted: 31-May-2011 at 16:14
Тоа што вие го нарекувате црква Плаошник е всушност манастирот Св. Пантелејмон. Интересна му е историјата. Изграден е кон крајот на 9 век и тоа врз веќе постоечка но помала црква. Во 15 век турците го конвертирале во џамија но во 16 век дозволиле повторно да се реставрира во манастир. Во 17 век е срушен и на негово место е изградена нова џамија „Султан Мухамед (Имарет)“. Како што споменавте погоре, остатоците од темелите се гледаат и денес. Она што го гледаме денес не е верна копија на стариот манастир затоа што и не постојат податоци за тоа како изгледал низ вековите. Ископувањата се вршени од 1943 до 1965.

http://www.ohrid.org.mk/eng/crkvi/pantelej.htm


Posted By: spaceman091
Date Posted: 31-May-2011 at 16:51


bas na ovaa slika se poznavaat dzidovite od starata crkva koja bila srusena i na nejzino mesto ili nad nejze bila izgradena dzamija
e sega nad tie dzidovi od starata crkva e izgradena/obnovena novata, a toa i se poznava kako sto napisa nekoj pogore na nekoj mesta duri ie stari dzidovi se nad metar visoki, koga ke se vleze vnatre vo crkvata isto na nekoj mesta ima na patosot plexiglas kade moze da se vidat i starite temeli...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-May-2011 at 16:57
PreviousSlikata gore lici na dzamija ne na crkva ili manastir. Tuka se gleda i kulata sto e urnata


Posted By: spaceman091
Date Posted: 31-May-2011 at 17:02
Originally posted by my Macedonia

PreviousSlikata gore lici na dzamija ne na crkva ili manastir. Tuka se gleda i kulata sto e urnata


pa dobro ti razbiras li sto napisav? toa e dzamija na slikata da a pred dzamijata se gledaat temelite na crkvata! vidi ubavo


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-May-2011 at 17:14
Pa kazi taka namesto ,,vo ova slika se gledaat dzidovite na crkvata,, taka pomisluva covek deka mislis na visokite dzidovi (odnosno dzidovite na dzamijata..) a ne na niskite...



Posted By: spaceman091
Date Posted: 31-May-2011 at 17:28
dobro vazno na kraj site se razbravme


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Jun-2011 at 14:57
Originally posted by UrbanFreak

Доколку сте биле на Плаошник, јасно се разделени стариот од новиот (реконструиран слој) со слој од олово. Тамо јасно се гледа дека целата контура на црквата била зачувана, а висината на одредени места била еднав 10тина сантима над земја додека на други оди и над метар. Според оваа основа, а претпоставувам и другите материјалеи кои биле пронајдени црквата беше реконструирана пред 10тина години. Иако возобнвена, се наоѓа на темелите на старта црква и мислам дека е дословно реконстуирана каква што била првично.


Applause

jp, ubavo kažano, a renovirana e poradi najzinoto značenje, a rekonstruirana e spored podatocite kako izgledala crkvata vo toa vreme, zatoa ne si izmisluvajte razni stvari da poplukate nešto, ako ne vi e jasno nadzirnete go sv. Naum, pa tražete detajli




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: OCB
Date Posted: 04-Jun-2011 at 16:00
Не те разбрав баш. Сакаш да кажеш дека Св. Пантелејмон како што го гледаме денес е верна копија на манастирот кој бил срушен во 17 век?


Posted By: gorco
Date Posted: 04-Jun-2011 at 17:42
Originally posted by my Macedonia

PreviousSlikata gore lici na dzamija ne na crkva ili manastir. Tuka se gleda i kulata sto e urnata


Дечкото ти збори дека се познаваат основите на црквата врз која е изградена џамијата, како што е случај со ред џамии низ државава.

А второ, ако ја споредам градбата на таа слика (остатокот од џамијата на Плаошник), со ред џамии во државата кои се изградени во последниве 10 години во Македонија, тешко дека би донел заклучок дека воа е џамија/xhamia/camii.

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Jun-2011 at 17:46
Originally posted by gorco

Originally posted by my Macedonia

PreviousSlikata gore lici na dzamija ne na crkva ili manastir. Tuka se gleda i kulata sto e urnata


Дечкото ти збори дека се познаваат основите на црквата врз која е изградена џамијата, како што е случај со ред џамии низ државава.

А второ, ако ја споредам градбата на таа слика (остатокот од џамијата на Плаошник), со ред џамии во државата кои се изградени во последниве 10 години во Македонија, тешко дека би донел заклучок дека воа е џамија/xhamia/camii.


Da da, jas razbrav nesto pogresno.Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jun-2011 at 18:13
Дискусијата црква vs. џамија очекувано излезе вон контрола и отиде во канта. Ве молам не ја почнувајте повторно.


Posted By: axel
Date Posted: 06-Aug-2011 at 17:11

Архитектите не го даваат Плаошник

сабота, 06 август 2011, 17:33

Архитектите не го даваат Плаошник. Порачуваат да се одложи возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет, се додека за градбите на охридското кале, не се изјасни пошироката македонска јавност. Велат, да не се избрзува со реализацијата на проектот, со кој, постојната Свети Климентова црква ќе се изгуби во просторот, бидејќи е два и пол пати пониска од 23-те објекти кои ќе се изградат таму.

Еминентниот архитект Константиновски пак, не е против современата, модерна архитектура на Плаошник, но смета дека градбите на ридот од каде Св. Климент некогаш скрoмно ја ширел писменоста, треба да му се доверат на – како што вели големо, светско име во архитектурата.

Професионална дискусија ќе продуцира посоодветни урбанистички решенија, до кои не може да се дојде без јавна расправа – велат од асоцијацијата на архитекти.

http://daily.mk/cluster3/99978296d25a238711af89bf2686e556/853556


Posted By: Mjölnir
Date Posted: 06-Aug-2011 at 18:59
Кои се тие архитекти? Секогаш Константиновски го гледаме како реагира прв и дели совети. А Константиновски е архитект на момеоријалниот центар пелинце кој беше изграден со договор во 4 очи и не беше консултиран никој за тој проект кој има особено значење со оглед на тоа дека треба да претставува реплика на Св.Прохор Пчински. Нема морален кредибилитет да дава оценки за туѓи идеи и замисли.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Aug-2011 at 19:05
Да си го повторам моето мислење уште еднаш...На тоа место нема ама баш никаква потреба од Климентовиот универзитет , кој би требало да се гради на некоја друга локација, најдобро надвор од јадрото на градот со што би се постигнал ефект кој го има Свети Наум а на самиот објект би му се потенцирало значението. Трагедијата во Македонија е критичната маса и т.н. експерти кои секагаш се јавуват по нечија нарачка. И место да се млати празна слама треба да се соберат идеи и факти со кои ќе се излезе ама сериозно да се негодува против објектот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Aug-2011 at 00:46
Originally posted by kultuzin

Да си го повторам моето мислење уште еднаш...На тоа место нема ама баш никаква потреба од Климентовиот универзитет , кој би требало да се гради на некоја друга локација, најдобро надвор од јадрото на градот со што би се постигнал ефект кој го има Свети Наум а на самиот објект би му се потенцирало значението. Трагедијата во Македонија е критичната маса и т.н. експерти кои секагаш се јавуват по нечија нарачка. И место да се млати празна слама треба да се соберат идеи и факти со кои ќе се излезе ама сериозно да се негодува против објектот.
да се надополнам, најжалосното е што на сите проекти најчесто се противат луѓе кои и немаат баш најбистра позадина, па најчесто реакциите на сите се како онаа на Mjolnir погоре и се паѓа во вода, па дури и да се сосема издржани мислењата


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Дарко
Date Posted: 07-Aug-2011 at 01:55
Не разбирам како е издржано тоа мислење на Kultuin дека треба да се гради универзитетот на сосема друго место а не на она на кое било пред толку години? за да му се даде значење? па на кое друго место би му се дало повеќе значење отколку на она на кое што тој постоел пред илјада години? а Забеган на секое можно здание што се гради од 2006 па навака има нешто негативно да каже така што неговото мислење тотално веќе нема никакво важење бидејќи е очигледно дека е ама баш ништо што се гради во државава не го бива. од толку работи барем една ќе му се допаднеше и на нејголем песимист, ама очигледно дека некој сака да биде главниот негативец на форумов па ете слободно Забеган таа улога можеш да ја имаш...не дека некој би ти замерил после волку време.


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Aug-2011 at 02:30
Originally posted by Дарко

Не разбирам како е издржано тоа мислење на Kultuin дека треба да се гради универзитетот на сосема друго место а не на она на кое било пред толку години? за да му се даде значење? па на кое друго место би му се дало повеќе значење отколку на она на кое што тој постоел пред илјада години? а Забеган на секое можно здание што се гради од 2006 па навака има нешто негативно да каже така што неговото мислење тотално веќе нема никакво важење бидејќи е очигледно дека е ама баш ништо што се гради во државава не го бива. од толку работи барем една ќе му се допаднеше и на нејголем песимист, ама очигледно дека некој сака да биде главниот негативец на форумов па ете слободно Забеган таа улога можеш да ја имаш...не дека некој би ти замерил после волку време.
а со кое мислење па ти го поддржа објектов не ми е јасно, само клизачи за нечии коментари се даваат, без да се даде солиден контрааргумен или на било каков начин да се одбрани проектот, само се плука по секој оној кој ќе се обиде да зуцне нешто против некој проектот
а и не знам зошто се размислува обратно, зарем не е можно од 2006 па навака да е утнат буквално секој проект? или можна е само една опција и гледиште? Roll%20eyes
и ако збориме за мојот коментар, далеку од тоа дека алудирав на коректност на погорниот текст, не се ни обидов да го прочитам, коментарот ми беше за ионијата на ситуацијата, со тоа што неадекватни луѓе се противат на проектите

а на тебе коментарот ти е дека проектов е оправдан со тоа што пред многу години постоела некаква школа Question
сам си ги побиваш своите тези за доличност на критиката


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Дарко
Date Posted: 07-Aug-2011 at 10:19
Originally posted by zabegan


Originally posted by Дарко

Не разбирам како е издржано тоа мислење на Kultuin дека треба да се гради универзитетот на сосема друго место а не на она на кое било пред толку години? за да му се даде значење? па на кое друго место би му се дало повеќе значење отколку на она на кое што тој постоел пред илјада години? а Забеган на секое можно здание што се гради од 2006 па навака има нешто негативно да каже така што неговото мислење тотално веќе нема никакво важење бидејќи е очигледно дека е ама баш ништо што се гради во државава не го бива. од толку работи барем една ќе му се допаднеше и на нејголем песимист, ама очигледно дека некој сака да биде главниот негативец на форумов па ете слободно Забеган таа улога можеш да ја имаш...не дека некој би ти замерил после волку време.
а со кое мислење па ти го поддржа објектов не ми е јасно, само клизачи за нечии коментари се даваат, без да се даде солиден контрааргумен или на било каков начин да се одбрани проектот, само се плука по секој оној кој ќе се обиде да зуцне нешто против некој проектота и не знам зошто се размислува обратно, зарем не е можно од 2006 па навака да е утнат буквално секој проект? или можна е само една опција и гледиште? Roll%20eyesи ако збориме за мојот коментар, далеку од тоа дека алудирав на коректност на погорниот текст, не се ни обидов да го прочитам, коментарот ми беше за ионијата на ситуацијата, со тоа што неадекватни луѓе се противат на проектитеа на тебе коментарот ти е дека проектов е оправдан со тоа што пред многу години постоела некаква школа Question сам си ги побиваш своите тези за доличност на критиката


Интересно, ме прашуваш мене дали е можна само една опција и гледиште, а токму ти си тој што има една опција или гледиште кон секој проект....мене ми се допаѓа прокетот баш поради местоположбата која има најголемо значење бидејќи се возобновува нешто на истото место каде што посетоело и ќе претставува нешто по што Македонија и МПЦ ќе биде единствена во светот-ќе се возобнови Униерзитет на светецот Климент на истото место каде што тој творел и каде што се создавала историјата на словенските народи. Тоа е незаменливо. А конкретно за големината на проектот воопшто не сметам дека ќе ја угуши убавината на црквата, туку баш напротив ќе му даде уште толку порепрезентативен изглед на Плаошник. Маната на проектот е што немаме некој убав рендер или 3д презентација за точно да ја видиме замислата на архитектите, но во секој случај ќе има некој кој ќе го сака и некој кој нема да го сака проектот, ама тоа што ќе се изгради ќе претставува уште еден незаменлив дел од убавината на стариот Охрид.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 07-Aug-2011 at 10:47
Дарко очигледно е дека сакаш да го подржиш проектот иако и самиот незнаеш како ќе изгледа сето тоа: „ Маната на проектот е што немаме некој убав рендер или 3д презентација за точно да ја видиме замислата на архитектите„
Токму тоа е маната јас од рендерот гледам 20тина предимензионирани коцки меѓу кои се губи и гуши најубавата црква во Македонија. Убаво е тоа што го викаш таму бил универзитет. Токму така универзитетот бил таму и бил најстариот универзитет во Европа и тоа треба да се потенцира. Но денес се смениле многу работи и тој простор го добил денешниот изглед во кој маестрално е сместен Плаошник и самото место е најубавото место во Охрид, одтука сметам дека на тоа место треба да ги има ископините и некој мали објекти кои ќе служат за летни школи и ќе бидат од едукативен карактер подсетувајќи на некогашниот универзитет. А новиот универзитет треба да биде сместен на брегот на Охридското езеро со што би добиле уште еден атрактивен локалитет. Тоа што објектот ќе биде во околина во која нема други туристички атракции ќе му ја потенцира важноста и евенталната убавина.


Posted By: Дарко
Date Posted: 07-Aug-2011 at 13:30
ok, kultuzin, we agree to disagree



Print Page | Close Window