build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Климентов Универзитет на Плаошник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св. Климентов Универзитет на Плаошник
    Posted: 19-Feb-2009 at 00:11


Обновен конкурсот за идејно решение на Универзитетот на Плаошник

За претседател на жири-комисијата е именуван академик Крум Томовски

Управата за заштита на културното наследство вчера во јавноста, по втор пат го објави меѓународниот конкурс за изработка на идејно-архитектонско решение за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид.

Откако поради предвидениот кус рок во траење од 60 дена, на првиот конкурс минатата година не се пријави никој, тој е обновен со назнака дека крајниот рок на доставување на плановите или проектите, годинава е 20 април.

Конкурсот е јавен и анонимен и е дел од постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги, а на него може да земат учество домашни и странки правни лица регистрирани за соодветната дејност и домашни и странски физички лица, дипломирани инженери и архитекти. Предвидено е заинтересираните да можат да учествуваат со по еден труд, а најдобрите идејни решенија ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда во износ од 600, 400 и 200 илјади денари. Со сума од 50. 000 денари ќе бидат откупени и пет поднесени идејни решенија

За претседател на жири комисијата е именуван академик Крум Томовски, а за членови проф. д-р Вера Битракова - Грозданова, д-р Лазар Шуманов, митрополитот Тимотеј, проф. д-р Митко Хаџи - Пуља, проф. д-р Благоја Колев и израелскиот архитект, Гиора Солар.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на почетокот на годинава, посочи дека четирите предвидени комплекси на идниот возобновен Светиклиментов Универзитет, би требало да бидат завршени во септември 2010 година, до кога на овој локалитет во Охрид треба да продолжат во 2007 година, започнатите археолошки истражувања, конзервација и реставрација на откриениот материјал. (К.Б.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B591ADDF899A0B49B04EB700B2F74E66


Edited by La Linea - 19-Feb-2009 at 00:12
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-May-2009 at 11:57
Трета среќа за универзитетскиот комплекс Св. Климент на Плаошник

Пропадна и вториот конкурс за избор на идејно решение за универзитетскиот комплекс Св. Климент на Плаошник. Жири комисијата по втор пат не прифати ниту еден од десетте понудени трудови, пристигнати на меѓународниот конкурс, меѓу кои само еден труд е од странство, Португалија, а останатите се автори од Скопје и Охрид. Рокот за понуда на идејно решение се продолжува за уште еден месец.

“Имаше повеќе интересенти, отколку што пристигнаа трудови. Повторно го продолжуваме рокот за сите автори да можат да си ја довршат работата. За овој комплекс потребно е кохезија на суперновото и на суперстарото, но идејните проектанти не успеале, затоа што за тоа треба да се влезе во душата на Свети Климентовата работа“, забележа на денешната прес конференција директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Инаку на конкурсот, жирито одлучило втората награда да му припадне на португалскиот автор Хозе Мариа Фереира Диас. Најблиску до идејата за тоа како треба да изгледа универзитетот на Плаошник, при вториот обид и скопските автори Јулијана Богоеска, Катерина Карага и Милена Шундовска чиј проект е треторагниран. Доделени се и пет откупни награди, а авторите на останатите три труда добиваат финансиско обесштетување.

Вака одлучи комисијата во состав: Благоја Калев, Вера Битракова, Митко Хаџипуља, Лазар Шуманов, Христина Станоева и митрополит Тимотеј.

Динамиката на работата на овој комплекс, признава Паско Кузман, веќе е пробиена. По третиот обид не се исклучува можноста од два или повеќе труда да се земат оние карактеристики што би одговарале за идејно решение. По изборот на идејното решение се оставаат 4-6 месеци време за да се направи основниот проект, а потоа ќе треба да се објави тендер за реализација.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56672&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Sep-2009 at 14:56
Све­тик­ли­мен­то­ви­от уни­вер­зи­тет на Пла­ош­ник мо­же да се гра­ди

  

"По два­та не­ус­пеш­ни тен­де­ра, на тре­ти­от тен­дер се до­де­ле­ни три­те наг­ра­ди, а пр­во­наг­ра­де­но­то идеј­но ре­ше­ние ќе се ре­а­ли­зи­ра и град­ба­та ќе поч­не на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на", ве­ли Па­ско Куз­ман Про­ек­тант­ско­то би­ро "Иде­ја плус" ДО­ЕЛ, Скоп­је и На­ци­о­нал­на­та ус­та­но­ва За­вод и Му­зеј од Ох­рид по­бе­ди­ја на тен­де­рот за идеј­но­то ре­ше­ние за из­град­ба на во­зоб­но­ве­ни­от Све­тик­ли­мен­тов уни­вер­зи­тет на Пла­ош­ник. Ка­ко што ни из­ја­ви ди­рек­то­рот на Уп­ра­ва­та за заш­ти­та на кул­тур­но­то нас­лед­ство Па­ско Куз­ман, по нив­но­то идеј­но ре­ше­ние ќе се гра­ди ком­плек­сот на Пла­ош­ник.
Ре­ше­ни­е­то е до­би­е­но по спро­ве­ду­ва­ње на тре­ти­от тен­дер, от­ка­ко по­ми­наа два­та не­ус­пеш­ни, ко­га не бе­ше при­фа­тен ни­ту еден про­ект оти не ги за­до­во­лу­ваа ба­ра­ња­та од про­ек­тна­та прог­ра­ма. Пр­во­наг­ра­де­но­то ре­ше­ние би­ло со шиф­ра "Клон", вто­ра­та наг­ра­да ја до­би­ва ре­ше­ни­е­то со шиф­ра "њњњ ЕР", а тоа е гру­па­та ар­хи­тек­ти: Ју­ли­ја­на Бо­го­е­ва, Ка­та­ри­на Ка­ра­га, Ми­ле­на Шун­дов­ска. Тре­та наг­ра­да би­ла до­де­ле­на на иде­ја­та под шиф­ра "Ас­тра", а тоа се ар­хи­тек­ти­те Кли­мент За­ров, Ма­ри­ја За­ро­ва - Сил­ја­нов­ска, со со­ра­бот­ни­ци­те Еле­на Нас­то­ска и Бо­рис Нас­то­ски.
Оваа од­лу­ка ја до­не­ло жи­ри­то, во сос­тав: ака­де­мик Крум То­мов­ски, прет­се­да­тел, Ве­ра Бит­ра­ко­ва - Гроз­да­но­ва, Ла­зар Шу­ма­нов, мит­ро­по­ли­тот Ти­мо­теј, Мит­ко Ха­џи - Пу­ља, Ма­ру­ла Ни­ко­лов­ска и Ал­ка­ви­дес Пре­пис, член од Гр­ци­ја.
Сле­ду­ва под­гот­ву­ва­ње­то на глав­ни­от про­ект што, спо­ред Куз­ман, ќе трае око­лу 5 ме­се­ци, и тој се на­де­ва оти на по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на ќе поч­не из­град­ба­та на ком­плек­сот.
Куз­ман ве­ли де­ка про­ек­тот кој по­бе­дил нав­ле­гол во ду­ша­та на Пла­ош­ник и ги за­до­во­лу­ва ба­ра­ња­та на про­ек­тна­та прог­ра­ма за из­град­ба на сло­же­ни­от ком­плекс. Све­тик­ли­мен­то­ви­от уни­вер­зи­тет ќе има: ар­хе­о­лош­ки му­зеј, му­зеј на сло­вен­ска­та пис­ме­ност, му­зеј на пре­род­бе­ни­ци­те, Га­ле­ри­ја­та на ико­ни ќе би­де пре­не­се­на на ова мес­то, Све­тик­ли­мен­то­ва биб­ли­о­те­ка ко­ја, спо­ред нај­а­ви­те, ќе би­де нај­бо­га­та на Бал­ка­нот со над 100.000 при­ме­ро­ци на кни­ги, ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за ху­ма­нис­тич­ки на­у­ки. "Пред­ви­де­но е Бо­гос­лов­ски­от фа­кул­тет од Скоп­је да би­де пре­фр­лен во овој ком­плекс, ќе би­дат из­гра­де­ни ма­нас­тир­ски ко­на­ци и афи­ли­ја­ди на свет­ски уни­вер­зи­те­ти. На овој на­чин го спо­ју­ва­ме ду­хов­но­то со све­тов­но­то, го спо­ју­ва­ме Све­тик­ли­мен­то­во­то вре­ме со 21 век", ни ре­че Куз­ман.

http://vest.com.mk/?ItemID=391E4833E1CC3744ABBE7FFA156D89EB


Edited by lslcrew - 04-Sep-2009 at 14:57
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Sep-2009 at 15:25
Добро до кога мислат вакви работи да праат?
Ако стварно е избран објект како што гледам горе на фасадата, немам толку погрдни зборови за ова што се прави.
Баш да ми покаже некој гравура, скица, дел од фреска или било што по кое се гради ова чудо па да поверувам дека личи на него. Ако го подигнале на некои остатоци од зграда до 1,20м и мислат дека ваква била зградата - тоа во секаде во светот се вика ЛАГА. Не можат ли да изберат современ објект во кој ќе се потенцира дека изложуваат артефакти, остатоци и нема да се лажат луѓето дека универзитетот бил баш таков?
Истата приказна е и со Плаошник. Ќе се обесам (да не кажам на што) ако црквата што е сега таму личела на таа од времето на Климент. Само ме чуди како УНЕСКО им дозволи да го изградат објектот на база на некакви претпоставки, што е докажано дека никогаш не можат да бидат точни...
Странците ќе се чудат, а ние ќе си бидеме полни со себе....само нас не бива за вакви глупости! Браво и за састав на комисија!Applause
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Sep-2009 at 15:42
Gahan ме претрка, башка и онака коментариве за конкурсиве ми се исти... Срамота, како можеле, квази-ретро срања blah blah blah

Ја користам приликава срдечно да и честитам на комисијата за професионално извршената работа.
Applause
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Sep-2009 at 01:30
Не разбирам.

Не сум архитект, но ја сакам убавата архитектура. Но сакам и кога некој сака да направи нешто и да го збогати просторот.  Сакам и кога некој кај нас ќе се сети дека може нешто да направи и тоа да натера некого да ни ја види државава. Сакам и добра критика.

Е сега. Се сеќавате ли што имаше на Плаошник пред 10 тина години.
Затворена за јавноста полуразрушена џамија зад чиишто затворени порти се наѕираа темелите на постара црква и нечив гроб во неа и нешто погоре еден мозаик и ранохристијанска базилика потрупани со песок.
Знаете колку туристи моќевте да сретнете таму? Ниеден !

Зимово и пролетта десетина пати го имав посетено Плаошник (ме интересираше до каде стигнале со копањето и што се "ново" изникнало таму)  и секојпат налетував на нова група туристи организирана со водич , Германци , Азијати , Бугари, Срби и уште колку ли ти други .  Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.

Така да доста пљукате по се. Позитивна критика секогаш е добра , но ако имаш знаење и идеја оди на конкурсот и ако имаш подобар проект и ако не те изберат имаш право да се љутиш.

 
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Sep-2009 at 08:28
Нема да завлегувам во тоа што е “убава архитектура“ бидејќи тоа е ептен непродуктивна дискусија и нигде нема да стигнеме.

Но, интересно е како тендерите проаѓаат и пропаѓаат, и интересно се критериумите на комисијата. Интересно е што никој не ги објавува пропаднатите конкурси, и никој не објаснува зошто тие пропадале и зошто воопшто доделуваат награди ако тие се до толку неостварливи . Не учствував на конкурсот, но знам дека имаше доста млади луѓе што учествуваа. Знам дека имаше добри идеи и каква таква модерна естетика. Интересна е и комисијата, не можеш да кажеш дека не е симптоматично што речиси истите луѓе “судат“ за сите поголеми проекти на државава. Симптоматична е и естетската преференца, но тоа веќе не е битно.

Originally posted by theone

Не ме интересира дали е верно реставрирана, но точно се означени темелите врз кои е реставрирана црквата како и зачуваниот гроб и делови од Фреските и тоа ги интересираше туристите да го видат.


Не си единствен што не го интересира и тоа е проблемот. Сите работи што никнуваат во последно време се форсираат на таа логика. Историската оставина е само оправдување на таа локација да се гради. Ако градежните зафати се правдаат со историскиот момент тогаш логично е да се бара автентичност , во спротивно тоа е обичен градежен зафат.

Најтрагично е што градењето (кое не е автентично) гордо се поткрепува со туристичкиот аспект. Ако не нека напраат еден референдум низ европа и светот да видат дали можда туристите сакаат Плаошник вака да изгледа, или можда сакаат мекдоналдс или шознам. Јас не сум турист во оваа држава, и не треба потребите на граѓаните да се шлепаат покрај оние туристичките. Ако мене не ми е гајле за моето, и ако на форумов не мрчиме, тогаш на туристите сигурно нема да им биде. Мене не ми се живее у дизниленд.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Sep-2009 at 14:12
Se soglasuvam so tvojata izjava (The one)!

Kam nekoji pogolemi sliki, probav da idam na taa strana na društvoto od skopje  koje bilo izbrano no mi pokažuva crv!

Bi sakal da vidam od poblizu kako izgleda 


Edited by Makedonij - 05-Sep-2009 at 14:13
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Sep-2009 at 14:22
Eve ovaa ja najdeh na net



Vaka izgledala crkvata pred obnovuvanjeto




Edited by Makedonij - 05-Sep-2009 at 14:30
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Sep-2009 at 17:21
во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

туризмот е постојан изговор во последно време да се прават разни глупости што се однесува до архитектурата и историјата, а плаошник е постојан изговор (како успешен туристички елемент) за тоа како сите прво го плукале, па сега го сакале, и дека сето друго демек било иста приказна, на пример, такви коментари испаѓаа за црквата во Скопје Nuts



Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Sep-2009 at 12:27
Прво, во принцип не се пристапува кон реконструкција доколку нема доволно прецизни податоци за тоа како изгледал објектот во минатото. Во таков случај, наодот само се конзервира и се презентира пред јавноста (вклучувајќи ги и туристите) како урнатина....и во тоа нема ништо страшно, во Грција одат реки туристи за да гледаат урнатини. Многу повеќе би ценел доколку тие пари се инвестираат во современа музејска зграда со сите нишани во која би било презентирано целото културно и историско богатство на Охрид отколку ваква гломазна и неиздржана интервенција која само ќе го докусури и онака во голема мерка уништеното старо градско јадро на Охрид. Само ќе потсетам дека во стариот дел на Дубровник не се дозволени никакви интервенции освен поправки на постојните објекти.
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Sep-2009 at 13:48
Originally posted by zabegan

во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислењеDunno Или можеби од некој друга нишка?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Sep-2009 at 13:50
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by zabegan

во глобала се сложувам со urban freak, а туристите не се проблем, тие ќе се чудат и на едно камче ако им кажеш „ова камче крие огромна мистерија“, а зарем треба да ги лажеме?

Незнам на што мислиш, но по ова прашање сеште не сум изнел мислењеDunno Или можеби од некој друга нишка?
се сложувам со твојот пост, сето друго е мое мислење без разлика на твојот пост
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Sep-2009 at 14:05


Забеган, ти стварно забега... УрбанФрик нема напишано никаков пост на оваа тема
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Sep-2009 at 14:30
Originally posted by pbanks



Забеган, ти стварно забега... УрбанФрик нема напишано никаков пост на оваа тема
мислев на Architechtone и стварно некогаш мешам членови Doh
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-Sep-2009 at 16:58
Originally posted by Дневник

Климентов универзитет, но каков?

Дилемата за избор на архитектура за Климентовата школа само е привидна. Нема никаква трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир. Архитектурата од 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да бидат постарите конаци од светогорските манастири, но и тие временски не допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат модерни хотели

Чувствувам обврска да ја довршам мојата реакција за предлозите во буџетот за култура. Идејата за организирање и за изградба на таква институција е добредојдена и за секоја пофалба. Со таква интервенција ќе се збогати и сега импресивниот културно-историски комплекс на охридскиот Плаошник. Се согласувам со изјавата на директорот на Управата за заштита на спомениците на културата, дека насловот е премногу претенциозен и треба да се формулира поскромна варијанта (Климентова академија или како нашите слависти го употребуваат вистинскиот израз: Климентова школа).

Заедно со пофалбата ќе си дозволам да изразам едно предупредување. Пред неколку години се изгради реконструкцијата на Климентовиот храм врз археолошките остатоци на оригиналот од 9 век со претпоставена архитектура на доградбите од 13 и 14 век, при што реконструкцијата на камбанаријата е сосема произволна без никаква аналогија на сличен мотив од истото време. Дел од оригиналните остатоци е зачуван, а голем дел т.н. втора Климентова црква од 9 век, каде што беше гробот на св. Климент, е поништен со претпоставената доградба од 13 век. И сега, наместо вистинска гробница, која со високи почести

можела да се создаде во 13 век (пример, гробницата на св. Наум) имаме неугледен гроб затскриен зад еден столб. Во амбиентот на раскошна археологија од 4-5 век реконструираниот храм изгледа раскошно за просечно информираните посетители, но научно неиздржано. Морам да потсетам дека во дискусиите пред реконструкцијата имаше и спротивни мислења засновани врз светски прифатеното правило дека уметничкото дело му припаѓа единствено на авторот и не може да се реставрира од други. Според тоа, интервенцијата на Плаошник можеше, со истиот монументален ефект да се реализира со зачувување на постојните археолошки остатоци од 9 век и дел од исламската надградба, но со проект за еден храм со архитектура од нашето време.

При изградбата на Соборниот храм во Скопје, владиците од МПЦ се покажаа крајно конзервативни. Имаше архитектонски конкурс на кој едвај помина еден проект со модерна асоцијација на традицијата. Имаше конкурс и за внатрешно сликање, за кое македонските сликари прикажаа величествени предлози за современа презентација на канонската тематика од Библијата (Димитар Кондовски). Но, владиците не прифатија ништо ново и се одлучија за безвредни копии на средновековните фрески. Пропуштена е голема шанса на светот да му се пофалиме со современа македонска уметност како што се фалат Французите со Париската опера: во една архитектура од 18 век, при секое влегување на странец ќе му обрнат внимание на плафонот од гледалиштето новонасликан од Марк Шагал.

Се плашам тоа да не се повтори и со реизградбата на Климентовата школа. На погоре споменатиот конкурс за Плаошник во програмата стоење и барање на проект за манастирски конак. Имаше неколку предлози за овој проект и се одбра еден медиокритет - имитација на македонската (Охридска) куќа од 19 век. Дилемата за избор на архитектура за Климентовата школа, само е привидна. Нема никаква трага од оригиналните конаци на Климентовиот манастир. Архитектурата од нашиот 19 век е несоодветна. Можеби инспирација треба да бидат постарите конаци од Светогорските манастири, но и тие временски не допираат до Климентовата епоха, а денес во Света Гора се градат модерни хотели. Што ни останува како избор во нашиот проект на Климентовата школа? Содржината може да биде и Теолошки факултет со галерија на црквен мобилијар, со сликарски и конзерваторски работилници, библиотека и сали за научни симпозиуми, гаражи за автомобили наместо стаи за коњи и конечно со современи инсталации за електрично светло наместо свеќи и централно греење наместо огништа и мангали. Но, архитектурата мора да биде современа колку што може да создаде (а може) најмладата генерација на македонските архитекти. Под услов и конкурсната комисија да биде на соодветно ниво, без фосилизирани историчари на архитектурата и без владици.

Овој проект, треба најпосле да покаже дека и македонската архитектура може да се натпреварува со светот, а пред туристите има нешто за себепофалување; сеедно што го немаме еден Марк Шагал.

Борис Чипан (Авторот е архитект  и универзитетски професор во пензија)


http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=A086A0767286E24E809FA28E0420A311&arc=1
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-Dec-2009 at 17:57

АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И КОНЗЕРВАТОРСКИТЕ РАБОТИ ПРОДОЛЖУВААТ


Плаошник се подготвува за Светиклиментовиот универзитет

Скопско-охридската проектантска група во текот на идните пет месеци треба да го подготви и основниот проект за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Се очекува и реализацијата на проектот да почне во првата половина на 2010 година


Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник треба да започне на пролет, до кога ќе биде подготвен и основниот проект од страна на Скопско-охридската проектантска група. Според надлежните во Министерството за култура во текот на оваа година се работеше на конзервирање и реставрирање на откриените архитектонски остатоци од сите периоди.
-На Плаошник континуирано без прекин се работи на архитектонските остатоци од објекти на старите цивилизации, од македонско хеленистичкиот период, римскиот, преку доцно античкиот, па се до отоманскиот период. Сепак, најмногу е работено на истражувања и конзервирање на остатоците од Св. Климентовиот манастир. Работите ќе продолжат се до пролет кога треба да биде завршен проектот и тендерите за градежните работи, објаснува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според Паско Кузман во проектот ќе се води сметка и за остатоците од градбите кои ќе бидат вклопени во ентериерот и екстериерот на комплексот, а потоа и презентирани на јавноста.
- Целта на овој капитален зафат е да се откријат сите културни слоеви на локалитетот и остатоците од манастирските конаци на комплексот Свети Климент и Свети Пантелејмон" во кои се одвивала Светиклиментовата културна, духовна и просветителска дејност, велат во Министерството за култура. За возобновување на Светиклиментовиот универзитет од страна на Владата беа предвидени шест милиони евра.

Инаку, Светиклиментовиот универзитет кој е прв на Балканот и еден од најстарите во светот, бил просветно светилиште во 9 и 10 век. Во него се описмениле над 3.500 ученици.

Комплекс со конаци, факултет, галерија...
Проектната програма за возобновување на Светиклиментовиот универзитет предвидува повеќе комплекси. Во рамките на првиот се предвидени манастирски конаци и објект во кој ќе биде сместен теолошки факултет. Вториот предвидува Музеј на Плаошник и Галерија на икони, а во третиот комплекс ќе бидат сместени Светиклиментовата библиотека со почетен книжен фонд од 100.000 публикации од областа на хуманистичките науки, Македонски институт за хуманистички науки и Конференциски центар. Клоновите на светските универзитетски центри, се планирани во рамките на четвртиот комплекс.

(Д.Т.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7BACF0A26EAB884890E9BD3DEAD802C8

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Apr-2010 at 15:53

Светиклиментовиот универзитет на Плаошник готов до 2012. година

Охрид, 2. април (ИНПРЕС)

Заврши меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за изгледот на Плаошник односно на Свети климентовиот универзитет.

Меѓународната комисија составена од експерти од оваа област ја одбра проектанската група „Идеа плус“ која до крајот на април треба да го изработи главниот проект а веднаш потоа ќе распише тендер за негова реализација, кој, според очекувањата ќе почне да се реализра на почетокот од јули.

- Теолошкиот факултет е влезен во идјеното решение на Светиклиментовиот комплекс и договрено е во согласнот со МПЦ , архиепископот Стефан, се знае дека тој ќе биде во Охрид, се разбира откако ќе завршат сите активности.Се преговара и со филијалите на повеќе светски универзитети.Не се брзаме бидејќи навистина имаме време, вели директорот на Управата за заштита на културното и историското наследство Паско Кузман.

Покрај Универзитетите во Колубија и Болоња, Кузман најави дека се преговара и со светски признатиот Универзитет во Русија, Ломоносов. Токму тие ќе треба да отворат свои филијали овде.Кузман најави дека поради пролонгирање на одредени активности, најверојатно до крајот на 2010 година целиот простор ќе добие својот виситнски лик.

- Работите не зависат само од луѓето, зависат од околностите.На пример никој не знае дека ако удри еден дожд и земјата најмалку 15 дена држи влага ние сме блокирани.500 луѓе тогаш мора да прекинат со работа, додава Кузман.

Работите на Плаошник на Светиклиментовиот универзитет воопшто не се завршени. Во моментов се работи на рестварација и конезравија на сите пронајдени предмети вели директорот на Управата за културно и исотриско наследство Паско Кузман, при тоа негирајќи ги информациите дека на Плаошник веќе неколку месеци има застој во работите. (Крај)                                                                                                                                                  http://www.time.mk/read/NONE/35cc4b1c26/index.html 

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jun-2010 at 21:07

Мислам дека овоа сме го испуштиле


Сто милиони денари за Светиклиментовиот универзитет


Вкупната сума потребна за изградба на
објектот, кој треба да биде готов за две години, и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година не се знае - рече Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Министерството за култура за изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид кој ќе почне да се гради во јуни годинава додели 100.000 000 денари. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, објектот требе да биде готов за две години. Вкупната  сума потребна за изградба на универзитетот и колку пари ќе треба да се издвојат од буџетот следната година, тој рече дека се уште не се знае.

Откако ќе завршат проектните документации и работата со конзервација на археолошките пронајдоци, во јуни би требало да почне возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет и со интензивно работење за две години би бил готов - рече Кузман.
Доколку годинешната издвоена сума од 100.000.000 за универзитетот на Плаошник не биде потрошена, Кузман нагласи дека ќе биде пренаменета за Музејот на вода каде што треба да се изградат уште 16 куќи.

03.03.2010
http://www.spic.com.mk





ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Aug-2010 at 12:15
ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ НА НАУЧНО-НАСТАВНАТА И КУЛТУРОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ НА СВЕТИКЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПЛАОШНИК ВО ОХРИД
21.08.2010

Со промоција на книгата „Охрид Суб Специе Аетернитатис“, авторско дело на Елизабета Димитрова и Паско Кузман, вечерва на свечен начин беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамки на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник во Охрид.

Обраќајќи се пред присутните гости, премиерот Никола Груевски истакна дека одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет, е поттикната од намерата да се оддаде должно признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски просветитиели и епископи.

- Иницијативата значи заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои заедно се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична културно-историска мисија, да изведе хронолошки спој на светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во близина на светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон“ и Самоиловата тврдина, рече премиерот Груевски.

Промовирајќи го делото „Охрид Суб Специе Аетернитатис“, инаку издание на издавачките куќи „Данте“, „Мацедониа Прима“ и „Ѓурѓа“, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека книгата претставува возбудливо и поетично пативање низ историјата, културата, уметничките одстрели и креативните модели на Охрид, како водечки културен центар во Македонија и на Балканот.

- Користејќи ги хронолошко-методолошкиот пристап и научната конзистентност во тематското вообличување на содржината на ова монографија, авторите создаваат слика на Охрид, како културен центар од митските дамнини, се до поновите времиња на неговото континуирано цивилизациско егзистирање. На тој начин, тие ни презентираат една раскошна визија за значењето на охридскиот култирно-историски и уметнички трезор низ времињата, рече Канческа-Милевска.„Охрид Суб Специе Аетернитатис“

Коавторот на книгата, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, појасни дека во рамки на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе бидат сместени повеќе културни и научни институции, со галерија на икони, библиотека, како и дел од старите ракописи со кои располага охридскиот Завод и музеј.

- Археолошко-истражувачките, како и конзерваторско-реставраторските работи на локалитетот Плаошник се во сосема завршна фаза. Завршен е потесниот избор на фирмите што ќе бидат задолжени за градежните активности на Светиклиментовниот универзитетски комплекс, така што очекуваме некаде во првата половина на идниот месец да биде поставен камен-темелникот на објектот, истакна Кузман.

Во врска со суштинскиот, функционалниот односно содржинскиот дел на проектот, Кузман рече дека во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација.

- Ќе направиме една космополитска симбиоза, нагласи археологот Кузман.

Планирано е 14-те објекти во рамките на Универзитетот да бидат изградени во 2012, најдоцна до 2013 година, а вкупната инвестиција за нивна изградба да изнесува околу 18 милиони евра.

http://vmro.mk/mk/zapis.asp?id=6620
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.