Print Page | Close Window

Мост Сарај

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=771
Printed Date: 27-Apr-2024 at 15:44


Topic: Мост Сарај
Posted By: pbanks
Subject: Мост Сарај
Date Posted: 26-Nov-2007 at 12:15

еве гром од ведро небо. Само не е јасно дали ќе следни комплетна реконструкција на мостот (што е ургентно) или само на коловозот

Железниот мост кај Сарај од денес затворен за сообраќај

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/18336/most_saraj.jpg">

Железниот мост на реката Вардар, што се наоѓа на влезот во скопската општина Сарај, од денеска, ќе биде затворен за сообраќај.
За влез и за излез од Сарај сообраќајот ќе се пренасочи кон автопатот Скопје - Тетово.

Како што инфромираат од Градот Скопје, затворањето е поради оштетување на патната површина на мостот и започнување со реконструктивно - конструкторски работи.

Како почетната и крајната станица на автобусот со број 2 на ЈСП “Скопје“, од денеска, ќе се користи последното автобуско стојалиште  на линијата пред влезот во општината односно пред мостот.

Сите останати автобуски линии кои сообраќаат до Сарај, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по автопатот.

Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=18336&kategorija=1 - Netpress
 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 00:15


според утрешен Вест нема ништо од вистинска реконструкција на мостот туку крпење на коловозот. Се отворила дупка од цели 2 метра Crazy (незнам што е тоа радиус, дијаметар, должина....) па морало да се интервенира. Колку што сфатив мостот и нема да биде скроз затворен туку само за тешки возила.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 00:22
Originally posted by pbanks

Се отворила дупка од цели 2 метра Crazy (незнам што е тоа радиус, дијаметар, должина....)


LOL


Ретко кај кого од македонскиве новинари постои чуство за потреба од прецизност. „2 метра“ е веројатно само епитет што би требало да значи голема дупка. Да не мислиш дека ја мереле новинариве?


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 17:09
 LOLLOLLOLLOLLOL


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:13




ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ОД ИЗГРАДБАТА НА НОВ МОСТ

Ќе се обновува железниот мост кон Сарај
Во буџетот на Градот определени се 27 милиони денари за железниот мост кон Сарај, а Градот со Општина Сарај допрва треба да ги договори деталите за почнување на градежните работи

Градските власти најавуваат дека годинава конечно ќе го реализираат проектот за обнова на железниот мост на Вардар кој ги спојува општините Ѓорче Петров и Сарај. Во буџетот за работа на Градот за оваа година предвидени се 27 милиони денари за реконструкција на мостот, а од Градот велат дека веќе имаат подготвено проект и оти стартот на градежните работи треба да го договорат со градоначалникот на Сарај Беким Фазлиу.
"Наскоро треба да се оствари средба со градоначалникот на Сарај за да се договорат деталите за почнување на градежните активности. Средства за реконструкција на мостот се обезбедени во буџетот, а по средбата со градоначалникот на Сарај ќе се распише и тендер за избор на изведувач на градежните активности", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Експерти од Градежниот факултет уште пред четири години предупредија дека мостот е во лоша состојба и оти тој треба под итно да се реконструира или, пак, на негово место да се изгради нов. Тогаш стручњаците на Градот му дадоа рок од две години да го обнови мостот, но тоа досега не се случи. Градските власти сметаа дека е неисплатливо да се обновува, бидејќи оштетувањата се големи и предлагаа тој да се урне, а на негово место да се изгради нов. Но овој проект не се реализираше поради недостиг на пари.
"Отпадна идејата да се урне сегашниот и на негово место да се гради нов мост. Со овие средства кои ги имаме во буџетот ќе се реконструира постојниот мост", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Градските власти минатиот месец го затворија мостот за сообраќај бидејќи требаше да се санира дупка на коловозот, долга два метра. Од Градот велат дека дупката е затворена и сега таму сообраќајот се одвива најнормално. (Е.А.)



Ohno

Извор: Вест
http://vest.com.mk/default.asp?id=146082&idg=8&idb=2273&rubrika=Skopje - http://vest.com.mk/default.asp?id=146082&idg=8&idb=2273&rubrika=Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2008 at 16:33


за што мафташ со главата? Дека нема да прават нов мост? Ако е за тоа

OhnoOhno и од мене


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Feb-2008 at 13:29
сепак добра вест за мостот Yes

ЖЕЛЕЗНИОТ МОСТ ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКИ
Сарај ќе гради нов мост преку Вардар
Владата одобрила 200.000 евра за нов мост чија изградба ќе почне годинава

Општина Сарај ќе гради нов мост на реката Вардар со кој ќе се поврзе со остатокот од Скопје, а сегашниот Железен мост ќе биде затворен за сообраќај и ќе се користи како пешачки. Градоначалникот на Сарај, Беким Фазлиу, вели дека Владата им одобрила 200.000 евра за изградба на мост и дека планираат со нив да изградат нов, на 50-ина метри од постојниот Железен мост. Тој објаснува дека изготвувањето на проектот за изградба на мостот е при крај и дека до април ќе распишат тендер за избор на изведувач.
"Планираме мостот да биде со модерна архитектура и да биде поширок од сегашниот, односно да биде широк 12 метри. Освен делот за коловоз, каде
што ќе минуваат автомобилите, ќе има и пешачка и велосипедска патека", вели Фазлиу.
АД"Карпош" го изготвува проектот за изградба на мостот, а градежните работи треба да почнат оваа градежна сезона.
"Не би можел да кажам за колку време ќе биде изграден мостот, но со градба ќе почнеме годинава", вели Фазлиу.
Градските власти пред повеќе од еден месец го затворија Железниот мост за сообраќај за да се закрпи дупка од два метра на коловозот. Тогаш тие најавија дека во буџетот предвиделе 27 милиони денари за реконструкција на мостот и кажаа дека се откажале од идејата за изградба на нов. Градоначалникот на Сарај вели дека овој план е сменет, бидејќи добиле средства од Владата и дека решиле да градат нов мост оти е многу поскапо да се обнови постојниот.
"Градоначалникот на Сарај, Фазлиу, го информираше градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, дека Министерството за транспорт и врски му обезбедило средства за изградба на нов мост на влезот во Сарај. Бидејќи оваа инвестиција е за доброто на граѓаните и за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, Градот се согласи Општината да го гради мостот. За возврат, Градот од сопствени средства ќе уреди дел од јавните површни и патните приклучоци кои се приоритетни за Сарај", велат од Одделението за односи со јавност на Градот.
Ивица Боцевски, портпарол на Владата, не даде дециден одговор дали се одобрени средства за изградба на нов мост во Сарај и колку. Тој рече дека реализацијата на изградбата на мостот е ставена во програмата на Владата, но дека се уште бараат решение со Општина Сарај како да се реализира овој проект. (Е.А.)


Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=147138&idg=8&idb=2293&rubrika=Skopje - Вест


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Feb-2008 at 10:24
Се кладам дека уште се ценка градоначалникот со нив, за некој денар повеќе Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:28
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=16A02999525FE649BF779ADD7F9F28A8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=16A02999525FE649BF779ADD7F9F28A8

Ќе се гради нов мост кон Сарај, постојниот ќе биде затворен

Градежните работи ќе почнат налето, парите во најголем дел се обезбедени од Владата

Деспина Трајковска

Општина Сарај ќе гради нов мост на реката Вардар, кој ќе биде врската со остатокот од Скопје, а постојниот Железен мост ќе го затвори за сообраќај. Дел од парите за реализација на овој проект, кој е проценето дека ќе чини околу 350.000 евра, Општината ги доби од Владата, а дел ги обезбеди од сопствениот буџет. Градоначалникот на Сарај Беким Фазлиу вели дека деновиве ќе биде распишан тендер за избор на изведувач на работите и очекува изградбата да почне налето.

„Министерството за транспорт и врски ни одобри 15 милиони денари, пет милиони имаме планирано во нашиот буџет, а од Владата ни најавија дека во ребалансот на буџетот ќе бидат предвидени дополнителни средства за проектот да биде целосно финансиски покриен. Нашите процени се дека мостот ќе се изгради за една година. Тој ќе биде еден од посовремените мостови во Скопје“, вели Фазлиу.

Градските власти потврдиле дека постојниот мост во Сарај не планираат да го реконструираат иако такви активности летово ќе преземат речиси на сите останати мостови. Според проектот што го изработи АД „Карпош“, планирано е новиот мост да се изгради на 50-ина метри од постојниот Железен мост. Ќе има модерна архитектура, ќе биде поширок од сегашниот, со ширината на коловозот од 12 метри. Проектот предвидува на мостот да има и велосипедска патека покрај пешачка.

„Овој мост дефинитивно ќе стави крај на неколкугодишните проблеми кои ни ги создаваше сегашниот мост, а последен беше случајот пред неколку месеци кога поради пропаѓање на дел од асфалтот, сообраќајот мораше да биде прекинат. По изградбата на новиот, Железниот мост ќе го затвориме, ќе биде само пешачки и ќе претставува еден вид спомен-обележје на Општината“, вели Фазлиу.

Инаку, катастрофалната состојба на постојниот Железен мост трае со години. Тој е главната врска на Општина Сарај со центарот на градот и низ него секојдневно минуваат повеќе илјади жители, а освен автомобили, по него сообраќаат и автобуси од јавниот градски превоз и товарни возила.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:29
Абе мене ми се чини, или градење мост е многу ефтино!?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:02

Старо железо уште се користи како мост

Ниту ова лето нема да се гради нов мост кон Сарај и покрај тоа што постојниот Железен мост е во катастрофална состојба и одамна го мина својот век на експлоатација. Општината Сарај не ги искористи парите што ги доби од државата, односно од Министерството за транспорт и врски за изградба на нов мост, па сега најавуваат дека изградбата ќе почне в година. Поради лошата состојба, на стариот мост е забранет сообраќајот за тешки товарни возила.

- Со многу страв минуваме по железниот мост, кој е толку тесен што едвај се разминуваат автобус и автомобил. Не ми е јасно како градските власти досега не нашле пари да го обноват или барем да го одржуваат. Дали за овој мост некој може да гарантира дека е безбеден? Тој опслужува илјадници луѓе. Кој ќе ја понесе одговорноста ако нешто им се случи? - вели скопјанката Ели Димовска.

Претходниот градоначалникот на Сарај, Беким Фазлиу, најавуваше дека има проект за изградба на нов мост, но до реализација не дојде. Сегашното раководство на Општината се правда дека во општинската документација долго не можеле да го најдат проектот, кој го изработи фабриката „Карпош“.

- Откако почнавме да се интересираме за проектот, фабриката „Карпош“ ни донесе идеен проект, врз чија основа веќе се изработува главен проект. Планираме со него повторно да конкурираме во Министерството за транспорт, за да добиеме пари за изградбата - вели Бекир Мухамети, шеф на Кабинетот на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.Министерството за транспорт и врски за изградба на мостот даде 23 милиони денари, од кои голем дел останаа неискористени.

- Во две буџетски години предвидувавме пари, кои и' беа на располагање на Општина Сарај за изработка на проектна документација и за изградба на нов армирано-бетонски мост на реката Треска, на локалниот пат Глумово-Шишево. Во 2007 година беа обезбедени осум милиони денари, од кои се искористени 2,7 милиона денари. Лани беа одобрени 15 милиони денари, а општината потроши половина од оваа сума - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт.

Мухамети вели дека за да се снајдат за пари, преговараат и со Градот Скопје за добивање некаква помош. Од Градот велат дека не биле вклучени во проектот за изградба на новиот мост од претходното раководство на Сарај, поради што во годинашниот буџет немаат предвидено пари за таква намена. Оттаму потенцираат дека тековно го одржуваат стариот железен мост.

- И да не добиеме пари од Министерството за транспорт, ќе бараме од друго место. Се надевам дека во 2010 година мостот ќе почне да гради - оптимистички прогнозира Мухамети.Според идејниот проект на „Карпош“, новиот мост ќе биде бетонски, со широчина од 12 метри. Ќе има две сообраќајни ленти и тротоари од двете страни, со велосипедска патека. Неговата изградба ќе чини околу 26 милиони денари, односно околу 425 илјади евра. Стариот железен мост најверојатно нема да се урива, туку ќе функционира како пешачки.
Претходниот градоначалник Беким Фазлиу пред две години најавуваше дека ќе го изгради мостот, за што распиша и конкурс за избор на најповолен изведувач. Конкурсот пропадна, a потоа беше распишан нов. Беше најавено дека работите ќе почнат во минатиот септември, а ќе завршат до март.

Експертите од Градежниот факултет пред повеќе од четири години предупредија дека Железниот мост кон Сарај е во многу лоша состојба и оти треба итно да се преземат мерки за негова реконструкција или за изградба на нов мост. Тие препорачаа мостот да се затвори за тешки товарни возила, што беше и направено во минатата година. Железниот мост е главната врска на Општина Сарај со центарот на градот и низ него секојдневно минуваат повеќе илјади жители. Освен автомобили, по него сообраќаат и автобуси од јавниот градски превоз, како и товарни возила, кои не ја почитуваат забраната.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1D362C5B609B2E4498E3E9CD6771466D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:05
Пари има, проект има, епа ондак што е проблемот?! Епа ондак што е финтата?! Инаку мостов нели е под ингеренции на градот, од кај сега општина Сарај?! Малку ми е конфузно ова градот немал пари, а општината добила пари од министерството. Не ли можел градот да конкурира и да ги добие истите пари?!

Инаку нема да згрешам ако кажам дека додека "не дојде јајцето на г*от" нема да се изгради нов мост, односно кога ќе падне стариов мост тогаш ќе се почне со изградба на нов!


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Aug-2009 at 02:17

 Во 2007 година беа обезбедени осум милиони денари, од кои се искористени 2,7 милиона денари. Лани беа одобрени 15 милиони денари, а општината потроши половина од оваа сума - вели Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт.

Според идејниот проект на „Карпош“, новиот мост ќе биде бетонски, со широчина од 12 метри. Ќе има две сообраќајни ленти и тротоари од двете страни, со велосипедска патека. Неговата изградба ќе чини околу 26 милиони денари, односно околу 425 илјади евра. Стариот железен мост најверојатно нема да се урива, туку ќе функционира како пешачки.

 

 
Овде има нешто мутно, ако целиот проект чини 26 милиони денари тогаш што направиле со 10 милиони денари кои ги земале до сега??? Roll%20eyes (мада 425.000 евра за ваков мост некако ми изгледа нереално.)
 
И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот Nuts ... можеле да заштедат и да направат помал или пак уште малце да го зголемат и да бутнат 4 ленти.
 
 
 
 
Сегашното раководство на Општината се правда дека во општинската документација долго не можеле да го најдат проектот, кој го изработи фабриката „Карпош“.
 
 
NO COMMENT!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2009 at 04:52
Originally posted by vardar

И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот Nuts ... можеле да заштедат и да направат помал
За ова не се слагам. Ќе градиме нов мост и треба да го направиме по сите стандарди и за генерации понатака, а не да го „комбинираме“ со стариот и да го правиме зависен од него.


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Aug-2009 at 12:06
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by vardar

И друга работа, ако стариот се користи како пешачки (и за точаци) зошто дуплирање на истите работи кај новиот Nuts ... можеле да заштедат и да направат помал
За ова не се слагам. Ќе градиме нов мост и треба да го направиме по сите стандарди и за генерации понатака, а не да го „комбинираме“ со стариот и да го правиме зависен од него.

 
 
Не реков да не се прави по сите стандарди, само дека не ми е логично да градиш нов мост и пола да биде тротоар а имаш мост за пешаци буквално на 5 метри. Како што реков ... можеле да заштедат и да направат помал или пак уште малце да го зголемат и да бутнат 4 ленти...  (ова нормално ако постоечкиот целосно го реновираат и нема опасност да падне како сега)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:21
СЕ ИЗБИРА ОПЦИЈА ЗА ЖЕЛЕЗНИОТ МОСТ ВО САРАЈ
Новиот мост ќе го урне стариот? Железниот мост на влезот во општина Сарај можеби ќе се урне за да се изгради нов на неговото место. За ваква опција размислуваат локалните власти затоа што трасата кон која би требало да води новиот мост минува низ приватно земјиште. Надлежните од Општина Сарај велат дека интензивно работат на проектот, заедно со Град Скопје и со државната Агенција за регионални и магистрални патишта, за што побрзо да ја почнат изградбата. - Имавме три состаноци досега, денес е четвртиот на кој Секторот за сообраќај при Градот треба да ни даде сообраќајно решение за мостот. Потоа проектантот ќе го изработи главниот проект и на крај ќе се реши финансирањето - вели Бекир Мухамети, шеф на кабинетот на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Тој соопшти дека проектот што го изработи фабриката „Карпош“ нема да се искористи затоа што не одговарал на стандардите на регионален пат. Новиот идеен проект го направила фирмата „Прима инженеринг“ и со него се предвидува бетонски мост со две коловозни ленти од по четири метри и странично по 2,5 метри простор за пешачка и за велосипедска патека. Како што објасни Мухамети, со стариот проект мостот би бил потесен, а со новиот тој ќе биде широк 13 метри и ќе биде дел од регионалниот пат Т-402 на релација Сарај - Тетово. - Тоа ќе биде стандарден бетонски мост, најверојатно со железна ограда и ќе личи на железничкиот мост кој води од Ѓорче Петров кон Нерези. Неговата локација е предвидена во ГУП и би требало да се гради на 40-50 метри погоре од стариот мост. Правецот на тој пат влегува во неколку приватни имоти, чиешто земјиште ќе треба да се откупува, што може да биде поскапо и од самата изградба. Сега е предмет на анализа дали ќе се остане на оваа локација или ќе одиме со можноста новиот мост да биде на местото на сегашниот - вели Мухамети. Кога ќе се донесе конечното сообраќајно решение, следен чекор ќе биде да се изработи главниот проект, кој, исто така, ќе го прави „Прима инженеринг“, а потоа Општината ќе распише тендер за избор на фирма-изведувач. Општинарите од Сарај најавуваат дека изградбата ќе ја финансираат заедно со Градот и со Агенцијата за патишта, но се уште не знаат кој колку ќе даде. Според шефот на кабинетот на градоначалникот, сигурно е дека пари ќе се предвидат во општинскиот буџет за 2010 година. Железниот мост со години наназад не е безбеден за возилата, па дури и за минувачите затоа што постојано се појавуваат дупки на стариот коловоз. Иако неколку пати прикрпуван, мостот не може да ја врши истата функција како некогаш, а најголем проблем се автобусите и тешките товарни камиони кои носат стока за магацините во Сарај и кои железната конструкција не може да ги издржи. Неколку пати беа поставувани забрани за тешки возила, но локалните жители не ги почитуваат. Како конечно решение општинските власти во Сарај најавија дека ќе градат нов мост. За овој проект пари предвидуваше Министерството за транспорт и врски, но и покрај тоа Општината не ја почна изградбата.

Само пет идеи за поубави мостови

Пет труда пристигнале на вториот конкурс за осветлување и нови огради за мостот „Гоце Делчев“ и за Мостот на револуцијата, од кои три за првиот и два за вториот објект.
- Деновиве комисијата треба да ги прегледа и да донесе конечно решение. Како ќе бидат третирани трудовите, дали ќе има наградени, откупени или, пак, некој од нив ќе стане идејно решение, зависи од нивниот квалитет – велат во Град Скопје.
На првиот конкурс, кој градските власти го распишаа летото, пристигнаа три трудови. Еден беше дисквалификуван поради тоа што не ги исполнувал условите, а за останатите Градот образложи дека решението за Мостот на револуцијата не го подобрува неговиот естетски изглед, додека оградата не се разликува од постојната. За мостот „Гоце Делчев“, пак, новото решение не ги исполнуваше условите за максимална тежина на оградата. Надлежните планираат градежните работи да почнат во 2010 година.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1868&ArticleID=126713


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2009 at 13:33
Зошто се избрзува со дерогирање на ГУП-от, а се уште не е јасно ни дали ќе излезат со добро алтернативно решение? Не дека ГУП-от на оваа конкретна локација е некое совршенство, ама доколку новиот мост кај Сарај се гради на локација кај стариот, навистина ќе биде многу тешко сообраќајните решенија во околината да се изведат коректно. И во сите овие рачуници мора да се има во предвид идниот Бул. Црна Гора и како тој ќе се вклопи со тоа што сега ќе го смислат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2009 at 17:03


Па ГУП-от никогаш не прецизира до сантиметар. Вакво отстапување воопшто не ми изгледа како некоја страшни интервенција, со оглед на тоа што во иднина еветуално пробивање на Црна Гора ионака ќе треба да се експропреира имот меѓу кои и куќи, па сееднониз кои куќи ќе пројде. И за старата траса, и за новата има одприлика исти број куќи. Просторот е тука широк и од двете страни на Вардар и има простор за маневри со испочитувани радиуси, така да не ми изгледа ова некој голем проблем. Кога веќе решиле да не експропреираат имоти би препорачал закосеноста на мостот да се сврти према другата страна со тоа што од страна на Сарај ќе остане истата точка, а од страна на Ѓорче де се помести точката малку позападна, односно стара локација, ама закосеност како во ГУП-от за новиот, би било добро решение. Е сега може да го поместат и нешто ситно метри позападна односсо веднаш до стариот, а с тоа стариот да си остане за пешаци и точаци, а на новиот 13-те метра да се искористат за 4 ленти.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2009 at 16:51
Гра­дот ќе го гра­ди но­ви­от мост во Са­рај

Град­ски­те влас­ти за из­град­ба­та на но­ви­от мост ќе ба­ра­ат па­ри и од Вла­да­та, а до­кол­ку не им би­дат одоб­ре­ни, ќе ги обез­бе­дат пре­ку кре­ди­ти

Же­лез­нич­ки­от мост на Вар­дар од Ѓор­че Пет­ров кон Са­рај, ќе го гра­ди Гра­дот в го­ди­на. От­ка­ко про­пад­наа два­та тен­де­ра кои Оп­шти­на­та ги рас­пи­ша за из­град­ба на нов мост кон Са­рај, 10-те ми­ли­о­ни де­на­ри од Ми­нис­терс­тво­то за тран­спорт и вр­ски беа пов­ле­че­ни, па оп­шти­на­ри­те ос­та­наа без па­ри. Се­га во про­ек­тот се вклу­чу­ва­ат град­ски­те влас­ти кои ве­лат де­ка ќе ба­ра­ат па­ри и од Вла­да­та за ре­а­ли­за­ци­ја на овој про­ект. Во бу­џе­тот за на­ред­на­та го­ди­на пред­ви­де­ни се па­ри за из­ра­бот­ка на идеј­ни ре­ше­ни­ја, кои ќе по­ка­жат кол­ку ќе чи­ни из­град­ба­та, да­ли има имот­но-прав­ни проб­ле­ми и ка­ко ќе се ре­ши пат­на­та ин­фрас­трук­ту­ра за по­вр­зу­ва­ње со но­ви­от мост.
"Из­град­ба­та на нов мост е еден од при­о­ри­тет­ни­те про­ек­ти за на­ред­на­та го­ди­на. Ќе из­ра­бо­ти­ме идеј­ни ре­ше­ни­ја и се на­де­ва­ме де­ка Вла­да­та ќе по­мог­не фи­нан­си­ски за ре­а­ли­за­ци­ја­та на овој про­ект. Ќе од­во­и­ме па­ри и од бу­џе­ти­те на Град Скоп­је и на Оп­шти­на Са­рај, но ова е дос­та скап про­ект и за­тоа ни се пот­реб­ни до­пол­ни­тел­ни сред­ства", ве­ли гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски.
До­кол­ку Вла­да­та фи­нан­си­ски не ја по­мог­не из­град­ба­та на но­ви­от мост во Са­рај, про­ек­тот не­ма да би­де сто­пи­ран, ту­ку сред­ства ќе се обез­бе­дат пре­ку кре­ди­ти. Гра­дот има по­зи­ти­вен кре­ди­тен реј­тинг, па за­тоа гра­до­на­чал­ни­кот Тра­ја­нов­ски пла­ни­ра в го­ди­на да зе­ме кре­ди­ти од на­ши­те бан­ки за­ра­ди по­бр­за ре­а­ли­за­ци­ја на при­о­ри­тет­ни­те про­ек­ти.
Из­град­ба на нов мост кон Са­рај, на са­мо 50-ина мет­ри од ста­ри­от, се нај­а­ву­ва ве­ќе со го­ди­ни. Со из­град­ба­та на но­ви­от мост, ста­ри­от ќе се зат­во­ри за мо­то­рен со­об­ра­ќај и ќе се ко­рис­ти са­мо ка­ко пе­шач­ки. Пос­тој­ни­от же­ле­зен мост, спо­ред ек­спер­ти­те од Гра­деж­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, е во мно­гу ло­ша сос­тој­ба. Тие уш­те пред че­ти­ри го­ди­ни пре­дуп­ре­ди­ја де­ка тре­ба ит­но да се пре­зе­мат мер­ки за не­го­ва об­но­ва и пре­по­ра­чаа да се зат­во­ри за теш­ки то­вар­ни во­зи­ла.

http://vest.com.mk/?ItemID=73A519C71AAC8B47B374CD92AED805F6

Тука друга информација, дека ќе се корсит како пешачки, значи не е на истото место, туку веднаш до него.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2009 at 22:05
Originally posted by lslcrew


Па ГУП-от никогаш не прецизира до сантиметар. Вакво отстапување воопшто не ми изгледа како некоја страшни интервенција, со оглед на тоа што во иднина еветуално пробивање на Црна Гора ионака ќе треба да се експропреира имот меѓу кои и куќи, па сееднониз кои куќи ќе пројде. И за старата траса, и за новата има одприлика исти број куќи. Просторот е тука широк и од двете страни на Вардар и има простор за маневри со испочитувани радиуси, така да не ми изгледа ова некој голем проблем. Кога веќе решиле да не експропреираат имоти би препорачал закосеноста на мостот да се сврти према другата страна со тоа што од страна на Сарај ќе остане истата точка, а од страна на Ѓорче де се помести точката малку позападна, односно стара локација, ама закосеност како во ГУП-от за новиот, би било добро решение. Е сега може да го поместат и нешто ситно метри позападна односсо веднаш до стариот, а с тоа стариот да си остане за пешаци и точаци, а на новиот 13-те метра да се искористат за 4 ленти.
Не се работи за сатиметри или ситна боранија, туку за +200m. Ама тоа не е главниот проблем, туку проблемот е изобличувањето на мрежата. За Булевар Црна Гора не сум сигурен каде гледаш, јас колку што можам да видам трасата е чиста. Посочи каде би имало проблеми.

Исто така нема баш лагоден простор за маневрирање од левата страна на Вардар. Мапата од ГУП-от лаже, на гугл рт состојбата е сосема поинаква. Имај на ум дека и мост кој би бил поставен позначително косо би бил доста подолг, а со тоа и поскап.

Не сум против поинакво сеопфатно решение во тој реон од она што е предвидено со важечкиот ГУП (кое не ми се чини баш идеално) кој ионака се прекројува, но доколку тоа решение би било подобро. Ама од искуство во слични случаи нема премногу простор за оптимизам. Ај да видиме...


Ако веќе се модифицира ГУП-от, мене еве што ми паѓа на памет. Со решението на сликата долу Бул Црна Гора би си го добил предвиденото значење за влез/излез од Скопје и би се растеретил Бул Ѓорче Петров, особено што вториов е оптимална траса за трамвај/лрт, а простор за проширување нема. Исто така проточноста на главните правци е обезбедена.

Се работи за „паркло“ (значи еден скромен надвозник и толку), модифицирано со исфрлање на сувишните врски, со што се добива уште поголема проточност. Во околината речиси нема објекти, па клучкава би можела да се димензионира и модифицира според потребата - ова што јас го имам нацртано се разбира е само груба скица.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Dec-2009 at 01:28

Нов мост во Сарај ќе има, но не брзо

За следната година во градскиот буџет се предвидени пари само за идеен проект

Сања Наумовска


Железниот мост на Вардар уште најмалку една година ќе биде најважна сообраќајна врска на жителите на општина Сарај со останатиот дел од Скопје. Иако се наоѓа во исклучително лоша состојба и, според мислењето на стручните лица, е крајно небезбеден за минување, сепак, овој мост наскоро нема да добие замена. По пропаѓањето на двата обида мостот да го изгради општината Сарај со пари од Министерството за транспорт и врски, градските власти најавуваат дека сами ќе се зафатат со реализација на проектот.

По препорака на стручњаците, поради лошата состојба на објектот, Градот пред неколку години се откажа и од идејата за санација на мостот. Беше поправена само една дупка што се отвори откако дел од коловозот пропадна во Вардар. И покрај тоа, по него секојдневно сообраќаат илјадници возила, камиони и автобусите од јавниот градски превоз.

Во иднина, по изградбата на новата сообраќајна врска со општината, овој мост се планира да биде пешачка зона. За следната година, пак, во градскиот буџет се предвидени пари само за идеен проект, а реализацијата е неизвесна. Дополнително ќе треба да се одлучува за местоположбата на новиот мост и за сообраќајните врски со постојните улици. Додека не се направи идејниот проект не може да се знае и дали изградбата на новиот мост ќе ја попречуваат имотно-правни проблеми. Според првичните идеи, новиот мост би требало да биде на педесетина метри од сегашниот.

„Градот Скопје смета дека треба да се изгради нов сообраќаен мост во Сарај. Сепак, пред да се пристапи кон реализација на овој важен проект треба да се изработат идејни решенија што ќе покажат колку треба да чини изградбата и дали има имотно-правни проблеми, како и да се дефинира останатата инфраструктура за поврзување околу новиот мост“, информираат од Градот.

Заради побрза реализација, веројатно е дека Градот и Општина Сарај повторно ќе побараат помош од Владата, поточно од Министерството за транспорт и врски. Пред неколку години преку Министерството беа обезбедени десет милиони денари за почнување на проектот. Парите пропаднаа, а не се направи ниту идејно решение.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9009952C34F4F34DBACAD11600B25E07



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Dec-2009 at 01:43
Кловер ја дури сега ја анализирав твојата размисла за пошироката област и мислам дека имаш направено неколку грешки (вероватно скицата беше ах-хок). Го имаш изоставено од план оној регионален пат (изи народски кажано стариот пат за Јегуновце). Друга рабопта ѓто не ми е јасна е дали правецот Црногорска-Сарајго замислуваш како вторкласен у споредба со другуов, односно со раскрници две. Според тоа што кажа паркло, така ми изгледа, ама имаш дуплирано некои рампи па не ми беше докрај јасно. Инаку јас не би ја изоставувал Црногорска како примарна за влез/излез долгорочно, со тоа што би направил модификации во Влае за Црногорска да биде продолжение на Партизанска или па би ја споил партизанска со клучка на црногорска со тоа што Л.Геров би го ставил да биде продолжение на македонска војска и евентуално данема контакт со клучката или па некој алтернативна спојка нстарана, или па како во ГУП-от што е сега. Ај може ќе скицирам, ама главната идеја ми беше дека не иби менувал она што е во гуп-от околу делот за кај мостов.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Dec-2009 at 04:09
Originally posted by lslcrew

Кловер ја дури сега ја анализирав твојата размисла за пошироката област и мислам дека имаш направено неколку грешки (вероватно скицата беше ах-хок). Го имаш изоставено од план оној регионален пат (изи народски кажано стариот пат за Јегуновце).
Не бе добро си е, нема грешки

Регионалниот пат накај Јегуновце (Р-403) е поврзан каде што е поврзан и сега (баш намерно сум оставил цртка, за да се примети каде). Во ГУП-от токму предложеното поврзување на овој пат прави проблем - на вкрстувањата кај дијамантот веднаш се надоврзува ново вкрстување. Навистина, тоа патчето што се приклучува од исток е некое минорно, ама сепак е проблем. А бидејќи Р-403 е второстепен во однос на другиве сообраќајници, мислам најдобро е тој да се држи настрана и да си остане споен каде што е сега, да не прави дополнителна гужва у решението.


Originally posted by lslcrew

Друга рабопта ѓто не ми е јасна е дали правецот Црногорска-Сарајго замислуваш како вторкласен у споредба со другуов, односно со раскрници две. Според тоа што кажа паркло, така ми изгледа, ама имаш дуплирано некои рампи па не ми беше докрај јасно.
Не си видел убаво, правецот Црногорска <-> Сарај е  без вкрстувања. Исто така и правецот Сарај <-> Ѓ.Петров, и најважно правецот Црногорска <-> Автопат. Го имам изоставено непотребниот правец Црногорска <-> Ѓ.Петров (за да се отстрани едно вкрстување долж Бул. Ѓорче Петров), па веројатно тоа те збунило во скицава... нема дуплирано рампи.


Originally posted by lslcrew

Инаку јас не би ја изоставувал Црногорска како примарна за влез/излез долгорочно
Ни јас, затоа и ја имам оставено како таква


Originally posted by lslcrew

со тоа што би направил модификации во Влае за Црногорска да биде продолжение на Партизанска или па би ја споил партизанска со клучка на црногорска со тоа што Л.Геров би го ставил да биде продолжение на македонска војска и евентуално данема контакт со клучката или па некој алтернативна спојка нстарана, или па како во ГУП-от што е сега.
Партизанска да се спои со Црногорска со клучка е убава идеја, ама тешко изводлива. Како и да погледнам испаѓаат 5 правци за спојување, или две вкрстувања во голема близина.
А алтернативното решение што го предлагаш, да се изолира оската Лука Геров - Македонска Војска од евентуалното поврзување на Партизанска и Црногорска, мислам е тотален промашај. Тоа прилично ќе им го загорчи животот на огромен број граѓани и плус ќе прелее гужва на други места. Али можда пропуштам нешто, скицирај ако имаш време.

Сепак мислам дека не мора да има толкав акцент на такво поврзување на Партизанска, бидејќи во крајна линија не е трагедија ако не биде апла проточно од Партизанска кон излез од Скопје, затоа што улогата треба да ја превземат Црногорска и Јужен Булевар.


Originally posted by lslcrew

ама главната идеја ми беше дека не иби менувал она што е во гуп-от околу делот за кај мостов.
И јас не би менувал. Спомнав дека е само идеја, доколку веќе ГУП-от се модифицира и на оваа локација, тоа да не биде само некаква импровизација ради мостот. Кога веќе имаат проблеми со трасата за мостот предвидена според важечкиот ГУП, таа да се измени на коректен начин, уз пат да се реши и она проблематичното вкрстување на Р-403 што го спомнав, а трасата на Бул. Ѓорче Петров би можела да не се ремети и да си остане поврзана како што е и сега. Ама во крајна линија, важечкиот ГУП ми е помил.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-May-2010 at 22:15

И годинава нема нов мост во Сарај

Откако пропаднаа два обида на Општина Сарај да направи проект и да го изгради мостот, со работата сега се нафатија градските власти, кои за таа намена во буџетот предвиделе околу 490.000 евра

И годинава нема да биде изграден новиот мост кон Општина Сарај, иако тој одамна требаше да го замени постојниот, кој поради дотраеноста е прогласен за старо железо. Новиот мост на Вардар е предвидено да се гради на педесетина метри од стариот, кој после тоа ќе се употребува како пешачки.

Иако повеќе години се зборува за неопходноста од нов мост, на терен возилата и натаму возат по тесниот дотраен коловоз. Особена опасност за стабилноста на мостот претставуваат тешките камиони и автобуси, кои и понатаму возат по него, оти нема друга алтернатива.

Откако пропаднаа два обида на Општина Сарај да се изработи проект за новиот мост и да почне да го гради, за што имаше и пари од Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје реши работите да ги преземе во свои раце. Градските власти информираат дека сега се работи на идејното решение, а за изградбата на мостот во буџетот за 2010 година се предвидени 30 милиони денари, односно околу 490.000 евра.

- Се' уште се работи на планско-урбанистичката документација што треба да ги дефинира сите аспекти за реализација на проектот. По изработката на идејните решенија ќе се распише тендер за изработка на изведбени решенија - велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Оттаму образлагаат дека засега не можат да се изјаснат за тоа колку ќе чини изведбата, бидејќи ориентационата цена ќе се утврди врз основа на изработен проект. Тие потенцираат дека динамиката и начинот на изградбата на мостот ќе зависат од спроведувањето на набавките.

Од Општина Сарај изразија уверување дека со изградбата на мостот ќе се почне годинава.

- Длабоко сме убедени дека оваа година ќе почне изградбата, но дека ќе трае и во наредната. Имаме најави од Владата и лично од премиерот Никола Груевски дека ќе помогнат во реализацијата на овој проект - вели градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Тој вели дека Општината за годинава нема издвоено средства од буџетот за изградба на мостот, но додаде дека, ако е потребно, тоа може да го направат со ребаланс.

- Досега немавме соодветен проект и не можевме да претпоставиме колку да издвоиме - образложи Беџети.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во нивната Програма за годинава не е предвидена реализација на проект за изградба на мост во Сарај.

Општината Сарај во два наврата се обиде да го изгради мостот. Министерството за транспорт пред неколку години обезбеди 10 милиони денари (163.000 евра) за започнување на проектот, но идејно решение не беше направено, а парите пропаднаа.

Уште пред пет години експерти од Градежниот факултет препорачаа стариот мост итно да се санира оти може да се урне. Оттогаш мостот се' повеќе пропаѓа, а ниту еден градоначалник не успеа да го реши проблемот. Единствено во февруари годинава екипи „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на коловозот и поставија две метални плочи што ги швајсуваа за конструкцијата на мостот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=11CA29FA4C87BC4B99C5D0C34A587E2E - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=11CA29FA4C87BC4B99C5D0C34A587E2E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2010 at 19:15
За камионите забрането, а автобусите во Вардар!



 
Забраната за движење на тешки моторни возила над 10 тони не важи за автобусите на ЈСП  
 
%20  
Со најновиот ребаланс на буџетот на градот, од предвидените 15 милиони денари за реконструкција на мостот во Сарај, останаа само 5 милиони. Овие средства, според градежните инженери, не се доволни ни да се удрат темелите на мостот. Мостот е во очајна состојба и е опасен за движење како на моторните возила, така и за пешаците. Патем, мостот е изграден за време на Втората светска војна или веднаш по неа. Се претпоставува дека го граделе заробени германски војници.

Сé уште е актуелна забраната за движење на тешките моторни возила над 10 тони. Иако неколку пати површински е саниран, мостот и понатаму останува ризична точка во тој дел од градот.

- Кога ќе помине автобус, па дури и помало камионче, целиот мост се тресе. Страшно е да се движите по него. Најдобро е овој мост да се сруши и да се изгради нов - вели Џемаил, жител на селото Сарај.
Надлежните од општината Сарај велат дека се свесни за ваквата состојба, но знаат дека ќе мора да се почека до следната година, кога од градската каса ќе им се обезбеди, неколку пати, најавуваната сума.

- Во моментов се поготвува техничката документација за мостот. Законскиот рок за сите овие работи и усвојувањето на локалниот урбанистичкиот план за овој дел од Сарај е до септември, по што ќе размислуваме за изградба на нов објект. А тоа ќе се случи идната година. Свесни сме дека сега градот нема пари, а и нема време се да помине низ процедурите на општинските, градските и државните институции и плус знаејќи дека зимно време не се гради, секако ќе ја почекаме 2011 година - ни изјави Бекир Мухамети, советник на градоначалникот на општината Сарај.

Тој појасни дека планот предвидува изградба на еден нов мост и реконструкција на стариот. Стариот ќе служи за влегување во Сарај, а новиот за излез, кон населбата Ѓорче Петров и градот. Во септември се очекува и реализација на тендерот за избор на изведувач, кој ќе го гради мостот. До Нова година можеби ќе се удрат и темелите на новиот мост, но и тоа не е сигурно, сé зависи од парите што ќе се обезбедат за оваа намена. Градот во овој проект најави дека ќе учествува со 26,32 проценти од вкупните средства, дел ќе даде Сарај, а најавени се и средства од Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за магистрални и регионални патишта. Од градот ги потврдуваат информациите и додаваат дека дефинитивно мостот останува за идната година.


%20


- Процедурите за изградба на нов мост во Сарај се почнати и се во фаза на проектирање. Финансиските средства се намалени, бидејќи во текот на оваа година треба да биде комплетирана техничката документација за новиот мост, со што голем дел од трошоците за неговата изградбаќе бидат оставени за наредната година - информираат од секторот за односи со јавноста на градот.

Сите анализи на мостот, и оние од 1995/1996 и оние што ги направи стручниот тим на Градежниот факултет во 2006/2007 година, покажаа дека тој не ги исполнува безбедносните услови за по него да се движат тешки возила, со маса над 10 тони.





И автобусите тежат

Еден обичен единечен автобус на ЈСП „Скопје“ е долг 12 метри и без патници тежи од 11 до 11.300 тони. Со патници ќе тежи околу 18 тони. Зглобните или „дуплите“ автобуси се долги 18 метри, а само автобусот тежи 14 тони. Доколку се наполни со патници, тој ќе тежи 28 тони.
 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101558461&id=14&setIzdanie=22026


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 01:32

Се подготвува проект за мостот во Сарај

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се надева дека до крајот на годинава ќе биде поставен камен- темелник на новиот мост на влезот во Сарај, кој треба да го замени стариот и веќе дотраен железен мост.

„Фирма-проектант веќе е во фаза на проектирање на мостот на влезот во Сарај. Се надеваме дека проектот ќе биде готов во септември или евентуално во октомври. Веднаш потоа ќе распишеме тендер за изведувач и се надеваме дека ако се помине во најдобар ред до крајот на оваа година ќе ставиме и камен-темелник на новиот мост“, рече Трајановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=20FAAA5ACCB96141BAC582F442B08139


Posted By: axel
Date Posted: 11-Sep-2010 at 10:44

Нов мост во Сарај сепак ќе се гради

Од Градот тврдат дека камен-темелникот ќе биде поставен до крајот на годинава, а мостот ќе биде бетонски со две коловозни ленти, широки по 3,5 метри и со велосипедско-пешачки патеки од двете страни

До крајот на годината ќе се постави камен-темелник на новиот мост на влезот во Сарај, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Мостот ќе биде изграден паралелно до постојниот Железен мост, кој со години не е реновиран, а по него сообраќаат и автобуси на јавниот градски превоз, како и тешки товарни возила иако не е препорачливо.

И покрај тоа што изградбата на нов мост требаше да биде врвен приоритет поради итноста на проблемот, почетокот на градежните работи со години беше неизвесен. Откако Општина Сарај не успеа да го изгради мостот, работата ја превзедоа градските власти, кои планираа да го градат в година. Сепак, последните информации од Градот се дека веќе е избрана фирмата проектант, „Прима инженеринг“, која треба да го израбпоти проектот за мостот.

Мостот ќе биде бетонски со две коловозни ленти, широки по 3,5 метри, а од двете страни ќе има пешачко-велосипедска патека, широка 2 метра.

Општинските власти во Сарај објаснуваат дека стариот мост ќе си остане и дека ќе се користи за влез, додека новиот за излез на возилата.

- Идејното решение е во фаза на завршување, а и локалниот урбанистички план за локацијата каде што треба да биде новиот мост помина. Со тоа се создадоа сите предуслови за почеток на проектирањето на мостот - нагласи Бекир Муамети, советник на градоначалникот на Општина Сарај.

Тој додаде дека новиот мост многу ќе наликува на оној во населбата Хром. Ниту Градот ниту Општината Сарај не прецизираат колку ќе чини изградбата.

Бекир вели дека и да нема доволно пари, и Градот и Општината Сарај ќе побараат помош од Агенцијата за државни патишта, која функционира во рамките на Министерството за транспорт и врски, бидејќи железниот мост и стариот пат за Тетово се дел од регионалниот пат 402, од каде што, како што рече, е планирано да издвојат пари за реализирање на овој проект.

Уште пред пет години експерти од Градежниот факултет предупредија дека стариот железен мост треба итно да се санира оти може да се урне.

Изградбата на нов мост, на само 50 метри оддалеченост од стариот, се најавува неколку години, но досега проблемот не го реши ниту еден градоначалник. Граѓаните секојдневно се изложуваат на опасност минувајќи по него, бидејќи алтернативниот приод до десетината населени места во Општина Сарај е предалеку. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF146A0547F8E848A3BAF393CE245A2E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Sep-2010 at 13:51
Не дај боже, треба сериозно да се оштети мостов па да биде некој притисок за да се реновира. Само незнам што планираат тоа со едниот мост а влез, другиот за излез. Ако мостов е неподобен за јавен превоз и за тешки товарни возила, како ќе биде подобен во еден правец? Dunno Нека направат добар широк цврст нов мост и стариов нека остане чисто пешачки.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2010 at 14:59
Пак нешто измешале новинариве...

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

Мостот во Сарај со две ленти

Штом ќе се решат проблемите со проектот за градба, ќе се удрат темелите за новиот проширен мост, најавуваат од Градот

Мостот во Сарај ќе почне да се проширува на крајот од годинава. Реконструкцијата на мостот, кој со години се додржува да не падне, конечно е испланирана како приоритет во Градот.
Според планираните активности, мостот, освен што ќе се асфалтира и ќе се зацврсти, ќе се прошири со две ленти.
Пари за реконструкцијата треба да даде Владата, и тоа околу 30 милиони денари, додека остатокот ќе го даде Градот.
"Имаме мали проблеми со проектот за градба, но нив треба да ги решиме во текот на неделава. Планираме во ноември да објавиме тендер за избор на изведувач, па веднаш по тоа ќе удриме и камен-темелник за новиот мост", вели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Мостот кај Сарај со години е крш и е сериозен проблем за тамошните жители. Иако е единствен пат до сите села во Сарај, како и до излетничкото место Матка, постојано е изрешетан со огромни дупки низ кои се гледа реката Вардар. За да не пропаднат, жителите секојдневно ги затрупуваат дупките со камења.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B6AB4A0E277AE643820A3A06A2C7D84D


Posted By: axel
Date Posted: 03-Feb-2011 at 14:16
ПОРАДИ ОЧАЈНАТА СОСТОБА НА СТАРИОТ ПРЕМИН

Нов мост во Сарај пролетва

Според проектот се превидува мостот да се гради од армиранобетонска конс­трук­ци­ја, да биде со две коловозни ленти, односно по една за двете насоки, и со пе­шач­ки патеки од двете страни

Гра­дот, конечно, пролетва ќе почне да гради нов мост во Сарај. Деновиве е завршен про­ек­тот за изгледот на мостот, по што ќе биде распишан тендер за избор на фир­ма која ќе ги изведува градежните работи. Според проектот, се превидува мостот да се гради од армиранобетонска конструкција, да биде со две коловозни ленти. од­нос­но по една за двете насоки и со пешачки патеки од двете страни.
"Оче­ку­ва­ме пролетва да почнеме со градбата на мостот во Сарај. Бидејќи стариот е во очајна состојба, решивме да градиме нов. Стариот нема да се урива туку, по из­град­ба на новиот премин, стариот ќе се користи како пешачки", велат од Град Скоп­је.
Кол­ку точно ќе чини новиот мост, од Градот не кажуваат, велат дека тоа ќе го зна­е­ле откако ќе заврши тендерот за изведувач.
Мос­тот во Сарај е небезбеден веќе шест години. Тогаш експерти од Градежниот фа­кул­тет препорачаа дека итно мора да се санира оти може да се урне. Полн со ог­ром­ни дупки низ кои се гледа реката, па граѓаните секојдневно ги затрупуваат со ка­ме­ња, за да не пропаѓаат возилата. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=87E078176F1B4848918259AD8E76C132


Posted By: axel
Date Posted: 28-Feb-2011 at 14:35

Градот избира фирма за нов мост во Сарај

По две години, административни проблеми и одлагања на изградбата, градските власти конечно распишаа јавен оглас за изведувач на нов мост во Сарај, на реката Вардар. Тој ќе биде сообраќајница меѓу Сарај и Ѓорче Петров, додека стариот железен мост во иднина ќе биде затворен за возила и преку него ќе може да се движат само пешаци.

Од Градот за сега не откриваат колку ќе чини реализација на овој проект.

- По завршувањето на јавната набавка за изведувач, ќе се знае и точната цена на чинење - одговорија од Одделението за односи со јавноста.

Потребата од изградба на нов мост е актуелна околу шест години, откако експерти од Градежниот факултет предупредија за неговата небезбедност. Препорачаа итни мерки за негова реконструкција, затворање за тешки товарни возила и за автобусите на ЈСП или во краен случај изградба на нов мост, но апелите со години не ги засегаа надлежните локални власти.

Оправдувањата беа разновидни: дека мостот е предвиден во урбанистичкиот план, но дека Општина Сарај нема средства. Потоа се вклучи Градот во намерата за изградба, но излезе проблем околу ревизијата на проектот.

Сепак, при кроење на буџетот, проекцијата за приближната цена на чинење на овој мост, ја кажаа стручните служби, беше околу милион евра. Сега за сега, рече портпаролот Неделчо Крстевски, парите целосно ќе ги обезбеди Градот. Но, не исклучи во меѓувреме да се вклучат и други институции.

Според изведбениот проект, мостот во Сарај ќе биде од армирано-бетонска конструкција со две коловозни ленти и пешачко-велосипедски патеки.

Мостот е на погодна локација, а според урбанистичкиот план, во негова близина се предвидува и изградба на средно училиште, универзитет, како и болница, информираа од Општина Сарај.

Должината на новиот мост ќе биде 50 метри, а ширината 12,5 метри. Новина ќе биде тоа што сообраќајот ќе биде регулиран со семафоризирана раскрсница.

Се предвидува изградбата на мостот да почне по изборот на изведувач. Се очекува да биде по три месеци. По завршување на градежните работи, како што велат од Градот, ќе биде ставен крај на секојдневните проблеми што ги имаат учесниците во сообраќајот, возачите и пешаците. Според договорот, предвидено е изведбата да трае една година. Проектот за новиот армирано-бетонски мост е на фирмата „Прима инженеринг“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=90696EAD1EFDB44094E450939EA03098


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:11
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на почетокот на градежните работи на новиот мост на реката Вардар во Сарај што е закажан за утре /02.06.2011 година, четврток/ во 14 часот кај постоечкиот железен мост во Сарај.

Почетокот на градежните работи на новиот мост во Сарај ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4278&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Djole88
Date Posted: 01-Jun-2011 at 17:42
Wow Am I dreaming RockRockRock

Конечно нека се среди еден од најголемите проблеми во патната инфраструктура во Скопје

Туку има некој инфо за изгледот на мостот, фирмата изведувач, рокот?


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Jun-2011 at 17:50
од информации за најбаналните работи врзани за проектов абер нема...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Jun-2011 at 16:44
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МОСТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО САРАЈ

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Pocetok%20na%20izgradba%20na%20most%20za%20Saraj.jpg"> Градот Скопје денеска /02.06.2011 година/ ја почна изградбата на новиот мост на реката Вардар што ќе ги поврзе населбите Ѓорче Петров и Сарај. Почетокот на градежните работи на новиот мост го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаким Адеми, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Велјановски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и градоначалниците на општините Сарај, Ѓорче Петров и Чаир, Блерим Беџети, Сокол Митровски и Изет Меџити.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Pocetok%20na%20izgradba%20na%20most%20za%20Saraj%20-%202.jpg"> -  Ми претставува особено задоволство што денеска го почнуваме новиот мост на реката Вардар во Сарај, мост што ќе претставува безбедна сообраќајна врска меѓу населбите Ѓорче Петров и Сарај и ќе овозможи поголем проток на возила. Потребата од изградба на новиот мост се јави поради дотраеност на стариот железен мост на оваа локација. Новиот мост во Сарај ќе биде армирано-бетонски, со вкупна должина од 50 метри, во три распони. Тој ќе биде паралелно поставен на постоечкиот железен мост на реката Вардар во Сарај, на растојание од 1,5 метри. На мостот ќе биде изграден коловоз со http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Pocetok%20na%20izgradba%20na%20most%20za%20Saraj%20-%203.jpg"> две сообраќајни ленти (по една во двете насоки) со ширина од по 3,5 метри, а ќе биде формирана и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Од двете страни на коловозот ќе се изградат пешачки патеки со ширина од по еден метар. На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Гранит АД“ – Скопје. Вредноста на овој капитален проект е околу 96,8 милиони денари, средства обезбедени од страна на Градот Скопје, општината Сарај и Владата на Република Македонија. Рокот на изградба на новиот мост на реката Вардар во Сарај е една година – рече градоначалникот Трајановски, на почетокот на градежните работи на новиот мост.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Pocetok%20na%20izgradba%20na%20most%20za%20Saraj%20-%204.jpg"> Градоначалниците на општините Сарај и Ѓорче Петров, Блерим Беџети и Сокол Митровски, ја нагласија добрата соработка со Градот Скопје и со Владата на Република Македонија за реализација на капиталните проекти што се од суштинско значење за развој на двете општини и на градот Скопје.

Заштитната ограда на новиот мост на реката Вардар во Сарај ќе се состои од челични столбчиња поврзани со профилиран лим.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Pocetok%20na%20izgradba%20na%20most%20za%20Saraj%20-%205.jpg"> Новиот мост ќе биде осветлен со челични канделабри.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4280&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 03-Jun-2011 at 02:33
Многу ми се допаѓаше мостов, меѓу ретките со ваква структурна конструкција, како од амерички филм

Oд новиот нема ли рендери...?


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jun-2011 at 09:48
Originally posted by HugoGoulding

Многу ми се допаѓаше мостов, меѓу ретките со ваква структурна конструкција, како од амерички филм

Oд новиот нема ли рендери...?


Нема потреба од минато време, стариот мост ќе остане како пешачки Cheers


Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Jun-2011 at 10:26
Состојбата со Стариот мост во Сарај можете да ја забележите само ако поминете пешки или со велосипед, има огромни дупки, доволно големи за помало животинче да го фрлиш директно во Вардар.

Јас само се надевам дека мостов нема да се гради 5-6 години, како што е случај со мнозинството на вакви проекти кај нас.


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Jun-2011 at 21:19
Originally posted by BOJAN

Состојбата со Стариот мост во Сарај можете да ја забележите само ако поминете пешки или со велосипед, има огромни дупки, доволно големи за помало животинче да го фрлиш директно во Вардар.

Јас само се надевам дека мостов нема да се гради 5-6 години, како што е случај со мнозинството на вакви проекти кај нас.

А ти што фрли? Маче или куче?  мала шала. 

Мило ми е што конечно ќе се прави нов мост бидејќи често поминувам од тука, само да не остане како предизборна лопата работава. 



-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Aug-2011 at 22:18

НА КЕЈОТ НА ВАРДАР СЕ РАБОТИ ТУРБО


Тампонирани темелите на новиот мост во Сарај


Изградбата на новиот мост во Сарај тече со предвидената динамика, информираат градските власти. Во моментов се копаат и тампонираат темелите од двете страни на Вардар, каде шТО ќе се инсталираат и бетонираат држачите на мостот.
- Досега екипите беа ангажирани на дислокација на целокупната инфраструктурна мрежа на теренот каде што ќе се гради мостот, а изградена се нова канализациска, водоводна, гасоводна и електрична мрежа. Тоа беше дел од проектот кој бара и најмногу време. Сепак, работите се одвиваат по предвидената динамика и се надеваме дека изведувачот ќе заврши како и што вети за 12 месеци, информираше Неделчо Крстевски од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Изградбата на новиот мост Беше повеќе од неопходна поради стариот и дотраен мост полн со дупки низ кои мораат да поминуваат жителите од Сарај и околните села, бидејќи тој им е единствената врска со градот. Новата сообраќајна врска преку Вардар почна да се гради во јуни годинава и ќе чини околу 96,8 милиони денари, средства обезбедени од страна на Градот Скопје, Општината Сарај и Владата на Република Македонија.

Според проектот новиот коловоз ќе има две сообраќајни ленти широки од по 3,5 метри, своја лента ќе добијат и велосипедистите кои ќе можат да возат по патека широка 2,5 метри, а пешаците ќе газат по тротоари широки еден метар. Заштитната ограда ќе се изработи од челични столпчиња поврзани со профилиран лим, а по целата должина ќе биде осветлен со челични канделабри. По изградбата на новиот мост Железниот ќе се користи како пешачки.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2F908E79AABBE04EAB4FC279652AE4C8 - изворна вест


Posted By: axel
Date Posted: 07-Sep-2011 at 11:59

Веќе три месеци се работи на изградбата на новиот мост кај Сарај, кој се изведува паралелно и во непосредна близина на стариот железен мост, кој со години не ги исполнува безбедносните стандарди, а експерти од Градежниот факултет постојано предупредуваа дека треба итно да се санира, бидејќи постои реална можност да се урне. 

Во моментот се работи на ископ на земјените површини, а рокот на изградба е една година.


- Во рамки на земјените работи се поставува и арматура за потпорни еллементи. По завршувањето на земјените работи ќе почне градежниот дел за изведба на овој инфраструктурен објект. Со проектот се предвидени и сообраќајни решенија за пристапување и исклучување од мостот и тоа со нови улици кои ќе бидат приклучени кон постојната сообраќајна мрежа која води кон и од мостот – велат од Градот.

Сообраќајните решенија ќе се изведуваат на крајот од реализацијата на проектот. Според планот, новиот мост ќе биде армирано-бетонски, со вкупна должина од 50 метри, во три распони, а ќе содржи и пешачка и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри.
За изградбата на мостот се предвидени околу 96,8 милиони денари, кои ќе се обезбедат од буџетот на градска власт, општината Сарај и Владата.

http://www.time.mk/read/44876ba6cd/da988a8d1a/index.html


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Sep-2011 at 10:48




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2011 at 17:41

Конечно потпорни столбови за мостот во Сарај

Полови­ на година откако почнаа градежните работи на новиот мост во Сарај, ко­нечно се подигнати потпорните столбови.

Градежната компанија "Гранит" во наредниот период треба да продолжи со изградба на мост кој ќе биде армирано-бетонски и со вкупна должина од 50 метри во три распони. На него ќе биде изграден коловоз со две сообраќајни ленти со ширина од по три метри и половина, и велосипедска патека во ширина од 2,5 метри, како и пешачки патеки.
Стариот мост ќе се користи како пешачки. Изградбата на новиот мост чини 96,8 милиони денари кои обезбедени од Град Скопје, Општина Сарај и од Владата.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=420D57583835E643B98F5475FA4A407D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Oct-2011 at 20:19
ЗАТВОРАЊЕ ЗА СООБРАЌАЈ НА МОСТОТ ВО САРАЈ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре 26.10.2011 година (среда) од 07 часот се затвора за сообраќај мостот на реката Вардар, во Сарај.

Мостот се затвора поради изградба на новиот мост и сообраќајот ќе се одвива по заобиколниот пат, кој што влегува во Сарај, а може да се користи и обиколницата околу Скопје за влез во Сарај и во продолжение за околните места.

Поради затворање на мостот автобусите што сообраќаат на линиите за Сарај и другите населби ќе бидат пренасочени по околната патна мрежа.

Поради отежнатите услови на патот се известуваат возачите и другите учесници во сообраќајот да бидат крајно внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за што побезбедно одвивање на сообраќајот.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4580&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2011 at 19:58

http://kurir.mk/republika/skopje/51708-Intenzivno-se-raboti-na-mostot-vo-Saraj - Интензивно се работи на мостот во Сарај

Среда, 30 Ноември 2011 12:00
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fkurir.mk%2Frepublika%2Fskopje%2F51708-Intenzivno-se-raboti-na-mostot-vo-Saraj&t=%D0%98%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98&src=sp - - - Сподели - - -  
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Поради изградба на новиот мост кој ги поврзува Ѓорче Петров и Сарај, стариот е затворен, а сообраќајот се одвива по заобиколниот пат.

most-za-Saraj500

Жителите на општина Сарај се револтирани поради целосното затворање на мостот и бараат во што поскоро време да се пушти барем едната лента.

-Исправен е револтот на граѓаните на општина Сарај, меѓутоа треба да знаеме дека Градот Скопје смогна сили после 50 години да гради квалитетен мост на реката Вардар, со што ќе им се овозможи на жителите на Сарај и на град Скопје комуникација со општина Сарај, Матка и сл. Јас сум често присутен на изградбата на мостот, по 2-3 пати неделно, за да ги интензивираме работите и за да им овозможиме на граѓаните што помалку да имаат проблеми, вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот вели дека сеуште не се знае од кога мостот ќе биде ставен во функција, но апелира до граѓаните на општина Сарај и Град Скопје да имаат трпение.

Мостoт се гради поради дотраеноста на стариот, поради зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и намалување на собраќајниот метеж, како и заради целосно растеретување на сообраќајот во овој дел од градот.

Ќе биде со вкупна должина од 50 метри во три распони. На него ќе биде изграден коловоз со две сообраќајни ленти со ширина од по три метри и половина и велосипедска патека во ширина од 2,5 метри, како и пешачки патеки.

http://kurir.mk/republika/skopje/51708-Intenzivno-se-raboti-na-mostot-vo-Saraj


Posted By: Dragan
Date Posted: 20-Jun-2012 at 14:49
Pred nekoj den koga izlagav od Skopje zaprimetiv deka noviot most sto vodi nakaj Saraj se realizira vo brzo tempo, koj e od toj del na Skopje neka napravi nekolku sliki Smile

-------------


Posted By: build.mk
Date Posted: 02-Jul-2012 at 21:23
Привршува изградбата на новиот мост кај Сарај

Изградбата на новиот мост на реката Вардар кај Сарај [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98 - »мапа ] е во завршна фаза и се очекува истиот да биде комплетиран во текот на септември годинава. „Изградбата на мостот е при крај, завршена е комплетната конструкција и поставена е плочата на коловозот. Останува да се дооформат пешачко – велосипедските патеки на мостот, да се изгради оградата и да се постави осветлувањето. По завршувањето на овие работи ќе се асфалтира коловозот на мостот со два слоја на асфалт. Паралелно со ова се работи на изградба на пристапните улици кон и од мостот во двете насоки со чие спојување ќе се заврши изградбата на овој голем инфраструктурен објект“, истакнуваат за „Билд“ од одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Армирано – бетонскиот мост што во моментов се гради на западниот излез од Скопје ќе биде со должина од 50 метри во три распони. Ќе има две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, велосипедска патека со ширина од 2,5 метри и пешачки патеки, а вкупната ширина ќе изнесува 12,5 метри. Како заштитна ограда е предвидено да се постават челични столбови. За решавање на сообраќајниот метеж, ќе се реализира пристапна сообраќајница од двете страни на мостот во должина од 650 метри. Вкупната инвестиција во овој проект изнесува 96,8 милиони денари, при што средствата се обезбедени од Град Скопје, општина Сарај и Владата на Р.М. Изведувач на градежните работи е компанијата „Гранит“ од Скопје, додека изведбениот проект за новиот мост го изработи фирмата „Прима инженеринг“. 

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200101.jpg">  Новиот%20мост%20кај%20Сарај http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200102.jpg">          Новиот%20мост%20кај%20Сарај http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200103.jpg">          Новиот%20мост%20кај%20Сарај


http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200103.jpg -

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200104.jpg">  Новиот%20мост%20кај%20Сарај http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200105.jpg">          Новиот%20мост%20кај%20Сарај http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Mostovi/Most%20Saraj/Most%20Saraj%200106.jpg">          Новиот%20мост%20кај%20Сарај



http://www.build.mk/?p=16231 - #
Објавено на 02.07.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82 - Гранит , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%98 - Мост Сарај , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Мостови , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Прима Инженеринг , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%98 - Сарај , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје


http://www.build.mk/?p=16231 - http://www.build.mk/?p=16231


Posted By: micko_v
Date Posted: 03-Jul-2012 at 12:37
Мислам дека ќе биде порационално новиот мост да се искористи исклучиво за сообраќај 2х2, додека стариот мост да се користи за пешаци и велосипеди. Така барем ќе се добие поголема проточност...


Posted By: mladen_s
Date Posted: 03-Jul-2012 at 13:57

Одлична идеја, која би допринела и за поголема безбедност. Единствен проблем би бил доколку некој веќе испланирал да го продаде железниот мост во отпад за старо железо..


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jul-2012 at 16:01
не ја пратам оваа тема баш добро,ама како да се сеќавам дека имаше најави дека железничкиот мост ќе остани како пешаки мост.барем така ми се чини ако не се лажам


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Jul-2012 at 22:22

ПРИВРШУВААТ РАБОТИТЕ СО ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МОСТ


Мостот кај Сарај добива финален изглед


Новиот армирано-бетонски мост е со должина од 50 метри во три распони. Ќе има две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, велосипедска патека со ширина од 2,5 метри како и пешачки патеки, а вкупната ширина ќе изнесува 12,5 метри

Новиот мост кај Сарај ќе биде готов до крајот на септември. Неговата изградба е во завршна фаза и се очекува конечно да биде пуштен во употреба за околу три месеци. Последните градежни активности кои се комплетирани е поставената целосна конструкција на мостот како и плочата на коловозот. Оваа вест посебно ќе ги израдува жителите на Сарај како и возачите што минуваат низ овој реон, кои повеќе нема да возат по 3 до 6 километри по обиколниот пат, односно автопатот кон Тетово за да стигнат до Сарај и Матка. Стручната експертиза на сообраќајните инженери, покажала дека стариот железен мост е исклучително фреквентен, но е во сериозна состојба, а оштетувањата не можат да се отстранат само со повремено санирање. Токму поради оваа причина, на стотина метри од местото на стариот, градските власти одлучија да изградат нов модерен мост со бетонска конструкција. Надлежните од град Скопје најавуваат дека мостот ќе биде готов до крајот на месец септември, за кога се очекува да финишираат градежните активности и да биде ставен во функција.
- Завршена е и поставена целосната конструкција, како и плочата на коловозот. Следно на кое што ќе се работи се пешачко - велосипедските патеки на мостот и поставување на оградата и осветлувањето. По комплетирањето на овие работи, ќе се започне со асфалтирање на коловозот на мостот со два слоја на асфалт. Паралелно со ова ќе се работи на изградба на пристапните улици кон и од мостот во двете насоки, со чие спојување ќе се заврши изградбата на овој капитален објект, информираат од Град Скопје.

Новиот армирано-бетонски мост кој се гради на западниот излез од градот ќе биде со должина од 50 метри во три распони. Ќе има две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, велосипедска патека со ширина од 2,5 метри како и пешачки патеки, а вкупната ширина ќе изнесува 12,5 метри. Како заштитна ограда предвидено е да се постават челични столбови. За решавање на сообраќајниот метеж, ќе се реализира пристапна сообраќајница од двете страни на мостот во должина од 650 метри. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 96,8 милиони денари, средствата обезбедени од Град Скопје, општина Сарај и Владата на Р.М. Изведувач на градежните работи е компанијата Гранитт од Скопје, додека изведбениот проект за новиот мост го изработи фирмата Прима инженерингг, а по изградбата на новиот мост, стариот железен ќе се користи како пешачки.

(Гр.З)

вечер


Posted By: Faciste
Date Posted: 10-Jul-2012 at 22:56
Зарем ќе го собере двокатнион автобус да помине на тој мост на сликава?!


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jul-2012 at 22:57
Originally posted by Faciste

Зарем ќе го собере двокатнион автобус да помине на тој мост на сликава?!
истото го помислив и јас LOL
ама многу побитно е тоа што требааше да го сопрат прометот на тешки возила на мостот и очигледно не го направија тоа


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 12-Jul-2012 at 05:03

Новиот армирано-бетонски мост кој се гради на западниот излез од градот ќе биде со должина од 50 метри во три распони. Ќе има две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, велосипедска патека со ширина од 2,5 метри како и пешачки патеки, а вкупната ширина ќе изнесува 12,5 метри. Како заштитна ограда предвидено е да се постават челични столбови. За решавање на сообраќајниот метеж, ќе се реализира пристапна сообраќајница од двете страни на мостот во должина од 650 метри. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 96,8 милиони денари,, средствата обезбедени од Град Скопје, општина Сарај и Владата на Р.М. Изведувач на градежните работи е компанијата Гранитт од Скопје, додека изведбениот проект за новиот мост го изработи фирмата Прима инженерингг, а по изградбата на новиот мост, стариот железен ќе се користи како пешачки.

(Гр.З)

вечер


Интересно е што цел нов мост од нула изграден чини 1,6 милиони евра додека реконструкција (ограда) на друг мост на истата река ама на друго место чини 1,3 милиони


Posted By: mitatos
Date Posted: 24-Oct-2012 at 13:15

ФОТО) Пуштен новиот мост на Вардар кај Сарај

ФОТО: Киро Попов

Новиот мост на реката Вардар што ги поврзува населбите Ѓорче Петров и Сарај кој ќе овозможи безбедно одвивање на сообраќајот, поголем проток на возила и одлична врска со омилените рекреативни места на скопјани - езерото Треска и кањонот Матка, денеска официјално е пуштен во употреба. 

Новиот мост, капитална инвестиција вредна 96,8 милиони евра, е со вкупна должина од 50 метри, паралелно е поставен на постоечкиот Железен мост над реката Вардар во Сарај кој е изграден пред повеќе од 50 години.


Пред присутните се обратија премиерот Никола Груевски, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, како и градоначалниците на Сарај и на Ѓорче Петров, Беким Мурати и Сокол Митревски, кои го подвлекоа значењето на мостот за унапредување на развојот на двете општини и за побезбеден сообраќај со поголема проточност. 

На мостот е изграден коловоз со две сообраќајни ленти со широчина од по 3,5 метри. Има и велосипедска патека широка 2,5 метри, како и пешачка патека со ширина од 1 метар. Мостот е осветлен со канделабри. Во текот на неговата изградба асфалтирани се и пристапните улици од страната на Ѓорче Петров и на Сарај, како и дел од магистралниот пат од Скопје кон Тетово.




http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C147657EC1EB74EAE750E09065C9821 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C147657EC1EB74EAE750E09065C9821



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 24-Oct-2012 at 14:30
Ихааа викате 96,8 милиони евра за мостов а? Пу бре мајку му, како Бугарија и Романија го премостија Дунав за 270 милиони не ми е јасно, според нашава сметка требаше да им излезе минимум по 100 милиона за 50 метри мост!
Аман бре новинариве, толку ли да немаат грам памет во главите, да се замислат малку а не да шлапаат се што им лиферувале!?

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: micko_v
Date Posted: 24-Oct-2012 at 15:04
Според мене се направи голема глупост што не ја искористија ширината на новиот мост за да го направат 2х2, наместо по една лента во секој правец. Мислам дека ќе беше многу порационално и сугурно за пешаците/велосипедистите стариот мост да се оспособеше за нив, а новиот само за моторен сообраќај. Вака имаме два моста, од кои само едниот е за моторен сообраќај и само по една лента по правец!


Posted By: Denko
Date Posted: 24-Oct-2012 at 15:09
96,8 milioni evra... hahahaaa... ova samo vo mak. mediumi mozes da go procitas ili slusnes


Posted By: Denko
Date Posted: 24-Oct-2012 at 15:23
Kako sto mislev taka ispadna. Se raboti za 96,8 miloni DENARI.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C147657EC1EB74EAE750E09065C9821


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 24-Oct-2012 at 16:07


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Oct-2012 at 17:44

Не се сеќавам колку години наназад се најавуваше мостов, но добро, сепак го дочекавме.

Две работи ми се многу чудни:

1. Прекршен е и важечкиот ГУП и нацрт ГУП-от кој сега е во процедура за донесување, а кои го предвидуваа новиов мост малку возводно по Вардар, и со малку поинаква орјентација, за да може да се вклопи во планираната примарна сообраќајна мрежа. Значи навистина не ми е јасно според кој урбанистички план е направена оваа инвестиција ваква каква што е.

2. Што бидна со првичните најави дека цената на мостот ќе биде околу 350 илјади евра, а сега достигна над 1,5 милиони евра. Не навлегувам дали првата цифра била потценета или втората е преценета, само се чудам како може да има толкави отскокнувања, кои во толкав голем распон не се сретнуваат ни за најавангардните и најризичните проекти?




Print Page | Close Window