Енергетска ефикасност
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=789
Printed Date: 17-Jul-2025 at 18:33
Topic: Енергетска ефикасност
Posted By: vardar
Subject: Енергетска ефикасност
Date Posted: 23-Jul-2008 at 09:57
Малце каснат со ова али сепак
( повторно се извинувам ако не е за тука )
СЕ ГОТВИ ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Без изолација, објектите нема да се пуштаат во употреба
Кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во неговата изградба
Добра изолација на деловните и станбени објекти во земјава ќе овозможи и до 50 проценти заштеда на енергијата. Тоа, според енергетски експерти, е голем бенефит во услови кога цената на топлинската и електричната енергија и на природниот гас постојано расте на светските берзи, а граѓаните во земјава немаат можност да бараат нови алтернативни решенија во услови кога енергетски сме зависни од увоз.
За таа цел во Министерството за економија интензивно се работи на подготовка на нов правилник за енергетска ефикасност. Во правилникот треба да бидат зацртени сите стандарди по кои еден деловен или станбен објект треба да биде изграден или реконструиран. Имено, кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во изградбата на ѕидовите и столбовите, во фасада и покривот, но ќе се цени и квалитетот на прозорците и вратите.
Според Дејан Зармановски, раководител на одделението за енергетска ефикасност при Министерството за економија, кога објектите ќе се пуштаат во употреба, доколку ги имаат исполнето условите од правилникот ќе добијат и официјален сертификат за енергетска ефикаснот. - Со сертификатот ќе се знае и вкупната потрошувачка на енергија по квадратен метар - вели Зармановски.
Тој појаснува дека овој документ предвидено е да го издаваат енергетски ревизори. Зармановски укажува дека треба да биде изработена климатолошка карта според која земјава ќе биде поделена на посебни климатски зони. - За ова треба да се ангажира посебна фирма од странство која во соработка со УХМР заеднички ќе ги постават мерните станици - вели Зармановски.
За него не е исто да се гради еден објект на југот или северот на земјава. - Изолацијата секако дека ќе биде помала ако објектот се гради во Гевгелија - смета тој.
Правилникот се очекува да биде готов до крајот на септември кога ќе треба да добие виза од новата Влада. И професорот на машинскиот факултет, Константин Димитров смета дека е неопходен ваков правилник. За него изолацијата на објектите значајно ќе придонесе во заштедата на енергијата. Тој е против употребата на дрва за греење бидејќи ќе се случи масовно уништување на буката и дабот што се користат како огревен материјал.
Димитров потсети дека во Градот интензивно се работи на проектната документација за гасификација и дека до крајот на годинава ќе почнат и градежните активности. - Употребата на природниот гас е еден од клучните решенија за земјава, а овој проект 14 години стоеше во фиока - нагласува Димитров.
Валентина МАРЈАНОВИЌ
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9657D97AA931449892B5D4122FC1860 - Вечер
|
|
Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:55
ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ СЕ УШТЕ ДАЛЕЧНА
Немаме пари, а трошиме струја без мера
Семејствата
во Македонија трошат помалку енергија од тие во Европа, но во споредба
со Европејците за неа плаќаат многу повеќе од тоа што го заработуваат.
Во пресрет на Регионалната конференција за финансирање проекти од
енергетска ефикасност и обновлива енергија „Недела на енергетика
Македонија 2009“ професорот Константин Димитров истакна дека во
Македонија семејствата се и натаму најголемите потрошувачи на енергија.
- Голем процент од енергијата се троши за загревање, со околу 40
проценти во вкупната потрошувачка на енергија учествуваат домаќинствата
- изјави Димитров. Според него, и покрај големото трошење, голем дел
од македонските граѓани и натаму живеат во нехумани услови кога станува
збор за затоплување на домот. - Во Македонија 30 проценти од
граѓаните живеат под прагот на сиромаштијата, веројатно исто толку, ако
не и повеќе, живеат и под прагот на енергетската сиромаштија, во многу
домаќинства загревањето во една просторија трае два-три часа и
граѓаните немаат услови во целиот стан да имаат прифатлива температура,
што во Европа се смета за право, хуманост, нормална температура - кажа
Димитров нагласувајќи дека единствен начин да се постигне европското
ниво е да се пристапи кон енергетска ефикасност и методите што
овозможуваат да се постигне иста температура, но со помалку потрошена
електрична енергија. Димитров изјави дека ако се намали потрошувачката
на електрична енергија од домаќинствата автоматски тоа ќе значи и
помали трошоци на индустријата што, пак, ќе доведе отворање нови
работни места и поголеми инвестиции. Професорот Марјан Бојаџиев истакна
дека на енергетската ефикасност во Македонија се уште се гледа како на
некој далечен процес. - Тоа е сериозно средство за вашата фирма да е
конкурентна на домашниот и на странскиот пазар. Замислете сите во
нашите домови и простории да користиме гас место да плаќаме парно,
струја, нафта и други облици на греење, тоа ќе значи дека вкупните
трошоци на секое претпријатие би паднале за сериозен процент. Освен
ова, сметам дека и Владата треба повеќе да се ангажира на полето на
енергетска ефикасност, да се донесе закон за даночна стимулација на
секој што ќе набави средство за заштеда на енергија во својата
канцеларија, тоа го прави Словенија - изјави Бојаџиев. Од 13 до 17
октомври во Скопје ќе се одржи годишната конференција „Недела на
енергетиката Македонија 2009“. На неа многубројни домашни и странски
експерти, функционери и стручни лица со серија предавање ќе се обидат
да го нагласат големото значење на користење на мерките на енергетска
ефикасност и придобивките што се добиваат од неа.
|
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123827
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 14:00
Сонцето и ветерот да влезат во домовите |
|
|
Обновливите
извори на енергија мора да станат начин на живот, со што ќе се намали големиот увоз
на електрична енергија и ќе се спречи одлевањето девизи |
|
|
|
 |
|
Македонија
треба да заштеди најмалку 9 проценти од потрошувачката на енергија во
следните неколку години. Во таа насока енергетската ефикасност, освен
што е императив и потреба на општеството, претставува и најдобриот и
најприфатлив ресурс со кој може да се намали големиот увоз на
електрична енергија и да се спречи одлевањето девизи. Во кратки црти
ова е пораката од Регионалниот бизнис-форум за енергетика што почна
вчера во рамките на неделата на енергетика во Македонија. Речиси сите
учесници се согласија дека обновливите извори на енергија мора да
станат начин на живот.
Претседателот на македонскиот центар за
енергетска ефикасност Константин Димитров смета дека во поглед на
енергетската ефикасност Македонија не доцни во споредба со земјите од
регионот.
- Енергетската ефикасност не подразбира дека
државата треба да вложува. Над 40 проценти од вкупната потрошувачка на
енергија отпаѓаат на домаќинствата, кои треба да штедат енергија, со
што ќе си помогнат на својот буџет. Улогата на државата е да обезбеди
фондови, ослободување од даноци и слично - изјави Димитров.
Тој
смета дека увозот никогаш не е добар. Многу подобро е енергијата да се
произведува дома, бидејќи на тој начин се вработуваат луѓе. Димитров
побара што побрзо да почне процесот на гасификација со брзо развивање
на дистрибутивната мрежа. Заменик-министерот за економија Методиј
Хаџивасков истакна дека користењето на обновливите извори на енергија,
како и енергетската ефикасност, се стратегиски цели на оваа влада.
-
Обновливите извори сега учествуваат со 15,3 проценти во вкупната
потрошувачка на енергија и до 2020 година тој процент треба да се
зголеми на 21,4 проценти - истакна Хаџивасков.
Според
евроамбасадорот Ерван Фуере, ЕУ со нетрпение го очекува усвојувањето на
акциониот план за енергетска ефикасност. Џани Бречевич, директор на
институтот ИРЕЕТ од Љубљана, посочи дека најголеми заштеди може да се
направат на јавното осветлување.
- За да се реализираат
големите проекти како Бошков Мост, Чебрен и Галиште, не треба да
инвестира само државата туку треба да се даваат и концесии, преку
јавноприватно партнерство да се ангажираат странски компании што би
можеле да инвестираат. Но за сето тоа е неопходно да се усогласи
законодавството. Тоа е првиот чекор што Македонија мора да го направи
за да привлече странски капитал - рече Бречевич.
Во однос на
ветерот како извор на енергија, Влатко Стоилов, професор од
Електротехничкиот факултет во Скопје, смета дека реалниот вкупен
потенцијал на цела територија е 150 мегавати што можат да обезбедат до
250 гигават-часа струја годишно. Капацитетот на ветрот е евидентен,
особено по долината на реката Вардар, во Овчеполието и околу Богданци. Карпош енергетски најефикасна општина
Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година.
Покрај
општината Карпош, награди за проекти од областа на енергетската
ефикасност добија и општините Аеродром, Чашка, Велес, Прилеп и Кочани.
Овие општини наградите ги добија поради поставување штедливи светилки, како и заради најефикасна енергетска контрола. На Виена и се брза со законските измени Во
текот на одржувањето на енергетскиот форум пристигна и веста од Виена,
која предупреди дека нејзините препораки за измени на Законот за
енергетика не се спроведени од страна на македонските власти. -
Секретаријатот на Енергетската заедница останува на мислењето дека
Законот за енергетика, како и правилникот за методите и условите за
Регулаторната комисија за енергетика треба да бидат изменети за во
целост да бидат усогласени со договорот на Енергетската заедница - се
вели во дописот на ЕЗ.
Енергетската заедница и замерува на
македонската влада поради недостигот од конкуренција на енергетскиот
пазар. Секретаријатот потсетува дека Владата се обврзала да го надгради
моделот на енергетскиот пазар, да обезбеди фер-третман на сите учесници
на пазарот и негова либерализација. Акциониот план, според ЕЗ, е првиот
чекор за да се достигне усогласеност со договорот на Енергетската
заедница.
Претходно министерот за економија, Фатмир Бесими,
истакна дека власта ги зела предвид сите забелешки од Виена и тие ќе
бидат спроведени.
Крајниот рок за донесување на новиот закон со сите измени е средината на идната година, појасни Бесими. -
Секретаријатот одблиску ќе ги набљудува конкретните акции преземени од
законодавецот и од регулаторните власти во следните месеци пред да
одлучи за преземање на следните чекори - ни изјави Аника Лесјак од
Виена. Македонија од 1 јануари 2010 година го презеде и претседателствувањето со Европската енергетска заедница. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1014993479&id=10&prilog=0&setIzdanie=21811
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2009 at 18:42
... Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година... |
Ако ова е само како потик тогаш е во ред, иначе реалноста е сосема друга. (имав веќе и уназад постирано слика како во сред ден светат уличните светилки, па дури и два и-маила испратив до е-општина, наравно ни одговор ни корекција)
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 15:25
Конференција за енергетска ефикасност во МАНУ
Повеќе од 500 експерти од областа на енергетиката, академици, претставници на финансиски институции,
министерства, агенции, амбасади и други значајни институции од цела
Европа ќе учествуваат на Регионалната конференција посветена на
енергетската ефикасност што утре и задутре ќе се одржи во Скопје.
Тие
ќе говорат на Конференцијата за финансирање проекти од енергетската
ефикасност и обновливи извори на енергија што во следните два дена ќе
се одржува во МАНУ. Клучен говорник е Срѓан Керим, претседател на 62-та
седница на Генералното собрание на Обединетите нации и специјален
пратеник од Генералниот секретаријат за климатски промени на ОН. На
конференцијата ќе учествуваат и говорници од Австрија, Албанија,
Бугарија, Хрватска, Србија, и како и експерти од различни региони во
Европа.
Учесниците ќе дискутираат за енергетската проблематика
во време на актуелната светска финансиска криза. Ќе се иницираат и
напредни мерки за заштеда на енергијата и наоѓање на алтернативни
извори за замена на фосилните горива. Притоа, акцентот на
конференцијата ќе биде ставен на потребата од поголема меѓународна
соработка за оваа проблематика.
Програмата на конференцијата
двата дена ќе почнува во 9.30 часот, а учеството не се наплаќа.
Организатори се Центарот за енергетска ефикасност на Македонија
(МАЦЕФ), МАНУ и Скопски саем. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=973ED9058EA18744B02486A0FAB8EABA
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2009 at 15:50
Домаќинствата најмногу ја трошат енергијата |
|
|
Најголеми
расипници
на енергијата се домаќинствата
и јавните објекти, со
над 40
отсто од
вкупната потрошувачка
|
|
|
|
 |
|
Македонија
може да ја оствари европската директива за учество од 21 отсто на
обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија до 2020 година,
заклучија експертите на вчерашната регионална конференција посветена на
енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Клучната
дилема е дали тоа да се постигне преку користење на биомасата, како
еден од најексплоатираните ресурси досега. Ако ги исечеме шумите за
добивање енергија, ефектот ќе биде контрапродуктивен, предупредуваат
екологистите. - Со учество на обновливите извори на енергија од 15,3
отсто во потрошувачката на финална енергија во 2005 година, Македонија
спаѓа во земјите со релативно големо искористување на обновливите
извори на енергија. Подобри од нас се Шведска, Финска, Австрија и
Литванија.
Предвидувањата се дека учеството на обновливите
извори до 2020 година може да се зголеми на 25 отсто - истакна
академикот Глигор Каневче.
Најновата директива на ЕУ налага од
земјите-членки учеството на енергијата од обновливите извори да биде 20
отсто. Роберт Шарламанов од Австриската развојна агенција во Македонија
смета дека искористеноста на обновливите извори кај нас е помала и се
движи до 10 отсто, бидејќи биомасата, односно горењето дрва, не треба
да се третира како обновлив ресурс. Повеќето од учесниците на
конференцијата како најголем потрошувач на енергија ги посочија
домаќинствата и јавните објекти, со над 40 отсто од вкупната
потрошувачка. Претседателот на МАЦЕФ, Константин Димитров, смета дека
Македонија со воведување мерки за енергетска ефикасност до 2020 година
може да заштеди над 2.000 гигават-часа електрична енергија, што е
еднакво на годишното производство на првиот блок на РЕК „Битола“ и ТЕЦ
„Осломеј“ заедно.
- Потребна е само мала изолација на прозорците
или нивна замена. Граѓаните треба да внимаваат и при изборот на
апаратите за греење и ладење и да не го купуваат најевтиното. Значајна
е енергетската етикета, односно апаратот да е ефикасен и да не троши
многу струја. Полека се поттикнува свеста кај граѓаните дека трошењето
на енергија удира по џебот, но сепак државата мора да спроведе подобра
кампања за информирање - истакна Димитров.
Од името на Бан
Ки-мун, генералниот секретар на ОН, зборуваше и Срѓан Керим, кој
запраша дали светските лидери и понатаму ќе бидат троми, слепи или
полуслепи или ќе постигнат спогодба што ќе им користи на сите
генерации.
- Енергијата е во суштината на секое економско
прашање и во овој сектор има најголема емисија на штетни гасови -
нагласи Керим. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10309948556&id=10&prilog=0&setIzdanie=21824
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Nov-2009 at 19:39
Владата ќе не' учи да штедиме струја
Министерството за економија, кое објави оглас за спроведување кампања за штедење електрична енергија, не открива колку ќе чини проектот, бидејќи било деловна тајна како се трошат парите на граѓаните
Министерството за економија преку кампања ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја. Од наредната година со реклами ќе ги бомбардираат граѓаните преку печатените и електронските медиуми, ќе се печатат и летоци со цел граѓаните да се информираат како да заштедат електрична енергија. За тие што не разбрале, ќе се печати и посебен прирачник со упатства кои апарати од домаќинството колку трошат и како може да заштедат енергија. Колку пари ќе се плати за едукација на граѓаните Министерството не кажува, бидејќи било деловна тајна. Посебна целна група ќе бидат децата во училиштата.
-Тоа е набавка која ќе ја реализираме заедно со државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Ние не можеме да откриеме колку пари се предвидени за набавката, бидејќи тоа е деловна тајна. Кампањата ќе опфати и посета на училишта. Стручен кадар ќе оди по училиштата и ќе ги анимира децата за можностите за заштеда на електрична енергија. Станува збор за препораки за штедење електрична енергија и целта е да се промовираат различни начини за штедење струја - објаснуваат од Министерството за економија.
Според ресорот предвидено е кампањата да трае три месеци. Огласот трае до средината на идниот месец и по целата тендерска процедура кампањата можеби ќе се емитува последниот месец од зимата, кога потрошувачката на енергија е најголема.
- Најдобро е кампањата да биде брзо готова и да го опфати зимскиот период. Но, тоа не зависи од нас. Не знаеме кога точно ќе почне да се емитува бидејќи се' зависи од понудувачите и рокот кој тие ќе го побараат за реализација на кампањата - велат во ресорот.
Инаку, ова не е прв оглас за ваква кампања. Досега имало и други, но пропаднале. Првичната идеја, пред три години била државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО заедно со ЕВН и Министерството за економија да ја реализираат оваа кампања. Откако не се договорија, ЕВН сама веќе реализираше една ваква кампања. Пред неколку години беше договорено четирите субјекти да одделат по 25.000 евра или вкупно 100.000 евра за реализација на првата фаза од оваа иста кампања.
Од ЕВН велат дека кампањата за разумно користење на енергијата ја почнале пред три години, со едукација на најмладите потрошувачи во основните училишта низ државата.
- Сега кампањата само ја проширивме кон пошироката јавност. Тоа е поради големото значење на енергијата во ова време, како и важноста за граѓаните да знаат како таа да се заштеди. Моќта е во рацете на граѓаните, од нив зависи, на пример, дали на празната соба и' треба темница или светло. Граѓаните најмногу ќе придонесат глобално за заштеда на енергијата и заштита на околината само преку индивидуален пристап за намалување на своите трошоци за енергија, односно преку штедење енергија и пари - изјави Ленче Карпузовска, раководител на одделот за комуникации во ЕВН.
Според експертите, енергетската ефикасност, која е топ-тема на светско ниво, кај нас се' уште е во својот зародиш. Според одредени истражувања повеќе од половината од граѓаните не знаат што значи терминот разумно користење на енергијата. А дури 83 отсто од нив не знаат што значат категориите А, Б, Ц, Д на апаратите за бела техника, кои всушност ја означуваат рационалната потрошувачка на енергија. Најголем проблем во ефикасната потрошувачка на електричната енергија во Македонија е тоа што голем дел од граѓаните, односно повеќе од половината од домаќинствата, се греат на струја. Енергетската ефикасност всушност значи да се потроши што помало количество енергенси, за да се добие исто количество енергија.
И квалитетните пердиња штедат енергија
На интернет-страницата на Министерството за економија од поодамна има кампања насловена „Штеди електрична енергија - инвестирај во својата иднина!“ На неа има препораки како се штеди струја.
Поставување регулатори на термостатите за парното греење, исклучување на сијалиците и на телевизорите, макар и неколку минути ако се напушта просторијата, да не се ладат и проветруваат просториите често, да се користи дневната светлина, прозорците, особено оние со еднослојно стакло ноќе да се прекриваат бидејќи влечат многу топлина, како и правилно да се поставуваат и да се користат апаратите за домаќинство.
Покрај овие препораки Министерството извлекува и други совети за граѓаните, на пример, каков материјал на перде или завеса заштедува енергија, препорачува и правилна изолација на вратите и на прозорците за да се редуцираат топлотните загуби, како и затворање на оџаците, бидејќи преку нив се одлевало големо количество топлина.
Александра Филиповска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DB452DFEDB7583459E3554F9457066EC - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DB452DFEDB7583459E3554F9457066EC
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2009 at 20:58
Низ старите прозорци ни летаат милиони евра |
|
|
Со примена
на енергетска ефикасност во апсолутен износ може да се заштедат десетици милиони
евра годишно,
смета вицепремиерот Зоран
Ставрески |
|
|
|
 |
|
Со
едно евро вложено во енергетска ефикасност се заштедуваат 2,2 евра на
трошоците за снабдувањето со струја. За Македонија тоа е заштеда од
десетици милиони евра годишно. Подобрувањето на енергетската ефикасност
мора да почне со јавните згради како најголеми потрошувачи (со над 40
отсто) на електрична енергија.
Ова се препораките на домашните
и странските експерти што вчера дебатираа за финансирање проекти за
енергетска ефикасност во јавни згради во Македонија. Експертите се
согласни дека власта и граѓаните мора да го сменат односот кон
енергијата, бидејќи таа секојдневно ќе поскапува и ќе удира по нашите
џебови.
- Македонија мора да го промени курсот во трошењето на
енергијата. Наместо да изградите нова централа, може да се потрудите
енергетските извори да ги користите поефикасно. На овој начин реално е
да се заштедат 40 проценти од постојната потрошувачка на електрична
енергија, односно може да се заштеди со инвестиции што би се исплатиле
за најмногу осум години - истакна Питер Јохансон, претставник на
Светската банка. Според вицепремиерот Зоран Ставрески, потребен е
радикален пресврт во свеста и во односот и кон енергијата и
екологијата.
- Верувам дека во апсолутен износ станува збор за
заштеди од десетици милиони евра годишно. При спроведувањето на
енергетската ефикасност најдобар е комбиниран моден на финансирање од
донатори, Владата и од приватниот сектор - истакна Ставрески.
Македонија
има на располагање повеќе фондови за енергетска ефикасност преку разни
меѓународни финансиски институции. Министерот за економија Фатмир
Бесими најави дека ќе се формира координативно тело со претставници од
владини и донаторски институции за подобро да се спроведат проектите за
енергетска ефикасност и да се искористат фондовите за финансирање.
- Македонија има четири пати помала енергетска ефикасност во споредба со земјите од ЕУ - нагласи Бесими.
Според министерот за здравство Бујар Османи, болниците се 2,5 пати поголеми потрошувачи од комерцијалните објекти.
Тој
за идната година најави реконструкција на 40 јавни здравствени установи
преку промена на постојните прозорци со термопан-прозорци, од што се
очекуваат заштеди од 20 проценти. Реновирање училишта, студентски
домови, промена на фасади и прозорци најави и министерот за образование
Никола Тодоров.
- За целата држава енергетската ефикасност е
ресурс, не е само мерка. Важно е сите како граѓани да го сфатиме тоа,
да го промениме однесувањето кон енергијата- предупреди Константин
Димитров, професор од Машинскиот факултет. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121691035531&id=10&prilog=0&setIzdanie=21863
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 21:00
Македонија ќе има пристап до 400 милиони евра за енергетска ефикасност |
|
|
По
иницијатива на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и на Германската
банка за развој (КФВ) вчера во Брисел беше создаден Фонд за енергетска
ефикасност во Југоисточна Европа |
|
|
|
 |
|
Предвидено
е од овој фонд да се финансираат проекти за енергетска ефикасност и за
развој на возобновливи извори на енергија во Македонија, Албанија,
Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора,
пренесе МИА.
Се очекува Фондот во следните четири-пет години
да собере околу 400 милиони евра, кои би биле обезбедени од државни и
приватни инвеститори. Поголемиот дел средства на фондот ќе им бидат
доделувани на компании, но и на домаќинства, во форма на кредити.
На стартот ЕИБ и КФВ за фондот обезбедија по 25 милиони евра, а Европската комисија 20 милиони евра. |
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891029281&id=10&prilog=0&setIzdanie=21865
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:46
КАРПОШ СЕ СВРТЕ КОН АЛТЕРНАТИВНИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ Сонцето ќе ги светне градинкитеРоза Петкова
Сите градинки и основни училишта во општина Карпош во наредните две-три години ќе се преориентираат на користење алтернативни извори на енергија, па наместо греење да добиваат од „Топлификација“, ќе ги користат подземните води и енергијата складирана во земјата, а внатрешно осветлување, наместо од ЕВН Македонија, ќе добиваат од сончевата светлина. Италијанска фирма за 20 објекти веќе работи студија, која треба да биде готова до април 2010 година, а проектот го води општина Карпош заедно со Министерството за животна средина, Министерството за екологија на Италија и италијанската канцеларија при македонското министерство, кои се и главните финансиери. - Градинките и училиштата сакаме да ги направиме енергетски независни и да ги тргнеме од системот на „Топлификација“, па греење да добиваат преку геотермални пумпи, а целото внатрешно осветлување на објектот да биде од сопствени фотоволтаични системи кои ја користат сончевата, односно дневната светлина преку соларни панели што ќе се постават на покривите и по дворовите. Имаме потпишани договори со партнерите во проектот, при што финансискиот удел на општината е најмал - објаснува Љупчо Димов од Секторот за развој на општина Карпош. Целиот проект чини од 10 до 12 милиони евра, а треба да се реализира во 2010 и 2011 година. Освен преку новите системи за греење и за осветлување, енергијата во градинките и во основните училишта ќе се штеди и со тоа што општинските власти ќе ги заменат сите врати и прозорци. Од своето досегашно искуство со примената на сончевата енергија, во Карпош велат дека се задоволни, а следниот поголем проект се соларните светилки кои планираат да ги постават низ петкилометарскиот пат од Средно Нерези до Горно Нерези. Инвестицијата чини 18 милиони денари, кои треба да се обезбедат од меѓународни институции, а ќе трае до 2011 година. - На секои 30 метри ќе се поставува по една светилка, а вкупно 180 такви светилки ќе се монтираат по целиот пат. Тоа се автономни светилки, со соларни панели кои имаат моќност од 12 волти и се поставуваат таму каде што нема довод за електрична енергија поради тешкопристапниот терен, како што е Водно. Ние решаваме да ги поставиме и на места каде што нема приклучоци од ЕВН и така правиме нови линии - вели Димов. Освен автономни соларни светилки, во Карпош се поставуваат и такви кои работат со светлечки диоди и имаат моќност од 220 волти. Двата типа на светилки штедат енергија, а досега во општината се поставени 61 соларна светилка, на детските игралишта во Трнодол, Жданец и во Влае, во паркот кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на други локации.
Технолошки парк за талентирани деца
Технолошкиот парк, кој треба да ја замени поранешната зграда на „Народна техника“ и да ги собира децата со посебни таленти, кои сакаат да го надградат своето знаење, е идеја на Општина Карпош која властите сакаат да ја спроведат на нивно подрачје. Објектот треба да биде пример за енергетска ефикасност, да има и најсовремена изолација, да користи сончева енергија, ладење и греење од технолошка вода и да биде заштитена на земјотрес, со тоа што во неа ќе се вградат перничиња за сеизмичка стабилност. Во паркот би се собрале сите патенти од Македонија и се замислува како прв ваков објект на Балканот. Изградбата е планирана во наредните две години и ќе чини 300.000 евра. Улогата на Општината ќе биде да најде локација за градба и да го ослободи инвеститорот од комуналии. | http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1899&ArticleID=129713
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Dec-2009 at 23:13
Прекрасна идеја, ако ја оствари
Ова се тие светилки кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, но веќе неколку не работат, што чудно ми падна да лед прегори, но највероватно е електронскиот претварач или акумулаторот !!??
 2009-12-05
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2009 at 13:35
ЛЕД може да прегори ако е "пробиен", ако е пуштен поголем напон, макар и за момент. Или па да е нешто фалична.
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2010 at 15:27
Стаклото штеди струја колку производството на РЕК „Битола“ |
|
Стотици милиони евра може да заштедат државата и граѓаните со најобична промена на стаклото од прозорците |
|
 |
Заштедата
во енергија би била толкава што најголемиот производител на електрична
енергија во земјата РЕК „Битола“ не би имало потреба да работи, ниту
пак би имале потреба од изградба на нуклеарка, смета експертот Томе
Костадиновски. Тој вчера, заедно со Петар Николовски го промовираа
својот научен труд „Стаклото во функција на енергетска ефикасност на
зградите“, прв од ваков вид во државата.
- Низ ѕидовите се
случуваат најголемите енергетски загуби. Со замена на стаклата загубите
може да се сведат на минумум. Тоа е врв во градежништвото и претставува
законска обврска во развиените земји, каде што трошоците се намалија за
речиси 95 отсто - вели Петар Николовски.
Според Костадиновски,
пак, дури 75 отсто од бруто-домашниот производ отпаѓаат на увоз на
енергенси, од кои 600 милиони евра на увоз на нафта и нафтени деривати
и 150 милиони евра на увоз на струја. Со примена на ваквите стандарди
во градежништвото, Македонија активно ќе се вклучи и во глобалното ниво
за климатски промени и намалување на затоплувањето, вели тој. |
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=34101042201&id=10&prilog=0&setIzdanie=21925
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2010 at 15:53
Прееска ја пролистав Нова Македонија и намерно не го постирав текстот затоа што проценките на господата „експерти“ се тотален булшит. Навистина заштедите би биле огромни, но ни приближно колку нивното тврдење. Зарем сериозен човек може да изнесе ваков став:
Заштедата
во енергија би била толкава што најголемиот производител на електрична
енергија во земјата РЕК „Битола“ не би имало потреба да работи, ниту
пак би имале потреба од изградба на нуклеарка, смета експертот Томе
Костадиновски. |
А каде е индустријата? Каде се другите потреби на домаќинствата освен енергија за затоплување и ладење. Дали цело време владеат крајно ниски или крајно високи температури? Колкави се загубите што не се поврзани со стаклото? Итн итн... А да потсетам, производството на РЕК Битола е околу 80% од домашното производство на електрична енергија.
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Mar-2010 at 15:53
95% е претеризам си во право, ама не треба експерт да ни каже колку изолацијата е преважна. Јас сум многу револтиран бидејќи имам некое чувство дека само јас сум досаден со оваа работа и на никој друг не му е приоритет. Впрочем ова е многу поважно отколку изгледот на една градба. Ако сака нека е ужасно грда една зграда (макар што и сега добивме ужасно грди градби со новите проекти...), сепак мора да е енергетски ефикасна! Можеби „научникот“ си дели од ракав аргументи, ама дека само прозорците менуваат до 50% е многу реално! Плус ѕидовите, плус наместо прозорци фотоќелии и бескрајно многу работи.
Инаку РЕК Битола има удел од ~60% од производството на електрична енергија во Македонија.
Се нервирам што сите балканци сме дебили невидени. Во Грција можат сите да си отворат соларна централа во дворот ама се тотално игнорантни А кај нас пак нема да се реши никогаш сè додека енергетската ефикасност не стане еден од 2.000.000-те бенчмаркови за ЕУ 
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: nenad
Date Posted: 04-Mar-2010 at 17:11
so preteruvanje sakaat da go svrtat vnimanieto vrz ova problematika. Se razbira deka procentite se preterani, no energetskata efikasnost sekade na Balkanot e mogu mala. Vo EU ima strogi standardi povrzani so energetsksata efikasnost, koi se primenuvaat na sekoe nivo od gradenjeto. Duri pri priemot na stanbenbenite objekti tie se snimaat so infracrvena kamera za da se otkrijat mestata od kade istekuva toplinata.
Se razbira deka povekedeceniskoto nevnimavanje vo upotebata na izolacija kaj nas ne moze da se resi za nekolku dena, toa e makotrpen i skap proces, no treba da se pocne, zastedite se ogromni. Prvo so nosenje na drzavna strategija, pa preku donesuvanje soodvetni zakoni i podzakonski akti, pa normi i standardi koi gradeznata inspekcija strogo bi gi kontrolirala. Dobro bi dosala i ponekoja subvencija od drzavata. Za starite zgradi mozno resenie e postavuvanje na izolacija od nadvor, mislam deka EU nudese i nekoi fondovi za toa, dodusa toa bese pred poveke godini, ne znam kako e denes.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2010 at 19:44
Апсолутно треба да се сврти внимание кон енергетската ефинкасност, но не верувам дека тоа може да се постигне со сензационалистички претерувања од онолкави размери. Така пре го губат кредибилитетот и оставаат впечаток на шарлатани.
Инаку РЕК Битола има удел од ~60% од производството на електрична
енергија во Македонија.
| Од сајтот на ЕЛЕМ: РЕК "Битола" овозможува над 72 отсто учество во
вкупното производство на електрична енергија во домашниот
електроенергетски систем.
Не е ни толку битен точниот процент бидејќи е јасно колку претерале дечките од текстот во Нова Македонија.
|
Posted By: arhitekta26
Date Posted: 30-Mar-2010 at 16:14
не знам каj нас како одат работите но jaс сум у бугариjа веке од 8 години и тука го изгласаа законот за кажано на бугарски "енергоспетяване"!!!!! каj нас имали ли нешто такво или не??????????
------------- колко по-просто толку по-убаво!!
www.proarh-bg.com
|
Posted By: Max
Date Posted: 30-Mar-2010 at 18:59
уште 2008 се стокми http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13254#13254 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13254#13254 но нема кој да го спроведи сега со новиот закон за градежништво и дополнително се упатува на него со обврската за затворени фасади, но сеуште сме далеку од турбо оправање на ова поле!
|
Posted By: axel
Date Posted: 09-Apr-2010 at 17:10
Македонија
на дното според енергетската ефикасност
петок, 09
април 2010, 17:44
Македонија троши дури
четирипати повеќе енергија за исти потреби, во споредба со останатите
европски земји - тоа ја става на дното во регионот по енергетска
ефикасност.
Невладините организации кои работат на оваа проблематика велат дека
истакна дека земјава има потенцијали за обновлива енергија, но тие
недоволно се користат.
Административните процедури и честите промени на тарифите и
правилниците, според невладиниот сектор се главните причини поради кои
инвеститорите не се решаваат да вложат во обновливите извори на
енергија. Регионалната конференција на невладиниот сектор од Југоисточна
Европа за енергетска ефикасност завршува утре. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=20813
|
Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-Apr-2010 at 14:03
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА Струјата оди во ветер
Македонија е на дното по енергетска ефикасност во регионот и троши дури четири пати повеќе енергија за исти потреби од европскиот просек. Ова беше истакнато на Регионалната конференција за одржлива енергија на југоисточна Европа, што вчера се одржа во Скопје. - Во Македонија не се прави многу за обновливите извори на енергија, а последнава недела беа намалени и субвенциите за производство на енергија од сончеви колектори, што е лош сигнал за сите потенцијални инвеститори. Владата дури одлучи да ги намали и субвенциите за граѓаните што инвестираа во соларни панели за топла вода - рече Искра Стојковска од невладината организација „Фронт 21/42“. Како причина за тоа зошто нема поголеми вложувања во енергетскиот сектор се наведува несигурноста на инвеститорите поради честите промени на тарифите и на правилниците, како и административните процедури и пречки со кои се соочуваат тие. - Цената на електричната енергија од обновливи извори на енергија во принцип е поскапа, но постојат модели како и кој ќе ја плати разликата во цена. За разлика од обновливите извори, фосилните предизвикуваат последици за здравјето на луѓето и за тоа се одлеваат пари за лекување кои ние директно не ги плаќаме во електричната енергија поради што таа изгледа поевтина - вели Стојковска. Формирањето неформална мрежа на невладини организации од регионот на југоисточна Европа, кои работат на темата одржлива енергија и споредувањето на состојбите во енергетиката во регионот, е основната цел на регионалната конференција за одржлива енергија. - Државите од регионот наидуваат на слични проблеми, а невладините организации имаат слични ставови во однос на проблемите со одржливата енергија. Затоа сметаме дека е неопходен регионален пристап особено ако се има предвид дека потенцијалите за обновлива енергија на регионот главно се недоволно искористени - изјави Стојковска. Бернард Ивчиќ од невладината организација „Зелена акција“ од Хрватска истакна дека во неговата земја има добри услови и потенцијали за производство на електрична енергија од обновлива енергија, но тие не се доволно искористени. - Причина за тоа е недоволната информираност и свест на надлежните за донесување одлуки за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и големото влијание на големите енергетски компании кои ги користат постојните извори на енергија - рече Ивчиќ, нагласувајќи дека состојбата на тоа поле е слична во сите земји од регионот. Тој не препорачува изградба на големи хидроцентрали, иако даваат чиста енергија поради големата еколошка штета што ја предизвикуваат заради неопходноста од изградба на акумулации.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138096 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138096
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Apr-2010 at 16:36
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Jun-2010 at 14:28
Како да заштедиме 1,2 милијарда евра! |
|
|
Новите згради од „Скопје 2014“ иако се во барок-стил, ќе бидат опремени со најсовремени градежни
материјали, ќе
бидат штедливи
и енергетски
ефикасни |
|
|
|
 |
|
Сиромавиот
секогаш двапати плаќа. Оваа народна мудрост ја отсликува и состојбата
со трошоците на јавните објекти во државата. Поради нивната старост и
некомпатибилност со меѓународните енергетски стандарди големи се и
давачките за затоплување и ладење на овие објекти. Тука посебно
предничат школите и болниците. Според анализите на Македонската
агенција за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), можностите за заштеди на
енергија во јавните објекти се мерат со повеќе стотици милиони евра. И
во стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година, до која дојде
„Нова Македонија“, пред таа и официјално да биде промовирана, се
предвидуваат вкупни заштеди од 1,2 милијарда евра во неколку сектори
(резиденцијален, комерцијален, индустриски и транспортен), со претходна
инвестиција од 522 милиони евра. Секако, за да се заштеди, мора прво да
се вложи во реновирање и адаптација на ваквите објекти. Стратегијата е
подготвена од Македонскиот центар за енергетска ефикасност, Алијансата
за заштеда на енергија, со поддршка од УСАИД и Меѓународната ресурсна
група. Заштедите во потрошувачката на енергија што можат да се остварат
само во комерцијалниот сектор, каде што влегуваат и јавните објекти,
достигнуваат 124,5 милиони евра. Од Владата нагласуваат дека се свесни
за високите трошоци за енергенси и затоа сите нови државни објекти што
се градат ги исполнуваат стандардите за енергетска ефикасност, и со тоа
се штедливи згради.
- Иако имаше разни тврдења дека се градат објекти во стар барок-стил,
без разлика на надворешниот изглед, новите објекти од проектот „Скопје
2014“ ги исполнуваат сите стандарди за енергетска ефикасност. Сите
архитекти се водат од современите трендови и запазени се највисоките
стандарди за изолација и на материјалите што се вградуваат, за објектот
да биде енергетски ефикасен - ни изјави Мартин Мартиновски, портпарол
на Владата.
Во сите европски земји се полага големо внимание на енергетската
ефикасност на јавните згради. Во Германија енергетската ефикасност сé
повеќе е застапена во градбите, бидејќи енергијата станува сé поскапа,
додека материјалите за изработка на енергетски ефикасни објекти
стануваат сé поевтини и подостапни. Според Герхард Шредер, одговорен за
Југоисточна Европа на компанијата „Профајн“, само преку прозорски
системи можни се заштеди и до 50 отсто од енергијата.
- Новите европски прописи дозволуваат субвенционирање само на градбите
во кои се посветува внимание на заштеда на енергијата. Контролата какви
градежни материјали се вградуваат се води во таканаречениот „енергетски
пасош“ на објектот - вели Шредер.
Дури и германскиот Бундестаг располага со соларни панели со кои се
снабдува со енергија. Во проектот за реновирање на македонското
собрание не се предвидува поставување соларни панели, туку специјално
стакло.
- Со проектот за доградба, надградба, адаптација и зајакнување на
Собранието е предвидено на постојниот објект да се заменат старите
прозорци со нови и изведување нова фасада. Во проектот се применети
термоизолациски материјали во секој домен, и тоа: на надградбата се
предвидени фасадни панели со посебна термоизолација, прозорци со
термопан-стакло, во доградбата има фасада од обесена термоизолациска
алуминиумска конструкција со калени, ламенирано и пацифирано
термопан-стакло. Стаклените куполи се предвидени со застаклување со
дупли термопан-стакла, со над 50 отсто рефлексија - ни изјави
архитектката Билјана Ивановска.
Колкави сметки плаќаат државните институции?
Сметките за
струја и греење што ги плаќаат нашите институции се движат од неколку
илјади до десетици илјади евра месечно. Од Собранието просечно за
струја им се потребни 489.000 денари месечно (7.951 евро), додека за
парно греење во грејната сезона просечно издвојуваат 1.290.000 денари
месечно (20.975 евра). Сметките на Владата се нешто повисоки од
парламентот.
- Просекот на давачките за струја изнесува
600.000 денари месечно (9.756 евра), додека за парно плаќаме 1.600.000
денари месечно (26.016 евра) за период од шест месеци додека трае
грејната сезона - велат од Владата.
Според експертските
анализи, најголеми можности за заштеди има кај училиштата, кои трошат и
по 100 тони нафта за загревање, и кај болниците. Истражувањата на МАЦЕФ
покажале дека во детската градинка „Кочо Рацин“ се можни заштеди од
177.864 киловат-часа годишно, или во пари 476.675 денари (7.750 евра).
Кај средното училиште „Јосиф Јосифовски“ годишната заштеда е проценета
на 1.068.639 киловат-часа или 2.863.952 денари (46.568 евра).
-
Со автоматско регулирање на централното греење во општината Кисела Вода
е остварена годишна заштеда од 60.000 евра - ни изјави Игор Петрушевски
од МАЦЕФ.
Од „ЕВН-Македонија“ тврдат дека државните институции релативно навреме ги плаќаат своите сметки.
-
Порано се јавуваа одредени проблеми со единиците на локалната
самоуправа, но во последните три месеци сметките се плаќаат навреме -
ни изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.
Истражувањето
што го спровеле од оваа компанија покажало дека над 56 проценти од
потрошувачите не знаат што е тоа рационално користење на електричната
енергија, додека повеќе од 60 проценти од граѓаните не користат
штедливи светилки. |
|
|
|
|
Автор: Александар С. Димковски | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=68101028188&id=10&setIzdanie=22002
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: axel
Date Posted: 10-Jun-2010 at 16:17
Инвестиции
во енергетиката
Со инвестиции од 522 милиона евра за подобрување на енергетската
ефикасност во сите сектори Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2
милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглероден
двооксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска
ефикасност на Македонија до 2020 година“. „Тоа би значело заштеди од
14,5 отсто, односно 24 отсто за резиденцијалниот сектор, 12 проценти во
комерцијалниот, 38 во индустријата и заштеди од 25 отсто во транспортот.
За тоа е неопходна инвестиција од 522 милиона евра до 2020 година во
сите сектори вклучително и во приватниот“, изјави вчера министерот
Фатмир Бесими. Тој истакна дека во моментов во Македонија соодносот на
енергетска интензивност е четири пати поголем од европскиот, односно
енергетската ефикасност мерена според БДП е четири пати помала од
енергетската ефикасност на ЕУ. „Во моментов, во ЕУ на 1.000 долари БДП
се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Македонија 0,75. Со
имплементација на мерките од оваа стратегија тоа би требало да се сведе
од 0,45 до 0,49 во 2020 година“, изјави министерот Бесими. (Ек.Р.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAE6C1ECB5E95241924F36C5B4BEA300
|
Posted By: axel
Date Posted: 24-Jun-2010 at 15:04
Гостивар-Заштеда на енергија со сончеви колектори
Во гостиварската општа болница наскоро ќе
започне со реализација на проектот за заштеда на електрична енергија,
со воведување на алтернативна енергија. Проектот предвидува
поставување на сончеви колектори, замена на дотраените прозорци со ПВЦ, а
расипаните радијатори ќе се заменат со нови.
Сето ова ќе придонесе за намалување на трошоците за затополување на
просториите.
За реализацијата на зафатот ќе бидат потрошени околу 80.000 евра, што
се обезбедени од Светската банка.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2259&Itemid=125
|
Posted By: axel
Date Posted: 18-Sep-2010 at 08:56
Заем од 1,3 милиони евра за инвестиција во енергетска ефикасност на МИК Свети Николе
Свети Николе, 16 септември 2010 (МИА)
- Месната индустрија „Свети Николе“ доби заем од Европската банка за
обнова и развој во износ од 1,3 милиони евра за модернизација на
енергетскиот систем на фабриката.
Средствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се
искористат за имплементација на голем број мерки за индустриска
енергетска ефикасност во производствените капацитети на компанијата,
како што е замена и модернизација на постојната опрема, имплементација
на систем за управување со енергија и реновирање на пречистителната
станица за отпадна вода на фабриката.
Проектот ќе и овозможи на компанијата да ја намали
својата потрошувачка на гориво и електрична енергија со што ќе се
намалат емисиите на јаглерод диоксид. Со ова ќе и се овозможи на
компанијата значително да ги намали трошоците за одржување и работење,
да го минимизира загадувањето на животната средина и да ја зголеми
својата севкупна конкурентност.
- Намалувањето на енергетската интензивност на
економиите е клучен приоритет за ЕБОР и ние сме среќни што го
поддржуваме МИК Свети Николе во подобрувањето на неговата енергетската
ефикасност. Проектот ќе и помогне на компанијата да работи согласно
еколошките стандарди на ЕУ и да биде позитивен пример за другите
македонски компании, истакна Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за
Македонија.
Финансирањето се обезбедува во рамките на Линијата за
директно финансирање на проекти за одржлива енергија за земјите на
Западен Балкан која беше воведена во 2009 година со цел да им се
обезбеди поддршка на локалните мали и средни претпријатија за инвестиции
во проекти за обновлива енергија и индустриска енергетска ефикасност.
Основан во 1960 година, МИК Свети Николе е еден од
водечките брендирани македонски производители на месо, со разновидна
база на потрошувачи и широк асортиман на месни производи кој вклучува
трајни и полутрајни месни преработки, свежо месо и конзервирани месни
производи.
Во агрибизнис секторот, Банката има директно вложено
над 6 милијарди евра во повеќе од 400 проекти во Централна и Источна
Европа и во Комонвелтот на независни држави од 1991 година. Од почетокот
на своето работење во Македонија, ЕБОР има обезбедено над 540 милиони
евра во повеќе од 40 проекти во клучните сектори на економијата,
мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 663 милиони
евра. скс/дма/14:40 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76970319&lId=1&pmId=
|
Posted By: axel
Date Posted: 03-Mar-2011 at 18:23
Претставувањето на потенцијалите на искористувањето на сончевата
енергија за добивање топла вода, беше основната цел на меѓународната
конференција на тема „Кон поволни услови за зголемена употреба на
термални сончеви уреди во домаќинставата и индустријата“ што денеска се
одржува во Скопје.

На конференцијата организирана од Македонскиот центар за енергетска
ефикасност - МАЦЕФ, а финансиски поддржана од ЕУ, успешните примери за
воведување на ваквите системи во хотелиерството во Грција и Романија ги
претставија Атанасиос Калоџерас од ИСИ Парта - Грција и Даниел Амариеј
од КАРДТ Решица - Романија, додека македонските искуства ги претстави
Ѓорѓи Пеев од претпријатието Тиверија.
- Сонцето е голем извор за користење на енергија, но за тоа се
потребни знаење и финансии. Токму пренесувањата на искуствата и
знаењата од Грција и Романија, земји кои се многу понапред од Македонија
на ова поле, и информирањето за кредитните линии кои се нудат за
подобра енергетска ефикасност е целта на денешниот регионален собир во
Скопје, рече професорот Константин Димитров, претседателот на МАЦЕФ.
Советникот за економија на Делегацијата на Европската унија Даниел
Шрот истакна дека ЕУ финансиски ја поддржува иницијативата за подбрување
на енергетската ефикасност и користење на обновливите извори на
енергија како што е сонцето.
- Македонија има многу добри услови за употреба на технологии на
соларната енергија кои сега за сега не се употребуваат доволно. Во ЕУ и
во регионот има успешни модели и користа од размената на информации со
нив и пренесувањето на најдобрите практики е значајна, рече Шрот.
Тој посочи дека ЕУ ги става енергетската ефикасност и користењето на
обновливите извори на енергија, во како што рече, срцето на својата
економска стратегија.
Македонија, нагласи, треба да се фокусира на практичната примена на
Законот за енергетика што беше усвоен годинава и на веќе усвоените
стратегии меѓу кои и Стратегијата за користење на обновливите извори на
енергија.
Телефонското истражување спроведено лани од 18 до 20 ноември врз
1.000 испитаници во Струмица и Куманово покажува дека само 4 отсто од
граѓаните користат сончеви колектори за загревање на санитарна топла
вода во домаќинствата, а над 81 отсто се заинтересирани да ги постават
доколку имаат финансиска можност.
http://daily.mk/cluster3/3b3cba47cccd84c40c736361287019f5/623345
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2011 at 00:29
ОТВОРАЊЕ КАНЦЕЛАРИЈА И ИНФО ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ
|
|
Градот Скопје и Регионалниот проект за ‘‘Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘ утре / 23.03.2010 година (среда)/ во 11 часот,
официјално ќе ја отворат Канцеларијата за управување со енергијата и
Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори. Канцеларијата
ќе ја отворат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Валтер
Лојкс, заменик амбасадор во Амбасадата на Сојузна Република Германија
во Република Македонија. Поздравен говор ќе одржи и претставникот на
Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергерска ефикасност
и раководител на проектот господин Владимир Калински.
Канцеларијата ќе биде отворена
во просториите на Градот Скопје, во рамките на Регионалниот проект за
„Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите‘‘-
„Capacity Building for Energy Management in Cities” (Capital Cities
Initiative – CCI), како резултат на соработката меѓу Градот Скопје и
Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергерска ефикасност
при Германското друштво за интернационална соработка, а е целосно
финансирана од GIZ. |
| http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4066&mid=482&tabId=1&tabindex=0
|
Posted By: toasumjas
Date Posted: 07-Apr-2011 at 13:09
ГРАДОТ ПОТПИША ПИСМО ЗА ШТЕДЕЊЕ СТРУЈА
Новите фасади нема да пропуштаат топлина
Инсталација, прозорци, како и фасади на новите згради во Скопје ќе се прават на начин кој ќе спречува топлината да излегува надвор од нив
Новите згради во Скопје ќе штедат струја. Тоа, практично, значи дека целата инсталација, прозорци, како и фасади ќе се прават на начин кој ќе спречува топлината да излегува надвор.
Ваква шанса за идна изградба на градот е овозможена со писмо кое градоначалникот Коце Трајановски деновиве го потпиша со градоначалниците на Анкара, Подгорица, Белград, Сараево, Тирана , Загреб и на Фрајбург, а согласно кое Скопје станува дел од мрежата на енергетски ефикасни главни градови во Југоисточна Европа.
"Како резултат на нашата соработка со Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа, отворивме канцеларијата и инфо-центар, сè со цел во иднина да градиме капацитети за управување со енергијата.
Со потпишување на ова писмо, станавме директни учесници во продолжување на овој проект на штедење струја", изјавија од Град Скопје.
Реализација на овој проект почна уште во октомври 2009 година, кога Градот потпиша меморандум за разбирање со повеќе од овие градови, како резултат на што деновиве потпиша и документ за изработката на акциониот план, согласно кој ќе ги исполнува своите обврски. (М.Ѓ.) |
www.vecer.com.mk - www.vecer.com.mk
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 27-Jun-2011 at 11:47
ЕДНОСМЕНСКИ УЧИЛИШТА – РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА
Овој текст е извадок од дел од презентацијата на проект изработен од м-р. Илија Василевски. Проектот се вика “Правилен развој на учениците со воведување на концептот на едносменско претпладневно работење”. Целта на овој проект е да се покаже што се би се постигнало доколку учениците учат во една смена и кои би биле бенефитите од тоа. Имплементација на проектот едносменски училишта мошне позитивно би се рефлектирало не само врз развојот на учениците како и подобрување на квалитетот на наставата и на целиот образовен процес туку и врз животната средина. Едносменските училишта се реалност насекаде низ светот додека кај нас тоа не е случај и е мошне ретка појава. Во истражувањето кое е направено во “ОУ Елпида Караманди” м-р. Илија Василевски на оригинален начин покажал како тоа може да се постигни.
Како би се постигнало тоа?
Потрошувачка на нафта за една грејна сезона: 18 литри на 1м2 кога се работи во две смени, а 12 литри кога сe работи во една смена или 33,3% заштеда. За една грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманади“- Битола се трошат 60000 литри нафта. Kога би се работело во една смена би се заштедиле 20000 литри или околу 11000 евра.
Во грејна сезона во ОУ,,Елпида Караманди“- Битола се трошат околу 60000 денари за струја месечно. Kога би се работело во една смена би се заштедиле околу 20000 денари месечно или за една грејна сезона околу 2000 евра
%20 - http://energetskaefikasnost.info/?p=1008
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 29-Jun-2011 at 10:14
Што е тоа хибридна куќа - интервју со Робин Бојчевски директор на АРЕСЕ Солушнс
Минатата недела, во вестите се појави информација во врска со изградба на прва „хибридна куќа„ во Македонија. Голем број на наши читатели и голем број на луѓе воопшто се прашуваа што е тоа „хибридна куќа“, како функционира итн. Во врска со тоа разговараме со Робин Бојчевски, директор на АРЕСЕ Солушнс Скопје, компанијата што ја изгради првата „хибридна куќа“ во Македонија.
Минатата недела, низ Македонија помина веста за појава на прва „хибридна куќа“. Голем број луѓе се запрашаа што е тоа „хибридна куќа“?
РБ: Поимот „хибридна куќа” во конкретниов случај се однесува на хибридниот систем за производство не електрична енергија: ветерен генератор и систем од фотонапонски (фотоволтаични) панели, надополнет со термален сончев колектор за загревање на вода.
Вообичаено системите кои вклучуваат повеќе од еден извор на енергија се нарекуваат „хибридни”. Бидејќи објектот не поседува приклучок кон јавната дистрибутивна напонска мрежа, некако природно се наметна поимот „хибридна куќа”.
Повеќе на %20 - http://energetskaefikasnost.info/
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 12-Sep-2011 at 14:21
Енергетска ефикасност во минатите 20 години во Македонија
Минатата недела Македонија ја прослави својата одлука за независност. Тоа ме поттикна на размислување, што е направено на полето на енергетска ефикасност во Р. Македонија за овие 20 години. Оние што се упатени во оваа област или делумно упатени, знаат што не е направено и што можеше да се направи, но да видиме што е направено во оваа област.
Уште додека Македонија беше во состав на СФРЈ почнаа први обиди на развојот на самиот концепт на енергетска ефикасност. Во 1988 год. се донесе програма за заштеда и ефикасно користење на енергијата до 2000, кои беа во согласност со тогашниот Закон за енергетика. Програмата беше финансирана од страна на буџетот на Република Македонија во период од 1989, 1990 и 1991. Резултат на оваа програма беше заштеда од 5% од вкупната потрошувачка на енергијата во индустрискиот сектор.
Но,од 1991 па се до 1997 немаше големи поместувања во енергетската ефикасност. Во 1997 се донесе Националната развојна стратегија која во себе вклучуваше и принципи на достигнување на економскиот развој со рационално користење на енергија.
Значи од 1997 се почнува со поголемо размислување за енергетска ефикасност и тогаш се почнува со имплементација на концептот на енергетска ефикасност во стратегии на развој и енергетски стратегии.
Покрај оваа програма во 1997 година се донесе и новиот Закон за енергетика. Како резултат на тие активност Владата на Република Македонија донесе нова програма за енергетска ефикасност до 2020 година.
.....
Повеќе на %20 - http://energetskaefikasnost.info/?p=1618
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 21-Nov-2011 at 08:44
International GreenBuild Conference 2011
Првата Интернационална конференција на зелената градба (International GreenBuild Conference 2011), која се одржува во организација на „Ecoist“ и од страна на „Национална алијанса за локален економски развој„ („NALED“), ќе се одржи на 24 ноември 2011 година во Белград, Србија.
Создавање на здрави, оддржливи простори во урбани средини претставува во исто време економски здрава инвестиција, друштвено одговорно управување и во склад е со принципите на оддржлив развој на градовите. Првата Интернационална конференција на зелената градба 2011, е настан кои во исто време ќе собери деловни лидери и иноватори, еколошко свесни стручњаци, како и носителите на одлуки во државниот сектор, а се со цел да се покрени синергија неопходна за побрз развој на зелениот урбанизам во Србија.
http://energetskaefikasnost.info/international-greenbuild-conference-2011/ - Повеќе...
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Jan-2012 at 19:47
Министерот Сараќини одржа прес конферeнција за енергетската ефикасност
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска одржа прес конференција за поттикнување на јавноста и зголемување на свеста за придобивките од енергетската ефиксност, во услови на зголемена цена на електричната енергија.
Министерот Сараќини посочи дека ако се земат во предвид трендовите во енергетскиот сектор, зголемената побарувачката, а помали се резерви на фосилни горива кои се главен извор на електрична енергија, во иднина не треба да се очекува намалување на цените на електрична енергија, токму затоа граѓаните треба да се ориентираат кон примена на мерки за поголема енергетска ефикасност.
- “Замена на старите светилки со компактни флуоресцентни енергетски поефиксни светилки , поставување на ПВЦ прозори, топлинска изолација на надворешните ѕидови, купување на апарати со највисока А класа кои трошат најмалку енергија, исклучување на апаратите по завршување на нивното користење, “ се само дел од мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги истакна министерот на денешната прес конференција.
Тој додаде дека домаќинствата треба да се ориентират кон инсталирање на сончеви колекторски системи кои и годинава ќе ги субвенционира Министерството за економија, а за кои е предвидено околу шест милиони денари .
Во таа насока тој почи дека со практикување на мерките за енергетска ефикасност може да се заштедат од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу седум проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во 2011 година.
Според професорот Констатнтин Димитров, гараѓаните мораат да ги менуваат своите навики во однос на трошењето на електричната енергија за да го заштедат домашниот буџет. Тој смета дека се што ќе се вложи денес во однос на практикување на мерките за енергетска ефикасност во иднина дури трикратно позитивно ќе се исплати.
Министерот Сараќини, за енергетскиот биланс за 2012 година рече дека се очекува да изнесува 82 000 ТЈ(тераџули) од кој што уделот на потрошувачка на енергија во домаќинствата е околу 29%, на индустријата околу 34% секторот сообраќај 20,5%, земјоделие 2% и потрошувачка за не-енергетска употреба околу 1,5%.
Според Сараќини државата им помага на граѓаните, меѓутоа и самите граѓани и индустриски капацитети треба да си помогнат, пред се преку практикување на енергетската ефикасност за заштеда на електричната енергија. Во таа насока министертот ја посочи и Програмата на Владата на Република Македонија за субвенционирање на потрошувачката на енергија, со која е предвидено да се субвенционираат домаќинства со право на социјална парична помош и семејства корисници на правото на постојана парична помош. Субвенцијата се дава за дел од потрошената енергија (електрична енергија, огревно дрво, јаглен, екстра лесно масло за домаќинствата/нафта за домаќинствато и централно греење). Месечниот надоместок за субвенција изнесува 600 денари.
http://www.economy.gov.mk/Home?article=de41cdbf-aa42-4c64-a640-1c2fdb9ac361&lang=3
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Jan-2012 at 13:18
„Калинка“- првата енергетско ефикасна градинка во Македонија
Општина Аеродром и УНДП од денес почнаа со реализација на проектот за комплетна реконструкција на градинката „Калинка“, како пилот-проект за создавање целосно енергетски ефикасна градинка, прва во Република Македонија.
За таа цел занималните во градинката „Калинка“, која всушност претставува стара барака, ќе се расчистуваат од инвентарот и од другите материјали и средства, по што ќе се почне со реконструкција на просториите.
Реконструкцијата на објектот опфаќа промена на покривот и ѕидовите, поточно ќе се заменат дрвените со нови бетонски ѕидови, ќе се менуваат вратите како и прозорците со нови модерни ПВЦ прозорци со висококвалитетна изолација, ќе се промени комплетно и електричната инсталација, а ќе се стави и нова фасада со термичка изолација.
Исто така, ќе се постават сончеви соларни колектори преку кои ќе се обезбедува топла вода, така што ќе се редуцираат трошоците, односно ќе се штеди енергијата.
Ова практично значи дека градинката „Калинка“ ќе биде реконструирана согласно сите мерки за енергетска ефикасност што важат во ЕУ и ќе биде првиот целосно енергетски ефикасен објект во Република Македонија.
Реконструкцијата на градинката се изведува според елаборатот за енергетска ефикасност направен од експерти од Словачка по претходно направена целокупна анализа на објектот.
Во реконструкцијата на градинката „Калинка“, општина Аеродром учествува со околу 4 милиони денари.
Се предвидува поголемите градежни зафати и активности да се одвиваат за викендите, така што децата ќе бидат максимално заштитени од какви било негативни влијанија при реновирањето.
Инаку, во проектот кој е дел од програма за енергетска ефикасност на УНДП конкурираа околу 15 најдобри општини, меѓу кои апликацијата на Општина Аеродром беше оценета како најподготвена и најуспешна.
Реализацијата на овој проект е доказ дека општина Аеродром посветува големо внимание на енергетска ефикасност, на ефектите и потребата од заштеда на енергија, со цел подобрување на условите за претстој и учење на децата во градинката, но и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Речиси, сите предвидени проекти во основните училишта и градинките ќе се изведуваат согласно нормите за енергетска ефикасност за заштеда на енергијата.
Инаку, со овој проект почнува кампањата на општина Аеродром за подигнување на свеста за енергетската ефикасност, при што на граѓаните ќе им бидат поделени флaери, брошури и друг информативен материјал.
Izvor: Kurir, http://www.kurir.mk/republika/skopje/56482-Kalinka--prvata-energetsko-efikasna-gradinka-vo-Makedonija
|
Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2012 at 16:05
Прва ниско енергетска зграда во КарпошПрвата комерцијална ниско енергетска зграда во Карпош денеска ја
промовираше градоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за приватна
инвестиција на фирмата „ВЕНС Инженеринг“, која вградува високи стандарди
во веќе изградена зграда во општината, но и во два нови објекта кои
сега се градат. Овој инвеститор е пионер и промотор на изградба на
објекти кои користат обновливи извори на енергија за затоплување и кои
прават заштеда на енергијата. Трошат помалку од 50 киловат часови
енергија на метар квадратен, на годишно ниво. Ако се спореди по
категоризацијата со европските земји ова е првиот кандидат да добие
„енергетски пасош“ од А-категорија. На денената презентација,
градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави дека ќе се
донесе Правилник со кој ќе се дефинираат горните дозволени граници, кои
инвеститорите во станбени и нестанбени објекти и во реконструкциите,
мора да ги применат, како мерки на термо изолација, врати и прозорци и
употреба на обновливи извори на енергија, за да можат да добијат
градежна дозвола. -Иако поминаа повеќе од три години од донесувањето
на Законот за енергетика, Владата и ресорните министерства сѐ уште не ги
донесоа Правилниците и методологиите за енергетски контроли, а со тоа и
обврските за новите градби и реконструкции. За да се стимулира
изградбата на вакви објекти во Општината, додека државата не донесе
Правилник ќе важи новиот Правилник на Општина Карпош кој треба да го
усвои Советот на наредната седница – рече тој. Со правилникот се
предвидуваат субвенции во надоместокот за градежно земјиште што ги
плаќаат инвеститорите. Поточно, 20 отсто од уплатените комуналии, ќе им
бидат вратени на инвеститорите на вакви објекти, што е големо финансиско
олеснување за нив, а ќе влијае и врз цената на ниско енергетските
станови. Становите ќе бидат со иста пазарна цена како и комерцијалните
во градот, односно околу 1.200 евра за метар квадратен.
http://www.plusinfo.mk/vest/31019/Prva-nisko-energetska-zgrada-vo-Karposh
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Feb-2012 at 12:57
„Енергетски ефикасна општина - успешна општина“, проект во Крива Паланка
Намалување на трошоците на општината Крива Паланка за осветлување на јавните површини, промовирање и употреба на енергетски ефикасни светилки и нивна употреба во институциите и примена на мерки и техники за енергетска ефикасност се секундарни цели, како и намалување на фосилните горива, а со тоа и намалување на загадувањето на животната средина во кривопаланечката општина како главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“.
- Како проектни активности се предвидуваат подоговка на Cost - Benefit анализа за енергетска ефикасност, поставување и замена на 100 енергетско-ефикасни сијалици за улично осветлување и 60 светлечки тела за внатрешно осветлување“, истакнаа проект-координаторите Јорданка Шапкалиска и Борјанчо Мицевски од НВО - Регионален центар за одржлив развој од Кратово.
Во таа насока ќе се организираат повеќе работилници за енергетска ефикасност и нејзиното значење, потоа објавување на конкурс за ликовна и поетска творба на тема „Енергетска ефикасност“ каде ќе бидат вклучени учениците од основните училишта од регионот, како и подготовка и дистрибуирање на промотивен материјал, организирање на кампања за енерфгетска ефикасност и креирање на јавната свест кај младата популација од потребите за штедење на енергетските ресурси.
Проектната активност ќе започне од овој месец и ќе трае до март 2013 година.
Организатор на проектот е Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово, а копартнер е општина Крива Паланка.
Проектот „Крива Паланка енергетски ефикасна општина - успешна општина“ финансиски е поддржана од Канцеларијата на Глобалниот еколошки фонд од Скопје, преку Програмата за мали грантови на УНДП, а вредноста на проектот изнесува 36.362 американски долари.
Izvor: Kurir, http://kurir.mk/republika/proekti/60631-Energetski-efikasna-opstina---uspesna-opstina-proekt-vo-Kriva-Palanka
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Mar-2012 at 18:49
Промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност“
Утре, четврток (15.3.2012) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на „Правилник за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање одобрение за градење од Општина Карпош“.
На видеобим ќе се презентира методологијата на пресметките кои треба да бидат доставувани во фазата архитектура на основните проекти за кои се бара дозвола за градба во општина Карпош. Презентацијата е на д-р Петар Николовски, стручен консултант на проектот.
Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Карпош (бул. Партизански одреди бр. 68, барака бр. 5).
На овој линк можете да го симнете или да го разгледате првиот македонски правилник за енергетска ефикасност, кој допрва треба да го напише и усвои и државата: http://issuu.com/opstinakarpos/docs/pravilnik_za_energetska_efikasnost_02_za_web_2
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2012 at 00:55

Мерките за енергетска ефикасност задолжителни за сите објекти што ќе се изведуваат во Карпош ../docs/users/1/_slucuvanja/Energetska%20efikasnost%20Karpos%2001.jpg">
Општина
Карпош денеска го промовираше Правилникот за мерки за енергетска
ефикасност, прв документ од ваков вид во Македонија со кој се
пропишуваат техничките услови за ограничување на годишната потрошувачка
на енергија за греење на објектите на територијата на оваа скопска
општина. Предвидено е мерките да важат при изградба на нови станбени и
нестанбени објекти, како и при поголема реконструкција на постоечките
згради, а ваквите барања не се однесуваат за згради и споменици како
специјални архитектонски или историски вредности, верски зданија,
времени објекти, станбени објекти чија планирана употреба е пократка од
четири месеци во годината и објекти за престој со помала површина од 50
метри квадратни.
Како критериум за добивање на одобрение за градење, инвеститорите во
основниот проект кој го доставуваат до општината ќе треба да вклучат и
Елаборат за градежна физика со кој треба да се докаже дека објектот ги
исполнува критериумите зададени во правилникот. Зградите за кои ќе биде
приложен доказ дека потребите за греење се помали за најмалку 10% од
минималните барања во правилникот, ќе бидат стимулирани со намалување на
надоместокот за комуналии за 15% во делот кој и припаѓа на општината, а
инвеститорите за дополнителни 5% ќе се ослободат од комуналните давачки
доколку објектите користат и некој од обновливите извори на енергија.
Мерките за енергетска ефикасност ќе се применуваат во поглед на
потрошувачката на енергија, заштедата на греењето, ладењето, техничката
изолација на ѕидовите и прозорците и на вградувањето на обновливи извори
енергија. Локалните власти од Карпош го исполнуваат потпишаниот договор
меѓу земјите од Југоисточна Европа и од ЕУ, со кој треба да се намали
емисијата на јаглерод диоксид и потрошувачката на енергија за 20%, но и
да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија за 20%.
../?p=13356 - #
Објавено на
15.03.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .
Тагови: ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%b8 - Градежни материјали , ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b5%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%b8-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Греење и климатизација , ../?tag=%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b5%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82 - Енергетска ефикасност , ../?tag=%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0 - Легислатива , ../?tag=%d0%be%d0%b1%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0-%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Обновлива енергија |
http://www.build.mk/?p=13356 - http://www.build.mk/?p=13356
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 17-Apr-2012 at 16:11
http://gec.mk/fileadmin/PDF/vestacenje.PDF - Како НЕ треба да се изолира објектот
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 03-May-2012 at 09:02
По повод на две години на работењето на блогот за енергетска ефикасност, на 5 мај во просториите на општина Карпош – бул. Партизански одреди бр. 68, барака бр. 5 , со почеток од 14:30 организираме трибина за енергетска ефикасност. Повелете посетете не!

------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 23-May-2012 at 19:25
Да ве повикам да го посетите http://energetskaefikasnost.info/forum - интернет форумот за енергетска ефикасност
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-May-2012 at 19:28
Е... баш го гледав... ама незнам како да се регистрирам...
ЕДИТ: Уствари... сега има регистер копче... прееска немаше... добро... сега знам...
------------- Македонија - Земја на чудата!
|
Posted By: Falcon
Date Posted: 18-Jun-2012 at 04:31
Пред некој ден влегов во продавница на Икеа и случајно забележав голем екран на кој покрај моменталните метереолошки параметри (температура, влажност, ветер), беше прикажано и моменталното и годишното производство на елетрична енергија од соларните панели инсталирани над зградата. Подоцна од нивниот сајт дознав дека всушност 40% од енергијата во нивните продавници се добива од сопствени обновливи извори на енергија и дека нивната цел е еден ден да станат 100% енергентски независни. Имаат и многу други иницијативи за намалување на влијанието на животната средина од секаков аспект.
Ова е поздравување. Е ова е компанија од 21 век!
Повеќе информации може да најдете овде (стр. 23-25):
http://www.ikea.com/ms/en_CA/img/pdf/sustainability_report_FY11.pdf - http://www.ikea.com/ms/en_CA/img/pdf/sustainability_report_FY11.pdf
|
Posted By: nenad
Date Posted: 27-Jun-2012 at 11:57
http://www.siemens.com/entry/cc/en/greencityindex.htm - http://www.siemens.com/entry/cc/en/greencityindex.htm
Интресно истражување на Сименс, во кои се вклучени неколку европски градови. За жал Скопје не е опфатено, но можни се некои споредби со Белград или Софија. Листајќи ги страниците, во оделот за енергетска ефикасност сретнав податок дека во Лондон и во Берлин се трошат 80 Киловат-часови на еден квадрат стамбен простор годишно, додека во Белград потрошувачката на енергија е 200 киловат часови.
Тука верувам би се движеле и нашите градови. Ете една или повеќе централи
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-Jun-2012 at 15:30
Originally posted by nenad
http://www.siemens.com/entry/cc/en/greencityindex.htm
Интресно истражување на Сименс, во кои се вклучени неколку европски градови. За жал Скопје не е опфатено, но можни се некои споредби со Белград или Софија. Листајќи ги страниците, во оделот за енергетска ефикасност сретнав податок дека во Лондон и во Берлин се трошат 80 Киловат-часови на еден квадрат стамбен простор годишно, додека во Белград потрошувачката на енергија е 200 киловат часови.
Тука верувам би се движеле и нашите градови. Ете една или повеќе централи |
Сепак да би била анализата и споредбата комплетна и попрецизна, мислам дека треба да се земе коефициентот на потрошена енергија по глава на жител, или по број на домаќинства. Ова го говарам, бидејќи поради малиот стадард, кај нас често и по 3 генерации (6 или повеќе луѓе) живеат во стан од 50м2. Нормално, поради своите потреби (машини за перење, бојлери, шпорет) тие трошат многу повеќе на 1м2, отколку некое богато 4 члено семејство кое да речеме живее во луксузен простор од 300м2.
------------- אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
Posted By: Falcon
Date Posted: 29-Jun-2012 at 03:40
Интересен и добар пример за енергетска ефикасност. ЈП Водовод - Битола пред извесно време изгради мала хидроцентрала со која се искористува енергијата од водата за пиење. Хидроцентралата е изградена на локација над градот, пред водата да биде дистрибуирана до потрошувачите. Дел од произведената електрична енергија се користи за напојување на пумпите кои се користат во лето за влечење на дополнителна вода од Стрежевското вештачко езеро, покрај онаа која доаѓа од водозафатите на Пелистер.
http://vodovodbt.mk/mkd/v_hidrocentrala.html - http://vodovodbt.mk/mkd/v_hidrocentrala.html
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2012 at 01:30

Еве и неколку слични примери на кои сум налетал јас (Кичево и Крива Паланка се во најава, а за Охрид и Струга колку што можам да сфатам дел се реализирани, а дел којзнае):
Кичево http://www.build.mk/?p=10518 - http://www.build.mk/?p=10518
Крива Паланка http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=132242#132242 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=132242#132242
Охрид / Струга http://www.build.mk/?p=5884 - http://www.build.mk/?p=5884 плус овие: http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/5579-cetiri-hidroelektrani-zavrsha-faza - http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/5579-cetiri-hidroelektrani-zavrsha-faza
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jul-2012 at 13:33
малата хидролектрана на водоснабдителниот систем во Кичево веќе е пуштена во работа и фунционира тековно,не сум бил во прилика да го сликам внатрешно објектот,однадвор нема сврха да го сликам.разговарав со директорот на ЈП од Кичево и рече дека е многу задоволен од хидроелектраната,изградена е со начин- јавно приватно партнерство и месечно во ЈП се слеваат околу 15 000 евра чиста добовка од струја.трошоците минимални.се еден збор колку повеќе кичевчани пијат вода толку повеќе пари од струја се вадат
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Sep-2012 at 13:27
Министерот Сараќини претседаваше со Конференцијата на тема „Подобрување на енергетската ефикасност во Република Македонија“Поттикнување на дискусијата меѓу институциите, научната, стручната, деловната јавност, локалната самоуправа и донаторската заедница, како и споделување предлози за натамошни активности на надлежните институции, искуства и добри практики за да се забрза развојот на пазарот за ширење на услугите за енергетска ефикасност, а со тоа и да се постигнат поставените национални индикатори за заштеда на енергија беше главната цел на денешната конференција на тема „Подобрување на енергетската ефикасност во Република Македонија“, со која претседаваше министерот за економија Ваљон Сараќини. Имено, подобрувањето на енергетската ефикасност, како една од целите на енергетската политика, е приоритет за Министерството за економија и Владата на Република Македонија, бидејќи претставува важен сегмент за економијата во земјата, кој овозможува создавање нови работни места, подобрување на квалитетот на животот за граѓаните, намалување на увозот на енергија, подобрување на шансите за пристапување во ЕУ и заштита на животната средина. „Во таа насока донесовме Стратегија за унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија до 2020 година, како и првиот Акционен план за енергетска ефикасност, а како потписници на Договорот за основање на Енергетската Заедница, треба да постигнеме национална индикативна цел за енергетски заштеди од најмалку 9% во 2018 година, поради што треба да обезбеди стапка на пораст на енергетските заштеди на годишно ниво од најмалку 1%. Со реализација мерките кои се предвидени, пак, со Акциониот план ќе се постигнат вкупни финансиски заштеди од околу 1.360 милиони евра, според либерализирани пазарни цени“, истакна Сараќини во своето излагање. Тој објасни дека покрај изготвените стратешки документи и регулатива, Министерството за економија во досегашниот период реализираше неколку проектни активности во областа на енергетската ефикасност. „Од нив би ги издвоил реализацијата на ГЕФ Проектот за одржлива енергија, со грант од 5,5 милиони американски долари преку Светска банка, стимулативните мерки за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, при што досега се субвенционирани 1.420 домаќинства, а искористени се средства во износ од 21.869.672 денари, како и Кампањата за штедење на електрична енергија“, изјави министерот за економија. Неговиот колега, министерот за животна средина и просторно планирање Адеми стави акцент на глобалниот предизвик – борбата со климатските проблеми предизвикани од зголемената потрошувачка на енергија и потребата за менување на структурата на горивата и обемот на потрошувачка на фосилните горива. „Економскиот раст не може да се разгледува без земање предвид на проекциите за емисии на стакленички гасови, на среден и на долг рок. Со други зборови, тоа значи обезбедување на услови за т.н. зелен раст. Потребни се проценки на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови, особено во секторите енергија и транспорт, како и проценка на трошоците од нивните идни ограничувања“, рече Абдилаќим Адеми. На конференцијата беа презентирани Стратешката рамка во областа на енергетската ефикасност и Националното законодавство во предметната област, активностите на локално ниво коишто ги презема ЗЕЛС, како и оние на меѓународните финансиски институции во Република Македонија. Компаниите за производство и снабдување со електрична енергија, ЕЛЕМ и ЕВН, ги претставија своите активности кои ги преввземаат заради заштеда на енергија, а членки на стопанските здруженија во Република Македонија ги запознаа присутните со деловните активности на компаниите кои придонесуваат за унапредување на енергетската ефикасност, пред се’ во градежниот сектор. Учесниците на конференцијата ги слушнаа и добрите практики за имплементација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност во индустрискиот сектор, а меѓународното искуство во предметната област го пренесе д-р Константин Димитров, претседател на Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ). Според него, енергетската ефикасност не е веќе обврска, туку станува потреба на државата, а преку финализираната регулатива и проектите кои се превземаат од страна на институциите, Македонија е на добар пат да го оствари зацртаното. „Оваа конференција е одлична можност да видиме до каде сме и што се’ можеме да направиме за да постигнеме подобри резултати, пред се’ заради нас самите“, истакна Димитров.
|
http://www.economy.gov.mk/ministerstvo/3491.html - http://www.economy.gov.mk/ministerstvo/3491.html
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 24-Sep-2012 at 10:29
Инвестицијата во топлинската изолација поисплатлива од колку да ги орочите парите во банка - http://energetskaefikasnost.info/ekonomska-isplatlivost-na-toplinskata-izolacija/ - исплатливост на топлинската изолација
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: accipiter82
Date Posted: 27-Oct-2012 at 14:37
http://energetskaefikasnost.info/denovi-na-energetska-efikasnost-opshtina-karposh/ - Општина Карпош организира денови на енергетска ефикасност
------------- http://energetskaefikasnost.info
|
Posted By: gec
Date Posted: 06-Feb-2013 at 21:45
Dobronamerna zabeleska:
Vo anlizata se poagja od "stan so 60m2 vo koj se great dve sobi".
Sto e so drugite prostorii vo stanot?
Spored ova ako greete samo edna soba ke imate uste povekje zastedi?
Vakva analiza NE e relevantna, nezavisno od toa sto e prezemena od Hrvatska.
|
Posted By: gec
Date Posted: 06-Feb-2013 at 21:54
Pokorektno ke bese da go postavevte nasiot link http://gec.mk/fileadmin/PDF/vestacenje.PDF - http://gec.mk/fileadmin/PDF/vestacenje.PDF
direktno bez zatskrivanje, neli?
|
Posted By: FCB
Date Posted: 07-Feb-2013 at 23:28
Eve edno interesno video za nova tehnologija narecena "ice energy".
Se raboti za sistem na ladenje koj se sostoi od golem izoliran rezervar so voda. Vo tekot na nokta koga e poladno od denot, i koga nema golema pobaruvacka na elektricna energija, se aktivira ladilnik, i ja mrzne vodata vo rezervarot. A vo tekot na denot, se koristi energijata na mrazot za ladenje na prostoriite.
Pozitivna rabota e toa sto temperaturata vo vecernite casovi e poniska od dnevnata i pomalku energija e potrebno za ladenje. Isto i potrosuvackata na elektricna energija e pogolema vo tekot na denot, taka da se namaluva opteretuvanjeto na mrezata. Poglednete go interesno video.
[tube]FnQSURnzPHQ[/tube][/
|
Posted By: gec
Date Posted: 08-Feb-2013 at 17:19
Accipiter82 17-Apr-2012 at 16:11 / Како НЕ треба да се изолира објектот
------------------------------------------------------------------------------------
Минимум коректно би било да НЕ се затскрива нашиот линк http://www.gec.mk - www.gec.mk на кој се однесува постот. Таму е објавено вештачењето, тука затскриено со реченицата "Како НЕ треба..."
Минимум познавање би бил и фактот дека вештачење НЕ се прави само за да се утврдат грешките на изведбата туку и да се укаже КАКО правилно треба да се изведе. Затоа е вештачење, тоа е голема разлика и ТОА е целта на вештачењето.
На објектот се спроведува мониторинг, на нашата страна има дополнителни податоци кои
би можеле да бидат интересни.
|
Posted By: nenad
Date Posted: 01-Jun-2020 at 12:01
Колку кај нас се употербуваат
https://www.srbijaspace.com/blog/Sta-su-brisoleji-63.html - брисолеи?
Дали може да се монтираат накнадно, на индивидуална куќа? Верувам дека потешко би одела монтажа на стан во зграда.
|
Posted By: sanjupawar
Date Posted: 03-Aug-2020 at 14:47
Thanks..............
------------- Pick the best youtube videos from our playlist which are tending. Enjoy the best youtube videos and make your mood light.
https://www.viralo.in - trending india
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2020 at 09:10
Подзаконските акти за енергетската ефикасност почнати се со изработка, но ќе бидат донесени со задоцнување
Новите подзаконски акти што ќе ја регулираат имплементацијата на енергетската ефикасност во земјава веќе се започнати со изработка, но можно е да бидат донесени со закаснување поради корона вирусот. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ информираат дека во процес на изработка се влезени Правилникот за енергетски карактеристики на згради, Правилникот за енергетска контрола на згради и Уредбата со која се утврдува облигационата шема за енергетска ефикасност, кои се изготвуваат со техничка помош од Европската банка за обнова и развој.
Паралелно на ова, со обезбедената техничка помош од УСАИД во тек е изработката на Правилникот за означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси за производите што користат енергија. Меѓу другите важни подзаконски акти, во тек е процесот на избор на експерти кои ќе го изработат Правилникот за енергетска контрола кај големите трговци, кој се реализира со техничка помош од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Со поддршка од германски ГИЗ, во тек е изработка на Правилникот за МВП (софтверска алатка за проценка на заштеди на енергија и смалена емисија на јаглерод диоксид), при што беа организирани и обуки за користење на МВП алатката од страна на општините.
– Со појавата на корона вирусот и прогласување на вонредната ситуација, процесот за одобрување на техничка помош за одделни подзаконски акти, како и изборот на експерти кои ќе работат на изработка на истите, се одвиваше со забавено темпо. Од оваа причина, поголемиот дел од подзаконските акти во делот на енергетска ефикасност, кои допрва треба да се донесат, најверојатно ќе бидат донесени со задоцнување – велат од Министерството за економија.
Законот за енергетска ефикасност во нашата земја беше донесен од Собранието на РСМ во февруари годинава. Со овој закон, правилниците и тарифниците за енергетска ефикасност како подзаконски акти беа поделени во три пакети, кои треба да овозможат практична имплементација на мерките за енергетска ефикасност во наредниот период. Истите требаше да се донесат во рок од 3, 6 и 9 месеци по усвојувањето на Законот, односно до крајот на годинава.
Експертите уште пред неколку месеци за „Мета.мк“ посочија дека на актуелните правилници за енергетска ефикасност им се потребни итни промени, со кои ќе се надминат актуелните слабости и манипулации со правилниците и ќе се овозможи побрза имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава.
https://meta.mk/podzakonskite-akti-za-energetskata-efikasnost-pochnati-se-so-izrabotka-no-kje-bidat-doneseni-so-zadocznuvanje/
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2021 at 17:31
Порталб: Проектот за енергетска ефикасност во општина Чаир е во застој
Проектот за постигнување енергетска ефикасност на згради на територијата на општина Чаир е во застој. Иако ова беше едно од главните ветувања на сегашниот градоначалник Висар Ганиу за време на предизборната кампања, општината не успеа да ги убеди жителите на зградите да се согласат со нивната понуда за реализација на овој проект, односно за реконструкција на фасадите на зградите, пишува Порталб.мк.
Од Општина Чаир за Порталб.мк изјавија дека е преземена иницијатива преку невладината организација „Habitat for Humanity Macedonia” и е одржан состанок со станари, но, според нив, не е постигната согласност меѓу страните околу понудените услови.
„Во врска со фасадите со енергетска ефикасност, Општина Чаир веќе презеде иницијатива преку НВО „Habitat for Humanity Macedonia” за започнување процес за санирање на фасадите на зградите, при што од општина Чаир се предвидува субвенција од 30 отсто. Меѓу условите за спроведување на овој процес е зградите да имаат формирано Заедници на сопственици, нешто што тие мора да го сторат согласно одредбите на Законот за домаќинства, бидејќи тоа е нивна законска обврска. Заинтересираните граѓани кои веќе ја исполниле својата законска обврска за формирање Заедници на сопственици можат да достават барање до Општина Чаир, и ние им стоиме на располагање за детално објаснување на процесот на спроведување во пропишаните услови, кои еднаш се презентирани на состанок со воспоставените куќни совети“, одговорија од оваа општина.
Зоранчо Димитров од НВО „Habitat for Humanity Macedonia”, за Порталб.мк изјави дека со поранешниот градоначалник на Чаир имале потпишано меморандум за соработка за реновирање на станбени згради, односно нивните фасади, и со таа мерка се обновени само две згради, но проектот е прекинат со доаѓањето на новата власт.
„Требаше да биде потпишан нов меморандум и да се започне од почеток, но тоа беше прекинато од причини што не ги знам“, вели тој.
Според него, на територијата на оваа општина, тие реконструирале само две згради.
„Условите се субвенции од општината и мал заем од „Habitat for Humanity Macedonia“ за да се направи финансиската конструкција. Износот на субвенциите најмногу ги интересира жителите на зградите, односно делот што тие треба да го покријат, а Хабитат или некоја друга финансиска институција да го обезбеди во вид на заем, „Habitat for Humanity Macedonia” нема монопол во ова. Износот на донацијата од страна на општината, во претходниот меморандум, беше 20 проценти, што значи дека општината финансираше 20 проценти од цената на интервенцијата. Сигурно дека тоа е многу малку за жителите на зградите затоа што, ако земеме просечна реконструкција на зграда од 20 стана, од нашето претходно искуство знаеме дека чини во просек 2 милиони денари, и доколку општината даде 20 проценти тоа се 400.000 денари. Секако, 20 проценти што ги нуди општината се многу малку за жителите“, вели Димитров.
Тој нагласи дека сличен проблем имало и со жителите на Општина Бутел, кои не прифаќале општината да субвенционира само 25 проценти од износот за реконструкција, а потоа општината го зголемила процентот на субвенција на 40 проценти, па се усогласиле.
„Ако процентот на субвенции е поголем, жителите на зградите би се согласиле, луѓето го бараат тоа, поголеми субвенции, 30 проценти се премалку за да ги прифатат“, вели тој.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој за време на предизборната кампања вети дека ќе започнат со реализација на енергетската ефикасност во училиштата, исто и за 141 зграда вети дека ќе бидат имплементирани мерки за енергетска ефикасност, вели дека општината не учествува значително во тоа, но дека е преземена иницијатива за формирање на Заедниците на сопственици, пишува „Порталб.мк“.
https://meta.mk/portalb-proektot-za-energetska-efikasnost-vo-opshtina-chair-e-vo-zastoj/
|
|