build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетска ефикасност

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Енергетска ефикасност
    Posted: 23-Jul-2008 at 09:57
Малце каснат со ова али сепак   Applause 
( повторно се извинувам ако не е за тука Big%20smile  )
 
 

СЕ ГОТВИ ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ


Без изолација, објектите нема да се пуштаат во употреба


Кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во неговата изградба


Добра изолација на деловните и станбени објекти во земјава ќе овозможи и до 50 проценти заштеда на енергијата. Тоа, според енергетски експерти, е голем бенефит во услови кога цената на топлинската и електричната енергија и на природниот гас постојано расте на светските берзи, а граѓаните во земјава немаат можност да бараат нови алтернативни решенија во услови кога енергетски сме зависни од увоз.

За таа цел во Министерството за економија интензивно се работи на подготовка на нов правилник за енергетска ефикасност. Во правилникот треба да бидат зацртени сите стандарди по кои еден деловен или станбен објект треба да биде изграден или реконструиран. Имено, кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во изградбата на ѕидовите и столбовите, во фасада и покривот, но ќе се цени и квалитетот на прозорците и вратите.

Според Дејан Зармановски, раководител на одделението за енергетска ефикасност при Министерството за економија, кога објектите ќе се пуштаат во употреба, доколку ги имаат исполнето условите од правилникот ќе добијат и официјален сертификат за енергетска ефикаснот.
- Со сертификатот ќе се знае и вкупната потрошувачка на енергија по квадратен метар - вели Зармановски.

Тој појаснува дека овој документ предвидено е да го издаваат енергетски ревизори. Зармановски укажува дека треба да биде изработена климатолошка карта според која земјава ќе биде поделена на посебни климатски зони.
- За ова треба да се ангажира посебна фирма од странство која во соработка со УХМР заеднички ќе ги постават мерните станици - вели Зармановски.

За него не е исто да се гради еден објект на југот или северот на земјава.
- Изолацијата секако дека ќе биде помала ако објектот се гради во Гевгелија - смета тој.

Правилникот се очекува да биде готов до крајот на септември кога ќе треба да добие виза од новата Влада.
И професорот на машинскиот факултет, Константин Димитров смета дека е неопходен ваков правилник. За него изолацијата на објектите значајно ќе придонесе во заштедата на енергијата. Тој е против употребата на дрва за греење бидејќи ќе се случи масовно уништување на буката и дабот што се користат како огревен материјал.

Димитров потсети дека во Градот интензивно се работи на проектната документација за гасификација и дека до крајот на годинава ќе почнат и градежните активности.
- Употребата на природниот гас е еден од клучните решенија за земјава, а овој проект 14 години стоеше во фиока - нагласува Димитров.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Oct-2009 at 15:55
ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ СЕ УШТЕ ДАЛЕЧНА
Немаме пари, а трошиме струја без мера

Семејствата во Македонија трошат помалку енергија од тие во Европа, но во споредба со Европејците за неа плаќаат многу повеќе од тоа што го заработуваат. Во пресрет на Регионалната конференција за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновлива енергија „Недела на енергетика Македонија 2009“ професорот Константин Димитров истакна дека во Македонија семејствата се и натаму најголемите потрошувачи на енергија. - Голем процент од енергијата се троши за загревање, со околу 40 проценти во вкупната потрошувачка на енергија учествуваат домаќинствата - изјави Димитров.
Според него, и покрај големото трошење, голем дел од македонските граѓани и натаму живеат во нехумани услови кога станува збор за затоплување на домот.
- Во Македонија 30 проценти од граѓаните живеат под прагот на сиромаштијата, веројатно исто толку, ако не и повеќе, живеат и под прагот на енергетската сиромаштија, во многу домаќинства загревањето во една просторија трае два-три часа и граѓаните немаат услови во целиот стан да имаат прифатлива температура, што во Европа се смета за право, хуманост, нормална температура - кажа Димитров нагласувајќи дека единствен начин да се постигне европското ниво е да се пристапи кон енергетска ефикасност и методите што овозможуваат да се постигне иста температура, но со помалку потрошена електрична енергија. Димитров изјави дека ако се намали потрошувачката на електрична енергија од домаќинствата автоматски тоа ќе значи и помали трошоци на индустријата што, пак, ќе доведе отворање нови работни места и поголеми инвестиции. Професорот Марјан Бојаџиев истакна дека на енергетската ефикасност во Македонија се уште се гледа како на некој далечен процес. - Тоа е сериозно средство за вашата фирма да е конкурентна на домашниот и на странскиот пазар. Замислете сите во нашите домови и простории да користиме гас место да плаќаме парно, струја, нафта и други облици на греење, тоа ќе значи дека вкупните трошоци на секое претпријатие би паднале за сериозен процент. Освен ова, сметам дека и Владата треба повеќе да се ангажира на полето на енергетска ефикасност, да се донесе закон за даночна стимулација на секој што ќе набави средство за заштеда на енергија во својата канцеларија, тоа го прави Словенија - изјави Бојаџиев. Од 13 до 17 октомври во Скопје ќе се одржи годишната конференција „Недела на енергетиката Македонија 2009“. На неа многубројни домашни и странски експерти, функционери и стручни лица со серија предавање ќе се обидат да го нагласат големото значење на користење на мерките на енергетска ефикасност и придобивките што се добиваат од неа.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123827
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Oct-2009 at 14:00
Сонцето и ветерот да влезат во домовите
 
Обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот, со што ќе се намали големиот увоз на електрична енергија и ќе се спречи одлевањето девизи  
 
%20  

Македонија треба да заштеди најмалку 9 проценти од потрошувачката на енергија во следните неколку години. Во таа насока енергетската ефикасност, освен што е императив и потреба на општеството, претставува и најдобриот и најприфатлив ресурс со кој може да се намали големиот увоз на електрична енергија и да се спречи одлевањето девизи. Во кратки црти ова е пораката од Регионалниот бизнис-форум за енергетика што почна вчера во рамките на неделата на енергетика во Македонија. Речиси сите учесници се согласија дека обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот.

Претседателот на македонскиот центар за енергетска ефикасност Константин Димитров смета дека во поглед на енергетската ефикасност Македонија не доцни во споредба со земјите од регионот.

- Енергетската ефикасност не подразбира дека државата треба да вложува. Над 40 проценти од вкупната потрошувачка на енергија отпаѓаат на домаќинствата, кои треба да штедат енергија, со што ќе си помогнат на својот буџет. Улогата на државата е да обезбеди фондови, ослободување од даноци и слично - изјави Димитров.

Тој смета дека увозот никогаш не е добар. Многу подобро е енергијата да се произведува дома, бидејќи на тој начин се вработуваат луѓе. Димитров побара што побрзо да почне процесот на гасификација со брзо развивање на дистрибутивната мрежа. Заменик-министерот за економија Методиј Хаџивасков истакна дека користењето на обновливите извори на енергија, како и енергетската ефикасност, се стратегиски цели на оваа влада.

- Обновливите извори сега учествуваат со 15,3 проценти во вкупната потрошувачка на енергија и до 2020 година тој процент треба да се зголеми на 21,4 проценти - истакна Хаџивасков.

Според евроамбасадорот Ерван Фуере, ЕУ со нетрпение го очекува усвојувањето на акциониот план за енергетска ефикасност. Џани Бречевич, директор на институтот ИРЕЕТ од Љубљана, посочи дека најголеми заштеди може да се направат на јавното осветлување.

- За да се реализираат големите проекти како Бошков Мост, Чебрен и Галиште, не треба да инвестира само државата туку треба да се даваат и концесии, преку јавноприватно партнерство да се ангажираат странски компании што би можеле да инвестираат. Но за сето тоа е неопходно да се усогласи законодавството. Тоа е првиот чекор што Македонија мора да го направи за да привлече странски капитал - рече Бречевич.

Во однос на ветерот како извор на енергија, Влатко Стоилов, професор од Електротехничкиот факултет во Скопје, смета дека реалниот вкупен потенцијал на цела територија е 150 мегавати што можат да обезбедат до 250 гигават-часа струја годишно. Капацитетот на ветрот е евидентен, особено по долината на реката Вардар, во Овчеполието и околу Богданци.

Карпош енергетски најефикасна општина


Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година.

Покрај општината Карпош, награди за проекти од областа на енергетската ефикасност добија и општините Аеродром, Чашка, Велес, Прилеп и Кочани.

Овие општини наградите ги добија поради поставување штедливи светилки, како и заради најефикасна енергетска контрола.

На Виена и се брза со законските измени

Во текот на одржувањето на енергетскиот форум пристигна и веста од Виена, која предупреди дека нејзините препораки за измени на Законот за енергетика не се спроведени од страна на македонските власти.
- Секретаријатот на Енергетската заедница останува на мислењето дека Законот за енергетика, како и правилникот за методите и условите за Регулаторната комисија за енергетика треба да бидат изменети за во целост да бидат усогласени со договорот на Енергетската заедница - се вели во дописот на ЕЗ.

Енергетската заедница и замерува на македонската влада поради недостигот од конкуренција на енергетскиот пазар. Секретаријатот потсетува дека Владата се обврзала да го надгради моделот на енергетскиот пазар, да обезбеди фер-третман на сите учесници на пазарот и негова либерализација. Акциониот план, според ЕЗ, е првиот чекор за да се достигне усогласеност со договорот на Енергетската заедница.

Претходно министерот за економија, Фатмир Бесими, истакна дека власта ги зела предвид сите забелешки од Виена и тие ќе бидат спроведени.

Крајниот рок за донесување на новиот закон со сите измени е средината на идната година, појасни Бесими.
- Секретаријатот одблиску ќе ги набљудува конкретните акции преземени од законодавецот и од регулаторните власти во следните месеци пред да одлучи за преземање на следните чекори - ни изјави Аника Лесјак од Виена.
Македонија од 1 јануари 2010 година го презеде и претседателствувањето со Европската енергетска заедница.

 
   
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1014993479&id=10&prilog=0&setIzdanie=21811


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 20:44
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Oct-2009 at 18:42
... Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година...

Ако ова е само како потик тогаш е во ред, иначе реалноста е сосема друга.
(имав веќе и уназад постирано слика како во сред ден светат уличните светилки, па дури и два и-маила испратив до е-општина, наравно ни одговор ни корекција)
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Oct-2009 at 15:25

Конференција за енергетска ефикасност во МАНУ

Повеќе од 500 експерти од областа на енергетиката, академици, претставници на финансиски институции, министерства, агенции, амбасади и други значајни институции од цела Европа ќе учествуваат на Регионалната конференција посветена на енергетската ефикасност што утре и задутре ќе се одржи во Скопје.

Тие ќе говорат на Конференцијата за финансирање проекти од енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија што во следните два дена ќе се одржува во МАНУ. Клучен говорник е Срѓан Керим, претседател на 62-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации и специјален пратеник од Генералниот секретаријат за климатски промени на ОН. На конференцијата ќе учествуваат и говорници од Австрија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, и како и експерти од различни региони во Европа.

Учесниците ќе дискутираат за енергетската проблематика во време на актуелната светска финансиска криза. Ќе се иницираат и напредни мерки за заштеда на енергијата и наоѓање на алтернативни извори за замена на фосилните горива. Притоа, акцентот на конференцијата ќе биде ставен на потребата од поголема меѓународна соработка за оваа проблематика.

Програмата на конференцијата двата дена ќе почнува во 9.30 часот, а учеството не се наплаќа. Организатори се Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), МАНУ и Скопски саем.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=973ED9058EA18744B02486A0FAB8EABA



Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 20:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Oct-2009 at 15:50

Домаќинствата најмногу ја трошат енергијата





 

Најголеми расипници на енергијата се домаќинствата и јавните објекти, со над 40 отсто од вкупната потрошувачка

 
 
%20  
Македонија може да ја оствари европската директива за учество од 21 отсто на обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија до 2020 година, заклучија експертите на вчерашната регионална конференција посветена на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Клучната дилема е дали тоа да се постигне преку користење на биомасата, како еден од најексплоатираните ресурси досега. Ако ги исечеме шумите за добивање енергија, ефектот ќе биде контрапродуктивен, предупредуваат екологистите.
- Со учество на обновливите извори на енергија од 15,3 отсто во потрошувачката на финална енергија во 2005 година, Македонија спаѓа во земјите со релативно големо искористување на обновливите извори на енергија. Подобри од нас се Шведска, Финска, Австрија и Литванија.

Предвидувањата се дека учеството на обновливите извори до 2020 година може да се зголеми на 25 отсто - истакна академикот Глигор Каневче.

Најновата директива на ЕУ налага од земјите-членки учеството на енергијата од обновливите извори да биде 20 отсто. Роберт Шарламанов од Австриската развојна агенција во Македонија смета дека искористеноста на обновливите извори кај нас е помала и се движи до 10 отсто, бидејќи биомасата, односно горењето дрва, не треба да се третира како обновлив ресурс. Повеќето од учесниците на конференцијата како најголем потрошувач на енергија ги посочија домаќинствата и јавните објекти, со над 40 отсто од вкупната потрошувачка. Претседателот на МАЦЕФ, Константин Димитров, смета дека Македонија со воведување мерки за енергетска ефикасност до 2020 година може да заштеди над 2.000 гигават-часа електрична енергија, што е еднакво на годишното производство на првиот блок на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ заедно.

- Потребна е само мала изолација на прозорците или нивна замена. Граѓаните треба да внимаваат и при изборот на апаратите за греење и ладење и да не го купуваат најевтиното. Значајна е енергетската етикета, односно апаратот да е ефикасен и да не троши многу струја. Полека се поттикнува свеста кај граѓаните дека трошењето на енергија удира по џебот, но сепак државата мора да спроведе подобра кампања за информирање - истакна Димитров.

Од името на Бан Ки-мун, генералниот секретар на ОН, зборуваше и Срѓан Керим, кој запраша дали светските лидери и понатаму ќе бидат троми, слепи или полуслепи или ќе постигнат спогодба што ќе им користи на сите генерации.

- Енергијата е во суштината на секое економско прашање и во овој сектор има најголема емисија на штетни гасови - нагласи Керим.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10309948556&id=10&prilog=0&setIzdanie=21824
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Nov-2009 at 19:39
Владата ќе не' учи да штедиме струја



Министерството за економија, кое објави оглас за спроведување кампања за штедење електрична енергија, не открива колку ќе чини проектот, бидејќи било деловна тајна како се трошат парите на граѓаните

Министерството за економија преку кампања ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја. Од наредната година со реклами ќе ги бомбардираат граѓаните преку печатените и електронските медиуми, ќе се печатат и летоци со цел граѓаните да се информираат како да заштедат електрична енергија. За тие што не разбрале, ќе се печати и посебен прирачник со упатства кои апарати од домаќинството колку трошат и како може да заштедат енергија. Колку пари ќе се плати за едукација на граѓаните Министерството не кажува, бидејќи било деловна тајна. Посебна целна група ќе бидат децата во училиштата.

-Тоа е набавка која ќе ја реализираме заедно со државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Ние не можеме да откриеме колку пари се предвидени за набавката, бидејќи тоа е деловна тајна. Кампањата ќе опфати и посета на училишта. Стручен кадар ќе оди по училиштата и ќе ги анимира децата за можностите за заштеда на електрична енергија. Станува збор за препораки за штедење електрична енергија и целта е да се промовираат различни начини за штедење струја - објаснуваат од Министерството за економија.

Според ресорот предвидено е кампањата да трае три месеци. Огласот трае до средината на идниот месец и по целата тендерска процедура кампањата можеби ќе се емитува последниот месец од зимата, кога потрошувачката на енергија е најголема.

- Најдобро е кампањата да биде брзо готова и да го опфати зимскиот период. Но, тоа не зависи од нас. Не знаеме кога точно ќе почне да се емитува бидејќи се' зависи од понудувачите и рокот кој тие ќе го побараат за реализација на кампањата - велат во ресорот.

Инаку, ова не е прв оглас за ваква кампања. Досега имало и други, но пропаднале. Првичната идеја, пред три години била државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО заедно со ЕВН и Министерството за економија да ја реализираат оваа кампања. Откако не се договорија, ЕВН сама веќе реализираше една ваква кампања. Пред неколку години беше договорено четирите субјекти да одделат по 25.000 евра или вкупно 100.000 евра за реализација на првата фаза од оваа иста кампања.

Од ЕВН велат дека кампањата за разумно користење на енергијата ја почнале пред три години, со едукација на најмладите потрошувачи во основните училишта низ државата.

- Сега кампањата само ја проширивме кон пошироката јавност. Тоа е поради големото значење на енергијата во ова време, како и важноста за граѓаните да знаат како таа да се заштеди. Моќта е во рацете на граѓаните, од нив зависи, на пример, дали на празната соба и' треба темница или светло. Граѓаните најмногу ќе придонесат глобално за заштеда на енергијата и заштита на околината само преку индивидуален пристап за намалување на своите трошоци за енергија, односно преку штедење енергија и пари - изјави Ленче Карпузовска, раководител на одделот за комуникации во ЕВН.

Според експертите, енергетската ефикасност, која е топ-тема на светско ниво, кај нас се' уште е во својот зародиш. Според одредени истражувања повеќе од половината од граѓаните не знаат што значи терминот разумно користење на енергијата. А дури 83 отсто од нив не знаат што значат категориите А, Б, Ц, Д на апаратите за бела техника, кои всушност ја означуваат рационалната потрошувачка на енергија. Најголем проблем во ефикасната потрошувачка на електричната енергија во Македонија е тоа што голем дел од граѓаните, односно повеќе од половината од домаќинствата, се греат на струја. Енергетската ефикасност всушност значи да се потроши што помало количество енергенси, за да се добие исто количество енергија.


И квалитетните пердиња штедат енергија

На интернет-страницата на Министерството за економија од поодамна има кампања насловена „Штеди електрична енергија - инвестирај во својата иднина!“ На неа има препораки како се штеди струја.

Поставување регулатори на термостатите за парното греење, исклучување на сијалиците и на телевизорите, макар и неколку минути ако се напушта просторијата, да не се ладат и проветруваат просториите често, да се користи дневната светлина, прозорците, особено оние со еднослојно стакло ноќе да се прекриваат бидејќи влечат многу топлина, како и правилно да се поставуваат и да се користат апаратите за домаќинство.

Покрај овие препораки Министерството извлекува и други совети за граѓаните, на пример, каков материјал на перде или завеса заштедува енергија, препорачува и правилна изолација на вратите и на прозорците за да се редуцираат топлотните загуби, како и затворање на оџаците, бидејќи преку нив се одлевало големо количество топлина.

Александра Филиповска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DB452DFEDB7583459E3554F9457066EC
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Dec-2009 at 20:58

Низ старите прозорци ни летаат милиони евра





 

Со примена на енергетска ефикасност во апсолутен износ може да се заштедат десетици милиони евра годишно, смета вицепремиерот Зоран Ставрески

 
 
%20  
Со едно евро вложено во енергетска ефикасност се заштедуваат 2,2 евра на трошоците за снабдувањето со струја. За Македонија тоа е заштеда од десетици милиони евра годишно. Подобрувањето на енергетската ефикасност мора да почне со јавните згради како најголеми потрошувачи (со над 40 отсто) на електрична енергија.

Ова се препораките на домашните и странските експерти што вчера дебатираа за финансирање проекти за енергетска ефикасност во јавни згради во Македонија. Експертите се согласни дека власта и граѓаните мора да го сменат односот кон енергијата, бидејќи таа секојдневно ќе поскапува и ќе удира по нашите џебови.

- Македонија мора да го промени курсот во трошењето на енергијата. Наместо да изградите нова централа, може да се потрудите енергетските извори да ги користите поефикасно. На овој начин реално е да се заштедат 40 проценти од постојната потрошувачка на електрична енергија, односно може да се заштеди со инвестиции што би се исплатиле за најмногу осум години - истакна Питер Јохансон, претставник на Светската банка. Според вицепремиерот Зоран Ставрески, потребен е радикален пресврт во свеста и во односот и кон енергијата и екологијата.

- Верувам дека во апсолутен износ станува збор за заштеди од десетици милиони евра годишно. При спроведувањето на енергетската ефикасност најдобар е комбиниран моден на финансирање од донатори, Владата и од приватниот сектор - истакна Ставрески.

Македонија има на располагање повеќе фондови за енергетска ефикасност преку разни меѓународни финансиски институции. Министерот за економија Фатмир Бесими најави дека ќе се формира координативно тело со претставници од владини и донаторски институции за подобро да се спроведат проектите за енергетска ефикасност и да се искористат фондовите за финансирање.

- Македонија има четири пати помала енергетска ефикасност во споредба со земјите од ЕУ - нагласи Бесими.

Според министерот за здравство Бујар Османи, болниците се 2,5 пати поголеми потрошувачи од комерцијалните објекти.

Тој за идната година најави реконструкција на 40 јавни здравствени установи преку промена на постојните прозорци со термопан-прозорци, од што се очекуваат заштеди од 20 проценти. Реновирање училишта, студентски домови, промена на фасади и прозорци најави и министерот за образование Никола Тодоров.

- За целата држава енергетската ефикасност е ресурс, не е само мерка. Важно е сите како граѓани да го сфатиме тоа, да го промениме однесувањето кон енергијата- предупреди Константин Димитров, професор од Машинскиот факултет.
 
   
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121691035531&id=10&prilog=0&setIzdanie=21863
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Dec-2009 at 21:00

Македонија ќе има пристап до 400 милиони евра за енергетска ефикасност





 

По иницијатива на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и на Германската банка за развој (КФВ) вчера во Брисел беше создаден Фонд за енергетска ефикасност во Југоисточна Европа

 

 
%20  
Предвидено е од овој фонд да се финансираат проекти за енергетска ефикасност и за развој на возобновливи извори на енергија во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, пренесе МИА.

Се очекува Фондот во следните четири-пет години да собере околу 400 милиони евра, кои би биле обезбедени од државни и приватни инвеститори. Поголемиот дел средства на фондот ќе им бидат доделувани на компании, но и на домаќинства, во форма на кредити.

На стартот ЕИБ и КФВ за фондот обезбедија по 25 милиони евра, а Европската комисија 20 милиони евра.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891029281&id=10&prilog=0&setIzdanie=21865
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Dec-2009 at 21:46
КАРПОШ СЕ СВРТЕ КОН АЛТЕРНАТИВНИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ
Сонцето ќе ги светне градинките

Роза Петкова

Сите градинки и основни училишта во општина Карпош во наредните две-три години ќе се преориентираат на користење алтернативни извори на енергија, па наместо греење да добиваат од „Топлификација“, ќе ги користат подземните води и енергијата складирана во земјата, а внатрешно осветлување, наместо од ЕВН Македонија, ќе добиваат од сончевата светлина. Италијанска фирма за 20 објекти веќе работи студија, која треба да биде готова до април 2010 година, а проектот го води општина Карпош заедно со Министерството за животна средина, Министерството за екологија на Италија и италијанската канцеларија при македонското министерство, кои се и главните финансиери. - Градинките и училиштата сакаме да ги направиме енергетски независни и да ги тргнеме од системот на „Топлификација“, па греење да добиваат преку геотермални пумпи, а целото внатрешно осветлување на објектот да биде од сопствени фотоволтаични системи кои ја користат сончевата, односно дневната светлина преку соларни панели што ќе се постават на покривите и по дворовите. Имаме потпишани договори со партнерите во проектот, при што финансискиот удел на општината е најмал - објаснува Љупчо Димов од Секторот за развој на општина Карпош. Целиот проект чини од 10 до 12 милиони евра, а треба да се реализира во 2010 и 2011 година. Освен преку новите системи за греење и за осветлување, енергијата во градинките и во основните училишта ќе се штеди и со тоа што општинските власти ќе ги заменат сите врати и прозорци. Од своето досегашно искуство со примената на сончевата енергија, во Карпош велат дека се задоволни, а следниот поголем проект се соларните светилки кои планираат да ги постават низ петкилометарскиот пат од Средно Нерези до Горно Нерези. Инвестицијата чини 18 милиони денари, кои треба да се обезбедат од меѓународни институции, а ќе трае до 2011 година. - На секои 30 метри ќе се поставува по една светилка, а вкупно 180 такви светилки ќе се монтираат по целиот пат. Тоа се автономни светилки, со соларни панели кои имаат моќност од 12 волти и се поставуваат таму каде што нема довод за електрична енергија поради тешкопристапниот терен, како што е Водно. Ние решаваме да ги поставиме и на места каде што нема приклучоци од ЕВН и така правиме нови линии - вели Димов. Освен автономни соларни светилки, во Карпош се поставуваат и такви кои работат со светлечки диоди и имаат моќност од 220 волти. Двата типа на светилки штедат енергија, а досега во општината се поставени 61 соларна светилка, на детските игралишта во Трнодол, Жданец и во Влае, во паркот кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на други локации. 

Технолошки парк за талентирани деца

Технолошкиот парк, кој треба да ја замени поранешната зграда на „Народна техника“ и да ги собира децата со посебни таленти, кои сакаат да го надградат своето знаење, е идеја на Општина Карпош која властите сакаат да ја спроведат на нивно подрачје. Објектот треба да биде пример за енергетска ефикасност, да има и најсовремена изолација, да користи сончева енергија, ладење и греење од технолошка вода и да биде заштитена на земјотрес, со тоа што во неа ќе се вградат перничиња за сеизмичка стабилност. Во паркот би се собрале сите патенти од Македонија и се замислува како прв ваков објект на Балканот. Изградбата е планирана во наредните две години и ќе чини 300.000 евра. Улогата на Општината ќе биде да најде локација за градба и да го ослободи инвеститорот од комуналии.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1899&ArticleID=129713
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Dec-2009 at 23:13
Прекрасна идеја, ако ја оствари
 
Ова се тие светилки кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, но веќе неколку не работат, што чудно ми падна да лед прегори, но највероватно е електронскиот претварач или акумулаторот !!??
 

2009-12-05
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Dec-2009 at 13:35
ЛЕД може да прегори ако е "пробиен", ако е пуштен поголем напон, макар и за момент. Или па да е нешто фалична.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Mar-2010 at 15:27

Стаклото штеди струја колку производството на РЕК „Битола“


Стотици милиони евра може да заштедат државата и граѓаните со најобична промена на стаклото од прозорците


%20
Заштедата во енергија би била толкава што најголемиот производител на електрична енергија во земјата РЕК „Битола“ не би имало потреба да работи, ниту пак би имале потреба од изградба на нуклеарка, смета експертот Томе Костадиновски. Тој вчера, заедно со Петар Николовски го промовираа својот научен труд „Стаклото во функција на енергетска ефикасност на зградите“, прв од ваков вид во државата.

- Низ ѕидовите се случуваат најголемите енергетски загуби. Со замена на стаклата загубите може да се сведат на минумум. Тоа е врв во градежништвото и претставува законска обврска во развиените земји, каде што трошоците се намалија за речиси 95 отсто - вели Петар Николовски.

Според Костадиновски, пак, дури 75 отсто од бруто-домашниот производ отпаѓаат на увоз на енергенси, од кои 600 милиони евра на увоз на нафта и нафтени деривати и 150 милиони евра на увоз на струја. Со примена на ваквите стандарди во градежништвото, Македонија активно ќе се вклучи и во глобалното ниво за климатски промени и намалување на затоплувањето, вели тој.
 
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=34101042201&id=10&prilog=0&setIzdanie=21925


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Mar-2010 at 15:53
Прееска ја пролистав Нова Македонија и намерно не го постирав текстот затоа што проценките на господата „експерти“ се тотален булшит. Навистина заштедите би биле огромни, но ни приближно колку нивното тврдење. Зарем сериозен човек може да изнесе ваков став:

Заштедата во енергија би била толкава што најголемиот производител на електрична енергија во земјата РЕК „Битола“ не би имало потреба да работи, ниту пак би имале потреба од изградба на нуклеарка, смета експертот Томе Костадиновски.

А каде е индустријата? Каде се другите потреби на домаќинствата освен енергија за затоплување и ладење. Дали цело време владеат крајно ниски или крајно високи температури? Колкави се загубите што не се поврзани со стаклото? Итн итн... А да потсетам, производството на РЕК Битола е околу 80% од домашното производство на електрична енергија.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5381
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Mar-2010 at 15:53
95% е претеризам си во право, ама не треба експерт да ни каже колку изолацијата е преважна. Јас сум многу револтиран бидејќи имам некое чувство дека само јас сум досаден со оваа работа и на никој друг не му е приоритет. Впрочем ова е многу поважно отколку изгледот на една градба. Ако сака нека е ужасно грда една зграда (макар што и сега добивме ужасно грди градби со новите проекти...), сепак мора да е енергетски ефикасна! Можеби „научникот“ си дели од ракав аргументи, ама дека само прозорците менуваат до 50% е многу реално! Плус ѕидовите, плус наместо прозорци фотоќелии и бескрајно многу работи.

Инаку РЕК Битола има удел од ~60% од производството на електрична енергија во Македонија.

Се нервирам што сите балканци сме дебили невидени. Во Грција можат сите да си отворат соларна централа во дворот ама се тотално игнорантни А кај нас пак нема да се реши никогаш сè додека енергетската ефикасност не стане еден од 2.000.000-те бенчмаркови за ЕУ

Edited by гитардемон - 04-Mar-2010 at 16:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 684
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 04-Mar-2010 at 17:11

so preteruvanje sakaat da go svrtat vnimanieto vrz ova problematika. Se razbira deka procentite se preterani, no energetskata efikasnost sekade na Balkanot e mogu mala. Vo EU ima strogi standardi povrzani so energetsksata efikasnost, koi se primenuvaat na sekoe nivo od gradenjeto. Duri pri priemot na stanbenbenite objekti tie se snimaat so infracrvena kamera za da se otkrijat mestata od kade istekuva toplinata. 

Se razbira deka povekedeceniskoto nevnimavanje vo upotebata na izolacija kaj nas ne moze da se resi za nekolku dena, toa e makotrpen i skap proces, no treba da se pocne, zastedite se ogromni. Prvo so nosenje na drzavna strategija, pa preku donesuvanje soodvetni zakoni i podzakonski akti, pa normi i standardi koi gradeznata inspekcija strogo bi gi kontrolirala. Dobro bi dosala i ponekoja subvencija od drzavata. Za starite zgradi mozno  resenie e postavuvanje na izolacija od nadvor, mislam deka EU nudese i nekoi fondovi za toa, dodusa toa bese pred poveke godini, ne znam kako e denes.  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Mar-2010 at 19:44
Апсолутно треба да се сврти внимание кон енергетската ефинкасност, но не верувам дека тоа може да се постигне со сензационалистички претерувања од онолкави размери. Така пре го губат кредибилитетот и оставаат впечаток на шарлатани.

Инаку РЕК Битола има удел од ~60% од производството на електрична енергија во Македонија.
Од сајтот на ЕЛЕМ:
РЕК "Битола" овозможува над 72 отсто учество во вкупното производство на електрична енергија во домашниот електроенергетски систем.

Не е ни толку битен точниот процент бидејќи е јасно колку претерале дечките од текстот во Нова Македонија.



Edited by Cloverstack - 04-Mar-2010 at 19:45
Back to Top
arhitekta26 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote arhitekta26 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Mar-2010 at 16:14
не знам каj нас како одат работите но jaс сум у бугариjа веке од 8 години и тука го изгласаа законот за кажано на бугарски "енергоспетяване"!!!!!
каj нас имали ли нешто такво или не??????????
колко по-просто толку по-убаво!!
www.proarh-bg.com
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Mar-2010 at 18:59
уште 2008 се стокми http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13254#13254 но нема кој да го спроведи сега со новиот закон за градежништво и дополнително се упатува на него со обврската за затворени фасади, но сеуште сме далеку од турбо оправање на ова поле!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Apr-2010 at 17:10

Македонија на дното според енергетската ефикасност

петок, 09 април 2010, 17:44

Македонија троши дури четирипати повеќе енергија за исти потреби, во споредба со останатите европски земји - тоа ја става на дното во регионот по енергетска ефикасност.
Невладините организации кои работат на оваа проблематика велат дека истакна дека земјава има потенцијали за обновлива енергија, но тие недоволно се користат.

Административните процедури и честите промени на тарифите и правилниците, според невладиниот сектор се главните причини поради кои инвеститорите не се решаваат да вложат во обновливите извори на енергија. Регионалната конференција на невладиниот сектор од Југоисточна Европа за енергетска ефикасност завршува утре.                                                                                                                                                             http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=20813 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.