Print Page | Close Window

Урбанистички планови и парцели (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79
Printed Date: 27-Oct-2021 at 02:06


Topic: Урбанистички планови и парцели (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Урбанистички планови и парцели (општо)
Date Posted: 30-Oct-2007 at 19:56
ГУП-ови и ДУП-ови и било какви урбанистички планови од цела Македонија

(освен следните, кои имаат посебни нишки):


ГУП на Скопје:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458


ДУП „Мал Ринг“ (Скопје):
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132


ДУП-овите од „Големиот Ринг“ (Скопје):
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357


ДУП „Маџир Маало“ (Скопје):
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=455 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=455


Исто така да ја излинкаме поврзаната тема за просторни планови:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=193 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=193



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 03:24
После општина Аеродром, еве ја и општина Карпош ги ставила донесените ДУП-ови на својата веб страница Cheers

http://karpos.gov.mk/dup_doneseni.asp?god=2004 - http://karpos.gov.mk/dup_doneseni.asp?god=2004

Има презентирано 20-тина ДУП-ови донесени во периодот 2001-2004!


Андреј Петров во последно време многу ме разочарува, а за Кирил Тодоровски подобро да останам без коментар. Но мора да им се оддаде признание за оваа новина што ја воведоа. Ова нешто треба што побрзо да се воведе од сите општини во Македонија! Највеќе се нервирам за неодговорноста на општина Центар и град Скопје, чии ДУП-ови и ГУП највеќе треба да се достапни за јавноста. А можеби и намерно не ги обелоденуваат, можеби им е во интерес да ги кријат и да играат задкулисни игри со нив Bash


П.С.
Готсо, набрзинка ги поминав плановиве и за жал не приметив дека е опфатен делот кај ул. Орце Николов... Ќе беше навистина добро да знаеме како е замислен просторот таму...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2007 at 03:28
Еве кај можат да се најдат и плановите за општина Аеродром. За досега објавените два ДУП-а имам доста замерки, но за тоа во друга прилика.

http://aerodrom.gov.mk/5-UrbanistickiPlanovi.aspx - http://aerodrom.gov.mk/5-UrbanistickiPlanovi.aspx


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:46
Толку од собранието на оваа локација. Сепак генерално сум задоволен бидејќи никаде не гледам маркици за домување како што неофицијално беше најавено пред некое време за овој дел од градот.

СО НОВИОТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Повеќекатници на адвокатската уличка

Повеќекатници со максимална висина од 17,5 метри треба да се изградат на местото на бараките на адвокатската уличка во центарот, според деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица“, што го усвоија советниците од општината Центар на минатата седница. Планот го носи тоа име затоа што ја опфаќа и новоизградената црква на кејот на Вардар, кај поранешната приградска автобуска станица.
Во планот се предвидува зградите на адвокатската уличка, кои можат да имаат до седум ката, да бидат деловни објекти, односно се означени како „сервисни дејности“. Во нив ќе можат да се сместуваат фирми и претпријатија што нудат услуги од областа на занаетчиството, трговијата, градежништвото, сообраќајот и други дејности, кои ќе немаат повеќе од 50 вработени. Освен нив, со него е овозможено да се изгради катна гаража во зеленилото до универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. Определено е нејзината максимална висина да изнесува 12 метри, а да може да собере најмногу 240 возила.
Универзитетската библиотека, пак, може да се прошири, односно да изгради нов објект од страната на булеварот Крсте Мисирков, кој треба да биде висок најмногу 17,5 метри. Таа градба би требало да содржи и подземни гаражи за вработените. И училиштето „Кирил и Методиј“, кое се наоѓа до библиотеката, со новиот план може да се прошири со изградба на спортска сала или други простории потребни за изведување на наставата. Во текстуалниот дел на планот се вели дека ова училиште има историска вредност, затоа што во него во 19 век учителствувал преродбеникот Јордан Хаџи Константинов Џинот, а во 1936 година таму за првпат била воведена настава на македонски јазик.
Планот ја потврдува градежната маркичка за црквата „Света Богородица“ и за камбанаријата, а предвидува изградба и на помошни простории за овој православен храм. Исто така, во рамките на таа парцела се предвидува и изградба на музеј на Македонската православна црква и на зграда за Синодот. На соседниот плац, пак, е овозможено да се изгради богословски факултет, деканат, студентски дом за мажи и депанданс за жени. Притоа ќе треба да се заштитат темелите на старата црква „Света Мина“, која се наоѓала на ова место. Во двете парцели наменети за верски објекти се предвидени вкупно 106 паркинг места.
Деталниот план овозможува и изградба на пешачки мост меѓу поранешната приградска автобуска и просторот пред „Дрводекор“, кој општината веќе најави дека ќе го гради.

Р.П.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1285&ArticleID=82599
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1285&ArticleID=82599


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Dec-2007 at 00:50
Ме радува ова со мостот, се надевам не е само „ти реков-ми рече“, зошто го има и на ДУПот и еве го спомнуваат тука. Само не ми е јасно зошто 7 ката максимумDunno за зградиве? Дали нема инфраструктура што  може да служи на поголеми објекти како што беше со облакодерите кај Холидеј ин?




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 01:09
Originally posted by La Linea

Ме радува ова со мостот, се надевам не е само „ти реков-ми рече“, зошто го има и на ДУПот и еве го спомнуваат тука. Само не ми е јасно зошто 7 ката максимумDunno за зградиве? Дали нема инфраструктура што  може да служи на поголеми објекти како што беше со облакодерите кај Холидеј ин?




па тој им е филмот во последниве 15 години, се разви некоја фобија од високи згради. 7 ката ми е мене пристојно. Најбитно е колкави згради ќе гледаат кон големите булевари. Таму мислам дека треба да има повисоки згради дефинитивно.

На пример Хотел Карпош на Партизанска ми е симпатичен но ми е крајно несоодветен за улица со толкав профил.


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Dec-2007 at 01:17
    Се слагаме за ова со Хотел Карпош. Кога сме веќе таму, цела таа околина, т.е тротоарите ги поплочија со „павер елементи“ како што сакаат да ги викаат, јас сакам да ги викам „досадни плочки што се вадат со гола рака, се изобличуваат за 1 година, и без некакви спектакуларни естетски квалитети“. Може да звучам напиздено - и сум напизден.

Ќе заборавев - дали некој знае како може да се дојде до ДУП на Општина Аеродром?  Знам дека усвоија доста ДУП-ови и ги презентираа, ама дали ги објавиле? Тој сајтот е бескорисен, ги немаат качено уште.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 01:27
Originally posted by La Linea

    Се слагаме за ова со Хотел Карпош. Кога сме веќе таму, цела таа околина, т.е тротоарите ги поплочија со „павер елементи“ како што сакаат да ги викаат, јас сакам да ги викам „досадни плочки што се вадат со гола рака, се изобличуваат за 1 година, и без некакви спектакуларни естетски квалитети“. Може да звучам напиздено - и сум напизден.

Ќе заборавев - дали некој знае како може да се дојде до ДУП на Општина Аеродром?  Знам дека усвоија доста ДУП-ови и ги презентираа, ама дали ги објавиле? Тој сајтот е бескорисен, ги немаат качено уште.


Се слагаме и за паверите . Кога искочија и не ми беа толку за никаде ама стандардно се исфорсираа, се ставија на места каде што не припаѓаат и ја изгубија смислата.

Најпогрешното место каде што се поставени е секако кејот кај трговски кој сепак заслужува нешто подобро.

За Аеродром. Не ги очекувај во скоро време. Оние 2 ДУПа кои ги имаат на сајтот ги поставија едно пола година од коа ги изгласаа. Иначе Кире најави дека ќе објавува и 3д модели на ДУПовите на веб сајтот кога го промовираше на времето. Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2007 at 03:43
@ pbanks

Не се секирај, само нека се одлучат да градат нова собраниска зграда... За час ќе го сменат ДУП-от

Сега прашање е како сето тоа ќе изгледа така закрпено наместо однапред планирано, ама некои лоши навики упорно си ги чуваме Roll%20eyes


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Dec-2007 at 14:51

КАРПОШ ГО УСВОИ НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА РЕОНОТ ЗАД УХМР

Пустиот Зајчев Рид ќе стане модерна населба

На површина од околу 150 хектари ќе се градат индивидуални и колективни домови, училишта, градинка, здравствени домови и објекти за културни намени

Локалитетот Зајчев Рид, зад Управата за хидрометеоролошки работи, од земјиште без содржини, ќе стане модерна еколошка населба. Советот на Општина Карпош на последната седница ја усвои одлуката за нацрт-урбанистичкиот план за овој локалитет, по што наскоро ќе биде организирана јавна расправа и презентација. Изработката на планот ја финансираше Владата. На површина од 149, 65 хектари е предвидено да се градат околу 4.000 објекти - индивидуални и колективни домови, училишта, градинка, здравствени домови и објекти за културни намени. Населбата е проектирана по моделот на Сончев град во Сопиште, а предвидено е да ја гради странски инвеститор кој би се избрал на меѓународен конкурс.

Градоначалникот на Карпош, Андреј Петров, изрази задоволство од проектот, кој е заеднички со Владата.

- Се работи за интерес и на државата и на општината. Ни се совпаѓаат мислењата за една модерна населба, која е во интерес за развојот на општината Карпош - изјави градоначалникот Петров.

Планерите од Агенцијата за планирање објаснија дека се работи за резиденцијална населба во која освен куќи и згради ќе се градат и други содржини како хотели и други сместувачки капацитети, конгресен центар, поликлиника, радио-телевизиски центар, бензински пумпи, училиште, градинка. И за потребите на странските заедници има маркичка за училиште за децата на странски државјани.

- Предвидено е населбата да живее 24 часа. Едни да одат на работа, а други да доаѓаат во неа. Во план е во оваа населба дневно да гравитираат 24.000 луѓе - рекоа планерите при презентацијата.

Членот на Советот на Карпош, Ненад Прелиќ рече дека во Комисијата за урбанизам имале забелешки за висините на деловните објекти од 21 метар, но како што рече, проектантите ги увериле дека „ќе бидат мали и нема да личат на големи ѕидови“.

Улиците што ќе се градат во населбата беа опишани како модерни и со тротоари. Инфраструктурата под улиците ќе се гради во бетонски коридори, па така при некоја интервенција коловозот нема да се прекопува и да се оштетува.

Засега не е позната цената по која ќе биде отуѓено земјиштето. Поголемиот дел од земјиштето на овој простор е државно, но има и приватно. На седницата на Советот беше најавено дека за два месеца ќе биде целосно познат статусот на земјиштето, односно дали е узурпирано или приватно. Советникот Прелиќ побара од градоначалникот Петров да се заложи за експропријација на приватното земјиште, со цел да се продава во пакет со државното при барањето инвеститор.

Јорданка Ивановска Cheers

Не е направен некој страшен прогрес, ама барем бебешките чекори да ги објавиме

А како се постуваат вакви статии? Копи пејст? или има тагови?



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Dec-2007 at 14:56
 
vo princip e ubavo da stavis link od izvorot (cisto radi verodostojnosta na informacijata). Samiot tekst najcesto go stavame vo [quоte] [/quоtе] tag. Cisto kolku da se pravi distinkcija pomegju novinarskiot tekst i toa sto ti go pisuvas.
 
Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Dec-2007 at 17:52
Originally posted by La Linea

Улиците што ќе се градат во населбата беа опишани како модерни и со тротоари.

Crazy



Инаку еве мала споредба со сончев град колку да се има некаков репер:

Сончев Град   90ha /   6000 жители
Зајчев рид     150ha / 24000 жители


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 24-Dec-2007 at 21:26
Originally posted by Cloverstack

Еве да почнеме со генералниот урбанистички план на Скопје 2002-2020. За жал немам поголема верзија а немам ни легенда... Голем дел од боите и мене не ми се 100% јасни.

http://imageshack.us">



AKO SAKA NEKOJ NEKA MI OBELEZI NA OVAA KARTA OD SKOPJE KADE TREBA DA BIDAT SONCEV GRAD I ZAJCEV RID?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Dec-2007 at 21:50
Originally posted by GreatMakedon


AKO SAKA NEKOJ NEKA MI OBELEZI NA OVAA KARTA OD SKOPJE KADE TREBA DA BIDAT SONCEV GRAD I ZAJCEV RID?


Еве брат





Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:13
Општина Карпош има објавено неколку ДУПови онлине Cheers

http://www.karpos.gov.mk/dup_doneseni.asp - http://www.karpos.gov.mk/dup_doneseni.asp


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:16
Ај прочитеај го пост #3


Срам да ти е, администратор... Bash  LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 02:19
ја открив Америка Suicide  LOL

озбилно не сум го приметил тој пост


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2007 at 04:54
Originally posted by pbanks


Единствено не ми е јасно зошто цел булевар е нареден со П+1 објектчиња со исклучок на локацијата за која говориме.


Originally posted by Cloverstack


Ако си расположен за дискусија на оваа тема, може да им направиме дисекција на двата ДУП-а во нишката за урбанистички планови. Јас имам замерки на неколку очигледни слабости.


Се работи за двата досега објавени ДУП-ови на општина Аеродром:

- ДУП за локалитет Јане Сандански, урбана единица Б
- ДУП за локалитет Ново Лисиче, урбана единица А

Погоре го имате линкот од каде што можете да ги симнете во голема резолуција (пост #4) Smile


Еве ги замерките кои ми текнаа во моментов:

1. Ме нервира тоа што има премногу приземни и едноспратни објекти воопшто во двата плана... За џабе се троши просторот. Или нека се гради со пристојна височина, или подобро нека ги остават површините под зеленило.


2. Двете бензински сами по себе можеби не се премногу проблематични (иако не ми се допаѓа нивната близина со станбените згради, особено поради фактот што населбата не е замислена на тој начин... веројатно има и одреден безбедносен проблем - на некои места тоа може да се прифати, но тука ми изгледа ко со сила да го правиме на место каде што нема потреба од вакви импровизации).
Но нивната местоположба сигурно зборува за тоа дека во градов не се планира внимателно, па некаде ќе имаме премногу бензински, а некаде ќе нема воопшто. За ова веќе дискутирав во нишката за бензински пумпи.

А конкретно бензинската од страната на населба Јане Сандански е со катастрофално сообраќајно решение. Поврзана е преку паркинзите наменети за зградите Crazy И нормално целиот тој сообраќај покрај тоа што ќе треба да меаневрира низ тој лавиринт, ќе мора непотребно да поминува буквално до самите згради... Ова е грубо одење против концептот на оваа населба која не случајно е планирана за да стамбеите блокови бидат одвоени од сообраќајните текови. Од готово вересија Roll%20eyes


3. Паркинг просторите во Јане Сандански се релативно лошо организирани. Покрај тоа, „внатрешноста“ на населбата е испресечена со паркинзи и улички, што повторно оди против концептот на населбата како што била првично замислена. Тој дел требало да биде вон домет на возилата. Повторно од готово вересија Roll%20eyes


4. Плановите се контрадикторни еден на друг во врска со булеварот (на средина од  сегментот на булеварот помеѓу двете населби.


5. Во врска со претходното (во Ново Лисиче). Сепак е јасно дека не е предвидена крстосница. Ова највеќе ја засега противпожарната станица (па и полициската станица). Значи не само што со булеварот се поврзани преку локалните паркинг улички, туку се ограничени и во кој правец ќе се вклучат на булеварот. Не знам како ќе изгледа тоа кога негде ќе има пожар, а нашите пожарникари ќе мораат прво малце да се повозат во спротивна насока па да вртат 180 степени на следната крстосница која е на на скоро 500 метри оддалеченост. Или па ќе возат стотици метри по локалните паркинг улички за да се вклучат на булеварот В.С.Бато Nuts

Тука да кажам нешто тотално неповрзано со урбанистичките планови, туку во во врска со името на овој булевар. Многу нелогично го крстиле... Булеварот В.С.Бато е во Г конфигурација, а овој дел за кој зборам е логично продолжение на бул. Јане Сандански. На сајтот на општината баш има анкета за ова, ама во моментов мало мнозинство се тие што се против преименување. Веројатно е тоа така затоа што прашањето е дебилно спакувано со друго преименување: Бул. АВНОЈ да стане продолжение на Бул. АСНОМ
Од ова второво мислам нема никаква потреба, освен тоа да се „плука“ по минатото. А АВНОЈ е сепак нешто позитивно за Македонците.


6. Каква е онаа локација 2.63 во Ново Лисиче? Спорт и Рекреација на тоа место??? Nuts


7. Ме бунат оние големи маркици предвидени за образование од двете страни. Ако се на пример за средни училишта или приватен колеџ/универзитет тогаш е ОК. Има и други прифатливи варијанти... Ама ако се навистина за студентски домови како што проструи низ народов, тогаш сум дефинитивно против!


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Dec-2007 at 11:26
do sea ovie dva dup-a gi neam videno ali gi iam videno drugite so se za naselbive gorno i dolno lisice.niso posebno ne se,osven toa so V.S.Bato ke se prodolzuva pravo,a isto mislam i Asnom.naselbive ke ostanat so kuki,samo na nekoi mesta ke se dignat zgradi do 10 sprata max (WTF?!?!?) drugo niso posebno.a za oblakoderi bila predvidena kasarnava so e kaj poliklinikava jane sandanski(negde do 50 sprata bi bile). tolku za sea,poise info koa ke uspeam da dojdam do drugite planovi Big%20smile 

PS mislam deka samo del od ovie planovi se usvoeni(za gorno i dolno lisice) taka da moze neso ke smenat


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 11:48
Кај мене не се отвара сајтот со ДУП-овите на Аеродром од кога памтам! И уште не е сменето. Може некој да ги качи, или?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 18:07
@Clover Се повторувам веќе, ама не оставаш многу простор за реплика стварно

1. се сложувам

2. се сложувам

3. Немам точна претстава за ова. Уличките што се означени во ДУП за ЈС се новопроектирани? Слабо стојам со внатрешноста на таа населба.

4. да

5. забелешка на место

6. Nuts

7. Маркиците се огромни. Прв пат слушам за приказната за студентски дом.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 18:09
Originally posted by La Linea

Кај мене не се отвара сајтот со ДУП-овите на Аеродром од кога памтам! И уште не е сменето. Може некој да ги качи, или?


http://www.build.com.mk/docs/JaneSandanski.jpg - http://www.build.com.mk/docs/JaneSandanski.jpg
http://www.build.com.mk/docs/NovoLisice.jpg - http://www.build.com.mk/docs/NovoLisice.jpg

Cheers


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:11
Според ДУП-ов за Ново Лисиче, треба да се изградат многу големи објекти, а таа маркичката за образование е ПРЕГОЛЕМА?! Што ли мислат да градат тука, не знам, само знам дека на населбава ке се смени личен опис, и нема повеќе да биде мирна како порано. Уште не сум сигурен дали би сакал да има до мене трговски центри, само сигурно е дека населбава(делот покрај булевар Србија) ќе биде накрцана до бескрај, а ваљда и ќе влијае на паркинг простор, зошто и без 3 трговски центри е кнап.

Супер за надземниот/подземниот премин кај полициската.

Бензинската пумпа на булевар Србија- па и не е толку лошо местото, ама пак не ме радува толку. Во главно ДУП-ов ќе го смени Ново Лисиче од корен.Confused


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:28
Originally posted by pbanks


3. Немам точна претстава за ова. Уличките што се означени во ДУП за ЈС се новопроектирани? Слабо стојам со внатрешноста на таа населба.


На планот се означени сите три групи:

- оние што беа изградени уште кога се градела населбата
- оние што се изградија пред 3-4 години за време на барабата градоначалник Љупчо Димов (кога Аеродром беше под општина Кисела Вода)
- оние што допрва треба да се доградат.

Работата веќе е до некаде зезната со некои решенија кога се правеше доградба за време на Димов. Но ако ДУП-ов се реализира комплетно, мислам населбата во голема мерка ќе изгуби една од своите подобри страни, една од нејзините карактеристики важна за целокупниот концепт.

Зголемување на паркинг просторот мораше и мора да има... Но ми изгледа дека тоа е многу лошо обмислено Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:32
@La Linea. Ако добро те разбирам ти си за Лисиче какво што е сега? Како населби Аеродром и Лисиче многу ми се свиѓаат, ама се недоделкани т.е. сеуште се во голема мера само големи спални соби. Населбата плаче за трговски центри, театри, кино сали, деловен простор итн. Не викам дека тие треба да се насадат меѓу зградите но мислам дека има доста простор сето тоа да се сложи како што треба.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:46
   
Се разбира дека сум за промени кај населбата, нема баш никаков трговски центар или место за рекреација (имаше цело игралиште донирано од збратимениот град Нирнберг, ама брзо му дојде крајот на него). На ДУП-от може да се види многу лесно дека е посветено  внимание само на надворешниот дел, покрај булеварот, а никој не му текнува дека покрај детската улица, од страните има - ливади, не паркови, туку ливади. Поправете ме ако не сум во право, ама јас на ДУП-от гледам само тоа.

    Многу би било фино таму да има некакво паркче , па со малку landscape-architecture, скејт-парк и игралишта ќе се разубави многу, вака служи буквално како пасиште за кози и коњи.

 А има едно многу трагично делче од населбава, тоа е оној мал стадион, што останал недограден највероватно после 1991, и горе-доле им служи само на џанкерите, на глувците. Да не збориме за некоја пукната цевка внатре што го наполнина цело стадионче (иначе тоа е цел објект, како спортска сала ќе му дојде) па сега е мочуриште. Морбидно е до бескрај, а имаше некакви напори баш во времето на Димов трибините да се средат, ама само го раскопаа бетонот од патчето што спушташе до стадиончето и ги оставија трибините осакатени.  
Suicide

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 20:54


ОК тогаш Thumbs%20Up Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2007 at 21:00
La Linea, се сложувам со твојот последен пост комплетно!



Originally posted by se_manda

do sea ovie dva dup-a gi neam videno ali gi iam videno drugite so se za naselbive gorno i dolno lisice.niso posebno ne se,osven toa so V.S.Bato ke se prodolzuva pravo,a isto mislam i Asnom.naselbive ke ostanat so kuki,samo na nekoi mesta ke se dignat zgradi do 10 sprata max (WTF?!?!?) drugo niso posebno.a za oblakoderi bila predvidena kasarnava so e kaj poliklinikava jane sandanski(negde do 50 sprata bi bile). tolku za sea,poise info koa ke uspeam da dojdam do drugite planovi Big%20smile 

PS mislam deka samo del od ovie planovi se usvoeni(za gorno i dolno lisice) taka da moze neso ke smenat


хммм... интересни работи кажуваш... едвај чекам да ги објават ДУП-овите Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Dec-2007 at 13:10
Originally posted by pbanks

Како населби Аеродром и Лисиче многу ми се свиѓаат, ама се недоделкани т.е. сеуште се во голема мера само големи спални соби. Населбата плаче за трговски центри, театри, кино сали, деловен простор итн. Не викам дека тие треба да се насадат меѓу зградите но мислам дека има доста простор сето тоа да се сложи како што треба.


Па не знам колку театри сакаш да има LOL

Али шала на страна, од спротивната страна на бисер е планирано нешто симетрично, а по функција да биде културен центар што меѓу другото ќе има и кино и театар. Со бисер е планирано да биде поврзан со надземен премин преку булеварот.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Dec-2007 at 13:20
Али шала на страна, од спротивната страна на бисер е планирано нешто симетрично, а по функција да биде културен центар што меѓу другото ќе има и кино и театар. Со бисер е планирано да биде поврзан со надземен премин преку булеварот.
http://www.funmunch.com/ecards/cgi-bin/postbox.php?card=071229121213P9t -


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Dec-2007 at 14:01
Па имам прочитано ваква работа 2-3 пати... не можам да се сетам од каде точно, одавна било. Во секој случај ми звучи логично, а надземен премин и без тоа мора да се направи.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Dec-2007 at 18:23
Originally posted by Cloverstack


Па не знам колку театри сакаш да има LOL

Али шала на страна, од спротивната страна на бисер е планирано нешто симетрично, а по функција да биде културен центар што меѓу другото ќе има и кино и театар. Со бисер е планирано да биде поврзан со надземен премин преку булеварот.


па за жал и овие театри што ги имаме се премногу но тоа е друга проблематика. Слична е и ситуацијата со кината.

@La Linea така е планот за Бисер дефинитивно. Ако погледнеш од другата страна има еден издигнат скелет на кој би се "наденал" симетричниот објект на Бисер. Таков скелет имаше и на страната каде што е Бисер пред неговата изградба. Но како и многу други работи, тој дел е оставен за "во втора фаза".


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jan-2008 at 03:19
Се слагам, ама кога ќе размислам какво ни е градското раководство, не би имале воопшто помалце скандалозни решенија. Сепак, мора да има централно планирање, не може секоја општина да си тера како што сака... Мислам дека премногу одврзани раце им се дадоа на општините во некои сфери...

Инаку пазете го делот за 160-катниците на Киро (што е наведен како пример). Демек општината по обичај го заобиколила градот, па на проектот му требало само уште позитивно мислење од министерство за транспорт и врски и ќе се реализирал Nuts


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B92092E9D042E6459497C08847A96C30 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B92092E9D042E6459497C08847A96C30

Општините мора да ги почитуваат мислењата на Градот за ДУП-овите

Министерството за транспорт не смее да даде согласност за ниеден ДУП без да има позитивно мислење од Градот

САЊА НАУМОВСКА


Општините мора да ги почитуваат мислењата на Градот Скопје за новите детални урбанистички планови. Во спротивно, се' почесто ќе се случува поради нечии лични суети да се носат лоши, погрешни и често нелогични решенија, од кои најмногу страда урбаниот развој на градот. Според професорот по управно право Борче Давитковски, станува збор за збирни решенија кои ги донесуваат повеќе органи и кои се врзани едно со друго. Според Законот, Министерството за транспорт не треба да издаде согласност за некој Детален урбанистички план или негова измена доколку претходно тој ист план не добил позитивно мислење од Градот Скопје. Секоја поинаква постапка, потенцира професорот Давитковски, може да доведе до соборување на актот пред Уставниот суд. Причината за ваквото законско решение за врзани одлуки лежи во усогласувањето на деталните планови со Генералниот урбанистички план, кој го донесува Градот Скопје еднаш во 20 години.

Спротивно на ова, поголемиот дел од општините, кои во последно време предлагаат невообичаени урбанистички решенија во своите планови и за тоа добиваат негативно мислење од Градот, сметаат дека е важна само согласноста на Министерството за транспорт и врски. Тие најавуваат реализација на своите решенија и покрај негативните ставови на градската власт. Доказ е последниот случај со Општина Аеродром од каде што велат дека изградбата на 160-катниците ќе се реализира независно од ставот на Градот доколку Министерството се изјасни позитивно. Мислење од Градот, покрај за објекти, треба да се бара и за реализација на идеите за изградба на споменици, поставувањето бисти и други обележја. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, тие треба да имаат своја маркичка во ДУП, што автоматски повлекува и добивање мислење од Градот Скопје.

И надлежните во градската администрација ги цитираат Законот за Град Скопје и Законот за просторно и урбанистичко планирање, чии решенија имаат цел да не се предизвика колизија на Генералниот урбанистички план, кој го усвојува Градот со деталните планови што ги работат општините. „Доколку за еден план има негативно мислење, тој е соборлив на Уставен суд“, велат во Градот. Секој граѓанин, покрај Градот и други засегнати институции, може да побара оценување на уставноста и законитоста на секој акт што го донесува општината. Доколку доследно се почитува словото на законите, без позитивно мислење од градскиот Сектор за урбанизам и согласност од Министерството, која било одлука на општината не смее да се спроведе во реалност.

Решение за постојаните судири на надлежностите во областа на урбанизмот во Градот Скопје гледаат во ставањето на оваа област под надлежност исклучиво на градската администрација. Тоа подразбира изработка и на Генералниот и на деталните урбанистички планови, додека на општините, пак, би им биле делегирани дел од надлежностите за реализација на плановите. За одговорните во Градот, дел од решенијата во Законот за Град Скопје мора итно да се сменат, особено оние што се однесуваат на области кои се од значење за целиот град и можат да се третираат исклучиво како целина. Тоа, покрај урбанизмот, се и сообраќајот, водоводот и канализацијата и градското осветление.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:27
Нова населба за 5 илјади жители


На вкупниот простор од 36 хектари ќе има 1345 станови. Проектот предвидува и изградба на помали комерцијални и деловни објекти, трговски центри во чии рамки ќе функционира и зелен пазар, а планирана е и изградба на училиште, социјални институции, црква, паркови и објекти за спорт и рекреација


На празниот простор, во непосредна близина на населбата Хиподром, кој во моментов претставува земјоделско земјиште, ќе никне нова населба за 5000 жители. Со урбанистички план "Маџари-Хиподром" кој вчера беше усвоен од Советот на Општина Гази Баба, на вкупниот просторот од 36 хектари се предвидува изградба на 1345 станови.
-Површината за домување во станбени куќи со дворови и во станбените згради изнесува 15 хектари. На останатиот простор ќе се градат помали комерцијални и деловни објекти, трговски центри во чии рамки се предвидува да функционира и зелен пазар, а планирана е и изградба на училиште, социјални институции, црква, паркови и објекти за спорт и рекреација, објснуваат во Општината.

Според градоначалникот Коце Трајановски, земјиштето кое во моментот претставува обработлива површина ќе се трансформира во градежно земјиште, а во тек е и решавање на имотно-правните односи.
-Ние веќе година дена работиме на расчистување на имотно-правните односи на овој простор и веќе во Министерството за земјоделие има конкретни предлози. Еден мал дел е вратен со денационализација, но и тој дел треба да се реши. Инаку, со донесување на деталниот план за овој простор, му помагаме и на Министерството за транспорт и врски во уредувањето на државното земјиште. Откако ќе се решат имотно-правните односи министерството ќе треба да распише конкурс. Мора да кажам дека има многу инвеститори кои доаѓаат и сакаат да инвестираат тука, бидејќи се работи за многу атрактивна локација која е на влезот на Скопје и која треба да претставува препознатлив дел од градот, вели Трајановски. Според него веќе наесен се очекуваат и конкретни активности за реализација на овој ДУП, со оглед дека има заинтересирани фирми.

Сепак, тој додава дека е неопходно да се обезбеди и потребна инфраструктура, како и да се направи приклучок на автопат Е-75 кој претставува северна граница на овој урбанистички план.
-Сегашната улица Благоја Стефковски ќе биде толку оптеретена што ќе биде непроодна. Бидејќи се работи за надвозник што треба да се гради на автопат, од тие причини ова ќе треба да го реализираат Министерството за транспорт и врски и Градот, додава Трајановски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F87B2BEFDDA672439131DB5DA7F7F9BA


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 23:40
е ајде нека никне населбата Big%20smile

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2008 at 18:39
Поопширно за планот во Хиподром

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=450FAACB82F2C9488D9FC2003BA2B0F2 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=450FAACB82F2C9488D9FC2003BA2B0F2


ДОНЕСЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА МАЏАРИ-ХИПОДРОМ

На плодни ниви ќе посадат згради

На обработливо земјиште во Хиподром ќе се градат 11 згради и 324 куќи за 5.000 жители

Земјоделско, обработливо плодно земјиште во Хиподром ќе се трансформира во градежно за да никне нова населба за 5.000 жители. Тоа е предвидено во детаљниот урбанистички план за локалитетот Маџари-Хиподром, кој беше донесен на последната седница на Советот на Гази Баба. Новиот урбанистички план опфаќа површина од околу 36 хектари.

Ќе биде дозволено да се изградат 11 станбени згради за околу 1.500 жители и 324 куќи за околу 3.500 жители. Куќите се предвидени како самостојни, двојни и во низа, а станбените згради се повеќекатни, со повеќе од три стана. Во дел од зградите се предвидуваат и мали комерцијални и деловни единици. Освен домувањето, со планот е предвидена изградба на основно училиште за 580 ученици, со површина на градежна парцела од 1 хектар и површина за градење од 2.450 квадратни метри. Ќе се гради и детска градинка за 189 деца, социјална установа, како и црква со површина за градење од 345 квадрати. Црквата ќе биде поврзана со пешачки патеки и со плоштад, на кој е предвидена изградба на фонтана и место за споменик. Освен овие содржини, се предвидува и изградба на трговски центар со мали и големи трговски единици.

На советничко прашање зошто во толкава населба не е предвиден пазар, архитектот во Општината Гази Баба, Душанка Атанасова одговори дека зелениот пазар ќе биде сместен во приземјето на трговскиот центар.

На влезот во населбата, од западната страна е планирана зона со сервиси. Се предвидува засадување на неколку вида зеленило: заштитно, околу улицата Пролетна офанзива и покрај автопатот за заштита на населбата од бучава и од аерозагадување, како и линеарно и парковско зеленило. Паркирањето возила е испланирано во рамките на секоја градежна парцела, а во централниот дел на населбата ќе биде изграден поголем јавен паркинг. Населбата ќе ја опслужува јавен градски превоз.

Градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски рече дека најголем дел од територијата што ја опфаќа овој план е земјоделско земјиште, кое треба да се трансформира во градежно.

- Повеќе од шест месеци работиме на расчистување на имотно-правните односи за да може наесен да се почне со изградбата. Со овој план практично му помагаме и на Министерството за транспорт и врски бидејќи земјиштето е државно. Кога ќе бидат расчистени сите имотно-прави односи, Министерството ќе треба да распише конкурс за изградба на населбата - рече Трајановски.Тој потенцираше дека приоритет при реализацијата на овој план ќе биде изградбата на приклучокот со кој населбата ќе се поврзе со автопатот.

- Доколку не го реализираме тоа, улицата Благоја Стефковски ќе биде толку оптоварена, што ќе стане непропусна. Приклучокот е предвиден со планот и неговата изградба за нас е најголем приоритет. Но, Општината не ќе може да го изгради сама надвозникот, па се надеваме на помош од Градот Скопје и од Министерството за транспорт - рече Трајановски.

Тој посочи дека засега повеќе инвеститори пројавиле интерес за инвестирање на овој простор бидејќи станува збор за многу атрактивна локација на влезот на Скопје.

Анела Петрова



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Feb-2008 at 13:39

Ваљда за тука е веста од нашиот омилен регион

Ќе се урбанизираат Ада и Туфка во Гевгелија

Советот на општина Гевгелија го донел  нацрт – урбанистичкиот план за месноста Ада и Туфка кај Смоквица, јави дописникот на Нетпрес. Со тоа започнува првата фаза од урбанизирањето на двете атрктивни локации во општината, кај кои ќе бидат изградени два туристичко-угостителски комплекси.

На Ада предвидена е изградаба на хотелски комплекс “Калифорнија Ресорт“ инвестиција на “Гитони ДООЕЛ Гевгелија“. Кај Туфка, пак ќе се гради туристичко-рекреативен центар на фирмата “Терме Гевгелија“. Гевгеличани ги разгледувале плановите.

 
Извор: Нетпрес
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=22990&kategorija=1 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=22990&kategorija=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2008 at 19:32
Сакам да искоментирам за две многу крупни загрижувачки случувања:


1. Се потврди зголемувањето на висината на 4 објекти околу плоштадот. Сега да не навлегувам во криминалните игри околу тоа и колкави профити некој ќе си направи со ова неиздржано и неоправдано „извишување“ на маркиците. Сакам само да посочам дека ваквата импровизаторско-профитерска одлука ќе ја разбие хармонијата на идниот дооформен плоштад. Не сакам ни да замислам како ќе изгледа плоштадот со различни висини на зградите... Или како ќе изгледа кога некој „бисер“ на транзициска архитектура ќе никне карши тренд и ќе ја надвиши Ристиќева Палата.


2. Во Порта 3 има текст за ДУП „Пресвета Богородица“. На адвокатската улица се предвидени деловни објекти со висина до 17,5 метри. Планирано е и проширување на НУБ и на основното училиште, како и изградба на катна гаража.
Но она што загрижува е тоа што околу црквата е планиран цел религиозен комплекс: дополнителни простории за црквата, музеј на МПЦ, зграда за синодот, богословски факултет, деканат, студентски дом за машки и депенданс за женски... исто така планирана е и заштита на темелите на срушената црква Св. Мина (што и да значи тоа). Веројатно може да се простиме од многу квалитетната локација која ја дискутиравме и во темата за нов парламент:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78&PID=2140#2140 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78&PID=2140#2140


Добредојдовте во Македонија - христијанскиот Талибан Wallbash


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2008 at 19:47
Originally posted by Cloverstack


2. Во Порта 3 има текст за ДУП „Пресвета Богородица“. На адвокатската улица се предвидени деловни објекти со висина до 17,5 метри. Планирано е и проширување на НУБ и на основното училиште, како и изградба на катна гаража.
Но она што загрижува е тоа што околу црквата е планиран цел религиозен комплекс: дополнителни простории за црквата, музеј на МПЦ, зграда за синодот, богословски факултет, деканат, студентски дом за машки и депенданс за женски... исто така планирана е и заштита на темелите на срушената црква Св. Мина (што и да значи тоа). Веројатно може да се простиме од многу квалитетната локација која ја дискутиравме и во темата за нов парламент:
Добредојдовте во Македонија - христијанскиот Талибан Wallbash


И сега што е финалното решение: ДУП „Пресвета Богородица“? Религиозен комплекс или дај боже деловните објекти?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2008 at 21:13


религиозниот комплекс го куваат на страната накај Вардар, околу Св. Богородица. Делот кај адвокатската улица треба да биде со деловни.


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Feb-2008 at 02:21
Дали ни се спремаат нови изненадувања? Највероватно се работи за црквата и подземната сообраќајница под кејот... Буњаковец останува да видиме понатаму...
    

Владата бара да се коригираат три урбанистички плана во Центар

Министерството за транспорт и Општината тврдат дека не знаат кој е интересот за ургентно менување на плановите

Деспина Трајковска

Три урбанистички плана кои се однесуваат на централното градско подрачје ќе треба да се коригираат и тоа по барање на Владата. Ваква одлука, која е објавена во последниот „Службен весник“, е донесена пред десет дена на владина седница. Која е причината и интересот на централната власт за интервенција во плановите, активност која е утврдена како дел од Програмата за приоритетна изработка на урбанистичките планови во државава, никој не кажува. Единствено е познато дека Општина Центар ќе треба да изврши измени и дополнувања на деталните урбанистички планови за Мал ринг, за Голем ринг - јужен дел - исток и запад и за Буњаковец 1.

Владините портпароли вчера не беа достапни за појаснување на одлуката, додека од Министерството за транспорт и врски, кое е надлежно за нејзината реализација, единствено посочија дека постапиле по барање на општина Центар. Имено, според Министерството, Општината е таа која од нив побарала финансирање на измените и дополнувањата на трите урбанистички плана. Општинарите, пак, како да се затечени од ситуацијата. Портпаролката Лидија Неделковска изјави дека првпат слуша за таква одлука и додаде дека Општината нема добиено каков било официјален допис од Владата во врска со усвоената програма за приоритетна изработка на ДУП. Од општинското Одделение за урбанизам, пак, не добивме никаков одговор.

Со оглед на наводната неинформираност на повиканите надлежни институции, на јавноста и' останува да нагаѓа зошто Владата бара корекции на плановите. Очигледно, прекројувањето на ДУП Мал ринг е поради донесената одлука за изградба на црквата на плоштадот, која не е предвидена со сегашниот план. Сепак, останува нејасно што планира да гради Владата во останатите две подрачја кои се зафатени со планираните измени на плановите Голем ринг и Буњаковец 1, едниот кој го опфаќа делот спроти хотелот „Холидеј ин“, а другиот се однесува на делови зад трговскиот центар „Буњаковец“.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C8AD98A82B8EFD4BBCE3F45745087375 - Утрински  весник
.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Feb-2008 at 02:32
haha,, ja sto tuku go postirav istovo vo Vesti.....Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Feb-2008 at 04:12
Кои битанги!!! Немам што друго да искоментирам... Само се надевам и мислам дека сето ова ќе им се тресне од глава.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Feb-2008 at 14:31
Ovoj Dup sto e karsi Holiiday Inn mi mirisa na toa deka sakaat da gi vmetnaat  oblakoderite...


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Feb-2008 at 15:37


Можно е. Иако првично бев за облакодерите (не дека беа реални ама) дефинитивно таа локација не е погодна. Треба да ги зацртаат кај Маџир маало, тамошната инфрастуктура (онаа хипотетичката како Крушевска република) многу подобро би се справила со гужвата што би ја создале такви објекти. Овдека кај Холидеј Ин стварно нема многу маневарски простор.


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Feb-2008 at 15:45
Previous Епа... Ако сеуште постои планот за изградба на таа Градска порта, нели би било најпаметно решение, овие облакодери да се изградат на местото кај маџир маало и да ја оформат Градската порта(тоа би биле згради што би образувале една замислена средновековна порта, нели?)

Макета на градска порта, со Крушевска република на средина...




   Башка како што викаш, булевар како Крушевска република би бил способен да се справи со метежот.

Едит: сега ја гледам макетава, и малце ме буни, дека тука е покажано нешто многу покомплицирано од еден булевар и неколку згради... Ама мислам дека ова се работи за првичните планови, пред да бидат модифицирани во нешто „по остварливо“. Планот на Танге бил многу скап за реализација на почеток.
    Ако некој разбира, може да ми објасни што се подразбира под Градска порта поточно?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Feb-2008 at 15:54


ми се плаче кога ги гледам овие неизградени бруталистички лепотани Ohno. Како само моќно би изгледале.

Да се слагам, би биле супер за оформување порта. Таков вид висококатници се најчесто деловни/канцелариски. Локацијата покрај транспортниот центар би била перфектна. Замисли колку би било згодно за голем дел луѓе од Велес, Тетово, Куманово кои доаѓаат на работа во Скопје. Од работа одма си на воз и за пола саат си дома.

А за Скопјаните, како што рековме тука е Крушевска република да го понесе товарот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Mar-2008 at 00:10
Од урбанистичкиов план нормално ни трага ни глас на општинскиот сајт Ohno. Пребарав и во општинските весници Bash.

Во Општина Гази Баба ќе се гради нова населба за 5.000 жители

Предвидено е близу Хиподром да има 1.345 стана во куќи и станбени згради

Снежана Калабакова

Откако советниците на Општина Гази Баба го донесоа Детаљниот урбанистички план за Маџари и Хиподром, идејата за изградба на нова модерна населба за 5.020 жители полека станува реалност, бидејќи ДУП е во рамките на Генералниот урбанистички план. Новата населба ќе се изгради на површина од 36 хектари и ќе се протега од делот каде што сега завршува урбаната населба Хиподром во правец на истоимениот спортско-рекреативен центар.

Планот предвидува изградба на 1.345 стана, од кои дел ќе бидат типски куќи за индивидуално домување, а дел колективни станбени згради. Планирана е изградба и на верски, образовни, деловни, спортско-рекреативни и објекти за услужни и сервисни дејности, како и парковски површини, мал плоштад, фонтана и се' што е потребно за една модерна населба. Изведбата на фекалната канализација ќе оди полесно, бидејќи таа речиси поминува низ населбата, односно се протега покрај реката Вардар до селото Инџиково. Само на 1.000 метри оддалеченост се наоѓа водоводната канализација. Во близина поминува и гасоводот кој ќе биде добредојден за новите домаќинства. Другата инфраструктура, како што вели градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски, ќе ја гради инвеститорот. На излезот од Скопје, точно на крајот од новата населба, ДУП-от предвидува натпатник, кој ќе овозможи брз и покус влез. За изградба на населбата веќе имало заинтересирани инвеститори од Израел, Турција и од Австрија. Најголем дел од земјиштето на кое ќе се гради е земјоделско и за него се води постапка за пренамена. Многу мал дел е земјиште во приватна сопственост за која се во тек процеси за денационализација.

„Просторот на кој ќе се гради новата населба ги има сите предуслови за да стане убаво место за живеење. Реални се шансите нејзината изградба да почне идната година. Дотогаш ќе се решат дел од инфраструктурните потреби на идните жители, а правиме напори да се обезбеди и водоснабдителната мрежа. На предвиденото земјиште за градба веќе има и постојни објекти од малото стопанство, кои се лоцирани веднаш покрај железничката пруга. Затоа ги сметам за неиздржани тврдењата дека поради немање инфраструктура ваква населба не треба да се гради. Тоа ќе биде посовремена населба од другите и ќе го разубавува влезот на Скопје“, вели градоначалникот Трајановски.

Тој појаснува дека за новата населба најзаинтересирани се жители од Куманово, Велес и Општината Илинден, кои веќе пројавиле желба да обезбедат нови домови што ќе им бидат на половина пат помеѓу главниот град и сегашното живеалиште. Трајановски вели дека во тек е расчистување на имотноправните односи за земјиштето, а веднаш потоа Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер за избор на инвеститор.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6411F1AE38C9344AA684CC9774BBBE3F - Утрински весник


Posted By: kire85
Date Posted: 03-Mar-2008 at 01:19
vo posledno vreme nesto mnogu zacestija najavite za izgradba na novi naselbi niz skopje....fakt koj raduva zasto takvite naselbi bi go razubavile gradot...samo da ne ispadnat site kako rasadnik pa da zalici skopje na tiranaNuts


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Mar-2008 at 05:34
Originally posted by kire85

vo posledno vreme nesto mnogu zacestija najavite za izgradba na novi naselbi niz skopje....fakt koj raduva zasto takvite naselbi bi go razubavile gradot...samo da ne ispadnat site kako rasadnik pa da zalici skopje na tiranaNuts

Да, овие населби даваат можност за конечно да почнеме како што треба, да се планира се до последен детаљ, па потоа да се изведува на терен.



Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:53

Во општина Ѓорче Петров

Донесен Деталниот урбанистички план за Даме Груев

На последната седница Советот на општина Ѓорче Петров ја усвои Нацрт-одлуката за Детален урбанистички план за дел од Урбаната заедница Даме Груев-Урбан блок2. Со предложеното решение се создаваат услови за подобра сообраќајна поврзаност на локалитетот со планирано дооформување и проширување на сите инфраструктурни системи (водовод, фекална и атмосферска канализација, електрика, телефонска мрежа и сообраќајници), притоа водејќи сметка за постојната состојба во однос на пристапите до секоја парцела. Овој ДУП е во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје. Со него се предвидени зона за семејно домување во стамбени куќи, основно училиште и сообраќајни површини.
Просторот за кој се донесува овој ДУП се протега од трасата на железничката пруга Белград-Скопје до улиците “Лука Геров“ и “Николај Островски“.
И.М.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=950&ArticleID=50562 - Nova Makedonija



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Mar-2008 at 22:55
Сменет е ДУП-от за центар денеска. Уфрлени се три 98-катници. Значи 3х98 ката!!!


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Mar-2008 at 11:21
А зошто само 4 ката? Колку што знам сегде во скопје е дозволено 6-7 ката (мислам 21 метар е тој лимит што обично го практикуваат Dunno) Па сигурно ако некој воопшто се нафати да го направи ова би сакал и некој денар да ќари, ваљда нема од хуманитарни причини да гради  Crazy  Знае некој отприлика колку куќи има таму?
 

Според ДУП во населбата Дижонска ќе се изградат стотина згради

Планот има опфат од 60 хектари, кои во најголем дел се државно градежно земјиште

Снежана Калабакова

Изградба на стотина станбени згради, бензиска пумпа, деловни објекти, трговски центар, објекти за спорт и рекреација и еден верски објект, предвидува Детаљниот урбанистички план за населбата Дижонска во Чаир. Планот има опфат од 60 хектари и во согласност ГУП зацртува изградба на колективно домување во објекти на четири ката. Општина Чаир им дава можност на граѓаните сами да решат за урбанизирање на просторот заедно со инвеститорот што ќе гради. Но, единствен проблем е нерешеното прашање со градежното земјиште, кое е сопственост на државата од која градоначалникот Изет Меџити очекува дека ќе застане зад еден ваков проект. Од Министерството за транспорт и врски испратиле до градоначалникот на Чаир барање да им достават изводи од ДУП.

Меџити тврди дека за Дижонска има заинтересирани домашни и странски, поточно турски инвеститори, кои, сепак, сакаат да вложуваат во објекти на повеќе ката за да добијат станови за продажба. Вакви населби, објаснува градоначалникот, има во Турција и тие во договор со жителите во текот на изградбата се претвораат во урбани делови со колективни објекти. Ваква можност постои и за Дижонска, особено затоа што до средината на април во населбата ќе се финализира изградбата на водоводната, фекална и атмосферска мрежа.

„Од сите локации на кои е предвидена изградба на објекти за колективно домување, до Министерството за транспорт и врски од страна на Општина Чаир е доставен извод само за една. За да се реализира ДУП за Дижонска, потребно е да се изврши увид на сопственоста на земјиштето и да се проверат имотноправните односи, односно да се види дали за конкретното земјиште се води или не се води постапка за денационализација. Откако Чаир ќе ни ги достави изводите од ДУП и ќе обезбеди докази дека станува збор за земјиште кое е целосно сопственост на Република Македонија, Министерството во најкус можен рок ќе пристапи кон комплетирање на потребната документација за да се овозможи јавно наддавање за отуѓување на градежното земјиште“, објаснија од Министерството за транспорт и врски.

„Како општина не можеме ништо да сториме доколку државата не застане зад нас и не покаже интерес граѓаните да добијат подобри услови за живеење. Тие педесетина година живеат на државно земјиште кое треба да го откупат, а дури потоа на нивната индивидуална или на неколку здружени парцели да почне изградба на станбена зграда“, вели градоначалникот Меџити

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD18A4686BA934FA91B6DED74F94E5D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD18A4686BA934FA91B6DED74F94E5D


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2008 at 14:36


Во право си, нема никаква смисла ова со катноста Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2008 at 23:59
Општина Карпош има поставено дополнителни ДУП-ови на увид на нивната веб страна Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Mar-2008 at 11:57
Originally posted by Cloverstack

ДУП за локалитетот кај салата Smile

Не гледам нова „клучка“ како што се пишуваше...

http://199.236.67.122/karpos/19-DUP-KARPOS-3-SINTEZEN.pdf - http://199.236.67.122/karpos/19-DUP-KARPOS-3-SINTEZEN.pdf


Ми се свиѓа . Не сум утнал многу во однос на маркицата за идниот трговскиц центар на аголот Илинденска/Октомвриска револуција во скицата што ја правев пред некое време, незнам кај точно ја постирав. Некои од уличките чудно завршуваат но веројатно треба да продолжат до гаражите во трговскиот центар. Меѓу трговскиот и бензинската Макпетрол може да ја видите маркицата за новиот салон на Хонда. И новопроектираните спортски теренчиња не се лоши иако мислам дека ен треба такви фрагментирани да ги прават туку некој поголем центар.

Нова клучка нема каде што пишуваа но има нов влез/излез на Октомвриска револуција кај базенот. Излезот е ОК но влезиот е катастрофа, како ќе биде тоа решено?? Таму дефинитивно треба некаков надвозник/подвозник.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2008 at 15:03
Originally posted by pbanks

http://199.236.67.122/karpos/19-DUP-KARPOS-3-SINTEZEN.pdf -
Нова клучка нема каде што пишуваа но има нов влез/излез на Октомвриска револуција кај базенот. Излезот е ОК но влезиот е катастрофа, како ќе биде тоа решено?? Таму дефинитивно треба некаков надвозник/подвозник.


Не сум сигурен дека тоа е влез/излез, можеби се само два излеза... Но и така изгледа плукни-залепи.
Исто така таа крстосницата малку погоре е без врска (две Т вкрастувања едно до друго)

Човече, кога вакви импровизации упорно прават на простори што биле празни, на што можеме да се надеваме таму каде што навистина би имало предизвици во планирањето...

Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2008 at 02:53
Општина карпош ги стави на јавен увид ДУП-овите и GIS. Може да ги најдете на http://www.karpos.gov.mk - www.karpos.gov.mk во делот Урбанизам!!!

Се надевам дека и другите општини и градот ќе го следат примерот на оваа општина и ќе не удостојат со по некој ДУП или ГУП!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2008 at 03:56
Originally posted by lslcrew

Општина карпош ги стави на јавен увид ДУП-овите и GIS. Може да ги најдете на http://www.karpos.gov.mk/ - www.karpos.gov.mk во делот Урбанизам!!!

Се надевам дека и другите општини и градот ќе го следат примерот на оваа општина и ќе не удостојат со по некој ДУП или ГУП!!!


Општина Карпош имаше ставено стари ДУП-ови во GIF формат уште многу одамна, пред неколку години. Пред неколку месеци ги постави и новите ДУП-ови во PDF формат (за тоа веќе има дискутирано во нишкава)

Али ова со GIS-от е стварно екстра!  Cheers

Стварно крајно време е сите општини да ги постават своите ДУП-ови на јавен увид на интернет. Не е никаква филозофија ниту трошок... Немаат никакво оправдување за ваквиот нивни однос.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Jun-2008 at 00:04
Ај некоја добра душа нека ми објасни кој е стопанот во државава дали тоа е премиерот или градоначалникот...
...пред некое време купив плац со маркица во ГУП од државата и во договорот стои дека во рок од една година треба да извадам-добијам одобрение за градба, кое го издава општината инаку се раскинува договорот, е тука е бељата општината носи поприлично различен ДУП од ГУПот, на местото на мојата локација тие предвиделе зелена површина, а во ГУПот стои градежен објект.
е сега чиј збор е поголем на државата или на општината, и дали јас сум оштетен некако па макар и облигационо и кој и каков правен лек би искористил во моја полза?
знам дека треба да барам стручен совет но барам мислење и од Вас па сетне на пари фрлање по тоа толкувачите на законот, мислам дека е ептен замрсено тоа со надлежностите
сепак се надевам дека на крај и ќе добијам дозвола откако секој ќе си ги прибере нозете до кај што му е чергата, но само да не биде прекасно и договорот со државата да ми истече.
вистина била онаа старата “стапот има два краја но само од еден грб може да се искрши“


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2008 at 00:38
Мислам дека би требало ГУП-от да има поголема важност, а ДУП-от да биде донесен во рамките на ГУП-от до каде што дозволува. Во твојот случај би требало спорен да биде ДУП-от.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2008 at 08:23
Originally posted by beTon

Ај некоја добра душа нека ми објасни кој е стопанот во државава дали тоа е премиерот или градоначалникот...
...пред некое време купив плац со маркица во ГУП од државата и во договорот стои дека во рок од една година треба да извадам-добијам одобрение за градба, кое го издава општината инаку се раскинува договорот, е тука е бељата општината носи поприлично различен ДУП од ГУПот, на местото на мојата локација тие предвиделе зелена површина, а во ГУПот стои градежен објект.
е сега чиј збор е поголем на државата или на општината, и дали јас сум оштетен некако па макар и облигационо и кој и каков правен лек би искористил во моја полза?
знам дека треба да барам стручен совет но барам мислење и од Вас па сетне на пари фрлање по тоа толкувачите на законот, мислам дека е ептен замрсено тоа со надлежностите
сепак се надевам дека на крај и ќе добијам дозвола откако секој ќе си ги прибере нозете до кај што му е чергата, но само да не биде прекасно и договорот со државата да ми истече.
вистина била онаа старата “стапот има два краја но само од еден грб може да се искрши“


И јас се сложувам со лсл. ДУПот мора да се софпаѓа во ГУПот инаку воопшто не треба да биде докажен. Како што и самиот велиш тоа нема врска во пракса. Па премиерот лично (ис)турка промена на ДУП која нема врска со постоечкиот гуп (црквата на плоштад).

Мислам дека правдата е на твоја страна, мислам дека можеш да го обжалиш ДУПот бидејќи е во спротивност со ГУП (во рамките на твојата локација).

Сепак како што и самиот кажа најдобро е да се консултираш со некој кој е компетентен и има искуство со оваа проблематика.

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 16:20
Не знам каква држава е ова... Како може да се носат ДУП-ови кои не се во согласност со ГУП?!?

Ohno


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Jun-2008 at 23:35
средено е маркицата и официјално е зелена површина!

но сепак за промена на дупот им требало т.е. добиле согласност од министерството!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 03:28

КАРПОШ ПРАВИ ИЗМЕНИ ЗА ДЕЛ ОД КАРПОШ 2

Граѓаните против изградба на осум згради кај Технолошкиот факултет

Според планот, висината на зградите е 16 метри, а за нивната изградба ќе се уништи паркот кај кафеаната „Лира“


Во околината на Технолошкиот факултет на повеќе локации е предвидена изградба на станбени згради

Осум нови згради со висина од 16 метри ќе се градат во населбата Карпош 2, во реонот кај Технолошкиот факултет и покрај „Илинденска“, тврдат жителите што живеат во околните згради. Тие велат дека останале вџашени кога ги виделе градежните маркички во новиот Нацрт-детален урбанистички план за локалитетот Резиденцијален комплекс, чија јавна расправа заврши пред три дена. Според планот, предвидено е да се уништи дел од зеленилото од паркот кај кафеаната „Лира“. За време на јавната расправа, која траеше две недели, речиси на сите влезови од зградите беа излепени летоци со повик до граѓаните да одат до Месната заедница за да видат што планира Општина Карпош. Планот наскоро треба да биде усвоен на седница на Советот.

НАТИСКАНИ КАКО САРДИНИ

- Општината сака убавата населба Карпош 2 да ја претвори во ново Дебар Маало. Ќе не' натиснат како сардини, да не можеме да дишеме -револтирана е К.Ч., жителка на оваа населба.Граѓаните се револтирани од зацртаните урбанистички решенија, бидејќи сметаат дека изградбата на новите згради ќе го наруши квалитетот на живеењето во тој реон. Имајќи ја предвид досегашната практика на градење во Скопје, се плашат дека и ним ќе им се случи да им паѓа напонот на струја, да немаат вода лете поради слаб притисок, да нема струење на воздухот и сите возила да останат на улиците поради недостиг од паркинг.

- Сите општини кога носат планови, на јавните презентации објаснуваат дека ги правеле по сите стандарди и дека нема да влијаат на квалитетот на живеењето на граѓаните, но потоа на терен се случува нешто друго. Ниту висината е онаа што била во планот, ниту има гаражен простор, а приземјата се претворени во деловни простории или кафеани со гласна музика. Зошто има потреба Карпош да предвидува толку згради на мал простор - прашува Томислав Н., жител на Карпош 2.

НЕМА ДА СЕ НАРУШИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО

- Со новиот нацрт-план за делот околу Технолошкиот факултет се врши усогласување со Генералниот план на Скопје и со Правилникот за стандарди и нормативи во урбанистичкото планирање. Практично, се врши една ревизија на важечкиот урбанистички план, кој е донесен во 2001 година - изјавија од Општина Карпош. Оттаму велат дека во новиот нацрт-план воопшто не се предвидуваат нови површини за градба. Според нив, била извршена репарцелизација на површините за градба во согласност со имотно-правната состојба, по барање од граѓаните, како и нивно намалување. Се' со цел, како што велат, да се зачува постојното зеленило, како и да се овозможи соодветно растојание помеѓу објектите. Општинарите тврдат дека катноста на објектите е планирана во согласност со регулативата. Сметаат дека со тој план нема да се наруши квалитетот на живеењето, туку ќе се добие нов урбан амбиент на населбата.

- Целта на секој план е негова реализација, така што со реализирање на планот сметаме дека ќе се дооформи урбаниот амбиент. Со оглед на тоа што Општината и Градот доста инвестираа во инфраструктурата на овој локалитет, таа ќе ги задоволи потребите на граѓаните - објаснуваат од Карпош.Планот досега ги поминал сите фази од постапката за донесување и добил позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски.

Јорданка Ивановска
Фото: Чедомир Ненковиќ


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=38F174EBA5889848A7FC9D7C498EC2F1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 03:31
Како може некои луѓе до толку да се дрзнуваат и да бараат во нивното маало да НЕ се градат згради. Па тоа не е нивна работа, тоа е на општината. Јас разбирам нешто како случајот со аеродром кајшто беше на сила натискана зграда меќу другите згради, ама овдека стварно е средено све и местото е таман за згради. Порано имаше едни грди бараки од ПРВА светска војна и кал.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jun-2008 at 08:30
Originally posted by lslcrew

Како може некои луѓе до толку да се дрзнуваат и да бараат во нивното маало да НЕ се градат згради. Па тоа не е нивна работа, тоа е на општината. Јас разбирам нешто како случајот со аеродром кајшто беше на сила натискана зграда меќу другите згради, ама овдека стварно е средено све и местото е таман за згради. Порано имаше едни грди бараки од ПРВА светска војна и кал.


Се сложувам и мене ми е преку глава овој себичен пристап кога група граѓани сметаат дека треба да имаат ексклузивитет над некој дел од градот и просторот од 2-3 блока околу нив да мора да биде празен. Па го имаат цел градски парк од другата страна на улицата, поголема ексклузивност од тоа амин Ohno

Се надевам дека Општина Карпош ќе се стои на своето


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 15:33
народе нешто чув но недочув, се работи за одобренијата за градба.
дали по добивањето градежна дозвола си обврзан законски со некаков рок за отпочнување и завршување со проектот, т.е. дали и колку можеш да развлекуваш со градењето и кои се последиците од неспроведување на роковите (доколку и навистина постојат)? 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jun-2008 at 15:38
Абе локациите во центар, оние што одат на тендер имаат такви рокови кои ги практикува владата од 2006 навака. Порано немаше и затоа тој објектот на банката, сеуште не е готов. Сите нови објекти што идат на тендер се се рокови. А за куќа у периферија на градот не треба.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 16:29
а за ниска зграда во Маџар маало ? или воопшто за куќа или зграда во централно градско подрачје, има некаков закон или е се импровизација? сакам да верувам дека е солидарна државава но сигурно има регулатива, е сега друго е судски спор па самата држава т.е. судот да те стопира...


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2008 at 16:33
Originally posted by beTon

народе нешто чув но недочув, се работи за одобренијата за градба.
дали по добивањето градежна дозвола си обврзан законски со некаков рок за отпочнување и завршување со проектот, т.е. дали и колку можеш да развлекуваш со градењето и кои се последиците од неспроведување на роковите (доколку и навистина постојат)? 


Теоретски рокови има но практично ги нема. Немам точна информација колкави се. Кривини очигледно може да се фаќаат (треба човек само да се сврти околу и да го види темпото на градба).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jun-2008 at 17:58
Originally posted by beTon

а за ниска зграда во Маџар маало ? или воопшто за куќа или зграда во централно градско подрачје, има некаков закон или е се импровизација? сакам да верувам дека е солидарна државава но сигурно има регулатива, е сега друго е судски спор па самата држава т.е. судот да те стопира...


Во Маџар маало ако земеш да реновираш вц ќе дојдат и ќе ти го бутнат. Граќаните во маџар маало се под некој државен рекет, поточно тамо држава ги репресира граќаните за да падне цената на имотот и да  иде полесно екпропријацијата. Овдека сосема потполно ја подрржавам државата, единствено не им успеја во случајот со новиот мост.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jul-2008 at 22:41
Гази Баба ги убаци ДУП-овите на интернет:

http://gazibaba.gov.mk/mak/index.asp?id=421 - http://gazibaba.gov.mk/mak/index.asp?id=421


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2008 at 00:00


Редно беше!

Мада со задоцнување, сепак пофалба Applause


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2008 at 00:10
Некои од плановите не ми се отвараат во голема резолуција... До мене е или до нив?


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jul-2008 at 10:53
Originally posted by Cloverstack

Некои од плановите не ми се отвараат во голема резолуција... До мене е или до нив?


До тебе е Јас ги собрав сите


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 15:39
Карпош влегол и во кампања за промовирање на ГИС алатката... Thumbs%20Up




Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 15-Jul-2008 at 17:45
sto e toa gis?

-------------


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Jul-2008 at 19:17
Географски информационен систем


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:47

Наместо доградби, нови згради во населбата Мичурин

Општина Аеродром веќе нема да дава дозволи за надградување на руинираните згради

Старите згради во Мичурин ќе може да се урнат и на нивно место да се изградат нови и поголеми, предвидува новиот ДУП за оваа населба, кој пред два дена го донесе Општина Аеродром. Со оваа одлука, општинарите ќе дозволат, заради безбедност на сопствениците на станови во овие згради изградени во четириесеттите и педесеттите години на минатиот век, да се изградат нови колективни домови според модерни стандарди. По оваа одлука, Аеродром нема да издава дозволи на инвеститори кои ќе сакаат да направат надградби и доградби на руинираните објекти како што се случи пред неколку години со некои од овие згради. Според новиот ДУП, кој е во согласност со Генералниот план на Скопје, во Мичурин е дозволена изградба на згради на пет ката со потпокрив. Станарите на старите двокатни згради можат да склучуваат договори со потенцијални инвеститори или, пак, и сами да инвестираат во новите колективни договори.

„За разлика од досегашните доградби и надградби на постојните објекти, дозволени во другите усвоени детални планови, со овој ДУП се дозволува да се преземат активности за уривање на старите згради, кои се супстандардни и опасни за живеење, и на нивно место да се изградат нови објекти“, вели раководителот на Секторот за урбанизам во Аеродром, Страшко Хаџи Коцев. Тој потенција дека во ДУП-от стриктно е кажано да нема доградби и надградби на постојните објекти, бидејќи тие се во лоша состојба. Покрај тоа, со новиот ДУП за Мичурин се предвидува и изградба на нова улица, која одамна е зацртана во Генералниот урбанистички план за Град Скопје, паралелно со транспортниот центар и со два нови влеза во Мичурин.

„Задоволни сме што конечно Општината го донесе деталниот план за нашата населба, зашто сега на местото на старите и руинирани згради ќе никнат нови убави објекти какви што му доликуваат на Мичурин во 21 век“, изјави Соња Бинова, жителка на Мичурин.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E1515EB1C200D49BBE8F8CEB4DAC103 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E1515EB1C200D49BBE8F8CEB4DAC103


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2008 at 14:12
Општина аеродром конечно поставила уште еден ДУП на својот веб сајт: Индустриска зона - Урбана Единица В

Не можам да ги пофалам, затоа што со ова темпо нема далеку да стигнеме... Wallbash
После две години откога ги поставија првите два ДУП-а, еве конечно го добивме и третиот. Зошто токму овој после толку време ја добил таа чест да биде издвоен од останатите и поставен на веб страницата? Веројатно затоа што некој „многу паметен“ во општината мисли дека овој ДУП има „стратешко значење“... Ова е фамозниот ДУП кој предвидува 500 метарски облакодер (кај бензинската на МакОил како што популарно се објаснува). Колку само перверзно изгледа во листата на објекти, со максимални дозволени висини од 23 и неколку од 29 метри.

Друга работа што ме багира е зошто го носи тоа име, кога со него не е предвидена практично никаква индустрија...

Али ај да не го тупам, еве од каде можете да го симнете ДУП-от:

http://80.77.150.4/Sliki/IndustriskaZonaUE_V.jpg - http://80.77.150.4/Sliki/IndustriskaZonaUE_V.jpg


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Sep-2008 at 14:22


П+124 LOL Nuts


Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Sep-2008 at 15:14
Ha! Ja imam stan na Kosta Novakovik i mozete da zamislite kakov ke bide pogledot kon oblakoderot Nuts. Osven taa markica za 500 metri visina drugoto mi e vo red i za pofalba e sto pustile dusa malce pa najniskiot stanben objekt e 23 metri a ne 19 ili 21 kako na drugi mesta vo Skopje. Edvaj cekam da se zgusne toj del pa posle sledi rusenje na Usje Wallbash pa ako treba i so necija glava LOL


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Sep-2008 at 21:15
се распрашав во урбанизам во град скопје за ограничувањето во висинските коти, од каде ми одговорија дека веќе не важи регулативата за стамбен простор за противпожарна ефикасност (за околните населби надвор од центар)  па сега можело да се поднесуваат претставки до нацртите дупови, како и барања за добивање неограничена висинаво маркиците... абе треба да бидат малку флексибилни па кога веќе ќе биде се разиграно нека дозволат повеќе комбинации на дупови т.е. маркиците во дуповите па на кој инвеститор што му чини од понуденото и зацртаното тоа и нека гради , малку е преамбициозно ваквото мислење но бидејќи не влеговме во нато ниту брзо ќе влеземе ова со облакодерите е само пуста желба полна теории на млака вода!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Sep-2008 at 00:01

СО ПРОМЕНА НА УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ ПРЕКУ НОЌ

Катните гаражи станаа деловни центри

Во градежните планови на објектите подземниот простор и приземјето се водат како паркинг, а преостанатите пет-шест ката се наменети за деловен простор


Инвеститорите немаат интерес да градат само катна гаража

Скопјани десетина години чекаа да се изградат катни гаражи, а сега откога почна изградбата на две, станува јасно дека на тие места, всушност, се градат административни и деловни центри. Во градежните планови на објектите, подземниот простор и приземјето се водат како паркинг, а останатите пет-шест ката се наменети за деловен простор. Едниот ваков објект се гради до „Рамстор“, а друг во Капиштец. Во двата случаја се работи за отуѓено државно земјиште кое со години зјаеше празно.Намената на маркичките за локациите не се спорни, бидејќи тие се зацртани во урбанистичките планови на Општината Центар. Прашањето е зошто и како се менувале плановите по неколку пати за да се дојде до оваа намена на објектите, Вчера не можеше да се добие одговор од Општина Центар бидејќи администрацијата остана недостапна.

Министерството за транспорт и врски, кое ги продаваше локациите, се оградува од состојбата на терен.

- Ние ги продаваме локациите со намена каква што е зацртана во урбанистичките планови. Немаме обврска потоа да надгледуваме дали инвеститорот навистина ќе изгради катна гаража. Доколку инвеститорот не е заинтересиран да гради катна гаража, бара од општината пренамена. Ако се договорат, а во општината има добра волја, тоа треба да го одобри и Советот на општината - велат во Министерството за транспорт и врски за ова прашање.Досега се продадени десетина државни локации за изградба на катни гаражи. Така гласеше намената во конкурсите кога земјиштата се огласуваа. Од информациите што и' се познати на јавноста продадени се локации до поликлиниката „Идадија“, кај Универзална сала, кај зградата на Синдикати на Македонија, на простор меѓу трговски центар „Плаза“ и „Лотарија на Македонија“, како и локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“. Во Аеродром продадено е место за катна гаража кај трговскиот центар „Бисер“.Според архитектите, се менува намената на катна гаража во деловен центар бидејќи општинарите се договориле со инвеститорите да им излезат во пресрет за да остварат поголем профит.Инвеститорите немаат интерес да градат само катна гаража. Сакаат деловен простор, кој би го користеле за себе, но и за изнајмување. Сега секој менува план буквално преку ноќ, додека порано не беше така. Се почитуваа законите, односно планот да биде во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје - велат архитектите.Тие објаснуваат дека во Скопје нема голема потреба од градење катни гаражи.Катни гаражи се градат кога градот нема решение за градење подземни гаражи. Масивните објекти го задушуваат просторот. Во Скопје има можност за градење подземни гаражи, особено во реонот кај „Нова Македонија“. Таква гаража на пример има изградено „Рамстор“ - велат тие.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=645A224956DA3B41B2B7EEF20FEA664E


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Sep-2008 at 14:40
Еееее што во кажував за ова , пак испадна како што реков јас, не се само катни гаражи туку така само да ги лажат дека се хехех  здравје .... кога сме ние со не демократски дух никој не ни е крив

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Sep-2008 at 15:09
Уште пред околу месец на страницата за прашања до градоначалникот на Кисела Вода (овде: http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1 - http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/diskusii.asp?temaid=1 ), поставив прашање дали и кога планираат на официјалниот веб сајт на општината да ги стават усвоените и предложените ДУП-ови на увид на јавноста.

Одговор не добив (нормално не го регистрираа ниту прашањето)

Изгледа Џорџе одговори дава само на прашањата што му се допаѓаат...
Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Sep-2008 at 18:54
Clover јас двапати го поставив истото прашање. Скроз истото!!! И уште чекам одговор, како и ти!
Wallbash

Мислам дека ги ажурираат прашањата кога искача нов број од општинскиот весник, пошто на задната страна од весникот има прашања од граѓани. Изгледа во следниот број ќе добиеме одговор, ама се сомневам!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Sep-2008 at 04:06
Да ја пофалиме општина Охрид и таа се вклучи во редот на ретките општини во Македонија што имаат ставено урбанистички план на увид на својот веб сајт.

Еве овде (во еден JPG Crazy) се поставени два ДУП-а:
http://www.ohrid.gov.mk/Pictures/Nacrt-plan-na-DUP.jpg - http://www.ohrid.gov.mk/Pictures/Nacrt-plan-na-DUP.jpg

Може да се види и како на кружниот тек кај бензинската (кој сега ќе се дооформи со почнатата изградба на источната трансферзала) тотално безвезно се вклучува и едно патче што се спушта од Галичица  Bash


Колку што ми е мене познато, до сега општини кои објавиле ДУП-ови на ваков начин се: Карпош, Аеродром, Гази Баба и Охрид (по тој редослед). Ако нешто сум пропуштил, ве молам дополнете ме Smile

Инаку разликите меѓу овие четири исто така не се за потценување:

- Карпош е шампион на ова поле. Прв почна со оваа практика, а денеска е убедливо најдалеку отиден и квантитативно и квалитативно.
- Гази Баба неодамна го направи овој чекор и има солидна бројка на објавени ДУП-ови
- Аеродром и Охрид сега засега повеќе симболично...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2008 at 04:25
Гостивар има ставено, ама навигацијата е во флеш па неможе да ја прекопираме!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2008 at 01:29
ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА
Ќе се урива базенот во Расадник
Согласно со Деталниот урбанистички план за населбата Расадник, на местото на базенот ќе биде изградена улица, која треба да биде поврзана со Народни херои

Општина Кисела Вода до крајот на неделава ќе го урне базенот што се наоѓа веднаш до салата "Империјал- Даниела" на улицата Народни херои и ќе гради улица на негово место.
Од Општината информираат дека базенот бил изграден пред многу години, без никаква документација и е класична дивоградба. Оттаму велат дека согласно со Деталниот урбанистички план за новата населба Расадник, на местото на базенот е предвидена изградба на улица, која треба да биде поврзана со улицата Народни херои и тој итно мора да биде урнат.
"Базенот е дивоградба. Излезен е надвор од планот за населбата. На сопственикот му издадовме решение за уривање, механизацијата веќе е на терен, се чека само полицијата деновиве да излезе на терен и објектот да биде урнат", велат надлежните од Општина Кисела Вода.
Според нив, годинава ќе бидат урнати уште многу други објекти во Општината што се изградени без одобрение и на локации на кои, според деталните планови, е планирана изградба на цркви, улици и на други објекти.
Сопственикот на базенот, газдата на салата "Империјал-Даниела", не беше достапен за изјава.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156953&idg=8&idb=2474&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 03:03

Деталните планови за Расадник, Пржино и за Црниче на увид

Од вчера Општина Кисела Вода почна да спроведува анкета и јавна презентација на Нацртот на измената и дополнувањето на детаљните урбанистички планови, Расадник - опфат 2, Пржино - опфат 4 и 5 и Црниче 1. За ДУП Црниче 1 веќе се одржа, а стручно презентирање на ДУП Пржино-опфат 4 и 5 ќе се одржи денеска (17.30 ч.) во МЗ Пржино. ДУП Расадник-опфат 2 ќе биде на увид на граѓаните во МЗ Кисела Вода од 19 часот.Јавните анкети ќе траат 10 работни дена и во тој период граѓаните и правни лица од тој реон може да доставуваат писмени забелешки, мислења и предлози.Граѓаните на месните заедници Пржино и Црниче се заинтересирани за градење на индивидуални градби, а од Месната заедница Кисела Вода сакаат да имаат колективно домување. И двете барања се вклопени во плановите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CAA323203E0F2C42810E919B640FDC54


Ај ќе се обидам утре да одвојам некоја минутка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 05:22
Еве еден ДУП од населба Стакларнца (после Усје). Ова е делот баш кај што е junction-от на Првомајска со Јужен Булевар. 




*намерно не е скратено, нешто imageshack не сакаше да ми заврши работа па морав со photobucket, и немам на располагање thumbs. Се извинувам за хоризонталниот скролер Big%20smile.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:15
http://www.4shared.com/file/63442538/4158a428/STAKLARNICA3.html">

Еве го во интегрална верзија!



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:28


Хмммм интересно... Значи од кај стаклара па надоле, Јужен Булвар го планираат како класичен булевар со вкрстувања...

Од кај го ископа жити се?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:30
Од web-архива на кисела вода. Проверив да не има и некој други дупови случајно ама нема. Инаку интересен план. Првпат да видам colector/disturbor lanes кај нас да се планираат. Или можеби не се работи за тоа, пошто двете улици покрај јужен булевар не се еднонасочни туки се наизменични. Чуден план! Дали нешто вакво има во Белград пред излезот накај Загреб?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:36
Originally posted by lslcrew

Првпат да видам colector/disturbor lanes кај нас да се планираат. Или можеби не се работи за тоа, пошто двете улици покрај јужен булевар не се еднонасочни туки се наизменични. Чуден план!


Абе зошто прв пат, најголем дел од јужен е така планиран, а тоа можеше и да се види во извадоците од ДУП-от „Стара Железничка“ што ги имаме постирано негде. На 8-ми Септември уште одамна има, иако не класично континуирано и обострано...
Инаку се слагам, по малку и мене ми е чуден планот, а исто не можам да го сватам и ова тебе што те буни, дали тие улички се еднонасочни или двонасочни, пошто ни така ни така не прави логика според тоа како е испланирано.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 06:42
Изгледа горната е col/distr, едносмерна, а долната си е првомајска си продолжува најнормално двосмерно, ама пак ми нема логика.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Sep-2008 at 13:31
Еве го од Црниче. Ова е најдобро што можев.


Еве го од Расадник


Од Пржино: Не го најдов некојси извесен Гоце за да ми отклучи во месната заедница.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Sep-2008 at 14:06


Не ставај толкави слики цели, стави thumbnail



Print Page | Close Window