Print Page | Close Window

Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=913
Printed Date: 02-Jun-2024 at 07:40


Topic: Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип
Posted By: lslcrew
Subject: Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип
Date Posted: 30-Nov-2009 at 01:03

Штип бара два милиона евра да го преуреди центарот на градот

Идејата е со кредит од Светска банка да се преуреди коритото на Отиња во паркиралиште

Иван Бојаџиски


Штип - Големата собраниска сала во Штип беше претесна да ги собере сите заинтересирани архитекти, градежници и граѓани што се одзваа на повикот на градоначалникот Зоран Алексов и дојдоа на јавна трибина за уредување на централното градско подрачје. Многумина дадоа свои предлози за тоа како во иднина да изгледа најугледната штипска локација, а група архитекти се понудија бесплатно да работат на проектот. Кај сите присутни на трибината заеднички беше ставот дека градоначалникот иницирал исклучително значајно прашање за кое во Штип се дебатира над три децении, прашање кое на центарот на градот ќе му обезбеди убавина и функционалност. Многумина од нив, стручни и помалку стручни, дадоа свои предлози за овој проект.

Идејата е Штип, со кредит од Светска банка во висина од два милиона евра, дел од коритото на реката Отиња да го преуреди во паркиралиште за 200 возила и со тоа да го реши се поголемиот сообраќаен хаос во централното подрачје. Во проектот е содржана и идејата улицата „Ванчо Прќе“, која уште се нарекува и трговска улица, да биде претворена во пешачка зона.

„Штип има голема потреба на еден ваков начин да реши повеќе свои проблеми сврзани со централното градско подрачје, а кои со години се во фокусот на барањата на неговите жители. Градот е регионален центар, а нема своја пешачка зона, додека проблемот со места за паркирање на се' поголемиот број автомобили од ден на ден станува се' поизразен. Разговаравме со Светска банка која даде начелна согласност за одобрување на кредитот што ќе го враќаме во наредните десет години. Првичните анализи се дека ратите кои на годишно ниво ќе изнесуваат 200.000 евра ќе можеме да ги подмируваме од наплатата за паркирање на возилата“, вели градоначалникот Алексов.

Идејата во техничка документација ја има преточено ЈП „Штип проект“, но таа допрва ќе се доградува. Според неа, коритото на реката Отиња, од Народниот театар, па се' до црквата „Свети Никола“, ќе биде спуштено за два метра, за колку што го наполниле со земја наносите од талог во изминатите стотина години. Елена Арсова, советничка за урбанизам во кабинетот на градоначалникот, вели дека на Отиња ќе се изградат повеќе платформи што ќе ја имаат функцијата на паркиралишта, при што ќе се води сметка за обезбедување паркинг-простор на 88 возила на жителите од улицата која ќе стане слободна пешачка зона.

„Големиот интерес на штипјани и успешноста на јавната дебата за уредувањето на централното градско подрачје ни даде нов елан во решеноста да истраеме на овој проект за кој во градот како негова голема потреба се дебатира над три децении. Првите симулации покажаа дека со наплата за паркирање од 20 денари на час, градот сам ќе може да си го враќа кредитот. Иако имаме понуди проектот да го правиме по принципот на јавно приватно партнерство, засега остануваме на ставот да биде тоа исклучиво проект на Општината“, потенцира Зоран Алексов.

Со реализацијата на оваа идеја, улицата „Ванчо Прќе“ како слободна пешачка зона ќе се поврзе со плоштадот „Слобода“, кој преку Камениот мост, пак, на Отиња и платформите на неа ќе се спои со улицата „Генерал Михајло Апостолски“ од левата страна на Отиња. Еден таков проект би му дал на градот сосема нова визура, би го разубавил центарот и би му дал нови функционални содржини.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B314B2E1A880C449A1F7E030C2D09383




Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 10-Feb-2010 at 20:40
Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
parking-otinja-gradonacalnik-08022010.jpgШтип, 8 февруари 2010 - Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес одржа прес конференција на која уште еднаш ги образложи активностите околу капиталниот проект: изградба на паркинг платформи и уредување на корито на река Отиња.

Меѓу другото, градоначалникот Алексов parking-tip-08022010-1.jpgпред присутните новинари од локалните и националните медиуми ја претстави документацијата која минатата недела е доставена до Министерството за финансии. Според него, по одобрување на проектот ќе следи аплицирање до Светска банка по што ќе се чека на евентуална одлука за одобрување на кредитот.

Доколку се протече во ред, веќе во април може да се распишат тендерите за изведувачите на градежните активности.

Тој повтори дека Општина Штип не располага со средства за да може самостојно да го започне проектот заради што се бара странски кредит, но напомена дека со наплаќањето на паркинзите на платформите,па и пошироко низ центарот на Штип, ќе се обезбедат извори за покривање на кредитот.

Ова е еден од капиталните проекти но тој веќе размислува за идните чекори. Според Алексов, во петокот со претставници од Скопје била разгледана новата сообраќајна студија за улицата „Ванчо Прќе" со која се предвидува подземен премин а горниот дел да се претвори во пешачка патека. Изразено е позитвно мислење за овој сообраќаен предлог за улицата „Ванчо Прќе".

http://img704.imageshack.us/i/44026486.jpg/">
http://img683.imageshack.us/i/96717780.jpg/">
http://img402.imageshack.us/i/20620261.jpg/">
http://img96.imageshack.us/i/42820952.jpg/">

http://www.stip.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: build.mk
Date Posted: 13-May-2010 at 23:11
Штип бара кредит од 2 милиони евра за паркинг платформи на Отиња

Делегација на Светската банка денес имаше работна посета на Општина Штип во врска со проектот за централното градско подрачје кој опфаќа изградба на паркинг платформи и уредување на коритото на реката Отиња. На состанокот беше разгледан напредокот околу обезбедување на потребната документација и утврдување на понатамошни активности околу барањето на кредит за овој проект. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, изрази оптимизам дека Светската банка за неколку месеци ќе излезе со позитивен одговор, по што би можело веднаш да отпочне реализацијата на проектот. Општината планира да земе кредит од 2 милиони евра со рок на отплата од 10 години и грејс период од 3 години, а средствата за враќање ќе се обезбедат од наплата на паркинг просторот.

Проектот предвидува дел од коритото на реката Отиња да се преуреди во паркиралишта со вкупен капацитет за 200 возила. Со тоа би се ублажил недостатокот на паркинг простор во центарот на градот и сообраќајниот хаос воопшто. Проектот на јавноста за прв пат и беше презентиран на јавна трибина во ноември 2009 година. Тогашните симулации покажаа дека Општината ќе може да го враќа кредитот со наплата за паркирање од 20 денари за час.

http://www.build.com.mk/?p=3374 - http://www.build.com.mk/?p=3374


Posted By: axel
Date Posted: 15-Feb-2011 at 14:13

Штип чека одговор од Светската банка

Претставници на Светската банка деновиве престојуваа во работна посета на Штип, при што извршија финална контрола на документацијата за проектот за реконструкција и уредување на централното подрачје на градот. Се очекува до крајот на месецот целата документација да биде предадена во македонската канцеларија на Светската банка, од која е побаран кредит од два милиона евра за проектот, чија реализација се очекува да почне кон крајот на летото.

Предвидено е уредување на коритото на Отиња до нејзината утока во Брегалница, изградба на шеталишта и на пет платформи со паркинзи за 150 возила над коритото на Отиња, како и реконструкција на плоштадот Слобода. Градоначалникот Зоран Алексов изјави дека се размислувало и да се постават споменици на познати штипјани на плоштадот и на мостовите

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EFE5D495C873C347A4B70438D9F07C7D


Posted By: Makedonij
Date Posted: 19-Feb-2011 at 12:06
Штип на лето ќе започне со конструкција на паркинг платформи

Претставници на Светска банка денес престојуваа во работна посета на Општина Штип. Тие направија финалната контрола на документацијата (ревидираниот проект) за уредување на централното градско подрачје пред негово предавање во канцеларијата на Светската банка во Скопје,со Александар Арсовски координатор од Одделението за локален економски развој на Општина Штип. Потоа разговараа со горадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

Морам да кажам дека сме на крајот на овој процес. Проверена е сета документација и јас верувам дека до крајот на оваа недела ќе ја докомплетираме документацијата со забелешките од СБ, со што до крајот на мецесот отвораме пат за потпишување на официјален договор за кредит од 2 милиони евра од Светската банка. До крајот на летото треба да заврши меѓународниот тендер по што ќе започнеме со реализација на проектот – изјави градоначалникот Алексов.

Како што е познато, проектот за реконструкција и уредување на централното градско подрачје вклучува неколку фази на реализација и активности од кои прва и доминантна се однесува на конструкција на пет паркинг платофрми и уредување на коритото на река Отиња. Со уредувањето е предвидено и шеталиште од 1 километар и платформи со капацитет за паркирање на 140 возила. За таа цел, локалната самоуправа веќе работи на својот дел од обврските кои меѓу другото предвидуваат и уредување на коритото на Отиња на потегот од црквата Свети Никола до вливот на Отиња во реката Брегалница во должина од 500 метри. Кредитот ќе биде земен под поволни услови, со 3 години грејс период и рок на отплата од 10 години. Гарант за кредитот веќе е даден и од Владата на РМ.

Утврден е и моделот на наплата за користење на паркинзите кој според градоначалникот Алексов гарантира собирање на средства за враќање на кредитот. Со проектот се предвидува и реконструкција на градскиот плоштад и санација на некои од мостовите. Што се однесува до реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ која треба да се претвори во шеталиште, се подготвува соодветно сообраќајно решение.

Градоначалникот не ја исклучи можноста некои од мостовите да бидат украсени со споменици на видни личности, бидејќи во Штип, освен споменикот на Александар Македонски кој е приватна донација, нема атрактивен споменик на ниту една маркантна личност од македонската или штипската историја. Меѓутоа, во моментов е најважно да се заврши постапката за добивање на кредитот и да се конструираат платформите, а за останатите идеи дополнително ќе се размислува.

Штип воедно е една од петте општини во Македонија која наскоро ќе добие и кредитен рејтинг, што е особено важно за овој проект.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/stip_na_leto_ke_pocne_so_konstrukcija_na_parking_platformi-09022011-1.jpg
http://www.stip.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: build.mk
Date Posted: 07-Apr-2011 at 23:33
Штип се задолжи со 2 милиони евра

Потпишан е договор помеѓу Градот Штип и Светската банка за ../?p=3374 - кредит со кој ќе се реализира проект за уредување на централното градско подрачје . Кредитот во висина од 2 милиони евра во најголем дел ќе биде искористен за изградба на пет паркинг плтаформи над реката Отиња која го дели Штип на два дела. Освен тоа, ќе бидат обновени и мостовите, ќе се оформи нов плоштад, а коритото на Отиња ќе се уреди, при што ќе биде спуштено нивото на реката, ќе се изградат пешачки патеки и ќе биде поставена урбана опрема. Кредитот има 3-годишен грејс период и рок на отплата од 10 години. Ќе се враќа од наплатата на паркинг просторот и нема да го оптовари буџетот на Општината. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, очекува градежните актвиности да започнат најрано во август, а најдоцна во септември. Доколку навреме завршат преземените обврски, градот ќе добие и дополнителен грант во висина од 20%.

http://www.build.mk/?p=7212 - http://www.build.mk/?p=7212


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2011 at 21:27

http://kurir.mk/republika/opstini/31195-Ke-se-rekonstruira-stipskiot-plostad-Sloboda - Ќе се реконструира штипскиот плоштад „Слобода“

Сабота, 28 Мај 2011 18:44
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fkurir.mk%2Frepublika%2Fopstini%2F31195-Ke-se-rekonstruira-stipskiot-plostad-Sloboda&t=%D0%8C%D0%B5%20%D1%81%D0%B5%20%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4%20%E2%80%9E%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0%E2%80%9C&src=sp - - - Сподели - - - 5
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Општина Штип во понеделник ќе го добие архитектонското решение за Градскиот плоштад „Слобода“.

zoran_aleksov-2400
Градоначалникот Зоран Алексов информира дека по добивањето на архитектонското решение за новиот изглед на плоштадот веднаш  ќе биде распишан и тендер.

- Наредната недела веќе ќе можеме да го распишиме меѓународниот тендер за реконструкција на Градскиот плоштад, рече Алексов.

Тој потенцира дека парите за реконструкција на Градскиот плоштад  „Слобода“ се обезбедени од кредитот од Светска банка, а за негова реконструкција се предвидени 400.000 евра.

- Во тек е испитувањето на стабилноста на мостовите на реката Отиња и веќе во јуни очекувам да биде распишан и вториот меѓународен тендер за реализација на проектот реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи на реката Отиња, вели Алексов.

Тој додаде дека изградбата на платформите на реката Отиња за паркирање на возила, градскиот плоштад и средување на коритото на река Отиња е еден од најголемите проекти во Штип, со што ќе се реши пред се сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. http://kurir.mk/republika/opstini/31195-Ke-se-rekonstruira-stipskiot-plostad-Sloboda



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:44

http://www.kurir.mk/republika/opstini/31607-Foto-Stip-podgotven-za-nov-plostad - Фото: Штип подготвен за нов плоштад


Споделете ја веста со Вашите пријатели

Општина Штип утре ќе ја достави целокупната документација до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад.

stip-pl0stad500

Проектот е вреден 360.000 евра. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тенедерската документација.

Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот.

plostadce500

Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м/2. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен.

Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван.

stipce500

pl-stip500

http://www.kurir.mk/republika/opstini/31607-Foto-Stip-podgotven-za-nov-plostad



Posted By: alexgizh
Date Posted: 01-Jun-2011 at 15:54
Може некој да направи скица врз Google Maps, каде би требало да биде овој плоштад?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Jun-2011 at 16:00
Toa ke bide renoviranje na stariot ploštad, pred poštata, na mestoto na fontanata (novata) sega e spomenikot na Aleksandar. 

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jul-2011 at 19:04

И Штип ќе наплаќа за паркирање

Над реката Отиња ќе се градат пет платформи со 150 паркинг-места


Иван Бојаџиски

Штип – Локалната штипска власт на големо се подготвува во централното градско подрачје да обезбеди 700 паркинг-места, кои ќе се наплатуваат. Проба ќе биде направена на 1 септември кога секој што ќе посака да си го паркира своето возило на главната трговска улица „Ванчо Прќе“, ќе мора да плати за тоа. За првиот час од паркирањето ќе се наплатува 25 денари, а за секој нареден час 20 денари. Жителите на оваа култна улица добиваат можност за месечен билет што ќе ги чини 200 денари, а оние што ќе земат дневна карта ќе треба да платат 80 денари.

Последните два месеца дупчачки машини го испитуваа составот на земјиштето во коритото на реката Отиња на локациите на кои ќе се градат пет платформи, а на кои ќе има вкупно 150 паркинг-места. Оваа работа на тендер ја доби Градежниот институт од Скопје, кој веќе си ги „собра“ машините и кој има обврска за десет дена на Општина Штип да и' го достави елаборататот.

„Откако ќе го добиеме елаборатот, ќе распишеме меѓународен јавен тендер за уредување на кејот на коритото на реката Отиња од двете страни. Наша идеја е да фатиме дел од актуелната градежна сезона, а работите на комплетното уредување на коритото на Отиња да ги завршиме идната пролет кога центарот на Штип ќе добие комплетно нов, современ изглед“, вели Александар Aрсовски, координатор на проектот за просторно уредување на централното градско подрачје.

Покрај петте платформи на Отиња, проектот опфаќа и нов градски плоштад, уредување на коритото на реката, цветни патеки во самото речно корито од двете негови страни, кои штипјани ќе можат да ги користат за безбедни прошетки во еден нов и убав амбиент.

„За градскиот плоштад веќе имаме архитектонско решение, а наскоро ќе распишеме домашен тендер и за изведувач на работите. Вкупна инвестиција е 400.000 евра. За уредувањето на кејот ќе распишеме меѓународен тендер на што не' обврзува сумата од 1,6 милиони евра што ќе бидат потрошени на оваа работа. За реализација на целиот проект за уредување на централното градско подрачје, општината доби поволен заем од Светската банка во висина од два милиона евра. Претставниците на банката беа многу задоволни од проектот и се уверија дека општината ќе може да го враќа од парите што ќе ги прибира од наплатата за паркирањето“, вели Арсовски.

Со изградбата на петте платформи, општинските планери отвораат паркинг-места во самото срце на градот. Оцена е дека со едно вакво решение ќе се избегне сообраќајниот хаос во центарот на Штип, посебно на улиците од двете страни на реката Отиња. Останува прашањето како на сево ова ќе реагираат граѓаните.

Координаторот на проектор, Арсовски, вели дека овој проект се користи и за да се провери стабилноста на петте моста на Отиња. Засега е сигурно дека ќе биде реновиран и зајакнат мостот кај гимназијата „Славчо Стојменски“, а за другите четири моста допрва ќе се вршат испитувања на нивната стабилност, па ако има потреба, и тие ќе бидат реновирани и зајакнати. Според планерите на градот, на Отиња во идните десет години треба да се изградат уште најмалку пет моста.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FD7AADDD0AD27F439A9350E5FF43591D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FD7AADDD0AD27F439A9350E5FF43591D


Posted By: axel
Date Posted: 05-Sep-2011 at 15:54

Уште еден месец до изградбата на новиот штипски плоштад

Штип, 4. септември 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип.

Повикот ќе трае 4 седмици. На почетокот на октомври започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад. Проектот е во вредност од 360.000 евра.

Новиот плоштад на Штип ќе нуди модерен дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м2. Плоштадот во Штип изграден на почетокот на 70-тите години, до сега не е обновуван.

Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни. (Крај)

http://daily.mk/cluster3/5040c65585b668fb8b7466220e744143/889710


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Oct-2011 at 18:28
Во октомври почнува реконструкцијата на плоштадот во Штип – Светска банка даде зелено светло за распишување на тендер

Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип.

Во дневните весници ќе биде објавен јавниот повик, по што заинтересирани домашни и странски фирми ќе можат да конкурираат за изведување на градежните активности. Повикот ќе трае 4 седмици, по што следи жалбена постапка во рок од седум дена. Тоа значи дека на почетокот на октомври, започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад.

Проектот е вреден 360.000 евра. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м/2. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен. Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван.

Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Конкретно документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-1.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-2.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-3.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-5.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-6.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-7.jpg

http://www.stip.gov.mk

Kade ke go premestat spomenikot na Aleksandar koj e sega na čeloto na ploštadot?


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 30-Nov-2011 at 14:37


http://sky.mk/makedonija/8329-%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4-%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0.html - Започна реконструкцијата на штипскиот плоштад "Слобода"

Среда, 30 Ноември 2011 13:54

Од денеска и официјално започнаа работите за реновирање на Штипскиот плоштад "Слобода".

Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој на Општина Штип вели дека:

"Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад".

Според најавите реконструкцијата на плоштадот "Слобода" ќе чини околу 310 000 евра, и е под "финансиската капа" на Светска банка, додека градежните работи ќе ги извршува градежната фирма „Бетон“-Штип.

http://daily.mk/cluster3/2e181fbbf4f28f5d0e412dc115c34930/1023842/zapochna-rekonstrukcijata-na-shtipskiot-ploshtad-sloboda



Posted By: Makedonij
Date Posted: 17-Dec-2011 at 16:28
30 Ноември 2011

Градежната фирма „Бетон“-Штип од денеска и официјално почна со реконструкцијата на Градскиот плоштад „Слобода“. Градежната оператива почна со рушењето на старата фонтана и вадењето на мермерните плочи, кои биле поставени пред 40 години.

Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Штип вели дека во присуство на претставниците на Светска банка, министерството за финансии и раководството на градежната фирма „Бетон“ почна реконструкцијата на плоштадот, која е предвидено да се одвива четири месеци.

- Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад - рече Арсовски.

Реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“ ќе чини околу 310 000 евра и е дел од прокетот„ Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран од кредитот од Светска банка.

Арсовски најави дека наскоро ќе се распише меѓународниот тендер и за изградбата на платформите и уредувањето на  коритото на реката Отиња.

Штипјани денеска беа задоволни што по 40 години се реконструира плоштадот „Слобода“, кој е локација  за сите политички и културни настани.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-5.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-6.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-7.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-3.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-2.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-4.JPG

http://www.stip.gov.mk




Posted By: build.mk
Date Posted: 31-Dec-2011 at 17:28
Штип го распиша тендерот за уредување на коритото на реката Отиња

По добивањето согласност од страна на кредиторот Светска банка, општина Штип денес го објави тендерот за избор на најповолен понудувач за изведба на проектот „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“. Според пропишаните услови, градежните работи за уредување на централното градско подрачје на потегот од мостот Св. Никола до болницата треба да се реализираат во временски период од 18 месеци, додека градоначалникот на Штип Зоран Алексов е оптимист дека истите ќе завршат во текот на 2012 година. Зафатот предвидува изградба на пет паркинг платформи над реката Отиња, обновување на постоечките мостови, уредување на коритото на реката и изградба на пешачки патеки. Финансиската конструкција на овој проект изнесува околу 1,7 милиони евра. Крајниот рок за поднесување понуди на тендерот е 17 февруари.

 

 

 

Локалната самоуправа  ../?p=7212 - го доби бараниот кредит од 2 милиони евра  од Светска банка во текот на април годинава, а во рамките на истиот се обезбедија и средства во износ од 310.000 евра за реконструкција на централниот градски плоштад во Штип.  ../?p=10928 - Градежните работи на плоштадот „Слобода“ веќе започнаа кон крајот на ноември . На штипјани проектот за уредување на коритото на реката Отиња првично им беше презентиран во ноември 2009 година, а тогашната симулација покажа дека од наплатата за паркирање ќе може да се вратат финансиските средства од земениот кредит.


 

 

Бојан Блажевски



../?p=11433 - #
Објавено на 31.12.2011 во категорија  ../?cat=28 - Вести . 

Тагови:  ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура ,  ../?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура ,  ../?tag=%d0%ba%d0%b5%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Кејови ,  ../?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8 - Кредити ,  ../?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг ,  ../?tag=%d0%be%d1%82%d0%b8%d1%9a%d0%b0 - Уредување на Отиња ,  ../?tag=%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf - Штип

../?p=11433 - http://www.build.mk/?p=11433


Posted By: axel
Date Posted: 17-Feb-2012 at 18:16

http://www.kurir.mk/republika/opstini/61265-Cetiri-firmi-konkuriraat-za-izgradba-na-koritoto-na-reka-Otinja-vo-Stip - Четири фирми конкурираат за изградба на коритото на река Отиња во Штип

Во општина Штип денеска беа отворени понудите од градежните фирми за изградба на пет платформи и уредување на коритото на реката Отиња.

stip-danok240
Координаторот на проектот „Реконструкција и изградба на пет платформи над реката Отиња“ Александар Арсовски истакна дека на меѓународниот тендер се јавиле четири фирми, од кои две од Софија, една од Скопје и една од Штип.

- Првата понуда беше од скопската фирма „Синтек“, а вредноста изнесува 101.241.339 денари. Втората понуда беше на бугарската фирма „Кибилд“ од Софија, со вредност од 98.365.910. Третата понуда е на фирмата „Бетон“ од Штип со вредност од 92.932.199 денари и последната е на бугарската фирма „Трејс Груп“ со вредност од 162.460.900 денари, информираше Арсовски.

Тој појасни дека во рок од 10 дена треба да се одлучи која фирма ќе биде избрана да ги изведе градежните работи, во кои се вклучува санација на постојните мостови, но и изградба на пет платформи за паркирање на возилата над реката Отиња.

Општина Штип зеде кредит од Светска банка во висина од околу два милиони евра за реконструкција и изградба на платформи над Отиња и за реконструкција на градскиот плоштад „Слобода“.

http://kurir.mk/republika/opstini/61265-Cetiri-firmi-konkuriraat-za-izgradba-na-koritoto-na-reka-Otinja-vo-Stip



Posted By: build.mk
Date Posted: 29-Mar-2012 at 00:14
Бугарската фирма „Кибилд“ ќе го уредува коритото на штипска Отиња

Светска банка го потврди предлогот на Општина Штип за избор на бугарската фирма „Кибилд“ како најповолен понудувач за изведба на проектот „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“. Вредноста на склучениот договор изнесува 98.365.910 денари или околу 1,6 милиони евра, а градежните работи е зацртано да завршат во период од 18 месеци. Локалните власти од Штип сеуште не соопштуваат кога ќе започне уредувањето на коритото на реката „Отиња“. На ../?p=11433 - објавениот тендер се јавија четири компании, при што „Бетон Штип“ понуди најниска цена од 92.932.199 денари, но не го задоволи критериумот за искуство во изведбата на мостови во последните три години. Понуди доставија и домашната „Синтек“ (101.241.339 денари), како и уште една бугарска фирма – „Трејс Груп“ (162.460.900 денари)

Зафатот предвидува изградба на пет паркинг платформи над реката Отиња, обновување на постоечките мостови, уредување на коритото на реката и изградба на пешачки патеки во централното градско подрачје на Штип. Финансиските средства се обезбедени со кредит од Светска банка во висина од 2 милиони евра и со рок на отплата од 10 години и 3 години грејс период, а целокупниот проект ја опфаќа и реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“. Во меѓувреме, забрзано се работи на ../?p=10928 - обновата и на самиот плоштад [ ../?page_id=7058&m=%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF - »мапа ]. Во тек е бетонирање и поставување на новите гранитни плочки, а споменикот на „Александар Велики“ е поместен и поставен на нов постамент. Според информациите од интернет – страницата на Општина Штип,  градежните работи треба да завршат до крајот на април оваа година.



../?p=13685 - #
Објавено на 28.03.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf - Бетон Штип , ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , ../?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , ../?tag=%d0%ba%d0%b5%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Кејови , ../?tag=%d0%ba%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b4 - Кибилд , ../?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8 - Кредити , ../?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Мостови , ../?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , ../?tag=%d0%bf%d0%bb%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%b4-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%be%d0%b4%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf - Плоштад Слобода Штип , ../?tag=%d0%bf%d0%bb%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8 - Плоштади , ../?tag=%d1%81%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%ba - Синтек , ../?tag=%d1%81%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b8-%d1%81%d0%ba%d1%83%d0%bb%d0%bf%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b8 - Споменици и скулптури , ../?tag=%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%98%d1%81-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf - Трејс Груп , ../?tag=%d0%be%d1%82%d0%b8%d1%9a%d0%b0 - Уредување на Отиња , ../?tag=%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf - Штип

http://www.build.mk/?p=13685 - http://www.build.mk/?p=13685


Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Apr-2012 at 19:47
“Александар Македонски“ не знае за милост


Четврток, 15 Март 2012 18:15

 


Реконструкторите на градскиот плоштад,  експресно го дислоцираа споемникот на Александа Македонија, и тоа на локација веднаш до Уни Банка во Штип.

Дислокацијата и не беше проблем ,колку нечие неодговорно однесување и самовластието на надлежните. Денеска сопствниците на деловни објекти кои се наоѓаат во близина на сегашната локација на Александар Македонски , реагираа  на поставувањето на споменикот. Имено тие се жалат дека со поставувањето на споменикот, пдигното е нивото на локацијата згора шахтата во која се слеваат атмосферски и други води, а уништена, и сега сета вода од врнежите се слева во  деловните објекти, во кои сопствениците волжиле значителни суми на пари. На тој начин им е нанесена штета на сопствениците на објектите.Тие побараа и да се најде соодветно место за посменикот поради што има реални проблеми. Но одговорот од локалната самоуправа е негативен, со образоложение дека  ситуациите со реконструкцијата на плоштадот и  дислоцирањето на споменикот  ги следи Светската банка.Сопствениците нема да престанат со реакциите па сметката од уништувањето на нивните деловни објекти ќе ја испорачаат на локалната самоуправа, а зошто не и на светкста банка која ги следи ситуациите со реконструкцијата на плоштадот во Штип.


http://www.radiostip.com.mk




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Apr-2012 at 18:46
Кибилд го потпиша договорот за платформите на Отиња


Среда, 04 Април 2012 18:36

 

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов и Севдалина Колева, сопственик на формата КИ БИЛД денес го потпишаа договорот за уредување на централното градско подрачје.

Со ова практично се обезбедени сите предуслови конечно да започнат градежните работи за средување на центарот на градот, изјави градоначалникот Алексов при денешното потпишување на кое присуствуваа претставници и на Светската банка, со чиј кредит од 2 милиони евра ќе се средува центарот на градот и ќе се градат платформите на река Отиња

http://www.radiostip.com.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Apr-2012 at 16:51
Сутјеска доцни, плоштадот исто така


Четврток, 19 Април 2012 18:53

 






Реализацијата на неколку крупни инфраструктурни објекти доцни. Доцни речиси еден месец финализацијата на проектот Градски плоштад.

Договорот за неговата реализација беше потпишан на 17 ноември минатата година , а според договорот реконструкцијата на плоштадот треба да биде завршена за 4 месеци. Минува и петиот а плоштадот сеуште не е завршен.200-те метри од улицата “Сутјеска“ станаа синоним за тоа како не треба да се реконструира улица. Најпривин тендерот за реконструкција на улицата “Сутјеска“ го доби штипска градеѓна фирма.Откако виде колку е часот истата се откажа од реконструкцијата, и истата задача  и  припадна на второрангирата фирма “Стојменов“ од Кочани. Фирмата работеше некаде до почетокот на ноември , а потоа се` замре. Деновивне неофицијално дознаваме од кочански извори дека “Стојменов“ има сериозна намера да се откаже од натамошните активности за финализацијата на “Сутјеска“. Мотивацијата за ваквата одлука Ванчо Стојменов, сопственик на кочанската градежна фирма, ја имал во тоа што скокна цената на нафтата,а со тоа и на асфалтот, па  ако влезе во реализација , место добивка Стојменов ќе има зијан од работата на оваа штипска улица.Затоа сеуште по “Сутјеска“ граѓаните место по асфлат ќе газат по кал.Во Штип доцни и доведувањето во целосна сообраќајна кондиција на кружниот тек кај Базалт. Штип проект се вади со неработењето на асфалтната база на “Македонија пат во Штип.Состојбата во Македонија пат е лоша, без надежи дека асфалтната база ќе проработи.Во овој миг тоа значи неможност кружниот тек кај базалт да биде доведен во кооплетна сообраќајна и инфраструктурна кондиција. Тоа значи дека и натаму кружнио тек кај “Базалт“ ќе биде тест центар за амортизерите и другите елементи на автомобилите.Но покрај кружниот тек без асфалт ќе бидат и штипските улици кои се препоони со дупки од кои се кршѓат автомобилите. Нема асфалт нема крпење. Но, ако “Македонија пат“ не произведува асфалт во Македонија најверојатно има фирми кои прават асфалт.


http://www.radiostip.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3686:2012-04-19-17-55-18&catid=42:stip&Itemid=48


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2012 at 16:34

Во мај ќе почнат да се градат платформите на коритото на Отиња во Штип

Изградбата на петте платформи и уредувањето на речното корито на штипската река Отиња стартуваат во мај. Бугарската фирма „Кибилд“, која го доби тендерот од Светска банка за проектот  „Уредување на речното корито и изградба на петте платформи над реката Отиња“ денеска одржа состанок со претставници од Општина Штип на кој ги договараа деталите за стартот на проектот. 
Александар Арсовски, координатор на проектот,  информира дека градежната фирма „Кибилд“ најпрвин ќе стартува со уредување на коритото на реката, која поминува низ централното градско подрачје.
“Согласно планот прво ќе следат ископите на земјените наноси во коритото на река Отиња, а крајна висина треба да се добие четири метри. Потоа ќе следи и санација на старите мостови по должината на реката. Ние како општина инсистираме прво да се изгради платформата на плоштадот „Слобода“, рече Арсовски.
Проектот чини околу 1.500.000 евра, обезбедени од кредит од Светска банка, со цел да се реши проблемот со сообраќајниот хаос и паркирање на возилата во централното градско подрачје.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/83357/vo_maj_kje_pochnat_da_se_gradat_platformite_na_koritoto_na_otinja_vo_shtip.aspx



Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Jun-2012 at 18:11
http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1792-kibild-pocna-da-go-ureduva-koritoto-na-otinja - Бугарски „Кибилд“ почна да го уредува коритото на Отиња
Среда, 30 Мај 2012 14:06

Бугарската фирма „Кибилд“ која го доби тендерот за уредување на коритото на река Отиња, по едномесечни подготвителни активности, од денес започна со градежните активности.

Првите градежни зафати требаше да започнат на делот кај коритото Отиња, спроти градскиот плоштад каде што од минатата недела веќе се преземени активности за обезбедување на подрачјето каде ќе се работи.

Но заради обезбедување на услови за работа, ископот започна на локација во Отиња спроти црквата Свети Никола. Целта е да се обезбеди непречен тек на водата, со што подоцна активностите ќе се орефрлат на горниот дел каде ќе сегради првата платформа. Таа ќе биде готова за околу 5 месеци и истата ќе биде веднаш спроти градскиот плоштад кој е во завршна фаза на реконструкција. Освен паркинг-платформите, ќе биде спуштенот нивото на реката, ќе бидат креирани пешачки патеки а ќе бидат поставени и канделабри и клупи.

На лице место беше и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој изрази задоволство од стартот на градежните зафати со кои центарот на градот конечно по децении уништување конечно ќе добие вистински и модерен лик.

Бугарски „Кибилд“ во рок од 18 месеци треба да конструира пет паркинг платформи, да ги обнови основите на мостовите и да го спушти коритото на Отиња, вклучително и урбано уредување на целата површина во должина од околу 1 километар.

http://stip.gov.mk/images/stories/05-2012-Novosti/Kibild-korito-Otinja-30052012-3.JPG">Kibild-korito-Otinja-30052012-3 http://stip.gov.mk/images/stories/05-2012-Novosti/Kibild-korito-Otinja-30052012-4.JPG">Kibild-korito-Otinja-30052012-4 http://stip.gov.mk/images/stories/05-2012-Novosti/Kibild-korito-Otinja-30052012-5.JPG">Kibild-korito-Otinja-30052012-5

http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1792-kibild-pocna-da-go-ureduva-koritoto-na-otinja



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Sep-2012 at 22:11
http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1921-2012-08-30-12-45-26 - ТЕМЕЛ НА ПРВАТА ПАЛТФОРМА ЗА ПАРКИНГ ВО ШТИП
Четврток, 30 Август 2012 13:40

http://stip.gov.mk/images/stories/08-2012-Novosti/temel_na_prvata_platforma-30082012-1.JPG">temel_na_prvata_platforma-30082012-1


Градежната фирма „Кибилд“ од Бугарија која ги изведува градежните актѕивности за уредување на централното градско подрачје во Штип и конструкција на пет паркинг платформи на реката Отиња, денес го постави темелот за првата паркинг платформа лоцирана спроти градскиот плоштад.

По неколкумесечен ископ, „Кибилд“ почнува со конструкција на платформите. Заради изместување на дел од колекторскиот систем, работите паузираа, но изведувачот и градоначалникот на Штип напоменаа дека рокот за завршување на активностите од 18 месеци ќе биде испочитуван.

Во изминатите три месеци извршен е ископ на коритото на потегот од мостот кај гимназијата до камениот мост во должина од околу 200 метри, откако претходно долж целото корито од околу 1 километар беше спуштено нивото на водотекот за слободен пад и непречено течење на водата.

 

По денешното поставување на темелот ќе следи и конкретни зафати на првата платформа.

Ова е еден од најголемите проекти во Општина Штип во послендите 20 години. Како дел од проектот е и реконструкцијата на градскиот плоштад која заврши и кој најверојатно за десетина дена ќе биде ставен во функција. Реконструкцијата чинеше 300.000 евра, додека севкупно проектот се финансира со кредит од Светската банка во вредност од 2 милиони евра, рок на отплата од 10 години и 3 години грејс период.

http://stip.gov.mk/images/stories/08-2012-Novosti/temel_na_prvata_platforma-30082012-2.JPG">temel_na_prvata_platforma-30082012-2 http://stip.gov.mk/images/stories/08-2012-Novosti/temel_na_prvata_platforma-30082012-3.JPG">temel_na_prvata_platforma-30082012-3 http://stip.gov.mk/images/stories/08-2012-Novosti/temel_na_prvata_platforma-30082012-4.JPG">temel_na_prvata_platforma-30082012-4




http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1921-2012-08-30-12-45-26 - http://stip.gov.mk/index.php/mk/2009-11-18-12-43-44/1921-2012-08-30-12-45-26


Posted By: N23
Date Posted: 03-Sep-2012 at 01:32
Еве нешто од пред 15-тина дена




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: N23
Date Posted: 03-Sep-2012 at 12:01
Од плоштадот

1.


2.



-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Sep-2012 at 09:52
Мислам дека поприлично долго се влечкаат за завршување на градскиот плоштад во Штип. Гледајќи ја неговата големина, сметам дека требаше да биде завршен во покус временски рок.


Posted By: Rosebud
Date Posted: 08-Sep-2012 at 20:49
Со која цел се спушта коритото на Отиња?

Во едно објаснување погоре стои „за слободен пад и непречено течење на водата“, ама пак и до сега водата си течеше, та и не дека се работи за некое рекиште.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Sep-2012 at 22:52


Богами тешко да се протолкува. Можеби поетот сакал да каже дека го воедначувале падот, а можеби едноставно се работи за случај „сакам кажам, не знам речам“  Big%20smile


Posted By: Clint Eastwood
Date Posted: 08-Sep-2012 at 23:21
Најверојатно ќе прават каскади , е сега точно дека не е некое рекиште ама вода си е вода а каскадите се долготрајно решение против длабење на коритото .

-------------
no signature


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Oct-2012 at 13:40

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/4955-2012-09-28-15-27-03 - Плоштадот не го помина техничкиот прием. ГП Бетон ќе треба да постапи по забелешките


Комисијата за технички прием на градскиот плоштад Слобода не е задоволна од квалитетот на реконструкцијата. Новиот сиво поплочен плоштад неофицијално денеска не го помина техничкиот прием.

Од Општината велат дека ќе го чекаат официјалниот записник, по кој ќе постапат, односно доколку и официјално не е извршен приемот изведувачот штипски Бетон ќе треба да ги поправи забелешките. И градоначалник пред две недели јасно потенцираше дека не е задоволен од она што го сработи оваа градежна компанија 

Тоа значи дека две официјални манифестации се одржуваат на плоштад за кој нема технички прием.


Izvor, TV Iris - Štip, http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/4955-2012-09-28-15-27-03





Posted By: bob39
Date Posted: 03-Oct-2012 at 11:40
Ne daj boze patot da te navede vamu (taka izgleda od slikive).

-------------
Трговски центри= убиство на Скопје


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 03-Oct-2012 at 14:06
... Што доаѓа до мојата поента, и поентата на Скопје 2014. Извинете што ќе го споменам и споредам и тука СК2014 но, џабе правење плоштади и фонтани и клупи и триста чуда кога, погледнете ја само околината! Погледнете ги фасадите на објектите околу плоштадот. Мизерија.
Плоштадот го прави околината и фасадите околу неа, а не бетонските плочки по кои газиш. Колку и да го направат плоштадот убав и квалитетен, тој ќе остане грд поради грдата околина. Доколку истите пари се употребат на реконструкција на фасадите и целосна промена на нивниот лик, или рушење на истите и изградба на нови и пристојни, тогаш ќе може да збориме за убав плоштад. Значи да сумирам, доколку сакаат штипјани и било кој град убав плоштад и убава околина во својот град, треба да се потрудат да ги разубават своите фасади, а не да менуваат клупи и да ставаат нови бекатон плочки, тоа е само плус. Тоа е и целата поентата на СК2014 со менувањето и реконструкцијата на фасадите, затоа и ја поддржувам целосно.

Значи на плоштадов може да ги донесат и сместат сите фонтани и бетонски коцки, канделабри и незнам ти што, дирекно од Париз, тој пак ќе остане грд поради својата унаказена околина, односно подпросечниот изглед на фасадите на околните објекти.


Posted By: FT
Date Posted: 03-Oct-2012 at 18:07
Да, тоа е поентата,од напред „лепота“ а од назад бетер Индија.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 03-Oct-2012 at 18:36
Да де, тебе сега ти текна дека се "бетер Индија"(што и да ти значи споредбава), претходно ти беа во ред.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Oct-2012 at 16:50

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/5130-2012-10-16-16-38-29 - Втор технички прием на плоштадот. Овојпат присутни и претставници од ГП „Бетон“


Втор технички прием на градскиот плоштад Слобода. Координаторот на проектот Александар Арсовски вели дека овој пат биле сите присутни и претставници на градежната фирма Бетон, за која што минатиот пат комисијата имаше сериозни забелешки околу реконструкцијата на плоштадот.

Засега не се знае дали на плоштадот ќе треба да продолжат поправките, бидејќи надзорот треба до утре да го достави извештајот. 

Но, градоначалникот Зоран Алексов за Ирис телевизија вели дека и овој пат има забелешки за реконструкцијата на плоштадот, кој и лично ги пренел на комисијата и на претставниците на градежната фирма Бетон.


Izvor: Televizija Iris-Stip, http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/5130-2012-10-16-16-38-29





Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Mar-2013 at 18:42
Продолжија градежните работи на платформите во штипска Отиња

вторник, 05 март 2013 17:48

Бугарската фирма „Кибилд" од денеска продолжи со градежните работи за изградба на петте платформи и уредување на коритото на река Отиња. Координаторот на проектот, Алекасандар Арсовски, вели дека веќе се ставаат темелите на последните столбови на платформата кај Градскиот плоштад „Слобода“.

- Мислам дека за помалку од месец дена оваа платформа ќе биде готова, значи градежните активности продолжуваат, вели Арсовски.

Тој додава дека заради интензивните градежни работи на платформите, улиците од двете страни на Отиња ќе бидат повремено затварани за сообраќај. Општина Штип проектот го реализира со заем од Светска банка во висина од два милиони евра. Реализацијата на проектот треба да го среди сообраќајниот хаос во централното градско подрачје и да обезбеди паркирање за околу 130 возила.

VIDEO:
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/6499-2013-03-05-19-53-15 - http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/6499-2013-03-05-19-53-15

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Mar-2013 at 19:03
Со поплавите нешто да се случило во меѓувреме?


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Mar-2013 at 15:21






Od facebook



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-May-2013 at 15:56
Платформите на Отиња сторнирани пред да се градат

Општина Штип денес го раскина договорот со бугарската компанија „Кибилд“ која требаше да го уреди коритото на реката Отиња во центарот на Штип и да изгради пет платформи за паркирање



Причина за раскинувањето на договорот е незадоволството на локалната самоуправа од динамиката на извршување на градежните работи. Конкретно неколку месеци, во коритото на Отиња нема ниту механизација ниту работници.

По интензивни контакти на релација Локална самоуправа – Штип, Светска банка, „Кибилд“ и неколку ресорни министерства од Македонија, кои не вродија со плод и механизацијата не ја вратија во Отиња, градоначалникот Захариев денес го раскина договорот.



Анализите пред раскинувањето на договорот покажале дека изведувачот немал доволно финансиски средства за да ја заврши работата на која се нафатил.

- Имаа земено 116.000 евра аванс, но знаете дека Светска банка не дава пари однапред, туку по извршени позиции. Платени им се околу 135.000 евра и со овие 25.000 евра станува збор за вкупна сума од околу 295.000 евра. Дознавме дека изведувачот на два пати позајмувал пари, прво 20.000 евра а потоа уште 10.000 евра од други субјекти, па дури и ангажирал подизведувачи од Македонија, истакна штипскиот градоначалник Илчо Захариев.

За изградбата на овие платформи општината го заложи образот кај Светска банка и оттаму доби кредит од 2 милиони евра. Досега оттаму се повлечени околу 140.000 евра и тие пари Штип ќе мора да ги врати:
- Ние ќе го покриеме долгот од 140.000 евра кон Светската банка а потоа ќе градиме сами, потенцира Захариев.



Планот е да се изградат двете започнати платформи со средства на општината, а останатите три не, повлекувањето на пари од кредитот од Светска банка да се стопира .

Граѓаните бараат итна санација на коритото на Отиња.

- Центарот на градот наликува на се’ освен на урбана средина. Ова не личи на ништо , мора под итно да се среди, реагираат анкетираните штипјани.



Проектот Платформи на Отиња беше еден од капиталните проекти на општината со кој требаше да се уреди центарот на градот и да се реши проблемот со паркинг просторот.

За таа цел општината кај Светска банка се задолжи со кредит од 2 мил. евра, со рок на отплата на 10 години и грејс период од три години.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=18478 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=18478

-------------
За сè има вторпат


Posted By: milena
Date Posted: 17-May-2013 at 20:28
Stip i Veles se za zalenje ... vo Stip eden trotoar od 50m go redea cela godina


Posted By: N23
Date Posted: 22-Oct-2013 at 13:47
Статус кво, во ситуација кога не можете да најдете 2 слободни места во градот во радиус од 1 км најмалце.

1.


2.


Се извинувам за големината на сликите, али има мали проблеми на имгур при едитирање на големината на сликите.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Oct-2013 at 17:18
Проблемот со Имгур е од поодамна, и јас ги намалувам сликите пред да ги закачам таму. Ако немаш Фотошоп, оди на Pixlr.com. Тоа ти е еден вид бесплатен фотошоп кој работи на многу сличен принцип.

А за ова со кејот-платформа во Штип, немам зборови. Колку се развлече сиот процес, а во исто време во Скопје се изгради еден цел Дизниленд.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Oct-2013 at 18:04
Јас прво кај мене ги смалувам со ACDSeePro4(го имам и 6),па потоа ги постирам сликите(торент )


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Oct-2013 at 18:35
Па нели имаше некоја најава уште од поодамна дека друг изведувач ќе се бира ? Што бидна со тоа ?

Инаку златен imageshack.us  со него не се замарам за сликите


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Nov-2013 at 16:35
Комерцијална банка ќе гради една од двете платформи на штипска Отиња

Општината ќе прави ревизија на проектот во коритото на реката Отиња, бидејќи одлуката е во оваа река да се градат само две платформи, а не пет како што беше стариот проект. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, најави дека платформата кај градскиот плоштад ќе ја гради Комерцијална банка, а општината нема никакви финансиски обврски.

Захариев потенцира дека напролет ќе се продолжи со санацијата на коритото во Отиња, а за што ќе биде задолжена скопска градежна компанија, која исто така ќе донира за градот.

Како и да е, во моментов се санира коритото на Отиња од мостот кај стопанска банка до Камениот мост, општината без пари го добива каменот од рудникот Бучим, а АРМ го транспортира. Од јануари се очекува општината да почне со плаќање на дел од кредитот земен од Светска банка за санација на Градскиот плоштад и делумна изградба на двете платформи.

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8711-2013-11-01-15-02-26


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Nov-2013 at 00:51
Иако сликиве се од Денот на дрвото, од нив можеме да видиме до каде е стигнато со уредувањето на кејот на Отиња. Извор: vostip.mk







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Dec-2013 at 10:57
Преку Отиња Штип се врати во социјализмот

По три децении во Штип се врати социјалистичкиот начин на градење заеднички добра. Коритото на реката Отиња, која минува низ центарот на градот се уредува токму на таков начин. Едни донираат камен, други цемент, трети превоз, четврти, пак, употреблива работна сила, сите се мобилизирани во реализација на проектот. Свој придонес дава и ЈП „Стипион“ со својата механизација.

Штипјани се чудат како еден толкав проект може да се изведува со само една мала мешалка за бетон и со не повеќе од десетина работници кои секој ден се во коритото на реката. Но, работата, иако многу бавно, сепак, се движи напред. Општината и раководството на рудникот за бакар „Бучим“ се договорија овој стопански капацитет да ги донира потребните количини камен.

„На Штип му даваме камен колку што ќе му биде потребно. За нас тоа не е некој трошок, а каменот го имаме во изобилство“, вели Николајчо Николов, заменик- генерален директор во „Бучим“.

Кон проектот се приклучи и АРМ, чии камиони го превезуваа каменот до Штип без материјален надомест. Неколку штипски фирми донираа цемент, некои по 50, други по 100, а дел и по 200 вреќи. Како и да е, барем до овој момент Општината за проектот Отиња нема потрошено ниту денар.

Работата во речното корито ја извршуваат десетмина осудени лица кои ја извршуваат казната во штипскиот затвор. „Во договор со директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гаврилова, овие лица се ставени во програмата за ресоцијализација. Осудениците работат на доброволна основа, бидејќи се изјаснија дека времето на извршување на казната сакале да го поминат во општествено корисна работа“, вели Ангел Бојаџиев, вработен во штипскиот затвор. Тој секојдневно се грижи за осудениците кои извршуваат општествено корисна работа во Отиња.

Повеќе на линкот в - http://www.utrinski.mk/?ItemID=33A223B64E9052479B194A8CDD625279

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Dec-2013 at 13:13
Коритото на Отиња во Штип разубавено со нови садници

Уредувањето на околу 200 метри од коирото на река Отиња влегува во завршна фаза. По поставувањето на камениот дел од коритото, изминатите денови се работеше и на уредување на земјените површини.



за поголема слика клинете на линкот http://regioni.mk/wp-content/uploads/2013/12/DSC_1760.jpg - http://regioni.mk/wp-content/uploads/2013/12/DSC_1760.jpg

На денот на дрвото беа засадени околу 20 садници на десната страна на коритото, а изминатите денови беа засадени исто така и садници на левата страна на коритото. Со тоа полека се заокружува првиот дел од коритото на Отиња помеѓу двата моста, оној кај Стопанска банка и камениот спроти градскиот плоштад.



за поголема слика клинете на линкот http://regioni.mk/wp-content/uploads/2013/12/DSC_1763.jpg - http://regioni.mk/wp-content/uploads/2013/12/DSC_1763.jpg


Активноста е завршена во рекорден период, од страна на припадници на отвореното одделение на Штипскиот затвор, кои навистина вложија многу труд за коритото да го добие овај прекрасен изглед. Активностите за уредување на текот на коритото ќе продолжат се додека тоа го дозволуваат временските услови, а по стапувањето поостри временски прилики, активноста ќе прекине се додека не се обезбедат адекватни услови за работа.

http://regioni.mk/koritoto-na-otinja-vo-stip-razubaveno-so-novi-sadnici/ - http://regioni.mk/koritoto-na-otinja-vo-stip-razubaveno-so-novi-sadnici/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: tiberix
Date Posted: 13-Dec-2013 at 08:04
Корито има, река нема.


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Feb-2014 at 21:51
Еве доказ дека има река



-------------
За сè има вторпат


Posted By: tiberix
Date Posted: 07-Feb-2014 at 07:16
Originally posted by Џоле

Еве доказ дека има река


Се шегував : )


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Feb-2014 at 16:52






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 19-Feb-2014 at 11:09
Ultra sporo Thumbs%20Down


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 20-Feb-2014 at 03:33


Се сложувам целосно


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Mar-2014 at 12:00
Пешачка патека и пристапни скалила во вториот дел на коритото на Отиња



Првата паркинг платформа во коритото на река Отиња во Штип, на вториот дел помеѓу камениот, и мостот кај гимназијата влегува во завршна фаза. По поставувањето на челичните носачи и бетонските плочи, следува поставување на финалната арматура и последниот слој на бетон.Паралелно течат активностите за уредување на коритото со природен камен, со трасирање на текот на реката. Фондацијата „Лер-Ит“ која работи на проектот, започна и со уредување на пешачкиот дел во коритото на Отиња, од левата страна на реката.







Исто така, започнаа активностите за конструкција на пристапни скалила, бидејќи постоечките кои служеа за граѓаните да можат да се спуштат во коритото, во овој дел, повеќе не постојат. Со нив ќе се овозможи и влегување на пешачката патека која е планирана во овој дел, дополнително збогатена со клупи и канделабри. Тенденција на локалната самоуправа е во најкраток можен рок, до крајот на март, да го заврши овој дел од коритото на Отиња, за да можат граѓаните со подобрување на временските услови да го искористат уредениот простор, по што ќе се концентрира и на преостанатите делови кои не се уредени.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Mar-2014 at 15:05


















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Mar-2014 at 20:00
Реката Отиња во Штип доби и нов пешачки мост.











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Mar-2014 at 19:38
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn2/t1.0-9/1468691_812769985403253_214782100_n.jpg
https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/t1.0-9/q75/s720x720/1239714_812770078736577_33410991_n.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Apr-2014 at 07:15
Платформите на Отиња.





преземено од vostip.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 02-Apr-2014 at 22:47
pola samo ili ???


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2014 at 10:12
Фотографиите се од 15 април. Преземени од фејсбук профилот на Илчо Захариев.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2014 at 10:15






-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 15-May-2014 at 11:28
Убаво изгледа. Штета што патеката не поминува под платформите и не продолжува понатаму.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-May-2014 at 11:34
Даци тоа и јас помислив но на последните 3 фотографији како да има некој премин под платформата. Како и да е решението на платформите можеле да го изведат со носечки столбови и воопшто да нема потреба од вакво гломазно решение.


Posted By: shyes
Date Posted: 17-May-2014 at 02:48
убаво изгледа, специајлно посветлата боја на малтерот која убаво оди зо тревата итн, но тоа со платформите за паркирање коли, глупаво според мене. Поарно една паркинг гаража да се изградеше во близина немосто вака. Ки крши линитие на погледот, ама ај


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-May-2014 at 11:42
да глупо е да се става паркинг над нешто што треба да го разубави градот


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-May-2014 at 18:27


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-May-2014 at 07:00
ЗАПРЕ УРЕДУВАЊЕТО НА КОРИТОТО НА ШТИПСКА ОТИЊА

Штип – По предизборното еуфорично уредување на коритото на реката Отиња, која протекува низ центарот на Штип, дојде до застој на работите. Граѓаните кои изразија големо задоволство од начинот на кој речното корито почна да се уредува пред околу седум месеци и кое доби најдобар лик во историјата на оваа река и на самиот град, сега се прашуваат за причините за застојот, кој трае од изборите наваму. Многумина се на мислење дека повеќе нема финансиски средства, дека штипските бизнисмени кои го помагаа овој проект повеќе не се подготвени да вложуваат во него оставајќи локалната власт сама да се снаоѓа по прашањето на парите, дека сите ресурси, финансиски и човечки биле исцрпени во предизборието, и дека за комплетно завршување проектот ќе почека на некои финансиски подобри времиња.

Од локалната власт ги негираат таквите погледи и тврдат дека застојот во реализацијата на овој за Штип важен проект е само прашање на време, односно дека наскоро штипјани ќе бидат сведоци на продолжени зафати на уредувањето на култниот штипски простор.

Повеќе на линкот http://www.utrinski.mk/?ItemID=9812596E83B0D64E9051443D15DC554E - http://www.utrinski.mk/?ItemID=9812596E83B0D64E9051443D15DC554E

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Jun-2014 at 16:09

Продолжи уредувањето на коритото на Отиња во Штип


Продолжи уредувањето на коритото на Отиња во Штип

http://www.1.mk/category/vesti-kategorija/ - Вести http://www.1.mk/category/vesti-kategorija/makedonija/ - Македонија 26 јуни, 2014 - http://www.1.mk/prodolzi-ureduvanjeto-na-koritot-na-reka-otinja/#respond - Нема коментари
0 (0 гласови)
otinja1

Општина Штип по вчерашните подготвителни активности од денес продолжи со уредување на коритото на река Отиња. Заради врнежите од дожд, нестабилното време а пред се заради текот на вода низ коритото, беше невозможно да се преземаат градежни зафати. Со зголемување на темперетурите, создадени се услови за продолжување на овој важен проект за Општина Штип:

- Остануваме на заложбите да го уредиме целосно коритото на Отиња, бидејќи тоа е еден од најважните проекти на локалната самоуправа. Она што беше наша замисла, да го прибилижиме внатрешниот дел на Отиња до граѓаните го постигнавме. Со уредувањето на реката, пешачките патеки и поставувањето на клупите, добиваме се повеќе пофалби и честитки. Коритот заживеа, има и млади и стари кои одмораат и затоа сме решени да го реализираме комплетно овој проект до крај – изјави Захариев.

http://www.1.mk/wp-content/uploads/2014/06/photo.jpg">photo Исто така, паралелено со продолжувањето на активностите во Отиња, денес беа промовирани четири паркови површини во строгиот центар, веднаш до градскиот плоштад. Проектот е на ЈП „Исар“ и со него се заокружува средувањето на централното градско подрачје:

- ЈП „Исар“ нема да застане тука, секоја урбана заедница, секое место кое е погодно за тоа, ќе биде преуредено, ќе добие парк, зеленило, хортикултурно уредување. Тоа се мали зафати, со малку пари но покажуваат колку се грижиме за градот и дека можеме да направиме убави нешта за граѓаните. Тие плаќаат вода, а средствата од тоа повторно се враќаат кај граѓаните…индиректно, бидејќи ние сме сербвис кој треба да им служи на граѓаните – изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директор на ЈП „Исар“.

http://www.1.mk/wp-content/uploads/2014/06/park3.jpg">park3 Четирите паркови кои беа подѕидани, украсени со бехатон и павер елементи, засадени со разно цвеќе го чинеше ЈП „Исар“ околу 8000 евра. Воедно Бојаџиев напомена дека се работи и на парковите површини во населбата 8.ми ноември како и на новата пешачка патека зад градскиот Исар.

http://www.1.mk/wp-content/uploads/2014/06/park5.jpg">park5



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Jul-2014 at 15:39
https://scontent-b-vie.xx.fbcdn.net/hphotos-xfp1/t1.0-9/10518017_731250910267886_2632375109515702264_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/t1.0-9/603613_731250936934550_3147363917457569445_n.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Dexter26
Date Posted: 07-Jul-2014 at 16:45
Originally posted by Makedonij


https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/t1.0-9/603613_731250936934550_3147363917457569445_n.jpg

 
Која е оваа зграда ?
 
Фасадата многу потсетува на зградата на МРТВ.


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Jul-2014 at 16:55
Тоа е хотел Оаза.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Aug-2014 at 21:48
https://scontent-b-ams.xx.fbcdn.net/hphotos-xpf1/t1.0-9/10383917_746295455430098_4378330555481151036_n.jpg
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/t1.0-9/1524990_746295565430087_2999257932573681943_n.jpg



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 15-Aug-2014 at 12:34






-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Aug-2014 at 17:20
а каде е водата?опточен канал не гледам


Posted By: Denko
Date Posted: 15-Aug-2014 at 18:53
Originally posted by gjoko

а каде е водата?опточен канал не гледам
Kolku sto se sekavam (a cinam deka dobro se sekavam) letno vreme na periodi Otinja ostanuva bez voda.   


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Aug-2014 at 11:57
Да Отиња има периодичен водотек, во зимните периоди коритото-стругата е полна, а во лето празна.

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: jyvation
Date Posted: 07-Sep-2014 at 23:44
Нов пешачки мост на реката Отиња





Posted By: Denko
Date Posted: 07-Sep-2014 at 23:57
Originally posted by Џоле

Тоа е хотел Оаза.

Oaza li go prekrstija legendarniot hotel Astibo.


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jan-2015 at 18:16
od denes
[tube]8YZMwZSdAyc[/tube]


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jan-2015 at 18:50
Отиде кејот по ѓаволите!

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 23-Jan-2015 at 19:39
Кај нас кога прават некој проект размислуваат ли за вакви работи како што се на пример:
-Заштита од поплави?
-Заштита од земјотреси?

Фрлени прилично големи пари во бунар. Толку ли сме неспособни како народ да изработиме некој проект, а да е колку-толку безбеден при природни катастрофи или се мора да е шарлатанство?


Posted By: N23
Date Posted: 23-Jan-2015 at 21:06
Не дека се ситам, али ова "сакав" некаде да се деси. Мораше еднаш да пукне овој дилетантизам (се надевам административните објекти се постабилни). Ова е доказ за лошата изведба на скоро сите улици, нарочито тротоари, низ цела држава. По принципот, плукни-залепи. Не ви е ова макета па со супер лепак да ја залепите и да издржи. Видоа немаат река и го турија бекатонот на кал, без да размислат што ако некад надојде вода. Сеа кој е крив? Времето? Имавме поплави како во Србија и Босна? Исто како што не изненади снегот во декември, така ги изненади мал наплив на вода. Само се плашам цел Штип да не отиде у неповрат како и новиов кеј, со оглед дека таму буквално се се имрповизира за да вештачки го издигнат градот на некое нормално ниво за живот. Ништо од ова не го зборам на памет, туку од искуство како стварно се гради кај нас...


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 23-Jan-2015 at 22:05
Originally posted by N23

Не дека се ситам, али ова "сакав" некаде да се деси. Мораше еднаш да пукне овој дилетантизам (се надевам административните објекти се постабилни). Ова е доказ за лошата изведба на скоро сите улици, нарочито тротоари, низ цела држава. По принципот, плукни-залепи. Не ви е ова макета па со супер лепак да ја залепите и да издржи. Видоа немаат река и го турија бекатонот на кал, без да размислат што ако некад надојде вода. Сеа кој е крив? Времето? Имавме поплави како во Србија и Босна? Исто како што не изненади снегот во декември, така ги изненади мал наплив на вода. Само се плашам цел Штип да не отиде у неповрат како и новиов кеј, со оглед дека таму буквално се се имрповизира за да вештачки го издигнат градот на некое нормално ниво за живот. Ништо од ова не го зборам на памет, туку од искуство како стварно се гради кај нас...
Колку што знам кејов го правеа затвореници, аматери и членови на АРМ. Браво за тебе што си сакал да се деси нешо вака


Posted By: tiberix
Date Posted: 24-Jan-2015 at 07:31
Originally posted by jyvation

Нов пешачки мост на реката Отиња





http://s838.photobucket.com/user/Addvert/media/vb634234.png.html">


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jan-2015 at 08:40
Сега имаат добра причина да потрошат пари на граѓаните за повторна реконструкција на кејот. И така до недоглед.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 24-Jan-2015 at 09:30
Кога градат без памет, така ќе биде.

Очекувам дека и Вардар некогаш, недај боже, истото ќе го направи во Скопје, само што тука ќе бидат на удар и зградичките од гипс, не само мостовите.


Posted By: ArChJaZz
Date Posted: 24-Jan-2015 at 12:59
Како бе не ми е јасно се радувате на ова што се случило?!?!? Телетабиси!!! Ако се изјаснувате кажете нешто инженерски подкрепено, а не ко жени во фризерница.


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Jan-2015 at 13:23
Низ средината на Кичево има сличен ваков кеј,а и слична е големината на реката.Знае да надојди многу повеќе него сега што има вода Отиња.Но кејот со камен е граден некаде 60-тите со големи камења и со квалитетен бетон, и освен на местото каде има слапови нема други оштетувања.Значи ако се изработи добро,можи да издржи каква било вода да надојди.Но ваква `бујица` ако најди процеп на ѕиданите камења,за неколку минути ќе го раскопа кејот.Мора да е глатко направено за да водата си течи без проблеми


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Jan-2015 at 14:46
Bas taka e gjoko 👍
Steta ubavo izgledase kejot ama ocigledno kvalitetot ne bil bas super


Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Jan-2015 at 17:30
Идентичното се случи и во Крива Паланка, барем тоа го покажуваат видео снимките. Јас не знам со кој ум се оди со толкава изградба во самото корито на реката Отиња. Точно е, има минор и мајор корито и на овие реки, ама изгледа градоначалниците на Штип и на Крива Паланка заборавиле дека малите реки секогаш се ризични од преливање при големи врнежи. Дополнително, реките не се регулирани целосно, со систем од хидроелектрани или акумулации што ќе ја задржат водата. Не знам со кој памет е правен Кејот на Отиња во Штип.


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Jan-2015 at 17:42
Еве ќе позајмам една слика од Панорамио,како изгледа коритото на кичевската река,а има повеќе од 50 години како е градено.На последната поплава што беше околу 2000-тата година,водата се излеа надвор и од страничните ѕидови и замина по улици,а кејот повторно издржа.Оштетени се местата само кај малите слаповипоради вртложењето на водата



Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Jan-2015 at 20:10
Originally posted by Teglarot

Кога градат без памет, така ќе биде.

Очекувам дека и Вардар некогаш, недај боже, истото ќе го направи во Скопје, само што тука ќе бидат на удар и зградичките од гипс, не само мостовите.

 
Па тоа е и целта, да се гради со слаб квалитет, па кога природата ќе си го направи своето, одново да се фрлаат пари на исти идиотизми.
 
Во моментов ги има такви кои тријат раце и веќе прават планови на што ќе ги трошат парите од обновата после поплавите. Bash


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jan-2015 at 11:45
Минимални штети на коритото на штипска Отиња – И АРМ се вклучи во обновата!

Галеријата на линкот http://www.1.mk/galerija-minimalni-steti-na-koritoto-na-stipska-otinja-i-arm-se-vkluci-vo-obnovata/ - http://www.1.mk/galerija-minimalni-steti-na-koritoto-na-stipska-otinja-i-arm-se-vkluci-vo-obnovata/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 25-Jan-2015 at 12:52
Браво за АРМ што се вклучиле во спречување и санирање на оштетувањата.

Неполитички кажано, да не ме разбере некој погрешно, интересно е како еден поток, кој што надошол до ниво на најмала рекичка прави проблеми во еден од поголемите градови во државава

Сепак нема играчка со вода.


Posted By: N23
Date Posted: 26-Jan-2015 at 23:09
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by N23

Не дека се ситам, али ова "сакав" некаде да се деси. Мораше еднаш да пукне овој дилетантизам (се надевам административните објекти се постабилни). Ова е доказ за лошата изведба на скоро сите улици, нарочито тротоари, низ цела држава. По принципот, плукни-залепи. Не ви е ова макета па со супер лепак да ја залепите и да издржи. Видоа немаат река и го турија бекатонот на кал, без да размислат што ако некад надојде вода. Сеа кој е крив? Времето? Имавме поплави како во Србија и Босна? Исто како што не изненади снегот во декември, така ги изненади мал наплив на вода. Само се плашам цел Штип да не отиде у неповрат како и новиов кеј, со оглед дека таму буквално се се имрповизира за да вештачки го издигнат градот на некое нормално ниво за живот. Ништо од ова не го зборам на памет, туку од искуство како стварно се гради кај нас...
Колку што знам кејов го правеа затвореници, аматери и членови на АРМ. Браво за тебе што си сакал да се деси нешо вака



Тоа сакав е у наводници као прво. Као второ, ова мораше некад да се деси, за да се опаметат локалните кметови дека ад хок градежните компании и градежни работници само неквалитет ќе продуцираат. Затоа иаме нови згради на кои веќе им е попукана фасадата, улици кои попукаа после еден месец, тротоари кои пропаднаа поради лошо тампонирање и сл. Затоа добро е ова што се деси на проект кој сеуште не е целосно готов и кој не е секојдненво место за рекреација на илјадници луѓе. Имав прилика после све што работев у изминативе години, одреден период да бидам дел од градежништвото и баш поради тоа што не сум стручен, истото работно место го напуштив. Но, она што се изнавидов за тој месец и пол, не очекував дека е можно да го видам ни за 10 години. Големи грешки, таков фушерај, неспособност на одредени мајстори, криви ѕидови, непристапни влезови и сл. Секако дека вина имаат и архитектите, ама без разлика на се, не може фирми со еден ден постоење или стари фирми кои за ефтина цена најмуваат неквалификувана работна сила, да реализираат проекти кои можат да завршат трагично!


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-Jan-2015 at 22:31
Немаше никакви ад хок компании туку јавните претпријатија градеа. Градоначалникот раскина договори кои беа 2 и нешто милиона и сето ова го направи со свои сили. Тресете глупости саму колку да плукате. Екипи на градот го санираат оштетувањето кое ќе се среди за мали пари. Ова е сериозен форум и воздржете се од шпекулации базирани исклучиво на вести од некој медиуми кои и немат друга работа освен секоја несреќа да ка прикажуват како светот да се руши. Кој е од Штип знае за што зборувам. Мислам дека единствен спас е да се направи брана, за тоа има проекти но никој не се нафатил да го реализира. Се надевам дека во иднина градоначалникот ќе успее да најде средства за да се реализира овој проект. 


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 28-Jan-2015 at 19:50
Ова е решение за оние чирови у Вардар..


Posted By: Tzar_28
Date Posted: 29-Apr-2015 at 13:49
18.04.2015
Почнале и со последниот дел, от мостот кај црквата Св.Никола до бензинската во Ново Село




Print Page | Close Window