build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип
    Posted: 30-Nov-2009 at 01:03

Штип бара два милиона евра да го преуреди центарот на градот

Идејата е со кредит од Светска банка да се преуреди коритото на Отиња во паркиралиште

Иван Бојаџиски


Штип - Големата собраниска сала во Штип беше претесна да ги собере сите заинтересирани архитекти, градежници и граѓани што се одзваа на повикот на градоначалникот Зоран Алексов и дојдоа на јавна трибина за уредување на централното градско подрачје. Многумина дадоа свои предлози за тоа како во иднина да изгледа најугледната штипска локација, а група архитекти се понудија бесплатно да работат на проектот. Кај сите присутни на трибината заеднички беше ставот дека градоначалникот иницирал исклучително значајно прашање за кое во Штип се дебатира над три децении, прашање кое на центарот на градот ќе му обезбеди убавина и функционалност. Многумина од нив, стручни и помалку стручни, дадоа свои предлози за овој проект.

Идејата е Штип, со кредит од Светска банка во висина од два милиона евра, дел од коритото на реката Отиња да го преуреди во паркиралиште за 200 возила и со тоа да го реши се поголемиот сообраќаен хаос во централното подрачје. Во проектот е содржана и идејата улицата „Ванчо Прќе“, која уште се нарекува и трговска улица, да биде претворена во пешачка зона.

„Штип има голема потреба на еден ваков начин да реши повеќе свои проблеми сврзани со централното градско подрачје, а кои со години се во фокусот на барањата на неговите жители. Градот е регионален центар, а нема своја пешачка зона, додека проблемот со места за паркирање на се' поголемиот број автомобили од ден на ден станува се' поизразен. Разговаравме со Светска банка која даде начелна согласност за одобрување на кредитот што ќе го враќаме во наредните десет години. Првичните анализи се дека ратите кои на годишно ниво ќе изнесуваат 200.000 евра ќе можеме да ги подмируваме од наплатата за паркирање на возилата“, вели градоначалникот Алексов.

Идејата во техничка документација ја има преточено ЈП „Штип проект“, но таа допрва ќе се доградува. Според неа, коритото на реката Отиња, од Народниот театар, па се' до црквата „Свети Никола“, ќе биде спуштено за два метра, за колку што го наполниле со земја наносите од талог во изминатите стотина години. Елена Арсова, советничка за урбанизам во кабинетот на градоначалникот, вели дека на Отиња ќе се изградат повеќе платформи што ќе ја имаат функцијата на паркиралишта, при што ќе се води сметка за обезбедување паркинг-простор на 88 возила на жителите од улицата која ќе стане слободна пешачка зона.

„Големиот интерес на штипјани и успешноста на јавната дебата за уредувањето на централното градско подрачје ни даде нов елан во решеноста да истраеме на овој проект за кој во градот како негова голема потреба се дебатира над три децении. Првите симулации покажаа дека со наплата за паркирање од 20 денари на час, градот сам ќе може да си го враќа кредитот. Иако имаме понуди проектот да го правиме по принципот на јавно приватно партнерство, засега остануваме на ставот да биде тоа исклучиво проект на Општината“, потенцира Зоран Алексов.

Со реализацијата на оваа идеја, улицата „Ванчо Прќе“ како слободна пешачка зона ќе се поврзе со плоштадот „Слобода“, кој преку Камениот мост, пак, на Отиња и платформите на неа ќе се спои со улицата „Генерал Михајло Апостолски“ од левата страна на Отиња. Еден таков проект би му дал на градот сосема нова визура, би го разубавил центарот и би му дал нови функционални содржини.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B314B2E1A880C449A1F7E030C2D09383

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Feb-2010 at 20:40
Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
parking-otinja-gradonacalnik-08022010.jpgШтип, 8 февруари 2010 - Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес одржа прес конференција на која уште еднаш ги образложи активностите околу капиталниот проект: изградба на паркинг платформи и уредување на корито на река Отиња.

Меѓу другото, градоначалникот Алексов parking-tip-08022010-1.jpgпред присутните новинари од локалните и националните медиуми ја претстави документацијата која минатата недела е доставена до Министерството за финансии. Според него, по одобрување на проектот ќе следи аплицирање до Светска банка по што ќе се чека на евентуална одлука за одобрување на кредитот.

Доколку се протече во ред, веќе во април може да се распишат тендерите за изведувачите на градежните активности.

Тој повтори дека Општина Штип не располага со средства за да може самостојно да го започне проектот заради што се бара странски кредит, но напомена дека со наплаќањето на паркинзите на платформите,па и пошироко низ центарот на Штип, ќе се обезбедат извори за покривање на кредитот.

Ова е еден од капиталните проекти но тој веќе размислува за идните чекори. Според Алексов, во петокот со претставници од Скопје била разгледана новата сообраќајна студија за улицата „Ванчо Прќе" со која се предвидува подземен премин а горниот дел да се претвори во пешачка патека. Изразено е позитвно мислење за овој сообраќаен предлог за улицата „Ванчо Прќе".






http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-May-2010 at 23:11
Штип бара кредит од 2 милиони евра за паркинг платформи на Отиња

Делегација на Светската банка денес имаше работна посета на Општина Штип во врска со проектот за централното градско подрачје кој опфаќа изградба на паркинг платформи и уредување на коритото на реката Отиња. На состанокот беше разгледан напредокот околу обезбедување на потребната документација и утврдување на понатамошни активности околу барањето на кредит за овој проект. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, изрази оптимизам дека Светската банка за неколку месеци ќе излезе со позитивен одговор, по што би можело веднаш да отпочне реализацијата на проектот. Општината планира да земе кредит од 2 милиони евра со рок на отплата од 10 години и грејс период од 3 години, а средствата за враќање ќе се обезбедат од наплата на паркинг просторот.

Проектот предвидува дел од коритото на реката Отиња да се преуреди во паркиралишта со вкупен капацитет за 200 возила. Со тоа би се ублажил недостатокот на паркинг простор во центарот на градот и сообраќајниот хаос воопшто. Проектот на јавноста за прв пат и беше презентиран на јавна трибина во ноември 2009 година. Тогашните симулации покажаа дека Општината ќе може да го враќа кредитот со наплата за паркирање од 20 денари за час.

http://www.build.com.mk/?p=3374
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Feb-2011 at 14:13

Штип чека одговор од Светската банка

Претставници на Светската банка деновиве престојуваа во работна посета на Штип, при што извршија финална контрола на документацијата за проектот за реконструкција и уредување на централното подрачје на градот. Се очекува до крајот на месецот целата документација да биде предадена во македонската канцеларија на Светската банка, од која е побаран кредит од два милиона евра за проектот, чија реализација се очекува да почне кон крајот на летото.

Предвидено е уредување на коритото на Отиња до нејзината утока во Брегалница, изградба на шеталишта и на пет платформи со паркинзи за 150 возила над коритото на Отиња, како и реконструкција на плоштадот Слобода. Градоначалникот Зоран Алексов изјави дека се размислувало и да се постават споменици на познати штипјани на плоштадот и на мостовите

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EFE5D495C873C347A4B70438D9F07C7D
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Feb-2011 at 12:06
Штип на лето ќе започне со конструкција на паркинг платформи

Претставници на Светска банка денес престојуваа во работна посета на Општина Штип. Тие направија финалната контрола на документацијата (ревидираниот проект) за уредување на централното градско подрачје пред негово предавање во канцеларијата на Светската банка во Скопје,со Александар Арсовски координатор од Одделението за локален економски развој на Општина Штип. Потоа разговараа со горадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

Морам да кажам дека сме на крајот на овој процес. Проверена е сета документација и јас верувам дека до крајот на оваа недела ќе ја докомплетираме документацијата со забелешките од СБ, со што до крајот на мецесот отвораме пат за потпишување на официјален договор за кредит од 2 милиони евра од Светската банка. До крајот на летото треба да заврши меѓународниот тендер по што ќе започнеме со реализација на проектот – изјави градоначалникот Алексов.

Како што е познато, проектот за реконструкција и уредување на централното градско подрачје вклучува неколку фази на реализација и активности од кои прва и доминантна се однесува на конструкција на пет паркинг платофрми и уредување на коритото на река Отиња. Со уредувањето е предвидено и шеталиште од 1 километар и платформи со капацитет за паркирање на 140 возила. За таа цел, локалната самоуправа веќе работи на својот дел од обврските кои меѓу другото предвидуваат и уредување на коритото на Отиња на потегот од црквата Свети Никола до вливот на Отиња во реката Брегалница во должина од 500 метри. Кредитот ќе биде земен под поволни услови, со 3 години грејс период и рок на отплата од 10 години. Гарант за кредитот веќе е даден и од Владата на РМ.

Утврден е и моделот на наплата за користење на паркинзите кој според градоначалникот Алексов гарантира собирање на средства за враќање на кредитот. Со проектот се предвидува и реконструкција на градскиот плоштад и санација на некои од мостовите. Што се однесува до реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ која треба да се претвори во шеталиште, се подготвува соодветно сообраќајно решение.

Градоначалникот не ја исклучи можноста некои од мостовите да бидат украсени со споменици на видни личности, бидејќи во Штип, освен споменикот на Александар Македонски кој е приватна донација, нема атрактивен споменик на ниту една маркантна личност од македонската или штипската историја. Меѓутоа, во моментов е најважно да се заврши постапката за добивање на кредитот и да се конструираат платформите, а за останатите идеи дополнително ќе се размислува.

Штип воедно е една од петте општини во Македонија која наскоро ќе добие и кредитен рејтинг, што е особено важно за овој проект.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/stip_na_leto_ke_pocne_so_konstrukcija_na_parking_platformi-09022011-1.jpg
http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Apr-2011 at 23:33
Штип се задолжи со 2 милиони евра

Потпишан е договор помеѓу Градот Штип и Светската банка за кредит со кој ќе се реализира проект за уредување на централното градско подрачје. Кредитот во висина од 2 милиони евра во најголем дел ќе биде искористен за изградба на пет паркинг плтаформи над реката Отиња која го дели Штип на два дела. Освен тоа, ќе бидат обновени и мостовите, ќе се оформи нов плоштад, а коритото на Отиња ќе се уреди, при што ќе биде спуштено нивото на реката, ќе се изградат пешачки патеки и ќе биде поставена урбана опрема. Кредитот има 3-годишен грејс период и рок на отплата од 10 години. Ќе се враќа од наплатата на паркинг просторот и нема да го оптовари буџетот на Општината. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, очекува градежните актвиности да започнат најрано во август, а најдоцна во септември. Доколку навреме завршат преземените обврски, градот ќе добие и дополнителен грант во висина од 20%.

http://www.build.mk/?p=7212
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-May-2011 at 21:27
Сабота, 28 Мај 2011 18:44
Сподели5
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Општина Штип во понеделник ќе го добие архитектонското решение за Градскиот плоштад „Слобода“.

zoran_aleksov-2400
Градоначалникот Зоран Алексов информира дека по добивањето на архитектонското решение за новиот изглед на плоштадот веднаш  ќе биде распишан и тендер.

- Наредната недела веќе ќе можеме да го распишиме меѓународниот тендер за реконструкција на Градскиот плоштад, рече Алексов.

Тој потенцира дека парите за реконструкција на Градскиот плоштад  „Слобода“ се обезбедени од кредитот од Светска банка, а за негова реконструкција се предвидени 400.000 евра.

- Во тек е испитувањето на стабилноста на мостовите на реката Отиња и веќе во јуни очекувам да биде распишан и вториот меѓународен тендер за реализација на проектот реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи на реката Отиња, вели Алексов.

Тој додаде дека изградбата на платформите на реката Отиња за паркирање на возила, градскиот плоштад и средување на коритото на река Отиња е еден од најголемите проекти во Штип, со што ќе се реши пред се сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. http://kurir.mk/republika/opstini/31195-Ke-se-rekonstruira-stipskiot-plostad-Sloboda

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jun-2011 at 15:44

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Општина Штип утре ќе ја достави целокупната документација до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад.

stip-pl0stad500

Проектот е вреден 360.000 евра. Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тенедерската документација.

Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот.

plostadce500

Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м/2. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен.

Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван.

stipce500

pl-stip500

http://www.kurir.mk/republika/opstini/31607-Foto-Stip-podgotven-za-nov-plostad

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Jun-2011 at 15:54
Може некој да направи скица врз Google Maps, каде би требало да биде овој плоштад?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Jun-2011 at 16:00
Toa ke bide renoviranje na stariot ploštad, pred poštata, na mestoto na fontanata (novata) sega e spomenikot na Aleksandar. 

Edited by Makedonij - 01-Jun-2011 at 16:01
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Jul-2011 at 19:04

И Штип ќе наплаќа за паркирање

Над реката Отиња ќе се градат пет платформи со 150 паркинг-места


Иван Бојаџиски

Штип – Локалната штипска власт на големо се подготвува во централното градско подрачје да обезбеди 700 паркинг-места, кои ќе се наплатуваат. Проба ќе биде направена на 1 септември кога секој што ќе посака да си го паркира своето возило на главната трговска улица „Ванчо Прќе“, ќе мора да плати за тоа. За првиот час од паркирањето ќе се наплатува 25 денари, а за секој нареден час 20 денари. Жителите на оваа култна улица добиваат можност за месечен билет што ќе ги чини 200 денари, а оние што ќе земат дневна карта ќе треба да платат 80 денари.

Последните два месеца дупчачки машини го испитуваа составот на земјиштето во коритото на реката Отиња на локациите на кои ќе се градат пет платформи, а на кои ќе има вкупно 150 паркинг-места. Оваа работа на тендер ја доби Градежниот институт од Скопје, кој веќе си ги „собра“ машините и кој има обврска за десет дена на Општина Штип да и' го достави елаборататот.

„Откако ќе го добиеме елаборатот, ќе распишеме меѓународен јавен тендер за уредување на кејот на коритото на реката Отиња од двете страни. Наша идеја е да фатиме дел од актуелната градежна сезона, а работите на комплетното уредување на коритото на Отиња да ги завршиме идната пролет кога центарот на Штип ќе добие комплетно нов, современ изглед“, вели Александар Aрсовски, координатор на проектот за просторно уредување на централното градско подрачје.

Покрај петте платформи на Отиња, проектот опфаќа и нов градски плоштад, уредување на коритото на реката, цветни патеки во самото речно корито од двете негови страни, кои штипјани ќе можат да ги користат за безбедни прошетки во еден нов и убав амбиент.

„За градскиот плоштад веќе имаме архитектонско решение, а наскоро ќе распишеме домашен тендер и за изведувач на работите. Вкупна инвестиција е 400.000 евра. За уредувањето на кејот ќе распишеме меѓународен тендер на што не' обврзува сумата од 1,6 милиони евра што ќе бидат потрошени на оваа работа. За реализација на целиот проект за уредување на централното градско подрачје, општината доби поволен заем од Светската банка во висина од два милиона евра. Претставниците на банката беа многу задоволни од проектот и се уверија дека општината ќе може да го враќа од парите што ќе ги прибира од наплатата за паркирањето“, вели Арсовски.

Со изградбата на петте платформи, општинските планери отвораат паркинг-места во самото срце на градот. Оцена е дека со едно вакво решение ќе се избегне сообраќајниот хаос во центарот на Штип, посебно на улиците од двете страни на реката Отиња. Останува прашањето како на сево ова ќе реагираат граѓаните.

Координаторот на проектор, Арсовски, вели дека овој проект се користи и за да се провери стабилноста на петте моста на Отиња. Засега е сигурно дека ќе биде реновиран и зајакнат мостот кај гимназијата „Славчо Стојменски“, а за другите четири моста допрва ќе се вршат испитувања на нивната стабилност, па ако има потреба, и тие ќе бидат реновирани и зајакнати. Според планерите на градот, на Отиња во идните десет години треба да се изградат уште најмалку пет моста.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FD7AADDD0AD27F439A9350E5FF43591D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Sep-2011 at 15:54

Уште еден месец до изградбата на новиот штипски плоштад

Штип, 4. септември 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип.

Повикот ќе трае 4 седмици. На почетокот на октомври започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад. Проектот е во вредност од 360.000 евра.

Новиот плоштад на Штип ќе нуди модерен дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м2. Плоштадот во Штип изграден на почетокот на 70-тите години, до сега не е обновуван.

Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни. (Крај)

http://daily.mk/cluster3/5040c65585b668fb8b7466220e744143/889710
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Oct-2011 at 18:28
Во октомври почнува реконструкцијата на плоштадот во Штип – Светска банка даде зелено светло за распишување на тендер

Проектната единица на Светска банка и Министерството за Финансии денес дадоа дозвола за распишување на јавен повик за реконструкција на градскиот плоштад во Штип.

Во дневните весници ќе биде објавен јавниот повик, по што заинтересирани домашни и странски фирми ќе можат да конкурираат за изведување на градежните активности. Повикот ќе трае 4 седмици, по што следи жалбена постапка во рок од седум дена. Тоа значи дека на почетокот на октомври, започнува уредувањето на руинираниот градски плоштад.

Проектот е вреден 360.000 евра. Новиот плоштад на Штип ќе нуди модернистички дизајн, ќе вклучува урбан и модерен градежен материјал и ќе зафаќа површина од 2500 м/2. Со концептот се предвидува отстранување на старата и демоде фонтана, нејзино преместување како и сместување на дрвореди со што плоштадот ќе биде многу попривлечен. Плоштадот во Штип е во многу лоша состојба со оглед на тоа што е изграден на почетокот на 70-тите години и до сега не е обновуван.

Средствата се обезбедени преку кредитот од Светска банка, но распишувањето на меѓународниот тендер е со одобрување на ова институција по разгледување на тендерската документација. Имено, средствата од 2 милиони евра кредит кои ги дава Светска Банка за уредување на централното градско подрачје, изградба на пет паркинг платформи и средување на коритото на река Отиња, предвидува и реконструкција на плоштадот. Конкретно документацијата до Светска Банка за реконструкција и обнова на градскиот плоштад беше доставена на крајот на јуни.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-1.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-2.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-3.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-5.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-6.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/09-2011-Novosti-septemvri2011/opstina_stip_plostad_dizajn-01062011-7.jpg

http://www.stip.gov.mk

Kade ke go premestat spomenikot na Aleksandar koj e sega na čeloto na ploštadot?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Nov-2011 at 14:37


Започна реконструкцијата на штипскиот плоштад "Слобода"

Среда, 30 Ноември 2011 13:54

Од денеска и официјално започнаа работите за реновирање на Штипскиот плоштад "Слобода".

Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој на Општина Штип вели дека:

"Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад".

Според најавите реконструкцијата на плоштадот "Слобода" ќе чини околу 310 000 евра, и е под "финансиската капа" на Светска банка, додека градежните работи ќе ги извршува градежната фирма „Бетон“-Штип.

http://daily.mk/cluster3/2e181fbbf4f28f5d0e412dc115c34930/1023842/zapochna-rekonstrukcijata-na-shtipskiot-ploshtad-sloboda

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Dec-2011 at 16:28
30 Ноември 2011

Градежната фирма „Бетон“-Штип од денеска и официјално почна со реконструкцијата на Градскиот плоштад „Слобода“. Градежната оператива почна со рушењето на старата фонтана и вадењето на мермерните плочи, кои биле поставени пред 40 години.

Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Штип вели дека во присуство на претставниците на Светска банка, министерството за финансии и раководството на градежната фирма „Бетон“ почна реконструкцијата на плоштадот, која е предвидено да се одвива четири месеци.

- Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад - рече Арсовски.

Реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“ ќе чини околу 310 000 евра и е дел од прокетот„ Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран од кредитот од Светска банка.

Арсовски најави дека наскоро ќе се распише меѓународниот тендер и за изградбата на платформите и уредувањето на  коритото на реката Отиња.

Штипјани денеска беа задоволни што по 40 години се реконструира плоштадот „Слобода“, кој е локација  за сите политички и културни настани.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-5.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-6.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-7.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-3.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-2.JPGhttp://www.stip.gov.mk/images/stories/11-2011-Novosti/rekonstrukcija-plostad-30112011-4.JPG

http://www.stip.gov.mk




Edited by Cloverstack - 19-Dec-2011 at 01:32
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Dec-2011 at 17:28
Штип го распиша тендерот за уредување на коритото на реката Отиња

По добивањето согласност од страна на кредиторот Светска банка, општина Штип денес го објави тендерот за избор на најповолен понудувач за изведба на проектот „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“. Според пропишаните услови, градежните работи за уредување на централното градско подрачје на потегот од мостот Св. Никола до болницата треба да се реализираат во временски период од 18 месеци, додека градоначалникот на Штип Зоран Алексов е оптимист дека истите ќе завршат во текот на 2012 година. Зафатот предвидува изградба на пет паркинг платформи над реката Отиња, обновување на постоечките мостови, уредување на коритото на реката и изградба на пешачки патеки. Финансиската конструкција на овој проект изнесува околу 1,7 милиони евра. Крајниот рок за поднесување понуди на тендерот е 17 февруари.

 

 

 

Локалната самоуправа го доби бараниот кредит од 2 милиони евра од Светска банка во текот на април годинава, а во рамките на истиот се обезбедија и средства во износ од 310.000 евра за реконструкција на централниот градски плоштад во Штип. Градежните работи на плоштадот „Слобода“ веќе започнаа кон крајот на ноември. На штипјани проектот за уредување на коритото на реката Отиња првично им беше презентиран во ноември 2009 година, а тогашната симулација покажа дека од наплатата за паркирање ќе може да се вратат финансиските средства од земениот кредит.


 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 31.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Градска инфраструктура, Инфраструктура, Кејови, Кредити, Паркинг, Уредување на Отиња, Штип

http://www.build.mk/?p=11433
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 17-Feb-2012 at 18:16

Четири фирми конкурираат за изградба на коритото на река Отиња во Штип

Во општина Штип денеска беа отворени понудите од градежните фирми за изградба на пет платформи и уредување на коритото на реката Отиња.

stip-danok240
Координаторот на проектот „Реконструкција и изградба на пет платформи над реката Отиња“ Александар Арсовски истакна дека на меѓународниот тендер се јавиле четири фирми, од кои две од Софија, една од Скопје и една од Штип.

- Првата понуда беше од скопската фирма „Синтек“, а вредноста изнесува 101.241.339 денари. Втората понуда беше на бугарската фирма „Кибилд“ од Софија, со вредност од 98.365.910. Третата понуда е на фирмата „Бетон“ од Штип со вредност од 92.932.199 денари и последната е на бугарската фирма „Трејс Груп“ со вредност од 162.460.900 денари, информираше Арсовски.

Тој појасни дека во рок од 10 дена треба да се одлучи која фирма ќе биде избрана да ги изведе градежните работи, во кои се вклучува санација на постојните мостови, но и изградба на пет платформи за паркирање на возилата над реката Отиња.

Општина Штип зеде кредит од Светска банка во висина од околу два милиони евра за реконструкција и изградба на платформи над Отиња и за реконструкција на градскиот плоштад „Слобода“.

http://kurir.mk/republika/opstini/61265-Cetiri-firmi-konkuriraat-za-izgradba-na-koritoto-na-reka-Otinja-vo-Stip

Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Mar-2012 at 00:14
Бугарската фирма „Кибилд“ ќе го уредува коритото на штипска Отиња

Светска банка го потврди предлогот на Општина Штип за избор на бугарската фирма „Кибилд“ како најповолен понудувач за изведба на проектот „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“. Вредноста на склучениот договор изнесува 98.365.910 денари или околу 1,6 милиони евра, а градежните работи е зацртано да завршат во период од 18 месеци. Локалните власти од Штип сеуште не соопштуваат кога ќе започне уредувањето на коритото на реката „Отиња“. На објавениот тендер се јавија четири компании, при што „Бетон Штип“ понуди најниска цена од 92.932.199 денари, но не го задоволи критериумот за искуство во изведбата на мостови во последните три години. Понуди доставија и домашната „Синтек“ (101.241.339 денари), како и уште една бугарска фирма – „Трејс Груп“ (162.460.900 денари)

Зафатот предвидува изградба на пет паркинг платформи над реката Отиња, обновување на постоечките мостови, уредување на коритото на реката и изградба на пешачки патеки во централното градско подрачје на Штип. Финансиските средства се обезбедени со кредит од Светска банка во висина од 2 милиони евра и со рок на отплата од 10 години и 3 години грејс период, а целокупниот проект ја опфаќа и реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“. Во меѓувреме, забрзано се работи на обновата и на самиот плоштад [»мапа]. Во тек е бетонирање и поставување на новите гранитни плочки, а споменикот на „Александар Велики“ е поместен и поставен на нов постамент. Според информациите од интернет – страницата на Општина Штип,  градежните работи треба да завршат до крајот на април оваа година.



#
Објавено на 28.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Бетон Штип, Градска инфраструктура, Инфраструктура, Кејови, Кибилд, Кредити, Мостови, Паркинг, Плоштад Слобода Штип, Плоштади, Синтек, Споменици и скулптури, Трејс Груп, Уредување на Отиња, Штип

http://www.build.mk/?p=13685
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Apr-2012 at 19:47
“Александар Македонски“ не знае за милост


Четврток, 15 Март 2012 18:15

 


Реконструкторите на градскиот плоштад,  експресно го дислоцираа споемникот на Александа Македонија, и тоа на локација веднаш до Уни Банка во Штип.

Дислокацијата и не беше проблем ,колку нечие неодговорно однесување и самовластието на надлежните. Денеска сопствниците на деловни објекти кои се наоѓаат во близина на сегашната локација на Александар Македонски , реагираа  на поставувањето на споменикот. Имено тие се жалат дека со поставувањето на споменикот, пдигното е нивото на локацијата згора шахтата во која се слеваат атмосферски и други води, а уништена, и сега сета вода од врнежите се слева во  деловните објекти, во кои сопствениците волжиле значителни суми на пари. На тој начин им е нанесена штета на сопствениците на објектите.Тие побараа и да се најде соодветно место за посменикот поради што има реални проблеми. Но одговорот од локалната самоуправа е негативен, со образоложение дека  ситуациите со реконструкцијата на плоштадот и  дислоцирањето на споменикот  ги следи Светската банка.Сопствениците нема да престанат со реакциите па сметката од уништувањето на нивните деловни објекти ќе ја испорачаат на локалната самоуправа, а зошто не и на светкста банка која ги следи ситуациите со реконструкцијата на плоштадот во Штип.


http://www.radiostip.com.mk




Edited by Makedonij - 01-Apr-2012 at 19:47
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Apr-2012 at 18:46
Кибилд го потпиша договорот за платформите на Отиња


Среда, 04 Април 2012 18:36

 

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов и Севдалина Колева, сопственик на формата КИ БИЛД денес го потпишаа договорот за уредување на централното градско подрачје.

Со ова практично се обезбедени сите предуслови конечно да започнат градежните работи за средување на центарот на градот, изјави градоначалникот Алексов при денешното потпишување на кое присуствуваа претставници и на Светската банка, со чиј кредит од 2 милиони евра ќе се средува центарот на градот и ќе се градат платформите на река Отиња

http://www.radiostip.com.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.