Print Page | Close Window

Спортски аеродроми

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=915
Printed Date: 20-Oct-2020 at 12:14


Topic: Спортски аеродроми
Posted By: S.P.Q.R.
Subject: Спортски аеродроми
Date Posted: 14-May-2010 at 20:22

Еве неколку слики од аеродромот Мало Коњари во близина на Прилеп
01. Влезот во аеродромот

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.

09.

10.

11.

12.

13.

14.

15.

16.

17.

18.

19.


Еве и координати:  41°20'16.35"N 21°26'59.54"E

Голема благодарност за сликите до мојот другар МетодиRoll%20eyes



-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2010 at 03:09


Браво за Методи

На аеродромов има ли барем каква-таква повремена активност или е тотално вон функција?


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 16-May-2010 at 03:38
Има еден клуб со еден или два авиони, ги летаат по некогаш. Тие се во хангарот на слика број 4. Инаку пистата е обична трева, неискосена и необележана.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-May-2010 at 20:03
Originally posted by S.P.Q.R.

Има еден клуб со еден или два авиони, ги летаат по некогаш. Тие се во хангарот на слика број 4. Инаку пистата е обична трева, неискосена и необележана.
добро, сепак се работи за спортски авиони кои слетуваат со многу мала брзина и се многу лесни и можат да слетаат на трева, кај нас има колку што знам авиони од типот на cesna i piper
а ако се работи за едрилици, тие секако мора да слетуваат на трева или друга помека подлога


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-May-2010 at 21:05
Спортски аеродром Стенковец, Скопје

42° 3'36.51"N - 21°23'16.10"E









Една од активностите на Стенковец е и авио моделарстото







Се надевам дека членовите од Аеро клуб „Скопје“ и Авиација форум ќе дополнат уште многу

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 06-Aug-2010 at 20:31
Веќе некое време правев список на овие аеродроми, сега засега ги открив само овие:

Спортски аеродроми

1. Логоварди Битола -  41° 1'19.97"N 21°25'24.78"E
2. Мало коњари Прилеп -  41°20'17.86"N 21°26'57.49"E
3. Аџи тепе Куманово -  42° 9'14.43"N 21°42'11.97"E
4. Стенковец Скопје -  42° 3'35.07"N 21°23'5.22"E
6. Сушево Штип - 41°45'30.15"N 22° 8'48.42"E

Земјоделски аеродроми

1. Сарандиново Долнени -  41°25'45.80"N 21°24'10.76"E
2. Каратманово Велес - 41°45'34.74"N  21°50'28.94"E
3. Неготино Неготино -  41°31'2.31"N 22° 5'14.44"E
4. Криви Дол Штип - 41°47'52.57"N 22° 6'35.06"E
5. Пеширово Свети Николе - 41°49'41.04"N  21°59'11.95"E
6. Српци Битола -  41° 9'5.93"N 21°24'27.40"E
7. Мавровица Свети Николе - 41°54'49.34"N 21°57'10.98"E
8. Градско Росоман -  41°33'10.20"N 21°56'58.45"E

Помошни писти

1. Пониква Кочани - 42° 1'35.37"N 22°21'21.06"E
2. Плачковица Штип - 41°45'43.09"N, 22°23'7.51"E

 Има уште многу аеродроми се надевам дека со тек на време ќе ги пронајдам ситеSmile


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: alexgizh
Date Posted: 06-Aug-2010 at 21:02
Previous

Доста информативен пост!

Треба да направиме некаква листа за вакви добри постови, или барем информацијата да се потенцира некаде некако...


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 06-Aug-2010 at 22:04
Доколку некој знае некој аеродром а да не спаѓа во горенаведените слободно нека не се срами и нека кажеBig%20smile

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Dragan
Date Posted: 06-Aug-2010 at 22:39
Колку што ја знам ваквите аеродроми(спортски) беа порано дел од така наречената стратегија на територијална одбрана. Сето тоа беше праено од тогашната држава. Сега е време на пазарна економија па и ваквото воздухоплоство е приватен бизнис, е нека има некој сила па приватно нека отвори спортски аеродром, во америка има приварно се добива дозвола, ама каква ни е економијата ќе се начекаме на тоа, и оној од Скопје што имаше 2 приватни авиона за обука падна со едениот кај Охрид и загина ете тоа е реалноста.

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Aug-2010 at 00:22
Стенковец и Аџи Тепе очигледно се сосема друга лига од останатите

Инаку имам една постара топогравска карта на Македонија каде покрај скопскиот и охридскиот аеродром е обележан само уште еден, близу Битола, овде некаде:
41° 3'23.24"N  21°21'26.95"E
...ама на гугл земја не гледам некаква трага од него. Битолчани, вие знаете нешто дали порано таму имало некаков аеродром?




@ SPQR
Супер листа  Thumbs%20Up

Тој кај Мавровица близу Свети Николе не можам да го забележам, да не ти се промакнала некоја грешка во координатите?


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 07-Aug-2010 at 14:40
@ Clover напрајв edit на листата, аеродромот е само неколку метри понастрана од претходните координати, но ми беше така ставено бидејќи на Google earth ознаката за аеродромот Мавровица стоеше таму. Иначе аеродрмов не е ништо посебно, само две мали згради и необележана нива т.е. писта.
Big%20smile


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 07-Aug-2010 at 15:54
Дел од интервју со еден прилепчанец има интересни информации за авионот и "македонсково небo",во позадина е аеродромот во с.Мало Коњари,Прилеп




“Фасцинејшн Д4-Б” е побрз поради почистата аеродинамика. Има најсовремена “џипиес” опрема, ракетен падобран за спасување, серво уреди кои се врзуваат со командите со автопилотот. На долги патеки, пилотот за да може да провери карта го вклучува “џипиес” и авионот сам лета. Автопилотот не го користам , а “џипиесот” го користам во секое време за да се знае позицијата. Авионот е обезбеден со ракетен падобран. Може да се слета во секоја нива. За полетување му требаат 250 метри, а 300 метри за слетување.
Максималната брзина на авионот е 270 км/ч. Патувачка или крстаречка брзина е 240 км/ч. Со 50 насто снага на моторот и брзина од 240 км/ч. од Прилеп до Скопје односно на аеродромот Стенковец се лета за околу 15 минути. Еден лет до Скопје и обратно е 500 денари односно троши 15 литри на саат. Во зависност од временските услови во просек максималниот плафон за летање е 4 000 метри. Регистрацијата на леталото чини околу 3 500 денари. Прво се резревираат ознаки во Управа за цивилна воздушна пловидба “Зулу 3” и се утврдуваат сите технички карактеристики на авионот потпишани од инспектори кои прават 100 часовен преглед. Специјално лице има за питостатика – исправност на инструментите. Неговиот потпис е важен. Важно е осигурувањето од “третолице”, се одредуваат тест пилоти кои ги проверуват дали се тие перформанси, што се наведени и даваат дозвола за пловидбеност односно регистрација.
            - Македонското небо е прилично слободно за летање оти нема воздухлопови. Треба само да полетам и на 200 - 300 метри висина ја најавувам рутата. За во странство мора да се обезбеди коридор односно резервација на рута за летање од земјата во која одиш. Поаѓањето мора да биде од интернационален аедордром - Скопје или Охрид и да се минат сите царински формалности. Најосновен инструмент за преку граница е авионот да има транспондер со кој ја објавуваш рутата и на која висина е авионот - вели Пеливаноски.


http://www.zenitprilep.com.mk/html/aktuel116.html - http://www.zenitprilep.com.mk/html/aktuel116.html

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2010 at 16:53
Каков е овој аеродром на Пониква (42° 1'33.42"N 22°21'20.99"E)? Прв пат гледам ваков случај аеродромска писта да се дел од пат. Нормално, освен за делницата од автопатот кај Петровец што е emergency писта. Всушност има ли друга писта, спортски аеродром и слично на повисока надморска височина?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Sep-2010 at 17:38
Трет меѓународен аеро митинг во Битола
Автор: Редакција ФОРУМ     
18 септември 2010



Битола викендов е биде домаќин на Меѓународниот Аеро митинг, кој е традиционален и е со ревијален карактер.
Годинава Аеро митингот се одржува по третпат на спортскиот аеродром во Битола
Денешната програма ќе стартува во 10:30 часот со перформанс летови со радиоуправувачки модели, половина час подоцна Аеро митингот ќе биде свечено отворен.
По свеченото отворање ќе започнат летачките активности: воено маневарски летови со хеликоптери, формациско летање со спортски авиони, акробатски летови со спортски авиони, акробатски летови со едрилица, скокови со падобрани, летови со ултра лесни летала. Денешната програма ќе заврши со перформанс летови со радиоуправувачки модели. За неделната програма во претпладневните часови се најавени слободни летачки активности.
На Аеро митингот во Битола посетителите, чија бројка организаторот очекува да биде над 5.000, ќе можат да ги видат следните воздухопловни средства: Утва 75 – спортски авион, Злин – акробатски авион, воен хеликоптер МИ 24, Воен хеликоптер МИ 17, воен хеликоптер МИ 8, Ултра лесни авиони, моторни едрилици, безмоторни едрилици, Цесна 172, Цитабриа и Утва 66.
На ревијалниот натпревар ќе се појават членовите од петте клубови од Македонија, а организаторот очекува и гости од Албанија, Словенија, Грција и Италија.
http://forum.com.mk/29539 - http://forum.com.mk/29539


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Sep-2010 at 20:28
Rock




-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Sep-2010 at 20:45
Од кај тргнува превозот-аутобусот и каде ги има картиве ??

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Sep-2010 at 21:17
Автобусот тргнува од пред спортската сала во Битола. Kарти имаше да се купат во изминатите денови на широксокак а исто така можи да се купи и на аеродромот на лице-место.

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2010 at 23:55
Wallbash

Крави пасат на авионската писта

Жителите на околните села го носат добитокот на пасење на прилепскиот спортски аеродром кај Мало Коњари, со што се оштетува пистата и се загрозува безбедноста при полетувањето и слетувањето на авионите, се жалат од Аероклубот „Прилеп“

Лепешките на пистата го прават небезбедно полетувањето и слетувањето на малите авиони на прилепскиот спортски аеродром кај Мало Коњари, се жалат во Аероклубот „Прилеп“. Освен напасувањето добиток на спортскиот аеродром во аероклубот имаат и нерешени имотно-правни односи за чие решавање се заангажирани неколкумина ентузијасти, љубители на воздухопловството и летањето со спортски авиони.

- Крави, овци, кози и коњи на пистата пред полетување или слетување на авионот на пистата кај Мало Коњари се честа глетка. Честопати на пистата „слетуваат“ и трактори - се жалат од Аероклубот „Прилеп“.

Секретарот Никола Стеваноски смета дека не треба да се запостави клубот, оти иднината е во воздушниот сообраќај. Тој вели нужно е да се одржи спортскиот аеродром. Се жали на натрупани долгови, а нерешениот статус на земјиштето предизвикува главоболки и грижа за безбедноста на, се' помалкуте, летови на единственото летало, авионот двосед „Утва 75“, ставен во функција со поддршка на прилепскиот „авиоман“ Дејан Пеливаноски.

- Жителите на околните села го носат добитокот на пасење на пистата и ја загрозуваат безбедноста при полетувањето и слетувањето. Кравите, овците, козите и другиот добиток ја оштетуваат полетно-слетната патека. Не е сигурно слетувањето и полетувањето на авионите на лепешки и друг сточен измет. Постои ризик од инцидент. Авион може да се судри со крава при атерирање или полетување. Бадијала посеавме трева на испасените делови, кога добитокот пак се' сотре. Некои земјоделци го користат просторот за пат, па не е чудно, наместо авион, на пистата да се види трактор. Дел си дозволуваат да ја ораат пистата, а други да копаат песок за градежен материјал. Со тоа создаваат проблеми на слетувалиштето, каде што неколкупати ги пополнувавме дупките, направени од земјоделските машини. Интервенира и земјоделската инспекција, но нема фајде. За регулирање на формално-правниот статус на земјиштето се потребни околу 25.000 евра. Со жителите не можеме да најдеме заеднички јазик да го отстранат добитокот и да го заобиколуваат аеродромот со тракторите - тврди секретарот Стеваноски.

Немоќни се да најдат толку пари за ставање на земјиштето во законски рамки.

- Невозможно е да најдеме толку пари. Со заем од 8.500 евра беше оспособен и регистриран единствениот авион по десетина години. Но, авионот треба да се контролира, да се одржува, да се тестира и да се полни со гориво. Летањето не е евтино. За да обезбедиме пари се обидуваме да се вклучиме во летните активности за набљудување од опасноста од пожари. Сакаме аеродромот да го ставиме на услуга на пилотите на спортски авиони, за прелет низ Македонија. Може да слетаат да танкираат гориво и да им се контролира авионот. Сето тоа да се плаќа. Имаме идеја да ја ставиме едрилицата во комерцијални цели, откако ќе ги отстраниме дефектите. Но, „приказната“ почнува и завршува со земјиштето - вели Стеваноски.

Тој смета дека иднината е во воздушниот сообраќај, зашто расте бројот на сопствениците на лесни летала. Досега неколкумина бизнисмени слетувале со мали сопствени авиони при работни патувања во Прилеп.

- Индивидуалниот авиопревоз има иднина, зашто паѓаат цените на леталата. Сега малите авиони чинат колку еден просечен нов автомобил, односно може да се купи авион и за 20.000 евра - вели Стеваноски.

Еден од вљубениците во височините е и прилепчанецот Дејан Пеливаноски, кој е сопственик на мал авион-двосед.

- И мојот нов авион, „фасцинејшн Д4-Б“ како и претходниот „Маја“, е ултралесен воздухоплов. Новиот е германски нискокрилец произведен во 2002 година и има ракетен падобран. Може да се слета речиси во секоја нива. За полетување му треба простор од 250 метри, а 300 метри за слетување. Максималната брзина е 270 км/ч, а патувачка е 240 км/ч. Од Прилеп до Скопје, до Стенковец, се лета за 15 минути. Авионот троши 15 литри гориво на час. Во зависност од временските услови, се лета во височина од максимум 4.000 метри. Леталото чини околу 40.000 евра, но скапи се дозволите, одржувањето и другата документација - вели Пеливаноски.

Аероклубот „Прилеп“, кој постои 50 години, располага со еден спортски авион, хангар и неопходната техника. Неколкуте ентузијасти се мачат да ги одржат клубот и инфраструктурата во кондиција. Асоцијацијата е регистрирана како здружение, кое се финансира главно од донации, членарина на заљубеници во височините, падобранството, едриличарството и моделарството.

Љупчо Mургоски
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7B5E3668A1BFCC4E8717A30EA3127DB3 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7B5E3668A1BFCC4E8717A30EA3127DB3


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 13-Dec-2010 at 14:05
Originally posted by leonid23

http://www.facebook.com/stara.strumica?ref=ts#!/stara.strumica?ref=ts

AERO KLUBOT vo Strumica ...





http://www.facebook.com/stara.strumica?ref=ts#!/stara.strumica?ref=ts


Леонид, како што гледам Струмица имала аероклуб, дали може да ни кажиш повеќе за клубот и за аеродромот од кај што полетувале.Poke


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Dec-2010 at 00:25
wow , зарем не е тоа DC-3 на втората слика? зарем сме имале таков авион?


Posted By: Plugger
Date Posted: 20-Mar-2011 at 03:14

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/sitel-storija-aerosportovite-povtorno-zazivuvaat%20 - http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/sitel-storija-aerosportovite-povtorno-zazivuvaat


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Mar-2011 at 20:41
како кажуваат овие на Сител, како да се организираат најголемите интернационални аеромитинзи кај нас...
освен неколку нови авиони и ентузијасти, многу се немаме променето во таа област

инаку, лесните спортски авиони и хеликоптерите често се користат за панорамски летови и за брз меѓуградски транспорт и транспорт до помалку пристапни места, ние ожеме тоа многу добро да го искористиме во планинските и езерските предели во функција на туризмот
Cessna и Piper се најдобри марки за такви намени, впрочем, создадени се да заменуваат автомобил и се евтини и лесно одржливи (во споредба со други авиони)


Posted By: Тркало
Date Posted: 06-May-2011 at 22:43
Овај аеродром Српци кај Битола( 41° 9'5.93"N 21°24'27.40"E ),интересно пистава (како да) е бетонска.Можда некаков си план одамна за комерцијален аеродром?Пошто имам слушано и читано планови за аеродром кај Битола до селото Вашарејца (аеродромов кај Српци,како најпогодно место со клима ,правец на ветар итн).


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 07-May-2011 at 00:28
Аеродромот во Српци е земјоделски аеродром со должина на пистата од 300 метри. Од него полетувале авионите кои ги користеле за запрашување на насадите. Инаку има бетонски плочи како писта. Има вавки повеќе аеродроми низ Македонија. А за аеродромот кој требало да се гради во Битола е онај кај село Логоварди, има дури и мини терминал.

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 03-Aug-2011 at 20:46
Почитувани,

На 9-10-11 Септември Ви најавуавме 4-ти Меѓународен аеромитинг на Спортски аеродром Битола, с.Логоварди. Покрај збогатената програма со воздухоплови( домашни и странски), параглајдеристи, падобранци и одлично летачко шоу кое ќе биди многу поразлично од сите претходни години , оваа година ви претставуваме и забавни активности и наградни натпревари во:

* Избор на најдобра фотографија на тема Авијација за време на аеромитингот, со главна награда дигитален фотоапарат-критериумите за пријавување и учество ќе бидат објавени наскоро
* Натпревар со SONY PLAY STATION во симулатори на летање- со специјална награда за најдобриот натпреварувач - критериумите за пријавување и учество ќе бидат објавени наскоро
* Камповање со шатори за најмладите-ограничен број на кампери(пријавување наскоро).
* После пладне во склоп сите три дена на аеромитингот започнување со нокната забавна програма( на големо изненадување на сите)

ОД летачата програма, ке има странски акробатски асови од Словенија, Хрватска, Бугарија , Англија, Србија и Црна Гора, ке има натпреварувачки дел помеѓу пилоти ( како Ред Бул трките ).
Сите заинтересирани ке можат да се извозат со најдобрите акробатски авиони и да уживаат во вештините на најпознатите асови на небото.
Точната Летачката програма ќе биде дополнително објавена.
Овој дел од Аеро митингот ке се одвива во Сабота 10.09.2011

Со почит
Аероклуб Мирко Тодоровски Битола


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Aug-2011 at 23:17
би сакал барем некогаш во иднина да го достигнеме степенот на Батајница ако ништо друго, и кога веќе аеромитингот има призвук „интернационален“ во него да учествуваат авијациските сили на некои блиски земји   Big%20smile
шала на страна, обожавам аеромитинзи, и жал ми е што не сум бил никогаш на аеромитинг, доколку имам услови, воопшто не се мислам дали да го посетам битолскиот аеродром во Септември


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 03-Aug-2011 at 23:23
Мислам дека ќе биде како лани, во картата да има бесплатен превоз од Битола до аеродромот и назад , или бесплатен паркинг, a инаку со картата даваа и сладолед


-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Aug-2011 at 00:23
Ај и една поширока официјална вест...
     Аеро митинг –Битола и  Bitola Air Race 2011

 

Кога еден мал ентитет како што е локалниот Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ од Битола се дрзне да организира настан од размерот на Red Bull Air Race, тогаш само две помисли ви доаѓаат во глава, или некој вистински се преценил, или навистина нешто големо ќе се случува во Битола.

Во период кога најголемиот организатор на вакви настани , Red Bull со својот спектакуларен настан Red Bull Air Race, најавува едногодишна пауза поради финансиски проблеми, тогаш скептичноста која се појавува помислувајки на квалитетот на настанот во Битола е сосема оправдан, но кога ке се стават на список имињата на летачките асови кои ќе присуствуваат на oваа  „ летaчка трка“ и имињата на нивните летечки машини, се ќе ви биде јасно.

 

Но да одиме по ред, што би рекле „first thing first“...

 

Овој Аеро Митинг е предвиден да се одвива во 3 дена , 9, 10 и 11 Септември.

 

Првиот ден Петок 09.09,

 

 Ќе биде неофицијален. Ке се претстават моделарските секции од Македонија и соседните земји и ќе се разделат по секции како што се макетарство, радио командувани модели, слободно летечки модели, ракетната секција...

Секако во овој ден поголемиот дел ќе биде посветен на Ултра лесното воздухопловство и посетителите ќе бидат запознаени со карактеристиките на ултралесните авиони, нивното освојувување на се поголемиот дел на воздухот и нивните предности пред генералната авијација.

Секако тука ќе бидат и Параглајдерите, Падобранците, Змајарите кои ќе дадат свој придонес во запознавањето на јавноста со своите активности.

 

                Ден 2 , Сабота 10.09

 

Официјален ден на Аеро митингот и воздушната трка.

Аеромитингот официјално ќе започне со падобрански скокови од Хеликоптер, Првиот падобранец скока со Македонското знаме.

По отварањето, Министерството за одбрана ќе има приказ со воени хеликоптери Ми-17 и Ми-24 како и со авиони од типот ЗЛИН, а потоа доага приказ на хеликоптерската единица на МВР.

 

Потоа  доаѓаат  3 воздухоплови од типот АТ-802 А FIRE BOSS  на Дирекцијата за заштита и спасување кои во еден налет ке направат приказ на исфрлање на обоена вода која ќе го симболизира  Македонското знаме.

 

Почеток на воздушната трка ќе ја најави нашиот специјален гостин Драган Амиџа од Нови Сад - Србија, пилот на Галеб Г2  (сл.1) кој со својот Г2 ќе направи неколку акробации и ниски прелети.

 

После кратка пауза која ќе се искористи за поставување на Пилоните (сл.2)

 

(Специјално дизајнирани препреки на надувување), ќе започне воздушната трка која ќе ја оценува специјална комисија. Натпреварот ќе се одвива во 2 дисциплини:

  • Акробатска Временска трка помеѓу  2 парови на пилони
  • Freestyle - слободни акробатски летови при што пилотите ги носат до сама граница на издржливост своите авиони. Победникот го избира публиката и комисијата.

 

Потврдени учесници на воздушната трка се:

 

  • Tomo Poljanac- Slovenija – avion Extra 300 (сл.3)
  • Branimir Ambrekovic- Hrvatska- Avion G202 (сл.4)
  • Svilen Gorgiev – Bugarija – Avion Pitts –S2B (сл.5)
  • Andrew Bickmore – Anglija – Extreme

 

Прогласување на победникот и започнување на послепладневната журка со голем стејџ , ДЏ –и, многу музика, јадење и пијалоци.... се до раните утрински часови.

 

 

Ден 3 , Недела 11.09

 

Претстава на авионите од генерална авијација во сопственост на Аеро клубовите,

Информативни летови со Цесна 172,

Забава, музика, храна и пијалоци....

 

За впечатокот да биде посилен , еве неколку линкови:

www.formula-aerobaticrace.com

www.tomo-airshow.com

http://www.mambo.si/video/179519-airshow-sentvid

Програмата и распоредот , поради временските услови и техничките потреби можат да претрпат промени, кои накнадно ќе бидат објавени.





-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 23-Aug-2011 at 14:02
Стенковец




-------------


Posted By: tonikostov
Date Posted: 07-Sep-2011 at 08:38
Има ли нешто ново во врска со аеро-митингот? Ќе се одржи ли дефинитивно? Има ли точна програма? Од колку саат почнува? Каде може да се најдат официјални информации?


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Sep-2011 at 22:10
Originally posted by tonikostov

Има ли нешто ново во врска со аеро-митингот? Ќе се одржи ли дефинитивно? Има ли точна програма? Од колку саат почнува? Каде може да се најдат официјални информации?
имаат страна на фејсбук од аероклубот

http://www.facebook.com/AeroClubBitola - http://www.facebook.com/AeroClubBitola


патем, што ќе ги чини да направат писта барем од бетонски плочи?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: ile97
Date Posted: 03-Nov-2014 at 19:26
Имам слушнато дека има и некој резервен аеродром во с. Лозово гледам дека го немате споменато. Дали има некоја информација за него ? 


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jun-2015 at 21:07
[TUBE]watch?v=jXPeR14-pLw[/TUBE]



Print Page | Close Window