build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9596979899 329>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [53.93%]
83 [43.46%]
5 [2.62%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1921 Posted: 16-Sep-2011 at 14:26
Originally posted by pbanks

Originally posted by zabegan

да ги трегнеме сите други муабети на страна, воопшто не ми е јасно зошто толку многу се брзаше да се заврши буквално секој проект во рок од година дена... оваа држава не е ни физички, ни финансиски способна така мегаломански да гради
па и многу поедноставно ќе беше да градеа едно по друго полека и во фази, одколку вака најпрво да се брзаат, па после да чекаме еден објект 100 години да се изгради, поарно да изградеа цели објекти, дел по дел, и да не го довршеа целиот план, одколку вака да се фолираа и со времето и со средствата
па и меѓудругото, ете зошто е лошо да се брза безврска да се изгради некој објект за одреден датум (иако датумот и нема некое значење за тој објект) и иако од првичниот план требало да се гради подолго време



Значи забеган, стварно комплетно забега со критикиве. Ако нешто секогаш ни пречело во нашава земја е токму тоа „фазно“ работење каде и најбанални проекти се влечкаат со години. Зарем тоа е пристапот кој го заговараш?

Ако има нешто позитивно  во СК2014 е тоа што се покажа дека кога се сака се може. Не биле ни парите, ни едно, ни друго, ни трето проблем. Се надевам дека се тоа нови поставени стандарди и граѓаните веќе никогаш нема да прифатат заебанции како на пример проширувањето на бул. Гоце Делчев во мандатот на Трифун, кое се влечкаше едно година ипол.
мислам дека не ме разбравте убаво, фала богу, и јас сакам брз ода се изгради објект, затоа го критикувам токму тоа
со самото тоа што се започнуваат многу проекти одеднаш, едни објекти се избрзуваат, а други се влечкаат со години, наместо да имаме етапна изградба на еден објект по друг и објектите да се градат со поголема брзина и со сите средства прво вложени во еден објект, па потоа во друг, тука се дискриминираат едни објекти за да се изградат други и центаров со таков начин на изградба ќе ни биде долго време пол со градилишта
или да поедноставам, прво се гради театарот со поголема брзина и квалкитет и со внимателно вложени средства, па откако ќе се заврши тоа, да се почне друго, сепак владава има три мандати и доволно време за изградба, нема што да се брза, да се работеше за нешто што е итно или пак некаква вонредна состојба, ќе разберев, ама ова е нешто со кое воопшто не мора да се брза на ваков начин
значи сум за брза изградба, но во етапи и со сигурни вложени средства, и онака Ск2014 не е план во кој објектите зависат еден од друг, па воопшто не било никогаш важно сите истовремено да се изградат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1922 Posted: 16-Sep-2011 at 21:17
Previous
 
Претпоставувам дека беше саркастичен околу изградбата на театарот со поголема брзина и квалитет, бидејќи изградбата на театарот започна кон крајот на 2007, во 2009 рекоа дека ќе биде готов во 2010, во 2010 рекоа дека ќе биде готов пролетта или летото 2011, а сега велат дека ќе биде готов на пролет 2012 или во лето 2012.
 
Инаку, се согласувам со тебе околу тоа дека подобро ќе беше ако се градеше објект по објект, наместо повеќе објекти истовремено, бидејќи вака еден објект е приоритетен, а друг е запоставен.
 
Театарот се гради со најбавно темпо од сите објекти, за волја на вистината, театарот не е дел од проектот Скопје 2014, од друга страна Музејот на Македонската борба за државност и самостојност почна да се гради после театарот, а еве, на денот на независноста 8 септември 2011, како дел од прославата по повод 20 години македонска независност, музејот беше пуштен во употреба.
 
Поставувањето на платната на Порта Македонија со цел портата сепак да биде дел од прославата по повод 20 години македонска независност, беше една од најголемите глупости кои беа направени, денес поминав, сеуште ги поставуваат назад скелињата за да завршат со поставувањето на релјефите.
 
Новото седиште на Уставниот Суд исто така почна да се гради после театарот, и неговата изградба се влечка, но сепак, барем по надворешниот изглед, делува како неговата изградба да е поблиску до крај во споредба со изградбата на театарот.
 
Исто така, во 2010 почна изградбата на новото седиште на Министерството за надворешни работи, како и новото седиште на Јавното Обвинителство, а сепак министерката за култура Елизабета Канческа Милевска спомна дека новото седиште на МНР ќе биде готово и пуштено во употреба до крајот на 2011.
 
Новата зграда на Македонската Филхармонија исто така е запоставена како и театарот, новото седиште на Агенцијата за Електронски Комуникации не сум го видел, претпоставувам дека и неговата изградба се влечка.
 
Од друга страна, новото седиште на Кривичниот Суд кај Судска Палата, иако не е дел од проектот Скопје 2014, сепак добро напредува, моја претпоставка е дека само така делува бидејќи фасадата е при крај бидејќи користат сипорекс цигли, се надевам дека не го планираат истото и за внатрешните ѕидови, сипорексот е добро решение за фасада, но не е најпрепорачливо решение за внатрешни ѕидови, но како и да е, и на овој објект изградбата брзо напредува.
 
Се на се, театарот и новата зграда на Македонската Филхармонија се најзапоставени објекти од целиот проект Скопје 2014, иако како што веќе спомнав, театарот не е дел од проектот Скопје 2014, но верувам дека ако нашинциве добро се потрудат, можеби овие два објекта во 2014 ќе бидат пуштени во употреба, иако факт е тоа дека можат да бидат завршени многу порано.


Edited by Dexter26 - 16-Sep-2011 at 21:26
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1923 Posted: 16-Sep-2011 at 23:11
@kultuzin: Што се однесува до популарноста надвор и развојот на националната свест и гордост внатре, мислам дека далеку поголем ефект имаат победите на нашите кошаркари во моментот отколку целиот СК014.
Не паметам онаква сплотеност, гордост и радост било кога наназад како што тоа беше во средата на плоштад, а сигурно и низ цела држава.
А надвор, стотици медиуми секојдневно пишуваат за нас со восхит и чудење.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1924 Posted: 17-Sep-2011 at 15:16
@Dexter, убаво што даде една ретроспектива на временските растојанија во изградбата на објективе
но има една работа што се заборава исто така, општо сите објекти во Ск2014 не се градат континуирано, еве на пример, музејот на ВМРО се влечкаше долго време, само за на крај да се избрза за месец дена, што воопшто не е препорачливо и покрај тоа, личи како објектот да се гради на зафрканција...
со други зборови, се цицаа средствата од музејот, за да се започнат други објекти, а на крај, се исцицаа целосно други прокти, за да се заврши музејот, што е тотално неозбилно и не е ништо друго освен импровизација врз грешки

како и да е, сите проблеми кои им се појавуваат во организацијата се должат на тоа што проектот Ск2014 воопшто не беше донесен плански, размислено, проверено, организирано и одлучено... наместо тоа, постојано се додаваа разни објекти без некоја посебна организација и поврзаност а поради истиот факт, средствата за проектот никогаш не беа точно определени и распоредени, а инвеститорите избраа баш овие битни информации да ги задржат во најголема тајност и да бидеме оставени на милост и немилост на медиуми
да поминеше проектот конвенционално низ сите процедури и да беше составен како единствен план, сега ќе беше готов, а многу можно и многу подобро изведен, без разлика на стил, форма габарит и т.н.


Edited by zabegan - 17-Sep-2011 at 15:17
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1925 Posted: 19-Sep-2011 at 14:23
Повторно отстранети скелињата од Порта Македонија, овој пат само делумно, на влезот, за да можат македонските кошаркари да поминат низ портата.
 
Разбирам дека нивното враќање во Македонија е посебен настан, но сепак ќе прашам повторно:
 
Дали мораше Порта Македонија да биде дел и од овој спектакл ?
 
Сега повторно ќе се одолговлекуваат градежните работи околу поставувањето на останатите релјефи на Порта Македонија, само затоа што актуелните власти одлучија дека сакаат нов спектакл низ портата.
 
Туку еве, се ближи 11 октомври 2011, 70 годишнина од почетокот на Народно-Ослободителната Војна, првите антифашистички пушки кои биле испукани во Прилеп и Куманово, кој знае дали актуелните власти подготвуваат некаков нов и посебен спектакл по повод овој јубилеј, иако за волја на вистината, било каква прослава по повод овој јубилеј би требало да биде одржана во Прилеп и Куманово, градовите во кои се случиле антифашистичките дејствија на 11 октомври 1941, а не во Скопје, кој бил ослободен на 13 ноември 1944, кој знае, можеби актуелните власти планираат токму на 13 ноември 2014 официјално да биде завршен проектот Скопје 2014.
 
Доколку подготвуваат, кој знае за уште колку долго време ќе се изнавлечкаат градежните работи околу проектот Скопје 2014, само затоа што актуелните власти сакаат спектакли. Bash


Edited by Dexter26 - 19-Sep-2011 at 14:29
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1926 Posted: 19-Sep-2011 at 15:55

Прво, дали си сериозен дека властите се одлучија на овој спектакл? За потсетување, Србија контуниурано години наназад своите репрезентации, кои ќе се закитат со медал, ги дочекува пред градското собрание, само заради тоа што народот сака да се поздрави со хероите. Истото го прават и Шпанците, лани Французите за ракомет го направија тоа и сл. Ја не сум од ниту една партија, но и јас сакав да има ваков спектакл, како и многумина насобрани и на плоштад и на аеродром.
Второ, па која е поентата на Портата, освен да служи како пречек за вакви спортисти, кои го обелија образот на Македонија. Дај боже нека изникнуваат само вакви спектакли, па власта нека биде тука да ги среди ко што треба за да се радува конечно овој народ. Па единствена светла точка кај оваа Порта е токму можноста кроз неа да поминат луѓе кои успешно и достојно ја презентираат земјата.
Не гледам што ти смета дека ќе се одолговлечи нејзиното завршување, освен ако не ти беше политички мотивиран постов. Жално и срамотно е на денешен ден да се употребува политика. Нека прави власта спектакли, кои за разлика од другите, овие се директно иницирани и барани од народот, без оглед на партијата на која и припаѓаат.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1927 Posted: 19-Sep-2011 at 17:01
Ах тешката и макотрпна работа да се извадат и постават скелиња. За колку се одолжи градбата? За 2 дена?

Пресмешен коментар.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1928 Posted: 19-Sep-2011 at 17:21
@N23
 
Нема никаква врска моето мислење со политиката, туку чисто со фактот дека таа порта не е за еднократна употреба, тука е за да остане, освен ако некоја природна катастрофа, или некоја друга власт одлучи да ја урне, ќе повторам, разбирам дека не секој ден се враќа било која национална спортска репрезентација со освоено високо место во спортот со кој се бави на континентално ниво.
 
Да, за славење е.
 
Да, секогаш треба да се дочекува било која национална спортска репрезентација со ваков или со уште подобар пречек.
 
Не, ова не е политика, ја спомнав актуелната власт бидејќи актуелната власт нерамномерно инвестира во објектите од проектот Скопје 2014, како што веќе спомнав во пост #1952, на едни објекти им се дава приоритет, а други објекти се запоставени.
 
@krale
 
Да, пресмешен коментар, но ова преминува во навика на актуелната власт, или на било која друга власт која вака постапувала, постапува, или ќе постапува.
 
Се трошат пари за поставување на скелињата, па за отстранување на скелињата, па повторно за поставување на скелињата, продолжуваме со градежните работи, па паузираме со градежните работи.
 
Поентата ми беше дека државата како инвеститор кој со парите на народот плаќа за проектот Скопје 2014, се однесува несериозно и незрело околу трошењето на парите.
 
Или гради или не гради, а не ај пауза, па ај продолжуваме, па ај пак пауза, па ај пак продолжуваме и така се до бескрај.
 
Не сме толку богати за да можеме да си дозволиме ваков несериозен и незрел однос околу трошењето на народните пари.
 
А што се однесува до спектаклот, како што го нареков, што се однесува до мене, јас посакувам секој ден да имаме такви спектакли, тоа ја оживува нацијата, дава чувство дека припаѓаме на нешто, на нешто што се идентификува со национален идентитет и државност, а не со кралот како што било во кралска Југославија или со братството и единството во социјалистичка Југославија.
 
Потребни ни се вакви настани, да не ги наречам спектакли, за поттикнување на националната свест и морал, јас не мешам баби и жаби, но ваквиот несериозен однос од страна на државата како нарачател и инвеститор во проектот Скопје 2014 е апсурден и неприфатлив.


Edited by Dexter26 - 19-Sep-2011 at 17:23
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1929 Posted: 20-Sep-2011 at 15:41
ЧИСТО ЗА ИНФО:

Уште денес пред пладне беа поставени сите скелиња и се работеше на портата.

Јакото одложување на работите - од пола дневница.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1930 Posted: 20-Sep-2011 at 18:46
Previous
 
Нема смисла да плачеме и кукаме за изгубената пола дневница, тоа воопшто не ми беше поентата.
 
Поентата ми беше во тоа дека ова почнува да им преминува во навика, а кога преминува во навика, тогаш ќе бидат повеќе изгубени дневници, а не само полу дневници.
 
Останувам на ставот дека проектот Скопје 2014 се финансира и реализира на несериозен начин.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1931 Posted: 20-Sep-2011 at 18:54
ова преминува во барање на влакно во јајцето(или барање на јајце во влакното како што рече еден поранешен вицепремиер)-неправете фама од едно скеле,јас деновиве сам монтирам скеле околу еден од ѕидовите за поставување на термоизолација,па никому ништо,а не една држава да неможе да прослави празник и доаѓање на репрезентација.дај боже да има причини за уште прослава,нека демонтираат колки и да треба
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1932 Posted: 21-Sep-2011 at 11:17

Од туризам новото Скопје би го исплатиле во 2035 година


Ако се задржи сегашниот обем на посетеност на градот, како и сегашните цени на угостителско-туристичките услуги, за 24 години од туристичката такса и од ДДВ платен за хотелско сместување и за ресторански услуги би собрале околу 80 милиони евра, колку што, според Владата, чини целиот проект

 
 
%20  

Кога би ни се вратиле парите од најголемиот проект во земјава?

Државата би си ги вратила парите вложени во целиот проект „Скопје 2014“ за 24 години ако останат сегашната посетеност на Скопје од туристи и сегашните цени на хотелските и на угостителските услови. Парите, вкупно 80 милиони евра (според тврдењата на Владата, ако не се земат предвид обвинувањата од опозицијата дека сето тоа чини 200, па дури и 500 милиони евра), на овој начин би се извадиле од туристичката такса и од ДДВ за сместувањата во хотели и за оброците во рестораните. „Воинот на коњ“, според оваа математика, би го исплатиле за три години. Но оваа проекција е ако сé остане исто, иако и властите и туристичките работници предвидуваат дека со новиот проект Скопје ќе се продава многу подобро отколку порано, па тој период би се скратил.

Голем дел од проектот е веќе изграден или при крај. Сите се сликаат пред спомениците и пред новите старински објекти. Сега ни требаат добра туристичка стратегија и добри приказни за секој споменик и за секој објект поединечно ако сакаме новото Скопје добро да го продадеме кај странските, но и кај домашните туристи, односно ако сакаме на маса да ја поставиме економската оправданост на проектот. Таа особено се истакнува периодов, бидејќи Скопје традиционално во септември е најпосетуван.
Впрочем, секоја бизнис-логика го наметнува ова прашање, како и кога ќе имаме поврат на парите вложени во овој грандиозен проект. А Владата тврдеше дека „Скопје 2014“ во голем дел ќе се потпре на туризмот, бидејќи градот со своите зданија ќе привлекува многу повеќе туристи од досега.
Затоа, врз основа на бројот на туристи и бројот на ноќевања забележани од Државниот завод за статистика, на туристичката такса, која е задолжителна според Законот за таксата за привремен престој, како и врз основа на дневната потрошувачка за оброци и за пијалаци, направивме математичка проекција колку туристи треба да дојдат во Скопје и за колку години ќе може да ја исплатиме инвестицијата во „Скопје 2014“. Засега, за жал, никој од институциите на локално и на централно ниво сé уште нема смислено стратегија како новото Скопје ќе им го продаваме на туристите.

НИ ТРЕБААТ И ТАКСАТА И ДДВ ОД СЕ

Ако се раководиме само од туристичката такса и под претпоставка наплатата да биде на завидно ниво, само „Воинот на коњ“, кој официјално чини 9,4 милиони евра, ќе го исплатиме за приближно 100 години. Секој што привремено престојува во земјава мора да ја плати туристичката такса. Така пишува и во Законот за такса за привремен престој. Таа чини 40 денари, од кои 80 отсто, како што е предвидено во Законот, или 32 денари, одат во градската каса, а преостанатите 20 проценти, или осум денари, одат во буџетот на државата. Според Државниот завод за статистика, од јануари до јуни годинава во Скопје дошле вкупно 63.259 туристи. Ако претпоставиме дека до крајот на годинава ќе дојдат најмалку уште толку, доаѓаме до бројка од нешто повеќе од 127 илјади туристи. Да претпоставиме дека за сите туристи е платена или ќе биде платена туристичката такса, тогаш во буџетот би се собрале пет милиони денари или вкупно 82.871 евро.

Ако се раководиме само од туристичката такса и ако таа и во наредните години сé уште чини 40 денари, целиот проект „Скопје 2014“ ќе го исплатат нашите потомци дури за 965 години.

Триумфалната капија (порта „Македонија“) би ја исплатиле за 53 години, а парите дадени за лавовите на мостот „Гоце Делчев“ би ги вратиле за 27 години.

Но парите не доаѓаат само од таксата. Статистичките податоци покажуваат дека во првите шест месеци од 2011 година во Скопје биле регистрирани вкупно 113.722 ноќевања од туристи. Во зависност од интересите и од можностите на туристите што ја посетуваат земјава, се нудат сместувања во хотели, хостели, ноќевалишта и слично. Да земеме предвид дека сместувањето во хостелите во Скопје за една вечер во просек чини по 30 евра или по 1.800 денари (каде што задолжително ве прашуваат дали сте домашен или странски турист, бидејќи сместувачките тарифи се различни). Државата има ќар преку данокот на додадена вредност, односно 324 денари што одат во државната каса. Во просек странските туристи во Скопје остануваат по три дена, тогаш државата од еден турист по основа на ДДВ заработува 972 денари или околу 16 евра. По оваа математика, ако остане истиот број на ноќевања (би се собирале 1,8 милион евра), само „Воинот на коњ“ би го исплатиле за нешто повеќе од пет години, а целиот проект „Скопје 2014“ за 44 години.

Во овој случај, триумфалната капија би ја исплатиле за околу три години, додека парите за лавовите би ни се вратиле за година и пол.

Може да се пофалиме со вкусна, богата и свежа храна и со национални ресторани на секој чекор. И кафулињата ни се јака страна. Кафето вкусно, имаме вино и пиво за гордост. Да претпоставиме дека еден странски турист во просек би трошел по 50 евра на ден, односно по 3.000 денари (за барем два оброка, кафе и за вечерно излегување), државата по основа на ДДВ дневно би заработила од туристот по 540 денари. Ако туристот остане во Скопје три дена, тогаш би се собрале 1.620 денари или 26 евра од данок. Ако данокот го помножиме со бројот на туристи во Скопје, би добиле сума од 3,3 милиони евра. Со пари собрани на ваков начин, „Воинот на коњ“ би го исплатиле за три години, а „Скопје 2014“ за 24 години.

НИШТО НЕ ПРАВИМЕ БЕЗ СТРАТЕГИЈА И БЕЗ ПРИКАЗНИ

Претставници од областа на туризмот, како на локално така и на национално ниво, туристички промотори и познавачи на туристичкиот менаџмент велат дека Скопје со новиот изглед може да привлече многу странски туристи и преку туризмот да се вратат парите потрошени за „Скопје 2014“. Но тие велат дека државата мора да има јасна стратегија како да се направи тоа.

- Проектот „Скопје 2014“ сега е добра реклама за градот. Особено што септември е месец кога доаѓаат повеќе туристи. Мора да имаме комплетна презентација на историјата. Ако порано сме им кажувале, на пример, за гемиџиите, сега имаме нивен споменик, така што сега со приказната за нив, ќе имаат и што да видат. Ако бидат задоволни од понудата, добриот збор за Скопје ќе им го пренесат на свои пријатели, познаници што ќе сакаат да дојдат во земјава - вели Игор Симјановски од Бирото за туризам и информации на градот Скопје.

За Гордана Јанакиеска, претседателка на Туристичкиот сојуз на градот Скопје, не е доволен само добриот збор за да се промовира новиот изглед на Скопје и од тоа да се има финансиска корист.
- Сега е моментот кога треба да заработиме на „Скопје 2014“ од посета на туристи. Но потребна е детална стратегија, која засега ја немаме. Како ќе развиваме туризам кога посетителите на Музејот на градот Скопје не плаќаат влезници. Или на посетителите им кажуваме дека имаме слика од Пикасо, а не може да ја видат. Го имаме Адам од Говрлево, а не знаеме како да ја раскажеме неговата приказна. Мора конечно да се договориме како ќе го развиваме туризмот - коментира Јанакиеска.

Приказни за секоја статуа, споменик и објект во Скопје мора да биде адутот на градот. Вака барем размислува Васко Марковски, кој лани беше прогласен за еден од најдобрите промотори на Македонија. Марковски го уредуваше списанието за туризам со назив „Фри тајм гајд“.

- Сé уште немаме расчистено која е нашата приказна и кои се нашите ресурси и капацитети, кого таргетираме. Недостига квалификувана администрација, која постојано ќе работи на тоа. Потребни се промотивни материјали што ќе соодветствуваат на времето кога туристите престојуваат или се на поминување во Скопје. На пример, не може да ја промовирате Матка во зима - смета Марковски.

Тој дури има и идеја за промоција на т.н. дарк-туризам во Македонија. Еве на што мисли.

- Посета на германските, француските, англиските гробишта. Опседнатата куќа во Црниче. Ова е голем хит на пример во Чешка. Криминолошкиот музеј во Идризово, куќата на новинарот и сериски убиец Владо Таневски - додава Марковски.

Во секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија велат дека стратегијата за развој на туризмот во земјава е од национален интерес и, според сите проекции, оттаму сметаат дека проектот „Скопје 2014“ е одличен проект од аспект на туризмот во државава. Но не посочуваат на конкретни проекции.

- Белегот на Скопје е токму во спојот на традицијата и новата архитектура. Секако, приватниот сектор, односно туристичките агенции треба да направат добри програми во кои ќе бидат вклучени тури за посети на овие туристички и културни обележја - вели Зоран Николовски, раководител на секторот.

За колку години би го исплатиле проектот?

                                               Воинот на коњ  Скопје 2014

Само од туристичката такса     100 г.                  965 г.

Туристичка такса
+ ДДВ од сместување               5 г.                     44 г.

Туристичка такса
+ ДДВ од сместување
+ ДДВ од угостителски услуги   3 г.                     24 г.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92111838481&id=9&prilog=0&setIzdanie=22386
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1933 Posted: 21-Sep-2011 at 11:44
Мислам дека проектот ќе се исплати за 10 години, бидејќи треба да се рачунат трендот на пораст на посета на странски туристи, како и растот на цените/ддв-то.

Така гледано, проектот за 2-3 децении ќе може да значи профит за државата.
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #1934 Posted: 21-Sep-2011 at 11:55
Mi  se dopagja koga se vrsat analizi za isplatlivost,rentabilnost ,odrzuvanje na objekti, ceni i sl.Arno ama edno ke kazam,NE E SE VO PARITE.Ima nesto u duhovno sto ne se meri so pari.Koga dojdoa kosarkarite,na primer,pominuvanjeto niz Kapijata i pokraj Fontanata i sl.ne se meri so niedni pari.P.S.Zarem nekoj koga kupuva parfem od 100 evra sto ke ispari za saat-dva,ke vika e AMA SE ISPLATESE !Smile
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1935 Posted: 22-Sep-2011 at 15:38
izgleda ovie dobile inspiracija od sk 2014

И Србија ќе гради триумфална порта во Белград

Свет | 22. септември 2011 - 14:41
Како што пренесуваат српските медиуми, идејата била лично на претседателот Тадиќ, кој сакал под неа да поминат спортистие кои ќе се вратат од Олимпијадата со медал

Share248

 

Владта на Србија денеска распиша тендер за идејно решение за изградба на триумфална капија во Белград. Нацртите ќе може да се испраќаат до 5 ноември, а изградбата на капијата би требала да заврши пред почетокот на Олимпијадата бидејќи како што пренесуваат српските медиуми, претседателот Борис Тадиќ сакал со неа да ги пречека спортистите кои ќе донесат медал за Србија.
„Инспирацијата ја добив гледајќи ги триумфалните порти во европските метрополи. Жителите на Белград а и на Цела Србија ќе бидат горди кога ќе заврши изградбата на портата под која ќе поминуваат успешните спортисти“

Се шегуваат српските медиуми или не... проценете сами


http://daily.mk/cluster3/3a19b77d2621b3356e2087468c481ad9/913815
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #1936 Posted: 22-Sep-2011 at 16:12
Originally posted by axel

izgleda ovie dobile inspiracija od sk 2014



Отсегогаш ми се допаѓал српскиот хумор и сарказам па дури и кога е на наша сметка. Оваа вест е вистинита исто колку што е вистинита пораката од еден легендарен београдски графит:

Makedonci su Srbi so teškata govornata manata
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1937 Posted: 22-Sep-2011 at 17:10


Троа офтопик ама ова нашиве новинари стварно се кретени тешки. Алоооооо! Njuz.net? еве го следниот наслов од таму: Vlada Srbije nezadovoljna razvojem korupcije u pojedinim opštinama. Еве уште еден: Srpski ovisnici bojkotuju narkotike koji stižu sa Kosova



Edited by fichot - 22-Sep-2011 at 17:11
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1938 Posted: 22-Sep-2011 at 19:39
Хм, сериозна е ова или ?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1939 Posted: 22-Sep-2011 at 23:40
Скопје- дестинација која ги освои странските туристи

Историја, еден народ, култура, споменици, гордост, Македонија. Сето ова во само еден проект „Скопје 2014“.


Проект кој веќе во најголем дел е изграден и реализиран. Проект кој говори за културно-историското потекло на еден народ и проект кој несомнено во голем број ги привлекува странските туристи.

Ако до пред некое време, можевме на туристите да им зборуваме за историјата и за тоа кои биле Гемиџиите, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев..., сега историјата може и да се покаже.

Секојдневно низ централното градско подрачје има туристи кои се сликаат пред спомениците и новите објекти.

Во првата половина од годината, во Скопје значително е зголемен бројот на туристи, 25 проценти повеќе од истиот период минатата година. За 33% зголемен и е бројот на ноќевањата на странските посетители.

Овие податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека Скопје е новата дестинација за која се определуваат туристите и дестинација која има што да им понуди.



А со зголемување на бројот на туристите, се зголемува и приливот на средства од туристичките услуги, кој во првите два квартали изнесува 98 милиони долари и бележи пораст од 19 проценти.

Бројките од податоци не престануваат да растат. Скопје досега го посетиле 110 илјади туристи, кои оствариле 200 илјади ноќевања.

Анализирајќи ги статистичките податоци, може да се заклучи дека Скопје не само што доби културно-историски проект, доби и проект кој директно влијае на економијата и покажува позитивен ефект.

Хотелите, ноќевалиштата, кафулињата, рестораните со добрата услуга се местата каде туристите не го штедат својот џеб, затоа што истите имаат и што да им понудат.

Токму поради добрата понуда и услуга, туристите се тие кои својот добар збор за Скопје ќе го пренесат на оние што ги познаваат.

Но, не само туристите и самите ние треба да се погрижиме за ново зголемување на странските туристи.

Дека Скопје има огромен туристички потенцијал вели и претседателот на Туристичко угостителската комора Феркан Бербери.



Она што според него е потребно да се направи за дополнително зголемување на бројот на странски туристи кои ќе го посетат градот е нотирање и потенцирање на капацитетите.

-Скопје има културно-историска и традиционална вредност. За секоја добра промоција потребно е да се направи и добра приказна. Бројот на туристи дополнително може да се зголеми преку усогласена промоција на туристичките капацитети, едукација на туристичките работници, квалитетни водичи и добри презентери на македонската храна и вино, како и преку зголемување на квалитетот на услугите во хотелите, истакнува Бербери во телефонски разговор за Курир.

Бројот на туристи може да се зголеми и преку понудите во туристичките агенции, кои како што посочува претседателот на Туристичко угостителската комора со субвенционирањето се мотивирани за дополнителна промоција на потенцијалите кои ги имаме.

Само со добра промоција и понуда, зголемувајќи го бројот на странски посетители Скопје ќе остане дестинација која и понатаму ќе ги освојува туристите.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/42993-Skopje--destinacija-koja-gi-osvoi-stranskite-turisti
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1940 Posted: 23-Sep-2011 at 00:17
Најдов едно видео од доаѓањето на кошаркарите каде што се гледа кровната тераса на Порта Македонија

http://www.youtube.com/watch?v=PmzVmlryAwI&feature=related

Edited by HugoGoulding - 23-Sep-2011 at 00:17
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9596979899 329>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 2.115 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.