build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 129130131132133 159>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2601 Posted: 26-Sep-2020 at 12:51
ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОБНОВЕНА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА









Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри

Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во третата фаза од реконструкцијата на оваа улица е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград, со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што ги поврзува населбите Маџари и Ченто.

https://www.facebook.com/CityofSkopje

Edited by stef4o - 26-Sep-2020 at 12:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2602 Posted: 26-Sep-2020 at 12:59
Крстосницата кај Бит-пазар рекордер според сообраќајната фреквенција

Истражување на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје
Не е ништо ново дека во Скопје сообраќајот е една од најболните теми и за граѓаните и за локалните власти. Растоварувањето на градскиот метеж, според декларациите на властите, е еден од главните приоритети.
Најголемите метежи низ градот се токму во оние периоди кога граѓаните одат и си заминуваат од работните места, а тоа го говорат и официјалните бројки од страна на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје (ЦУКС). Центарот има поставено таканаречени јамки на крстосниците на 80 локации, за да добие точни податоци за бројот на возила што циркулираат низ градот, а сето тоа за да се дознае точно кои сообраќајници се најпроблематични и да се одговори на потребите на возачите, односно да се добие појасна слика за тоа кои сообраќајници имаат потреба од проширување и слично.
– Поголем број возила ЦУКС евидентира единствено во неколку термини во текот на денот, и тоа во осум часот наутро, во 15 часот и во периодот од 16 до 17 часот попладне, кога повеќето граѓани на Скопје ги напуштаат своите работни организации и се упатуваат кон посакуваните дестинации – информираат оттаму.

Од центарот велат дека најголемата раздвиженост и фреквентност од возила се на булеварот Гоце Делчев, и тоа особено на крстосницата со булеварот Крсте Мисирков.
– На оваа крстосница дневно минуваат речиси 80 илјади возила, или поточно 78.862 возила на ден – информираат оттаму.
Бројката на возила што циркулираат на најфреквентните крстосници не зависи само од дневниот шпиц туку и од периодот во годината. Токму тоа е причината поради која сообраќајниците најчесто се реконструираат во летниот период, кога се очекува граѓаните да ги користат своите годишни одмори, а со тоа и да биде намалена фреквенцијата на возила. Есента речиси секогаш го најавува метежот затоа што со завршувањето на летото, сите се враќаат на своите работни обврски.
Од ЦУКС велат дека податоците се различни и во зависност од правецот на движење на возилата.

– На дневно ниво, од Бит-пазар влегуваат околу 14 илјади возила, од МТВ околу 18 илјади, од МАНУ околу 24 илјади, додека од Универзитетската библиотека во крстосницата на дневно ниво во септември се слеваат околу 23 илјади возила – информираат од Центарот.
Најголемиот сообраќаен метеж се случува во централното градско подрачје, каде што речиси нема период од денот кога на некоја сообраќајница нема зголемен број на возила.

– Според податоците за бројот на возила што пристигнуваат во Центарот, најмал број возила има на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Никола Парапунов кај мостот Обединети нации, крстосницата помеѓу булеварот Борис Трајковски и улицата Народни херои во Кисела Вода, како и по должината на булеварот Видое Смилевски-Бато, од што може да се заклучи дека најголемата фреквенција на возила сепак се забележува во централното градско подрачје, каде што речиси нема период во текот на денот да нема сообраќајно обременување на некоја улица или булевар – заклучуваат од ЦУКС.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/крстосницата-кај-бит-пазар-рекордер-с/
Back to Top
Nik View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nik Quote  Post ReplyReply #2603 Posted: 27-Sep-2020 at 15:51
Зошто Бутелска не ви е приоритет?
Улицата буквално е каратер до кратер, возиш слалом за да ги избегнеш дупките.
Срамота!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2604 Posted: 27-Sep-2020 at 21:36
Originally posted by stef4o

Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО)

Вистина будно ја следеле временската прогноза; патот е закрпен, квалитетот е ффиромски. Толку да не можат да не схебат тазе среден пат?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 893
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2605 Posted: 27-Sep-2020 at 23:00
Originally posted by Staro Skopje

Originally posted by stef4o


Чија идеја се ваквите лежечки полицајци? Многу се непрактични, цела кола неретко не може да помине врз нив, а сите полвично ги одбегнуваат по средина. Зошто не се преку цела улица?


Ако имам добро разбрано, идеата со овие лежечки е да имаат таква ширина за да и сметаат на обична кола, но да не се не прешироки па така што комбе на брза помош или пожарна да можат непречено да ги земат "меѓу ноѕе", без застанување
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2606 Posted: 28-Sep-2020 at 06:59
Завршен и спремен за употреба булеварот Александар Македонски во делот на спојувањето на излезот од градот со автопатот кај Маџари.
Продолжуваме интензивно на целосна реконструкција на источниот влез/излез во градот, во вкупна должина од 10.6 километри.









https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2607 Posted: 28-Sep-2020 at 17:05
Од реконструкција на ул.Салвадор Аљенде-Центар







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 465
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2608 Posted: 28-Sep-2020 at 19:28
Denes ja vozev rehabilitiranata delnica na bulevarot Aleksandar Makedonski na izlezot od Skopje. Da vi kazam treba firmata koja go rabotela da gi dobie site tenderi za patista i ulici niz drzavata, ednostavno pista ramno, ne se sporeduva ni partiznaska, ni plasticarska (mn loso izvedena) nitu edna druga ulica. Da se nadevame deka toa e nov standard po koj ke se pravat ulicite i patistata od sega natamu.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2609 Posted: 28-Sep-2020 at 20:51
Дај боже да е така,барем да се исплати застојот и колоните што се создаваат и конечно да се воспостават повисоки стандарди на изведба. Овој булевар е секако многу оптеретен и треба одлична изведба...ме нервира што не ги санираат оние бреговите(вдлабнатини) на потегот околу Транспортен многу се незгодни и плус се собира многу вода при секој помал дожд. Можеби во некоја следна тура,следно лето...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 465
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2610 Posted: 28-Sep-2020 at 20:56
Da treba toa se da se smachka se do renoviraniot del od Jane Sandanski. Mislam deka e sreden do zgradata na ZSF sto ja gradat. Toa plus Kiro Gligorov i ke podzalicat barem glavnite gradski ulici.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2611 Posted: 29-Sep-2020 at 13:18
Целосен ремонт на 13 километри сообраќајници

Пандемијата од Ковид-19 сè уште трае, но животот барем засега полека се враќа во нормала. Речиси сите граѓани се враќаат на своите работни места, а дел од учениците повторно ќе седнат во училишните клупи. Новото нормално веќе е забележливо меѓу луѓето, но старите навики останаа, а со тоа и вечниот проблем што го има градот Скопје со сообраќајниот метеж.

Пред почетокот на есента половина град е раскопан со реконструкција на улици. Речиси и да нема дел од градот каде во текот на целиот ден не се прави сообраќаен метеж затоа што дел од улиците и булеварите се затворени заради реконструкција. Во оваа офанзива ќе се направи ремонт на 13 километри сообраќајници. Градските власти за тоа апелираат граѓаните да имаат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини, а сега да користат алтернативни улици за движење.

РАСКОПАНО ОД БУТЕЛ ДО КАРПОШ

Шест поголеми улици во неколку општини се зафатени со реконструкција. Се реконструира улицата „Никола Карев“, кај Железничка станица, втората делница од улицата „Лазар Личеноски“, улицата „Македонско-косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во Чаир, како и „Боца Иванова“ во Бутел и уште една делница од улицата „Благоја Стефковски“, во Гази Баба.

И дел од булеварите се зафатени со реконструкција и со градежната сообраќајна офанзива која ја најавуваа властите. Па така реконструкција се прави на булеварот „8 Септември“ каде ќе се градат и велосипедски патеки. За прв пат велосипедистите ќе може безбедно да го користат и булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда откако и тој ќе биде реконструиран и ќе се направат велосипедски патеки. Во Општина Аеродром се реконструира булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 6,4 МИЛИОНИ ЕВРА

За реконструкција на сите овие булевари и улици градот ќе потроши вкупно 393,5 милиони денари или речиси 6,4 милиони евра. Од овие средства 272,3 милиони денари или 4,4 милиони евра се за реконструкција на булеварите, а на улиците ќе се потрошат останатите 121,2 милиони денари или нешто помалку од два милиони евра.

Кај булеварите најмногу пари ќе се потрошат за реконструкција на булеварот „Александар Македонски“. Реконструкцијата тука се одвива на потегот од крстосницата со улица „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат три различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации, а исто така ќе се изврши и експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека.

На потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“ ќе се реконструира булеварот „8 Септември“. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри. Станува збор за релација која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Исто така ќе се изведе и нова велосипедска патека со што ќе се заврши таканаречениот Конектор број 5 и ќе се поврзат населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Планирано е да се формира и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе се уреди и средишна жардиниера.

За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ.

На булеварот „Видое Смилевски-Бато“ предвидено е да се направи целосна реконструкција во двете насоки, да се заменат оштетените рабници и да се направи нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на овој проект е 27,3 милиони денари.

Најмногу пари за реконструкција ќе се потрошат на улицата „Македонско-косовска бригада“ и тоа околу 56 милиони денари. На делницата од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“ ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација. Градските власти велат дека оваа фаза всушност е изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонско-косовска бригада“. Во текот на наредната година се очекува да почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак и со тоа овој дел ќе се поврзе со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале.

За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ.

На булеварот „Видое Смилевски-Бато“ предвидено е да се направи целосна реконструкција во двете насоки, да се заменат оштетените рабници и да се направи нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на овој проект е 27,3 милиони денари.

Најмногу пари за реконструкција ќе се потрошат на улицата „Македонско-косовска бригада“ и тоа околу 56 милиони денари. На делницата од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“ ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација. Градските власти велат дека оваа фаза всушност е изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонско-косовска бригада“. Во текот на наредната година се очекува да почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак и со тоа овој дел ќе се поврзе со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале.

Улицата „Лазар Личеноски“, се реконструира на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници

Градежни екипи работат и на реконструкција на улицата „Никола Карев“ на потегот од крстосницата со улицата „Трета македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“, на должина од 510 метри. Од Градот велат дека по изградбата на улицата „Есенинова“ која веќе е почната и со реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 минути. Дополнително, на улицата „Никола Карев“ се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и булеварот „Трета македонска бригада“, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром

Улицата „Боца Иванова“, во општина Бутел, се реконструира во должина од 800 метри и тоа на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“.

Втората фаза од реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата „Перо Наков“ до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.

По завршувањето на втората фаза планирано е да се почне со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана.

Се гради и ново, не се поправа само старото

Освен реконструкција на постоечките, Град Скопје го гради и новиот булевар „Босна и Херцеговина“. Реализацијата на овој капитален проект се одвива во две фази. Првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата на булеварот „Словенија“ и улицата „Македонско-косовска бригада“ до крстосницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по три коловозни ленти во двата правца, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

Втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ до крстосницата со улиците „Ќемал Сејфула“ и „Бутелска“. Булеварот на овој потег ќе биде долг околу 500 метри, широк 40 метри, со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило.

Со изградбата на новиот булевар, граѓаните на Бутел, Чаир, Шуто Оризари и на Железара ќе имаат целосно булеварско решение со кое се спојуваат булеварот „Словенија“, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“.

https://www.porta3.mk/celosen-remont-na-13-kilometri-soobrakjajnici/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2612 Posted: 30-Sep-2020 at 11:06
Вака изгледа улицата 11 Октомври пред почетокот на реконструкцијата. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на оваа улица, а резултатот ќе го видиме по еден месец.









https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2613 Posted: 30-Sep-2020 at 11:24
Од мојата тура по дел од ул.Никола Карев,се спремаат за асфалтирање на десната страна













тротоарите се раскопани поради преместување некакви инсталации



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2614 Posted: 30-Sep-2020 at 16:07
ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ СТАРАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА
Улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата Стив Наумов за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено страничното зеленило.
- Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег – рече Шилегов.
Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено зеленилото и ќе бидат заменети постојните рабници. Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена. Минатата година во овој дел од градот се реконструираше бул. Кочо Рацин и ул. Павел Шатев кои се вкрстуваат со ул. 11-ти Октомври.
Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до бул. Кочо Рацин на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај.
Дел од улиците кои започна да ги реконструира Градот во текот на оваа градежна сезона веќе влегуваат во фаза на поставување на хоризонтална патна сигнализација и набргу ќе бидат пуштени во употреба. Реконструкциите завршуваат во рекордно кратки рокови, а на дел од булеварите се работи и ноќе со цел колку што е можно побрзо да бидат завршени за да можеме поскоро да бидат пуштиме во употреба. Крајната цел е воспоставувањето на ефикасен и безбеден сообраќај кој ќе ги почитува принципите на одржлива урбана мобилност и полека но сигурно, чекор по чекор да станува наше секојдневие.
Градоначалникот Шилегов упати и апел до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да ја почитуваат поставената сигнализација.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2615 Posted: 30-Sep-2020 at 16:12
Во слепа улица од возила врвулица – вози кој како стигне!




На некои им текнало, па ставиле земја за полесно да се искачат со возилата на тротоарот и потоа десно по булеварот. Но што е уште поопасно, некои ги пресекуваат двете средишни ленти и се приклучуваат на левата страна на булеварот што води кон центарот на градот. Сега новиот булевар е многу фреквентен и не дај боже, може да дојде до несреќа го големи последици, вели жител на Бутел 1. – Веднаш ќе ги известам од Градот за случајот и ќе наредам до крајот на неделава да се тргне земјата, песокот или што и да е. Заштитни столпчиња мора да се постават заради безбедност. Инаку, имаше опција улицата „Марко Крале“ да не биде слепа улица, туку да оди паралелно со булеварот, за што требаше да се урне една куќа. Но, тогаш 80 проценти од жителите го побараа првото решение. Сепак, повторно ќе направиме анкета со жителите да видиме какво е сега нивното размислување околу тоа – изјави Смилевски



Жители на улицата „Марко Крале“ во Бутел 1 се жалат дека со пробивањето и изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ останале како слепо црево во тој дел на градот. Велат дека по изградбата на булеварот нивната улица останала затворена за излез со возила кон центарот на градот, па општинските власти им кажале да ја користат улицата „Хо Ши Мин“, или пак, да одат до последна автобуска постојка на „57“ и да возат преку надвозникот за да се приклучат на булеварот „Х.Т. Карпош“.

Еден жител, кој се јави во редакцијата на весникот ВЕЧЕР, вели дека не се против што нивната улица „Марко Крале“ сега е слепа, туку се мошне загрижени што некои не го почитуваат новиот режим, па за да не вртат по другите улици, направиле пристап до булеварот и диво се приклучуваат, со тоа доведувајќи се во ситуација да предизвикаат сообраќајна незгода.



– На некои им текнало, па ставиле земја за полесно да се искачат со возилата на тротоарот и потоа десно по булеварот. Но што е уште поопасно, некои ги пресекуваат двете средишни ленти и се приклучуваат на левата страна на булеварот што води кон центарот на градот. Сега новиот булевар е многу фреквентен и не дај боже, може да дојде до несреќа го големи последици, вели жител на Бутел 1.

Бараат надлежните да постават заштитни столпчиња или ограда на тој дел за да се спречи дивото приклучување од „Марко Крале“ на булеварот, како и да се постави вертикална сигнализација која ќе покажува дека улицата е слепа. Бараат и одговор зошто не е поставена звучна бариера со оглед дека куќите им се до булеварот, а станува збор за многу фреквентна сообраќајница.

Булеварот „Х.Т. Карпош“ го градеше градот и оттаму ни одговорија дека согласно Генералниот урбанистички план на Град скопје, како и Деталниот урбанистички план за Бутел 1, посочената сообраќајница „Марко Крале“ не се приклучува на новоизградениот булевар.



– Булеварот од наша страна е соодветно обележан. На оваа позиција, како што може да се види на самите фотографии е изграден соодветен тротоар и на оваа локација не е предвиден сообраќаен приклучок на булеварот – кусо одговорија од Градот.

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски ни рече дека никој досега не го известил за овој проблем со дивото приклучување од „Марко Крале“ на булеварот.

– Веднаш ќе ги известам од Градот за случајот и ќе наредам до крајот на неделава да се тргне земјата, песокот или што и да е. Заштитни столпчиња мора да се постават заради безбедност. Инаку, имаше опција улицата „Марко Крале“ да не биде слепа улица, туку да оди паралелно со булеварот, за што требаше да се урне една куќа. Но, тогаш 80 проценти од жителите го побараа првото решение. Сепак, повторно ќе направиме анкета со жителите да видиме какво е сега нивното размислување околу тоа – изјави Смилевски.

Тој истакна дека низ општината досега се направени само пет сообраќајни решенија на улиците и приоритет е даден на оние кои водат до училиштата и градинките. Постепено ќе се изготвуваат сообраќајни решенија и за другите улици, вклучително и за „Марко Крале“.

(С.Бл.)   

https://www.vecer.press/во-слепа-улица-од-возила-врвулица-вози/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2616 Posted: 01-Oct-2020 at 13:28
НАСКОРО НОВ ЛИК И ЗА УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска). На овој потег, ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот на должина од околу 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.
Улицата Васил Ѓоргов е 13. реконструкција што ја почнува Градот Скопје во оваа градежна сезона, а дел од сообраќајниците што веќе се реконструираат влегуваат во финалната фаза.
Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Скопје за разбирањето, зашто ова што го прави Градот Скопје на крајот на летото и на почетокот на есента е од вистински интерес токму на граѓаните. Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас.
За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2617 Posted: 01-Oct-2020 at 15:43
не мораа буквално во исто време да го раскопаат цел град
вакви работи се прават плански со контрола на сообраќај... нема еден граѓанин на Скопје што не е видно исфрустритран од целиов поход
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2618 Posted: 01-Oct-2020 at 16:08
ФИНАЛНО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА НИКОЛА ПАРАПУНОВ ВО КАРПОШ 4

Во тек е финалното асфалтирање на улицата Никола Парапунов во општина Карпош. На оваа улица за само 10 дена е обновен коловозот на потегот од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди.









https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2619 Posted: 01-Oct-2020 at 16:14
ИСТОВРЕМЕНО СО УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР ШИЛЕГОВ ПОЧНА ДА ЈА ПОПРАВА И ВАСИЛ ЃОРГОВ ВО КАПИШТЕЦ

Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, на потегот од крстосницата со Рузвелтова до Водњанска. Градежните работи на оваа фреквентна сообраќајница во центарот на градот се одвиваат истовремено со оние на улицата 11 Октомври кај Зелен пазар, која почна да се реконструира вчера, што предизвика метеж и колони возила од Црвен крст до Рекорд.

Градоначалникот Петре Шилегов на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто истовремено се прават овие две фреквентни улици во градот и зошто не се почека 10 дена да се заврши 11 Октомври па да се почне да се работи овој потег, кажа дека станувало збор за различни делови од градот.

„Улицата 11 Октомври се наоѓа во источниот дел од градот, Васил Ѓогов во западниот, па луѓето кои гравитираат се различни. Јас немам чувство дека кај граѓаните има револт за тоа што реконструираме улици, можеби имаа моментално поради гужвите, но не постои начин да се направи улица без метеж. Поради тоа што сме брзи сметам дека има разбирање кај граѓаните“, рече Шилегов и најави дека улицата ќе биде готова за 20 дена.

На овој потег, покрај нов коловозот на должина од околу 1.000 метри, ќе се обноват оштетените делови од тротоарите, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе има и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари (околу 330.000 евра) со вклучен ДДВ.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/istovremeno-so-ulitsata-11-oktomvri-kaj-zelen-pazar-shilegov-pochna-da-ja-poprava-i-vasil-gorgov-vo-kapishtets/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2620 Posted: 03-Oct-2020 at 08:44
Денес е 4-ти ден од започнувањето на реконструкцијата на ул. 11 Октомври во центарот на нашиот град. Започнуваме со асфалтирање на реконструираниот дел !







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 129130131132133 159>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.309 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.