i jas se cudam od mart mesec e zapocnata rekonstrukcijata na raskrsnicata kaj tutunski kombinat , zarem ke treba godina dena za da se prosirat nekoj si 200 metra.
Невероватно колку долго се завлечка обично проширување тротоари! Ова кај тутунски требаше да биде одамна готово! Особено ми смета сервисот Ауто-Вуле! Порано беше сообраќаен чир, амам сега уште повеќе ќе дојде до израз!
па добро не дека тие згради се фабрики па улицава да неможе да ги покрие, додека влезот не би требало да направи никаков куршлус, двата правци ќе се разгранат и ќе се врзат директно за К.Ј.Питу односно веднаш до влезто односно излезот на тунелот.
како што реков за лрт ова би било идеален коридор, но како што рече панк кај нас се со закаснување прередува и дополунваме, и цел живот имаме несреден град, закрпе до закрпа, дефинитивно ова е уметност, човек навистина треба да биде креативен за постојано да дозавршува незавршени сегменти, а интересно е што надлежните сите се прогласуваат за ненадлежни или пак ескивираат со изговори како нема средства или нема инвеститор...
Единствено би ја продолжил до Максим Горки и да остане чисто како сервисна улица за зградите околу плоштаод. Ама од друга страна оваа уличка е од профил за да за доволи една зграда, а камо ли да и натовариме уште неколку. Но во никој случај да си изграме со сценарија за до после дрво декор, односно да се внимава во никој случај да не се поремети било како подземниот корисдор. доста се унакази со тифани па уште дополнитечлно да го саботираме!
Знаеш и самиот дека таква координираност е невозможна кај нас . Би бил задоволен доколку се држат до договорот и ја изградат подземната улица како што треба и по можност што побгу за да се тргне тоа градилиште од кејот.
лапсус, да магос, го сликав сега меги па ми остана во глава
инаку вака како што е сега е неинвентивно решение, а доколку се планира нешто дополнително фер е тоа да се изведе во еден здив и за ова уште веднаш да земат учество и телеком и магос, па и банките одокулу. мошне корисно решение ќе биде и за паркингот под плоштад, н сето ова не е лошо во еден здив да се изведе, уште пред воопшто Црквата и споменикот да се постават, нека се раскопа цел плоштад и во еден здив со се' главниот тунел се' добро да се изведе
добро влезот може да се измести кон дрво декор подоле, а како закрпа за лрт или с-бан линија не е лошо решение.мене не ми е јасно која е логиката од вакво решение за авто сервисна улица, како за странски делегации да се гради зградава, како и да е доколку ја тераат како сервисна зошто не би им дозволиле продолжување и користење на истата на останатите деловни згради околу плоштад, како меги или телеком?
незнам зошто воопшто го реметат цел тој потег доколку не се пробие до крај овој коридор, која е логиката за една зграда волку комплицирање, можеби евентуално и СТБ да ја користи, па и паргингот на ГТЦ, но навистина е смешно вакво пробивање за еден до двајца корисници.
Мислиш Магос и Телеком. Да како сервисна уличка кога веќе се копа до тука се сложувам дека можеби треба да се размисли за продолжување до деловниот кластер кој се формира околу телеком со што ќе ја снема потребата за полукружниот тек кој барем до скоро (не сум сигурен за последниве ревизии) беше зацртан во Мал Ринг по улиците Максим Горки и Орце Николов токму во сервисна функција и ќе овозможи формирање на голема пешачка зона од Холидеј Ин до Телеком и на друга страна по контурите на Даме Груев доколку се затвори и Димитрие Чуповски како што имаме зборувано.
Доплнително ова може да служи и за паркингот кај се предвидуваше под плоштад едно време.
добро влезот може да се измести кон дрво декор подоле, а како закрпа за лрт или с-бан линија не е лошо решение.мене не ми е јасно која е логиката од вакво решение за авто сервисна улица, како за странски делегации да се гради зградава, како и да е доколку ја тераат како сервисна зошто не би им дозволиле продолжување и користење на истата на останатите деловни згради околу плоштад, како меги или телеком?
незнам зошто воопшто го реметат цел тој потег доколку не се пробие до крај овој коридор, која е логиката за една зграда волку комплицирање, можеби евентуално и СТБ да ја користи, па и паргингот на ГТЦ, но навистина е смешно вакво пробивање за еден до двајца корисници.
Јас мислам дека нема логика во таа идеја. Прво, и како сервисна уличка оваа ќе создава проблеми на нејзиниот влез кај мостот кај Холидеј Ин каму ли кога би изигрувала некаков коридор. Второ, самиот нејзин профил нема да биде таков за да гарантира проточност.
Ако некаква анализа покаже дека има потреба од ваква врска повеќе би се заложил за разгранување и проширување на зацртаниот подземен коридор отколку за вакво нешто.
да чујам т.е. прашам што мислите можно ли е сервисната подземна улица за стара-нбм да продолжи право и да излезе на илинденска, треба евентуално малку да го подзаобиколи камениот мост, фактички независен коридор од тој на зацртаниот тунел во мал ринг, кој би ги поврзал ул. Војвода Васил Аџиларски и бул. Илинден
за миг иако нереално и нелогично решение заради евентуалните вибрации и бучава кои плитко би врвеле под плоштадот, сепак ваквото решение дополнително би го растеретило центарот но и поврзувањето на населбите карпош и аеродром! или евeнтуално да се искористи како коридор за брза подземна железница...!?!
но доколку се обезбедат инвеститор или средства(волја) не е лошо овој коридор да се врзе и за постојно зацртаниот тунел во мал ринг.
Изградбата на шест магистрални улици е спас од сообраќајниот хаос
Сообраќајница под плоштадот и продолжувањето на „Климент Охридски“ се дел од решенијата
Сања Наумовска
Решението за хаосот во сообраќајот во Скопје е изградбата на шест магистрални улици кои се зацртани во ГУП, смета сообраќајниот инженер Пламен Гавровски. Станува збор за подземната сообраќајница под плоштадот, продолжение на „Климент Охридски“ кон Кале, „Јужен булевар“, „Илинденска“, „Првомајска“ и „Крушевска Република“. Всушност, се работи за дообликување на примарната сообраќајна мрежа со која мора да се обезбеди подобра комуникација на центарот на градот со населбите и периферијата.
Според Гавровски, во фокусот на интересирање на градските власти, кои работат стихијно и неплански, засега се само две сообраќајници, „Илинденска“ и „Првомајска“. Нивното проширување драстично ќе го олесни сообраќајот источно и западно од центарот, во правец кон Карпош, односно кон Пинтија и Драчево. Сепак, остануваат уште неколку критични точки кои бараат брзо и ефикасно сообраќајно решение.
Моментно, покриеноста на Скопје со примарна мрежа изнесува околу 50 проценти од предвиденото, што е под просекот во однос на вкупната површина на градското градежно земјиште. Така, од магистралните улици за брзини поголеми од 60 километри на час, таканаречени градски автопати, е направен само булеварот „Александар Македонски“ во должина од седум километри и „Никола Карев“, кој до раскрсницата кај Бит-пазар е булевар, а оттаму до Момин Поток е направен само со половина профил од коловозот.
Во Градот Скопје потврдуваат дека моментно се работи на неколку проектни решенија, а до крајот на мандатот на градоначалникот Трајановски се планираат и уште неколку други нови сообраќајници или, пак, проширување на постојните.
„Во тек е изработка на проект за ’Теодосиј Гологанов‘ со изградба на кружен тек кај Католичка црква. За реализација на овој проект се планираат средства во буџетот за 2010 година. Исто така, планска документација се изработува и за проширување на улицата ’Првомајска‘, како и за ’Илинденска‘, која во иднина треба да биде булевар“, информираат од Градот.
Останатите брзи сообраќајници, кои се зацртани во Генералниот план, засега не се на дневен ред пред градските власти. Булеварите „Македонија“, односно „Јужен булевар“ и „Крушевска Република“ со вкупна должина од дваесетина километри се' уште не се изградени.
„Мора да се размислува и за денивелирање на сообраќајот, бидејќи моментално сите решенија што ги презема Градот Скопје, како изградба на нови сообраќајници или, пак, регулирање на сообраќајот со зелен бран се однесуваат на сообраќај на ниво. Сепак, ГУП предвидува и денивелирани сообраќајници на неколку локации, за чија реализација мора поскоро да се размислува“, смета Гавровски.
Едно од тие решенија е и клучката „Детелинка“ на Бит-пазар, која според мислењето на скопјани веднаш даде резултати во растоварувањето на сообраќајот. Слично решение се предлага и за раскрсницата кај Судската палата, која и покрај неколкукратните проширувања, повторно е блокирана од автомобили.
Гавровски ја посочува и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“, која треба да ги поврзе „Партизанска“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, кај Народната банка, со што голем број автомобили ќе имаат можност брзо да го заобиколат централното подрачје. Оваа сообраќајница би требало да биде дополнета со објекти и паркинзи под плоштадот. И продолжувањето на булеварот „Климент Охридски“ предвидува издигнување на сообраќајницата на мостовска конструкција кај Соборниот храм, која поминува над „Илинденска“ и Вардар и се спојува со „Никола Карев“.
„Овие две важни сообраќајни артерии се исклучително скапи, но и неопходни за Скопје, кое за десетина години може целосно сообраќајно да се парализира“, смета Гавровски.
Краткорочно решение за метежот на раскрсницата кај Соборниот храм може да биде и проширување на коловозот со уште една лента на двете страни на булеварот „Партизански одреди“. Повлекувањето и намалувањето на пешачките триаголници ќе овозможи трета лента за поминување на автобусите и другите бавни возила.
Кај магистралните улици за брзини под 60 километри на час, кои се и главните сообраќајни артерии на градот, од планираните 67 километри во Генералниот план, направена е само третина, додека, пак, од вкупно 167 километри собирни улици, изведени се половината.
Концесионер за трамвај и за подземни сообраќајници
Градските
власти сакаат концесионер да ги изгради капиталните проекти за
подземните сообраќајници и за воведување трамвај. На последната седница
на Советот беше изгласана одлука за избор на консултант за
доделување концесија. Освен трамвајот и подземните сообраќајници, под
плоштадот и под Калето, концесионер ќе гради и скијачка патека на Водно.
Во
образложението на одлуката е наведено дека Градот има интерес од
воведување трамвај и изградба на две подземни сообраќајници, за да се
подобри состојбата со јавниот градски превоз и да се зголеми
проточноста на сообраќајот во строгиот центар.
- Со оглед на
економската криза, Градот нема доволно пари за реализација на овие два
големи проекта. Поради тоа, Градот има потреба од почнување постапка за
доделување концесија, за што ни е потребен консултант - се вели во
образложението.
Дел од советниците прашаа зошто со оваа одлука
не е опфатена и подземната сообраќајница под „Илинденска“, предвидена
со Генералниот план на Скопје. Трајановски одговори дека таа
сообраќајница во еден дел е подземна, а во друг надземна, па од
Секторот за сообраќај сметале дека концесионерите нема да бидат
заинтересирани за неа како за другите две.
Мислам дека се е тука речено за во иднина каде треба да се насочиме
да брза железница на големо ќе го реши во иднина проблемот на граѓаните па и сообраќајот општо, но во секој случај мора да се пеглаат и постојните патни крвотоци, бидејќи како што тргнало тромбови на секој чекор ни се откачуваат т.е. не запушуваат...
реално во нашава ситуација со половични сили (решенија), има можеби само две издржани комбинации како надополна на постојниве решенија: и - или интервенција со фискално ограничување околу движењето особено на местата на сегашните и идните закрчувања во сообраќајот (особено за товарните возила, но и секое физичко лице што има над едно патничко возило на една адреса или правно лице над три...) или јасно другиот пристап е што повеќе еднонасочен сообраќај како привремено решение се додека не се заврши цела проектира мрежа!
Сосема си е во право човекот, ке ја земе некој на концесија, ќе си наплаќа па ете и ако треба да ја урне НЛБ па да ги обесшети, АЛИ се додека одредени градски татковци и мајки можда некад, се додека тие луге си имаат каков таков интерес нема да пуштаат вакви проекти. И не само за улици, истиот проблем е со браните, милион брани може да с енаправат на Вардар да имаме струја шо се вика да праиме пушки Ray Gun као на Unreal али тоа у друга нишка )
За поздрав се заложбите на г-дин Чакаровски околу примарната сообраќајна мрежа. Делам многу од неговите ставови, особено околу потребите, приоритетите и редоследот на работите, начинот на планирање... Исто така ја делам загриженоста околу неодговорниот пристап на надлежните, бесконечното одлагање на овие круцијални проекти, повиците за бришење на некои од нив, узурпирањето на нивните траси...
Симнувам капа и за овој дел:
Градот нема доволно капацитет, нема луѓе што ќе се изборат за солиден
ГУП, со решени сообраќајници. Еве, ние се нудиме идејните решенија да
ги направиме како донација, за еднаш засекогаш Скопје да го направиме
како што треба, за да не ни пропаѓа градот. Тврдам во името на мојата
фирма „Чакар парнерс“, во името на „Прима инженеринг“ и на „Балкан
консалтинг“ дека ќе се сложиме бесплатно да ги направиме идејните
решенија за примарните сообраќајници. Нас не' боли, сакаме да
придонесеме да се сочуваат трасите.
Но имам и две големи замерки во однос на искажаното:
1. Иако не е детално образложено како би функционирале некои делови од примарната сообраќајна мрежа доколку се дадат да се градат под концесија, многу сум скептичен за сообраќајната логика на таков модел и не гледам каде конкретно тоа би можело да се примени ефикасно. Мислам дека погрешно се извлечени паралели од некои многу специфични и ретки примери во градски средини и дека во случајот на Скопје таков систем би бил комплетно промашување од сообраќајна гледна точка. Наместо тоа, мислам дека е крајно време сериозно да се посветиме овие проекти да ги изградиме на нормален начин, без авантури. Цената не е мала, но добивката е многу поголема и ќе се осети дури и краткорочно. Всушност да бевме сериозна држава, па наместо приоритетни проекти да се нечии непродуктивни хирови, досега ќе имавме изградено голем процент од она што недостасува во примарната сообраќајна мрежа. На ова додајте ги и средствата кои ги даваме за импровизации во инфраструктурата, кои импровизации претставуваат само невешто одолговлекување на проблемите... Тие средства исто така не се мали и доколку биле насочувани кон правите проекти, ќе придонеселе значително. Вака самите се доведуваме во ситуација „сиромавиот плаќа два пати“. Поентата ми е дека доколку сме одговорни и посветени, можеме и самите да си ја градиме примарната сообраќајна мрежа.
Во краен случај, се работи за приоритети од таков ранг и толку многу исплатливи инвестиции, што би оправдал и задолжување за оваа намена. И тоа ми звучи далеку подобро отколку експерименти со концесии на градски сообраќајници.
2.
Семафорите едно време го решаваа проблемот, но понатаму нема да
можат. Ќе има ситуации кога еден семафор ќе ги пропушти возилата, но
следната раскрсница ќе биде тотално закрчена и така во низа. Семафори
вршат работа до одреден степен на оптовареност на сообраќајот. Штом ќе
се оптовари повеќе, тие стануваат кочница. Потребни се кружни
раскрсници без семафори.
Не можам да се изначудам на кажаново... Дури и да се тргаше од валидни аргументи, самата логика е крш...
Макар и со површно пребарување по интернет, секој може да дознае со какви проблеми се соочуваат кружните текови при интензивен сообраќај и цела низа други недостатоци... До кога ќе се вртиме во круг со овие кружни текови? До кога ќе ни се претставуваат како универзално и волшебно решение за гужвата? Каков е овој фетиш? Кружните текови со своите специфики прават сообраќајна логика само во одредени, мал процент случаеви. Да не беше така, ќе ги имаше во многу поголем број низ светот. Всушност и таа мала бројка не е репер, бидејќи ги има во поголем број отколку што треба, токму поради тој фетиш кој што очигледно не е присутен само во Македонија. Ама кај нас е екстремен! Во 21 век, кога овие теми се толку апсолвирани и кога располагаме со толку напредна технологија за управување на сообраќајот преку семафори, ние требало да воведуваме кружни текови на секој ќош и особено на главните сообраќајници каде што најмалце им е местото... и тоа најчесто се претставува како некакво напредно решение и како некаков „апгрејд“
Во контекст на кружните текови е и овој став:
се дозволи да се изгради објектот до „Рамстор“, каде што
сега е сместена Тутунска банка. Тој објект е точно на местото на кое
идниот Јужен булевар ќе се вкрстува со „Климент Охридски“ и ја
оневозможува изведбата на вкрстувањето. Ние ќе мора да потрошиме многу
повеќе пари за да изведеме некаква друга клучка, отколку што чини таа
зграда. Ќе излезе дека е подобро да ја срушиме и да платиме
обесштетување.
Како што кажав, со г-дин Чакаровски генерално ја делам загриженоста околу узурпирање на просторот за сообраќајните коридори, но во конкретниов случај апсолутно не се сложувам. Објектот на НЛБ Тутунска Банка воопшто не пречи за цела низа решенија со клучки кои доаѓаат во предвид, ами пречи за кружен тек. Не сум запознаен дали кружен тек некогаш бил влезен во плановите, но дефинитивно не е точно дека изградба на клучка со кружен тек е поевтина или прави некаква сообраќајна логика. Еве го планот на Чакаровски за кружен тек на таа локација кој го ископав од едно негово друго интервју, па проценете и сами:
Мислам дека се работи за клучка, а Јужен Булевар поминува денивелирано под кружниот тек. Доколку и Јужен Булевар е приклучен на кружниот тек, тогаш навистина е во одредена мерка поевтино, но од сообраќаен аспект апсолутно неприфатливо. Сепак, како и да се земе, очигледно планот не чини, а горната изјава не прави логика.
За ДУП-от Стара Железничка имаше и постапка пред уставен суд, ми се чини токму за ова прашање, но ДУП-от „преживеа“.
да но кај нас се се' проектира строго за на улица ЛРТ.
што е до брзите улици нема друго завршување на мрежата е неопходно, но прашање е кој ќе се најде истото да го финансира, колку и да се атрактивни за финансирање овие делници не ми се верува дека ќе се најде друг инвеститор освен државата, а таа за сега ама ич не му се замара околу скопската инфраструктура, можеби декларативно, но реално истата потезите ги влече исклучиво кон републичката инфраструктура.
Еве еден текст вреден за коментирање и анализа! Препорачувам секој да го прочита.
ИНТЕРВЈУ - ЛАЗО ЧАКАРОВСКИ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР, ПРОЕКТАНТ НА СООБРАЌАЈНИЦИ
Сообраќајот во Скопје е на умирање
Ако не ги изградиме предвидените брзи сообраќајници, односно средниот ринг, во догледно време ќе дојде до застанување,
односно колабирање на сообраќајот. Нема да има движење, а раскрсниците
ќе бидат блокирани. Ќе има толку возила колку што има асфалт и ќе нема
движење. Работата кај нас е итна
Експертите за сообраќај пред пет години предупредија дека доколку не
се изградат примарните сообраќајници во Скопје, градот до 2020 година
ќе биде парализиран, односно возилата ќе стојат. Четирите примарни,
односно брзи сообраќајници - булеварите Македонија (Јужен булевар),
Крушевска република, Никола Карев и Свети Климент Охридски - како и
подземниот булевар под градскиот плоштад, со децении постојат само на
хартија во Генералниот урбанистички план (ГУП). Надлежните државни и
локални власти и покрај предупредувањата не прават ништо конкретно за
реализација на овие булевари. Градските власти најавуваат проширување
на постоечките улици, а државата е концентрирана на набавка на двокатни
автобуси и тоа е речиси се' што прави за унапредување на скопскиот
сообраќај.
- Без брзи денивелирани улици, на кои сообраќајот ќе
врви без семафори, ќе немаме функционален град - вели инженерот Лазо
Чакаровски, кој е еден од авторите на Студијата за примарната
сообраќајна мрежа, промовирана во 2004 година. Тогаш експертите
проценија и дека граѓаните на семафори губат по половина евро на ден.
l Градот
Скопје најави дека ќе ги прошири улиците Теодосиј Гологанов,
Илинденска, Првомајска и Србија, а за изградба на брзите сообраќајници
не ни помислува. Колку ќе помогне проширувањето на овие улици за
растоварување на големиот сообраќаен метеж?
- За сиве
овие улици важно е да се каже дека се улици од втор ред и не се дел од
брзите транзитни сообраќајници. Тоа се градски собирни улици, кои ќе го
опслужуваат градот внатре. Меѓутоа, брзите сообраќајници Јужен булевар,
Крушевска република, Климент Охридски и Никола Карев се четирите главни
булевари од прв ред, кои треба да го прифатат сообраќајот и да го
однесат надвор од градот и обратно. Останатите улици се само помошни и
нивната функција е да го однесат сообраќајот до брзите булевари. Така е
замислено.
Добро е што ќе се прошируваат секундарните улици.
Но, еве, Теодосиј Гологанов беше предвидена како булевар, но на трасата
во Влае се изградија згради и сега таму веќе нема место за проширување.
Таа во догледно време, во тој дел, ќе стане тесно грло и ќе нема
капацитет.
БРЗИ УЛИЦИ ИЛИ КОЛАПС
l Има
предвидување дека до 2020 година сообраќајот ќе застане ако не се
изградат примарните сообраќајници. Со оглед на тоа колку време треба за
изградба, излегува дека сообраќајот е на умирање. Што да очекуваме во
2020 година, на пример, без Јужен булевар?
- Ако не ги
изградиме, во догледно време ќе дојде до застанување, односно
колабирање на сообраќајот. Нема да има движење, раскрсниците ќе бидат
блокирани. Скопје се' уште се гради, се прават нови згради, населби.
Замислете уште колку автомобили ќе има, а не се градат улици. Ќе има
толку возила, колку што има асфалт и ќе нема движење. Работата кај нас
е итна. Семафорите едно време го решаваа проблемот, но понатаму нема да
можат. Ќе има ситуации кога еден семафор ќе ги пропушти возилата, но
следната раскрсница ќе биде тотално закрчена и така во низа. Семафори
вршат работа до одреден степен на оптовареност на сообраќајот. Штом ќе
се оптовари повеќе, тие стануваат кочница. Потребни се кружни
раскрсници без семафори.
НЕМА ИДЕЈНИ ПРОЕКТИ
l Зошто
никој не се нафаќа со изградба на брзите сообраќајници кои индиректно
ќе се исплатат и со заштеда на гориво и на амортизација?
-
Проблемот со брзите сообраќајници е што за нив нема идејни проекти кои
ќе се внесат во Генералниот план за Скопје. Прво се планираат улиците,
се утврдуваат регулационите и нивелационите линии на брзите
сообраќајници, па потоа се предвидуваат другите содржини на градот.
Штом тоа ќе биде утврдено, лесно ќе се прават детаљните планови кои
нема да ги загрозуваат трасите на брзите улици. Кај нас е обратно. Ние
сега не знаеме прецизно каде минуваат овие булевари. Треба да донесеме
ГУП кој ќе гледа во иднината и треба да ги сочуваме трасите. Тие улици
потоа ќе се градат според приоритетот.
Но, на овој начин како
што се гради и работи сега, ако не ги направиме плановите и не ги
дадеме регулационите и нивелационите линии, ќе се случи тие да се
заземат со згради. Тоа значи дека во иднина тие згради или ќе мора да
ги уриваме или да го карикираме градот и да се снаоѓаме со тесни улици.
На пример, се дозволи да се изгради објектот до „Рамстор“, каде што
сега е сместена Тутунска банка. Тој објект е точно на местото на кое
идниот Јужен булевар ќе се вкрстува со „Климент Охридски“ и ја
оневозможува изведбата на вкрстувањето. Ние ќе мора да потрошиме многу
повеќе пари за да изведеме некаква друга клучка, отколку што чини таа
зграда. Ќе излезе дека е подобро да ја срушиме и да платиме
обесштетување. А зошто да се случува тоа? Зошто си правиме такви
проблеми? Работиме обратно од целиот свет. Повторно ќе кажам, прво се
решава сообраќајот, а потоа се' останато во градот. И тоа не само
улиците, туку и се' што оди под нив - водовод, канализација, други
инсталации. Еве на пример, како ќе ставиме сега гасовод во Скопје?
Значи, мора да има проекти. Мора да знаеме што сакаме во иднина. l Како да се дојде до идејни проекти кои ќе се внесат во ГУП?
-
Градот нема доволно капацитет, нема луѓе што ќе се изборат за солиден
ГУП, со решени сообраќајници. Еве, ние се нудиме идејните решенија да
ги направиме како донација, за еднаш засекогаш Скопје да го направиме
како што треба, за да не ни пропаѓа градот. Тврдам во името на мојата
фирма „Чакар парнерс“, во името на „Прима инженеринг“ и на „Балкан
консалтинг“ дека ќе се сложиме бесплатно да ги направиме идејните
решенија за примарните сообраќајници. Нас не' боли, сакаме да
придонесеме да се сочуваат трасите.
l Некои претходни градоначалници дури се осмелија да речат дека можеме и да го избришеме Јужен булевар од ГУП.
-
За да зборува некој за сообраќајот треба да е специјализиран за тоа.
Несериозно е за тоа да зборуваат политичари. ГУП го прават експерти, а
примарната мрежа е утврдена одамна. Од десната страна на Вардар во ГУП
само Јужниот булевар е брза сообраќајница и несериозно е таа да се
избрише. Особено што не се реализира подземната сообраќајница под
плоштадот. Јужниот булевар е продолжение на автопатот кон Тетово и е
предвидена како еден вид јужна обиколница. На север е само „Никола
Карев“, а тие се врзуваат со „Крушевска република“. Ако пак не се
изгради „Крушевска“, од градот нема да може да излезе брзиот сообраќај.
l Колку би чинела изградбата на примарната сообраќајна мрежа? Од каде да се најдат пари?
-
Брзите сообраќајници во деловите што минуваат низ центарот формираат
таканаречен среден ринг, кој се наоѓа меѓу малиот и големиот сообраќаен
ринг. За изградба на овој Среден ринг, кој е долг околу шест километри,
ќе бидат потребни до 120 милиони евра. Сметам дека не е проблем да се
направат. Имало и заинтересирани странски компании што се нуделе да ги
направат.
l Тоа значи концесионери, кои би сакале да наплатуваат патарини, што не е популарно решение.
-
На пример, кој и да ја земе подземната сообраќајница, ќе си ја врати
инвестицијата брзо. Нормално тоа ќе значи дека за да помине граѓанинот
на таа сообраќајница ќе треба да плати надоместок, но од друга страна,
со тоа што некаде ќе стаса побрзо, нема да губи на бензин и нема
непотребно да троши време. Секако, не е популарно со плаќање, но сепак
треба да се има избор. Ако дел од граѓаните поминуваат по подземната
улица, другите улици автоматски ќе бидат растоварени.
ДРЖАВАТА МОРА ДА ПОМОГНЕ
l Факт е дека градските власти не можат сами да ги изградат овие улици со својот буџет и дека треба да се вклучи и државата.
-
Државата мора да има удел во изградбата на брзите сообраќајници. Таа е
концентрирана на поврзување на регионите, а не внатре во градовите,
каде што всушност е најголемиот сообраќај. Еве, се изгради Северната
обиколница, но што реши таа? Добро е што се изгради, но лошо е што се
потрошија над 100 милиони евра, а обиколницата се' уште не може да се
оптовари со полн капацитет. Можеби можеше да се направи само како
магистрален пат, а подоцна да се прошири како автопат. Агенцијата за
патишта треба да ги преземе брзите улици внатре во градовите, како што
се Скопје и Битола. Таму има стручњаци и за проектите, а може да најдат
и инвеститори.
Во Скопје дневно врват 60.000 возила, а на
автопатите се неколку илјади. Јасно е кој е приоритетот и што треба да
се гради побрзо.
Но, не се проблем само парите, туку и
експропријацијата на земјиштето што е на трасите на брзите улици.
Поради тоа што нема идејни проекти, не се знае колку експропријации ќе
има. Треба да се направи попис колку приватни парцели лежат на трасите
и да се пресмета колку пари ќе треба за обесштетување на сопствениците.
Тоа треба да го направи Градот Скопје. Штом ќе биде готово тоа,
инвеститорите сами ќе дојдат. По наша процена, ако за изградбата
требаат 100 милиони евра, уште толку ќе требаат за експропријацијата.
l Колку време би се граделе овие улици кога би биле решени сите проблеми? Доцна ли е за Скопје?
-
Ако имаме проекти, мислам дека македонската градежна оператива може да
го изгради средниот ринг за две до три години, како и подземната
сообраќајница. Изградбата ќе се подели и наеднаш ќе се гради на неколку
фронта.
Ни требаат автобуси со ниски подови
l Трамвај или двокатни автобуси - кое е најдоброто решение за јавниот превоз?
-
Јавниот транспорт е зависен од улиците. Штом нема брзи улици, нема ни
брз јавен превоз. Со нивната изградба и јавниот транспорт ќе се реши
лесно, без разлика дали ќе биде со трамваи, дали со автобуси. Моето
лично мислење е дека на Скопје не му одговараат ниту двокатни, ниту
обични автобуси. Потребни му се автобуси со ниски подови, во кои
патниците лесно ќе се качуваат и симнуваат, односно автобуси на кои
вратите ќе им бидат на ниво на тротоарите.
Во Украина на
пример, има приватни такси-автобуси. Тоа се возила за 15 до 20 луѓе,
кои одат по маршрута и може да застанат каде што сакаат патниците, оти
булеварите се широки. Тие многу го растоваруваат сообраќајот бидејќи
многу луѓе ги користат. Кај нас, каков автобус и да донесеме, со вакви
улици не сме направиле ништо.
Соња Христовска
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum