Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2661 Posted: 17-Sep-2009 at 13:50 |
Трајановски најави и реализација на
ветувањето од неговата програма за проширување на улицата Митрополит
Теодосиј-Гологанов, на потегот од зградата на поранешна „Нова
Македонија“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“. И оваа сообраќајница ќе
се прави со четири ленти и веројатно еден тротоар до три метри ширина,
без средишно зеленило затоа што нема простор каде да се изведат
жардиниери и ќе заземе дел од трасата на Јужниот булевар, проектиран во
ГУП, но нема да ги загрози кафеаните. - Интензивно прибираме
документација за Гологанов и за имотните односи на повеќе куќи кои се
наоѓаат на таа траса. Кај Католичката црква ќе има кружен тек, за кој
веќе е нарачан проект. До в година треба да ја имаме целата
документација и да почнеме со градба и“вели Трајановски.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1816&ArticleID=122031 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2662 Posted: 17-Sep-2009 at 13:50 |
Улици ќе стануваат булевари поради сообраќајниот хаос |
Улиците Илинден,
Теодосиј
Гологанов и
Првомајска ќе се прошират
во булевари за
да се спречи хаосот |
|
 |
Со
кружен тек ќе се поврзат Јужниот булевар и улицата Теодосиј Гологанов,
Илинденска ќе продолжи да се проширува, а исто и Првомајска, со што
градските власти се надеваат дека ќе му се стави крај на деценискиот
сообраќаен метеж.
Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека 36 улици ќе се уредат на тој начин што конечно ќе се добие зелен бран.
-
Планирано е на 36 сообраќајници да се добие ефектот зелен бран. Тоа
досега не беше можно бидејќи МВР често ги исклучуваше поради
поминувањето на делегации и семафорите се изместуваа. Завршено е
поставувањето на атмосферската канализација на Илинденска и сега ги
решаваме имотно-правните односи за проширување на улицата. На тесното
грло, во делот од Владата до фонтаната Лотосов Цвет ќе се направат
четири ленти. Проблем има само во делот кај Зоолошка градина со 3-4
објекти, кои се дивоградби. Во моментов преговараме со сопствениците за
да дојдеме до заедничко решение. Булеварот треба да биде завршен до
крајот на следната година, а изведувач на градежните работи е фирмата
„Гранит“. Улицата Првомајска ќе има исто четири ленти, од Расадник до
општината има само два спорни објекти, и на овој начин улицата ќе биде
проширена од Рампа до Драчево. Со кружен тек ќе се спојат Јужниот
Булевар со улицата Теодосиј Гологанов кај зградата на „Нова
Македонија“. Проширувањето ќе оди на тој начин што ќе се скрати
предвидениот дел за зеленило и од двојните тротоари за да нема потреба
од уривање на многу градби. Градежните работи за овие булевари ќе
започнат следната година - изјави Трајановски.
Градоначалникот
истакна и дека изградбата на булеварот Србија се одвива според
плановите, но во делот од Средното хемиско училиште „Марија
Кири-Склодовска“ до улицата Првомајска имало нерасчистени имотни
односи. Тој најави и санацијата на патот од Средно Водно до манастирот
„Свети Пантелејмон“, проект за кој градската управа одвоила два милиони
денари. Жардиниерите кои се поставуваат на булеварот Партизански одреди
ќе бидат завршени до крајот на октомври, а ќе се санира и улицата
Маџари во делот од семафорите во населбата Ченто до населбата Маџари.
Овој проект ќе чини околу четири милиони денари. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9179957201&id=14&prilog=0&setIzdanie=21790 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#2663 Posted: 17-Sep-2009 at 13:48 |
за прошоривање на првомајска кај зоил има доволно место да се додаде уште една лента а повторно да остане простор за тротоар, дали има волја за такво нешто тоа е друга работа! ваму посекако ќе се прави клучка за јужен но дотогаш доколку се бара чаре за хаосот кај Црвен Крст кој се создава за време на шпицовите, најпрактично е да се направо бар во тој термин пренасочување на автобусите 41 и 58 кон транспортен преку раскрсницата кај тутнски т.е. рампа...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2664 Posted: 17-Sep-2009 at 13:18 |
Тешко ека може да се спакува проширувањње тука или некаквиа си клучка. Всушност нити па таа "клучката" кај тутунски ќе растерети нешто овде. Вероватно мислеше на идна клучка од урбаните автопати.
Ова со автобусите не ми личи на паметна идеја. не се оние главните виновници тамо. Па и да се они, пак не е логично да ги тргнеме. Треба проблемот во инфраструктурата да се отклони. Всушноста тамо сообраќајот и тече како што е предлегото, само што сега можеме да ја "институционализираме" фактичката ситуација. Ќе нема качување по тротоари со автобуси, ќе нема концентрирање на целиот сообраќај во дна лента наместо двете, ќе нема проблеми прои престројување, па некој будала ти се лепи до ѓепек не те остава да се престроиш и слично.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#2665 Posted: 17-Sep-2009 at 09:01 |
негде мислам имам видено вакво решение, но тоа нема да го растерети цел хаос што се создава на оваа раскрсница, тука чаре е или лента плус за која има место и од двете страни или некоја комбинација со надвозник. најбезболно е твоево решение, но откако ќе се направи клучката кај тутунски се претпоставува дека тука ќе се растерети поприлично сообраќајот... всушност најголемиот проблем е нетрпението на возачите, а и автобусите како 41 и 58 кои најчесто во шпицот се пуштаат како дупли. во случај да остане сега како што е сметам дека најдобро е автобусите да свртуваат кон транспортен на раскрсницата кај тутунски и од таму по бул Крушевска Република наместо по Кочо Рацин да излегуваат на Кузман кај НБРМ, или може од тутунски на следната пак да одат десно кон бул Македонска Бригада па сетне лево кон Никола Карев т.е. Транспортен Центар... ова би бил некој компромис кој би се одразил позитивно во однос на растоварување на раскрсницата кај ЦКрст! единствена колатералка ќе бидат граѓаните кои го користат ЈСП најчесто младите кои ќе имаат дополнителни 100 метри пешачење за да стигнат во центар! како опција ова може да се користи само за време на шпицовите, наутро и напладне... јасно предуслов е да се има мало проширување и на Првомајска и на Крушевска кај рампа, како би можеле да вртат десно дводелните автобуси без и тука да прават хаос!
Edited by Max - 17-Sep-2009 at 09:20
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2666 Posted: 17-Sep-2009 at 04:45 |
Колку што се сеќавам еднаш веќе имав алармирано околу проблемов. еве сега пак ќе го евидентирам. се работи за раскрсницата кај Црвен Крст поточно за булеварот што доаќа од Кисела Вода (41°59'25.91"N 21°26'7.65"E). Тука гужвата всушност е најголема за право, додека е најмала за оние кои свртуваат лево. Па така од предходната раскрница кај тутунски се до оваа раскрница најголемиот број од возила се стремат да се престројат во десната лента како би продолжиле право со тоа што левата лента при крајот останува празна со тоа што се користи за свртување лево што е најнеатрактивното свртување. Друг порблем е што за престрјување во третата лнта често се користи и тротоарот многу поназад од каде што постои трета лента, па се случувале и дупли автобуси да се качуваат и возат по тротоар. Затоа предлагам да се промени хоризонталната сигнализација како на сликата 2 поради тоа што уставри и најнеатрактивниот правец ќе добие сосема доволен простор, а и најбитно нема да има потреба од престорјојување после раскрницата кај тутунски, што впрочем е и здрава логика дека е се движиш константо право неколку последователни раскрници да немаш потреба од престројување, што сега не е случај.  1. Актуелна ситуација 2. Предлог ситуација
Edited by lslcrew - 17-Sep-2009 at 04:45
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2667 Posted: 07-Sep-2009 at 11:59 |
По Владимир Комаров сé уште се вози во контра |
Помина цел
месец откако беше воведен еднонасочен сообраќаен режим на оваа улица во Аеродром,
но и покрај
тоа одвреме-навреме
некој возач залутува
во спротивен
правец, поради што полицијата
постојано
делела опомени, анапишала
и десетина
казни |
|
 |
„Владимир
Комаров е еднонасочна улица? Мора да грешите“. Ова му го рекол таксист
на својот патник пред неколку дена, откако овој го убедувал дека не
може да вози по оваа сообраќајница за да го однесе од Аеродром кон
Скопското сајмиште, туку мора да помине откај железничката станица и
таму да заврти десно. Помина цел месец откако се воведе новиот
сообраќаен режим на улицата што ги поврзува мостот кај Транспортниот
центар и булеварот Јане Сандански поминувајќи зад трговскиот центар
„Скопјанка“ и околните згради, со кој е дозволено движењето само во
насока кон населбата Аеродром, а не и обратно, кон пругата до Маџир
Маало. Но жителите на овој дел од градот велат дека сé уште се наоѓа
понекој залутан возач што тргнува во спротивен правец, па зачудено ја
набљудува сообраќајната сигнализација и потоа или се обидува да се
врати назад или си продолжува, на тој начин загрозувајќи ја безбедноста
на сите други учесници во сообраќајот. Според нив, чудна појава е што
тоа го прават и таксистите, кои би требало да бидат најдобро
информирани за сообраќајниот режим, бидејќи постојано се на улиците.
-
Првпат слушам дека е изменет сообраќајниот режим на таа улица. Пред
една недела поминував од таму превезувајќи патници. Завртев десно и
стигнав до мостот без никаков проблем. Не бев само јас. Пред мене имаше
уште едно возило. Никој не ме информирал дека тоа е забрането. Тој дел
од градот ми е познат, па затоа не ги погледнувам сообраќајните знаци -
вели еден такси-возач.
Луѓето што секојдневно ја користат оваа
улица велат дека прекршоците најчесто ги прават жителите на околните
згради, за да избегнат да вртат цел круг околу трговскиот центар
„Скопјанка“ кога одат кон центарот. Тие велат дека би било добро ако се
подобри сигнализацијата.
- На семафорите на раскрсницата меѓу
булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров има знак дека може
да се вози право кон Железничката станица и лево по патот што води кон
поликлиниката и кон црквата „Свети пророк Илија“. Тоа е доволно јасно
според сообраќајните правила, бидејќи ги покажува правците во кои е
дозволено движењето. Но воопшто немаше да пречи ако се ставеше уште
еден знак, со пречкртана стрелка кон десно, за на сите да им биде уште
појасно дека е забрането возењето во таа насока. Всушност, кога се
прави ваква промена во сообраќајниот режим, со која треба да се сменат
секојдневните навики на граѓаните, би требало да се поставуваат неколку
привремени знаци, кои ќе нé потсетуваат да не правиме грешки. Помина
долго време откако е воведен еднонасочниот сообраќај, но сé уште некои
возачи грешат, вртат десно, па кога ќе ја увидат грешката застануваат и
се враќаат назад. На тој начин се создава вистински хаос - вели Влатко
Алексовски, жител на населбата Аеродром.
Поради страв да не
налетаат на некој неинформиран возач во спротивниот правец, граѓаните
се трудат да ја избегнуваат левата сообраќајна лента кога се движат во
вистинската насока.
Од сообраќајната полиција велат дека
откако е воведен новиот режим казниле десетина возачи што возеле во
спротивната насока. Непочитувањето на насоката на движење е еден од
најсериозните сообраќајни прекршоци и казната за тоа изнесува 300 евра,
исто како и за возење со прекумерно количество алкохол во крвта или за
преминување на црвено светло.
- Непрописно возење во
спротивната насока на улицата Владимир Комаров нашите екипи забележуваа
во текот на јули, кога и официјално стартуваше ова правило. Имаме и
мотопатрола, која стои на раскрсницата и ги опоменува возачите. И
покрај тоа има дрски возачи, кои си тераат по свое и загрозуваат нечиј
живот. Тие мора да бидат казнети. За август немаме забележано дали
имало изречено казни - истакнуваат од СВР „Скопје“.
Бројот на
казните е релативно мал, ако се знае дека дваесетина возачи го
направија овој прекршок во првиот половина час, уште додека
градоначалниците Коце Трајановски и Ивица Коневски го пуштаа новиот
сообраќаен режим. Тој тренд продолжи и во наредните денови, па се
очекуваше дека со еднонасочниот сообраќај улицата ќе биде вистински
„златен рудник“ за сообраќајната полиција.
Градоначалникот
Трајановски објаснуваше дека воведувањето еднонасочен сообраќај на
Владимир Комаров е по барање на околните жители и е дел од поголем
проект за еднонасочни улици, со што треба да се реши сообраќајниот хаос
во градот. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=97991232&id=14&prilog=0&setIzdanie=21782 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#2668 Posted: 24-Aug-2009 at 19:42 |
Имаат закон кој им оди во прилог, а откако ќе го навикнат после и кога е облачно го применуваат http://www.tribune-eu.com/?page=read_news&id=4518&PHPSESSID=aa2dfa48a4e2596c0039c0d4fac0badc
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2669 Posted: 24-Aug-2009 at 15:44 |
 види слика бр. 3
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#2670 Posted: 24-Aug-2009 at 15:41 |
ulicata kaj tutunski kombinat ja gradat od mart godinata. mnogu bavna dinamika imaat. nekolku metri gradat so meseci ne znam zosto.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2671 Posted: 24-Aug-2009 at 12:53 |
мал апдејт од проширувањето на крстосницата кај ТКС 1  2  3 Како што е редот, повеќето работници одмараа и не им се брзаше никаде  4
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2672 Posted: 24-Aug-2009 at 12:35 |
Originally posted by pbanks
Колку ли само ме иритираат овие фрлени шаки асфалт што ги нарекуваат
патишта. Андреј еднаш коментираше за ова (и правеше споредби) и со
право. Ако прават пат, нека го прават како што треба, профил според
стандарди, рабници, сите нишани... Нафрлан чакал и катран не е
пристапен пат
|
а уште повеќе нервира кога за тоа се фалат и гордеат како да изградиле најмодерен автопат
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#2673 Posted: 24-Aug-2009 at 12:19 |
Колку ли само ме иритираат овие фрлени шаки асфалт што ги нарекуваат
патишта. Андреј еднаш коментираше за ова (и правеше споредби) и со
право. Ако прават пат, нека го прават како што треба, профил според
стандарди, рабници, сите нишани... Нафрлан чакал и катран не е
пристапен пат
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#2674 Posted: 24-Aug-2009 at 11:21 |
СЕ АСФАЛТИРА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО СТАЦИОНАРОТ ВО ВАРДАРИШТЕ
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска /20.08.2009 година/ почнаа со асфалтирање на пристапниот пат до стационарот за кучиња во Вардариште. Пристапниот пат, кој досега беше земјена патека, ќе го поврзе стационарот со улицата Перо Наков.
На овој потег, ќе биде вграден асфалт со дебелина од 7 сантиметри, тип БНАС – 16. Асфалтираниот пат ќе биде долг 500 метри, а широк 4 метри.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2675 Posted: 21-Aug-2009 at 14:21 |
Градот нема да ја пробива улицата 4 Јули
Старите
газди на куќите кои пречат за улицата починале, а наследниците не си ги
решиле имотно - правните односи, па Градот нема со кого да разговара
Доизградбата
на улицата 4 Јули во Општина Ѓорче Петров ќе мора да чека подобри
времиња, бидејќи Градот не може да направи експропријација на неколку
куќи кои се на трасата на улицата. Градските власти велат дека не се
откажуваат од реализацијата на проектот за доизградба на оваа улицава,
но оти во моментов не можат да кажат кога ќе почнат со работа на терен,
бидејќи немаат правна можност да извршат експропријација на куќите
поради кои улицата остана недоградена. "Сега не можеме да
разговараме за експропријација, бидејќи немаме со кого да преговараме.
Старите газди на објектите починале, а наследниците не си ги решиле
имотно-правните односи. Додека тоа не се заврши, не можеме да правиме
експропријација ниту, пак, да ја довршиме улицата", велат од
одделението за односи со јавност на Градот. Оваа улица градските
власти ја градеа уште за време на првиот мандат на Ристо Пенов. Тогаш
улицата беше изградена од спојот со булевар Македонска војска до
раскрсницата со улицата Арсениј Јовков, и се најавуваше дека по неа ќе
се пренасочи автобусот на линијата број 5. Но Градот не успеа да се
договори со сопствениците на куќите кои се наоѓаат на трасата на
улицата и, наместо нормално да продолжува кон Геријатријата, сега на 4
Јули има стеснување каде што едвај може да помине едно возило.
Нереновиран остана и остатокот од улицата, односно од раскрсницата со
улицата Арсениј Јовков до Старечкиот дом.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C7D3D2193493A1468B550F450F97CAA6 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2676 Posted: 17-Aug-2009 at 13:52 |
Пластичарската улица сé уште служи за транзит низ градот |
Метежот што
го создавале големите
камиони се намалил откако се отворила обиколницата,
но не толку колку што се очекувало, велат дуќанџиите на булеварот Никола
Карев, кој пред да се направи новиот автопат целосно ја вршеше неговата улога |
|
 |
Купувањето
кофи, корита, саксии, други предмети потребни за домот и разни играчки
на булеварот Никола Карев, односно на пластичарската улица, е малку
побезбедно отколку пред два месеца. По отворањето на обиколницата се
намалил бројот на тешки камиони што го користеа нејзиниот коловоз за да
стигнат од еден до друг влез на градот. Сепак дуќанџиите велат дека
новиот автопат не ги постигнал ефектите што ги очекувале, бидејќи сé
уште голем број возила, и патнички и товарни, поминуваат оттаму за да
се упатат кон Тетово, Блаце или кон Петровец, трите главни излези од
Скопје. Градот има воспоставено прецизен режим за тоа каде смеат да се
движат товарните возила со различна носивост, а сообраќајната полиција
имала тешкотии да ги казнува ако не ги почитуваат овие правила.
СЕКОГАШ ФРЕКВЕНТНА СООБРАЌАЈНИЦА
На жителите, дуќанџиите и на купувачите што ја посетуваат улицата не им
е јасно зошто некои возачи сé уште транзитираат низ градот по неа
наместо по новата обиколница.
- Оваа улица отсекогаш важела за една од најфреквентните, токму поради
тоа што од неа се пристапува кон патиштата што водат до околните
градови. Но на возачите, особено на камионџиите, треба да им биде
приоритет да ја користат обиколницата, бидејќи така и себеси ќе се
спасат од метежот, а нема ниту да го блокираат сообраќајот за тие што
возат низ градот. Тука доаѓаат и камиони што носат и што истовараат
стока, но тие се помали - вели Наим Зекири, сопственик на дуќан на
пластичарската улица.
ПО НАВИКА ВОЗАТ ПРАВО
Старите навики стекнати по долги години зад воланите ги тераат
камионџиите да се пробиваат низ булеварите Александар Македонски и
Никола Карев наместо на раат да го заобиколат градот по
26-километарската обиколница за чие користење не се наплатува патарина.
- Десет години работам во шпедиција и возам тешки товарни возила. Кога
немам потреба да влегувам во Скопје се трудам да ја користам
обиколницата, но немам навика. Едноставно продолжувам право кон
Автокоманда. На нас возачите возењето ни е рутина, па затоа понекогаш
не размислуваме за патот. Досега не сум бил казнет за возење по градски
улици, но некои мои колеги платиле високи глоби - вели чичко Фикрет,
возач на камион со носивост до 5,5 тони.
Тој додава дека возењето низ големите европски градови е поинакво од
тука и дека навиките кај возачите најмногу ги создаваат казните за
возење низ урбани подрачја.
КАЗНЕТИ 20 КАМИОНЏИИ
Градската управа воспоставила прецизен режим за решавање на проблемот
со тешките товарни возила. Во центарот не смеат да се движат камиони
потешки од 3,5 тони, тие до 5,5 тони може да дојдат до границите на
Малиот ринг, а потешките од 12 тони само до почетоците на булеварите 8
Септември и Србија. На булеварот Никола Карев смеат да се движат возила
со носивост до 5,5 тони.
- Ако потешки камиони возат во зони што не се наменети за нив, сообраќајната полиција треба да ги казни - велат од градот.
Сообраќајната полиција, пак, во изминативе шест месеци казнила вкупно
20 камионџии што возеле на улици несоодветни за големината и за
тежината на нивните возила. Според Законот за сообраќај, тие треба да
платат по 300 евра, но запирањето и казнувањето, според полицијата, не
е едноставно.
- Камионите мораме да ги начекаме паркирани. Ако поминуваат со голема
брзина или ако се опкружени со автомобили не можеме да ги натераме да
застанат - објаснуваат од СВР „Скопје“.
|
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8179103149&id=14&prilog=0&setIzdanie=21765 |
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#2677 Posted: 17-Aug-2009 at 08:36 |
Originally posted by lslcrew
Последниве неколку години нагло се зголеми потребата од продолжување на вулеварот Св. Климент Охридски преку вардар и пробивање до Џон Кенеди. Стадионот, Американската амбасада, зголементата гужва на бит пазар што би била нагло редуцирана со ваков мост, близината на владата, па би рекол дури и пристапот да се олесни до идните катни гаражи и паркинзи што треба да бидат под кале, анмесно гужвата генерално да иде по мостот Гоце Делчев. Апелирам до градките власти и до владата сериозно да размислат околу овој дел од ГУП-от! |
Потполно се согласувам и само би додал дека и пристапот до Северниот дел на Скопје, главните градски токови како и пристапот на Центар до излезите на Скопје вероватно дополнително би се скратил соваквиот тунел. Во тој случај би можел од кај влада веднаш да искочиш кај пластичарите и на Александар Македонски, и веќе си на брза проточна магистрала која те носи исток/запад.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2678 Posted: 17-Aug-2009 at 06:41 |
Последниве неколку години нагло се зголеми потребата од продолжување на вулеварот Св. Климент Охридски преку вардар и пробивање до Џон Кенеди. Стадионот, Американската амбасада, зголементата гужва на бит пазар што би била нагло редуцирана со ваков мост, близината на владата, па би рекол дури и пристапот да се олесни до идните катни гаражи и паркинзи што треба да бидат под кале, анмесно гужвата генерално да иде по мостот Гоце Делчев. Апелирам до градките власти и до владата сериозно да размислат околу овој дел од ГУП-от!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#2679 Posted: 13-Aug-2009 at 00:21 |
на патот има дупки во кои може да пропадне цело тркало, а патот е тесен и тешко е да се избегнат, особено во гужви, како што имаше минатиот викенд кога бев таму, имаше околу сто возила, но ако треба со нешто да се тешиме, патот од кај Нерези е подобар мислам дека порано имаше знак на средно водно дека се врти десно за Пантелејмон
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2680 Posted: 12-Aug-2009 at 23:54 |
До Св. Пантелејмон само со хеликоптер!
До местото
и манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон над Нерези, се влегува преку
два приода, едниот од Нерези а другиот од Средно Водно. Првиот
функционира ако имате џип или некое специфично возило а вториот Екипата
на Вечер забележи дека е скоро невозможно
Делот
над скопското село Нерези каде се наоѓаат споменици, воени пештери од
1940, цркви со културно-историско-верско наследство, милениумски крст,
руинирани куќи од 1944 година и уште многу други атрактивни места за
посета и можен развој на туризмот во главниот град, приодот до нив е за
жал невозможна мисија. Раскопаниот пат по кој единствено може да мине
некоја коза и куче, а да не се повреди деценија наназад е крпеница која
деновиве после поројните дождови попушти во целост.
Засега безуспешните обиди за заживување на тој дел имаше и
министерствата за финансии, за економија и за транспорт и врски кои во
2007 година на падините на Водно, кое најавија изградба на 15 илјади
квадратни метри на виртуелно македонско село, со комплекс од повеќе
маала, секое специфично по изгледот на објектите кои ќе бидат со
автентична градба за регионот, умисла која денес без обичен пат остана
за некои подобри денови. До местото и манастирскиот комплекс "Свети
Пантелејмон" над Нерези, се влегува преку два приода, едниот од Нерези
а другиот од Средно Водно. Првиот функционира ако имате џип или некое
специфично возило, а вториот Екипата на Вечер забележи дека е скоро
невозможно. Иако ова традиционално излетничко место на скопјани го
знаат само тие, странските туристи се уверивме дека лутаат по околните
патчиња бидејќи не постои соодветна сигнализација или патоказ до
атрактивниот комплекс.
Надлежните за одржување на патот Општина Карпош, годинава даде и
согласност за урбанистичкиот план но според информациите што ги добивме
засега останато е само на тоа бидејќи како што велат тие недостатокот
на финансиски средства на изведувачот, проектот засега стои во место.
-Патот
од Средно Водно до Пантелејмон спаѓа во делот на Парк шумата Водно кој
не е во наша надлежност. Делницата пак која припаѓа на територијата на
Општина Карпош од последна станица на "57" во Нерези до манастирот Св.
Пантелејмон во должина од околу 10 километри, е во надлежност на
Општина Карпош и таа неодамна изврши целосна реконструкција и крпење на
ударните дупки. Во тек е постапката за вадење на одобрение на градба за
изготвениот проект за истата делница за целосна реконструкција која би
опфатила проширување на патот, изградба на паркинзи доколку е можно,
изградба на видиковци и сл. Станува збор за капитален објект кој ќе се
изведува во неколку фази. Откако за овој капитален објект ќе се добие
градежна дозвола, во текот на идната година ќе се направи целосната
реконструкција, а патот до Пантелејмон ќе биде осветлен со соларни
светилки по цела должина.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=44ADE2306A443441907C611580826A7C |
|
 |