Author |
Topic Search Topic Options
|
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#321 Posted: 26-May-2010 at 23:32 |
Градот го стави под своја капа поставувањето урбана опрема

Набрзо на плоштадот ќе бидат поставени и унифицирани тезги
Градот Скопје им ја одзема надлежноста на општините околу издавањето одобренија за поставување урбана опрема, па во иднина ваквиот документ ќе се обезбедува во Градот, а не во општина, како што беше досега. Ваквата одлука, донесена на вчерашната седница на координативното тело на градоначалници, како што информираше градоначалникот Коце Трајановски, има цел да воведе ред и во оваа област, бидејќи ќе се спроведува на територијата на целиот град. Досега на кафеанџиите им се издадени 150 вакви одобренија, а на разгледување се уште толку. Особено се внимава на критериумите за поставување урбана опрема во централното подрачје, на улицата „Македонија“ и кејот „13 Ноември“, за каде што Градот и Општината Центар изработиле посебни елаборати.
Трајановски најави и дека во иднина плоштадот „Македонија“ и околината ќе се збогатат со мултифункционални тезги од отворен и од затворен тип на кои ќе се продаваат уметнички и занаетчиски производи. За таа цел веќе се склучуваат договори со избраните форми за изработка на тезгите. Објектите ќе бидат со унифициран изглед, со што во иднина нема да има шареноликост. Според градоначалникот, засега не се точно утврдени локациите каде ќе бидат поставени тезгите, но, веројатно е дека откако ќе бидат определени местата, тезгите ќе стојат таму постојано. Тезги ќе се даваат и на општините за нивни потреби или манифестации.
Како редовна точка на Координативното тело беше разгледана точката за наплата на фирмарина. Трајановски соопшти дека од идната недела ќе следуваат нови блокирања на сметките на фирмите што не платиле за 2007 и за 2008 година. Од првично блокираните 28.000 фирми во јануари, досега заостаната фирмарина платиле 10.000 фирми, а на останатите 18.000 ќе им биде присилно наплатена.
Добро оди и наплатата на данокот на имот за 2010 година, се пофали градоначалникот Трајановски. Досега се поделени најголемиот дел од решенијата за годинава, а платени се околу 35 до 40 проценти од решенијата.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#322 Posted: 18-May-2010 at 23:26 |
Се избира фирма за изработка на новите тезги

На штандовите регистрирани трговци ќе продаваат рачни ракотворби, уметнички и занаетчиски дела
Три фирми се јавиле на повикот на Градот Скопје за изработка на новите тезги што ќе се поставуваат на јавни површини. Во текот на неделава се очекува да се спроведе постапка за евалуација на понудите, по што ќе следува одлуката, која од фирмите ќе ги направи новите тезги, информираат градските власти.
Засега, велат во Градот, не се знае колкав број штандови ќе се нарачаат, ниту пак, каде ќе бидат поставени. Градоначалникот Коце Трајановски пред неколку месеци најави дека еден дел ќе бидат постојано лоцирани на плоштадот „Македонија“, а дел на други локации. Нивниот број ќе се зголемува кога ќе се одржуваат различни манифестации. Засега се знае дека на нив ќе можат да изложуваат и продаваат само регистрирани трговци.
„Унифицираните штандови имаат долгорочна функција за подобрување на естетскиот изглед на јавните површини. Стратегијата на Градот е да се изработат и да им се издаваат на регистрирани субјекти што се занимаваат со изработка на рачни ракотворби, уметнички дела и занаетчии со цел да се афирмира традиционалното и да се подобри туристичката слика на градот“, велат во Градот Скопје.
Според идејното решение на авторот Звонко Ставревски, кое беше избрано на конкурсот на Градот, тезгите треба да бидат со површина од 2 квадрата, мултифункционални и со унифициран модерен изглед и изработени од алуминиум и пластика. Тезгите едноставно се монтираат и демонтираат и лесно се транспортираат. Имаат и тркалца со сопирачки заради полесно преместување кога се монтирани. (С.Н.)
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#323 Posted: 05-May-2010 at 10:07 |
ВО ПАРКОВИТЕ НИЗ
ГРАДОТ
Нови
клупи по десет години
По цели десет години
градот ќе добие нови клупи. Градските власти неодамна распишаа тендер за
набавка на барокни клупи. - Ова е прва набавка на нови клупи за седење
во последните десет години и со нив ќе се опремат јавните парковски
површини на повеќе локации, кои се во надлежност на Градот. Формата ќе
соодветствува на клупите кои се веќе поставени во „Жена борец“ и во
„Градски парк“. Останатите содржини, колкав број ќе се набават и каде ќе
се постават, ќе бидат познати по завршувањето на јавната набавка -
одговорија од одделението за односи со јавност.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2012&ArticleID=139996
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#324 Posted: 03-May-2010 at 01:29 |
Ја постирам веста поради сликата.
[Се поставуваат
заштитни столпчиња
Деновиве екипите на ЈП Улици и патишта" поставуваат заштитни
столпчиња на булеварот "Свети Климент Охридски" од страната на
сендвичарницата Кинг бургер". На тој потег се поставени 13 столпчиња.
Со висина од еден метар беа поставени 22 столпчиња, кај Сојузот на
возачи, на булеварот "Свети Климент Охридски". Седум заштитни столпчиња
ќе го спречуваат паркирањето на возила на тротоарот и пред Судската
палата, на булеварот "Гоце Делчев".
www.vecer.com.mk |
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#325 Posted: 29-Apr-2010 at 17:05 |
Заштитни столпчиња долж тротоарите на булеварот Климент Охридски
29 април 2010, 12:48
Извор: Макфакс
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска поставуваат заштитни столпчиња на булеварот Свети Климент Охридски од страната на сендвичарницата „Кинг бургер“.
Вчера беа поставени 22 столпчиња високи еден метар од спротивната страна на булеварот.
Седум заштитни столпчиња ќе го спречуваат паркирањето на возила на тротоарот и пред Судската палата, на булеварот Гоце Делчев.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#326 Posted: 28-Apr-2010 at 23:31 |
Ќе се градат
видиковци на Водно
Нови видиковци
и друга опрема ќе постават градските власти годинава во парк-шумите
Водно и Гази Баба, за што се предвидени 2 милиона денари во буџетот, по
еден милион за двете локации.
На Водно ќе бидат изградени пет видиковци, односно рустик павилјони.
Тие ќе бидат изработени од дрво, во форма на шестоаголник, а просторот
под нив и пристапните патеки ќе се поплочат. Ќе биде изработен еден
комплет рекреативни елементи, наменети за сите возрасти, кој ќе овозможи
да се развие и усоврши брзината и прецизноста на движење.
Опремата
за рекреативците на Водно ќе биде збогатена и со 14 комплети маси со
клупи за седење.
Во парк-шумата Гази Баба ќе бидат поставени три
видиковци, еден бунгалов за планинари, три информативни табли и 11
комплети маси со клупи. Видиковците ќе чинат по 150.000 денари,
рекреативните елементи 82.000 денари, а масите по 12.000 денари. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FE15E10DFCA98A4DB4693A857061748B |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#327 Posted: 21-Apr-2010 at 12:16 |
Рустични канти за отпадоци меѓу барокните згради и клупиОткако беше
промовиран
проектот
„Скопје
2014“, зборовите
како барок,
класицизам, романтизам, а сега и урбани и рустични станаа составен дел
од огласите
за набавка на идејни решенија
за изградба на различни монументални
и административни објекти,
за изведба
на фасади, за
набавка на клупи, па дури и на канти
за отпадоци |
|
|
|
 |
|
Освен што ќе имаат можност да ги паркираат автомобилите
во барокни катни гаражи и да седат на барокни клупи, граѓаните на Скопје
наскоро ќе имаат можност да фрлаат отпадоци во „урбано-рустични канти“.
Вакви канти за отпадоци се бараат во најновиот оглас на градот Скопје.
Интересно е што откако беше промовиран проектот „Скопје 2014“, зборовите
како барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам
станаа составен дел од огласите за набавка на идејни решенија за
изградба на различни монументални и административни објекти, за изведба
на фасади, за набавка на клупи и друг урбан инвентар.
Со
објавата на најновиот оглас на град Скопје за „урбано-рустични“ канти за
отпадоци, низата карактеристики во огласите на градските власти се
збогати за уште една придавка - неспоива во суштината на значењата на
зборовите од кои е искована. Буквалниот превод на зборовите
„урбано-рустични“, значи дека градот бара канти за отпадоци со
градско-селски изглед. Сепак, зборот рустичен како придавка, исто така,
може да означува и недостиг од рафинираност и уметнички допир, односно
груба и необработена површина. Дополнително, етимологијата на овој збор
оди до зборот земја или село, а кога се користи како именка означува
несофистициран човек. На прашањето каков е изгледот што се бара со
придавката „урбано-рустични“ канти, портпаролот на град Скопје, Неделчо
Крстевски одговара - стилизирани канти налик на оние што веќе се
поставени во градот.
- Тоа се лиени канти за отпадоци со
заоблени површини. Не станува збор за најобичните канти, туку за оние
малку поестетески, кои треба да личат на нешто - вели Крстевски.
Цената
ќе има пресудна улога во однос на прашањето колку канти ќе се
набавуваат и која компанија ќе биде избрана за најдобар понудувач, а
кантите ќе се поставуваат низ територијата што влегува во границите на
Скопје. Интересно е што градот и порано поставувал канти и клупи со
некакви барокни или рустични детали, меѓутоа трендот на користење на
овие придавки заедно е новина што зачестено почна да се користи.
Фасада
во барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам е
клучниот критериум за проектот за катните гаражи што до 2014 треба да се
изградат во непосредна близина на шалтерската сала на „Телеком“, а
неодамна градот распиша оглас и за набавка на барокни клупи. Архитектите
и историчарите на уметност што ги контактиравме на оваа тема рекоа дека
е веќе попусто да изразуваат ставови по прашањето на новиот изглед на
градот и на централното градско подрачје. Според нив, денес сé е
дозволено. |
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=421101016429&id=9&prilog=0&setIzdanie=21964
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#328 Posted: 09-Apr-2010 at 13:03 |
Тоа е тоа,таму луѓето мислат дека тоа треба да стои со децении,а не како кај нас до следните избори.
Edited by ovaj_stariov - 09-Apr-2010 at 13:06
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#329 Posted: 09-Apr-2010 at 12:49 |
Одличен сајт павче! Фала
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pavche
Senior Member
Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
|
Quote Reply
#330 Posted: 09-Apr-2010 at 12:19 |
Незнам дали овде му е местото, но еве ви малце inspiration од Шпаниjа
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#331 Posted: 02-Feb-2010 at 18:56 |
За чување клупи - 165 илјади евра

Општина Аеродром распиша посебни огласи со кои бара специјализирани фирми што ќе ги одржуваат фонтаните, чешмите, клупите и кантите. За таа цел се планирани да се потрошат 164.000 евра
Општина Аеродром бара фирми што ќе ги одржуваат фонтаните, чешмите
за пиење вода, клупите, корпите, заштитните огради, како и таква која
ќе се грижи за пешачките патеки. Најголем дел од општините за вакви
работи користат услуги од јавни претпријатија и имаат една фирма
избрана на јавен повик, која ќе се грижи за целата урбана опрема што ја
поставиле. Но, во последно време станува пракса дел од општините да
бараат фирми за се' и сешто и да ги избегнуваат услугите на јавните
претпријатија. Општината покрај овие бара уште две фирми, една што ќе
ги одржува спортските игралишта и друга, која ќе се грижи за детските
игралишта.
Од општината информираат дека се планирани 164.000
евра за реализација на сите овие набавки. Не ги користеле услугите на
јавните претпријатија бидејќи вака огласите биле потранспарентни.
-
Вистинската вредност на набавките ќе се добие по завршување на
постапките и таа може да биде дури и двојно пониска. И до сега
одржувањето го вршеле поголем број фирми што биле избрани за најповолни
понудувачи по спроведена постапка за јавна набавка. Јавните
претпријатија не го вршат одржувањето и се распишуваат јавни огласи во
интерес на транспарентното работење на општината - одговараат од
општината.
Само за еден месец од кога почнаа да се трошат
буџетите од оваа година, огласите се преполни со вакви набавки преку
кои се бара фирма за се' и сешто. Покрај овие набавки, Аеродром бара и
фирма за набавка и монтажа на урбана опрема (клупи, канти, заштитни
огради), како и за изградба на јавни зелени површини.
Според
градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, нема ништо спорно
за се' да имаат посебна фирма бидејќи така постручно ќе биде одржувана
урбаната опрема во општината.
- Бараме фирма што ако има дефект,
на пример на фонтаните, ќе го отстрани. На некои фонтани имаме потреба
од комплетна реконструкција. Во Аеродром има вкупно четири големи
фонтани и десетина мали. Не ги користиме јавните претпријатија бидејќи
од нив не можеме да го добиеме она што го бараме. На тие големи фонтани
од општината има потреба на некои да се залепат плочки. ЗВо зима треба
да се сепарираат. Ние немаме мајстори во општината и затоа ќе си се
грижат фирми што ќе ги избереме на оглас - објаснува Ивица Коневски,
градоначалник на Аеродром.
Според условите од огласот за
фонатаните, Општината бара од фирмите што ќе учествуваат на набавката
да имаат потребна механизација, алат, материјали и резервни делови за
контрола и одржување на изградените фонтани на територијата на општина
Аеродром. Друг услов е и најмалку едно високообразовано редовно
вработено лице дипломиран инженер со завршен технички факултет и
минимум три квалификувани работници во редовен работен однос.
Другите
општини имаат различна пракса во одржувањето на урбаната опрема на
своите територии. Општина Центар има фирма избрана на конкурс, која ќе
се грижи за целата урбана опрема на територијата на општината преку
цела година. Додека Град Скопје, на пример, за одржување на фонтаните и
чешмите ги користи услугите на ЈП „Водовод и канализација“, за клупите
и кантите се грижат ЈП „Паркови и зеленило“ и приватна фирма избрана на
конкурс.
Александра Филиповска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86BD3CE3AF86A849AA965E1853080F96
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#332 Posted: 22-Jan-2010 at 14:59 |
Заштитни столпчиња пред ТЦ "Мавровка"
Екипи
на ЈП "Улици и патишта" поставија 25 заштитни столпчиња пред ТЦ
"Мавровка". Столпчињата, со височина од 1 метар, поставени се на
потегот од автобуската станица пред ТЦ "Мавровка" до крстосницата на
булеварот Гоце Делчев со булеварот Крсте Мисирков. Столпчињата се
поставени за да се спречи моторните возила да се паркираат на тротоарот
и пред автобуската станица.
http://vest.com.mk/?ItemID=73FA15D368C60E42A9F2A95E5964613E |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#333 Posted: 13-Jan-2010 at 21:11 |
Поправени градските часовници
Сите 18 градски часовници се во функција и го покажуваат точното
време, информираат градските власти. Неодамна беа поправени четирите
часовници што досега не работеа и беа проверени преостанатите 14.
-
Сите градски часовници покажуваат точно време и се осветлени.
Поправката на часовниците ја извршија екипите на фирмата
„Електроизградба“, задолжена за нивното одржување, а парите во износ од
320.476 денари се обезбедени од градскиот буџет - велат градските
власти.
Во буџетот за 2010 година, Град Скопје за оддржување на градските часовници издвои милион денари. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=59F1E19F397C5C49B7890EDB1806D3C2
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#334 Posted: 05-Jan-2010 at 17:44 |
Охрид ќе добие нови автобуски постојки
Во 2010 година Охрид ќе добие 13 современи автобуски постојки, 40
клупи за седење, 300 корпи за отпадоци, 20 жардиниери за цвеќе и нови
пепелници. Ова е предвидено со програмата за поставување на урбана
опрема која ја усвои Советот на Општина Охрид. Според неа, со цел да се
подобрат условите за урбано живеење во градот, локалната самоуправа, ќе
издвои околу 37.000 евра.
За автобуските постојки ќе се потрошат
околу 11.000 евра, а за новата урбана опрема околу 20.000 евра.
Останатите пари кои се предвидени за разубавување на јавните површини,
Општината ќе ги вложи за одржување и поправки на веќе постојната урбана
опрема. (Е.Е.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D751C737240B2A4986B43EDBC1830BA8
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#335 Posted: 19-Dec-2009 at 13:00 |
|
Градските часовници ќе се проверуваат еднаш неделно |
Екипи
на фирмата „Електроизградба“, која е избрана да се грижи за големите
градски часовници, направила обиколка и утврдила дека само четири од
нив не работат |
|
 |
Од
градот соопштуваат дека компанијата еднаш неделно ќе ги прегледува сите
18 часовници за да утврди дали функционираат и дали го покажуваат
точното време, бидејќи тоа беше постојан проблем во изминативе години.
-
Секоја година се избира фирма, а од август е избрана „Електроизградба“.
Таа има задача да ги заменува оштетените и дотраени делови. Веќе се
санираат четирите расипани часовници и до почетокот на наредната година
ќе се пуштат во употреба - рекоа од градската управа.
Вчера се
поправаше часовникот кај Католичката црква. Големите часовници се
поставија кога градоначалник беше Ристо Пенов, беа донација од
скопската пиварница, а ги направи ИНСА од Земун, Србија. Прво се
наместија 20, но два не проработеа бидејќи за нив немаше соодветна
инсталација. Од нивното поставување до неодамна за часовниците се
грижеше фирмата „М-плус“, но нејзиниот договор беше истечен, па затоа
имаше еден период кога никој не ги одржуваше, а градот спроведуваше
постапка за да избере нова компанија. Во тој период немаше ниту кој да
го смени времето од зимско во летно и обратно. |
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12199103605&id=14&prilog=0&setIzdanie=21866
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#336 Posted: 17-Dec-2009 at 19:28 |
знам дека не треба да постирам кратки коментари, ама тежгиве личат на полски WC-а и лсл, верувам дека намерно си ги фатил крпениците на булеварот
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#337 Posted: 17-Dec-2009 at 18:51 |
„Прекрасните“ новогодишни бутки на плоштадот во Скопје
2009-12-17
П.С. Секојо година нови бутки-нов бизнис
|
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#338 Posted: 17-Dec-2009 at 13:21 |
Originally posted by Cloverstack
Џабе се израдувавме за изборот на тезга[quote] Стратегијата е тие да се изработат и да им се издаваат на
регистрирани субјекти, кои се занимаваат со изработка на рачни
ракотворби и уметнички дела, како и на занаетчиите, за да се афирмира
традиционалното и да се подобри туристичката слика на градот. |
колку за потсетување тезгите со кинески новогодишни дрангулии и дребулии не се вклопуваат во овој распон на услуги кои се истакнати во текстот, патем колку истите се и регистрирани тоа незнам, најверојатно ќе успеат нешто да издоговорат, иако најдобро е тоа дребулиите строго на пазар да се распостелени! на овие тезги кои сметам дека како во цел нормален свет треба да бидат дрвени, може да се продаваат специфични македонски производи, како експонати и промотивен материјал, но зошто не и ајвар или во лето јагоди, нешто што е специфично за ова поднебје а може во одреден период на годината да се изложи! пример по европските градови ова неретко е пракса, најчесто во цел за освежување на минувачите, но и попатни сувенирници... најнапред мислам дека со оваа идеја ќе се стандардизираат книжарите под отворено небо, но и доста луѓе со креативци и занаетчии кои во недостаток од свој дуќан ќе можат своите ракотворби да ги изложат, но за да не се создаде хаос, овие занаетчии и уметници би требало да се членови или на занаетчиската комора, во спротивно ако се остави тоа да го тераат препродавачи тоа ќе значи хаос, еден куп народ ќе побара тезга да добие!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#339 Posted: 11-Dec-2009 at 18:31 |
Џабе се израдувавме за изборот на тезга Уште една вест што ни промакнала - од завчера
ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
И годинава без тезгиња на плоштад
Тезгињата
за повеќе намени, кои Град Скопје планира да ги поставува на плоштадот
„Македонија“, нема да бидат изработени пред Нова година. Со тоа и
скопјани не ќе можат да купуваат новогодишни сувенири и подароци за
претстојните празници на локациите каде што вообичаено изминатите
години имаше тезгиња, кои надлежните ги забранија поради лошата
организација. - Унифицираните продажно-промотивни штандови имаат
долгорочна функција за подобрување на естетскиот изглед на јавните
површини. Стратегијата е тие да се изработат и да им се издаваат на
регистрирани субјекти, кои се занимаваат со изработка на рачни
ракотворби и уметнички дела, како и на занаетчиите, за да се афирмира
традиционалното и да се подобри туристичката слика на градот. Врз
основа на избраното идејно решение ќе се направат проекти со конечниот
изглед на штандовите, а потоа ќе се изработат - велат во Град Скопје.
Оттаму информираат дека заинтересирани за тезгињата се и скопските
општини, и доколку и тие се вклучат во проектот, во иднина ќе се
унифицира урбаната опрема од овој вид на сите јавни површини. Со
последниот ребаланс на градскиот буџет, за тезгињата се предвидоа
четири милиони денари, а за нив пари ќе се издвојат и во буџетот за
следната година.
Р.П |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1888&ArticleID=128634
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#340 Posted: 07-Dec-2009 at 01:25 |
Мултифункционални тезги на плоштад „Македонија“

На тезгите ќе имаат право да продаваат само регистрирани трговци со сопствена фирма
На плоштадот и на улицата „Македонија“ ќе се поставуваат
мултифункционални тезги со унифициран модерен изглед, а ќе бидат
изработени од алуминиум и пластика. Ова го предвидува идејното решение
на архитектот Звонко Ставревски, кое беше избрано на конкурсот на Град
Скопје.
Засега не е познато точно на кои места ќе се
поставуваат тезгите, но сигурно е дека тоа ќе бидат фреквентни локации
на плоштадот и по должината на улицата. На тезгите, кои ќе се лоцираат
на неодредено време, но и по повод различни манифестации, ќе се
продаваат ракотворби, занаетчиски производи, текстил, но и билети за
концерти и слично. Тезгите се со површина од два квадратни метра, а
носечката конструкција е изработена од алуминиум. Покривот и пултот се
од армиран полиестер, материјал што е многу отпорен на надворешни
влијанија и е лесен за обликување.
„Тезгите едноставно се
монтираат и демонтираат и лесно се транспортираат. Имаат и тркалца со
кочници, заради полесно преместување кога се монтирани. Под пултот,
идејното решение за повеќенаменската тезга предвидува и контејнер за
складирање на стоката наменета за продажба“, вели авторот Ставревски.
Во
Градот, пак, информираат дека идејното решение ќе претрпи одредени
промени во насока на поголема функционалност. „Врз основа на
награденото идејно решение, во согласност со градежно-урбанистичките и
финансиски фактори ќе се изработи основно и изведбено решение“,
информираат од Градот.
Градските власти засега не соопштуваат
колку тезги ќе се поставуваат во централното подрачје, но информираат
дека право да продаваат ќе имаат само регистрирани трговци со сопствена
фирма. Во соработка со надлежните инспекциски служби, Градот планира да
ги обезбеди локациите од нелегалните продавачи на картонски кутии.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=F7B92A5FC5B327418D689C8E62A64AF5 |
|
 |