build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 09-Oct-2009 at 22:09
Благодарам Драган, имав чуено на сител она емисијата за аграр "наша земја" дека единствен активен овоштарник со стари сорти кај нас имa во топаанско поле во скопје, не фатив за која сорта се работи, но во секој случај важно го има, а не дека и другите сорти не можат да се одгледуваат органски, но треба малку запознавање со техниките за органска заштита и ефектите од органско производство... еве информативен прирачник во однос на муабетов Водич за органско производство на јаболка - http://www.agrokonsalting-pro.com.mk/index.php?option=com_rokdownloads&view=file&task=download&id=5%3A--&Itemid=12&lang=en но не е проблем човек да се нафати на органско производство, колку што е потребно да има насади на неколку различни места, доколку сака за брзо време да крене глава. ова со различните локации е чисто заради осигурување, за ако и навистина оболи еден овоштарник другиот да го покрие зијанот од претходниот итн...
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 09-Oct-2009 at 21:24
Такво нешто има во Порече со така наречени ЃУЛАБИИ, прашај некој од тој крај тоа се планински дрва јаболкници слични на старата тетовка донесени од Турците, не се прскаат и се отпорни на болести. Но највероватно можат да вегетираат само на ридски подрачја кои се проветрени и на поголемо растојани едни од други, Денес можеш од таму да земеш калем гранки напролет но незнам на каков вид подлога да ги калемиш, највероватно на некоа дива подлога јаболко ако ги има во институтот Скопје. Во Тетово освен тетовката кој е многу ретка  нема друга сорта која се огледува скоро без прскање односно како што го викаш ти органско произвотство, а се сетив има круша кој овде ја викаа КУРЗАЈАМ исто таа е тетовска Турска сорта одпорна на болести.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 09-Oct-2009 at 20:49

значи ништо не е спорно од ова што го велиш, поентата е дека земјоделците не се приморани да обезбедата хасап како тоа што е случај со прехрамбената индустрија, единствено доколку се фирма која ете складира преработува итн. во случај ова складирањето земјоделецот да го брка сам а не преку посредник да тој најверојатно би требало да обезбеди сертификат според горенаведените точки, но дека и земјоделците ќе бидат приморани немаше никаква кампања засега ниту пак знам дека некој почнал да имплементира некаков стандард, а уште помалку дека некој почнал и да ги контролира.

велиш дека имаш ладилници па затоа, ок, а што е со оние во визби што ги чуваат јаболката и за нив треба хасап или тие воопшто веќе нема ни да можат така да ги чуваат јаболката,  а патем кога сме тука, кажи ми има тетовско сеуште да се одгледува некоја постара сорта јаболка која не се прска а дава добар род, мубетов ми е за органско производство јаболка дали се наоѓа сеуште некој жив расад? 


Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 09-Oct-2009 at 20:04
@ Max да не бидам само досаден. Но еве што знам јас, ХАСАП системот треба откако ќе усогласат нашите закони и подзаконски акти со тие на ЕУ да биде контролиран од неколку нивоа на испекции и тоа: Земјоделска инспекциа(Ветеринарна и Фитосанитарна) од пазарна инспекциа, и од инспекциата од републичкиот завот за заштита на луѓето. Дејностите кој горе си ги наброал каде се треба да се применува ХАСАПОТ, односо фирмите кои се бават со сите тие дејности се должни по подзаконските акти а рековме дека најмлаку ги има во ветерината и фитозаштитата повеќе од 80 строго да ги применуваат. На пр. еден ладилник е должен да ги применува во најмала рака сите техничко-технолошки решениа кој ги има еден ладилник да речеме во Холандија. Ако тој ладилник чува овштие се почнува од начинот на ладење(количината на амонијак NH4) хигиенските услови, контрола на температураа хигиена на просториите каде работаат работниците, начинот на пакување етикетирање па и транспортот со ладилници камиони + сертификат за соодветната операциа на чување пакување и транспорт. Потребни примероци за лабараториски анализи, сето ова повторно ќе речам е дел од поимот што значи ХАСАП систем. ХАСАП системот во растителното и зивотинското произвотство сега за сега како што занм е еден материјал со од прилика околу 30 илјади страници научен труд кои во ЕУ секогас кога тоа е потребно го препорачува така наречена Европска комисија и затоа таму секогаш имаме надополнување или иземна на законите со така наречени директиви или регулативи кои се оврзувалки а се носат врз база на нови научни сознанија за безбеднос на храната и мора да се вградат обавезно во нивните закони. Значи ЕУ законите од безбедноста на храна постојано се надополнувааат со нови прописи. Ние овде се уште не моземе  повеќе од технички аспект а и од лошата економска состојба така добор да го вовдеме во пракса овој СИСТЕМ
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 09-Oct-2009 at 12:23
  а за лексот тоа секаде го има Драган, и кај нас за општиот закон се вели лекс специјалис en.wikipedia.org/wiki/Lex_specialis

Edited by Max - 09-Oct-2009 at 12:23
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 09-Oct-2009 at 12:21

ако си регистриран тоа е пред се заради евиденција, она вработени невработени, сетне доаѓаат на субвенциите, како ќе знае некој колку ти следува ако ти и твојот бизнис не ти е регистриран, а на крај и заради контрола на болести, статистика на производство и животни...

инаку постојат различни сертификати, но за конвенционално земјоделие во еу еве речиси десет години (како би си го заштитиле пазарот) европеите по примерот на америте го воведоа во еурогапот, стандард кој е хасап за земјоделци, но кај нас истиот не е обврзувачки (како што е хасапот),  и истиот е исклучиво потребен за извоз во земјите од ЕУ, но за јапонија, австралија и северна америка бараат сосем друки GAP сертификати, но ако го имаш исполнето еуГАПот и овие лесно би можел да ги обезбедиш... en.wikipedia.org/wiki/Good_manufacturing_practice   www.eurepgap.org/Languages/English/about.html   www2.globalgap.org/FAQ/index_html е сега за кредитирање од ИПАРД фондот, колку што знам не е потребно поседување однапред сертификат, туку јака програма која меѓу другото би довела целосно до тој процес на стандардизација, впрочем затоа се и наменети сите претпристапни фондови, за приближување кон еу стандардите, што пак само по себе гарантира и поголема конкурентност и одржливост на бизнисот (кај нас најчесто семеен) ...

а според она табелата погоре малку и јас сум збунет бидејќи не е точно наведено на кој дел од земјоделското производство се однесува хасапот и дали воопшто се однесува, па ај уште еднаш ќе те замолам доколку имаш некој во околина кој веќе го има еуригапот, да ти објасни каде и како се надополнуваат со хасапот, и дали воопшто во некој дел од суровинското производство е обврзувачки хасапот и за земјоделците

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 09-Oct-2009 at 10:22
Ајде сега да размениме информации искуство. Велиш на индивидуалните земјоделци никој не им бара сертификат(ХАСП).Тогаш зашто земјоделците треба да се регистрираат како прозиводител?. Тие на таков начин стануваат фирми со сметки во банките и книговтствено работење. Пример за јаболката за да ја извезам во ЕУ мене ми треба сертификат (како регистриран земјоделец-фирма) така наречен ЕУРО ГАП 1- тоа е сертификат во кој треба целиот процес на произвоство на јаболката да биде пратен од резидба до берба, во посебни формулари се опишува начинот на резидба дали има пренос на вируси или бактерии при истата, по натака за ѓубриваата нивниот хемиски состав количините кој се внесени во земјиштето(мах. дозвволените остатоци од нив во почвата), наводнувањето количините вода по хектар нијзината биолошка исправнос и температурите при наводнувањето. Најпосле нјаважниот дела примената на пестициди од почетокот до крај- нивните активни матери(треба да се со оние на ЕУ) нивните остатоци во плодовите треба да бидат во границите на оние ЕУ ги пропишува. Е ова е Мах сертификат за безбеднос на храна кој еден индувидуален регистриран земјоделец кој мора да го поседува за да извезува во ЕУ па и во нашата држава. Целиот овој процес на мониторинг  треба да го врши овластена институција од државата која ги има сите кадри потенциали и лабаратории за да изврши еден ваков мониторинг на прозиводство и на земјоделецот да му издаде сертификат за безбеднос на храната. Ова е само мал дел од тој ХАСАП кој со два збора значи безбеднос на храна а него во ветеринарството и растителното произвоство го покриваат 7-8 основни закони и колку што ја знам најмалку 60-70 подзаконски акти

:@ Islcrew во Англија знам дека постои со сигурнос генерален земјоделски закон кои ги уредува и регулира сите останати закони во земјоделието таму. Тој е што викаат правниците ''Закон  LEKS SPECIALIST"  закон над законите во еден свој дел тој закон земјиштето му го дава на прво родениот син и ништо повеќе и затоа таму нема цепкање на земјиште
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 09-Oct-2009 at 01:43
драган не ми се верува англија да има таков закон за наследство. Може би тоа е некој алтернативен начин доколку нема тестамент или слично. Но за Англија знам друга работа. Земјиштето всушност никој неможе да го купи. Туку купување тамо всушност значи рентање од државата на 400 години и после тоа по некои бенифицирани цени се обновува сопственоста за наредни 400 и така со векови се врти. 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 08-Oct-2009 at 21:35

јас не сум земјоделец "сеуште", логично додека не заминам од градов, но од она што го знам од пријатели и роднини, немам чуено дека некој им побарал хасап, можат но не мораат да извадат сертификат за квалитет од земјоделскиот институт во скопје, страната им е падната веќе некое време www.zeminst.edu.mk но нема врска бар обезбедивме конечно 2005 лабараторија која може да издаде сертификат обично за надвор но и дома, доколку станува збор за органско производство како истото и би било верификувано...

   за ова јас бар не сум чул досега, конкретно за хасап имаш цела детална нишка во офтопик, правилникот, написи итн... 

еве цитат каде се спомнува и земјоделството, но според кампањата што ја води власта јас немам чуено дека освен фирмите дека и индивидуалните земјоделци ќе треба да бидат сертифицирани, ај баш информирај се поточно кој и каде и зошто ќе ви бара хасап за одгледување јаболка!?!

HACCP им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи.

Според сектори можат да се набројат:
Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи
Производство и продажба на производи од житарици
Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи
Подготовка на свежа и смрзната храна
Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук
Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци
Трговци со храна и угостителски објекти
Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски домови
Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=469&PID=22590#22590

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 08-Oct-2009 at 18:36
@Max Колку што ја занам бидејќи дома работиме земјоделиие(Овоштарство) HASP системот викаат дека треба да се применува токму во почетокот(примарното) на производството. Затоа што од правилна примена на пестиците и сточна храна  финалниот производ ќе биде квалитетен. Токму ЕУ законите тој дел од произвоствотот на храна го потенцираат како најважен еве еден прост пример: ''Ако вие имате кравја маст'' во супермаркте како финален производсите сите негови неисправности потекнуваат од моментот на произвоството на храната и моментот на произвоството на млекото ако ваквиот производ е неисправен Републичкиот завод за исправност на храната само може да констатира не исправна храна и да го повлече од продажба.
А што се однесува до субвенциите знам дека е оформена агенција за рурален развој. Таа треба на регистрираните земјоделци да им овозможи трансфер на парите преку платежна картичка како што имаат и комерциалните банки. Проблемот е што во голем дел нашите земјоделци нема расчистено со имотната структура(земјиштето) тоа се влече од дедовци татковци синови... итн. Ако сакаш да купиш нива еден се јавува газда а парцелата гласи насосема друг. Занам во Енглеска земјата ја наследува првиот син и тоа по закон. Кај нас да се донесе генерален закон за земјоделство треба да се усогласи со Енглескиот, во моментов тоа е скоро невозможно. Еве само еден аспект за разговори за  руралниот живот и за тоа што субвенциите значат за македонскиот земјоделец.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 08-Oct-2009 at 05:17

извини Драган за задоцнетата реплика, не сум ја забележал навреме

види хасап му треба на земјоделецот доклку произведува финален производ, но не и за суровина, едно е да продаваш млеко на млекара друго е ти од млекото да штанцаш сирење...

во основа пријавувањето на дејноста не е позитивно само за ујп, туку за цело општество, во спротивно како државата би имала реален увид каде што да планира и чии потреби на населението имаат приоритет доколку незнае точно која е и фактичката ситуација. тука жртва е и едукацијата, инфраструктурата, субевенционирањето итн. а зошто бидејќи земјоделецот стравува да си ги промени навиките и конечно да се прилагоди за влез во еу, инаку ако се прашуваше власта таа радо би ја оставила оваа категорија на луѓе без ич да гои гиба, чисто колку за да купува социјален мир и да не си прави непотребно и масовно противници, нешто што е најзабележително кај таксистите во земјава, но и ним сега кај и да е ќе им врзат машна, о повторно тоа стандардизирање ќе им биде од сите за корист, професионалност без предрасуди

за земјоделието и те како има решение, но никако да се свртиме кон масовно органско производство ниту пак се решаваме локално да ја свртиме на некакво производтсво на готови производи, упорно распродавајќи квалитетна суровина која сетне ни ја враќаат за пет до ддесет пати поголема цена назад единствено етикетирана и спакувана... исто факт е дека ја претеравме со агалукот, па биваше ли европа земјоделците да се здружуваат и така во задруги да функционирааат, а ние тука да глумиме амерички фармери кои можат да си дозволат глумење аги небаре државата се завршила а ние само треба кајмакот да го собереме. во израел ја затерале и уште подалеку со кибуците, каде фури живеајат во иста заедница земјоделците, а во европа добро и долго познати се машинските кругови, кои од скоро и кај нас се промовираа скромно...

а што е конкретно до субвенциите тие ќе дадат екстра ефект доколку народот се здружи и постојано бизнисот го шири, но из асиромашните или агите истите се поволни како појава без разлика што мора да се регистрирани , а и државата е срќна бидејќи парите и онака што би ги давала за социјална помош, им ги дава на луѓе кои би можело да се одржат сами понатака. наместо да дремат и очајуваат, вака во најмала рака ќе бидат ангажирани и ќе немаат време за млатење празна слама и маалџиска политика

треба само волја за реорганизација, и свест од сите вклучени во процесот 

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 01-Oct-2009 at 21:43
@Max.
Колку што јас знам ние од 1996год. во земјоделието ги имавме CARDS проектите. Тоа беше техничка помош на Европската Униа после договорот за стабилизација и асосиациј. Во тоа време ЕУ не бараше да ние имаме Европски закони ниуту пак фирмите кој беа во транзиција можеа да влезат во проекти на CARDS. CARDS во земјоделието најчесто се имплементираше преку некои технички помоши, а и најчесто 80-90% од сретствата(парите) преставниците на ЕУ ги користеа за себе. Услов за ИПАРД и ЦАПАРД соработката е да Македонија ги имплементира сите закони на ЕУ значи и оние од земјоделието, да изврши реорганизација на земјоделските фирми и на тој начин да се воспостави хоризонтална соработка со ЕУ(соработка на еднакви помеѓу себе) во овој случај веќе имаме правно воспоставен однос за бизнис по сите закони на ЕУ пошто се и нашите при крај на усогласуванње. Е сега СУБВЕНЦИИ во земјодлеието не може да се ТРЕСАТ од рака тоа го нема во ЕУ. Туку секој оној кој е земјоделец мора да има регистрирано фирма, во општината или во министерството да е во база на податоци, да се знае неговото произвоство неговите трошоци неговите приходи и даноците кој ги платил на оваа држава, да ги применува сите технички мерки за прозвоство на здрава храна(ХАСАП системот), на тој начин секој таков после минимун 1 година од неговото работење може да користи СУБВЕНЦИИ. Смислата на сето ова е: ОПЛОДУВАЊЕ  на парите(земаш СУБВЕНЦИИ пр.1000 евра работиш остваруваш и враќаш на државата 1001 евро за да можеш наредната година да земеш 1002 евра да вратиш 1003 евра).Сега како што е не е да ЈАС критикувам но двање на 40-50 мил. евра а до година 100 мил. евра е многу несигуран работа тоа е само гаснење на пожар- дали ако се дадад 100 мил. евра ќе се врата 101 мил евра или ''земјоделците''ќе ги потрошат парите за свадби свирки крштевки купуванје коли и по некоа пиачка во нека кафана, а нивното произвоство нито е рентабилно нито е доходовно нито е некаде регистрирано што значи нема круг на ВРТЕЊЕ НА ПАРИТЕ.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 25-Sep-2009 at 22:05

ЗЕМЈОДЕЛСКА ВЛАДА - http://mk-mk.facebook.com/note.php?note_id=13882254225&_fb_noscript=1

...Во периодот 2008-2012 ќе продолжиме со натамошно зголемување на финансиската поддршка за земјоделството и се обврзуваме да обезбедиме субвенции во вкупен износ од 460 милиони евра. Тоа е најголема финансиска поддршка на эемјоделството во эемјите од Југоситочна Европа!

 45 милиони евра за 2008 година 
 70 милиони евра за 2009 година 
100 милиони евра за 2010 година
115 милиони евра за 2011 година и
130 милиони евра за 2012 година


покрај ИПАРД фондовите кои се добредојдени, мислам дека најдобра финансиска проекција за финансиска помош на земјоделието доаѓа од државата, но сепак истата касни околу иницијативата за форсирање на агроберзи и едукација на самите земјоделци, нешто што ќе бара далеку поголема активност освен иницијатива!

на карјот по текстот има интересен коментар од Тихомир Браздовски зад кој целосно застанувам и јас, впрочем каква и непогода да не ујдиса, економска, политичка, еколошка или трудова, единствен гарант за опстанок на државава е само јако земјоделие!!! навистина е смешно да чекаме утре земјоделските опции и ресурси комплет да им ги препуштиме за експлоатирање на европските земјоделски комбинати, кои ај што се ќе земат по багателни цени, туку и се ќе испрашат со пестициди како побрзо и полесно би ја повратиле инвестицијата, со што не само нас што ќе не загадат, туку шансата за трајно етикетирање на нашиот регион како органски здрав ќе ни го скастрат целосно, па така наместо утре во европа да бидеме на коњ, ние ќе се влечеме како полжави во земјоделскиот сектор...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 25-Sep-2009 at 17:55
Првите пари од ИПА в година

ЕУ со 45,5 милиони евра во периодот 2007-2011 година ќе ги поттикнува инвестициите во земјоделските стопанства, вложувањата во преработка и маркетинг на земјоделските производи

Во почетокот на следната година земјоделците треба да ги очекуваат првите пари од петтата компонента од ИПА-фондовите на Европската Унија. Станува збор за 45,5 милиони евра од најкомплицирана компонента на претпристапната помош - ИПАРД во областа на земјоделството и руралниот развој - за периодот 2007-2011 година. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски, вели дека ова е последица на позитивните оценки на Агенцијата од страна на Брисел.

- Не се утврдени никакви проблеми што би го одложиле правото на управување со парите. Се очекува официјалната одлука за доделување за управување со парите да биде објавена во службен весник на ЕУ во ноември годинава. По ова ќе следува објавување огласи на кои ќе може да аплицираат земјоделците - вели Димовски.

Според него, за искористување на парите, неопходно е да се поднесуваат издржани и добри проекти од што ќе зависи дали и колку од парите ќе добијат апликантите. Неискористените пари се пренесуваат од година на година и треба да се искористат до 2011 година, а, во спротивно, се губат.

- За 45,5-те милиони евра конкурираме со проекти и не значи дека сме ги добиле во полн износ. Колку од нив ќе искористиме зависи само од тоа колку добри проекти имаме - велат во Министерството за земјоделство.

Целта на ИПАРД е да се подобрат квалитетот на живеење и стандардот во руралните средини преку зголемување на приходот и отворање можности за вработувања. Инвестиции во земјоделски стопанства, вложувања во преработка и маркетинг на земјоделските производи и диверзификација, односно развој на економски дејности во руралните средини, се трите основни мерки содржани во Програмата. Од таму велат дека клучните сектори за ИПАРД се млеко, месо, грозје и вино и овошје и зеленчук.

Доброупатени извори велат дека ИПАРД има и долгорочни цели - подготовка на агропрехранбениот сектор за исполнување на критериумите на европското законодавство, помош на земјата корисник во подготовките за ефикасно имплементирање на програмите во рамки на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој и придонесување за одржлив развој на руралните средини.

- Принципот на поддршка со оваа програма е кофинансирање преку грант за капитални вложувања. Земјоделецот набавува машина или гради, а средствата се исплаќаат по завршување на проектот, за што инвеститорот ќе добие 50 проценти од вложеното. Од тие пари 50 отсто се европски, 25 отсто од буџетот на матичната земја, а 25 проценти се пари кои ги обезбедува самиот земјоделец- велат во Министерството.

Според нив, правилата за користење на европските пари се ригорозни и затоа неколку години наназад нашите земјоделци се вежбаат за овие фондови преку средствата за рурален развој од парите за субвенции.

Од државите-кандидати за членство во ЕУ најмногу пари од ИПА во периодот 2008- 2012 се предвидени за Турција - 3,44 милијарди, а за Хрватска - 769 милиони евра, а за Македонија се предвидени вкупно 507,2 милиони евра.

Целта на инструментот ИПА што почна да се применува од 2007 година е да се стави во единствена рамка целата претпристапна помош за земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Хрватска и Турција, како и за државите аспиранти - Албанија, БиХ, Србија и Црна Гора.

ИПА опфаќа пет компоненти: земјоделство и рурален развој, транзиција и институционална соработка, прекугранична соработка, развој на човечки ресурси и регионален развој. Парите од ИПА се одобруваат врз основа на поднесени проекти во тие пет области, а потенцијални корисници се државните институции, општините, универзитетите, компаниите и земјоделците.

http://sliki.nabu.mk/?klasa=ekonomija&page=100&hl=news&showcluster=8&class=site&dosearch=false
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 25-Sep-2009 at 17:43
Во Прилеп презентирани можностите за финансирање проекти од ИПАРД програмата

24 септември (МИА) - Сојуз на стопански комори во соработка со „Басме тренинг и консалтинг“ денеска во Прилеп одржа презентација на тема: „Европски бизнис концепти и фондови“, за конецептот на општествена одговорност на претпријатијата, како и ИПАРД програмата и можностите за финансирање на проектите со средства од оваа програма.

- Со цел потенцијалните корисници на овој фонд да го дочекаат подготвени повикот, се обидовме да им објасниме кои се условите, процедурите, кои документи треба да ги подготват и на кој начин може да го финансисраат проектот, зошто донацијата од 50 проценти од инвестицијата која ја обезбедува ЕУ, ќе може да ја вратат, откако ќе отпочнат со реализација на инвестицијата, рече Владимир Матевски, извршен директор на ССК.

ИПАРД фондовите се веќе обезбедени и првиот повик за користење на средствата се очекува да биде објавен до крајот на оваа година од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПРР).

Бети Деловска, сопственик на Басме тренинг и консалтинг на денешната презентација истакна дека финансирањето на проектите е исклучително сложена работа и бара издржани проекти, без грешка пополнета документација, како и одлично менаџирање со проектот како во фазата на подготовка, така и во фазата на имплементација.

- Правилата се многу строги, не смее да има никаков пропуст за да може проектот да се разгледа. Ние го имаме искуството од другите земји како Словенија, Бугарија, Полска кое покажува дека ниту една земја не успеа целосно да ги искористи фондовите, додаде Деловска.

www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiznis/551529/index.html

Првите договори за пари од ИПАРД од мај 2010

Првите договори за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој(ИПА – 5 компонента ИПАРД) ќе бидат склучени до април-мај 2010. година.

Ова денеска го изјави Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според него, во тек се подготовките за објавување на првиот јавен повик за користење на европските претпристапни средства за рурален развој и се очекува тоа да биде направено во декември оваа година.

Тој додаде дека во периодот од 7 до 18. септември оваа година била извршена ревизорска мисија од страна на ревизорите на Директоратот за земјоделство и рурален развој околу пренесувањето на правото за управување со средствата од ИПА петтата компонента-ИПАРД, при што не биле утврдени блокирачки фактори што би го спречиле овој трансфер.

Од Агенцијата очекуваат ревизорите да предложат на македонската оперативна структура за ИПАРД да и се пренесе правото за управување со европските средства во областа на руралниот развој.

„Македонија покажа дека ги поседува потребните административни капацитети, стручност и знаење за управување со европските предпристапни фондови во областа на руралниот развој“, рече Димовски, додавајќи дека официјалната одлука за доделување на правото за управување со средствата се очекува во текот на ноември.

Во периодот од 2007 до 2011. година од европските фондови за рурален развој ќе бидат доделени 45 милиони евра, пари што ќе ги добијат лица кои ќе конкурираат со соодветен одржлив проект.

Сега ќе бидат понудени средства од 2007, 2008 и 2009. година, во висина од околу 20 милиони евра.

Makfaks - 22.09.2009

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 18-Sep-2009 at 19:46


 

СЕ ВОВЕДУВААТ СТАНДАРДИ ВО СТОЧАРСТВОТО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Според закон треба да поседуваат интегрирана дозвола, но за неа сопствениците на свињарски и живинарски фарми се уште немаат слушнато.  

Од први јануари 2009 година сите објекти од ваков тип треба да имплементираат стандарди со кои ќе се зачува животната средина. Колку ќе ги чини овој дополнителен трошок, што треба да сменат на своите објекти и колку време имаат за тоа да го сторат сопствениците се уште не знаат.

Лиценците од типот А и Б се еден од условите при аплицирање за добивање средства од ИПАРД фондовите. Без овие дозволи македонскиот аграр тешко ќе влезе во Европа бидејќи искуствата на оние кои веќе го поминаа овој пат велат дека без комплетно имплементирање на сите закони од областа на животната средина нема да можеме да добиеме позитивен сигнал.

Фарма со капацитет од четири до десет илјади пилиња подлежи под интегрирана Б дозвола која треба да ја издаде локалната самоуправа. Дозволата А е во надлежност на Министерството за животна средина, а нивниот бројот на грла во оваа категорија треба да биде над илјада свињи или 700 маторици. Лиценците сите ќе треба да добијат до крајот на 2013 година, а за немање на истата следува и казна од 3.000 евра до затворање на фармата.

Сител - Борче Пауновски - 18.09.2009

 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 21-Feb-2009 at 04:15
Правници и економисти го водат аграрот

Правници, економисти и професори го водат земјоделскиот сектор, покажуваат статистичките податоци од последниот земјоделски попис. Само 10 отсто од високообразованите кадри во земјоделието се агрономи. Според статистиката, повеќе од половина од земјоделците во земјава се неписмени, односно немаат завршено четврто одделение или одвај завршиле основно образование.

- Бројките се запрепастувачки. Излегува дека необразованите и кадрите од други професии се носители на нашиот аграр - вели универзитетскиот професор Борис Анакиев. Негови истомисленици се и другите професори од Факултетот за земјоделство и храна. Тие тврдат дека на нивниот факултет се образоваат кадри што на крајот чекаат по десетина години вработување и најчесто завршуваат во сосема друга дејност.

Според официјалните статистички податоци, 476.613 лица во земјава се занимаваат со земјоделска дејност. Од нив, 40,5 отсто се со основно образование, 10,6 отсто немаат завршено осмо одделение, а 4,7 отсто ни ден не оделе не училиште. Значи 55,8 отсто немаат никакво земјоделско образование. Со средно земјоделско училиште се само 3,8 отсто од земјоделците, а дури 33 отсто имаат завршено друго средно училиште што нема никаква врска со аграрот.

- Вишо и високо образование имаат само 1,2 отсто од земјоделците, а со друго високо образование се 5,7 отсто. Од нив, магистри и доктори на науки се 0,1 отсто од производителите.Тоа се околу 300 луѓе, што е навистина мала бројка за држава што се декларира како аграрна - сметаат експертите. Според статистичките податоци, во земјоделските фирми во земјава се вработени помалку од 6.000 лица. Експертите укажуваат дека бројките за вработените во аграрот од пописот и од статистичкиот годишник се разликуваат за околу 1.000 лица.

Пописот покажа дека бројот на вработените е 5.540, а според официјалната статистика се 4.611 лица. Не е јасно дали станува збор за нови вработувања или се користат различни методологии. И кај професионално ангажираните работници во земјоделските претпријатија преовладуваат несоодветно образованите. Речиси половина од вкупниот број се со основно образование - 2.108 лица. Со завршено средно земјоделско училиште се само 575 вработени, а со друго средно образование речиси 1.500 лица. Диплома за вишо или за високо земјоделско образование имаат 460 работници, а од друг факултет 434, при што повторно најмногу има економисти и правници.Професорите од Факултетот за земјоделство и храна коментираат дека токму на ваквата образовна структура се должи и долгогодишното тапкање во место на нашето земјоделство.

- На човек што нема земјоделско образование или завршил само осмо одделение не можете да му објасните дека треба да користи нови препарати или на поинаков начин да ја обработува почвата. За него е исправно само она што неговите предци му го пренеле - велат професорите. Земјоделците се согласуваат дека необразованоста е голем проблем. За нив е многу важно експертите почесто да ги посетуваат и на практичен начин да им објаснат како да ги применуваат новитетите.

- Голем дел од граѓаните што останаа без работа најдоа егзистенција во обработката на почвата. Не треба да се очекуваат врвни резултати од електротехничари или од градежни работници, но со текот на времето состојбата сигурно ќе се подобри - велат земјоделците.

Дневник - Валентина Ангеловска - 19.02.2009

донекаде е и во ред ваквата неписменост бидејќи доколку малку од малку се разбираат земјоделците во генетика ќе ја сардисаат докрај почвата, Македонија е една од ретките земји која ја нема загадено почвата со пестициди, што е исклучиво резултат на неписменоста, малку и нашиве професори колку за да кажат дека се паметни па велат дека ваквата состојба е лоша, со што нема воопшто да се сложам, единствено е подтребно едукација на земјоделците кои се писмени како и што треба за да се преориентираат на органско производство за кое ќе добиваат далеку повисоки цени со што ќе го надоместуваат мањакот на квантитет, и во исто време ќе го набилдаат имиџот за земјава како место на чиста вода, клима и почва!!!

баш оние кои ја работат земјата според усмено предание се далеку понапредни во науката за аграрот, отколку оние кои добиле писмено предание какви препарати и гмо семиња да пазарат во земјоделските аптеки ширум земјата...

има една вистина а тоа е недоволната свест на професорите на земјоделски кои наместо досега да потикнаа отворање на лабаратории за сертифицирање на органско производство на секој чекор, тие едвај и тоа со помош на владата успеаја само една да ја обезбедат нецелосно! абе саде мозоци!

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 10-Feb-2009 at 12:31
Земјоделските инспектори со полициски овластувања

За да откријат земјоделски криминал, првпат ќе имаат право да користат стоп- палка за запирање на возила, да наплаќаат мандатна казна и да конфискуваат узурпирани ниви

Земјоделската инспекција засилено ќе контролира дали семињата одговараат на стандардите за квалитет

Земјоделските инспектори ќе добијат овластувања како и полициските службеници. Со Предлог-законот за Државен инспекторат за земјоделство, инспекторите во откривањето и спречувањето на земјоделскиот криминал првпат ќе имаат право да користат стоп-палка за запирање возила, да наплаќаат мандатна казна, па дури и да конфискуваат узурпирана земјоделска земја. Исто така тие ќе може и да запечатат објект ако утврдат дека во него недозволено се продавал семенски материјал или средства за заштита од болести и штетници. Експертите велат дека со овој закон ќе се зголеми ефикасноста на инспекторатот, бидејќи е предвидено соединување на Државниот инспекторат за земјоделство со Фитосанитарната инспекција.

Марихуана сред нива со пченка, семиња што не одговараат на стандардите за квалитет, расипана добиточна храна, недозволени средства за заштита на растенијата, вино што не ги задоволува стандардите, мрежи за недозволен лов на риба се само дел од стоките пронајдени од Земјоделската инспекција при направените контроли изминативе неколку месеци. Во инспекторатот објаснуваат дека нивните инспектори се постојано на терен, но малверзациите од страна на трговците и производителите се во постојан пораст.

- Не велиме дека ова нема да се случува и понатаму, но сигурни сме дека со новите казни и овластувања на инспекторатот овие појави ќе се намалат - велат во Инспекторатот. Земјоделците велат дека секоја година имаат проблем со набавка на семенски материјал, кој најчесто е фалсификуван и наместо предвидениот род, на крајот може да не добијат ништо. Според нив состојбата со шверцот на семенски материјал е алармантна.

- Минатата година купив семе за домат, кое требаше да ми гарантира висок принос. Имав и мое семе оставено од претходната година. На крајот се покажа дека од домашното семе добив поквалитетни домати. Кога се пожалив кај трговецот дека семето му е неисправно, ми рече дека не сум знаел како се одгледуваат растенијата - вели Раде Стојановски од Струмица.

Инспекторите посочуваат на многубројни примери, кога во пакување од препарат што се користи кај нас, наоѓаат препарати што се шверцувани и со закон не се дозволени. Станува збор за живини препарати кои се многу ефикасни, но и многу отровни. Во Сојузот на земјоделци на Македонија објаснуваат дека и покрај работењето на инспекторите на терен, трговците продолжуваат со малверзации од кои најчесто најоштетени се земјоделците.

Во Министерството за земјоделство велат дека законот ќе овозможи подобро работење во сите дејности на земјоделството, од набавката на семе и други репроматеријали, до рибокрадство и злоупотреба на земјоделската земја. Според Ацо Спасеноски, министер за земјоделство, со новиот закон ќе се намали можноста за корупција на инспекторите, бидејќи се предвидени неколку нивоа на контрола.

- Промени има и во висината на казните за непочитување на законот. Глобата ќе изнесува од 3.500 до 5.000 евра за правни лица, а од 1.000 до 2.000 евра за одговорното лице. Покрај парична казна, со Предлог-законот е предвидена и можност за забрана на вршење на дејноста од шест месеци до една година - вели тој.
 
Дневник - Валентина Ангеловска - 09.02.2009

интересна новина, но колку истата ќе биде функционална останува да видиме, посебно со рибокрадството и заврзламите со семињата, но мое мислење е се додека не бидне ваквата служба при полицијата, мислам дека ќе олабават уште после два три месеца, тоа во мвр мака мачат да внесат војнички ред а не па во мзсв. но ајде да видиме можеби работите се менуваат на подобро колку толку, еве бар да успејат да го подзапрат касапењето на преспансиот крап, бар во сезоната на мрестот, и ќе видиме можеби некаков аир од новава земјоделска полиција!

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 25-Jan-2009 at 18:18

ај што среќа имаа фармерите да им го скрши атерот "свето ирачанецот", таман поверувавме сите дека млекарите ќе видат бел ден, почнаа да добиваат и бесплатни лактофризери, и мобилни сензори за бактерии и маститис(бар беа во најава), и редовно беа плаќани и се отвори побарувачка за биолошко млеко(храната за крави без концентрат, исклучиво трева) со дупла цена за кооперантите, и уште еден куп работи кои ветуваа долгорочна селска идила, и кога разјафениот пријателот на зоре им влета со макази на швеѓаните! како ќе заврши овој калабалак може само да нагаѓаме, но едно е сигурно дека швеѓаните се наголтаа балкански марифети сосе млекото... да не објаснувам в овие два текста може да се разбере од кога и каде почна агонијата на сведмилк односно нејзините кооперантите кои претходно на културен начин ги извади од ИМБ!  

„Сведмилк“ ги затвора погоните? - Борба за превласт меѓу акционерите на шведската млекарница. Оскарсон: Ќе се борам докрај и не заминувам - Утрински - 26.11.2008

[1]

„Сведмилк“ - зошто пропаѓа ... ке интервенира ли државата ... каде се парите ... - ВОЛАН - 24.01.2009



Edited by beTon - 25-Jan-2009 at 19:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 24-Jan-2009 at 21:21

Агенцијата за потикнување на земјоделството ќе ги советува земјоделците

Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството од четврток ќе излезе на терен да им помогне на земјоделците полесно да стигнат до парите предвидени за субвенции. Од Агенцијата за потикнување на земјоделството велат дека ќе ги посетат сите 250 села што се под нивна надлежност за да се избегнат грешките и потешкотиите што постоеја при распределбата на субвенциите во 2008.

-„Ќе им помагаме на земјоделците од сите села за да можат полесно да ја потполнат документацијата и да може полесно да дојдат до субвенциите“-вели Ристе Огњанов, раководител на Регионалниот центар на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството. Во 2009-та се предвидени субвенции од 70 милиони евра. За стратешките култури се предвидува 6.000 денари од хектар за житарици, за предадено грозје во домашни винарии по 2,5 денари и дополнителни 7.500 ден за хектар, за млекопроизводителите освен 2,5 ден. за литар млеко и 2000 денари по грло, 45 денари за килограм тутун, за овца 850 денари, во свињарството 1.000 денари по грло предадено во кланица.

Ирис - 13.01.2009

Бирократските процедури ја намалуваат достапноста на земјоделските субвенции

Бирократските и катастарски проблеми можат повторно да им се испречат на земјоделците и сточарите и голем дел од нив да не ги добијат државните субвенции за годинава.
Од државата велат дека годинава на земјоделците ќе им даваат повеќе совети како да дојдат до 70-те милиони евра, а жените фармери имаат за 10 насто поголеми субвенции од мажите.

Долгата катастарска процедура, непочитувањето на роковите за апликација, нерешените имотно правни односи и неподмирувањето на долговите кон институциите се главните причини поради кои поголемиот број на земјоделци не добиле субвенции во минатата година.
За да не се повтори истата грешка обучени лица ги советуваат како да дојдат до државните пари. По забелешките од земјоделците, Владата реши од годинава да ја скрати постапката и потребната документација за добивање на овие парични надоместоци.

„Веќе има активно вклучување на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството преку своите советодавни услуги што во голема мера сметаме дека ќе го унапредат начинот на аплицирање и запазување на роковите пропишани за аплицирање. Се надеваме дека и аплицирањето ќе биде порамномерно во текот на времето дадено за аплицирање, а не како што беше лани најголема навала да има последните денови“ изјави Тони Димовски, директор на Агенција за финансиска подршка во земјоделството

А, веќе втор ден тече рокот за пријавување. Со намалување на процедурата годинава се очекува бројот на субвенционирани земјоделци да се зголеми. Лани оваа помош ја добиле 80 илјади од кои само 20 беа жени. Министерството ги подржува жените да се вклучат активно во оваа гранка.

Жените фармери кои се носители на дејноста имаат за 10 отсто поголеми субвенции. А, од програмата за рурален развој 60 до 65 отсто им се дава повраток на средствата за сè она што ќе го инвестираат вели министерот Ацо Спасеновски.

Пријавувањето за добивање на овие државни пари ќе трае до 15 февруари, а први ќе ги добијат земјоделците кои веќе засејале житни култури.

Алсат - Верица Милева - 21.01.2009

Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања
Над 500 милиони евра од буџетот за земјоделците до 2012!

...

Земјоделството е една од областите каде ВМРО-ДПМНЕ најави целосна преродба. Ветувате многу пари за стимулации. Дали имате јасни цели што сакате да постигнете, со оглед на сомневањата на некои експерти дека субвенциите не се добро поставени и може да не резултираат со зголемување на производството?

Нашата политика во земјоделството е со јасна визија и е ориентирана кон резултатите. Битно е да се зголеми приходот на земјоделците, да се зголеми конкурентноста и пласманот на македонските земјоделски производи на европските пазари и да се подобрат условите за работа и живот на село. Ефектите на ниво на земјата ќе се позитивни од аспект на илјадници нови работни места, нето- прилив на девизи и суфицит во размената на земјоделски производи со странство. Тоа се постигнува преку издвојување на 45 милиони евра субвенции во 2008 година, десеткратно повисок износ во однос на порано, кој понатаму прогресивно ќе расте до 130 милиони евра во 2012 година, односно кумулативно 500 милиони евра во периодот од 2008 година до 2012 година. Го решивме и долгогодишниот проблем на откуп и пласман на производите, оваа година сe се продаде по најдобри цени. Со влезот на познати фирми како Агрокор и други и изградбата на најмалку четири откупни центри, пласманот на земјоделските производи ќе биде сигурен и цените ќе бидат многу повисоки од досега. Со овие мерки најголемиот дел од земјоделците се задоволни. Се разбира, секогаш ќе има некој незадоволен и секогаш може и подобро. Затоа, ние сме во постојан контакт со земјоделците, нивните здруженија и експертите, ги слушаме нивните коментари и сугестии и постојано ја подобруваме нашата земјоделска политика. Таа е жива материја и постојано се прилагодува на реалноста и потребите на земјата.
Како ќе се измерат ефектите и успешноста од големите трансфери од дравниот буџет во земјоделството?
Главно мерило ќе биде зголемувањето на производството, што е од исклучително значење бидејќи храната денес е стратешки производ и зголеменото домашно производство ќе овозможи да се ублажи ефектот од високите увозни цени. Секако позитивни ефекти ќе се остварат и кај извозот, односно девизните приливи. Се разбира, основниот ефект ќе биде повисокиот доход за земјоделците, поквалитетниот живот и повторното заживување на селските подрачја.
Во контекст на најавената финансиска поддршка за земјоделството, дали се зборува само за пари од буџетот или во оваа сума се вклучени и парите од европските претпристапни фондови? И дали земјоделците се информирани на кој начин можат да ја добиваат таа финансиска поддршка?
Износот од 500 милиони евра е чисто буџетска поддршка за земјоделството. На тоа треба да се додадат претпристапните ИПАРД фондови за земјоделството. Ние во 2007 година ја формиравме ИПАРД платежната агенција чија акредитација ќе овозможи веќе во 2009 година македонските земјоделци да почнат да добиваат европски фондови за развој на земјоделството и финансирање на проекти. 

На долг рок, со политиките за поттикнување на земјоделското производство создадовме услови за пораст на домашната понуда на храна, што е многу значајно.

...

МИМ - 16.06.2008

Интервју  со директорот на платежната агенција за земјоделците - (Идното) ОВА ЛЕТО ПРВИТЕ ПАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ЕУ - Дневник -  11.08.2008

АФПЗРР (Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој) - ВЕСТИ 

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 18192021>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.