![]() |
![]() |
![]() |
Објекти од културата (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 34> |
Author | |
anti-modernista1 ![]() Newbie ![]() Joined: 01-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Вечерва прва 3Д проекција во Македонија
Во Кавадарци вечерва свечено ќе биде отворено 3Д кино во кое ќе биде емитувана проекцијата на светски познатиот филм „Аватар“. Според директорот на домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци, Владимир Темков, кавадарчани први во Македонија ќе добијат 3Д кино. Тој информира дека киното е сместено во просторијата на некогашното кино, кое во минатото било зафатено од пожар и било нефункционално. - Сега со околу 4 милиони денари од буџетот на општината киното е реновирано., рече тој. По принципот на јавно приватно партнерство во реновирањето и отворањето на новото кино учествува како партнер и кавадарчанецот, повратник од странство, Митко Ушковски кој има обезбедено над 200 илјади евра за опремата за киното. Предвидено е во киното секојдневно да се прикажуваат светски познати филмови, а наочарите за 3Д, ќе можат да се купат еднократно по цена од сто денари и со нив ќе можат да се следат сите проекции. http://kurir.mk/republika/opstini/59518-Vecerva-prva-3D-proekcija-vo-Makedonija da ne ima nekoj sliki kako izgleda kinoto? |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
http://dnevnik.mk/?ItemID=FEFCE83EDCD4114C8B440E617D6DE955 Edited by Cloverstack - 24-Jan-2012 at 16:32 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
иако не е темата стрикно за објекти,мислам дека е добро да се прочита статијата а посебно како јие би можеле да извлечиме корист од некои од новите објекти во Македонија(Музејот на М.борба,Театарот,Филхармонија итн)
Секое евро културата го претвора во осум евра Една независна студија покажа дека 80 отсто од луѓето што работат на организацијата на проектот „Европска престолнина на култура“ сметаат дека тоа е еден од најзначајните настани од кои градовите-престолнини имаат најмногу корист. Се проценува дека секое евро инвестирано во културен настан донесува дополнителни осум евра. Титулата им нуди можност на градовите да си го подобрат имиџот и да станат попознати во Европа ![]() Гимараеш е градот што го открива својот идентитет и создава нови можности МАРИБОР И ГИМАРАЕШ - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ ВО 2012-ТА Марибор, вториот по големина град во Словенија, и португалски Гимараеш во 2012 година гордо ќе ја носат титулата европска престолнина на културата. Во текот на целата година престолнините ќе претстават повеќе од 1.500 настани и проекти од своето богато културно и историско наследство. На тој начин некогаш претежно индустриски ориентираните градови ќе заживеат во модерен облик и нов сјај, засновани на креативност, соработка и европски дух. Успехот на многубројните европски престолнини на културата го открива големиот потенцијал на овој проект кога станува збор за економскиот и за општествениот развој. Една независна студија покажа дека 80 отсто од луѓето што работат на организацијата на проектот сметаат дека тоа е еден од најзначајните настани од кои градовите-престолнини имаат најмногу корист. Некои престолнини на културата проценуваат дека секое евро инвестирано во културен настан донесува дополнителни осум евра, а дека бројот на гостите во хотелите во просек се зголемува за 12 проценти, а честопати и повеќе. Идејата на проектот не е да се издвојат градови поради нивната естетика или минато, туку титулата да му се додели на градот со најкреативна и најиновативна програма. Титулата им нуди можност на градовите да го заживеат својот културен живот, да ја покажат својата креативност, да си го подобрат имиџот и да станат попознати во Европа. Времето, парите, комуникацијата, независноста и компетентноста на организаторите се клучни, но престолнината на културата нема да биде успешна без ентузијазмот на посетителите. Марибор за сто години?! Мариборската програма е поделена на четири програмски целини, од кои секоја има свој пристап на ревитализација на регионот низ културата. Отворањето на манифестацијата е планирано за 13 јануари. Ќе бидат реализирани околу 412 проекти, со приближно 2.000 различни настани. Ќе биде претставен и можниот архитектонски изглед на Марибор за 100 години, еминентни уметници ќе го изложат своето видување на иднината, а најавени се и девет театарски претстави од целиот свет. Најмногу внимание се очекува да привлече програмата „Терминал 12“, во чии рамки ќе се реализираат проекти-настани, како на пример „Дванаесет“ – проект што ќе удоми 12 различни личности што се клучни на меѓународната сцена. Ќе се одржат и концерт на Загрепската филхармонија, гостување на Виенската опера со „Свадбата на Фигаро“, премиера на операта „Урбан трајб“, театарската претстава „Војна и мир“ и многу други настани. Интересен пристап имаат креаторите на програмската целина „Клучеви од градот“, која е насочена кон ревитализација на старите градски јадра низ различни културни активности. Одново ќе заживеат заборавените скриени ќошиња, дворишта, улички и плоштади, а напуштените простори ќе бидат исполнети со нови идеи. Таков простор е некогашната стоковна куќа. Посоцијално и активистички е ориентирана програмската целина „Урбани бразди“, која претставува социолошки видик со важна општествена порака, а се реализира на подрачјето на еколошко земјоделство, самостојно производство на храна, основање банка на семиња, поттикнување на културната мобилност и вклучување на маргиналните социјални групи. Уметнички најосмислена е програмата „Живот на допир“, која ќе се концентрира на документирање на разноличната културна понуда преку иновативни аудиовизуелни проекти. Гимараеш - меѓу минатото и иновацијата Гимараеш го избра португалската влада за свој претставник во проектот „Европска престолнина на културата“ за 2012 година. Програмата ќе биде заснована на идејата дека културата може и треба да се позиционира како катализатор на урбаната, социјалната и економската регенерација. Гимараеш – градот во кој настанала Португалија, како што велат, се подготвува за 365- дневна разновидност на програмата со над илјада домашни уметници и над пет илјади меѓународни, ангажирани во повеќе од 500 културни настани. Гимараеш е градот што го открива својот идентитет и создава нови можности, град на иновацијата, но и на спомените од минатото. Збогување со Талин и со Турку За 2011 година престолнини беа естонскиот главен град Талин и поранешниот главен град на Финска, Турку. „Приказни од морскиот брег“ беше насловен збирот од настани што ќе ги организираа овие два пристанишни града со долга и богата историја. Двете соседни земји разделени со Финскиот Залив, поврзани културно и духовно, му понудија на Стариот континент космополитска програма. Меѓу позначајните настани во Талин беа првиот светски шампионат на огнени скулптури, еднонеделната манифестација „Денови на стариот град Талин“ кога во градот беше отворена сцена за концерти, перформанси, танци, ракотворби, Фестивалот на поморството, кој вклучи бродски патувања и разни други атракции, летниот музички „Нарген-фестивал“, кој е редовна манифестација и значајна за целиот балтички регион... Средиште на сите културни случувања во Турку беше Логомо - област на старо бродоградилиште... Секоја година Европската комисија одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога таа титула ја имаше Атина. Целта е да се промовира чувството за заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата што траат цела календарска година. За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката се донесува четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ. Од 2007 година се избираат градови од две европски земји. Во 2013 година престолнини ќе бидат Марсеј (Франција) и Кошице (Словачка) и во 2014 година – шведскиот град Умеа и главниот град на Летонија, Рига. Арапскиот свет ја избра Манама Манама, престолнината на Бахреин, е прогласена за арапска културна престолнина за 2012 година. Арапската лига иницијативата за избор на културни престолнини на арапскиот свет ја почна во 1996 година, како дел од програмата на Унеско, а прв град што ја освои ласкавата титула беше Каиро. За наредната година во Манама веќе е осмислена богата културна програма. Интересни манифестации ќе се одвиваат во текот на целата година под мотото „Љубов, надеж и право на различност“, а ќе покрие различни аспекти на културата – сликарство и вајарство, архитектура, дизајн, поезија, книжевност, драма, музика, културно наследство... Некои од знаменитите зданија ќе бидат реновирани, а ново руво е предвидено и за најпопуларната порта во земјата Баб Ал Бахраин. Постојат и планови за нови проекти, па така Манама ќе добие нов народен театар, а ќе биде отворен и регионален центар за светското културно наследство. Манама е престолнина на Бахреин и најголем град на оваа островска земја, со околу 155 илјади жители. Веќе долго е значаен трговски центар во регионот на Персискиот Залив. Целата земја пред неколку децении доживеа брз развој благодарение на богатите резерви со нафта и со гас, а во 1990-тите години почна да се работи на развој и на други гранки на стопанството, за Манама да стане значаен финансиски центар на Блискиот Исток, што и се случи. Доста се разви туризмот, па во таа смисла наредната година за Манама и целата земја ќе биде многу значајна. Македонија - по Србија, а пред Црна Гора Град во Македонија ќе биде европска престолнина на културата во 2022 година, пишува веб-сајтот „Википедија“, повикувајќи се на официјални извори во ЕУ. Дотогаш, и според најоптимистичките политички предвидувања, би требало да станеме членка на европското семејство. Според „Википедија“, која, како што се вели на веб-страницата, пренесува податоци од официјалниот веб на ЕУ, земјите што ќе ја понесат оваа титула се избираат врз база на ротациски систем. За 2022 година е предвидено земји-престолнини на културата да бидат Велика Британија, Македонија и Турција. 2013: Франција, Словачка 2014: Шведска, Летонија 2015: Белгија, Чешка 2016: Шпанија, Полска 2017: Данска, Кипар 2018: Холандија, Малта 2019: Италија, Бугарија 2020: Романија, Србија, Ирска 2021: Грција, Хрватска, Швајцарија 2022: Велика Британија, Македонија, Турција 2023: Норвешка, Литванија, Босна 2024: Германија, Украина, Албанија 2025: Австрија, Исланд, Црна Гора Автор: Весна Дамчевска http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122711106307&id=16&prilog=0&setIzdanie=22466 |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Тоа не е чепнато од Земјотресот.Има многу такви објекти низ градот што навистина се атрактивни како што е старата бања пред комплекс факултетите во Скопје.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Отворена Спомен соба за Јордан Хаџи Константинов–Џинот
Вторник, 08 Ноември 2011 16:46 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели Во Спомен куќата на Јордан Хаџи Константинов–Џинот што се наоѓа во стариот дел на Велес денеска беше отворена негова спомен-соба, по повод утрешниот празник на градот 9 - ти Ноември. ![]() Во спомен-собата на Џинот, Народниот музеј во соработка со Општина Велес изложи постојана постановка на 70-тина фотографии-факсимили и други документи и дела од животот и творештвото на Јордан Хаџи Константинов–Џинот. - Се планира собата и целата куќа, Народниот музеј во соработка со општина Велес, да ја уреди исто како во времето во кое живеел во неа Џинот заедно со својата сестра Марија, а тоа е средината на 19 век, изјави историчарот од Народниот музеј, Павлина Василева. Постановката е прилог плус за собирање на богатата оставштина и дело на велешанецот Јордан Хаџи Константинов-Џинот кој бил книжевен и културно национален деец,учител и зачетник на македонското просветителство.Тој четири децении се борел за просветно издигнвуање на македонскиот народ и воведување на народниот јазик во училиштата во Велес,Скопје,Прилеп и други градови. Јордан Х. К. -Џинот живеел и творел од 1821-1882 година. Прво негово книжевно дело било „Таблица перваја‘‘, еден практичен школски текст сличен на многубројните „таблици‘ во соседните држави. Џинот бил и еден од првите македонски стихотворци и прв македонски драмски писател,аколку што е познато тој напишал шест оригинални драмски сцени.Џинот бил најголем собирач на старини, особено собирач на книжевно-историски споменици и располагал со најголема збирка на ракописи.Најголем дел од старините на Џинот биле подарени или продадени на разни луѓе и установи во Белград.Најголемата пратка од такви споменици е од 1880 година. http://kurir.mk/republika/opstini/48933-Otvorena-Spomen-soba-za-Jordan-Hadzi-Konstantinov%E2%80%93Dzinot |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Извор: Информатор |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Празнично отворање на Меморијалниот музеј во Прилеп За одбележувањето на 70 - годишнината од оруженото востание на македонскиот народ на 11 Октомври 1941 година министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ќе го отвори реновираниот објект на Меморијалниот музеј „11-ти Октомври“. Министерството за култура и локалната самоуправа вложија околу три милиони денари во обновата на музејот. Ќе бидат изложени бројни документи, скици, карти, оружје и воена опрема, а посебен простор е оставен за учесниците, кои го започнаа вооруженото востание на 11 октомври. Обновен е и муралот на Борко Лазески, посветен на првата пушка во Прилеп.
Споменикот на Јосифовски - Питу, висок два ипол метри, е дело на професорот Жарко Башески. Догодина Алејата на десетте народни херои на Меморијалниот парк ќе биде збогатена со уште пет бисти на народни херои од Прилеп.http://www.time.mk/read/5a4b798c21/ebb903931c/index.html |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Пуштен во употреба Градски музеј во Крива Паланка
Понеделник, 29 Август 2011 12:29 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели По повод христијанскиот православен верски празник „Свети Јоаким Осоговски“ денеска во Крива Паланка беше пуштен во употреба Градски музеј, сместен во поранешната зграда на Домот на АРМ. - Отворањето на музејот ќе ја заживее културата на локално ниво и ќе создаде услови за развој на културниот туризам како фактор за социјалниот и за економскиот развој на градот, оцени министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на свеченоста. Министерството за култура, наведе, во изминатиот период поддржало повеќе активности кои ја збогатиле културната понуда на Крива Паланка: „Велигденскиот културен бран“, Паланечкото културно лето, Меѓународниот фолклорен фестивал, Меѓународниот театарски фестивал и ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“. Со пуштањето во употреба на Градскиот музеј беа претставена „Првата постојана историска поставка“, која ја прикажува историјата на Крива Паланка од нејзиното основање во 1633 година, во времето на турскиот везир Бајрам-паша“, како и „Првата постојана староградска етно поставка - заедничкиот градски живот и историја на Крива Паланка“, која што го отсликува кривопаланечкиот градскиот живот во времето на преродбата. - Крива Паланка беше единствената општина од градски тип во источниот дел од Македонија која што немаше своја музејска установа, што ќе го собира, документира, чува и презентира богатото движно културно-историско наследство, а тој проблем од денес е надминат, рече градоначалникот Арсенчо Алексовски. Преадаптацијата на Градскиот музеј и двата проекти со постановките финансиски се поддржани од Амбасадата на Кралството Норвешка воМакедонија, Меморијалниот фонд „Мери Елен Хеилбрун“ од САД, Министерството за култура и општина Крива Паланка. Градежните работи ги изврши градежната фирма „Белешков - инженеринг“ од Крива Паланка. ![]() http://kurir.mk/republika/opstini/40640-Pusten-vo-upotreba-Gradski-muzej-vo-Kriva-Palanka |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
bas naprotiv, edno od najubavite zdanija kaj nas od toj period, i odlicno e vklopen vo okolinata, a i prostorot vnatre se super. samo treba rekonstrukcija ama da ne se zagrozat avtorskite prava |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
The Museum of Macedonia - will the facade be renovated? How about the ground and the landscaping around the structure?
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Сум го посетил овој музеј во средно ,морам да кажам дека е најлошото здание од музеј во светот, тука требаше тој барокот а не таму низ центар, барем ке се уклопеше со околината,јас сум нашол некои убави фотки од тој простор пред земјотресот,дефинитивно тука не требало да има музеј ,овој музеј да се изградеше на старото место на турскиот затвор ќе беше топ.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
од Музејот инсистираат осветлението во изложбените сали да биде вештачко, како во сите музеи во светот.
- Тоа е одамна стандард и не треба да правиме експерименти - вели Јосифовски. Молам? ![]() |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
mnogu me interesira zosto nikoj ne ja konsultirase avtorkata na muzejot mimoza tomic pred da resi da si gi zadziduva staklata i da si go deli muzejot na 4... toa e sepak nejzino delo i kako takvo e zastiteno so avtorski prava...
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
ПоЧна реконструкциЈата на МузеЈот на МакедониЈа Нов покрив ќе го заштитува културното наследство Почна реконструкцијата на покривот на Музејот на Македонија во скопската Стара чаршија. Десетина градежни работници за околу два месеца треба да го изолираат и покријат објектот во кој се чува огромното културно и историско наследство на земјава. Санацијата се реализира со 6,5 милиони денари од Министерството за култура. - Конечно ќе го решиме проблемот што трае со години. Добрата
изолација на покривот е еден од предусловите Музејот нормално да работи и
да го сочуваме изложениот материјал - вели Перо Јосифовски, в.д.
директор на Музејот. Музејот на Македонија ќе се подели? Тим од Музејот подготвува елаборат за трансформација на
институцијата. Целта е Музејот на Македонија да се трансформира во
четири посебни музеи. Неизвесно е дали Владата и Министерството за
култура ќе ја прифатат идејата. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Ќе се гради „Етно куќа“ во Кочани
![]() Активностите предвидени за изградба на „Етно куќа“, проект добиен врз основа на апликацијата за финансирање проекти од Програмата за прекугранична соработка на Европската унија, беа презентирани во општина Кочани. |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“![]() Во рамките на проектот, покрај изградбата на новиот Дом на културата во населеното место Илинден е опфатено и реконструирањето, санирањето и опремувањето на девет домови на културата во другите населени места. Градоначалникот Жика Стојановски, заедно со дел од општинската администрација како и локални жители го посетија градилиштето со цел од прва рака да се запознаат со интензитетот на изградбата на новиот Дом на културата во населба Илинден. Притоа, можеа да се уверат дека комплетните градежни работи се одвиваат според предвидената динамика, така што до крајот на годината жителите на Илинден ќе добијат Дом на културата граден по сите светски стандарди. Партнери во реализацијата на целиот овој проект вреден 450.000 евра се Општина Илинден и Европската Унија која одвои 200.000 евра, средства добиени од проектот “Награди на општините“. Преостанатите 250.000 евра се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Во тек се градежните работи на санација и реконструкција и на домовите на културата во населените места Бујковци, Мршевци, Кадино и Бучинци, а веќе е избрана и фирмата изведувач што треба да го реконструира и Домот на културата во населеното место Текија. Домовите на културата ќе можат да ги користат месните заедници, невладините организации, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва... Со нивното оспособување ќе се обезбедат поволни услови за развој и унапредување на културата, како и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден. http://kurir.mk Четврток, 28 Април 2011 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1920212223 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |