Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#481 Posted: 21-Dec-2009 at 01:33 |
Originally posted by lslcrew
така да не е проблем доколку некое ситно ѓубренце се почува у џеб неколку метри.
|
со какво метро мериш ти?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#482 Posted: 21-Dec-2009 at 01:30 |
@ Vladimir Ми промакнало   @ Max Да, во во суштина треба да си го „причуваш“ отпадокот додека не најдеш канта, ама такви ситуации треба да се исклучок, а не да си принуден тоа да го правиш цело време затоа што кантите продолжуваат да бидат реткост. Убаво што донесоа строг закон за јавна чистота, ама дефинитивно прво треба значително да ја подобрат ситуацијата со кантите, а после тоа да го спроведуваат законот во континуитет - а не еднаш годишно ради шоу, демек еве работиме. Си стојам на тоа дека моменталнава поставеност на работите е обична фарса. Нема вистинско делување, се е импровизирано, несериозно и во стил „секое чудо за три дена“.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#483 Posted: 21-Dec-2009 at 01:28 |
Не е толку до канти. Секако дека се потребни нои се толкав предуслов ако се има воља да не се загадува околината. Често ми се случува во кола да чувам полни пепељари, хартии од бурек и разни хартивчиња , па да ги фрлам на првото место кај што ќе се паркиам, аима канта. така да не е проблем доколку некое ситно ѓубренце се почува у џеб неколку метри.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#484 Posted: 20-Dec-2009 at 23:49 |
Originally posted by Cloverstack
. За фрлање отпадоци на улица следува казна, ама канти не знам кого чекаат да им постави. Фарса! |
настрана споредбата но максимава е мантра за оправдување но дефинитивно наивна дилема, ова што треба да значи дека ако некаде нема знак за ограничување на брзина дека човек може да нагази до даска, се знае кое е правилото и се додека не наиде човек на знак кој го корегира истото треба и до него да се придржува, тоа значи ако нема корпа ке си спакува во џеб или кеса ѓубрето и кога ќе стигне до првата корпа макар била и на десет километра дури тогаш од него ќе се ослободи! ~ а што е до снегот и правилникот, нормално е да постојат заеднички одговорности, ова не е ништо ново, но доколку ревносно и редовно се спроведува ваквата обврска, народот ќе најде начин како да се изорганизира, па може една група дуќани да плати чистач кој ќе ги сервисира нивните обврски како правни субјекти! а за институциите тие во цел свет свет ја глават, но нивната одговорност е народна и се сноси на избори, додека обичниот граѓанин може да сноси само казнени санкции, кои сега со ова општественава работа наместо парична казна се во многу поповолна положба, освен ако немаат турбо суета па од срам се плашат да земат ракавици и метла...
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#485 Posted: 20-Dec-2009 at 21:58 |
Cloverstack,
Потполно се слагам дека треба казни буквално за СИТЕ
П.С. Иначе веста од Вест „ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ“ е веќе постиран на претходната страна
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#486 Posted: 20-Dec-2009 at 20:51 |
Уште како треба да се критикува кога има толку очигледна причина зошто... вчера и јас искусив како беа „исчистени“ главните булевари. Денеска го гледам Коце на телевизија, ме убедува дека брзо и ефикасно интервенирале (мада уфрли и неколку превентивни оправдувања од кои беше јасно дека ни тој самиот не очекува да му поверуваме)  Не ме зачудува ваквиот развој на настаните. Нели нас секоја зима снегот „традиционално“ не изненадува, а Коце како човек кој високо ги вреднува традициите, сигурно нема да дозволи оваа скопска традиција да се искорени така лесно.  Шала на страна, овај_стариов покрена едно многу важно прашање - казните. Јас сум 100% за строга казнена политика, ама институциите треба да даваат пример, а не да се изземени! До кога вака... граѓаните требало да чистат снег, а институциите можело да дремат. За фрлање отпадоци на улица следува казна, ама канти не знам кого чекаат да им постави. Фарса!
ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Ќе фрчат казни за неисчистен снег
Глобата е меѓу 30 и 50 евра или општокорисна работа во општината каде што живее казнетиот
Комуналните
инспектори ќе ги казнуваат граѓаните што нема да го чистат снегот пред
дворовите, трафиките, продавниците и кафулињата. Глобата е меѓу 30 и 50
евра или општокорисна работа во општината каде што живее казнетиот. Од Општина Центар потсетуваат дека отстапки нема да има и оти Законот за јавната чистота мора сите да го почитуваат. "Сите
сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови,
при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред
индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени
простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до
објектите. Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот
во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата",
објаснуваат од Општина Центар. Според најавите, ЈП "Улици и патишта"
е подготвено за најавените снежни врнежи и оттаму кажуваат дека по
скопските улици веќе се фрлени 60 тони сол. "Со специјално возило со
соларка се обиколени булеварите Александар Македонски, Кочо Рацин,
Крсте Петков - Мисирков, Словенија, Џон Кенеди, Никола Карев, сите
мостови во градот, клучката кон Маџари и клучката Дијамант", велат од
претпријатието. Засега јавниот превоз се одвива без застој, и нема доцнење ниту укинување на која било автобуска линија. Лани
дваесетина граѓани беа казнети бидејќи по снежните врнежи на ги
исчистиле влезовите и тротоарите пред нивните домови или деловни
објекти. (А.А.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=BAA2EAA33ABED5439DDED438240F81F4
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#487 Posted: 20-Dec-2009 at 19:19 |
Сите зборувате за неисчистени улици, но не заборавајте неисчистени третоари и автобуски станици на главните улици, а камо ли на споредните.
Постојат и пешаци кој кршат коски !
|
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#488 Posted: 20-Dec-2009 at 19:01 |
Секогаш постои простор за критика.
Според мене повеќе залужува критика брзината со која се пишуваат казните за неисчистен снег на граѓаните,а од друга страна јавните претпријатија не се ништо поарни.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#489 Posted: 20-Dec-2009 at 18:41 |
Вчера бев излезен од 5 до 2 сабајлето... верувајте ми дека цела Партизанска, улицата накај Населба Даме Груев - ГЕГЕ, ул. Никола Парапунов, како и цел Сарај не беа чепнати, ама воопшто... Знам дека многу критикувам по форумов, ама навистина ниту сол, ниту пак некое возило видов воопшто да чисти некаде низ Скопје.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#490 Posted: 20-Dec-2009 at 17:04 |
Јас можам да кажам единствено дека се прават луди пари со таа солта и песокта. Ниту мери некој, ниту контролира. Ако не верувате, прашајте некој од компаниите. Ама ние плаќаме, тоа е.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#491 Posted: 20-Dec-2009 at 16:27 |
Малку и ние ја претеруваме со овие критики,треба да бидеме потрпеливи,барем во денови како што беше вчера.Еве ги официалните податоци
Зимска служба: 350 тони сол фрлени по улиците во Скопје
Зимската служба на Град Скопје во текот на ноќта фрлија 350 тони сол на градските сообраќајници. Коловозите на улиците се чисти и проодни. Кризниот штаб за одржување на улиците во зимски услови од рано утрово врши дополнителни интервенции на “црните“ точки – подвозниците, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и на приодите кон јавните и здравствените институции, се вели во соопштението од Град Скопје.
Во расчитување на снегот од уулиците биле вклучени 12 специјални возила со соларки и снежни плугови.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска да ги расчистат приодите кон нивните објекти.
Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утрово нема скратување на автобуските линии во градот, но дека има и прекини и скратување на приградските линии.
|
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=65700&kategorija=1
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#492 Posted: 20-Dec-2009 at 14:16 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#493 Posted: 19-Dec-2009 at 21:20 |
Да прејдеме во зимски период 
2009-12-19
Но, кој ќе ги казни општините и градот ?
ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Ќе фрчат казни за неисчистен снег
Глобата е меѓу 30 и 50 евра или општокорисна работа во општината каде што живее казнетиот
Комуналните инспектори ќе ги казнуваат граѓаните што нема да го чистат снегот пред дворовите, трафиките, продавниците и кафулињата. Глобата е меѓу 30 и 50 евра или општокорисна работа во општината каде што живее казнетиот. Од Општина Центар потсетуваат дека отстапки нема да има и оти Законот за јавната чистота мора сите да го почитуваат. "Сите сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови, при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до објектите. Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата", објаснуваат од Општина Центар. Според најавите, ЈП "Улици и патишта" е подготвено за најавените снежни врнежи и оттаму кажуваат дека по скопските улици веќе се фрлени 60 тони сол. "Со специјално возило со соларка се обиколени булеварите Александар Македонски, Кочо Рацин, Крсте Петков - Мисирков, Словенија, Џон Кенеди, Никола Карев, сите мостови во градот, клучката кон Маџари и клучката Дијамант", велат од претпријатието. Засега јавниот превоз се одвива без застој, и нема доцнење ниту укинување на која било автобуска линија. Лани дваесетина граѓани беа казнети бидејќи по снежните врнежи на ги исчистиле влезовите и тротоарите пред нивните домови или деловни објекти. (А.А.)
|
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E7A217E7D2F64E43B7FE6BCEA5DB6DD0&arc=1
Edited by Cloverstack - 20-Dec-2009 at 01:15
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#494 Posted: 18-Dec-2009 at 16:12 |
Канти за ѓубре ни за лек
Иако
Законот за јавна чистота е во сила веќе една година, на
градските власти уште не им текнува да постават нови корпи за
отпадоци, па скопјани се принудени отпадоците да ги носат
со себе
Центарот на Скопје нема канти за ѓубре ни
за лек. За да фрлите хартивче или некое кесиче, треба да го
поминете цел Плоштад или улица Македонија. И тогаш
единствено место за фрлање на отпадокот е маалскиот
контејнер или картонските кутии пред дуќаните. Од некогаш
поставените канти останати се само рачките кои висат на
столбовите за улично осветлување, а некои и воопшто ги нема. Корпи нема ниту по Кејот, ниту во Градски парк, ниту пак по споредните улички. "Место
во корпи, ѓубрето мора да го фрламе во џеб. Нигде нема ќора
корпа. Инспектори нe демнат по улиците и ни се закануваат со
казни ако фрлиме нешто на улица, а не нe прашуваат во што да
фрламе. Нека ги казнат и градските власти што не се грижат за
хигиената и за тоа што не им текнува да постават канти", се
жалат скопјани. Од Градот признаваат дека урбаната
опрема на градските улици е во катастрофална состојба.
Вообичаено оттаму најавуваат дека в година Скопје ќе
добие нови функционлани корпи за отпадоци. "Дел од
старите корпи ќе ги поправиме, а на оние места каде фалат ќе
поставиме нови. Распишавме тендер за нови корпи и на
почетокот на следната година ќе почнеме да ги
поставуваме", велат од Градот. Повеќе од една година
функционира Законот за јавна чистота со кој е предвидуваат
казни за граѓаните кои фрлаат ѓубре на јавни површини. Но,
не постои законска регулатива за оние што не обезбедиле
место за отпадоци. Сe уште.
http://vest.com.mk/?ItemID=FDE064265005AE41ABF3ACBA81C2675D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#495 Posted: 03-Dec-2009 at 15:29 |
Акција за чистење речни корита.... 01.  02.  03.  04.  05.  06.  07.  08.  09.  10.  www.mia.com.mk
Edited by lslcrew - 03-Dec-2009 at 15:30
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#496 Posted: 14-Nov-2009 at 16:36 |
01.  02.  03.  04.  www.skopje.gov.mk
Edited by lslcrew - 14-Nov-2009 at 16:37
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#497 Posted: 14-Nov-2009 at 16:26 |
Нови 4.500 канти за град Скопје

Официјално денеска беа презентирани новите 20.000 индивидуални канти за отпад кои Владата ќе ги донира на општините во државата, а од кои 4.500 се наменети за Град Скопје. Станува збор за канти со просторен капацитет од 120 литри и за набавката на истите владата издвои 21 милион денари. Според премиерот Груевски, оваа продолжение на целокупната активност на Владата за зголемување на јавната хигиена, каде од страна на владата беа набавени 5.000 контејнери и донирани на општините. На презентацијата присуствуваа Премиерот , Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и директорот на ЈП “Комунална хигиена”, Ракип Дочи. Градоначалникот Трајановски се заблагодари на Владата за досегашната помош во оваа област и изјави дека Град Скопје и понатаму ќе работи на зголемувањето на хигиената и чистотата на главниот град. Досега набавивме 6 нови камиони за подигнување на сметот во Скопје, а деновиве ќе отпочнеме постапка за набавка на дополнителни 12 камиони. Наредната година, преку кредит од Светската банка, ќе набавиме дополнително уште 15 до 20 камиони со што значително ќе се подобри механизацијата на ЈП Комунална хигиена, рече градоначалникот Трајановски.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 14.11.2009 15:00:33 |
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=64199&kategorija=1
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#498 Posted: 13-Oct-2009 at 21:44 |
Тетово - град депонија?
13.10.2009 15:39
Еколошка
катастрофа му се заканува на градот. Ако деновиве не се донесе итно
решение каде да се носи сметот од Тетово, ќе останува на улиците. Ваков ултиматум до државните институции упатија од Јавното комунално претпријатие. Наместо
брзо да се реши како што беше најавено, ескалира проблемот со дивата
депонија. Веќе се собрани над 13 илјади тони отпадот. Половина година
секојдневно се носи, а не се изнесува. „Значи во следната фаза,
ние нема да го земаме ѓубрето од нашиве граѓани бидејќи нема кај да го
носиме. Јас апелирам до Владата на Република Македонија, до
Министерството за животна средина, да се изнајде начин ние да добиеме
инструкции или одобрение каде да го носиме ѓубрето во Тетово“, изјави
директорот на ЈКП - Тетово Хасан Лума. Со главоболки и кашлица
секојдневно живеат граѓаните на Тетово. Велат чадовите и смрдеата се
неподносливи, а уште повеќе стравуваат од ваквите слики на централните
булевари и најавата за преполни контејнери низ градот. „Па нека
си води сметка градоначалникот, нека си води тој ред, ние плаќаме
редовно. Тоа е брука, срамота е, овде има школо, детска градинка, не
можеме да отвориме прозорци. Да, тие на улица ќе го стават ѓубрето,
штом ќе дојде некој на власт одма прави проблеми со депонијата, тоа е
крив тој што дозволил тука да се постави депонијата“, велат тетовци. Пред
една недела осум полошки градоначалници, без гостиварскиот Руфи Османи,
имаа состанок со министерот за екологија Јакупи, но останаа без решение. Регионалната
депонија „Русино“ не се рестартира, за во скопска „Дрисла“ нема
согласност, а алтернативна локација за тетовскиот отпад се уште не е
најдена. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114909
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#499 Posted: 13-Oct-2009 at 14:09 |
Диви депонии постојано се создаваат на споредните улици |
|
|
Од јавното
претпријатие
„Комунална
хигиена“
велат дека
тешко можат да го соберат ѓубрето
од тесните улички, бидејќи возилата не можат да поминат, а
маалските дуќанчиња
и кафулиња
ги преполнувале
контејнерите
веднаш
откако тие ќе се испразнеле |
|
|
|
 |
|
Неподнослива
миризба, остатоци од храна, мрши од животни и градежен шут има покрај
контејнерите во споредните улички во центарот на градот. Зад трговскиот
центар „Буњаковец“ и кај грчката амбасада, на улицата Борка Талески, до
сендвичарницата „7“ контејнерите изгледаат како да не се исчистени цела
недела. Жителите на околните згради се жалат и велат дека миризбата од
депониите што се направени речиси пред нивните домови ја чувствуваат во
становите. Тие објаснуваат дека воопшто не ги ни гледаат, а ниту, пак,
ги слушаат камионите за собирање ѓубре.
- Од ден на ден има сé
повеќе ѓубре и отпадоци во контејнерите. Не можеме да поминеме покрај
нив од миризбата и од тоа што отпадоците понекогаш зафаќаат и половина
улица. Неколку пати сме се јавиле во „Комунална хигиена“ да им кажеме
да дојдат да го соберат ѓубрето. Половина час по повикот ѓубрето е
собрано, но од следниот ден ситуацијата се повторува. Живееме во
центарот на градот, а миризбата што ја има во нашите станови е како да
сме среде депонија - се жалат граѓаните од улицата Борка Талески.
И
минувачите во овој дел, кој се наоѓа во близина на трговскиот центар
„Буњаковец“, велат дека е недозволиво едно од најпрометните места во
градот да биде толку валкано.
- Трговските центри секаде во
светот блескаат од чистота, особено оние што се во центарот на градот,
а не како што е случајот со трговскиот „Буњаковец“. Не смее да се
дозволи да се создаде минидепонија покрај едно од најпосетуваните места
во градот - велат минувачите.
Пред повеќе од половина година
од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ најавија дека ѓубрето по
улиците мора да се фрла во одреден период од денот, пред да поминат
службите на претпријатието. Според претпријатието сите контејнери се
чистеле во предвидениот временски период и за само еден ден се
создавало ѓубре што зафаќа голем дел од коловозот.
- Точно е
дека контејнерите кај грчката амбасада и зад трговскиот центар
„Буњаковец“ ни се проблем. Тоа се потешко проодни места за нашите
камиони, а за ситуацијата да биде уште полоша на тие локации има и
многу дуќанчиња и кафулиња кои во контејнерите фрлаат цели кутии. Така
се преполнуваат контејнерите и потоа граѓаните ѓубрето го оставаат
надвор, а мачките и кучињата ги растураат ќесите. Свесни сме за
ситуацијата, токму поради тоа и нашите служби редовно ги празнат тие
контејнери, но на луѓето не можеме со сила да ги натераме ѓубрето да го
фрлаат како што е пропишано со законот - објасни Катерина Лаова,
портпаролка на „Комунална хигиена“.
Оттаму додадоа дека за да
се одржува чистотата во градот, мора и кај граѓаните да се развие
поголема свест. Тие велат дека само неколку часа откако ќе се исчисти
некој контејнер, околу него повторно има отпадоци.
- Неколку
пати сме разговарале со сопственици на дуќани и на локали кутиите да ги
расклопуваат и да ги оставаат до контејнерите за да ни биде полесно да
ги собереме, но речиси никој не го практикува тоа. Неколку пати сме
биле и сведоци како жители на згради од прозорци ги фрлаат ќесите со
ѓубре и тоа во центарот на градот. Ние и двапати дневно да собираме
отпадоци, нема да можеме да постигнеме да исчистиме сé, зашто жителите
не се свесни дека самите си прават лошо со тоа што не го фрлаат ѓубрето
како што треба - додаде Лаова. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10139931218&id=14&prilog=0&setIzdanie=21810
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#500 Posted: 10-Oct-2009 at 16:30 |
ГРАД СКОПЈЕ
Стигнаа контејнери
Град
Скопје ја доби и последната пратка од вкупно 1.314 контејнери донација
од Владата. Поголемиот дел од нив се веќе распоредени низ скопските
општини. Во општина Центар контејнерите се поставени, а во текот на
неделава тоа ќе се направи и во Ѓорче Петров, каде што ќе бидат
лоцирани уште 20 контејнери и уште 30 на територијата на општина
Карпош. На преостанатите нови контејнери им се монтираат тркала, по што
и тие ќе бидат распоредени по општините според предвидениот план. Како
што велат од Градот, на нив ќе има и известување за тоа во кој
временски период граѓаните треба да го фрлаат ѓубрето од домаќинствата,
како и апел да не ги паркираат своите возила близу до контејнерите. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1836&ArticleID=123750
|
 |