![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 159> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ КАЈ СТАРАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА
Улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата Стив Наумов за 30 дена ќе биде реконструирана и ќе биде обновено страничното зеленило. - Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег – рече Шилегов. Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено зеленилото и ќе бидат заменети постојните рабници. Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена. Минатата година во овој дел од градот се реконструираше бул. Кочо Рацин и ул. Павел Шатев кои се вкрстуваат со ул. 11-ти Октомври. Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до бул. Кочо Рацин на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај. Дел од улиците кои започна да ги реконструира Градот во текот на оваа градежна сезона веќе влегуваат во фаза на поставување на хоризонтална патна сигнализација и набргу ќе бидат пуштени во употреба. Реконструкциите завршуваат во рекордно кратки рокови, а на дел од булеварите се работи и ноќе со цел колку што е можно побрзо да бидат завршени за да можеме поскоро да бидат пуштиме во употреба. Крајната цел е воспоставувањето на ефикасен и безбеден сообраќај кој ќе ги почитува принципите на одржлива урбана мобилност и полека но сигурно, чекор по чекор да станува наше секојдневие. Градоначалникот Шилегов упати и апел до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да ја почитуваат поставената сигнализација. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Од мојата тура по дел од ул.Никола Карев,се спремаат за асфалтирање на десната страна
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() тротоарите се раскопани поради преместување некакви инсталации ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Вака изгледа улицата 11 Октомври пред почетокот на реконструкцијата. Фотографиите нека бидат за потсетување и споредба со она што почнуваме да го правиме на оваа улица, а резултатот ќе го видиме по еден месец.
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Целосен ремонт на 13 километри сообраќајници
Пандемијата од Ковид-19 сè уште трае, но животот барем засега полека се враќа во нормала. Речиси сите граѓани се враќаат на своите работни места, а дел од учениците повторно ќе седнат во училишните клупи. Новото нормално веќе е забележливо меѓу луѓето, но старите навики останаа, а со тоа и вечниот проблем што го има градот Скопје со сообраќајниот метеж. Пред почетокот на есента половина град е раскопан со реконструкција на улици. Речиси и да нема дел од градот каде во текот на целиот ден не се прави сообраќаен метеж затоа што дел од улиците и булеварите се затворени заради реконструкција. Во оваа офанзива ќе се направи ремонт на 13 километри сообраќајници. Градските власти за тоа апелираат граѓаните да имаат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини, а сега да користат алтернативни улици за движење. РАСКОПАНО ОД БУТЕЛ ДО КАРПОШ Шест поголеми улици во неколку општини се зафатени со реконструкција. Се реконструира улицата „Никола Карев“, кај Железничка станица, втората делница од улицата „Лазар Личеноски“, улицата „Македонско-косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во Чаир, како и „Боца Иванова“ во Бутел и уште една делница од улицата „Благоја Стефковски“, во Гази Баба. И дел од булеварите се зафатени со реконструкција и со градежната сообраќајна офанзива која ја најавуваа властите. Па така реконструкција се прави на булеварот „8 Септември“ каде ќе се градат и велосипедски патеки. За прв пат велосипедистите ќе може безбедно да го користат и булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда откако и тој ќе биде реконструиран и ќе се направат велосипедски патеки. Во Општина Аеродром се реконструира булеварот „Видое Смилевски-Бато“. ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 6,4 МИЛИОНИ ЕВРА За реконструкција на сите овие булевари и улици градот ќе потроши вкупно 393,5 милиони денари или речиси 6,4 милиони евра. Од овие средства 272,3 милиони денари или 4,4 милиони евра се за реконструкција на булеварите, а на улиците ќе се потрошат останатите 121,2 милиони денари или нешто помалку од два милиони евра. Кај булеварите најмногу пари ќе се потрошат за реконструкција на булеварот „Александар Македонски“. Реконструкцијата тука се одвива на потегот од крстосницата со улица „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат три различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации, а исто така ќе се изврши и експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека. На потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“ ќе се реконструира булеварот „8 Септември“. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри. Станува збор за релација која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Исто така ќе се изведе и нова велосипедска патека со што ќе се заврши таканаречениот Конектор број 5 и ќе се поврзат населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Планирано е да се формира и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе се уреди и средишна жардиниера. За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ. На булеварот „Видое Смилевски-Бато“ предвидено е да се направи целосна реконструкција во двете насоки, да се заменат оштетените рабници и да се направи нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на овој проект е 27,3 милиони денари. Најмногу пари за реконструкција ќе се потрошат на улицата „Македонско-косовска бригада“ и тоа околу 56 милиони денари. На делницата од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“ ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација. Градските власти велат дека оваа фаза всушност е изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонско-косовска бригада“. Во текот на наредната година се очекува да почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак и со тоа овој дел ќе се поврзе со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ. На булеварот „Видое Смилевски-Бато“ предвидено е да се направи целосна реконструкција во двете насоки, да се заменат оштетените рабници и да се направи нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на овој проект е 27,3 милиони денари. Најмногу пари за реконструкција ќе се потрошат на улицата „Македонско-косовска бригада“ и тоа околу 56 милиони денари. На делницата од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“ ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација. Градските власти велат дека оваа фаза всушност е изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонско-косовска бригада“. Во текот на наредната година се очекува да почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак и со тоа овој дел ќе се поврзе со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Улицата „Лазар Личеноски“, се реконструира на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници Градежни екипи работат и на реконструкција на улицата „Никола Карев“ на потегот од крстосницата со улицата „Трета македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“, на должина од 510 метри. Од Градот велат дека по изградбата на улицата „Есенинова“ која веќе е почната и со реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 минути. Дополнително, на улицата „Никола Карев“ се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и булеварот „Трета македонска бригада“, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром Улицата „Боца Иванова“, во општина Бутел, се реконструира во должина од 800 метри и тоа на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“. Втората фаза од реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата „Перо Наков“ до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри. По завршувањето на втората фаза планирано е да се почне со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана. Се гради и ново, не се поправа само старото Освен реконструкција на постоечките, Град Скопје го гради и новиот булевар „Босна и Херцеговина“. Реализацијата на овој капитален проект се одвива во две фази. Првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата на булеварот „Словенија“ и улицата „Македонско-косовска бригада“ до крстосницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по три коловозни ленти во двата правца, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ до крстосницата со улиците „Ќемал Сејфула“ и „Бутелска“. Булеварот на овој потег ќе биде долг околу 500 метри, широк 40 метри, со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило. Со изградбата на новиот булевар, граѓаните на Бутел, Чаир, Шуто Оризари и на Железара ќе имаат целосно булеварско решение со кое се спојуваат булеварот „Словенија“, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. https://www.porta3.mk/celosen-remont-na-13-kilometri-soobrakjajnici/ |
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Da treba toa se da se smachka se do renoviraniot del od Jane Sandanski. Mislam deka e sreden do zgradata na ZSF sto ja gradat. Toa plus Kiro Gligorov i ke podzalicat barem glavnite gradski ulici.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Дај боже да е така,барем да се исплати застојот и колоните што се создаваат и конечно да се воспостават повисоки стандарди на изведба. Овој булевар е секако многу оптеретен и треба одлична изведба...ме нервира што не ги санираат оние бреговите(вдлабнатини) на потегот околу Транспортен многу се незгодни и плус се собира многу вода при секој помал дожд. Можеби во некоја следна тура,следно лето...
|
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Denes ja vozev rehabilitiranata delnica na bulevarot Aleksandar Makedonski na izlezot od Skopje. Da vi kazam treba firmata koja go rabotela da gi dobie site tenderi za patista i ulici niz drzavata, ednostavno pista ramno, ne se sporeduva ni partiznaska, ni plasticarska (mn loso izvedena) nitu edna druga ulica. Da se nadevame deka toa e nov standard po koj ke se pravat ulicite i patistata od sega natamu.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Од реконструкција на ул.Салвадор Аљенде-Центар
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Завршен и спремен за употреба булеварот Александар Македонски во делот на спојувањето на излезот од градот со автопатот кај Маџари.
Продолжуваме интензивно на целосна реконструкција на источниот влез/излез во градот, во вкупна должина од 10.6 километри. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/petreshilegov |
||
![]() |
||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
|
Ако имам добро разбрано, идеата со овие лежечки е да имаат таква ширина за да и сметаат на обична кола, но да не се не прешироки па така што комбе на брза помош или пожарна да можат непречено да ги земат "меѓу ноѕе", без застанување |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Вистина будно ја следеле временската прогноза; патот е закрпен, квалитетот е ффиромски. Толку да не можат да не схебат тазе среден пат? |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Nik ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Sep-2020 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Зошто Бутелска не ви е приоритет?
Улицата буквално е каратер до кратер, возиш слалом за да ги избегнеш дупките. Срамота! |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Крстосницата кај Бит-пазар рекордер според сообраќајната фреквенција
Истражување на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје Не е ништо ново дека во Скопје сообраќајот е една од најболните теми и за граѓаните и за локалните власти. Растоварувањето на градскиот метеж, според декларациите на властите, е еден од главните приоритети. Најголемите метежи низ градот се токму во оние периоди кога граѓаните одат и си заминуваат од работните места, а тоа го говорат и официјалните бројки од страна на Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје (ЦУКС). Центарот има поставено таканаречени јамки на крстосниците на 80 локации, за да добие точни податоци за бројот на возила што циркулираат низ градот, а сето тоа за да се дознае точно кои сообраќајници се најпроблематични и да се одговори на потребите на возачите, односно да се добие појасна слика за тоа кои сообраќајници имаат потреба од проширување и слично. – Поголем број возила ЦУКС евидентира единствено во неколку термини во текот на денот, и тоа во осум часот наутро, во 15 часот и во периодот од 16 до 17 часот попладне, кога повеќето граѓани на Скопје ги напуштаат своите работни организации и се упатуваат кон посакуваните дестинации – информираат оттаму. Од центарот велат дека најголемата раздвиженост и фреквентност од возила се на булеварот Гоце Делчев, и тоа особено на крстосницата со булеварот Крсте Мисирков. – На оваа крстосница дневно минуваат речиси 80 илјади возила, или поточно 78.862 возила на ден – информираат оттаму. Бројката на возила што циркулираат на најфреквентните крстосници не зависи само од дневниот шпиц туку и од периодот во годината. Токму тоа е причината поради која сообраќајниците најчесто се реконструираат во летниот период, кога се очекува граѓаните да ги користат своите годишни одмори, а со тоа и да биде намалена фреквенцијата на возила. Есента речиси секогаш го најавува метежот затоа што со завршувањето на летото, сите се враќаат на своите работни обврски. Од ЦУКС велат дека податоците се различни и во зависност од правецот на движење на возилата. – На дневно ниво, од Бит-пазар влегуваат околу 14 илјади возила, од МТВ околу 18 илјади, од МАНУ околу 24 илјади, додека од Универзитетската библиотека во крстосницата на дневно ниво во септември се слеваат околу 23 илјади возила – информираат од Центарот. Најголемиот сообраќаен метеж се случува во централното градско подрачје, каде што речиси нема период од денот кога на некоја сообраќајница нема зголемен број на возила. – Според податоците за бројот на возила што пристигнуваат во Центарот, најмал број возила има на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Никола Парапунов кај мостот Обединети нации, крстосницата помеѓу булеварот Борис Трајковски и улицата Народни херои во Кисела Вода, како и по должината на булеварот Видое Смилевски-Бато, од што може да се заклучи дека најголемата фреквенција на возила сепак се забележува во централното градско подрачје, каде што речиси нема период во текот на денот да нема сообраќајно обременување на некоја улица или булевар – заклучуваат од ЦУКС. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/крстосницата-кај-бит-пазар-рекордер-с/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ОБНОВЕНА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ, ВО ГАЗИ БАБА
![]() ![]() ![]() ![]() Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во третата фаза од реконструкцијата на оваа улица е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград, со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што ги поврзува населбите Маџари и Ченто. https://www.facebook.com/CityofSkopje Edited by stef4o - 26-Sep-2020 at 12:51 |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Овие платоа се супер, проблем е што кај шампионче во кисела вода се поставени на несоодветни позиции каде улицата е многу широка и сите ги заобиколуваат.
Позитивен пример е во Капиштец кај новото училиште каде нема шанси некој да ги избегне. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Чија идеја се ваквите лежечки полицајци? Многу се непрактични, цела кола неретко не може да помине врз нив, а сите полвично ги одбегнуваат по средина. Зошто не се преку цела улица? |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Градоначалници на главни градови веќе почнаа да се фалат за подигнати пешачки премини...
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ПОДИГНАТ ПЕШАЧКИ ПРЕМИН ЗА СМИРУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ НА УЛИЦАТА КОЗЛЕ
![]() ![]() ![]() По барање на околните жители и по зачестените сообраќајни незгоди во овој дел од градот, на улицата Козле е поставен подигнат пешачки премин за смирување на сообраќајот. Со поставувањето на овој подигнат пешачки премин ќе се намали брзината на на движење на возилата во овој дел од населбата Козле и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. https://www.facebook.com/p.shilegov/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Украдените капаци од шахти отвораат длабоки проблеми
![]() Зачестена појава што станува сериозен предизвик и за граѓаните и за ЈП „Водовод и канализација“ Отворени канализации и шахти без капаци е зачестена слика низ улиците, парковите, тротоарите, но и помеѓу куќите и зградите во населбите низ градот. Честопати се случува да пропадне во отворена шахта некое лице или едно тркало на возило. Малите деца се најчести жртви на вакви незгоди, затоа што при играње и трчање честопати не ги забележуваат дупките, а досега, за среќа, не се случил посериозен инцидент, кој би одзел и човечки живот. И за сите тие незгоди, најчесто, причина се граѓаните, кои ги крадат капаците за да ги препродаваат како старо железо. – Отсекогаш било познато зошто ги крадат капаците. Истите тие ги препродаваат како старо железо за да земат пари. Сега не знам колку можат да ги продадат тука, затоа што мислам дека и откупувачите на железо се плашат да ги земаат, за да не си направат проблем. Но тоа секогаш може да се реши со уништување на обележјата на капаците или, пак, намерно кршење, за да не се види дека се капаци од канализациски мрежи. Јас сум сведок дека по должината на мојата улица тоа е честа појава. А токму пред некој ден и на соседната улица имаше отворена шахта на самата улица и јас повторно пријавив. Знаете ли колку возила нагло кочеа за да не пропаднат или, пак, нагло вртеа во другата лента за да избегнат материјална штета? Со тоа си го ризикуваа сопствениот живот, но и животите на другите, затоа што и од спротивната лента се случуваа нагли вртења за да се избегне директен судир помеѓу возилата – вели Гоце Петревски од Автокоманда. Мајка на шестгодишно дете, пак, раскажува дека нејзиното дете пропаднало во отворена атмосферска канализација. Вели дека, за среќа, го држела детето за рака и успеала да го додржи да не пропадне целосно внатре. – Вообичаено силно го држам син ми за рака, затоа што е палав и знае да ми избега. Среќа што во тој момент додека чекоревме веќе го забележав отворот, но и цврсто го држев за да не пропадне. Бевме залетани и воопшто не увидов дека мрежите од сливниците се извадени. Добро е што немаше никакви посериозни последици и што сѐ помина во најдобар ред – раскажува скопјанката Роза Миленковска. И велосипедистите велат дека имаат проблем со отворените шахти и дека, поради тоа, често им се оштетуваат велосипедите. – Не може секаде однапред да се види отворена шахта. Додека да видиш, веќе тркалото ти удрило во дупката и се искривило. Еднаш дури и се превртев од велосипедот и паднав прелетувајќи преку него. Немав посериозни повреди, но сепак тој што ги краде капаците треба да има малку совест дека ризикува човечки животи – објаснува велосипедистот Александар Трајановски. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека кражбата на капаци, како и на решетки на сливници, е честа појава и дека сето тоа продолжува и покрај апелите да не се прави тоа. – Во минатото оваа појава беше карактеристична за периферните делови на градот, но, за жал, со овој проблем се соочуваме и во централното градско подрачје. Со нивната кражба претпријатието претрпува големи штети, бидејќи не е проблем само нивната замена, туку и тоа што до нивната замена постои голема веројатност да се нанесе штета во самиот канализациски систем, затнување, со што ќе бидат оштетени и граѓаните, меѓу кои може да бидат и самите сторители. Секоја потврдена кражба на капаците или решетките за сливниците се пријавува во МВР и оттаму соодветно се постапува по пријавите – информираат од водоводното претпријатие. Оттаму додаваат дека не знаат зошто се крадат капаците и истакнуваат дека причината за тоа останува енигма. Но исто така велат дека времето на реакција за да се санира што побргу проблемот настанат со недостиг или оштетување на шахтите е доста скратено, односно интервенциите по оваа основа се многу побрзи од порано, за што сведочат и повеќе анкетирани граѓани. Во секој случај, виновниците за ваквите несакани појави, според упатените, се добро позната категорија граѓани на кои треба многу поинтензивно да им се посвети внимание и од едукативен и инклузивен аспект. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/украдените-капаци-од-шахти-отвораат-д/ |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Јас како што разбрав, експропријацијата е за изградба на велосипедските патеки, веројатно за делот кај клучка Маџари. Трета лента е тешко да се направи затоа што пречат железничките мостови. Би можело некако да се изведе проширување на коловозот но тоа да биде повеќе на сметка на средишното зеленило (~2 m) и нешто помалку на тротоарот (~1,5 м). Но потоа би требало да се премостат и тротоарот и велосипедската патека некако. Така да, мислам дека не е вклучено вакво проширување во тековните зафати.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |