Author |
Topic Search Topic Options
|
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#41 Posted: 06-Dec-2011 at 23:44 |
За голем поздрав. Ова е многу позитивна работа. Иако и самото компостирање и производство на ѓубриво не е лоша работа. Можат да комбинираат... пола пола... или зависи од потребите... пола отпад да оди за топлинска и електрична енергија, пола за ѓубриво... Во секој случај, само напред со оваа акција... Да слушаме и да учествуваме во уште повеќе вакви позитивни промени во иднина... и тоа блиска 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 06-Dec-2011 at 23:30 |
Десет илјади семејства ќе двојат биоотпад

„Kомунална
хигиена“ во една општина ќе подели 10.000 канти за биоразградлив отпад,
по што граѓаните во нив ќе ги фрлаат одвоено само остатоците од храна и
преостанатото ѓубре, кое е со органско потекло
Селекцијата на биоотпадот, на која досега не ~ се обрнуваше никакво
значително внимание, наскоро ќе биде секојдневие на десетици илјадни
скопјани, кои во посебна канта ќе го собираат таканаречениот влажен
отпад што го создаваат. Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ кон
крајот на годината во една општина ќе подели 10.000 канти за
биоразградлив отпад, по што граѓаните во нив ќе ги фрлаат одвоено само
остатоците од храна и преостанатото ѓубре, кое е со органско потекло,
како трева и друг градинарски отпад и слично. Со тоа кај нас за првпат
ќе биде воведена помасовна организирана селекција на отпад во
домаќинствата, практика која во европските земји е одамна установена и
која и ние мора да ја воведеме во согласност со стандардите и
директивите на ЕУ.
- Од нашите анализи околу количеството отпад
што се депонира ќе зависи во која општина ќе се спроведе пилот-проектот.
Извесно е дека на 10.000 индивидуални домаќинства ќе им биде поделена
уште по една канта во која ќе го фрлаат т. н. влажен биоразградлив
отпад. Првата канта ќе биде за сувата фракција – вели Ана Марија
Бранѓолица, портпарол во „Kомунална хигиена“.
Помалку депониски гас и исцедок
Во
Македонија, според Националниот план за управување со отпад
(2009-2020), годишно во домаќинствата се создаваат околу 570.000 тони
комунален отпад или околу 313 килограми на човек. Од него 150.000 тони е
органски отпад, околу 15.000 тони дрво, 70.000 тони хартија и картон,
20.000 тони стакло, 17.000 тони текстил, а преостанатото е пластика,
метал, отпад од пакувања, друг отпад, фини мешани честички. На
биоразградливиот дел отпаѓа дури и до 60 отсто од вкупниот комунален
смет, што е голем предизвик во управувањето со отпадот.
Моментално
ситуацијата со депонирањето е очајна. Од 45 депонии само скопската
„Дрисла“ е градена според стандарди и има дозвола за работа, а
преостанатите се комунални и диви депонии каде што заедно се фрла
секаков вид отпад - комунален, опасен, медицински, градежен, индустриски
итн. За селекција и за рециклирање не станува збор, а поради мешањето
на опасниот и на неопасниот смет, речиси половина од депониите се
високоризични.
Од друга страна, бенефитите од одвојувањето на
органскиот од другиот отпад се многукратни и одат на сметка и на
економијата и на екологијата.
- Биоразградливиот отпад под
дејство на микроорганизми и други фактори се распаѓа на депониите при
што се произведува депониски гас, кој главно се состои од метан. Тој е
21 пат посилен како стакленички гас од јаглерод диоксидот, а го
зголемува и ризикот од пожари на депониите. Распаѓањето на биоотпадот
има негативно влијание и врз исцедокот од депонијата. Ако се намали
количеството биоотпад на депониите, ќе има помалку стакленички гас,
помалку исцедок, ќе се создаде нова вредност од ѓубрето и ќе се продолжи
векот на експлоатација на депонијата – вели Филип Иванов, директор на
Управата за животна средина и автор на една студија за преработка на
биоотпад.
Според него, една од главните предности на биолошкиот
третман на влажниот отпад е производството на компост, кој се користи во
земјоделството за подобрување на почвата, а со употребата се спречуваат
исцрпување на органската материја и ерозијата на земјиштето.
Kомпостирањето е природен циклус на претворање на органското ѓубре во
хумус и ја намалува потребата од употреба на други видови ѓубрива.
Ако можат Италијанците...
За
предностите од производство на компост неодамна потсети Италијанецот
Енцо Фавоино, експерт за биоотпад, кој учествуваше на меѓународната
конференција за одржливо управување со отпад, што се одржа во Скопје.
-
Во САД веќе има депонии само за градинарски отпад, а на комуналните
депонии е забрането да се депонира органски отпад, што е дополнителен
чекор напред од она што се прави во Европа. Биоотпадот има централна
улога во многу стратегии за управување со отпад во ЕУ затоа што
наредните години ефектот на стаклени градини ќе се зголемува и мора да
се намали продукцијата на депониски гас. Од друга страна, и органските
материи треба да се вратат во почвата со употреба на компост затоа што
таа осиромашува. Предуслов е посебното прибирање на биоразградливиот
отпад, што е практика во многу земји од ЕУ. Во Холандија секоја општина
прибира биоотпад и врши компостирање, во Австрија е развиено и домашното
компостирање. Од 60 милиони Италијанци 20 се во шемата за собирање
биоотпад. Имаме селекција во Наполи, во Палермо... Ако можевме ние,
можете и вие. За ова не ви е потребен цел век, може да го воведете за
една година оти нема значителни трошоци - порача Фавоино.
„Дрисла“ како ороводец
Во Законот за управувањето со отпад е наведено дека пред да се
отстрани отпадот треба да биде подложен на механички, физички, хемиски,
термички или на биолошки третман, со цел да се намалат количеството на
отпадот, неговиот волумен и негативните влијанија врз животната средина и
врз животот и здравјето на луѓето. Законот не се почитува, но се прават
првите обиди.
- ЈП „Дрисла“ планира да воведе нова технолошка
линија, која се однесува на биолошки третман на биоразградливиот отпад,
со можност за евентуално енергетско искористување на гасовите, кои се
продуцираат од самиот процес. Една од најголемите инвестиции е конечната
преработка на биоотпадот со технологија која му дава повторна употребна
вредност. Најверојатно, ќе се гради биодигестор каде што ќе имаме
екстракција на гасовите и нивна употреба за производство на топлинска и
електрична енергија. Се предвидува дека околу 50.000 тони биоразгардалив
отпад ќе се третираат во овој биодигестор. Ќе градиме и компостарница
за зелениот отпад што доаѓа од градот каде што ќе се третираат од 10.000
до 15.000 тони годишно – вели Горан Ангелов, генерален директор на
„Дрисла“. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D47EA00437607E4E8D417170CCA1387C |
|
 |
Marteen
Newbiе
Joined: 24-Aug-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#43 Posted: 08-Oct-2011 at 04:03 |
Originally posted by Djole88
И уште нешто. Во градов немам приметено вакви канти. Конкретно ми треба негде во реонот Козле-Капиштец-Тафталиџе. Дали има канти за рециклирање и каде???? Сакам да пробам да го применувам тоа што го зборам во пракса 
|
Не е во Капиштец но блиску е ако сакаш да се размрдаш на ул. 50 Дивизија во Центар имаш канти за хартија и пластика посебно.  Ова со рециклирањето на одпад е одлична работа, win-win ситуација за сите. Треба со флаери, спотови и на други начини да се подигне јавнтата свест за двоењето на одпад. А исто мора да се постават и повеќе канти низ градовите, не сум приметил на многу места (на факултет имам приметено картонска корпа за хартија има поставено од поодамна).
|
 |
Djole88
Senior Member
Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
|
Quote Reply
#44 Posted: 07-Oct-2011 at 23:45 |
Е колку време зборам во НВО(NGO) секторот дека треба парите на вакви проекти да се трошат. Ама упорно никој не обраќа внимание на средината, особено не на рециклажата Малку само паралела. Годинава бев 4 месеци во Америка, не е важно каде. На источна обала во куќа изнајмувавме соба. Уште првиот ден имавме писмо од газдата на куќата, дека според закон е обавезно да се селектира ѓубрето при фрлањето. Стакло посебно, картон посебно, пластика и лименки посебно. Се друго како генерално ѓубре. Ние секако се придржувавме до тоа. Ама затоа еден Бугар јадеше казна од некои 500долари зошто фрли 4-5 шишиња пиво во генералното ѓубре. Со ваков механизам и со законски мерки може малку да се влее страв и тоа да се направи и кај нас. Не дека ќе имаме милион инспектори па ќе шетаат и ќе гледаат што се фрла, едноставно кај совесните луѓе ќе проработи свеста и ќе си речат, зошто да ризикувам со казна од 300еур кога можам да селектирам отпад. Е кога ќе стигнеме на тоа ниво, тогаш ќе може да се каже сме напреднале едно ниво во човековата еволуција И уште нешто. Во градов немам приметено вакви канти. Конкретно ми треба негде во реонот Козле-Капиштец-Тафталиџе. Дали има канти за рециклирање и каде???? Сакам да пробам да го применувам тоа што го зборам во пракса
|
 |
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
|
Quote Reply
#45 Posted: 07-Oct-2011 at 10:16 |
Проектов со легалните собирачи/селектори на отпад убива три муви со еден замав. Прво тие што собираат, се административно регулирани како луѓе со работа и приходи. Второ со селекција на отпадот, многу пефикасен станува процесот на рециклирање. Трето на легалните собирачи им се доделуваат велосипеди, со што процесот на транспорт на селектираниот отпад неможе да биде поеколошки.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 07-Oct-2011 at 00:28 |
Слабо следиме вакви теми, само ме зачудува ова. Далеку дека Македонија е лидер со толку малку легални собирачи, ама голем простор има ако веќе тргнало.
Легален ѓубреџија за четири месеци заработува 100.000 денари
Резултатите
од собраните 84 тони хартија, 33 тони пластика и 340 тони лименки беа
соопштени на вчерашната прес-конференција што се одржа во рециклажниот
двор на ЈП "Комунална хигиена", а јасно говорат дека овој проект се
покажа како доста успешен и во иднина ветува многу
Проектот
на УСАИД за рециклирање пластика започна пред четири месеци во
соработка со ЈП Комунална хигиена" и Пакомак". Во него беа вклучени 19
легални собирачи за празнење на трикоморните мрежести контејнери за
селективно собирање отпадна пластика, хартија и лименки, а ја претвори
Македонија во лидер на регионот во рециклирањето пластика. Резултатите
од собраните 84 тони хартија, 33 тони пластика и 340 тони лименки беа
соопштени на вчерашната прес-конференција што се одржа во рециклажниот
двор на ЈП Комунална хигиена", а јасно говорат дека овој проект се
покажа како доста успешен и во иднина ветува многу. - Секој почеток е
тежок, но за кратко време успеавме да покажеме дека успеавме многу. Во
новиот рециклажен двор во Вардариште, што во моментов е во изградба,
планираме да вклучиме уште неколку легални собирачи на пластика. Иако
имавме проблеми со пет собирачи од првата група, кои неодговорно си ја
вршеа својата работа, сепак, собирањето за нив е економски оправдан
бизнис. Го велам ова, бидејќи некои од нив успеаја да заработат по околу
100.000 денари за четири месеци, што е плата повисока од просечната
плата на повеќето вработени во ЈП Комунална хигиена", откри директорот
Ракип Дочи, притоа додавајќи дека иако постојат исклучоци кои не ги
почитуваа точките од потпишаните договори и ги празнеле контејнерите кои
не спаѓаат во нивните реони, сепак тој е задоволен од досегашната
работа на собирачите.
Проектот за рециклирање пластика освен што ја подобри динамиката и
количината на собрано ѓубре, им ги олесни и секојдневијата на
собирачите, кои повеќе не се мета на полицијата, а им го подобри и
здравјето, зашто тие сега носат посебна облека што ги штити од бактерии и
инфекции. - Освен новите 5 вработени кои ќе ги заменат старите
неоодговорни собирачи, УСАИД за неполни два месеци ќе донира и нови
велосипеди за собирачите, со што се надева дека ќе им ја олесни
работата. Морам да напоменам и дека Македонија пополека, но сигурно ги
надминува стандардите на Европската унија за рециклирање и со овој
проект кој трае само четири месеци донесе два пати подобри резултати од
минатите години, додаде директорот на УСАИД, Роберт Вудс, кој на
вчерашниот прес ги додели и наградите за највредните и најпрофитните
собирачи. Првата награда му припадна на Асап Реџер. Освен наградените на
прес-конференцијата работно место добија и уште петмина легални
собирачи, кои од денес ќе бидат распоредени низ општините Горче Петров,
Центар и Карпош. http://vecer.com.mk/?ItemID=2229D9C032DFE446922BF6222031EC7A
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#47 Posted: 10-Jun-2011 at 16:26 |
Во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“ ПРОМОВИРАН СИСТЕМОТ ЗА СОБИРАЊЕ СЕЛЕКТИРАН ОТПАД ОД ПАКУВАЊА ОД СТРАНА НА НЕФОРМАЛНИ СОБИРАЧИ
| | Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.06.2011 година/ присуствуваше на промоцијата на првата група неформални собирачи на отпад кои што ќе бидат дел од интегрираниот систем на ЈП „Комунална хигиена“ за селектирање и преработка на отпадот од пакувања. Првите 19 неформални собирачи на селектиран отпад денеска потпишаа договори со ЈП „Комунална хигиена“ и добија легитимации што им дава правно признание за нивните активности. За почеток, неформалните собирачи ќе го собираат селектираниот отпад од подрачјето на три општини, Ѓорче Петров, Карпош и Центар, но, проектот наскоро ќе се прошири на целата територија на Скопје.
- Градот Скопје постави 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање на отпадна пластика, хартија и лименки. Овие контејнери се распоредени во сите десет скопски општини, со што се создадоа услови граѓаните на Скопје отпадот од пакувања од нивните домаќинства да го селектираат и одложат во наменскиот контејнер поставен на најблиската локација. Градот Скопје, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, УСАИД и првото регистрирано претпријатие за управување со отпад од пакувања „Пакомак“ е потписник на Меморандум за разбирање со кој што се предвидува неформалните собирачи на отпад од пакувања да бидат активно вклучени во еден интегриран систем за селективно собирање отпад што ќе им овозможи да обезбедат сигурна егзистенција. Денеска, веќе се создадени сите услови за промоција на овој систем. Би сакал да апелирам до моите сограѓани да го селектираат отпадот и активно да придонесат за заштита на животната средина – рече градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, објасни дека во согласност со потпишаниот Меморандум извршена е обука на неформалните собирачи за постапување со собраниот отпад, обезбедени се заштитни средства за работа, елеци, маски и ракавици и поделени се упатства за работа.
- Придобивките од овој проект ќе ги почувствуваме сите. Проектот овозможува да се намалат количините на отпадот од пакувања што инаку завршуваат на депонија, се решава егзистенцијата на неформалните собирачи и доследно се почитуваат законите – нагласи Дочи. Според проектот, собраниот отпад од неформалните собирачи во рециклажниот двор на булеварот Илинден ќе го откупува ЈП „Комунална хигиена“, ќе го презема, балира и ќе обезбеди пласман на секундарната суровина преку „Пакомак“.
|
| http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4300&mid=482&tabId=1&tabindex=0
|
 |
OCB
Senior Member
Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
|
Quote Reply
#48 Posted: 21-May-2011 at 13:53 |
Сите компании ќе мора да најдат начин да рециклираат отпад
Најдоцна до крајот на месецот сите компании ќе мора да најдат начин како ќе го рециклираат својот отпад.
Министерството за животна средина ги стегна бизнисмените. Стопанството ќе мора да одлучи дали да се приклучат кон интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пакомак, или пак ќе и плаќаат на државата давачка бидејќи ја загадуваат околината.
Досега се вклучени 11 големи компании. Незагадувачите ќе се препознаваат со меѓународниот знакот ,,греен дот,, кој ќе биде ставен на нивните амбалажи. Рециклирањето ќе биде помогнато и од граѓаните. Министерството ќе почне со пилот проект во скопје и битола, а потоа и во другите општини. Ќе бидат поставени три канти, една за лименки, за хартија и пластика.
Граѓаните ќе добијат кеси во различни бои во кои ќе го складираат ѓубрето, и ќе треба да го однесат во соодветниот контејнер. По извесно време проектот ќе се спроведе и во Штип, Кавадарци, Струмица, Охрид и Тетово.
Пројуроп - интернационалната мрежа за управување со отпад, на која Пакомак денеска и официјално се приклучи, членуваат компании од 32 европски земји и Канада. А најупотребуваниот симбол греен дот го имаат повеќе 170 000 компании во светот.
Марина Доковска ( прилично неписмена „новинарка“)
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/site-kompanii-ke-mora-da-najdat-nachin-da-recikliraat-otpad
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#49 Posted: 27-Oct-2010 at 16:54 |
Законот за отпад новина за бизнис секторот
СРЕДА, 27 ОКТОМВРИ 2010 17:31
По два месеци на сила ќе стапи нов закон, за управување со пакување и отпад, кој пред се ќе биде новина за бизнис секторот. Целта на законот е да се намали количината на отпад кој се создава од пакувањата на производите. Секој производител што создава отпад од пакувања, со овој закон има обврска да го собере истиот и да го рециклира.
-Кога се подготвуваше овој закон направена е регулаторна проценка на влијанието и излезе дека трошоците со овој закон би се зголемиле од 1-2%. Компаниите оваа обврска имаат можност да ја спроведат на два начини - да се здружат и една компанија да го собира отпадот во нивно име или поединечо, сами да собираат - вели Јадранка Иванова, од МЖСПП.
Регистрацијата на компаниите ќе се врши во Министерството за животна средина и тоа најдоцна до јуни 2011 година. Една од целите на законот е и поголема општествената одговорност на компаниите.
-Она што е значајно за овој закон е што ќе се зголемат економските активности во делот на собирање и рециклирање и ќе даде можност јавните комунални претпријатија да се вклучат поактивно во исполнување на оваа обврска во име на компаниите - додава Иванова.
Со законот се опфатени и граѓаните.
-Тие ќе треба отпадот да го остават на соодветно означени места - вели Иванова.
Законот беше донесен во 2009 година. Годинава била транзиционен период во кој компаниите требаше да се навикнат. Од министерството велат дека законот за управување со пакување и отпад не би требало да ги зголеми цените на производите. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=28320&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#50 Posted: 27-Oct-2010 at 11:54 |
Eve kade se frlat sisite od staklo, aluminium, doza kako tie od pivoto vo svajcarija!  Slusnav za podzemni kanti sto kje se postavat vo centarot! Vaka nekako kje izgledat posto i ovie se podzemni  !
Edited by my Macedonia - 27-Oct-2010 at 11:55
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#51 Posted: 10-Oct-2010 at 15:43 |
Собирачите на пластика чекаат рециклажни дворови

Ваков
трансфер-центар има само во Карпош, кој како единствен во градот не е во
доволен за реализација на програмата за ПЕТ-амбалажа
Засега нема ништо од реализацијата на проектот за ангажирањето
собирачи на пластика, т.н. ПЕТ-амбалажа, во Јавното претпријатие
„Комунална хигиена“. Директорот на ова претпријатие, Ракип Дочи, со
евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за животна средина и просторно
планирање Неџати Јакупи, на крајот од април, најави вработување на овие
лица за да се избегне нивна маргинализација. Притоа посетија 100 ромски
семејства, стационирани во близина на полигонот на Кале, на кои
единствена животна егзистенција им е собирањето ПЕТ-амбалажа.
Според
Гоце Делевски, заменик-директор во „Комунална хигиена“, за да се
создаде можност да се повикаат надворешни соработници, прво треба да се
оформат трансфер-центри, односно рециклажни дворови по општините, а дури
потоа ќе се развива проектот. Делевски тврди дека локациите тешко се
наоѓаат, бидејќи на дел од нив се јавуваат и приватни сопственици .
-
Имаме само еден рециклажен двор во Карпош. Само со тој не може да се
реализира првичната програма, која предвидуваше надворешни собирачи.
ПЕТ-амбалажата е крупен отпад и опасно е да го користиме само тој
рециклажен двор за цел град - дециден е Делевски.
- Треба да бидеме претпазливи кога нешто почнуваме за однапред да не биде осудено на неуспех - смета Делевски.
Локации
за рециклажни дворови може да се најдат во Гази Баба, Бутел и Кисела
Вода. Контакт е воспоставен и со градоначалникот на Општината Аеродром,
но таму се' уште не е дефинирана локацијата - потенцира Делевски.
-
Излезени сме на терен во Гази Баба. Разговарано е и со градоначалникот
Тони Трајковски, па се надеваме дека ќе ни биде дадена за користење
локација во рамките на депонијата Вардариште - потенцира Делевски.
Од
„Комунална хигиена“ информираат дека рециклажниот двор, кој би бил на
дел од поранешната депонија Вардариште, би бил поголем и би се користел и
како претоварна станица. И во овој двор во почетокот би се селектирале
пластиката и картонот, а ако се создадат услови, и други делови од
отпадот.
Засега за да се развие уште повеќе системот за селекција
на отпадот се планира да се набават нови жичени контејнери. Засега во
сите општини се распределени 130 жичени контејнери. Анела Петрова | http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB51F91F2F81314ABD13062191653281
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#52 Posted: 07-Jun-2010 at 21:14 |
Акумулаторите ќе
се фрлаат во специјални контејнери

Пробиштипската
фабрика „Весна САП“ ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад
Иван Бојаџиски
Штип - Пробиштипската
фабрика „Весна САП“, единствен производител на акумулатори во државава,
ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад во Македонија. Планот
за управување со овој вид отпад наскоро ќе биде донесен од
Министерството за просторно планирање и животна средина.
„’Весна
САП‘ покажа голема општествена одговорност во однос на заштитата на
животната средина за што пред еден месец се здоби и со престижната
интегрирана еколошка А дозвола, која на овој колектив широко му ги
отвора вратите за извоз на неговите производи во најразвиените европски
држави. И не само поради тоа што се единствен производител на
акумулатори во државава, туку затоа што се најквалификувани на
територијата на Македонија за оваа работа, сосема сигурно оваа компанија
ќе ја добие одговорната обврска да управува со батерискиот и
акумулаторскиот отпад на територијата на цела држава“, вели Соња
Липиткова, заменичката на министерот во Министерството за животна
средина.
Според Липиткова, „Весна САП“ во изминатите десет години
по рестартирањето покажала исклучително почитување на најстрогите
еколошки норми. Во тој контекст заменичката на министерот посебно ја
потенцира најсовремената технологија што оваа фабрика ја набавила за
производство на акумулатори, технологија што не загадува и која дава
производство со сите неопходни еколошки подобности. За прибирање на
ваквиот вид отпад, според Липиткова, ќе бидат обезбедени посебен вид
контејнери, кои ќе се постават во сите наши градови и во кои граѓаните
ќе можат да ги одложуваат разните видови потрошени батерии и
акумулатори.
Сашо Наневски, технички директор на „Весна САП“,
појаснува дека тие веќе набавиле околу 500 специјални контејнери, кои ќе
бидат дистрибуирани до сите градови и во претпријатијата за собирање
отпадни суровини.
„Ние сме организирани така што во рок од 48
часа од моментот кога ќе добиеме пријава дека некој контејнер е полн, да
го транспортираме до нашата фабрика во Пробиштип каде што имаме
најсовремен погон за рециклажа на олово-киселински акумулатори и
батерии. Нашава држава годишно се соочува со над 2.500 тони ваков вид
отпад, а значителен дел се расфрла неконтролирано и ја загадува
околината. Ние сме подготвени целото количество да го рециклираме во
нашата фабрика и со тоа уште повеќе да придонесеме во заштитата на
животната средина“, вели Наневски.
Пробиштипската фабрика ја доби
интегрираната еколошка А дозвола пред еден месец, но таму велат дека
имаат уште обврски на планот на унапредувањето на заштитата на
човековата околина. „Ние не се задоволуваме со постигнатото и затоа
изготвивме оперативен план за подобрување на сите перформанси во
фабриката, кои имаат значење за животната средина. Овој план ќе го
реализираме до крајот на 2013 година, а неговата етапна реализација ќе
ја надгледува ресорното Министерство“, вели Наневски.
Во
фабричките хали на „Весна САП“ е инсталирана најсовремена технологија,
која е достапна на светскиот пазар за производство на акумулатори.
Станува збор за технологија што, покрај тоа што овозможува најквалитетно
производство на акумулатори, истовремено ја чува и животната средина.
Вложувањата во најсовремена технологија во „Весна САП“ се вршат во
континуитет во последните десет години. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C4B5B0E6DA45C40BC281642F045EEE7
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#53 Posted: 06-Apr-2010 at 00:08 |
Градот решен да се справи со отпадот

Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година предвидува формирање рециклажни и собирни центри за селектирање ПЕТ-амбалажа, лименки, картони и хартија Општините Центар и Карпош ќе бидат првите пилот-локации на кои Градот и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе ја тестираат шемата за селективно собирање на комуналниот отпад, предвидено со Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година. Селектирањето на различни видови отпад се спроведува ако селективно собраниот отпад може повторно да се употреби или преработи, како и за оние материи што се ризични за животната средина. Од овие причини во Планот се предвидува селективно собирање само на стара хартија, картон-лепенка, ПЕТ- шишиња, лименки и преносливи батерии. Кон овие видови отпад, во подоцнежната фаза на планираниот период, може да се додадат пакувања и од друг вид пластика. „Поради заканата за загадување на почвите, подземните и површинските води со опасни супстанции преку исцедокот од депонијата, дури и ако не бидат почнати активности на национално ниво за изградба на депонија за опасен отпад, Градот, поточно „Комунална хигиена“ мора да воведе селективно собирање и на други опасни видови отпад, освен батерии и да обезбеди нивно привремено складирање“, стои во Планот за управување со отпад на Град Скопје. Што се однесува до ПЕТ-шишињата и лименките, планот предвидува тестирање на ефикасноста на два модела на селектирање, во зависност од густината на населението и на стопанските субјекти. Едниот е „од врата до врата“, преку формирање собирни центри на повеќе места во градот, кои ќе бидат во надлежност на општините, вториот е преку формирање рециклажни центри, кои ќе бидат во надлежност на Градот, односно на „Комунална хигиена“. - Засега се' уште се прават подготовки за овој проект. Веќе испративме дописи до скопските општини во кои би можело да се формираат рециклажни дворови. Факт е дека во Скопје постои само еден рециклажен двор за селектирање отпад, а тоа е во Карпош. Постои размислување нов рециклажен двор да се формира и на поранешната депонија „Вардариште“. По претходно распишан оглас, поднесовме проект до Министерството за животна средина, бидејќи една од неговите задачи е и ревитализација на одредени простори што во минатото биле депонии. Очекуваме дека ќе добиеме поддршка - изјави Ракип Дочи, директор на „Комунална хигиена“. Вториот модел е донесување, кој предвидува поставување заеднички контејнери, но и собирни центри и тоа во руралните средини, кои ќе бидат во надлежност на општините и ќе им го олеснат пристапот на возила на „Комунална хигиена“. Би се поставувал по еден контејнер за 200 жители, а тие ќе бидат обоени во жолто и ќе бидат дводелни. Во поголемиот дел ќе се складира безбојната ПЕТ-амбалажа, а во помалиот - обоената ПЕТ-амбалажа и лименки. Локациите и бројот на собирните центри ќе ги утврдат општините. Собирните центри ќе се уредат во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Локацијата на рециклажните центри ќе ја утврдат општините во соработка со Градот. Овие модели ќе ги вклучат социјално загрозените структури, обезбедувајќи нивна лична заштита и хигиена и остварување финансиски средства што ќе ја подобрат нивната социјална состојба. Во првата половина од планираниот период двата модела ќе се тестираат на локацијата омеѓена со улиците: Народен фронт, Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт во Општината Центар и на локацијата омеѓена со булеварот Партизански Одреди и улицата Карпошово востание во Општината Карпош. Во руралните делови овие модели ќе се тестираат во населено место Орман, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Изборот на пилот-локациите во урбаниот дел на градот е направен поради релативно малата оддалеченост на собирните центри до рециклажниот центар на ЈП „Комунална хигиена“ во Општина Карпош, а во руралниот дел поради компаративните предности на населеното место Орман да се оформи како пилот „Екосело“. Дел од патите за изградба на рециклажните и собирните центри би се обезбедиле од поголемите „индиректни“ создавачи на отпадни ПЕТ-шишиња и лименки - производителите и увозниците на пијалаци, кои би се јавиле како кофинансиери. (А.П.)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#54 Posted: 04-Apr-2010 at 20:56 |
Картонска амбалажа
за бламажа

Картоните,
особено кутиите во кои се доставуваат производите до трговските и
угостителски субјекти, значајно придонесуваат за неефикасност на
системот за собирање и транспортирање мешан комунален отпад во урбаниот
дел на градот. Овој вид отпад е главната причина за недоволната
искористеност на волуменот на контејнерите и возилата и растурен отпад
околу контејнерите.
Поради ова, ќе се воведе и систем за
селективно собирање на овој вид отпад од стопанските субјекти што го
создаваат.
Два модела
Двата модела „врата на врата“ и
„донесување“ ќе се тестираат и за селектирање на овој вид отпад. Моделот
„врата на врата“ предвидува формирање мобилна претоварна станица,
поточно контејнер од пет кубни метри, кој ќе го подигаат од „Комунална
хигиена“ по системот „полн за празен“. Контејнерот ќе се бојадиса во
жолта боја, видливо ќе се обележи и ќе се држи под клуч со кој ќе
располагаат собирачите и „Комунална хигиена“ или приспособен контејнер
од 1,1 кубен метар, кој вообичаено се користи за мешан комунален отпад.
Тој ќе биде бојосан во жолто, видливо ќе се обележи и ќе се држи под
клуч со кој ќе располагаат собирачите и „Комунална хигиена“. Се
проценува дека на сите локации каде што има најмалку четири контејнери
за мешан комунален отпад, еден од нив ќе може да се пренамени и
приспособи за селективно собирање картон-лепенка. Овој модел може
особено добро да биде прифатен од продавниците што продаваат храна
поради обврските што за нив ги создава ХАЦЦП-системот.
Вториот
модел „донесување“ предвидува на еден или неколку стопански субјекти да
им се додели контејнер, до кој пристап ќе имаат само тие, бидејќи тој
постојано ќе биде заклучен. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе
го подига контејнерот („полн за празен“ ) или ќе го празни со користење
на стандардните возила за подигање контејнери од 1,1 кубен метар.
Собраните
картони ќе се транспортираат во рециклажниот центар, а оттаму во АД
„Комуна“. Стопанските субјекти ќе може сами да го изберат моделот што ќе
го користат.
Син контејнер за хартија
За деталите на
моделите и датумот од кога ќе почне да се спроведува шемата, опфатените
трговски и угостителски субјекти мора да бидат директно известени од
„Комунална хигиена“ писмено, со сметките за отпад кои тековно ги
добиваат, и тоа три месеци пред да се активира шемата. Моделите ќе се
тестираат на истите локации, избрани и за тестирање на моделите за
ПЕТ-амбалажа во урбаниот дел на Градот.
Селективното собирање
хартија ќе се изведе исто така во првата половина од планскиот период
2010 - 2015 година. Тоа ќе опфати селективно собирање мешана отпадна
хартија (весници, тетратки, книги, кеси, тенок картон...) во урбаниот
дел на градот, во општините Центар и Карпош, по моделот „донесување“. За
овој систем нема потреба од набавка на нови контејнери, туку ќе се
приспособи по еден 1,1 кубен метар на локациите каде што се групирани
најмалку три контејнери. Контејнерот ќе се обои во сина боја, видливо ќе
се обележи, на капакот ќе се отворат процепи и ќе се држи заклучен, а
со клучот ќе располага „Комунална хигиена“. За оваа намена би можеле да
се издвојат едно до две од постојните возила на „Комунална хигиена“, со
рационализација на режимот за собирање и транспортирање мешан комунален
отпад.
За успешно спроведување на селекцијата на отпадот ќе има
долотрајна и континуирана кампања за едукација на населението и подигање
на јавната свест. Контролите на екопатролата во рамките на „Комунална
хигиена“ и инспекцискиот надзор и контрола ќе бидат интензивирани.
Анела Петрова |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=69930AD3BF188F4283FFBBE3EC9F9C8E
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#55 Posted: 15-Feb-2010 at 04:28 |
Градот ќе ги собира опасните батерии

Градските
власти со пилот-проект ќе ги собираат и ќе ги складираат искористените
батерии, со цел да се намалат опасностите за здравјето на луѓето и за
околината што произлегуваат од нивното распаѓање во природата и во
депониите
Градските власти подготвуваат пилот-проект за селективно собирање на
искористените батерии. Преносливите батерии, кои се опасен отпад, кај
нас по употребата завршуваат на депониите и во природата, каде што под
атмосферските влијанија протекуваат и значително ги загадуваат
подземните и површинските води со тешки метали, најчесто со жива,
кадмиум и со олово. Опасни за околината се и автомобилските акумулатори
кои, пак, се собираат од индивидуалните собирачи и се продаваат на
складиштата. Според Националниот план за управување со отпад, во
Македонија годишно се создаваат 1.500 тони отпадни автомобилски батерии
и акумулатори, кои се закана за здравјето на луѓето и за животната
средина.
Од Министерството за животна средина потенцираат дека ваквиот вид отпад кај нас досега воопшто не се третирал.
-
Не е воспоставен систем за селектирање на национално ниво. Ваквиот вид
отпад треба да се третира на локално ниво. Стратегијата за управување е
усвоена од Владата, но општините се должни да ја имплементираат -
потенцира Филип Иванов, директор на Управата за животна средина.
Тој
е скептичен дека батериите како отпад наскоро ќе бидат третирани,
бидејќи според него, постојат поприоритетни работи. Сепак, вели дека
начинот на кој тие ќе бидат третирани прецизно ќе се дефинира со закон
за управување со електронски отпад.
- Според законот за
електронски отпад, обврска на производителот и на тој што ги откупува
батериите е да ги складира и соодветно да ги третира или да плати трето
лице што ќе ги собере. Постои метод, начин на третман и понатамошна
обработка на батериите. Нам ни е битно тие да не завршат на депонија -
потенцира Иванов.
За делумно да престане фрлањето на батериите
на депонија и во природа Градот ќе спроведе пилот-проект за нивно
селективно собирање во некои делови од Скопје. Целта е да се намалат
опасностите што произлегуваат од нивното разградување и протекување.
Батериите ќе се собираат на местата што се определени за селективното
собирање на ПЕТ-амбалажата, како и во училиштата.
- Собраните
батерии ќе се складираат во соодветно пакување, односно со пластични
ќеси во пластични буриња, во складиште за опасни компоненти, лоцирано
на одреден дел од депонијата Дрисла. Тие би се извезувале заради
рециклирање или отстранување, со евентуално претходна селекција по
видови - е наведено во Планот за управување со отпад на Град Скопје за
периодот од 2010 до 2015 година, во кој е вметнат и овој проект.
Во
Планот стои дека пилот-проектот ќе се спроведе ако надлежното
министерство им додели средства од Програмата за инвестирање во
животната средина или ако обезбедат пари од производителите и
увозниците на батерии.
- Проектот е во почетна фаза и неговата
реализација е во ингеренции на Министерството за животна средина,
бидејќи третирањето на опасниот отпад е во негова надлежност. Градот
Скопје ќе даде свој придонес во рамките на своите ингеренции - велат
градските власти.
Од Министерството велат дека Планот од Град
Скопје го добиле деновиве и дека допрва ќе одлучат дали пилот-проектот
ги исполнува условите за да биде финансиран од нив.
Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ засега не се запознаени со намерата на Градот да ги собира батериите.
Директорот
на Дрисла, Горан Ангелов, вели дека годинава не постои можност на
депонијата да се врши третман на батериите, оти треба да се создадат
технички услови.
- Батериите во принцип мора да се рециклираат,
бидејќи не можеме да ги уништиме. Но, засега не постои погон за нивна
обработка. Треба да се создадат технички услови за таа работа, односно
да се изгради соодветен простор, каде што тој отпад ќе може да се
селектира и да се обезбеди негова заштита, бидејќи е опасен - објаснува
Ангелов.
Тој истакна дека годинава им дале приоритет на други проекти.
-
Оваа година ја санираме депонијата. Се подготвуваме за црпење на
депонискиот гас и за производство на електрична и топлинска енергија,
како и за изградба на фабрика за рециклирање и евентуално за третман на
отпадот. Годинава, депонијата ќе биде соодветно опремена за примање
азбестни плочи и други азбестни градежни материјали што треба да бидат
извадени од објектите на градските институции. Ако помогне
Министерството за животна средина, би можеле да го реализираме и
проектот за батериите - заклучи Ангелов. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86303F2C99184B4C863C5C6AC7078536 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#56 Posted: 04-Feb-2010 at 20:39 |
Aбе уште не можам да заборавам во Германија пред три години ми наплаќаа цело евро поскапо за пластично шише, макар и од пола литар, и после ги враќаа кога ќе им го вратиш шишето празно. Кој е будала да го фрли? Не знам дали тоа беше само во мини маркетот на мојот хотел, или низ цела Германија беше цело едно евро, како и да е и 10-20 денари да има кауција ќе вроди со плод.
Edited by гитардемон - 04-Feb-2010 at 20:40
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#57 Posted: 04-Feb-2010 at 20:29 |
Фирмите ќе плаќаат рециклажа на амбалажа

Компаниите ќе мора да го собираат и рециклираат отпадот од амбалажите на производите што ги продаваат. Во спротивно, ќе
платат казна. На пример, винарница што шишињата вино ги продава
спакувани во картонски кутии, во текот на годината од купувачите ќе
мора да собере одреден процент од празните кутии и шишиња и да се
погрижи тие да бидат рециклирани, за што самата ќе треба да плати.
Ваквите обврски на компаниите се предвидени во новиот закон за
управување со пакување и отпад од пакување, кој стапи во сила од Нова
година.
Сепак, обврската за собирање на амбалажите најверојатно
ќе почне да важи од следната година, бидејќи компаниите добија време да
се приспособат на регулативата. Законот точно ги дефинира националните
квоти што треба да се достигнат. Тој дефинира колкав процент од
различните видови амбалажен отпад (хартија, стакло, пластика, метал,
дрво) секој производител или увозник е должен да собере, однесе на
рециклирање или одново да го искористи пакувањето. Оваа обврска нема да
важи само за фирмите што само извезуваат, како и за производители што
на пазарот пуштаат мали количини амбалажен отпад.
Освен
одговорноста за собирање на отпадот, производителите и увозниците ќе
бидат должни и на самата амбалажа да ги посочат материјалите од кои е
изработена, како и штетните материи што ги содржи. Ќе мора да стават и
ознаки за рециклирање.
Законот, кој е дел од европските
директиви, пропишува дека секоја компанија е должна да најде начин да
го собере пропишаниот процент од отпадните пакувања. Се остава можност
и за наплаќање таканаречена „кауција“, односно плаќање одредена сума
пари за секоја вратена амбалажа. Ако компаниите не можат самите да се
организираат, Законот им дозволува да се здружат и да формираат посебна
организацијам која во нивно име ќе го собира отпадот и ќе го носи на
преработка.
- Законот го воведува начелото „одговорност на
производителот“, со кое субјектите што го создаваат овој вид отпад се
должни за своја сметка да обезбедат негово собирање и рециклирање. Со
овој Закон, отпадот од пакување всушност станува ресурс, кој може да се
искористи, што е спротивно на досегашното негово третирање како ѓубре
што треба да се фрли. Долгорочните придобивки се во насока на
зголемување на пазарот за преработка и рециклирање отпадни материјали,
зголемено вложување во изградба на капацитети за рециклирање, како
можност за отворање нови работни места - вели Неџати Јакупи, министер
за животна средина и просторно планирање.
Бугарскиот
консултант, Никола Дојчинов, кој учествуваше во подготовката на
Законот, смета дека регулативата најмногу е значајна заради заштита на
животната средина. Но, има и други придобивки.
- Особено е
важно дека како резултат на одделното собирање на отпадот и неговото
сортирање, корисните суровини кои можат да се рециклираат стануваат
достапни за локалната индустрија. Со тоа се поддржува и развојот на
националната економија - вели Дојчинов.
Компаниите ќе бидат
должни да достават месечни и годишни извештаи за тоа колку пакувања
собрале, рециклирале и слично. Освен македонското Министерство за
животна средина, во подготовката на Законот беа вклучени и
Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) преку проектот за
Интегрирано управување со цврст отпад, заеднички финансиран од ИФЦ и
Сојузното министерството за финансии на Австрија. Во изработката на
регулативата помогнаа и британската амбасада и УСАИД.
Даница Тунтевска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBA19AA9F9AF12478F496D0B2BD5FB10
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#58 Posted: 26-Jan-2010 at 11:32 |
Лани собрани 52 тона пластична амбалажа
Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на
изминатата година собрале вкупно 52.304 килограми отпадна пластична
амбалажа. Тоа е три пати повеќе споредено со 2008 година, информираат
од Градот.
Селекцијата на отпадот во Скопје се спроведува веќе
трета година, во сите општини. Пластичната амбалажа се собира од 130
жичени контејнери, поставени на фреквентни локации и од околу 2.000
индивидуални домаќинства. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D9C076FE17567D4182D3C783DEF9B729 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#59 Posted: 17-Nov-2009 at 15:45 |
За 10 месеци собрани 44.000 кила пластика
ЈП "Комунална хигиена" од почетокот на годинава до ноември од
жичаните контејнери собрале 44. 024 килограми пластика. Од
претпријатието велат дека оваа бројка е за четири пати поголема од
лани, имајќи го предвид фактот дека ланската година биле собрани вкупно
16.000 килограми пластика. Собраната пластика ЈП "Комунална хигиена"
потоа ја продава. За еден килограм се добиваат 5 денари. |
http://vest.com.mk/?ItemID=9F77F41565BE834E8E629C7627903075
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#60 Posted: 11-Nov-2009 at 21:39 |
ИНОВАТОР ТВРДИ ДЕКА ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД
Со минимизатор ќе нема шишиња во Вардар
Постои
решение за пластиката во Вардар, но никој не го применува, смета Мирко
Узелац, автор и промотор на уреди за собирање пластични шишиња. Тој
уверува дека пластиката лесно може да се собира и првично да се
складира во помал волумен, со помош на неговиот изум - минимизатор.
Оваа направа, за која Узелац изработил прототип, е од нерѓосувачки
челик, тежи четири килограми и нејзината изработка чини 300 евра. Со
неа се сече шишето, налепницата се издвојува и потоа малите пластични
делчиња се складираат. На овој начин пластиката зафаќа многу помал
простор отколку обично собрано шише кое не е исечено и има поголем
волумен затоа што е исполнето со воздух. - Идејата има и социјален
аспект затоа што со неколку вакви уреди може да се вработат стотина
семејства и да се тргнат од листата на социјални случаи. Откако ќе се
обработи со минимизаторот, се добива пластика во предрециклирачка фаза
која е многу полесна за понатамошно процесирање и чини повеќе од
обичното пластично шише - вели Узелац. Тој е автор и на рекламните
столбови со посебен дел за собирање пластични шишиња, кои пред повеќе
од една година ги постави Општина Центар пред своето седиште, а исти
беа поставени и пред влезот на Зоолошката градина. Во Центар требаше да
се продолжи со пилот-проектот и да се постават 24 објекти, но тоа не се
случи. Еден рекламен столб чини 1.600 евра. Според авторот на идејата,
целиот процес може да функционира кога би се вклучиле локалните власти,
кои би одобриле локации за кантите за шишиња, и надлежните
министерства, кои би инвестирале во минимизатори и би ангажирале луѓе
за сечење на пластиката. Самите работници, пак, ќе ги плаќа фирмата што
ќе ја откупува пластиката.
Излетниците виновни за ѓубрето во реката
Дефинитивно
е елиминирана можноста некој намерно да ги фрлал шишињата во Вардар,
вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус
Мемет. Тој тврди дека причина за отпадот кој реката неколку дена го
носеше поради обилните дождови се излетници, ловџии или дрвосечачи, кои
со години оставале ѓубре зад себе, но и жителите на руралните средини
кои ги претвориле суводолиците во депонии. Од Министерството за животна
средина информираа дека во завчерашната акција кај браната на ТЕЦ
„Неготино“ сопрени се повеќе од десет тони отпат од пластика, стиропор
и друг материјал, кој деновиве ќе се однесе во најблиската депонија.
Р.П. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126360
|
 |