build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 42>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 27-Dec-2012 at 19:29
Па добро, ништо ново, години наназад Скопје, не само што е најзагаден град во Македонија, туку се вбројува во еден од најзагадените во Европа.
Има голем број на причини меѓу кои:
- Урбанистичките планови на општините и Градот Скопје секојдневно се променуваат, и на површините со зеленило, се предвидуваат станбени и комерцијални објекти
- Врз фабриките ( пред се тука мислам на УСЈЕ, ОКТА, Железара како и на неколку погони од МЗТ ) не врши никој контрола врз гасовите кои ги исшуштаат ( доколку живеете во Сопиште, Кисела Вода, Бунарџик, Миладиновци и околните населби и села најдобро може да видите колку штетни гасови се испуштаат )
- Со проектот Увоз на половни автомобили од странство, се увезоа толку голем број на автомобили и автобуси кои едвај ги исполнуваат ЕУРО 2 стандардите
- Поради скапите енергенси ( тука пред се мислам на струјата )голем дел од граѓаните се греат со дрва
- И уште многу други причини ( како на пример често шутот во континјерите и во нивите како и во дивите депонии се палат ).

Како чекори кои треба да се превземат за намалување на ваквите појави според мене се:
- Да се зголеамт зелените површини ( имаше еден стандард кои се пименува во ЕУ , на одреден број жители во една општина треба да има миниум (не ми текнува колку ) квадрати под зелена површина
- Да се забрани жителите во централното градско подрачје, да го користат дрвото, ќумурот и сл. како енергенс.
- Да се забранат сите автомобили кои не исполнуваат миниум ЕУРО 3 стандар
- Да се забрани користење на дрва за греење во периодот од 01 април до 15 октомври
- како и поголем број на закони кои се применуваат т.е. практикуваат во останатите земји од регионот и Европа, а кои се наменети односно насочени кон намалување на штетните честички во воздухот
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 27-Dec-2012 at 18:50
Пак сме се вратиле на истите бројки од пред некоја недела. Епа, нека ни е наздравје чистиот воздух. Инаку, како што гледам од картата на министерството не е проблемот само во Скопје, туку и во другите градови. Бидејќи во министерството очигледно ништо не работат против загадувањето, единствено барем се за пофалба дека излегоа со оваа страница, а во изминатиов период гледам дека вклучуваат се поголем станици и во другите градови, како Кичево, Битола, Тетово, Кочани и Велес, барем знаеме колку се труеме, ако ништо друго.

Edited by ehrlich - 27-Dec-2012 at 18:51
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 27-Dec-2012 at 18:11
Дали поради маршот против аерозагадувањето или поради некоја друга причина, еден македонски национален и сателитски медиум, кој во последно време не е баш познат по независно и објективно наспроти партиско и субјективно известување, ја објави вистината за аерозагадувањето во Скопје.
 
http://www.sitel.com.mk/20-pati-povekje-od-dozvolenoto-e-zagaden-vozduhot-vo-skopje
 

20 пати повеќе од дозволеното е загаден воздухот во Скопје

 
27. декември 2012 - 17:45
 

 
Воздухот во Скопје е загаден за 20 пати над дозволеното. Ако 50 микрограми на метар кубен е горната граница за ПМ 10 честички, во делови на главниот град таа достигнува бројката 1000. Ова го покажуваат последните статистички податоци на министерството за животна средина. Се ажурираат секојдневно и во претходните неколку дена резултатите се застрашувачки.
 
Токму поради фрапантните резултати, од здружението Go green бараат надлежните институции да најдат мерки за да се реши овој проблем.
 
Од друга страна пак, од министерството за животна средина велат дека состојбата сеуште не е алармантна.
 
Проблемот со загадениот воздух во Скопје се провлекува веќе неколку години. Честопати бројката на ПМ 10 честичките се 10 пати над дозволената граница.
 
Елена Бошковска

Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 27-Dec-2012 at 11:05
Денеска има марш против аерозагадувањето. Дојдете во што поголем број. Овој пат, за животот се работи.


НОВА ТУРА ПРЕKУМЕРНО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

Градовите дишат на жабри

Соња Христовска

Чад, прав, мирис на изгорено, магла, слаба видливост, загриженост. Печат очите, гребе грлото, срцето стега. Надвор е кисело, горчливо и тажно.

- Тешко дишам. Штом ќе излезам надвор миризбата на чадот ме заплиснува и почнува да ми се лоши. Воздухот е толку загаден што и очите ме печат. Дома не сме проветриле со денови зашто ако отвориме прозорец, и внатре ќе засмрди. Ужасно е - вели скопјанката Стефанија Миовска, која деновиве ја дели судбината на половина милион скопјани и стотици илјади жители на другите градови.

Граѓаните коментираат дека здравјето им се влошува, дека тераат едноподруго настинки и не можат да оздрават. Kонцентрацијата и расположението им се намалени, ги мачат главоболки. Животот им го нема вообичаениот тек зашто многумина си го ограничуваат движењето надвор. Децата ги нема на игралиштата, рекреативците ги напуштија патеките. Прашање е кога ќе почнеме да се гледаме низ маски преку носевите зашто Македонија се задушува.

Илјадарката како добро утро

Во актуелново опасно аерозагадување дишеме воздух кој во себе има количество на ситни лебдечки честички во количина 200 пати повисока од максимално дозволената. Во Тетово, Битола, Kочани и во Скопје во последните 48 часа концентрацијата на ПМ10 повторно достигна 1.000 микрограми на кубен метар воздух, а дозволено е 50. Сто пати позагаден воздух дишат во Kичево и во Велес, а станиците во Kавадарци и во Kуманово сè уште не се во функција.

- Kонцентрациите се многу високи. Не е добро - велат лекарите.

Надминувања на дневната концентрација не смее да има повеќе од 35 дена во годината за да се заштити здравјето на луѓето, но лимитот е одамна надминат. Во Лисиче практично цела година повеќе дишат прав отколку кислород, зашто 24-часовната граница таму е пречекорена фантастични 270 дена во оваа година. Така било и 200 дена во Центар. Притоа, среднодневните концентрации се далеку од наивни - достигаат вредности и над 800 микрограми на кубик воздух, што практично значи дека таму буквално постојано, без ни еден час олеснување, воздухот бил алармантно загаден.

- Добро е што уште сме живи. Попладне, низ улиците во Лисиче ужасно смрди. Сите се загреваат на ќумбиња, а во нив покрај дрва, горат и недозволени состојки, пластики, ѓубре, па и отпадни масла. Ситуацијата е страшна, имам две мали деца и размислувам да се отселам од Лисиче. Втора опција ми е да купам филтер за прочистување на воздухот внатре во домот, но тоа ќе чини многу пари, а сепак нема да нè заштити од она што мора да го дишеме надвор. Шах-мат - вели Валентина Христова од населбата која го држи неславниот рекорд во аерозагаденост и по број на денови и по количината на ситни честички.

Така му е судено на Лисиче, на цело Скопје и на другите градови што имаат слична местоположба - котлинска.

- Ако нема ветер со денови, аерозагадувањето во котлините само се трупа и постојано, од ден на ден, се надополнува со новите испуштени количества. Ако задува ветер, атмосферата се расчистува за брзо време, што сите можевме да го почувствуваме минатата недела кога по девет дена загадување, ветерот донесе моментно олеснување. Во Лисиче е најголема концентрацијата зашто тоа е најниското место во котлината, па таму како во дно на инка слегнува најголем дел од загадувањето - вели проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, кој е член на владината интерсекторска работна група за следење на квалитетот на воздухот.

Го чекаат десеттиот ден

Не е сè оставено на случајот и ветерот. Интерсекторската работна група, составена од претставници од повеќе министерства, градот Скопје и лекари, неодамна одлучи да го утврди моментот кога мора да се реагира затоа што тоа претходно не беше утврдено во ниту еден акт. Се договорија акциските планови низ градовите да се активираат откако десет дена едноподруго 24-часовната концентрација на ситен прав ќе надмине 100 мцг/м3. Денеска е шестиот ден, и ако ветерот не ги спаси повторно во последен момент, ќе мора да ги преземат мерките за предупредувања и ограничувања.

- Никој не ги спречува скопските власти и оние во другите градови и пред десеттиот ден да преземаат мерки. Треба да се подготвени однапред и веќе да размислуваат за втор сет мерки - вели проф. Ѓорѓев.

Според Акцискиот план за Скопје, Градот може да препорача упатства за движење на отворен простор, препораки за децата, старите и хроничните болни да не излегуваат надвор, да не се користат автомобили, туку јавен превоз итн. Мерките за ограничувања настапуваат при стабилни временски состојби и надминувања на праговите на алармирање на одредени загадувачи, а подразбираат одлагање на масовни собири, забрана или ограничување на сообраќајот во одредени реони, по потреба забрана на ложење во котларниците и индустриските објекти или запирање на одредени погони, одлагање на сите операции што можат да го загадат воздухот, а не се итни итн. Сообраќајот во центарот може да биде забранет за автомобили и камиони и да се користат само новите автобуси итн.

Од Градот велат дека се подготвуваат за спроведување на акцискиот план, а од Министерството за животна средина велат дека овие мерки во текот на 2013 година ќе бидат преточени во правилник.

Марш за почист воздух

Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“, денеска во 12 часот, организира марш за намалување на загадувањето на воздухот.

Поворката ќе тргне од пред Скопските клиники, конкретно кај нивната топлана, а ќе заврши на плоштадот Македонија.

- Маршот е апел за намалување на загаденоста на воздухот и испраќање порака до сите одговорни фактори да ги преземат потребните мерки. Топланата во скопските клиники е најголем загадувач во Општина Центар и затоа е избрана како почетна точка на маршот. Со маршот ќе испратиме пораки до надлежните власти, индустријата и до граѓаните - велат организаторите.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8666EC08DC83B64F9A7B3D70CD8A1745
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 19-Dec-2012 at 10:52
Решиле да има десет дена по ред надминувања на ПМ10 над 100 микрограми на кубик воздух, па да реагираат. Вчера се спасија во последен момент.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4593C7A28E26FB479CFC0E792ECB6E67


Дождот н` спаси од алармантни мерки

Вчерашниот дожд привремено ги ослободи надлежните од обврската да преземат ригорозни мерки за намалување на аерозагадувањето. Падна точно десеттиот ден откако во Скопје се бележеше постојано надминување на максималните концентрации на ситен прав и со слабото ветре го прочисти воздухот. Според минатонеделниот договор на состанокот на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на воздухот, потребно е десет последователни дена концентрацијата на ситен прав да ја надминува вредноста од 100 микрограми на кубик воздух за да се преземат мерки и ограничувања во сообраќајот и индустријата. Максимално дозволената дневна концентрација на прав изнесува 50 мцг/м3.

- Се договоривме дека моментот за реакција би бил по десет последователни дена во кои дневната концентрација на прав ќе надминува 100 микрограми на кубен метар воздух. Во такви случаи треба да се преземат интервентни мерки. Но, при нивното применување ќе наидуваме на проблем зашто ако се ограничи сообраќајот во Скопје, ќе настане хаос. Може и да го затвориме „Макстил“ привремено, но дали тоа ќе го намали аерозагадувањето, кое не е само од фабриките? Затоа цела година треба да се спроведуваат мерки, а не во пет до дванаесет. На градот му треба добро урбанистичко планирање, зеленило, трамвај. Домаќинствата треба да престанат да горат с` и сешто во ќумбињата. Да беше градот гасифициран, немаше да има вакви ситуации. Затоа сите сме виновни, од граѓани до Влада, сите имаме едно чудо пропусти поради кои сме во ситуација да не знаеме што да правиме - вели проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, кој е член на Интерсекторската работна група.

Дождот и ветрот, вели Ѓорѓев, засега го спасиле градот од алармантна ситуација во која треба да се избира меѓу сообраќаен колапс и загадување. Изминативе денови концентрацијата на прав беше вознемирувачки висока, со вредности до неверојатни 1.000 мцг/м3 во Лисиче и во Гази Баба и нешто пониски во другите делови во Скопје. Граѓаните се жалеа на главоболки, истоштеност, влошени респираторни и кардиоваскуларни проблеми, слаба концентрација итн.

Со дождот загадувањето почна да опаѓа, а вчера во 13 часот вредноста на правта се спушти на нула на сите мерни места. Олеснувањето веднаш се почувствува, а скопјани добија практична демонстрација за моќта на временските услови во котлината, која се расчисти за помалку од 12 часа.

Соња Христовска
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 18-Dec-2012 at 21:49
Originally posted by HugoGoulding

Еве моменталната загаденост на воздухот од 15 часот до сега е константно на НИСКО ниво, особено PM2.5 и PM10 честичките. Не знам дали дождот си го прави своето и буквално ги слепува честичкиве на земја и го "разредува" воздухот или се работи за нешто сосема друго ...


Се крена маглата од изминатите три дена е тоа е. Инаку природно решение е само снегот во што поголеми количини се надеваме оваа сезона!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 18-Dec-2012 at 18:54
Еве моменталната загаденост на воздухот од 15 часот до сега е константно на НИСКО ниво, особено PM2.5 и PM10 честичките. Не знам дали дождот си го прави своето и буквално ги слепува честичкиве на земја и го "разредува" воздухот или се работи за нешто сосема друго ...

Edited by HugoGoulding - 18-Dec-2012 at 19:47
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 18-Dec-2012 at 16:27
Се чита ли сега, со зголемен фонт ?
 
Или треба да испишеме графити на неокласицистичкине фасади во Центар, со предупредувања за загадувањето во Скопје, па можеби ќе ги прочита градоначалникот ?
 
На Коце му делувало хаотично ограничување на сообраќајот во Скопје ?
 
Па нели токму тој го промовираше превозот со велосипеди во Скопје ?
 
Зошто не направи пример од себеси и од градските советници возејќи се секој ден со велосипеди од дома до седиштето на град Скопје и назад секој ден ?
 
Ем ќе демонстрираат дека не само улиците, туку и пешачките и велосипедските патеки се исчистени од снег и мраз, ем ќе демонстрираат одлучност во борбата за почист и поздрав град.
 
Originally posted by redsonja

На Коце му фуфка да го ограничи сообраќајот и се прави луд!!!!!


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C00AAC8E67607B45A7A4959EB2B9A77E

НЕМА МЕРKИ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

На градоначалниците нема кој да им пише

Воздухот во Скопје е загаден во досега невидени концентрации, а освен вонредни контроли во индустријата, нема други мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Сообраќајот, според некои процени, е виновен за околу 30 отсто од загадувањето со ситен прав (ПМ10 и ПМ2,5) и една од предвидените мерки е токму неговото ограничување. За да преземат какви било активности, градските власти с` уште чекаат официјална информација од Министерството за животна средина за тоа колкаво е аерозагадувањето што деновиве се чувствува - и со нос и со очи.

- Градот Скопје, кога ќе добие официјална информација од Министерството за алармантно надминување на дозволеното ниво на честици во воздухот, ќе го активира акцискиот план за заштита на воздухот, во кој се предвидени повеќе мерки. Без таа информација не може да се активира планот. Ние продолжуваме со инспекцискиот надзор врз инсталациите кои се во наша надлежност - одговорија кратко градските власти.

Од Министерството за животна средина му се чудат на градоначалникот зошто с` уште чека официјална информација од нив.

- Ние го следиме аерозагадувањето и секое утро во 10 часот официјално им испраќаме податоци за концентрациите на полутанти во воздухот. Наша надлежност е контрола на големите капацитети, а тоа во Скопје се Макстил, УСЈЕ и уште неколку. С` друго, од контрола на помалите фабрики до преземањето мерки, е во надлежност на локалните самоуправи. Градот досега можеше да го ограничи сообраќајот, да воведе поевтини автобуси и да ги затвори и училиштата ако треба за да не се изложуваат децата и младите на надворешните влијанија. Во вакви ситуации може да се контролираат и горивата што граѓаните ги користат за затоплување. Деведесет отсто од надлежностите се во рацете на Градот - појаснуваат во Министерството.

Минатиот петок се состана Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на воздухот, на која претставници од повеќе институции дискутираа што да преземат. На градоначалникот Kоце Трајановски му било укажано дека една од мерките е ограничување на сообраќајот, како што е и предвидено во одлуката за интервентни мерки донесена од самите градски власти. Градоначалникот Трајановски сметал дека тоа би можело да предизвика вистински хаос во Скопје.

Од поголемите капацитети моментно во Скопје работи само „Макстил“, и тоа во периодот од 17 до 9 часот наутро, велат од Државниот инспекторат.

Kонцентрацијата на ситен прав за време на викендот и вчера беше околу фамозните 1.000 микрограми на кубен метар воздух, а максималната дневна концентрација не смее да надмине 50 мцг/м3. Во Гази Баба и во Лисиче во 13 часот ПМ10 изнесуваше 995 мцг/м3, а во Центар и во Kарпош околу 700, односно 500.

Во вакви услови лекарите препорачуваат воопшто да не се излегува надвор. Во опасност се сите, а најмногу хронично болните, бремените жени, децата и старите лица. Нов момент деновиве е зголемената концентрација на натриумови оксиди, кои вчера беа на средно ниво на загаденост, а за време на викендот благо беше зголемена и концентрацијата на јаглероден моноксид.

Соња Христовска


И другите градови тешко дишат

Битола, Тетово, Kавадарци, Kуманово, Велес се на списокот со поголеми градови во Македонија што го делат истиот проблем со Скопје - големо аерозагадување со ситен прав. Греењето, котлинските услови, индустријата и производството на енергија го зголемуваат загадувањето и во овие градови, но тоа, сепак, не е толку високо колку во главниот град. Според извештајот за состојбата во јануари 2012 година, се забележува дека во сите градови концентрацијата е над дозволената од 50 мцг/м3, при што таа се движи од 200 до 400. Слична е состојбата и оваа зима, но тоа не се отчитува на станиците затоа што од пред неколку месеци не работат.

- Набавени се резервните делови за сите станици што не работеа. Деновиве се врши нивното монтирање и податоците ќе ги објавуваме на нашата страница airquality.moepp.gov.mk, за граѓаните непосредно да се информираат. Веќе се во функција две од станиците што не работеа, во Гази Баба и во Миладиновци - велат во Министерството.

 

Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 18-Dec-2012 at 10:48
На Коце му фуфка да го ограничи сообраќајот и се прави луд!!!!!


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C00AAC8E67607B45A7A4959EB2B9A77E

НЕМА МЕРKИ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

На градоначалниците нема кој да им пише

Воздухот во Скопје е загаден во досега невидени концентрации, а освен вонредни контроли во индустријата, нема други мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Сообраќајот, според некои процени, е виновен за околу 30 отсто од загадувањето со ситен прав (ПМ10 и ПМ2,5) и една од предвидените мерки е токму неговото ограничување. За да преземат какви било активности, градските власти с` уште чекаат официјална информација од Министерството за животна средина за тоа колкаво е аерозагадувањето што деновиве се чувствува - и со нос и со очи.

- Градот Скопје, кога ќе добие официјална информација од Министерството за алармантно надминување на дозволеното ниво на честици во воздухот, ќе го активира акцискиот план за заштита на воздухот, во кој се предвидени повеќе мерки. Без таа информација не може да се активира планот. Ние продолжуваме со инспекцискиот надзор врз инсталациите кои се во наша надлежност - одговорија кратко градските власти.

Од Министерството за животна средина му се чудат на градоначалникот зошто с` уште чека официјална информација од нив.

- Ние го следиме аерозагадувањето и секое утро во 10 часот официјално им испраќаме податоци за концентрациите на полутанти во воздухот. Наша надлежност е контрола на големите капацитети, а тоа во Скопје се Макстил, УСЈЕ и уште неколку. С` друго, од контрола на помалите фабрики до преземањето мерки, е во надлежност на локалните самоуправи. Градот досега можеше да го ограничи сообраќајот, да воведе поевтини автобуси и да ги затвори и училиштата ако треба за да не се изложуваат децата и младите на надворешните влијанија. Во вакви ситуации може да се контролираат и горивата што граѓаните ги користат за затоплување. Деведесет отсто од надлежностите се во рацете на Градот - појаснуваат во Министерството.

Минатиот петок се состана Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на воздухот, на која претставници од повеќе институции дискутираа што да преземат. На градоначалникот Kоце Трајановски му било укажано дека една од мерките е ограничување на сообраќајот, како што е и предвидено во одлуката за интервентни мерки донесена од самите градски власти. Градоначалникот Трајановски сметал дека тоа би можело да предизвика вистински хаос во Скопје.

Од поголемите капацитети моментно во Скопје работи само „Макстил“, и тоа во периодот од 17 до 9 часот наутро, велат од Државниот инспекторат.

Kонцентрацијата на ситен прав за време на викендот и вчера беше околу фамозните 1.000 микрограми на кубен метар воздух, а максималната дневна концентрација не смее да надмине 50 мцг/м3. Во Гази Баба и во Лисиче во 13 часот ПМ10 изнесуваше 995 мцг/м3, а во Центар и во Kарпош околу 700, односно 500.

Во вакви услови лекарите препорачуваат воопшто да не се излегува надвор. Во опасност се сите, а најмногу хронично болните, бремените жени, децата и старите лица. Нов момент деновиве е зголемената концентрација на натриумови оксиди, кои вчера беа на средно ниво на загаденост, а за време на викендот благо беше зголемена и концентрацијата на јаглероден моноксид.

Соња Христовска


И другите градови тешко дишат

Битола, Тетово, Kавадарци, Kуманово, Велес се на списокот со поголеми градови во Македонија што го делат истиот проблем со Скопје - големо аерозагадување со ситен прав. Греењето, котлинските услови, индустријата и производството на енергија го зголемуваат загадувањето и во овие градови, но тоа, сепак, не е толку високо колку во главниот град. Според извештајот за состојбата во јануари 2012 година, се забележува дека во сите градови концентрацијата е над дозволената од 50 мцг/м3, при што таа се движи од 200 до 400. Слична е состојбата и оваа зима, но тоа не се отчитува на станиците затоа што од пред неколку месеци не работат.

- Набавени се резервните делови за сите станици што не работеа. Деновиве се врши нивното монтирање и податоците ќе ги објавуваме на нашата страница airquality.moepp.gov.mk, за граѓаните непосредно да се информираат. Веќе се во функција две од станиците што не работеа, во Гази Баба и во Миладиновци - велат во Министерството.
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 17-Dec-2012 at 18:35
Originally posted by redsonja

Проверено - Од кругот на поранешна железарница, работи само Макстил, во период од 17 до 9.
Поздрав


За да не се гледа завесата која се испушта од фабриката угледниот граѓанин и газда Минчо Јорданов се крие навечер.
Back to Top
DIMITAR View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote DIMITAR Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 17-Dec-2012 at 14:43
Со оглед дека најголема закана за здравјето во моментов се честичките ПМ10 нели можеме донекаде да се заштитиме со носење на маски во моментите кога е најкритично? На ум ми доаѓаат оние мали наједноставни маски кои масовно се користеа низ светот за време на епидемиите на САРС и свински грип. Ефтини се и практични се. Дали има некаде каде што можат да се набават во Македонија?





Ако нема вакви тогаш каде можат да се набават обични хируршки маски?



Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 17-Dec-2012 at 13:06
Проверено - Од кругот на поранешна железарница, работи само Макстил, во период од 17 до 9.
Поздрав
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 17-Dec-2012 at 11:30
Можно е дека сум грешка. Од мојата тераса се гледаат добро оџаците и на дневна светлина не сум видела дека чадат едно два месеци сигурно. А и генералниот директор се жалеше дека немаат извоз, па повеќе не работат, отколку што работат.
А за разлика од последниве два месеци, претходно цело лето и во септември убаво се гледаа од кај мене километарски сиви облаци чад, кои за неколку саата се обвиваа над половина Скопје.
Можеби периодов работат исклучиво ноќе, па затоа сум заклучила дека не работи Макстил, а и заради изјавите на директорот.
Треба подобро да се испита. Ако дознам нешто, ќе пишам.
Инаку, страницата на Министерството за квалитетот на воздухот моментно не работи!!!!!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 17-Dec-2012 at 00:51
Originally posted by Oxygen

Originally posted by redsonja



Еве, Макстил, на пример, подолго време не работи. А ПМ10 отиде во илјадарка. Значи, не било само до железарата.


Погрешна ти е информацијата. Макстил работи редовно и без прекини,и редовно чади. Пред разденување небото кога гледаш од лисиче према макстил е портокалово. Аеродром и Ново Лисиче се ургентна зона за евакуација на население согласно мерните резултати.Не само што нема евакуација ниту на население ниту на железарата туку се молчи и тера.

Потврдувам... Седам секоја ноќ... И незнам дали е Макстил.. ама од кај Железара се издига голем сив облак... Пред некое време кога беа ветриштата... бидејќи воздухот беше чист и попроѕирен... облакот се забележуваше многу појасно... Си викам... што убаво се раздува исчисти воздухов.... а глеј ги овие.. да надокнадат... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 17-Dec-2012 at 00:50
има филтри и ФИЛТРИ
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 17-Dec-2012 at 00:36
Добро не сум експерт за ова и да не звучам смешно, но тие "фамозни филтри" што се аплицираат на оџаците, што ни се познати на сите од чаршиски муабети, нели се користат? Или муабетов е баш чаршиски и нема врска?
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 17-Dec-2012 at 00:26
Originally posted by redsonja



Еве, Макстил, на пример, подолго време не работи. А ПМ10 отиде во илјадарка. Значи, не било само до железарата.


Погрешна ти е информацијата. Макстил работи редовно и без прекини,и редовно чади. Пред разденување небото кога гледаш од лисиче према макстил е портокалово. Аеродром и Ново Лисиче се ургентна зона за евакуација на население согласно мерните резултати.Не само што нема евакуација ниту на население ниту на железарата туку се молчи и тера.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 17-Dec-2012 at 00:11
Originally posted by redsonja

А има ли поважна тема за дискусија и реакција во Македонија моментно од оваа?

Нема.

Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 16-Dec-2012 at 22:53
Проблемот е "невидлив" за луѓето бидејќи воздухот и честичките се невидливи за голото око, нешто што неможеш да видиш, е надвор од твоето видно поле, не може и не те ни засега.
Исто така, проблемот е тивок убиец, односно последиците не се гледаат веднаш, бар не оние најрадикалните последици, иако можно е и тоа, туку на среден и долг рок, но сепак се еднакво катастрофални.

Инаку се сложувам, фактот дека концентрацијата на загаденост воопшто не паѓа во текот на ноќта е јасен факт дека загадениот воздух не мрда од Скопје туку тука си "преноќева". За утре истиот вака високо загаден и отровен воздух да биде уште повеќе загададен од сообраќајот, индустријата и домаќинствата. И така константно од ден на ден.

Резултат на тоа, верувајте колку и да звучи ова наивно и смешно, негативни последици во сите полиња, економски, образовни, здравствени, психолошки итн. Воздухот е единственото и примарно гориво со највисок степен на важност на кое човечкото тело егзистира и функционира а сепак сите го земаат -здраво за готово-, човекот најкратко може да опстане без воздух од сите останати ресурси нели, тогаш можете да замислите какви се последиците од константното вдишување на ваков загаден воздух по самиот човек како единка, односно целата целина како збир на тие единки, односно дел од општеството.

__

Сакам да кажам дека на луѓево воопшто нема да им текне да се замараат со ова, се додека некој не им ги отвори очите и не им објасни дека проблемот може да е доста посериозен одколку што изгледа.

Според мене, константно дишење загаден и неквалитетен воздух = лоши когнитивни способности на мозокот, од што следува лоши и погрешни одлуки и "замаглено" и нејасно размислување, што е корен на целото зло и лош статус на и во општеството. Можеби отидов предалеку со причинско-последичниве заклучоци, но можеби и да сум во право, бар до некаде.

Edited by HugoGoulding - 16-Dec-2012 at 23:12
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 16-Dec-2012 at 21:46
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/1082b1f582195d61c1257833002b50b9?OpenDocument

Еве што Град Скопје предвидел да прави како интервентни мерки. Ама досега не направи речиси ништо од предвиденото, а мораше. А и моментите кога решаваат да реагираат ми се малку чудни.

Добро решение, пожелно за сите нас е гасификација на градот. Без гасификација и елиминација на фосилни горива во индустријата и во домаќинствата тешко може да се очекува квалитетен воздух во Скопје во зима. А додуша и во лето не е нешто подобар. Погледнете го озонот низ извештаите и се е јасно.
Многу е важно да се обезбедат квалитетни горива во возилата и нови концепти во сообраќајот. Воздухот на раскрсниците е најмногу загаден, а како и да не е покрај толкав сообрачај во минување. А никому не му текна да направи кампања да се гаснат возилата на големите раскрсници кога се чека на семафор. Сега има и одбројувачи, па кога ќе видат дека ќе чекаат 90 секунди, ич не се сеќаваат да изгасат! Колку само може тоа да олесни. Да ги имавме јужен булевар и компанија, плус да користевме повеќе јавен транспорт и плус повеќе велосипеди и сл, Скопје ќе беше Лондон.
Да не го заборавиме зеленилото. Што повеќе паркови, дрвја, зелени кровови ќе придонесат. А ние исековме се што можевме и го срамнивме пола Водно. Е па, ќе се задушуваме.

И што е најсташно, оваа се уште никому особено не му е некаква вест!!!!!!! А има ли поважна тема за дискусија и реакција во Македонија моментно од оваа?
Колку смртни случаи се доволно многу смртни случаи? Ни алармот од Светска банка за 1.350 мртви годишно и загубените милиони и продуктивност не ја потресе доволно јавноста.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.