![]() |
![]() |
![]() |
Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT ) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 60> |
Author | |||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||
Децениски старата идеја конечно ќе се реализира. Скопје ќе добие трамвај, а скопјани можност да се возат со него.За трамвајот заврши првата фаза, односно изработката на физибилити студија од страна на консултантот „Виалто“. Проектот трамвај сега се наоѓа во втората фаза, а тоа е подготовката на тендерската документација, која треба да биде готова во јануари месец 2012 година. Веднаш потоа се објавува тендер за концесионер на трамвајот. Таа постапка ќе трае 3-4 месеци, што значи дека следната година во мај или јуни веќе ќе има избрано концесионер, најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. -Изградбата на трамвајската линија во должина од 15 километри, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров е многу значаен проект за Градот Скопје. Анализата покажува дека оваа инвестиција е исплатлива, со тоа што постои можност Градот Скопје и Владата на РМ да дотираат во годишните трошоци за функционирањето на трамвајот со одреден процент, изјави Трајановски. Првата линија на трамвајот ќе ги поврзувa скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Карпош, Влае и Ѓорче Петров, а неофицијално трамвајската траса би се одвивала по крајната десна лента по булеварите Партизански одреди, Димитрие Чуповски, комплексот банки и Јане Сандански. Со спроведувањето на проектот „Трамвај“ ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град и ќе се заштити животната средина. http://kurir.mk/republika/skopje/48374-Skopje-definitivno-ke-dobie-tramvaj |
|||||
![]() |
|||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||
![]() Само трамвајот планираат да го дадат под концесија и да, тешко ќе најдат концесионер само за трамвајот, а уште потешко дека ќе најдат приватен партнер, едвај најдоа приватен партнер за новите автомати за продажба и поништување на билети после 2 или 3 неуспешни обиди. Но тоа е друга приказна, скопјани не се гладни и жедни по трамвај или LRT, самиот факт дека воопшто не излегуваат јавно ни во знак на поддршка ни против изградбата на трамвајската мрежа, говори повеќе од доволно дека не се баш заинтересирани за сето ова, поради што градските власти можат кога сакаат да го фрлат сето ова во вода и исто како никогаш и да не се случило, единствено ќе жалиме за парите фрлени за сето ова. Секако дека градот Скопје може да се задолжи кај ЕБОР или Светска Банка, па дури и кај ММФ, но не делува како да е заинтересиран за такво задолжување, за разлика од катните гаражи за кои е повеќе од подготвен и заинтересиран за задолжување, а можеби е и подобро да не се задолжува воопшто, и онака веќе имаме половина милијарда евра да му враќаме на ММФ за спомениците и за објектите од Скопје 2014, а никој не проговори јавно дека Мудис го намали кредитниот рејтинг на Македонија поради ваквите задолжувања. Така да, подобро воопшто да не се задолжуваат за трамвајот, и онака сме веќе до гуша задолжени, уште да не задолжат како грците, па ќе мораме со сламки да дишеме. |
|||||
![]() |
|||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||||
Ако добро разбрав, сакаат трамвајоскиот сообраќај да го дадат под концесија? Само трамвајот или целиот градски транспорт? Тешко дека ќе најдат концесионер само за трамвајот, ми мириса дека ќе се доживее иста судбина како кај концесиите за патишта. Приватно-јавно партнерство? Хм... тешко и тоа. ПО мене, за трамвај само кредит, можно е да се искористи и некој европски поволен (ЕБРД, Светска банка....)
На секој почеток на вака големи проекти стои политичка одлука, да се надеваме дека повеќе нема да си играат и ќе бидат сериозни овој пат |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Се радував кога го баталија, мислев дека ќе се оди на далеку посолидно решение кое ќе произлезе од ГУП-от.
За жал, од најавата за подземна улица под плоштадот, испаѓа дека соодветниот подземен шински коридор е отпишан ![]() Не би сакал да коментирам пред време, но тоа многу лош сигнал за тоа како ќе биде конципиран целиот проект... Се надевам дека парите и времето потрошени на нови консултанти и студии, не се фрлени во ветар, но не сум оптимист. |
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
Го баталија тоа.... пак нови консултанти, студии...
|
|||||
![]() |
|||||
Stibera ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 117 |
![]() ![]() |
||||
Чекај нели се направи план пред крајот на трифун кога беше градоначелник? Не може тие планови да се искористат? нел итребаше од еден крај на скопје до ѓорче петров да иде една линија? не може тоа пак да се реализира за почеток? |
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
Пред да почнеме со критики од типот дека не се сериозни кога сеуште не знаат ни по кои траси би одела мрежата итн итн.
Мислам дека е добро по секоја цена да се почне со овој проект. Мислам дека е редно да се помрднеме од нулта точка, бидејќи ќе биде многу полесно да ја шириме/ревидираме мрежата кога веќе би имале некаква основа, диспечерски центар, јазли за вртење, депоа, искуство, обучени возачи итн итн итн..... Последен човек сум што се залага за девизата „подобро да се гради нешто, отколку ништо“, но сметам дека е навистина доста од теоретизирање на оваа тема, од кога знам за себе слушам за трамвај во Скопје и затоа мора конечно да се почне од некаде. |
|||||
![]() |
|||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||
http://www.plusinfo.mk/vest/18839/Koce-go-vkluchi-alarmot---doagja-tramvaj |
|||||
![]() |
|||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||
Трајановски не се откажал од транвај во Скопје
Град Скопје прави напори за воведување нови концепти во сообраќајот користејќи го искуството од другите евроспки градови, како што се трамвај, подземни сообраќајници и еколошки чисти превозни средства. Интензивно се работи на изградба на велосипедската инфраструктура, унапредување на системот за изнајмување велосипеди и осовременување на системот за пракирање. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Коце Трајановски на конференцијата на тема „Решенија за одржлив транспорт во пристапните и претпристапните земји и Западен Балкан“. Конференцијата е дел од проектот RENAISSANCE („Ренесанса“) кој, како што рече Трајановски, овозможи осовременување на јавниот транспорт преку воведување автобуси на гас, имплементирање на системот за автоматска локација на возила и поставување на првите информативни дисплеи во Скопје кои го покажуваат реалното време на пристигнување на автобусите на автобуските станици, изготвување на планскиот документ за одржлив транспорт на Град Скопје, како прв документ во Македонија и воведување на првиот Центар за управување со сообраќајот - ЦУКС. - По согледувањето на позитивните ефекти кои ќе ги има Скопје и граѓаните со имплеменатцијата на Центарот за управување со сообраќајот, Град Скопје во моментов бара можности системот кој е планиран да функционира на 30 крстосници, со проектот да биде проширен на сто крстосници, рече Трајановски. Тој потсети дека заради модернизација и задоволувањето на потребите на скопјани за современ градски транспорт, во соработка со Владата се обезбедени модерни нископодни и двокатни автобуси. Според него, овие автобуси во голема мера ќе го осовременат застарениот парк на ЈСП „Скопје“ http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=996EE94B60A2AD4C9F6BA981F32C78C6 |
|||||
![]() |
|||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
_____________________________
колку и да му треба, ако не се најде инвеститор или не се обезбедат средства тешко дека ова и ќе биде случај, а за премостување на раскрсниците без застој треба надземен или подземен сегмент на секоја раскрсница што е прашање како би излегло, значи тоа итно ќе потрае во најдобар случај пола, а реално цела деценија, односно за да дочекаме на еу средства ќе треба 3-4год. како би влегле во некоја програма па и нам да ни се преполови инвестицијата[1], но претпристапно мислам не даваат неповратни инфраструктурни заеми, исто така како што велат по линковите поназад ќе треба минимум 3-4год. за реализација на ваков проект, па на тоа итно можеш да гледаш како што поскоро... градот има премногу приоритети, а приватник тешко се наоѓа за инвестиција во производство не па во транспорт, најдобро е ако државата успее да најде поволен заем, но и да ја фати еу на соживот, па така да се забрзаат работите! а може и да се изведе лрт-то едносмерно по булеварите со што би се покрила поголема територија од градот па така да е поисплатливо и за трасирање и за обем на транспорт, пример сандански-питу-партизанска еден правец а назад илинденска-делчев-асном, или по ваквата едносмерна траса би можело да се оди двосмерно со синхронизација на композициите додека едната е на џеб(вовлечена)станица другата да ја одминува во спротивен правец, може да се комбинира и како 8 односно од сандански и партизанска да се кон центар, односно сандански-илинденска и партизанска-асном, под претпоставка дека новиот мост на гоце делчев со асном ќе го завршат претходно... ако едносмерно чини минимум 10мил. евра километар, а двосмерно 20, подобро е едносмерно да се покрие најнапред поголема територија, но за двосмерно би требало да трасираме дополнително и по една коловозна лента како би се одзела третата за двосмерно лрт... можеби лрт-то најдобро е да го оставиме како опција за поврзување на аеродромот и тирз со градот, така ќе се дисперзира и постојното урбано јадро, концетрирајки ја и економијата и населението околу попатните станици на ваквата приградска лесна железница, иако како модел е адекватен и за сред град
брзиот трам во феникс чини 2.4 милиони евра по композиција[1], бременскиот трам 2м. евра по композиција[1][2][3],
цената за бремен е за новите трамови http://hampage.hu/trams/TdTlite/e_bremen.html _____________________________ за скастрување на трошоци и узурпирани визури како последица на надземна инфраструктура за напојување има две опции 1. или приземно напојување http://onlinepubs.trb.org/onlinepubs/circulars/ec058/15_02_Swanson.pdf 2. јасно или батерии (комбинирано) http://en.wikipedia.org/wiki/Linear_motor#History
јал нејал триипол, што и да врви мора градот да е спремен на постојан трошок кој и баш не е мал по композија та бил трам или лрт [1] особено знаејќи ја каубојската култура на "автомобилистите" во скопје, мора да се има капацитет да се најде посиплатливо решение, можеби домашен трам од колска [2] ![]() http://en.wikipedia.org/wiki/METRORail#Crashes [1] Edited by Max - 08-Feb-2012 at 13:30 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
чекање, прашање е колку сме спремни да изменаџираме лрт како во феникс, но и ним не им е лесно[1] за тие пари во сите региони ќе имаме лрт, но и футуристички композиции ако колска се нафати на некоја јапонска лиценца[2]... се се' може ако се сака[3] па и екстра футуризам[4] останува да сочекаме на студијата и да видиме колку истата ќе ни биде од корист, со оглед дека за различен економски стандард логично е да важат различни претпоставки, но и економски проекции, па така нашите стручни лица нагласуваат едни бројки за исплатливост[1] по свет други[2] а ете пример во англија велат дека Light rail will not meet every transport need. It is best suited to heavily used urban corridors, where flows are over 2,000 people per hour[3] |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
што е трам а што лрт е јасно http://rajvdb.home.xs4all.nl/lra/index.html но денешните нископодни трамваи, кои заради подобар сообраќај се трасираат вон улиците, ги имаат сите карактеристики на лрт-то, освен што имаат поголемата густина на попатни станици... можеби најдобра дефиниција за лрт е оваа to get 80% of the performance attributes of metro for 20% of its costs http://www.uitp.org/Public-Transport/light-rail/index.cfm а ако истата е репер бидејќи немаме потреба од метро, логично е дека немаме ни од лрт!? но ако добиеме класичен трамвај подобро е истиот да биде со особеностите на лрт-то како одвоена траса, што и се истакнува низ нишкава како најдобро решение, а воедно е случај и низ други европски градови сличи по бројност на скопје како бремен или хаг[1][2] единствено прашање е дали концесијата е практично решение или подобро е сами да финансираме ваков проект од државни и европски фондови, а потоа средствата да се вратат преку приватизирање на системот http://www.vtpi.org/tdm/tdm121.htm |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
постара вест, но информацииве интересни, значи Трифун дал 80 а Коце 200 за физибилити студија, како и да е кога го читам она "само за три трам линии" влечам заклучок дека со последнава студија најверојатно ќе се предвидат повеќе, така да ни Трифун ни Коце немале намера за LRT, а и кај унгарците наведено е дека прават студија за light rail system(tram) но пример и новиот хрватски трам на кончар во одвоен колосек ќе ги има сите карактеристики на лрт само што ќе биде нешто поспор, иако реално заради карактерот на трасата и густината на станиците можеме да ги разликуваме овие два система http://urbanist.typepad.com/.a/6a00d83454714d69e201310fe627d9970c-800wi но и цената на истиот сигурно ќе биде попристапна за наши услови него тоа што би било со лрт системот се на се она ЛРТ од насловот на нишкава можете да го извадите, а кога ќе се адаптира градскиот железнички прстен врзан за скопско поле(тирз и аеродромот) и на него го пуштат шпанецот или некој негов современ роднина таа нишка може да се етикетира како ЛРТ Edited by Max - 03-Sep-2011 at 09:40 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
не велам дека тоа се решенија за нас, нафрлам примери во кој контекст да се гледа на двоспратни трамови, а што е до монореил[1][2] тоа може да се размислува кога ептен ќе ја заглавиме урбано, но и во тој случај ќе се најде поатрактивна опција[3][4]
имам превид во предлогов иако наизглед корисно, сепак бидејќи трамваите имаат послабо(подолго) кочење во однос на автобусите, секаква заедничка делба на траса може да е проблематична, иако и такви опции постојат сепак тие се од затворен и наведуван тип http://en.wikipedia.org/wiki/Guided_bus
Edited by Max - 03-Sep-2011 at 19:40 |
|||||
![]() |
|||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||
![]() Max, предалеку гледаш и тоа е добро, но гледаш години во иднината, кој знае дали воопшто ќе бидеме меѓу живите кога ова ќе стане реалност, поконкретно мислам на оваа кинескава иновација, која сеуште не е готова, кинезите допрва треба да ја дочекаат, а да не правиме муабет па за тоа кога ние во Македонија ќе ја дочекаме истата таа иновација. А булеварската жичница е исто како и хеликоптерите, кога почнало сериското производство на хеликоптерите луѓето почнале да веруваат дека прашање на време е додека да автомобилите бидат заменети со хеликоптери, па еве, ништо од тоа, па така и со жичницата, Скопје доби жичница од средно Водно до Милениумскиот Крст и назад, и еве, сега идеја за изградба на булеварска жичница во Скопје. Поисплатливо е монораил ако веќе се фрлаат пари за надземен превоз во воздух, отколку за булеварска жичница, побрз превоз, поголем капацитет, и пред се, поскапо се разбира. ![]() |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
тоа е повеќе дигресија отколку предлог, за таков концепт ќе ни треба и филантроп и футурист на власт! инаку интересна транспортна опција долниот спрат освен како патнички за стоење воедно е предвиден и за карго простор пред се наменет за патнички багаж и точаци, а горниот спрат наменет за подолги релации... па остај двоспратен па и зглобен трам... денес вакви нешта се реалност само по класична железница, за во град за сега се преголем залак па и во 2025, но има и почудни концепти како кинескиов brt кој реално е поадекватен за lrt концепт http://www.youtube.com/watch?v=Hv8_W2PA0rQ
не дека и кај нас нема концепти, пример булеварската жичница[1][2][3] но за ваква идеа има место само доколку е невозможно на одредена траса да се постави лрт или трам
Edited by Max - 02-Sep-2011 at 19:31 |
|||||
![]() |
|||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||
Max, вака на слика изгледа прекрасно, но каде има простор и како би се изградила инфраструктура во Скопје за нешто вакво ? И најважно, дали ние скопјани сме подготвени за нешто вакво и дали ќе го цениме ? |
|||||
![]() |
|||||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||||
Тоа што на Скпоје итно му треба е една експресна линија која почнува во Ѓорче, по партизанска преку центар да продолжува по Јане Сандански во Аеродром. Ако по оваа трансверзала се направи ЛРТ независен од булеварсиот сообраќај, однсно нема семафори да чека, со што патниците од едниот до другиот крај на скопје ќе можат да стигнат за максимум 20 минути тогаш ќе се реши голем дел од транспортот на патниците во Скопје од едноставно причина што голем број на луѓе дневно транзитираат на оваа релација и порадо би користеле ЛРТ наместо да заглавуваат со нивните автомобили во гужви со други возила.
Оваа трансверзала е најбитна, бидејќи во врската со кисела вода и тие од населените места спрема водно во карпош и ѓорче ќе го имаат јужен булевар како брза транспортна врска, нешто што тие што се посеверно кон вардар неможат да го имаат. Edited by mirakuliks - 01-Sep-2011 at 18:02 |
|||||
![]() |
|||||
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
||||
не дека ќе запнат за такво нешто, освен можеби за семинарски на тфб [1][2], но ако горивото во блиска иднина нагло поскапи вклучувајќи го тука и гасот, може да дочекаме пренамена на двокатните автобуси во двокатни тролејбуси но доколку се проектира трамот да оди по постојниот коловоз, негледам зошто не би се одело на двоспратни трамови како би се растеретил дополнително сообраќајот, а и за средишна траса добра опција се двоспратните трамови, како истата би била порастеретена со што би се отворил простор да ја користат и автобусите, односно покрај останатите три ленти автобусите би можеле да ја користат и неа... едноспратни, двоспратни, заеми, концесии итн. сето тоа чини многу, затоа и е нарачана физибилити студијата, да се изнајдат исплатливи и одржливи решенија за градски шински сообраќај, но зошто од надвор зар како држава немаме стручни лица, иако е прашање колку е спретна избраната консултантска куќа за издражана евалуација, и дали нивните препораки лесно би ги имплементирале проектантите и изведувачите http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=21236#21236
|
|||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 60> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |