Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#661 Posted: 04-May-2010 at 20:41 |
Скршени радарите на
Првомајска Двата радара на улицата Првомјаска во Општина
Кисела Вода се искршени. Едниот е размонтиран делумно,
додека од другиот стои само стативот. Општина Кисела
Вода пред неколку години ги постави радарите за
контролирање на брзината со која се движат возачите. (М.Ѓ.) http://vest.com.mk/?ItemID=4785AAC038E49F4AA999350224EC4434
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#662 Posted: 26-Mar-2010 at 14:17 |
"Маски" како канта за отпадоци
Скулптурата "Маски", поставена пред Театарот за деца и млади, кај "Рекорд", стана канта за отпадоци. Поради недостиг на корпи во центарот на градот, скопјани ѓубре, хартии и пластични шишиња фрлаат во скулптурата. Оваа скулптура не е единствена кошница за отпадоци која ја користат граѓаните. Полни со ѓубре се и чантите на двете девојки, поставени на плоштадот Македонија. ФОТО:Б. Грданоски
Edited by SkyBoy - 26-May-2010 at 21:59
|
 |
Sale SK
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
|
Quote Reply
#663 Posted: 22-Mar-2010 at 19:33 |
Mene mi lici na ona prvoto sto go kaza.Protest. Od druga strana,koga ke se razmisli kolku kanti imame po gradov...
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#664 Posted: 22-Mar-2010 at 14:58 |
Да не знае човек дали се работи за намерен протест против лошиве скулптури или едноставен простотилак...
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#665 Posted: 22-Mar-2010 at 14:52 |
Тајните скопски контејнери
кај им текнало... 
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#666 Posted: 22-Mar-2010 at 12:13 |
ПО МАСОВНИТЕ КРАЖБИ ВО ПРИЛЕП
Крадците на шахти пред суд
Единаесетмина прилепчани се осомничени дека украле сливници, шахти и капаци и се офајдиле со над 13 илјади евра
Единаесет прилепчани ќе одговараат за тешка кражба, а Ѓорѓи М.(59) ,сопственик на откупен пункт за старо железо за прикривање, оти се осомничени дека краделе по прилепските улици. Полицијата ги товари дека од 25 јануари до 18 февруари годинава тие од повеќе улици низ градот однеле 107 лиени гусени сливници за атмосферска канализација тешки по 40 килограми со што се стекнале со противправна имотна корист од 524.000 денари.Осомничени се и дека украле 15 шахти, вредни 147.000 денари, како и 13 капаци за шахти продавајќи ги за околу две илјади евра.
Украдените капаци, шахти и сливници, сопственост на ЈП "Водовод и канализација", претходно искршени ги продавале во откупниот пункт за старо железо,чиј сопственик Ѓ.М. се товари за кривично дело прикривање.
Со кражбите на прилепското претпријатие му е нанесена материјална штета од 785.000 денари.
Набрзо, откако "Водовод" се пожали на масовните кражби од улиците, полицијата капаците, шахтите и сливниците на парчиња ги пронајде во буриња на зафрлено место во откупниот пункт "Мина шпед" во Прилеп. (В.То.) |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=D117FF38CD5ECC41AEAB409A35A8A42E
Јас мислам 20-години затвор за тие што ги откупуваат овие работи, па тогаш ќе се среди.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#667 Posted: 19-Mar-2010 at 23:57 |
ЈП "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО"
Украдени хидранти од новите жардиниери
Екипите на ЈП "Паркови и зеленило" во изминативе четири месеци пријавија кражби на поголем број хидранти од новите жардиниери што ги изгради Градот Скопје во изминатиов период, а оваа вандалска појава е најмасовна на булеварот "Партизански одреди", на потегот од мостот Обединети нации" до крстосницата со улицата "Рузвелтова" и кај трговскиот центар "Мавровка". - Кражбата е пријавена во Министерството за внатрешни работи и се прават напори за откривање на сторителите. Оваа вандалска појава сериозно го загрозува полевањето на зеленилото во жардиниерите. Со кражбите на хидрантите се направени штети од 250.000 денари. Градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило" интензивно работат на подигање нови зелени површини по должината на главните сообраќајници и облагородување на просторот со жардиниери. Деновиве се работи на уредување на жардиниерите на булеварот "Александар Македонски", од Сингелиќ до Хиподром и во населбата Аеродром, на потегот од Мајчин дом до Мекдоналдс - се вели во соопштението.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема во градот и да придонесат за зазеленување на Скопје.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#668 Posted: 16-Mar-2010 at 01:40 |
Демолиран еврејскиот портал

Хулигани ги
скршиле вратите и прозорците од двете спомен-соби во Порталот на
Еврејските гробишта во Битола, поради што експонатите се во битолскиот
Завод и музеј
Непознати сторители демолирале делови од Порталот на Еврејските
гробишта во Битола, кој како споменик на културата беше реставриран
лани. Искршено е украсното стакло од прозорците на двете спомен-соби
посветени на битолските Евреи, кои се вградени во самиот портал. Обиени
се и двете врати од овие простории, па не се знае дали во вандалскиот
налет биле оштетени и дел од антиквитетите зачувани од старите еврејски
семејства во Битола. Реквизитите сега се преместени во битолскиот Завод
и музеј, а случајот е пријавен во полиција.
Битолчани
реагираат дека до вакви немили настани доаѓа, пред се', зашто гробишта
се запуштени со години и оставени без обезбедување.
-
Распослани се на едно ритче, отпатно место, на периферијата од Битола
каде што осветлувањето во вечерните часови е никакво. Надлежните треба
да го решат овој проблем, а не поради туѓа негрижа, за Битола да се
добива лоша слика дека не се почитуваат мртвите или луѓето од другите
етникуми - реагираат граѓани.
Од Здружението за
македонско-еврејско пријателство, кое го негува споменот за битолските
Евреи, смируваат дека не се работи за појава на антисемитизам, туку за
недолично однесување, најверојатно, на помлади момчиња, кои
деструктивната моќ ја истуриле врз влезната порта од гробиштата. Досега
пет-шест пати го сменувале стаклото од прозорците, но повторно било
кршено.
Денес, освен искршените стакла, кои потсетуваат на
вандалскиот чин, во собите нема што да се види бидејќи се празни. Во
нив се планираше освен фотографии на истакнати еврејски граѓани, да има
и предмети со кои тие се служеле во минатото. Беше најавено дека собите
свечено ќе бидат пуштени во употреба на 11 Март - Денот на
депортацијата на битолските Евреи. Но, годинава не само што не се
отворија туку и не се одржа традиционалниот кадиш на гробиштата со
образложение дека временските услови не се поволни, а всушност
причината беше страв од тензија поради вандалскиот чин врз порталот.
Надлежните си ја префрлуваат меѓу себе обврската кој треба да ги обезбедува гробиштата.
-
Случајот го пријавивме в полиција. Порталот е споменик на културата и
го реставриравме, одржувањето на гробиштата е на Еврејската заедница.
Имаат проект за поставување видеонадзор, па побараа дозвола од нас и
ние го одобривме тоа, се очекува да постават камери - вели Зоран
Николовски, директор на битолскиот Завод и музеј.
Од
Еврејската заедница велат дека гробиштата се во сопственост на
државата, а за Порталот како споменик на културата треба да се грижи
Заводот.
- Ние сакаме тие што се погребани таму да почиваат на
достојно место, па затоа се обидуваме преку донации да обезбедиме пари,
а подготвуваме и проект во согласност со надлежните за заштита на
културното наследство - велат од Еврејската заедница.
Ова не е
првпат Еврејските гробишта да бидат цел на хулигани. Пред десет години
група млади луѓе што себе се нарекуваат скинхедси на порталот испишаа
фашистички пораки упатени на сметка на Евреите. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=046EB4FE44D4F94BA0B4FD2E87762CC8 |
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#669 Posted: 12-Mar-2010 at 21:58 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#670 Posted: 12-Mar-2010 at 15:52 |
Демолиран паркот спроти Општина Аеродром
Паркот
спроти општинската зграда на Аеродром е демолиран. Клупите се искршени,
а некои, сосе темели, се извадени од земја. Здрави стојат само неколку
канти за отпадоци, додека на местата на останатите стрчат голи железа.
И бетонскиот натстрешник, кој беше изграден да се засолнат граѓаните
кога врне, е уништен. Столбовите се исчкртани со вулгарни натписи, а
краевите им се одронети, чиниш во секој момент ќе се струполат врз
нечија глава. И покрај ваквиот хаос, Општина Аеродром годинава не
планира да постави нова опрема во паркот, но најави дека ќе ги поправи
искршените клупи и канти.
http://vest.com.mk/?ItemID=0B792CE675AB1A448E070E0D7640489F |
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#671 Posted: 12-Feb-2010 at 14:36 |
 не знаев за ова виииш  Али таму е ... културен народ
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#672 Posted: 12-Feb-2010 at 12:34 |
Google ftw! Само внеси координати во google search и самото те носи на локацијата во google maps
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#673 Posted: 12-Feb-2010 at 08:56 |
Остатоци од семафор се ова ? и немам ГЕ - првомајска почеток е ова ?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#674 Posted: 12-Feb-2010 at 03:56 |
41°58'42.72"N 21°26'48.58"E
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#675 Posted: 05-Jan-2010 at 18:18 |
НИШТО НЕ ГО СПРЕЧУВА ПАРКИРАЊЕТО НА ВОЗИЛАТА НА ТРОТОАРИТЕ Столпчињата на удар на граѓанитеРоза Петкова
Дел од жолтите бетонски столпчиња со месеци стојат урнати на улицата Димитрија Чуповски, покрај гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Домот на градежниците. Иако се поставени за да го спречуваат возењето на автомобилите на тротоарите, тие се покажаа слаби за „каубојското“ возење на скопјани. На грдата слика од искршени парчиња и извадени жици од столпчињата, градските власти се уште не реагираат. Од јавното претпријатие „Улици и патишта“, кои вообичаено се задолжени за градските улици, велат дека планираат да ги санираат сите урнати столпчиња, со кои се спречува возилата да го узурпираат просторот наменет за пешаци. Според нив, проблемот е во тоа што бетонските пречки со две железни шипки во внатрешноста се покажале како неквалитетни. - Поцврсти се столпчињата што неодамна ги поставивме на мостот кај „Александар палас“, кои се челични. Инаку на Димитрија Чуповски минатата година сменивме околу 100 столпчиња, но еве годинава повторно половината се урнати. Тоа го прават претежно млади, во вечерните часови - велат од „Улици и патишта“. Од Град Скопје најавуваат дека во буџетот за 2010 година обезбедиле средства за поставување столпчиња на тротоарите. - Точно каде ќе се поставуваат нови, а каде ќе се заменуваат оштетените ќе се утврди според потребите и на барање од заинтересирани субјекти. Во текот на оваа година, на поширокиот реон на централното градско подрачје, поставени се 240 метални столпчиња - соопштија надлежните. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1909&ArticleID=130557
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#676 Posted: 20-Dec-2009 at 20:23 |
Чуварите - неми набљудувачи на Камен мост

И покрај чуварската служба на Камениот мост, што неодамна ја воведоа градските власти, не престана опсадата од продавачи, питачи,
измамници и вандали. Најпознатиот скопски симбол постојано е покриен со
картонски кутии на кои се нудат производи со сомнително потекло,
опседнат е со питачи, а измамниците кои се' уште успеваат да го
прелажат народот со играта со кибритчиња само го дополнуваат
„егзотичниот“ декор. Свој белег оставила и една организирана група
граѓани, која сметала дека е суштински важно на прекрасниот објект да
напише „Слобода за комити“.
„Панаѓурот“ на мостот не е ништо
ново. Ново е само разочарувањето од проектот на Градот, кој покажа дека
чуварската служба е воведена напразно. Градските власти најавуваа дека
чуварите ќе бидат задолжени да ги предупредуваат дивите продавачи да не
продаваат на мостот и да се грижат тој да не се оштетува. Се очекуваше
дека објектот конечно ќе добие достоинствен изглед, а сега од Градот се
правдаат дека немаат ингеренции да ги бркаат продавачите, питачите и
измамниците.
На само десетина метри од куќарката на чуварската
служба, поставена пред десетина дена од левата страна на мостот, еден
чувар завчера само немо ги набљудуваше продавачите на ѓевреци и на
костени. На прашање зошто не презема ништо, тој немоќно ги крена
рамениците, префрлајќи им ја надлежноста на пазарната инспекција и на
полицијата.
- Ние не сме надлежни да ги бркаме продавачите од
Камен мост ниту бездомниците и питачите. Може само да им се придружиме
на инспекторите, ако го побараат тоа од нас. Наше е да го чуваме
мостот, да пазиме да не го оштетуваат, да не ги кршат сијалиците, како
и канделабрите на плоштадот - одговори Кенан Адеми, еден од чуварите на
мостот и на плоштадот Македонија.
Во врска со питачите и измамниците, Адеми вели дека за нив е надлежна полицијата.
-
Ако забележиме дека некој питач краде или многу им додева на
минувачите, може само да пријавиме во полиција. Пред неколку дена видов
како една жена му даваше 10 денари на еден питач, а во тоа време друг
зад неа и' украде 500 денари од џебот. Додека изреагирав тој побегна, а
јас случајот го пријавив во полиција. Нашето е до тука - раскажува
Адеми.
Тој истакна дека за чување на Камениот мост и на
плоштадот се ангажирани четворица чувари, кои работат 24 часа на ден,
по еден во смена.
Од Градот објаснуваат дека чуварската служба
нема ингеренции ниту да брка ниту да казнува, туку само да внимава
некој да не предизвикува штети.
- За оние што продаваат стока на
картонски кутии надлежна е пазарната инспекција, а ингеренции за
бездомниците и за питачите има само полицијата. Нашите чувари се должни
ваквите случаи да ги пријават до надлежните институции - изјави Неделчо
Крстевски, портпарол во Градот.
Од пазарната инспекција велат дека последниов период имаат вонредна состојба и дека нивните мобилни екипи се 24 часа на терен.
-
Деновиве реагиравме во строгиот центар на градот, кај мостот, плоштадот
и кај Градскиот трговски центар и поднесовме околу 15 прекршочни
пријави. Проблемот е во тоа што кога ќе дојдеш до едниот да му ја
одземеш стоката, другиот веќе бега, а за да поднесеме пријава против
некој, тој мора да се легитимира - изјави Сашо Акимовски, директор на
Државниот пазарен инспекторат.
Од друга страна, тој вели дека и
кога ќе се поднесат прекршочни пријави, судовите не одлучуваат по нив,
поради што делата застаруваат.
- Поднесуваме пријави,
одземената стока стои во Агенцијата за конфискување се' додека судовите
не ја донесат конечната пресуда, но не знам од кои причини не ги
решаваат предметите. Чекаат да поминат две до три години, кога делото
ќе застари, а дивите продавачите остануваат неказнети. За да не ни се
случува ова, треба дивите продавачи да се удрат по џебот - дециден е
Акимовски и додава дека според Законот за прекршоците, казната за
физички лица е 300 евра.
Акимовски потврди дека имаат
соработка со Градот и дека чуварската служба е должна да ги извести
кога ќе забележи диви продавачи.
За питањето во МВР велат дека
од почетокот на месецов досега во четири случаи на пофреквентните места
и раскрсници пронашле вкупно 32 питача, од кои 16 биле малолетници.
-
Против 11 полнолетни лица ќе бидат поднесени кривични пријави за
запуштање и малтретирање малолетни лица, а во три случаи ќе бидат
поднеси прекршочни пријави за питање - изјави Борче Пешевски, портпарол
во МВР.
Анела Петрова |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=478529445ECF7448B701B106EA3EEA7D
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#677 Posted: 07-Dec-2009 at 22:51 |
Могилата на непобедените мета на вандали
Моника Талеска
ПРИЛЕП - Вандали на кои полицијата се' уште не им ја открива трагата
подолго време го уништуваат заедничкото добро на Прилеп. Ги кршат
канделабрите, ги корнат жиците, ги демолираат клупите во парковите, ги
распарчуваат кошниците за отпадоци. Се' што ќе се направи, се' што ќе
се постави во функција на поуреден град преку ноќ е во деструктивниот
фокус на вандалите, па изутрина градот се соочува со нивните
злосторства.
Локалната самоуправа редовно ги пријавува овие
инциденти во полицијата, но сторителите остануваат непознати. Речиси
веднаш потоа се преземаат мерки, односно се санира уништеното. Но, за
неколку дена или по еден месец повторно следува демолирање на градската
урбана опрема.
Мета на последниот вандалски атак е Могилата на
непобедените, најголемиот културно-историски споменик. Несовесни
граѓани ги искорнале триесетината канделабри што беа поставени на
патеката што води до споменикот. „Не само што ги уништиле, туку ги
искорнале и жиците, па ризични се за сите минувачи, особено за децата.
Известена е полицијата за да изврши увид. Ова не е направено поради
материјална корист, туку за да се уништи сето она што го прави
локалната самоуправа“, заклучува Лилјана Силјаноска, портпарол на
јавното претпријатие „Комуналец“. Иако комуналците имаат чуварска
служба, сепак, велат дека не е можно нон-стоп да се чува секој дел од
објектот со површина од 60.000 квадрати.
Пред една седмица
некои нецивилизирани прилепчани ја уништиле урбаната опрема на улицата
„Петта прилепска ударна бригада“. И корпите за отпадоци и клупите се
искршени и расфрлени. Пред еден месец беа уништени скулптури во
центарот на градот. И место уметноста да се доближи до граѓаните, што
беше намера на локалната власт, вандалите ја искршија скулптурата
„Трон“. Претходно беше демолиран паркот околу Градскиот саат. Не така
одамна, по пуштањето во употреба на споменикот на Итар Пејо, преку ноќ
беа украдени месинганите славини од чешмата.
„Ги замолувам
сите граѓани да бидат пристојни, да се однесуваат културно, да го
сакаат својот град“, апелира Снежана Ристеска, општински советник за
култура.
Во многу наврати реагираше и градоначалникот Марјан
Ристески, но очигледно проблемот останува нерешен. И граѓаните се
загрижени зашто ваквите инциденти во Прилеп станаа редовна појава.
„Како
да нема крај. Секој ден гледаме дека нешто се уништува. Што и да е,
колку и да се мали тие штети, не смее да се дозволи работите да излезат
од контрола. Кој ги прави тие лоши работи во Прилеп? Очигледно не сме
ние старите, пензионерите. Возрасните луѓе, доцна во ноќта, не се
шетаат по улици и не кршат“, оценуваат пензионерите.
„Никој не
може да остане имун на оваа појава. Полицијата треба да преземе мерки и
да ги открие сторителите. Или да се постават скриени камери секаде каде
што нешто се гради, за да се види кои се тие уништувачи, кои се тие
храбри луѓе што така лесно посегнуваат по заедничкото добро“,
предлагаат граѓаните. Не е тајна дека во ноќните часови млади лица, под
дејство на алкохол, предизвикуваат инциденти. Тоа го потврдуваат и
таксистите. „Не се знае на што ќе наидат на патот. Влегуваат дрогирани,
пијани, некои плаќаат, други заминуваат и не оставаат пари. Се' и сешто
се шета по улиците во вечерните часови. Како да играме руски рулет,
кога одиме на повик и кога не' запираат на улица“, коментираат
таксистите во Прилеп. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EA2B539C98561143B0F5E69D79F4F66B
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#678 Posted: 02-Dec-2009 at 20:28 |
Град Скопје ќе ги обезбедува Камениот мост и Плоштадот
02.12.2009 - 14:12 | Македонија
Со поставување стражарска куќа на кејот, деновиве почна да функционира физичкото обезбедување на Камениот мост и градскиот плоштад.
Обезбедувањето на овој простор е воведено поради честите проблеми со уништувањата на градскиот имот, урбаната опрема, цртањето недолични графити на јавните површини, како и поради нагрдувањето на просторот со недозволени активности, соопшти Град Скопје.
Службата за обезбедување ќе има 24 часовно работно време и е опремена со средства за комуникација и надзор на просторот.
- За непречено и ефикасно заштитување на просторот обезбедувањето е во постојана врска со полицијата и надлежните инспекциски органи, стои во соопштението.
Град Скопје финансиски, во целост, го покрива организирањето на физичкото обезбедување на мостот и на плоштадот.
Новата илуминација на Камениот мост и осветлувањето на кејот ќе бидат дополнително заштитени.
|
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/grad-skopje-ke-gi-obezbeduva-kameniot-most-i-ploshtadot
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#679 Posted: 29-Nov-2009 at 02:14 |
Со пила ја сечела бандерата на ЕВН оти и ја исклучиле струјата
Цело Башино село за малку ќе останело без довод на електрична енергија откако 43 годишната П.М. се обидела да расчистува сметки со ЕВН Македонија ,подружница Велес.
Разлутената жена земала рачна пила и започнала да ја сече бандерата која го снабдува селото со струја ,затоа што била исклучена од електричната мрежа. За среќа направила рез од само 4,5 сантиметри по што била запрена.
Од полицијата информираат дака на П.М. ова и бил трет обид да ја исече бандерата.
При расправија во подружницата на ЕВН го скршила и стаклото.
„Обвинетата во три наврати се обидала да го направи тоа. Кривичната пријава се поднесува затоа то таа и нанела материјална штета на ЕВН ,подружница Велес како и влијаела на нормалното снабдување со електрична енергија„вели М-Р Димитар Андонов портпарол на СВР Велес.
Според неофицијални информации П.М. имала недоразбирање со ЕВН поради тоа што таа велела дака сметките за струја и се платени но тоа не било регистрирано во компјутерскиот систем на претпријатието.
http://www.lisica.mk/statija/6986 28/11/2009 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#680 Posted: 24-Nov-2009 at 20:49 |
Градот купува куќарка за чуварите на Камен мост

За набавка на
монтажна куќичка, камери, фотоапарати, ЛЦД-телевизори, музички систем и
на нова кујна, Градот Скопје ќе потроши 18,5 илјади евра Монтажна
куќичка, камери, фотоапарати, ЛЦД-телевизори, музички систем и нова
кујна ќе набавува Градот Скопје за своите потреби, за што ќе потроши
1,1 милион денари, односно околу 18,5 илјади евра. Одлуката за
одобрување на набавката на основни средства за 2009 година треба да
биде донесена денеска на седница на градскиот Совет.
Според
образложението на градските власти, монтажната куќичка ќе се купува за
потребите на службата за обезбедување на Камениот мост и на плоштадот
Македонија.
- Дел од вработените во обезбедувањето почнаа да
работат во строгиот центар и имаат задача да ги чуваат Камениот мост и
плоштадот од намерни оштетувања, нагрдување со графити, шари, симболи и
други пораки, како и од дивите продавачи. Поради тоа се наложи
потребата од набавка на монтажна куќичка, во која ќе бидат сместени
лицата за обезбедување на наведените објекти - се вели во
образложението на градските власти.
Набавката за видеонадзор,
која се состои од седум камери, сервер, монитор, електронска брава
итн., ќе се реализира за да се воведе видеоконтрола на движењето на
вработените во градската администрација во текот на работното време,
односно влезот и излезот, како и за поквалитетна контрола на движењето
на странките. Видеонадзорот ќе биде поставен во портирницата, архивата
и во просторот наменет за работа со странки кои ги регулираат своите
даночни обврски, односно бараката 16.
За потребите на
инспекторските служби, во Градот ќе бидат набавени 19 дигитални
фотоапарати, за вршење контрола и утврдување на фактичката состојба на
терен ќе се купат еден професионален фотоапарат и камкордер.
Одделението
за односи со јавноста и секторот за поддршка на градоначалникот ќе
добијат еден ЛЦД-телевизор со екран од 42 инча и три помали
ЛЦД-телевизори, како и музички систем, а поубав амбиент ќе добие и
бифето на Советот на Град Скопје, каде што дотраената кујна ќе биде
заменета со нова.
Наведените предмети Градот ќе ги купи во согласност со Законот за јавните набавки. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A90C9312DD953A4A8094E87DC0D0C5F1
|
 |