build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 42>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 31-Oct-2020 at 17:39
Не спорам дека се ефикасни за прочистување, но јонизаторите не се баш тоа што ги рекламираат. Едно многу интересно видео од еден многу паметен дечко:



Честитки за новиот стан!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Semir View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Semir Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 31-Oct-2020 at 16:08
Здраво дечки, не знам дали е соодветно ова тука да го постирам, ако не е слободно избришете го

Продавам Тефал прочистувач за воздух, купен во Нептун користен една сезона. Го продавам бидејќи купив нов поради тоа што се преселив во поголем стан и ми требаше прочистувач со поголема квадратура.
Прочистувачот на тефал всушност има повеќе филтри од новиот бидејќи има четврт филтер кој што го собира формалдехидот од воздухот. Исто така има и опција за јонизација на воздухот (го прави како воздухот на планина со негативни јони просто кажано). Ако некој е заинтересиран можеда ми пише во дм или да ме побара на 076282238
Купен е за 13.000 го продавам за 8.000
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 30-Oct-2020 at 13:35
Значи и ти си глуп. Да протестираш за чист воздух со дизел коли е како да протестираш со јадење месо против убивањето на животни.

Скопје е котлина, ама протестот се случи во Битола. Битола има термоцентрала и многу заболени од рак.

Овие дебилите имаа власт 11 години, воздухот ниту тие ниту сегашните ќе го исчистат. За што точно протестираат никој не може да разбере.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 30-Oct-2020 at 10:12
Што бе да не е забрането да се протестира ? Ако протестираа на нозе ќе цвикавте дека се групирале ширеле болест...
Дај кажи ја фразата,колите се криви,протестите се криви за загадувањето...а да и "Скопје е котлина" затоа е загадено. Сите се криви само овие што ги браниш тука не се.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 30-Oct-2020 at 09:40
Добро, дали се нормални? Ја гледа некој друг иронијата во протест за чист воздух со возење на коли?


Протест на опозицијата за воздухот во Битола

29/10/2020



Опозициската ВМРО ДПМНЕ вечерва по втор пат излезе на протест во Битола. Овај пат протестираа за како што рекоа загадениот воздух. Протестот со автомобили го започнаа во 19 часот од пред паркингот на Педагошкиот факултет, продолжија по ул. Васко Карангелевски, Партизанска, 4-ти Ноември, Прилепска, Филип 2 Македонски, Булеварот 1 ви Мај, пред општинската зграда.

Вечерва опозицијата протестираше и во Скопје, Струмица, Тетово и Куманово.   Во соопштението од партијата наведоа дека протестите се порадаи неодговорната политика на Владата на СДСМ во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух.

„Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки, велат од партијата.

Протестот заврши пред зградата на општина Битола каде рекоа дека вечерашниот протест е со цел да ги потсетат граѓаните за како што велат лагите и измамите со кои се замајувала јавноста на темата здрава животна средина во изминатите четири години владеење.









Тера Телевизија
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 29-Oct-2020 at 21:55
Originally posted by ehrlich

А со налепниците на возилата до кај сме? Значи освен еден дрон што купија, ништо немаат направено 3 години.


Само остана на ветување,сите мерки кои се построги и кои треба да удрат по џебот на народот максимално се избегнуваат и затоа нема подобрувања.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 29-Oct-2020 at 20:45
Originally posted by гитардемон


За жал, како што спомна Шилегов во тоа интервјуто што беше постирано овде, иако градот сакал да започне со терцијарна гасификација (до домаќинствата), владата ги посоветувала да не започнуваат, бидејќи Скопје ќе биде дел од пакет-понудата за национален дистрибутер на гас.

Логиката е дека ако треба да се формира „Пехчево гас“ или „Демир Хисар гас“, никој нема да се јави на тендер, бидејќи тоа е крајно непрофитабилен бизнис за таков мал пазар. Но ако оди цела Македонија (особено делот од Скопје кој не е покриен од топловодната мрежа) во пакет, тогаш ќе има повеќе заинтересирани наддавачи.

Држи вода тоа, но непотребно ја комплицира постапката, а прашање е дали и под таков услов некој би се нафатил да ја земе терцијарната. Особено, во следниве 2-3 години каде сите компании ќе спуштат инвестиции на минимум.

Подобро парцијално да се оди, а таму кадешто нема интерес, државата да си гради мрежа ако смета дека има потреба и потенцијал за во иднина да даде под концесија веќе изградена мрежа (или јпп). Вака Скопје се кочи, иако и во првата и втората варијанта, Скопје ќе го субвенционира Пехчево.

Има некоја разлабавеност изгледа во тие владини сектори, каде ништо не може во разумен период да се истера како проект, освен екпресниве патишта кои тераат без проблем. Координираност меѓу Град и Влада, исто минимална.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 29-Oct-2020 at 18:51
А со налепниците на возилата до кај сме? Значи освен еден дрон што купија, ништо немаат направено 3 години.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 29-Oct-2020 at 07:04
Дури не се гасифицира земјава, секоја друга мерка е скоро залудна. Огромен дел од населението надвор од Скопје се грее на дрва. Новиот закон за задолжително приклучување на парно е фантастичен почеток (за Скопје), но остатокот од државата ќе мора да го чека гасот.

За жал, како што спомна Шилегов во тоа интервјуто што беше постирано овде, иако градот сакал да започне со терцијарна гасификација (до домаќинствата), владата ги посоветувала да не започнуваат, бидејќи Скопје ќе биде дел од пакет-понудата за национален дистрибутер на гас.

Логиката е дека ако треба да се формира „Пехчево гас“ или „Демир Хисар гас“, никој нема да се јави на тендер, бидејќи тоа е крајно непрофитабилен бизнис за таков мал пазар. Но ако оди цела Македонија (особено делот од Скопје кој не е покриен од топловодната мрежа) во пакет, тогаш ќе има повеќе заинтересирани наддавачи.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 28-Oct-2020 at 21:35

крајно политички упорно се избегнува главната мерка што треба да се воведе за да имаме ефекти, а тоа е удирање по џебот на граѓаните, без разлика дали е тоа за возила или за греење
еве може да настапат системски , прво да ги разрешат индустриските загадувачи и депониите, нелегалните палења и слично, па кога ќе се увиди дека загадувањето сеуште е на високо ниво, да се удри по домаќинствата... све супер стимулации со субвенции и замени, ама сеуште нема ни 10% од заинтересираноста на граѓаните за проблемот, а упорно се посочува на фабриките како изговор
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 28-Oct-2020 at 16:19
Колите имаат учество во загадувањето но не во таа мера колку што учество зема греењето,бројките се зголемуваат во вечерните часови што укажува дека со палењето на ќумбињата и што се не се гори во нив е главната улога во загадувањето + сите депонии кои повремено горат а се во околина или во рамки на градот.

----------------------------------------
Концентрацијата на отрови во воздухот се зголемува по 17 часот

Аерозагадувањето е највисоко навечер. Ова го покажуваат графиконите на Министерството за животна средина. Во нив се гледа дека по 17 часот се зголемуваат концентрациите во воздухот. Во тој период граѓаните се враќаат од работа, има гужва низ улиците, а во домовите се вклучуваат грејните тела. Според графиконите, воздухот не е толку загаден во раните утрински часови и попладне, период кога сообраќајот не е густ. Пред два дена најмногу загадување е измерено во Кавадарци со присуство на 361 микрограм ПМ 10 честички во воздухот. 291 микрограм ПМ 10 вчера беа измерени во Куманово, а во скопскатата населба Лисиче 280 микрограми ПМ 10 честички во воздухот. Овие мерења се од пет до седум пати поголеми од дозволената граница на загаденост. Според владата, се преземаат мерки.

„Незалудно се оние проекти замена на стари печки и подобрување во тој дел за да се заменат со горива коишто нема да ја загадуваат животната средина, така што само би додал дека ова е дел од проблемот и сигурно дека натаму треба заеднички да работиме и граѓаните и институциите во таа насока“, рече Душко Арсковски, портпарол на Влада.

Со речиси 9 милион евра, пари од Светска банка догодина општините ќе можат да искористат проекти за енергетска ефикасност. Ќе се реконструираат општинските објекти. Општините ќе може да аплицираат за замена на загревањето во училиштата со еколошко, рекоа од министерството за економија во емисијата Економски магазин на Алсат.

„Зградите мораат да ги исполнуваат критериумите коишто се утврдени претходно, а тоа се, да се сеизмички отпорни, да се стари најмалку 10 години…, рече Валентина Старделова, министерство за економија.

Догодина економија повторно ќе дава субвенции за граѓаните. Новина е што ќе се доделуваат субвенции за фотонапонски соларни панели за крововите на домаќинствата кои ќе заменат електрчна енергија. Од денеска се поставени два уреди за 24 часовен надзор на воздухот во Скопје – во Карпош и Лисиче, кои ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на наредните 12 месеци. Со анализа на добиените податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот, велат од УНДП.

https://alsat.mk/mk/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 27-Oct-2020 at 21:57
Колку дена Град Скопје бил загаден над 100 во период Мај-Септември?
0
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 27-Oct-2020 at 11:10
Увозот на половни возила не запира: ООН потврдува дека се значаен извор на аерозагадување [инфографик]



Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животната средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) дава загрижувачки податоци за извозот на автомобилскиот крш во неразвиените земји и земјите во развој, меѓу кои е и Северна Македонија. Дури 14 милиони половни возила биле извезени низ светот во периодот од 2015 до 2018 година, од кои околу 80 отсто заминале во земјите со ниски и средни примања, а половина од нив се нашле во Африка.

Извештајот на ООН предупредува дека брзорастечкиот глобален возен парк е голем извор на загадување и предизвикувач на климатските промени, а транспортниот сектор е одговорен за речиси една четвртина од глобалните емисии на стакленички гасови поврзани со енергијата. Исто така, издувните гасови од возилата се значаен извор на ПМ-2.5 честички и азотни оксиди, кои пак се најчестите причинители на загадувањето на воздухот во градските средини.

„Развиените земји мора да престанат да извезуваат возила кои не ги задоволуваат стандардите за животна средина и безбедност и кои повеќе не се сметаат за употребливи на патиштата во нивните земји, додека земјите увознички треба да воведат посилни стандарди за квалитет“, нагласува Ингер Андерсен, извршен директор на Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

Таа дополнува дека протокот на половни возила од развиените земји кон земјите во развој и неразвиените земји е всушност извоз на загадувачки возила, а сето ова во голема мера се случува нерегулирано. Андерсен вели дека прочистувањето на глобалниот возен парк е приоритет за исполнување на глобалните и локалните цели за квалитетот на воздухот.

Извештајот на УНЕП се заснова на длабинска анализа на 146 земји, која покажува дека дури две-третини од нив имаат „слаби“ или „многу слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила. Токму Источна Европа е втората светска дестинација, веднаш по Африка, каде завршиле 24 отсто од вкупниот број на извезени половни возила во светот. На пример, просечната возраст на увезените половни возила во африканската земја Гамбија била речиси 19 години.
А токму во овој Извештај на УНЕП, Северна Македонија зазема „почесно место“ меѓу земјите кои се оквалификувани дека имаат „слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила, во која е дозволен увоз на возила со ЕУРО 3 стандарди на емисија. Во оваа група со „слаби“ политики од земјите во Источна Европа и поранешен СССР сме заедно со Босна и Херцеговина, Србија и Узбекистан, а земји како Казахстан, Украина, Таџикистан, Белорусија, Албанија и Азербејџан имаат построги критериуми за увоз на половни возила.

„Мета.мк“ веќе подолг период предупредува за просечната старост на автомобилите, која лани во земјава изнесувала 19,3 години. Во меѓувреме, бизнисот со увоз на половни возила си тече непрекинато, при што од јануари до септември 2020 година биле увезени 16.692 половни возила во земјава. Од 2009 година до денеска, во Северна Македонија биле увезени фрапантни 356.481 употребувани возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ.

Извештајот на УНЕП предупредува дека половните возила не се само извор на аерозагадување во градовите и предизвикувачи на климатските промени, туку и опасност по безбедноста во патниот сообраќај преку зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица. Прецизно е наведено дека во земјите со „слаби“ и „многу слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила, постои многу висок просек на загинати во несреќи на патиштата.

https://meta.mk/uvozot-na-polovni-vozila-ne-zapira-oon-potvrduva-deka-se-znachaen-izvor-na-aerozagaduvanje-infografik
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 25-Oct-2020 at 13:19
БИ ГИ УКИНАЛ ЦЕНТРАЛНИТЕ ИНСПЕКЦИИ, ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е КАТАСТРОФАЛЕН, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Градоначалникот Петре Шилегов смета дека централните инспекции целосно треба да се укинат и да не постојат. На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“, Шилегов кажа дека државните инспекции се нефункционални и не си ја вршат работата за која земаат плата.

„Може да постои државен орган којшто ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции. Различни ни се приоритетите како органи. Недавањето моќ на градоначалниците или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Бит пазар и за тоа треба да се молам со Пазарна инспекција да испрати инспектори. Еве да го отвориме предизвикот, да ги укинеме државните инспекции. Имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па Градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад“, рече Шилегов.

Додека во Скопје се формира комунална полиција, идеја која што Шилегов ја најавува од почетокот на мандатот, Градот и скопските општини ќе имаат заеднички инспекции, со што поефикасно ќе се постапува и во иднина нема да има случаи како дивите платформи на Матка и дивоградбата кај „Мавровка“. Тој смета дека инспекторите не треба да бидат поделени според области односно инспектор за животна средина или инспектор за градежништво.

„Или си инспектор за сите области или не си. Така ќе супституираме многу од луѓето кои ни фалат, на пример, имаме инспектор за животна средина, ама немаме градежен. Што ни фали истиот човек да може да ја обавува инспекциската работа. Многу скоро ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во Општините од територијата на Град Скопје, а ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција“, рече Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bi-gi-ukinal-tsentralnite-inspektsii-drzhavniot-inspektorat-za-zhivotna-sredina-e-katastrofalen-veli-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 25-Oct-2020 at 13:17
Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

Голем дел од мерките предвидени во двегодишниот План за чист воздух се далеку од реализација. Амбициозниот документ, кој предвидуваше намалување на аерозагадувањето до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови се реализира веќе втора година по ред, но не во сите сегменти кои се планираа. Замената на старите грејни тела кои работат на фосилни горива со инвертер клими, инвестициите во енергетска ефикасност на јавните објекти и обидите да се намалат дивите депонии, а да се зголеми јавното зеленило, се меѓу најспроведуваните во Скопје и другите општини низ земјава.

Сепак, изостануваат посериозните инвестиции во управувањето со отпадот, не само од аспект на нелегалното исфрлање, туку и во редовната работа на комуналните служби, системот за селекција и рециклирање, нема казни за несовесните загадувачи, ниту пак зајакнување на ингеренциите и бројноста на инспекциските служби. Тешко оди и поправката на мерните станици за загадување на воздухот, кои неколку години по ред чекаат на реализација на тендерите за да се оспособат и да ги мерат сите видови ПМ честички и другите извори на аерозагадување.

Пандемијата на ковид-19, исто така, не донесе ништо добро за инвестициите во животната средина, туку ги пренасочи финансиските приоритети, со што ја удвои опасноста во претстојната грејна сезона, која е позната по високи концентрации на загадувачки материи во воздухот. Граѓанската „О2 Иницијатива“ неодамна реагираше на новите планирани кратења на буџетот предвиден за животна средина.

„До кога ќе се крати од животната средина? Се давиме во ѓубре, ама за чистење на дивите депонии со ребалансите на буџетот годинава се предвидени 90 отсто помалку средства. Во моментов 21 инструмент од мерните станици за мерење на квалитет на воздухот не работат, но две третини од средствата наменети за набавка на делови и нови инструменти се скратени. Оваа година нема дотации за општините Битола, Новаци, Могила, Кичево, Чаир, Гази Баба, Центар, Аеродром, Кисела Вода, како надоместок за производство на енергија од фосилни горива“, велат во „О2 Иницијатива“.

Граѓанските активисти се незадоволни што загадениот воздух, почва и вода не се приоритети на Владата, што доцни чистењето на токсичниот линдан, како што и нема пари за фекални колектори и заштита од порои.

„Нè сотреа загаден воздух, вода и почва, ама упорно се крати од средствата за животна средина. Отстранувањето на линданот од ОХИС се најавува секоја година, но таму не е проблем само тој, туку и живата и други канцерогени супстанции. Наместо да сведочиме за конечно чистење на сите токсични супстанции од тие мегатонски канцерогени депонии, 70 отсто од средствата за отстранување на линданот се тргнати“, велат активистите.

Со Програмата за намалување на аерозагадувањето за годинава најавена беше замена на системите за затоплување во 45 градинки и 29 училишта, а Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека во план е до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува. Објавен беше и повик на кој општините можеа да конкурираат и да добијат до 100.000 евра за замена на нееколошките системи за греење во градинките и училиштата, здравствените и административни објекти во најзагадените градови.

Сепак, голем дел од мерките сè уште чекаат да дојде нивниот момент. Потребата од почести контроли и уште поважно, поажурно санкционирање на загадувачите, требаше да се обезбеди со зајакнување на капацитетот на инспекциските служби. Мерните станици требаше да бидат опремени, но според најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање за ова ќе треба да се почека до крајот на годината. Идната година ќе ја почекаат и вработувањата на нови инспектори за животна средина, кои ги предвидуваше Планот за чист воздух.

„Во врска со предлог планот за нови вработувања за 2021 година, кој го изработува секоја државна институција очекуваме, со оглед на сложените финансиски предизвици од епидемијата, сепак да биде овозможено одреден број на нови вработувања на инспектори по сите три основи, животна средина, природа и водостопанство“, информираат од Министерството.

Од таму велат дека интензивно се работи и на решавање на проблемот на замена на застарените мерни инструменти со нови. Лани се набавија шест инструменти за мерење на PM-10 честички, од кои едниот е монтиран во станицата Гази Баба, а другите во станиците Лисиче, Велес 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар. Некои станици, сепак, за функционална опрема ќе треба да почекаат уште две години.

„Набавка на една нова мониторинг станица за Гевгелија и замена на мерните интрументи во Битола 1 се веќе реализирани во рамките на проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и опремата е инсталирана и пуштена во функција. Во тек е набавка на инструменти за мерење на концентрација на PM2.5, два инструмента ќе се набават со финансиски средства од Буџетот на МЖСПП и ќе се инсталираат до крајот на годинава. Останатиот дел, во рамките на проект финансиран од SIDA, планирана е замена на 11 застарени инструменти од ДАМСКАВ со нови. Замена на другите мерни инструменти е планирана и со ИПА 2 програмата и во периодот до 2022 година ќе бидат комплетно заменети“, информираат од Министерството.

Една од мерките која ја предвидува Планот за чист воздух е и замената на печките на дрва во Скопје и во општините Битола, Кичево и Тетово, кои во изминатите години ги регистрираа едни од нависоките концентрации на ПМ-честички во светот. Мерката важи за индивидуалните домови кои можат да се снабдат со нови инвертер клими, кои се субвенционираат со 100 отсто од сумата, односно максимум до 1.000 евра.

Јавниот повик во Скопје сè уште е отворен, но сепак, дел од мерките во Планот за воздух, кои се однесуваа на главниот град не се ниту блиску до реализација. Така документот предвидува во изминативе две години, 10.000 домаќинства да се приклучат на постоечкиот топлински оператор БЕГ, а топловодната мрежа да се прошири. Предвидено беше Скопје да нема калливи површини по кејовите на Вардар и Лепенец, како и да бидат расчистени дивите депонии и дивите населби каде многу често се палат огнови на отворено.

Во Градот Скопје велат дека преземаат повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето. Една од нив е и формирањето на новото јавно претпријатие Градски Енергетски Системи по преземањето на топловодната мрежа во Скопје. Во моментов се работи на завршување на административните постапки за добивање лиценца, по што, градските власти најавуваат дека ќе започне со дистрибуција на топлинска енергија. Мерките за проширување на мрежата и приклучување на нови корисници, велат во Град Скопје, ќе мора да почекаат.

„Во моментов трае јавниот повик за субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди, каде во соработка со Владата ќе се доделат над 5.000 субвенции, со максимална висина од 62.000 денари. Град Скопје и во 2018 и 2019 година доделуваше субвенции за граѓаните за набавка на инвертери кога беа доделени 20 милиони денари, односно 1.379 субвенции, како и по 15 милиони денари за субвенции за набавка на печки на пелети. Субвенционираме и обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и чистење на оџаци“, информираат од Градот Скопје.

Градските власти велат дека во континуитет работат и на чистење на постоечките диви депонии и на спречување на создавање на нови, со константни контроли и патроли на инспекторите и комуналните редари. Сепак, уредувањето на големите депонии, како што е Вардариште, признаваат дека ги надминува нивните можности. Тоа, велат дека е комплексно прашање и за решавање ќе биде потребно да се ангажираат повеќе институции.

https://meta.mk/ambicziozniot-plan-za-chist-vozduh-ostavi-mnogu-nerealizirani-obvrski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 25-Oct-2020 at 12:27
Мирис на изгорена пластика и чад се шири од депонијата кај Арачиново



https://alsat.mk/mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 22-Oct-2020 at 07:25
Топаана мириса на изгорена пластика

На самиот старт на грејната сезона, ваква е сликата во населеното место Топана. Мирисот на чад од огревно дрво и согорена пластика е првото нешто што ќе го почувствувате кога ќе поминете низ ова населено место. Падот на температурите и почетокот на грејната сезона го вкучи алармот со загадувањето на воздухот.

Локалното население не сакаше да зборува пред камерата, но вели дека се снаоѓа да го затопли својот дом со што ќе најде, бидејќи пари за огревно дрво не можат да си дозволат.

Од Министерството за животна средина и инспекторатот за животна средина, велат дека не е во нивна надлежност да постапуваат доколку некој пријави дека во местото каде што живеат е загадено. Надлежност за да излезат инспектори на терен има самата општина, во овој случај Чаир. Од општината велат дека никој не пријавил дека во Топана воздухот тешко се дише.

„До Инспекторатот на Општина Чаир засега нема поднесени пријави од страна на граѓани за тешка миризба во овој дел од општината. Инспекторите се постојано на терен и согласно нивните надлежности имаат изречено казни за палење на оган на јавно место со цел спречување на загадувањето на воздухот. Од друга страна, инспекториите немаат право на влез во домовите на граѓаните за да се направи увид на што се грееат граѓаните“, велат од општина Чаир.

Загадувањето на воздухот е тема која се актуелизра во јавноста откако ќе почне грејната сезона.Македонија неколку години наназад се наоѓа меѓу првите десет држави во светот како најзагадени.

https://alsat.mk/mk/топаана-мириса-на-изгорена-пластика/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 21-Oct-2020 at 18:41
Ама мора студија, без студија не оди работата, студијата ја кажува вистината, ова вака што ние го гледаме, се лажеме

А работата е толку едноставна. Буквално Скопската Котлина е како дневна соба. Ако е добро времето и отвориш прозор во дневната (и има ветер) тогаш воздухот во собата е добар. Ако е зима и прозорот е затворен, собата станува загушлива, со што секој сегмент влијае за влошување на квалитетот на тој воздух.

Ама градот освен некоја пара за субвенции за инвертери, не ја проширија топлификациската мрежа, гасоводната мрежа не е ни почната, нема субвенции за повторно приклучување на парно и слично.

Исто така, строги контроли на сите депонии и инспециски надзори на сите палења.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 20-Oct-2020 at 21:46
Земете по еден прочистувач за воздух дома и нема да има потреба од било каква студија, нека не трошат пари џабе туку да ги пренаменат
Од Мај па до денес ниту еден ден не ми покажал повеќе од една цифра.
За разлика од минатата зима каде стално беше меѓу 50-200...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 20-Oct-2020 at 17:06
Во ноември ќе се знае колку сообраќајот влијае врз загадувањето во Скопје

Скопје секоја година, особено во зимскиот период, се соочува со сериозно загадување на воздухот, а процените се дека со 35 отсто во вкупното загадување, учествуваат емисиите на штетни гасови од сообраќајот во Скопје, особено во близина на главните сообраќајници. Поради тоа, од Центарот за климатски промени истакнуваат дека мора да се дејствува и да се започне со реални активности и решенија.

Токму влијанието на сообраќајот во вкупното загадувањето на воздухот во Скопје, како и персоналната изложеност на луѓето на емисиите од сообраќајните средства, се главен фокус на истражувањето, кое го работи експертски тим предводен од проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и раководител на одделот АМБИКОН, каде што се вршат истражувањата и анализите. Истражувањето се спроведува во соработка со Центарот за климатски промени, здружение на граѓани што дејствува во областа на животната средина. Истражувањето ќе биде завршено во ноември годинава, по што ќе бидат објавени целосните резултати и препораки.

Во рамките на истражувањето ќе биде направена и споредба на податоците за концентрациите на загадувачки супстанции за време на ограниченото движење во рамките на рестриктивните мерки за заштита од ширењето на вирусот ковид-19 во периодот од март до август годинава, кога имаше намалена фреквенција на сообраќај, со податоците од истиот период во претходната 2019 година.

Истражувањето ќе ја анализира и индивидуалната изложеност на емисиите што произлегуваат од сообраќајните средства од суспендирани цврсти честички при различни начини на движење во сообраќајот, во период вон и во грејната сезона во Скопје.

Речиси во сите досега спроведени истражувања сообраќајот се истакнува како еден од позначајните извори на загадување во урбаните средини. Целта е преку ова истражување да се утврдат конкретните влијанија на сообраќајот и да се споредат со податоците за квалитетот на воздухот во Скопје кога имало намален сообраќај поради мерките за забрана на движење заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Освен тоа, оваа истражување има за цел да ја утврди директната поврзаност на влијанието од загадувањето предизвикано од сообраќајот врз индивидуалната изложеност на луѓето, а со цел да се предложи адаптација на урбаната опрема и рутите на движење кои ќе овозможат помало влијание врз луѓето во текот на нивните секојдневни активности. Голем број студии во светот јасно укажуваат дека правилниот избор на начинот на движење или однесување може да влијае врз намалување на изложеноста – истакна проф. д-р Мираковски.

Во рамките на истражувањето, експертскиот тим ќе прибира податоци за структурата и бројот на возилата на територијата на градот Скопје, фреквенција на возила на критични раскрсници во чија близина има мерни станици, како и часовна и дневна концентрација на загадувачките материи од националната мониторинг мрежа. Исто така, ќе се земат предвид и досегашните студии и анализи. Измерените вредности од истражувањето кои ќе бидат земени во различни временски периоди и услови, ќе се анализираат и ќе се споредуваат со дозволените нивоа на изложеност.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-noemvri-ke-se-znae-kolku-soobrakajot-vlijae-vrz-zagaduvaneto-vo-skopje/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.