Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#61 Posted: 11-Jul-2009 at 14:11 |
Државата ги осиромаши јавните претпријатија, па сега ќе ги закрепнува |
Шесте
градски комунални претпријатија насобрале долг од 12 до 15 милиони евра
за пет години, откога им се укина повластената стапка на ДДВ, па од
градот најавуваат дека заедно со централната власт ќе бараат решение |
|
 |
Градската
управа заедно со Владата, Министерството за финансии и со Управата за
јавни приходи ќе бара решенија за да се растоварат шесте градски јавни
претпријатија од долгот што го насобрале за неплатен данок на додадена
вредност во изминативе години, најавуваат од градот. Градоначалникот
Коце Трајановски неодамна истакна дека овие долгови, кои достигнуваат
од 12 до 15 милиони евра, ги оневозможуваат претпријатијата да ги
извршуваат своите обврски со полн капацитет. Според него, овие
наследени обврски се главната причина за лошата финансиска состојба во
градот.
Данокот на додадена вредност се воведе од 1 април 2000
година, но тогаш, додека за сите даночната стапка беше 19 отсто, за
јавните претпријатија имаше повластена од пет отсто. Сепак, од 1 април
2003 година Министерството за финансии подготви законски измени со кои
се воведе линеарна стапка од 18 отсто за сите, вклучувајќи ги и јавните
услуги. Оттогаш почнал да се собира долгот кај речиси сите
претпријатија. Тие не биле во можност редовно да ги плаќаат високите
давачки, бидејќи своите услуги ги наплаќаат одложено и во помал процент
отколку што им фактурираат на корисниците. Поради ненавременото плаќање
на обврските, како што истакнуваат од градот, долгот на претпријатијата
се зголемувал со каматирањето на основниот долг. Иако Владата во 2007
година го намали данокот на додадена вредност на пет отсто за јавните
дејности, во рамките на европските препораки, сепак високите долгови и
понатаму останале.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“
има најголем долг за ДДВ, од седум милиони евра, а по него следуваат
„Комунална хигиена“, со околу четири милиони евра, и „Улици и патишта“
со долг од повеќе од еден милион евра.
Од ЈСП велат дека
неможноста редовно да го отплаќаат данокот на додадена вредност се
провлекува неколку години, а се надеваат дека ќе им биде отпишан.
-
Долгот на претпријатието за ДДВ изнесува 7,3 милиони евра. Немаме
резервни фондови за да можеме да ги исплаќаме каматите, бидејќи
корисниците на нашите услуги се единствениот извор за приходи.
Позитивното салдо за минатата година беше поради субвенциите кои ни ги
додели градот. Се надевам дека Владата ќе се обиде да најде решение за
нашиот проблем и ќе ни го отпише долгот, како што тоа го направи со
јавното претпријатие „Македонски шуми“ - објасни Александар Бошковиќ,
директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Од
кабинетот на градоначалникот Трајановски велат дека овој проблем на
претпријатијата не бил случајно истакнат, бидејќи заостанатиот долг за
ДДВ на претпријатијата го отежнува нивното функционирање, а со тоа и
квалитетот на услугите на граѓаните.
Според европската
регулатива, се предвидува јавните претпријатија да бидат ослободени од
плаќање данок или тој да биде со повластена стапка. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7119101158&id=14&prilog=0&setIzdanie=21735 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#62 Posted: 25-Jun-2009 at 11:18 |
Урбанистичките планови главен приоритет на Скопскиот плански регион |
Изработка
на поголем број детални урбанистички планови, развој на комуналната,
транспортната и енергетската инфраструктура, на земјоделството и
руралниот развој, на економскиот пораст, како и на заштитата на
животната средина |
|
 |
Ова
се приоритетните предлози за надминување на проблемите во Скопскиот
плански регион, кои беа презентирани на вчерашната седница на советот
за развој на овој регион, а технички беа поддржани од УСАИД-проектот за
локален економски развој.
Во Скопскиот плански регион има 18
општини заедно со градот, а преку изработката на заедничките проекти на
две или повеќе општини и со нивно решавање ќе се овозможи обединување
на градоначалниците во овој регион.
Тони Трајковски,
претседателот на регионот и градоначалник на општината Гази Баба, вчера
ја отвори и канцеларијата на Центарот за развој на овој регион, која ќе
има оперативна цел и преку неа ќе се подготвуваат планираните проекти.
-
Оваа канцеларија е сместена во просториите на ПСМ-фондацијата во Гази
Баба, која е најголемата општина во скопскиот регион, а со тоа и јас
како градоначалник сум назначен за претседател. Овој регион е последен
по формирање, бидејќи во изминатиот период имавме проблем со општината
Петровец. Ќе се направи екипирање на Центарот со двајца соработници и
еден раководител, кој ќе се избере на јавен конкурс - објасни
Трајковски. Како што нагласија градоначалниците од скопскиот регион,
секоја општина се соочува со различни проблеми, бидејќи постои голема
разлика меѓу урбаните и руралните делови, со што ќе се нагласуваат
различни приоритети за решавање на проблемите. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62591041413&id=14&prilog=0&setIzdanie=21721 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#63 Posted: 10-Jun-2009 at 07:02 |
Делбата меѓу Кисела Вода и Аеродром пред разрешница
Општините Кисела Вода и Аеродром се на пат конечно да го разрешат четиригодишниот спор околу делбениот биланс, кој постои откако
во април 2005 година од територијата на Кисела Вода се издвои Аеродром
како посебна единица на локалната самоуправа. Советот на Кисела Вода
вчера го усвои Протоколот за делбениот биланс, кој овозможува граѓаните
кои сега потпаѓаат на територијата на Аеродром да ги користат месните
заедници, архивата, документацијата и проектите на Кисела Вода
Градоначалникот
Марјан Ѓорчев пред Советот потенцираше дека тие се подредена страна во
спорот и дека со протоколот покажуваат добра волја проблемот да се реши
на обострано задоволство. Во овие неколку години повеќе од милион евра
се одлија од сметката на Кисела Вода поради изгубените судски спорови
со Аеродром - рече Ѓорчев. Двете општини се договориле, онаа што ќе
загуби во преостанатите спорови да може да го отплаќа долгот неколку
години на рати, за да не се намалува финансиската моќ на општината.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F5CF853DE32F642A537D0773FDF9957 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#64 Posted: 09-Jun-2009 at 15:22 |
Мислам дека Коце уште кога се кандидираше беше свесен за важноста на заедничко делување на општините пошто и покрај тоа што се одделни тела, сепак се дел од една целина. За разлика од Коце, мислам дека Трифун исто така беше свесен, и побара промена на законот, но не ни помисли дека со интензивни средби може да се премостат пречките во законот. Ја поздравувам идејата на Коце за често состанување на сите градоначалници со цел синхрохизирано дејствување во некои домени, посебно околу дезинфекција и дератизација. Ете не болело ако се состануваат градоначалниците, нек продолжат и понатаму.
Нормално, црна точка на целиов текст е спомнатата промена на ГУП, а знаеме дека со следната, веќе делумно најавена промена, на ГУП-от му се спрема сатар и црни денови.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#65 Posted: 09-Jun-2009 at 15:15 |
ГРАД СКОПЈЕ И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ВРЕМЕНО ЌЕ АНГАЖИРААТ ОКОЛУ 1.000 ЛИЦА ЗА ЈАВНИ РАБОТИ
Одлуката на Владата
за јавни работи ќе овозможи во општините во Македонија да се ангажираат
5.000 луѓе преку Агенцијата за вработување. Од нив во Град Скопје и во
скопските општини би требало да се ангажираат околу 1.000 лица, беше
истакнато на денешната седница на Координативното тело на
градоначалниците на скопските општини.
Како
што изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски на паузата на
седницата, скопските општини и Град Скопје до 15 јуни треба да поднесат
програми и пријави до Агенцијата за вработување, која пак, треба да
изврши избор на лицата кои ќе работат во општините и во Градот.
-
Од 1 јули лицата треба да почнат да работат. Се предвидува тие да
примаат надомест од 6.300 денари, да бидат осигурани и ангажирани на
шест месеци, изјави Трајановски и посочи дека лицата кои ќе бидат
ангажирани во Градот ќе го чистат кејот на реката Вардар, Градскиот
парк, Матка, Сарај, Водно...
На третата седница на
Координативното тело на градоначалниците на скопските општини, се
расправаше и за извршување на општокорисни работи во јавните
претпријатија, за дезинсекција и дератизација на подрачјето на Град
Скопје, како и за резултатите од еколошката акција „Заедно за чисто и
зелено Скопје“.
За извршувањето на општокорисни работи во
јавните претпријатија, Трајановски рече дека времено ќе се ангажираат
лица осудени на полесни кривични дела и поединечно со секое лице кое ќе
биде ангажирано ќе се потпише договор.
Според него, ова е
хумана мерка за алтернативно извршување на казните од полесен тип и за
прилагодување на лицата кон нормален живот.
За дезинсекцијата
и дератизацијата на подрачјето на Град Скопје Трајановски рече дека
треба да биде координирана во сите скопски општини. Тој потсети дека
дезинсекцијата е во надлежност на Град Скопје, а дератизацијата во
надлежност на општините. - Дератизацијата ќе има полн ефект доколку се
изврши во ист ден, рече Трајановски.
Скопскиот градоначалник
посочи дека се сублимираат досегашните резултати од големата еколошка
акција „Заедно за чисто и зелено Скопје“, и оти ќе се одржат состаноци
со претставниците на општините и јавните претпријатија за да се увиди
како е прифатена од граѓаните.
Градоначалниците попладнево ќе
дискутираат и за комуналните редари во Град Скопје и во општините, како
и за изработка на нов Генерален урбанистички план на Град Скопје.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=8785C43D4D176745A0FF7C16C0951A17 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#66 Posted: 31-May-2009 at 02:43 |
Сложните Градски Татковци сложно ќе не баждарат!  само не им требаше баш во очи економска криза да удрат до коска! оваа една третина неоданочени сограѓани сигурно се социјални случаи или стечајци, но закон е закон, доколку некој го направи и навистина 90% ефикасен тоа ќе биде за пофалба!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#67 Posted: 28-Apr-2009 at 01:35 |
Сложни градоначалници Скопје ќе го градат!
Новоизбраните
градоначлници од скопските општини вчера ја одржаа првата конститутивна
седница на Координативното тело која што согласно Законот за Град
Скопје ја свика градоначалникот Коце Трајановски. На средбата која беше
одржана зад затворени врати, градоначалниците разговарале за решавање
на сите прашања од заеднички интерес, како што се јавните претпријатија
за начинот на нивното функционирање, за донесувањето на Генералниот
урбанистички план и наплатата на данокот на имотот. - Ова беше
конститутивна седница на која ги отворивме сите прашања кои понатаму ќе
бидат предмет на наши дискусии и предмет на решавање. Практично, тоа се
прашањата кои се од заеднички интерес за сите општини во Градот Скопје,
изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски по завршувањето на
средбата.
Тој најави дека наредните седници на Координативното тело ќе се
одржуваат многу почесто од предвиденото еднаш месечно според Законот за
Град Скопје, за да може побрзо и поквалитетно да се решаваат проблемите. -
На следните состаноци ќе ги договараме проектите кои се од заеднички
интерес за сите скопски општини без разлика дали се инфраструктурни или
комунални, вети Трајановски. Единствениот опозициски градоначалник,
првиот човек на општина Карпош Стевче Јакимовски првиот состанок на
Координативното тело го оцени како коректен и според него, биле
поставени вистински прашања.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CE8BBCC02AA79D4C9482134C9EF53B01 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#68 Posted: 13-Apr-2009 at 08:55 |
Коце Трајановски од денеска градоначалник на град Скопје

Новоизбраниот градоначални на локалните избори на 5 април Коце Трајановски, од денеска и официјално ќе стане татко на Скопје.
Примопредавањето на функцијата градоначалник свечено ќе се изврши во
просториите на седиштето на Град Скопје од страна на досегашниот
градоначалник Трифун Костовски.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=53924&kategorija=1 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#69 Posted: 21-Mar-2009 at 19:51 |
морам да признаам дека на почетокот мене ми делуваше на некој што си ја знае работата, но на крајот излезе дека трапово ја истера. човекот беше преголем оптимист дека оваа функција ќе му отиде од рака во политичката кариера, можеби сакаше ова да му биде отскочна даска за понатаму, но очигледно е дека се прецени или благо речено немаше среќа, но порпво мислам дека му изостана искуство и знаење и нему и на тие околу него. прво требаше да знае на што се нафаќа, а сетне и што порастоварен да влезе во градската куќа(барака). туку ај што седна во фотељата носејќи го цело она бреме со себе од сопственик на Гофи па до претседател на РФМ, капак работата се обиде да ја тера небаре и градот е негов. од тука и сите импровизации, сакајќи да направи нешто, а немајќи ни нерви ни време за истото, па мораше наместо компромис да тера инает. очигледно како менаџер човеков не е научен на партнерски систем на функционирање, па затоа и волку тапкање во место, па дури и ова пеглањето на долговите е на сметка на не активноста. но сега и јас се сложувам дека вака испечен во занаетот ќе можеше и втор мандат да тера дури и поагилно, сепак амбицијата му спласна кога увиде дека мора да има и партиски грб и фул тајм посветено внимание, па затоа изгледа и крена раце!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#70 Posted: 21-Mar-2009 at 19:04 |
Па импровизацијата не е проблем само на трифуновата администрација. Тоа е проблем во неколкуте последни мандати. Еве го и мостот до транспортен кој што е е пример пар-ексаланс за импровизација.
А вака кога ќе видиме трифун може би требаше да се проба на уште едни избори. Ако направил толку водоводи и канализациии како што вика, тогаш и требаше да се проба на избори. Башка ако вратил долг, тогаш требаше да се обиде да си побара повторно доверба.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#71 Posted: 21-Mar-2009 at 18:58 |
Да не навлегуваме во тоа колку направил Трифун, дали можело повеќе итн. Но факт е дека премногу ако не и сите проекти беа проткаени со импровизации. Она што највеќе ми пречеше кај Трифун и неговата администрација беше немање капацитет за идентификување на клучните проблеми на градот а каму ли за нудење на вистински решенија за истите.
Доволно е да се присетиме на Клучката Континентал или на утнатата работа со трамвајот.
Не е работата да ги правиме работите ради реда.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#72 Posted: 21-Mar-2009 at 18:50 |
За жал кај нас неврзан кандидат е погубна работа по општината и граѓаните. Еве сега да не накршам предизборен молк, ама луѓе овие општински комитети и слично знаат дури која зграда како гласа па според тоа после се знае која зграда добива парккинг, која не! Да не бидеме наивни, знаеме на кое ниво сме!
Инаку бизнисмените немора да ја имаат главната функција за да донесат придонес, они може да бидат активирани и да не се на функција, или па може да бидат во совет и слично.
А што е до Трифун конкретно. Прв и најголем проблем е што Трифун уствари не е градоначалик на скопје, него Трифун е претседател на ЗЕЛС, ама ЗЕЛС за скопските општини. ете толкави му се ингеренциите на Трифун. Втора работа е што не очекуваше политичка игра од низок интензитет или т.н. кошкање дури и во локалната самоуправа. Трифун мислеше дека ќе дојде и срешно и весело ќе си биде градоначалник, ама не излезе така. Се конфронтираше со многу други релевантни изнституции.
Едноставно се најде у несреќно време, на несеќна функција. Ако го вратил долгот тогаш супер, може би да имаше втор мандат и многу повеќе ќе успееше, ама сега друг ќе го жнее тој плод.
Edited by lslcrew - 21-Mar-2009 at 18:52
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#73 Posted: 21-Mar-2009 at 18:46 |
очигледно не ја знаеш историјата за Костовски па велиш дека е способен. исто колку што и Гуштеров е способен, сите претставници и претприемачи за македонските фирми од социјализмот го превземаа кајмакот од индустриските гиганти во СРМ. инаку човекот баш бидејќи е ангажиран приватно на сите страни, воопшто не требало да се кандидира за градоначалник, во ред е да се нафати да помогне, но со толкаво его да се реши да седне во градската фотеља не е практично. можеби грешам но ќе видиме утре колку и што ќе успее да направи некој од сега предложените партиски кандидати за градоначалник...
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#74 Posted: 21-Mar-2009 at 18:41 |
Originally posted by гитардемон
Можеби ќе звучам глупаво, но тоа што Трифун не направи не направи ниеден (ај не ниеден, ама не многу) големи проекти, не значи дека не го бива човекот. Штом има фирма вредна многу милиони, сигурно знае од финансии. Мислам дека се фокусирал во текот на својот мандат на ваквите невидливи финансиски работи повеќе отколку на помпезните проекти. (За жал граѓаните повеќе се палат на 10 нови клупи отколку на вратен долг од 10 милиони евра на пример). Колку што знам кредитниот рејтинг има врска со долговите, претходните кредитни задолжувања, редовноста во исплаќањата на претходните кредити, банковите резерви што ги има и ред други работи (за фирми играат улога и хартиите од вредност, рејтингот на берза, но градот не е АД, нели), па според мене тоа што Труфин добил кредитен рејтинг е голема работа, бидејќи сега со кредитите што има право да ги земе градот може многу да се направи. Според мене секогаш е подобро некој локален богаташ неврзан со партија да е градоначалник, отколку некој политичар. Штета што не се кандидира Трифун пак, сепак резимето му е поимпресивно од на сите кандидати за Скопје заедно. Меѓутоа времето ќе покаже.
|
Да не ги забораваме Kермес, Клучка Континентал, „Распеаниот Александар“... Неутрален сум околу трамвајот - идејата сама по себе е добра, НО изведбата ќе направи поголема штета од корист.. Се сложувам до некаде околу финансиското работење, а како најголем плус е, се разбира иницијативата да се промени Законот на Град Скопје и заложбата за воведување еднокатни автобуси
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#75 Posted: 21-Mar-2009 at 18:35 |
Можеби ќе звучам глупаво, но тоа што Трифун не направи не направи ниеден (ај не ниеден, ама не многу) големи проекти, не значи дека не го бива човекот. Штом има фирма вредна многу милиони, сигурно знае од финансии. Мислам дека се фокусирал во текот на својот мандат на ваквите невидливи финансиски работи повеќе отколку на помпезните проекти. (За жал граѓаните повеќе се палат на 10 нови клупи отколку на вратен долг од 10 милиони евра на пример). Колку што знам кредитниот рејтинг има врска со долговите, претходните кредитни задолжувања, редовноста во исплаќањата на претходните кредити, банковите резерви што ги има и ред други работи (за фирми играат улога и хартиите од вредност, рејтингот на берза, но градот не е АД, нели), па според мене тоа што Труфин добил кредитен рејтинг е голема работа, бидејќи сега со кредитите што има право да ги земе градот може многу да се направи. Според мене секогаш е подобро некој локален богаташ неврзан со партија да е градоначалник, отколку некој политичар. Штета што не се кандидира Трифун пак, сепак резимето му е поимпресивно од на сите кандидати за Скопје заедно. Меѓутоа времето ќе покаже.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#76 Posted: 19-Mar-2009 at 23:28 |
Град Скопје на чекор до светските финансиски пазари
"Град
Скопје којшто беше еден од најголемите должници во земјава, во
изминатите четири години прерасна во Град со позитивно салдо и поволен
и позитивен рејтинг. Имам посебно задоволство денеска да ве информирам
дека ова е потврдено и со извештајот на Стандард и Пурс, која е една од
трите водечки светски агенции за оцена на финансиската стабилност на
институциите, извештај според кој Скопје го доби својот прв позитивен
кредитен рејтинг". Вака, скопскиот градоначалник Трифун Костовски
вчера, официјално ја презентираше новината дека на Град Скопје му се
отвораат можностите за кредитирање и изведување на проекти од капитално
значење, како што е трамвајот или пак менување на азбестните покриви,
цевки. - Критики за секоја работа има и секогаш ќе има, но повеќе
од среќен сум што оставам Град економски стабилен со голем број
завршени и веќе почнати проекти. Пред четири години ја затекнав
градската каса со долг од повеќе од 12 милиони евра и уште неколку
милиони изгубени во судски процеси. Денеска, на истекот на мојот
четиригодишен мандат го оставам растоварен од сите долгови, со
обезбедени средства за сите проекти што се реализираат и со околу 6 до
10 милиони евра - рече Костовски.
Идејата за добивање на кредитен рејтинг е дел од еден цел проект
како Градот полесно да дојде до фондовите на ЕУ за инфраструктурни
проекти. Кредитниот рејтинг на фирмите и на државните институции им
обезбедува полесен пристап до светските финансиски пазари.
http://vecer.com.mk/?ItemID=0AD4B153822B1F4784D8F36863CAAA4C |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#77 Posted: 14-Mar-2009 at 20:00 |
Originally posted by beTon
 |
Кој за што е одговорен во планирањето и уредувањето на просторот Граѓаните на Скопје честопати имаат проблеми со разграничувањето на градските и на општинските надлежности, при што не можат точно да ги детектираат органите што треба да им ги решат проблемите. Редакцијата на „СКОПЈЕ“, со цел да им помогне на граѓаните, во продолженија, компаративно, ќе ги објавува надлежностите на своите страници. Градските надлежности се реализираат на магистралнитена собирните улици, а општините ги реализираат надлежностите на собирните улици. Значи, главните улици се во надлежност на градот, споредните, кои се регулираат со Детален урбанистички план се општински улици. Почнуваме со надлежностите од урбанизмот. ГРАД СКОПЈЕ: - донесување просторен план на градот Скопје
- донесување Генерален урбанистички план на градот Скопје
- давање мислење за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населени места што ги донесуваат општините во градот Скопје (мислењето Градот Скопје го дава најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на предлогот на планот, а доколку во овој рок истото не се даде, ќе се смета дека е дадено позитивно мислење)
- уредување градежно земјиште (приходите од надоместокот за уредување градежно земјиште се распределуваат во сооднос 60 % за Градот Скопје и 40 % за општината во градот Скопје во која се уредува градежното земјиште) и
- утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје
ОПШТИНИ: - покренување иницијативи за донесување, измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и Генералниот урбанистички план на Скопје
- давање мислења по нацртите на Просторниот план на градот Скопје и Генералниот урбанистички план
- донесување детални урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населени места во општината (плановите и проектите општината ги донесува по претходно добиено позитивно мислење од Градот Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот)
- спроведување урбанистички планови и проекти и издавање документација за изградба на објекти од локално значење (услови за градба, урбанистичка согласност, одобренија за градење)
- издавање одобренија за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема (одобренијата се издаваат во согласност со утврдени стандарди, а по претходно добиена согласност од Градот Скопје)
- уредување на градежно земјиште во делот на опремување на градежното земјиште со објекти и инсталации од секундарната инфраструктура
http://www.skopje.gov.mk/images/File/Vesnik%20SKOPJE/Grad%20Skopje%20br.1.pdf |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#78 Posted: 14-Mar-2009 at 18:43 |
Originally posted by beTon
инаку нормалното функционариње ќе биде резултат на поголема фискална децентрализација, а не на централизирање на власта! |
Алфа - 12.03.2009
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#79 Posted: 08-Mar-2009 at 15:42 |
муабетот ми е во контескт на pbanks пред се дека треба строга централизација! а за тоа како и колку ингеренците и границите во постојниов закон можат да се сменат тоа е друга работа...
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#80 Posted: 08-Mar-2009 at 15:27 |
Originally posted by beTon
интересно ми е колку верувате дека централизиран систем дава ефект. доколку се делегираат послушници и надлежности од еден центар тоа најнапред значи сигурно бегање од одговорноста на настојателите на квартовите, а воедно и неможност да се идентификува и разреши брзо некој проблем. инаку логично е градот да добие некои поголеми овастувања него оние горе наведените, исто да му се дадат јасни овластувања над општините, како и да се најде некој механизам за приморана согласност околу проектите од заеднички интерес, пример мнозинско донесување на одлуки за некоја спорна ситуација. туку ајде ќе видиме какви промени ќе добиеме ако воопшто и добиеме набрзо, но мене ми е мошне веројатно дека се ќе си остане по старо освен што донекаде ќе се зголемат некои ингеренции на градот, без да се носи нов централизиран закон. |
Добро бетон ти читаш?! Од прееска се трудиме да најдеме метод како Скопје внатрешно да го децентрализираме, а надворешна да биде една целина! Послушниците се тие кај сакаш стај ќи пак се послушници. Имаме среќа што закон е менлива категорија, а не како спомен куќа некоја па друга ситуација. Ингренециите на општините ќе бидат значително намалени во урбаниот дел, тоа нема да бидат ни веќе општини него некои локални претпријатиа или заедници. Незнам каква е таа приморна согласност, ама дефинитивно треба да се остави град Скопје да го има последниот збор и да биде на некој начин уставен суд за сите одлуки и решенија на локалците. Како ќе се зголемат ингеренциите на градот ако не се менува законот?!
Edited by lslcrew - 08-Mar-2009 at 15:30
|
 |