![]() |
![]() |
![]() |
Зеленило |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 43> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
![]() Infusing Skopje / Белули
marh.mk Edited by Staro Skopje - 26-May-2020 at 23:01 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Малку нескротено зеленило околу зградата на МРТВ,тука веќе долги години никој не се замара да среди како што треба...
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па веќе кога почнале, можат и околу Соборен Храм истото
![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Браво, што повеќе зеленило тоа подобро. Идеално нека посадат тревичка помеѓу дрвата за да има зелен појас помеѓу велосипедската и пешачката наместо она класично редење во квадрат со плочки околу.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НОВ ДРВОРЕД НА БУЛ. ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ КАЈ СОБОРНИОТ ХРАМ
Екипите на Град Скопје изминативе денови работат на формирање нов дрворед на бул. Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. На потег од крстосницата со бул. ВМРО до крстосницата со бул. Свети Климент Охридски, со градежна механизација се отстранува дел од пешачката патека и се создава нов простор каде што се формира новиот дворед. На оваа локација ќе се засадат 8 здрави висококвалитетни садници од видот даб. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зеленило со површина од 2.000м2 на ул. Шекспирова, кај Драмски Театар и х. Карпош.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје-NP-Parqe-dhe-gjelbërime-Shkup-247235442093152/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тревниците нараснати како и давачката за зеленило
Во термините кога нема полициски час, граѓаните, освен што брзаат да ги завршат секојдневните обврски и да купуваат во продавниците, бараат релаксација и свеж воздух во прошетка или на починка по парковите во населбите. Но и таму наидуваат на несредени работи. Неколку дена жители на општините Аеродром и Гази Баба реагираат на социјалните мрежи поставувајќи фотографии и пишувајќи коментари дека никој не ја коси тревата во парковските површини. Во Аеродром, на страницата „Приказни од булеварот“, беа објавени неколку фотографии под кои само кратко беше напишано: „Треви, несанирани фонтани и понекоја змија…“ Не дека тревниците станале змијарници, но, сепак, на фотографијата се забележува змија што се довлечкала до пешачка патека. Од Општина Аеродром тврдат дека некој прави злоупотреба и поставува стари фотографии и дека косењето на тревата се одвива тековно и етапно, во зависност од временските услови. Со оглед на тоа што сè уште важат вонредните мерки и полицискиот час, сезонските работници работат половина работно време, а некои од нив се опфатени од мерките. Што и каде е искосено и каде и кога ќе се коси од општината не прецизираа. Но тамошни жители тврдат дека тревниците се косат половично, прво една половина, па по една недела другата половина. Додека го средат целиот тревник, стигнува пак за косење, така што цело време површината изгледа неуредно, запуштено. – Бидејќи имам куче, секој ден шетам низ Аеродром и можам да кажам дека кај детската градинка „Срничка“ е посредено, а таму каде што живеам јас, во делот кон „Бисер“, тревата ја косат дел по дел. И зад кулите кај војската нешто е искосено, нешто е оставено така. Но зад трите кули по основното училиште „Љубен Лапе“, по паркингот тоа личи на џунгла. Зборувам за делот зад трите кули кај пазарчето, каде што површината е обрасната со трева – вели Сања Јованова, жителка од Аеродром. Реакции за неискосена трева по парковите на различни локации деновиве има и на групата „Ѕид на Општина Гази Баба“. Некои од тамошните жители се незадоволни затоа што надлежните го запоставиле косењето на тревниците. „Ние, соседите, сами си искосивме, вие дојдете да ја соберете тревата и тргнете ја ставката за зеленило од сметките за вода на улицата Коце Металец број 11“, пишува Лела Костова под објавените фотографии на Фејсбук, под искосениот простор пред лимените згради во населбата Железара. Нејзината сограѓанка Илина Дубравац најпрвин прашува кога ќе стигне на ред Железара за косење на тревата и додава дека коселе нешто со рачна коса нејзиниот сопруг и соседот, ама тоа не е решение. Особено не, затоа што граѓаните плаќаат ставка за одржување на зеленилото. „Претходно не се плаќаше, па се косеше“, додава таа, а потоа во нова објава пишува: „Не доаѓајте, вчера искосивме со мажот ми, јас и две сосетки со рачни, голема и мала коса. Собравме и фрливме во контејнер. Насадивме и некое цвеќе. Тргнете ја ставката за зеленило од сметка!“, додава Дубравац. Илија Подолесов прашува дали е во план да се коси тревата на полјаната под црвените згради во Железара, кај направите за вежбање, и додава дека не е лошо да се испрска против крлежи, бидејќи вели дека врие. Но овој скопјанец е искрен, подоцна информира дека по неговата реакција местото било искосено. Бобо Јованов од населбата Маџари исто така под објавени фотографии со висока трева до појас пишува: „Во план е да се среди џунглава на улицата Беровска?“ Висока трева има и до училиштето во населбата Маџари, пред самиот мост, а тревата е висока колку и училишната ограда, покрај која има и купишта ѓубре. Дека во некои од урбаните делови на населбите ниту се коси ниту се чисти тревата покажуваат фотографиите на Боби Цветановски, под кои тој напишал: „Кога се планира и дали воопшто ќе се чисти каналот во Ченто. Ова е срам невиден. За три години само еднаш е чистен. Градоначалнику, мислам дека е крајно време“. Од Општина Гази Баба не добивме одговор дали општината има почнато со пролетното косење, каде е искосено, а каде допрва треба да се коси, ниту пак кажаа дали имаат поплаки од граѓаните. Сигурно дека некои од жалбите на граѓаните се оправдани. Дотолку повеќе што општините за одржување на парковите и зелените површини добиваат редовни пари од платените комунални услуги. Како што е познато, од ноември ланската година, со одлука градските власти скопјани со редовната сметка за вода плаќаат надомест за одржување на градското зеленило во висина од 20 отсто од наплатената цена на услугата. Некои коментираат дека кога не го плаќале одржувањето, се водела поголема грижа за зеленилото и за малите паркови по населбите. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/тревниците-нараснати-како-и-давачкат/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
[Галерија] Исечениот дрворед јасени во Охрид
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Дрворед со десетина јасени деновиве беше исечен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, што предизвика силни реакции во јавноста. Сечењето на дрвјата следува откако пред неколку дена, Општина Охрид објави дека започнале работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на тој булевар, во потегот од крстосницата со ул. „Јане Сандански“ до крстостницата со ул. „Даме Груев“. „Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера“, стои во соопштението на општината. Радио МОФ денеска беше на најпрометниот охридски булевар, каде се уште може да се забележат остатоци од исечените јасени. Од иницијативата „Охрид СОС“ реагираа и за сечата на дрвјата и за садењето на садници неавтохтони за ова подрачје. Оттаму потсетуваат на нацрт-извештајот за стратегиска оценка на Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Охрид, каде велат дека се споменува „користење автохтони видови при уредување на зелените површини“. „Дека Општина Охрид постапува нетранспарентно, самоволно и без консултација со стручната и поширока јавност, покажува и последнава ‘реконструкција’ на булеварот ‘Туристичка’, каде покрај прередување на тротоарите, како да е нешто сосема обично, се протнува и сеча на цел дрворед на тој потег“, се вели во нивната Фејсбук објава. https://www.radiomof.mk/galerija-isecheniot-drvored-jaseni-vo-ohrid/?fbclid=IwAR14k8WnTWV9- |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Поврзано со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1354&PID=238246#238246 ЗА СТЕБЛОТО Рекоа, старо е стеблото. Се измачува. И го исекоа, го корнеа, Со копачи, со сила. (Анте Поповски) ![]() ![]() ![]() Фејсбук пост на Охрид СОС Edited by ironm - 17-Apr-2020 at 17:59 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Според 360 степени на Алсат, причината за сувото зеленило е недостигот на вода. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Низ цело Скопје е вака, не ми е јасно зошто толкава немарност, дури и Градски парк е исушен и испустен и нечист. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зеленилото низ Аеродром и Карпош,оваа година службите максимално ги запоставија парковите и зелените површини кои веќе станаа пепел,редици суви дрва низ парковите.Жално е што на некои места правеа системи за наводнување а истите оваа година ниту еден ден не ги ставија во употреба.(од фб)
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Не ми е јасно зашто едноставно не ја направат Чуповски подземна, полуотворена како улицата кај ГТЦ на пример. Претпоставувам тој зафат + само реновирање на Даме Груев би чинел слично како проширување на Даме Груев во булевар + рушење на Макотекс + парк на место на Макотекс.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Шилегов најавува сечење на дрвата долж „Даме Груев“ како дел од проширувањето на оваа улица и нов парк на местото на зградата на „Макотекс“.
Искрено, се надевам дека нема да се реализира оваа идеја. Новопланираниот простор за зеленило е премал да го надомести изгубеното, а да не зборувам како постоечкиот дрворед е стар повеќе десетлетија и ќе треба да помине долго време за новите садници да го добијат истиот ефект, време во кое ќе бидат оставени на милост и немилост под висок ризик за сушење и кршење. Освен тоа, идниот булевар во секој случај ќе остане претесен, со помалку од два метра тротоар, без жардиниера и без велопатека, а прашање е дали и овој профил е возможен кај „Макотекс“. Сепак ова е важен булевар да може центарот да стане пешачка зона, иако сам по себе, без завршување на бул. „Македонија“ и тунелот под плоштад, не знам колкав учинок би имал, но мора да се оди чекор по чекор и кога-тогаш мора да се прошири. Идеално решение по мене би било овој тесен простор да се премости со тунел под улица „Македонија“, од катна гаража „Тодор Александров“ до Завод за статистика. Со ова би се зачувале поголемиот дел од дрвата и се избегнува рушење на „Макотекс“, а се отвора можност ул. „Македонија“ да продолжи како пешачка зона до Музеј на град Скопје, со свој дрворед на тој опфат.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Тие 6те дрвја напикани во ресторанот на првата слика не се исечени, туку се (мизерно) кроени. За два месеци ќе пуштат поздрави крошни од претходно. Не сум најубеден колку ќе се естетски, но не знам ни претходно колку биле.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Освен кај Воденица дрва сечеле и зад МТСП поточно на паркингот кај Интекс(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
А кај Воденица исекоа 6 огромни дрвја кои најберојатно им правеле неред на масите... сега од цел дрворед на Народен Фронт единствено фалат тие 6 во склоп на воденица.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Дрвјата низ Скопје на умирање, Градот штеди вода
![]() Летниот урбан пејсаж на градот и годинава е во знакот на сувата, уништена вегетација и соголени крошни на повеќегодишните дрвја кои едвај да преживуваат без капка вода. Суви или во фаза на сушење се значителен дел од повеќегодишните липи, младите и старите јасени како и други укасни дрвја, а трева на многу од тревниците речиси и да нема. На социјалните мрежи со денови се споделуваат фотографии и од другите населби во Скопје како Аеродром, Ново Лисиче и Карпош на неполиени тревници и сува вегетација. На прашањето зошто Градот дозволил зеленилото во Скопје да се препушти на немилост на жешкото лето, од прес службата со одговор дека „Паркови и зеленило“ се грижи за состојбата со зеленилото, кое е во надлежност на Градот, дека зеленилото кое е во нивна надлежност редовно се полева секаде каде што има хидрантска мрежа со сите капацитети и дека е во добра состојба, како и дека ги почитувале препораките од ЈП Водовод и канализација за порестриктивно користење на водата. Сепак, фотографиите од лице место покажуваат драстично поинаква слика. „Мета.мк“ направи кратка обиколка на булеварот Даме Груев и на улицата Димитрија Чуповски како дел од строгиот центар на Скопје, под претпоставка дека таму би се фокусирале напорите на надлежните за одржувањето на градското зеленило, но сликите се повеќе од разочарувачки. „Ние го полеваме зеленилото кое е под наша надлежност со сите расположиви капацитети, а онаму каде што нема хидрантска мрежа дрвцата ги полеваме со цистерна“, велат од Паркови и зеленило, упатувајќи не за зеленилото на споредните улици одговори да бараме кај општините. „Се трудиме да стасаме секаде каде што можеме и мислам дека успеваме да го одржуваме зеленилото кое е под наша надлежност“, вели портпаролот на општина Центар Емил Лазаревски и потсетува дека имаат големи проблеми со тоа што несовесни граѓани им ги оштетуваат системите за наводнување, им ги кинат цревата, кршат вентили во шахтите и слично. Иако со голо око може да се забележи дека вегетацијата во градот страда од хроничен недостиг на вода при високи температури, „Мета.мк“ побара стручно мислење од Шумарскиот факултет во Скопје. „Невообичаено голем процент на дрвја и грмушки се суви. За жал, за некои од нив се сомневам дали воопшто ќе заживеат, односно дали ќе имаат регенеративна моќ на пролет идната година да потераат листови. Што се однесува до видовите, липите и дивите костени се навистина најзабележителни заради лошата состојба, но и други видови како платаните, јасените и јаворите имаат прилично висок процент на сушење“, вели професор Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет и фитопатолог. Тој напоменува дека не е исклучено некои од исушените дрвја да се болни, но дека сепак нивниот главен проблем е недоволното полевање и изложеноста не високи температури. „Ова особено се однесува на тротоарско зеленило, односно зеленилото кое е единечно засадено и опкружено со плочки или асфалт од сите страни. Ќе забележите дека токму тој тип зеленило а најмногу настрадан во Скопје“, вели професор Сотировски и посетува дека во истражувања кои ги правел Факултетот била измерена температура од над 65 степени на асфалт низ градот во летните месеци. https://meta.mk/drvјata-niz-skopјe-na-umiraњe-gradot-shtedi-voda/?fbclid=IwAR0YDseBMnilXOH3sx6tDomt2q0lEvUtgn53fj4Il5ddMqHN0dbGzvEMY5I |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Оваа година воопшто ништо не се наводнува поготово низ Аеродром речиси сите тревници се исушени а и низ другите општини не е многу поразлично.....
----------------------------------------------------------------------- Скопје пробува нова метода, со исушени дрвја се бори против загадувањето Не пишувало во упатството – наводнувај ![]() Помпезно се најавуваше посадувањето на нови садници. Не беа многу, ама градоначалниците велеа дека се избрале убави, големи и скапи садници. Но, сега голем дел од тие дрвца се пеплосани, мртви… Има дури и цели дрвореди од исушени дрвца. „Посадивме нови садници“, „Го враќаме зеленилото“, „Обновуваме дрвореди“… се изјавите кои во изминативе две години често ги слушавме од скопскиот и општинските градоначалници. Помпезно најавуваа и најмали акции за садење за да се покаже дека водат сметка за зеленилото во градот кое го има се помалку. Се копаа дупките, градоначалниците се сликаа покрај нив, кажуваа и бројки: ќе засадиме 3.500 садници, засадивме 500, 300 дрвја… Скопјани можеа да ги видат новозасадените садници, но, сега можат да видат дека многу од тие садници веќе се исушени, безживотни… -Еве, гледајте како се исушени дрвјата. Ги посадија лани и тоа како веќе развиени дрвја но сега се готови и им нема помош. Јас секојдневно минувам тука и знам дека не се одржувани. Никогаш не видов дека ги полеваат, окопуваат, прихрануваат. Ги оставија сами на себе, а земјиштето е малку накосо и брзо се суши водата. Неминовно беше да се исушат. Да се грижеа за нив, сега ќе беа со лисја и убаво разгранети, коментира пензионерот Столе Бочваровски од Аеродром. Дрвјата на кои ни укажуваше овој наш сограѓанин се наоѓаат покрај булеварот „Јане Сандански“, кај автобуската постојка од другата страна на „Тренд“. Исушени се десетина стебла: посадените брези, но и други дрвца на кои се уште стојат етикети дека се набавени од странство. Околу нив гола земја и исушена трева. Тие најверојатно беа посадени во април минатата година, кога имаше акција за садење, а општина Аеродром се пофали дека се посадени 500 дрвја на различни локации. Но, од оваа бројка треба да се одземат и десетина исушени садници во дрворедот кај „Три бисери“. Тука треба да се додадат и десетината исушени дрвца кои беа посадени на улицата пред салата „Јане Сандански“. Сите тие очигледно, не беа редовно полевани со вода така што се исушија пред и за време на последниве горештини. Деновите околу некои од овие стебла беше ископана земја, најверојатно за полевање, но сето тоа е задоцнето. Ги има и на главниот плоштад За жал, ваквата состојба не е само во Аеродром. Исушени садници затекнавме и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква. Тие, заедно со триесетина други беа посадени во ноември лани во рамките на акцијата за пополнување на дупките во тротоарите во кои со години немаше дрвја. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш изјави дека ќе заменат уште 500 други пенушки на други локации. Таа акција не продолжи, а овие садници се исушија. Неколку исушени дрвја има дури и на главниот градски плоштад кои се уште чекаат да бидат заменети со нови. Скопјанката Налка Трајковска, која живее во Центар, пак, укажува дека и таму стеблата не се одржуваат добро. – Ги гледам липите околу старата Градска болница и паркот „Жена борец“ како се сушат. Половина се без листови или им се жолти небаре е есен. Ги отфрлаат листовите оти ја чуваат водата. Сопругот апелираше кај вработените кои што ја полеваат тревата во паркот да ги вадат и липите. Но, тие одбија и му рекоа: “Шефот не дозволува“. Ми доаѓа сами да најдеме црево и хидрант за да ги полееме, потенцира Трајковска. Оваа наша сограѓанка се чуди и како е можно да се исушува тревата на Кејот кога таму има прскалки за полевање. Вакви се сликите и од другите скопски општини. Колку од новозасадените дрвја до сега се исушени тешко може да се каже. Меѓутоа, јасно е дека бројката е голема, веројатно меѓу 20-30 проценти од засадените. Со тоа големи се и средствата кои се платени за нивно набавување. Очигледно, нешто длабоко не е во ред со начинот на кој што се садат и одржуваат дрвјата по градот. На тоа укажуваат и експертите за градското зеленило. Тие укажуваат дека методот „посади и остави“ не е добар и значи нивно осудување на исушување… https://skopskoeho.mk/skopje-probuva-nova-metoda-so-isusheni-drvja-se-bori-protiv-zagaduvaneto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се расипа цистерната, се исуши дрвото
Ќе oстане ли „Градското дрво“ во Скопје да сведочи како споменик на негрижата за загадувањето на воздухот е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека веќе втора година овој еколошки билборд е исушен односно не го прочистува воздухот. Главното образложение за незавидната состојба е дека неколку месеци откако било поставено „Градското дрво“ се расипала цистерната на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со која требало да се наводнува. Овој пример можеби најдобро ги илустрира резултатите од истражувањето на Институтот за комуникациски студии за тоа каква е судбината на еколошките проекти во земјава кои почнуваат со голем елан, но потоа брзо згаснуваат или полека замираат. Градското дрво“ во Скопје чинеше 25.000 евра - донација од неколку македонски компании. Станува збор за инсталација со пропустлива структура која има способност да ја редуцира брзината на ветерот, а мововите и васкуларните растенија кои сега се исушени ја привлекуваа и фаќаа ситната прашина и на тој начин го причистуваа воздухот. Одговори околу причините за исушениот билборд побаравме од Град Скопје и „Еко-свест“. На нашето прашање кој е задолжен за одржување на билбордот и зошто тој не функционира од Град Скопје велат дека согласно Меморандумот за соработка склучен помеѓу Градот и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, надлежен за одржување на билбордот е Град Скопје, преку своето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“. - Поради посебните услови кои се потребни за опстојување на инсталацијата од мовови, односно системот и самите вентили и поради начинот на кој е осмислена самата инсталација да се дополнува со вода преку цистерна еднаш неделно. Во периодот од јуни-август 2017 година единствената цистерна со која располага ЈП „Паркови и зеленило“ беше во дефект и во комбинација со топлотниот бран кој беше во тој период за помалку од еден месец растенијата и мововите се исушија - велат од Град Скопје. Оттаму додаваат дека од септември 2017 година не се заменети растенијата во самата инсталација. За тажната судбина на нивниот еколошки билброд не успеавме да добиеме одговори од „Еко-свест“ бидејќи одговорните биле на годишен одмор. ![]() ![]() ---------------------------------------------------------- Уште едно лето без „Зелен покрив“ на ГТЦ Непланирано одложување имаше реализацијата на проектот „Зелен покрив“ на Градскиот трговски центар (ГТЦ) поради реакциите на јавноста на решението односно визуелизацијата на оваа идеја презентирана на почетокот на годинава. Притисокот од граѓаните и архитектонската фела во февруари, годинава ги натера градските власти да направат измени на проектот. Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот“, рече тогаш Шилегов. Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии http://doma.edu.mk/odrzlivo/283-se-rasipa-cisternata-se-isusi-drvoto?fbclid=IwAR1S2PcGFPB0SEj2q2HIG4tn33U7BrzhnP0nw74-xA6eWlMrLbFdTN7qfrw |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 43> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |