Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#61 Posted: 28-Jul-2010 at 19:46 |
За споменикот на Филип Втори во Битола
СРЕДА, 28 ЈУЛИ 2010 17:32
По идејата за проектот Скопје 2014 невладините, политичарите и разно-разни здруженија се огласија со спротивставени ставови за тоа што се гради на плоштадот Македонија. Главно реакциите беа од Скопје за проектот Скопје 2014. За битолскиот проект со споменикот на Филип Втори скопјани не се огласија, дури ниту оние кои се противат на како што велат антиквизацијата на Македонија.
„ Имате право, не се спротивставивме. Се спротивставувавме но во тие наши мали кругови невладини, културни" рече Никола Гелевски од здружението Плоштад Слобода.
За битолската опозиција според е делот на потрошените пари за нешто што не е завршено. Своевремено реагираа и на како што велат проблемите што ќе се јават заради антиквизацијата.
„ Ако не можело да се направи, нека го направеа по две-три години од сега. Зошто се потрошија пари за нешто што не е во функција, ненаменски трошени на народните пари, тие пари можеа да се искористат во асфалтирање на некоја улица" вели советникот од ЛДП Горан Милевски.
Дали со ваквите проекти се зацврстуваат националните чувства кај македонците.
„ И без кичерајскиот проект на Владимир Талески од секогаш сум се чувствувала како горда Македонка. Јас немам резервна татковина, јас немам резервен пасош, а сум сигурна дека повеќе од половина пратеници од ВМРО ДПМНЕ поседуваат резервен пасош" вели пратеничката Весна Бендевска.
За Милевски музиката е прегласна.
„ Кои звуци, со оној како спејс шатл што го направија, што се крева, па се спушта. Навистина она што го направија е непотребно трошење на пари во оваа сиромаштија" вели Милевски.
Бендевска вели со проектите за антиквизација самите себеси сме до ситуација за преиспитување на нашето национално чувство и нашиот национален идентитет.
„ Ние моравме да се одлучиме. Ние сме горди и се чувствуваме горди дека името Македонија е спомнато во Библијата и дека св. Петар тука почнал да го проповеда учењето на Христос. Ние сме горди и покажуваме патронат врз Кирил и Методиј кои ја ширеа писменоста. Сега саламе наеднаш да се чувствуваме горди старо македонци директни потомци на Александар Македонски. Тогаш да ве прашам. Кој тоа игра или кој тоа го поставува прашањето за националниот идентитет на Македонците. Кој прв започна?" прашува пратеничката Бендевска.
И невладините зачудени од изјавите на одгворните за овој проект.
„ Знаете како цело време не теши дури и вашиот градоначалник кој во неколку наврати испрати некакви двосмислени пораки дека можеби и нема да се постави Филип Втопри заради проблемот со Грција. Дај боже да биде така. Затоа исто така е чудовишен проект" вели Гелевски.
Споменикот на Филип Втор веќе две години е во дворот на Општина Битола. Кога ќе биде поставен засега никој не знае.
|
Тера Телевизија
Нели 2 години не сакаа да го постават споменикот додека не ја усовршеле хидрауликата на фонтаната, а сега „под притисок на новинарите“ си кажаа дека всушност поради Грците не го поставувале споменикот, а воедно им се лути на новинарите бидејќи ги натерале да кажат државна тајна на јавноста.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
macedonia
Senior Member
Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 754
|
Quote Reply
#62 Posted: 11-Jul-2010 at 22:53 |
Most of the Greeks who shop in Bitola are Aegean Macedonians. Those who have a problem with the name issue do not go at all. One statue isn't going to change anything, Bitola will still see its regular customers after the statue is built. Also worth mentioning is a funny story: I have relatives from Lerin who go to Bitola every week for the pazar for the last 20 years, and they didn't know about Shirok sokak until last year, when they found it by accident 
Edited by macedonia - 11-Jul-2010 at 23:00
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#63 Posted: 11-Jul-2010 at 14:35 |
Се на се, се плашат да не ги изгубат муштериите од Грција кои идат на шопинг, барем така шпекулираа луѓето кога бев во посета на Битола пред еден месец
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
 |
Batispecela
Newbiе
Joined: 11-Jul-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#64 Posted: 11-Jul-2010 at 09:50 |
Originally posted by SkyBoy
Политиката е виновна зошто Филип Втори не дојава на „Магнолија“

Битолскиот градоначалник ги отвори картите: политичките односи со Грција биле причина да не биде поставен споменикот
БИТОЛА - Политиката го спречила коњаникот Филип Втори да дојава на градскиот плоштад „Магнолија“ во Битола. Овој факт, конечно, го призна градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Иако една и пол година откако споменикот Филип Втори е сместен во дворот на Општината, Талески убедуваше дека неговото непоставување е од технички причини. Опозицијата побара одговорност од Талески за потрошените над 350.000 евра за изградба на овој споменик во Битола.
Градоначалникот Владимир Талески, најверојатно, попушти на притисокот на јавноста и на медиумите и ги отвори картите дека политичките односи со соседна Грција биле причината да не биде поставен споменикот посветен на античкиот крал Филип Втори во центарот на Битола, иако споменичниот комплекс од над 100 м2 пред Градскиот часовник е веќе изграден. Сепак, Талески, во свој стил, вината за оваа ситуација ја префрли и на новинарите.
„Досега не беше тоа причината зошто споменикот на Филип Втори не е поставен на ’Магнолија‘, имавме технички проблем. Но, самото тематизирање на овој случај од медиумите, кои се разбира се најголемата сила во секоја држава, поставувањето на споменикот и навистина стана политичко прашање. Знаеме дека до шестиот месец од оваа година треба да се одлучува за важни прашања за Република Македонија. Затоа, не би сакале од тој аспект да го нарушиме процесот што е веќе започнат“, изјави Талески.
По оваа искреност на градоначалникот, остана да виси и прашањето дали воопшто коњаникот Филип Втори ќе биде поставен на градскиот плоштад „Магнолија“ во Битола. Талески наедно најави дека ќе ја преиспита целата ситуација иако тој лично би сакал Битола да има споменик на античкиот крал Филип Втори како дел од нашата историја. По ваквите изјави на Талески, не само што остана вчудовидена битолската опозиција туку и најголем дел од битолската јавност. Особено што Талески со месеци ги убедуваше граѓаните дека се' додека не се направи перфектна музика на фонтаната, која е дел од споменичниот комплекс, споменикот на Филип Втори нема да биде поставен. Опозицијата јавно го постави прашањето до Талески што стана со потрошените стотици илјади евра од буџетот на Општината за изградба на овој споменик.
„Сто илјади евра од парите на битолчани потрошивте само за скулптурата на Филип Втори и 250.000 евра за партерното уредување. Ако потрошивте 350.000 евра и, на крај, не добивте резултати, тоа значи дека не сте ја завршиле работата како што треба и дека некој треба да ја понесе одговорноста за бесцелно потрошените пари на граѓаните. Зошто се направи толку лоша политичка процена, а во исто време се заборави на загинатите бранители од Битола, кои цели девет години останаа без споменик“, обвини Валентин Груевски, лидер на ЛДП во Битола. Битолската опозиција уште го обвини Талески дека направил и уште една сериозна грешка со тоа што со своето име и презиме се потпишал на постаментот каде што требаше да стои коњаникот на Филип Втори. „Сте поставиле плоча на постаментот на која сте се потпишале со целото ваше име и презиме. Ве прашувам дали вие сте заслужен за овој споменик и дали сте дале денар од вашите пари за изградба на Филип Втори или, пак, тоа се пари потрошени од граѓаните на Битола“, праша Борис Чоревски од СДСМ. Градоначалникот не му одговори на прашањето.
Инаку, споменичниот комплекс во најголем дел е завршен. Изградена е фонтана со музички и светлосни елементи, а околу неа се поставени штитови и копја. Подигнат е и постамент од мермер. Единствено се чекаше да биде поставен и коњаникот Филип Втори, кој од ноември 2008 година стои покриен со церада зад општинската зграда на отворено, каде што вработените од Општината околу него ги паркираат своите автомобили. Коњаникот Филип Втори е претставен со прстот вперен кон народот. Од плоштадот „Магнолија“ требаше да се гледа по должина на целиот Широк сокак. (А.Б.)
|
Kako nemozi Filip II Makedonski da bidi postaven vo Bitola koga vo Skopje 12 metra visoka skulptura na Aleksandar ke bidi postavena vo Skopje?  Ostaja politikata deka nema nisto Aleksandar ili Filip vrska so politikata, ama donez Bitola trebaat da posetat Grcite i nasite deka ima grad koi bila izgradena pod Filip II i uste pojke Bitola spagja vo antickata granica na Makedonija, zatoa ima bitola pravda da go stavi skulpturata na filip II i na sekoja drug Anticki Makedonec po kefot nivni dodeka sme vo pravdata
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#65 Posted: 08-Jul-2010 at 09:45 |
KAKVO STAVA so Filip be??  Nema ništo novo za ovoa?
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
Sale SK
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
|
Quote Reply
#66 Posted: 22-Mar-2010 at 19:40 |
Ako ne e problem vo Skopje da dojava Ace na Bukefal,zosto e problem Filip 2 vo Bitola? Pa vekje imame spomenici na Ace vo Prilep i Stip.Ako ne e problem Aleksandar vo Prilep,zosto e problem tatko mu na 40km od Prilep,t.e. vo Bitola?
Edited by Sale SK - 22-Mar-2010 at 19:41
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#67 Posted: 22-Mar-2010 at 01:43 |
Политиката е виновна зошто Филип Втори не дојава на „Магнолија“

Битолскиот градоначалник ги отвори картите: политичките односи со Грција биле причина да не биде поставен споменикот
БИТОЛА - Политиката го спречила коњаникот Филип Втори да дојава на градскиот плоштад „Магнолија“ во Битола. Овој факт, конечно, го призна градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Иако една и пол година откако споменикот Филип Втори е сместен во дворот на Општината, Талески убедуваше дека неговото непоставување е од технички причини. Опозицијата побара одговорност од Талески за потрошените над 350.000 евра за изградба на овој споменик во Битола.
Градоначалникот Владимир Талески, најверојатно, попушти на притисокот на јавноста и на медиумите и ги отвори картите дека политичките односи со соседна Грција биле причината да не биде поставен споменикот посветен на античкиот крал Филип Втори во центарот на Битола, иако споменичниот комплекс од над 100 м2 пред Градскиот часовник е веќе изграден. Сепак, Талески, во свој стил, вината за оваа ситуација ја префрли и на новинарите.
„Досега не беше тоа причината зошто споменикот на Филип Втори не е поставен на ’Магнолија‘, имавме технички проблем. Но, самото тематизирање на овој случај од медиумите, кои се разбира се најголемата сила во секоја држава, поставувањето на споменикот и навистина стана политичко прашање. Знаеме дека до шестиот месец од оваа година треба да се одлучува за важни прашања за Република Македонија. Затоа, не би сакале од тој аспект да го нарушиме процесот што е веќе започнат“, изјави Талески.
По оваа искреност на градоначалникот, остана да виси и прашањето дали воопшто коњаникот Филип Втори ќе биде поставен на градскиот плоштад „Магнолија“ во Битола. Талески наедно најави дека ќе ја преиспита целата ситуација иако тој лично би сакал Битола да има споменик на античкиот крал Филип Втори како дел од нашата историја. По ваквите изјави на Талески, не само што остана вчудовидена битолската опозиција туку и најголем дел од битолската јавност. Особено што Талески со месеци ги убедуваше граѓаните дека се' додека не се направи перфектна музика на фонтаната, која е дел од споменичниот комплекс, споменикот на Филип Втори нема да биде поставен. Опозицијата јавно го постави прашањето до Талески што стана со потрошените стотици илјади евра од буџетот на Општината за изградба на овој споменик.
„Сто илјади евра од парите на битолчани потрошивте само за скулптурата на Филип Втори и 250.000 евра за партерното уредување. Ако потрошивте 350.000 евра и, на крај, не добивте резултати, тоа значи дека не сте ја завршиле работата како што треба и дека некој треба да ја понесе одговорноста за бесцелно потрошените пари на граѓаните. Зошто се направи толку лоша политичка процена, а во исто време се заборави на загинатите бранители од Битола, кои цели девет години останаа без споменик“, обвини Валентин Груевски, лидер на ЛДП во Битола. Битолската опозиција уште го обвини Талески дека направил и уште една сериозна грешка со тоа што со своето име и презиме се потпишал на постаментот каде што требаше да стои коњаникот на Филип Втори. „Сте поставиле плоча на постаментот на која сте се потпишале со целото ваше име и презиме. Ве прашувам дали вие сте заслужен за овој споменик и дали сте дале денар од вашите пари за изградба на Филип Втори или, пак, тоа се пари потрошени од граѓаните на Битола“, праша Борис Чоревски од СДСМ. Градоначалникот не му одговори на прашањето.
Инаку, споменичниот комплекс во најголем дел е завршен. Изградена е фонтана со музички и светлосни елементи, а околу неа се поставени штитови и копја. Подигнат е и постамент од мермер. Единствено се чекаше да биде поставен и коњаникот Филип Втори, кој од ноември 2008 година стои покриен со церада зад општинската зграда на отворено, каде што вработените од Општината околу него ги паркираат своите автомобили. Коњаникот Филип Втори е претставен со прстот вперен кон народот. Од плоштадот „Магнолија“ требаше да се гледа по должина на целиот Широк сокак. (А.Б.)
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#68 Posted: 19-Mar-2010 at 12:02 |
Што е со Филип Втори во Битола
ЧЕТВРТОК, 18 МАРТ 2010 17:29
Споменикот Филип Втори повторно се актуелизира. Опозицијата го запраша градоначалникот повикувајќи се и на тоа дека многу граѓани се запрашувале, зошто споменикот се уште не е поставен.
-Во одделни излагања кажа дека музиката не е готова, заради тоа не е поставен споменикот на постољето кое што незнам, можеби на другите не им личи, но мене ми личи на надгробен споменик, од материјалот како што е направен. Да, Филип Втори е оддамна починат, но сметам дека она што е направено, скелето кое две години седи околу, мислам дека ја грди фонтаната која е извонредна, изјави Борис Чоревски, советник од СДСМ.
Прашањето за Филип Втори се поставува и е одговорено повеќе пати, вели градоначалникот.
-Да беше коректно поставено прашањето ќе се обидев да анализирам, но штом веќе личел на надгробен споменик, апсолутно немам коментар. Тоа го прават архитекти, луѓе кои добиваат на тендер, даваат свои архитектонски решенија, и тоа не е наша работа, наша работа е регуларноста. За вкусовите може да разговараме колку сакате и никогаш нема да се договориме, тоа беше добра намера која во повеќе наврати сака да се уништува, нагрдува и злоупотребува, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Чоревски со реакција.
-Поминете да види на што личи постољето на споменикот Филип Втори. Дали сте биле Белград, сигурно сте биле, дали некој ви има речено, ќе се најдеме код коња? Зошто на тој споменик стои вашето име, дали вие дадовте пари да го изградите. Тоа е ароганцијата ваша, тоа се пари на граѓаните, вели Чоревски.
Градоначалникот одговори.
-Постамент, тој вика постоље. Видете, кога ќе ставате кандидати на советничка листа имајте критериум. Постоље за споменик нема. Некој кажуваше дека сум арогатен па го сослушавте. Кај сте виделе постоље за споменик. Дали сум Белград знете, зашто сме биле заедно, многу добро знае и за споменикот, вели градоначалникот.
Споменикот на Филип Втори околу две години се наоѓа во дворот на општината. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19262:2010-03-18-16-32-09&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Дискусијата им е на ниво, како секогаш...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#69 Posted: 19-Mar-2010 at 12:00 |
Заради медиумите Филп Втори доби политичка димензија
ЧЕТВРТОК, 18 МАРТ 2010 17:32
Ден после седницата градоначалникот на Битола рече дека актуелното време не е најдобро за поставување на споменикот.
-Влегуваме во еден специфичен дел во Република Македонија каде самото поставување благодарение и на вас медиумите доби и друго значење. Ќе размислиме дали е поволно самото поставување на споменикот да го направиме овој период, покрај техничките аспекти на кои укажувавме, самата тематика на друг аспект ни донесе тоа да стане таков аспект.
Доколку техничкиот дел се заврши, ќе направиме проценка дали во овој чувствителен период кога треба да се донесат многу битни одлуки за Република Македонија би било добро кога веќе чекавме толку долго време, би било добро да го поставиме, дали тоа ќе се рефлектира врз општата ситуација или нема да се рефлектира, да не се случи некој повторно да се инспирира и да каже дека е провокација или Општина Битола прави нешто на своја рака, не би сакале тоа да добие поинаква димензија од она што нас почетокот го замислувавме. Треба во центарот на градот да има коњаник споменик на Филип Втори и тоа е обврска кон историјата. Најодговорно ви кажувам дека досега не беше тоа причината, туку технички причини. Но со самото актуелизирање, медиумите се најголема сила во секоја држава, стана политичко прашање, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
|
http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19263:2010-03-18-16-33-04&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Не можам да го дочекам денот кога ќе го срушат, само криво ми е за толку пари фрлени џабе!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#70 Posted: 15-Dec-2009 at 18:09 |
Филип Втори се уште чека да биде поставен
ВТОРНИК, 15 ДЕКЕМВРИ 2009 17:56
Споменикот на „Филип Втори" се уште чека да биде поставен на постаментот на плоштадот Магнолија кој е таму повеќе од половина година. Поголемиот дел од она што се планираше за овој простор веќе е готово.
-Споменикот на „Филип Втори" веќе подолго е во нашиот двор и чека дефинитивно да се заокружи целиот тој дел, партерното уредување во кој е сместена многу интересна фонтана која крие во себе фантастична приказна од едно време. Се прави интервенција во хидрауликата, се надевам дека и софтверскиот дел ќе биде завршен, зашто овие паралелни работи треба да одат синхронизирано. Ако дел од секунда доцни било кој од овие елементи, целосниот впечаток за приказната нема да биде возможно да биде изведен, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Градоначалникот очекувал дека се ќе биде готово летово.
-На 2 август, но луѓето кои ја изведуваат не најдоа начин тоа да го направат синхронизирано, јас кажав и порано, не би сакал по една седмица или по 3 месеци да откаже тој механизам. Тоа мора да се истестира и максимално да е направено онака како што е планирано, рече градоначалникот.
Градежните работи за подготовка на платото започнаа минатата година во ноември, а веќе од претходно беше донесен споменикот во дворот на општината. |
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15560&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#71 Posted: 29-Oct-2009 at 12:04 |
Originally posted by гитардемон
Споменикот на Филип 2 ќе се постави |
Среда, 28 Октомври 2009 17:40 |

-Убеден сум дека идниот период ќе го поставиме споменикот. Фонтаната ни прави проблеми. Имаме мали греши во концептот, сакавме споменикот да е врв на она што е партерно уредување во тој дел на градот. Аудиовизулената програма жал ми е што тие што го добија тендерот не можат да ја завршат, многи се мачат, многу се вредни, но не најдоа решение - рече Владимир Талески, гадоначалник. | |
|
Леле бе и Битола имала до волку нетокму градоначалник, како нашиов во Скопје.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#72 Posted: 29-Oct-2009 at 11:33 |
Споменикот на Филип 2 ќе се постави |
Среда, 28 Октомври 2009 17:40 |

-Убеден сум дека идниот период ќе го поставиме споменикот. Фонтаната ни прави проблеми. Имаме мали греши во концептот, сакавме споменикот да е врв на она што е партерно уредување во тој дел на градот. Аудиовизулената програма жал ми е што тие што го добија тендерот не можат да ја завршат, многи се мачат, многу се вредни, но не најдоа решение - рече Владимир Талески, гадоначалник. | |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#73 Posted: 25-Sep-2009 at 14:39 |
Originally posted by Cloverstack
...се поставени и плочите со биографијата на големиот македонски крал и
војсководец... |
Може некој да ги слика овие плочи?
Edited by alexgizh - 25-Sep-2009 at 14:39
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#74 Posted: 25-Sep-2009 at 13:30 |
Филип Втори ќе доцни
Пеце Стефановски
Споменикот
на Филип Втори, кој беше планиран да се постави на Широк сокак во
Битола ќе доцни, иако неколку месеци се наоѓа во дворот на општинската
зграда. Неофицијално дознаваме дека споменикот, кој според најавите
требаше да биде поставен уште во април, ќе го почека денот на
ослободувањето на Битола 4 ноември, до кога треба да биде позната и
оценката од Европската комисија за напредокот на Македонија. Половина
година, пак, на плоштадот Магнолија изведувачите ги вршат финалните
подготовките околу неговиот постамент. Според проектот, споменикот ќе
биде поставен спроти градската саат-кула, а ќе биде украсен и со
античка декорација со штитови, венец и фонтана со сонцето на Вергина. Локалната
власт тврди дека ова е најосмислениот и најубав градски простор, а
политичките противници дека изведбата е кич со груба антиквизација на
најатрактивниот простор во градот. Од битолската организација на СДСМ реагираат дека кочењето на проектот е смислено сценарио на власта. -
Нека не ја лаже градоначалникот битолската јавност со технички прашања.
Механиката е на фонтаната, а споменикот веднаш може да се постави
наместо да лежи во дворот на општината. Сите знаат дека Груевски го
натера да крене рачна кочница на оваа антиквизација, веројатно до
бриселскиот извештај - вели професор Томе Наумов, координатор на
советничката група на СДСМ. Градоначалникот Владимир Талески, пак, ги отфрла обвинувањата и тврди дека станува збор за технички прашања. -
Деведесет отсто од работите се завршени, а на фонтаната има мошне
сложена механика и сакам работите да се доведат до перфекција. Ова е
чисто локален проект и со буџетски средства на општината, па никој друг
не може да одлучува кога споменикот ќе биде поставен, а тоа ќе биде за
многу кратко време. Дека централната власт нема влијание говори и
фактот што покрај преостанатите обележја предвидени со идејниот проект,
се поставени и плочите со биографијата на големиот македонски крал и
војсководец - вели Талески. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1822&ArticleID=122467
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#75 Posted: 13-Sep-2009 at 00:50 |
 Па ај сними ја и пушти ја тука да знаеме за што се работи. Уште подобро видео клипче со вклучено аудио
|
 |
Zdravkovski
Newbiе
Joined: 13-Sep-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#76 Posted: 13-Sep-2009 at 00:40 |
Момци прее кај фонтаната слушнав една музика која ми делуваше како античка.Така беше музичето со такви ефекти.Можи некој да ми кажи кај можам да ја најдам таа музика што ја пуштаат таму или да ми ја пушти? Фала
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#77 Posted: 04-Aug-2009 at 23:35 |
Коњаникот Филип Втори се' уште одмора под општинските сенки

Споменикот, излеан во бронза, од минатата есен е сместен во општинскиот двор и чека подобри времиња
Битола - Коњаникот Филип Втори со месеци чека да се дигне рампата од
дворот на битолската општина за да „дојава“ на малиот плоштад
„Магнолија“. Поминуваат месеци и месеци, постаментот одамна е готов,
скелето е подготвено, но локалната самоуправа на градот не одлучила
кога ќе го постави споменикот на македонскиот крал среде Битола,
најавуван како атракција. Филип Втори, прикажан како коњаник излеан во
бронза, уште од минатата есен е сместен во општинскиот двор и чека
подобри времиња. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на
прашањата од медиумите зошто споменикот не се поставува долго време,
тврди дека се чека дел за фонтаната што е во состав на споменичниот
комплекс заедно со штитовите и копјата. Прашањата, пак, од типот дали
одлагањето е последица на политички рефлексии - Талески не ги ни
дослушува. Единствено потврдува дека споменикот нема да биде поставен
ниту овој месец.
„Споменичниот комплекс е ислучително важен за
нас. На местото каде што треба да биде поставен споменикот речиси се' е
завршено, и постаментот и сите придружни делови. Едноставно, во делот
на фонтаната има некои нови моменти што треба да се изведат како
фигури. Значи, со хидрауликата има технички работи што треба да се
дозавршат. Се' уште не е избалансиран односот на водата со светлосниот
и аудиоделот. Практично, треба да се изготви нов софтвер. Кога
фонтаната синхронизирано ќе работи, како круна на сето тоа ќе го
поставиме споменикот“, повторува Талески.

Меѓутоа, јавноста се' повеќе се сомнева дека причините за
одложувањето се политички. Сега фонтаната има изглед на стилизиран штит
со сонце со осум краци. Но, битолчани се сведоци дека првичното решение
на штитот од фонтаната беше со шеснаесеткрако сонце. Изведувачите преку
ноќ ги извадија „вишокот краци“. Градоначалникот Талески тврдеше дека
не знае за измените. Првичниот проект на фонтаната, случајно или не,
беше публикуван и во општинскиот информатор издаден пред локалните
избори. Чаршијата зборува дека измените се извршени по сугестија на
меѓународниот фактор, а во контекст на проблемот што го имаме со
Грција.
И министерот за одбрана, Зоран Коњановски, неодамна
изјави дека него лично во Брисел во седиштето на НАТО го прашувале дали
вистина среде Битола се гради споменик на Филип Втори. Тој им појаснил
дека е во чест на владетелот кој ја основал Хераклеја и дека нема друга
заднина.
За јавноста во Битола, особено политичката, и натаму
останува енигма колку пари ќе потроши Општината за градбата на
споменикот. Градоначалникот повторува дека за финансиската конструкција
ќе зборува откако споменикот ќе биде изграден во целост. Едно е јасно -
дека Општината нема да го стопира проектот и покрај светската економска
криза.
„Локалната власт предвидува само од буџетот на Општина
Битола да потроши околу 250 илјади евра за Филип Втори. Ако на оваа
сума се додадат и средствата кои градоначалникот ги најавува од разни
донатори и спонзори, се доаѓа до сума пари за која сметаме дека е
преголема и дека во оваа време можеше многу подобро да се искористи.
Но, за Талески, како што самиот не' убедува како советници, ова не се
многу пари“, вели Валентин Груевски, советник на либералдемократите во
Битола.
Последните недели општината почесто го испробува
механизмот на фонтаната, па доколку минувате низ Широк сокак, може да
се случи да бидете восхитени од водоскоците што извираат во разни
форми. Или, пак, воопшто да ги нема. Сепак, од Општината велат дека, и
покрај незавршените работи, фонтаната ја ставиле во функција на
задоволство на битолчани. Но, задоволството преку ден да уживате во
кралскиот штит на фонтаната и водоскоците на оваа жешко сонце брзо ќе
ви биде поматено. Општината ги откорна дрвјата за изградбата на
споменикот, а и покрај ветувањата, не ги врати на плоштадот.
Споменичниот
комплекс сосе целото партерно уредување зафаќа повеќе од 100 квадратни
метри во строгиот центар на Битола. Филип Втори е прикажан како коњаник
со прстот вперен во народот и ќе се гледа преку целата должина на Широк
сокак. На постаментот на едната страна е мечот на владетелот, на
другата штитот и заштитниот шлем, односно на една од страните венецот.
Само споменикот се издига над 8 метри во височина. Штитот од фонтаната
се подига, се спушта, се навалува на страните, а низ краците избиваат
водотеци. Се' е поддржано од светлосни и аудиоефекти.
Кога Филип
Втори ќе биде изваден од дворот на Општината и однесен на плоштадот во
Битола, не може со сигурност да прецизира ниту градоначалникот Талески.
Едно е сигурно, дека коњаникот и овој месец ќе остане под сенките во
општинскиот двор.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=8D630E57BDBFA5468E6DC1DDC2A21BB4 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#78 Posted: 13-Jul-2009 at 23:15 |
Филип Втори доцни поради штитот
Коњаникот чека во дворот на битолската општина да се доведе до
перфекција работата на луксузната фонтана во форма на владетелскиот штит

Грандиозниот споменик на македонскиот крал Филип Втори половина година чека во дворот на битолската општина да биде однесен
на плоштадот Магнолија во центарот на Битола. За одложувањето на
неговиот кас до Широк Сокак општината се правда дека е поради средување
на техничките детали на изградениот меморијален комплекс, кој зафаќа
повеќе од 100 квадратни метри пред Саат-кулата. Градоначалникот на
Битола, Владимир Талески, вели дека Филип ќе почека додека не бидат
уверени оти беспрекорно функционира сложената фонтана со форма на
кралскиот штит. Фонтаната деновиве со неколку проби беше пуштена во
употреба, а битолчани ги изненади со својата подвижност. Штитот се
подига, спушта, се навалува странично, а осумкракото сонце што е
исцртано на него го пронижуваат повеќе водоскоци. Сето тоа е поддржано
со специјални хидраулични, светлосни и музички ефекти.
-
Споменикот е завршен од многу поодамна, едноставно чекаме момент кога
ќе бидеме уверени дека и 1.000 пати да се пушти фонтаната, нема да има
никаков проблем. Се работи за многу сложена фонтана што има две
програми. Едната за секојдневни, а другата за посебни моменти. Летото
најверојатно 100 дена ќе работи програмата „Б“. Тоа значи една
аудио-визуелна атракција, која треба да отслика еден амбиент од
периодот на Филип Втори - вели Талески.
Најголемиот дел од
работата е завршена, поставена е фонтаната, постаментот за споменикот,
клупите, штитовите, се очекува за скоро време Филип да „дојава“ на
Широк Сокак. Досега беа направени повеќе корекции кај споменичниот
комплекс, а од постаментот беше повлечен кралскиот венец.
-
Тоа е екипа од стручњаци, која работи во проширен состав. Веројатно се
прават варијанти. Понудија една варијанта во предниот дел да има еден
таков венец, ако ценат ќе го постават, ако не, ќе го сменат. Се' е во
рамките на проектот и сакаме совршено да биде направен - вели Талески.
И
дипломати во Брисел се интересирале за споменикот. Министерот за
одбрана, Зоран Коњановси, за битолска телевизија потврди дека додека
престојувал во седиштето на НАТО, го прашале дали навистина во Битола
се гради споменик на Филип. Тој им појаснил дека споменикот е во чест
на владетелот, кој ја основал Хераклеја до Битола и дека со ова не
присвојуваме нешто што е регионално.
Споменикот го изработи
велешкиот скулптор Ангел Коруновски. Филип е прикажан на неговиот коњ
со прстот вперен во народот. Заедно со постаментот ќе се издига на
висина над осум метри. Ова е најграндиозниот споменик што се поставува
во Битола.
- Концептот за Еврорегион меѓу пограничните општини
на Македонија, Грција и Албанија, институтот „Иствест“ не успеа да го
продолжи. Но, останаа одличните релации со општините, кои ни помагаат
за лобирање и добивање проекти од програмата Интерект 3 и
ИПА-фондовите. Ние поддржуваме инфраструктурни проекти во Грција, а тие
ја поддржаа реконструкцијата на патот М5 во Битола - велат од
општината. Спомен-обележјата од античко време, освен археолошките
локалитети, во Битола скоро и да не постојат. Иако има 175 меморијални
споменици и друг вид спомен-обележја најголем дел од нив се посветени
на НОБ.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=94EBB96BECA96F42977AED3AD4CC5E59 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#79 Posted: 24-Jun-2009 at 20:19 |
@DJ
бидејќи си нов на форумот мое е да ти предочам дека политички дискусии се строго забранети. Да не зборувам колку се забранети политички пароли од типот на онаа во твојата последна реченица од претходниот пост. Било кое твое мислење поврзано со темите на форумот е добредојдено да
го искажеш независно дали некој се сложува или не со него но политиката е
табу. Верувам дека кога се регистрираше ти беше пратена покана за добредојде со општи информации за форумот и со линкови кои ги содржат главните правила и препораки за однесување. Би ти препорачал да ги прочиташ.
@гитар
ти си староседелец на форумот но упорно си дозволуваш испади каде непотребно користиш "непропорционална сила" за возвраќање на некоја провокација. Те молам контролирај се околу тие работи знаеш дека модератор има онлајн скоро во секое време и дека брзо ќе ја заврши работата, нема потреба секој да ја зима правдата во свои раце. За Хунзи, мунзи дискусија има приватни пораки за кој баш инсистира да зборува за тоа. Од постот ти го изедитирав спорниот дел.
________
Да продолжиме. DJ сеуште не ни кажа што е дефиниција за кич и што точно му се допаѓа или не му се допаѓа кај овој споменик. Симболиката и кој како си ја разбира истата на страна...
Edited by pbanks - 24-Jun-2009 at 20:23
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#80 Posted: 24-Jun-2009 at 20:10 |
 Во врска со споменикот: Да, веќе се согласивме сите тука дека има некаква симболика бидејќи Хераклеја била основана во негова чест, арно ама не споменикот не е поставен поради тоа. Ете ако се сеќаваш сакаа да го постават на првото видливо место (кај паркот) на влезот во градот од Грција. Што ти кажува тоа? А на крајот, се уплашија дури и од бројот на краците на сонцето, а не па да им го лупнат пред нос на Грците. Да бил од правилни побуди изграден, колку и да е грдо изведен, сепак ќе пројдеше горе-долу. Вака, ем од грешни побуди го изградиле (но очигледно носи политички поени), ем за никаде го изградиле и така сето тоа ми создава едно чувство на одвратност (иако споменикот сам по себе не е грд, околината сепак е шунд). Тука сепак ја разговараме архитектонската вредност на работите (иако забегуваме како сега за политика) па така споменикот е архитектонско промашување, а симболиката ја оставам на политичарите бидејќи тие имаат ќар од такви дискусии, јас само би си трошел време.
Edited by pbanks - 24-Jun-2009 at 20:13
|
 |