Author |
Topic Search Topic Options
|
OCB
Senior Member
Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
|
Quote Reply
#61 Posted: 12-Jun-2011 at 14:06 |
Ќе се врати ли стариот сјај на езеро Треска?
Со темелно чистење на спортско- рекреативниот центар „Треска“, надлежните ќе се обидат да го вратат некогашниот сјај и посетеност на езерото.
Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години
Редовно доаѓам на езерото Треска. Тука имаме поставено приколка и обожувам да доаѓам и да уживам во природните сенки. Иако би сакала да се избањам, сепак, за жал тоа е невозможно, раскажува Розета Летниковска, редовен посетител на езерото Треска.
Во овој период во тек е чистење на езерото Треска, кое надлежните најавуваат дека ќе заврши за еден месец, со сите испланирани активности за сезонско уредување.
- Секој убав викенд го користам заедно со семејството да дојдам тука. Бидејќи живееме во стан, во слободното време се релаксираме во природата. Навистина би било убаво да се врати стариот сјај на езерото, и тоа повторно да ни биде достапно за капење-додаде Дејан Ангеловски уште еден редовен посетител на спортско-рекреативен центар.
Од град Скопје објаснија дека досега од езерото се подигнати 18.000 кубни метри тиња, и притоа рачно се обработени 64.000 квадратни метри. Откако ќе заврши чистењето ќе се направи корекција на оштетените делови од бетонската подлога, по што ќе почне полнењето со вода. Според плановите сите активности за темелното чистење на езерото, кое се случува прв пат по изградбата на езерото, ќе завршат за еден месец. Откако ќе заврши чистењето, ќе се пристапи кон повторно полнење на езерото со чиста вода, по што ќе следуваат анализи на водата што треба да покажат дали ќе може да се користи езерото за капење. Доколку бактериолошката структура на водата не дозволува капење, граѓаните ќе бидат предупредени со јавни објави на табли испишани на македонски и на албански јазик
Паралелно со овие активности се уредува и околината на езерото. Зелената површина низ годините ја одржува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои воедно се грижат и за урбаната опрема и за хигиената на целиот комплекс.
Во иднина, откако ќе заврши оваа акција, за која градот најави дека ќе потроши 30 милиони денари, темелно ќе се фокусираат на рекреативно забавни компоненти.
Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години. Во меѓувреме граѓаните можат да се разладуваат само во некои од скопските базени, кои најчесто ги посетуваат помладите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61011181196&id=14&setIzdanie=22302
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#62 Posted: 13-Sep-2010 at 23:56 |
Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денариНовата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица. „Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството. Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година. „Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.) Утрински Весник
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97386D22F1D5C849A551ED1AD1A60ECA
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#63 Posted: 15-Jul-2010 at 09:22 |
Од сликиве кои си ги приложил Владимир, изгледа и далеку подобро отколку што очекував. Објектите се руинирани, но околината ми изгледа одржана.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#64 Posted: 14-Jul-2010 at 23:09 |
mitatos,
Одавна ја туркам таа идеја, се сменија многу градоначалници и протекоа многу води, а замисли уште на сето тоа треба да се договорат 5 градоначалници и влада.
mission impossible
|
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#65 Posted: 14-Jul-2010 at 22:49 |
Одличен пост, баш ми се допагаат идеите ,навистина треба овој спортски центар да се реконструира и да се направи нешто има огромен потенцијал ,а особено идејата за возот од парк до матка е топ идеја, навистина би било голема атракција и верувам дека не би коштало многу да се изградат 15 км пруга до таму за разлика од тоа што трошат милиони за споменици.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#66 Posted: 14-Jul-2010 at 22:36 |
|
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#67 Posted: 05-Jul-2010 at 21:47 |
Originally posted by Cloverstack
Проблемот со езерото Треска е многу комплексен. За тој да се реши треба да се направи издржан проект, кој бара многу средства. Направивме студија која сега е на ревизија, а потоа ќе треба заедно со Секторот за комунални работи на градот да преземеме некои чекори, со кои ќе се поправи настанатата ситуација. Станува збор за 120 милиони кубни метри вода, а градските власти се тие што треба треба да одлучат што и како сакаат да се направи - смета Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“.
|
А што,треба да викнеме некој од страна па да ви ги среди работите,што треба вие да ги извршувате? А притоа земате огромни приход како директори.Вековен одговор на секој проблем на нашите раководни лица е нормално "Ќе треба" а никако да се земат работите во свои раце и нешто да се сработа,и се нешто ќе кажуваат колку време и суми им требаат.А кога е во прашање раководната функција со тешко срце ја одбиваат.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#68 Posted: 05-Jul-2010 at 21:21 |
Езерото Треска ќе стане септичка јама
Септичките јами што се слеваат во езерото и недостигот од ератори доведуваат до изумирање на рибниот свет во Треска
Септичките јами кај селата Глумово и Шишево се влеваат директно во
главниот вод, од каде што езерото Треска се полни со вода. Најголем
проблем создаваат новоизградените објекти што немаат канализациска
мрежа, поради што се прават фекални џебови кои се излеваат во езерото и
го загадуваат живиот свет во него, тврди градскиот советник Александар
Наумовски, од советничката група на СДСМ. Тој објаснува дека во езерото
нема ератор за вртење на водата и со тоа се доведуваат во опасност
рибите кои не може да живеат во загадена и матна вода.
- Наместо да даваме пари за други нешта што воопшто не се приоритетни,
како град треба да одвоиме пари за да се купат неопходните ератори, кои
ќе ја вртат водата. Со ова нема да ја дозволиме или ќе ја спречиме
еколошката катастрофа, која може да му се случи на овој дел од градот.
Рибата од езерото се лови, некои дури и ја јадат, а тоа може да биде
причина за несакани инфекции и ширење на заразни болести - истакна
Наумовски.
Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое е надлежно
за одржување на езерото Треска, потврди дека ситуацијата е навистина
критична, но дека во овој период не постојат можности за да се преземе
нешто за надминување на оваа ситуација.
- Проблемот со езерото Треска е многу комплексен. За тој да се реши
треба да се направи издржан проект, кој бара многу средства. Направивме
студија која сега е на ревизија, а потоа ќе треба заедно со Секторот
за комунални работи на градот да преземеме некои чекори, со кои ќе се
поправи настанатата ситуација. Станува збор за 120 милиони кубни метри
вода, а градските власти се тие што треба треба да одлучат што и како
сакаат да се направи - смета Душан Авировиќ, директор на „Паркови и
зеленило“.
Со најновиот ребаланс на градскиот буџет, парите за одржување на
езерото Треска од планираните 158.600, се намалени на 123.196 денари.
Намалениот буџет значи дека ниту оваа година, освен поставувањето на
клупи и на други помали зафати и техничко одржување на центарот, нема
да се преземе конкретен чекор за да се подобри ситуацијата со езерото,
која со текот на времето може да се претвори во невидена еколошка бомба.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101146237&id=14&setIzdanie=22025
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#69 Posted: 26-May-2010 at 04:11 |
На езерото Треска и
годинава само на пикник

Загадената
вода е најголема пречка за повторна употреба на рекреативниот комплекс
Сања Наумовска
Езерото Треска и годинава
нема да биде оспособено за капење. Загадената вода и натаму е
најголемата пречка за повторна употреба на рекреативниот комплекс. Во
езерото ќе се рибари и ќе се одржуваат спортски активности, но капењето
ќе биде забрането. Предупредувачите табли дека водата е полна со фекалии
и е опасна за здравјето, веќе неколку години се на истите позиции околу
езерото. Последиците можат да бидат различни кожни и други заболувања.
Во
Градот Скопје велат дека активно работат на оспособување на комплексот
за неговата основна намена. Годинава од градскиот буџет се одвоени 30
милиони денари, најголемиот дел за студии и тендери со кои се бара
вистинскиот и најевтиниот начин за враќање на капачите на езерото.
„Се
работи на студијата за прочистување на водите и тоа е клучниот дел на
работите што треба да се завршат за да се утврди на кој начин ќе се
прочистува водата и натаму да се реализира преку соодветен проект.
Реализацијата на овој сегмент е поврзана со законските рокови за
спроведување постапки за јавни набавки. Студијата ќе покаже кој е
најдобриот начин за колекторско пречистување на водите, како и за
одржливоста на целиот проект“, велат во Градот.
Ревитализацијата
ќе се одвива фазно, затоа што треба истовремено да се решат повеќе
проблеми со доточните води што се користат во езерото.
Градските
власти информираат дека редовно се спроведуваат постапки за испитување
на подлогата и анализи на бактериолошката состојба. Планирана е и
контрола на доточниот канал во должина од 1,5 километри за да се утврдат
сите релевантни проблеми што битно влијаат врз нарушувањето на
квалитетот на водата. Минатата година започна и уредувањето на системот
за собирање на отпадните води во Сарај, Грчец и Шишево, како еден од
главните проблеми за загадување на водите што се влеваат во Треска и
натаму во езерото.
Се' додека не се создадат услови за
рекреативно користење на езерските води и за капење, ќе бидат поставени и
таблите за предупредување на македонски и на албански јазик. Во
моментов се инсталирани 4 големи табли на најфрекфентните места околу
езерото. Дотогаш, велат во Градот, скопјани ќе можат да уживаат во
зеленилото околу езерото кое редовно се одржува, а годинава е збогатено и
со повеќе цветни аранжмани. Реконструиран е еден стар видиковец и е
направен уште еден нов. Поставена е и нова урбана опрема од 15 маси и 30
клупи околу нив, како и 15 клупи по должината на патеките околу
езерото. Комплетно се реновирани и санитарните јазли.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=95C74F69CB3F774BBCC5B202133935B1 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#70 Posted: 27-Apr-2010 at 20:58 |
Во Треска ќе пливаат само
риби

Градоначалникот
Коце Трајановски лани изрази сериозна намера летово езерото Треска да
биде отворено, но од Градот сега велат дека годинава може и да
нема капење
Два месеца пред почетокот на летото градските власти не знаат да
одговорат дали граѓаните годинава ќе може да се капат во езерото Треска,
како што лани им вети градоначалникот Коце Трајановски. Велат дека
некои постапки се во тек, но од објаснувањата не е тешко да се заклучи
дека ниту летово скопјани нема да може да се капат во езерото што самите
си го изградија, од свој џеб, за таа намена. Езерото десетина години е
затворено за капење поради бактериолошка и хемиска загаденост на водата
на реката Треска, од каде што се полни, а изградбата на пречистителна
станица е прескап проект за касата на Градот.
- Сите постапки се
обемни и важни за спроведување и треба да го дадат конечниот одговор на
прашањето од која сезона езерото Треска ќе се користи за капење - велат
во одделението за односи со јавност во Градот.
Кога од Градот
зборуваат за постапки, мислат на активности како испуштање на водите од
езерото, испитување на подлогата, бактериолошка анализа на водата,
чистење на базенот, како и контрола на доточниот канал во должина од 1,5
километар, за утврдување на сите проблеми што влијаат врз нарушување на
квалитетот на водата. Додека овие мерки не придонесат за чиста вода во
езерото, ќе му се радуваат само спортските риболовци, бидејќи таму само
рибарењето е дозволено.
Лани градоначалникот Коце Трајановски
одржа прес-конференција на Треска, на која изјави дека ревитализацијата
на езерото е капитален проект во неговата програма и потенцираше дека
работат со полна пареа од ова лето тоа да биде отворено за капење. Од
неговиот кабинет сега повторно ја потенцираат желбата, но велат дека се'
уште се испитуваат сите параметри, а се гради и канализацијата во Грчец
и во Сарај.
- Кога ќе почне капењето, исклучиво зависи од
реализацијата на сите претходно поставени параметри. Не станува збор за
напразно изречени работи, туку се преземаат одредени конкретни зафати.
Постапките за ревитализација се почнати - објаснуваат градските власти.
Сега,
додаваат, се работи на студијата за прочистување на водите. Тоа, за
градската власт, е главниот проблем за решавање, за да се утврди на кој
начин ќе се прочистува водата во иднина.
За ревитализацијата на
езерото Треска, Град Скопје во годинашниот буџет издвои 30 милиони
денари, односно половина милион евра. Предвидена е фазна ревитализација,
со цел да се решат повеќе проблеми со доточните води.
-
Градоначалникот Трајановски лани го иницираше уредувањето на системот за
собирање на отпадните води во Сарај, Грчец и во Шишево, како еден од
главните проблеми за загадување на реката Треска и понатаму на езерото, а
во исто време Општината почна со изградба на потребната инфраструктура -
потсетија надлежните.
Во меѓувреме од „Паркови и зеленило“
работеле на уредување на зелените површини, ги расчистиле старите стебла
и ги санирале санитарните јазли. Бил реконструиран стар видиковец и
наместен нов, како и 15 маси и 30 клупи. Извршена е и санација на
електричната инсталација и на опремата во јазлите. Некои од овие
активности се дел од годишната програма на „Паркови“, која е нивна
редовна задача секоја година.
Објектот Треска е изграден во 1978
година, со пари од самопридонес на скопјани. Комплексот зафаќа 35
хектари, од кои зелената површина околу 19, а водената околу 14 хектари.
Објектот работеше до 1989 година и на граѓаните им овозможуваше разни
начини за рекреација. Потоа, основната функција, капењето, мораше да
прекине поради загаденост на реката Треска, од која се полни езерото.
Јорданка Ивановска |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=77D15A6F96203E49B6FCD9A53BF43099
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#71 Posted: 27-Nov-2009 at 21:11 |
зависи за што ќе фрлат пола милион евра!?
во секој случај нема да бидат тоа особено видливи зафати, тука претпоставувам треба да се доопреми филтер-станицата и да се постави аератор во езерото... во секој случај заинтересирани инвеститори имало и до сега, но најдобро е градот да најде чаре како да го ревитализира и експлоатира езерото
... американската фирма од Њу Џерси "НФИ-компани" склучи преддоговор со Градот за инвестирање во спортско-рекреативниот центар. Преддоговорот предвидуваше "НФИ-компани" за почеток да вложи еден милион евра за рестартирање на "Треска". Приватниот инвеститор со македонско потекло за возврат требаше да ги добие трите ресторани на "Метропол". Но, поради нерасчистени имотни односи, американската фирма се откажа од вложувањата... http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2473&stID=34554&pdate=20040605 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#72 Posted: 09-Nov-2009 at 17:20 |
И пак 30 милиони денари у бунар ќе ги фрлат, а ќе постават неколку знака забрането капење и уште неколку клупи.
Ова е школски пример како се бара начин да нема решение.
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#73 Posted: 09-Nov-2009 at 16:07 |
Умре ова езеро тешко дека некој ќе оди тука да се бања поминаа тие времиња...
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#74 Posted: 09-Nov-2009 at 14:48 |
Со оглед на околностите, вака од прва би рекол дека токму концесија е добро решение
Градот нема да го дава под концесија езерото Треска
Реконструкција
и заживување на езерото Треска, изградбата на булеварите Илинден,
Првомајска, Теодосиј Гологанов, изградба на нов мост во Сарај и
пречистителна станица на Вардар се капиталните проекти кои Градот
догодина планира да ги реализира.
Скопскиот градоначалник Коце
Трајановски овие проектите, како приоритетни викендов ги презентираше
пред Советот на Скопје, во рамките на дискусијата за планирање на
буџетот за 2010 година, кој според проекциите ќе биде за 10 отсто
повисок од годинешниот, односно следната година Градот ќе троши околу
2,5 милијарди денари.
Тој вети дека езерото Треска нема да го
даваат под концесија, како што најавуваше претходната градска власт,
туку дека ќе одвојат околу 30 милиони денари за реконструкција на овој
спортско-рекреативен објект, кој со години е запуштен и надвор од
употреба.
Булеварот Првомајска треба да добие четири ленти на
потегот од населбата Расадник до рампа, улицата Иво Рибар Лола треба да
се прошири на потегот од Католичка црква до студенсткиот дом "Гоце
Делчев". Овие проекти, како и проектите за нов мост на Вардар кон Сарај
и проширувањето на Илинденска се најавуваат веќе со години.
Градоначалникот
Трајановски смета дека и набавка на возила и машини за "Комунална
хигиена", "Паркови и зеленило" и "Улици и патишта" е еден од
приоритетите на Градот, бидејќи така ќе се решат проблемите со
нехигиената и дупките на улиците.
"Парите кои се проектирани во
буџетот за 2010 година нема да бидат доволни за да се реализираат овие
капитални проекти. Затоа кредитно ќе се задолжиме. Имаме позитивен
кредитен рејтинг и можеме да земаме кредит од нашите комерцијални
банки, кој ќе го враќаме следните 10 години. Така многу побрзо ќе ги
завршиме предвидените проекти, инаку треба со години да градиме една
булевар", рече Трајановски.
Трајановски не се откажува ни од
проектот за трамвајот, односно рече дека до крајот на годината ќе
распише тендер за избор на конслултант, кој треба да понуди решение за
негова изградба. Градот ќе бара консултанти и за изградба на подземните
улици под Кале и под плоштад Македонија.
(А.А.) |
http://vest.com.mk/?ItemID=0308A8867F6C8C46868701C83A793D9A
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#75 Posted: 25-Jul-2009 at 02:15 |
На „Треска“ само по риба, не и на капење

Градот ќе прави проект за пречистителна станица, за да види колку ќе чини нејзината изградба
Сања Наумовска
Езерото Треска ќе се користи за спортски риболов се' додека не се
најде начин да се употребува за капење, соопштуваат градските власти.
Моментно во Град Скопје се подготвува распишување јавна набавка за
изработка на проект за пречистителна станица, со која би се обезбедила
чиста вода за езерото. Градските власти ќе ги испитуваат сите можности
за повторно враќање во употреба на рекреативниот центар, но признаваат
дека тоа ќе зависи од парите. Најверојатно и изградбата на
пречистителната станица ќе се одвива во фази, што ќе одземе
дополнително време. Во Градот сметаат дека и изградбата на канализација
за околните села ќе придонесе за подобрување на водата во реката
Треска, која сега ги собира непречистени отпадните фекални води.
„Проектот
ќе треба да покаже колкави финансиски средства се потребни за
пречистителната станица, по што Градот ќе одлучи дали има можности да
се гради. Сепак, од некаде мора да се почне, со оглед на тоа дека веќе
петнаесетина години капењето е забрането поради загадената вода, а
целиот комплекс е неискористен“, информираат во Градот.
Анализите
на примероците земени од водата во езерото Треска и годинава покажуваат
дека капењето е голем ризик за здравјето. Иако секоја сезона се испушта
старата вода и се чисти тињата од дното, годинава поради порибувањето
тоа не е направено. Од Градот велат дека предупредувања за опасностите
од загаденоста, но и од ризикот за давење, со оглед на тоа дека нема
спасувачи, има на секој чекор во рекреативниот центар. Во соработка со
Општина Сарај било едуцирано локалното население центарот да го користи
за рекреација без капење, а поставени се и двојазични табли со
информации. Сепак, како и години наназад, на Треска редовно има капачи.
Лекарите
велат дека инфекции на горните дишни патишта, на очите, ушите и вирусни
инфекции на кожата, како херпес симплекс, се само дел од заболувањата
што можат да се добијат од капењето во загадената вода во езерото
Треска. Сепак, најголема е опасноста од цревни заболувања, како дијареа
и повраќање, проследени со висока температура и општа слабост, кои се
најчести кога луѓето употребуваат вода со висока бактериолошка
загаденост. Можна е и појава на заразна жолтица, која може да се
манифестира и по четириесетина дена.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=82060610417C9C459BEFE10B2CFE3BD1 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#76 Posted: 22-Jun-2009 at 12:32 |
Почнуваат овие кампањски пишувања, афери, обечања ...буквално да ме нервираат. Еден ќе почне и тогаш сите новинарчиња ќе навалат, вака треба онака треба, и за недела дене со години никаква статија или потсетување.
Еве им тема која потполно е заборавија.
На некој километар поблизо до градот е и некогаш прекрасниот рекреативен центар Сарај, кој буквално сите го заборавија (освен од идејата на Циле, но како спортски центар).
Базени, игралишта, дебели, сенки, спортски центи, ресторан, трибини, опкружен од две реки ... тоа беше Сарај
Edited by Vladimir P - 22-Jun-2009 at 12:34
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#77 Posted: 22-Jun-2009 at 11:41 |
Скопје нема езеро!
Шо е, бе, скопјанишча! Го изгнсивте вашено езеро, па сега сакате и Охрид да ви го даиме, а!?
Вакви
сеирџиски муабети им праќаат шегобијните охриѓани на нивните вечни
ривали, жителите на македонската метропола откако и годинава, по
десетти пат беше изречена забрана за капење во езерото Треска.
Шо е, бе, скопјанишча! Го изгнсивте вашено езеро па сега сакате и Охрид да ви го даиме, а!?
Вакви
сеирџиски муабети им праќаат шегобијните охриѓани на нивните вечни
ривали, жителите на македонската метропола откако и годинава, по
десетти, единаесетти пат беше изречена забрана за капење во езерото
Треска. Дијагнозата е позната: хемиска и бактериолошка загаденост од 4
категорија. Тоа значи дека водата не само што е опасна за капење, туку
дека со неа не смее ниту да се наводнува зеленилото. Така, скопјани и
годинава ќе останат без езеро и без употреблив рекреативен центар кој
некогаш беше синоним за добра забава и уживање. Овој комплекс е пример
како се однесуваме кон народниот имот. Изграден во 70-тите години од
минатиот век со самопридонес на жителите на Скопје, денеска, повеќе
заради негрижа, помалку заради пари, се распаѓа.
Се прашувам,
што ќе се случеше доколку езерото Треска беше на некое друго место на
планетава земја, а не на само 10 километри од центарот Скопје. Што ќе
беше доколку неговите бивши градски татковци беа малку породителски
настроени кон него и доколку сите нивни ветувања (кои по правило ни ги
даваа во предизборните кампањи) навистина се реализираа. Е доколку тоа
навистина се случеше, Треска ќе беше вистински рај. Со водна површина
која е во вид на стилизирано човечко стапало во должина од 700 метри и
ширина од 130 до 300 метри и длабочина од 1.60 до 3 метри ќе беше
џетсетерски мултифункционален спортско рекреативен комплекс со
вотерленд. Сарај ќе вриеше од народ, а скопјани секој слободен час ќе
го минуваа токму таму... целата околина ќе мирисаше на забава и
задоволство... Како некогаш...
За жал, повеќе од една деценија
Треска смрди на фекалии, на тиња и алги, па и на мртви риби. Во
загадените води на езерото не можат да преживеат ниту пастрмките со кои
беше порибено заради одржување на неодамнешното балканско првенство во
спортски риболов. Во водите полни со трева единствено живеат
полноглавци и жаби. Има ли надеж?
По теркот на своите
претходници и актуелниот скопски градоначалник во предизборната кампања
вети дека ќе го ревитализира СРЦ Сарај. Но, за разлика од нив тој
направи чекор повеќе. На стартот од своето градоначалникување, тој
отиде да го посети езерото и од самото место им порача на своите
граѓани дека до следното лето Треска ќе биде ревитализирана и вратена
во функција. Нема да бара концесионер, туку ќе го уредува и со него ќе
стопанисува Градот преку ЈП "Паркови и зеленило". Се подготвува
сериозна студија за СРЦ Сарај да се претвори во употреблив рекретивен
центар кој дополнително ќе обезбеди и десетици работни места и ќе биде
доходовен извор на средства за буџетот на Град Скопје.
Народот и овојпат поверува. Ќе се стрпи до догодина. Ако, сепак, не се случи ништо, ене кај е Охрид.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AAB70AA5BBCC9B45AAC47BA61DDA5FE0 |
Edited by lslcrew - 22-Jun-2009 at 11:41
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#78 Posted: 17-Jun-2009 at 01:03 |
Од наредното лето капење во Треска
Градоначалникот Коце Трајановски ветува дека Треска ќе го врати стариот сјај, за што ќе придонесе и изградбата на фекална канализација во селата околу езерото
Градоначалникот Коце Трајановски ја разгледува можноста за
заживување на езерото Треска и за враќање на поранешниот сјај на овој
рекреативен центар, велат од Градот на прашањето дали првиот човек на
Скопје има визија за овој објект, кој пропаѓа. Езерото и годинава, како
и во изминатите две децении, е забрането за капење поради високиот
степен на бактериолошка и хемиска загаденост на водата. Сепак, капачи
има, бидејќи секоја година многумина не ја почитуваат забраната. Тој
вчера го посети езерото со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и
најави дека капачите од следната година ќе се вратат во езерото.
-
Искрено се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги завршиме сите
потребни подготовки езерото Треска да го ставиме во функција на
граѓаните, а веќе наредната година капачите да се вратат во езерото.
Станува збор за поголем зафат, кој бара повеќе пари. За многу кратко
време очекуваме да почне изградбата на фекална канализација за
населените места Грчец, Шишево и Глумово, која ќе ги реши проблемите со
фекалните води. Тоа ќе помогне да се исчисти и езерото. Ние ќе
направиме се' што е неопходно водата да биде и хемиски и бактериолошки
исправна за капење - рече Трајановски.
За подобрување на
состојбата на водата, потребно е да се изгради пречистителна станица,
за што имаше многу дебати, а „Паркови и зеленило“ изработи и студија.
Тоа е скапа инвестиција, која би чинела милион и повеќе евра, а досега
ниту една власт не се зафати да ја реализира. Поранешниот градоначалник
Трифун Костовски најавуваше можно приватно-јавно партнерство со
странска фирма, но од оваа идеја не излезе ништо зашто државата не го
дава земјиштето во сопственост на Градот.
- Во блиска иднина
треба да бидат утврдени најефикасните начини за управување и одржување
на езерото Треска - изјавија од кабинетот на градоначалникот. Засега
објектот го одржува Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
-
Зеленилото во кругот на езерото редовно се одржува. Комплетно се
реновираат санитарните јазли, изградени се видиковци и се поставени
клупи, маси и канти за отпадоци - велат од Градот.
Проблем се
камперите со приколки, кои не плаќаат закуп, но градските власти велат
дека наплатата е зголемена, бидејќи претпријатието презема максимални
напори за наплата на побарувањата по судски пат. Од „Паркови“ со години
во извештаите до Градот се жалат дека езерото го одржуваат со загуби,
односно трошат 10 милиони денари за хортикултурно и инфраструктурно
одржување, а немаат ќар од ништо.
Спортско-рекреативниот центар
„Треска“ се води како државна сопственост, а во 2006 година е даден на
користење на Градот. Објектот е изграден во 1978 година, со пари од
самопридонес на скопјани. Тој работеше до 1989 година. Рибите наместо да ја пречистат водата, пцовисаа
Жителите на село Глумово, кое се наоѓа во близина на езерото Треска,
се жалат на смрдеа од рибите што пцовисуваат во езерото поради
загаденоста. Месната заедница од Глумово се обратила до градоначалникот
на Општина Сарај, Блерим Беџети, за тој да го реши проблемот со
надлежните градски власти. Жителите во дописот најавуваат радикални
мерки, без да објаснат што мислат со тоа. Од смрдеата на пцовисаните
риби граѓаните се принудени да ги држат затворени куќите и другите
простории за живеење - велат во Општина Сарај.
Оттаму за
лошата состојба со езерото ги обвинуваат поранешните градоначалници на
Скопје и на Сарај, кои, според нив, не се ангажирале ниту еден отсто за
решавање на проблемот. Езерото Треска беше вештачки порибено од
Риболовниот сојуз на Македонија во април годинава. Според нивното
објаснување, порибувањето се изврши со цел да се прочисти водата во
езерото. Беа пуштени 50 килограми риба од видот пастрмка. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=199EBEEACF0B1F4CA742F8C7D2F67D4D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#79 Posted: 15-Jun-2009 at 23:09 |
Жителите на Сарај се жалат на смрдеа од езерото „Треска“

За да ги спречат фекалиите, градските власти ќе градат канализација во Грчец и Сарај
Сања Наумовска
Жителите на селото Глумово и околината во општината Сарај се жалат
на лоша миризба од езерото „Треска“. Мештаните се сомневаат дека се
работи за помор на риби од неодамна порибеното езеро. Тие се пожалиле
до Општина Сарај дека не можат да живеат во услови кога не смеат да
отворат прозорец поради смрдеата, ниту, пак, можат да одат и да го
користат рекреативниот центар. Жителите велат дека лошиот мирис се
должи и на наталожените нечистотии, кои не биле исчистени со години.
Општина
Сарај со поддршка за мештаните, бара Градот трајно да го реши проблемот
со езерото „Треска“. За нив е недозволиво овој комплекс со години да
стои запуштен, без да се инвестира ништо во него или, пак, да се побара
нов стопанисувач кој би финансирал во целосно уредување на езерото.
Во
Градот, пак, велат дека езерото Треска е наменски порибено, поради
одржувањето на балканското првенство и во иднина нема да служи како
рибник. При оддржување на првенството, минатиот викенд, не е нотиран
никаков помор на риби, ниту, пак, друг екоинцидент кој би предизвикал
проблеми на населението.
„Бараме конкретни одговори зашто
езерото е нефункционално со години, направени ли се анализи како тоа
може да се реши и колку ќе чини тоа“, прашува градоначалникот на Сарај,
Блерим Беџети.
Тој вели дека деновиве ќе побараат средба со
надлежните во Градот за да се информираат која е причината за смрдеата
во околината на Треска, како и да разговараат за конкретни предлози за
заживување на комплексот. Општинарите велат дека нема да бараат тие да
стопанисуваат со езерото, но очекуваат Градот да им понуди конкретен
проект. Доколку ни Градот ни Општината немаат пари, предлагаат да се
бара приватен партнер.
Градските власти одговараат дека се
преземаат конкретни мерки за уредување на езерото „Треска“. Реновиран е
постојниот видиковец, а изграден е уште еден нов. Во тревниците се
поставени 15 маси со 30 клупи за седење изработени од дрво, а уште 15
клупи се поставени покрај патеката околу езерото.
„Реновирани се
и санитарните јазли, досега се поставени бојлерите и туш- батериите, а
туш-кабините ќе се доуредат со штици. Вратите и ѕидовите ќе се
бојадисаат и ќе се поправи електричната инсталација. Ќе се бојадисаат и
тоалетите и гардеробите“, информираат од Градот, каде што, сепак, велат
дека таблите за забрането капење ќе стојат и понатаму на шест видливи
места околу езерото. Додека не се направи нешто конкретно за чистење на
загадената вода, од Градот Скопје апелираат до посетителите строго да
ја почитуваат забраната за капење.
Загадувањето на реката, а со
тоа и на езерото ќе се намали кога ќе се реализираат проектите за
изградбата на фекалните канализации во месноста Грчец и во Сарај. Овие
проекти ќе се реализираат заедно со Владата и со Општина Сарај. http://utrinski.com.mk/?ItemID=B41996F807FDFA43809BFD73F211743B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#80 Posted: 09-Jun-2009 at 18:30 |
Рекреативниот центар „Треска“ руиниран
09.06.2009 17:45
Некогаш место за забава и рекреација, денес запустено и заборавено. На езерото Треска времето запрело. Искршени
табли, пропаднати објекти. На гардеробите нема врати, на локалите нема
прозорци. Тоалетите се во катастрофална состојба. Спортско
рекреативниот центар „Треска“, иако граден со пари на граѓаните, сега
тие ретко го посетуваат. Оние неколкумина кои живеат во приколките
велат дека местото изобилува со природа, но инфраструктурата е во
катастрофална состојба. А некогаш било поинаку. „Имаше кафеани,
три-четири... онде имаше... Работеа до еден саатот... флипери,
продавница, до дванаесет, до еден саатот работеше. Тука спиеја... абе
имаше се да се купи. Децата и внуците ги израснавме... до дванаесет,
еден саатот ноќе не можевме да ги прибереме од флипери, од ова, од она.
Имаше се разонода“, објаснува Јордан Талески. Не работат
базените. Наместо вода, во нив има пајажини и искршени плочки. Водата
во вештачкото езеро со години е загадена, а само пред 20 години имало
по 10 000 капачи. „Нема движење на водата. Човекот кога ја градел
некоја грешка има направено. Не е тоа да влегува вода и да не
излегува... чудна работа“, вели Лирим Касапи. Неколкумина мештани
ја отворија капачката сезона. Се бањаа во езерото, меѓу алгите и
жабите, не обрнувајќи внимание на таблите на кои стои дека капењето е
забрането.
01.
02.
03.
04.
05.
06.
07.
08.
09.
10.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109804 |
Edited by lslcrew - 09-Jun-2009 at 18:41
|
 |