![]() |
![]() |
![]() |
Плоштад Слобода и кеј на река Отиња - Штип |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Author | |
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Штип на лето ќе започне со конструкција на паркинг платформи
Претставници на Светска банка денес престојуваа во работна посета на Општина Штип. Тие направија финалната контрола на документацијата (ревидираниот проект) за уредување на централното градско подрачје пред негово предавање во канцеларијата на Светската банка во Скопје,со Александар Арсовски координатор од Одделението за локален економски развој на Општина Штип. Потоа разговараа со горадоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов. Морам да кажам дека сме на крајот на овој процес. Проверена е сета документација и јас верувам дека до крајот на оваа недела ќе ја докомплетираме документацијата со забелешките од СБ, со што до крајот на мецесот отвораме пат за потпишување на официјален договор за кредит од 2 милиони евра од Светската банка. До крајот на летото треба да заврши меѓународниот тендер по што ќе започнеме со реализација на проектот – изјави градоначалникот Алексов. Како што е познато, проектот за реконструкција и уредување на централното градско подрачје вклучува неколку фази на реализација и активности од кои прва и доминантна се однесува на конструкција на пет паркинг платофрми и уредување на коритото на река Отиња. Со уредувањето е предвидено и шеталиште од 1 километар и платформи со капацитет за паркирање на 140 возила. За таа цел, локалната самоуправа веќе работи на својот дел од обврските кои меѓу другото предвидуваат и уредување на коритото на Отиња на потегот од црквата Свети Никола до вливот на Отиња во реката Брегалница во должина од 500 метри. Кредитот ќе биде земен под поволни услови, со 3 години грејс период и рок на отплата од 10 години. Гарант за кредитот веќе е даден и од Владата на РМ. Утврден е и моделот на наплата за користење на паркинзите кој според градоначалникот Алексов гарантира собирање на средства за враќање на кредитот. Со проектот се предвидува и реконструкција на градскиот плоштад и санација на некои од мостовите. Што се однесува до реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ која треба да се претвори во шеталиште, се подготвува соодветно сообраќајно решение. Градоначалникот не ја исклучи можноста некои од мостовите да бидат украсени со споменици на видни личности, бидејќи во Штип, освен споменикот на Александар Македонски кој е приватна донација, нема атрактивен споменик на ниту една маркантна личност од македонската или штипската историја. Меѓутоа, во моментов е најважно да се заврши постапката за добивање на кредитот и да се конструираат платформите, а за останатите идеи дополнително ќе се размислува. Штип воедно е една од петте општини во Македонија која наскоро ќе добие и кредитен рејтинг, што е особено важно за овој проект. ![]() http://www.stip.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Штип чека одговор од Светската банка Претставници на Светската банка деновиве престојуваа во работна посета на Штип, при што извршија финална контрола на документацијата за проектот за реконструкција и уредување на централното подрачје на градот. Се очекува до крајот на месецот целата документација да биде предадена во македонската канцеларија на Светската банка, од која е побаран кредит од два милиона евра за проектот, чија реализација се очекува да почне кон крајот на летото.Предвидено е уредување на коритото на Отиња до нејзината утока во Брегалница, изградба на шеталишта и на пет платформи со паркинзи за 150 возила над коритото на Отиња, како и реконструкција на плоштадот Слобода. Градоначалникот Зоран Алексов изјави дека се размислувало и да се постават споменици на познати штипјани на плоштадот и на мостовите http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EFE5D495C873C347A4B70438D9F07C7D |
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Финални активности околу уредување на коритото на Отиња
![]()
Меѓу другото, градоначалникот Алексов Доколку се протече во ред, веќе во април може да се распишат тендерите за изведувачите на градежните активности. Тој повтори дека Општина Штип не располага со средства за да може самостојно да го започне проектот заради што се бара странски кредит, но напомена дека со наплаќањето на паркинзите на платформите,па и пошироко низ центарот на Штип, ќе се обезбедат извори за покривање на кредитот. Ова е еден од капиталните проекти но тој веќе размислува за идните чекори. Според Алексов, во петокот со претставници од Скопје била разгледана новата сообраќајна студија за улицата „Ванчо Прќе" со која се предвидува подземен премин а горниот дел да се претвори во пешачка патека. Изразено е позитвно мислење за овој сообраќаен предлог за улицата „Ванчо Прќе". ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.stip.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 456 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |