Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
Post Reply | Page 123 22> |
Author | |
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2664 |
Quote Reply
#1 Topic: Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) Posted: 13-Oct-2024 at 15:10 |
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #2 Posted: 28-Nov-2023 at 20:10 |
https://skopjeinfo.mk/skopjani-sepak-nema-da-dobijat-brzo-avtobusko-metro-vmro-dpmne-i-levica-glasaa-protiv Edited by jyvation - 28-Nov-2023 at 20:17 |
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #3 Posted: 09-Nov-2023 at 17:57 |
Посебни одвоени ленти?
Како ќе го изведат тоа без да го анулираат средишното зеленило и пак нема да е доволно за автобуска лента. |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #4 Posted: 09-Nov-2023 at 16:01 |
Данела Арсовска (FB) |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #5 Posted: 22-Aug-2023 at 19:35 |
Логично ет да си ги пуштиме нозете колку ни ет чергата, и иако убо е да сонуваме [1][2] чинам дека и за БРТ имаме претерано знаејќи дека таков систем никаде не се проектира за в сред Град туку пример релација Петровец Сарај ... мислам каде бе се' да бутнете до под нос на аеродомци и карпошовци небаре ако е таму траса живот ќе процвета!, токму цветал и досега та наместо ваква траса да мотивира инвеститори да градат накај Скопско Поле тие да се тепаат што појќе да ги затнат постојните урбани оски, мислам аирлија на паметот може сакате да сторите од Скотје Токијо!? Лично сметам дека со добро организирана Прва Жолта Лента на скопските каубојци од шофери што мора да минат низ Центар ќе им збоктиса од гужви та ќе си се прешалтаат добар дел на Бус особено ако таквиот транспортен мод е ултра чист [3]А ако веќе се оди в средe постојните булевари со БРТ бар од тоа да се извлече и еден урбан велоавтопат одозгора, логично ЛРТ трасата допола вкопана за да има дневна светлина би понирала под раскрсници или тие да се подподигнат можеби ќе сконтаат дека на добар дел може и клучи да одат за да се отпуши и примарната сообраќајна мрежа [4] а евентуалниот централен велоавтопат лесно може да премостува раскрсници и со метални велонадвозници каде е неопходно т.е. паралелно да понира со БРТ сегментите под раскрсниците, плус вака ќе се отвори екстра простор за безбедносни жардињери т.е. пак би имало некако средишно Зеленило Edited by beTon - 22-Aug-2023 at 19:37 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #6 Posted: 11-Aug-2023 at 15:51 |
Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје
Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем – БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој проект, но не добивме никакви информации до пишувањето на овој текст. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк велат дека градот Скопје се изјаснил дека не е заинтересиран за реализација на проектот, со кој треба да се обезбеди градските автобуси да се движат по засебна траса на две БРТ линии – од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Пинтија до Бутел. Инаку, државните институции уште во април 2021 година го потпишаа договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување на финансиски средства од 70 милиони евра за изградба на автобуското метро во Скопје, кое требаше да профункционира кон крајот на 2025 година. Со реализацијата на овој проект, треба да се обезбеди побрз јавен превоз за граѓаните на Скопје, со поголем комфорт и капацитет за превоз на патници на двете БРТ линии, а крајниот исход од реализацијата на автобуското метро би била зголемен број на превезени патници во скопскиот јавен превоз и намалување на автомобилскиот транспорт во главниот град. Министерството за транспорт и врски и градот Скопје во 2021 година беа во фаза на заедничка изработка на целокупната техничка документација за изведба на автобуското метро, сега за сите информации поврзани со овој проект од ова министерство упатуваат до Министерството за финансии и до градот Скопје. Од Министерството за финансии за Мета.мк објаснуваат дека и тие не добиваат информации од градот Скопје за реализацијата на БРТ-то. „Иако Министерството за финансии има испратено допис до градот Скопје во однос на реализација на овој проект, нема добиено повратен одговор за статусот на проектот“, информираат од ова министерство. Мета.мк пред точно една година пишуваше тема во однос на реализацијата на автобуското метро во Скопје, а споредувајќи ја ситуацијата тогаш со денес, може да заклучиме дека нема помрднување од мртва точка во однос на изградбата. Градот Скопје и лани, идентично како и денес, не одговара на поставените новинарски прашања во однос на тоа кои активности се преземени за изведба на БРТ-то. Од Министерството за финансии објаснуваат дека имплементацијата на проектот е во надлежност на градот Скопје, средствата согласно договорот треба да ги повлече Министерството за транспорт и врски, додека Министерството за финансии, согласно Законот за јавен долг, е потписник на договорот во име на Владата. Од Министерството за финансии дополнуваат дека доделените средства од 70 милиони евра од ЕБОР се наменски и не можат да се користат за други цели од градот Скопје или од друга институција. Досега не се платени никакви пенали, бидејќи средствата за изградба на автобуското метро не се повлечени. И додека трета година се одолговлекува имплементацијата на проектот, македонскиот главен град се соочува со сериозни сообраќајни проблеми. Од една страна, официјалните податоци покажуваат намален интерес кај граѓаните за користење на скопскиот јавен превоз, а наспроти ова има значителен пораст на бројот на регистрирани возила во Скопје, со што сообраќајниот метеж во градот и недостигот на паркинг места уште повеќе расте. Дополнително, во зимските месеци има сериозен проблем со квалитетот на воздухот во Скопје, а токму транспортот е еден од главните загадувачи. Инаку, статистичките податоци од ЈСП-Скопје покажуваат дека во 2022 година за дури 15 милиони патници бил намален бројот на превезени патници на градско-приградските линии во споредба со периодот од пред појавата на ковид-19 пандемијата. Тендерот за изградба на автобуското метро во Скопје беше објавен во октомври 2021 година од страна на претходното градско раководство, но новата градоначалничка Данела Арсовска одлучи да го стопира спроведување на тендерот во текот на декември 2021 година https://nezavisen.mk/cela-godina-nishto-ne-se-prezema-za-izgradba-na-avtobuskoto-metro-vo-skopje/ Edited by stef4o - 11-Aug-2023 at 15:52 |
|
Carpe diem
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #7 Posted: 16-Dec-2022 at 16:06 |
Никаков Може она само да нашљака жолта боја, да го врати оној систем "раздвоена" жолта лента од времето на Коце кој што беше пропаст од експеримент, и таман за пред избори да си излезе и да каже, еве ви изградив бас рапид - транзит за 50% поевтино од она на Шилегов, гласајте за мене... И така овој народ будала, па ќе поверува и на тоа. Како што и сега веруваат дека се е мед и млеко, па ѓи гледам по коментари на фејсбук и се лепат на Данела, како демек она го спасила градот од хаос, од овие (ВМРО и СДСМ) "сатанисти" кои што само краделе и сакале да го уништат градот. |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #8 Posted: 11-Dec-2022 at 16:18 |
Edited by Denko - 11-Dec-2022 at 20:08 |
|
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2664 |
Quote Reply #9 Posted: 11-Dec-2022 at 15:25 |
Знае ли некој каков е тој БРТ во верзија на Данела?
https://press24.mk/skopje-kje-dobie-bas-rapid-transfer-vo-verzija-na-danela-arsovska Да не е нешто слично на Priority Bus Route на Тринидад? |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
Galileo
Senior Member Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1467 |
Quote Reply #10 Posted: 10-Sep-2022 at 14:10 |
99 passengers injured in metrobus crash in Istanbul
https://www.dailysabah.com/turkey/istanbul/99-passengers-injured-in-metrobus-crash-in-istanbul |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20753 |
Quote Reply #11 Posted: 26-Aug-2022 at 10:51 |
ДРЖАВАТА ПЛАЌА 350.000 ЕВРА ГОДИШНО НА ЕВРОПСКАТА БАНКА ОТИ АРСОВСКА НЕ ГО ПРАВИ АВТОБУСКОТО МЕТРО
Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оти градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје. Парите стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси. Парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, оти во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот. Од Министерството за финансии неколку пати побарале одговори од Арсовска што планира да прави со овој проект, но таа ги ингорира и не им одговара на прашањата и повиците. „Имплементацијата на проектот за воведување БРТ транспорт е во надлежност на Град Скопје, од каде Министерството за финансии, иако има испратено во неколку наврати писмено барање, нема добиено повратна информација за статусот и плановите за реализација на проектот. Условите за користење на средствата се утврдени со Договорот за заем. Бидејќи реализацијата на проектот не е почната, согласно договорот, средствата не се повлечени и стојат на сметка на ЕБОР. Согласно условите на неповлечените средства се плаќа камата од 0,5 % на годишно ниво“, велат од Министерството за финансии. Кредитот во висина од 70 милиони евра беше одобрен од ЕБОР лани во април и е наменски за воведување на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Кисела Вода до Бутел. Кредитот го зема државата, а беше потпишан од министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ексградоначалникот Петре Шилегов и претставникот на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси. Во октомври на сајтот на ЕБОР беше објавен меѓународниот тендер за воведување на БРТ во Скопје, за кој Арсовска по доаѓањето на функцијата ја прекина постапката. „Проектот ќе ги поддржи напорите на Градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуиран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност. Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект”, кажа на потпишувањето на заемот претставникот на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси. Градоначалничката Арсовска во изминатите неколку месеци не кажува дали и официјално и известила ЕБОР и Владата дека нема да го прави автобуското метро. Таа постојано одбива да одговори на новинарските прашања на оваа тема, исто како што не им одговара на Министерството за финансии и Министертсвото за транспрот и врски. Во јули годинава кажа се водат преговори и кога ќе завршат ќе ја информира јавноста. Прашана зошто води преговори кога рече дека нема да го прави автобуското метро и дали тоа значи дека ретерира од таа првична изјава, Арсовска не даде конкретен одговор туку рече дека работи во интерес на граѓаните и тие да добијат квалитетен јавен превоз. Проектот за автобуско метро Градот го правеше со странски експерти, за двете линии, од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат првата траса би биле околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути и од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да се стасува за 35 минути. https://sdk.mk/index.php/naslovna/drzhavata-plaka-350-000-evra-godishno-na-evropskata-banka-oti-arsovska-ne-go-pravi-avtobuskoto-metro/ |
|
Carpe diem
|
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #12 Posted: 22-Aug-2022 at 13:53 |
I dodeka vie planirate i filozofirate pominaa 40 godini a Skopje zaglavi vo 1984g.
"The Wild Boy" Ne mora tolku opsirno da ni crtas sto znaci Metro. Znaeme deka e najposakuvan javen prevoz, no ne se samo zelbite vo prasanje tuku i moznostite. Metro od finansiska gledna tocka e naucna fantastika za Skopje. Sofija i Solun kasiraat mnogu evropski pari. "гитардемон" ednostavno sekoj zbor ti e na mesto no se plasam deka toa uste godini ke si ostane vaka kako sto e. Prioritet mora da dobijat velosipedite. Taxi-prevozot e posebna prikazna. Skopskoto Taxi e grozno. Ikreno da mi nudat pari ne bi se kacil vo skopsko Taxi. Komunalna policija vednas i temelno sreduvanje na haosot so parkingot. Potreben e rez i menuvanje ne navikite, odnosno soobrakajnata (ne)kultura. Na toa bi dodal i podobruvanje na soobrakajnata infrastruktura. Vo prva linija konecno voveduvanje na vertikalni raskrsnici koi se direkten rasteruvac na zastojot i tesnite grla. Prigradskata zeleznica e isto taka posakuvana rabota i sekako sinsko povrzuvanje so aerodromot... Se plasam deka toa se samo zelbi koi uste dolgo ke ostanat na listata na cekanje! |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #13 Posted: 22-Aug-2022 at 07:40 |
Да почнам малку со семантика: Зборот метро не е нешто свето, туку едноставно значи метрополитенски транспорт, што е француско име за транспорт кој ја поврзува метрополата. Метропола (сигурно не Скопје) е грчко име за голем град, што е всушност истото име со митрополија. Ништо фантастично, оттука автобуско метро може и тоа како, особено ако го поврзува цело скопје по трансферзала (не зелена, кхм кхм) исток-запад. Ама не сме тука за цепидлачење А сега да се надоврзам: Од практичен аспект, иако сум поддржувач на проектот, сметам дека брзиот автобуски превоз сам по себе немаше да реши скоро ништо. Имено, јавниот превоз е цела наука, а не sim city игрица. Градскиот превоз на иднината е мултимодален. Доколку нема дестимулација на употреба на лични мотопревозни средства, не БРТ, не метро, ни телепортација нема да помогне. Големите градови работат на овие проблематики одамна. Моите решенија се комбинација од неколку мерки: - Развој на безбедна велосипедска мрежа. (Данела за инает нема изградено ни еден метар велосипедски патеки - впрочем очекувам пред избори да ја врати сообраќајната лента пред транспортен центар за сметка на велосипедската патека. Многу слично на Бразил.) - Покачување на стандардите на такси превозот. Поскапување на такси лиценците за да не може секој дебил да стане таксист, подигање на минималните стандарди на такси возилата - пак за да не може секој дебил да стане таксист, и укинување на многу давачки за оние кои ќе изберат да возат хибрид или електрично возило (ако може едно село како Ниш, едно село како Скопје нема зошто да не може). Ова би резултирало со многу поскапи цени на такси превозот, со цел тој да стане форма на луксуз, а не алтернатива на градски автобус. (ниедна власт нема мадиња за нешто вакво, оти таксист кај нас за жал значи социјален случај, а не бизнисмен - како зелените пазарчиња и нелегалните продавачи). - Децентрализација, и фискална и институционална. Институционална - неколку министерства може да се преместат од Скопје (земјоделство е најпрост пример). Фискална - секоја општина да си има оштинска полиција, при што 100% од глобите би се влевале во општинскиот буџет (buxhet). Исто така, општините воглавно да се финансираат од данокот кој го плаќаат фирмите на нивна територија. Да видите после како и во Арачиново ќе има казни за непрописно паркирање. Со ова, нема да има толку толеранција кон паркирање на трета лента во Скопје, кон застанување на тротоар, кон брзо возење. - Congestion charge за влез во центарот на Скопје. Доколку влезот во гужвата е привилегија, а не право, многу луѓе би паркирале во некој Park&Ride во Илинден/аеродром Скопје или Сарај/Ѓорче Петров, со цел да не фрлаат пари за џабе. Тогаш 10-15% од автобусите би станале експресни линии кон центарот на градот, наместо тргни застани на секои 5 минути, а на нивна сметка би се вовеле повеќе локални линии наместо приградски кои потоа пак застануваат на секоја улица во градот. Како бонус, доколку се направи Park&Ride на бришан простор околу аеродромот во Петровец, ем ќе има редовен експресен превоз кон аеродромот, ем би можела да се направи приградска железничка станица/меѓуградска автобуска која ќе биде транспортен хаб на главниот град. Не сум сигурен за бенефитот, но на аеродромот му треба подобра поврзаност со внатрешноста. - Приградска железница. Возови на секои 30 минути од Велес, од Куманово и од Тетово, кои де факто функционираат како предградија на Скопје. Нема никаква причина сите овие луѓе да влегуваат во центарот на Скопје со автобус/лично возило. Тешко дека има маж да се избори против мафијата на комбињата кои возат од секое албанско село кон Скопје без никаква лиценца, но доколку се има желба, има и начин. Особено ако има тендер за приградски возови од кој би ќариле оние кои треба да се изборат против комбе мафијата. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #14 Posted: 22-Aug-2022 at 01:44 |
2/2
Нема сигурно децата на богаташите, на олигарсите, на политичарите, на мафијашите магично да излезат од нивните изнајмени автомобили со кои што обожаваат да летаат 200 на саат по партизанска, да се сликаат, снимаат по интернет, и притоа да го загрозуваат животот на другите учесници во сообраќајот и на пешаците (за што и минатата година видовме што се деси кај Сити Мол, девојчето што загина, невино девојче прегазено на пешачки премин од идиот кој што си се снимал во колата возејќи брзо...), нема сигурно тие деца и тие луѓе кои што преферираат да возат и само да возат низ градот да излезат од своите автомобили и туку така магично да се качат на ваков јавен превоз, па макар и 100 км/ч да оди. Како веќе еднаш не - можеме да разбереме дека во градот џабе што и да ставиме што е на улица / булевар, нема да има ефект. Дали тоа би било тролејбус, трамвај, брт систем, лрт систем или што друго не, сите горе доле барем еден - два проблеми ќе ги имаат што ги има и БРТ системот. Еве за трамвајот, и тој ќе треба или да оди по средина на булевар, да се искорне зеленилото и да се исечат дрвјата, или да оди од страна на улицата (најдесно) каде што би требало коловозот да го дели со сите други учесници во сообраќајот. Затоа јас ја поддржувам и туркам даа идеја за лесно метро во градот. Затоа и правам планови своеволно. Нај - големата предност на метро системот е тоа што нема да има никаква допирна точка со улиците и булеварите во градот (зборам за самото метро, не за станиците кои што би имале пристап преку улиците и булеварите), метрото оди под земја (или над - земја издигнато / објаснив во темата за метро во Скопје зошто не преферирам издигнато метро, а и плус многу грдо би изгледало...), и си функционира без никакви препреки. На одредени делови дури може и да се достигнат брзини од 100 км/ч, како кај Партизанска (ама за тоа па и реално нема многу потреба). Едноставно одиш под - земја, стигнуваш во станица, влегуваш во метро, метрото те носи на посакуваната дестинација, брзо, ефикасно, нема никаков сообраќај, нема ништо ама баш ништо од горе наведените проблеми, и заради тоа за мене секогаш метро системот ќе биде, бил и е супериорен вид на јавен превоз. Знам дека градот и не ни е доста голем за да се загарантира таков систем, но еве погледнете по интернет. Постојат градови и со 200-300,000 жители кои што имаат метро систем, и тоа не се некој мал број на градови. Во Скопје не треба повеќе да се гледа на тоа колку жители има (секако и тоа е голем предуслов, не велам не), туку да се гледа на тоа колку повеќе ќе се растерети градот, гужвите, бенефитите кои што ќе ги добиеме со градење на еден таков метро систем, драстично и енормно намалување на аеро - загадувањето бидејќи народот ќе се вози во вистински зелен систем, метрото оди само на струја. Секако кога зборувам за метро не мислам на целосно метро туку на видот Лесно Метро. Прогуглајте и ќе видите која е разликата. Еве, Софија град кој што е за 400 до 500,000 жители има голем и задоволителен метро систем (лесно метро), и тоа доста иновативно, со врати кои што автоматски се затвараат, со напојување од горе (како кај возовите), со уникатен дизајн на станиците, со соодветно поврзување на градот. Во Софија исто така се планира и голема мрежа на Градско - Приградска Железници. Па може некој ќе каже дека тоа е премногу за еден таков град, но вистината е дека не. Се повеќе и повеќе алтернативи на возење, инвестирање во јавниот превоз е само добра работа и вродува со добар резултат. Еве Софија од кога почна да го гради метрото (во време кога имаше дури и помалце популација од Скопје) па се до ден денес, на многу места од градот практички гужвите и да ги нема. Загадувањето е намалено, животниот стандард подобрен, зголемена е и безбедноста во сообраќајот. Значи како што кажав бенефитите се огромни... Еве ги и Солун градат метро (лесно), град со околу 800,000 жители. Па пак и таму можеби не им се исплати толку многу, но гледаат и они на долгорочен план како да ги решат гужвите низ градот и низ обиколницата на Солун (сите што одиме летото према Халкидили знаеме колкав хаос е солунската обиколница), гледате аеродромот таму е втор најголем во Грција, еден од најголемите и нај - фреквентните на Балканот, они имаат и план да го прошират метрото до самиот Аеродром... Па кога ќе видиме како што кажав погоре и други градови инвестираат во такви проекти кои што на почетокот изгледаат "ризични" ама подоцна во иднината испаѓа дека сепак вредело да се инвестира во такви проекти. Скопје ако одлучи да гради метро систем во иднина, ќе види само бенефит и позитивен исход. Само што како што кажав на почетокот од самиот текст, проблемот е на друго место, во самите корени... Кога ќе се реши тој проблем, кога ќе се среди тој хаос првин, е после тоа ќе можеме да му ја мислиме за градење на метро систем. А до тогаш можеме ние да планираме што сакаме, и да си сонуваме. Мојот став еве сега јасно и гласно си го кажав зошто сум против БРТ системот, и сите други видови на системи на јавен превоз кои што биле презентирани претходно и зошто активно поддржувам изградба на лесно метро во Скопје. |
|
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 497 |
Quote Reply #15 Posted: 22-Aug-2022 at 01:26 |
За жал вистината е таа.
Како прво ние премногу скокаме, како второ политичарите ич не ги боли дали градот ќе има или не ефикасен јавен превоз. Цели овие 30 години само се користат разноразни празни ветувања за политички цели и за да си добијат повеќе гласови на избори. А после тоа ништо нема. Ете така Данела Арсовска си вети бесплатен јавен превоз, што е чист "нонсенс" и нема физичка шанса да се случи во Скопје. Кој ќе ги дава тие пари за оддржување на автобусите, за плаќање на возачите на автобуси, за оддржувањето на самото претприатие, за бензин, итн итн... Нема сигурно ВМРО да дадат од парите што ги крадеа повеќе од 10 години. Да не зборувам за ветените нови еколошки автобуси за кои што градоначалничката кажа дека тоа не и е сега во план, туку во идните години. Тоа значи дека пред - избори пак ќе си се набават автобуси, и после пак нови избори, пак празни ветувања... И пред да почне некој од членовите да збори дека сум пратен од некоја партија, дека сум партиски бот или партиски настроен, еве ќе ви кажам дека не гласам ни за ВМРО ни за СДСМ. Оти и едните и другите за мене се исто "срање". Едно поголемо, едно помало. На избори во вториот круг гласав за Данела, не бидејки очекував нешто wow и огромно од неа, него повеќе за да искочи Шилегов, и конечно после толку години да си заминат социјал - демократите од водењето на овој град. Е сега за градската железница се збори уште од 1982, за тие што знаат знаат убаво. Последно на големо беше ветувано во 2016, и тоа од "кловнот" Бочварски кој што обеќаше дека ако победи СДСМ на изборите, ќе изградат / стават во функција градско - приградска железница во Скопје. Еве не 6 години подоцна и од тоа ништо абер нема. Мораме да разбереме дека никој од политичарите реално ништо не сака да направи за народот како што треба. Еве ќе се навратам пак кај Данела Арсовска, со проектите што ги стопираше (Мостови, Булевари, Тунелот под лимак, итн...) не ги стопираше она заради тоа што (како што се кажуваше) имало нерасчистени проблеми, туку чисто заради политички цели, за силење, за изигравање, да се укаже лажно на народот како демек еј еве овие од СДСМ ич не ги бива ги втурнаа проектите во проблеми, мора проблемите да се решат за да се продолжи со градење на тие проекти. А од самото тоа не - градење и стопирање на проекти пати овој наш напатен народ, заради искористување на политички цели. И ние уште си седиме и не правиме ништо... Ако вие од овие политичари очекувате да се направи нешто, да се сменат доста работи, да се изгради тоа се што му треба на градот во брзо време, тогаш сте згрешиле, дебело. На Македонија и на градот и требаат нови лица, млади лица кои што ќе ја однесат и државата, и градот на прав пат. Лица кои што ќе работат за народот, а не за интересите на супер - светски сили, па дали било Русија, Америка, Кина или Индија. Ние треба да најдеме начини да соработуваме со држави, да си помагаме, да не дозволуваме да не понижуваат, да не газат, да ни наредуваат. Да застанеме и да кажеме така, така и така ќе правиме во иднина. Ние луѓе немаме визија за тоа како ќе се развива градот. Урбаната мафија си се напика на секое ќоше, градат без везе, без никаква смисла, нема никакви прописи, се гради на кој како ќе му текне, само да се лапнат пари. Ние мораме прво да се фокусираме и да ги средиме работите во самиот корен на дрвото, а после да се фокусираме на другите делови од дрвото. Кога ќе се средат систематските и политичките проблеми, е тогаш ќе можеме да почнеме да работиме како што треба. Ова вака луѓе, не оди. Е сега, подолу ќе напишам мое мислење зошто не го фаворизирам БРТ проектот, зошто мислам дека освен Градско - Приградската Железница, на Скопје му треба и метро систем, поточно лесно метро, секако прво откако би се средиле систематските и политички проблеми. Како што кажував и зборев многупати во темата за метро во Скопје, за мене било каков вид на јавен превоз во градот кој што оди на сама улица / булевар, значи земјен вид на јавен превоз е лош избор за градот. Па еве да погледнеме како е сега. Имаше неколку статистики пратени на форумот, каде што пишуваше дека автобусите имаат просечна брзина не - поголема од 16 км/ч. Тоа за ваков град е.... ужас. Е сега што значи тоа? Тоа значи дека ние имаме автобуски превоз кој што регуларно (освен во одредени периоди кога нема гужви) заглавува во сообраќај, мора да оди тргни - застани. Со самото тоа што автобускиот превоз оди така, со намалена брзина и не целосно искористен потенцијал го прави помалце атрактивен за граѓаните. Еве јас ќе ви кажам од луѓето што јас ги знам, никој ама баш никој не сака да се качи во автобус и да седи во гужви. Или ќе земе да вози, па ќе одбере алтернативни правци, да се избегне каде што има највеќе гужба, или ќе земе со велосипед да оди. Е сега затоа со низ годините од постоењето на градот се имаат предлагано, планирано, презентирано разноразни видови на јавни превози. Во 50-те години за прв пат се спомнува тролејбус. Од тоа ништо не бидува. Во 80-те години за прва пат се спомнува градско - приградската железница, но и од тоа до ден денес ништо не бидува. Уште од времето на Југославија па се до кај 2019 - та(а можеби и порано) се зборува за трамвај во градот. Различни варијанти, различни предлози, и пак на крајта ништо од тоа И доаѓаме до ден денес каде што последно нешто спомнато во врска со нов вид на јавен превоз е БРТ системот во Скопје. И ве молам, не го викајте автобуско метро, бидејки нема ништо од "метро" во него. Највеќе мразам кога тие термини се злоупотребуваат на грешен начин. Ова е највеќе еминентно кај медиумите, особено по интернет. Едноставно тоа е автобуски рапиден транзит, што поедноставено на нашки би му долшо брз автобус. БРТ системот беше планиран во својата целосна траса да зафаќа делови од коловозот / лентата за возење. Тоа како прво беше првата и според мене една од најголемите негативности, што ќе мораше да се направи "downgrade", т.е. смалување, стеснување на улиците и булеварите. Другиот проблем беше со тоа што, на булеварите ќе требаше цело зеленило, дрвја да се исечат, пазете зеленило и дрвја каде што на повеќето од булеварите тие зеленила и дрвја датираат од 70-те, 80-те па и 90-те, и гледајки според видеото (рендерот) кој што беше прикажан, требаше да се заменат со некои по - тенки по сиромашни дрвја. Сето тоа за да се направи пристап на БРТ трасата во средина на самиот булевар. Ајде сега вие мене кажете ми. Ако се направеше и изградеше БРТ системот, дали некој од тие луди возачи, деца на политичари и мафијаши немаше да се осмелат да се втурнат во лентата на БРТ системот, само за да ја избегнат гужвата што би се ствотирла со стеснување на улиците и булеварите, или за да изиграваат фраери и да се снимаат на интернет. Знаете дека БРТ системот не ни беше планиран да биде целосно денивелиран, или на поединечни раскрсници, со што би се спречил овој проблем. Секој возач со лоша намера многу лесно би можел да се "пикне" во лентата на БРТ системот, и тоа многу лесно. За ова евентуално решение би било да има патрола од полиција на поединечни раскрсници, или комплетен видео надзор на целата траса каде што ќе има тим кој што би интервенирал ако се случи таков прекршок. Истиот проблем што ви го зборам се има случено и во Њу Делхи, Индија. Таму мислам дека во 2016 - та година ако не се грешам отвориле БРТ систем. Се направило гужва по улиците, и возачите безминовно почнале да си се "пикаат" по лентите на БРТ системот, правејки ХАОС. Еве прогуглајте па ќе видите, има и артикли, и слики. Ги гледав на видеото од Град Скопје и поставеноста на самите станици, и на почетокот морам да признаам дека ми беше некако чудно и не ми се допаѓаше тоа што бројот на станиците беше значително намален. Но подоцна, правејќи го планот за метрото (кој што може секој да го погледне во темата за метро во Скопје и да дојде да дискутира за било што во врска со метрото таму) баш сфатив зошто е тоа така. Како што знаеме на БРТ системот автобусите беа планирани да возат со максимална брзина до 80 км/ч па заради тоа ако се стават станици со оддалеченост каква што имаме сега на автобуските станици, тогаш ќе добиеме "тргни - застани" сценарио каде што автобусите не би можеле од преголема "заситеност" на станиците да ја искористат целосната брзина бидејќи ќе мора да застануваат и тргнуваат доста, со што се губи самата поента на рапиден (брз) јавен превоз Па така да мене тоа не ми пречи, да има станици кои што би биле подалеку, знаејќи дека би се возел во систем кој што треба да ме однесе на посакуваната дестинација побрзо. Трасата на која што беше планиран да оди БРТ системот не беше лоша, и е слична со онаа која што беше горе - доле планирана и за трамвај системот, и во мојот метро - план за градот. Овде зборам стриктно за првата линија. Депото за БРТ системот кој што беше планирано кај паркот кај последна 5-ка е на добра локација и за тоа немам ништо да се пожалам. Е сега, улицата "Февруарски Поход" беше планирана од 4 ленти да стане улица со 2 ленти + 2 ленти за БРТ системот. Сите ние знаеме колку години се зборува за мостот преку Вардар кој што би го надоврзал Маџари и Аеродром баш на оваа улица. Ако се изградеше БРТ системот, и мостот во иднина тогаш оваа улица уште толку ке станеше хаос, голем хаос. Незнам точно дали на таа улица, и на другите улици во сличен формат, дали се планираше физичко разделување на лентите за БРТ системот или не, за тоа не се сеќавам. Но ако се одеше со поедноставна и евтина опција, а тоа е само да се обојат лентите во темна црвена боја, тогаш како би спречило тоа возачите да не навлезат и возат во самата лента на БРТ системот? Еве гледам низ годините во минатото градот се обидувал да воведе раздвоена жолта лента за автобуси, па се гледа каков хаос стана тоа, особено со нелегално паркираните возила. Како на пример би се решил проблемот со возилата што се паркираат нелегално по страната на улиците? Еве кај мене карши скопјанка во маало нонстоп гледам како возила се паркираат на трета десна лента од булеварот (правец према Лисиче). Како што беше планирано левата трета лента да се одземе за возење и да се додели на БРТ системот, тогаш кога некој нелегално би се паркирал на нај десната лента тогаш би се блокирал цел булевар и би останало само една лента за возење на еден правец. Замисли имаш случај возиш возиш возиш, и од еднаш некој му текнал нелегално да се паркира на десната лента, неможеш како сега да се престроиш во левата лента за да дозволиш на некој од десната лента да избегне судар со паркираните возила, или да не мора нагло да закочи, и ти всушност кога би го имал БРТ системот неможеш да се престориш во левата лента бидејќи ја нема, и мораш да продолжиш да возиш, додека тие од десната лента ќе си чекаат да си се претстојат, за да ги избегнат паркираните возила, и во меѓувреме настанува хаос... Му текнал ли некој за ова, да се сети дека на многу места вакви низ градот може хаос да настане. Одиме понатаму, булеварите "Видое Смилевски Бато", "Јане Сандански" и "Кузман Јосифовски Питу" сите би имале по една одземена лента, а тоа за време на гужвите сабаље и вечер знаеме како би се одразило. Една лента помалку, и поголем хаос, зголемени гужви. Ова не важи само за овие булевари, туку и за сите други булевари. Одејки понатаму стигнуваме после Веро, раскрсницата со булеварот "Кочо Рацин". Овде знаеме дека булеварот беше обновен, и притоа стеснет, со едно многу лошо и опасно решение, не само за возачите туку и особено за велосипедистите. Наместо да се изнајдеше решение да се прошири тротоарот каде може и таму да се нацрта и вметне велосипедска патека, тие одлучија на самиот булевар да ја стават, го стеснија коловозот, и сега гледаме како е и дека е полошо за возесње. Кога поминуваш покрај автобус, буквално си залепен до него, и нема генерално поширок простор за побезбедно возење. На самата раскрсница автобусот од БРТ системот би требал да направи нагло вртење за да продолжи према центар (ова вртење нема шанси да се изведе со брзина поголема од 40 км/ч, па ако не и помалце), па дури одпосле кога ќе се намести на булеварот да забрза. Е сега тука мене прашањето ми е, како овде би ги собрало лентите за БРТ системот, и да се додаде ново зеленило знаејки дека булеварот е стеснет заради горе - наведените причини. Овде како што изгледа по се, ќе би требало да се одстрани целосно зеленилото, а простор за да се додаде ново не би имало... Одејки понатаму, стигнуваме на улицата "11 - ти октомври" која што е со 6 ленти, без никаква физичка раздвоеност. Овде БРТ системот, и како што беше планирано и најавувано требаше да оди во нај - десната лента. Тоа би значело дека на самата раскрсница со Булеварот "Кочо Рацин", автобусите од БРТ системот и тука би требало да имаат уште едно нагло свртување и тоа да се престојат во нај - десната лента од самата улица, за што сообраќајот (особено тие што би вртеле десно) би чекал прво да помине автобусот па тие да свртат. Додека пак ако имавме булевар и ако БРТ системот си останеше во внатрешните ленти, тогаш сообраќајот, особено тие што би вртеле лево не би требало во опште да чекаат и даваат предност на автобусите од БРТ ситемот, бидејки тие би оделе во средина а не најдесно. Овде нема да го спомнам проблемот со паркирање, бидејки тоа го спомнав погоре, а ваши за сите вакви улици дали 1+2, 1+3, 2+2, 3+3, што не се булевари нема разлика. Продолжувајќи понатаму, низ самиот строг центар низ градот, поточно кај рекорд се планираше улицата "Димитрие Чуповски" да стане пешачка улица, со што би се одстранил сообраќајот целосно од строгиот центар на градот. Ова јас сеуште го поддржувам, но мора да се размислува конечно да се изгради тој децениски - планиран тунел под плоштадот / центарот на градот, во целосен профил, 6 ленти и да се надоврзе НЕ кај раскрсницата со пошта накај Булевар "Илинден", туку кај раскрсницата со Булевар "Партизански Одреди" кај Тифани, бидејќи главниот сообраќај гравитира од Аеродром со булеварите што ги наведов горе, па се до Булеварот "Партизански Одреди". Сообраќајот не гравитира од Аеродром до Карпош преку "Илинденска". Преку "Илинденска" ќе гравитира кога ќе се отвори мостот преку Вардар, кога ќе се доврши Булеварот "АСНОМ" па тогаш преку раскрсницата кај Мавровка (за која што се планира во иднина да стане денивелирана) да оди испод Стоковна Куќа - Чаршија, преку мостот "Гоце Делчев" па од таму на раскрсницата па на "Илинденска". Шилегов исто така планираше да се прошири и алтернативната улица "Даме Груев" позади собрание. Според мене јас за такво нешто не ни гледам потреба, нит сега. Треба едноставно да се инвестира и да се изгради тунелот под плоштадот. Па што ми е мене гајле ако имало некоја зграда (Тифани) изградена од некој си политичар... Како што знаеме да градиме дивоградби по градот, со компании врзани со политичари, можеме и многу лесно да срушиме и згради од политичари... ама не сакаме, бидејќи не ни е во интерес да работиме за народот. Ете тоа е реалната слика. Да беше ова во други држави, 500 пати ќе се ископаше испод плоштадот и ќе се изградеше таа подземна улица, тој подземен тунел. Одејќи понатаму по трасата на БРТ системот која што беше планирана, вртејќи десно, излегуваме на улицата "Даме Груев" која што се до раскрсницата кај Тифани е во профил 2+1 ленти. Овде не се сеќавам како беше планот ама мислам дека Шилегов кажуваше дека оваа улица би се проширила, за да има барем 2 ленти за возење и другите 2 за БРТ системот. И овде со стеснувањето и намалувањето на коловозот би станало голем хаос и големи гужви... Вртејќи на лево, се стигнува на Булеварот "Партизански Одреди". Е сега и овде како кај сите други булевари истиот проблем. Истиот проблем со стеснувањето на лентите, намалувањето на коловоз од 3+3 за возење во 2+2 формат, возила паркирани на десната страна на одредени места, одстранување на зеленилото и дрвјата "en - massè", зеленило и дрвја стари повеќе од 40 години... И додавање на нови по - тенки и сиромашни дрвца... Одејки по Булеварот "Партизански Одреди" наидуваме на мостот "Обединети Нации", мост кој што е буквално пред - распад (летниот период често возам од паркот "Авионче" во Аеродром па се до самиот мост "Обединети Нации" покрај кејот со велосипед па гледам убаво како мостот е накривен надолу...), и мост на кој што му треба итна санација, т.е. треба целосно да се сруши, и да се изгради нов мост кој што би бил со 6 ленти (3+3 формат), соодветна ширина за пешачка патека и велосипедска патека до самата пешачка патека. Тука и на некој начин тоа и беше планирано од Шилегов, само што за жал цената на целосното рушење и градење на нов мост овде, и цената на проблемите што би настанале со градењето на овој БРТ систем кои што би требале да се решат, не беше едноставно калкулирана во тие 70 милиони евра, и несомнено е дека цената на БРТ системот би скокнала лесно над 120 милони евра, па ако не и повеќе. Еве ви уште една негативност во врска со овој БРТ проект кој што беше планиран. И последната точка на БРТ системот, депото за автобуси во лисиче, кое што се планираше да се поднови, надогради за БРТ автобуси. Самиот БРТ систем не ни беше планиран да завршува во поголемиот дел на општината "Ѓорче Петров" после кружните - токови туку некаде на самиот почеток од општината, што е и уште една негативност во овој БРТ систем што беше планиран. Другиот голем проблем со БРТ системот е тоа што каде што рутата беше планирана, каде што самите ленти за автобусите беа планирани да одат, на местото на веќепостоечкото зеленило, испод тоа има доста инфраструктурни цевки, како на пр. цевки за вода, струја и интернет. Тоа е и еден од најголемите проблеми ако се изградеше БРТ системот, со што преставуваше опасност за проблеми со било од кој од овие наведени инфраструктурни цевки, кабли и што ли не би можеле да предизвикаат сериозни проблеми и штети, пред и после градењето на БРТ системот. Еве на пример, што ако некоја водоводна цевка испука дур се копа и гради БРТ системот?, што ако на пример испука цевка или се запуши од како би се изградил БРТ системот и би бил пуштен во функција, што правиме тогаш? Ќе треба да се стопира системот па после да се санира тој проблем. Знаете колкав хаос би настанало тогаш. Луѓето не би можеле да си фатат автобус до дома, па ќе треба од водовод да доаѓаат, да се паркираат (со што би ја блокирале едната од двете ленти во 1 правец што би останала за користење), па многу други проблеми дур се санира тој проблем. Ова очигледно не беше озбилно земено во обзир од претходната градска власт, мислеа они дека така ќе го прелажат народот, и дека ние ќе им поверуваме дека ќе добиеме нов ефикасен јавен превоз кој што би коштал само 70 милиони и дека би го "одтарасил" градот од гужви?? Ма дајте. (продолжува подолу) 1/2 Edited by The Wild Boy - 22-Aug-2022 at 01:43 |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 878 |
Quote Reply #16 Posted: 21-Aug-2022 at 23:35 |
Вистина има 20 страни на темава, ама ете моја контра-реплика на од тебе изнесените негативни аспекти: 1. Одвоен е физички по целата траса, нормално не може да има башка раскрници за него. Ама раксрнсиците никогаш и не се проблем за точноста на автобусот сами пс себе, туку гужвата што се создава во ленатата. Кога БРТ-то има сопствена лента на раксрница нема гужва пошто има негова лента. Сето тоа си е вкалкулирано во времето на патување. 2. Нормално дека ги укинова сите посточеки линии на самата траса, што би барале мали рандом авобувчиња да се движат 3 пати побавно по ленатата на БРТ? Сите други линии се репроектираат како хранителки (? feeder-и) на БРТ-то. Со таква реорганизација покреиноста со автобуски линии се зголемува на поголм дел од градот отколку претходно. 3. Тунел е насушно отребен да, не сум доволно запознаен како би функционирлао ова во моменталната истуација, ама сигурно има достижно чаре. 4. Цело време се врти тој фантомски „занемарлив процент“ на луѓе што би користеле брз јавен транспорт. Досега не видов аргумент на што се базира занемарливоста на процентот. Повторно ќе кажам: ако стварно никој не планира минилана почетна жртва да направи и да користи јавен транспорт - нити Hyperloop нема да ја смени ситуцаијата со сообраќајниот хаос. Поддршката за БРТ ми е од лично искуство, сум живеел во град кадешто што постои БРТ. Одделна лента само за долгите автобуси на БРТ, 3 линии БРТ. Одлична работа. Нормално, не е исто со метро, но веќе има апсолутен консензус дека метрото е многукратно поскапо. Да, возможно би било во подобра политичко-економска констелација и за метро за се размислува, но таков поволен момент не е на повидок ни на среден рок. А на Скопскиот јавен транспорт му треба промена вчера. Edited by hcitrS - 21-Aug-2022 at 23:40 |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #17 Posted: 10-Aug-2022 at 19:17 |
Edited by Denko - 10-Aug-2022 at 21:48 |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #18 Posted: 10-Aug-2022 at 19:02 |
Не знам што не ти е јасно. Види кога Македонија имала раст на БДП над 4-5%, види кога немало глобални или домашни кризи, па ќе сфатиш за каква поволна економска ситуација зборам. И намали малце со хистерија, дискутирај ако имаш што конкретно да кажеш. Солење памет без аргуметни по дома.
Edited by <Fresno> - 10-Aug-2022 at 19:03 |
|
Denko
Senior Member Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
Quote Reply #19 Posted: 10-Aug-2022 at 18:38 |
Epa uzivajte vo Skopje-1982! Site sakate da se sluci nesto vo Skopje ama nisto ne se slucuva so decenii a so toj pristap nema da se sluci nitu vo bliska idnina. Ke si ostanete so modelot na stari avtobusi uste dolgo. Velis povolna ekonomska situacija!? Aj objasni go toa malku podetalno oti ova mene mi zvuci kako naucna fantastika. Povolnata ekonomska situacija ne paga od nebo, taa se sozdava, a Makedoncite ne se sposobni dve kravi da cuvaat bez da se skaraat, a za evropskite fondovi izgleda uste bajagi ke se iznacekate. Duri nekoj i na podarok da vi izgradi 3 metro-linii vie ne ste kadarni da go odrzuvate metroto. Pozdrav i uzivajte vo Skopje-1982. |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1145 |
Quote Reply #20 Posted: 10-Aug-2022 at 18:21 |
20 страни имаш на темава, дискутирани се сите позитивни и негативни аспекти.
1. Не е одвоен од останатиот сообраќај, по цела траса има раскрсници кои ги користи. 2. Ги укинува сите постоечки автобуски линии по трасата. Незгодно за сите освен за оние кои живеат/работат на мало растојание од трасата. 3. Ја прави Чуповски пешачка зона + БРТ, што значи комплетно сечење на сообраќајна артерија, при што нема претходно изградба на тунел или барем проширување на Даме Груев на 2х2. 4. Одзема по 2 ленти на главната оска исток-запад. Ако живееш или често си во Скопје треба да ти е јасно што значи ова, колапс континуиран. Притоа, процентот на луѓе кои ќе се откажат од кола за да користат БРТ е едноцифрен или занемарлив. И тој процент, колкав и да е, ќе биде набрзо поништен од постојаниот пораст на возила од година во година. И не, нема БРТ да го намали тој тренд. Сите сакаме нешто да се случува во Скопје, ама ова нема веќе поента. На страна овие негативни точки, проблем е и што ќе умртви и било каква иднина за ЛРТ, метро, градска железница, итн. А не гледам и зошто би било нешто такво невозможно. Доволна е поволна економска ситуација, амбициозна централна и локална власт и евентуално ЕУ преговори + некои фондови. Сосема можно за некоја година од сега. |
|
Post Reply | Page 123 22> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |