build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 43>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Зеленило
    Posted: 04-Jan-2025 at 19:55
Урбаното зеленило низ новите градежни парцели постои само на слика



Една година по усвоените измени на Законот за урбано зеленило со кои се воведуваат зајакнати стандарди за заштита на урбаното зеленило, никој не смогна сили да ги предложи до законодавниот дом.
Трите главни причини за несоодветното спроведување на законот се законската неусогласеност, непочитување на законот од страна на планери и институции и недостаток на институционална поддршка за професиите шумарски инженер и пејсажен архитект.
Неодамна беше формирана тематска граѓанска коалиција за заштита на урбаното зеленило.
Состојбата со урбаното зеленило покажува дека примената на овој закон останува само на сликите на градежните планови и проекти што ги одобруваат општините.
Од 24 општини кои одговорија на нашите прашања само три општини се пофалија со изработен зелен катастар, 14 изјавија дека немаат зелен катастар, а пет е предвидено да изработат.

Иако Законот за урбано зеленило е донесен со цел да го заштити и одржува зеленилото во градовите, неговата недоволна и несоодветна примена доведува до уништување на зелените површини и создавање бетонски структури. Измените на законот, кои се очекува да воведат зајакнати стандарди и казнени одредби, сè уште не се усвоени, а експертите предупредуваат дека без нив, урбаното зеленило ќе продолжи да биде загрозено од градежните моќници и политички интереси.

Една година по усвоените измени на Законот за урбано зеленило со кои се воведуваат зајакнати стандарди за заштита на урбаното зеленило, никој не смогна сили да ги предложи до законодавниот дом. Тие лани стигнаа во рацете на пратениците од зелената група во минатиот парламентарен состав и добија поддршка, со ветување дека ќе ги поднесат, но, дојдоа изборите, а законот остана да ги чека новите парламентарци. Последните информации се дека е формирана нова зелена парламентарна група од која се очекува да ги поднесе предлог-измените. Во меѓувреме, анализите покажуваат дека не се почитуваат ниту постојните законски одредби.

Неодамна, исто така, беше формирана тематска граѓанска коалиција за заштита на урбаното зеленило. Меморандум за соработка потпишаа Здружението „Зелен институт“ и бројни граѓански организации, претставници на институции, активисти и други заинтересирани граѓани, која има за цел да се мобилизира за заедничка борба против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради која неповратно се уништува урбаното зеленило, за сметка на интензивна и нехумана урбанизација и бетонизација на просторот.

Законот за урбано зеленило се спроведува само на хартија
Основната цел на Законот за урбано зеленило е да се зачува и зголеми вредноста на урбаното зеленило, за да може да ги врши своите функции, како што се подобрување на квалитетот на воздухот, обезбедување на рекреативни простори и заштита од ерозија и загадување. Меѓутоа, анализите кои со нас ги сподели Лилјана Поповска, поранешната пратеничка и некогашна лидерка на зелената партија ДОМ, предлагачи на законот, утврдиле недоволна примена на постојниот закон што води до уништување на зеленилото.

Поповска, која е сега дел од здружението на граѓани „Зелен институт“, посочува дека трите главни причини за несоодветното спроведување на законот, според анализите, се законската неусогласеност, непочитување на законот од страна на планери и институции и недостаток на институционална поддршка за професиите шумарски инженер и пејсажен архитект. Она што посебно загрижува е непочитувањето од институциите.

„Општините кои што би требало да го спроведуваат законот во најголем дел, практично не ги носат стратешките документи, повеќегодишна стратегија, план тригодишен, годишни програми за зеленило итн, ниту изработуваат ‘зелен катастар“, односно попис на зеленилото. При контроли и надзор дозволуваат градба на објекти без соодветен процент на зеленило, или, кога веќе ќе се контролира поминува како да е сѐ во ред, а всушност не е. Постои тотален хаос и огромно непочитување во односот на самите институции кон законот и поради ниските казни и глоби кои постојат во законот, бидејќи во тој приод таква беше регулативата и законот за прекршоци што тогаш важеше во 2018 година. Практично има една целосна неказнивост дури на многу прекршители на законот, на оние од градежната сфера па дури и од институциите кои ќе бидат евентуално казнети им се исплаќа да ги ‘платат’ казните, меѓутоа ќарот од изградба и продажба на тие објекти е многу поголем и едноставно велат, добро, ако ме фатат ќе платам и одам понатаму“, објаснува Поповска.

Парите се главни, профитот од градежните површини. Тие зелените површини не ги гледаат како зелени површини кои придонесуваат за градот во многу аспекти и кои ни се потребни во многу поголема мера. Да дадам една споредба, во ДУП-от за Буњаковец, каде што спаѓа она подрачје на Треска, нели ние се боревме да се испланира со посебен конкурс. Во целиот Буњаковец, според анализата на општината од пред неколку години, по жител отпаѓа 0,38 метри квадратни, ниту цел метар квадратен по жител и тогаш намерата во суштина на конкурсот за подрачјето на Треска беше преку Треска, преку едно похумано планирање на тоа подрачје каде што ќе има и станбени објекти, но ќе се задржи и голем процент на зеленило, со тоа зеленило се придонесе кон целиот Буњаковец, да даде вредност на целиот простор. Меѓутоа, тој конкурс цел беше прогласен за неважечки од сегашниот градоначалник и продолжија да се издаваат градежни дозволи по стариот план, каде што зеленилото е минорно таму. И кога има можност да се зачува, институциите исто почнале да размислуваат како инвеститорите, на профит“, посочува Димески.
Тој го посочува и примерот со Водно, односно со случајот „Плацови на Водно“ за кој има пресуди и тие плацови кои се шума, за кои знаеме како беа вцртани во плановите, продадени и приватизирани. Со конфискацијата на тие плацови, тие сега се под Агенција за управување со конфискуван имот и самата институција не дава дозвола тие плацови во планот повторно да се вратат на изворната шума, онаа која во суштина треба да го штити Центар и градот од поројни врнежи и поплави, одрони и лизгање на земјиште.

„Самата Агенција размислува профитно како и приватните компании. Не сака да ја загуби вредноста на тие две површни како градежни парцели на кои се планирани хациенди“, истакнува Димески.



Новите законски измени гарантираат зајакнати стандарди
Во измените на Законот за урбано зеленило се предлагаат нови стандарди: 25 м² јавно зеленило, 50 м² вкупно зеленило на ниво на град и најмалку 30% зеленило на градежна парцела како одговор на климатските промени. Урбаното зеленило е дефинирано во категории според пешачкото растојание и достапната површина за рамномерен распоред низ градот. Утврден е минимален процент на озеленетост според класа на намени, прецизиран е начинот на одржување, и воведена е обврска за ангажирање стручни лица при планирање и одржување на зеленилото. Исто така, зајакнати се казните за непочитување на законските одредби за минимум зеленило и уништување на зеленилото.

„Да речеме во двор на градинка, или на училиште, или на индустриски објект не може да се третира дека е доволно само мало парченце зеленило. Таму мора зеленилото да биде во сериозен баланс со останатите објекти. Предлагаме трикратно зголемување на глобите, на казните за прекршување на Законот за урбано зеленило и тоа ќе го ускладуваме со новиот закон што подоцна се донесе, една година од носењето на Законот за урбано зеленило, во 2019 година се донесе Закон за прекршоци според кој што можеше казната за еколошки престапи да биде трикратно поголема од останатите казни“, објаснува Поповска.

Според ад м-р Викторија Брндевска Стипановиќ од катедрата за проектирање и планирање на зелени површини – Факултет за шумарски науки, актуелниот Закон за урбано зеленило, моменталната состојба на зелените простори во градот, но и промените, општествени и климатски, на локално и глобално ниво, алармираат за негово дополнување и одредени промени во дел од одредбите.

„Овде може да се спомене и потребата за внесување на новата актуелна терминологија, потоа зајакнувањето на инспекцискиот надзор над спроведувањето на овој закон, зголемувањето на казните кон правните и физички лица кои не го почитуваат, појаснувањето на обврската за формирање на зелен катастар со нагласување на негово тековно ажурирање“, вели таа.

Зголемувањето на нормата за зеленило на 25 m² по жител на 50 m² е неопходно, но потребно е и рамномерно распоредување и зголемување на достапноста на зелените простори.

„Препорачливо е зголемување на зеленилото на градежните парцели од 20% на 30%, со прецизирање на видот на зеленило, но, не за тревна површина над подземни гаражи или други подземни објекти, не за растенија во саксии или жардиниери или, пак кровно и вертикално зеленило“, додава таа.

Најголем дел од општините немаат „зелен катастар“
Зелениот катастар како систем за следење и управување со зелените површини во градовите овозможува ефективно планирање и заштита на зеленилото. Неговата изработка е законска обврска која голем дел од општините кај нас не ја испочитувале.

Од 24 општини кои одговорија на нашите прашања само три општини се пофалија со изработен зелен катастар (Дојран, Кавадарци и Битола), 14 изјавија дека немаат зелен катастар (Валандово, Виница, Кратово, Липково, Свети Николе, Могила, Ранковце, Куманово, Кривогаштани, Берово, Боговиње, Желино, Велес, Чучер-Сандево), а пет општини посочија дека планираат и е предвидено да изработат (Центар, Струмица, Арачиново, Крива Паланка и Кичево). Општина Кисела Вода и Сарај одговорија дека припаѓаат на зелениот катастар на Град Скопје, од каде не добивме никакви информации на овие прашања, исто како и од останатите општини од државава.



Само пет глоби за прекршоци во урбаното зеленило во 2024

Надлежност за контрола на имплементацијата на Законот за урбано зеленило има Министерството за животна средина и просторно планирање, кое воедно е и органот кој ги изрекува санкциите.

Во текот на 2024 година, МЖСПП примило 19 барања за поведување прекршочни постапки, од кои за пет се изречени и платени глоби од по 50 евра, додека, останатите 14 се во постапка.

„Овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на општините поднесуваат Барања за поведување на прекршочни постапки за прекршоци предвидени во Законот за урбано зеленило до Комисијата при Министерството за животна средина и просторно планирање како надлежен орган за изрeкување на санкции. Досега (во текот на 2024 година) се примени 19 Барања за поведување на прекршочни постапки при што се изречени и платени се глоби во износ од по 50 евра за 5 барања за поведување на прекршочна постапка, останатите 14 се во постапка“, одговорија од МЖСПП.

Последните измени на Законот за урбано зеленило, според МЖСПП, се донесени на 4 ноември 2024 година, но тие, за жал, не се однесуваат на барањата на „зелените“, туку, станува збор за технички надополнувања во однос на името на Министерството за транспорт и врски.

https://doma.edu.mk/odrzliv-razvoj/urbanoto-zelenilo-niz-novite-gradezhni-parceli-postoi-samo-na-slika
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Jan-2022 at 17:46
Абе насадете нешто ендемско, овдешно, листопадно и да завршиме голготава! По секоја цена ли ќе изиграваме Дубаи!

Edited by user8642 - 25-Jan-2022 at 17:47
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Jan-2022 at 16:20
ФОТОВЕСТ: Конечно им текна дека палмите се тропски, а не кочан скопски



Температурите во Скопје деновиве се спуштаат до минус 10 степени Целзиусови, а палмите покрај Кејот на Вардар се разлистале небаре се покрај топло море.

Станува збор за посебен вид на влакнести палми trachycarpus fortunei чие стебло расте во височина и над четири метри што издржуваат до минус 14 степени и најразлични временски услови, а поради изгледот се познати и како палми-ветерници. Во Пловдив, Бугарија, во 1993 година регистрирана е ваков вид палма што издржала на минус 27,5 степени Целзиусови.

Со цел да не ги тестираме до колку минусни температури можат да издржат, вчера од ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на палмите ги обвиткаа со најлони.

https://www.vecer.press/фотовестконечно-им-текна-дека-палмит/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Oct-2021 at 16:58
Лажна битка за враќање на урбаното зеленило



Во Македонија попусто се носат закони и правилници бидејќи практиката покажува дека државата и локалната самоуправа се неспособни да ја спроведат регулативата. Таков е Законот за урбано зеленило којшто беше усвоен во јануари 2018 година, а кој што меѓудругото предвидува 20 отсто од секоја градежна парцела да се обезбеди за зеленило.

Изминуваат четири години откако е донесен новиот закон, а состојбата на терен покажува дека при изградбата на станбените и на деловните објекти се зграбува и се бетонира секоја можна педа за да се добие квадрат плус и да се оствари поголем профит. За таа сметка трпат зелените површини коишто од ден на ден ги снемува од главниот град.

Инвеститорите користејќи ги законските дупки, не ја исполнуваат обврската за обезбедување зеленило во рамките на градежните парцели. Имено, во Законот за градење по којшто се водат градежниците никаде не се спомнува терминот урбано зеленило. Уште еден проблем е што Законот за урбано зеленило остава можност за манипулации со таканаречените зелени кровови и тераси.

„На градежните парцели со веќе изградени објекти, каде што не постојат просторни можности за обезбедување на процентот за зелена површина, се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на кровни тераси и фасади. Исто така во Правилникот за урбанистичко планирање („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.225/2020, бр.219/2021) уредена е глава 11 Зелени инфраструктури каде што се уредени целите и принципите на планирањето зелена инфраструктура, општи стандарди, видот и категоризацијата на зелената инфраструктура, процентот на озеленетост, паркови и зелени површини на градби, димензионирање на дрвореди и зеленило во уличен профил и заштитно зеленило.“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Сепак, доволно е човек да прошета по улица Козара во Капиштец, во Аеродром, Карпош, Дебар Маало и другите населби во Скопје за да се увери дека не се почитува ниту оваа обврска.

Зелените кровови и тераси се фарса
Според дел од експертите со долгогодишно искуство во професијата навредувачка за жителите на Скопје е практиката да не се обезбедува простор за зеленило во градежните парцели и да се бара алтернатива во решение како кровно зеленило. Професор д-р. Стефанка Хаџи Пецова, пејзажен архитект вели дека зелените кровови и тераси не можат да бидат замена за урбаното зеленило во околината на станбените објекти.



Од Комората на архитекти и овластени инженери велат дека проблемите произлегуваат од нецелосно спроведување на самите планови, визиите на урбанистите и на општините, но и од недоречености во некои од споменатите правни акти што овозможува нивно различно толкување.

„Во овој момент, колку и да се силни заложбите на професионалните организации да наметнат целосно спроведување и почитување на легислативата врз локалните власти и инвеститорите, не постои доволно силен правен механизам и правна поткрепа за тоа. Покрај тоа, процесот на проектирање и градење опфаќа голем број на институции, компании и луѓе со различни професии и интереси и сето тоа дополнително го усложнува процесот на контрола. Од тука, моралните и етичките принципи на секоја индивидуа вклучена во процесот и спроведување на законите треба да бидат дополнителен контролен механизам за спречување на злоупотреба на таканаречените „дупки во законите“ поврзани со урбано зеленило.“, велат од Комората.

Особено во центарот на градот има објекти коишто веќе постојат, а за кои некој некогаш не водел сметка ниту за околното зеленило, а нема ниту обезбедено паркинг места. Тоа се поправа со промена на деталните урбанистички планови, но ефектите не се веднаш видливи, сметаат од Градежната комора при Сојузот на стопански комори.

Оттаму велат дека „дупки во законите“ има и вината ја лоцираат во луѓето кои еднократно влегуваат во градежниот бизнис.



За општините се е по закон
Општина Центар, Општина Карпош и Општина Аеродром важат за општини каде што градежната експанзија е најизразена. При изведбата на градежните објекти на хартија сè е законски, но на терен лесно може да се забележи дека новите градби буквално излегуваат на улица и дека нема никаков простор за урбано зеленило.

Општина Центар
„Општина Центар издава одобрение за градба врз основа на актуелен (важечки) Детален урбанистички план и законска регулатива која се однесува на таа проблематика: Закон за градење (и сите подзаконски акти поврзани со овој закон) и Закон за општа и управна постапка (постапките за добивање одобрение за градење се управни постапки). Во однос на постапката за добивање на одобрение за градење тие мораат да ја почитуваат законската обврска, во спротивно нема да биде одговорено позитивно на нивното барање за издавање одобрение за градење.“

Општина Карпош
„Согласно новата законска регулатива, инвеститорот е должен во рамки на градежната парцела да обезбеди 20 % зеленило. Во општина Карпош, спроведувањето на ова законско решение го контролираат комунални инспектори од Градот Скопје, затоа што општината нема свој комунален инспектор. Во процес сме на обука на комунален инспектор, кој на дневно ниво ќе може да работи на оваа проблематика. Се користат параметри исклучиво кои се пропишани во законската регулатива. Секако, општината има предвид и за јавното мислење и ставови, имајќи предвид дека урбанизацијата е една од главните теми овие години. Токму од таа причина, согласно новиот закон, општина Карпош формираше и Партиципативно тело во областа на урбанизмот. Тука учествуваат службеници од Секторот за урбанизам, претставници од Комисијата за урбанизам, како и претставници на граѓани од урбаните заедници и граѓански организации.“

Општина Аеродром
„Општина Аеродром издава одобрение согласно со Законот за градење и позитивната законска и подзаконска регулатива. Доколку не се испочитуваат сите услови од Законот и параметрите кои се во ДУП-от и се заобиколува обврската за урбано зеленило, Општина Аеродром не издава одобрение за градење, односно го одбива барателот.“

Од Министерството за транспорт и врски велат дека обврската за зеленило уредена во законите и подзаконските акти, ја контролираат преку издавањето на согласност на урбанистичките планови во кои мора да биде испочитувана. По донесување на таков урбанистичкиот план со вградени одредби за зеленило, надлежност на општината е да го спроведува планот така како што е донесен.

Во сите овие општини во изминатиов период се организирале помали или поголеми протести против уништувањето на зелените површини за сметка на огромни станебно-деловни објекти и ништо не навестува дека ќе престане тоа да се случува во догледна иднина. Токму затоа јасно е дека проблемот е системски, а решенијата се кријат во одлуките на институциите.

Едно од главните ветувања на речиси сите локални избори, па и на годинешните, е дека ќе се стави крај на урбанистичкото дивеење. Практиката покажува дека политичарите не останаа доследни на дадените ветувања и дека носењето нова законска регулатива е недоволно доколку не се направат функционални механизми за нејзино спроведување.

https://doma.edu.mk/tehnosfera/lazhna-bitka-za-vrakjanje-na-urbanoto-zelenilo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Oct-2021 at 11:31
УБ | Паркови и зеленило: Надоместуваме штета од паднати дрвја, но само ако биле маркирани за сечење

Сезоната на дождови проследени со невреме е пред нас. Старите дрвја на територијата на Град Скопје се најранливи па често можеме да прочитаме дека дрво или исушени гранки паднале врз нечиј автомобил при што причинета е материјална штета.

За тоа што треба да се направи во ваков случај разговаравме со Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Одделот за односи со јавност при ЈП Паркови и зеленило.

-Најчесто штом има вакви временски услови со дожд и ветер, нашите екипи работат интензивно на терен. Од петокот наваму постојано расчистуваме и имавме околу 15 интервенции во Центар, Карпош, Аеродром. Стануваше збор за паднати гранки и дрвја, некаде и врз возила. Екипите работеа да се ослободат колозовите, а продолжуваме и денес. Ова е многу честа наша активност, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг.

Таа информира дека-најголемиот дел од пријавите што секојдневно ги добиваат Паркови и зеленило на нивната интернет страница и по телефон се за сечење и кастрење дрвја, но вели дека граѓаните треба да ја знаат процедурата.

-Во такви ситуации раѓаните ни се обраќаат нам. Но, ние не смееме да постапуваме без решение на Центарот за комунални работи на град Скопје. Ние се грижиме за садниците во јавното градско зеленило, на јавниот простор. Ако дрвото не било обележано за сечење, значи било здраво. Таа ситуација се третира како несреќен случај. Кога Комисијата излегува на терен тогаш тие издаваат решенија и ги обележуваат дрвјата со знак С ако се за сечење и знак А за кастрење, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг..

Ако се пресече некое дрво Ѓеоргиевска за Утрински брифинг вели дека се сади секоја сезона, а сега во тек е есенското садење. Таа вели дека се сади дупло од она што се сече.

Ѓеоргиевска ги посоветува граѓаните ако падне дрво и предизвика штета кај нивниот автомобил или имот, да повикаат полиција да направи записник и фотографии, па потоа да се обратат во јавното претпријатие Паркови и зеленило кај нивниот осигурителен агент па штетата ќе биде надоместена. Но, штета се надоместува само ако дрвото било маркирано, а не и ако било здраво.

https://www.slobodenpecat.mk/ub-parkovi-i-zelenilo-nadomestuvame-shteta-od-padnati-drvja-no-samo-ako-bile-markirani-za-sechenje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Oct-2021 at 16:35
Originally posted by user8642

https://twitter.com/Z0KIP0KI/status/1446205551575240705



МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА ПРЕСЕЧЕНОТО ДРВО ВО КИСЕЛА ВОДА

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.
Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Oct-2021 at 18:04
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Aug-2021 at 13:58
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТРАНИЧНОТО ЗЕЛЕНИЛО НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ ВО КАРПОШ

На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со улицата Париска.
- Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри. Ова зеленило беше сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување. Сега, на оваа површина ставаме целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов.
Тој нагласи дека за Градот Скопје урбаната мобилност, алтернативните начини на движење и зазеленувањето на градот немаат алтернатива.
- Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември. Градот Скопје само оваа година има обновено и подигнато нови над 120.000 квадрати зеленило – рече Шилегов.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Aug-2021 at 07:14
Уште едно навидум здраво и зелено дрво падна после денешното невреме, овој пат зад паркингот кај Холидеј Ин.
За среќа, нема повредени граѓани, но оштетени се две паркирани возила.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 574
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Aug-2021 at 16:40
Се возам со 5ка на работа секое сабајле и звукот од гранките кои трескаат по автобусот ме расонува баш пред постојката каде треба да се симнам. Така да не мора да се кастри ништо.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Aug-2021 at 15:43
Не се кастрат гранките на дрвјата







Состојбата не е розова и во другите делови од градот. Скопјани забележуваат, особено оние кои се движат пеш, со велосипед или електричен тротинет дека не можат безбедно да поминат поради надвиснати гранки на пешачки и велопатеки. Некои пак, револтирани сами искршиле надвиснати гранки и ги фрлиле настрана и така стојат со денови.

Интересен феномен што го приметив на велосипедските патеки низ градот е што никој не се замара со гранките од дрвата кои на некои места се спуштаат до 1 метар од земја. Не е можно да се помине без некаква акробација или спуштање од точак/тротинет. Ова кажува дека нема ниедна екипа во градов која е задолжена за редовно одржување на патеките – коментира еден скопјанец.

– За малку главата ќе си ја повредев од надвисната гранка на патеката каде возев со велосипедот. Бидејќи Скопје го крстарам на сите страни, ваков проблем има на повеќе места низ градот. Зарем на надлежните им е тешко да направат обиколка и да ги поткастрат гранките, на некој кој е залетан, на пример со точак или тротинет, може очи да му извадат – вели Стојан Б.

Проблем со надвиснати гранки до нашата редакција пријавија станари од зграда 33 на улицата „Митрополит Теодосија Гологанов“. Велат дека гранките од високите дрвја пред нивната зграда влегуваат во становите, дури се надвиснувале на покривот на петкатната зграда, па им ги уриваат олуците и оневозможуваат пристап на работниците за да ги поправат.

– Пријавивме кај управителот да се направат олуците, ама мајсторите не можат да интервенираат… викаат прво да се исечат гранките, па ќе дојдеме – кажува станарка од зградата.

Од Град Скопје појаснуваат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, врз основа на претходно издадени решенија од страна на секторот за комунални работи на Град Скопје, работат на терен за кастрење на гранки.

– Сите граѓани кои имаат потреба за ваква услуга треба да се обратат до Град Скопје, до Секторот за комунални и да поднесат Барање за сечење (корнење, кастрење) на дрва, грмушки и дива ограда – кусо одговорија од Градот.

https://www.vecer.press/вардар-се-дави-во-ѓубре-неуредни-дрвор/


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Aug-2021 at 17:32
Аеродром пожолте: Лесно е да се засади – тешко е да се одржува





Вакви се сликите од Општина Аеродром во Скопје, иако на повеќе места се поставени системи капка по капка или прскалки. Всушност тие се и единствените зелени површини во општината. Зелено е и околу некои згради каде постари лица, пензионери наводнуваат со свои црева долги и по 50-тина метри.

Ќе ви признаат и дека прават малку „криминал“. Се трудат да наводнуваат наутро од 8 до 11 часот, кога во хидрантите има техничка вода, но наводнуваат и во вечерните часови од вода која се користи за тоалетите во зградите, која пак не смее да се користи за наводнување. Сепак, на овие горештини, тоа носи поголемо добро за сите, овозможува да преживеат тревниците меѓу зградите, кои во вечерните часови пак, ги разладуваат граѓаните кои седат на клупите.

Во општината има многу зелени површини, некои помали некои поголеми. Најновите паркови изградени на „Бојмија“, на улица „Методија Шаторов-Шарло“ и неколку други локации изгледаат добро и здраво, но веќе во паркот „Нирнберг“ се забележуваат првите загуби. Имено, таму беше засаден лавиринт од 1.200 садници, кој за само неколку месеци се исуши. Спроти него, беа засадени високи зимзелени дрвја од кои неколку се веќе исушени.

Малите парковски решенија пред влезовите на зградите се своја приказна. Одамна на нив не никнала ни тревка, а камо ли да личи на одржувано зелено парче земја. Особено тоа е забележително околу ТЦ „Скопјанка“, но и на други места низ општината.

Од Општина Аеродром, за „Независен весник“ велат дека се свесни за подисушениот лавиринт во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче. Викнале луѓе кои се разбираат во градинарство и им кажале дека растенијата од лавиринтот добивале повеќе вода од потребното, па скапале од корен.

Признаваат и дека од 1.200 нови садници кои беа насадени низ целата населба, 200 не успеале и треба да се заменат со нови.

Дополнително, велат, суша е секаде, а имаат обврска да штедат вода во летните месеци и заради тоа не може зелените површини во овој период да се одржуваат зелени. Потенцираат дека сепак, булеварските жардиниери се зелени, затоа што имаат систем за наводнување.

– За одржување на зеленилото се вработуваат и сезонски работници, кои не се доволно мотивирани работата совесно да ја извршуваат, а нема доволно луѓе, кои пак би ја надледувале нивната работа. Во преговори сме со Гоу грин, невладината организација, кои би ни помогнале да уредиме повеќе тревни површини, а тие луѓе да бидат под нивни надзор, па можеби на тој начин состојбата би се подобрила – велат од Општина Аеродром за „Независен весник“.

Општина Аеродром почна и со раззеленување на поранешните стари фонтани. Односно, затоа што биле стари и амортизирани, полесно и поевтино е да се претворат во градини. Но, сепак останува прашањето како ќе се грижат за нив понатаму? На фотографиите постирани од општината на Фејсбук, направени од дрон, се гледа дека на плоштадот пред пазарчето „Бисер“ само мал дел е фонтанско решение, останатиот поголем дел се зелени жардиниери, кои ни оддалеку не се зелени. Ако се запуштиле тие стари жардиниери, дали има оправданост новото решение, доколку и тоа за неколку месеци се претвори во жолта оаза.

https://nezavisen.mk/aerodrom-pozholte-lesno-e-da-se-zasadi-teshko-e-da-se-odrzhuva/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Jul-2021 at 14:01
Originally posted by antigona

Пепел е зеленилото во и околу Мичурин! И паркон што го направија на почетокот на Мичурин пред неполна година (и сто пати се сликаа со него од властите) спроти амбулантата во Пролет, под железничкиот надвозник, пропаѓа од неодржување, а згора на тоа, околината е претворена во див пазар за зеленчук и овошје од паркирани камиони...генерално, бул. Трета Македонска бригада е можеби најзапуштен булевар во градов: опасни раскрсници без семафори, спроти бензиската на Окта преопасен кратер наместо средишна жардињера, насекаде песок, земја, неасфалтирани приоди и странични паркинзи, пеплосана трева и дрвца, ѓубре (кое не се собира со недели)...беда, на само 1 км од најстрогиот центар на една супер прометна сообраќајница во густо населена зона!


Мичурин е тотално забатален,со децении се нема изградено систем за наводнување,околу новата црква се е пепел и руина,ѓубре насобрано со недели,диви паркинзи и изгазени тревници на секој чекор.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Jul-2021 at 13:57
И после биле против федерализација и кантонизација. Нека си го земат и нека си го носат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Jul-2021 at 13:43
ВО ТЕТОВО ИСКРШЕНИ ДЕСЕТИНА ДРВЦА КОИ НЕОДАМНА БЕА ЗАСАДЕНИ



Засега непознати сторители вчера искршиле десетина млади дрвца на улицата кај градскиот стадион. Дрвцата неодамна беа засадени кога се реновираше оваа улица. Од Општина Тетово посочуваат дека ова не е првпат да се оштетува зеленилото засадено по тетовските улици.

„Оштетени се десетина дрвца кај градскиот стадион, а причините ги знае само сторителот, за кој кога ќе се открие, ќе бидат преземени соодветни дејства. Ова не е првпат да се случи вакво нешто. Неодамна беше оштетена урбаната опрема околу едно средно училиште, а оштетувања на зеленилото и опремата имаше и на шеталиштето кон месноста Бањиче и во Жена паркот. Она што ни преостанува е да апелираме да се чува она што е направено во интерес на граѓаните. Исто така, ги замолуваме граѓаните кои се очевидци на ова уништување веднаш да пријават за да можеме брзо да реагираме“, соопштуваат од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово.

Тетово некогаш важеше за зелена оаза и град со најмногу дрвја, но со брзата урбанизација, уште побрзо исчезнуваше градското зеленило.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-iskrsheni-desetina-drvtsa-koi-neodamna-bea-zasadeni/
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Jul-2021 at 09:56
Пепел е зеленилото во и околу Мичурин! И паркон што го направија на почетокот на Мичурин пред неполна година (и сто пати се сликаа со него од властите) спроти амбулантата во Пролет, под железничкиот надвозник, пропаѓа од неодржување, а згора на тоа, околината е претворена во див пазар за зеленчук и овошје од паркирани камиони...генерално, бул. Трета Македонска бригада е можеби најзапуштен булевар во градов: опасни раскрсници без семафори, спроти бензиската на Окта преопасен кратер наместо средишна жардињера, насекаде песок, земја, неасфалтирани приоди и странични паркинзи, пеплосана трева и дрвца, ѓубре (кое не се собира со недели)...беда, на само 1 км од најстрогиот центар на една супер прометна сообраќајница во густо населена зона!

Edited by antigona - 30-Jul-2021 at 10:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Jul-2021 at 09:31
Ново засадените дрвца во Мичурин,ги оставија без вода а и воопшто овој дел поред Трета македонска е тотално запуштен









https://www.facebook.com/groups/192261398109214

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Jul-2021 at 14:09
Градот е преполн со стари,високи суви дрва кои очигледно само се маркирани и со години чекаат да им дојде ред а ете многу од нив и паѓаат.На многу прометни раскрсници и тротоари има вакви случаи но никој ништо не превзема.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Jul-2021 at 12:02
Јас да сум политичар во ова неблагодарно општество, нема да чепнам ниедно старо дрво. Нека паѓаат, ама штета по кариера не си правам. А овој што бил паркиран надвор од паркинг место, не треба да добие оштета. Така да градот е на чисто, општината чиста, порталите кликови, сите задоволни. Тоа што луѓе може да настрадаат од овие стари дрва, тоа никого не го интересира. Сакате хистерија, изволте гледајте.

Edited by user8642 - 24-Jul-2021 at 12:03
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Jul-2021 at 11:11

Шо мајка барала колата паркирана на тротоар?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.476 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.