![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Македонија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 13> |
Author | |||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 08-Mar-2025 at 15:47 |
||
(ВИДЕО) Два булевара во најава во Скопје – каде ќе водат и колку ќе чинат
![]() ![]() ![]() И тука ќе има електронска аукција, а за победник ќе се избере економскиот оператор чија понуда ќе се процени како најповолна врз основа на односот меѓу цената и квалитетот. А што треба да се гради? Станува збор за зафат кој значително ќе го промени ликот на центарот на градот, а со тоа и протокот на сообраќајот. Од јавно достапните документи и описот во достапната документација, Фаза 2 предвидува изградба на делот од булеварот „Македонија“ кој се пресекува со булеварите „11 Октомври“ и „Борис Трајковски“ до пресекувањето со булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Павел Шатев“, каде треба да се направат два нови кружни тека. Градежните зафати, во оваа фаза, завршуваат со изградба на рампи кои ќе го поврзат булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница изградена во темелите на комплексот „Дајмонд“. Штом се заврши целото поврзување на булеварот „Македонија“, наместо механизацијата и лимот коишто се гледаат кај Лимак, ќе има влез и излез од тунел во должина од 750 метри којшто завршува некаде околу цветниот пазар во Капиштец. И на другиот крај на тунелот ќе бидат потребни значителни зафати, кога ќе дојде времето за тоа. Наместо раскрсницата кај Министерството за образование којашто води до „Водњанска“ предвиден е кружен тек. Од двете страни ќе има влез и излез од тунелот којшто го спојува овој дел на градот со булеварот „Македонија“. Побаравме, но не добивме одобрение да го посетиме подземниот дел од сообраќајницата под комплексот „Дајмонд“. Понудите се на маса. Прашањето сега е дали изборот ќе биде успешен. Ако се избере најдобар понудувач и се потпише договор, на терен веројатно нема да има нешто повеќе од камен-темелници и камери, барем не до изборите. Ако има волја кај следниот градоначалник или градоначалничка на Скопје, новите булевари можеби и ќе ја потсмират сообраќајната нервоза за некој година. https://360stepeni.mk/video-dva-bulevara-vo-najava-vo-skopje-kade-ke-vodat-i-kolku-ke-chinat/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Ќе мрднат ли конечно работите: „Течат“ два тендера за булеварот Македонија, се бараат изведувачи за две фази
Во ниедна од јавните набавки не се спомнува поврзувањето со подземната улица, која ја градеше „Лимак“ и која на двата излеза треба да заврши со кружни текови, од кои оној кај поранешниот НИП треба да биде „турбо“ кружен тек. Пред речиси една година Град Скопје најави дека почнува првата фаза од изградба на булеварот Македонија, еден од најголемите сообраќајни проекти со кој треба да се растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, особено на улиците Јордан Мијалков, Павел Шатев, Свети Кирил и Методиј и на булеварот Кочо Рацин. Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“ – информираа од Град Скопје. Оттогаш досега од Градот нема информација како се одвиваат градежните активности и до каде е стигната најавената изградба, а на терен и нема што многу да се види. Но, на Електронскиот систем за јавни набавки во тек се два јавни огласи поврзани со булеварот Македонија и тоа за изградба на фаза 2 и фаза 4. Како што е наведено во тендерската документација изградбата ќе се реализира врз база на Основниот проект за булевар Македонија, потег од раскрсница со улица Митрополит Теодосиј Гологанов со раскрсница со улица 11-ти Октомври и улица Борис Трајковски – Фаза 2, од раскрсница со булевар Кочо Рацин и улица Павел Шатев, проектиран од Друштво за инженеринг и консалтинг „Чакар-партнерс“ ДОО од Скопје. Заинтересираните фирми понудите треба да ги достават во Град Скопје најдоцна до 31 јануари, до 10 часот, кога ќе се одржи јавно отворање на понудите, при што, како што е наведено, критериум за доделување на договор ќе биде најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Во тендерот се посочува дека носителот на набавката е должен да ги изведе работите што се предмет на набавка согласно техничката спецификација во рок од 940 календарски дена сметано од денот на доставен писмен налог за воведување во работа. Притоа, тој треба да гарантира за квалитетот на извршените градежни работи за период од најмалку три години сметано од техничкиот преглед. Во тој период изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани, поправи или замени неквалитетно изведените градежни работи. Еден од условите за склучување на договор е и потенцијалните фирми и изведувачи да имаат остварено минимален годишен приход од 350 милиони денари во секоја од изминатите три години поединечно, односно во 2021, 2022 и 2023 година, но и да располагаат со потребната механизација и професионален кадар за успешно завршување на работата. Тендерот за изградба Фаза 4 од булеварот, пак, трае до 16 јануари, кога ќе бидат јавно отворени пристигнатите понуди, а се однесува на изградба на потегот од раскрсница со булевар Кочо Рацин до раскрсница со улица Мајка Тереза и булевар Климент Охридски. Градежните работи, како што е наведено треба да завршат во рок од девет месеци, исто така со гаранција од три години. Во ниедна од јавните набавки не се спомнува поврзувањето со подземната улица, која ја градеше „Лимак“ и која на двата излеза треба да заврши со кружни текови, од кои оној кај поранешниот НИП треба да е „турбо“ кружен тек. Градоначалничката Данела Арсовска за ова последен пат попрецизно објасни на брифингот одржан пред две години, кога информира дека од едната страна кај Тутунски комбинат треба да има булеварско решение со еден кружен тек, а од страната на „Нова Македонија“ треба да има огромен турбо кружен тек, на нивоа, со чија изведба во централното градско подрачје сообраќајот ќе тече брзо и без застој. Почнавме со решавање на првата и на втората фаза што е влезот во суштина, таму имаше експропријации, некои од институциите требаше да си извршат дислокации на нивна инфраструктура. Веќе успеавме со нив да се договориме, имаше имотноправни проблеми со три сериозни објекти, најдовме некој заеднички начин за да не одиме во судски постапки што долго траат и тука веќе почнуваме со првите две фази. А од другата страна, каде што е „Нова Македонија“, проблемот се бараките на компјутерскиот центар на Македонски железници. Самите бараки не се толку проблем, но тоа внатре што го имаат, опрема и инсталации, е нешто што не треба да прекине – рече тогаш Арсовска и додаде дека откако ќе се пресели компјутерскиот центар, следниот чекор ќе биде објавување тендер за изведувач, затоа што другото, како што нагласи, било завршено и биле обезбедени средства за првата и за втората фаза. Кога ќе почне изградбата, Арсовска не кажа, но како што рече тогаш, откако ќе почне да се гради, ќе треба минимум две години за да се изгради, особено кружниот тек кај „Нова Македонија“, кој е проект голем како клучката кај Момин Поток, од аспект на инфраструктура, статика и друго. Сега се чини работите малку се помрднаа од „мртва“ точка, иако според она што се случуваше во изминатите години никој не се осмелува да прогнозира кога сето тоа што е нацртано во проектот за булевар Македонија ќе се реализира на терен. Но, дека сепак нешто се планира говори и информацијата дека Град Скопје неколкупати не дава позитивно мислење на Општина Центар за изградба на уште една монтажна гаража во продолжение на постојната покрај улицата Народен фронт, со образложение дека ќе пречи на новиот булевар што треба да поминува токму тука. Ексградоначалникот Петре Шилегов на крајот на својот мандат го најавуваше овој голем проект, со три поврзувања и три кружни текови. Според неговите очекувања, поврзувањата со подземната улица требаше да бидат готови минатата година. Сите кружни текови за излез и влез во подземната сообраќајница се проектирани и догодина ќе ги распишеме тендерите за изведувачи. Очекувам паралелно со завршување на градежните работи за подземната улица, во 2023 година да бидат и тие готови. Според првичните процени, ќе чинат околу 22 милиони евра – изјави Шилегов во 2021 година. https://www.slobodenpecat.mk/kje-mrdnat-li-konechno-rabotite-techat-dva-tendera-za-bulevarot-makedonija-se-baraat-izveduvachi-za-dve-fazi/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
ElfGT ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 29-Jul-2024 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 35 |
![]() ![]() |
||
Мала дигресија, станува збор за ЈУЖЕН АВТОПАТ од сосема ново решение на клучката на автопатот кај Ѓорче Петров, низ Хром, Козле, Центар, Кисела Вода, Пинтија, Драчево, врска со трианглата на Скопје кај меѓународниот аеродром. И да, станува збор за комплетно подземен автопат. Најголемата убавина е што истиот е потребно во 2-3 наврати да помине и под реката Вардар. Возна брзина 80км/ч. Скопје веќе ја надмина очекуваната цифра од 1965година, потребно е да се започне со евиденција на ова чудо на балканот!!!
|
|||
Се се сведе на фаќање сеир на туѓа мука
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Денес,сеуште нема никакви активности освен што кенот од тука ![]() го преместиле овде ![]() ... ![]() |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Главниот град пред сообраќаен армагедон – ништо од кружните текови кај комплексот Лимак
Главниот град пред сообраќаен армагедон. Центарот на Скопје допрва ќе се загрчи поради одолговлекувањето на градските власти да ги изведат приклучоците за подземната улица под комплексот Лимак, односно Дајмонд мол. Новиот трговски, хотелот, катната гаража, како и 3 од вкупно 4те висококатници се веќе изградени, готова е и подземната улица која е дел од комплексот, но од кружните текови кои треба да ја поврзат со околните сообраќајници ни трага ни глас. Новите 20-катници, веќе подолго време ги рекламираат и продаваат своите станови, кои вкупно треба да се 772 на број, со кои пак Општина Центар ќе добие околу 3.000 нови жители и најмалку 1.000 дополнителни автомобили. Без да се пресмета и канцеларискиот простор во рамки на комплексот, за кој не се знае колку компании и вработени може да се очекуваат. За подземната улица да профункционира, на нејзината западна страната планирано е да се изведе приклучок со кружен тек на крстосницата кај објектот „Нова Македонија“. Инфраструктурен проект кој се уште не е започнат. Додека пак на јужната страна од подземната улица, кружен тек е предвиден на крстосницата помеѓу булеварот „Јордан Мијалков“ и улицата „Павел Шатев“, позната како „Бихаќка“, како и кај подвозникот кој ги дели булеварите „Св. Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“, каде нема знаци дека се одбиваат градежни работи. За тоа, кога се очекува изведбата на кружните текови и приклучоците, прашавме во Град Скопје, но, оттаму не одговорија. Од турската компанија Лимак пак, неодмана порачаа дека тунелот за подземната улица е целосно пробиен и оти годинава, треба да биде завршен. „Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. – Одговорија од „Лимак“ за дел од медиумите. Договорот за изведба на подземна улица беше потпишан уште во 2012, од страна на тогашниот градоначалник Коце Трајановски. Во 2018та, неговиот наследник Шилегов, оддржа пресс конференција заедно со поранешниот премиер Зоран Зоран Заев за почеток на градежните работи, но и по 6 години, Скопје не доби подземен коловоз. https://alfa.mk/glavniot-grad-pred-soobrakaen-armagedon-nishto-od-kruzhnite-tekovi-kaj-kompleksot-limak/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
Не е нагризана трасата, лево од пеглата има оставено 20 и кусур метра за сервисна уличка покрај трасата за булеварот, што веќе е делумно направена, така да црвената вертикална линија треба да е полево. Сепак, проблем е што двете згради во средина на сликата горе се залепени на самата линија на резервираната траса. Ова сигурно значително ќе ги ограничи можностите за идни градежни зафати за изградба на клучка. |
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
![]() |
|||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||
Го тргнаа и кенот што беше поставен по свеченото отпочнување со изградба...
|
|||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ОД БОМБАСТИЧНАТА НАЈАВА НА АРСОВСКА ОСТАНА САМО ЛЕНТАТА Што се чека за да почне изградбата на булеварот Македонија?
![]() Извадени две палети со бехатон плочки, еден контејнер-барака кој треба да служи како канцеларија и ништо друго нема и по еден месец откако беше најавена првата фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје кај стара „Рампа“. Точно пред еден месец градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, изврши увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на изградбата на булеварот Македонија со кој ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Сепак, според тоа што може да се види на терен, засега нема ниту еден работник или машина која ќе ги извршува работните задачи и нејасно е зошто и покрај најавата на Арсовска, ништо не се случува. Според сајтот за јавни набавки, Град Скопје на 5 февруари за реализацијата на овој проект има склучено договор со компанијата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ село Бојане, Скопје, во износ од 48.083.564 денари со ДДВ или 781.847 евра. Во битката за оваа јавна набавка покрај ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ биле уште 10 градежни компании, но сепак изведувачот од Бојане ја имал најприфатливата понуда според Град Скопје. Градоначалничката Арсовска тогаш истакна дека овој булевар има цел да го растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улиците: Јордан Мијалков, Павел Шатев, како и на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. „Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 Октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата крака на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак“, соопштија тогаш градските власти. Како што пишуваше во соопштението од Градот, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Скопје, а значително ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олесни движењето на граѓаните низ централното градско подрачје. https://plusinfo.mk/od-bombastichnata-na-ava-na-arsovska-ostana-samo-lentata-shto-se-cheka-za-da-pochne-izgradbata-na-bulevarot-makedoni-a/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
SkMk ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 18-Jul-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 25 |
![]() ![]() |
||
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин. Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак. Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје. Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа. https://www.facebook.com/share/p/U51KHiMtrv3mCU2m/?mibextid=K8Wfd2 ![]() |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ШТО УШТЕ ГО КОЧИ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“? Дивоградбите ќе се уриваат, Македонски железници бара локација за нов објект
Тендер за изградба на еден од најголемите кружни текови во Скопје, оној кај поранешна НИП Нова Македонија, ќе биде распишан по завршување на експропријацијата на објектите кои треба да се рушат. Ова неодамна на брифинг со новинари го најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која вели дека не се откажала од ова решение за растоварување на сообраќајниот метеж во тој дел од центарот на градот. Арсовска вели дека не сака да почне со изградба пред да се заврши експропријацијата, која, како што вели, би била неспорна зашто голем дел од засегнатите куќи се дивоградби. Најголемиот проблем, според неа, е да се реши ситуацијата со објектот на Македонски железници – инфраструктура кој се наоѓа непосредно до Паркот на новинари, а во кој е сместена значајна ИТ опрема на претпријатието. Од Железници инфраструктура појаснуваат дека во овој објект во моментов нема некоја значајна опрема која би го успорила процесот на изградба на кружниот тек, но до нив нема официјално барање дека објектот треба да се руши. – Нашиот диспечерски центар е префрлен од оваа зграда. Останува само дел од опремата кој може да се дислоцира во секое време и без да предизвика некакви проблеми во работењето. Ние го поддржуваме овој проект на Градот, но очекуваме за возврат на овој имот да добиеме локација во близина на кружниот тек за да можеме да изградиме реномиран објект. Писмено за ова ги известивме Градот и општина Центар, но немаме информација дали тоа ќе се прифати и каде е обезбедена нова локација. Инаку, немаме добиено барање дека објектот треба да го дислоцираме и дека ќе се руши – вели директорот на Железници – инфраструктура Хари Локвенец. Од општина Центар велат дека го добиле ова барање на Инфраструктура и ќе го имаат предвид при новата постапка за усвојување на Деталниот урбанистички план за тоа подрачје кој е укинат од Уставниот суд. – До Општина Центар е пристигнат официјален допис за објект од Македонски железници и тој се наоѓа во рамки на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, кој е укинат од Уставниот суд. Кога ќе се отпочне нова постапка за донесување нов ДУП, ќе се земе предвид и барањето на Македонски железници – велат од Општината. Од општина Центар која не е вклучена во реализацијата на проектот за изградба на кружниот тек очекуваат овој проект побрзо да се реализира за да можат и тие да реализираат проекти на улици кои се поврзани со ова сообраќајно решение. Според информациите на Арсовска, подземната улица што треба да оди под комплексот „Дајмонд Скопје“, во должина од 800 метри е завршена. Таа почнува веднаш до катната гаража „26 Јули“ и излегува лево од НЛБ Банка. Кога беше најавувана изградбата на оваа улица беше најавено дека тоа ќе биде модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје, рече потпретседателот во „Лимак инвестиции“ Сердар Баџаксиз во 2018 година, кога најави дека за 22 месеци ќе биде завршена оваа подземна сообраќајница. Едниот кружен тек со кој треба да биде поврзана оваа улица е кај „Нова Македонија“, а другиот треба да се изгради кај Тутунски комбинат. Проектот на кружниот тек кај Нова Македонија датира од 2014 година во времето кога прв човек на Градот беше Коце Трајановски. Кружната крстосница беше планирано да се гради на две нивоа и да се користи за потребите на две нови сообраќајници кои треба да го олеснат градскиот метеж на улиците. Првата сообраќајница која треба да се поврзе со кружниот тек е улицата Св. Кирил и Методиј, а втората е улицата Јордан Мијалков, некогашна Железничка. На овој начин ќе има врска меѓу двете улици со тоа што по Св. Кирил и Методиј ќе се вози во правец кон кружниот тек, а на Јордан Мијалков во спротивен правец. Според сообраќајниот и градежниот проект изработени тогаш, кружниот тек треба да има елипсовиден облик и ќе ги поврзува булеварите: Климент Охридски, Мајка Тереза, Јордан Мијалков, Свети Кирил и Методиј, Митрополит Теодосиј Гологанов, подземниот булевар на Лимак и улицата Васил Ѓоргов. Овој кружен тек треба да има најмалку шест ленти. Улиците Јордан Мијалков и Свети Кирил и Методиј остануваат еднонасочни. И неговиот наследник Петре Шилегов најави дека ќе го гради овој кружен тек, ако го добие вториот мандат. Кружниот тек, според планот на Шилегов, требаше да биде готов до 2024 година. Лани во ноември владата планираше да преземе дел од големите проекти на Град Скопје, меѓу кои и кружниот тек кај Нова Македонија, но градоначалничката Арсовска не прифати овие проекти да ги преземе владата. https://plusinfo.mk/shto-ushte-go-kochi-kruzhniot-tek-ka-nova-makedoni-a-divogradbite-e-se-urivaat-makedonski-zheleznici-bara-lokaci-a-za-nov-ob-ekt/?fbclid=IwAR05TjNq4HwePO3XqWHbqsOVtYqoh-DFW1CFTvm_hE7JAnuBJTP8zp3XYn8 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Дури и да мисли на овој дел, не е завршено. Комплет реконструкција (со нови ленти, островца, тротоари, раскрсници итн.) треба на цел триаголник.
Уште полошо ако мисли да пуштат еден отвор за тунелот кај што сега завршува „Јужен“ и почнува градежната зона, и да ги остават двата кружни тека и рушењето на надвозникот за подобри времиња. Ова ми изгледа на најлошата изјава од почеток на проектов до сега. Во делот кај Водњанска изгледа врзани им се рацете, па ќе мора нешто да направат, ама на источниов ќе има импровизации. Се надевам дека грешам. Edited by <Fresno> - 21-Nov-2022 at 08:07 |
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
Веројатно мисли на постоечката инфраструктура која треба да се искориски во сообраќајното решение што беше претставено.
|
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Што тоа е завршено према Кисела Вода? |
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
![]() Edited by hcitrS - 18-Nov-2022 at 07:12 |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Пенов ветува помош за подземниот тунел на Јужен булевар
Град Скопје се наоѓа во голема криза, но Владата има слух во поглед на решавање на актуелните проблеми во главниот град, истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во телевизиско гостување. Тој најави помош за подземниот тунел на Јужен булевар. – Се согласивме со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека треба помош и можеме да се вклучиме. За подземниот тунел (кај „Лимак“) што треба да излезе кај зградата на „Нова Македонија“, пари нема, но ќе ги бараме и ќе го решаваме фаза по фаза – изјави министерот. Тој додаде дека среќни околности се што еден поголем дел е завршен кон Кисела Вода, но најпроблематичниот дел е како ќе се премине булеварот„Св. Климент Охридски“. – Не е само техничкиот проблем туку треба да се разреши и сообраќајот. „Водњанска“ треба да биде затворена неколку месеци, ќе има директна блокада и Владата треба да најде решение – нагласи Пенов. Инаку, тој додаде дека веќе два месеца траат јавните препукувања, кои влијаат на атмосферата и на животот на граѓаните преку управувањето на системите и оти затоа интенцијата е да се вклучат во тој процес и да се спушти топката. https://www.vecer.press/пенов-ветува-помош-за-подземниот-туне/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=421818483467147&set=pcb.421818513467144 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ПРИКЛУЧОЦИТЕ ЗА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ЌЕ БИДАТ ПРИОРИТЕТЕН ПРОЕКТ НА СКОПЈЕ, НО ТРЕБА ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВАТ, ВЕЛИ АРСОВСКА
Приклучоците или трите кружни текови кои Град Скопје треба да ги изгради за подземната сообраќајница на Јужен булевар ќе бидат проиритетен проект во мојот мандат, вели градоначалничката Данела Арсовска. Но, додава дека ќе биде потребно време за нивна реализација, бидејќи од минатото раководство наследила нерешени експропријации на трасата. Вчера, од туската компанија „Лимак“ рекоа дека улицата ќе биде готова до крајот на наредната година, но таа нема да биде во функција односно нема да може да се вози по неа додека не се изградат влезовите и излезите, а тоа, според договорот потпишан уште во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски, е обврска на Градот. Од „Лимак“ најавија дека напролет ќе бидат вселиви двете згради, трговскиот центар и пешачката улица со кафулиња. Тоа ќе предизвика поголем број жители, посетители и возила во овој дел на градот, а улицата која треба да го намали метежот нема да биде во функција. САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша Арсовска какви се плановите на Град Скопје за овој проект, со оглед на тоа дека работите за трите кружни текови не се ниту започнати, а за пола година овој дел ќе предизвикува сериозен сообраќаен метеж во градот. Арсовска сега, за разлика од пред неколку месеци кога само се жалеше дека никој ништо не сработил за овој проект и не може сега јавноста да очекува од неа да ги реши сите проблеми, вели дека Градот е силно фокусиран и се работи со засилено темпо да се започне со сите процеси. „Жално е што изминатите години, како што се одвивал процесот на изградба на улицатата, не се початите постапките за приклучоцоте. Ние во изминатите неколку месеци работиme на тоа и го буџетитаме за наредната година, за да се почнат овие проекти. Сега се подготвува документацијата што е потребна за овој проект и да се започне со експропријациите, за да може да се почне со реализацијата. Станува збор за сериозни проекти за кои треба време. Ова се сообраќајници кои значително ќе го решат сообраќајниот метеж и ќе бидат меѓу приоритетните проекти на Градот“, вели Арсовска. Градот треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година, прво инвеститорот треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира. Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. Сообраќајницата треба да биде долга 800 метри, 6 метри под земја и со 6 коловозни ленти. Комплексот ’Дајмонд Скопје‘ ќе има станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни. https://sdk.mk/index.php/naslovna/prikluchotsite-za-podzemnata-ulitsa-na-juzhen-bulevar-ke-bidat-prioriteten-proekt-na-skopje-no-treba-vreme-da-se-napravat-veli-arsovska/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ИДНАТА ГОДИНА, НО НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ПО НЕА ОТИ ГРАД СКОПЈЕ ТРЕБА ДА НАПРАВИ ВЛЕЗОВИ, ВЕЛАТ ОД „ЛИМАК“
До крајот на наредната година ние ќе ја направиме подземната улица, но за да може да биде пуштена во сообраќај Град Скопје треба да ги изведе трите кружни тека преку кои ќе се влегува и излегува од тунелот, велат инвеститорите од турски „Лимак“, кој го гради комплексот пд станови и трговски центар кај старата железничка станица во Скопје. Тие велат дека сообраќајницата се гради и веќе е пробиен голем дел од тунелот. „Во делот каде што веќе се дигнати зградите и каде што ќе биде трговскиот центар улицата е веќе пробиена и направена. Сега останува уште да се направи ископот односно да се пробие во делот каде што ќе бидат другите две згради. Роковите кои ги дадовме ќе бидат запазени односно во 2023 подземната улица ќе биде готова“, вели Чагри Шерен, проект менаџер на компанијата „Лимак Скопје“. Иако подземната улица ќе биде готова таа нема да може да се користи бидејќи Град Скопје не почнал со постапките за изградба на кружните текови. Градот треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Градоначалничката Данела Арсовска во јуни изјави дека работите се далеку од реализација оти ништо не било почнато од претходното раководство. Ексградоначалникот Петре Шилегов на крајот од неговиот мандат ги презентираше проектите за трите крстосници и најави дека по завршувањето на изборите ќе започнат постапките за избор на фирми изведувачи и градежните работи. Директорот на „Лимак Скопје“ Куртхан Апајдин вели дека имале средба со градоначалничката Арсовска и очекува Градот да го заврши својот дел од обврските. Вели дека напролет планираат првиот дел од комплексот да биде готов и пуштен во употреба односно првите две кули да бидат вселени, да почне со работа трговскиот центар и пешачката улица со ресторани и кафитерии. САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Алајдин нели смета дека со пуштањето на двете 20-катници, трговскиот центар и улицата со кафулињата треба да биде пуштена и подземната улица бидејќи уште толку ќе се зголеми сообраќајниот метеж во центарот на градот, а улицата која требаше тој метеж да го реши нема да се користи. Не се знае ниту кога ќе биде пуштена во употреба оти за изградба на приклучоци кои не се едноставни проекти се потребни неколку години, а работите не се ни почнати. „Ние за изградба на комплексот плативме висока цена за комуналии, секој месец на Општина Центар плаќаме пенали бидејќи се доцнеше со стартот на проект. Нашиот дел од обврските целосно го исполнуваме, улицата се гради според високи стандарди и таа ќе биде готова за една година. Град Скопје треба да ги изгради трите кружни текови и се надеваме и веруваме дека тоа ќе биде направено“, вели директорот Куртхан Апајдин. Од компанијат велат дека во првите две кули кои се веќе дигнати купени се речиси сите станови. Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година и прво инвеститорот треба да ја изгради улицата а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира. Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. Сообраќајницата треба да биде долга 800 метри, 6 метри под земја и со 6 коловозни ленти. Комплексот на ’Дајмонд Скопје‘ ќе има станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/podzemnata-ulitsa-ke-bide-gotova-idnata-godina-no-ne-ke-mozhe-da-se-vozi-po-nea-oti-grad-skopje-treba-da-napravi-vlezovi-velat-od-limak/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=396724222643240&set=pcb.396724399309889 |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |