Плоштад Филип Втори (Карпошово востание) |
Post Reply | Page 123 41> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply
#1 Topic: Плоштад Филип Втори (Карпошово востание) Posted: 12-Jan-2009 at 00:36 |
Иако плоштадов сеуште не е изграден мислам дека нема да пречи да отвориме една фото нишка за него и неговото окружение
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #2 Posted: 12-Jan-2009 at 00:44 |
1 Излгледот на плоштадот во Јануари 2009 година. Навистина тажно . Во позадина се гледаат трите објекти во изградба. Реконструкција на стариот театар, Музејот на холокаустот и Музејот на ВМРО
2 3 Поглед во правец на турската чаршија 4 Ибни Пајко и хотелот Stone Bridge 5 6 7 8 9 10 Уличката кон МНТ 11 Зградата во продолжение на Ибни Пајко кон турска чаршија 12 ЕОС Матрикс 13 14 Комерцијална банка Edited by pbanks - 12-Jan-2009 at 00:46 |
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #3 Posted: 12-Jan-2009 at 00:49 |
10 Уличката кон МНТ - Кон Музичко уцилиште 11 Зградата во продолжение на Ибни Пајко кон турска чаршија - Министерство за транспорт и врски Извини морав Edited by Vladimir P - 12-Jan-2009 at 00:51 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #4 Posted: 12-Jan-2009 at 00:55 |
Нема гајле Стварно не знаев дека Министерството за транспорт и врски е таму |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 12-Jan-2009 at 01:54 |
Ибни Пајко ми е исклучиелно грда зграда! Малку помалку грди, но сепак грди се комерцијална и МТЦ. На овие два објекта само им треба добра обнова на фасадата, додека Ибни Пајко му треба телемно реновирање, односно прво доведување до степенм на карабина, па после комплетно нов конецпт и нова фукција. Сега незнам која улога ја игра и за што се користи но оваа локација прилега за деловен простор или хотел.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #6 Posted: 12-Jan-2009 at 02:00 |
Јас не сум толку остар со оценките за ниеден од тие три објекти. Главниот проблем за мене се повторно елементите на урбано дивјаштво. На Ибни Пајко која беше реновирана пред неколку години може да приметиме - расштркани клима уреди - различни прозорци од стандардните на првиот кат лево (5 прозорци) - стари ролетни на први кат од страна (х2) и на трети кат од десно (х4). Или требале сите да ги задржат старите ролетни (што мислам дека ќе беше поубаво) или требаше сите да преминат на новите Јас познавам една девојка која до скоро живееше таму. Но незнам дали само страничниот дел е за домување (онаму каде што се гледаат балконите) или и овој фронталниов кој можеби и сега е за деловни простории. Особено ми се допаѓа што објектите се исфрлени и се на столбови. Edited by pbanks - 12-Jan-2009 at 02:01 |
|
Vladimir P
Senior Member Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
Quote Reply #7 Posted: 12-Jan-2009 at 02:21 |
За жал можда едино моесто во Скопје |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #8 Posted: 25-Mar-2011 at 15:39 |
Луѓе како што знам на плоштадчево ќе се поставува четири фонтани од кои по една покрај веќе поставените споменици, и две во средина каде што ќе бидат поставени ФилипII и неколку војници. Има ли некој информација плус околу овој дел, гледам нема дискусија веќе година ипол на нишкава, треба да ја разработиме
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #9 Posted: 25-Mar-2011 at 15:43 |
Се' додека немаме нов опиплив материјал, дискусијата ќе кружи околу шпекулации и желби.
Јас сум искрено засегнат од можноста улицата покрај театарот и комплексот музеи да влегува директно во еден од лаковите на Камениот Мост, по што ќе понира кон подземниот паркинг на Уставниот Суд / Археолошкиот Музеј. За мене подобро решение е да понира пред комплексот музеи. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #10 Posted: 11-May-2011 at 23:50 |
ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВУВА ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБАТА
Плоштад со фонтани кај црквата „Свети Димитрија“ Распишани се огласи за надзорни органи на плоштадот Карпошево востание, а и за Мостот на уметноста, но од Центар не прецизираа временска рамка, само рекоа дека во завршна фаза е целиот проект Општина Центар набрзо ќе ја почне изградбата на плоштадот Карпошово востание, како и на Мостот на уметноста, информираат надлежните. Плоштадот треба да се гради од левата страна на Вардар, на просторот кај црквата „Свети Димитрија“, додека мостот ќе се гради меѓу Камениот мост и оној на „Холидеј ин“. Иако веќе се распишани огласи за надзорни органи над изградбата на сите три инвестиции, од Општина Центар не појаснија за кого точно е закажан почетокот на градежните работи. - Во завршна фаза е целиот проект за отпочнување на градежните активности. Со комплетирање на истата и дефинирање на активностите ќе бидете информирани навремено - одговори Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар. Според Детаљниот урбанистички план „Мал Ринг“, на просторот пред „Свети Димитрија“ предвиден е комплекс од фонтани, како и споменик на војводата Карпош, поставен во февруари годинава. Ацкоски не откри кои други дополни содржини ќе бидат вметнати на овој простор, а не ја соопшти ни цената на чинење. - Војводата е излеан во бронза, качен на коњ и е висок 5 метри, а заедно со постаментот е 8,5 метри. Леењето за споменикот на Карпош чини околу 650.000 евра - објаснуваат општинарите. Овој споменик е излеан во скопската леарница „РЖ Институт“. На постаментот има релјефи од бронза со површина од 10 квадрати. Од Центар не одговорија дали на оваа локација ќе биде поставена и скулптура воин на Филип Втори, како што неофицијално, со месеци нагаѓаат членови на Советот на Општина Центар. Во врска со Мостот на уметноста, од Центар исто така избегнаа да прецизираат за почетокот на изградбата. Не ја обелоденија ниту фирмата-изведувач, само рекоа дека наредниве денови со неа треба да потпишат договор. Тој ќе биде пешачка врска меѓу кејот од десна страна на Вардар и новата зграда на Обвинителството и на Финансиската полиција, од лева. Ќе има армирано-бетонска и метална конструкција и е идејно решение на Коста и Викторија Манагаровски, кој е автор на уште неколку проекти од „Скопје 2014“, меѓу кои Триумфалната порта, Градската куќа, хотелот на плоштадот Македонија, куполите над Собранието. На Мостот на уметноста е предвидено да бидат поставени 29 спомен-обележја, меѓу кои на Лазар Личеновски, Блаже Коневски, браќата Миладиновци, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Ристо Шишков и други. По 14 скулптури ќе бидат поставени од двете страни на мостот и тие ќе бидат со висина од по 2 метра, додека спомен-обележјето на браќата Миладиновци ќе биде во средишниот дел со висина од 3 метри. Леењето с` уште не е почнато затоа што тендерската постапка е во тек. Анела Петрова http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A711A564700B76469C50658B0FFA51C7 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #11 Posted: 13-May-2011 at 02:25 |
не знам за вас, ама за мене, злато во секоја пешачка зона и основна работа која треба да биде исполнета се убаво дизајнирани фонтани, барем пристојно поплочување и на мали делови со хортикултура, но убаво средени
ако намераваат во иднина целиот тој простор да поседува барем малку атрактивност е да ја исполнат сета површина од булеварот Гоце Делчев до улицата меѓу камен мост и стоковната куќа со горенаведеното |
|
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4090 |
Quote Reply #12 Posted: 14-May-2011 at 15:54 |
bas super sto mislele za plostadot. Samo neka pocnat sto pobrzo, konecno kje se urbanizira i toj del so novi gradbi
Za mostot nemam nikakov komentar. |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #13 Posted: 19-May-2011 at 19:38 |
Колку што разбрав од погорниот текст по завршувањето на овој плоштад споменикот на Карпош ќе биде дислоциран.
Мислам дека тоа ќе биде најдобро решение затоа што моменталната положба му ја зима целата импозантност и енергија на овој прекрасен споменик, прво затоа што е под нивото на камениот мост и второ затоа што големината на Археолошкиот Музеј дава лажно оптичко чуство дека споменикот е помал од што во реалност е. |
|
Alex
Newbiе Joined: 17-Jun-2009 Location: Paris / Ohrid Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #14 Posted: 21-May-2011 at 13:21 |
Ne veruvam deka spomenikot na Karpos ke bide dislosiran. Na video prezentacijata za Skopje 2014 predviden e na mestoto kade e sega ( na toa mesto bil ubien...).
Edited by Alex - 21-May-2011 at 13:22 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #15 Posted: 24-May-2011 at 18:48 |
е добро де, што ако е убиен карпош на тоа место? по таа логика ниеден од спомениците не треба да биде таму каде што е... поради причината дека е убиен на таа локација, плоштадот според мене легитимно му е посветен на него и затоа целото внимание на ликот треба да е сместено на плоштадот, а не во некое ќоше
|
|
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #16 Posted: 24-May-2011 at 20:14 |
Не бил убиен на тоа место. На камени мост има плакета на местото каде што е убиен (наткнат на колец на мостот). |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #17 Posted: 24-May-2011 at 20:27 |
Јас колку што знам бил обесен на дрво баш таму каде што е споменикот (тогаш коритото било малку поинакво), па главата му била надената на колец и на приказ на мостот. Така имам прочитано и на форумов, и по весници.
Edited by гитардемон - 24-May-2011 at 20:28 |
|
krale
Senior Member БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
Quote Reply #18 Posted: 24-May-2011 at 20:36 |
А може...
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #19 Posted: 24-May-2011 at 21:42 |
каде и да бил убиен, не е битно, плоштадот е просторот кој е посветен на него... тоа беше дискусијата
Edited by zabegan - 24-May-2011 at 21:42 |
|
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #20 Posted: 24-May-2011 at 22:25 |
Интересен податок
Во чест на Карпош, дел од брегот на Снежниот остров на Антартикот е наречен Karposh Point. Локација: |
|
Post Reply | Page 123 41> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |