build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 19-Jul-2011 at 12:16
Се согласувам со пбанкс, мислам дека поради модерната архитектура на железничката во тој дел добро би дошле модерни деловни објекти, евентуално некој хотел, или административна зграда. На пример Водовот и Канализација, како и градската куќа можеа да најдат место во овој дел на Скопје место да ги трпаат врз археолошки локалитети. Но како што кажав и порано во стамбените објекти лежат големи пари и се најлесен можен начин за доагање до брз капитал. Затоа веројатно на секое празно место , особено во центарот се менуват урбанистички планови само за да се дојде до парцела за градење.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 27-Aug-2011 at 03:39
Еве го новиот ДУП Маџир Маало

Клик за поголема резолуција  ( 5616 х 3512 ):

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 28-Aug-2011 at 01:39
стварно не знам со кој памет ставија станбен комплекс во централно подрачје Ohno

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 28-Aug-2011 at 03:03
Забеган искрено незнам што очекуваш. Административен комплекс се гради, индустрија и де надвор од град, деловен центар знаеш како стои тој статус во Скопје има во избоилство, а и некои деловни центри се направија разместено низ Скопје, што друго освен ова. Ако треба да градиме нешто само за да имаме со што да се мериме на ссц, тогаш незнам која е логиката. Едиствено да го чуваме како залог за идно време кога ќе има некоја атрактивна инвестиција, ама па тоа е скапо решение, ако мислиш да ги насочуваме стамбените према перифериите. Мене ме багирта што барем малку не влезат похрабро и да го исчистат од стамбени просторот околу нбрм ограничен со крушевска. А еве и ќошот го планираат за некоја веројатно поатрактивна зграда, треба и тука малку поагресивно да се ограничи цел тој простор одоклу па внатре да останат и куќи стари и што се не, ама да се сокрие од главните булевари, вака не внесува ова некој којзнае каков развој. Од друга страна овој простор колку што знам е добра вежбална за многу студенти на архитектура и работилници како простор без дефинирана содржина блиску до центар и често се дава како задача за учење, како полигон за возачка така и ова, најчесто од тамо може потекнуваат тие заложби и очекувања според мене преголеми дека тука којзнае што може фасцинаннтно екстравагантно да се направи. Фактот што тие муабети се уште од Танге до денес и ништо не е реализирано само мислам дека е малку преценети очекувања.


Edited by lslcrew - 28-Aug-2011 at 03:10
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 28-Aug-2011 at 08:08
Originally posted by lslcrew

Забеган искрено незнам што очекуваш. Административен комплекс се гради, индустрија и де надвор од град, деловен центар знаеш како стои тој статус во Скопје има во избоилство, а и некои деловни центри се направија разместено низ Скопје, што друго освен ова. Ако треба да градиме нешто само за да имаме со што да се мериме на ссц, тогаш незнам која е логиката. Едиствено да го чуваме како залог за идно време кога ќе има некоја атрактивна инвестиција, ама па тоа е скапо решение, ако мислиш да ги насочуваме стамбените према перифериите. Мене ме багирта што барем малку не влезат похрабро и да го исчистат од стамбени просторот околу нбрм ограничен со крушевска. А еве и ќошот го планираат за некоја веројатно поатрактивна зграда, треба и тука малку поагресивно да се ограничи цел тој простор одоклу па внатре да останат и куќи стари и што се не, ама да се сокрие од главните булевари, вака не внесува ова некој којзнае каков развој. Од друга страна овој простор колку што знам е добра вежбална за многу студенти на архитектура и работилници како простор без дефинирана содржина блиску до центар и често се дава како задача за учење, како полигон за возачка така и ова, најчесто од тамо може потекнуваат тие заложби и очекувања според мене преголеми дека тука којзнае што може фасцинаннтно екстравагантно да се направи. Фактот што тие муабети се уште од Танге до денес и ништо не е реализирано само мислам дека е малку преценети очекувања.


Се тоа фино ама сигурен сум дека рацете на младите архитекти се релативно врзани во однос на создавање нешто маркантно бидејќи сите станбени објекти се П+5, да беа П+10 тогаш ќе имаше можност маџир маало да не се претвори од море од еднолични згради со иста висина.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 28-Aug-2011 at 13:37
Со изградба на станбен комплекс, Скопје ќе си го заокружи својот лик на целосна спална соба. Како главен град ќе може да се продава приказната за Скопје како метропола во која се удира акцент строго на станбените простори во строгиот Центар, а разни фирми своите претставништва ги отвораат токму во станбени згради. Јас не би се согласил баш дека нема потреба од нови деловни објекти. Напротив треба уште. Но што е проблемот. Проблемот е што голем дел од фирмите во Македонија користат станови за своите деловни состаноци и приеми, затоа што киријата им е поефтина во стан отколку наравно во деловен центар. Според мене, за да конечно се развијат деловните објекти ќе мора да се донесе некоја регулатива или некој правен акт со кој станбените објекти би се лимитирале само за престој и можеби некоја продавница во нив. Секакви други активности и издавање на станови за деловни цели би било забрането. Така секоја фирма ќе мора сакала или не да земе простор во ваквите деловни центри. Плус би било ок онаа адвокатска улица која на ништо не личи да се префли баш во Маџир Маало и тоа во некоја фина деловна зграда. Плус и операторите ВИП и ОНЕ немаат сеуште свои згради. ВИП има фино место заземено и нз каков е нивниот статус со желба за преместување, но ОНЕ очајно бара нов простор за преместување, па зошто да не, кога би го смениле планот за Маџир Маало, ОНЕ или по ново најверојатно Турк Телеком, баш таму да изградат објект за своите потреби. Ако сакаме да го смениме овој ДУП, мораме да реагираме навремено и со планови. Е сеа дали ќе сака градоначалникот на Центар да слуша, затоа што не е ист кешот во изградба на станбени и деловни згради. Или за мене најбољи случај, да се подели, пола деловно, пола станбени згради и едно училиште. Нека се оддели место за деловни згради на просторот помеѓу булеварот и улица Ѓуро Ѓоновиќ, а после тоа да си продужи станбениот комплекс.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 28-Aug-2011 at 13:46
Што ќе беше ако целата завеса што го покри МНТ да се поставеше во овој потег во културни парцели со нормален пристап и реални димензии на површините за градење, а не со такви смешни широчини на објектите и парадни влезови од калканска страна што ги нема нигде на планетава!? Па макар и во она обликување како што им е мило на нашиве архитектонско-неписмени власти....
Наместо тоа добиваме станбењаци врз наследената парцелација во сред град, за демек праведно да се обесштетат несреќниве луѓе што живеат во фавелава...и тоа пак со некакви изгрицкани површини за градба (маркици што сакате да ги викате), во кои треба да си цар од проектант да сместиш некое коректно решение на стан....
Не ми е јасно каде само ги добиваат идеите - како инаку се ствараат деловно-административни, станбени, индустриски или некакви други квартови во сериозни градови по светот - вака сигурно не......со тоа што во овој случај не се работи за некаква краткогледост или немање знаење, туку филмот е што побрзо да се реализира, т.е да нема затки и овој објект доле побрзо да стане дел од „ланецот катни гаражи низ Скопје“ (знаете на кој мислам), а луѓево дури сега ќе се збудалат кога ќе почнат очи да си вадат и да се натегаат со потенцијалните инвеститори дали треба да земат по 6 или 8 стана во новите згради како што си мислат тие или пола или ниеден стан како што мислат градителските скопски џамбази (преваранти)...ги гледам дискусиите од понапред, уште кога само беше описно претставен планот и реално тоа и се доби - уште еден нов Дебар-маало - Буњаковец план и ништо повеќе....галопираме накај Африка, многу убедливо...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
fusion View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote fusion Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 28-Aug-2011 at 15:12
Tuka odgovara nesto kako Eurovea vo Bratislava.Transporten centar zaedno so Vardar e unikatna moznost 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-Aug-2011 at 15:21
Е ова што го посочи н23 уште оддамна имам неколку пати повторено еден предлог, а тоа е да се дозволи бесплатна пренамена на стамбен во деловен простор во мал ринг зашто и така сакале нејќеле ќе се истиснат жителите од стамбените згради на рекорд, околу плоштад, кулите гтц и онаму каде што уште има останато по некој доволно штрапан да се симнува по пижами во дискотека. Да оставиме простор без никакви законски ограничувања да тие згради се уселат фирми без финти од типот регистриран некаде на друго место, заштово центар над први кат нема можност и такви слични заврзлами. А и ова може да биде догходовен бизнис за неколку фирми, на пример купи ги сите станови од една кула во гтц, дотерај ја до гола конструкција и изведи некое сосема ново модерно решение. Скопје има пет потенцијални соравии, само што ниедна фирма не се зафатила досега.

А да идеме да молиме по инвеститори една по една фирма да направат зграда во маџирмаало е само губење време, еве банките скоро оформија кварт кај Максим Горки, еуростандард, ик, инвест, уни, телекомуникацискиот кварт е оддамна формиран уште од старото птт и со поделбата продолжија да работа во таа околина, што допрва ќе чекаме осигурителни компании. Тие инвеститори што ќе доаѓаат се повеќе менаџерствата на фирмите што би биле некаде надвор од градот, во град и не им треба некои големи простори. Пак ќе кажам ова се преголеми нереални очекувањата за Маџир Маало и пуста желба да направиме нешто да има со што да парираме на ссц, а и некаде во некој каталог. Мене така ми звучи ова. Затоа и предходно реков реално остварлив а неколку чекори понапред од предложениов е да се исчисти просторот околу нбрм од куќи и обиколување на другиот дел со згради кои ќе го затскријат тоа селото позади.


Edited by lslcrew - 28-Aug-2011 at 15:23
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 28-Aug-2011 at 15:38
Исл Маџир Маало е строг центар во кој според мене треба да има административни, деловни или трговски објекти. Станбениот дел на Скопје од таа страна многу добро е раграничен со Железничката. Со оглед дека на таа страна е и народна банка која е релативно висока градба а од спротивната страна е и зградата на МТВ добро би било кога би се граделе повисоки објекти со модерна Архитектура кои би се вклопиле и во стилот на железничката која исто така е модерна градба.
Значи според мене ако моментално има суфицит на деловни објекти и ако сега за сега нема потреба од истите , подобро е Маџир маало да остане во статус кво во кое е сега , додека не се дефинира закон за деловен објект кој не би смеел да биде лоциран во стамбена зграда. Замо на неколку стотици метри од Маџир маало поточно кај Скопјанка имаш безброј фирми кои се сместени во стамбени згради, со добар закон би можело сите тие помали фирми да се сместат централно. За жителите од дебар маало би можело алтернативно да им се понуди друга локација, на пример населбата која ќе се гради место бараките.
Штета е на ваков начин да е упропасти ваква локација. Го рабирам нашиот менталитет кој душа дава за стан во центар , но здравата логика и долгорочната стратегија треба да бидат посилни од ситниот профит. Барем во вакви очигледни случаи.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 28-Aug-2011 at 15:58
Абре не е ни менталитет за стан во центар или прашање дали ќе се уклопело во естетиката или не. А ниту па може така како номади да ги шетаме сите граѓани и фирми од денеска вие натака, тоа така не проаѓа. А ниту па можеме да чекаме Утопија кога државава ќе има купови пари, па и тогаш нема да може тоа туку така да разместува. Јас еве по којзнае кој пат ќе го кажам, жртва сме на естетиката и набиен комплекс дека дошја нож до коску да имаме некое делче за парирање. Такво делче се прави со пари (и се прави ако има потреба а не само за сликање), а не со заложби и дуп кој само ќе го стави целиот простор во заложништво и пак нема да се реализира. Тоа што е нацртано тамо во планот дури ни ова вака како што е сега е прашање дали ќе се реализира. Ако се реализриа дури и тоа е чекор напред за Маџир Маало. Затоа реков да најдеме баланс помеѓу доличен изглед према булеварите, можностите и желбите, нормално и времето, неможе вечно да чекаме.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 02-Sep-2011 at 20:41
Originally posted by lslcrew

Абре не е ни менталитет за стан во центар или прашање дали ќе се уклопело во естетиката или не. А ниту па може така како номади да ги шетаме сите граѓани и фирми од денеска вие натака, тоа така не проаѓа. А ниту па можеме да чекаме Утопија кога државава ќе има купови пари, па и тогаш нема да може тоа туку така да разместува. Јас еве по којзнае кој пат ќе го кажам, жртва сме на естетиката и набиен комплекс дека дошја нож до коску да имаме некое делче за парирање. Такво делче се прави со пари (и се прави ако има потреба а не само за сликање), а не со заложби и дуп кој само ќе го стави целиот простор во заложништво и пак нема да се реализира. Тоа што е нацртано тамо во планот дури ни ова вака како што е сега е прашање дали ќе се реализира. Ако се реализриа дури и тоа е чекор напред за Маџир Маало. Затоа реков да најдеме баланс помеѓу доличен изглед према булеварите, можностите и желбите, нормално и времето, неможе вечно да чекаме.
мене последно нешто што ми е битно е естетиката на објектите, па и станбена зграда може да биде феноменално изведена...
јас навистина имам друг проблем, не можам да го разберам фактот зошто од Скопје буквално се прави турлитава, нема никаков концепт за развој, нема никаква регионална организација, на 100 метри квадратни имаш  500 различни објекти со 500 различни намени, а инфраструктурата е заборавена и затапена
Ск2014 беше врв на сето тоа, а сега имаме и вакви касапења, не ми е јасно зошто воопшто никој не размислува за движењата кои ќе се појават поради ваква населба, протокот на луѓе низ таа област, фактот дека во неа ќе живеат луѓе постојано, што е доста различно од тоа само да ја посетуваат како вработени, потоа не се мисли на понатамошните изградби низ центарот кои ќе ги иницира оваа населба, па и тоа каков се не народ ќе се всели во неа и како ќе шефува со зградите (гледајќи по искуство), па и не се мисли на опкрушувањето на таа населба и со кои простори е директно поврзана и треба да соработува...
градов едноставно се реди како лего коцки, а на тебе лсл, со среќа нека ти е пренаменувањето на станбените објекти од Маџир маало во деловни во иднина, исто како што сакаш денес да ги иселиш станарите од строгиот центар....
покрај другото, сеуште не ми е јасно како можете да зборите за тоа како државава не била доволно богата и моќна, а истата да си се поанаша тотално ноншалатно околу вакви проблеми и да си троши и прави буквално што сака
а ако жртвуваме така и прокоцкаме се што имаме само за „државата“ да направела бизнис, тогаш воопшто не треба да работиме на развој и едноставно да продадеме се за 5 денари, како што се правело порано и да си останеме со истите проблеми кои ги имаме денес
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 13-Sep-2011 at 14:06

Солитери и во Маџир Маало

Едно од последните скопски маала го загуби статусот на заштитена зона

маџир%20маало
Едно од најстарите скопски стари јадра - познатото Маџир Маало, го изгуби статусот на заштитена амбиентална зона. Според новата верзија на деталниот урбанистички план за овој локалитет, што неодамна ја донесе советот на општината Центар, наместо куќите во Маџир Маало, се предвидува изградба на 20-метарски станбени згради, голем трговски центар и црква, а задржана е и трасата на булеварот Крушевска Република, кој минува сред маалото.
Овој план е усогласен со ставот на Управата за заштита на културното наследство, чии стручњаци неодамна утврдија дека во Маџир Mаало повеќе нема објекти што треба да бидат заштитени. Жителите на ова старо градско јадро со децении живеат во супстандардни услови, без водовод и канализација, а не им беше дозволено да градат нови или да ги доградуваат постојните куќи, токму поради тоа што надлежните сакаа маалото да го задржи својот автентичен лик. Потребата за поквалитетно домување, пак, ги натера маџирмаалци на диво да ги доградуваат и реновираа старите куќи, што сега ќе може и да ги легализираат, секако ако поднеле барања.

Со цел да внесе посовремен и поздрав начин на живот, општината Центар неколкупати досега правеше обиди да се донесe детален урбанистички план за Маџир Маало, но жителите на овој дел од центарот на Скопје тоа не го прифаќаа. Дали сега ги прифатиле новините - на местото на трошните куќи да се изградат солитери, ќе се знае по сумирањето на резултатите од штотуку завршената јавна анкета за нацрт верзијата на ДУП за Маџир Маало.

Една од главните пречки за прифаќањето на овој план, досега беше токму  трасата на булеварот Крушевска Република, дел од неизградената примарна сообраќајна мрежа од градски автопати, од исклучително значење за идниот развој на Скопје, што и тогаш и сега е предвидено да минува токму сред оваа градска четврт. Со цел маалото да остане како заштитена амбиентална целина, имаше обид и во Генералниот урбанистички план да се измени трасата на булеварот, односно да се помести до Транспортниот центар.

За жал, и овој предлог не успеа. За објектите во Маџир Маало постоеја заштитно-конзерваторски основи, поради кои тие не смееја ниту да се реновираат, ниту да се доградуваат или надградуваат. Но, во новиот нацрт- детален урбанистички план, овие основи веќе не постојат, што отвора можност за осовременување на овој дел од Скопје, објаснуваат од проектантската куќа „Ин пума“, автор на ДУП.

Сега во Маџир Маало се предвидува колективно домување, со здружување на повеќе помали катастарски парцели, односно згради со приземје и пет ката, со максимално дозволена висина од 19 и 20 метри. По должина на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Транспортниот центар до комплексот банки, предвидна е изградба на комерцијален објект со повеќе намени, исто така, со висина од 20 метри.

Во средиштето на маалото е вцртана маркичка за црква, а паркирањето ќе биде под земја, во рамките на секоја градежна парцела. Покрај магистралната сообраќајница булеварот Крушевска Република, како собирни улици се предвидени булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Никола Карев, сервисна е улицата Ѓуро Ѓоновиќ, а станбени се улиците 59, Прилепска, Титовелешка, Маџир Маало, Анте Хаџи Митков, Охридска и Петричка.

Опозицијата во советот на општината Центар изрази сомневање дека планот може да се реализира. Исто така, советниците од СДСМ се сомневаат дека оваа сообраќајна мрежа е соодветна на густината на населеноста, зашто покрај кејот на Вардар е предвидена пристапна улица за објекти, високи 19 и 20 метри. Според архитектите, таа улица не ќе може да одговори на густината на овие облакодери. Стручњаците сметаат и дека со планот е предвидена преголема концентрацијата на згради на овој простор, поради што бараат нивната висина да се намали.

Останува отворено и прашањето, на чие барање ќе се гради црква, и дали земјиштето е државно или приватно. Надлежните од општина Центар велат - црквата ќе се гради по барање на маџирмаалци. Односно, иницијативата потекнала токму од неколкумина сопственици на земјиштето, на кое треба да се гради црквата. А, дали сите ќе се сложат со ова, ќе се знае откако ќе се обелоденат резултатите од јавната анкета за овој ДУП.

И стручната ревизија достивила над 40 забелешки за планот.
Опозицијата смета и дека се онеправдани сите оние кои досега го почитуваа законот и чекајќи детален урбанистички план не ги реновираа и доградуваа старите куќи во Маџир Маало, наспроти тие што изградија дивоградби и сега ќе ги легализираат. Исто така, не е исклучена можноста некои од сопствениците на парцелите каде што е предвидено да се гради зграда, да не се согласат со тоа и објектите да си останат во сегашната состојба, со што не се постигнува никаков економски развој.
Опфатот на ДУП за Маџир Маало изнесува 18,63 хектари, со густина од 450 жители на еден хектар и 30 проценти зеленило во рамките на една градежна парцела, што ќе ги задоволи потребите по „бели дробови“, доколку  паркирањето е под земја.

http://www.time.mk/read/NONE/21fff297e8/index.html
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 13-Sep-2011 at 14:38
што е по дефиниција солитер?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 13-Sep-2011 at 20:21
Originally posted by WNBARCH

што е по дефиниција солитер?
игра со карти Big%20smile
шала на страна, само фенси збор за облакодер или висококатница...

инаку, многу повеќе ме радува што смешката тоа селце да биде заштитена зона, веќе ја нема Banana
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Volsebnicka View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Dec-2011
Location: Sk
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Volsebnicka Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 02-Mar-2012 at 20:55
Здраво Smile
Од пред некој месец сум член на форумот и редовно за се што ме интересира се информирам.
Сега имам едно прашање за кое ми треба итен одговор ако некој знае.
Ме интерсира во овој дел Маџир маало и од спротива во Ново мало, одприлика колку е продажна цена на градежно земјиште?
Ви благодарам однапред и се читаме
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 02-Mar-2012 at 21:38

Моја лаичка проценка е некаде помеѓу 300 и 500 евра квадрат плус/минус 50 евра. 

Но јас типувам на 400 евра... 

Еве и една информација, за која не сум сигурен дека е точна... од Нова Македонија...

Цена на квадрат за градежното земјиште/парцела за Веро Супер Центар , Веропулос платил 510 евра. Но сепак се работи за поатрактивна локација итн...

Да не те лажам, ако има некој друг што е подобро упатен, најдобро би било на него да му веруваш....

Back to Top
Volsebnicka View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Dec-2011
Location: Sk
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Volsebnicka Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 02-Mar-2012 at 22:11
Фала ти многууууууу Smile
Ако за Веро е толку платено тогаш тука некаде е ,фала ти уште еднаш
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 05-Apr-2012 at 20:47

Ова не го евидентиравме.


Маџирмаалци не ги даваат колибите за облакодери

Жителите на најстарото скопско маало стравуваат да не ги снајде судбината на Дебар Маало, каде што изникнале огромни згради

Традицијата наспроти урбанизацијата

Да живееш во куќа значи да бидеш слободен, додека во стан е како да си во затвор, сметаат маџирмаалци, па затоа и се обидуваат да бидат истрајни пред налетот на потенцијалните инвеститори, кои сѐ почесто тропнуваат на нивните врати. Понуди за откуп на старите и дотраени куќички или замена за нов стан добиваат постојано, но велат дека не се предаваат и ќе се борат против инвеститорите. Најмногу понуди имало кон средината на минатата година, кога се усвојувал и деталниот урбанистички план за таа локација, каде што е предвидено до Комплексот банки да се изгради 30-метарска висококатница. Велат дека неколку месеци по усвојувањето на планот секој втор ден им доаѓале луѓе што сакале да им ги купат земјиштата. На некои, пак, им предлагале да ги убедат соседите и тие да ја продадат куќата, за да им платат повеќе пари. Состојбата не е промената ниту денес.

- Сакаат на местото на нашите куќи да изградат огромни зградишта со кои ќе ни се затвори целиот простор. Ако сакаме да си ја задржиме удобноста што ја имаме сега, би требало сите да се држиме заедно и да не потклекнуваме пред инвеститорите. Да живееш во центарот на метрополата, а сепак да имаш приватност и мир, како да си некаде настрана, тоа може само во нашето Маџир Маало - коментираат жителите на едно од најстарите и сѐ уште автентично градско маало.

Старите и дотраени куќички, тесните улички, пиење кафе со соседите во дворовите, довикување од куќа, разговорот на порти, едноставно речено, маалскиот живот од урбаните средини опстојува единствено кај нас, додаваат тие. Поголемиот дел од инвеститорите што доаѓале да се распрашуваат за куќичките најмногу биле заинтересирани за објектите што се наоѓаат од надворешноста на маалото. Жителите велат дека според деталниот урбанистички план, некаде на средината на маалото ќе поминува булеварот Крушевска Република, кој ќе биде подигнат на столбови.

- Самоубиствено ќе биде и од културолошки и од урбанистички аспект ако се урне Маџир Маало, за да се подигне кварт со висококатници, наместо да се субвенционира неговата ревитализација - смета хроничарот Васко Марковски.

Маџирмаалци најмногу стравуваат да не ги снајде судбината на Дебар Маало, каде што изникнале огромни згради, кафулиња, кафеани и паркиралишта.

- Ние сме научени на друг живот. Точно е дека и кај нас има главна улица од која доаѓа многу врева, но сепак далеку сме од катастрофата што му се случи на Дебар Маало. И таму до пред неколку години имаше слична атмосфера како кај нас, но малку побоемска, мора да се признае. Не сакаме и нам да ни се случи Дебар Маало. Тоа е приказна што секој ја споменува во лош контекст - вели Трајко Ристовски од Маџир Маало.

Во меѓувреме на улицата број 487 во Дебар Маало, долга едвај неколку стотини метри, во исто време се градат седум згради. Некои се градат, а некои, пак, додаваат неколку ката во висина и ги прошируваат терасите. Од секоја страна се дигаат нови објекти, само две куќички, едната кон средина на улицата, а едната во почетокот, се заградени, а нивните сопственици велат дека ако не го продадат земјиштето на некој инвеститор и тие самите ќе почнат да градат.

- Вака не се живее, стануваме со врева од градежната механизација, а со неа и легнуваме. Ако никој не сака да го купи земјиштето од нашата куќа, ние самите ќе изградиме поголем објект. Вака ниту имаме проток на воздух ниту каков било мир, а ни поглед - велат жителите на уличката.

Автор: Александра Денковска Фотографија: Игор Бансколиев

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4412105458&id=14&prilog=0&setIzdanie=22548

Прво и многу битно прашање, кој дел од жителите е анкетиран. Зашто у Маџир Маало има и колиби и стварно убави куќи. Оние со поглед на Вардар не би требало да се дираат. Се знае кои треба да се рушат. И не можам да сфатам дека не би дозволиле градот да се урбанизира врз цена на рушење диво насеље. Второ, понекад стварно се сумљам дека не увек се криви градоначалниците и дека некад и да сакаат некоја ливада да урбанизираат искачаат вакви гласници кои враќаат се назад. Заради вакви, мостот према саем е онака кривулест и со минус една лента.

23ka.wordpress.com
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 05-Apr-2012 at 20:52
Да им кажам на Маџирмаалци кратко и јас.... Ако сакате да живеете во куќа и да бидете ‘‘слободни‘‘, слободно, никој не ви брани... ама не го правете тоа во центарот на градот... имате приградски населби, елитни населби, села... ваш избор... Но мислам дека не треба да ви се дозволи во сред град да мислите дека сте во село... Такви привилегии никој не може да има... Жалби?... Жалете се колку сакате... Маџир Маало МОРА да се урбанизира и да се среди како што треба еднаш засекогаш...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.516 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.