build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 26-Sep-2011 at 12:43

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ НА ПЛАНОТ „ГОЛЕМ РИНГ-ЈУЖЕН ДЕЛ“

Аминувани двете згради спроти „Бристол“


Незадоволни од решенијата, десетина граѓани бараа одлагање на планот и повторна расправа, со критика дека деветкатниците ќе го уништат зеленилото и ќе го нарушат струењето на воздухот


Во зеленилото спроти хотелот „Бристол“ ќе се градат две деветкатници, наменети за државна администрација, одлучи Советот на Општина Центар, по 16 часа расправа на последната седница. Се работи за локација која сега е зеленило и каде што во еден негов дел се наоѓа споменикот „Риба“. Згради наместо зеленило беа актуелни и пред десетина години, како дел од истиот план, „Голем ринг, јужен дел-исток“, но под притисок на граѓаните, потоа беа избришани. Во неколку наврати разни измени во планот дури беа и неуспешно обжалувани и на Уставен суд.

Дискусиите на седницата беа долги и опширни, поради барањата на граѓани од блоковите и зградите од овој реон планот да се повлече од дневен ред, а точката да се одложи за една недела. На граѓаните од урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ во еден момент им беше кажано дека тој веројатно ќе се одложи за среда, односно нема да стасаат до него, бидејќи е 14 точка на дневен ред. Но тоа не се случи, советниците издржаа и седеа до пет наутро, со што го исцрпија дневниот ред. Претходно десетина незадоволни жители, кои беа во салата, всушност побараа втор увид во планот, поради нивниот сомнеж дека има измени за кои не биле запознаени. Исто така побараа и повторна расправа. Ги критикуваа урбанистичките решенија од „Голем ринг, јужен дел-исток“, со тврдење дека новите градби им го одземаат зеленилото, а им го сопираат и струењето на воздухот.

- Последната варијанта на овој план, од пред три години, беше далеку поблага. Сегашните измени се полоши, предвидени се паркинзи во зеленилото меѓу блоковите 1 и 8 и  2 и 7 кај Зелениот пазар, а кај „Автомакедонија“ катна гаража од 21 метар. Таа во претходната верзија беше седум метри, но беше избришана поради нашите забелешки - рече Петар Трајков, еден од претставниците на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“.

Наспроти негодувањата на жителите дека ќе останат без зеленило, општинарите и градоначалникот Владимир Тодоровиќ објаснија дека на местото на Зелениот пазар е предвидено шеталиште и парковско зеленило. Сегашното пазарче ќе се дислоцира отспротива, кај Цветен пазар, во објект што ќе биде затворен.

Опозициските советници, како што информираа центарци, не гласаа, туку ја напуштиле седницата кога оваа точка дошла на дневен ред.

Горан Мисовски , пратеник во Собранието на Република Македонија, беше дел од групата жители кои ја следеа седницата. Изјави дека не е с` завршено. Потсети дека 1.400 граѓани од урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ потпишале петиција против планот.

- Ќе подготвам иницијатива за граѓанска непослушност и ќе ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање како граѓани, со цел да се спротивставиме на ваквото небулозно однесување - најави тој, без да објасни на каква точно непослушност мисли.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A606CD02A1EE0449B5A66C16E027F593
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 01-Oct-2011 at 17:34
до кога бе најголема дебата на граѓаните ќе биде тоа струење на воздухот не ми е јасно Crazy
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 03-Oct-2011 at 08:41
Originally posted by zabegan

до кога бе најголема дебата на граѓаните ќе биде тоа струење на воздухот не ми е јасно Crazy



Moloam? Ova ti na sala ili onaka samo..

Koga se peces na 45 stepeni bez senka vo centar so uzezen beton okolu tebe ne li ti e mislata na "struenje na vozduhot"?

Ovoj plan za stavanje na 2-3 novi markici na toa parkce e zlostorstvo za lugjeto sto ziveat tamu i za zivotnata sredina opsto. Da ne e slucajno neatraktivno mesto, pa sto ne bilo izgradeno do sega? I toa so novi zgradi za kolektivno domuvanje!!! Mi se gadi od malodusnosta i nemanjeto osnovno cuvstvo.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 03-Oct-2011 at 23:01
Originally posted by ebivetre

Originally posted by zabegan

до кога бе најголема дебата на граѓаните ќе биде тоа струење на воздухот не ми е јасно Crazy



Moloam? Ova ti na sala ili onaka samo..

Koga se peces na 45 stepeni bez senka vo centar so uzezen beton okolu tebe ne li ti e mislata na "struenje na vozduhot"?

Ovoj plan za stavanje na 2-3 novi markici na toa parkce e zlostorstvo za lugjeto sto ziveat tamu i za zivotnata sredina opsto. Da ne e slucajno neatraktivno mesto, pa sto ne bilo izgradeno do sega? I toa so novi zgradi za kolektivno domuvanje!!! Mi se gadi od malodusnosta i nemanjeto osnovno cuvstvo.
ај кажи на што се засновани теориите  на „научниците“ за струење на воздух? воздуот струи, како и да е, во било каков простор, барем се додека не се работи за вакуум...
иста приказна со зеленилото, стварно не можам да ги разберам, се работи за 100 метри квадратни трева, која не е од којзнае какво значење за градот, таа област или животната средина општо земено... патем, Скопје е доста зелен град со тоа што скоро половина од неговата површина е сведена на зеленило и не знам зошто никој не го признава тоа, а и ако погледнеш убаво, на најголем дел од градовите во светот, градските јадра им се сосема лишени од зеленило, но за тоа во нормални услови, постојат пространи паркови и хортикултура како дел од урбаната опрама и некој не сум видел досега да се буни за тоа...

не ме разбирај погрешно, не е дека поддржувам изградба на таа локација (немам сеуште став) но ме нервира што нашите граѓани, покрај фактот дека при изградба на објекти има огромен простор за дебата на разни полиња, најчесто бранат свои ставови со воздушни струења, сончеви зраци и неколку тревки... згора на ова, тие граѓани претпоставувам знаеле каде се вселуваат кога се доселиле и дека треба некогаш да се игра и по правилата на властите и дека не може да се гради според кеифот на одредена група
да не збориме па за тоа што центарот на градот по дифолт би требало пополека да се расели до одреден степен и да се лишиме од вакви глупости
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 06-Oct-2011 at 13:40
Ne se raboti samo za 100 metri treva, tuku za stari drvja so debeli senki. Se raboti za prenatrupanost na prostorot. I patem, Skopje e planiran da bide zelen grad, no zemeno vo celina. Ako go zemes centralnoto gradsko jadro - Sk e pod sekoe prifatlivo nivo. MOzebi si vo pravo deka ima gradovi kaj koi centarot e lisen od zelenilo. No toa se gradovi so nizok kvalitet na zivot. GI navedov i porano, pa eve i sega - pogledni gi gradovite vo Svajcarija, Svedska.. POgledni go Cirih- neli, grad so najvisok kvalitet na zivot. A tie stanbeni zgradi vo SK od po 12 i kusur sprata NIKOGAS nema da bidat del od administrativniot centar na gradot. I so koe pravo zboruvas za nivno rasseluvanje? Patem - koga tie gi kupile stanovite tamu imalo ( i bilo planirano) da ima zelenilo. Kako sto e vprocem i momentalnata situacija.
A za tvoja informacija ne samo struenjeto na vozduhot, tuku u soncevite zraci se kriterium sto odreden objekt treba da go zadovoli, t.e da ne go poprecuva.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 06-Oct-2011 at 15:12
Ај Скопје-Центар цел зелен да го направиме, а да се градат деловни и бизнис центри во Карпош, Аеродром, Ѓорче и Маџари па така цел сообраќај да го закрчиме, да се преполнат и овие населби и само ради тоа толку фамозно зеленило да се угушиме сите.
Едино реален аргумент со кој овие што се бунат можат да искочат и да се противат против новиов план е да побараат пренамена на земјиштето во Маџир Маало за административни и деловни објекти, а не само за станбени, што држи многу повеќе вода него тоа дека ќе им се затворело струењето на воздухот. Ако сакаат струење на воздух нека си купат сите стан на Водно, у Аеродром или Бардовци, зашто лично не сум сретнал во некој град во негивиот центар и блиската околина да има зеленило и раштраканост помеѓу зградите.
Па токму таа збиеност на гадбите ги прави тие градови поубави и затоа најголем дел од македонските туристи се воодушевуваат на тие градови и нивната архитектура, затоа што збиено прават убав склоп. Не дека кај нас ќе се направи убав склоп, но тезите со зеленило и триста други слични моменти се излишни. Плус зеленилото во таа околина е растур направено од тие совесни граѓани кои сега се бунат.
Само као пример, паркчето одма до Бристол, коа беше во неколку наврати обновено со трева и заградено, после неколку дена пак беше уништено од тие истите граѓани.
Затоа тезите со зеленило и Центар уопште не можат да држат вода.
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 06-Oct-2011 at 16:22
Sto iznapisa sea? Pa ako se napravat uste zgradi realno soobrakjajot uste povekje da se zgolemi - ova mu e nekoja osnovna logika.

I da te prasam ajde - vo koi toa gradovi ti si bil pa sto ne si videl deka imaa zelenilo vo centralniot del.
Si pominal li megju zgradite da vidis kako e ureden prostorot od drugata strana? Dresden, Cirih, Stokholm, Zeneva, Berlin, pa i Pariz... Mislam nema smisla da ti nabrojuvam.

Tocno, postojat gradovi so mal istoriski centar koj grizlivo se cuva ( kako kaj na Starata carsija) i koj e poln so kukjarki bez mnogu zelenilo. No ostanatoto e poinaku uredeno.
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 06-Oct-2011 at 16:36
I plus dunsterive ne mislat da pravat admin/biznis centar, tuku novi stanbeni blokovi!!!!!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 06-Oct-2011 at 21:38
Originally posted by ebivetre

Sto iznapisa sea? Pa ako se napravat uste zgradi realno soobrakjajot uste povekje da se zgolemi - ova mu e nekoja osnovna logika.

I da te prasam ajde - vo koi toa gradovi ti si bil pa sto ne si videl deka imaa zelenilo vo centralniot del.
Si pominal li megju zgradite da vidis kako e ureden prostorot od drugata strana? Dresden, Cirih, Stokholm, Zeneva, Berlin, pa i Pariz... Mislam nema smisla da ti nabrojuvam.

Tocno, postojat gradovi so mal istoriski centar koj grizlivo se cuva ( kako kaj na Starata carsija) i koj e poln so kukjarki bez mnogu zelenilo. No ostanatoto e poinaku uredeno.


Неам намера да ја однесам дискусијата во непотребен правец. Годинава посетив над 20 градови и можам до утре да тврдам дека Скопје има најмногу зеленило од сите нив.
Ќе направам и репортажа за дел од нив во скоро време.
И да поборник сум све од администрација и бизнис сектор да се пребаци во Центар.
Да противник сум на станбени згради уште многу повеќе во Центар, особено Маџир Маало, но дека на Центар му требало многу зеленило, не сум баш сигурен
Сосема доволни се Жена Парк, паркчето спроти Нова Македонија, Градскиот парк, новото зеленило кај зградите до Бристол, кое мораше да се огради за да "грижните" граѓани не го уништат и сл.
А доказ повеќе дека големи зелени површини не се пожелни во делови каде има најголема густина на граѓани и каде во секоја голема метропола се поставува асфалт или бекатон или гранит е паркот во близина на Бристол кој што беше реобновен и со покушај за заградување, но народот после два дена веднаш го сардиса.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 07-Oct-2011 at 02:43
Originally posted by N23

Плус зеленилото во таа околина е растур направено од тие совесни граѓани кои сега се бунат.
На претходната страница од нишкава имам постирано слики конкретно од паркот околу кој се врти дискусијава. На сликите не гледам никаков растур, туку гледам фино паркче  Dunno
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 07-Oct-2011 at 15:06


Fala.

Toa parkce, zaedno so ona do Vlada (Kaj Zabarot) e verojatno edno od poubavite urbani zeleni katcinja vo Centar. Za zal i dvete vo skoro vreme kje gi snema. Toa kaj Vardar opravdano, no za ova mi e navistina zal.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 08-Oct-2011 at 18:01
Originally posted by ebivetre

I plus dunsterive ne mislat da pravat admin/biznis centar, tuku novi stanbeni blokovi!!!!!
епа наместо за тоа пусто паркче да се тепаа граѓаните, треба малку повеќе да се задржат на вакви факти и се друго што би ја засегало една околина и нејзиниот развој...
токму тоа е она за кое се бунам јас... доколку навистина се изградат станбени блокови таму, тоа ќе биде и тоа како катастрофално, многу покатастрофално одколку покривањето на самото зеленило
а и не можам да те разберам, против си околу раселувањето на центарот, а не поддржуваш нови станови... да не е случајно специјално резервиран за некого центарот?
и пак ќе повторам, граѓаните кои живеат во мал и голем ринг кога се вселувале таму, знаеле каде се и колку зеленило имаат на располагање и дека градот не може по нивни желби да се креира, особено кога не се воопшто цврсто основани таквите желби (бидејќи фала богу, можат да бидат и сосема легитимни)
ако беше за тоа, јас ќе се вселев во центар и ќе барав секој плочник и асфалт да ги заменат со трева и дрвореди, за да не се угушам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-Oct-2011 at 18:04
Originally posted by ebivetre



Fala.

Toa parkce, zaedno so ona do Vlada (Kaj Zabarot) e verojatno edno od poubavite urbani zeleni katcinja vo Centar. Za zal i dvete vo skoro vreme kje gi snema. Toa kaj Vardar opravdano, no za ova mi e navistina zal.
ако збориме за регионот кој би го опфатил и „жабарот“ радијално, во тој регион и тоа како имаш зеленило, од кое половина е пристојно уредено и се одржува
јас мислев дека тука збориме само за јужниот предел на мал ринг... всушност паркчето кое го спомнуваш не спаѓа ниту во Голем ринг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 08-Oct-2011 at 18:06
Поентата дека Скопје е густ град т.е збиен не држи..има  многу празни места помеѓу згради.. така да и да се изгради тука не би било некоја штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 08-Oct-2011 at 18:15
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by N23

Плус зеленилото во таа околина е растур направено од тие совесни граѓани кои сега се бунат.
На претходната страница од нишкава имам постирано слики конкретно од паркот околу кој се врти дискусијава. На сликите не гледам никаков растур, туку гледам фино паркче  Dunno


Го видов паркчето и конкретно не мислам на него. Ова паркче е фино средено, освен делот кај Коктел Бар каде пешачката патека е разронета.
Конкретно мислам за паркот од спротива, одма до Хотел Бристол, кој е доказ дека не може во Скопје да се нарави Парк на било која површина, токму поради несовесноста на луѓето. Вчера поминав и целата трева што ја засадија одново е изгазена, дали метар квадрат има трева.

Да не ме разберете погрешно, не навивам јас да се градат станбени згради или било какви други објекти на секоја зелена површина во Центар. Но не можам да се согласам со фактот дека изградба на нови објекти ќе го загуши Центар, затоа што јасно е дека Центар не може да биде во најголем дел станбена населба.
Но тоа е коа приоритетите на градски власти и на граѓаните се судруваат, за на крај градот пак да биде жртва.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 08-Oct-2011 at 23:04
Originally posted by N23

Но не можам да се согласам со фактот дека изградба на нови објекти ќе го загуши Центар, затоа што јасно е дека Центар не може да биде во најголем дел станбена населба.
Не бива ако не ни се допаѓа соодносот на деловен и станбен простор во центарот, тоа да го менуваме на сметка на зеленилото и по секоја цена. Исто така, без разлика дали се работи за станбени или деловни квартови, секогаш е добро да има јавни простори и зеленило. Лошо е да се споредуваме со некои збиени градови (колку и да се тие прекрасни и фасцинантни) кои најчесто тоа градско јадро го имаат наследено и згустнувано од пред многу векови. Напротив, просторот е капитал, кој не треба целиот да се прокоцка на згради. Неизградените простори (во случајов во Скопје) треба многу внимателно да се менаџираат и во тој случај ќе бидат наша предност.

Јасно е дека во центарот на градов имаше големи неанимирани површини кои просто плачеа за на нив да се гради. Така и беше предвидено со урбанистичките планови. На пример ДУП-от Мал Ринг од 1997 предвидуваше сите логични простори да се пополнат и центарот разумно да се згустне. Понатака, со Скопје 2014 веќе се отиде и многу подалеку со згустнувањето, а со неколку малоумни маркички тоа стигна и до граница на бизарност.

Во конкретниов случај (карши Брисотл) имам поделени ставови дали е подобро да се избришат или да се реализираат двете маркички во паркот. Факт е дека со нив може добро дооформи улица Македонија, но дали тоа е доволно за да оправда уништување на 3.000 m2 парковско зеленило во дел од градот каде што зеленилото со вртоглаво темпо станува многу дефицитарно, тоа е друго прашање. Исто така друго прашање е дали навистина добро ќе се оформи улица Македонија, или можеби напротив, ќе се упропасти со некоја бурлескна архитектура ала Ск2014 или како доградбата на Југобанка на пример.

Јас никогаш не сум имал разбирање за граѓани кои автоматски хистеришат при секаква најава за градба на некоја локација во нивни комшилук и за луѓе кои си утупеле у глава дека градот треба да се обликува единствено според нивните безвезни себични замисли, баш напротив, преку глава од такви. Но во случајов апсолутно има легитимни причини за револт и отпор кон зацртаното во ДУП-от.

Како што кажав, за конкретниов случај не сум баш сосема определен, но генерално гледано, дефинитивно треба веќе да притискаме на кочница во контекст на „згустнувањето“, затоа што со ова темпо многу скоро ќе исчезнат сите преостанати вакви пријатни катчиња. Неповратно ќе исчезнат. Да се изгради зграда на место на парк, тоа може секогаш. Но за обратно, тешко богами.


Originally posted by ebivetre

I plus dunsterive ne mislat da pravat admin/biznis centar, tuku novi stanbeni blokovi!!!!!
Во ДУП-от се зацртани како административни објекти.


Originally posted by antiuser

така да и да се изгради тука не би било некоја штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место
На пример каде да се надокнади? Во Инџиково?





Edited by Cloverstack - 08-Oct-2011 at 23:07
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 09-Oct-2011 at 01:24
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by antiuser

така да и да се изгради тука не би било некоја
штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место

На пример каде да се надокнади? Во Инџиково?

Како што е познато, според ДУП-от ќе се надокнадува со зеленило на местото на Зелен пазар кој според ова интервју се простира на 3.300 метри квадратни. Според истото интервју, пазарчето било продадено за 33.000 евра или 10 евра по метар квадратен!? Ужаснува мешањето на политиката во носењето на ДУП-ови и продажбата на државно/општинско земјиште. Претходната гарнитура го подарила зеленото пазарче на блиска на неа фирма, а сега оваа гарнитура ќе го експроприира и бизнисот ќе го префрли кај фирма од нејзиниот табор (Камфуд).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 09-Oct-2011 at 02:08
Се плашам тоа со пазарчето да не е фрлање прашина во очи. Пред се не знаеме дали навистина постои решеност да се изврши експропријација ради правење нов парк, или се работи за сказна која единствено треба да го амортизира револтот за другото изгубено зеленило. Не знаеме ни дали и какви игри се играат во позадина на релација Власт - Скопски пазар и дали можеби заканата за експропријација не е алатка за притисок за постигнување на некакви други цели. Не знаеме дали доколку евентуално се изврши експропријација, целиот тој простор навистина ќе стане парк или со некој нареден ДУП ќе се измисли нешто друго. Не знаеме еден куп други работи... којзнае што све може да е во игра.

Дај боже моиве сомнежи да се неосновани и кај пазарчето во брза иднина навистина да се направи еден убав парк, особено што зелен пазар на таа локација навистина нема што да бара. Но не би се кладел на таа опција (дури и да не бев толку сомничав по природа). Ајде нека се обврзат властите дека нема да ги градат двата нови административни објекти, се додека не го направат паркот на местото на зелено пазарче  Big%20smile


Edited by Cloverstack - 09-Oct-2011 at 02:14
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 09-Oct-2011 at 02:40
Originally posted by Cloverstack





[QUOTE=N23]Во конкретниов случај (карши Брисотл) имам поделени ставови дали е подобро да се избришат или да се реализираат двете маркички во паркот. Факт е дека со нив може добро дооформи улица Македонија, но дали тоа е доволно за да оправда уништување на 3.000 m2 парковско зеленило во дел од градот каде што зеленилото со вртоглаво темпо станува многу дефицитарно, тоа е друго прашање. Исто така друго прашање е дали навистина добро ќе се оформи улица Македонија, или можеби напротив, ќе се упропасти со некоја бурлескна архитектура ала Ск2014 или како доградбата на Југобанка на пример.Јас никогаш не сум имал разбирање за граѓани кои автоматски хистеришат при секаква најава за градба на некоја локација во
нивни комшилук и за луѓе кои си утупеле у глава дека градот треба да се
обликува единствено според нивните безвезни себични замисли, баш напротив, преку глава од такви. Но во случајов апсолутно има легитимни причини за револт и отпор кон зацртаното во ДУП-от.Како што кажав, за конкретниов случај не сум баш сосема определен, но генерално гледано, дефинитивно треба веќе да притискаме на кочница во контекст на „згустнувањето“, затоа што со ова темпо многу скоро ќе исчезнат сите преостанати вакви пријатни катчиња. Неповратно ќе исчезнат. Да се изгради зграда на место на парк, тоа може секогаш. Но за обратно, тешко богами.


За делот со паркчето кај Коктел Бар, лично не се согласувам дека треба таму да никне објект. Особено што веднаш позади него се наоѓа станбена зграда. Какво решение и да донесат нема воопшто да изгледа складно (а со оглед на историската поврзаност со улица Македонија ќе биде ала Скопје 2014).
На иста линија сме кога станува збор за граѓаните. Имаат легитимно и легално право да се бунат заради објективе, но лошо ги аргументираат. Еве нека дадат предлог тие објкети да се дислоцираат во неурбаните маала во Центар, да дадат предлог ако веќе мора згради, за возврат да им ја средат околината кај тамошните згради или сл, но никако не да искочат дека ќе го задушат Скопје.
Никад нема да ги сфатам Центарците кои критикуваат дека живеат во најзагадената и најзгуснатата општина во Скопје. Едноставно центарот на еден главен град токму служи и за тоа најголем дел од службите да се таму за да можат полесно да се вршат одредени работи.
Но проблемот со тоа е настанат уште во минатиот политички систем кога Општина Центар добила станбен лик.
А и не знам па што власта го намерачила тој дел, кога на територија на Центар има толку многу слободни пространства.
А за Зелено Пазарче, колку побрзо го снема, толку подобро за сите. Нормално, доколку го дислоцираат, веднаш властите да изградат ново на посоодветна локација.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 09-Oct-2011 at 23:01
тука сум на иста линија со N23, малку подобро го склопил ставот од мене
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.