![]() |
![]() |
![]() |
Маџир Маало |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 15> |
Author | |||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Еееј, внимавај со твојот став, кој е доста радикален. Инаку не е точно дека никој не може да има такви привилегии, луѓето со пари можат да уживаат во таквите привилегии бидејќи парите железни врати отвораат. Зошто да нема село среде Скопје, кога и самото Скопје е најголемото село во цела Македонија ? Неокласицизам, брутализам, модернизам, паркови маскирани како плоштади и ред други глупости, сето тоа поврзано со трамвај и двокатни автобуси во ретро стил, веќе уживаме во глетката со Порта Македонија, а наскоро ќе уживаме во глетката и со панорамско тркало над Вардар, зошто да не може и мало село среде централното подрачје на најголемото село во цела Македонија ? Мислам дека твојата идеја за масовна урбанизација повеќе држи вода на Водно отколку во Маџир Маало, оди таму за да уживаш во урбаната средина, за да не ти се гади од селото Маџир Маало. Ако сакаат да живеат во куќи, слободно нека уживаат во таквиот начин на живеење, но надвор од централното подрачје ? Звучи познато, ако добро помнам, една од трите опции кои се предвидени со новиот контроверзен правилник на Регулаторната Комисија за Енергетика, гласи дека тие кои не сакаат да користат парно греење, слободно можат да се иселат од стан во куќа. Тој правилник допрва ќе се донесува и доколку воопшто биде донесен, тазе донесен ќе заврши пред Уставниот Суд, кој сигурно ќе го укине, бидејќи никој нема право да наплаќа на било кој граѓанин на Република Македонија за нешто што тој конкретен граѓанин не го користи, исто како што ни јас ни ти немаме никакво право на жителите на Маџир Маало да им кажуваме каде смеат и како смеат да живеат. Патем, кој е твојот став за скопска Железарница, Охис и ОКТА, дали се на вистински места за нив, или се занимаваш исклучиво со урбанизација, а не и со индустриското загадување, да не речам труење ? Edited by Dexter26 - 05-Apr-2012 at 21:47 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Декс немам намера да навлегувам во филозофии и расправии... Единствено ќе ти го посочам ова...
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Очигледно не ме разбра добро. Јас воопшто не спомнав дека Маџир Маало не треба да се урбанизира, туку спомнав дека ни јас ни ти немаме никакво право да им кажуваме на маџирмаалци каде и како смеат да живеат. А дека на Маџир Маало му треба урбанизација, тоа повеќе е прашање кога и како, а не дали. Edited by Dexter26 - 05-Apr-2012 at 22:04 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Епа како што гледаш поголеми мангупи, фраери, шизици и инаетчии од Маџирмаалци нема... А со такви, секако... радикално... Неможе некој цела иднина на еден град, генерални и детални урбанистички планови, воопшто план и развој на еден град да става на коцка и да ги попречува само поради... да цитирам:
КОИ БУДАЛАШТИНИ!!! Им викам, ја згрешиле локацијата за таков живот, и уште на сето тоа дигаат галама... Разбирам дека таму живеат од порано... Но градот се развива и расте, неможе да ги скокне, неможе да остави таква дупка, такво село во самиот негов центар... Не е практично... А еве како нивниот инает може да направи од проста и безбедна ситуација во комплицирана и опасна ситуација за останатите жители на овој град... Безбедноста кај тој мост за учесниците во сообраќајот е намалена, само поради инаетот на овој пример од Маџирмаалец... Сакам и да нагласам дека таму нема тротоар и луѓето одат по тоа едно тесно патче од едвај дали има 30-40 сантиметри... Што ако некој настрада... иако не е дозволено да се преминува пешки... но еве.. се случи... Нека му е на душа на сопственикот на куќата... Edited by FoSsiL - 05-Apr-2012 at 22:26 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
На ова сакам да му дадам посебно внимание...
Ем центар на метрополата, ем како да си настрана а. к. а. приградска населба, или село... Мислам дека е време да се одлучат за едно... двете заедно... секако... не доаѓаат во предвид... А и уште мајтап си прават, си играат со цел град... јас ги мислев како стари скопјани, цивилизирани луѓе, културни, урбани луѓе... ова... сосем спротивно... Edited by FoSsiL - 05-Apr-2012 at 22:49 |
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Од Ново Маало, Маџир Маало, Керамидница и се до Крњево, 6 багери и одма празни површини. Не се ова радикални мерки, баш деновиве гледам и во многу хрватски, што јас ги мислев ептен урбанизирани градови као Осијек и Сплит, си имаат вакви муки од некои што инает вода и од цела урбана средина се наоѓаат фраери да чуваат кокошки, магариња, да садат полски цвеќиња и да шират непријатен "мирис". Не може они да кажат да се дислоцира Крушевска, не може он да каже дека сака да пие кафе на раат у сред центар, очигледно ова се луѓе што подалеку од Скопје не прошетале. Кој центар у некој град го нуди ова? Никој. Зошто? Затоа што текот и брзината на градот не го дозволуваат тоа. Поради ова иаме Меги, Хипериум, Прокредит и СП спроти Бисер со деловни згради и сл објекти надвор од самиот центар. Кога веќе властите уништија добар дел од она што требаше да биде центарот, нема сеа граѓани да одредуваат каков живот у Центар ќе имаат. И претпоставувам многу им е убаво што си чуваат кокошки одма до НБРМ. Феноменална идила. Само и не се они до толку криви, кога гледаат под железничка што има, си викаат зашто и јас така да не живеам. |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Е па, бидејќи станува збор за нивни приватен имот, имаат право да одлучуваат што ќе прават со него, на крајот на краиштата, тоа право им следува со самото право на сопственост врз тој недвижен имот, нема ништо лошо во тоа да имаат приватност и мир во централното градско подрачје, бидејќи имаат право на тоа. Твојот став е твој став, но нивниот став на мене ми делува поиздржливо. Јас мислам дека компромисно решение на овој проблем би било општина Центар или градот Скопје или Владата на Република Македонија (не знам кој конкретно го плаќа менувањето на фасадите опфатено со проектот Скопје 2014) од буџетот да им ги обноват улиците и фасадите на куќите, за да заличат на куќи, а таму каде што може да се градат згради, нека се градат, доколку нема никакви имотно-правно спорови. Ако може во Центар да се менуваат фасадите на зградите со народни пари, тогаш нека биде така и во Маџир Маало, за да заличат куќите на куќи, а не на шупи, а кога сме кај кокошките, нека се воведат казни за тоа доколку досега не се воведени, а ако се веќе воведени, нека ги зголемат за да ги научат на ред, инаку и Керамидница еве ја од другата страна на Вардар, малку пооддалечена од Центар, но сепак блиску, таму се планира да се руши Санос за да се градат станбени објекти, но сепак ќе останат куќите, и што сега ? И тие ли треба да се откажат од своите вековни огништа за да се урбанизира Керамидница ? Зошто не се фокусирате повеќе на местата на кои навистина им треба урбанизација за да се оттргне гужвата од Центар, како на пример Маџари и Лисиче ? Не велам дека не треба да дебатираме на оваа тема, но некако не ве гледам заинтересирани за дебатирање на теми кои се подалеку од Центар, што е работава, никој не живее надвор од Центар, или, тие кои живеат надвор од Центар не се луѓе ? Edited by Dexter26 - 05-Apr-2012 at 22:55 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Кокошките се врвот.... За Маџир Маало... Само да не му фати око на тој со визиите, замислите, идеите, фантазиите за градов, па да се најде како точка на дневен ред на Влада... И така малку простор остана од Мал и Голем Ринг... Edited by FoSsiL - 05-Apr-2012 at 23:11 |
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Види вака. Си има правила на однесување во град. Исто како што имаш правила на однесување во театар, кино, школо. Не можеш ти сеа, да отидеш у Стокхолм и у центарот у стан да земеш свиња да чуваш. Не можеш. Си има некои правила. Ама не може мир да имаат во центар на град, во урбана џунгла. Као да бараш мир на плоштадон у Загреб бан Јелачиќ. Се знаат некои норми. За мир си постојат населби со куќи, такви си се Козле, Лисиче, Пинтија, Црниче и сл. Не може Маџир Маало да ја дава првата слика за Скопје. И ја можда сакам 6 свињи доле да чувам, или да тресе мајка ми тепих пред зграда, ама не може. Си има регулативи, правила. Ако вековното огниште пречи на развојот на градот, ќе се откажеш од тоа. Не може градот да трпи ради единка. Види каков ужас е со воз да идеш од Београд према Скопје, странец ако си. Слика као да си у заостанат град. И да, се согласувам дека градот треба да дае пари за реновирање, ама само на неколку куќи во Маџир Маало, не може на сите. Има десетици куќи кои можат ако ништо друго на оној барок да конкурираат. Само чекај коа ќе им дојдат инвеститори со понуда од 3 стана, да видиш како одма ќе дозволат да се гради, ќе молат ако треба за тоа. |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Дури и да чекаат инвеститори со понуди од 3 или повеќе станови за да дозволат да се гради, сепак тоа останува нивно право и нивна одлука. И да, не можеш да чуваш животни во урбана средина, без разлика дали е во Маџир Маало или во Козле, Лисиче, Пинтија, Црниче кои ти ги спомна, или во било која друга урбана средина или приградска населба, бидејќи тоа има краен ефект и врз готовиот сточарски/живинарски/млечен производ, општо познато е дека градовите се загадени и не се здрави, како за луѓето, така и за животните, така да, станува збор за двојна загуба, ем го трујат градот со изметот, вирусите (да не заборавиме дека птичјиот грип всушност е мутација на свинскиот грип пренесен од свиња на птица), бактериите, вошките и сите останати паразити кои ги носат нивните животни, ем готовиот сточарски/живинарски/млечен производ ќе биде со катастрофално низок квалитет и затоа најдобро е животните да се чуваат надвор од градовите. А за норми, регулативи и правила не зборувај, барем додека не се воведе нормата/регулативата/правилото: Забрането живеење во градот на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата. Прво нека се воведе оваа/ова норма/регулатива/правило како задолжителен закон на ниво на град Скопје, па после ќе правиме муабет за норми/регулативи/правила од типот: "Не е дозволен мир во централното градско подрачје", "Не може градот да трпи ради единка" и слично. Градот Скопје веќе од поодамна трпи не ради единка, туку поради илјадници луѓе кои ги напуштиле вековните огништа во источна и јужна Македонија во потрага по подобар живот во главниот град, а ние го трпиме тоа и не превземаме ништо околу фиксирање на бројот на жители на градот. Општо познат е фактот дека Скопје е на најлоша местоположба за еден град во Македонија, а особено за главен град, но како да не ни е тоа доволно, дозволуваме бројот на жители да се зголемува како резултат на зголемена миграција на населението од помалите градови во главниот град, а не како резултат на некаков си бејби бум и зголемување на наталитетот по природен пат. Свети Николе е македонски рекордер по заболени од рак, но не сум слушнал за таму да е планирана изградба на нова болница, но затоа слушаме за планирана обнова на веќе постоечки и изградба на нови клиники во Државниот Клинички Центар во Скопје, па дури најавена е и изградба на нов Државен Клинички Центар во Бардовци, а жителите на Свети Николе ги оставаме да милост и немилост на околностите, а да не заборавиме дека не можат сите да си дозволат превоз, сместување и лекување во Скопје, а квалитетот на македонското здравство е посебна тема, да не навлегувам и во тоа, доволно избегав од темава. И како да не се преселуваат луѓето од останатите населени места во државата во главниот град, кога тука имаат можности какви што немаат во своите родни краеви и сето тоа само затоа што државата ни малку не им помага околу најосновните потреби, а нас во Скопјево ама ич не ни е гајле за нивните маки и потреби ? Се согласувам со тебе, да, во главниот град на една држава, во една метропола МОРА ДА ИМА норми, регулативи и правила, но прво треба да се воспостават тие норми, регулативи и правила, а потоа да се спроведуваат, а не прво да го урбанизираме Маџир Маало, па после да воведуваме закон за забрана за живеење во градот на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата. Треба прво да воведеме таков закон со кој ќе им биде забрането на луѓе кои доаѓаат од останатите населени места во државата да живеат во главниот град, па откако ќе се стабилизира бројот на жители на Скопје, ќе можеме да дебатираме околу урбанизирање на неурбанизираните населби во Скопје. Edited by Dexter26 - 06-Apr-2012 at 00:54 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
море дајте им малце повеќе пари да видите како одма ќе ја шитнат нивната мала селска идила за која толку многу се тепаат... одамна ни се јасни мотивите на овие „загрозени“ луѓе...
во истите тие маала чуваат стока во двор, а 60% од куќите се распаднати, на другите 40% им се направени доградби и модификации, плус во самите маала се изградени некои огромни нови куќерини... и после ќе зборат какво право имале... далеку е нивната населба од она што го претставуваат во јавност, сето тоа го гледаме во реалност, и ако некој не го видел, документирано е со слики и не давајте споредби со други заостанати населби во градов во близина на централно подрачје, никој не рече дека не треба тие да се пипаат, баш напротив... Edited by zabegan - 06-Apr-2012 at 15:48 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
||
potpolno se soglasuvam so pogore napisanoto
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||
Да се биде маџирмаалец значи да се живее во колиба или шупа, да се биде маџирмаалец значи да си во непосреден контакт со изметот и урината на коњи, магариња и кози. Секојдневно слушаш кокодакање на кокошки и пеење на петли. Се душиш во прашина што доаѓа од двата главни булевара. Ја мирисаш канализацијата од Вардар.Одиш по тесни сокачиња со турска калдрма. Колибата во која живееш е полураспадната од влага. Внатре стално ти влегуваат гуштери и жаби.Каде го има тоа? Само во Маџир-маало!"Живеам во центарот на главниот град и уживам во горенаведеното. Тоа го има само во нашето Маџир-маало!"- антологиска изјава на неговите жители. Не знам дали воопшто имаат канализација? Иако домашните животни по селата живеат во посовремени објекти од нивните шупи, сепак маџирмаалци се гордеат со нив и не се стремат кон подобро, закочувајќи го развојот на целиот град.Но да не биде дека само критикувам, ќе дадам и една пофалба - Сепак Маџирмаало е сон на жителите во картонските живеалишта покрај Вардар и за нив претставува елитна населба.
|
|||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||
![]() |
|||
Spiridon ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 03-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 70 |
![]() ![]() |
||
Se' toa trebalo da se rusi vednas po zemjotresot.Zosto e ostaveno kako cir,e vekje drugo prasanje.
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Датум: 19.07.2012, 17:29
УСВОЕН ПЛАНОТ НА KОЈ СЕ ЧЕKАШЕ 50 ГОДИНИ Едни маџирмаалци во сјај, а други во беда ![]() Граѓаните конечно ќе може да им ги продадат старите и трошни куќи на инвеститори за изградба на седумкатници, само не и 50-ина семејства за кои ништо нема да се смени, бидејќи нивните објекти останаа да лежат на трасата на замислениот булевар Kрушевска Република Маџир Маало во иднина ќе биде новото градилиште во Скопје. Старите и трошни куќарки ќе се уриваат, а на нивно место ќе се градат згради со висина на седумкатници. Така е предвидено во урбанистичкиот план за ова маало, усвоен на последната седница на Советот на Центар, и тоа по пет децении чекање, неизвесниот, кавги меѓу жителите и локалните власти, како и недоумици дали да остане индивидуално домување или, пак, во него да се издигнат нови и модерни градби. Планот беше поздравен и од опозицијата, чии членови гласаа за него, што е невообичаено глетка во Центар, а и во сите други општини. Освен станбени објекти, на целата површина на овој дел од градот планерите предвиделе и нова црква на улицата 59, а и споменик со фонтана на аголот на раскрсницата на булеварот Kузман Јосифовски-Питу. Веднаш до фонтаната има можност за изградба на хотел, 10 метри повисок од останатите објекти бидејќи излегува на главна улица. Граѓаните во голем дел се задоволни. На јавната анкета негодуваат оние чии парцели се дел од трасата на треба да се гради замислениот булевар Kрушевска Република. Тие се дел од т.н. „сива зона“ и нивните куќи, 50-ина, не влегуваат во овој план. Сопствениците треба да чекаат некоја власт да реши да ја гради оваа сообраќајница, да им ги откупи имотите и да ги обесштети. - Планот за Маџир Маало целосно ги задоволува условите за градба. Со дадената катност ќе се создадат услови за подобар живот. Ова го чекаме многу години - се изјаснила Јасмина Митрова, една од 216 лица кои дале забелешки и предлози на јавната анкета. Планот е добар и за Томислав Васевски и за многу други жители според кои велат дека едвај чекаат да почне неговата реализација за да почнат да живеат како луѓе и во цивилизирани услови. Претходно немаше секаде канализација, улиците се тесни и искршени, некаде со останата калдрма, а влагата ги уби станарите кои живееја во стари и нереновирани куќарки. Сепак, најпогодени се граѓаните чии имоти се на трасата на булеварот, кој во Генералниот план на Скопје е од 1965 година, но досега никој не најде средства за негова реализација. Тој поминува среде населбата, во близина на Народна банка и е дел од идната трамвајска траса. Но, и покрај петдецениската незаинтересираност на властите за негова изградба, тој с` уште е во ГУП, никој не го брише како замисла. Се наоѓа дури и во новиот ГУП на Скопје, чија важност ќе биде до 2020 година. - Булеварот Kрушевска Република да се дислоцира, а објектите високи од 20 метри да се намалат на 10 метри, затоа што ќе нема паркиралишта и улиците ќе бидат многу тесни и ќе нема струење на воздухот во маалото - смета Панче Трајановски. Незадоволни се и негови соседи поради тоа што ќе останат да живеат во истите услови како досега - не ќе можат да градат, да надградуваат и да ја планираат својата иднина онака како што сакаат. Бараат од градоначалникот Kоце Трајановски да се заложи и да го избрише овој булевар од новиот ГУП, кој со децении им го загорчува животот. Александар Арсовски http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=616B0FF60DF25C46AF5F64CFFEA51F09 |
|||
![]() |
|||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||
7 katnici? ovoj del placese za oblakoderi! A istotaka strav mi e deka ke stanat "barokni" 7 katnici!
|
|||
![]() |
|||
Sylvester ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 09-Jun-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
каде облакодери поред сам Вардар ?!?!?! Теренот не е добар за високи објекти поред река. Башка знаејќи го Скопје врз што лежи и сеизмичката активност воопшто не е за облакодери ![]() Edited by Sylvester - 20-Jul-2012 at 11:03 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
не е толку битна висината на објектите, колку што е битна нивната намена и начинот на кој што ќе се изведе целиот план
мене повеќе коса ми се крева од тоа што најголем дел од објектите ќе бидат станбени, што е далеку неадекватно за тој простор, не толку естетски, колку што е неадекватно од функционален и развоен аспект... |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Уште еднаш ќе ја објавам сликава од Талин, град помал од Скопје. Ова требаше тука, а не да останеме едини град без асално централно деловно јадро. Така немаше да има потреба ниту да се дислоцира НБРМ, поударна точка во Скопје нема. Железничка, автобуска, најголема населба во Скопје во соседството...
А и нешто што страшно иритира: - Булеварот Kрушевска Република да се дислоцира, а објектите високи од 20 метри да се намалат на 10 метри, затоа што ќе нема паркиралишта и улиците ќе бидат многу тесни и ќе нема струење на воздухот во маалото - смета Панче Трајановски. Бараат од градоначалникот Kоце Трајановски да се заложи и да го избрише овој булевар од новиот ГУП, кој со децении им го загорчува животот. Од вакви ликови, затоа имаме проекти како Скопје 2014 и само проширени булевари, а круцијалните проекти не се градат затоа што тоа гласачите не го бараат, они бараат како и со стадионот, да им биде убаво, а не да им се подобри квалитетот на животот. ![]() |
|||
23ka.wordpress.com
|
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Еве како би требало да изгледа просторот според ДУП за Маџир Маало... Ги изоставив објектите предвидени за позади НБРМ... ме мрзеше...
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 15> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |