![]() |
![]() |
![]() |
Езеро Треска |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Author | |
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
Умре ова езеро тешко дека некој ќе оди тука да се бања поминаа тие времиња...
|
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
И пак 30 милиони денари у бунар ќе ги фрлат, а ќе постават неколку знака забрането капење и уште неколку клупи.
Ова е школски пример како се бара начин да нема решение. |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
зависи за што ќе фрлат пола милион евра!? во секој случај нема да бидат тоа особено видливи зафати, тука претпоставувам треба да се доопреми филтер-станицата и да се постави аератор во езерото... во секој случај заинтересирани инвеститори имало и до сега, но најдобро е градот да најде чаре како да го ревитализира и експлоатира езерото
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Buliwyf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 473 |
![]() ![]() |
А што,треба да викнеме некој од страна па да ви ги среди работите,што треба вие да ги извршувате? А притоа земате огромни приход како директори.Вековен одговор на секој проблем на нашите раководни лица е нормално "Ќе треба" а никако да се земат работите во свои раце и нешто да се сработа,и се нешто ќе кажуваат колку време и суми им требаат.А кога е во прашање раководната функција со тешко срце ја одбиваат.
Срамота е ова што се прави кај нас,се уништува се живо и диво.
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Спортско-рекреативен центар Сарај лоциран помеѓу реката Вардар и Треска, кој зафаќа површина од 24 хектари.
![]() Но нека сликите зборуват за ова некогаш прекрасно и преполно место за рекреација спорт и озвежувње во летните периоди на скопјани, кој користејќи го малиот воз, а подоцна и пионерскиот воз пристигнуваа до него. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() И некогашното главо рекреационо место на скопјани - базенот ![]() ![]() Негогашна слика до базенот во Сарај кој стално беше преполн со капачи. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Прекрасен но заборавен и напуштен рај во околината на Скопје. Дали може да се оживее овој дел на Скопје? Секако ако нашите татковци имаат мала визија и пуштајки го повторно малиот воз од Градскиот парк до Сарај и подолу до Матка направат права туристичка атракција од возот и овија две преубави места во самата околија на градот Скопје |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Одличен пост, баш ми се допагаат идеите ,навистина треба овој спортски центар да се реконструира и да се направи нешто има огромен потенцијал ,а особено идејата за возот од парк до матка е топ идеја, навистина би било голема атракција и верувам дека не би коштало многу да се изградат 15 км пруга до таму за разлика од тоа што трошат милиони за споменици.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
mitatos,
Одавна ја туркам таа идеја, се сменија многу градоначалници и протекоа многу води, а замисли уште на сето тоа треба да се договорат 5 градоначалници и влада. mission impossible ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Од сликиве кои си ги приложил Владимир, изгледа и далеку подобро отколку што очекував. Објектите се руинирани, но околината ми изгледа одржана.
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Пречистителна станица ќе го спасува езерото Треска
![]() Станицата ќе го чини Министерството за животна средина 44 милиони денари Новата пречистителна станица за селата Глумово и Шишево во општината Сарај ќе значи спас за реката и за езерото Треска. Септичките јами и непречистената фекална вода што со децении ја загадуваа реката, која го полни езерото ќе се заменат со нова фекална канализација, чија вода ќе се пречистува пред да биде испуштена. Пречистителната станица ќе ја гради Министерството за животна средина, кое е финансиер и на станицата во Волково. Министерството на тендер ја избра градежната фирма „АК компани“ од Тетово, која за 44 милиони денари ќе треба да подготви проект и да ја изгради пречистителната станица. „Сега сме во фаза на обезбедување на севкупната инвестициско-техничка документација за пречистителната станица. Рокот на изведба по обезбедувањето на потребната документација е три години. Станицата за отпадни води има капацитет од 8.500 еквивалент жители и е од огромно значење, бидејќи со неа ќе се прочистат отпадните води што се влеваат во реката Треска“, информираат од Министерството. Истовремено, во селото Волково, по завршувањето на примарната и на секундарната канализациска мрежа, се завршени и сите подготвителни активности на терен, а идејниот и основниот проект се во фаза на ревизија. Оваа пречистителна станица ќе ја гради фирмата „Рико“ од Словенија, а нејзината вредност е 5, 8 милиони евра. Во моментов се очекува Општина Ѓорче Петров да го издаде одобрението за градба, а рокот за изградба е до мај 2012 година. „Значењето на пречистителната станица, која е со капацитет од 15.000 еквивалент жители, е огромно, бидејќи ќе ги прибира отпадните води од населените места по долното течение на реката Лепенец. Со тоа ќе се заштитат подземните води во близина на бунарите за чиста вода Нерези -Лепенец, а ќе се спречи и директното загадување на водите на реките Лепенец и Вардар“, велат од Министерството. (С.Н.) Утрински Весник http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=97386D22F1D5C849A551ED1AD1A60ECA |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Ќе се врати ли стариот сјај на езеро Треска?
Со темелно чистење на спортско- рекреативниот центар „Треска“, надлежните ќе се обидат да го вратат некогашниот сјај и посетеност на езерото. ![]() Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години Редовно доаѓам на езерото Треска. Тука имаме поставено приколка и обожувам да доаѓам и да уживам во природните сенки. Иако би сакала да се избањам, сепак, за жал тоа е невозможно, раскажува Розета Летниковска, редовен посетител на езерото Треска. Во овој период во тек е чистење на езерото Треска, кое надлежните најавуваат дека ќе заврши за еден месец, со сите испланирани активности за сезонско уредување. - Секој убав викенд го користам заедно со семејството да дојдам тука. Бидејќи живееме во стан, во слободното време се релаксираме во природата. Навистина би било убаво да се врати стариот сјај на езерото, и тоа повторно да ни биде достапно за капење-додаде Дејан Ангеловски уште еден редовен посетител на спортско-рекреативен центар. Од град Скопје објаснија дека досега од езерото се подигнати 18.000 кубни метри тиња, и притоа рачно се обработени 64.000 квадратни метри. Откако ќе заврши чистењето ќе се направи корекција на оштетените делови од бетонската подлога, по што ќе почне полнењето со вода. Според плановите сите активности за темелното чистење на езерото, кое се случува прв пат по изградбата на езерото, ќе завршат за еден месец. Откако ќе заврши чистењето, ќе се пристапи кон повторно полнење на езерото со чиста вода, по што ќе следуваат анализи на водата што треба да покажат дали ќе може да се користи езерото за капење. Доколку бактериолошката структура на водата не дозволува капење, граѓаните ќе бидат предупредени со јавни објави на табли испишани на македонски и на албански јазик Паралелно со овие активности се уредува и околината на езерото. Зелената површина низ годините ја одржува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои воедно се грижат и за урбаната опрема и за хигиената на целиот комплекс. Во иднина, откако ќе заврши оваа акција, за која градот најави дека ќе потроши 30 милиони денари, темелно ќе се фокусираат на рекреативно забавни компоненти. Забраната за капење во езерото Треска, кое во минатото беше главниот разладувачки центар на скопјани, важи веќе тринаесет години. Во меѓувреме граѓаните можат да се разладуваат само во некои од скопските базени, кои најчесто ги посетуваат помладите. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61011181196&id=14&setIzdanie=22302 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Изработка на Физибилити студија за оправданост на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција, управување и одржување на СРЦ “Езеро Треска“ и базен “Сарај“. Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа. Понудите да се достават најдоцна до: 31.08.2012 во 10.00 часот https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieRPP.aspx?EntityId=4476db02-ed2d-4b06-8d2b-baac1c8e6a2a&Level=2 |
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Додека не се расчитат проблемите што ги наметнува населениоте од с. Глумово никогаш нема да може езерото треска да функционира како добро уредено и одржувано излетничко и кампинг место.
Имено и последниот пат кога имаше обид за ова локалното население упорно го буткаа делот од оградата што е спрема селото и се бунеа дека нивно право е да го користат тој простор како на пример за пасење на добитокот под изговор дека неговиот дедо и татко таму го пасел нивниот добиток. |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Ines ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Oct-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Предлагам овој простор на езеро Треска да се претвори во Јапонска градина (што би му дошло како ботаничка градина за кое би се наплаќало влезница), со евнтуално некој дел за јапонска бања со посебен дел за нашите домашпни јакузи,а посебно за обичен народ и за ова би можело да се побара помош од јапонската амбасада...
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Ines - 24-Oct-2012 at 09:59 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Незнам дали ова е соодветна тема бидејќи не најдов тема за Езерото (и одморалиште) Треска :
Владата одлучи – езерото Треска преминува во сопственост на Сарај23/11/2013 // Пред 5 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај ![]() Рекреативниот центар Треска преминува во сопственост на општината Сарај, одлучи Владата. Езерото Треска кое е изградено во 1978 година, а комплексот зафаќа површина од 45.000 квадратни метри, дел како зелена површина, дел за езерото, објави Алсат. Рекреативниот центар е затворен во 1989 година, а со неговото реактивирање се очекува да се вработат најмалку 110 лица. „Истовремено на истата седница, Владата на Република Македонија ја
обврза општина Сарај да подготви детален урбанистички план за овој
центар и препорача да започне постапка за добивање дозвола од
Министерството за животна средина и просторно планирање за управување со
водите, односно за управување со езерото“, рече Мухамет Хоџа, портпарол
на владата, јавува Алсат. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Еден од постарите архитекти (повоена генерација) од Скопје ми вели дека инвестицијата во Езеро Треска е на врвот на пропаднати инвестиции за градот во изминативе децении. Колку најави имаше дека ќе се најде инвеститор за оваа дестинација. Да бидам искрен, местово плачи за концерти на отворено во лето, а за да работи во зима му требаат објекти на затворено. Жално е што Општина Сарај и Град Скопје не се грижат за развој на ова место. Заедно со Кањон Матка, Езеро Треска може да ја препороди оваа општина во која има многу невработени.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |